Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 3.78 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Грчки новинари осудени за навреда кон Воскопулос
Author Message
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#1

Грчки новинари осудени за навреда кон Воскопулос


Пресудата на солунскиот суд за двајцата новинари е мал прозорец кон вистинска демократија во Грција, вели за Макфакс членот на претседателството на Виножито, Павле Воскопулос.

Двајца грчки новинари се осудени од судот во Солун на пет месеци затвор - три години условно заради клевета. Директорот Димитрис Капселис и новинарот Кокос Телемахос од грчкото национално радио се осудени поради емисија на грчкото државно радио во 2005 година, во која Воскопулос е наречен „агент на Скопје“, „анти-грчки платеник“ и „сепаратист“.

„Однесувањето на една држава кон човековите и малцинските права се отсликува не само на политичко ниво и преку имплементацијата на политичките одлуки, бидејќи важен сегмент во организацијата на една држава е начинот на судењето.

Начинот на судењето го покажува нивото на демократија во една држава. Поради тоа што “независното судство“ во Грција индиректно и директно ја следи политичката идеологија во поглед на малцинските права, случајот во Солун може да се нарече мал прозорец кон вистинската демократија“.

Причина за спорниот настап на новинарот Капселис било емитувањето на документарецот „Патувајќи во Грција“, во кој новинарката Маја Цакли вели дека “луѓето што живеат во околина на Лерин претпочитаат да говорат македонски јазик, иако исто така говорат грчки“.

Судскиот процес против Капселис и Телемахос, Воскопулос го покрена во 2007 година.
29-01-2010, 07:18 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#2

Одличен пример од Павле Воскопулос за како да се користи демократијата во наша корист. Иако не сум доволно запознаен со нивното дејство во Егејска Македонија / Грција (мислам дека едно време Виножито беше во блиски односи со СДСМ, а пред тоа Тито), поуката е голема - алатите за нашата Македонска борба се пред нас, наше е да ги искористоме!
31-01-2010, 09:26 PM
Reply
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#3

(31-01-2010, 09:26 PM)Solenik Wrote: Одличен пример од Павле Воскопулос за како да се користи демократијата во наша корист. Иако не сум доволно запознаен со нивното дејство во Егејска Македонија / Грција (мислам дека едно време Виножито беше во блиски односи со СДСМ, а пред тоа Тито), поуката е голема - алатите за нашата Македонска борба се пред нас, наше е да ги искористоме!


Da, vo demokratskiot svet sekogash najlesno se dokazuva za krshenje na chovekovi prava, uzurpacija na demokratijata preku poedinechni sluchaevi.

Ushte ednas bravo za Vaskopulos.
01-02-2010, 07:49 PM
Reply
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#4

(01-02-2010, 07:49 PM)poprushev Wrote:
(31-01-2010, 09:26 PM)Solenik Wrote: Одличен пример од Павле Воскопулос за како да се користи демократијата во наша корист. Иако не сум доволно запознаен со нивното дејство во Егејска Македонија / Грција (мислам дека едно време Виножито беше во блиски односи со СДСМ, а пред тоа Тито), поуката е голема - алатите за нашата Македонска борба се пред нас, наше е да ги искористоме!


Da, vo demokratskiot svet sekogash najlesno se dokazuva za krshenje na chovekovi prava, uzurpacija na demokratijata preku poedinechni sluchaevi.

Ushte ednas bravo za Vaskopulos.


Во западните демокартии (имено САД) изразот е "ПРЕСЕДАН" (precedent), што занчи октако ќе се донесе пресуда за еден поединечен случај од еден вид (како најпознат пример служи Roe Vs. Wade - абоуртус) законот се толкува по примерот на дадениот случај. Значи сега безброј Македонци во Грција ке можат да тужат на иста основа и автоматски да добиваат пресуди во нивна корист.
01-02-2010, 09:11 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#5

во англо-американското право е така. во континентална европа не е.
во европа, судските одлуки се носат на основа закони, а не на основа претходни пресуди. самата пресуда/одлука, не станува дел од правниот систем.

„ ...Значи сега безброј Македонци во Грција ке можат да тужат на иста основа и автоматски да добиваат пресуди во нивна корист. “

НЕ, нема да можат!
(This post was last modified: 17-02-2010, 11:06 AM by toni_a.)
17-02-2010, 11:02 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

(17-02-2010, 11:02 AM)toni_a Wrote: во англо-американското право е така. во континентална европа не е.
во европа, судските одлуки се носат на основа закони, а не на основа претходни пресуди. самата пресуда/одлука, не станува дел од правниот систем.

„ ...Значи сега безброј Македонци во Грција ке можат да тужат на иста основа и автоматски да добиваат пресуди во нивна корист. “

НЕ, нема да можат!


Mozat.
Proteranite Italijani od Istra -slovenskiot del, podnesoa tuzba do sudot vo Stazbur za eden proteran, gi zastapuvashe advokatot Ervin Dokic od Izola. Procesot go dobija. Sega se vo tek ostanatite tuzbi koi odat samo formalno.
Lani pishuvashe za ova Nova Makedonija vo obid da go prenese iskustvoto. No advokatite koi gi zastapuvaat Makedoncite od Egejska Makedonija ne otstapuvaat od GRUPNA tuzba.
17-02-2010, 02:35 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#7

има фундаментални разлики во правната филозофија и концепт помемеѓу европа и америка.

можат да го земат како пример или аргумент, ама не како правило. како помош при интерпретација. никој не гарантира дека судот ќе пресуди спротивно, особено друг суд во државата, освен ако се работи за највисоките инстанци кога судот дава принцип за интерпретација на одреден закон.

тужба во Стразбург се поднесува откако ќе се исцрпат националните инстанци. тоа е веќе поразлично...и тука веќе самите држави имаат интерес вс. обврска. обврска бидејки се потписнички на конвенција.
бтв, Стразбург континуирано ја развива заштитата на човековите права, и тоа го прави на основа индивидуални тужби/дела. тука веќе се доближуваме до англо-американскиот систем.

Павле има добиено дело во Солун, а не во Стразбург. сепак, пресудата во Солун е охрабрувачка и се надевам дека е предвесник на нешто многу поголемо.

пс - сепак, не се глупи грците да дозволат некои работи...реномето им е крахирано, а знаат дека Павле ќе ги одвлечеше до Стразбург. тоа не го дозволија за да имаат и во уднина “маневарски простор“...
(This post was last modified: 18-02-2010, 05:55 AM by toni_a.)
18-02-2010, 05:51 AM
Reply