Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РЕЛИГИЈА И ФАШИЗАМ ВО ЕВРОПСКАТА ЛУЛКА НА ДЕМОКРАТИЈА
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,471
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#1

[/color]
Quote:Датум: 18.08.2011, 19:14
Солунскиот владика повика на вандализам


Да се искрши македонската радиостаница во Лерин


Солунскиот митрополит Антимос повика да се соберат 40-50 Грци и да ја искршат радиостаницата на Македонците во Грција затоа што ќе била инструмент за пропаганда на нашата држава.

Грчкиот владика, кој е познат по радикалните антимакедонски ставови, повика на насилство со објаснување дека не смее на територија на Грција да се емитува радиопрограма на јазикот на соседната држава, со која постои спор за името.

Нервозата на солунскиот митрополит следува по најавата од Панде Ашлаков, претседател на селото Овчарани, Леринско, дека партијата „Виножито“ веќе ја добила дозволата за радиото кое треба да емитува програма на македонски јазик од Лерин до Солун. Ашлаков на прославата на Илинден објасни дека радиото треба да почне да работи до крајот на годинава и дека ќе има вести и програма во живо.

Според планот, во името на радиото сигурно ќе го има зборот „македонски“, а веројатно ќе се вика Македонско радио. Грчките медиуми пренесуваат дека солунскиот метрополит бара да се соберат 40-50 Грци во автобуси кои ќе отидат во Леринско и ќе направат сол од радиостаницата.

- Дали е ова можно. Дали ние, Грците, смееме да имаме радиостаница каде било на Балканот - прашува Антимос. (И.К.)
An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 19-08-2011, 07:51 PM by montehristo.)
19-08-2011, 07:46 PM
Reply