Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 14 Vote(s) - 3.36 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
РАСКОЛОТ ВО ВМРО ДПМНЕ ВИСТИНСКИ ИЛИ ДЕЛО НА СДБ-УДБе
Author Message
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

Аха... за тебе не е лична навреда да го обвинуваш неосновано или да му објавиш приватни пораки.
Така?
Јаки и објективни критериуми имаш нема што...
А тоа дали ќе ме банираш ич не ми чуе! Ионака се срамам што дојдов овде...
04-06-2010, 11:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Најдов еден интересен текст. Посебно е интересен последниот столб, столб, во кој се поставува прашањето: ОД КОЈА "КУЈНА" СЕ ФАБРИКУВА И ПРОТЕЖИРА "БУГАРСКАТА ЛИНИЈА " во ВМРО ДПМНЕ.


[Image: rup91l.jpg]


пс. А да не мислиш дека со овој пост ке прескокнам и ке ги оставам без одговор твоите писанија од вчера. Одговор на нив ке добиеш подоцна.
04-06-2010, 09:12 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Јордане, многу интересен текст. Но, незнам да ли си свесен за превидот дека недостига потписот на авторот.

(03-06-2010, 08:51 PM)acko Wrote: Да продолжиме културно да дискутираме!

Афион не е Мунгос!!!

Добро, Ацко, ако велиш така, така нека биде. Јас до мојот залкучок стасав следејќи го стилот на пишување, дијалектот, целта на постовите и едниот беше внук на Даме Груев, другиов се чини е на Ѓорче Петров.

(04-06-2010, 08:09 AM)Alexandro Wrote: Го едитираше коментарот а?
Убо... Само зошто не ги едитираше и оние на Јордана во кои лаже и лупа глупости?
Дај барем не ги лажете луѓето дека е ова демократски форум. Кажете дека е приватен посед за величење на ликот и делото на Јордана. Да знаеме како да се однесуваме!

Диневски,
добредојде во вистинскиот свет. Тука џабе тренираш строгоќа. Знам дека не си почуствувал долго време како е да немаш авторитет врз човек бидејќи немаш пендрек в рака.

Бидејќи рече дека имаш некои новости за Кандаските власти во врска со Јордан, ти го праќам линкот и адресата каде да им ги испратиш твоите сознанија.... или од тоа ништо.

Immigration and Refugee Board of Canada
http://www.irb.gc.ca/Eng/Contact/Pages/o...px#toronto

TORONTO (ID, RPD, IAD, RDC)
74 Victoria Street
Suite 400
Toronto, Ontario
M5C 3C7

Tel.: 416-954-1000
Fax: 416-954-1165 (RPD, IAD, RDC)
Fax: 416-744-4274 (ID)

Инаку твоите манипулации околу наводна цензура на форумов не држат. И на децата им е јасно дека не си во право. Впрочем, ти и твојата РСВР армада првин го навредивте Јордан како бугараш, а сега почнавте да употребувате и пцовки. Читајќи, не најдов каде Јордан го прави истото со вас.
05-06-2010, 12:48 AM
Reply
ABC
Unregistered

 

Охохо, сте станале поинтересни бе, особено ми се допаѓаат ставовите на Alexandro, иако не во целост, особено она со 8-те мина, зошто не кажува по која линија стигнале на таква позиција од каде што биле “разбиени“ во 1989 “фамозните“ 8-мина.Сепак тоа е приватна работа и не е толку за вака јавно, ама кога веќе се споменуваат редно е да се каже нешто повеќе за нив.А вие продолжете понатаму, дискусијава добила на “жештина“, како и форумов, се разбира.Icon_razz
05-06-2010, 01:16 AM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

ABC еве ти читај:
http://makedon.blog.com.mk/node/246869 (можеш да коментираш овде ако сакаш http://makedon.blog.mk/2009/12/05/%E2%80...en-pogled/)

Еве ти го целиот текст сосе коментари:

19 Септември, 2009 - 19:16
„ОСУММИНАТА“ - 2О ГОДИНИ ПОТОА...
.
Точно на денешен ден во далечната 1989 година тогашниот републички секретар Јован Трпеновски донесе решенија за суспендирање на осуммина припадници на МВР, сите до еден носители на значајни работни и политички функции во рамките на органот. На удар на репресивната политика на последната комунистичка Влада во Република Македонија се најдоа: Павле Трајанов, Слободан Богоески, Александар Диневски, Гроздан Цветковски, Беџет Беџети, Јован Чамински, Станое Богев и Миле Илиевски.
Овој чин што тогашниот член на Претседателството на СФРЈ Васил Тупурковски го оквалификува како „брутална политичка репресија“ го означи почетокот на една нов феномен во македонската политичка реалност означен како македонска политичка пролет! Феноменот на „Осуммината“ ќе остане трајно врежан во колективното сеќавање на македонскиот народ како почеток на рушење на стариот систем чиј крај веќе се наѕираше. Звучи парадоксално но вистинито – додека во останатите републики демократските процеси ги туркаа интелектуалци, независни новинари и политички дисиденти, во Македонија ударот дојде од таму од каде најмалку се очекуваше – од припадници на тајната полиција која отсекогаш важеше за ударна тупаница на единствената комунистичка партија! Можеби затоа дотогашниот репресивен систем чија моќ почиваше на безмилосната пропаганда и уште побезмилосната репресија се најде на колена! Колку само бедно и јадно делуваа тогашните врхушки и на Партијата и на Владата очајно обидувајки се да го сочуваат системот и ковајки заговори и тајни планови за конечна пресметка со непослушните свои „чувари“ вклучувајки ја можноста за нивна физичка ликвидација.
Само неколку месеци пред тоа, во април истата година на удар на совесните и охрабрени припадници на тогашниот РСВР се најде целокупната државна и партиска врхушка на чело со неприкосновениот Владетел во сенка Лазар Колишевски. Пред налетот на жестоките и отворени критики во рамките на РСВР падна целокупната раководна структура на чело со тогашниот министер за внатрешни работи Александар Андоновски и уште дваесеттина именувани и избрани функционери на РСВР.
Вработените во МВР за прв пат јавно проговорија за тогаш актуелниот Вевчански случај, за монтираните политички процеси, за политичката репресија над македонските интелегенција, за поданичката улога на Македонија во однос на „Центарот“, за темните петна од македонската историја (случаите на Скопскиот партизански одред, убиствата на Кочо Рацин, Кузман Јосифовски – Питу, Панде Чесноска, Лена Стојчевска, стрелањето на 54 те велешани, ликвидацијата на скопското Кале...), за досиејата на политичките неистомисленици и пред се’ за улогата на Колишевски во сите тие процеси. „Мечката од пештера“ (нашата тајна шифра за Лазо) конечно беше извлечена на чистина!
Во едно од тогашните наши јавни обраќања се вели:
„Службата континуирано и систематски функцијата на заштита на поредокот, личната и имотната сигурност на граѓаните ја замени со прогон на сите оние кои се залагаа за суверена положба на СРМ и кои го актуелизираа прашањето на положбата на македонското национално малцинство во соседните земји, прогон на најистакнатите творци од областа на културата, науката и политичкиот живот, уништувајки ги нивните дела и мисла, континуирана репресија спрема потомци и членови на истакнати личности од историјата на македонскиот народ...“.
На 07 Септември истата година авторот на овие редови како партиски секретар на тогашната IV - та партиска организација ја покрена првата (и единствена!) легална иницијатива за одговорност на Владата на Глигорие Гоговски која за само два дена ја поддржаа останатите 13 (од вкупно 14 партиски организации во МВР. Иницијативата добива свој легитимитет и нејзиното финале ќе заврши дури во април следната година после десетици и десетици состаноци на сите можни комисии во Собранието на кои авторот на овие редови водеше нерамноправна битка сам против најмалку петмина министри на тогашната Влада и уште толку претставници на ЦК на СКМ! Финалето уследи дури во април следната година со плач на премиерот и емоционална реакција на тогашните пратеници. Но политичкиот пораз веќе беше неизбежен... Политичкиот плурализам на голема врата влезе во Македонија отварајки ги и процесите за осамостојување на земјата!
Во тој меѓупериод од неколку месеци (од денот на суспензијата до победата) „Осуммината“ преживееја вистинска човечка и политичка драма, постојано следени, прислушкувани и на удар на своите довчерашни колеги од тајната полиција со сериозни закани за нашиот личен интегритет. Сепак тајната поддршка од многубројните прирзеници во МВР и јавната поддршка од македонската јавност и медиумите (Млад Борец, Нова Македонија, Борба, 21, Осмица...) овозможија блескава победа на правдата и тоа – човечка, политичка и правна! Победивме секаде и после 23 месеци ја почувствував неповторливата вобуда повторно да ги сретнам оние кои за цело време веруваа во мене и безрезервно ме поддржуваа во таа нерамноправна битка со еден тоталитарен систем!
Не ги разочарав... Ниту тие мене!
Натамошната историја е позната. „Осуммината“ заземајки високи раководни позиции во МВР во нововоспоставениот плуралистички амбиент во земјата активно се вклучија во процесот на осамостојување на земјата. Но тоа е веќе друга приказна...
Денес 20 години подоцна освен неизбежните емоции на тие неповторливи и возбудливи моменти го чувствувам и задоволството што голем дел од нашите тогашни заложби со сите недостатоци и слабости, сепак се дел од македонската стварност!
И се гордеам со тоа што бев...
Еден од Осуммината
Александар Диневски
(мојот препознатлив потпис од тие времиња)

П.С. За оваа тема свои постови објавија Развигор и Перо Наков б.б
Посебна благодарност до Андре од Вевчани за доставените документи од тој период!
Дополнување:
По барање на Нено Богдан специјално за оваа прилика објавувам една ексклузивна фотографија токму од тој период. На неа се гледаат јуришниците од ловечките бригади во еден од нивните редовни пирови во ловиштето „Јасен“ на чело со Лазар Колишевски, а тука се и Славко Јаневски, Љубомир Варошлија, Александар Андоновски и поголема група полицајци во улога на гоничи... Пред нив застрелани 8 диви свињи... Секоја случајност со случајот „Осуммината“ е ... намерна!!!

Јуришниците од ловечките бригади во акција!

логирај се за да пишуваш коментари | за печатење | прати по e-mail | 2150 пати прочитано | трекбек url #


• Честит „јубилеј“
П.С: Што не ја објави сликата со дивите свињи на Лазо?
(Нено Богдан 19 Септември, 2009 - 19:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Блгодарам Нено на честитката. Сликата не ми е скенирана. Инаку е фантастична - кремот на комунситичката врхушка на чело со Лазо и 8 отстрелани диви свињи во ловиштето Јасен!
Можеби ќе ставам нешто друго... поинтересно!
Поздрав!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 19:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
• Егеј костур К,
Не биди толку строг спрема Рокси и Змејко!
Тие само пројавуваат нагласен интерес да дознаат нешто повеќе за тие настани!
А провокацијата отсекогаш била најдобар начин од некој да издејствуваш подетални информации!
(alexandro 26 Септември, 2009 - 11:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

• алехандро , јас кога го изговарам твоето име тоа го правам со шепотлив шпански аргентински акцент и ги гледам љубоморните амазонки од лезбос островото во златен бикини како гледаат накај нас и чекаат да завршиме..(ко во оној филмон 007 титекнуе?) па малку ли е тоа алеххххандро а? уште морало и пофални зборови ееххIcon_razz
егејчо тргнат со самарчето и магаренцето заакан низ селата зад битола бабам.. Види што тропна сеа : малку да сме знаеле, во тоа време се случувало голи оток, <> визимбегово/ идризово.. ) бреееј.
во врска со тој голи оток ај што вака неписмени кооперативци тропаат и обесуваат и го бутаат ко тузот во све, ај. ама ти м-р историја , имај малку усул.
на крајот краевите, типциве the magic 8 рушеле држава, разнеле во воздух цел еден систем според сведочењево а ти ваму како ги браниш како да се тоа свилени барбики уште во деминутиви да ги ословиш и што да зборуваме понатаму.
Немај ти гајле , алехандро е сигурно силен, издржлив и јак да издржи ремет и други дејанија од некоја си рокси,змејко,петко и сл.
(røxy 26 Септември, 2009 - 12:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

• коментарот на змејко вреди Милион Бакс $$$$$
читајте го вниманетелно и пола одговор веќе има за овие ловачки причи на џемсо бондIcon_razz
(røxy 26 Септември, 2009 - 12:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Александро, не дозволувај подземното суштество Рокси да ти го гади овој пост. Замети ја мршојадината на време. (1979 26 Септември, 2009 - 12:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

• 1979,
Нее... никако!
Рокси ме обожава, затоа она така!
Гледај само кој филм ми го раскажува!
Милина...
(alexandro 26 Септември, 2009 - 13:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

• roxy ти е нешто како Мирка Велиновска ама југо-носталгична верзија. Сеа сите ќе не прогласи за небањати дебили.
(chombe 26 Септември, 2009 - 13:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Александро, знаеш што е тафтабита?
(Маат 26 Септември, 2009 - 14:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Чомбе, поголем плукач по македонштината на блогерајот од Рокси нема. Оди по сите постови кај што се пишува за Македонија и р`ка, плува, гади, навредува. Да има како ќе уништи се што е македонско.
Мирка е за неа Македонка у коска.
Рокси ти е женска верзија на Фрчковски. 100% ѓубре.
(1979 26 Септември, 2009 - 14:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Чомбе, Маат и 1979,
Не се возбудувајте многу заради Рокси!
Прифатете го тоа како инспирација и предизвик за она за што се залагате!
Поздрав до вас!
(alexandro 26 Септември, 2009 - 16:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

• 1979 срце јуначко му се изнаплака на чомбе а? ахх и ја би сакала така на раме да му плачам ама си викам ај да не се лигавам..
чомбе, единствено нешто што јас имирка имаме заедничко е ист флизер и козметичар. Јас чекам да ме демантира некој за нешто а вака рокси е ова она , тоа најлесно е , н ели..
(røxy 26 Септември, 2009 - 16:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Alexandro,
ја расипавте калимерата со Рокса,глеам.хахаха
Некој погоре ја спореди со Фрчко,Царот говнојадец.Не дека го ценам Фрчле,напротив,ама мислам дека одпоодамна никој не искажал поголема навреда за него.ха
(Effo 26 Септември, 2009 - 17:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Roxy,
Не ми е јасно кој да те демантира и за што?
Знам дека не ти се допаѓаат овие „приказни“ ама тоа е... Биднале, а историјата не може да ја смениме. Или пак сакаш да ги избришеме од меморија?
Ме изненадува твојот вредносен критериум за зелените прашања на Змејко. Што да демантираме кај него кога самите си се најодбар демант!
Еффо,
не се радувај многу
Тоа Рокси само ми прави реклама, намерно...
(alexandro 26 Септември, 2009 - 17:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Јас чекам да ме демантира некој за нешто а вака рокси е ова она , тоа најлесно е , нели...
Aј, еве изволте. Не мислев да одговарам, пошто темата би требало да ти е позната, ама чим си запнала...
на крајот краевите, типциве the magic 8 рушеле држава, разнеле во воздух цел еден систем
Кој тоа рушел држава? Државата (СФРЈ) веќе беше срушена, со војската (ЈНА) повлечена од Словенија, со војна во Хрватска и малце покасно и во БиХ. На МКД и остануваше да биде или во скратена Југославија и Слобо да прави што сака со нас или да се направи нешто во насока да излеземе од тоа. Е токму тука е значењето на Александар и останатите. Со земање на регрутната документација од подрачните министерства за одбрана, на ЈНА им оневозможија да регрутираат топовско месо за војна. Или у превод, ЈНА ги изгуби адресите каде што војната полиција на тогашна ЈНА можеше да тропне на врата (обично у 4 сабајле) и да те собере за да идеш да се бориш у тоа кршот у Книн или Вуковар. Ја бев војник у ЈНА до 89, таман пред распад, значи автоматски сум меѓу првите за збирање. Зашто било кого од Македонија да соберат? За СФРЈ? Па се распадна, ебате. За Слобо да гинам или да останам сакат или за оној моржот од Книн, Милан Мартиќ, за интересите на Горан Хаџиќ од Вуковар, ебан магационер прецедник САО Пичке си Матер...
Што требаше да направиме? Да се натртиме? Да си останевме у скратена Југославија и да не сотрат санкции? Да не бомбардира НАТО?
Спасиле тенк кој не може господ да го помрдне, напад извршиле без испукан куршум, паркирале транспортер пред птт и ете ти независна Македонија, јеа!
Сингуларитетот наречен Змејко очигледно нема претстава за тоа што брбори. Кога се паркираа тие транспортери пред МТВ (ја тогаш работев таму нешто , пошта, влада, собрание, тоа имаше симболично значење. Нормално дека не можеш со еден транспортер и 5 полицајци да одбраниш зграда. Ама ставаш до знаење дека државата (Македонија) има други намери. Така да секој напад на тие транспортери од страна на ЈНА, ќе значеше објава на војна и народот ќе излезеше. Тука сум 100% сигурен. Been there, seen that! Впрочем, народот си кажа на референдум на 8-ми Септември што мисли.
Него остај тоа...Мене ми е нејасно како да нема книга, публикација, било-што за овие настани. Хрватине издадоа книги за нивната војна на кило. Секој семкар со пиштол, јал му направија репортажа, јал му напишаа книга, кај нас мрак. А ова се многу битни моменти во историјата на модерна Македонија. Ко друкчије каже - клевече и лаже!
(chombe 26 Септември, 2009 - 22:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

• чомбе,
алехандро обеќа нешто такво, ама да не биде обечање лудом радовање
ево нека напише он нешто...гарант ќе се јават „попаменти„ па и они ќе напишат како „они мислат„ дека било
така се развија дебата, а со поише материјал ќе се створи некоја слика, а и не беше така далеку...и ние „обичните „ памтиме нешто и имаме свои доживувања од тоа време
така се пишува историја за идните генерации, а богами и за сегашните кои не го памтат тоа време
(Django 27 Септември, 2009 - 07:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Чомбе,
шо убаво било така,
„ставиш до знаење дека државата има други намери, симболично“,
и свршивме работа со најголемиот „баук“ во тоа време,
па дајте и денес, „симболично да ставиме нешто до знаење“,
и да свршиме работа со маливе „баукчиња“ што ни се мотаат околу нас,
кога така се свршуело работа
(vmoroid 27 Септември, 2009 - 08:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Alexandro се прашувам дали вредело сето тоа што многу мина се залагавме во тоа време.Сепак ке речам вредело или не,некогаш тоа’народот ке го позлати’.Арно ама некому годините му поминале чекајки да дојде ’правдата’во држава во која еден напреден идеалист како Тебе да не биде во првиот ешалон на ’патриотиве’.Поречани имаат една добро поговорка ’....држава без крал’...Има уште скриени мечки во нашава Македонија.Поздрав! (grifin 27 Септември, 2009 - 09:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Очигледно темата е доста интересна и натаму предивикува внимание. Пред да одговорам на новите коментари вреди да се одбележи постот на
Развигор и мојот одговор до него:
26 Септември, 2009 - 22:34
Сведоштвото на Александро од „Осуммината“
Пред неколку дена со големо интересирање го прочитав постот на Александро „Осуммината - дваесет години потоа...“ и поради неговата содржина, ама и како документ - примарен историски извор. Ме радува што блогот како медиум и во Македонија станува средство за пренесување директни историски сведоштва од важни настани, од прва рака.
Исто така, многу ми е интересно, но и загрижувачки што за блиското минато имаме многу малку јавно достапна документација. Без разлика каде се досиејата, барем повеќето од директните учесници се сеуште живи. Дали некој ги интервјуира? Дали пишуваат мемоари? Што ќе остане по нашава генерација?
Си приспомнувам на еден исклучително важен пост на блогот Маседониан тенденси од 2006, во кој беше укажано дека ако Васил Тупурковски, како член на последното претседателство на СФРЈ, во деведесеттите напишеше книга на англиски за распадот на Југославија, цел свет ќе го читаше. Ем ќе имаше огромно влијание оти странците навистина се обидуваа да сватат што се случило и дури по десетина години нивни автори почнаа да нудат објасненија... Ем ќе ја промовираше земјава во клучен момент.
Наместо тоа, тој се беше решил да раскажува за античка Македонија... За домашен пазар. Немам чуено ниеден од денешниве „антиквизатори“ ниту да ги спомене тие книги.
Мојот одговор до Развигор:
Развигор,
Морам да признаам дека пријатно сум изненаден и задоволен што мојот пост го предизвика твоето внимание. Прашањата кои ги постави се сосема на место - интересот за тој дел од најновата македонска историја како да не постои. Иако за тие настани има и доволно документи и живи сведоци. Дури и тогаш кога некои од нив биле предмет на опсервација или елаборација сето тоа се правело од теснопартиски интереси и во функција на дневната политика. Како да се нема храброст да се соочиме со тие настани онакви какви што биле и од една пристојна временска дистанца да дадеме објективна и реална оценка.
Мојот пост нема претензии да ја открие „вистината“ туку токму она што го заговараш во постот - да предизвика соодветно внимание и интерес на објективни и непристрасни аналитичари кои би го истражиле тој бурен период од нашето поблиско минато. Убеден сум дека знаеш за ограничувањата со кои се соочува секој оној кој пишува за настани во кои и самиот бил директен учесник или непосреден сведок. Јас не сум исклучок... Токму затоа постот го ставив во рубрика „лично“, а не во оние во кои реални припаѓа (политика или историја). Уште помалку дека со него ја открив целосната вистина! Не, ова беше само мала провокација и лично видување на настаните кои мене многу ми значат и на одреден начин ја одредија мојата лична судбина. Важноста е во тоа што истите непосредно се врзани за клучните процеси кои во тие години се одиграа во земјата.
Уште еднаш благодарам на вниманието!
Поздрав до тебе!
(alexandro 27 Септември, 2009 - 12:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Чомбе,
Честитам на издржаните и аргументирани оценки кои ги изнесе за овие клилни настани. Не дека на другите не им е јасно. Јасно им е како ден но очигледно така има одговара или пак се работи за обична малициозност така често присутна на овие простори! Да се негира една блескава акција како што е одземањето нa документацијата пред носот на армиските силници и тоа за само 6 часа на територијата на целата земја и со тоа да се спасат иљадници млади животи не е само незнаење туку нешто сосема друго - жалење што тоа се случило!
Во секоја една војна оружјето е битен фактор, но не и најбитен! Освен тоа потребна е и памет и идеја да се смисли стратегија и тактика. Твојата оценка за таа активност со транспортерите е повеќе од точна.
И Црнците во Африка научија дека ако го освојат Парламентот, Радиото и Поштата направиле државен удар! Знаеме сите која беше ЈНА и колку нашшиот отпор беше можеби и смешен од војнички аспект. Но, политичката порака беше доволно јасна и силна - Мкаедонија не е село без кучиња и дека има кој да ја брани! Силата беше кај нив - но правдата и земјата беа наши! Ќе се воздржам овојпат од изнесување на детали за некои други активности кои беа преземени. Не ни беше сеедно, но не им беше и на нив!
Дел од одговорот за публикување на сведоштвото е содржан во одговорот до Развигор!
Поздрав до тебе!
(alexandro 27 Септември, 2009 - 13:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Џанго, Вмроид...
Добар дел од одговорот до вас е содржан во претходниот коментар до Чомбе!
Она што сум го ветил... ќе биде! Знаете дека држам до збор!
Поздрав до Вас!
(alexandro 27 Септември, 2009 - 13:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Грифин,
Тоа прашање никогаш не сум го поставил! Интересите на државата и народот не може да се компарираат со никакви лични интереси. Колку и да си незадоволен од некои моментални состојби сепак помислата дека во клучните моменти си бил на вистинската страна е доволна сама по себе за да се чусвтвуваш задоволен што си ја исполнил својата обврска кон татковината.
Вистинските вредности никој не може да ги елеиминира колку и да се обидува.
Поздрав!
(alexandro 27 Септември, 2009 - 14:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Alexandro во борбата за Македонија ете се ствараат и непријатели како нелогираниот кај Алек Карека.Колку повеке те мразат,толку повеке вредиш.Поздрав! (grifin 27 Септември, 2009 - 17:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Е ако де... Само будалите на сите им се допаѓаат!
Само не мислам дека се непријатели ако мислат поинаку!
Има време... ќе разберат! Тоа е наша обврска да им помогнеме!
(alexandro 27 Септември, 2009 - 18:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Дополнување:
По барање на Нено Богдан специјално за оваа прилика објавувам една ексклузивна фотографија токму од тој период. На неа се гледаат јуришниците од ловечките бригади во една од нивните редовни пирови во ловиштето „Јасен“ на чело со Лазар Колишевски, а тука се и Славко Јаневски, Љубомир Варшлија, Александар Андоновски... Пред нив 8 диви свињи... Секоја случајност со случајот „Осуммината“ е ... намерна!!!
(alexandro 27 Септември, 2009 - 23:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Не мислам дека каснам со честитките, зашто темата е вечно актуелна. Индолентноста на мејнстримот за овој пост не ме изненадува, но ме ужасува. Се обиде ли некој од новинарите да те исконтактира, да прочепка...? Ми се гади од дневнополитичките гомненици што се пласираат безмилосно и не трујат, затоа и апстинирам. Јас како тогаш детиште од сегашна гледна точка, можам само да претпоставам во кави услови сте дејствувале и колкав е товарот што сте го носеле.
Те молам не застанувај со овој пост!
ribaro.mk
(ribaro mk 28 Септември, 2009 - 08:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Ribaro,
Малку е парадоксално (од личен аспект) да прославуваш јубилеј за ден кога незаконито си бил суспендиран од работа. Но од политички аспект неговото значање е сосема друго!
Секој еден систем/организам базиран врз неприродни основи порано или подоцна нужно во себе самиот раѓа противречности кои директно го доведуваат во прашање неговото постоење.
За жал и тогаш и сега (со исклучок на тогашниот „Млад Борец“) македонските медиуми и новинари не беа дораснати на нивото на историските настани. Токму затоа онаа изјава на Владимир Чупевски цитирана во постот ја разбирам како трагична, а не утешна или пофална.
Од друга страна, пријатно сум изненаден што токму лица како тебе кои природно не ни можеле тогаш да ги следат тие настани со доволно разбирање, денес пројавувате многу поголем сенс и разбирање од тогашните „современици“. Скепсата која кај мене постоеше уште при самото постирање на текстот за интересот за овие настани, токму вие ми ја разбивте на најдобар можен начин. За тоа сведочат и коментарите овде!
И се разбира... со тоа ми влеавте сила, но и обврска сите тие настани ги доближам до вас. Во интерес на вистината...
Поздрав!
(alexandro 28 Септември, 2009 - 09:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Сликава е топ!
Сега треба за „Сина птица“ нешто да објавиш, оти има многу сличности тогашниот обид за намештаљка на искрени луѓе за да ги компромитираат со сегашниве обиди да се наместат наивни луѓе да палат грчки амбасади, да тепаат политички неистомиселници...
Принципот е ист чинам, вреди да се објасни...
П.С: Не знам дали си ги забележал оние плакати низ Скопје со листа кои се биле Македонци: „Александар бил Македонец, Филип бил Македонец, и тн ... и го ставиле Крали Марко (син на босанскиот феудалец Вукашин Мрњавчевиќ) за Македонец, ама Јустиниан никаде не го споменале, небаре тој не бил Македонец.
Новопечени „конзервативци“... што друго да кажам. Секој ден поминуваат преку Камени Мост, ама не им текнува да се запрашаат кој го изградил мостот.
(Нено Богдан 28 Септември, 2009 - 09:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Нено,
Има уште интересни теми за пишување. Тука е „Сина птица“, но и аферата „Дувло“, па расколот во ВМРО ДПМНЕ... Временската дистанца е ми се чини доволна за пообјективен приказ на нештата!
Принципите на делување на „мајсторите на мракот“ отсекогаш била исти. Така останале до денес!
Твојот post scriptum ме потсети на онаа славна теза дека Хегеловата дијалектика била свртена наопаку (на глава) па Маркс ја исправил! Така е и со нашата историја - и таа е поставена наопаку! А од новокомпнираните „Цеца“ конзервативни патриотчиња не ни можеш да очекуваш да размислат со своја глава. Немаат таква директива...
Поздрав до тебе и благодарам за потсетувањето за сликата!
(alexandro 28 Септември, 2009 - 10:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

• сликава е класика за времето од кога потекнува
привилегија за неколкумина
привилегија на црвената буржуазија на чело со Лазо Колишевски, миленикот на АА ))
п.с.
море да не го препознае некој и аа на сликава
(egej kostur k 29 Септември, 2009 - 17:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Ма ајде, ви се молам,
од кога тоа полицајците станаа најголеми мислители?
Што е ова, полицаец, па Хегел-Мегел?
Па ми објавил слика од пред 50 години????
Дај објави слика од лицето Љ.Г. со паспортот
и со 8 (осум) црни вреќи со пари, да те видам

(vmoroid 29 Септември, 2009 - 17:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Егеј Костур К,
Таа привелегија на ловови ја научија од Тито. Во се’ го имитираа па и во ова. Според некои сведочења токму на овие ловови се носеле најкрупните политички одлуки! Се граделе или уништувале кариери...
На сликата има и некои други познати „зверки“ кои за жал не можам да ги познаам.
Можеби некој ќе се сети?
(alexandro 29 Септември, 2009 - 19:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Алексо па и сегашниве елиташи одат во Јасен на лов. Само живо ме интересира дали и сеа полицајците им се гоничи.
(швабо 29 Септември, 2009 - 19:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Вмроид,
не е сликата од пред 50 години! Токму е од времето на кој се однесува постот! На неа се министрите за внатрешни од тој период!
Остај го сега Љубчо... не е на дневен ред што не значи и дека нема да биде!
(alexandro 29 Септември, 2009 - 20:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Васко Карангелески,пред тоа беше кога го убија? (KIMI/nl... 29 Септември, 2009 - 20:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Швабо,
Незнам сега како е. Навистина не сум слушнал. Ако имаш нешто поконкретно кажи...
А полицајци како полицајци... секогаш во улога на загари!
(alexandro 29 Септември, 2009 - 20:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Го убиле во 1977 година,сори....В.Карангелевски го убиле сигурно истите ловци на глави. (маглари 29 Септември, 2009 - 21:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Абе неам појма ни јас ама ко да глеав некоја емисија на ТВ како Лазе Еленовски (дур беше министер) си го прославил роденденот таму или нешто така.
(швабо 29 Септември, 2009 - 21:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Точно таа година...
На истото место каде е направена горната фотографија - Јасен! Во лов на диви свињи... Званично самоубиство... со неколку куршуми!
Чуварот на македонските трагични мистерии и натаму е Јасен!
Или можеби не???
(alexandro 29 Септември, 2009 - 21:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

• ДА!- Сега само актерите се сменија.Е,сега да не се по опасни,тие од преку барата.Тие беа попрости овие се служат со 731.Позз (sверови 29 Септември, 2009 - 22:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Ѕверови,
не ти го разбрав баш најдобро коементарот. Ако сакаш појасни.
Поздрав.
(alexandro 29 Септември, 2009 - 23:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Мистерии на светот,или Збранета историја.Единица 731!!!...Алтернатива БГ пасош.Сори! (СОС 29 Септември, 2009 - 23:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Со дозвола на Андре ја постирам неговата приватна порака по повод овој случај кој е нераскинливо поврзан со Вевчанскиот!
---------------------------------
Најпрво да ти ја честитам годишнината.Случајно пребарувајќи реков ај да видам кој е овој Александро.Пријатно се изненадив само што јас заборавам на годишнини, но добро се сеќавам на тоа време кога вас ве суспендираа,а јас и уште тројца имавме чест на Конресот да не исклучат од тогашниот СКМ. И добро што се случи тоа за да и ден денес останеме здрави личности.Борбата против лигушите не е завршена.И 2001-та истите личности се криеа чекајќи го она „на лево круг“ за денес повторно да ја играат истата улога. Не сум сигурен,но мислам дека имавме една средба во Вевчани со неколку од вас ( имињата ми се мешаат,морам да видам во мојата архива). Во Вевчани сеуште постои спомен-плочата со изродите на Македонија,а знаеш кој е на чело(не сакам името да му го спомнам).За 20 годишнината од „случајот Вевчани“ добро ги освежив буквите за да не се заборави.Да се потсетуваат идните генерации.А,Џобе, испраќаше стројници да сме го избришеле од на плочата,а за возврат ќе направел нешто во Вевчани.Но,плачко си е плачко.Такви доаѓаа на функции. Сепак ти честитам за постот.Да знаат помладиве генерации дека не се создава држава со лигавење. Многу поздрави.
http://vatikan.blog.com.mk/
-----------------------
Поздрав!
(alexandro 4 Октомври, 2009 - 10:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Мојот одговор до Андре:
Пријателе,
Немаш претстава колку ме возбуди твоето писмо. Ме врати во оние бурни и историски времиња кога Вевчани и Осуммината беа една душа, кога се бореа заедно, кога патеа заедно... Но пред вистината и енправдата сите се немоќни! Ние собравме сила да застаневме зад вас! Вие застанавте зад нас! Таа искрена и величенствена соработка имаше огромно значење не само за нас туку за целата држава! Беше и остана легенда, заедничка историја и аманет кој треба да се почитува и да не се заборави! Нема повисоки идеали од слободата, правдата и вистината!
Чест ми е што сеуште Вевачанци се сеќаваат на нас исто толку колку и ние на нив!
Поздрав пријателе!
(alexandro 4 Октомври, 2009 - 12:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Посебна благодарност до Андре од Вевчани за доставените документи од овој период!
(alexandro 14 Октомври, 2009 - 09:56 | логирај се за да пишуваш коментари)


• Искрено, не знаев што да ставам во наводници, дали честит, дали јубилеј
(Нено Богдан 19 Септември, 2009 - 19:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Абе ајде, вие сте правеле нешто.
Денес овие што прават вие не можете на мал прст да им се фатите.
Alexandro
само една благодарност за иницирање на промените во Македонија
Биди ми поздравен и секогаш на иста линија.
ПС Се надевам не се лутиш зашалата.
(AA nl 19 Септември, 2009 - 19:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Не треба ништо во наводници!
И јубилеј е и има простор за честитки!
Јас се гордеам со ова, не се жалам!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 19:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

• И од мене честитка Александро, за јубилејот.
Ако нема такви никогаш ништо нема да мрдне!
(Маат 19 Септември, 2009 - 19:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

• времиња минати
http://www.bluebird-electric.net/bluebir...anding.jpg
(hemicarot 19 Септември, 2009 - 19:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

• АА, знаеш дека не се лутам!
Благдарам за честитките и позитивниот став за тие настани!
Поздрав!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 19:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Да ги потсетам помладиве блогери.
Инаку тогашниот Претседател на ИС ( Извршен Совет на Македонија) или модерно кажанао тогашниот Премиер, Глигорие Гоговвски алијас плачипичка ( со акцент на буквата и)денес си е газда на ТЕТЕКС. Иако ТЕТЕКС не е конфекциски гигант као у бивша Југославија,али сепак добро си работи. Целото производство се сведува на лон работи и тоа за познати брендови во САД, Франција, Шведска и Италија, додека тогашниот секретар за ВР, г-инот Јован Трпеновски лека полека се повлекува од успешната адвокатска кариера а адвокатската канцеларија на Ленинова ја превзема неговата ќерка.
поздрав
З
(zoriv 19 Септември, 2009 - 19:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Маат,
Некому едноставно е пишано да биде вечити бунтовник!
Хемичар,
Благодарам за честитката!
Зорив,
Остана запаметен по плачењето!
Поздрав до вас!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 19:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Честит јубилеј... Шишков сте заборавиле да го споменете.
(Мартин С. 19 Септември, 2009 - 19:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

• ---Денес 20 години подоцна освен неизбежните емоции на тие неповторливи и возбудливи моменти го чувствувам и задоволството што голем дел од нашите тогашни заложби со сите недостатоци и слабости, сепак се дел од македонската стварност!----
и историја
а ја пак, се гордеам што бев современик
(Django 19 Септември, 2009 - 19:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Мартин С.
Беше споменат. И не само тој туку мнозина такви! Она монтирани политички процеси се однесува токму на тоа!
Благодарам на честитките.
(alexandro 19 Септември, 2009 - 19:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Џанго,
Благодарам... Знам дека спаѓаш во оние кои не поддржуваа и без да ми кажеш!
Немаше промоција на книга инаку не сум заборавил на ветувањето. Ќе има уште нешто деновиве!
Поздрав до тебе!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 19:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Александро, сигурно е убаво чувството да бидеш Предвесник на пролетта , иако некои кај нас сеуште сакаат да се врати зимата.
Македонската историја ќе ги памети само оние кои останале верни на своите идеали и погледи за Македонија.
Поздрав
(1979 19 Септември, 2009 - 19:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

• е тука те чекав пиле...али не си забораил
(Django 19 Септември, 2009 - 19:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Море за вас само Ранкович е лек!
Ем полицајци,и тоа тајни,ем прогресивци и дисиденти.Па тоа го нема ни во тонгузија.
хаха Александро,честито јубилеј.Позз.
(Effo 19 Септември, 2009 - 19:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

• 1979,
Прекрасно е навистина ама и по малку тажно!
Едвај успеав да го напишам текстот... Премногу бурни настани преживеав за кратко време!
Инаку, барем што се однесува до мене - се трудев да останам на онаа линија што ја зацртав уште тогаш.Така и ме запаметија...
Убаво си забелеќал дека сеуште има обиди за враќање на некои процеси назад! Ќе биде срам за нас ако го дозволиме тоа!
Поздрав до тебе и благодарам за честитката!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 19:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Џанго,
Знам дека ме знаеш и лесно ти е на тебе!
Ама знаеш и тоа дека не заборавам! Посебно на оние кои макар и со збор ни влеваа и храброст и надеж дека ќе успееме!
На нив им припаѓа славата! На обичните луѓе кои во тие моменти беа на висина на историскиот момент!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 20:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

• овие денови, 1989 година, или поточно на 30.09, јас дипломирав... интересно, дека истиот овој ден почина оскар давичо, а јас го имав во комбинацијата прашања што ја извлеков и одлично го имав подготвено романот „Песна“, но поголем впечаток оставив со информацијата дека Оскар Давичо е веќе починат писател... Да, за случајот осумтемина читав, но, искрено, политиката не ме интересираше (неоти пак сега ме интересира)а уште помалку ми беше јасно кој е гревот натие луге од полицијата кои сепак имаа високи функции... сега ми е појасна сликата, иако после цели 20 години...
(literanova5 19 Септември, 2009 - 20:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Ха... Еффо,
Да беше тогаш Ранковиќ ќе немаше ни случај!
Нема човек - нема проблем!
Благодарам на честитката!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 20:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Литера,
никогаш не е доцна да се дознае вистината. Барем денес има повеќе можности.
Последно што дознав дека случајот бил обработен во најновата Енциклопедија на МАНУ но незнам како е опишан.
Поздрав!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 20:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Александро честит јубилеј.
Како прогресивни малади луѓе сте се спротиставиле на тогашната врхушка на партијата и сте имале многу притисоци и лични закани но сепак сте здрави и живи освен еден кој е починат.
Што мислиш сега дали некој има *адина да се спротистави на партискава врхушка која е на власт односно да се спротистави на фамилијата која владее со тајната полиција.Мислам дека ке го јади матната.Фамилијата сега уште повеќе следи,прислушкува и врши тортура врз своите неистомисленици со многу пософистицирани методи.
Овај првиов на списокот сега е завлезен во длабока зима како беден привезок на владејачкава партија.
Поздрав.
(GULIVER 19 Септември, 2009 - 20:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

• Гуливер,
Најпрвин благодарност за честитките и позитивното мислење за случајот!
Секое време си носи свои херои кои ќе се дрзнат да се спротивстават на неправдата без оглед од каде доаѓа! Така ќе биде и во иднина.
Инаку, со право потсетуваш дека еден од нас не е меѓу живите. Заврши трагично во ептен сомнителен случај на „самоубиство“. Подоцна, секој од нас тргна по свој пат... и никогаш повеќе не се состанавме во полн состав!
За жал...
Поздрав до тебе!
(alexandro 19 Септември, 2009 - 20:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

• честитки и од мое име
(egej kostur k 19 Септември, 2009 - 21:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

• С
05-06-2010, 09:54 AM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

ABC,
Погоре ти ставив линк од друг текст на истата тема.
Ова е линкот од постот на кој можеш да коментираш ако сакаш.
http://makedon.blog.mk/2009/09/19/„osumm...ini-potoa/
05-06-2010, 10:34 AM
Reply
ABC
Unregistered

 

(05-06-2010, 10:34 AM)Alexandro Wrote: ABC,
Погоре ти ставив линк од друг текст на истата тема.
Ова е линкот од постот на кој можеш да коментираш ако сакаш.
http://makedon.blog.mk/2009/09/19/„osumm...ini-potoa/

Aбе познат ми е линкот, туку јас се прашувам, а верувам и многумина други кој го читаат овој форум, од каде и од кого беа “регрутирани“ славните осуммина кој уште во релативно далечната 89-та година беа суспендирани од службите во тогашното МВР и преживуваа “вистинска неколкумесечна драма“ без плата и сигурна работа како што дотогаш беа научиле во нивниот живот?
Не беа ли тоа деца на стари и прекалени комуњари, зошто во тие години и немаше други, поинакви, вработени на такви места во МВР?Оние кој имаа поинакви идеи за Суверена и Независна Република Македонија, не смееја ни да се доберат до работно место во МВР, да бидат и обични стражари на портирница, а па камо ли да обавуваат така високи функции, практика која продолжува и до ден денес во редовите на безбедносните структури во Македонија.Значи зборот ми беше да бидеме начисто за какви луѓе се работело тогаш, па толку пренапумпано да се “воспеваат и воздигнуваат“ сега, кога смешно изгледа нивната неколкумесечна суспензија од органите на влста, кога истовремено многумина од нив им беа џелати и проследители со тортури на многумина други Македонци со навистина прогресивни идеи.Kafence
05-06-2010, 02:52 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

Хахахаха... знаев дека си обично провокаторче како и мнозина на овој форум.
Па кога толку многу знаеш зошто прашуваш???
Или таква задача ти дале!
Кутриот... во која бедна позиција те ставиле! Ај има време може и ќе разбереш некои работи!
05-06-2010, 02:59 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Александре, немој бе така против АБЦ, па тој се мачи колку може повеќе да ја рашири приказната за тоа дека Јордан е соработник на бугарските служби, а ти тука против него... Icon_razz

Дај координирајте се, иста цел имате... Icon_razz

05-06-2010, 03:01 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

Аман бе шо ме чудиш?
Тууу сполајти што ме просветли!
05-06-2010, 03:04 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(05-06-2010, 03:04 PM)Alexandro Wrote: Аман бе шо ме чудиш?
Тууу сполајти што ме просветли!

Помина времето на просветителите... Сега преродбениците се во мода... Icon_razz

05-06-2010, 03:09 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

Ти од нив ли си?
Епа уште подобро! Да знам барем со кој си имам работа... :D
05-06-2010, 03:11 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(05-06-2010, 03:11 PM)Alexandro Wrote: Ти од нив ли си?
Епа уште подобро! Да знам барем со кој си имам работа... :D

Пу, пу, скраја да е... Icon_razz

Туку кога сме кај преродбениците, како бе Александро противниците Доста и Змејко добија работа од ист работодавач? Змејко нели градеше сала, сега веројатно управува со неа (го обвинуваа и за криминал, тој не се ни потресе), а сестра Доста ја пратија во Софија... Icon_razz

А, што ти се вика живот, Змејко управува со објект кој го носи името на ’најдобриот’ кадар на другарката Доста... Судбина.... Icon_razz

05-06-2010, 03:17 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

А што мене ме прашуваш???
Прашај го Грујо...
05-06-2010, 03:19 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Искоментирав онака, се погоди, ’преродбеници’, ’расколници’ и така... Icon_razz

А викам и со Змејко соборци бевте, па можеби цела таа група станала преродбеничка... Icon_razz

Мислев да те прашам нешто, но заборавив... Во какви однси сте сега ти и Змејко? Ако не сте добри, поради кои причини дојде до вашето разидување (нормално, ако се лични нема потреба да пишуваш тука за тоа)?

05-06-2010, 03:23 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

Ќе ти одговорев и јавно и на ПП (како сакаш) но изгубив доверба во добронамерноста на овој форум и вас како луѓе кои го водат.
А вие својски се трудите тоа да го потврдите со секој коментар.
Ако ви е целта таа - да е испровоцирате тогаш Нема проблем!
Навикнат сум јас... а богами и издржлив!
05-06-2010, 03:27 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Александро, прашав без никаква провокација...

Доколку не ти е проблем напиши јавно...

05-06-2010, 03:32 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

Како да ти верувам Ацко кога погоре во коментарот за АБЦ инсинуираш некаква си координација иако добро знаеш како дојдов на овој форум и по чија покана???
И уште подобро знаеш дека освен Црниот никого не познавам ниту пак ме интересира кој стои зад некој ник!
05-06-2010, 03:47 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

П.С. Провидно е кога еден ист човек настапува под десет ника!
Досега петпати ми се потврди тоа!
05-06-2010, 03:49 PM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

За потврда на погоре кажаното:

6. Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребувачки, вулгарен, со говор на омраза на културна, етничка, верска, национална, сексуална, или лична основа, вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.

7. Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.

Правилата се за тоа да бидат кршени нели???
05-06-2010, 04:03 PM
Reply