Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.2 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВИНАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА-ИНСТРУКТОРИ ВО САД
Author Message
poprushev Offline
Super Moderator
******

Posts: 157
Joined: Dec 2009
Reputation: -3
#1

Deneska se ochekuva da poleta avion od SAD za Skopje i da gi zeme INSTRUKTORITE. Im vetile tri pati pogolemi plati od tie shto im gi davale vo Makedonija vo fabrikata na Branko Crvenkovski.


Quote:Македонските новинари на демонстрации против Барак Обама?

Пред само неколку дена, Обама остро реагираше на една од последните одлуки на американскиот Врховен суд со која како неуставно беше оценето ограничувањето за корпорациите да вложуваат неограничени износи на пари во изборните кампањи. „Не можам да замислам ништо поразурнувачко за јавниот интерес“, изјави американскиот претседател Обама коментирајќи ја оваа одлука на Судот

[Image: kolona14.jpg]

Тесни партиски интереси


Во САД не постои Уставен суд, така што оцената на уставноста на законите или нивни делови ја врши Врховниот суд. Одлуката што на Обама не му се допадна врховните судии ја донеле со само еден глас повеќе: од деветте судии, петорица гласале за укинување на ограничувањето сметајќи дека со тоа се загрозува Првиот амандман со кој се гарантира слободата на говорот (теза која во Македонија не би можела да се објасни, како што пред 13 години не можеше да се објасни како во истата земја, во еден случај, палењето на американското знаме се сметало за поврзано со слободата на говорот).

Според мислењата во САД кои се појавија по повод одлуката на Судот, таа може да се гледа не само од правен, туку и од политички аспект. Се смета, имено, дека со неа се фаворизираат Републиканската партија и нејзините кандидати, бидејќи тие по правило се потесно поврзани со крупниот американски капитал кој сега полесно ќе може да влијае на изборите. Барак Обама е демократ, па доколку се сака, во неговиот коментар на одлуката на Врховниот суд можат да се бараат и, што би рекле велелепните македонски политичари и новинари - „тесни партиски интереси“.



Македонските медиуми и „експерти“ за Груевски и Уставниот суд

Ова се само дел од насловите по повод коментарите на македонската власт во врска со одлуките на Уставниот суд:

„Груевски ги засили нападите врз Уставниот суд“ - ТВ Телма

„Отворена атака врз Уставниот суд“ - Радио Слободна Европа

„Нападите врз Уставниот суд се лоша порака“ - Утрински весник

„Владата не смее да му суди на Уставниот суд“ - Време

„Уставниот на суд“ - Дневник

„Не одлуките на Уставниот суд, туку изјавите на премиерот се катастрофа за демократијата“, оценуваат претставниците на правната мисла и практика, кои поради можноста од политички квалификации не сакаат да им се објавува името.

Ова беше напишано во еден од нашите дневни весници.

„Не одлуките на Врховниот суд, туку изјавите на претседателот се катастрофа за демократијата, оценуваат претставниците на правната мисла и практика, кои поради можноста од политички квалификации не сакаат да им се објавува името“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=21893


Автор: Дарко Јаневски
26-01-2010, 02:09 PM
Reply