Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Post Reply 
 
Thread Rating:
  • 2 Votes - 1.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОМИСИЈА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ФАКТИ = ЛУСТРАЦИЈА КОЈА НЕ ПОСТОИ
Author Message
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,406
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
Post: #1

Еве една работа која ми упаѓа во очи како многу битна за минатото и за иднината.

Комисија за верификација на фактите е орган кој ако погледнете на линкот ќе видите кои и се надлежности а тоа се:

Quote:Надлежности
Надлежностите на Комисијата се утврдени во Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција. Според него Комисијата за верификација на фактите ги има следниве надлежности:

•утврдува вистинитост на поднесена изјава;
•покренува постапка по службена должност, по своја или иницијатива на трети лица;
•утврдува неподнесување на писмена изјава;
•ги информира надлежните органи за натамошно постапување;
•донесува Деловник за работа;
•изготвува шестмесечен извештај за својата работа и го доставува до Собранието; и
•извршува и други работи кои овозможуваат утврдување на фактите, определени со закон.


Quote:ЗБОРНО МЕСТО ВО ГЕМ КЛУБ НА 11 АВГУСТ 2011 ВО 12 Ч.
На 11 август (четврток) 2011 година во ГЕМ Клубот во Старата скопска чаршија, со почеток во 12 часот ќе се одржи тркалезна маса на тема „Злоупотреба на лустрацијата“’. На тркалезната маса, чиј домаќин е Жарко Трајаноски, ќе говорат Стојан Андов, Ким Мехмети и Фросина Ременски.

ПОВЕЛЕТЕ!


Понатаму: Човекот(Стојан Андов) кој го направи самиот закон за Лустрација таков каков е(значи, нефункционален) е еден кој ќе збори против лустрацијата
[Image: zborno-mesto-35.jpg]
Значи, колку биле понапред Комуњарите од простите ДПМНЕ-овци, ќе ја одолговлекуваат самата Лустрација се до момент додека не си испоумрат со природна смрт, баш по пример на Милошевиќ.
За Милошевиќ ќе се знае дека бил суден, но не и дека бил осуден, значи ќе нема тапија.
Одолговлечувајќи ја Лустрацијата, ќе предизвикаат и оние кои учествувале во злосторите да не одговараат кривично, а оние кои биле сведоци-соучесници да не сведочат против нив.
Затоа, јас јавно се прашувам, зошто е потребна оваа комисија?
Потребна е за да се блокира самиот процес на Лустрација.
Да појаснам: Самата желба за Лустрација е на место, но желбата беше узурпирана со интервенција од самиоте кодоши-шпиони и нивните налогодавачи т.е самата таа служба.
Принципот по кој се раководат политичките партии и компании за дистрибуција на Нафта е ист, поточно, политичките партии, кај нив важи принципот: не е важно колку има гласачи и за кого тие гласаат, важно е кој ги брои тие гласови, за нафтените компании важи правилото, не е важно каде е изворот, важно е кој ја има дистрибуцијата на таа нафта, поточно кој ја усмерува.
Овој принцип доста добро и разработено го употребуваат вакви и слични служби посебно во диктаторски ситем на една личност или партија.
Најсвеж пример кај нас е досието со синдикалецот Блажо Стојановски од Прилеп.
Службата се инфилтрира во врвот на синдикалната организација за да ја наведе онаму кај сака, т.е. да ја наведе да се осипе членството и правата на луѓето да бидат забошотени, а оние кои 45 години управувале со државата во името на правата на пролетаријатот во тој момент да можат што послободно тој имот кој таа држава го ствараше во тие исти 45 години да премине кај луѓе од таа владејачка партија.
Истото и со ССМ, со оној наводен синдикалец од судството.
Тој “прв“ “синдикалец“ нема да бидам изненаден ако е поставен на таа функција баш од таа служба(УДБ-СДБ).
Значи, да повторам, инфилтрирај се во врвот на некоја организација за да можеш да влијаеш на правецот на делување на самата организација.
За да се створи консензус, сплотеност а и помирување на Македонскиот народ јас сум уверен дека треба да постои Институт за верификација на факти каде достапност ќе имаат Историчари, Адвокати, Социолози, а посебно студенти на овие гранки од науката на факултети од Универзитети од Македонија.
Зошто?
Сите тие досиеја мора научно да бидат верификувани и издржани што од Правните науки, што од Историските науки.
Секако дека постои можност за грешки, затоа и треба да им се дозволи пристап и на студентите кои ќе можат самите да истражуваат без дозвола од некој висок авторитет, секако по правилата на одредената наука.
Самата комисија вели:

Quote:Слободен пристап до информации


Врз основа на чл. 8 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на Република Македонија, бр.13/2006), кој почна да се применува на 1 септември 2006 година, имателот на информации – Комисија за верификација на фактите, за службено лице кое ќе посредува при остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, ја определува Мукадес Хајдаровска, генерален секретар на Комисијата за верификација на фактите.

Адреса: Зграда на МРТВ (17-ти спрат), 1000 Скопје
е-mail: info [at] kvf.org.mk
Што значи ова?
Дали е навистина пристапот до досиејата слободен?
Ако се има на ум дека:

Quote:Состав на Комисијата
Комисијата за верификација на фактите е составена од 11 члена, односно од претседател, заменик-претседател и девет члена. Членовите на Комисијата имаат статус на избрани лица и функцијата ја извршуваат професионално, со заснован работен однос во Комисијата:

претседател 1. Томе Аџиев биографија
2. Новица Велјановски биографија
3. Шпенд Винца биографија
4. Јанаќе Витановски биографија
5. Благоја Гешоски биографија
6. Чедомир Дамјановски биографија
7. Даут Даути биографија
8. Вецко Здравески биографија
9. Ѓорѓи Малковски биографија
заменик претседател 10. Агим Мехмети биографија
11. Mарија Милошевска биографија



Сегашниот состав на Комисијата е избран од Собранието на Република Македонија на 15 јануари 2009 година.

Значи,оваа комисија е Парламентарна комисија каде се може да се релативизира.
Да се знае, после ова нема да има отварање на досиејата, ќе има само наменско отворање, по потреба на партијата на власт.
Зошто мислам така?
Затоа што конкретната констелација на силите се всушност размер меѓу налогодавачите и налогопримачите на наредбите на СКМ и УДБ-а.
Тие немаат намера прљавиот нивен веш да излезе во јавноста.
Утре ќе дојде некоја ново-стара партија па ќе си имаат свои лустратори, но како што стои на нивниот сајт.
Класична приказна за Курто, Мурто и јавањето, кој коњ кој јавач.
Е сега, еве кој мора да одговара пред оваа комисија:

Quote:Член 1
Со овој закон се определува дополнителен услов за лице кандидат за носител или носител на јавна функција, изборна или во државна и jавна служба или во јавна дејност или друго јавно овластување (во натамошниот текст: кандидат за носител или носител на јавна функција) и за други работи од јавен интерес и дејности на правни лица; се уредува основањето и надлежноста на Комисијата за верификација на факти (во натамошниот текст: Комисијата) и се уредува постапката за верификација на факти пред Комисијата и судот за утврдување несоработка со органите на државната bезбедност и правните последици од таквата соработка.


Член 5
Лица опфатени со овој закон се:
1) претседател на Република Македонија;
2) пратеник, претседател и потпретседател на Собранието на Република Македонија;
3) претседател и член на Владата на Република Македонија;
4) градоначалник на општина и на градот Скопје;
5) претседавач и членови на совет на општина и на градот Скопје;
6) лица кои ги избира и именува Собранието на Република Македонија;
7) судија во Уставниот суд на Република Македонија, судија во Врховниот суд на Република Македонија, апелациони судови, Управен суд и основни судови, член на Судскиот совет на Република Македонија, Јавниот обвинител на Република Македонија, јавните обвинители и член на Советот на ј авни обвинители;
8) народен правобранител, негови заменици и раководни државни
службеници во оваа институција;
9) функционери кои раководат со самостојни органи (дирекции, агенции и комисии), органи во состав на министерствата (управа, биро, служба, архив, инспекторат и капетанија), функционери кои раководат со управни организации (институти и заводи) и други раководни државни службеници кои ги именува и назначува Владата на Република Македонија;
10) јавен правобранител, негови заменици и раководни државни
службеници во оваа институција;
11) гувернер, вицегувернер, членови на Советот на Народната банка и раководни лица вработени во Народната банка;
12) генерален секретар, заменици на генералниот секретар и раководни државни службенци во Собранието на Република Македонија;
13) генерален секретар и раководни државни службеници во службите на Претседателот на Република Македонија;
14) генерални и државни секретари кои се именуваат во другите
институции и органи;
15) секретар на општина и секретар на градот Скопје;
16) воени и цивилни лица, старешини и раководни лица во Армијата на Република Македонија, раководни (службени лица) работници во
Министерството за внатрешни работи, во казнено-поправните и воспитно-поправните установи, други полиции (судска, шумска и финансиска),лицата со посебни должности и овластувања вработени во Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разузнавање, овластените државни ревизори и лица кои вршат работа и работни задачи на државна ревизија во Државниот завод за ревизија, како и лицата во Агенцијата за цивилно воздухопловство и во акционерското друштво давател на услуги во воздушниот сообраќај кои вршат работи и задачи на воздухопловен и стручен персонал од значење на безбедноста на воздушната пловидба;
17) член на Македонската академија на науките и уметностите;
18) одговорно лице во домашно правно лице и физичко лице кое основа високообразовна установа; лице избрано во научно-наставно, научно, наставно, соработничко и стручно звање во државна и приватна високообразовна установа;
19) директори и членови на управниот одбор и надзорни одбори на јавно претпријатие чиј основач е Република Македонија или локалната самоуправа;
20) директори и членови на управниот одбор на јавна установа чиј основач е Република Македонија или локалната самоуправа;
21) членови на управни одбори и директори на државни фондови;
22) членови на совет, управен одбор, извршен директор и вработени во јавен радиодифузен сервис;
23) раководни државни службеници согласно со Законот за државните службеници;
24) функционер и раководно лице во органите и организациите кои не се опфатени со Законот за државните службеници;
25) нотар, извршител, адвокат и медијатар;
26) членови на органи на комори кои се финансираат врз основа на закон;
27) шеф на дипломатска мисија во странска држава и меѓународна организација, односно конзул;
28) носители на функции во меѓународни организации и институции кандидирани од Република Македонија и
29) вршители на функции и овластувања во други дејности и служби од јавен карактер.
Оние, бившите функционери кои сега се изнесуваат во јавноста ќе служат само за подкусурување и етикетирање.
Од погоре изнесеното се гледа дека законот е усмерен кон оние кои сакаат да седната во фотеља, а не оние кои во минатото вршеле злоупотреба на службата, така да збогум Лустрацијо не ни родена.
Она што посебно влегува во очи е тоа што Самата Комисија за Верификација На Фактите новинарите ја нарекуваат Лустрациска комисија, а таа тоа воопшто и не е, таа е само орган за прочистување поточно еден филтер за идни функционери.
Зошто на народот сакаат да му ги замачкаат очите?

(10-08-2011 02:41 PM)montehristo Wrote:  
(09-08-2011 03:53 PM)Guest Wrote:  Eve kako odgovorva eden prav spion. Icon_razz
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/l...ner-ismail
Десет години живеел на државна сметка.
На која служба од државната апаратура и бил од најголема корист?
За сржавата да ти плаќа стан десет години тоа мораш и да го одработиш.
Второ, значи само кога СДС е на власт само тогаш Македонија има закони, а кога не се на власт законите се релатвна категорија по теоријата за релативноста на Ајнштајн.
И да, во право е кога вели дека политичката кариера не му паднала од небо, дечкото морал тоа добро да го одработи.



Quote:КомисиЈата за верификациЈа на факти истражува

3.000 „кодоши“ бегаат од лустрација!

[Image: B1B7BD8B8FF94E41BB0D654EDAE7901E.jpg]

Две до три илјади вршители на јавни функции не ја исполниле законската обврска да поднесат изјави за (не)соработка со тајните служби. Ова се првичните процени на комисијата за лустрација за бројот на оние кои мора да го поминат лустрацискиот филтер. Прашањето за непочитувањето на оваа законска обврска стана актуелно откако „Дневник“, по трагата на неофицијална информација, доби официјална потврда од Ѓунер Исмаил, поранешен министер, дека ниту поднел ниту има намера да поднесе ваква изјава оти не ги признава ни законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција ни Комисијата за верификација на фактите, во јавноста позната како комисија за лустрација.



И забрана и казна

- Од сите институции побаравме и добивме одговор колку носители на јавни функции имаат ваква законска обврска и сега споредуваме колку од нив поднеле до нас изјави. Податоците што ги добиваме од институциите се од денот на нивното формирање. Тие податоци сега се внесуваат во компјутерската евиденција. Откако тоа ќе се заврши, ќе отвориме постапки за оние што не го почитувале законот - објаснува Томе Аџиев, претседател на лустрациската комисија.

Неофицијално, бројот на оние кои не поднеле изјави е меѓу две и три илјади. Аџиев не може да прецизира од кои институции се и дали некои професии кај вршителите на јавни функции предничат во избегнувањето на оваа обврска.

Што со нив? Каква е процедурата? Има ли и какви се санкциите за нив?

- Во такви случаи, Комисијата прво носи заклучок дека тие лица не поднеле изјави и дека не можат да вршат јавни функции. Веднаш потоа, Комисијата по автоматизам и по службена должност отвара постапка за лустрација, односно врши проверка дали биле соработници на службите. Постапката е иста како и за оние носители на јавни функции кои поднеле изјава - појаснува Аџиев.

Според него, за оние законски обврзници кои не поднеле изјави следуваат и прекршочни казни. Барање за поведување прекршочна постапка до надлежниот суд поведува Комисијата по службена должност. Глобата е 3 до 4 илјади евра во денарска противвредност.

Стојан Андов, кој беше подносителот на првиот текст на овој законот, вели:

- Мојот закон предвидуваше изјави за несоработка со тајните служби да поднесуваат само актуелните носители и кандидатите за јавни функции. Не беше предвидено тоа да важи за поранешни функционери. Случајот што ми го кажувате со Ѓунер Исмаил е надвор од мојот закон. Поранешните функционери беа ставени со дополнителни измени на законот. Од таа причина не можам да коментирам - вели Андов.

Според него, единствената цел на законот би требало да биде на лицата кои нема да го минат лустрацискиот филтер или нема да поднесат изјави веднаш да им престане мандатот или да не можат да дојдат на функција.

- Во случајов, тој не врши функција. Не знам што е целта на оваа одредба. Тие што ги правеле овие измени треба да објаснат - вели тој.



Лустрација и за наредбодавците

Дилеми предизвикуваат и други „елементи“ од Законот за лустрацијата. Една е како ќе се лустрираат наредбодавците на врбуваните кодоши. Но, кое е нивото на луѓето од службите кои може да се третираат како наредбодавци. И тие ли ќе даваат изјави за несоработка?

- Да. Законот важи и за нив. И тие мора да го минат процесот за лустрација. Тој дел го работиме, ќе го отвориме сега. Треба да се види од кое ниво вработени во службите ќе се оди, односно дали тоа ќе се почне од инспекторите или од погоре, од повисоките функции. Тоа прашање ќе го разгледуваме и одлучуваме заедно со тие органи - вели Аџиев.

Има и втора дилема. Законот, според Аџиев, предвидува сите вработени во МРТ, од шофер и вратар, преку новинари и уредници до директори, да мора да бидат излустирирани. Тоа не важи за другите медиуми. Во приватните медиуми лустрирани ќе бидат само новинари и уредници. Не важи ни за другите институции. Секаде ќе се лустрираат само луѓето кои се на позиции, кои значат јавна функција.

- Така е напишано во законот и ние тоа мора да го спроведеме. Само за јавниот радиодифузен сервис важи таа обврска. Во сите други институции и органи законот предвидува да минат низ лустрација само луѓето до одредена функција, секретари или слични раководни места. Не сите вработени - вели Аџиев.

Досега лустраторскиот филтер не го поминаа поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, лидерот на Титови леви сили Слободан Угриновски, двајца кандидати за пратеници, пензиониран врховен судија и професорот од Факултетот за драмски уметности Владимир Милчин.



Натали Н. Сотировска



Исмаил: Нема да платам ни цент казна

„Немам намера да платам ниту еден цент од казната за тоа што навремено не сум поднел изјава дали сум соработувал со југословенските тајни служби“, изјавил вчера за еден портал поранешниот јавен фунцкионер Ѓунер Исмаил. „Дневник“ претходно објави информација дека тој не поднел изјава дека не соработувал со тајните служби и дека комисијата за лустрација по службена должност ќе го испита тој дел од неговото минато.

- Јас не знам кога поминал рокот за да поднесам изјава и не ме интересира. Не ме интересира ни дали сега лустраторите може да ме гонат или да ми пишат казна зошто не сум поднел изјава. Во секој случај, не планирам да платам ниту цент од евентуалната казна - изјавил Исмаил.

http://prouty.org/
10-08-2011 06:55 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,406
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
Post: #2

Со предлогот на Маџовски ДПМНЕ подготвува катран и пердуви за сите непослушни кодоши.
Понатаму, оној кој бил уценет може да се фрли низ вода а оној чија задача била да го следи, да го притиска, да му биде душевадник во име на Партијата да биде заштитен како бела мечка?
Ова го има само во тоталитарни држави каде органите на присила се недопирливи.
Оваа комисија е фарса.
А Маџовски многу добро знае зошто бил вметнат таков правилник за избор на претседател на комисијата.
За да ја блокираат работата на истата.
Душко Радовиќ во Београде, Добро Јутро има еден пасус каде вели:
Кој за што се борел, се гледа по тоа каков автомобил има во дворот.
За тоа ли Малковски не требало да се изнесат во јавноста досиејата?
A за тоа дали ќе биле уништени семејства, колку тие имаат уништено други семејства?
14.000 семејства имаат уништено.
Quote:дали Ќе се менува законот за лустрациЈа?

Досиејата на сонце за да изгорат кодошите


[Image: 4F45202F2FED0D4C8EB6BFD1D20191C0.jpg]

Комисијата за верификација на фактите да има право на својата веб-страница да објави документи со кои се докажува дека некој бил соработник на тајните служби, ако тој веќе во јавноста го открил својот идентитет. Ова накусо ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за лустрацијата, најави вчера Силвана Бонева, координаторка на пратеничката група. Според неа, на тој начин ќе се избегнат обвинувањата дека лустраторите работат под политички диктат, ќе се обезбеди рамноправност меѓу Комисијата и кодошот, а јавноста ќе има увид врз основа на кои и какви докази некој е прогласен за соработник на тајните служби.

Според првичните реакции на партиите, неизвесно е дали ќе има измени на Законот за лустрацијата бидејќи опозициските СДСМ и ДПА прво бараат да се реши изборот на претседател на Комисијата. Експертите се со поделени мислења.



Лов на вештерки

- Ако Комисијата утврди дека некој функционер бил соработник на тајните служби, а тој си го открие идентитетот и тврди дека тоа не е точно, јавноста и пратениците не можат да оценат кој е во право, дали Комисијата или тој што бил прогласен за соработник. Од таа причина сметам дека мора да бидат во рамноправна позиција и Комисијата и соработникот. Комисијата во таков случај треба да има право да ги даде на увид документите, за јавноста да види врз основа на што лустраторите донеле таква одлука, со цел да нема информации дека некој некого мести. Им понудив на колегите од опозицијата да пристапиме кон измени на Законот за да се овозможи јавност на документите - вели Бонева.

Коалицискиот партнер ДУИ вчера не сакаше да коментира дали би прифатиле измени на Законот додека не им се достави предлогот. Опозициските СДСМ и ДПА велат дека не размислуваат за какви било измени на Законот додека не се надминат суштинските недоразбирања околу ротирачкиот избор на претседател на Комисијата и нарушената неселективност.

Маријан Маџовски, еден од авторите на Законот за лустрацијата, смета дека предложената измена е прифатлива.

- Сега произлегува дека тој што се противи на изјавата на Комисијата за лустрација има повеќе права отколку Комисијата. Тој може да побара отворена седница, во јавноста да покажува документи дека не е соработник, а Комисијата има пасивна позиција. Ако секој што е опфатен со лустрацијата свикува прес-конференции, дава изјави, дали Комисијата и натаму треба да остане пасивна? Се добива впечаток дека тој што протестира секогаш е повеќе во право од тој што молчи. Треба да се направат промени во Законот, односно и Комисијата официјално или на начин кој ќе го утврдат тоа во Деловникот и таа да има право да одговори, за јавноста од двете страни да биде запознаена со процесот - вели Маџовски.

Од друга страна, тој смета дека кога постапката ќе добие судски тек, тогаш двете страни треба да се воздржат со изјави за да не влијаат врз одлуката.

За дилемата како Комисијата на веб-страницата ќе објавува класифицирани документи, кога тоа е недозволиво, Маџовски вели дека тоа може да се уреди со договор меѓу Комисијата и четирите надлежни институции кои ги поседуваат документите, на начин што или некои документи ќе се декласифицираат или да се извлечат делови кои не потпаѓаат под такви документи, а од кои јавноста сама би заклучила кој е во право.

Со сличен став е и коавторот на основниот текст на Законот за лустрацијата, професорот Звонимир Јанкуловски.

- Издржана е ваква иницијатива оти сега само оној за кого е утврдено дека бил соработник на службите има право да атакува, а Комисијата нема право да одговори врз основа на што го утврдила неговото соработничко минато. Значи, ако лицето за кое е утврдено дека бил соработник се откаже од тајноста на своето досие и идентитет, би требало и Комисијата да може да објави образложение врз основа на кои докази го „огласила“ за кодош. Потребно е јавноста да ги слушне и двете страни - вели Јанкуловски.



Штети за цели семејства

Уставни експерти велат дека нема уставни пречки да се објавуваат делови од досиејата ако лицето кое е „прогласено“ за кодош даде согласност за објавување. Но предупредуваат дека не смеат да се објавуваат имиња на трети лица спомнувани во досиејата, односно лицата на кои се однесувале информациите што ги давале оние за кои Комисијата утврдила дека биле соработници на службите. Според нив, не смеат да бидат објавувани ни имињата на инспекторите што работеле со соработниците за да не се доведе во прашање работата на службите.


Но, има и контрааргументи за ваквата иницијатива на Бонева. На неа потсетува историчарот Ѓорѓи Малковски, член на Комисијата за лустрација, кој на ваквите досиеја работел повеќе од 20 години.

- Не е мое во оваа фаза да давам мислења. Ние имаме законска забрана јавно да изнесуваме какви било елементи од досиејата под закана од четиригодишна затворска казна. За да ~ биде појасно на јавноста, нашите седници се затворени за јавноста бидејќи материјалите со кои работиме се под ознаката „строго доверливо“. Во досиејата има многу, да ги наречам, интересни информации, кои мислам дека треба да бидат под заштита бидејќи не само за лицата за кои се однесуваат, туку и на нивните семејства можат да им донесат многу штетни последици - предупредува тој.

Малковски вели дека мора мошне внимателно да се разгледа овој предлог пред да биде усвоен бидејќи станува збор за премногу суптилна материја.

- Информациите во досиејата не се однесуваат само на лица, туку има и такви од економски карактер, од државен интерес. Мора да се има предвид какви с` реперкусии може да предизвика објавувањето на елементи од досиејата, до какви с` лични и семејни конфликти може да доведат - вели Малковски.


Комисијата во ќор-сокак

По бурните обвинувања меѓу власта и опозицијата на собраниската седница за избор на претседател на Комисијата за лустрација, кој сака да го политизира и закочи процесот на лустрација, крајно неизвесно е дали актуелниот претседател Томе Аџиев ќе биде сменет од функцијата. Тој речиси половина година повеќе претседателствува со Комисијата, иако според Законот, мандатот за претседател е шест месеци. Откако СДСМ се изјасни дека нема да гласа за предлогот Агим Мехмети да биде нов претседател, а Аџиев да биде негов заменик, ситуацијата се докомплицира со предлогот на ДПА, Мехмети да го повлечат од кандидат за претседател. Силвана Бонева од ВМРО-ДМПНЕ ова го оцени како „намерна игра на СДСМ и ДПА за Аџиев да остане претседател и со тоа да се делегитимира Комисијата. Како втор чекор од „заткулисниот договор меѓу СДСМ и ДПА, според Бонева, е повлекување на опозициските членови од Комисијата со што целосно би се закочил процесот на лустрација“.

Ваквото тврдење СДСМ го оцени за класична конструкција со која ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја оправда грубата злоупотреба што ја прави на процесот на лустрација.

- СДСМ апсолутно нема врска со тоа што ДПА побара да се повлече предлогот Мехмети да биде претседател. Инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ Аџиев да биде претседател или заменик-претседател потврдува дека се прави с` за да нема лустрација на поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ - велат во СДСМ.

И ДПА негира дека заткулисно игра со СДСМ за да ја закочи лустрацијата.

-Предлогот да го повлечеме Мехмети е за да го одблокираме, а не за да го закочиме процесот. Очигледно беше дека за него нема консензус. Но, тоа го предложивме не за да се откажеме од него како кандидат за претседател, туку за да оставиме простор за партиски договор, Мехмети да биде избран со двотретинско мнозинство - вели Имер Алиу, координатор на ДПА.

Неизвесно е дали за предлогот на ДПА воопшто ќе заседава Комисијата за избори и именувања бидејќи, според Деловникот, таа требаше да заседава додека траеше собраниската расправа. Тоа не се случи бидејќи претседателот на Комисијата, Илија Димовски, беше отсутен, а претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој единствено може да ја свика Комисијата, не закажа седница, а во меѓувреме ја затвори собраниската расправа.

Мариела Трајковска
Натали Н. Сотировска



Комисијата да го избира претседателот, а не Собранието

Маџовски предлага доколку има измени на Законот за лустрацијата, изборот на претседател на Комисијата за лустрација да не го врши Собранието, туку тоа да биде регулирано во Деловникот на Комисијата.

- Во првичниот текст на Законот ротирањето на претседателот на Комисијата беше регулирано со деловник. Не знам од кои причини партиите вметнаа дека ротирањето на претседателот на секои шест месеци треба да биде парафирано во Собранието со двотретинско мнозинство. Законот треба да се врати во првичната состојба, оти вака одредбата која требаше да го регулира ротирањето се претвора во кочница - вели Маџовски.
За крај еве како размислува ќерка на вистинска жртва на УДБ-а
Quote:Отворање на архивите


Извадок од „КОМУНИСТИЧКА ИНТИМА“ на Јасна Котеска, Темплум, Скопје, Скопје, 2008, 436страници, ISBN 978-9989-189-41-8


Дали би гладувал, би плачел, би се тепал?
Дали би се кинел себеси, дали би пиел оцет?
Би јадел крокодили? Гледаш, јас би…
Шекспир

Во февруари 2006 во "Фокус" излезе истражувањето на Блаже Миневски за пристапноста до полициските досиеја за периодот 1944-1990. Во 2002 година во Државниот архив на Република Македонија се дадени на чување над 14.000 лични досиеја на Службите за државна безбедност. Според еден документ на МВР издаден во септември 1993, во Македонија биле затворени 1.054 лица, а 242 биле осудени на смрт или на затвор над 15 години. На 5 јули 2000 година е донесен "Законот за постапување со досиеја за лица водени од Службата за државна безбедност". Според член 21 од тој Закон, овој Закон важел само една година. То ест влегол "на сила осмиот ден од објавување во 'Службениот весник на РМ', а ќе се применува една година од денот на влегување во сила." Но овој закон е вграден во "Правилникот за користење на досиејата во Архивот" донесен на 1 јануари 2003 година. А Правилникот имаше еден нов елемент што го немаше во веќе неважечкиот Закон. Имено, лицето што сака да го види своето досие, освен фотокопија од лична карта, мора да достави и "изјава заверена кај нотар дека "под целосна материјална и кривична одговорност лицето што има увид во досието нема да пренесува лични податоци за други физички лица што се наоѓаат во неговото лично досие'". Тоа значеше дека "Правилникот за користење на досиејата во Архивот" беше уште попроблематичен дури и од веќе неважечкиот Закон затоа што во Законот не постоеше член со кој се бараше потпишување изјава пред нотар.

Со зборовите на Блаже Миневски: "Кодошот има углед, а жртвата не само што нема углед, туку не смее ниту да помисли да го посочи јавно лицето што му го уништило угледот или, можеби, животот, воопшто… Значи, доколку жртвата го објави името на џелатот, државата ќе му помогне на џелатот неговата стара жртва повторно да биде жртва, а џелатот - џелат". Затоа останува релевантно прашањето: Како беше можно, во Македонија до пред две години се’ уште да е невозможно да се погледнат документи стари и по 60 години, без тој што ги погледнал и што ги направил транспарентни за јавноста, да не одговара пред законот? Да претпоставиме дека Службите за државна безбедност имаат разузнавачки информации кои, за доброто на сите нас, е важно да останат државна тајна. Но зарем е можно сите над 14.000 досиеја да имаат таква тежина што интегралното откривање на тие досиеја да е се’ уште ваков политички проблем?

Во февруари 2006 година бев во Државниот архив на Република Македонија и побарав да го видам интегралното досие на татко ми (значи без пречкртаните делови), но одбивајќи да ја потпишам изјавата кај нотар. Од службеното лице што работи на овие досиеја ми беше речено дека таа заштита е потребна заради мојата безбедност и заради фактот дека може да настанат проблеми – на пр. со зборовите на работникот во Архивот "некој може да посака да убие некого". За мене ова е нелогично не само затоа што со таа изјава не се штити тој што бил директна или индиректна жртва на системот, туку повторно се штити тој што кодошел, и поважно- затоа што главниот аргумент за нетранспарентноста е сосема нелогичен. Жртвата може во осамата на собата во Архивот да види кој бил неговиот/нејзиниот кодош, но со тоа сознание потоа треба да си оди дома, без можност од катарза. Токму во тој случај „некој може да посака да убие некого“. Катарзата може да настане само кога јавноста морално ќе го осуди лицето кое кодошело бидејќи во тој случај, јавноста на жртвата и’ го враќа она што еднаш и’ го одзела - правдината. Конечно, во земја со оваа историја на ужасни подземни градови од кодоши и ужасно блокирана идеја за макар провокација на поредокот, сосема е невозможно дека гордоста е категорија од која овие луѓе, кодошите на еден минат систем, ќе бидат смртно ранети. Тие ќе мора нешто да проголтаат, па нека голтнат по ѓаволите! Што се’ не се наголтале другите во нивно име?
На 22 јануари 2008 македонското Собрание со 73 гласа „за“ и ниеден „против“ го изгласа „Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција“, предложен од Стојан Андов, лидер на Либералната партија на Македонија, кој се доживеа како прв чекор кон спроведувањето лустрација и кон демистифицирањето на комунистичкото минато. Лустрацијата е замислена да опфати период од 66 години од 1944 до 1990 и да се спроведува пет години, според неа секој сегашен и иден функционер треба да даде изјава дека не бил соработник на тајните служби, а процесот ги опфаќа и наредбодавците и корисниците на информациите! Проверката на веродостојноста на изјавата ја врши комисија избрана од Собранието со двотретинско мнозинство, а составена од претседател, заменик-претседател и деветмина членови. Проблемот со ова решение е дека повторно е вклучена инстанцата на медијација (овојпат тоа е комисијата што посредува помеѓу минатото и луѓето), што значи дека ниту сега архивите начелно не се слободни.

Овој закон беше критикуван и затоа што ги „израмнува“ кодошите и високите функционери, додека нивните одговорности не смее да бидат еднакви. Јавнитe обвинители во судскиот процес против татко ми се повеќемина истакнати политички фигури, Јован Трпеновски (некогашниот претседател на антикорупциската комисија), Ѓорѓи Наумов (министер во првата, експертска влада на Кљусев во независна Република Македонија), а можеби и Михајло Маневски (актуелниот министер за правда на Република Македонија- ова име ми го приопшти еден од истражувачите што се занимава со бомбашката група со која е затворен татко ми и не знам дали е точно, бидејќи го нема во документите кои мене ми се на увид). Според едни луѓе, некои од обвинителите барале по 20 години затвор за татко ми. Според други, некои од обвинителите барале ослободителна пресуда за татко ми која сепак не ја добиле. Од кого ја барале и кој не им ја дал? Дали како корисници на информациите прибавени од кодошите со „Законот за вршење јавни функции“ тие не би смееле да прифатат јавна функција? Дали вака формулираниот закон дава идеја за правдина – тој што како дел од номенклатурите на претходниот систем учествувал во репресијата, сега не може повторно да се вклучи во политичкиот систем?

Како научник, сепак, за мене е суштинско едно друго, нерешено прашање со архивите, а тоа е дека и во ваквиот „Закон за лустрација“ главниот проблем останува – некој повторно го посредува минатото, овојпат тоа е Комисијата која единствена има нерестриктивен увид во минатото. За разлика од некои од комунистичките земји каде што веќе по падот на режимите, во Архивите влегоа некои нови "деца" и направија попис и опис на се’ што најдоа во нив, кај нас од 1990 па се’ до денес (2008) полициските архиви се начелно затворени за јавен увид, односно остануваат пристапни само со сериозни рестрикции. Историчарите се кријат зад податокот дека архивите од поранешна Југославија се горени во бункерите во Босна, но сите разузнавачки документи редовно биле препраќани до најмалку три инстанци, што значи дека ако се горени главните архиви, не се горени и обласните архиви кои се’ уште чуваат материјали за проучување. Во секој случај, со нашите архиви премногу долго време останаа да управуваат луѓето од полициските номенклатури и тие, реално, имаа време сосема да ги префабрикуваат сите досиеја и од нив да направат раскази. И не е исклучено дека, на пр. 20% од сите досиеја се сосема исфабрикувани приказни. Но тие 80% … - нив заслужуваме да ги знаеме. Горниот дел од зградата кадешто некогаш бил сместен штабот на Штази-службите, контраразузнавачката служба на Источна Германија, во Берлин, денес е претворен во историска и архивска служба (долниот дел е музеј). Досиејата на Штази се достапни за сите. Доколку дојдам од Македонија и побарам да проучам одредено досие, секое досие ќе ми биде дадено на увид. На Германија не и’ е сеедно што се случувало во нивното минато, но уште помалку би и’ било сеедно ако тоа што се случувало, се крие. Vergangenheirsbewältigung е германски термин за „помирување со своето минато“. Во 1990-тите во Германија постоеле бројни дебати што да се прави со досиејата. Денес се смета дека тие треба да се сочуваат и да се проучуваат, со надеж „историјата да не се повторува“.

Цената на траспарентноста не е мала, но парадоксално, таа боли многу помалку одошто таинственоста.
Оваа книга пледира за ЦЕЛОСНО отворање на архивите на контраразузнавачките служби од комунистичка Македонија, без исклучок и без разлика на професионалните или лични интереси, без разлика дали станува збор за поединец или за цела заедница (дури и независно од документите што историчарите ги сметаат за недекласирачки документи). Радикалната транспарентност е услов за обичната, проста вистина. Независно од стравовите на скептиците дека досиејата ќе предизвикаат реваншизам, сеирџиство и сл., се покажа дека само граѓаните на поранешната Источна Германија кои целосно ги отворија своите архиви, не претрпеа никаква штета од увидот во сопственото минато. Од минатото се профитира само таму каде што никој или мала група луѓе има пристап до него.

http://prouty.org/
25-09-2011 02:11 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
Post Reply