Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОРМАЛ
Author Message
nekorumpiran
Unregistered

 
#1

Quote: Три од карти


Како по обичај, за секоја добро завршена работа следува награда,впрочем така се дресираат и животните, нели. Така за пример, банкротираните грци од ракав си ги наградуваат вработените во админстрацијата со петнаесета плата а јас моето кученце(господ нека му е напомош,ми се изгуби) со кекс кога ке се искака каде му е местото, за разлика од многу наши дури и поголеми животни кои се празнат каде стигнат. Пастирот пак наш, доби три од карти оти повеке ги беше насобрал во последната партија табланет со државникот, или пак самиот си ги додели оти таков беше дилот, победа со плус три од карти, за возврат без џандари и апсани. Курназите овојпат одиграа партија со отворени карти,едноставно високобуџетниот филм со милион и кусур статисти брзо по премиерата падна во заборав,оставајки зад себе темна и болна сенка во мракот на тишината. Уште една дéјà ву претстава. И кога веке едните се прогласија за “победници”, редно е да знаеме кои се губитниците. Победија тие а изгубивме ние, ние кои не гласавме за нив и ние кои не гласавме ниту за едните ниту за другите(на третите за кои искрено се сомневам дека воопшто и постоеја, беа нечии инсталации или беа во заблуда, сеедно) Д'онт ѓи беше погребал одамна. Едноставно изгуби народот.
Ако по нешто биде запаметена оваа претстава тоа пред с# е огромниот сомнеж дека се арносани(пред и да започнат) како и вознемирувачки зголемениот број на излезноста на гласачите(статисти),токму во периодот кога бројот на неопределените, апстинентите прогресивно растеше. Само по себе се наметнува прашањето зошто воопшто имавме предвремени парламентарни избори, државата ни беше во некоја кризна состојба, не демнеше воено заканување, или беше само тоа голо докупување владеечки стаж по дисконтна цена? Државникот ја предаде четата, бевме заложници на само двајца луѓе.
Сомнежот се појави кога тој, државотворецот се откажа од прифатените од пастирот условни барања, се подгреја со изјавата дека ако победиле тие, ке имало референдум за името, вриеше со промоцијата на потентниот казанова а кулминираше со фригидноста во однос на изборните резултати кои впрочем месец дена лошо наштимани и конфузни беа истакнати на официјалната интернет страница без било каков коментар а камоли вложена жалба, или можеби починатите сеуште шетаа боси по избирачките списоци. Токму тој прилив на “свежи” гласачи во комбинација со немилосрдниот ”Д'онт” им стави перде на одметниците (политички здруженија на десиденти) и им стави до знаење кој с# може да си игра со овие скапи играчки наречени политика. Нејсе, целта ги оправдува средствата, сите по нешто добија освен народот, тој заради кого се одржуваат изборите, Пастирот си докупи две годишен закуп на Иленденска без број, државникот куртули од џандари и апсани (корпус деликвенти-Брат Љубе како колатерална штета), командантот играчки за кои ни во сон беше сонил дека може да му ги донесе дури ни дедо мраз од Швајцарија. Народецот пак, напатен македонски доби продолжена агонија за две лета, а искрено кажано иста ке беше добивката ако победеја и другите, впрочем статистите во секој филм ги добиваат трошките од колачот, а нашиве се само неми статисти.
До наредниот табланет, иако се сомневам дека и тогаш ке играме со целиот шпил и без карти од ракав.

Драган Арсовски
06-08-2011, 01:42 PM
Reply