Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 1.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕРОДБАТА ПРОДОЛЖУВА
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Quote:Станбениот комплекс „Космос“ во сопственост на бизнисменот и пратеник Фијат Цановски во пет часот утрото почна да се урива по налог на општината Гази Баба. Целата акција се одвива под силно полициско обезбедување. До градилиштето пристап имаа само градежните инспектори и механизацијата за уривање. Ниту на инвеститорот Цановски не му беше дозволено да влезе во градилиштето. Тој во целиот случај препознава политика и тврди дека градел по законот.

Градоначалникот на гази баба Трајковски акцијата ја правда со законски недоследности на инвеститорот Цановски - тврди дека целата градба е повисока за околу еден метар и четириесет сантиметри и дека Цановски не градел според основниот проект, за кој добил дозвола за градба.

Цановски доцни и со исплатата на ратите за комуналии..Има обврска , месечно да префрла по 70.000 евра, на сметките на Гази Баба и на градот Скопје. Според градоначалникот Трајковски, последен пат пролетта, Цановски платил рата за комуналии, и поради доцнењето, покрената е постапка за активирање на хипотекатата, која пратеникот ја оставил како гаранција дека во целост ќе ја плати сумата од 5.300.000 евра за комуналии. Комплексот „Космос„ во Скопје беше презентиран како еден од најатрактивните стамбени и деловени простори во изградба.

http://www.time.mk/read/6543a7c272/f50bb...index.html

Преродбата тече. Владеанието “ согласно законите и уставот“ продолжува. На ред е Фиат Цановски.Кој е следниот?
04-08-2011, 09:50 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#2

Која е вистината за „КОСМОС“?

Откако Фијат Цановски почна да го гради објектот „КОСМОС“, различен од оној за кој добил дозвола и без соодветна документација, општината Гази Баба од вчера започна со отстранување на градбата, во согласност со заложбите за борба против урбаната мафија и заштита на граѓаните од злоупотреби и градежни измами.




Сериозни повреди на Законот за градење и констатирани неправилности и нелегални дејствија во текот на изградбата на „КОСМОС“, се јавија уште при градбата на првиот кат кој бил 1,43 метри повисоко од дозволеното, а промени имало и кај внатрешното уредување.

Инспекциите излегле на терен, каде и заклучиле дека градењето на објекот не е во согласност со одобрениот проект. Го информирале за тоа инвеститорот Цановски кој поднел измени на проектот до општината, но оттаму нема одобрение за измените.

Цановски вчера нападна, со цел да се одбрани. Градел без дозвола, но процесот на отстранување на градбата го смета за монтиран процес против него. Кршел закони, но тој ќе ги тужи инспекторката, градоначалникот, надлежниот инспекторат, министерот за транспорт и врски и сите останати инволвирани во случајот.

Додека се правдаше, зад него стоеа членовите на неговата коалициска СДСМ за кои ваквото казнување на оние кои ги рушат законите е политичка пресметка на Власта. И ваквиот процес за нив е апсурден удар, па тие му дадоа поддршка на Цановски- во политиката, во криминалното градење и во нападот на Власта.

Дека навистина се постапува според Законите, вчера неколкупати беше потврдено.

Кон отстранување Општина Гази Баба пристапи откако инвеститорот не постапил по решението од општинскиот инспекторат за затворање на градилиштетото поради констатирани отстапување од Основниот проект и серија прекршувања на Законот за градење.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, потврди дека постапката која општина Гази Баба ја води во случајот со станбено-деловниот комплекс „КОСМОС“ е во согласност со законите. Прекршувањата кои биле направени при градба на комплексот , за инспекторатот се сериозни и по нив мора да се постапува.

Од Град Скопје вчера соопштија дека инвеститорот на станбено деловниот комплекс „КОСМОС“, по основ на комуналии должи 175 милиони денари. Од таму најавија дека на 29.07 јa започна постапката за активирање на хипотеката со цел наплата на побаруваните средства.

Откако денес спласна тензијата, објектот кој бесправно се градеше, сепак се руши. Фијат Цаноски без одобрение градеше проект видно изменет од оној за кој добил дозвола. „КОСМОС“ кој според најавите чини 30 милиони евра, ќе биде срушен, поради непочитувањето на законите од страна на инвеститорот. Без политичка позадина, без замижување пред законот.
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
04-08-2011, 10:10 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(04-08-2011, 10:10 PM)barba Wrote: Која е вистината за „КОСМОС“?

Откако Фијат Цановски почна да го гради објектот „КОСМОС“, различен од оној за кој добил дозвола и без соодветна документација, општината Гази Баба од вчера започна со отстранување на градбата, во согласност со заложбите за борба против урбаната мафија и заштита на граѓаните од злоупотреби и градежни измами.




Сериозни повреди на Законот за градење и констатирани неправилности и нелегални дејствија во текот на изградбата на „КОСМОС“, се јавија уште при градбата на првиот кат кој бил 1,43 метри повисоко од дозволеното, а промени имало и кај внатрешното уредување.

Инспекциите излегле на терен, каде и заклучиле дека градењето на објекот не е во согласност со одобрениот проект. Го информирале за тоа инвеститорот Цановски кој поднел измени на проектот до општината, но оттаму нема одобрение за измените.

Цановски вчера нападна, со цел да се одбрани. Градел без дозвола, но процесот на отстранување на градбата го смета за монтиран процес против него. Кршел закони, но тој ќе ги тужи инспекторката, градоначалникот, надлежниот инспекторат, министерот за транспорт и врски и сите останати инволвирани во случајот.

Додека се правдаше, зад него стоеа членовите на неговата коалициска СДСМ за кои ваквото казнување на оние кои ги рушат законите е политичка пресметка на Власта. И ваквиот процес за нив е апсурден удар, па тие му дадоа поддршка на Цановски- во политиката, во криминалното градење и во нападот на Власта.

Дека навистина се постапува според Законите, вчера неколкупати беше потврдено.

Кон отстранување Општина Гази Баба пристапи откако инвеститорот не постапил по решението од општинскиот инспекторат за затворање на градилиштетото поради констатирани отстапување од Основниот проект и серија прекршувања на Законот за градење.

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, потврди дека постапката која општина Гази Баба ја води во случајот со станбено-деловниот комплекс „КОСМОС“ е во согласност со законите. Прекршувањата кои биле направени при градба на комплексот , за инспекторатот се сериозни и по нив мора да се постапува.

Од Град Скопје вчера соопштија дека инвеститорот на станбено деловниот комплекс „КОСМОС“, по основ на комуналии должи 175 милиони денари. Од таму најавија дека на 29.07 јa започна постапката за активирање на хипотеката со цел наплата на побаруваните средства.

Откако денес спласна тензијата, објектот кој бесправно се градеше, сепак се руши. Фијат Цаноски без одобрение градеше проект видно изменет од оној за кој добил дозвола. „КОСМОС“ кој според најавите чини 30 милиони евра, ќе биде срушен, поради непочитувањето на законите од страна на инвеститорот. Без политичка позадина, без замижување пред законот.

Барба, треба ли коментар за поцрвенетото!? Каде била градежната инспекција кога зградата се кревала до 6-ти кат? Или за Цанивски се гради на некој модерен начин каде плочи се креваат за еден ден.SmajlitoИ, дали, некој од градежните инспектори ке сноси санкции за мрзливот и необавување професионално на својата работа. Фиат Цановски по првата поставена плоча МОРАЛ да биде информиран дека не гради по проектот. Мислам таке е во земји каде се владее “ согласно законите и уставот“.

05-08-2011, 08:07 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

Уште една информација за случајот:

Quote:Бизнисменот и пратеник Фијат Цановски ќе ја тужи Општина Гази Баба пред домашните и меѓународните судови поради, како што вели, претрпената штета од незаконското уривање на станбениот комплекс „Космос“ и нарушениот углед за што ќе бара отштета од 50 милиони евра. Тој поднел кривична пријава против општинската градежна инспекторка Елисавета Најдовска, а во текот на вчерашниот ден најави дека ќе поднесе кривична пријава и против градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, за незаконско уривање легален објект.

„Космос“ нема да се гради

Од кабинетот на Трајковски стојат на ставот дека целата постапка е законска и немаа коментар за кривичната пријава против градоначалникот.

- Прашајте го Цаноски според кој проект градел досега, дали според основниот проект за кој тој самиот го изработел детаљниот урбанистички план или според сосема друг проект, кој не се совпаѓа со првичниот - велат во Гази Баба.

Уривањето на објектот „Космос“ продолжи и вчера. Општината планира до темел да ги урне шесте изградени ката од вкупно 17 поради тоа што приземјето почнува на ниво кое е за 1,43 метар повисоко од предвиденото со основниот проект.

Цаноски вчера за „Дневник“ изјави дека дефинитивно се откажува од натамошна изградба на станбениот комплекс. Рече дека не му е важно што Општината и Градот Скопје ја активирале хипотеката поради неплатените комуналии.

- Хипотеката сега не е толку важна, туку фокусот е на тоа што се урива нелегално. Се уништува објект во кој досега се вложени 15 милиони евра. Со која цел се прави тоа во период кога се легализираат дивоградбите? Зошто се урива објект за кој се запазени сите законски процедури? Ќе ја тужам Општината за штетата што ми е нанесена и за нарушениот углед и ќе барам отштета, која ќе изнесува најмалку 50 милиони евра - изјави Цаноски.

Цановски им пишал на сите

Завчера попладне тој испрати отворено писмо до јавноста, претседателот Ѓорѓе Иванов, Владата и до премиерот Никола Груевски, до парламенот и до претседателот Трајко Вељановски, до Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Стопанската комора, Антикорупциска комисија, но и до дипломатскиот кор и до Европската асоцијација на архитекти, каде што освен за генезата на проблемот, зборува и за притисоци и за закани од власта.

- Објектот почна да се гради во декември 2010 година. Веднаш по објавата за градбата и рекламите за ниските цени во комплексот од 790 евра за квадрат добив закани од повеќе градители на објекти и некои државни службеници дека им го рушам пазарот. Во јануари незаконски ми ја одземаа градежната дозвола, па ми ја вратија. Тогаш пораката им беше јасна: биди со нас бидејќи ако не бидеш, уште повеќе можеме да ти напакостиме - пишува, меѓу другото, Цаноски.

Според него, Законот за градба му дозволува на инвеститорот да направи внатрешни пренамени за што имал доставено барање до Општината Гази Баба.

Се жали дека с` уште не му е дозволен пристап во канцеларијата на градилиштето, каде што се сите документи, поради што не може да ги одјави 350-те работници што го граделе објектот.

- Ја намалив цената на стан во Скопје, па затоа искрено не очекував вака драконски да бидам казнет. Сигурно им зедов многу од купувачите на нарачателите на овој непромислен и политички темпиран чин. Најверојатно влегов во нечии интереси и во некои шеми на политичари со црни вратоврски кои тајно (преку други фирми) градат и продаваат многу поскапи станови. Зарем треба јавно да ги кажам нивните имиња и нивните бизнис-партнери за кои менувавме закони? Зарем за вакво насилство и слободно, но еднострано толкување на законите без право на судска проверка на тенденциозната инспекторка и на нејзиниот наод нема да реагирате Вие господине претседателе, претседателе на Владата на РМ, претседателе на парламентот... - вели Цаноски во своето отворено писмо.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...F2387C428D

Интереснен е задниот пасус каде Цановски дава мислење за мотивот на рушење. Имаше ли тоа урбама мафија во Скопје или не?
05-08-2011, 02:35 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

А, еве , што вели народот за случајот:

Quote:политика, 05.08.2011 002348
Која расипана работа! Прво му бараат 160 илјади евра кобајаги позајмица за општината да исплатат плати у општина.Овој будалиот им дава,нормално надевајќи се на прогледување низ прсти.Ама торбешов, едно предвидел, дека они ќе бараат уште.Е, кога решил да не дава, дечкото политичар, нормално он сам не, он е гола вода, али одозгора е друга работа. Торбешот има пари, и ќе има уште повеќе, а тоа е гадно за вмро, затоа што ќе дава на сдсм. Дечкото ја дига слушалката и од другата страна еден вреска, руши го до темел, кој го е..!ни за нас ни за нив! Тоа е целата приказна, ми верувате или не?
bitola, 05.08.2011 00:43:50
dane ti ja klad kimkata,ali i za toa ima golem lek koj se vika vreme.
слободно тужи, 05.08.2011 01:15:48
А море Фиат знаеш ли колкава е судската такса за тужба од 50 милиони евра, која исто се плаќа и за пресудата.
meri, 05.08.2011 02:22:55
i da gi tuzi i da im gi zeme parite!
Време е да се дигне народот за своја слобода!, 05.08.2011 02:46:17
Се прашувам дали е потребен коментар? Па зошто го уапсија Љубе Бошковски? Зошто почна целата циркузијада и фарса со А1? Зошто се забошоти јавното убиство на Нешковски? Па нели се легализираа дивоградби кои ги окупираа и тетовските гробишта па и такви кои се излезени на ТРОТОАРИ...? Нели Владата јавно рекламира и троши државни пари за таа легализација на дивбоградбите? Нели странски инвеститори ќе правеа цели населби? Ловот на вештерки никако да престане. Оваа влада и нејзината мафија се однесваат како во темните векови на Европа кога инквизицијата со лов на невини девојки- вештерки го заплашувале целиот свет. Но за тоа им пристигна и КАЗНА па чумата ги десеткува преку ноќ. Има уште многу зоштооооо? Но најголемо зошто е, зошто народе уште молчиш пред насилството. Време е да го дигнеме и гласот и раката!
carigrad, 05.08.2011 033818
sto 50milioni aaa nemoze posto Grujo treba sea crkva da gradi znaes za greovite so gi pravi...pozdrav ne daj se Filate
realist, 05.08.2011 04:00:01
Ova e politicki revansizam. Aj, neka gi srusi hacindite na dpmnovcite ili na dui. Ama, dodeka Fijat bese u koalicija mozese da gradi, sega e so Sdsm i mora da mu se rusi. Nisko vo sekoj slucaj.
Gragjanin, 05.08.2011 04:43:48
Pa kazi Fijate tie politicari so nivnite iminja i preziminja za da znaeme so kogo si imame rabota! Dosta samo sifrirani poraki prakjate!
aleks, 05.08.2011 04:51:28
ovoj lopov vo krvta.
aleks, 05.08.2011 04:53:04
ovie pak od SDSM uste um ne im ide i kako posle narod da gi glasa koga bez grad cuvstvo zastanale pozadi covek sto vrsel malverzacii defakto go podrzuvaat.
Александар М., 05.08.2011 08:01:34
Све што треба според законот, да се урна. А, господинов нека бара обештетување од неговиот сват и нивниот ментор.
Јован АН, 05.08.2011 08:30:19
Јасно е дека “Космос“ е жртва на урбанистичката мафија поради понудените цени по метар квадратен.Повисоките дистанци треба да испитаат кој се “нафатирал“ инаку ќе се окривува Владата за реваншизам.
CANO©, 05.08.2011 09:24:19
Да, Цаноски, треба јавно да ги кажеш имињата и преџимињата на лажните политичари, кои всушност се занимаваат само со бизнис и профит, а се прават патриоти и демократи, а и ВЕРНИЦИ! Само така, можеби ќе се измани нешто. Ако сите продолжат да трпат и ќутат, ќе пропаднеме.
Dragan, 05.08.2011 09:39:44
POLTIKA i nisto drugo, revansizam zosto covekot koga bese so niv ne go zadevaa, sigurno na Causesku mu daval po nekoj milion, e sega koga veke resil da ne dva veke se snae, APSANA kako svat mu Velija. Podrska do gospodinot Canovski da izdrzi vo BORBATA so ovie kriminalci.
Titan, 05.08.2011 09:52:15
Nekoj se prasuva li od kade na torbulevo stotici milioni evra???!!!! Koj se tie pari? Koj gi pere? Koj gradi ? Fon??! Zgradi ? Kako gi zarabotil?
Gorgi Lazeski, 05.08.2011 10:08:53
Mizerna i Selektivna Borba Protiv Kriminalot na Prerodbenicite. Neka naplatat Komunalii i Danok,i od Firmite na KONARTIS i ZIMEKS,na Goce Zelenkovski koj e vo Begstvo.
Do Aleksandar M, 05.08.2011 10:11:28
Ти бре предавнику Македонски, треба да отидеш и да се прекрстиш затоа што го брукаш името на нашиот најголем војсководец. За тебе одлично ке одговара некое Бугарско име ! Зарем толку си глуп за да сватиш дека ова рушење е чиста политичка пресметка. Првиот спрат бил 1,43 метри повисок, голема работа ! Такви накази од згради Вмро изгради во најубавите општини, и ги упропасти, како Кисела вода, и Дебар маало. Овој барем гради во дел каде никому не смета, и ако беа проблем тие 1,43 метри, на толкава инвестиција од преку 30 милиони, место 17 спрата,нека бидат 16 ,само да не се руши објектот! И кога ке земиш во предвид дека ова се руши во период кога се легализираат дивоградби, со еден куп неправилности, јасно е дека станува збор за самоловие на Грујо. Вакви пресметки немало ни во Србија во времето на Милошевиќ. Од тука се гледа колку е вратена Македонија назад, и тешко дека ке се управивме со ваква криминална влада !
djordji, 05.08.2011 10:36:02
Aleks ti stvarno bre ko da imas blokada vo mozocni frekvencii.. Pa ovoj Fiat do vcera bese so Bagrata od vlast i sve bese ok, i koga premina vo opoziciski tabor odednas stana kriminalec. Ista prikazna kako Ljube i Velija... Alo... Sekoj inteligenten covek ke go narece ova cist politicki revansizam i nisto poveke od toa!!! Za zal tvojot diopter e tolku dpmenovski isperen... Zal mi e, posto dobro znaes deka ja i ti licno mnogu dobro se znaeme.. Inteligenten covek si! Zalno... Sto da ocekuvam togas od prostata masa koja glasase za tvojata partija
do Meri, 05.08.2011 10:44:25
Ke gi tuzi,ama ke im zeme nasi narodni pari....Da ne mislis ovie prostaci i nasilnici od svoj dzeb ke plakjaat..??? Zatoa i taka se odnesuvaat....Da se nadevame deka seto ova eden ubav soncev den ke im se vrati duplo.....da osetat na svoja koza......
makedonska, 05.08.2011 11:10:35
pravdata ke pobedi zakonot teba da e ist za site
РНД, 05.08.2011 11:12:23
Џабе се и писма и молби. Каде што има сила - нема правдина. Лошата работа кај нас против поштените се оди со сила - а против мафијата со молби. Како не срушија некоја зграда во Чаир, Сарај, Арачиново и сл. Не постои единица мерка за бедата на градоначалниците и нивните сателити.
lord, 05.08.2011 11:41:27
samo edno nesto za familija canoski i ramkoski zaedno so nivnite drugari od sdsm ....Hit the road and dont you come back no more, no more, no more, no more....
od realen struzanec, 05.08.2011 11:55:26
znam samo edno deka vmro i boris traajkoski go napravija bogat inaku fijat bese obicen svercer na kaskaval od bugarija i kockar pa tie istite i ce go unistat
БИЛЈАНА од охрид, 05.08.2011 12:09:23
За да добијам градежна дозвола за мојата куќа,морав прво да ги платам комуналиите (8500 евра),плус за уредување на градежно земјиште,плус 1600 евраза план,плус десетици документи кои исто многу чинеа, градбата не смеев да ја започнам.Е па ЗОШТО и за Фиат да не важат тие правила за градење кои важат за нас ОБИЧНИТЕ луѓе ??? Ем му дозволиле комуналиите на луксузниот објект да ги плаќа на рати,па не ги плаќал !!! Ем одстапил од планот,а ние не смееме да одстапиме ни сантиметар!!! ШТО САКА ФИЧО ПОВЕЌЕ ???
ILINDENEC, 05.08.2011 12:12:43
NA ZDRAVJE fiatce
robert, 05.08.2011 12:14:31
slikata vo pozadina e za vo muzej...koj od koj pogolem gomnojadec...
perko, 05.08.2011 12:20:24
pa deckoto sakase da formira posebna nacijatorbesi.zal mi e koga gledam deka na nekogo mu go rusat trudot ,no vo slucajov mi se napravi keiv.makedoncite so muslimanska religija nemozat poveke da se odnesuvaat na nacin kako sto toa go pravea do sega kon pravoslavnite braka.krajno vreme e da odberat strana i da kazat jasno i glasno koi se i sto se,ako se makedonci,togas ke ponesat i del od bremeto koe mu se slucuva na ovoj narod vo ova vreme.vo sprotivno neka si gi baraat pravata kaj drugite,i neka si gradat u tetovo,gostivar,cair.
Goran, 05.08.2011 12:35:35
Samo edno ne mi i jasno kako moze da znat dali nadminuva koti koga ne e izgradena .....c.c.c.c.c
saso, 05.08.2011 12:36:19
greota torbesot,edvaj sobral nekoj milion, bitangive mu gi unistija, zaboraile deka do vcera zaednicki butaa po dzepovi...narode, zar ke go dozvolis toa? idete ako treba ginete za parite nasusni na torbesot, i beztoa spored komentarive pamet od cavka pomalku imate. ili zberete pari pa obestete go, greota e
јана, 05.08.2011 12:54:46
На другите народот им даде народот им зеде.И тие на времето пред избоно вака ветуваа а друго правеа.И на нашиве народот им даде и истиот народ ке им го земе.Па ке каже полоши сте од првите


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...F2387C428D
05-08-2011, 02:43 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#6

abe dzabe go branite... go greshel i toa mnogu a sega i kukite ke mu otidat so hipotekata..... ******* pak ke prodava semki



КЕ ТЕ ЗАМОЛАМ ДА НЕ КОРИСТИШ НАВРЕДНИ ЗА ЕТНИЧКОТО ПОТЕКЛО.


Администратор
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
05-08-2011, 06:52 PM
Reply