Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 4.33 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРОМЕНА НА АВТОМОБИЛСКИТЕ ТАБЛИЧКИ
Author Message
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#1

[Image: 63953C312D2885438993BF38BB154964.jpg]


ПОСТОЕЧКИТЕ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ ВО УПОТРЕБА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Mакедонските автомобили со нови евротаблички

Од Министерството за внатрешни не сакаа да прецизираат ништо околу цената и урнекот на новите сини таблички. Засега не се соопштува ни дали на новите таблички ќе го има грбот, МК-кодот, ниту пак на латиница името на земјата. Оттаму само не информираа дека промената ќе отпочне најдоцна до крајот на годинава.


Црвените постоечки троцифрени македонски автомобилски таблички кои не се според европските стандарди до крајот на годината заминуваат во историјата. Од почетокот на наредната година македонските автомобили и дефинитивно ќе се закитат со новите сини четирицифрени евротаблички. Оваа информација и фактот што скопските регистарски ознаки веќе извесен период завршуваат на буквата В последна комбинаторика од двозначниот алфа код, ја потврдија од Министерството за внатрешни работи каде велат дека замената на постоечките е неопходна.

-Правилникот за изработка на таканаречените евротаблички е во завршна фаза во МВР. По неговото прецизирање тој ќе биде објавен во Службен весник на Р.Македонија, по што ќе биде распишан јавен тендер за учество на фирмите за изработка на новите регистарски евротаблички, ни изјавија вчера од МВР. Од Министерството за внатрешни не сакаа да прецизираат ништо околу цената и урнекот на новите сини таблички, само ни рекоа дека промената ќе отпочне најдоцна до крајот на годинава, а сопствениците на автомобилите по стапувањето во сила на новите табли, нема да бидат принудени веднаш тоа да го сторат, според МВР ќе следи подолг временски период во кој ќе се врши замената. Чедомир Стојковски, помошник-управител за производство во "Раде Кончар" фирма која досега ги произведувеше постоечките таблички вели дека располагаат со соодветна технологија која ги задоволува европските критериуми за производство. Немам конкретна информација дека правилникот за изработка на новите таблички е готов во МВР.

Кога ресорното министерство ќе излезе со јавниот тендер за изработка, могу веројатно ќе учествуваме на истиот. Досега учествувавме на повеќе тендери за изработка на речиси сите земји во опкружувањето. Покрај националните таблички, изработувавме регистарски ознаки за возилата на сите меѓународни мисии на Балканот. Стојковски подвлекува дека заштитата на табличките, националните симболи на нив, како и дизајнот секоја држава посебно си доплаќа за изработката. Инаку МВР во 2008 го усвои правилникот по кој подоцна требаше да се израборуваат евротабличките кои тогаш се зборуваше дека ќе чинат околу 4000 денари. Поради стартот на економската криза целиот проект на МВР се одложи. Во тогашниот нацрт-план евротабличките требаа да бидат долги 52, а широки 11 сантиметри. Распоредот на бројките и буквите според планот требаше да остане ист. Две букви кои го означуваат градот во кој се издадени, четири бројки и уште две букви. Основата на табличката требаше да биде бела, но на горниот и долниот дел со флуоросцентна лента да биде поставено македонското знаме и ознаката МК. На левиот дел во сина лента треба да стои повторно ознаката МК, а веднаш до неа вертикално да биде испишано MACEDONIA. Со стопираниот проект предвидено беше и ознака МК, и оставено празно место каде во иднина би требало да стои симболот на ЕУ.
Според тогашниот нацрт требаше да бидат воведени и нови ознаки за 7 града во земјава.

I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
04-08-2011, 01:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,970
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(04-08-2011, 01:12 PM)barba Wrote: [Image: 63953C312D2885438993BF38BB154964.jpg]


ПОСТОЕЧКИТЕ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ ВО УПОТРЕБА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Mакедонските автомобили со нови евротаблички

Од Министерството за внатрешни не сакаа да прецизираат ништо околу цената и урнекот на новите сини таблички. Засега не се соопштува ни дали на новите таблички ќе го има грбот, МК-кодот, ниту пак на латиница името на земјата. Оттаму само не информираа дека промената ќе отпочне најдоцна до крајот на годинава.




Нели Грујо не го менува името.
04-08-2011, 01:57 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#3

(04-08-2011, 01:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: Нели Грујо не го менува името.

jordan petrovski sekogas zabaven i spremen na covek da mu go razubavi denot!! blagodaram bratu sto se trudis da ima nasmevka na moeto lice Icon_razz
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
04-08-2011, 02:03 PM
Reply
Giovanni Offline
Member
***

Posts: 51
Joined: Jan 2011
Reputation: 3
#4

Ова се небитни работи какви автомобилски таблички ќе има една држава.
05-08-2011, 01:24 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#5

Колку ќе не чини ова менување на таблички?

05-08-2011, 02:07 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#6

(05-08-2011, 02:07 AM)acko Wrote: Колку ќе не чини ова менување на таблички?

300 denari tablicite +150 denari za nova soobrakajna
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
05-08-2011, 02:16 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#7

...si pisuva em MK, em Macedonia...

spored nekoi ova e samo "pravenje pari", spored drugi "nacional-sovinizam",a spored treti istive voopsto netreba da gi ima bidejki promenata na imeto e dogovoreno koe edinstveno na teren trebalo da se prodade ...


a licno na mene mi se dopagaat tablicive Icon_mrgreen
(This post was last modified: 09-08-2011, 05:58 AM by toni_a.)
09-08-2011, 05:56 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8
#8

(09-08-2011, 05:56 AM)toni_a Wrote: a licno na mene mi se dopagaat tablicive Icon_mrgreen

odlicni se!

prasanje, zosto ima plavo? demek EU? ili gresham.....
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
09-08-2011, 06:23 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#9

тоа ти е: ЕУ-стандард-дизајн, односно унификација ;-)

нели за некое време треба во една држава со многу региони да живееме?

регионот Македонија (наводно) доста високо да ти бил котиран по балканскиве берзи....
(This post was last modified: 13-08-2011, 12:00 AM by toni_a.)
13-08-2011, 12:00 AM
Reply