Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 3 Vote(s) - 3.67 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Иран
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Обама против „неправдата во Иран“


Американскиот претседател Обама изрази солидарност со оние кои беа уапсени во иранските анти-владини протести и побара нивно итно ослободување.
Тој рече дека Соединетите држави остро го осудуваат според него, „насилното и неправедно потиснување на невините ирански граѓани".

Апсења

На вчерашните демонстрации загинаа најмалку осум лица. Иранските власти притворија неколкумина водечки опозициски личности, вклучувајќи го тука поранешниот министер за надворешни работи Ибрахим Јазди и активистот за човекови права Емадедин Багхи.

Неговиот син Халил, кој живее во Америка, смета дека може да се повтори апсењето на лидерите како што се случи по изборите.


Демонстрации во Иран
   

Уапсени се и неколку советници на лидерите на опозицијата Мусави и Хатами.

Реакции

Германскиот лидер Ангела Меркел го осуди задушувањето на анти-владините протести во Иран како неприфатливо. Канцеларката го повика Техеран да ги исполни меѓународните обврски за почитување на човековите права.
Германија, најголемата земја во Европската унија, е клучен трговски партнер на Иран.
Во остро сроченото соопштение, канцеларот Меркел ги осуди неодамнешните судири во Иран во кои загинаа луѓе поради, како што таа ги нарече, неприфатливи акции на безбедносните сили.

Правото на слободно изразување преку мирни демонстрации не смеат да бидат ограничени или потиснати со насилство, рече Меркел.
Таа побара од Иран да ги исполни обврските од повелбата на Обединетите Нации за човекови и политички права.

Глас
Нејзиниот глас е критичен.

Имено, по Кина, Германија е вториот најголем извозник во Иран, кој се потпира на германското машинство и инженерство за модернизирање на економијата.
Франција беше првата земја од Европската унија која го осуди апсењето и насилството врз демонстрантите.
Синоќа, портпарол на француското министерство за надворешни работи повика на политичко решение.
Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, чија земја моментно претседава со Унијата, изрази загриженост за она што тој го нарече растечка репресија во Иран.
(This post was last modified: 29-12-2009, 05:02 PM by mara-popara.)
29-12-2009, 04:56 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#2

Ахмадинеџад-опозициските протести режирани од САД и Израел


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад соопшти дека анти-владините протести минатата недела биле режирани од страна на САД и Израел. Западните земји претходно упатија критики до Иран за употребата на сила против демонстрантите и негираа дека ги подржале протестите
29-12-2009, 05:35 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#3

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Техеран

Полицијата употреби сила и солзавец против симпатизерите на опозицискиот лидер Мирхосеин Мусави, кои денеска протестираа во Техеран.
Приврзаниците на опозицијата го искористија седмиот ден од смртта на големиот ајатолах Хосеин Алија Монтазери за антивладин протест.

Демонстрантите и полицијата се судрија во повеќе делови на Техеран.
   

На централниот плоштад „Имам Хосеин“ полицијата употреби солзавец, но демонстрантите не се разотидоа и продолжија да извикуваат пароли против Владата.
29-12-2009, 05:46 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#4

Mi se gadi koga ke go gledam ovoj diktator, obama mora da go skine, ako saka da ja vrati doverbata kaj Amerikancite, ovoj diktator go ubiva svojot narod samo da se zadrzi na vlast, ako se sekavate vo devedesetite godini kaj nas, kako komunjarite ubivaa nasi Makedonci samo Srankoto da ostani na vlasat,
29-12-2009, 06:39 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#5

Slusni be diktatore Iranski, dojde vreme na Hurijetot. Narodot bara sloboda.

http://www.phillyd.tv/2009/12/30/iranian...t-violent/
01-01-2010, 06:31 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#6

Spored liderot na Iranskata opozicija a preneseno od Associated press, izjavil deka se spremni za macenicka smrt, bez razlika na zakanite od vlasta i nejzinite podrzuvaci.


http://news.ca.msn.com/top-stories/cbc-a...d=23176899
(This post was last modified: 01-01-2010, 10:16 PM by basilius_2.)
01-01-2010, 10:16 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#7

Sporot pomegu Iran i Amerika e star skoro 30 godini, po doaganjeto na Ayatolahot Komeini na vlast vo 1970-tite koj ja proglasi Amerika za Golemiot Satan, i bese protiv modernizacijata na Iran od strana na Shah Reza Pahlavi. Ayatolahot Komeini bese podrzan od Iranskata sredna klasa, klericite, studentite (koi bea pod silno vlijanie na Iranskite Komunisti).
Amerikanskite vlasti do 1970-tite go branea rezimot na Shah Reza Pahlavi, dodeka i Britanija imase svoe prisustvo vo Iran preku denesen British Petroleum i se dolzese na vadenje na nafta. Prviot problem nastana megu Anglicanite i Irancite vo 60-tite so Mosadegh, koj skase da ja pokaci stapkata koja Anglicanite im ja plakaa na Irancite od 5% na 10% za vadenjeto nafta.
Segasniot spor proizleguva od toa dali Iran ima pravo na Nuklearna tehnologija, za koja tie velat deka e za miroljubivi celi, dodeka Izrael, Amerika, Anglija ne veruvaat na toa objasnuvanje.
Imeno po zaloznickata kriza vo 70-tite Amerika go stavi Iran na Crna lista na zemji koi go finansiraat terorizmot.
26-04-2010, 08:29 PM
Reply