Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Добил азил во Канада оти го шпионирале во Македонија


Македонец добил политички азил во Канада поради следење од тајните служби во 90-тите. Лустрацијата сега по одлуката на Уставниот суд нема да важи за неговите кодоши. Станува збор за слуачјот со Кумановецот Јордан Петровски.

„Македонија е единствена земја во 21-иот век чиј државјанин добил политички азил поради следење од тајните служби. Наредбата била издадена од тогашниот министер за внатрешни Фрчковски, а мотивот за оперативната обработка бил од политички причини.“ – вели новинарот Александар Дамовски.

Случајот со Петровски, според Дамовски и останатите дискутанти на трибината на институтот Павел Шатев на тема лустрација, е доказ дека лустрацијата треба да важи и за перидот на транзицијата, а не само до 91-ва и промена на системот и носењето на новиот Устав. Тајните служби и понатаму продолжиле да си работат по комунистички терк, а тоа уставните судии не го зеле во предвид.

„Јас бев и претседател и член на комисијата за заштита на човекови права во Собранието и таму добивме, најдовме докази и документи дека тоа продолжило и по 91-та.“- изјави предлагачот на законот за лустрација, пратеникот Стојан Андов.

Одлуката на Уставниот суд лустрацијата да се изведува само 91-вата е повратен удар на кодошите кои сакаат да ги задржат позициите и понатаму да го трујат системот- тврди Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со лустрација ќе го исчистат својот живот и оние што кодошеле и оние што наредувале. Тие имаат вградено чип дека тоа треба да го прават и може и понатаму да продолжат да кодошат, ама не од чиста совест туку затоа што така се диригирани. Еднаш соработник- секогаш со тајните служби- вели старото правило.“- објасни Бонева.

„Тоа е како вирус во компјутер, доколку не се спречи и уништи ќе падне целиот систем. А државата нема да оди напред.“- рече професорот Звонимир Јанкуловски.

Уставниот суд пред два дена ја укина одредбата од законот за лустрација и го ограничи таа да се врши само до 91-ва, а не и за време на транзицијата.

Миомир Серафиновиќ

Канал 5
27-03-2010, 02:31 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6

ентузијазам и неприменливо теориско знаење.




Бранко Црвенковски,
17 август 1992 – 30 ноември 1998

СОЦИЈАЛИСТИЧКИ КАМЕЛЕОН

Транзициската легенда вели дека една ноќ идните олигарси, на чело со стратегот Данчо Шутурков, на таен состанок во Капиштец, го избрале Бранко Црвенковски за свое дете со чија помош ќе ја преземат партијата и, како влада во сенка, ќе издејствуваат трансформација на капиталот од нивен општествен во нивен приватен. Интелигентниот Шутурков правовремено ги уочил карактерните особини на Црвенковски, но и неговите таленти. Без знаења, а со инстинкти, бистар, но без совест, егоцентрик со дарба за пет минути да процени карактер, извонреден блефер и козер со харизма, човек што има органска потреба од моќ, а нема дарба за работа, статичен и мрзлив, со вредносен систем на Мајкл Корлеоне им се виде како неповторлива шанса за нивниот проект „приватна држава“. Црвенковски тврдеше дека бил изненаден од понудата „свесен дека на него се гледало како на жртвено јагне (за еднократна употреба)“, ама фактите и времето што ги расветлува се неумоливи. Македонија во 1992 година беше всушност единствената жртва на олтарот на организираниот криминал што си создаде своја парадржава.

На 17 август 1992 година почна Првата Бранкова доба. Добивме државотворец. Градевме македонска куќа „со сите нишани“. Нишаните, пак, наследени од АСНОМ, еден по еден паѓаа како уставни амандмани. Имавме, па снемавме државен симбол-знаме. Имавме па снемавме македонско малцинство во околните држави. Имавме па снемавме име, а добивме референца. Имавме па одимавме работничка и средна класа, а добивме раја со партиски книшки. Успешните фирми ги приватизира по т.н. менаџерски модел, а неуспешните должници на успешните фирми ги именува како 25 загубари, чекајќи време кога ќе се трансформираат во должнички капитал. Тоа е време кога, наместо пазарна економија, развивме модел на шверцерско-шпекулативна економија. Доминантниот дел од работничката класа заврши во сивата зона на ситни шверцери. Добивме и генерално реизбрани судии како основа на независното судство денес, закон за амнестија на грабежот и надворешна политика на еквидистанца (неврзаните). Тоа беше време и на убиства и атентатот на патријархот на македонската политика, на Киро Глигоров. Време кога ја „испреговаравме“ Привремената спогодба.

Ако е точно дека секој владетел според карактерните црти и дава печат на државната политика, односно, ја трансферира моќта во реалполитика, тогаш карактеристично за ова време е дека премиерот не работеше ами комбинираше шеми. Нема реформи, утврдени политики како за држава, а има ад хок решенија за моментални трендови и потреби. Црвенковски карактерно е конзервативен тип. Тој не сака промени. Затоа, во почетокот, тој секоја најавена промена ја доживува како шокантна и забегана, за по извесно време да се адаптира и да ја преземе како своја. Може да се дефинира како социјалистички камелеон, кој задоцнето се адаптира на условите во капиталистичката либерална џунгла.




Љубчо Георгиевски,
30 ноември 1998 – 1 ноември 2002

АНАРХО-КОНФОРМИСТИЧКИ ДЕФЕТИСТ

Поетот, филозоф, десничар имаше да изоди долг пат за да биде промовиран од САД како „њу вејв“-политичар и да стигне до власта што како победник ја загуби во уште 1991 година. Историјата ќе покаже зошто беше избран за миленик на Западот заедно со Борис Трајковски, токму во предвечерието на НАТО-војната со СРЈ.

Несомнено антикомунист, иноватор, западњак и вљубеник во американскиот концепт на демократија и слобода, како впрочем и сите вмровци, и поклоник на либералниот капитализам со амбиција да ги закопа идеолошките секири со противниците, Георгиевски имаше и своја темна страна, која се покажа како исклучително корисна за проектирањето на Македонија како невозможна држава. Карактерно нестабилен и поводлив, циник поради сопствената идентитетна неиспрофилираност, хедонист и конформист со анархистички поттекст, конзервативен традиционалист а во исто време неустрашлив индивидуалист, љубопитен иноватор и авантурист, му се наврти на народот, кој не го разбра неговиот интимен свет на визии. Доцна увиде дека од почетокот бил ставен под строга политичка контрола за да биде употребен во вистинско време за вистински цели. Во 1998 година, заедно со Васил Тупурковски ги извршија промените со благослов на Западот. Го признаа Тајван и помогнаа разгневената Кина да ја заврши мониторинг-мисијата на ООН во Македонија. ЕУ ја трансферира Македонија во категоријата територии и непризнаени држави. Сé беше подготвено за операцијата Косово. Во 1999 година Македонија стана најголем бегалски камп надвор од африканскиот континент. Инфраструктурата на Македонија стана бесплатен, слободен транзит за оружјето на НАТО. На Георгиевски му се случи првиот „блекаут“. Поетот побегна од политичарот во внатрешен егзил. Сепак, во 2000 година Георгиевски се врати во реалноста и покажа резултати. Изведе реформи, воведе ДДВ, почна фискализацијата, поради што го прогласи својот министер за финансии Никола Груевски за своја најголема инвестиција. Се ослободи од товарот 25 најголеми загубари, почна да подготвува уставни промени. Со Џафери промовираа двојазичен пасош, двојазична МРТВ. Подготвуваа нова територијална организација. Но во тоа време почна реализацијата на втората фаза од проектот „независно Косово – голема Албанија“. УЧК, со логистика на НАТО, тргна на територијата Македонија со јасна намера да го заврши грчко-македонскиот спор за името. Георгиевски беше подготвен да го смени името во Северна Македонија, ама не по пат на војна. Неочекувано реши да се брани. Денес е противник на антиквизацијата, но во март 2001 година својата победа и освојување на тетовското кале ги споредуваше со славните битки на Александар Македонски. Кои беа причините поради кои тој го прифати ултиматумот на Црвенковски за формирање национална влада на спасот не е познато. Но оттогаш Георгиевски влезе во фаза на презрива малодушност, на бесполезно цинизирање дека „тој и Црвенковски се изнајмени да ја одработат големоалбанската агенда“. На крајот, се задоволи со добивката да си го одработи докрај мандатот. Го оставија да се запише меѓу ретките градители на Македонија со „народни пари“ преку неколку симболични проекти, да стекне имот „како секој средно богат бизнисмен“.Да си замине како жесток критичар на западната политика, која го остави на цедило. Се повлече разочаран од Македонија препорачувајќи го Никола Груевски како единствен што може брзо да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на власт.




Бранко Црвенковски,
1 ноември 2002 – 12 мај 2004

КОРМИЛАР БЕЗ КОМПАС

Да не беше Георгиевски со целиот негов карактерен контекст, немаше да се случи фамозниот 15 септември. Црвенковски повторно вшета во епицентарот на политиката преку триумфална капија, небаре победник во војна со ВМРО. Втората Бранкова доба се смета за незаслужен скапоцен подарок, кој го изедоа свињите.

Го спроведе рамковниот договор до последната запирка, исполнувајќи го и она што во претходното владеење го сметаше за разградувачки елемент на државата Македонија. Во државните институции совршено лесно ги вгради командантите на ОНА, без проблеми пушеше цигари со Али Ахмети во Шипковица, но до денешен ден не собра храброст јавно да испие чаша вода со Георгиевски или Груевски во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин јасно и историски ја исцрта сопствената црвена линија и го забетонира интраетничкиот антагонизам на политичката сцена. Реформи вообичаено не умееше да прави. Се држеше до познатата формула „сега не е време“ и „ги поправаме штетите што ги направи ВМРО“. Експресно го испрати во Хаг Љубе Бошковски, го искреира „Раштански Лозја“, за потребите на ЦИА дозволи киднапирање на сомнителни Арапи на македонска територија, ги уапси и осуди Ламбе Арнаудовски и Војо Михајловски. По шест месеци, Никола Поповски прогласи фајронт на борбата со корупцијата. Ќе остане познат по отпорот кон преговори со социјалните партнери од СОНК и прочуената изјава дека „има многу попаметни работи на кои е подготвен да ги троши парите од буџетот отколку на исполнување на барањата на просветниците што барале преку леб, погача“. И, секако, по гибелот на претседателот на Македонија, со безмалку цел негов кабинет (освен Стево Пендаровски, идниот претседател на ДИК и подоцнежен советник за безбедност на Црвенковски), во сомнителна авионска несреќа.

Стандардот на Црвенковски да му гинат шефовите на држави во сензитивен тајминг стана негова политичка карма. Се чини како некоја натприродна сила на амбициозниот политичар да му го расчистува патот до следното скалило на реализација на потребата за моќ. И така, Црвенковски неволно, вторпат, прифати да се жртвува за Македонија. Го напушти премиерското место за да кормилари со државата. Без избори, без врева на сензитивниот невладино експертски и медиумски сектор, самиот си го избра за премиер Хари Костов. Партијата ја препушти на в.д. колективно претседателство какво што по Тито имаше СФРЈ, а потоа приреди вонреден конгрес, каде што тој со Лазар Китановски, по 12 часа пребројување, за победник го „избра“ Владо Бучковски. Во меѓувреме, Костов демисионираше, а со владата претседаваше алтернативната вицепремиерка Радмила Шеќеринска. Сé додека во рамките на истиот СДСМ-мандат, не чело не дојде и третиот премиер Бучковски.




Владо Бучковски
17 декември 2004 – 27 август 2006

РЕФОРМАТОР СО ФАБРИЧКА ГРЕШКА

Неговото кратко време во почетокот ветуваше полет, реформи, промени. Го смени стилот на владеење. Растоварен од идеолошкиот стереотип од времето на еднопартизмот, Бучковски гореше од желба да покаже резултати, да ги неутрализира делбите, да ги сврзе испокинатите нишки на македонската државотворност. Тој итро посака да ги вклучи во реформите крупните капиталисти за да не му прават шашми преку партиската номенклатура. Некои од нив, како Минчо Јорданов, ги внесе во владата, а некои, како Свето Јаневски, ги именуваше за свои советници за економија. Но амбициите му се косеа со страста за брзи пари. Лукративната црта на неговиот карактер, желбата да биде трендсетер, неговиот лабилен карактер, шокантната неизбалансираност, поводливост и непромисленост да дава изјави и да носи одлуки по дневна инспирација, му нагрбачија невиден одиум, сличен на оној што го налепува на себе Георгиевски. Гневот го навлече и на своите сопартијци, кои видоа во него амбиција да се оддели од влијанието на Шефот и да заигра своја игра. Со други зборови, почна да игра за своја душа и тоа му се одрази на политичкото здравје. Ќе му се паметат проектите Струга, пренесување на „Струшките вечери“ во Скопје, територијалната организација со која Скопје стана рурална метропола за потребите на двојазичноста, шестмесечната војна со Агим Красниќи од Конодово, добивањето статус кандидат за ЕУ, понуда до Бугарија македонската национална историја да ја сметаме за заедничка и заедно да ги славиме националните празници на Македонија, подготвеноста за итно признавање на независноста на Косово, прогласување на Тито Петковски за партиски предавник и прогласување на Јоргос Папандреу за национален пријател на СДСМ, но и добивањето статус на земја-кандидат за прием во ЕУ.

Владо Бучковски, во налетот на својот непресушен реформски ентузијазам, а само поради изборниот пораз во 2006 година, не успеа да го реализира проектот за распродажба на македонското тло. Неговата влада го имаше подготвено нацрт-законот со кој македонскиот народ и буквално ќе останеше чергарски пред да се финализираат преговорите со Грција за името, оти законодавците предвидоа продажба на земјата површински и во длабочина со се рудите, водите, археолошките наоди. Таа секвенца од социјалдемократската „државотворност“ допрва ќе ја проучуваат идните историчари за да ги склопат коцкичките од етапното разградување на Македонија.




Никола Груевски,
27 август 2006 – 5 јули 2008 -?

МИКРОМЕНАЏЕР СО СПАРТАНСКИ МОРАЛ

Дојде како изнудена резерва, како последна надеж, која одвај дали тлееше кај премалениот од транзицијата народ. Доби за својата „Преродба во 100 чекори“ доверба со дебела задршка. Немаше харизма, не беше ни речит ни екстровертен. Вмровците го мразеа, сдсмовците го сметаа за свој експонент, кој привремено игра за другиот тим, за мезе меѓу два изборни циклуси, за чистач на туѓо ѓубре, за технократ со ограничени капацитети.

Му помогна на Црвенковски да ги излажира претседателските избори и да стане претседател. Се откажа од „псефалоџистите“ како и Јулија Тимошенко. Не се потресе кога му ја десеткуваа пратеничката група со појавата на ВМРО–народна. Ја дочека 2006-та со целосно реформирана партија. Со новите, на конкурс избрани вмровци тргна во преродба, односно, реформи. Првпат во две децении, уште во првите 100 дена, Груевски ни приреди национален посттранзициски шок. Покажа сосема поинаков пристап во политиката, првпат се соочивме со работа, со национална и државна агенда, со невообичаен самопрегор, амбиција, исполнителност. На крајот на првата година, со крајни напори се обидувавме да му најдеме недоследност помеѓу ветувањата и сработеното. Дури и СДСМ беше фатен во стоп-кадар. Сите досегашни шашми и шеми за пропагандно валкање не успеваа. Груевски ги издигна и очекувањата и амбициите на населението. Стигнаа и првите резултати, од кои најзначајни за нереформираната Македонија се можностите да споредуваме, да видиме колку институционално и законски ни била недоправена државата.

Груевски има профил на политичар аскет. Живее за да работи. Или обратно. Со таков тип тешко може да се носи кој било кој противник. Карактерно интровертен и недоверчив, никој не успеа да го пробие тој природен бедем за да може евентуално да влијае врз неговите одлуки. Недостигот од корисни информации и неможноста да го моделираат преку откривањето на неговите слабости, почнаа да му создаваат огромен број непријатели. И дома и надвор. Бидејќи неговата приказна уште тече и е подложна на преоценување, засега би ризикувале да ја искажеме само првичната перцепција за неговите политички дострели: Успеа да ја изненади дремливата Европа со решеноста да го интернационализира замрзнатото македонско национално прашање. Ја тужеше Грција, ги извести ООН преку Комитетот за човекови и малцински права за недопустивиот однос кон Македонците во Грција, Бугарија и Албанија. Ги приреди првите предвремени избори и ја „сокапа“ опозицијата и на локалните и на претседателските избори. Ја ослободи македонската национална и творечка енергија, почна со реформи во сите сектори, го оживеа земјоделството, го воведе македонското средновековно општество во информатичка доба, ги изведе сите можни даночни и фискални реформи. Од шверцерско-криминални дувла, Царината и Даночната управа ги претвори во функционални институции. Но овој неуморен човек изгледа нема права процена за сопствените капацитети, односно како штедливо да менаџира со своите ресурси. Како педантен микроменаџер, отвори премногу фронтови, а располага со премалку капацитети за да ги покрие ефектно. Проектите и реформите, како резултат на отпорот на центрипеталните сили, му се рушат, а тој уште се дума да ја почне лустрацијата. Наше мислење е дека, ако продолжи вака, ќе заврши како Леонидас Спартанецот – напуштен од сите, само со својата гарда да загине на некој од македонските термопилски теснеци како жртва на својот избор „со штитот или на него“.

ZNACI kakalura e spremena se cekat samo koga ke pocne koj prv ke e M.M.E... TAKA da MIRKA ni kazva kako i ke zavrsi , edin spas za nego e odma pod ITNO LUSTRACIJA ako mozit ako ne e veke docna

A za SDSM sme pogodile deka na celo na SDSM ke dojde MISEVIC-GLIGOROV VLADIMIR garant oti ova sto go pisuva MIRKA a e poraka preku PANDE KOLEMISEVSKI deka ne go biva , ne mu ide i narod veke ne e za treta sreka , e i negova upornost ke vidime kade ke go odnese mada mu kazuvat deka ete mu dali da e PRECEDNIK so pomos na GRUJANA a sega e red na MISEVIC-GLIGOROV VLADIMIR edno 10x10 pati gori od BRANKOTA ama ako ni e SRBIJA SRBIJA SRBIJA
27-03-2010, 04:23 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(26-03-2010, 02:21 PM)razurnuvac Wrote: BRAVO JORDANE kakvi fakti davas to, i sekoja cest na ovoj gospodin RUNTEV , znaci se znae deka ima 12.000 dosiea i deka na nih sa rabotali 23.000 kodosa amateri pljus sluzbata so se funkcioneri , e pa taka a dole se gleda deka nekoi dosiea ke se otovrat vo 2032 so namera deka nie ke pomreme a nihni deca i fnuci ke uzivaat od plodove t.e od nasa krv e pa vaka ako MAKEDONIJA ja napustile 180.000 MAKEDONCI i se vo AMERIKA AVSTRALIJA KANADA i sekade niz sveta a ja go ja COVEKO ima si nacin da otkrie tie iminja koi se zatskrieni e pa sekoj da si kupe po eden BULIT od 9mm i da zamota po edno 3.000 do 5.000 dolari i edno ime od spisako da go trtnat abe ke ja bidva li MAKEDONIJA ili ne ej MAKEDONCI ne se kolebajte kako oni sa ne progonili taka treba da se i nagradat inace se ke e zaludno , to e zaradi mir u onaj svet koga ke si zamineme , ako ne e taka nema da imame mir i gore mora cistenje inace tie iako se i u dalecina ama tamo e kade kade poarnicko da go pustis niz voda a baska za gubre ne se sekira nikoj u demokratija ne sudove procesi i cekanje i trtljanje nego so cisti race i skrati go za GORNA i dolana glava a ne vamu ke mi palamudat i SLOBODAN BOOEVSKI i AVRAM SILJANOVSKI more more IMALI VE BRE MAKEDONCI i to onie koi vas ve ovie trtili ajde vreme e nema drug lek

Е, г-ине Разурнувач, ве пратам подолго време и не можам да се изначудам. Прво на формалниот дел. Се обидуваш да зборуваш на некој балкански Есперанто. Но, внимателно те следам, ама немакедо ските зборови не ги повторуваш исто во континуитет. Значи , како да намерно ги искривуваш зборовите. Користиш и српски и бугарски и зборови од разни македонски дијалекти. А, некои се твоја измислица.Ова го кажувам заради факт дека , понекогаш, си неразбирлив. Не што кажуваш став кој мојата интелигенција не може да го апсорбира, туку, просто, не те разбирам. Не знам зошто не пишуваш на нормален јазик. Велиш дека си бил разузнувач. Па, ако си пишувал рипорти на овој јазик, никој не можел да те разбере. Џабе твојот разузнувачки труд. Icon_lol.Тоа мора да се одразувала на твојата плата. Нели, сите работиме за пари. А, сега за суштината. Ако те пече совеста, и сакаш да помогнеш на македонската кауза дај помогни ни. На нас, кои и мислиме добро на Македонија, ама немаме такво минато. Не сме биле внатре во системот кај ја толчел Македонија и Македонците. А, не да се чудиш колку досиеја биле водени и колку кодоши работеле за службата.Со ниеден факт не покажа дека си работел за службата. Тогаш во Југославија немаше приватни детективски агенции, па да се правдаш дека таму си работел и дека со државните служби си немал контакт. Значи, ако имаш совест на душа, отвори душа. Ке видиш дека ке ти биде полесно. И така живееш во САД ( така велиш), па долгата рака на службите ке те одминат. Интересен е дел кога повикуваш на физичка пресметка со непријателите на Македонија. Јас, кога добив покана за модератор, до организаторите на форумот Котле им постави еден и единствен услов. Форумот Котле да не биде злоупотребен за формирање на организации кои по оружен пат ке ја менуваат власта во РМ, како и за ширење на такви идеи. Откако добив чврсти гаранции дека тоа никако не им е на ум, и дека сакаат само по демократска дебата и ставови да се борат за демократска Македонија , јас ја прифатив ролјата на модератор. Таков начин, на повикување на оружје во РМ, имаше раните 90-ина години, кога наивните а патриотски Македонци службите ги тераа да земат оружје во раце и да ја рушат власта, а потоа како глувци ги фаќаа и пред јавност мафтаа со доказо дека ВМРО-ДПМНЕ е терористичка организација. Такви беа афероте Сина птица, Дувло. Така, ако сакш ТИ со оружје да ги решаваш работите, јас прв ке бидам кој тој начин ке го осудам како непримерен и недемократски.Nenene
28-03-2010, 09:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Противчовечки злодела

Ги следам овие денови сите анализи, изјави и коментари поврзани со одлуката на Уставен суд за укинување на неколку одредби од Законот за лустрација и не можам да се изначудам колку сите изгледаа, односно, изгледавме зачудени. Како, демек, да не се очекуваше ваква одлука на Уставен суд. Како, демек, сите ние да не знаеме дека поголем дел од уставните судии носат такви одлуки што лесно е да бидат претпоставени од претходно. Или како, демек, не можеме да ја видиме таа логика, што најчесто нема врска со Уставот на Републиката, ама има врска со политичката и идеолошката констелација на македонската политичка сцена.

Дури мислам дека ниту еден од граѓаните што не се вклучени во политика не беше изненаден од оваа и ваква одлука. Сите како да ја очекуваа. Логично беше дека вака составен Уставен суд нема да пропушти шанса да се грижи за зачувување на вредностите на претходниот систем, но, пред се', за зачувување на позициите и моќта што ја имаат наследниците на претходниот систем.

Сега треба да се залажуваме. Уставен суд ни кажува една голема вистина... ни кажува дека Македонија веднаш, по донесувањето на Уставот во ноември 1991 година, преку ноќ стана демократска држава. Излегува дека ние како да ги сменивме сите навики за еден ден, излегува дека ние раскрстивме со сите комунистички центри на моќ (било финансиски, политички или полициски). Уставен суд се дрзна да ни дава толкување на тоа што ние го видовме, а видовме многу злоупотреби и прекршувања во текот на транзицискиот период. Уставен суд не' убедува дека не е точно тоа што сме гледале и чувствувале, туку е точно тоа што тие и нивните шефови ќе ни кажат дека се случувало. Како да живееме во педесеттите години. Страшно.

Во последните години се изнаслушавме и се изнагледавме потресни стории и исповеди на илјадници луѓе што биле жртви на претходниот режим и на навиките на претходниот режим што се пренесоа кај дел од политичко-полициската хиерархија и во периодот на демократизација. Речиси сите се сведуваат на истите причини, но и на истите методи на обработка. Различните идеолошки и политички позиции и ставови што ги имале овие граѓани во споредба со оние на политичкиот естаблишмент биле доволна причина за загрозување на нивните животи и нивните основни човекови права и слободи. Да си го прислушуваш својот народ значи дека не му веруваш и дека не си на истата политичка линија со него. Во прашање е потсвест. Но, потсвест што е доказ за предумислата и за намерата да се извршат тие груби загрозувања на човековите права. Оние луѓе што нарачувале, оние луѓе што наредувале и оние луѓе што извршувале вакви злодела знаеле што прават. Не биле во заблуда туку свесно вршеле злоупотреба на државниот апарат за свои политички и финансиски интереси. Тоа е криминал.

Но, немојте да помислувате дека ова се случувало многу одамна. Немојте да помислувате дека ова се случувало само во време на комунизмот. Зашто не е така. Овие навики на татковците ги преземаа лидерите на транзицијата. Дали можете да замислете дека во време на демократија на Македонија и' се случуваше нарушување на човековите права и слободи. Да, во време на демократија министри за внатрешни работи од неколкуте влади на СДСМ издаваа наредби за прислушување и следење на политичките неистомисленици. Има многу докази за таквите злоупотреби.

Се наметнуваат повеќе прашања:

- Прво, дали тие тогашни министри за внатрешни работи имаат право денес да зборуваат за демократија и за човекови права?

- Второ, дали сами без знаење на никого ги издавале противуставните наредби за прислушкување и следење на политичките неистомисленици?

- Дали од тие активности, самите министри или луѓе блиски до нив (политички и финансиски) остварувале одредена добивка?

- Дали тие министри го информирале тогашниот премиер за противуставните, а со тоа и противзаконските активности на македонската полиција?

- Тој, тогашниот премиер (па кој и да бил) мора да даде одговор дали знаел за ваквите активности?

- Дали ние граѓаните можеме да веруваме дека транзицијата на општеството од комунизам до демократија помина најбезболно?

- Дали можеме да веруваме дека транзицијата на економијата од социјализам до либерален капитализам помина најбезболно?

- Ако не, тогаш дали некој ќе носи одговорност за злоупотребите и за криминалите постигнати со противуставни и противзаконски активности?

- Дали луѓето за кои сите знаме дека свесно ја кршеле демократијата имаат капацитет да им се даде доверба?

- Дали сме сигурни дека нема да ги повторуваат истите навики наследени од тоталитаризмот?

- Дали можеме да и' веруваме на политичка партија во чии први редови се токму тие луѓе и дали таа партија може да се претставува како партија блиска до народот и партија со демократски капацитет?

Но, почитувани, најголемото прашање не се крие во оние прашања погоре. Најголемото прашање не се крие ниту во маката, страдањата и проблемите на сите овие жртви. Најголемото прашање што се наметнува сега е како да го оставиме општеството на следните генерации без можноста да му се повторат истите противуставни, противзаконски, противдемократски, противцивилизациски и најмногу противчовечки злодела. На тоа прашање ќе мора да дадеме одговор.

(Авторот е пратеник)
Утрински Весник

Му испратив на господинот Илија Димовски коментар со следнава содржина на текстот:

"Господине Димовски, го прчитав вашиот текст и затоа ви се обраќам вака:

Дали знаете дека пред две години и кусур имам поднесено кривична пријава со која се обидов да ги изведам пред лицето на правдата, за да добијат заслужени казни, тие кои издавале наредби за прогон на политички неистомисленици. Пријавата е отфрлена врз база на груб ФАЛСИФИКАТ. Прогласена е за застарена иако до застареноста имало уште 7 месеци. Никој јавната обвинителка Драгица Михајловска не ја зема на одговорност за грубиот фалсификат. Јас ја продолжувам постапката по приватна кривича пријава. Затоа наместо како пратеник на партијата на власт да барате одговори преку весник би ве замолил да поставите пратеничко прашање или некој друг механизам кои ви стои на располагање за да влиаете да се задвижи процесот кои по се се опструира и од власта и од опозицијата.


Можете да ми одговорите тука: http://www.kotle.ca или на мојата е-маил адреса: ........"
(This post was last modified: 29-03-2010, 02:45 AM by ЈорданПетровски.)
29-03-2010, 02:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ЕДНА ДЕСЕТТИНА ОД ФУНКЦИОНЕРИТЕ ИЗЈАВИЛЕ ДЕКА НЕ БИЛЕ КОДОШИ

Лустрацијата ја гази времето

Јасминка Догова

Со сегашното темпо на лустрација ќе бидат потребни 15 години за да се проверат сите јавни функционери, а Законот треба да се спроведува до 2018 година, вели новиот претседател на Комисијата за верификација на фактите, Јанаќие Витановски. Во последната година, откако е во сила законската обврска за доставување изјави, според евиденцијата на Комисијата, се пристигнати 1.231 изјава од можните 15.000. - Не се откажуваме, само нека не остават на мир и нека не не блокираат зошто ако одиме со ова темпо да се проверуваат од 60 до 90 изјави годишно, ќе ни требаат 15 години за сите изјави - коментира Витановски.
Комисијата за лустрација, која треба да проверува дали некој државен функционер бил кодош на тајните служби, најавува дека продолжуваат со работа според образложението на Уставниот суд, кое вели дека лустрација треба да се спроведува за дела направени до 1991 година. Но, членовите признаваат дека се уште кај нив постои дилемата што е исправно, односно чиј став да го применуваат и да го почитуваат, дали образложението на Уставниот суд или, пак, објаснувањето на собраниските правници дека таа треба да важи до 2008 година, откако е Законот во сила. - Законот во Собранието, беше донесен со голем консензус и очекувавме тоа и да ја разреши дилемата што се појави по донесувањето на одлуката, или преку законски измени или, пак, преку автентично толкување - вели Витановски.
Членовите на Комисијата велат дека единствена можност е преку лични контакти и лобирање да натераат некој од пратениците во нивно име да поднесе барање за автентично толкување на членот 2, во кој се дефинира периодот за кој се проверува дали некој функционер бил соработник на тајните служби.
Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, потврдуваат дека различното толкување за временското важење на лустрацијата не е доволен мотив за другите пратеници да предложат измени.
Дел од стручњаците образложението на Уставниот суд го оценуваат како политички пресметано и штетно и велат дека ја остава Македонија во статус кво, како држава во која не се случил дисконтинуитет меѓу системите.
Одлуката на Уставниот суд остро ја критикуваше и директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски. За него таа е нејасна бидејќи за кодошењето по 1991 година сведочеле илјадници досиеја во депото на Архивот.
19-04-2010, 12:26 PM
Reply
Aleksandar
Unregistered

 

Лустраторите бараат помош од граѓаните



Комисијата за лустрација ги повика граѓаните да достават документи за функционерите, доколку имаат

Оливера Војновска

Комисијата за лустрација ги повикува граѓаните што имаат релевантни податоци, списи и други документи – досиеја за јавните функционери или за кандидатите за јавни функции да помогнат во процесот на лустрација и да ги достават до Комисијата. Изјави дека не биле соработници на тајната полиција досега доставиле повеќе од 1.200 државни функционери. Првиот лустрациски филтер го поминаа седумдесетина политичари, но лустраторите не открија ниту еден кодош меѓу припадниците на актуелната политичка елита.

Дали ваквиот повик, објавен на сајтот на Комисијата, значи дека кај лустраторите постои сомневање оти Управата за безбедност и контраразузнавање (каде што се наоѓа најголем број од досиејата) селективно им ги дава документите?

Претседателот на Комисијата, Јанаќи Витановски, вели дека имале добра соработка со УБК и оттаму добиле се' што побарале. „Повикот е во согласност со член 22 став 3 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, каде што е предвидено документи да доставуваат и трети лица. Така, доколку се добијат такви материјали Комисијата веднаш ќе ги провери“, рече Витановски.

Предлагачот на Законот, Стојан Андов, појаснува дека таквата одредба во Законот е ставена поради тврдењата дека некои досиеја се прочистени. „Во јавноста имаше видувања дека процесот нема да успее, бидејќи досиејата се прочешлани, дека некои документи завршиле во приватни збирки. Затоа Законот дава можност и тие документи да дојдат до Комисијата и никој да не биде заштитен“, вели Андов.

На прашањето дали со ова се фрла сомневање дека УБК крие дел од документите, тој одговара: „Не можам да кажам дали УБК не ги дава документите. Но, може да се покаже оправдано сомневањето дека некој своевремено ги изнел документите од УБК, а УБК ја изгубила трагата. Бидејќи таму имало луѓе што замислувале дека се посилни од државата и од законот. Јас не сум за тоа ние да водиме истрага како граѓанинот дошол до документот. Комисијата само треба да утврди дали документот е автентичен, и доколку е така да биде земен предвид. Исто така, треба да се утврди зошто го нема во УБК и од кога го нема УБК“, смета Андов. Тој додава дека оние што во јавноста мавтаа со документи, треба да ги достават во Комисијата, па таа да ги провери.

Инаку, по одлуката на Уставен суд во јавноста имаше различни толкувања за опфатот на лустрацијата. Но, претседателот на Комисијата, Витановски, нема дилеми дека процесот не се однесува на транзициското време. „Ние ги почитуваме Законот и одлуката на Уставен суд, според која, лустрацијата не се однесува за периодот по 1991 година. Комисијата го спроведува Законот, а не го толкува“, смета Витановски.

Автентично толкување на законите дава собраниската Законодавно-правна комисија, но досега никој од пратениците не побарал автентично толкување. За Андов, Законот е јасен и тој нема да бара ниту толкување ниту, пак, ќе предложи законски измени.
21-04-2010, 11:05 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6

(21-04-2010, 11:05 PM)Aleksandar Wrote: Лустраторите бараат помош од граѓаните


Комисијата за лустрација ги повика граѓаните да достават документи за функционерите, доколку имаат


Of-topic

Aleksandar, да ти пожелам добредојде на форумов. Се надевам ќе најдеш работи кои ќе те интересираат а воедно и ќе зачнеш теми кои ќе ги заинтересираат останатите форумџии.
22-04-2010, 02:25 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

На лустрацијава и извршија абортус, не дозволија ни да се роди...

Треба да се преземе нова, поздрава иницијатива...

22-04-2010, 11:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(22-04-2010, 11:48 PM)acko Wrote: На лустрацијава и извршија абортус, не дозволија ни да се роди...

Треба да се преземе нова, поздрава иницијатива...

Таа иницијатива нема да ја превземе ниту Грујо ниту Бранко. Случувањава по одлуката на Уставниот Суд го разгилија Груевски докрај.


(21-04-2010, 11:05 PM)Aleksandar Wrote: Автентично толкување на законите дава собраниската Законодавно-правна комисија, но досега никој од пратениците не побарал автентично толкување.
23-04-2010, 03:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(23-04-2010, 03:38 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(22-04-2010, 11:48 PM)acko Wrote: На лустрацијава и извршија абортус, не дозволија ни да се роди...

Треба да се преземе нова, поздрава иницијатива...

Таа иницијатива нема да ја превземе ниту Грујо ниту Бранко. Случувањава по одлуката на Уставниот Суд го разгилија Груевски докрај.


(21-04-2010, 11:05 PM)Aleksandar Wrote: Автентично толкување на законите дава собраниската Законодавно-правна комисија, но досега никој од пратениците не побарал автентично толкување.


Дали и после ова Грујо и ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО КЕ МОЛЧАТ.



Quote:Крунски доказ


Ако Михајло Маневски требаше да биде фокус преку кој всушност се испраќа политичката порака, Тито Петковски во таа дебата стана симбол на „битката за ранетите политички тифусари“.

Неговата политички коректна дискусија одекна овојпат многу погласно од општата и хистерична врева на првата борбена линија на СДСМ. Имаше ефект на атомска бомба со која го ничкоса коалицискиот партнер, го осветли сопствениот „демократски“ политички профил и ја демистифицира суштината на меѓупартиската војна, која ја држи Македонија под перманентен стрес. Тој ни откри како во 1996 година бил извршен генералниот судиски реизбор. Без парламентарна опозиција, без медиумски кампањи, без јавен интерес за директивите од Брисел, без врева од невладиниот сектор, без експертски колумни и дебати, се воспостави денешната судиска екипа, како што вели Петковски, „врз основа на објективни критериуми на квалитет и стручност“. Наравоучението е недвосмислено – на СДСМ не му треба демократска контрола, опозиција што го сочекува во кривина, државотворците внатрешно, како морално издигнати индивидуи, самите се контролираат. Крунски доказ за таквата широчина на апсолутната власт биле 37–те судии од вмровска провениенција, кои неутралните апсолутисти од СДСМ беневолентно ги именувале за судии.

Оваа дискусија сега предизвикува верижна реакција. Го скокотка умот на секој мислечки човек, но и го комплетира мозаикот „судство и обвинителство“ во транзициска Македонија. Пред сé зашто имаме доброволно признание од несомнен авторитет и очевидец дека во 1996 година сепак биле функционални политичките досиеја и тие, во тесна соработка со службите, биле моќна алатка во рацете на тогашната власт. Овој јавно изнесен факт длабоко ги компромитира и тогаш избраните судии, ја компромитира неодамнешната одлука за лустрацијата на Уставниот суд и ја демаскира опозицијата. Во демократска, слободна и плурална Македонија секој во Собранието можел да ѕирне во полициските досиеја при изборот на судии и да ја види политичката провениенција на кандидатите. Кога дури 37 „парчиња“ од непријателска вмровска провениенција биле пропуштени низ строгите едноверни филтри во 1996 година, ништо чудно што денес партискиот расист Љубомир Фрчкоски на своите противници им открива специфични антрополошки особености од типот „имаат влакна во нос и нозете им смрдат“. Провениенцијата што ја утврдувале со полициски досиеја, во овој контекст не значела партиска припадност, што се докажува со книшка. Туку, дека конкретниот кандидат за судија имал неповолно семејно потекло, родители или роднини што не се со исправна политичка религија.


А со молчењето конечно да си ги симнат докрај маските за да можат да се УВЕРАТ СИТЕ дека и тие се ДЕЛ НА ИНСТАЛАЦИИТЕ.
24-04-2010, 02:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Македонија е на крстопат. Или оваа власт и оваа нова генерација на политичари ќе го демонтира стариот еднопартиски систем или ќе нé воведе во фаза на продолжена транзиција каде што системот ќе биде козметички дотеруван, но шемата по која се избираат судии и обвинители ќе остане иста. Плурализам во кој се менува само формата е чиста политичка фингерајка. Ако амбицијата или целта на сегашната власт во овој мандат е борба за прераспределба на капиталот и кадрите како стратегиски ресурс, ако тоа се прави со замисла дека кадровскиот продор во институциите ќе и обезбеди на ВМРО поблагопријатни услови за водење на финалниот бој со „евроболшевиците и криптокомунистите“ станува збор за исто толку погрешно избрана цел. Се троши многу енергија, се истоштува населението, се подјадува државата до темел, се губат довербата и самочувството на луѓето, а ефектите во финалето стануваат непријатна реминисценција за политичка борба помеѓу Курто и Мурто. На македонското судство му требаат суштински реформи. Пред сé кадровски. И тоа сега. Масовно пензионирање на судиите и обвинителите не е можно без сеопфатна лустрација. Од друга страна, Македонија нема фајде од судии и обвинители што немаат професионална храброст да изнесат ни случај на тежок криминал, а па ни случај на злосторство против хуманоста. Што да се прави со професионалци на кои повисоките инстанци им ги враќаат пресудите на доработка, чии одлуки ги оспорува кој како ќе стигне, од адвокати до семејства на осудени, со кои се мајтапат и медиуми и политичари. И, на крајот, кое фајде од донесените европски и реформски закони ако секој судија и обвинител прима отворени заканувачко-уценувачки пораки од политичарите, а не реагира ни како човек ни како професионалец.

Владата денес има многу предизвици, но спроведувањето докрај на судските реформи ќе значи демонтажа на нагазната мина, која е инсталирана во 1996 година како моќно оружје за соборување на секоја демократски избрана власт што сака длабоки политички промени.

Ако ја прокоцка оваа шанса, ќе значи тоа дека вонсудски се нагодила со СДСМ и заедно можат слободно да заминат секоја во своите безначајни партиски истории.

Велинова ги детектира проблемите но сеуште нема ХРАБРОСТ да каже дека и Грујо е прочитана книга и МОРА ШТО ПОСКОРО ДА СИ ОДИ. Но не да биде заменет со Бранко.
24-04-2010, 03:01 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6

SE ova e arno sto go postiras a i ona sto go kazuva MIRKA i site nie vo manjina ocigledno tie ni prakat poraka deka da ova e taka i da znaete nemate sansi , zatoa sto i taja energija sto ja nosea PROMENGIITE POROTOKALOVI se pod kontorla i deka se e samo edna fingerajka , taka e u HRVATSKA HDZ e pred kopaps se se trese i se se odviva u HDZ , se se trese i se se odviva u VMRO-DPMNE , za RADIKALI u SRBIJA pa tie isto taka se stresoa i razdrndaa i go zaebaa VOJKANA u HAG.

Znaci iako zadocneto sem ako ne se sluci nasekade onaka kako u BIH so kamneja i toa sekade a i redno e i kaj nas i ne se stresat i razebat i SDSM i negoviot imaginaren produkt fals desen orient VMRO-DPMNE so narodna volja se drugo ke si ostane na nasa iznesena pisana i kazana misla na ovoj nacin i na vakov medium nim im piste onakvo


Znaci siot kapiat sto go imat i seta potstavenost koja ja terat od togas pa se do denes mozat da se smenat da se uplasat samo so masovno da receme edno 800.000 iljadi polonoletni gragani na RM da frlat kamenja nakaj INSTITUCIITE ili nakaj domovi na 120 pratenici ,na ministri , na se so znaci BANDA zaednicka a sozdadena i kreirana i upravuvana od SDSM koga se vo kriza ili im e dosadno naogat nekoj na koj ke mu dadat da si po onadi pordzi u raka da msili deka i negov packo e K....E na ovolkava ama koga ke mu go trgat ogledalo koe go zgolemuva i mu dava lazna golemina i vreba doaga vreme da go smenat i da dojde vreme na celo na SDSM i drzava kako PREMIER da ni se vrati MZISCE so P...E dal e BRANKO il e BUCKO ama pogolemi muda od nih ima SEKI neka i e srekna kerkata pa da dade gospod i dva tri sina da i rodi na MAKEDONIJA drigite se so dupka se megu noze iako kako mazi se pretstavuvat
24-04-2010, 06:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Додека не се ослободиме од злото наречено комунизам ке пропаѓаме само подлабоко во безната. А единствен пат да се спасиме е да се спроведе лустрација.

Quote:Ги читам и слушам изјавите - ветувањата на Премиерот Никола Груевски и морам да признам дека му се восхитувам во неговата убеденост дека може да лаже до бескрај. А дека лагите не трајат вечно и како поминуваат тие што го лажат народот нека му послужи примерот со Бранко Црвенковски. Деновиве Груевски излезе во јавноста со порака дека ќе се залагал да се спроведе лустрацијата.
Целиот текст, ТУКА:



Quote:Комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден: ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување, бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. И затоа тие луѓе вие не сте ни можеле да ги сретнете во Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени.

„Демократите“ кои сте ги сретнале и се ваше весело друштво се едни други „дисиденти“ што протестираа против Тито и „црвените буржуи“, не за демократија и човекови слободи, туку заради Титовото „скршнување“ од комунистичкиот пат. Значи тие беа комунистички радикали. А превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, „Либерали“, а со името и титули: професори, режисери, писатели, глумци. Тие денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал.

Така во 1990 година на Македонија и се случија предвесници на демократијата, „борци“ против комунизмот да бидат професори по марксизам и „либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот.
Со почит,
Јордан Петровски, Канада
Целиот текст,ТУКА:



Quote:Фактот што во јавноста помина незабележано резолуцијата на ЕУ од 2.4.2009 година, за европската свест и тоталитаризмот, која се повикува на Резолуцијата 1481 од 26.1.2006 година на Советот на Европа (за лустрацијата) ме наведува на заклучок дека комунистите во Македонија се неискрени кога велат дека се залагаат за Европа и европските вредности. Ова важи и за комунистите во десната влада.

За мене, најсилната причина за резолуцијата на ЕУ е содржана во точката К.:

„К. бидејќи Европа нема да биде здружена, доколку не е способна да обликува единствен поглед на својата историја, доколку не ги признае нацизмот, сталинизмот и фашистичките и комунистичките режими, како заеднички заоставштини и доколку не спроведе чесни и продлабочени расправи за нивните злосторства во минатиот век...“

Значи, ЕУ од комунистите бара да ја ослободат Македонија од својот бес. Не бара со резолуција да си го смениме името, туку со резолуција бара да расправаме и да ги осудиме комунистичките злосторства. Комунистите предлагаат трампа: ние вам име, а вие да не нé жигосувате за нашите злосторства.
Целиот текст, ТУКА:
14-05-2010, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрацијата пред Уставниот суд

НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ВО ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ И ДВАЈЦА СОВЕТНИЦИ НА ЃОРГЕ ИВАНОВ БИЛЕ КОДОШИ?!



Уште во првата фаза од законодавната сеанса каде законот за лустрација помина 'глад', но го расчеречија угледните интелектуалци, најавив дека 'појасот за спасување' на противниците ќе биде секогаш сигурниот Уставен суд. Црвенковски уште тогаш јасно ни порача дека лустрацијата ќе биде 'бесцелно потрошено време и енергија'. Кога Јанко Бачев, кој до пред десет години работел токму во ДБК, денес ќе наброи дека најмалку тројца во владината коалиција на Груевски биле соработници на службата, плус најмалку двајца советници на Ѓорге Иванов, ама дека кодоши има и во Извршниот Комитет на ДПМНЕ, и најмалку десетина директори во вторите ешалони на власта, тогаш јасно е зошто Груевци 'пимплаат' со лустрацијата. Уште повеќе, каква ќе биде одлуката на судот!



Пишува Јадранка КОСТОВА



Колку и да сака човек да одолее на минатонеделниот 'ивент' во Уставниот суд за Законот за лустрација, сепак деновите што минуваат го наметнуваат 'филингот' дека би било грев да се одмолчи на неколку крунски 'аргументи' против 'прочистувањето' што беа пласирани таму, ама и низ колумни, од оние што со децении важат за некаква интелектуална елита. Агендата ми е да се задржам на тезите дека кодошите работеле согласно законите- демек биле совесни граѓани (Ф. Мухиќ); дека треба да се поништи целиот закон ама затоа што бил спротивен со се живо и диво од областа на човековите права (Жарко Трајановски ); или 'најмеката' понуда наспроти претходните- дека лустрацијата треба да се однесува САМО на еднопартискиот систем- читај до 1991 г. (Љ. Д. Фрчкоски). Пред да се посветам на горенаведените, а кога ќе се синтетизираат сите јадиковки, ми паѓа на ум спасоносната формула- да го измениме моделот за лустрација, така што ќе го прифатиме помекиот од нашиот- на пример, бугарскиот.

Накусо, според бугарскиот закон, на соработниците на тајните служби не им се забранува да обавуваат јавни функции во одреден период, како што налага нашиот, туку смислата беше во нивното демистифицирање. Ако, нели, кодошите работеле согласно законите, тогаш нема ништо лошо да објавиме кои биле тие совесни граѓани кои одговорно си ја обавувале својата должност. Верувам дека на овој предлог нема да има 'примједби' ниту членот на Управниот одбор на Сорос Фондацијата, Ж. Трајановски, затоа што во ваква ситуација нема зошто објавените да тужакаат во Стразбур. Е сега, овој проект за да го задоволи и експертутскиот маг Фрчкоски би требало да се ограничи до неговото доаѓање на челната позиција во МВР, што сепак сметам дека ќе биде најтежок компромис, бидејќи 'демократските' соработници од идеолошка провиниенција од неговата ера, ќе се почувствуваат обесправени заради прикривањето на нивните светли дострели во денунцирањето на идеолошките непријатели.



ИЗЛЕГОА ОД ГОЛИ ОТОК И СТАНАА АКАДЕМИЦИ ...



Како и да е, во Бугарија никој не беше спречен заради кодошлукот од минатото да ја креира иднината. Но барем беа демистифицирани така што на интернет-страницата на бугарската комисија за лустрација се најдоа имињата, на пример, на над 100 пратеници кои биле избирани во парламентот од 1989, а за кои документите покажуваат дека биле агенти на тајната полиција или шпиони во времето на комунизмот. Меѓу кодошите се најдоа и претседателот Георги Прванов, екс премиерот Жан Виденов, плус уште 29 поранешни министри: за внатрешни работи, за економија, за одбрана, за енергетика, како и дури 77 заменици министри, од кои некои и во времето на објавувањето беа дел од владеачката коалиција. Кога вака ќе ги земете на купче, фино се гледа дека кодошите биле главната кадровска база на сите партии во соседна Бугарија. Од друга страна, мора да се признае дека тајните служби имале истенчен вкус за кадровска политика штом фаците од кодошките списоци на тајната полиција буквално останале темел и на новиот систем.

Шегата на страна, ама може да замислите што во бројки би покажала нашата лустрација, барем да биде и законски од бугарски 'произход' Се разбира, тешко е да се поверува дека ќе се влезе во нова законодавна сеанса, да се менува моделчето, но не е лошо да се размисли на време за оваа варијанта, особено што од Уставниот суд и не очекувам да одолее да не интервенира во таканаречениот 'Закон на Андов'. Така уставните судии ќе им удоволат ем на Груевци, ем на Бранковци. А кога интересот им е идентичен, тогаш без двоумење пиши 'пропало'.

Нејсе, една од најопасните тези на противниците на лустрацијата е дека 'такви биле времињата'. Какви биле?! Па, не биле сите комунисти кодоши? Ги има доволно и такви кои ја одбиле непристојната понуда на УДБА. Можеби не направиле некаква кариера, но сепак преживеале. Таков е случајот со д-р Тома Батев, професор од Штип, за кој Фокус веќе има пишувано. Неговиот прв грев бил сторен во 1949 летото, кога рекол дека нема демократија во партијата, дека раководството се избира недемократски начин, дека партијата не оджала конгрес иако минале 4 години од ослободувањето. По тој состанок му е отворнео досието, водено 4 децении, на 351 страница. Вториот грев му бил што одбил да биде кодош на УДБА, па поради тоа без судење и пресуда бил испратен на Голи Оток каде што одлежал 3 години тешка робија. Иако првично под притисок потпишал изјава за доушник под псевдонимот 'Драгољуб Илиќ', два дена подоцна се предомислил. Го објасни тоа со зборовите 'Поарно да умрам, отколку да живеам како кодош'. Веднаш потоа бил уапсен. И за тоа ја плаќал цената цел живот. Правеле обид да го компромитираат, му местеле убава студентка за да го уценат. Ги укинувале предметите што тој ги предава на факултетите во Штип и Прилеп. Тој тврдеше и дека 'многу Македонци на Голи Оток станаа кодоши на УДБА. Кога се вратија од таму, станаа директори, пратеници, академици, угледни личности. Само знам дека долго живеев живот без лезет'.

Вториот случај, што сега блиц ќе го пренесам е за еден познат бизнисмен од внтарешноста, кој за разлика од Батев, имал среќа што нему доцна му стигнала понудата. Некаде во 1983 г. службата барала од него да ги информира за некој негов роднина, кој во Бугарија каде што бил и роден, се наоѓал на некаква висока воена функција. Откако одбил да биде соработник, веднаш во фабриката во која бил некаков директор, стигнала полиција, и нормално му наше некакви зврчки. Бил во притвор 80-тина дена, каде што редовно го посетувал иследникот од ДБК- со прашањето: дали се предомислил. Е не се предомислил, ниту бил суден за недостатоците во фирмата, ама останал без работа. Среќа што таткото му бил занаетчија, па така преживувал до, ѓоа, падот на социјализмот. Дури во една пригода, кон крајот на 80-тите, од партијата барале да биде директор на една фабрика која пропаѓала, ама ДБК не го дозволила тоа. Што ќе рече: службата била појака и од партијата.



ИНТЕЛЕКТУАЛНА ОНАНИЈА



Според логиката 'кодошите работеле согласно законите и системот', излегува дека овие два случаи, си ја заслужиле таквата судбина. Ваквата интелектуална 'онанија' препорачува да нема отпор, да се прифаќа и најфашизоидниот режим, да нема бунт!!! Ете, да биле 'на место' нашите примери, да прифатиле да бидат соработници, која знае кај ќе им беше крајот. Денес Батев можеби ќе беше во најамала рака академик. Всушност, ваквите 'непослушници' ја расипуваат романтично пласираната идила дека соработниците немале избор.

А сега, збор-два, повторно низ примери, за тоа колку била поинаква тајната полиција после прогласувањето на новиот систем. Филип Петровски, кој во средината на 90-тите ги предводеше студентските протести, со своите 25 години е заведен за обработка под графата 'македонски екстремизам'. Е сега, баш се симпатични и симптоматични аршините на 'демократскиот' ДБК: што е екстремизам, а што патриотизам. Зошто еден студентски протест да се смета 'екстремизам', а полициската интервенција од тоа време против Тетовски универзитет со загинати цивили, да биде патриотизам?

Проблематичен е, значи токму системот на вреднување. А методите се 'боли глава'. На пример, во белешките за Филип ќе видите дека УДБ-а го практицирала методот 'подметнување заради компромитирање'. Во неговот досие со кодно име МАРТА стои дека ДБК 'ќе се работи на потврдување на податокот дека Филип Петровски конзумира дрога'? Или, се предвидувало 'детално снимање' на неговото семејство заради, како што стои: 'доаѓање до сознанија со кои може да биде компромитиран'? Само три дена откако 'македонскиот екстремист' Филип Петровски во 1998-та ќе биде избран за пратеник, МВР ќе го дерегистрира.

Иако е дерегистриран, сепак во решението се констатира дека неговите 'противуставни активности биле потврдени'. Се разбира, кривична пријава изостана. Ем докажале противуставни активности, ем го оставија детето на слобода. Кои биле кодошите на Филип, од студентаријата што протестираше, на пример, сега според Фрчкоски треба да остане неважна 'ствар'. Демек, во демократски систем ако противзаконски е водено досие, требало да се оди на суд. Не умри магаре до зелена трева. Пред кој суд? Овие нашиве што и после две децении се 'бенчмарк' од Брисел?!

Или, како заврши кривичната пријава што ВМРО-ДПМНЕ ја покрена против Фрчкоски и компанија во 1992 за аферата 'Дувло', кога беа прислушувани телефоните од партискиот штаб?! Зарем треба да се демне опозицијата како во стариот систем?! Според таквата логика, и денес би било 'нормално' да се прислушува СДСМ, затоа што, ете, има контакти со разно-разни странци?! Па, уште ако се Грци, треба скроз да се 'покријат', зашто гарант работат против државата. Патем, кривичната пријава за 'Дувло' заврши уште пред да биде поднесена. Добија 'корпа'! А никој од тужените и не се возбуди многу во ниту еден момент.

Но за 'демократските' методи на полицијата, и уште 'подемократските' аршини на судството од новово време, доволно говори случајот на Јордан Петровски од Куманово, кој сака да потенцира дека денес е 'политички азилант во Канада, благодарение на Фрчкоски и неговите налогодавачи' (види рамка). Затоа изгледа со таква леснотија, за досиеата од негово време, екс министерот на полицијата упатува на судот. Пред вакво судство, тајната полиција може да бесвест да прави досиеа на идеолошка основа. Филип Петровски, кој денес е директор на Библиотеката Браќа Миладиновци, се сомнева дека оваа практика продолжува и денес (види рамка). Тој и не се обиде да истерува правдина пред судот. Едноставно го распосла обемниот труд на ДБК на својот блог. Колку да се знае какви методи играле и во време кога сме објавиле дека сме демократија, а сме биле демократура. Или, како што ќе рече Ивица Боцевски, фактот што за 'административниот брак' помеѓу полицијата и медиумите разбравме дури во 1997, а за 'Големото уво' во 2001 г., јасно е дека периодот на важење на законот е прецизно определен.



НАРЕДБОДАВЦИТЕ СЕ РЕЦИКЛИРАА



Всушност и западните аналитичари сметаат дека најголем неуспех на посткомунистичките земји е токму реформата на тајните служби кои во комунизмот функционираа како партиска полиција. Се регистрира и актуелниот феномен 'поранешните наредбодавци во плурализмот да се рециклираат во чесни бизнисмени и политички фактори. Некои биле толку безобразни да си го исперат минатото со мемоари, други пак ги користеле информациите за уцена'.

Ете, зошто токму кодошката мрежа може да биде пречка за нормален демократски развој? Едноставно, затоа што овие лица се многу погодни за теледиригирање поради нивниот страв да не биде откриено нивното кодошко минато. Факт е дека со уцени и притисоци и биле многумина врбувани. Но, со ваквиот сегмент од своето Си-Ви стануваат употребливи се додека не се разобличи јавно оваа мрежа. А тие му се неопходни на 'центарот' затоа што и натаму се 'угледни' поединци кои имаат влијание во јавноста. Во тој дух е и еден извештај од Британскиот Хелсиншки комитет во 1992 г. а за лустрацијата во Чешка. Тие појаснуваат дека 'идејата за лустрација е да се заштитати демократијата од корупција и уцена на администрацијата повеќе отколку да се казнат слугите на стариот режим'. Бидејќи само по себе е срамно да се биде во служба на режимот како кодош, авторите ќе забележат дека ако им се дозволи на тие луѓе да останат на одговорни позиции во јавниот сектор, тие луѓе ќе бидат 'лесни за уцена од оние што се запознаени со нивната двојна улога'.

Ваквите цитати или повикување на западни извори, го сторив само затоа што нашите антилустрационисти милуваат да мафтаат со разно-разни европски документи. При тоа, по правило, тие ги користат селективно- само во деловите кои им одат во прилог. Ете, така се 'платка' и Резолуцијата бр. 1096 на Советот на Европа, која патем ја легитимира лустрацијата се додека таа не е казна туку заштита на демократијата. Па зарем 'демократијата' во Македонија не плаче за заштита?! Во Резолуцијата, на пример, фино се посочува дека: 'Опасностите на фаличната транзиција се многустрани. Во најдобар случај, да се инсталира: олигархија наместо демократија, корупција наместо владеење на правото, и организираниот криминал наместо човекови права. Во најлош случај, пак, резултатот би бил 'кадифена реставрација' на тоталитарниот режим'.

И сега истите фацки и срцки што денес наизуст ќе изрецитираат дека нема демократија под режимот на Груевски, дека имаме тоталитарен систем, дека корупцијата царува а се гонат политичките противници ... Истовремено, затскривајќи се зад евопските симболи, од петни жили се залагаат да се поништи законот за лустрација до коска. Е па, нешто не штима во ваквата аргументација. Меѓу најступидарните прилози против законот 'туто комплето' е да го поништиме за да сме заштеделе оти ќе паѓале пресуди во Стразбур против Македонија!!! Е, демократијата е скапа работа. А за уште повеќе да заштедиме, ајде да ги укинеме и домашните судови. Па, најголем дел од пресудите на Европскиот суд за човекови права е токму поради бавноста на судските постапки. Просто 'ко пасуљ'- нема судови, нема казни?! Ваква будалска теза тешко дека може да биде надмината од било кој.



САМО КАЗНИТЕ ИМ СЕ ПОТАМАН



И кога вакви размисли ќе произлезат од оние што се пенават за НАТО и ЕУ, тогаш хаосот станува комплетен. Нека реагираат прво до НАТО, каде исто така се спроведува своевидна лустрација. Според бугарските искуства, нивните воени офицери и политичари морале да добијат сертификат, за да добијат пристап до класифицираните информации на НАТО. А добивале доколку се докаже дека лицето не работело за комунистичката државна безбедност. Ис ето тоа согласно стандардите на НАТО. Според изјавите на официјални лица, дадени пред некоја година, имало барем три случаи кога можните амбасадори во земјите на НАТО не успеале да добијат вакви сертификати и поради тоа извисиле. Е според филозофијата на некои наши 'колумњарки', дали е ова крах за човековите права?! Или, заради овој НАТО стандард не треба да бидеме дел од Алијансата.

За лицемерието на нашите 'нџо европјани' говори и настанот од 2004 година. Владеењето на правото, демократизацијата и лустрацијата беа прогласени како 'бенчмаркови' од најголема важност за развојот на земјите од Западен Балкан. Целта беше да им се помогне на овие држави да се подготват за членство во ЕУ, ама и да се помират со сопственото минато. Ова е генералниот заклучок од проектот насловен како 'Лустрација во Западен Балкан' што беше дизајниран и воден од страна на Центарот за демократија, а финансиран од ЕУ и УСАИД. Се разбира, нашите НЏО-вци кои таму биле активни, овде беа најгласните противници на лустрацијата. А токму од овој собир произлезе општата препорака за земјите од Западен Балкан: законот за лустрација да го опфаќа не само периодот до 1990-та, туку и она што потоа следува како транзиција.

Но и пет години по овие препораки, на западниот Балкан тешко оди лустрацијата. Или не се ни најавува или законите не се спроведуваат. Кога во Албанија, пред некоја година се отвори дебата за кодошите меѓу писателите, познатиот албански писател Исмаил Кадаре тврдеше дека 'заглушувачки хор' се обидува да го спречи откривањето на вистината и дека се појавила еден вид солидарност здружувајќи ги 'убијците против жртвите' и 'виновните против невините'. Кај нас, карактеристично е дека изостана позитивната атмосфера од новинарите и невладиниот сектор.

Впрочем, на време, уште во првата фаза од законодавната сеанса каде невидено законот мина 'глад', но го расчеречија угледните интелектуалци, најавив дека 'појасот за спасување' на противниците ќе биде секогаш сигурниот Уставен суд. Фино уште тогаш Црвенковски кусо ама јасно ни порача дека лустрацијата ќе биде 'бесцелно потрошено време и енергија'.

Кога Јанко Бачев, кој до пред десет години работел токму во ДБК, денес ќе наброи дека најмалку тројца во владината коалиција на Груевски биле соработници на службата, плус најмалку двајца советници на Ѓорге Иванов, ама дека кодоши има и во Извршниот Комитет на ДПМНЕ, и најмалку десетина директори во вторите ешалони на власта, тогаш јасно е зошто Груевци пимплаат со лустрацијата. Колку ни процветала демократијата доволно илустрира податокот дека тајната полиција после падот на стариот режим, била инволвирана во формирање на дури седум политички партии што сега се дел од коалицијата предводена од Груевски.

Интересно е уште нешто. Никој од непријателите на лустрацијата не се побуни за казните што овој закон ги предвидува за оние што ќе ги откријат на своја рака имињата на кодошите. Па, следствено, единственито бенефит од евентуалното понишување на целиот закон ќе биде тоа што барем ќе може јавно да се именуваат кодошите без закана од затворска казни, дури до 4 години. Веројатно и Бачев ама и други како него, ќе бидат прецизни во описот на ликовите. Но, дилемата е колкумина, како Бачев, што работеле во службите, располагаат со податоците за иднетитетот на соработниците?!

Оттаму, уште еднаш го реафирмирам предлогот за прифаќање на бугарскиот модел на лустрација. Нема ништо да им биде ограничено, забрането и оспорено на соработниците на службите кои 'тастеришеле' заради пари и кариера. Само ќе бидат објавени нивните имиња на интернет, ако треба под графата 'големи борци за правата и слободите', кои постапувале 'согласно прописите и налозите на владите', за разлика од оние кои ја одбиле ваквата 'чесна должност' и окапувале по затвори.



(Изјави)

Ивица БОЦЕВСКИ, екс вицепремиер за евроинтеграции

ЛУСТРАЦИЈАТА ВО 'ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА'



Македонија е 'земјата на чудата'. Мошне сме осетливи кога сегашните демократски институции доцнат со одговарање според Законот за слободен пристап кон информациите, ама не се согласуваме да се отворат, испечатат и дебатираат политичките досиеја на македонските тајни служби. Имаме консензуално донесен закон за лустрација, поддржан од сите политички чинители, а сеуште процесот на лустрација не е ни започнат. Услов за влез во 'клубот на македонските интелектуалци' е да се мафта со дебелината на личното полициско досие, ама дисиденти сеуште бараме насред бел ден со фенери. Тврдиме дека сме ја демократизирале јавната сфера и повторно консензуално донесовме декларација за извинување на жртвите и осуда на комунизмот, но инсистираме на 'нормалноста' во целосниот континуитет помеѓу македонскиот тоталитаризам и актуелната македонска либерална демократија во сите сфери на живеењето.

За жал, оваа 'нормалност' во дискурсот мошне брзо станува 'ненормалност' во политиката, економијата, културата, науката и цивилното општество.

Крајно време е лустрацијата да започне. Таа ќе ни овозможи да се испрати силна порака дека сите активности на секој носител на јавна функција еден ден ќе бидат поднесени на увид на јавноста, како и дека таа индивидуа ќе подлежи на политичка (можеби и кривична) одговорност за своите активности (моралната осуда и историскиот 'жиг' се подразбираат). Притоа, процесот на лустрација ќе овозможи и да се индивидуализира вината за историските неправди од периодот на македонскиот тоталитаризам, како и да се покаже дека новиот либерално-демократски поредок расчистува со лошите практики од минатото низ институциите и со стриктно почитување на принципот на владеењето на правото, а не преку 'револуционерна правда' и систематско кршење на човековите права од страна на тајните служби. Доколку, пак, избереме и овој пат да ја скриеме вистината за нашето скорешно минато, тогаш и натаму ќе лебдиме во меѓупросторот каде што јавната дебата е изместена и каде што носителите на јавните функции не му служат на јавниот и на националниот интерес.

На крајот, имајќи предвид дека за постоењето на 'административниот брак' помеѓу полицијата и медиумите разбравме дури во 1997, а за 'Големото уво' во 2001 година, јасно е дека периодот на важење на законот е прецизно определен. Во меѓувреме, дури и во некои од 'подобрите' скопски салони и куќи, при разговорите за 'осетливи прашања' домаќините и натаму ќе инсистираат мобилните телефони да ги оставиме во фрижидерот (се разбира, со извадени батерии).



Јанко БАЧЕВ, Народно движење за Македонија:

СЕДУМ ПАРТИИ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА ГРУЕВСКИ СЕ ФОРМИРАНИ ОД ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА



На 7 октомври 2009 г. присуствував на подготвителната седница во Уставниот суд заради разјаснување на правната и фактичката состојба со Законот за лустрација. Имајќи во предвид кој се беше поканет и со какви залагања учествуваше во расправата, како и однесувањето на уставните судии, мој впечаток е дека сега останува само дилемата: дали законот ќе биде укинат во целост или само периодот од 1990 до 2008 г. кога е донесен законот, што пак не менува ништо суштествено бидејќи во бројните мои досегашни излагања на темата лустрација аргументирано укажував дека за македонската лустрација многу побитен е периодот од 1990 наваму отколку периодот од 1945 до 1990, затоа што токму во демократска Македонија се водени голем број досиеја од политички и идеолошки побуди.

Во овој контекст, не успеав да предизвикам сериозно внимание кај уставните судии дури и со изнесениот факт дека во 1992, значи во демократска Македонија се донесени Правила за работа на Службата за државна безбедност (објавени во Посебен Службен весник број 10/2002) со кои се уреди следењето на политичките неистомисленици, но остана убеденоста кај одредени уставни судии дека од 1990 во Македонија е воспоставен нов уставен демократски режим, или како што беше кажано правен поредок со демократски вредности, со што, за судот, повеќе немало кодошење од идеолошки причини.



ВМРО-ВЦИТЕ ПОИСПЛАШЕНИ ОД СДСМ



Своевремено пишував за Законот за лустрација дека претставува едно големо ништо и голем трик за манипулација со граѓаните бидејќи е така скроен што допушта речиси сите категории граѓани опфатени со него, како на пример, факултетски професори, академици, новинари, попови, невладиниот сектор, адвокати, медијатори, претседатели на политички партии, олигарси... да можат да бидат лустрирани ако самите тоа го посакаат.

Но, по се изгледа дека по многубројни укинати и поништени владини прописи од Уставниот суд, најпосле и овој суд изразува подготвеност да и удоволи на власта најмалку со веќе сигурната забрана на непријатната лустрација за неа по 1990 година. На прв поглед зачудувачки, но работите стануваат појасни ако се знае дека од лустрацијата поисплашени се во ВМРО-ДПМНЕ отколку во СДСМ, особено ако лустрацијата се спроведе и за периодот по 1990 г.

Загриженоста кај одделни структури во владејачката партија произлегува од фактот што има лица кај нив што соработувале со тајната полиција во комунизмот и подоцна во независна Македонија и тоа, на пример, најмалку тројца во Владата од македонско-албанска провениенција, најмалку двајца од претседателовите советници, а ги има и во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и најмалку десетина директори во вторите ешалони на власта кои севкупно, како лица од високата политика, всушност се и најинтересни за јавноста. Тоа се, главно, пребеганите од СДСМ на кои во 1990 им се гадеше од 'клетите вмровци', а еден од нив по задача во 1990 г. одеше дури во Словенија да помага во омасовувањето на тогашната Странка на Југословените, а сега е функционер и неформален влијателен советник против 'комуњарите што само крадат а не градат'.

Можеби и затоа сега лидерот на СДСМ, Црвенковски е во една релаксирана ситуација на почетокот на неговиот поход кон уривање на актуелната власт, бидејќи има околу себе чиста ситуација со лојални борци со кои всушост и се добиваат битките, откако претходно разноразните двоцевки или троцевки му свртија грб и се разбегаа во спротивниот табор. Или, поразителниот факт што тајната полиција после 1990 година била инволвирана во формирање на дури седум политички партии сега членки на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, се вели дека се чудни патиштата господови, па така со укинување на лустрацискиот закон уставните судии можеби несвесно ќе им овозможат на македонските граѓани дополнително најпосле да уживаат во една вистинска лустрација. Во секое зло, добро!



Филип ПЕТРОВСКИ, жртва на 'демократска' ДБК- досие МАРТА

ПОСТОЈАТ ЗНАЦИ ДЕКА И СЕГА СЕ ВОДАТ ДОСИЕА



Лустрацијата веќе ми претставува проблем. Не сакам ниту да мислам на неа. Всушност тоа и не е така нелогично, ако се следат трендовите во македонското општество. Ќе се сложите дека беше јасно оти СДСМ и сите негови гарнитури немаат желба, ниту пак можност да направат лустрација затоа што со тоа директно ќе удреа врз сопствениот систем. Но, никој неможеше да претпостави дека и сегашната гарнитура ќе го направи истото. Односно дека нема да биде подготвена да го изведе процесот на лустацијата. Ова упатува на тоа дека и од оваа гарнитура истите луѓе и методи можеби сеуште се користат во политичкиот сообраќај.

Сите постапки, составот на комисијата за лустрација, однесувањето на членовите на комисијата, давањето на дополнителна сила на системот на тајните полиции, намалувањето на цивилната контрола, не давањето на отчет на потрошените пари (милионски суми во евра) за потребите на тајните полиции само ги потврдуваат овие сомнежи. Дури процесот оди, постојат знаци, кон нови и нови досиеа, за потребите на властодршците. Нема гаранција дека и сега не се водат досиеа. Нема политичка изјава и стојалиште кое наспроти тоталитаризмот се залага за демократија и контрола.

Веќе не очекувам дека лустрација може да се случи и дека историските неправди ќе бидат исправени. Жртвите нема да ја добијат својата сатисфакција барем пред историјата да бидат утврдени и објавени фактите. Или, пак, ако нешто и биде соопштено, утврдено и објавено, сето тоа ќе биде само фарса, односно замачкување на очите на јавноста. Со ваква јавност, јасно е дека е тоа можно.



Јордан ПЕТРОВСКИ, политички азилант во Канада- досие ЦРНИ

ЦИРКУСОТ НАРЕЧЕН МАКЕДОНСКО ПРАВОСУДСТВО



Поднесов кривична пријава во ноември 2007 г против Фрчкоски, Чокревски и уште неколкумина заради моето полициско досие. Обвинителот Драгица Михајловска ја отфрла како застарена. Според последната службена белешка во моето досие, пак, застареноста настапува на 3 јуни 2008 г. Реагирав кај обинителот Зиков и укажав на пропустот. Но, тој ме упати да постапам по правниот лек кој ми е посочен во решението. За фалсификатот кој го сторила обвинителката, молк од сите институции и од министерот Маневски. Но, тука не завршува циркусот наречен македонско правосудство.

Во законски одредениот рок, на 20 февруари 2008 г. постапив по правниот лек, поднесов 'предлог за покренување обвинителен акт без да се спроведе истрага'. Но председателката на судот, Кацарска не го распределува предметот се до мојата интервенција во октомври. Прво беше дека таков предмет не примиле, но кога посочив дека имам архивски број, предметот беше најден и распореден кај истажниот судија Владимир Туфегџиќ. По кратко време од него добив известување да му ги доставам адресите на обвинетите, иако тоа можеше да го стори судот во соработка со МВР. Во јануари 2009 поднесов барање до МВР да ги испрати адресите на истражниот судија. До јуни 2009 тоа не беше сторено. По моја телефонска интервенција во кабинетот на министерката Јанкуловска адресите беа конечно испратени. Истражниот судија Туфегџиќ испратил покани за сослушување во септември, после одморите. Но тогаш е распореден во друго оделение. Зачи повторно нов судија, период на запознавање со предметот. Битно е времето тече ...

Во оваа игра на наводна демократија и обид да се расчисти со минатото а посебно со политичко- полициското подземје треба да се стори преседан или измена на кривичниот закон. Каде е замката во играва? Со законот за пристап до личните досиеа периодот на увид е ограничен на 1998 г. Досиеата потоа ги нема никој освен што господинот Мендух Тачи го 'најде' своето подоцна. Значи сите кои не поднеле кривична пријава тоа веќе не можат да го сторат. Нивните пријави ќе бидат отфрлени како застарени.

Останува само мојот случај, кој очигледно ќе се развлекува, па имам две опции: да се откажам самиот или да поднесам тужба во Стразбур за неразумни рокови на судење. Но, овој суд не одредува кривична одговорност туку евентуално ќе пресуди Македонија да ми исплати материјален надомест.


(Факсимил од кривичната на ВМРО во 1992)

'ДУВЛО' Кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ доби 'корпа' од обвинителството

( Факсимил од досието)

Досие ЦРНИ Обвинителството и судот зигледа одат на кондиција- да се откаже тужителот

25-05-2010, 05:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Иднината под прашање


Може ли да стане збор за демократија без демократска контрола и темелно прочистување на службите на МВР...

Дали Република Македонија е демократска држава?.....

Може ли да стане збор за демократска држава без демократска власт?

Може ли да стане збор за демократија без слобода на мирен протест?


Може ли да стане збор за демократија без демократска контрола и темелно прочистување на службите на МВР,

Може ли да стане збор за демократија без еднакво почитување на човековите права на сите граѓани?



Знам, не треба да ме предупредувате. На крајот, ние борците за човекови права ќе испаднеме виновни за се'. Дури и за тоа што Македонија не е демократска држава.

Жарко Трајаноски

Целата повраќаница


Како брее Жарко "вчера" тврдевте дека демократијта дошла сама, откако бил донесен уставот 1991 година. Сега велиш нема демократија ПА НЕЛИ УСТАВОТ Е ИСТ.


Quote:Лустрациско бачило

Жарко Трајановски

Второ, комесарот потсети дека „дисквалификувањето за служба врз основа на лустрација не треба да биде подолго од пет години, бидејќи способноста за позитивна промена во индивидуалните стојалишта и навики не треба да се потценува“. Нашиот закон ќе се применува следните 10 години. Во 2007 г., Хамарберг го потенцира укажувањето од 1996 г. дека „мерките за лустрација би требало да завршат не подоцна од 31 декември 1999, бидејќи новиот демократски систем би требало да биде консолидиран до тоа време во сите поранешни комунистички тоталитарни земји“. Нашиот закон почнува да се применува во практика цели 10 години по препорачаниот краен рок за примена на мерките за лустрација, факт кој испраќа порака дека нашиот демократски систем се' уште не е консолидиран.


Quote:За подносителите на иницијативата, како што рече Нада Наумовска од Фондацијата Институт отворено општество, спорен е периодот на кој се однесува Законот, односно од 2 август 1944 од заседанието на АСНОМ, па се до донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17 ноември 1991 година. Како што додаде таа, со тоа се негираат и демократските принципи на владеењето на правото воспоставено со новиот уставен поредок од 1991 година.


Quote:УСТАВНИОТ СУД РЕШИ - ЛУСТРАЦИЈАТА САМО ДО 1991 ГОДИНА

Кодошите во независна Македонија нема да бидат лустрирани. Уставниот суд оцени дека нема уставна основа за лустрација по 1991-та година, кога е донесен новиот Устав и ја укина одредбата со која се предвидуваше, таа да важи до 2008-та година, кога беше донесен законот за лустрација. Повеќето судии сметаат дека, со неа се крши темелната вредност на Уставот, владеењето на правото и дека, не треба да се ослободат од одговорност сторителите на криминогени дејствија, што би се случило доколку бидат лустрирани.


Quote:Инстинктот на опстанокот против лустрацијата



Уште непочнат, процесот на прочистувањето на политичката елита во македонското општество, благодарение на одличната општествено- политичка подобност во и околу Уставниот суд, е пред крај. Вистинското спроведување на законот уште не почна, а нашите експертутки веќе расправаат за можните злоупотреби. Вистинско мртвороденче

Ги слушам завчера професорите и судиите на расправата во Уставниот суд за лустрацијата и не ми се верува до каде отидоа во заштитата и одбраната на ликот и делото на комунистичкиот систем и на веќе досадните обиди на ова општество да расчисти со некои работи што очигледно ја кочат државава во реформите и во напредокот. Веќе 18 години. Оваа расправа покажа дека добивме и вистинско антилустрациско движење, и покрај веќе донесениот закон со убедливо мнозинство во Собранието. Се отиде дури и дотаму што се кажа дека Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (или закон за лустрација) „ги урива и темелните вредности на уставниот поредок, како што е владеење на правото, поделбата на власта и почитувањето на човековите права“.

Ептен зајдоа! Па токму овој уставен поредок, токму ова право, токму заради почитување на човековите права го донесе овој закон, иако задоцнето, за конечно да удри тој провев во македонската политичка елита. Заради здравјето на ова општество. Тоа прочистување не треба да се изведе само во државните јавни функции, туку и во судството, во образованието, помеѓу новинарите, па дури и кај свештените лица, кои во одреден период почнале да му се молат на некој друг, земски господ. А тоа го нема во законот. Таман помислив дека Уставниот суд ќе расправа токму за ваквата селективност на законот и за исклучување големи групи луѓе што во претходниот систем како соработници на државнобезбедносните служби напредувале во кариерата и одлучувале на сметка на кодошлакот, а не на сметка на умот и знаењето во сопствената професија.
Каде е тука, во Македонија, проблемот? Нормално, инстинктот на опстанокот. Старата политичка елита успеа некако да се квазидемократизира и да опстане со новото општественополитичко уредување, кое бараше нови луѓе. Тоа, заедно со колебливоста на тукушто формираната нова политичка елита за справување и со проблемите и со старите кадри, нé донесе до ова дереџе. Останавме меѓу последните поранешнокомунистички земји во кои сé уште се расправа дали лустрацијата е потребна, а ако е веќе неопходна, таа треба да биде ваква или онаква, па зошто баш таква, па сé така до недоглед... и на крај доаѓаме до заклучокот дека овој закон всушност бил противуставен, а како таков и што ќе ни е! Ние сме си добри, веќе демократизирани, па поминаа веќе 18 години. Зошто всушност и правиме муабет на таа тема. Во 21 век тој процес е и некомпатибилен со основните човекови права.

Па што друго и можеме да очекуваме од луѓе чија позиција со законот за лустрација директно може да биде загрозена? Што да очекуваме од судиите чија позиција е зачувана врз основите на општественополитичката подобност, а не врз основа на нивната професионалност? Што може да очекуваме од професори и академици чиј општествен статус е стекнат токму врз основа на активноста, и безбедносна и политичка, по партиските комунистички ќелии по факултетите и во Академијата. Што може да очекуваме од бивши министри, а сегашни експерти по сé и сешто, кои во заштитата на режимот успеале да произведат македонски дисидент во 21 век (случајот Јордан Петровски против Љубомир Фрчкоски)? Каков може да биде третманот на оваа тема по весниците и телевизиите од уредниците чија кариера беше и е директно поврзана со удбашките успеси, а не со некакво професионално просветлување? Какви активности можеме да очекуваме од разноразни борци и експерти за човекови права по невладините организации кога нивниот опстанок зависи од буџетот на фондациите што се иницијатори на расправата во Уставниот суд. Па имаме дури и вакви нивни предупредувачки проблесоци за тоа дека експертите на Советот на Европа предупредуваат на можните злоупотреби на овој процес. Па затоа овој процес во Македонија всушност и не бил ни потребен. Ние уште не ни почнавме, па за да можеме да зборуваме за какви било злоупотреби.

А истите тие експерти очигледно намерно забораваат на резолуциите на истиот тој совет, во кои не само што се препорачува лустрацијата како неопходен процес во развојот на секоја нова демократија, туку се препорачува и гонење на сторителите на кривични дела за време на комунистичкиот режим и казнување според општоважечките казнени законици. Значи ретроактивно. Злосторството не застарува. Иако можеби кодошењето било според тогаш важечките позитивни закони и прописи во државата. Па и нацистите работеле според позитивните законски прописи на својата држава, па истата таа држава потоа ги осуди на смрт. Образложението дека луѓето во тоа време само извршувале наредби и работеле според тогаш важечките закони не држи. И за ова во европските резолуции пишува - „лицето што прекршило човекови права и неговиот приговор дека само извршувало наредба, не ја исклучува ниту противправноста, ниту индивидуалната вина“. Има нешто што се вика универзална правда.

Уште еднаш - тој подземен систем на кодошлак треба да се уништи. Не велам казни, пресуди, затвори, реваншизам, потера... туку само привремена, неколкугодишна елиминација од лостовите на одлучувањето, од правото да се пишуваат кривични пријави, обвиненија и пресуди, од правото да се пишуваат енциклопедии, од правото да се биде министер, да се уредува весник.... Затоа ни треба прочистување. Луѓето ќе мора, макар и задоцнето, и во Македонија да доживеат колективна катарза од таа кодошка мрежа на тоталитарната власт.


Автор: Александар Дамовски
27-05-2010, 03:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Неопходен е нов закон за лустрација

Автор: Марија Дивитарова 13:13 | 27 мај 2010


Иако Македонија има закон за лустрација и Комисија за проверка на фактите, процесот тапка во место, па дел интелектуалци и новинари побараа да се донесе нов закон за лустрација со кој би се ставил крај на комунистичкото минато

[Image: lookup]
„Законот за лустрација не дава резултати, не е ефикасен и не се имплементира. Затоа на Македонија и треба нов закон кој ќе го регулира лустрацискиот процес“, вели професор Звонимир Јанкуловски, декан на Правниот факултет на Американ колеџот во Скопје.

Јанкуловски објаснува дека излезот од неспроведувањето на законот за лустрација во пракса е во редефинирање на законот и редефинирање на Комисијата за верификација на фактите.

Претседателот на Комисијата за лустрација, Јанакие Витановски, пак, вели дека Комисијата го спроведува постоечкиот закон и дека процесот за сега дава резултати.

„Многу е мал бројот на обработени изјави за да се даваат оцени. Законот дава можност да се спроведе лустрацијата, но не треба се да се остави само на комисијата. Лустрацијата се спроведува бавно како и транзицијата во Македонија, но Комисијата има капацитет да го спроведе постоечкиот закон во целост“, изјави Витановски.

Македонија го донесе законот за лустрација во јануари 2008 година со согласност на сите парламентарни политички партии.

Сепак, Јадранка Костова, главен и одговорен уредник на неделникот Фокус која долги години се занимава со проблемот на лустрацијата вели дека нема искрена политичка волја за спроведување на процесот. Таа ја поддржува идејата за промена на законот.

„Неопходно е Македонија да го промени законот или да го измени моделот бидејќи ваквиот закон не дава ефекти“, вели Костова, додавајќи дека „наивно е да се верува дека со ваков закон ќе го прочистиме општеството од соработниците на тајните служби“.

Во март годинава Уставниот суд укина неколку одредби од законот лустрација со кои процесот ќе го опфати периодот до ноември 1991-та кога е донесен новиот Устав на Република Македонија, а не до 2008 година како што првично предвидуваше законот.

Некои аналитичари ја критикуваа оваа одлука на Судот велејќи дека на тој начин „Македонија ја губи битката со кодошите.“.
27-05-2010, 10:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:УБК ги штити кодошите

Од над 130 прегледани изјави, за седум или осум носители на функции постоеле индикации дека биле соработници на тајните служби, дознава „Дневник“.

Но сите го минале лустрационото сито, зашто недостигале два клучни документа предвидени со Законот за лустрацијата, врз основа на кои лустраторите ќе можеле да ја поведат постапката за тоа кодошите да ја напуштат функцијата.

Се работи за потпишаната согласност на лицето, односно сега носител на одредена функција, да соработува со тајните служби, од една, и решението на претпоставеното лице во службата со кое соработникот добива соодветен псевдоним, од друга страна.

Индикациите за соработката на носителите на функции со тајните служби произлегле од разгледуваните досиеја добиени од надлежните служби - Архивот на Македонија, Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР, Агенцијата за разузнавање и безбедносната служба при Министерството за одбрана.

Со увидот во целата документација се дава можност како на дланка да се види развојот на професионалната, па и политичка кариера на подносителот на изјавата, но и контактите и непосредната соработка со други лица, кои веќе работеле во службите или, пак, биле на јавни функции, а се јавувале во улога на соработници со службите. Зад нив, во одредени случаи стојат имиња и презимиња или само псевдоними без конкретно име и презиме. Со вкрстување на повеќе досиеја, пак, се забележува повторување и на познатите имиња и презимиња, како и на псевдонимите. Меѓутоа, за одлука на лустраторите, што би била во согласност со важечките законски одредби, недостигале согласноста на лицето да соработува со тајните служби и решението на претпоставеното лице во службата за доделување соодветен псевдоним.

Пред почетокот на процесот на лустрација отворени беа сомневањата дека голем дел од досиејата или недостигаат или се веќе прочистени. Ако досегашната практика покажува дека досиејата се тука, сега работите излегуваат на видело, што асоцира на две заклучока. Прво, дека наместо цели досиеја, од нив се отстранети клучните документи, согласноста и решението за соработка со тајните служби. И вториот, дека - случајно или не - е направен превид со псевдонимите на соработниците на тајните служби и тие не се ставени во законските одредби. Според сознанијата, лустраторите побарале од УБК да ги добијат конкретните имиња и презимиња што стојат за псевдонимите, но добиле негативен одговор, со образложение дека станува збор за исклучително доверливи документи од голема важност за безбедноста на државата.

Оттука, останува и дилемата дали меѓу псевдонимите нема имиња и презимиња кои се' уште работат во или се соработници на тајните служби и истовремено се носители на одредени државни или други функции. Или, дали во таква улога не се јавуваат и актуелни функционери, кои го минале лустраторското сито.

На 5 јуни истекува рокот предвиден за советниците во општинските совети до кога треба да ги достават своите изјави оти не биле соработници на тајните служби, што е дополнителен услов за извршување на функцијата. Одѕивот, за жал, досега е слаб. На повикот на Комисијата за спроведување на лустрацијата, од вкупно 1.348 советници, досега изјави доставиле само околу 150. Согласно со законските одредби, за оние што нема да ја исполнат законската обврска, комисијата има право да донесе решение за поведување постапка за разрешување од функцијата, што треба да го направат Државната или општинските изборни комисии.
31-05-2010, 11:50 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Каков Итар Пејо, тој е гола вода за итроманите во службата и тие што работеа на тоа каква лустрација ќе имаме. Дваесет години сите процеси кои што требаше да донесат демократизација на нашево општество завршија на овој начин. Можеби е време да се почне со улична лустрација...



БЕЗ КОНТРОЛА

Во минатата недела, во организација на неделникот „Форум“ и фондацијата „Конрад Аденауер“, беше одржана трибина посветена на искуствата со досиеја на поранешната источногерманска тајна полиција „Штази“. Во таа пригода, претставникот на германската служба за работа со досиејата се зачуди зошто кај нас архивата за работата на тајните служби во минатиот систем не се наоѓа во рацете на Комисијата за спроведување на лустрацијата. Практиката покажа дека забелешката била сосема на место.

- Ова се први „интересни“ работи што се јавуваат од досегашното работење на Комисијата. Ова покажува дека клучниот фактор во целиот процес на лустрација е УБК. Комисијата, едноставно, зависи од тоа што ќе и' биде дадено од службата. Фактот што нејзините членови не може сами да ги проверат документите и бараат нешто да добијат, говори дека таа е во подредена положба - вели главниот уредник на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, која важи за еден од најголемите поборници за спроведување на лустрацијата.

Според неа, по ваквите сознанија се поставуваат неколку прашања. На пример, дали УБК ги има тие потпишани согласности и решенија и не ги дава или, пак, тие претходно исчезнале или се уништени. Натаму, кој сето тоа ќе го провери, особено ако се има предвид дека не функционира собраниската контрола врз работата на УБК. И, конечно, прашање е дали Комисијата за пројавените слабости ќе изнајде сили самата да иницира постапки за нивно елиминирање.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=904E4F...BC5E1C1A61

01-06-2010, 10:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



02-06-2010, 02:23 AM
Reply
Alexandro Offline
Member
***

Posts: 90
Joined: Apr 2010
Reputation: 0

Знаев дека така ќе испадне со лустрацијата. Не сум среќен заради тоа но ете...
Мојот став за тоа објавен на 24 март оваа година:
http://makedon.blog.mk/2010/03/24/lustra...ivee-udba/

Лустрацијата е мртва. Да живее УДБА! Сосе кодошите…

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинуваат 4 клучни членови од фамозниот закон за лустрација со несмасно и проблематично име „Закон за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција“ (Сл.весник 14/08 од 29.01.2008). членот 2 став 1 во делот „до денот на влегување во сила на овој закон“, членот 8 во делот „и го објавува во `Службен весник на РМ`“ и членовите 13 и 34 од Законот за лустрација.
За појаснување – оневозможено е спроведувањето на лустрацијата после 1991 година, објавувањето на имињата на кодошите во Службен весник, како и спроведувањето на лустрација во верските заедници, религиозните групи и невладините организации. Со тоа Уставниот суд ја запечати судбината на лустрацијата уште пред таа асолно да почне. И тоа со право!


Не, не ја спорам во основа оваа одлука. Ако нешто му забележувам на Уставниот суд е тоа што не собра доволно сила да го укине целиот закон како неуставен (за што има доволно аргументи) и со тоа овозможи започнување на нов правичен, праведен, транспарентен и демократски процес со кој еднаш засекогаш ќе беше затворен овој процес. Тоа претполага донесување на еден сосема нов закон и нова демократска постапка по примерот на таквите процеси во Бугарија, Чешка, Полска, Источна Германија и некои други посткомунистички земји. Со ваквата одлука, практично се легализира една квази постапка на тобожна лустрација и оневзоможи нив процес со што Македонија заедно со Албанија (таму дури во два наврати е донесен закон кој поради силната исполитизираност никако да се спроведе) се единствените земји кои сеуште не расчистиле со рецидивите на минатиот систем.

Да бидам искрен, оваа одлука воопшто не ме изненади, а уште помалку ваквата разврска. Уште кога се појави Законот оценив дека е обична циркуска претстава за замајување на јавноста промашена уште во старт.
За една таква тврда негативна оценка основата ја црпев од предлагачот (Стојан Андов) кој и самиот би требало да биде опфатен со неа ако за ништо друго (неговите потврдени релации со Сојузните служби за безбедност) туку како неизбежен корисник на информациите на тајните служби кои ги користел ef officio (по службена должност) како носител на повеќе јавни функции!

Вториот извор за сомневање беше главниот подготвувач на Законот Звонимир Јанкуловски кој замислете без око да му трепне јавно изјавува дека се’ до 1999 година незнаел за аферите и дека опозиционата ВМРО ДПМНЕ постојано била под третман на СДБ/ДБК??? Знам дека Јанкуловски провидно одработува некои стари долгови кон Доста Бугарката како нејзин некогашен протеже’ (преку неа и кон Фрчкоски), но во најмала рака неумесно е дрско и безобразно (при толку многу докази и живи непосредни сведоци) да се прави „на удрен“ дека не слушнал или не прочитал за аферите „Дувло“, „Сина птица“ (обелоденети уште 1992 година), „Темел“, „База“, „Павароти“… за многубројните политички досиеја на речиси сите членови од раковосните структури на тогаш опозиционата ВМРО ДПМНЕ! Кај ли бил чоеков сите овие транзициони години???

И на крај секако контроверзниот закон кој уште со насловот самиот се класифицира како закон од сферата на работните односи, а не како основ за правно – политички процес со кој на конкретен и симболичен начин едно демократско општество ќе раскрсти со своето недемократско минато. Токму тука лежи основот за неуставност на целиот закон: никој надвор од уставните одредби не може да определува некој друг услов без оглед на оправданоста се’ додека тоа не биде вметнато во него со амандман! Згора на тоа токму овој член генерира селективност и неправичност дури и да се спроведе во дело: на удар на лустрацијата можат да се најдат само оние лица кои се актуелни носители на јавни функции или оние кои ќе претендираат во наредните 2 – 3 години (до денот на важењето на законот) додека сите други остануваат нечепнати без оглед на нивната улога во репресивните процеси на тајните служби во изминатиот период. Се разбира за некои постапки на тајните служби не е доволно само оневзоможување на доаѓање до одредени функции туку неизбежни се и судски процеси, за што (верувале или не) се залага и самиот Фрчкоски во една негова неодамнешна колумна!

Она што ме насмеа во целата оваа ситуација е образложението на Уставниот суд за ваквата одлука дека после 1991 година во Македонија бил воспоставен демократски систем на власт (!) и затоа лустрацијата не можела да се однесува на транзициониот период! По кој тоа критериуми оценил и од каде се појавија оние илјадници досиеја на политичките опоненти и многубројни афери токму во овој „демократски период“ веројатно знае само судот.

Планирав да се осврнам и на некои други аспекти на овој процес (валидноста на документацијата, налогодавачите, корисниците на информациите, и секако некои конкретни случаеви), но после ова сметам дека е излишно.

Нема пруга натаму, па тоа ти е…

Лустрацијата е дефинитивни мртва…

Да живее УДБА! Сосе кодошите…
02-06-2010, 12:14 PM
Reply