ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
    
Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
(25-03-2010, 02:18 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Во скоро сите посткомунистички држави се спроведе лустрација (освен Македонија и Србија) бидејки таму се лустрираа носителите на комунизмот-значи идеолошка борба, борба помеѓу леви и десни.
Лустрацијата во Македонија треба да зафати многу подлабоко.
Во Македонија не е вршен прогон само на идеолошки неистомисленици туку најголем дел (околу 90%) е по НАЦИОНАЛНА основа. Прогонувани се Македонци. Македонци кои биле за САМОСТОЈНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА.
Затоа денешната одлука на Уставниот Суд не треба да не чуди . Таа е доказ дека Македонија уште не е слободна држава. Со лустрацијата или судската разрешница ке се откријат ИНСАТАЛАЦИИТЕ од север. За кој зборува дури и Андов.
Континуитетот на интересите се гледа најубаво низ кариерите на СИЉАН АВРАМОВСКИ, СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ, ИВАН БАБАНОВСКИ. А со тоа и потврда на горе изнесеното мое мислење кое наоѓа потврда во досието на Александар Рунтев
Quote:ПОЛИЦИСКИ МЕ ОБРАБОТУВАЛЕ СИЉАН АВРАМОВСКИ И СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ
Седумнаесет годишниот гимназијалец Александар Рунтев лежел во Идризово од 1948 до 1951 година поради идетите на ВМРО за самостојна и обединета Македонија, а пред тоа, и потоа за време од над 50 години, неговите блиски роднини и пријатели систематски го кодошеле, составувајќи му илустрирано поллициско досие од 760 страници?
![[Image: 1.jpg]](http://makedonium.blog.mk/files/2010/03/1.jpg) ![[Image: 23807_376118291722_4195555_n.jpg?oh=25f1...e=5A9EFC3B]](https://scontent-yyz1-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-0/s180x540/23807_376118291722_4195555_n.jpg?oh=25f19cfe6bb4d4dc7e1654f4f2ec7600&oe=5A9EFC3B)
Полициското досие на инженер Александар Рунтев има точно 760 страници и бездруго е меѓу најголемите, ако не и најголемото полициско досие водено за некој Македонец во Македонија од 1946 до 1998 година. Овој, денес седумдесет и седум годишен штипјанец бил осуден ‘за идеите на ВМРО за автономна Македонија под протекторат на Америка и Англија’. Одлежувајќи ја тригодишната затворска казна, од ‘Идризово’ излегол во 1951 година. За жал, со тоа не завршува тортурата што власта ја спроведува не само врз него, туку врз сите што не се согласувале со политиката на Комунистичката партија во врска со македонското прашање. Се разбира, и во следните децении полицијата продолжила ревносно да се ‘грижи’ за неговото ‘здравје’, пишувајќи му биографија без да го праша. Кога по над педесет години, во 2000 година, добил можност да си го земе сопственото досие, односно својата ‘полициска биографија’, папката тежела речиси колку ‘Војна и мир’ на Толстој, во тврди корици. Службениците во МВР кои му го предале досието се шегувале дека за да го однесе дома ќе му треба приколка.
Според она што може да се види во досието, во макотрпната и долгогодишна полициско-шпионска работа против Рунтев официјално учествувале тринаесет професионалци и петнаесет аматери-доушници и кодоши. Меѓутоа освен нив, Рунтев, како инженер по хемиска технологија, со својата специјална техника дополнително успеал да ги прочита и пречкртаните имиња на уште точно 73 заштитени кодоши, кои, вообичаено, во сите досиеја на политичките затвореници, редовно се прекриени со боја од темен фломастер. Меѓу “заштитените” кодоши “подвлечени со црно” ги открил имињата на многу луѓе со кои бил близок, но и многу роднини и пријатели, за кои мислел дека се патриоти. Додека не ги видел напишани и потпишани, во досието, не можел ниту да сонува дека со години токму најблиските луѓе систематски го шпионирале, протоа често дури и измислувајќи разни работи за да се додворат. Читајќи го обемното досие, заедно со пречкртаните имиња на шпионите кои мислеле дека засекогаш ќе бидат заштитени, Рунтев успел да ги состави сите детали на мрежата што била сплетена околу него уште од времето кога немал ниту полни седумнаесет години.
ШПИОНИ ВО СЕМЕЈСТВОТО
![[Image: 23807_376118586722_3332318_n.jpg?oh=de3a...e=5AAE5D1E]](https://scontent-yyz1-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-0/s180x540/23807_376118586722_3332318_n.jpg?oh=de3a184b40331b40edcb60e9cf10d64b&oe=5AAE5D1E)
Само што го отворив досието, веднаш наидов на големо разочарување. Ми падна многу тешко на душата кога видов кога видов дека некој од моите најдобри пријатели, кои се кажуваа големи вмровци, и кои на цел глас зборуваа за независна Македонија, всушност биле главни доушници против мене во ОЗНА, односно во УДБА. Нема да ми беше мака да беа просрби, пробугари или прогрци. За жал беа, македонски патриоти, или барем мислев дека се македонски патриоти. Според досието, кодошлакот продолжил и во периодот кога ние, македонските “државни непријатели”, преминавме во надлежност на нашата државна безбедност. Во списокот професионалци кои работеле на моето досие, како Снежана Санева, Слободан Јованов, Тасе Стојанов, Перо Самарџиски, Мијалче Наумов, Васил Танев, Ванчо Перунковски, Силјан Аврамовски, Зоран Ефремов, Слободан Богоевски, Станче Велинов, Добре Величковски, Ѓорѓи Николов, Ванчо Стоилов, и Ц. Трифуновски. Тројца од овие професионални “шпиони” стигнаа до самиот врв на македонската полиција, што значи дека добро си ја вршеле работата. Сепак, за нив дури и би можел да имам некакво разбирање – тоа им е професија. Меѓутоа никако не можам да ги оправдам, а уште помалку да им простам, на оние што им помагале во работата како “аматери”. Тие кои ни доаѓаа дома затоа што ни беа куќни пријатели и роднини. Меѓу нив на пример, се мојот братучед Михалче Рунтев, потоа Љупка Стефчева, наша најдобра пријателка од Радовиш, Славе Кангалов, прв сосед, кој освен што давал информации, правел и фотографии од прозорецот. Во досието има цел албум фотографии на кои сум јас и некои од моите гости, кои по разни поводи доаѓале кај нас дома. Сликани сме како излегуваме или влегуваме во куќата. Дежурниот “фотограф” овековечил многу мои пријатели и многу гости, а со нив и мене. Во списокот на кодоши пријатели се и Ѓорѓи Џаџов, поп од Штип, кој доаѓаше еден период и кај Борис Змејковски, уште пред да биде формирана ВМРО-ДПМНЕ, потоа Орце Трајанковски, кој секој ден доаѓаше дома, па дури и му помагав да замине во Америка, каде што и сега живее. Кога се видов со него во Америка, му се заблагодарив за кодошењето, а тој ми рече: “Извини Ацо, морав да го правам тоа”. Не ми кажа зошто морал да го прави. Истото “морале” да го прават и Станимир Станков поп од Штип, Ана Петрова, Ангел Георгиев, Николче Јанев, Драги Илиевски, Љупчо Георгиев и многу други, како Видој Атанасов, Серсем Тодоров и Радослав Стојанов, кои ни доаѓаа дома како блиски пријатели, пред кои не сме имале никакви тајни, вели Александар Рунтев, кој како “државен непријател”, по излегувањето од затвор не можел да се запише на ниту еден факултет во Македонија, па морал да замине во Словенија.
Како седумнаесетгодишно момче во затворот “Идризово”, Рунтев бил во иста ќелија со Ченто, со Никола Карајанов, потоа со Ѓорѓи Карев, братот на Никола Карев, со кавадарчанецот Глигор Чулев, како и со поп Методија Гогов, кој подоцна со монашкото име Михаил беше и поглавар на Македонската првославна црква.
МЕ СПАСИ ПОЛИЦАЕЦОТ ШЕФКИ
![[Image: 3.jpg]](http://makedonium.blog.mk/files/2010/03/3.jpg) ![[Image: 23807_376118956722_7352296_n.jpg?oh=d6cd...e=5A6913B4]](https://scontent-yyz1-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-0/s180x540/23807_376118956722_7352296_n.jpg?oh=d6cd0f9100cf9d41fbdbb7f8d7320a96&oe=5A6913B4)
Еден затворски чувар од Свети Николе секојдневно се иживуваше со поп Методи, корнејќи му влакно по влакно од брадата. Му реков: “Оди избричи го не мачи го така”. Се разбира, за тоа добив добар ќотек, а тој продолжи уште пожестоко да го малтретира поп Гогов. Многу маки издржа тој во затворот “Идризово”. Според досието, мене ОЗНА ме следела уште од 1946-та, но ме уапсија дури на 18 декември 1948 година. Бев во седми клас гимназија. Излегов од дома за да одам на училиште, а пред портата го гледам стои Љупчо Стоименов, заедно со уште двајца кои не ги познавав. Без да ми дозволат да кажам дома, ми рекоа дека треба да ме однесат кај Лазо Кокошкаров, тогашен претседател на градот. Не знаев дека се веќе притворени Александар Попов и Јаќим Поцев, кои живееа кај нас како кираџии. Кај претседателот ме чекаше некој поручник со вперен пиштол во мене. Ми ги грабнаа рацете, ми стави лисици и ми нареди да одам пред него. До затворот, каде што сега е основното училиште “Ванчо Прќе” во Штип, ме спроведе со лисици на рацете. Ме фрлија во ќелијата број осумнаесет и во неа останав седум дена без никој да ме праша кој сум, зошто сум тука или барем да ми каже до кога ќе бидам таму. Кога еден ден прашав зошто сум во притвор, со молив ми нацртаа една точка на ѕидот, ми наредија да се доближам на десетина сантиметри од точката и да гледам право во неа. Гледајќи постојано во истата точка, почна да ми се врти во главата, изгубив рамнотежа, но пред да паднам, поручникот што ме спроведе во затворот ме фати за коса, а Перо Самарџиски, управникот на штипскиот затвор, дојде до мене и ми ја тресна главата од ѕидот. Тој беше многу суров човек, речиси неписмен, некаков поранешен неуспешен штипски шивач. Единствен добар човек во затворот беше милиционерот Шефки, Турчин по националност, кој буквално ме спаси да не умрам уште во штипскиот затвор. Тој на раце ме носеше од канцеларијата на Самарџиски до ќелијата. По близу два месеци истрага, на 21 февруари 1949 година, ме изведоа пред судот и ме осудија како “член на издајничката и терористичка организација ВМРО на Ванчо Михајлов”, односно како “како главен организатор и духовен лидер на групата”, се сеќава Рунтев на трагичните денови што му се случиле пред педесет и осум години.
Тој е единствен од 14.500 сопственици на политички досиеја во Македонија кој има пронајдено начин да ги чита имињата на заштитените кодоши, пречкртани со црн фломастер. Благодарејќи на тоа, во оние 23.000 македонски кодоши, кои работеле на полициските досиеја, сега со име и презиме се знаат 88–те лични кодоши на инж. Александар Рунтев.
ВО ИСТ ЗАТВОР СО ТАТКО МИ!
![[Image: 23807_376119336722_3558630_n.jpg?oh=2937...e=5AA69692]](https://scontent-yyz1-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-9/23807_376119336722_3558630_n.jpg?oh=29378285a443f21fceb8060c62caa3d1&oe=5AA69692)
Од Штип ме однесоа во “Идризово”, во третото одделение, соба број 12. Во таа соба не можеше да се спие на грб, туку под команда се лежеше на лева или десна страна. Една ноќ падна целиот таван врз нас, но за среќа никој не загина. Во “Идризово” само еден единствен пат се видов со татко ми Петар, кој исто така беше затворен за ВМРО и идејата за самостојна Македонија. Според истражувањето што го има направено Васил Хаџикимов, кој полни десет години од својот живот минал во затворот Идризово, од 1945 до 1980 година во Македонија се спроведени над 700 судски процеси, со стотици смртни пресуди. Притоа низ затворот на Скопското Кале и во Идризово поминале над 12.000 политички затвореници, меѓу кои, во меѓувреме, додека ја издржувале казната, биле убиени или без трага исчезнале 23 души. Токму поради несогласувањето со комунистичката власт во истиот тој период државата ја имаат напуштено над 180.000 Македонци. Податоците сами за себе говорат со каква жестина комунистите се справуваа со оние што не мислеа исто како нив, односно како нивната единствена КПЈ. Ако се споредад бројките, ќе се види дека истовремено дека со 12-те илјади политички затвореници, Македонија имала и дури 23.000 кодоши, што значи дека секој “државен непријател” имал барем по двајца лични “државни кодоши”. Од “проклетите кодоши” како што вели песната, не можев да куртулам ни во “Идризово”. Во третото одделение имаше еден наш штипјанец, Ацо Патраклиев, кој беше кодош број еден, поради кој одлежав десет дена карцер. Истиот тој по излегување од затворот на втори Јануари 1952-та година, го продолжи своето хоби, продолжи да ме кодоши во полицијата. Поради постојаните тормозења од страна на полицијата, имав чувство дека сум во куќен притвор. Татко ми беше во затвор; дома бевме јас брат ми Борис и мајка ми. Јас бев без работа. Мајка ми Ратка беше чистачка во печатницата “Илинден”. Освен што се мачеше некако да преживееме со мизерната платичка, таа, којзнае како, барем два пати годишно успеваше да му однесе и пакет на татко ми во Идризово. По извесно време се вработив како молер, потоа во едно откупно претпријатие, па во Електродистрибуција и на крајот во ДООЗ – осигурителното друштво – како референт по каско и пожар. Оттука заминав на студии по хемиска технологија во Љубљана. А зошто морав да заминам во Словенија?
РАСПИТУВАН И ЗА АТЕНТАТОТ НА ГЛИГОРОВ
![[Image: 23807_376119586722_2430718_n.jpg?oh=6e6a...e=5A6B506F]](https://scontent-yyz1-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-9/23807_376119586722_2430718_n.jpg?oh=6e6a476582e059fad2d4a69a56cd6c37&oe=5A6B506F)
![[Image: 6.jpg]](http://makedonium.blog.mk/files/2010/03/6.jpg)
Неколку години по издржаната казна, Рунтев се запишува на медицинскиот факултет во Скопје. Како и останатите студенти, и тој е присутен на свеченоста за врачување на индексите на новите студенти. Сите бруцоши ги добиваат своите индекси, освен тој, се разбира. По свеченоста, деканот му дека тој не може да студира на ниту еден факултет во Македонија, затоа што е осудуван како државен непријател. Тогаш одлучува да замине во Словенија, каде со највисоки оценки го завршува престижниот факултет за хемиска технологија. Знаењата од областа на хемијата, подоцна, во 2000-та година, меѓудругото, ќе му помогнат да ги прочита дури и заштитените, односно пречкртаните имиња на кодошите. Својата технологија за читање на пречкртаните имиња им ја пренел на уште двајца поллитички затвореници, па сега само тие тројца од 14.500-те сопственици на политички досиеја ги знаат сите свои кодоши и шпиони. Како и да е, по завршувањето на факултетот, Рунтев останува на работа во Словенија, каде што брзо напредува до технички директор на “Плетенина” од Љубљана. Меѓутоа во 1963 година, по повикот до дефицитарните кадри да се вратат во своите републики, за да помогнат во нивниот развој, инж. Рунтев се враќа во Македонија – право во мрежата на своите стари и нови кодоши. Повторно почнуваат интензивно да го следат, а со тоа полека да расте и неговото полициско досие.
И пред да заминам во Словенија, но и кога се вратив, доаѓаше полиција дома, ќе ме прибереа во џип или камион и ќе ме однесеа на Плачковица. Таму беше логорот за “државни непријатели”. Се разбира, ние не знаевме зошто ни го прават тоа, а не им кажувале ниту на домашните каде и зошто не водат. На Плачковица имаше и по некој добар полицаец па од нив дознавме зошто не носат таму. Не носеа затоа што Тито доаѓал во Македонија, па затоа сите бивши затвореници, додека трае посетата, мора да се на едно место, за да бидат под контрола. Во логорот Плачковица сечевме и редевме дрва, а штом ќе си отидеше другарот Тито, веднаш не враќаа дома. За Колишевски не не носеа на Плачковица, меѓутоа постојано бевме следени, постојано бевме под контрола. Така, на пример ме сослушуваа и за атентатот на Глигоров. Во Штип дојдоа инспектори од Скопје специјално за мене. Меѓу нив беше и еден со 23 години стаж во службата. Детално ме распитаа и си заминаа, но атентаторот на Глигоров еве уште не е најден. Инаку, кога бев на чело на Здружението на политичките затвореници, во една прилика на претседателот отворено му реков да не го употребува она негово “оаза на мирот” за Македонија, како алиби, како и да не се обидува со некаква “платформа Глигоров-Изетбеговиќ” да ја спасува Југославија. Тој се заблагодари, а потоа колку што јас следев весници навистина веќе не ја спомна ниту “оазата”, ниту Изетбеговиќ. Јас бев во затвор за идејата за самостојна и обединета Македонија. Сега имаме своја држава на дел од Македонија но тоа не значи дека треба да се откажеме од сонот за обединета Македонија, особено сега кога за тоа не се оди во затвор. Горделивите и достојните живеат за да не коленичат, а полтроните и предавниците коленичат за да живеат, вели Рунтев, испраќајки не до портата од својата куќа.
Дури се поздравуваме некој можеби и сега не фотографира, низ прозорецот од соседството. Еден ден можеби ќе ги видиме и тие фотографии, се разбира педантно подредени и “стручно” објаснети, како фотографиите во полициското досие на Александар Рунтев.
Догледање, кодоши!
Блаже Миневски – Фокус
ИЗВОР
|
|