Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Хартиените волци на Штази


По прес-конференцијата на СЈО, Груевски исчезна од јавната сцена! Најлогичната претпоставка е дека подготвува сценарио за попречување на работата на СЈО. Колумна на Јасна Котеска.

[Image: 0,,16409493_303,00.jpg]

На 15 септември, на интернационалниот ден на демократијата, а по точно една година од основањето, СЈО ги поднесе првите две кривични пријави против 21 лице, дел од нив од највисоката извршна власт, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски.

Почеток на масовното прислушување

Заради преседанот со степенот на обвинителни предлози што вклучуваат високи функционери на владејачката партија, СЈО на прес-конференцијата во четвртокот избегна да посочи имиња или иницијали на осомничените лица. Но, заради телефонскиот разговор споменат во текот на излагањето, јавноста веднаш препозна дека едно од обвиненијата се однесува токму на лидерот на ДПМНЕ и поранешен премиер, Груевски, кој се сомничи за дело за кое е предвидена казна затвор и до пет години. И додека се чека да се види дали прибавените докази ќе се докажат на суд или нема, за момент се чини дека кодот на најголемата политичка криза од независноста на Република Македонија до денес, лежи токму во првата кривична пријава покрената од СЈО. Нејзината содржина е: оргијастичката природа на тајните служби на ДПМНЕ.
Ако „Преродбата“ е идеолошкиот документ за киднапирањето на државата од Партијата, тогаш од феноменолошка гледна точка Управата за безбедност и контраразузнавање овие десет години служеше како најважна егзекутивна и оперативна алка за завластување на братството на Груевски. Кога во март 2015 македонската јавност за првпат ги слушна прислушуваните аудио снимки од опозицијата, тогаш се зборуваше за над 20.000 прислушувани граѓани од сите сегменти од општеството: од судии до министри, и од медиуми до државни службеници, во период од неколку години. Со 20.000 досиеја на само 2 милиони жители во земјава, тоа значи дека УБК во овие неколку години го прислушувало секој стоти граѓанин во земјава.
Година и пол подоцна, а по точно 10 години владеење на Груевски и по 4 влади на ДПМНЕ (2006, 2008, 2011 и 2014), во четвртокот СЈО поднесе кривична пријава против седум лица вработени во УБК заради уништување на 2.047 документи, во кои е заведено уништувањето на самата опрема со која се изведувало прислушувањето (т.н. случај Титаник). Во извештајот за својата работа, СЈО посочи дека работат со „30м3 доказен материјал“ и дека во последните шест месеци (од март до септември) обработиле 12% (или дури 55.250 аудио фајлови) од вкупниот број на прислушуваните разговори кои се во нивна надлежност.
Во обраќањето до јавноста СЈО изнесе дека поседува докази дека прислушувањето се случило во период од седум години, од 2008 до 2015 - годините додека на чело на УБК е братучедот на премиерот, Сашо Мијалков. Тоа значи дека почетокот на масовниот скандал со прислушувањето се случува во исто време кога е аминуван ребалансот на буџетот за 2007 и кога секторот на Мијалков доби 60 пати поголеми средства од претходната година, и од дотогашните 400.000 евра, следната година располагаше со дури 25 милиони евра, иако во 2007 година на Република Македонија не ѝ се закануваше никаква посериозна надворешна или внатрешна безбедносна криза. Од 2008 започнува и масовното прислушување, а оттогаш зборуваме и за поцврста автократија на ДПМНЕ.
[Image: 0,,19246309_401,00.jpg]
Јасна Котеска

Уништување на документите

Уништувањето на архивите на тајните служби не е нов феномен, а историски е споредлив со распаѓањето на Штази, тајната полиција на Источна Германија. Проучувачите на тоталитарните режими се сеќаваат дека во 1989, само неколку дена по паѓањето на Берлинскиот ѕид, Штази издаде директива до своите агенти да ги уништуваат досиејата на прислушуваните лица. Откако им се расипаа машините за сечење хартија – инаку, патентирани во 1840-тите години, а во Германија во употреба уште од средината на 19 век - агентите на Штази, наречени уште и „хартиени волци“, во рок од само два месеци на рака искинаа близу 45 милиони документи. Оваа операција на Штази тогаш остави зад себе близу 600 милиони „хартиени конфети“ од она што некогаш беа досиејата на прислушувани граѓани од ДДР.
Во 2007, само една година пред да започне масовното прислушување на граѓаните од страна на УБК во Македонија, тим од германски компјутерски научници во Берлин одржа прес-конференција на која го најави финализирањето на проектот за дигитално спојување на искинатите фрагменти од досиејата, при што софтверот и скенерите беа програмирани да читаат различни параметри: од текстурата на хартијата до машинско или рачното кинење на некогашните документи за следење на граѓаните, па низ годиниве полека се спојуваа 600-те милиони фрагменти од една темна историја на малтретирање на дисидентите од некогашниот режим во Источна Германија. Во последните 10 години, а по филмот „Животот на другите“ (2006) над 1.7 милиони германски граѓани поднесоа барања да видат што Штази знаеле за нив, а побарувачката за досиеја не стивна и во годините потоа. И иронијата е дека во исто време, во Република Македонија, штотуку се раѓала нова номенклатура на шефови на тајните служби кои произведувале нова база на оштетени граѓани, чии досиеја итно морале да се горат – по објавувањето на првите аудио снимки од т.н. „Вистина за Македонија“.. И токму тоа уништување е содржината на првата кривична пријава на СЈО.
Како што е познато, денешната македонска тајна служба е некаков далечен историски наследник на ОЗНА (1944-1946), потоа на УДБА (1946-1966), па на СДБ (1966-1995), па на ДБК (1995-2000), а од 2000-та година службата е преименувана во УБК. По доаѓањето на ДПМНЕ на власт во 2006, со оваа Управа цели девет години, од 2006 до 2015 управуваше Сашо Мијалков, братучедот на поранешниот премиер Груевски. И дури седум од тие девет години се одвивал скандалот со масовното прислушување на над 20.000 македонски граѓани. Исто така е познато дека СЈО беше формирано со посредство на меѓународната заедница, меѓу другото, токму за да открие три работи: кој, на кој начин и со која цел од 2008 до 2015 незаконски прислушувал десетици илјадници граѓани на Република Македонија?
Одговорот дојде со првата кривична пријава на СЈО дека во прислушувањето учествувало самото УБК, заради што и следело уништувањето на документите. Упорноста во уништувањето веќе беше слушната на пресовите на СЈО: физичката опрема еднаш била извлечена во преса, а вторпат носена во дробилица, додека пак самите материјали се запалени на локација позната на сега веќе осомничено лице од УБК.

[Image: 0,,18271391_401,00.jpg]
Никола Груевски и Сашо Мијалков

Современи жртви на УБК

Ако ги сместиме бројките на жртвите на масовните упади во приватноста во поблизок географски простор, работите изгледаат уште потраорно.
Во сите 46 години (1945-1991) на комунистичка Македонија, официјалниот број на лични комунистички досиеја е 14.572. Неофицијалните извори зборуваат за над 50.000 досиеја водени за македонски дисиденти во сите 46 години југословенски комунизам. Но, во актуелниот масовен скандал со прислушувањето на двоецот Мијалков-Груевски, ДПМНЕ следело над 20.000 граѓани во само седум години независна Република Македонија. И додека големата концентрација на тајните служби во некогашната југословенска федерација денес се објаснува со фактот дека федерацијата била родена во војна, а од 1942 година, секоја новоослободена територија веднаш формирала разузнавачка зона, тогаш е нејасно за која цел служела сегашната концентрација на тајните служби во независна Република Македонија? Едноставното логично објаснување е фактот дека тајните служби секогаш му служат на тесното раководство за да се инсталира на власт како вечност. Борбата против идеолошката субверзија останува главен приоритет на сите тајни служби и во сите режими. Затоа тие се суштински инсталирани за војна против своите граѓани.
Најтажниот момент во сето ова, пак, е фактот дека во современа и независна Република Македонија, ДПМНЕ на Груевски првично настапи на политичката сцена како некаква декларативна анти-комунистичка партија, што подразбираше и сериозно опонирање токму на тајните служби. И точно од таа позиција не само што ДПМНЕ започна крајно контроверзен и општествено штетен процес на лустрацијата, со кој им оневозможи на граѓаните увид во комунистичкото минато и целосно ги затвори комунистичките архиви во најтесниот круг на својата Комисија за лустрација, туку и отвори задоцнет, болен и општествено опасен процес. А за сето ова време, паралелно, Партијата, го кодираше и планот за нови, „современи“ генерации жртви на УБК.

[Image: 0,,19524136_401,00.jpg]

Груевски нема многу маневарски простор

По прес-конференцијата на СЈО во четвртокот, на која беше изнесен обинителен предлог против Груевски, тој едноставно исчезна од јавната сцена! Вчера не се појави ниту на рочиштето за „Пуч“, во кое самиот е главен сведок и иницијатор, а следното рочиште е закажано дури за ноември. Најлогичната претпоставка е дека лидерот на ДПМНЕ подготвува сценарио за попречување на работата на СЈО, од кое е веќе имплициран во едно кривично дело, од можните пет, за кои беше аболициран од Иванов. Иако со Пржинскиот договор се предвидува одредба со која „ако Уставниот суд донесе одлука дека СЈО или негов дел е неуставен, четирите партии ќе ја усогласат легислативата и во рок од пет дена повторно ќе го воспостават обвинителството“, на Груевски не му останува многу маневарски простор освен да игра на картата на распуштањето на Собранието на 12 октомври.
Во тој двомесечен период помеѓу 12 октомври (распуштањето на Собранието) и 11 декември (закажаните избори), Уставниот суд би можел да биде инструиран од ДПМНЕ за да го прогласи СЈО за неуставно. Ако тоа се случи по распуштањето на Собранието, тогаш веќе нема да постои „легална инстанција“ преку која ќе може повторно да се „усогласи легислативата“ за почитување на петте дена од Пржинскиот договор. А тоа пак ќе значи дека ќе нема ниту кој да го рестартира СЈО. Во вакво сценарио, Република Македонија само ќе ја повтори ситуацијата од пролетта, кога исто така имаше распуштено Собрание, со повторно прелевање на кризата на улиците.
За овие ситуации, психоанализата вели: не е луд слугата кој мисли дека е крал. Луд е кралот кој мисли дека е крал. А во овој случај, лудилото може да потрае.
Јасна Котеска е теоретичарка и универзитетска професорка

DW



Мојот коментар на овој текст полн со невистини го пратив на Дојче Веле, ако не го објават а мислам дека нема да го објават, ке го прикачам тука.
18-09-2016, 02:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрација на лустраторите

[Image: dimitar-dimitrov-2015-150x150.png]
Колумна на Димитар Димитров
22.09.2016
Ова трето мое навраќање на лустрацијата е поттикнато од мачната и бесмислена материјална расправа во Собранието на РМ по повод предлогот на опозицијата да се укине комисијата за лустрација. Парламентарното мнозинство  го одби предлогот и остана на ставот комисијата да  продолжи да работи и да си ја  доврши зацртаната програма, иако законот за лустрација е укинат, а поединечните лустрации како круши паѓаат на суд дома и надвор! На самата комисија, пак, никако да ѝ текне со оставка да го прекине понижувањето во кое се нашла!
Така, по сила на невидливи внатрешни нишки со кои се исповрзани луѓе и нешта, се налага потреба од  лустрација на лустраторите, како варијација и актуализација на темата.
Соодветно на законот за лустрација, во восприемањето на лустраторите главни ликови се кодошите и жртвите – лицата кои следеле и биле следени лица. Институцијата задолжена за следење, тајната полиција, не се гиба. Што стои зад неа, систем ли, режим ли, исто, не се гиба. Тоа не го кажа ни науката наша. А без да се лустрира чинот/феноменот на следењето на граѓаните, немаме аршин за лустрирање на поединечни случаи на следење.
Таквата  „лустрација“ е спротивна на поимот (lustratio – осветлување, откривање, вистина) и може да значи продолжен живот на системот на следење. Да се користи против лица кои ѝ пречат на актуелната власт и пак да нѐ исправи пред прашањето „кој“, односно „што“ стои зад тоа. Зад тоа денес, како зад тоа тогаш. Да зборува  за нас сега, како за нас или за оние (во зависност од возраста) тогаш.
Ако до вчера уште можевме да си играме криенка околу тоа прашање, по сознанието за грамадното прислушување и обелоденувањето на дел од снимените разговори, непристојно е да се остава место за дилеми. Пред нас е непобитна лустрација, во вид на автопортрет на актуелната власт, достојна на Орвел, на Солженицин или на Хана Арент.
Низ неа јасно се наѕираат контурите на режим, кој, преку тајната полиција, како плевелот градината, ги задушува државата и општеството, институциите и луѓето и неконтролирано, ексклузивно располага со ресурсите и добрата на нашата заедница. Законот и комисијата за лустрација на тој режим  му се потребни како што на крадецот и на дивите ѕверови им е потребна ноќта.
Парламентарното мнозинство, кое до последен здив ја брани лустрацијата на кодошите од старата власт, остана глуво за лустрацијата на новата власт, направи безгласно да стивне анкетната комисија, а се вклучи во општиот фронт против СЈО, кое е, всушност, вистинската комисија за лустрација – но на актуелната власт.
Но сѐ има свој век и свое место. Приказната за „бегството“ и „предавството“ на Ченто, помината во услови на студената војна. Приказната за „пучот“ и „предавството“ на Заев, во услови кога државата официјално е определена за интеграција во НАТО и во ЕУ, не помина. Извештајот на Прибе виде капацитет за толку голем обем на следење граѓани преку прислушување во домашна тајна полиција (УБК). Од своја страна, тајната полиција побрза да го потврди Прибе, уништувајќи ги доказниот материјал за ова технолошко кодошење и системите за прислушување.
Ако во удбашката приказна на татковците странскиот фактор се користел како убедлив доказ за „предавството“, приказната нужно заврши кога странскиот фактор во нашата перцепција, од непријател, се преобрази во меѓународна заедница. Удбашката приказна во верзијата на синовите сега  воведува обратна перспектива.
Тоа го прави така што и таа се служи со странскиот фактор/сила како доказ за „предавството“, но во време и услови кога се самовосприемаме како дел на меѓународната заедница. Па за да успее приказната, странската сила, од меѓународна заедница, треба да да се врати назад во непријател, а ние во она што не си го дорековме, а што критичко-либералната мисла навремено го нарекуваше етатизам, што сега се шверцува како партизација.
Во светлината на снимките, приказната за „предавството“,  како перде пред криминалот и партизацијата, создаде вриеж од противречности. Го провоцира Пржинскиот  договор, а тој (договор) декриминализацијата и департизацијата им ја  довери на партиските лидери, уште дополнително засилени од партиите, така што Груевски со акламација е преизбран за лидер, додека Ахмети доби овластување сосема самостојно да одлучува.
Власта мораше да ги извади од притвор „предавниците“ и да донесе закон за заштита на укажувачите („свиркачите“), а за осветлениот криминал да формира собраниска анкетна комисија и Специјално јавно обвинителство. Парламентарното мнозинство, кое до последен здив ја брани лустрацијата на кодошите од старата власт, остана глуво за лустрацијата на новата власт, направи безгласно да стивне анкетната комисија, а се вклучи во општиот фронт против СЈО, кое е, всушност, вистинската комисија за лустрација – но на актуелната власт. Во таа лустрација актуелната власт се открива/сомничи/обвинува  како злосторничко здружение.
Груевски престана да биде премиер, но ги задржа во свои раце сите конци со кои се води играта на куклите во улоги на претседател на државата, Собрание, судство, обвинителство, медиуми, стопански,  научно-образовни и уметнички институции. Па, на обвинувањето за индивидуален криминал, негов и на Фамилијата, одговара со општонародна ослободителна војна против странската сила и домашните предавници, кои ни` протнале инсталација под вид на СЈО!
Така доаѓаме до ваков сумарен парадокс. Колку повеќе напади врз СЈО, колку повеќе одбрана на Груевски и на Фамилијата – толку поголема нивна вина, толку помалку  држава, правда, слобода, човештина, надеж за спас. Овој парадокс го прозреа протестантите од „Шарената револуција“ па  покажаа толку почит кон СЈО, а толку револт кон Владата, претседателот на држава, Собранието, Министерството за правда, Уставниот суд, Агенцијата за медиуми и симболичките „остварувања“ од „Скопје 2014“.
Тоа е придобивка од лустрацијата на лажните лустратори, со која укажувачите заслужија благодарност од нацијата. Таа помага јасно да се препознава кој е обвинител, судија, научник, новинар, човек – кој е слуга на Фамилијата. Во овој миг особено е важен изборот на судството, што суштствено може да влијае врз декемвриските избори на заробените гласачи. Честа на институцијата засега ја спасуваат Управниот суд, кој ги поништува  нарачаните „лустрации“ на комисијата на Аџиев, и малцинството уставни судии, кое одбива да го легитимира газењето по Уставот и законите.
Од  СЈО до овие пројави, тука се отвора простор за воспоставување на правосудниот систем пропишан со Уставот, посветен на Ре(с)публиката, а не на режимот;  закрилник на општото добро, а не на неговото растурање.



Текстот има една голема фалинка а тоа е фактот дека СДСМ е најголемиот виновник за оваа ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА која ја изведе Грујо под името лустрација.
Да потсетам дека Македонската "екипа" во Советот на Европа, која тогаш беше составена претежно од "играчи на СДСМ НЕ гласаше ЗА Резолуцијата за Осуда на Комунистичките Режими. СДСМ не побара кога се изготвуваше законот за лустрација стриктна примена на препоракита од Резолуцијада 1096 а тоа е лустрацијата да се одвива пред институциите се легитимни да носат правосилна пресуда дали некој е виновен или не.
Само со таква лустрација ке се стасаше до мозокот на злото, Тајната Идеолошка Полиција, без судеки процес кој ке опфати период 1991 па до моментот кога ке отпочнат процесите и новите лустратори кои ке ги лустрираат Грујовите лустратори ке спроведат сам комумуњарска ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА  што ке значи центарот на моќта Тајната Идеолошка Полиција ке остане негибнат.
(This post was last modified: 24-09-2016, 12:24 PM by ЈорданПетровски.)
23-09-2016, 12:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Против заборавот: Забошотување на лустрацијата




Владимир Милчин 23 септември 2016
Нарачувачите на лустрацијата се повлекуваат од местото на злосторот. Извршителите, членовите на комисијата која требаше да ги утврди фактите, се оставени на бришан простор да го бранат неодбранливото, операцијата на фалсификување на минатото, спроведена според удбашки манири. Накодошија жртви на УДБА/СДБ дека биле соработници на УДБА/СДБ. А сега, оставени без мандат со волјата на наредбодавците, но сепак добро платени, пак со волјата на наредбодавците, си помолчуваат и се надеваат дека бурата ќе помине и злосторот ќе биде заборавен. Третина од лустрираните се мртви, а живите жртви на лустраторите се во поодминати години.
Операцијата на забошотување на лустрацискиот злостор ја спроведува Аџиев, ја спасува својата кожа и кожата на наредбодаваците. Во дебатната емисијата „Лустрација на лустрацијата?“, емитувана на ТВ Нова на 16 септември, уште на самиот почеток, Аџиев порача: „Процесот се заокружи онака како што се заокружи. Се утврдија една одредена бројка на соработници, останаа неодредена бројка неутврдени кои останаа утврдени во досиејата кои се во Државниот архив и во Комисијата.“ Аџиев бега од бројките, односно од фактите, како ѓавол од крст. Бега и од прашањето за ревизија, односно поништување на лустрацијата, па во 68-та минута на дебатата порача: „Не се прави ревизија на правосилни судски одлуки. Тоа е завршена приказна.“ Тој навистина не знае дека судот во Стразбур веќе оспори една од тие нарачани судски одлуки или само се прави недоветен?
Многу катиљ ми ти било човечето Аџиев. Ги менува кожите како чорапи. Од јагнешка кожа изјави: „Јас како претседател имам само една привилегија, да свикам седница“. Само 22 минути подоцна, откако Пивоваров му спомна злосторничко здружување, од волчја кожа, Аџиев посегна по закана: „Знаете за кривично дело клевета и навреда? Сега ќе ги натерам сите десет души (лустраторите, м.з.) да ви поднесат кривична пријава. Ќе видите како ќе помините!“ На самиот крај, не додржа, па се пофали и дека во хороскопот бил бик, на црвена марама се палел, на секоја неправда скокал. Ете ти сега! Па и јас сум бик во хороскопот, скокам на неправдите (од многу одамна, кога човечето Аџиев го немаше ни на повидок како борец против неправдите), па затоа ќе продолжам да скокам на лустрациската неправда спроведена токму од него, човечето кое тврди дека скокало на неправдите во бившиот режим, но не јавно!
Не ми беше лесно, се изнамачив, два пати ја одгледав дебатата меѓу Аџиев и Пивоваров. Во тие 72 минути, Аџиев дури 25 пати ја изговори именката „магла“. „Магла“ сама, во комбинација со глаголот „сеете“ или со глаголската именка „сеење“. Некој го подучил дека повторувањето е мајка на лажењето и маска на незнаењето, но не го предупредил дека од премногу повторување, лагата се тенчи, станува проѕирна.
Кренав раце од броењето на лагите што ги истури човечето. Веќе во третата минута излажа. Тврдеше дека, пред донесувањето на законот во 2008 година, немало јавно искажани критички ставови за лустрацијата како што ја беа замислиле Андов и неговиот тим, односно дека отпорите започнале дури откако почнале да излегуваат досиејата. Во јавните дебати водени уште пред донесувањето на законот, ние, оспорувачите на замислената лустрација, предупредувавме на неколку нејзини проблематични аспекти. Меѓу другото, и на тоа дека македонските институции не располагаат со сите досиеја на македонски граѓани. Во седумнаесеттата минута, Аџиев си скокна на глава, па потврди дека нашите предупредувањата биле на место, извикувајќи: „А кај нас имаме пола досиеја што ги нема!“ Со тоа Аџиев го потврди и тврдењето на Пивоваров дека најважните досиеја, досиејата на „топ“ соработниците, биле однесени во Белград. Но, кога Пивоваров укажа на тоа дека тајните служби креирале, монтирале, злоупотребувале и вметнувале имиња во досиејата и дека овој процес на лажење трае од 1945 година до денес, Аџиев се обиде да ја смени темата: „Не е интересно како работеле службите, интересна е лустрацијата!“.
Не еднаш Аџиев изјави дека лустраторите прегледале 30.000 досиеја (!). „Овие досиеја ги гледале сите 11 членови на Комисијата“, изјави и одново излажа Аџиев во дваесет и осмата минута. Зашто само една минута подоцна, за досието на лустрираниот новинар Шаќири изјави: „Нити го работев тоа досие, нити го видов... Нити ми значеше нешто во животот.“ Аџиев признава дека не го видел (што значи дека не го прегледал) досието на човекот кој починал четири месеци по лустрирањето!
Ајде да му поверуваме на Аџиев кога тврди дека лустраторите прегледале 30.000 досиеја. И да му поверуваме дека таа бројка е половина од вкупниот број, зашто, нели, Аџиев вели дека „имаме пола досиеја што ги немаме“. Аџиев сака да ни каже дека службите воделе 60.000 досиеја? И сега следи прашањето на кое јавноста сè уште не доби одговор: Колку од тие досиеја се досиеја на соработници, а колку се досиеја на жртви? Нема одговор ни на прашањето за тоа за колкумина од оние кои, согласно првиот закон за лустрација, поднесоа изјави за (не)соработка со службите за државна безбедност, УБК на Сашо Мијалков потврди дека биле соработници. Имено, лустраторите побараа одговор од УБК за над 4800 вршители на јавни функции. И добиле одговор во облик на список. Значи, колкумина на тој список биле соработници? И кои се тие? Јас не сум еден од нив. Прашањето што следи гласи: Зошто некои од оние на списокот на УБК не се лустрирани, а лустрирани се некои кои не се? Во 28-та минута, Аџиев тврдеше дека Комисијата не креира досиеја. Тоа е лага, вистина е дека досиеја на жртви комисијата на Аџиев трансформирала во досиеја на соработници. Затоа Аџиев упорно премолчува дека жртва не можела во исто време да биде и соработник, како што досието на жртва не може да биде досие на соработник.
Аџиев во неколку наврати потсетува дека законот за лустрација бил усвоен со акламација, но премолчува дека тој закон, по интервенциите на Уставниот суд во 2009 и 2011, беше заменет со нов закон, предложен од Силвана Бонева. Премолчува, зашто тој закон не беше донесен ни со акламација ни со консензус, опозицијата не беше во салата. Но, пострашно е тоа што за тој закон Аџиев тврди дека прв пат им овозможил на граѓаните увид во досиејата. И одново лаже! Увид на граѓаните во досиејата водени од идеолошки и политички причини им овозможи законот од 2000 година. Врз основа на тој закон јас остварив увид и добив копија од моето досие, кое СДБ го водела од идеолошки и политички причини (учество во студентски демонстрации, анархолиберализам, граѓанска десница, уривање на уставниот поредок). И ми беа откриени имињата на службените лица кои го формирале моето досие, но псевдонимите на соработниците (кодошите, како што милуваат Аџиев и куртоните) беа покриени со црно.
„Кај ме врзувате мене со политика?“, му опонира Аџиев на Пивоваров, но во 39-тата минута паѓа во идеолошки занес: „Нити направија самостојна држава, нити направија независна, нити Македонија ја направија ослободена, сите работи, ја направија патриотите кои после 45-та година легнаа в затвор, од типот на Ченто, на Пирузе, покасно од името на Васил, Ристо Шишков, на Јован Котески, една плејада други луѓе. Тие ја правеа државата, а не овие, доушниците, овие се сатрапи, му направија зло на македонскиот народ“. Па во 46-тата минута: „Дојдоа луѓе што размислуваат со свои глави. Дојдоа луѓе со нова визија“. Па во 51-та: „Дојде ново време, нови ветришта, нови лица“. Па во 57-та: „Нема да сеат магла тие соросоидни, комуњарски, комунистички, удбашки институции“. Па во 58-та: „Заврши вашето време. Треба да го сфатите тоа. Доаѓаат млади дечки“. Во тој миг се сетив на младите, нови лица на Филимена и Михајло Маневски. И на живите соработници од комунизмот кои станаа фунционери во посткомунизмот, а чии досиеја не излегоа на виделина. Се сетив и на мртвите. Тие не беа лустрирани, што е во ред, зашто мртовци не можат да вршат јавни функции. Но мртвиот писател не беше поштеден зашто, нè просветли Аџиев, им ги крадел книгите на други писатели!
Ах, таа лустрација! Сребрениот куршум, кој требаше да ги замолчи живите критичари на „новото време“ се покажа ќорфишек. Авторите на првиот закон за верификација на фактите се оградија од повампирената лустрација која се претвори во лов на вештерки и политичка пресметка. Повампирените фрустрации на неколку бездарници предизвикаа згрозеност со плукањето по мртвите. Власта доби шлаканици од судот во Стразбур, од комисијата во Венеција и од Брисел. На дневен ред е ревизијата, односно лустрација на лустрацијата. Лустраторите ги очекува соочување со фактите и со прашањата кои бараат одговори и одговорност. Дотогаш, протагонистите, епизодистите и статистите во груевистичкиот хорор ќе произведуваат кодошки писанија како Извештајот за извршен надзор (мониторинг), испратен до Зоран Трајчевски на 17 септември: „Во премиерното издание на „Ноќен експрес“ (емитувано на радиото Канал 77) на 7 септември, со почеток во 21 часот, на темата „Патриоти и предавници“, гостин во студиото беше Владимир Милчин – поранешниот директор на фондацијата Сорос, за кого Комисијата за верификација на фактите констатираше дека е соработник на тајните служби.“
 
 
 
23-09-2016, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Цаца-Николовска: Во одлуките за лустрираните најмногу е присутен реваншизмот

[Image: %d1%86%d0%b0%d1%86%d0%b0.jpg]


Судијката вели дека ќе мора да се направи ревизија на целиот процес и да се даде правен лек на оние што се жртви од лустрацијата.


Горан Наумовски ● 12:11 23 септември 2016 
Законите кои се однесуваат на процесот на лустрација не ја исполнија целта воспоставена во идејата процесот на демократија да се овозможи во насока на прочистување на системот. Наместо да биде инструмент за расветлување на фактите во однос на оние лица кои соработувале со тајните служби и ги загрозувале човековите права и слободи на поединци, се претвори во инструмент за пресметка со политичките и идеолошките неистомисленици, што е спротивно на Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права и Уставот на РМ. Не се соодветно адресирани негативностите кои се однесуваат на законите и последиците што ги предизвика нивната промена. Укинувањето на законот не ги отстрани негативностите, туку предизвика состојби на нејасност, конфузност и неотстранување на последиците на политичкиот реваншизам, се вели во дел од анализата „Човековите права во процесот на лустрација“, која денеска е промовирана од Институтот за човекови права во Скопје.

„Спротивно на Законот за лични податоци, Комисијата за верификација на фактите објавува лични податоци на лицата кои се лустрирани. Потребно е да се направи ревизија на процесот на лустрација, да се детектираат одговорностите кај лицата и органите од чие работење произлегоа несаканите последици, а, пред сè, потребно е нов закон за укинување на лустрацијата и
отстранување на последиците“, се вели во препораките на Институтот.

Судијката Маргарита Цаца-Николовска истакна дека негативностите и пропустите од таа лустрација е времето кога е спроведена.

- Требаше веднаш по промена на државниот систем да се спроведе лустрацијата. Кај нас таа се случи дури 18 години подоцна. Реваншизмот е секаде присутен во одлуките за лустрираните. Во ниедна одлука не е констатирано дали им е прекршено некое човеково право на лустрираните. Ние лустрираме шефови во МВР кои си ја вршеле законската работа. Ќе мора да се направи
ревизија на целиот процес и да се даде правен лек на оние што се жртви од лустрацијата да имаат право на надоместок на штета. Жално е што јавноста не ги дозна последиците за лустрираните бидејќи имаме последици болест, смрт, а тоа не смее да се занемари - вели Цаца-Николовска.

Нејасно е, вели таа, колку предмети сè уште се отворени во Комисијата за верификација на фактите и што ќе биде со предметите кои ги поништи Вишиот Управен суд.

Во неколкугодишниот процес на лустрација во Македонија, од страна на Комисијата за лустрација, 203 лица добија решение дека биле соработници на тајните служби. Притоа, со конечно решение се лустрирани 68, за 23 решението е поништено од надлежен суд, а лустрирани се и 78 починати лица. За низа од овие решенија се води судска постапка во земјава, но и во Судот за човекови права во Стразбур. Досега, овој суд има донесено една пресуда за граѓанин кој бил лустриран. Во таа пресуда која е извршна се вели дека му биле повредени човековите права од страна на државните органи во процесот кој се одвивал во Македонија.



Оваа изјава на "судиката" Маргарита Цаца-Николовска:

"Ние лустрираме шефови во МВР кои си ја вршеле законската работа."

е врв на незнаење, врв на нејзината комуњарска заслепеност. Потпишување на НЕУСТАВНИ налози за прислушкување, следење Маргарита Цаца-Николовска го смета за законско.
Да ја потсетам "судиката" Маргарита Цаца-Николовска дека и комисијата за лустрација работела според закони кои ги донело собранието
Комуњарски судии кога судат, секогаш е битно кого судат а не што велат законите, Уставот!!
Голема благодарност до Героски кои им одстапува простор на чуварите на Тоталитарниот Антимакедонски Едноумен комунистички систем, Милчин, Маргарита, Андов, ... и со тоа им помага на неопределените да можат да видат кој сака и каква сака слобода да "врати" .
23-09-2016, 11:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Karl-Peter Schwarz: Hrvatsku uništavaju komunisti od osnutka zemlje do danas!

[Image: Karl-peter-schwarz-n335s5xv8d6rh5c64m9bg...e9isiw.jpg]

“I dok se u baltičkim državama, te Poljskoj, Češkoj, Slovačkoj i Mađarskoj još  uspjelo zamijeniti stare elite, u Rumunjskoj, Bugarskoj, Sloveniji i Hrvatskoj su one skoro nedodirljive – u politici, gospodarstvu i pravosuđu, isto kao i u visokom školstvu i medijima.”, piše FAZ.

Karl-Peter Schwarz je ekspert za komunizam i u Njemačkoj smatraju da posjeduje dokaze i fotografije na kojima mu mogu pozavidjeti sve medijske kuće i obavještajne službe. Nema tajni njemu nedostupnih. Tako tvrdi u više svojih istupa da su Hrvatska i Slovenija okovane željeznom zavjesom komunista koji se nazivaju kršćani i partizani, a zapravo su interesne skupine koje nema tko razbiti jer imaju sustav manipulacije od politike do medija.
“25 godina nakon godine promjena 1989. predočila je (ta platforma, o.a.) otrežnjujuću bilancu: Hrvatskoj, Bugarskoj, Rumunjskoj, nije uspjelo uspješno prebroditi naslijeđe komunizma; njegovi zločini gotovo da i nisu gonjeni, a ni u jednoj navedenoj postkomunističkoj zemlji ne vladaju solidni državnopravni odnosi. Komunizam je, doduše, ideološki odstupio, ali “nova klasa” je zadržala svoju vlast.” prenosi Schwarz.
“Novim političkim etiketama ta klasa još uvijek čuva svoje interese. Iza demokratske fasade vlada kartel postkomunističkih oligarha, koji je preuzeo vlast nad državama, strankama i medijima.”, upozorava se u Frankfurter Allegemeine Zeitungu. U skladu s time, pravosuđe je neotporno na političke utjecaje i korupciju”, pojašnjava Karl-Peter Schwarz.
Napredak je očito zabilježen samo u baltičkim zemljama te Mađarskoj, Poljskoj Slovačkoj i Češkoj.“Nije slučajnost da su se zemlje koje su postigle najbolje rezultate također najviše i pozabavile svojom prošlošću. Dobro se pokazala upravo lustracija, kojom su bivši dužnosnici isključeni iz javnog života.
22-01-2017, 01:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

У.Број: 42/2008-0-0
Дата на Донесување: 27.01.2010


Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 27 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр.70/1992), на седницата одржана на 27 јануари 2010 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е

Текст
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 во делот: „до денот на влегување во сила на овој закон“, член 8, член 13 и член 34 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција („Службен весник на Република Македонија" бр. 14/2008 и 64/2009).

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот означен во точка 1 на ова решение, во целина и посебно на член 5 став 1 точка 7) во делот:„судија на Уставниот суд на Република Македонија" и член 10 став 3 во делот: „на претседател на Републиката".

3. СЕ ЗАПИРА извршувањето на поединечните акти или дејствија преземени врз основа на оспорените одредби означени во точка 1 од ова решение.
4. Јонче Цветковски од Скопје, Фондација „Институт отворено општество - Македонија" Скопје, Стамен Филипов од Скопје и адвокат Панче Докузов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста на одредбите од Законот означен во точка 1 од ова решение.
- Подносителот на иницијативата Јонче Цветковски смета дека претседател на Република Македонија и судија на Уставниот суд на Република Македонија претставуваат јавни функции за кои условите за избор се утврдени со Уставот и за кои е обезбедена уставна гаранција за непречено вршење на надлежностите, поради што секое пропишување со закон на дополнителни услови за овие функции, како што било сторено со овој закон, значело задирање во материја што има исклучиво уставен карактер. Поради тоа, тој смета дека член 5 став 1 точка 7) во делот:„судија на Уставниот суд на Република Македонија" и член 10 став 3 во делот: „на претседател на Републиката" од Законот не биле во согласност со член 8 став 1 алинеите 3 и 4, член 80 и член 109 од Уставот, поради што предлага Уставниот суд на Република Македонија да поведе постапка за оценување на нивната уставност и да ги укине.

- Адвокатот Панче Докузов, како подносител на иницијативата, смета дека Законот имал идеолошко-политички карактер и претставувал лош, негативен пример за повратно - ретроактивно дејство на законот. Имено, со оспорениот закон се осудувал целиот општествено-политички систем од 1944 година до денес, a законското решение од оспорениот закон дека ќе се применува само за оние кандидати за носители на јавни функции или носители на јавни функции во наредните пет години, зборувал за идеолошко-политичкиот карактер за Законот. Познат бил фактот дека повратното дејство на закон или одредена правна норма претставувало применување на тој закон и таа норма на факти кои настанале пред нивното донесување, односно нивното применување на односи што настанале пред нивното влегување во сила.
Тоа значело дека законот, односно нормата содржана во кој било пропис не можело да се применуваат на односи и настани кои настанале пред нивното донесување, најмалку да произведува правни последици за активности пред стапување во сила на законот. Отстапување од ова правило било можно само по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните. Кога еден закон или пропис е поповолен за граѓаните било фактичко прашање, a поволноста не се претпоставувала, туку требало да биде одредена во самиот закон и тоа само ако навистина е поповолен за граѓаните. Co оглед дека Уставот експлицитно забранувал повратно дејство на законите кога се тие понеповолни за граѓаните, смета дека членовите 2, 3, 4 став 3 и 42 од Законот, не биле во согласност со член 52 став 4 од Уставот.

Понатаму, во иницијативата се наведува дека пратениците, претседателот на државата, градоначалниците и други кои својот мандат го имаат стекнато на непосредни и тајни избори од народот, не може да се дерогираат со активности и поведенија кои ќе ги бара таканаречената Комисија за утврдување на факти. Носителите на овие функции имаат имунитет добиен на непосредни и тајни избори, затоа било противуставно да се задира во нивниот легитимитет како што е направено во оспорениот закон, поради што одредбите од член 5 до член 29 од Законот биле во директна спротивност со член 1, член 8, член 23, член 32, член 62, член 64, член 65, член 80, член 89, член 95, член 99, член 104 и член 107 од Уставот.

Обврската пропишана со овој закон за адвокатите и медијаторите да поднесуваат писмена изјава до Комисијата за утврдување на факти значела рушење на нивната самостојност и независност утврдена со Уставот, поради што одредбите од член 30 до член 35 од Законот биле во спротивност со член 53 од Уставот.

Членот 34 од оспорениот закон бил во спротивност со точка 1 од Амандманот VII на Уставот, бидејќи верските заедници и религиозни групи биле одвоени од државата и наложување дополнителни услови за нивни кандидати за носители на раководни функции, членови на нивни органи и тела, значело мешање на државата во нивната автономија.

Идентична била состојбата и со упадот на овој закон во внтрешните работи на политичките партии, здруженија на граѓани, радиодифузни друштва, печатени медиуми, МАНУ... Ова затоа што барањето дополнителни услови, во смисла на овој закон, да бидат инкорпорирани во нивните внатрешни акти, исто така било противуставно, бидејќи било недозволено со општи и поединечни акти да се регулира правото на работа, условите за вработување, достапноста на секое работно место, политичката и верската подобност- работи кои длабоко навлегувале во орбитата на она што се нарекувало „човекови слободи и права", кои можеле да бидат лимитирани само со закон, a не со статути и општи акти. Поради тоа, ваквите законски решенија биле во спротивност со член 32 ставовите 1 и 2 од Уставот. Понатаму, се наведува дека одредбите од член 36 до член 38 од Законот со кои се предвидени казнени одредби, биле во директен судир не само со Уставот, туку и со позитивните прописи од областа на казненото право. Имено, ниту Комисијата за утврдување на факти, ниту Владата или кој било орган на управата не бил овластен да води постапка за утврдување на вина, да предвидува изрекување на одредени санкции за извршени казниви дела односно за прекршоци како еден вид казниви дела. Согласно член 13 став 1 од Уставот, произлегувало дека вината за одредено казниво дело мора да биде утврдена со судска одлука, што значело дека за сите казниви дела можеле да одлучуваат само судовите. Поради наведеното, овие одредби не биле во согласност со член 51 став 2 и со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Врз основа на наведеното, подносителот на иницијативата смета дека Уставниот суд треба да го разгледа целиот закон во контекс на неговите ингеренции кои произлегуваат од член 11 од Уставот - да решава и за судирот на надлежностите помеѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт, да одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката, да одлучува за програмите и статутите на политичките партии и здруженија на граѓани... Во спротивно, ќе имало на повидок развластување на надлежностите на овој орган кој ја штити уставноста и законитоста и пренесување на истите во надлежност на разни комисии и тела.

Се предлага, до донесување на конечна одлука за поништување на овој закон, Уставниот суд да донесе решение - времена мерка за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на овој закон, бидејќи со неговото извршување би можело да се имплицираат тешки ненадоместливи последици за граѓаните.

- Во иницијативата на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и на Стамен Филипов од Скопје, се наведува дека немало уставен основ за донесување на оспорениот закон, поради што тој бил неодржлив во уставниот поредок на Република Македонија. Како причини за тоа се наведува дека Законот бил донесен од политички и идеолошки причини и со него се кршеле и ограничувале основните слободи и права на граѓаните, затоа што тој закон се однесувал само за одреден период (од донесувањето на Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија на Првото заседание на АСНОМ на август 1944 година до денот на влегување во сила на овој закон, a ќе се применува само пет години од денот на неговото влегување во сила (членовите 2, 3, 4 став 3 и 42) и ќе се однесувал само на оние лица кои се кандидати за носители или се носители на јавна функција и претендираат да бидат во наредните пет години, како и за работите од јавен интерес и други дејности на правни лица (членови 30-35), со што се повредувале темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија -основните слободи и права на човекот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото и политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори од член 8 став 1 алинеите 1, и 5, еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите од член 9, членот 13 став 1, член 14, член 22, член 23, член 32 ставовите 1 и 2, член 51 и член 54 од Уставот.

Co оспорениот закон се осудувал целиот општествено -политички систем од 1944 година до денес, што бил невиден преседан во една демократска и правна држава, поради што Законот имал повратно дејство, што не било допуштено согласно член 52 став 4 од Уставот, според кој законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога е тоа поповолно за граѓаните.

При ова, морало да се има предвид дека согласно член 102 став 2 од Кривичниот законик, правните последици од осудата што се состојат во забрана на стекнување на определени права траат најдолго десет години од денот на издржаната, простената или застарената казна. Потоа, правните последици на осудата не можат да настапуваат автоматски по сила на закон, како што било предвидено со оспорениот закон, туку казнено-правниот однос се исцрпувал на релација на казниво дело и судски изречената казна за неговиот сторител со правосилна судска одлука и натамошни последици од неговото извршување, односно од осудата за тоа дело кои се состојат во ограничување на правата на граѓаните не биле допуштени, освен ако тоа не било изречно утврдено со Уставот, согласно член 54 став 1 од Уставот.
Според член 12 став 3 од Уставот, од лицето повикано, приведено или лишено од слобода не може да се бара изјава.Но, со оспорениот закон, таква или слична изјава се бара од лице кандидат за носител или носител на јавна функција и за работи од јавен интерес и други дејности на правни лица и тоа со законски однапред определен текст (член 2 став 2, член 3 став 2, член 6 и член 40 став 2), a лицето пак кое нема да поднесе изјава до Комисијата за верификација на фактите, се смета дека не ги исполнува условите за вршење на јавна функција, односно за работи од јавен интерес и други дејности на правни лица, со што се повредувале член 8 став 1 алинеите 1, 3 и 5, член 9, членот 11 став 1, член 12 ставовите 1, 2 и 3, член 18, член 22, член 23, член 25, член 32 ставовите 1 и 2, член 51 и член 54 од Уставот.
Според член 52 ставовите 1 и 2 од Уставот, само законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила во „Службен весник на Република Македонија", a не и неподнесувањето на писмена изјава на лицето кандидат за носител на јавна функција, кандидат за работи од јавен интерес и други дејности на правни лица или носител на јавна функција и името, татковото име и презимето на лицето кое соработувало со органите на државната безбедност. Поради тоа со одредбите од член 6 став 3, член 13 и член 16 ставовите 1 и 2 од Законот со кои било пропишано наведеното, претставувале груба повреда на член 8 став 1 алинеја 3, членот 11 став 1, член 18, член 25, член 51 и злоупотреба на член 52 ставовите 1 и 2 од Уставот.
Одредбата од член 15 став 1 од оспорениот закон била спротивна на член 61 став 2 од Уставот, затоа што организацијата и функционирањето на Собранието се уредувале само со Уставот и со Деловникот, a не и со закон, како во случајов кога со овој закон се предвидува Собранието да ги избира членовите на Комисијата за верификација на фактите.

Одредбата од член 18 став 2 од оспорениот закон, според која својството на член на Комисијата не престанува со исполнување на условите за старосна пензија, значела повреда на владеењето на правото од член 8 став 1 алинеја 3 и еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите од член 9 од Уставот, како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Со член 30 од оспорениот закон, со кој обврската за поднесување на писмена изјава до Комисијата се однесува и за адвокатите и за медијаторите, се повредувал член 53 од Уставот, според кој адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Одредбата од член 34 став 3 од оспорениот закон со која се пропишува дека и верските заедници и религиозни групи можат во своите основачки и други внатрешни акти и канони, да предвидат дополнителен услов во смисла на овој закон, за кандидатите за носители или носители на раководни функции и членови на нивни органи, била спротивна на точката 1 од Амандманот VII на Уставот, според кој црквата е одвоена од државата, што значело дека законодавецот не се придржувал кон оваа уставна норма при нормирањето на наведениот законски став.
Во Уставот, исто така, не било предвидено дека со закон може да се определува дополнителен услов за вршење јавна функција и за работи од јавен интерес и други дејности на правни лица, напротив согласно уставната определба за политичкиот плурализам и слободни непосредни и демократски избори, секој граѓанин имал право да учествува во вршењето на јавни функции, без ограничување.

Согласно член 32 ставовите 1 и 2 од Уставот, секој имал право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност и секому, под еднакви услови, му било достапно секое работно место, но овие уставни одредби не биле почитувани при донесувањето на оспорениот закон.

Одземањето на имунитетот на пратениците во Собранието, согласно член 65 од Уставот, го утврдувало Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, поради што определбата во оспорениот закон дека Комисијата за верификација на фактите ја има таа надлежност, била противуставна. Исто така, и за одземање на имунитетот на претседателот на Републиката, согласно член 83 од Уставот, одлучувал Уставниот суд на Република Македонија со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии, поради што определбата во оспорениот закон за таквото право на Комисијата за верификација на фактите, била противуставна.

Според член 89 став 3 од Уставот, претседателот на Владата и министрите уживале имунитет и за нивниот имунитет одлучувала Владата, a не Комисијата за верификација на фактите, како што било предвидено со оспорениот закон. Во иста насока се укажува дека биле противуставни одредбите од оспорениот закон според кои Комисијата за верификација на фактите одлучувала и за имунитетот на членовите на Републичкиот судски совет, за јавниот обвинител и за судиите на Уставниот суд, наместо Собранието, односно Уставниот суд, како што било утврдено со членовите 104, 107 и 109 од Уставот.

Условите за разрешување на судија биле утврдени со член 99 од Уставот, поради што неуставна била одредбата со оспорениот закон со која се пропишувале услови за престанок на функцијата на судија. При одлучувањето по оваа иницијатива се укажува на потребата да се има предвид дека Уставот на Народна Република Македонија донесен на 31 декември 1946 година бил конститутивен акт со кој за прв пат правно е заокружен процесот на создавање на македонска држава. Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федералната држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасните белези и атрибути на држава, несомнено била најзначајната алка во историскиот развој на борбата на македонската современа државност. Според тоа, органите на државната безбедност и нивните соработници, информатори, работеле во согласност со прописите и налозите и потребите на владите, како впрочем и сега.

На крајот, се предлага, до донесување на конечна одлука за поништување на овој закон, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на овој закон, бидејќи со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи политички, историски и правни последици.

5. Судот на седницата утврди дека по поднесувањето на иницијативите, Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2008) е изменет и дополнет со Закон за изменување и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2009).

Законот е систематизиран во седум глави кои опфаќаат вкупно 44 члена.

Првата Глава носи наслов Општи одредби (чл. 1 - 5). Во оваа глава е опфатено основното прашање што го уредува Законот: определувањето на дополнителен услов за лице кандидат за носител на јавна функција или лице носител на јавна функција, дефинирањето на поимот дополнителен услов и начинот на неговото исполнување, како и определување на лицата на кои се однесува дополнителниот услов.

Во Главата втора, со наслов Обврска за поднесување писмена изјава (чл. 6-13), се разработува обврската за поднесување писмена изјава на лицето кандидат за носител на јавна функција или лицето носител на јавна функција, дека не соработувал со органите на државната безбедност во периодот определен со овој закон, се утврдува текстот на изјавата, се утврдува дека Комисијата за верификација на фактите со решение го утврдува неподнесувањето на писмената изјава на лицето кандидат за носител на јавна функција или лицето носител на јавна функција и го објавува во „Службен весник на Република Македонија", се утврдува моментот на настапување на обврската за поднесување на изјавата, како и се утврдува натамошното постапување со решението со кое се утврдува неподнесувањето на писмената изјава на лицето кандидат за носител на јавна функција или лицето носител на јавна функција, во смисла дека истото се доставува до органот или телото надлежно за кандидирање или конкурирање, односно до органот или телото надлежно за покренување постапка за разрешување.

Во Главата трета со наслов Комисија за верификација на фактите (чл. 14 - 23) се утврдува основањето на Комисијата, како самостоен и независен орган кој ја води постапката на утврдување на фактите од изјавата на лицата опфатени со овој закон, се определува составот на Комисијата, постапката за избор на членови во Комисијата, начинот на работа на Комисијата, се утврдуваат надлежностите на Комисијата.

Во Главата четврта со наслов Постапка за верификација на фактите (чл. 24-29) се утврдува начинот на работа на Комисијата и се утврдува правото во судска постапка да се утврди вистинитоста на писмената изјава.

Bo Главата петта со наслов Дополнителен услов за работи од јавен интерес и други дејности на правни лица (чл. 30 - 35), се утврдува дека обврската за поднесување изјава се однесува и на основачи и вработени во трговско радиодифузно друштво и непрофитна радиодифузна установа кои имаат дозвола за вршење радиодифузна дејност и основачи и вработени во друштва од областа на печатот, адвокат, адвокатско друштво и медијатор, како и се утврдува моментот на настанување на оваа обврска. Исто така, се утврдува дека дополнителен услов, во смисла на овој закон, може да се предвиди и за членовите на МАНУ, за основачите на високообразовните установи, за лицата избрани во наставно-научни, научни, наставни, соработнички и стручни звања во државни и високообразовни установи. Ваков дополнителен услов за своите членови, во своите интерни акти, можат да предвидат и политичките партии, здруженија на граѓани и фондации, верски заедници и религиозни групи.

Во Главата шеста со наслов Казнени одредби (чл. 36-38) се предвидуваат казнени одредби за лицата кои ќе извршат прикривање, замена, бришење, додавање, уништување или неовластено објавување на податоци поврзани со работата на лицата со органите на државната безбедност, како и за лицата кои ќе дадат лажна заверена писмена изјава.

Во Главата седма со наслов Преодни и завршни одредби (чл. 39 - 42) се утврдуваат роковите за избор на генерален секретар на Комисијата за верификација на фактите, за формирање на Секретаријатот како стручна служба на Комисијата која ќе ги врши стручните, административните и техничките работи на Комисијата, за избор на членовите на Комисијата, за обезбедување на основни материјално -технички и просторни услови за почеток на работа на Комисијата. Исто така, се утврдува дека Законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија" и дека ќе се применува десет години од денот на изборот на составот на Комисијата за верификација на фактите.

Судот, исто така, утврди дека според член 5 став 1 точка 7 од Законот, како лица опфатени со овој закон се сметаат и судија на Уставниот суд на Република Македонија, судија на Врховниот суд на Република Македонија, апелациони судови, Управен суд и основни судови, член на Судскиот совет на Република Македонија, Јавниот обвинител на Република Македонија, јавните обвинители и член на Советот на јавни обвинители;

Според член 10 став 3 на овој закон, неисполнувањето на услов за вршење на јавна функција поради неподнесување изјава, на претседател на Републиката и на пратеник во Собранието, Комисијата го утврдува со решение кое е должна веднаш, a најдоцна во рок од три дена, да го достави до Собранието на Република Македонија.

6. Уставот на Република Македонија е донесен на 17 ноември 1991 година („Службен весник на Република Македонија“ број 52/1991), Амандманите I и II („Службен весник на Република Македонија“ број 1/1992), Амандманот III („Службен весник на Република Македонија“ број 31/1998), Амандманите IV до XVIII („Службен весник на Република Македонија“ број 91/2001), Амандманот XIX („Службен весник на Република Македонија“ број 84/2003) и Амандманите XX до XXX („Службен весник на Република Македонија“ број 107/2005).

Според преамбулата на Уставот, граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите претци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку свите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори, го донесоа овој устав.

Согласно член 8 став 1 алинеите 1, 3 и 4 од Уставот, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, претставуваат темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно член 9 од Уставот, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Според член 23 од Уставот, секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, a сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Собранието на Република Македонија, согласно своите надлежности утврдени во член 68 од Уставот, со закон ги уредува областите во општествениот живот. Во таа смисла, Собранието го има донесено Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, со кој се определува дополнителен услов за лице кандидат за носител или носител на јавна функција, изборна или во државна и јавна служба или во јавна дејност или друго јавно овластување и за други работи од јавен интерес и дејности на правни лица; се уредува основањето и надлежноста на Комисијата за верификација на факти и се уредува постапката за верификација на факти пред Комисијата и судот за утврдување несоработка со органите на државната безбедност и правните последици од таквата соработка.

Со донесувањето на овој закон, според образложението на Предлог-законот, Република Македонија се приклучи кон земјите од Централна и Источна Европа, како и кон земјите од соседството, кои јасно се дистанцираат од злосторствата направени во тоталитарните комунистички режими, со донесување и спроведување закони за лустрација, како мерка која даде огромни резултати за развојот на демократијата, демократските институции, владеењето на правото и заштитата на слободите и правата на граѓаните обезбедувајќи услови за брз влез во НАТО и Европската Унија.

Тргнувајќи од фактот дека уставна надлежност на законодавната власт е вршењето на законодавната функција, Судот оцени дека законодавецот имал уставна основа со закон да уреди одредено прашање од сферата на општественото живеење, за кое оценил дека е потребно и оправдано да се уреди посебно, односно да утврди нормативни претпоставки за тоа извршителите на прекршувањата на човековите права во претходниот политички систем, да не бидат носители на јавни функции во сосема друг, демократски систем, во која смисла и го донел оспорениот закон.

При оценувањето на уставноста на оспорениот закон, меѓутоа, пред Судот се наметна прашањето за уставната оправданост на временскиот опфат на Законот, конкретно, на опфаќањето на периодот по 1991 година, кога е донесен актуелниот Устав на Република Македонија со кој се дадени основите за изградба на демократско општество во кое владеењето на правото и заштитата на човековите права и граѓански слободи се издигнати на ниво на темелни вредности на уставниот поредок. Имено, се поставува прашањето која е оправданоста лустрацијата, освен да ги опфати поединците кои ги кршеле или ограничувале основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини, заради остварување на материјална корист или погодности при вработување или напредување во службата во претходниот општествено-политички систем, кој се засновал на еднопартиско владеење и правен систем кој овозможувал жртвите да не можеле да ги остварат своите права, а извршителите да не можеле да бидат соодветно казнети, да се протега и на периодот кога е изграден демократски систем врз основа на поделба на власта, кој во својата основа ги има вградено заштитата на човековите права и слободи, како темелна вредност на уставниот поредок, врз која основа се изградени нормативни правила и институции за заштита на поединечните човекови права и слободи. Дали опфатот и на овој период со Законот не значи негирање на вредностите и институциите изградени во Република Македонија во согласност со актуелниот Устав и доведување под сомнение на функционирањето на правниот систем, односно владеењето на правото, како темелна вредност на сегашниот општествено политички систем.

Ако лустрацијата значи процес на справување со минатото, со цел да се одбележат и отстранат можностите за натамошно кршење на човековите права во актуелниот општествено политички систем, тоа практично значи дека треба да се однесува на периодот кога лицата имале можност да ги кршат човековите права и да ги злоупотребуваат за лични цели, без за тоа да постојат изградени уставни и законски можности за нивно санкционирање, што пак од друга страна упатува дека лустрацијата не би требало да се однесува на периодот кога државата изградила поинаков општествено политички систем, кој за основа ги има човековите права и нивната заштита.

Притоа, Судот имаше предвид дека во Република Македонија е донесен Закон за постапување со досиеја за лица водени од службата за државна безбедност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/2000), кој согласно член 21 од истиот закон, ќе се применува една година од денот на влегувањето во сила, односно до 13 јули 2001 година. Тоа значи дека наведениот закон, чија содржина несомнено е поврзана со прашањето на лустрацијата, е исцрпен во примената.

Тргнувајќи од сфаќањето дека актуелниот Устав на Република Македонија треба да биде основата во однос на која ќе се врши лустрацијата на поединците кои се опфатени со Законот, односно дека со лустрацијата треба да се заштитат вредностите што ги утврдува овој устав, пред Судот основано се наметна прашањето дали определбата во Законот, лустрацијата да се однесува и на периодот по 1991 година, кога е донесен овој устав, до донесувањето на Законот, во суштина не води кон негирање на вредностите и институциите изградени во Република Македонија во согласност со овој устав, што може да води до повреда на начелото на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок. Имено, принципот на владеењето на правото во демократските општества налага кршењето на човековите права да се санкционира во рамките на релативно траен правен систем, а не со мерки од повремен и темпорален карактер, како што во дадените историски околности е оспорениот закон.

Поради тоа, пред Судот се постави прашањето за согласноста на член 2 став 1 во делот: „до денот на влегување во сила на овој закон“ со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

7. Според Судот, решението од член 8 од Законот, за објавување во „Службен весник на Република Македонија“ на имињата на лицата кои не поднеле изјава, и тоа по службена должност на Комисијата, без расправа, претставува повреда на достоинството, моралниот и личниот интегритет на граѓанинот заштитени со член 11 и член 25 од Уставот. Имено, тргнувајќи од содржината на наведените членови на Уставот, истите ја истакнуваат вредноста и неприкосновеноста на човековата личност како основа и смисла на гарантирањето на човековите права. Човечкото достоинство, во таа смисла, не е само едно од субјективните човекови права што изречно се препознава во Уставот, туку и темелна вредност на демократското општество што ужива универзална заштита. Од друга страна, решението во Законот според кое самото неподнесување на изјава од лицето кандидат за одредена функција или носител на одредена функција, без утврдување на причините за неподнесување на изјавата и без претходно спроведена постапка за утврдување на фактите околу неговата соработка со тајните служби, значи непроверено, паушално јавно жигосување на лицето како истото да било таен соработник или информатор, односно наредбодател или корисник на информациите со кои се кршени или ограничувани основните слободи и права на граѓаните од идеолошко-политички причини и од која соработка е остварена лична или материјална корист, што според Судот не е дозволено, затоа што ја надминува оправданоста на пропишувањето на посебниот услов за вршење на јавна дејност и значи непочитување на моралниот интегритет и достоинството на граѓанинот. Судот оцени дека јавното објавување на имињата на лицата кои нема да ја поднесат бараната изјава има карактер на санкција која може да има последица во сите сфери на нивното живеење, a не само забрана за вршење на јавна функција, што е целта на Законот, поради што, пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на 8 од Законот со член 11 и член 25 од Уставот.

8. Според Судот, и решението во член 13 од Законот, според кое Комисијата, веднаш по завршувањето на постапката за верификација на фактите, односно по правосилноста на постапката пред надлежен суд, го објавува името, татковото име и презиме на лицето кое соработувало со органите на државната безбедност во „Службен весник на Република Македонија", претставува непропорционално решение кое ја надминува оправданоста на пропишувањето на посебниот услов за вршење на јавна дејност и води кон непочитување на моралниот интегритет и достоинството на граѓанинот. Имено, целта на пропишувањето на дополнителниот услов за вршење на јавна функција е оневозможување на лицата кои ги кршеле човековите слободи и права да бидат носители на демократскиот развој на државата како носители на јавни функции, што според Судот, се постигнува со утврдување на фактите и известување за истите на надлежните органи кои ја спроведуваат постапката за избор и именување на лицата, односно до органите надлежни за разрешување на лицата од одредени функции. Оттука, објавувањето на податоците за лицата за кои ќе се утврди дека биле тајни соработници, наредбодатели или корисници на информациите во јавно гласило, претставува форма на јавно жигосување на истите, што има карактер на санкција која може да има последица во сите сфери на нивното живеење, a не само забрана за вршење на јавна функција, што е целта на Законот. Поради тоа, Судот оцени дека и ова законско решение може основано да се доведе под сомнение во однос на неговата согласност со член 11 и член 25 од Уставот.

[font=Arial]9. Во однос на прашањето дали пропишувањето можност обврската за давање изјава, односно дополнителниот услов за вршење на јавна функција да се однесува и за лицата кои вршат партиски функции во политички партии, членуваат во здруженија на граѓани и фондации и во верски заедници и религиозни групи, значи инволвирање на државата во нивното работење, со што се надминуваат уставните гаранции на слобода на граѓаните на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања, односно значи нарушување на уставната определба за одвоеноста на црквата, верските заедници и религиозни групи од државата, Судот ја имаше предвид определбата во член 34 ставовите 1 и 2 од Законот според која дополнителен услов во смисла на овој закон, можат во своите акти да предвидат и политичките партии, здруженија на граѓани и фондации, за кандидатите за носители или за носителите на нивни раководни функции, и покрај тоа што Законот не утврдува задолжителност за пропишување на дополнителен услов за наведените функции, туку тоа го остава како слободен избор на наведените субјекти. Според Судот, тоа во суштина значи мешање на државата во работењето на политичките партии, здруженијата на граѓани и фондациите, односно повреда на слободата на здружувањето гарантирана со член 20 од Уставот. Имено, оваа уставна одредба значи дека Уставот им гарантира на граѓаните слобода на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и дру
(This post was last modified: 14-12-2017, 05:43 PM by ЈорданПетровски.)
30-11-2017, 03:59 AM
Reply