Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:25.02.2014, 15:22
ПОНИШТЕНО РЕШЕНИЕТО НА БАБАНОВСКИ ДЕКА Е КОДОШ

[Image: 87AF55F3333C534BA4E5FB6EC37B6E3C.jpg]

Поранешниот началник во Службата за безбедност, Иван Бабановски ја доби правната битка со Комисијатата за лустрација пред Управниот суд која го прогласи за кодош. Управниот суд во совет составен од судиите Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, на седницата одржана на 30 јануари оваа година, ја уважил жалбата на Бабановски на оспореното решение на Комисијата за верификација на факти и го поништила. Но, од Управниот суд денеска не можеа да ни ја потврдат веста.

Советот на судиите, како што се дознава, утврдил дека Комисијата не можела да образложи од кои мотиви се водела при утврдување на фактите преку собирање, истражување, анализа и оценка на документите кои содржат информации за активностите на тужителот во согласност со член 4 став 1 од Законот за определување на услов за вршење јавна функција.

Бабановски во изјавата за нашиот весник вели дека пресудата е доказ дека никогаш не ја изгубил вербата во интегритетот на вистинските професионалци.

„Верувам дека Република Македонија има човечки капацитети да се избори со сите проблеми и да ги совлада сите предизвици на патот кон поубаво утре. Партиските војници се најголемото зло што можеше да ја снајде мојата држава и со тоа зло ќе мораме енергично и дефинитивно да се справиме “, вели Бабановски.

Тој во регистратот на лустрирани лица е заведен под бројот 38. Комисијата за лустрација донесе решение дека не ги исполнува условите за јавна функција на 6 декември 2012. На јавната седница организирана по повод првиот случај на лустрација против поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, тој се појави како сведок на тужителот, кој од стручен аспект како поранешен шеф на службата за прислушување во СДБ објаснуваше што треба да содржи едно соработничко досие. (Г.Д.)


Овие судијки можеа само едно правно решение да донесат, кое само ја усложнува ситуацијата во МК за правото и правдата, а во исто време паметните да ја видат целата апсурдност на ситуацијата во кои живеат Македонците.
Секој судија би ја укинал одлуката на комисијата затоа што е неправна, не е донесена во суд, затоа и мислам дека е жалбата поднесена во управниот а не во уставниот суд.
Им се дава можност на сите лустрирани процедурално да излезат чисти и пред законите и пред историјата.

Одлуката ја нема на официјалната страна на управниот суд.


‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
25-02-2014, 11:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(25-02-2014, 11:47 PM)montehristo Wrote:
Quote:25.02.2014, 15:22
ПОНИШТЕНО РЕШЕНИЕТО НА БАБАНОВСКИ ДЕКА Е КОДОШ

[Image: 87AF55F3333C534BA4E5FB6EC37B6E3C.jpg]

Поранешниот началник во Службата за безбедност, Иван Бабановски ја доби правната битка со Комисијатата за лустрација пред Управниот суд која го прогласи за кодош. Управниот суд во совет составен од судиите Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, на седницата одржана на 30 јануари оваа година, ја уважил жалбата на Бабановски на оспореното решение на Комисијата за верификација на факти и го поништила. Но, од Управниот суд денеска не можеа да ни ја потврдат веста.

Советот на судиите, како што се дознава, утврдил дека Комисијата не можела да образложи од кои мотиви се водела при утврдување на фактите преку собирање, истражување, анализа и оценка на документите кои содржат информации за активностите на тужителот во согласност со член 4 став 1 од Законот за определување на услов за вршење јавна функција.

Бабановски во изјавата за нашиот весник вели дека пресудата е доказ дека никогаш не ја изгубил вербата во интегритетот на вистинските професионалци.

„Верувам дека Република Македонија има човечки капацитети да се избори со сите проблеми и да ги совлада сите предизвици на патот кон поубаво утре. Партиските војници се најголемото зло што можеше да ја снајде мојата држава и со тоа зло ќе мораме енергично и дефинитивно да се справиме “, вели Бабановски.

Тој во регистратот на лустрирани лица е заведен под бројот 38. Комисијата за лустрација донесе решение дека не ги исполнува условите за јавна функција на 6 декември 2012. На јавната седница организирана по повод првиот случај на лустрација против поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, тој се појави како сведок на тужителот, кој од стручен аспект како поранешен шеф на службата за прислушување во СДБ објаснуваше што треба да содржи едно соработничко досие. (Г.Д.)


Овие судијки можеа само едно правно решение да донесат, кое само ја усложнува ситуацијата во МК за правото и правдата, а во исто време паметните да ја видат целата апсурдност на ситуацијата во кои живеат Македонците.
Секој судија би ја укинал одлуката на комисијата затоа што е неправна, не е донесена во суд, затоа и мислам дека е жалбата поднесена во управниот а не во уставниот суд.
Им се дава можност на сите лустрирани процедурално да излезат чисти и пред законите и пред историјата.

Одлуката ја нема на официјалната страна на управниот суд.



Конечно падна и последната маска на Груевски, неговата лага дека ке спроведе лустрација.
Бабановски неможе да биде невин, тој ако лустрацијата се одвиваше во институцииите, поточ!но во суд ке беше осуден.
Еве дека доказ дека учествувал во НЕУСТАВЕН прогон:


[Image: 16ii2ig.jpg]


Дане Поповски е еден од четворицата основачи на ВМРО ПРАВДА, двапати осудуван на затворски казни за идејата за Обединета, Самостојна и Демократска Македонија, поточно за идеите на ВМРО.
26-02-2014, 01:02 AM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27

(26-02-2014, 01:02 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(25-02-2014, 11:47 PM)montehristo Wrote:
Quote:25.02.2014, 15:22
ПОНИШТЕНО РЕШЕНИЕТО НА БАБАНОВСКИ ДЕКА Е КОДОШ

[Image: 87AF55F3333C534BA4E5FB6EC37B6E3C.jpg]

Поранешниот началник во Службата за безбедност, Иван Бабановски ја доби правната битка со Комисијатата за лустрација пред Управниот суд која го прогласи за кодош. Управниот суд во совет составен од судиите Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска, на седницата одржана на 30 јануари оваа година, ја уважил жалбата на Бабановски на оспореното решение на Комисијата за верификација на факти и го поништила. Но, од Управниот суд денеска не можеа да ни ја потврдат веста.

Советот на судиите, како што се дознава, утврдил дека Комисијата не можела да образложи од кои мотиви се водела при утврдување на фактите преку собирање, истражување, анализа и оценка на документите кои содржат информации за активностите на тужителот во согласност со член 4 став 1 од Законот за определување на услов за вршење јавна функција.

Бабановски во изјавата за нашиот весник вели дека пресудата е доказ дека никогаш не ја изгубил вербата во интегритетот на вистинските професионалци.

„Верувам дека Република Македонија има човечки капацитети да се избори со сите проблеми и да ги совлада сите предизвици на патот кон поубаво утре. Партиските војници се најголемото зло што можеше да ја снајде мојата држава и со тоа зло ќе мораме енергично и дефинитивно да се справиме “, вели Бабановски.

Тој во регистратот на лустрирани лица е заведен под бројот 38. Комисијата за лустрација донесе решение дека не ги исполнува условите за јавна функција на 6 декември 2012. На јавната седница организирана по повод првиот случај на лустрација против поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, тој се појави како сведок на тужителот, кој од стручен аспект како поранешен шеф на службата за прислушување во СДБ објаснуваше што треба да содржи едно соработничко досие. (Г.Д.)


Овие судијки можеа само едно правно решение да донесат, кое само ја усложнува ситуацијата во МК за правото и правдата, а во исто време паметните да ја видат целата апсурдност на ситуацијата во кои живеат Македонците.
Секој судија би ја укинал одлуката на комисијата затоа што е неправна, не е донесена во суд, затоа и мислам дека е жалбата поднесена во управниот а не во уставниот суд.
Им се дава можност на сите лустрирани процедурално да излезат чисти и пред законите и пред историјата.

Одлуката ја нема на официјалната страна на управниот суд.



Конечно падна и последната маска на Груевски, неговата лага дека ке спроведе лустрација.
Бабановски неможе да биде невин, тој ако лустрацијата се одвиваше во институцииите, поточ!но во суд ке беше осуден.
Еве дека доказ дека учествувал во НЕУСТАВЕН прогон:


[Image: 16ii2ig.jpg]


Дане Поповски е еден од четворицата основачи на ВМРО ПРАВДА, двапати осудуван на затворски казни за идејата за Обединета, Самостојна и Демократска Македонија, поточно за идеите на ВМРО.
Dushko trajkovski ima li nekoj negova biografija
27-02-2014, 11:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: 1424y6e.jpg]


Комисијата за лустрација го повлекува рершението за лустрирање на Богоевскии.
Дали оваа постака на комисијата не е признание дека Груевски со законот кој го донесе сакаше само да купи малкуи време. Признание дека од лустрацикјата нема ништо, односно дека Груевски е тој кој по секоја цена сака да го заштити комунистичкиот злостор.
07-03-2014, 05:20 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
07-03-2014, 07:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Лустрација: Мотиви, контроверзи, апсурди (1)



[Image: %d0%94%d1%83%d1%88%d0%b0%d0%bd%d0%91%d0%...%d0%b2.jpg]
Душан Бојчев

12 јануари 2015

Самиот назив на македонскиот закон со кој се „определува дополнителен услов за вршење јавна функција” е неуставен и претставува ограничување и/или кршење на уставно загарантираното право од член 23 од Уставот на Република Македонија според кој “секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции”.

Во Република Македонија не се ретки случаите на донесување недоволно промислени, правно полуписмени, делумно или селективно спроведливи закони, кои најчесто се дискриминаторски и неуставни, а понекогаш сосема апсурдни и штетни. Еден од таквите закони е оној со кој законодавецот определува дополнителен услов за вршење јавна функција, во јавноста познат како Закон за лустрација. Фактот што спроведувањето на овој закон постојано предизвикува спротивставени мислења и контроверзи воопшто не изненадува, но просто зачудува податокот дека законот е консензуално донесен и покрај сериозните забелешки, укажувања и резерви, искажани од поедини интелектуалци во поглед на специфичните македонски тешкотии за неспроведливост на законот, како и на штетноста од негово донесување и селективно спроведување. Сепак, најзапрепастувачки е фактот што законот е сеуште во сила и не е укинат од Уставниот суд како неуставен, односно противуставен. Имено, самиот назив на законот со кој се “определува дополнителен услов за вршење јавна функција” е неуставен и претставува ограничување и/или кршење на уставно загарантираното право од член 23 од Уставот на Република Македонија според кој “секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции”. Ако професионалната разноликост на законодавниот дом може да се земе како олеснителна околност, но не и оправдување, за изгласување на неуставен закон, за стручните државни органи воопшто не би смеело да има дилеми, па ни оправдувања, за продолжителен молк и непостапување, во поглед на тоа дека со закон не може да се ограничува или доведува во прашање некое загарантирано право со устав.

Мотивите за донесување на Законот за лустрација во Македонија после 18 транзициски години воопшто не се јасни. Ниту пак се јавно изнесени од иницијаторите и/или авторите на законот. Со овој и ваков закон каков што е, и во постојните околности, попуст е обидот за остварување на каква било задоцнета корективна правда. Инаку, воопшто не се точни поедини тврдења дека донесување и спроведување на закон за лустрација е услов за влез во ЕУ, ниту пак имаат валидна основа мислењата дека законот и лустрацијата се обврска која произлегува од соодветната резолуција на Парламентарното собрание (ПС) на Советот на Европа (СЕ) од 1996 година. Најкратко, според оваа резолуција: со лустрацијата треба да се обезбеди поволен простор за развој на демократијата и да се оневозможи нејзино подривање од високопоставени функционери; целта на лустрацијата не е да се казнуваат функционери од поранешниот режим за претпоставена вина - тоа е задача на обвинителите со користење на казненото право - туку да се заштити штотуку воспоставената демократија. Во резолуцијата на ПС на СЕ не се спомнати скриените геополитички разлози (во збирното значење како повод/и/, мотиве, причини и потреби) за нејзино донесување, а поради перспективната “прекоманда” на бројни источно-европски држави-членки од распаднатиот Варшавски договор во НАТО. Се разбира, без Русија. А се подразбира дека лустрацијата во сите источно-европски земји - кандидатки за членство во НАТО беше извршена од безбедносни разлози со оглед на перспективно новото сојузништво.

Во изминативе две и половина децении лустрацијата се покажа како една од најконтроверзните методи за пресметка со минатото, која е идеолошки и вредносно обоена. Геополитичкиот аспект на лустрацијата, не случајно, сосема се премолчува, но и потиснува. За практичното спроведување на лустрацијата прилично критички се произнеле Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и бројни влади од западната хемисфера, и тоа врз политичка, уставно-правна, морална и практична основа. Сепак, со протек на годините во растечки број земји беа усвоени закони за лустрација, во различни форми, и тоа не само во скоро сите посткомунистички земји и во балтичките републики, туку и надвор од Европа (на пример, во Ирак). Причините за спроведување на законска лустрација се идеолошко-политички и сосема прагматични: како мерка е многу побрза од судските процеси, особено кога се работи за пресметка со кршителите на човековите права во минатото, но, што е можеби поважно, таа е најбрз начин за устоличување на нова политичка елита. А сигурно е најважно, што лустрацијата главно од геополитички разлози се инструментализираше за безбеден премин на бројни источно-европски земји (ИЕЗ) од еден воено-политички блок (некогашниот Варшавски договор) во друг (НАТО), поради што како исклучив императиве во ИЕЗ се наметна лустрација на соработниците на советските или руските служби за безбедност, но и оние, потенцијално сомнителните и недоверливи, кои ја завршиле академијата на КГБ Феликс Џержински.

Иако владеачките структури побиваат селективност и злоупотреба на лустрацијата, сепак е невозможно да се спори фактот дека таа е своевидно поле за меѓусебна пресметка на политичките елити, а не ретко се користи и како средство за оттргнување на вниманието на јавноста од други сериозни прашања и/или проблеми.

Искуствата со лустрацијата во поедини земји се прилично поучни и, се чини, не биле земени предвид при иницирањето и донесувањето на македонскиот закон за лустрација. Затоа е полезно најкондензирано да се укаже на тие странски искуства, пред да се направи осврт врз македонската лустрација и нејзините контроверзи, апсурди, па и заблуди и/или манипулации.

Процесот на лустрација во посткомунистичките држави беше третиран како еден од елементите, односно мерките за декомунизација на општествата. Други елементи на процесот на декомунизација би биле: времена забрана на делување на комунистичка партија; отстранување на симболи на поранешниот комунистички режим; кривично гонење на функционери од поранешниот режим за злосторства и злоупотреби; отворање на тајните досијеа на органите за безбедност; рехабилитација на жртвите на поранешниот режим; реституција, односно враќање на национализиран и/или конфискуван имот; ревизија или донесување на нов устав; радикални политички реформи во сите сфери, посебно во судскиот и образовниот систем, во економско-финансискиот сектор, во полицијата и во одбраната. Исто така, лустрацијата може да се третира и како битен елемент на концептот за т.н. транзициска или корективна правда.

Аргументите на поборниците за лустрација се следниве: неопходно е морално прочистување на општеството по извршените демократски промени; лустрацијата е средство за одвојување на минатото и сегашноста; гаранција против враќање на стариот еднопартиски режим; процес за намалување на злоупотребите на власта и кршењето на човековите права; поранешните функционери и раководни полициски службеници се опасни за демократските процеси, а и подложни се на уцени; со лустрацијата се забрзува консолидацијата на новата демократска власт; се остварува ретрибутивна правда за жртвите.

15.11.2011 година
16-01-2015, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Лустрација: мотиви, контроверзи, апсурди (2)


[Image: %d0%94%d1%83%d1%88%d0%b0%d0%bd%d0%91%d0%...%d0%b2.jpg]
Душан Бојчев
13 јануари 2015|
Со исклучок на лустрацијата во Германија, процесот на донесување закон и спроведување на лустрацијата во сите посткомунистички земји беше следен со бројни контроверзи, оспорувања, па и скандали. Лустрацијата во Германија беше сосема специфична и со јасни мотиви по обединувањето на поранешните две германски држави: реинтегрирање на источниот дел во обединета Германија; унификација на уставниот поредок и правниот систем; декомунизација на поранешната Германска Демократска Република (ГДР); времено спречување на комунистичките раководители и на припадниците на безбедносните служби, особено Штази, да вршат значајни политички и/или јавни функции; значително намалување на државната администрација во некогашната ГДР; прочистување на кадрите во судството/правосудството и во образованието; прочистување на јавните служби и државните установи од соработници/агенти на некогашните советски служби за безбедност.

Слично како лустрацијата во ГДР, и онаа во Чешката Република се квалификува како тврда. И во двата случаи лустрацијата е вршена не врз основа на индивидуална вина и/или одговорност, туку врз оцена за колективна вина и одговорност (припадност на партија и/или безбедносна служба ). Во ГДР со лустрацијата беа опфатени стотици илјади луѓе, меѓу нив и над 90 илјади службеници на Штази и околу 173 илјади нивни соработници. Во Чешката Република околу 10 илјади луѓе ги загубија своите работни места како резултат на лустрацијата. Во чешкиот закон специфично е наведено дека на лустрација подлежат и оние чешки граѓани кои ја завршиле Академијата на КГБ Феликс Џержински. Овој елемент е потребно посебно да се нагласи, бидејќи лустрацијата во сите поранешни членки на Варшавскиот договор и некогашни сојузници на СССР главно се сведуваше на отстранување на соработниците на КГБ од државните органи и служби. Без оглед дали тоа е наведено во законот или не. И тоа е еден од главните мотиви за законско спроведување на лустрацијата во сите сојузнички држави на некогашниот СССР. Затоа и не изненадува податокот дека, на пример, во Полска или во Унгарија биле лустрирани помалку од 500 луѓе, а во останатите поранешни членки на Варшавскиот договор, тој број е уште помал. Во врска со лустрацијата во Унгарија треба да се спомене дека 70% од тајните досијеа беа уништени за време на преговорите за трансфер на власта во 1989 година.

Чешката лустрација е малку поспецифична од останатите случаи. Не само поради т.н. колективен приод во спроведувањето, исто како во Германија (припадност на партија или безбедносна служба), туку поради историското искуство со комунистички преврат и специфичното наведување дека спречување на сличен преврат е еден од мотивите за спроведување на лустрацијата. Иако политичката и интелектуалната елита лустрацијата ја квалификуваше како “експлозија на бомба во септичка јама” (Михник) и како контроверзна мерка од политички, правен и етички аспект, сепак Чесите први донесоа закон за лустрација уште пред раздружувањето на Словачка од Чешката Република, токму поради ризиците од можен преврат и поради прочистување на државните органи и служби од соработници на КГБ. Оценија дека е подобро да се донесе каков било закон, отколку лустрацијата да се спроведува без закон (Хавел). И тоа е суштинската разлика меѓу лустрацијата (како законска мерка) и политичката чистка (спроведувана со акти на извршната власт). Инаку, случајот со поранешниот чешки дисидент Јан Каван е прилично поучителен: тој беше отстранет од парламентот со обвинение за соработка со службите за безбедност, но по петгодишна лична борба за достоинство и чесно име, подоцна стана и чешки министер за надворешни работи.

Иако лустрацијата во секоја земја има свои специфичности (колективен или индивидуален приод, дали се базира врз обвинение или признание, дали е регулирана со посебен закон или низ одредби во закони од други области, дали е временски ограничена или е неопределена, дали се губи работното место или не...), главниот разлог, односно повод, причина и мотив за лустрацијата во најголемиот број посткомунистички земји се сведува на радикално раскрстување со поранешните сојузнички односи во рамките на Варшавскиот договор и блиските и соработнички односи со советските/руските безбедносни служби. Разбирливо е што само во ретки случаи овој разлог се наведува во законските текстови, но понекогаш побитно е она што не се споменува или се прикрива.

Контроверзноста на законски спроведуваната лустрација се огледа во тоа што во сите земји беа оспорувани одредби или цели законски текстови пред националните уставни судови, или, лустрирани поединци поведоа успешни постапки пред Европскиот суд за човекови права.

Со лустрацијата се кршат неколку фундаментални принципи на владеењето на правото, во прв ред принципот на правна сигурност, потоа принципот за еднаквост на граѓаните пред законот, па и принципот за неретроактивна примена на законите. Лустрацијата има јасен дискриминаторски карактер. Законско и легитимно поведение од вчера (минатото), не може денес да биде законски казниво. Што е уште полошо, соработката на граѓани со службите за безбедност никогаш не била законски казнива активност, ниту порано, ниту денес. Принципот nullum crimen, nulla poena sine lege (нема злочин и нема казна ако не е пропишано со закон) денес се подразбира како едно од фундаменталните човекови права. Европската правна традиција бара докажување на вина од обвинител, а не докажување на невиност од осомничен. Лустрацијата претставува кршење на презумцијата на невиност. Во сите посткомунистички земји правото на приватност е уставна категорија. Обелоденување на лични податоци од досијеа, особено што се илегално формирани и со кршење на законот и човековите права, е недозволено и неуставно. Притоа треба да се има предвид тоа што податоците од досијеата не се веродостојни, често фалсификувани, а и делумно уништени. Со други зборови, содржините на досијеата се спорни и сомнителни, а ракувањето со нив од новите власти може да биде уште поспорно и посомнително. Дури и дадена изјава за невиност (според полскиот, унгарскиот, а и македонскиот модел) е еден вид самообвинување и претставува кршење на правото на одбрана. Со спроведување на лустрација се промовираат тоталитарни, а не демократски принципи. Поради сето наведено, ако Хавеловата мисла “полоши од комунистите се само антикомунистите”, соодветно се примени во областа на лустрацијата, тогаш би испаднало дека полоши од лустрираните се само лустраторите. И тоа не е далеку од вистината ако сериозно се свати предупредувањето на Адам Михник: “апсурдно е нечија подобност за вршење јавна функција да се утврдува според досијеата на тајните служби и тоа да биде водечки критериум”. Ако овај апсурд логички се изведе до својот бескрајно-апсурден крај, тогаш би следел заклучок дека најдобри лустратори би биле авторите на досијеата, односно такви луѓе кои се полоши од лустрираните.


15.11.2011 година
16-01-2015, 12:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Лустрација: Мотиви, контроверзи, апсурди (3)


[Image: %d0%94%d1%83%d1%88%d0%b0%d0%bd%d0%91%d0%...%d0%b2.jpg]
Душан Бојчев
14 јануари 2015

Дали со лустрацијата е отворен простор за развој и унапредување на демократијата, како што предвидува споменатата резолуција на ПС на СЕ од 1996 година?

Генерален одговор на ова прашање не е можен, туку треба да се даде поединечен одговор за секоја земја, или барем за групи земји. Ако се има предвид распадот на комунизмот и на Варшавскиот договор, како и последователната идеолошка и геополитичка преориентација на поранешните сојузнички држави на некогашниот СССР, тогаш спроведената лустрација во нив, во смисла на отстранување на соработниците на советските/руските безбедносни служби од раководни и/или јавни функции во сопствените земји, може да се третира како успешна. И покрај многу ограничените дострели во остварување на т.н. концепт за транзициска или корективна правда и вистинското прочистување на општествата од кршителите на човекови права во минатото.

Во поранешните советски, а денес независни прибалтички републики, лустрацијата треба да се посматра исклучиво од идеолошки и геополитички ракурс. Таму не само што не беше можно елементарно спроведување на вистинска лустрација (сите тајни досијеа беа претходно пренесени во Москва, а беа оставени компромитирачки списоци, без назнака дали лицата се соработници или жртви), туку во некои од нив, како на пример во Естонија, каква-таква лустрација беше спроведена преку изборниот закон, со кој од изборно право беа лишени неЕстонците, односно Русите.

Исто како во прибалтичките републики, и во земјите од т.н. западен Балкан воопшто не е јасно дали лустрацијата е проблематика од областа на човековите права, или пак е тоа чисто правно прашање сврзано со нелегални акти на поранешниот еднопартиски режим, или е тоа практично-политичко прашање кое овозможува меѓупартиска пресметка, односно пресметка на власта со опонентите.

За Македонија би требало да биде поучен примерот на лустрација во Словенија. Таму не беше донесен посебен закон, туку таканаречената тивка лустрација беше спроведена преку законот за судство, чии одредби предвидуваа да не се реизбира судија по истекот на мандатот, до колку во минатото учествувал во кршење на човековите права или ја злоупотребувал функцијата за напредување во кариерата. Идеја-водилка на секогаш рационалните Словенци и овојпат беше: државата е мала и не може да се лишува од полезноста и ангажирањето на ниту еден свој граѓанин.

Во 2003 година во Србија беше донесен посебен закон за кршење на човековите права во минатото, но воопшто не е отворен процесот на лустрација и законот не се спроведува. Во Хрватска е извршена незаконска т.н. дива лустрација, или подобро речено - чистка, во правосуството во првите пет години од независноста. Таму, исто како и во Босна и Херце-говина и во Црна Гора, законска лустрација не е спроведена поради околноста што грото релевантни досијеа останаа во Белград, во архивите на некогашните сојузни служби за безбедност.

Во Албанија лустрацијата не е отворена, и покрај иницијативите и донесените законски проекти кои од Уставниот суд на Албанија беа оценети како противуставни. И бројни западни експерти сметаа(т) дека во некогаш изолираната Албанија не е потребна задоцнета лустрација.

Ако се исклучат идеолошко-политичките и геополитичките мотиви за лустрацијата, нејзиниот многу ограничен дострел/успех во смисла на остварување на т.н. транзициска или корективна правда се должи на бројни фактори и околности. Накратко, без оглед на моделот на спроведената лустрација, еве ги основните: масовност на лицата за лустрација (на пример, во архивите на романското Секуритате имало преку 1,5 милиони досијеа на соработници и информатори, или секој вработен во службата имал повеќе од 50 информатори; слични се ситуациите во останатите источно-европски земји - ИЕЗ, па така во Бугарија во 1980-тите имало преку еден милион соработници и информатори на службите за безбедност); преокупираност на новоизбраните демократски власти, па и на јавноста, со животни и економски проблеми, а во некои подрачја и со воени конфликти; сознанието дека не е можно функционирање на државите со масовно исклучување на поранешните функционери; скоро во сите поранешни социјалистички/комунистички држави, под друго име комунистите влегоа во власта; делумниот успех, а во некои земји и одредени злоупотреби на спроведуваната денационализација на недвижен имот; сознанието дека само авторитарна власт може да спроведе успешна/масовна лустрација, како и тоа дека селективна/делумна правда воопшто не е правда; незаконски формирани досијеа, многу од нив фалсификувани или делумно уништени, а во некои случаи сместени во архивите на странски држави; правна проблематичност на законите за лустрација од аспект на владеењето на правото, темелните принципи на либералната демократија и соодветните важечки устави; проблематични процедурални прашања, пред сè, апсурдот да се верува на незаконски формираните досијеа од служби со оспоруван легитимитет и кредибилитет, па и тешкотиите да се одвојат соработниците од жртвите на претходниот режим; се работи за скапа операција која не можат да си ја дозволат мали и сиромашни држави (на пример, во Германија, само за обработка на архивот на Штази во продолжителен период беа ангажирани три илјади стручни лица и беа потрошени над 200 милиони марки); сознанието дека со лустрацијата би се отвориле нови рани, без да се задоволи правдата, и дека подобро би било да се спроведе за иднината побезболен приод - рехабилитација на жртвите.

Ете, тоа се искуствата од процесите на лустрација во други земји, кои, скоро без исклучок, претходеа на подготовките за отворање на процесот на лустрација во Македонија. И што се случи? Подготвен е крајно проблематичен текст на закон кој е консензуално изгласан поради неразбирлив и неоправдан партиски и пратенички опортунизам, па и незнаење. Од стручен аспект во законот се мешаат супи и чорби, воопшто не се прави разлика меѓу општа, јавна и државна безбедност, антитероризам, разузнавање или контраразузнавање, на ист начин се третираат соработници и информатори на разните служби за безбедност. Зарем оној што дознал и информирал за подготовка на терористички акт, казнив и според поранешниот и според сегашниот кривичен законик, треба да биде жигосан како (простете за туѓоупотребуваниот збор без да се знае неговото изворно значење) “кодош“? Или, можеби е потребен обратен приод: оној што знаел, а бил прашан и таел, за планиран и организиран бомбашки напад, на пример, на странски конзулат или новинска редакција, денес да биде третиран како невина жртва на “архитектите на злото”? Според која и чија правна, па и конвенционална логика, некој да докажува сопствена невиност за нешто (соработка со служба за безбедност) што ниту порано ниту денес не било и не е третирано како казниво дело? Па ни прекршочно? Законско и легитимно поведение од вчера (минатото), не може да биде денес законски казниво. Со кој ум како доказен материјал за јавен медиумски отстрел на личности се земаат досијеа кои се од повеќе аспекти сомнителни и неверодостојни, најчесто кривотворени, а не ретко и користољубиво подготвувани од авторите? И без никакво знаење на наводните соработници? Според која логика повеќе се верува на фабрикувани досијеа, а не на поранешни дисиденти кои во досијеата, без нивно знаење и без нивна согласност, се квалификувани како соработници? И наместо одговори на сите горепоставени прашања со апсурден призвук, со оглед на содржината на македонскиот закон за лустрација, доволно би било да се каже дака со него се промовираат тоталитарни, а не демократски принципи. Замислете: имало полоши феномени и од едноумието; тоа се доскорешното малоумие и актуелното безумие!

Од уставно-правен аспект, и овде треба да се нагласи дека Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција во целост е неуставен, а во врска со член 23 од Уставот на Република Македонија. Погоре спомнатите аргументи за кршењето на фундаменталните принципи на владеењето на правото со законски спроведуваната лустрација, во целост се валидни и во македонскиот случај.

Најпосле, да се вратиме на почетокот, на тврдењето дека законот за лустрација е делумно и селективно спроведлив, па според тоа неправеден и неостварлив, но и многу штетен. Зошто? Затоа што не се водела сметка за спроведливоста на законот со оглед на тоа дека значителен дел од архивскиот материал за успешно спроведување на лустрацијата не се наоѓа во Македонија, туку во Белград, во странска држава. А селективна правда не е никаква правда. Тоа е едниот аспект на штетноста на законот. Вториот аспект е што и со овој закон, таков каков што е, се поткопува правната сигурност во земјата. Понатаму, се компромитира пожелна соработка на граѓаните со службите за безбедност. И на крајот, се отвора можност за закани и уцени, па и врбувања на македонски граѓани од странски служби кои располагаат со компромитирачки досијеа за тие граѓани. Случајни ли беа пронајдените фотокопирани досијеа во нечии дворови?

И други работат 24/7. А полициска аксиома е дека само непријателите на народот никогаш не спијат!

15.11.2011 година
16-01-2015, 12:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Лустрација: Македонски заблуди и/или манипулации (4)

[Image: %d0%94%d1%83%d1%88%d0%b0%d0%bd%d0%91%d0%...%d0%b2.jpg]
Душан Бојчев
15 јануари 2015

Процесот на законска, но противуставна, лустрација во Македонија продолжува со благослов и стимул од актуелната власт. Во коренот на овој бесмислен процес се бројни заблуди и/или манипулации за наводното расчистување со минатото и врз нив засновани самонаметнати императиви на власта за пресметка со неистомисленици и (актуелни и евентуални) противници.

Кои се тие заблуди и/или манипулации што ги наметнува власта за остварување на своите (осветнички и/или зли пресметки) и политички цели?

1. Забуда и проѕирна манипулација е дека лустрацијата е задолжителна за сите поранешни комунистички/социјалистички земји. Одговорил ли некој надлежен во Македонија зошто во Советот на Европа е донесена Резолуција бр. 1096 за лустрација дури во 1996 година, а не порано? А како некој надлежен би одговорил кога не си го поставил прашањето?
А одговорот е следниот: Советот на Европа ја изгласа споменатата Резолуција откако беше спроведена (оправданата) лустрација во СР Германија, поради обединувањето и унифицирањето на политичкиот систем, како и спроведувањето на пилотната лустрација во Чешката Република поради искуствата од минатото, пред се, поради расчистување со врските со советските, односно, руските тајни служби. Во основа и во крајна линија, лустрацијата во Чешката Република (но и во сите други држави-членки на некогашниот Варшавски договор освен во политичко-правниот наследник на СССР - Русија) првенствено има геополитички разлози (повод/и/, мотиви, причини и потреби), но и импликации, поради декларираните амбиции да стане членка на дотогаш противничката воено-политичка алијанса - НАТО, со подразбирлива должност за прекин на сите врски и обврски со поранешниот Варшавски договор во кој неколку децении претходно припаѓаше.
Доказ за тоа се одредбите на спроведениот закон за лустрација на Чехословачка, односно на Чешката Република.

2. Целосна заблуда и проѕирна манипулација е дека спроведување на лустрацијата е услов за членство во НАТО. Тотална бесмисла! Аргументација не е потребна, доволен е несоборлив доказ: Хрватска и Албанија (некои други земји - сегашни членки на НАТО се вишок) станаа членки на НАТО, а кај нив да не била извршена (законска или незаконска) лустрација.

3. Истосилна заблуда и манипулација е дека лустрацијата е услов за почеток на преговори или за членство во ЕУ. Аргументација е излишна. Доказ: Хрватска (а во перспектива и некои други западно-балкански земји).

4. Заблуда е дека во сите источно-европски земји е спроведена лустрација. Се прашува ли некој зошто никој не инсистира за лустрација во Руската Федерација? Или: зошто во скоро сите поранешни членки на Варшавскиот договор се лустрирани само оние лица кои имале соработнички однос и врски со бившите советски тајни служби или ја завршиле академијата на КГБ „Феликс Џержински“? Зарем треба да се наведуваат бројки и имиња за лустрираните во Полска, Унгарија, Романија, Бугарија... за да се докаже исправноста и основаноста на ова тврдење? Забележал ли некој во Македонија кој од бугарскато Министерство за надворешни работи бил повлечен од функцијата и зошто? А што му фалеше на Прванов да продолжи да ја врши функцијата бугарски претседател иако имаше (во бугарскиот печат) објавени докази дека бил соработник на службите за безбедност? И што ако тој бил соработник на националната служба за безбедност, но не и соработник на некоја странска служба? А имало такви соработници во сите источно-европски земји, поранешни членки на Варшавскиот договор.
Основен и непобитен заклучок: пројавените амбиции на источно-европските земји, а поранешни членки на Варшавскиот договор, да станат членки на (порано противничкиот) НАТО, наметна императив од обелоденување (и расчистување) со поранешните соработници со советските служби и со оние што завршиле академија на КГБ.

5. Ноторна заблуда и/или манипулација е дека со лустрацијата се расчистува со комунистичкото минато и се отвора (широк?) пат за демократски процеси. Во која посткомунистичка или постсоцијалистичка земја е забранета некоја комунистичка партија (КП), ако таа е некакво демократско и/или идеолошко зло? Дали е тоа направено во Република Македонија? Имало ли и има ли забрана за кандидати на КП, или, поинаку иманувани политички и идеолошки опции, да учествуваат на избори? Има ли пример за тоа? Било каде?

6. Заблуда и/или тотална манипулација е (често сервираната информација) дека во сите посткомунистички земји е извршена (и завршена) лустрацијата. Нормално, аргумент за оваа манипулација нема, но на претек се доказите со спротивна насоченост и значење: лустрацијата не е ниту започната (во прибалтичките и повеќето балкански земји), а во тие источно-европски земји во кои е некако спроведена, тоа е сторено од геополитички разлози.

7. Заблуда е дека лустрацијата е можна во Република Македонија, кога грото документација се наоѓа во (сега) друга држава.

8. Заблуда (и врвен апсурд) е да се лустрира врз архивски материјали кои потекнуваат од веќе „осуден“ орган со идеолошки предзнак и печат.

9 Казнива е манипулацијата, без оглед дали таа се заснова на заблуда, да се врши и спроведува лустрација врз основа на неуставни правни акти. Треба ли да се повторува аргументацијата дека самиот наслов на т.н. закон за лустрација е неуставен, бидејќи е спротивен и се коси со членот 23 од Уставот на Република Македонија во кој се вели: секој граѓанин на Република Македонија има право на вршење јавна функција. Во која било држава, па макар се декларирала како автократска, не е можно со закон да се ограничува право кое е со устав утврдено. За ова прашање Уставниот суд на РМ се покажува дека е немоќен. Целокупната правничка фела на Македонија е на потег, аналогно на една американска пословица која за македонски прилики гласи: кризата на македонскиот правен систем не е ништо друго освен криза на македонските правници и нивните ставови.

За државата не би било добро да се продолжи со двоцифрен број на заблуди, иако бројот на манипулации веќе одамна е двоцифрен. И лошо ќе биде ако се продолжи со лустрацијата. Таа е еден битен одраз на нашето општество во постојното (од актуелниот режим) скршено огледало - од политички, (без)правен, (не)етички, (не)хуман..., временски, глобален, европски и балкански просторен аспект. Токму поради тоа неодамна го отворив процесот на самопредлагање за лустрација. Апсурдот се потврдува како апсолутен апсурд само кога се тера до својот апсурден крај.

април 2013 година
16-01-2015, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: ПИСМО ДО ЛУСТРАЦИСКА Се самопријавувам за лустрација, со гордост


04 јануари 2015
Огромна чест ми е доброволно и со задоволство да се самопријавам за лустрирање, под полна свест и со чиста совест. И со гордост.
Во согласност со одредбите на (и обврската од) првично донесениот закон, во законскиот рок предадов изјава дека не сум бил соработник на службите за безбедност во некогашната СФРЈ, што во време на заверката кај нотар таа и таквата изјава беше сосема точна и претставуваше гола вистина. Меѓутоа, од текстот на подоцнежната верзија на т.н. закон за лустрација, заклучувам дека порано дадената моја изјава го претставува само левиот профил на мојата личност, додека мојот профил од десната страна неспорно открива дека порано сум бил чинител во безбедносните служби на некогашна СФРЈ, а во поново време, сосема свесно, совесно и одговорно, а по службена должност, сум соработувал со службите за безбедност на Републикава. Поновата фаза на самиот процес на спроведување на лустрацијата во Македонија од адресатот, силно ме инспирира на самопрочистување и самопросветлување, па затоа решив да се самопријавам за законски спроведено лустрирање на мојата двопрофилна личност. Повторувам, со гордост тоа го правам, оти горд е само слободен човек, физички и духовно.

За моја среќа, јас сум се уште жив, а за потполно уживање на таа среќа ценам дека ми недостига лустрирање. И тоа официјално, иако лично одамна сум лустриран. И од се срце би сакал тоа да се случи, додека сум жив, од бројни причини.

Прво, сега како пензионер, со станарите во колективната зграда во која со семејството живеам прават своевиден заговор и имаат (тајна) намера да ме предложат за функционер, односно за претседател на здружението на станари. Јас не би сакал да прифатам такво нешто, па само како лустриран би имал силен и несоборлив аргумент дека не сум подобен за функцијата што имаат намера да ми ја наметнат. Исто така, располагам со доверлив податок од поуздани и недоволно зауздани извори од актуелно релевантните политички фактори дека некои невладини, па и парадржавни здруженија и организации имаат слични намери, буквално, да ме уценуваат за прифаќање на некакво си функционерско место во нивните високи ешалони на граѓанска моќ, а со цел да се затскриваат зад моето име и мојата личност во вршењето на нивните антидржавни и антинародни дејанија. Воопшто не би сакал да се соочувам со дилемата за прифаќање или одбивање на такво нешто. Затоа, со гордост, високо простум исправен, совреме барам да бидам лустриран. Не навлегувам во тоа дали тоа ќе го сторите законски, незаконски, неуставно или противуставно. Вие решавате.

Второ, во досегашниот живот, а богами и во целиот работен век и градењето на професионалната кариера, свечено признавам дека сум уништувал (без)бројни животи. Повеќе поколенија на комарци, муви и лебарки би можеле да ме обвинат за стореното злосторство кон нивните претходници. Исто така, свечено признавам дека сум уништил (без)бројни вошки и гниди кои лично не ми причинувале никаква штета и зло, но биле опасност за други. Неколку пати во својот досегашен живот сум давал налози или решавачки согласности за дезинсекција, а богами и дератизација. И тоа свечено го признавам, без трошка срам и со (очно) перде, без каење, но и без извинување до сите глувци и стаорци. Во тајните досијеа на неколку странски држави има несоборлив доказен материјал за сеприсутниот страв на споменатите глувци и стаорци, а богами и на гнидите и молците, од моето досегашно и идно животно загрозувачко делување. И низ земјава роварат бројни загрозени кртови и глувци кои стравуваат од мене, но не смеат да се појават на површината. Сигурно од нешто се плашат, а можеби и од мене. Но јас не можам да се откажам од немилосрдната борба против гореспоменатите штеточинки за природата и општеството, бидејќи таа борба е фамилијарна оставинска обврска, традиционално преземана со завет и заклетва барем десетина колена наназад во минатото. Јас од заветот, борбата и традицијата не можам да се откажам ни по која цена. И затоа барам да бидам лустриран. И да бидеме начисто: фактот што не сум уништувал мравки и пчели во никој случај не би можел да биде олеснителна околност за моите споменати злосторства и уништувања на животи. Па ни фактот што од сето тоа не сум имал материјална корист.

Трето, во целиот свој работен век, па и досегашен живот, секогаш сум делувал врз идеолошка основа. Свечено признавам дека сум се раководел од сопствената идеологија: има Бог благодарејќи на огледалото, со верба во себе да се делува со посветеност, стручност, работливост и исполнителност, со чесност и правичност и почит кон другите, со љубов кон семејството, народот и татковината... Судејќи според текот на лустрацијата само во Македонија, сосема основано се сомневам дека таквата моја идеологија нанесува(ла) душевни болки и сега ги крши човековите права на други лица со поинакви лични идеологии.

Четврто, би ја користел аналогијата од исказ на моите добри пријатели од Битола, на докторот Венко и на Ване, син на покојниот ценет свештеник Богатин, кои секој за себе велат: добро е во рајот - и климата, и исхраната, и воопшто условите се таму подобри, но сепак, би сакал да одам во пеколот; таму друштвото многу повеќе ми одговара. Соодветно, со оглед на досегашната лустрација и списокот на лустрирани, за мене е многу подобро да бидам со време меѓу лустрираните, отколку во иднина, не дај боже, некој да ме предложи да бидам кандидат за член на некаква комисија за лустрација.

Петто и претпоследно, но прилично важно, штом не сум заслужил елементарен човечки гест на внимание од надлежните во Кабинетот на претседателот на Република Македонија по моето минатогодишно пензионирање и повеќедецениското чесно, совесно и професионално служење на оваа држава, чинот на моето (законско или незаконско) лустрирање би го сметал повеќе од одликување, многу повеќе од добиен орден, со оглед на актуелно промовираните лажни принципи, сосема лишени од вредносни критериуми и квалитативни мерила за успеси, заслуги, грешки, пропусти и промашувања. Истовремено, би апелирал до бројни чесни и заслужни слуги на овој народ и на оваа држава, кои се вредни за висока почит и признанија, да се самопријават за лустрирање. Не затоа да не бидам осамен, туку поради се претходно реченото, чинот на законско лустрирање да го прегрнат како највисоко државно одликување.

И на крајот, како неспорен и несоборлив доказ за моето затемнето соработничко и идеолошки прилично помрачено минато со кое сум остварувал своја светла иднина, кариера и сум стигнал до пензионерска благосостојба, со целосно прифаќање на кривична, морална и материјална одговорност се осудувам да тврдам, а поради работната и службена упатеност за соработка со тајните служби, дека во архивите на некои од службите за безбедност на Република Македонија постои обилна документација за мојата соработка со безбедносните служби во последните 20-тина години, а можеби и претходно, па сугерирам да се земе во обзир таа документација при донесување на решението за мое задолжително лустрирање.

Во очекување на позитивна реакција и донесување на сугерираната одлука, со исклучена почит и срдечност,

Душан Бојчев, пензионер
16-01-2015, 02:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Од денеска не важи Законот за лустрација, пратениците едногласно го укинаа



Пратениците денеска го изгласаа предлог законот со кој престанува процесот на лустрација во земјава.

Станува збор за предлот на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување на вршење на јавна функција, пристап до документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност. Истиот го помина првото читање во Собранието, а потоа за него гласаа сите 68 присутни пратеници. Предлог законот беше поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Рафиз Алити и Антонио Милошоски.

Според Илија Димовски, еден од поднесувачите на предлог законот, процесот на лустрација траел сосема доволно за да се исполнеле очекувањата и да се дознаела вистината.

-Тоа и беше главната цел на лустрацијата. Во однос на другите посткомунистички држави Македонија спроведе помека верзија на лустрација, рече Димовски.

Пратеничката Роза Топузова Каревска обвини дека Комисијата за лустрацијата имала селективен пристап при работењето, а со тоа целосно бил промашен и процесот за лустрација.

-Законот не ја оправда својата цел и добро е што ќе престане да важи, истакна Каревска.

Законот за лустрација престанува да важи од денеска, односно веднаш по изгласување на неговиот престанок. Комисијата за верификација на факти ќе продолжи да работи до први септември годинава до кога ќе може да ги процесуира веќе започнатите постапки, но нема да покренува нови.

Комисијата за лустрација со работа почна во март 2009 година и оттогаш обработила околу 30.000 случаи. Досега околу 300 лица во земјава беа лустрирани и прогласени за кодоши и соработници на тајните служби.

KIRILICA
(This post was last modified: 24-07-2015, 01:01 AM by ЈорданПетровски.)
24-07-2015, 01:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Во политиката нема бесплатен ручек


Тодор Пендаров 23.07.2015, 17:37

Дури не е ни важно дали формален победник ќе биде СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ ќе ја оствари својата „историска победа“. Цехот ќе го платиме ние обичните граѓани

И така, Законот за лустрација заедно со Комисијата која го „спроведуваше“ законот на чело со незаменливиот претседател заврши таму и каде што почна, во Собранието. Имено во средата на пленарна седница беше изгласан предлогот на Владата со кој се укинува овој закон.

Без лажна скромност, јас бев против овој закон уште од самиот почеток кога почна да се пишува. Исто така без лажна скромност можам да се пофалам дека ако не се лажам не' има само тројца новинари, или ако сакате бивши новинари, кои имаме „пемпеле“ (потврда по дебармаалски дијалект) од споменатата комисија дека не сме соработувале со службите, односно не сме биле кодоши. И да не заборавам, има уште еден „новинар“ познат како „Ало, началниче“, кој има потврда од веќе бившата министерка за внатрешни работи дека не бил соработник на ниту една странска служба!? Е, верувајте дека овој „Ало, началниче“ е единствена личност во целиот нормален свет кој има ваква потврда, а нашата ни министерка, позната по својот скопски дијалект „Шо праиш“, е единствен министер кој издал вакво „пемпеле“.

Нејсе, Законот е укинат. Зад себе, наместо вистинска лустрација, остави пустош. Се прашувам како денеска се чувствува господин Андов, кој беше иницијатор за донесување на овој закон и тоа цели шеснаесет години по осамостојувањето. Иако, на пример, колегата Ѓорговски од МРТВ уште далечната 1993 пишуваше за потреба од ваков закон, ама тогаш му рекоа дека „кукурика“ многу рано и тој заврши во „лонец за супа“. Како се чувствува онаа тројка која го пишуваше законот, кој навистина доживеа цел куп измени.

Патем, едниот е моментално во дипломатија, другиот дотурка до советник на претседателот, а третиот (почитувајќи ја пресумцијата на невиност), заглави во кривична постапка, навистина од други причини.

И сега, некој ќе се праша зошто преку ноќ ваква одлука на Владата која мазно помина во Собранието. Одговорот е повеќе од јасен. Законот за лустрација, а уште повеќе неговата најблаго речено, чудна примена (патем лустриравме цел куп веќе умрени лица, како и лица кои активно работеле во тие служби што ниту Германија по обединувањето не ги судеше), секогаш беше една од многу те критички забелешки што ни доаѓаа како од Европската комисија, така и од Советот на Европа, Стејт департментот, а споменат е и во извештајот на Прибе. И ете, кога деновиве повторно ќе ни дојдат од Брисел, Владата богами ќе има со што да се пофали.

Целата колумна:Во политиката нема бесплатен ручек
(Авторот е државен службеник и изразува свои лични ставови)


[Image: TodorPa549.jpg]
24-07-2015, 01:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ЗЛОСТОРСТВОТО БАРА КАЗНА, ЛУСТРАЦИЈА ЗА ЛУСТРАЦИЈАТА

[Image: vlademc258.jpg]
Сликата е мој избор

Извештајот на Прибе ја растревожи власта со дијагнозата за криминалноста на владеењето на на груевизмот. Прибе не ја одмина ни лустрацијата и побара нејзина ревизија. Со панична брзина и недоквакана лукавост, налогодавците и извршителите се обидуваат да ја привршат оваа мрачна операција, скроена и изведена според наци-болшевички урнек, за да ги покријат трагите на злоделото и да ја избегнат заслужената казна. Не ме изненадија потписите на пратениците Александар Милошоски и Илија Димовски под предлогот да престане важењето на законот на лустрација. Првиот, злоупотребувајќи ја својата партиска моќ и функцијата во власта, бил снимен како нарачува лустрирање на судијата од Кичево. Вториот, Димовски, лично и преку медиумите под негова команда, им пресудуваше на жртвите на ловот на вештерки уште пред да биде завршена судската постапка. Дали ме изненадија потписите на Талал Џафери и Рафиз Алити? Не, зашто нивната партија секундираше во донесувањето на килавиот закон и аминуваше при кршењето на истиот закон од страна на божем независната комисија раководена од безмандатниот Аџиев. Но ме изненади изјавата на Алити кој деновиве, меѓу другото, изјави: „Ние како држава и земја треба да ги побараме досиејата од Белград за да се направи вистинска лустрација. Сѐ додека не се направи тоа, многу работи ќе останат отворени, им го должиме тоа на настраданите во комунизмот“. Од овој дел на изјавата на Алити произлегуваат три прашања. Првото гласи: Дали тој и неговата партија ќе предложат нов закон за лустрација? Второто: Кај беше и што му се чинеше на пратеникот кога опонентите и критичарите на првиот и вториот закон за лустрација предупредуваа дека најважните досиеја на ОЗНА, УДБА и КОС се во Белград? И зошто гласаше за такви закони? И, најпосле, дали чувствува одговорност, лична и политичка, за тоа дека неговиот потпис стои покрај потписот на Димовски, кој ја прогласи лустрацијата за успешна, а тој, Алити, ја оцени за неуспешна?
Предлогот на четворицата пратеници од владејачката коалиција ќе остане запаметен како пример за леснотијата со која оваа власт ги газеше човековите права и произведуваше без вина виновни само поради тоа што тие беа препрека за непреченото автократско владеење на Груевски и неговата клика и клиентела. Во членот 5 од својот Предлог, четворицата пратеници предлагаат срамната криминална операција на клеветење и плукање да заврши набрзина, така што Комисијата за лустрација ќе достави само информација(!) за конечното завршување на постапките кои се во тек, а Собранието, без претрес(!), ќе констатира дека од 1 септември Комисијата нема мандат за покренување нови постапки. Ни лук јале, ни лук мирисале! Комисијата е амнестирана, сите гревови ѝ се простени, вклучително и пиши-бриши на нејзината веб-страница, односно манипулирањето со досиејата на лицата кои службите за државна безбедност ги сомничеле/прогласиле за идеолошки и политички сомнителни, па сѐ до лустрирањето мртовци!
Аџиев и лустраторите кои му аминувале се всушност гробари кои откопуваа мртовци за да ги закопаат одново, но овој пат накодошени дека биле кодоши. Накодошени, зашто мртвите не можат да се бранат. Мртвите не зборуваат. Не можат ни да побараат јавна расправа. Накодошени, зашто ни нивните потомци не можат да ги бранат. Накодошени, зашто „доказите“ за нивната наводна соработка се недостапни и тајни! Каков „успех“ на гробарската дружина! Спречи 98 мртви граѓани да се кандидираат за јавни функции! „Подвиг“ достоен за Светата инквизиција. Но, гробарството на Аџиев и аминџиите не завршува со откопувањето на мртвите. Не, тие закопуваа и живи. 101 граѓанин. Незакопани мртовци, што би рекол Сартр. Бележани, оцрнети, осудени однапред, нивните имиња шепнати на мршојадците во Грујовите медиумски труби. Но, планот беше само делумно остварен зашто не сите незакопани мртовци беа замолчани. Списокот на гревовите на членовите на Комисијата кои беа соучесници на Аџиев и послушници на Груевски е речиси бескраен. Долг е и списокот на судиите кои ги легализизираа нарачаните анатеми, најчесто лични пресметки со „неподобните“ за режимот и за фрустрираните членови на комисијата.
И сега, наеднаш, од 1 септември, за да се испревари ревизијата што ја бара Прибе, за да останат заштитени „крупните риби“ меѓу соработниците, односно вистинските кодоши, како и за да се избегнат непријатните прашања за одговорноста на гробарите, власта објави крај на приказната. Без расправа во Собранието, без извештај, само со информација! Постапката е веќе видена. Во 2001 година, кога на власт беа ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, Собранието не доби извештај за тоа колку досиеја за македонски граѓани воделе службите за безбедност од идеолошки и политички причини, колку досиеја се во Македонија, а колку се во Белград, ниту колку граѓани побарале и оствариле увид во своите досиеја.

Тоа ги овозможи манипулациите со досиејата што од 2011 година ги прави Аџиев, кој досиејата на жртвите, на начин на кој и УДБА би му позавидела, ги трансформираше во досиеја на соработници. Јавноста беше информирана за тоа дека побарал од службите и од архивот известување за тоа дали биле соработници речиси 5.000 граѓани, но јавноста никогаш не беше известена за колку граѓани Аџиев добил потврда од службите и од архивот дека имале соработнички досиеја. Односно, колкумина од нив требало да бидат лустрирани. Не беше известена ни за тоа колкумина од лустрираните не биле на списоците на соработници што УБК му ги доставила на Аџиев.
Има прашања кои не смеат да останат неодговорени. Затоа е неопходно Собранието да формира анкетна комисија која детално ќе го испита применувањето на Законот за определување на услов за ограничување на вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност. На пример, како и зошто останал нелустриран еден од македонските олигарси, за кого УБК го известила Аџиев дека има соработничко досие, а истото било потврдено од членот на комисијата задолжен да извести за предметот? Една од појдовните точки за анкетната комисија можат да бидат аудио записите во кои докажуваат дека врвот на извршната власт ја наложувал и насочувал лустрацијата.
Не знам каква информација наумиле предлагачите да му достави комисијата на Собранието, но знам каква дезинформација ѝ нудат на јавноста гробарите на својата веб-страница. Според Регистарот објавен таму (состојба на 26 јули 2015 година), лустрирани се вкупно 199 граѓани, а починати се 35. Но, Комисијата лаже. Мртви се 98 од лустрираните граѓани. Речиси половината, секој втор! Еве еден пример: Меѓу лустрираните починати го нема ниту името на Славко Јаневски, ниту податоците за неговиот случај. За да се заборави срамната одмазда на инфериорните. Овој пример е доволен за да побара идната анкетна комисија точен податок колку починати граѓани биле лустрирани. Меѓу лустрираните 199 лица се и 66 граѓани кои раководеле или работеле во органите за внатрешни работи, односно службата за државна безбедност, вклучително и неколку републички секретари и министри за внатрешни работи. Сега се поставува прашањето: Како е можно некој да раководи или да работи во органите за внатрешни работи, односно службите за државна безбедност, а истовремено да биде таен соработник? Одговорот на ова прашање е загатка на која треба да побара одговор анкетната комисија, како што треба да побара и одговор на прашањето како е можно истовремено да се биде и жртва на службите и нивни соработник? Регистарот покажува дека се лустрирани 199 граѓани, но открива само 99 имиња, помалку од половината. Почнувајќи со реден број 138, кај 35 лустрирани (речиси сите од СВР, МВР и СДБ) во графата „Забелешка“ е напишано дека се починати и кај нив не се откриени имињата. А кај 12 граѓани во истата графа е напишано дека решението на Комисијата е поништено (од еден или од двата управните судови, претпоставувам) и 10 од нивните имиња не се објавени, но 2 имиња (реден број 19 и 36) се објавени. Зошто? Кај редните броеви 40, 55, 133, 148, 151 и 152 нема ни име ни податоци, само во графата „Забелешка“ пишува дека согласно член 36 од Законот, на барање од УБК податоците не се објавуваат. Зошто ваков специјален третман? Дали се работи за активни соработници чии идентитети треба да се заштитат? Но, во овие 6 случаи барем знаеме кој побарал криење на идентитетот. УБК, односно Мијалков. А кој и според кој закон побарал криење на идентитетот на лицата со редни броеви 15, 29, 31, 38, 51, 65 и 75, кај кои не само што нема име, туку и сите графи се празни, вклучително и забелешката? Сега веќе работата на гробарите станува мистерија која се комплетира со податокот дека кај 40 лица, првото под реден број 60 и последното под реден број 130 нема имиња, а забелешката е празна. Ако се починати, зошто во забелешката го нема тој податок? За да се намалат негативните ефекти од гробарската ревност и од злоупотребата на лустрацијата која се изроди во прогон на живи и на мртви?

Колку ја чини власта постоењето на комисијата за извртување и прикривање на фактите, односно гробарската дружина која „успеа“ да им го затвори патот кон јавните функции на мртовци, на физички доодени луѓе и на пензионери да вршат јавни функции? Но не успеа да ја оствари главната цел, не успеа да ги замолчи сите свои опоненти и критичари. Дури и еден од најмоќните луѓе од власта има речено дека од лустрацијата „имаат повеќе штета одошто корист“. Да, тоа е точно, без оглед на тоа што го мотивирало моќникот да го каже тоа. Метастазираната лустрација во режија на Груевски и во изведба на Аџиев придонесе за намалувањето на илузиите на меѓународната заедница за режимот на Груевски. Венецијанската комисија, Стејт департментот и Европската комисија укажаа на тоа дека лустрацијата е далеку од правото и правдата. Дури и гласниот поддржувач на лустрацијата, бугарскиот пратеник Ковачев, јавно го повика Груевски да си поднесе оставка.

Колку вкупно ги чини досега македонските граѓани „подвигот“ на гробарската дружина на безмандатниот Аџиев не знам, но знам дека и во буџетот и во ребалансот на буџетот за 2015 година (пред и по Предлогот за престанување!) буџетот на дружината е 314.000 евра. Комисијата ќе ги задржи сите 18 вработени, иако од 1 септември нејзиниот мандат да покренува нови постапки престанува и нејзиниот обем на работа значително се намалува! Зашто според предлогот, мандатот на комисијата престанува со конечното завршување на постапките за кои таа има донесено решенија до 1 септември. Но, ако се има предвид брзината со која управните судови од 2012 година одлучуваа за обжалените решенија, јасно е дека власта им обезбедува на гробарите плати за уште барем две години, вклучително и привилегиите на Аџиев.

Дури и да успее власта да го протурка предлогот на четворицата свои пратеници во Собранието, налогодавците и послушниците нема да можат да останат неказнети. Гласачката машина во Собранието нема да може да го замолчи Судот во Стразбур, нема да може да ги избрише аудио записите кои ќе стигнат кај специјалниот јавен обвинител, нема да може да ги покрие манипулациите и фалсификатите на гробарската дружина предводена од Аџиев.

ФБ статус на Владимир Милчин


Милчин по се прерано се радува. Лустрација ке има ама по препораката содржана во Резолуцијата 1096.
27-07-2015, 12:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(04-10-2013, 01:01 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(03-10-2013, 04:13 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Лустриран уште еден екс министер за внатрешни


[Image: avramovski.jpg]

Силјан Аврамовски поранешен министер за внатрешни работи во владата на Хари Костов е лустриран како наредбодател во случајот „Темел“.

Претходно како министри за внатрешни работи, лустрирани од Комисијата за верификација на фактите се професорот Љубомир Фрчкоски и Томислав Чокревски.

Според лустраторите сите учествувале и биле дел од акција која како целна група имала високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

A1 ON

Дали случајно од А1 заборавиле да напишат дека Силјан Аврамовски денеска се наоѓа на фунцијата замeник директор на ДБК, односно заменик на Сашо Мијалков. На функцијата заменик на директот на ДБК се наоѓа од 2006 година.

Пресериозна работа е да се одмолчи работниот ангажаман на Силјан Аврамовски од 2006 до денеска. Тоа одмолчување отвора многу дилеми. Ајде некао да ги разберам медиумите блиски до власта го премолчуваат бидејки ке "пукне брука", таков човек да е скоро седум години заменик на Сашо Мијалков. Но зошто го одмолча "независните"??
Во целово оваа одмочување има уште нешто, вината на Силјан е многу поголема во аферата "БУГАРСКА АМБАСАДА". Афера која требаше да обезбеди лажни докази дека ВМРО ДПМНЕ се финсира од Бугарија одошто во "ТЕМЕЛ".

Дали лустрирањето на Силјан за аферата "ТЕМЕЛ" треба да го спаси од осознавање за неговата инволвираност а со тоа и кој се стоел зад тој проект, проект кој имаше единствена цел да се дискредитира а со тоа и да се уништи ВМРО ДПМНЕ, е прашање на кое бара сериозен одговор."

Ако се тргне од тоа дека Љупчо кој беше запознат со аферата додека таа се одвиваше, после изборната победа 98 не превзеде ништо за да бидат казнети творците, Силјан, Верушевски и др, зборува дека некој сериозно го штител или пак сам Силјан се штител, со тоа што поседувал компромитирачки материјали за Љупчо, Доста, Љубе ..

Но приказната се повторува и после 2006 година, односно во период кога ВМРО ДПМНЕ доаѓа на власт. Наводно новата и млада гарнитура, Силјана го именува на една од највлиталните функции, заменик директор на СДБ. Неможе Груевски, С. Мијалков директорот на СДБ, да незнале кој е Силјан. Ако и незнаеле, мојата Кривична пријава поднесена 2007 година, против 8 функционери (четворица досега се лустрирани) на МВР меѓу кои е и Силјан Аврамовски требаше да ги заинтересира. Згора на тоа имав и два директни разговора со Груевски на таа тема.
Најтешкиот период за членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ е период кога Силјан е на функција!!

Силјан сразмерно на злосторот кој го сторил против членовите, симпатизерите и самото име ВМРО а подоцна и ВМРО ДПМНЕ, може да се рече дека не е споменат во овие 22 години самостојност.

Груевски и Тевдовски во разговорите со мене како причина заради која Силјан е недопирлив наведуваа дека тој е човек на ЦИА. Причина што е ноторна лага. Силјан беше човек за врска со ЦИА. Такви луѓе ЦИА има низ цел свет и тие луѓе се познати, се именуваат по предлог на земјата домакин во случајов Македонија. Владата на Груевски со еден обичен допис можеше да ја извести централата на ЦИА дека нуди нов чивек.
Нели и Перковиќ е човек на ЦИА




28-07-2015, 08:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ. Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!

Цитираното е дел од иницијативата со која Фондација Отворено Општество Македонија, потпишана од тогаш_ниот директор, Владе Милчин ја оспори лустрацијата за период после 1991 година, пред Уставниот суд. Уставниот суд ја прифати оваа иницијатива.


[Image: Ustavenmilf121.jpg]


Се наметнува сериозно прашање дали после извештајот на Експертската Комисија на ЕУ во кој се констатира дека: " УБК изгледа дека работело надвор од своите овластувања во полза на Владата", сега судиите од Уставниот суд, ФООМ и Владе Милчин ке застанат во одбрана на ВЛАДАТА, бидејки, со својата одлука од 2011 година, потребите на владата ги ставија над Уставот.
Ке наведам само еден пример, примерот со прислушкувањето.

Во Уставот на Р. Македонија во Член 17 се вели:

Quote:Член 17

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Голем дел, да не кажам сите, од прислушкувања кои се правени во период 1991-1998 година, за тој период располагам со непобитни докази, се правени со потпис на министерот,

[Image: Frckoprislc342.jpg]

значи за ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДАТА и така е кршен Уставот ама тоа кршење на Устав ниту за Уставниот суд ниту за Милчин било битно. Интересите на владата, поточно интересот да се зачува едноумниот тоталитарен систем, прогонот на идеолошките и политичките неистомисленици, биле за Уставниот суд над Уставот.

20-08-2015, 03:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЛУСТРИРАЊЕ НА ЈОРДАН МИЈАЛКОВ


[Image: inicjativadfff.jpg]

Деновиве, Маноил-Мане Јаковлевски на ФБ објави документ од кој се гледа дека бил прислушкуван. Прислушкувањето било во времето кога министер на полицијата бил сега веке починатиот Јордан Мијалков, јас дојдов до РЕШЕНИЕТО за прислушкување. Решението за прислушкување спред правилникот за работа на ДБК единствено го одобрува-потпишува министерот, тогаш министер бил Јордан Мијалков, бидејки предходникот на Јордан Мијалков, Јован Трпеновски е лустриран а и наследникот на Јордан Мијалков во министерската фотелја Љубомир Фрчковски е лустриран, ми беше чудно и неможев да верувам дека имало прекин во кршењето на човековите права од страна на МВР, поточно од ДБК само за време на министерувањето на покојниот Јордан Мијалков. Благодарејки на Маноил-Мане Јаковлевски и таа дилема веке ја немам. Затоа решив да поднесам иницијатива до Комисијата за верификација на факти да го провери досието на Маноил-Мане Јаковлевски и се разбира и други досиеа од тоа време, досието на Црномаров, досието на ОО Римљанин, на ОО Микрон, ОО Книга, ОП "ЈАК" и други и така да покаже дека пред законот сите се исти.

[Image: a3cfe9.jpg]


[Image: predlog-za1795.jpg]

[Image: predlog-za02b5.jpg]
01-09-2015, 01:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ПОСТОЈАТ ЛИ СКРИЕНИ МОТИВИ ВО УКИНУВАЊЕТО НА ЛУСТРАЦИЈАТА?

авг 31, 2015 Македонија

[Image: Mijalkov.jpg]

Пишува: Зоран Милошески

По иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, од 1.09.2015 година престанува да важи Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, во јавноста познат како Закон за лустрација.

Главната дилема која останува неразјаснета после неговото укинување, е кои се вистинските мотиви поради кои владејачкото мнозинство Законот го стави ад акта?

Европската комисија препорача ревизија на лустрацијата

Постојат редица аргументи кои укажуваат на тоа дека лустрацијата не ја постигна планираната цел.

Од денот на носењето на Законот па сѐ до неговото укинување, Комисијата за верификација на фактите (КВФ) проверила повеќе од 30.000 досиеја, при што лустрирала околу 300 лица од кои половината се починати. Освен јавното жигосување на дваесетина интелектуалци и угледни граѓани кои важат за жестоки критичари на власта, никој од лустрираните не понесе никакви санкции. Конкретно, сите оние кои Комисијата ги прогласи за соработници на тајните служби и натаму се наоѓаат на истите функции и истите работни места како и пред нивното лустрирање.

Впрочем, има ли поголема бесмислица од тоа за соработник на тајните служби да биде прогласен и Заменик директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Силјан Аврамовски, а тој и натаму да биде втор човек на Управата?

Веројатно дека Европската комисија (ЕК) ги имала во предвид и овие факти кога ѝ препорача на нашата држава заради, како што се вели во документот, „сериозни недостатоци“, да го ревидира или укине Законот за лустрација. За потсетување, препораката произлезе врз основа на Извештајот на Рајнхард Прибе за владеењето на правото во Македонија.

Меѓутоа „вечниот“ претседател на КВФ Томе Аџиев смета дека препораките на ЕК не се однесуваат на работата на Комисијата, туку на Владата. Во тој контекст, Аџиев смета дека Комисијата успешно ја завршила својата работа со што, според него, била исправена една историска неправда.

Аџиев „не се согласува“ со сопственото мислење

Томе Аџиев е еден од луѓето околу кој се врти целата приказна со спроведувањето на лустрацијата и начинот на кој ја раководеше КВФ. Заради неговите контроверзни изјави, јавното полемизирање со повеќемина од лустрираните, како и поради конфликтот со дел од членовите на првиот состав на Комисијата, пошироката јавност го смета Аџиев за еден од поголемите виновници за девалвирањето на целиот процес.

Особено зачудува драстичната промена на неговиот став по однос на времетраењето на лустрацијата.

Имено, пред само една година, веднаш после изборот на новиот состав на КВФ, на 30.07.2014 година, Аџиев рече дека за време на новиот мандат Комисијата ќе треба да ги провери преостанатите 20.000 досиеја и дека во периодот кој следел ќе наметне, цитирам, „пеколно темпо за да може, согласно Законот, целата процедура да биде завршена до 2019 година“!

Нецела година подоцна првиот лустратор ретерира од сопствениот став, па ќе рече дека и покрај притисоците во кои со континуитет се соочувала, КВФ работела напорно и посветено и успеала работата да ја заврши пред предвидениот рок!?

Простата математика вели вака: Ако е точно дека во периодот од 01.08.2014 до 01.09.2015 година КВФ ги разгледала сите преостанати 20.000 досиеја, тоа значи дека Комисијата дневно разгледувала по 500 досиеја. Односно, дека секој од 11-те членови на КВФ секој ден читал по приближно 5 досиеја, се разбира под услов секој од нив да работел во текот на сите 400 денови, вклучително и за време на државните и верските празници, дека никој од нив не користел ниту годишен одмор, викенд или слично. Притоа не смее да се заборави дека меѓу досиејата има и такви кои се „дебели“ и по неколку стотини страници. Прилично неверојатно за да биде вистинито!

Молкот на првиот лустратор

Во интерес на вистината, РеволуционерМк испрати неколку прашања до претседателот на КВФ Томе Аџиев и до поранешниот портпарол а сегашен член на Комисијата, Предраг Димитровски.

Ниту едниот ниту другиот не одговорија како тоа после само една година од функционирањето на новиот состав, спротивно на нивните очекувања, КВФ ја заврши работата 4 години порано од предвидениот период, исто како што не кажаа која е логиката лустрацијата да биде укината, Комисијата да нема мандат да покренува нови постапки а нејзините членови да земаат плата и во следните година или две?

Променливиот став на владејачкото мнозинство за толку краток период е неразбирлив и за поранешниот член на КВФ Благоја Гешоски. Според Гешоски, ако се суди според бројот на одржани седници, динамиката на работа на Комисијата е далеку од работење „со полна пареа“.

„Извештајот на г-нот Прибе ги потврди причините поради кои јас и колегата Витановски поднесовме оставки од КВФ, а тоа беа селективноста во работата, тенденциозноста, бесмисленоста да се лустрираат починати лица и поранешни функционери, односно претворањето на процесот во „лов на вештерки“ и во инструмент за јавно жигосување на политичките неистомисленици. Фактот дека никој од малкуте лустрирани актуелни носители на јавна функција не е разрешен од функцијата и покрај Решението на КВФ, е доказ дека и власта не го почитува Законот, дека неговата цел не е тие лица да бидат отстранети од функцијата, туку само да бидат обележани како „кодоши“, вели Гешоски.

Досието на Јордан Мијалков причина за запирањето на лустрацијата?

Во недостиг на официјални и издржани аргументи, јавноста шпекулира со скриените мотиви за запирањето на лустрацијата. Иницијативата на Јордан Петровски за утврдување одговорност на поранешниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, татко на до неодамна првиот човек на УБК Сашо Мијалков и вујко на премиерот Груевски, е една од најчесто споменуваните причини.

[Image: Reshenie-za-prislushuvane-787x1024.jpg]

Имено, г-нот Петровски до КВФ го доставил Решението за примена на мерката „Тајна контрола на меѓународниот телефонски сообраќај спрема лицето Маноил Јаковлевски-„Мане“ заради, како што стои во образложението, „поврзување со екстремни и милитантни припадници на партијата ВМРО-ДПМНЕ во земјата и екстремни припадници на македонското иселеништво во странство“.

Во врска со тоа, во една своја изјава претседателот на КВФ Аџиев рече дека иницијативата била процесирана, без да каже повеќе детали.

РеволуционерМк го праша Аџиев што се случи со постапката за овој предмет, односно дали намерата истиот да не биде расчистен е една од причините поради кои се укинува лустрацијата? Одговор, погодувате, не добивме.

Како член на првиот состав на КВФ, Благоја Гешоски не ја исклучува можноста дека токму ова е мотивот за укинување на лустрацијата.

„Оваа власт во 2012 година го промени Законот со цел да ги опфати поранешните функционери, посебно лицата кои работеле во тајните служби. Комисијата ги лустрираше сите министри за внатрешни работи, освен оние од сегашната власт: Мијалков, Трајанов и Димовска. Точно е дека постојат сомнежи оти е тоа една од причините за укинувањето на лустрацијата. Комисијата ќе треба да одговори зошто не постапила по споменатата иницијатива, или ако постапила зошто не го лустрирала министерот Мијалков бидејќи со исти такви документи и за истото лице како во прилогот на иницијативата, претходно лустрирала други министри и вработени во УБК. Власта која го променила Законот со цел да лустрира одредени лица, сигурно е спремна да го укине истиот тој Закон со цел некого да заштити“, потенцира Гешоски.

Она што исто така барем засега ќе остане нејасно, е дали, кој и на каков начин се офајдил од стапувањето на сила на Законот за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност.

Томе Аџиев беше претседател на Комисијата за верификација на фактите речиси за целото време на нејзино постоење. Од анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата може да се види дека во овој момент Аџиев поседува куќа, стан, деловен простор, куќа во изградба, моторни возила, удели во хартии од вредност и друг личен имот.

[Image: Novata-kuka-vo-izgradba-na-Adhiev-1024x768.jpg]

Истовремено, по јавниот оглас за вработување на државни службеници во Министерството за финансии, во февруари 2015 година неговата ќерка Софија Аџиева била вработена во Управата за имотно правни работи во Ресен.

[Image: Vrabotuvane-Sofija.png]

Конечно, дилемата за скриените мотиви при укинувањето на лустрацијата, како и за тоа дали предметите каков што е оној на Јордан Мијалков некој намерно ги чувал во фиока и чекал да дојде 1.септември, ќе треба да ги расчисти некоја нова комисија која можеби ќе биде формирана непосредно после априлските избори во 2016 година.

REVOLUCIONER
01-09-2015, 01:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:[Image: inicjativadfff.jpg]


Лустрацијата прекината, бидејќи Јордан Мијалков прислушувал?

Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, за овој случај има изјавено дека тој е процесуиран, но сега никој не знае каков е епилогот.


Фокус 31 авг 2015, 20:37

Откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгласаа укинување на Законот за лустрација од први септември годинава, во јавноста се појавија шпекулации за тоа кој би можел да биде мотивот за ваквата постапка на власта. Порталот РеволуционерМк во текстот на Зоран Милошески го отвара ова прашање и како една од причините за укинувањето на лустрацијата се појавува досието на Јордан Мијалков, поранешниот министер за внатрешни работи и татко на до неодамна првиот човек на УБК Сашо Мијалков.

Имено, Јордан Петровски до Комисијата за лустрација поднел инцијатива за утврдување одговорност на вујкото на Никола Груевски, Јордан Мијалков. Како доказ, Петровски до Комисијата го доставил Решението за примена на мерката „Тајна контрола на меѓународниот телефонски сообраќај спрема лицето Маноил Јаковлевски-„Мане“ заради, како што стои во образложението, „поврзување со екстремни и милитантни припадници на партијата ВМРО-ДПМНЕ во земјата и екстремни припадници на македонското иселеништво во странство“. Решението е потпишано од тогашниот министер за внатрешни работи, Јордан Мијалков.

Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, за овој случај има изјавено дека тој е процесуиран, но сега никој не знае каков е епилогот. Порталот РеволуционерМк се обратил до Аџиев и побарал одговор за случајот на Јордан Мијалков, но тој не им одговорил.
(This post was last modified: 01-09-2015, 01:21 PM by ЈорданПетровски.)
01-09-2015, 01:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Управниот суд и поништил 20 решенија на лустрациска комисија



[Image: tome-adziev-670x447.jpg]



Скопје, 18 август, 2016 - 13:42 (META) 
Управниот суд поништил вкупно 20 решенијата за лустрација за лица за кои Комисијата за верификација на фактите утврдила дека соработувале со странски служби.
Претседателот на комисијата, Томе Аџиев ни рече дека решенија стигнале за Ице Дамчевски, Јорданчо Чевревски, Неџбедин Рустеми, Љубомир Георгиевски, Јадранка Костова, Божин Павловски, Иван Катарџев, Сиљан Аврамовски, Јован Трпеновски, Вангел Гагачев, Божидар Кулевски, Владимир Јовановски, Трајко Огненовски, Николче Бабовски, Петар Мирчевски, Никола Темелковски и за уште две лица – едно починато и за едно на кое Аџиев не можеше да се сети на името.
Тој во изјава за „Дневник“ одлуките на судот ги оквалификува како „пуч во македонската лустрација“.
Според него, Управниот суд погрешно ги толкува законските одредби, а до пред некое време судот ваквите жалби ги одбивал, а сега ги прифаќа.
Откако комисијата за лустрација ќе поднесе жалба, повисоката судска инстанца ќе има обврска да се изјасни се до 1 септември 2017 година кога е утврден мандатот на лустраторите.
Доколку повисокиот суд ги отфрли жалбите на комисијата за лустрацијата тоа ќе значи дека овие лица не се лустрирни.




Фарста која Груевски ја направи од лустрациата мораше вака да заврши.
18-08-2016, 02:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,430
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



18-09-2016, 12:56 AM
Reply