Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#81









07-03-2010, 03:10 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#82



07-03-2010, 03:11 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#83





07-03-2010, 03:12 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#84



07-03-2010, 03:12 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#85



07-03-2010, 03:14 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#86

Quote:Инстинктот на опстанокот против лустрацијата



Уште непочнат, процесот на прочистувањето на политичката елита во македонското општество, благодарение на одличната општествено- политичка подобност во и околу Уставниот суд, е пред крај. Вистинското спроведување на законот уште не почна, а нашите експертутки веќе расправаат за можните злоупотреби. Вистинско мртвороденче

Ги слушам завчера професорите и судиите на расправата во Уставниот суд за лустрацијата и не ми се верува до каде отидоа во заштитата и одбраната на ликот и делото на комунистичкиот систем и на веќе досадните обиди на ова општество да расчисти со некои работи што очигледно ја кочат државава во реформите и во напредокот. Веќе 18 години. Оваа расправа покажа дека добивме и вистинско антилустрациско движење, и покрај веќе донесениот закон со убедливо мнозинство во Собранието. Се отиде дури и дотаму што се кажа дека Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (или закон за лустрација) „ги урива и темелните вредности на уставниот поредок, како што е владеење на правото, поделбата на власта и почитувањето на човековите права“.

Ептен зајдоа! Па токму овој уставен поредок, токму ова право, токму заради почитување на човековите права го донесе овој закон, иако задоцнето, за конечно да удри тој провев во македонската политичка елита. Заради здравјето на ова општество. Тоа прочистување не треба да се изведе само во државните јавни функции, туку и во судството, во образованието, помеѓу новинарите, па дури и кај свештените лица, кои во одреден период почнале да му се молат на некој друг, земски господ. А тоа го нема во законот. Таман помислив дека Уставниот суд ќе расправа токму за ваквата селективност на законот и за исклучување големи групи луѓе што во претходниот систем како соработници на државнобезбедносните служби напредувале во кариерата и одлучувале на сметка на кодошлакот, а не на сметка на умот и знаењето во сопствената професија.
Каде е тука, во Македонија, проблемот? Нормално, инстинктот на опстанокот. Старата политичка елита успеа некако да се квазидемократизира и да опстане со новото општественополитичко уредување, кое бараше нови луѓе. Тоа, заедно со колебливоста на тукушто формираната нова политичка елита за справување и со проблемите и со старите кадри, нé донесе до ова дереџе. Останавме меѓу последните поранешнокомунистички земји во кои сé уште се расправа дали лустрацијата е потребна, а ако е веќе неопходна, таа треба да биде ваква или онаква, па зошто баш таква, па сé така до недоглед... и на крај доаѓаме до заклучокот дека овој закон всушност бил противуставен, а како таков и што ќе ни е! Ние сме си добри, веќе демократизирани, па поминаа веќе 18 години. Зошто всушност и правиме муабет на таа тема. Во 21 век тој процес е и некомпатибилен со основните човекови права.

Па што друго и можеме да очекуваме од луѓе чија позиција со законот за лустрација директно може да биде загрозена? Што да очекуваме од судиите чија позиција е зачувана врз основите на општественополитичката подобност, а не врз основа на нивната професионалност? Што може да очекуваме од професори и академици чиј општествен статус е стекнат токму врз основа на активноста, и безбедносна и политичка, по партиските комунистички ќелии по факултетите и во Академијата. Што може да очекуваме од бивши министри, а сегашни експерти по сé и сешто, кои во заштитата на режимот успеале да произведат македонски дисидент во 21 век (случајот Јордан Петровски против Љубомир Фрчкоски)? Каков може да биде третманот на оваа тема по весниците и телевизиите од уредниците чија кариера беше и е директно поврзана со удбашките успеси, а не со некакво професионално просветлување? Какви активности можеме да очекуваме од разноразни борци и експерти за човекови права по невладините организации кога нивниот опстанок зависи од буџетот на фондациите што се иницијатори на расправата во Уставниот суд. Па имаме дури и вакви нивни предупредувачки проблесоци за тоа дека експертите на Советот на Европа предупредуваат на можните злоупотреби на овој процес. Па затоа овој процес во Македонија всушност и не бил ни потребен. Ние уште не ни почнавме, па за да можеме да зборуваме за какви било злоупотреби.

А истите тие експерти очигледно намерно забораваат на резолуциите на истиот тој совет, во кои не само што се препорачува лустрацијата како неопходен процес во развојот на секоја нова демократија, туку се препорачува и гонење на сторителите на кривични дела за време на комунистичкиот режим и казнување според општоважечките казнени законици. Значи ретроактивно. Злосторството не застарува. Иако можеби кодошењето било според тогаш важечките позитивни закони и прописи во државата. Па и нацистите работеле според позитивните законски прописи на својата држава, па истата таа држава потоа ги осуди на смрт. Образложението дека луѓето во тоа време само извршувале наредби и работеле според тогаш важечките закони не држи. И за ова во европските резолуции пишува - „лицето што прекршило човекови права и неговиот приговор дека само извршувало наредба, не ја исклучува ниту противправноста, ниту индивидуалната вина“. Има нешто што се вика универзална правда.

Уште еднаш - тој подземен систем на кодошлак треба да се уништи. Не велам казни, пресуди, затвори, реваншизам, потера... туку само привремена, неколкугодишна елиминација од лостовите на одлучувањето, од правото да се пишуваат кривични пријави, обвиненија и пресуди, од правото да се пишуваат енциклопедии, од правото да се биде министер, да се уредува весник.... Затоа ни треба прочистување. Луѓето ќе мора, макар и задоцнето, и во Македонија да доживеат колективна катарза од таа кодошка мрежа на тоталитарната власт.


Автор: Александар Дамовски

http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=21807
(This post was last modified: 07-03-2010, 03:16 AM by mara-popara.)
07-03-2010, 03:16 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#87

Quote:И лустрацијата ќе добие досие



Ако Уставниот суд го укине законот, лустрацијата ќе се спроведе низ медиуми или на улица, предупредува професор Звонимир Јанкуловски
Спроведувањето на лустрацијата виси на конец. Експертската јавност е поделена: едни сметаат дека законот ќе направи поголема штета и од кодошењето, неговите поддржувачи предупредуваат дека без него ќе ни се случи улична лустрација.

Уставниот суд деновиве расправаше по иницијативата за проверка на уставноста на Законот за лустрацијата. За подносителите на иницијативата спорен е периодот за лустрирање - дали до 1991 или до денот на донесувањето на законот во 2008 година - потпишувањето на изјавата за несоработување со тајните служби од страна на државните и локалните функционери, опфатот на лицата за лустрација, односно дали под неа подлежат и судиите на Уставниот суд и претседателот на државата и други одредби.

Ако Уставниот суд го укине Законот за лустрацијата, тоа ќе мора дебело да го образложи за да не се случи, наместо низ законска процедура, Македонија да се соочи со улично лустрирање, укажуваат подготвувачите на законот. Велат дека од неразбирливи причини не добиле покана за учество во дебатата на Уставниот суд, па Стојан Андов, пратеник и предлагач на законот, остана осамен во негова одбрана.

НЕПРЕКИНАТА РЕПРЕСИЈА

Професор Звонимир Јанкуловски, еден од петтемина подготвувачи на законот, смета дека лустрацијата не треба да се сфати само како расчистување со популарно наречените кодоши, туку пред се' како можност за соочување со нашето минато и осуда на тоталитарниот систем.

- Ако го укине законот, Уставниот суд ќе порача дека на оваа држава не и' треба прочистување и соочување со минатото. Со тоа, пак, ќе го потврди вредносниот систем на тоталитарното уредување, односно дека нашето минато не било репресивно и оти ние како држава имаме континуитет, а не дисконтинуитет со тој репресивен систем. Или, ако сакате, тој бил исто демократски како и денешниот, што е апсолутно спротивно со сите меѓународни препораки - вели тој.

Јанкуловски тврди дека Законот за лустрација е правен според сите стандарди и резолуции на Советот на Европа, искуствата на поранешните источноевропски земји, кои минаа или се' уште го минуваат тој процес. За македонската, вели дека е „мека“ лустрација. Тоа што некој ќе потпише изјава дека не соработувал со тајните служби е можност на тивок начин да се повлече од функцијата. Со лустрацијата никој не се суди или обвинува и притоа се почитуваат и се користат сите заштитни механизми за зачувување на основните човекови права и слободи. Целта е единствено лицата што соработувале со тајните служби, а што го потврдиле тоа со свој потпис и го искористиле за напредување во кариерата, да бидат отстранети од јавниот живот во општеството, на што инсистира и ЕУ.

- Ако Уставниот суд не го укине законот и за лустрирање го прифати периодот од август 1944 до смената на системот во 1991 година, ќе се согласи дека претходниот систем бил репресивен и недемократски, но ќе ги рехабилитира новите „соработници“. Факт е дека и по 1991 година, спротивно на Уставот, се воделе досиеја од политички и идеолошки причини, дека имаме нереформирани служби и политички дисиденти и поради тоа рокот за лустрација е продолжен до денот на донесувањето на законот - потенцира Јанкуловски.

ДЕМОКРАТСКИ ДОСИЕЈА

Филип Петровски, Мендух Тачи и Jоран Петровски останаа забележани во јавноста како личности за кои биле водени досиеја и во периодот на плурализмот. Јордан Петровски, пак, побара и доби политички азил во Канада во 2000 година, што покажува на каков степен била демократијата во земјава.

- Од 1991 година има околу илјада досиеја врз идеолошка и политичка основа, што е спротивно на Уставот. Некој си зел право врз сопствени критериуми да определува кој е непријател на државата и, што е пострашно, за тоа никој досега не одговарал. Тоа е систем наследен од комунизмот за користење и злоупотреба на службите, што директно влегува во сферата на основните човекови. Оттука, не може луѓе што го користеле тој систем сега да се претставуваат како носители на демократските процеси во државата - вели директорот на Архивот на Македонија, Зоран Тодоровски, кој исто така беше во групата подготвувачи на законот.

Пролетоска, собраниската расправа за Законот за полицијата, кој беше еден од условите за приближување кон Брисел, јасно покажа дека тајните полициски служби се' уште не се реформирани. Власта и опозицијата се согласија дека работењето на УБК мора да биде регулирано со посебен закон.

Во дебатата за Законот за лустрацијата во Уставниот суд, беше поставено прашањето како ќе им се суди на некогашните кодоши кога тие работеле според закон што важел во тоа време. Тодоровски и Јанкуловски одговараат дека и припадниците на Гестапо работеле според закон, па неговите членови биле судени и осудувани.

- Сега некој сака да го минира минатото. Но не ќе може, зашто тоа е содржано во илјадниците досиеја. Незадоволството од тоа минато е како чир. Не можете постојано да го потиснувате или ставате под тепих, зашто еден ден ќе пукне. И тие досиеја кога тогаш ќе почнат да се отвораат, само наместо низ законска процедура, тоа ќе се прави по медиуми или на улица - вели професор Јанкуловски.

Предраг Димитровски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AD...AF42BB82E351BA
07-03-2010, 03:18 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#88

Quote:Козметика од промени и преродба Останати вести




Бесрамната и компромитирачка парада на антилустрационото движење во Македонија што сега се одвива, недвосмислено укажува на тоа дека типови како Фрчкоски, Милчин, Мухиќ и некои други „експерти“ за човекови права фактички, освен што ја имаат идеолошката поддршка на својата матична партија, која формално го поддржа Законот за лустрација, ја имаат поддршката и на тајните агентури на некои евроатлантски држави


Л устрацијата, општественото прочистување или смена на генерациите е операција без која не е можен премин од една во друга доба, од еден во друг вредносен систем. Прочистувањето може да се изведе насилно, по смена на еден владејачки апарат со друг или законски. Операцијата е болна за оние или оној општествен слој што застапувале, односно практикувале одреден систем на вредности, кој, пак, бива заменет со друг, вредносно поинаков. Во нашиов случај таа болност е многукратно поголема, зашто во изминативе дваесет години, и по формалното преминување во квалитетно поинаква фаза, не дојде до персонална смена на елитите. Тие, со мали исклучоци, останаа доминантни и во институциите и во граѓанскиот сектор на начин што успеваат да регрутираат нови војници. Оттаму, во Македонија по прогласувањето независност не се случи трансформација, а и двата обиди за „промени“ и „преродба“ завршија како мали козметички операции во општеството заради тоа што промената на власта не резултираше со лустрација.

Бесрамната и компромитирачка парада на антилустрационото движење во Македонија што сега се одвива, недвосмислено укажува на тоа дека типови како Фрчкоски, Милчин, Мухиќ и некои други „експерти“ за човекови права фактички, освен што ја имаат идеолошката поддршка на својата матична партија, која формално го поддржа Законот за лустрација, ја имаат поддршката и на тајните агентури на некои евроатлантски држави што Македонија ја доживуваат како вишок на Балканот, како безимена територија со неидентификувано население без самосвест, а не како самоодржлива и успешна европска држава. Ова го тврдам само врз основа на „храброста“ што кај вакви типуси се манифестира само ако имаат силен грб и кога добиваат порачка да одработат нешто, а е редовно на штета на Македонија.....

Дваесет години цела Македонија е заложник на оние дежурни врескачи и хистерици што не сакаат ниту една енциклопедија да им регистрира дека своевремено, кога можеле да избираат помеѓу достоинствена смрт или недостоинствен живот, се согласиле да бидат ем живи ем „ебани“.

Но тоа не е сé. Аздисале во меѓувреме, па сега сакаат да продолжат да живеат како стрелани борци за слобода. И не само тоа, туку бараат целото општество повремено да им доделува ордени за храброст како перманентни жртви на ненародните режими. Очекуваат уставно да им се загарантира правото тие доживотно да диференцираат, кодошат, лустрираат.

Оваа гротеска ми потврдува дека нашите проминентни лицемери - тоталитарци сепак се длабоко свесни дека своевремено, заради лична корист, доброволно прифатиле да бидат неморални. И не само тоа, туку прават сé во општеството да наметнат вредносен систем што се заснова на неморал.....

Сепак, кој и да ја поддржува или финансира оваа бламажа на „интелектуално-експертската“ номенклатура на СДСМ, со надеж дека ќе го запре македонското национално созревање и рамноправно интегрирање во Европа, мора да биде свесен дека процесот е неповратен. Постојната власт што не им е по ќеф може уште утре да падне, ама оваа извикана и длабоко компромитирана тајфа, која лажно се претставува за модерна европска левица, никогаш веќе нема да победи на избори. Според тоа, залудни се пресметките дека Фрчкоски или некој како него кога било може да стане водечка политичка личност. Ако по повеќекатни обиди на некои суперангажирани амбасадори не им успеа операцијата да произведат албански политички подобен лидер, ако со голема војска во Авганистан нарколордот Карзаи не успева да стане општоприфатен национален и политички лидер, не гледам како мислат дека тоа би било можно со македонските политички партии. Едноставно, населението не прифаќа ни трети патишта, ни втори алтернативи ни сурогати од леви и десни граѓански партии што се произведени во лабораторија за политички инженеринг и со лидери што се муштерии на тајни служби.

Автор: Мирка Велиновска

http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=21808
07-03-2010, 03:19 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#89

Quote:Лустрација на лустрацијата

Илија Димовски

Содржинските и амандманските измени што во текот на собраниската постапка му се случија на Законот за лустрација, извршија фатална деструкција далеку пред да стапи на сила

Пред повеќе од една година во Собранието на Република Македонија го донесовме Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција, познат во широката јавност како Закон за лустрација. Се чинеше дека македонското општество собра сила да почне со расчистување на последиците од минатиот систем. Во тие моменти генералната јавност, медиумите и независните експерти беа задоволни од фактот дека политичките партии во Собранието на Република Македонија успеаја да го донесат овој Закон со целосен консензус. Но, во тие моменти секако имаше и други впечатоци и ставови. Од една страна, се сеќаваме, дека имаше мала група политичари, експерти и новинари, кои, иако секогаш, на секоја тема се присутни (дури и здодевни) во јавноста, во овој процес едноставно недостасуваа, ги немаше. Друга група луѓе беа со искрени и силни позиции против спроведувањето на лустрацијата. Но, секако, од друга страна, за волја на вистината, имаше и ставови дека содржинските и амандманските измени, кои му се случија на овој популарен Закон во текот на собраниската постапка му извршија фатална деструкција далеку пред да стапи на сила, дека можеби ваков каков што е Законот нема да ја постигне својата базична цел.

Деновиве гледам дека оваа тема станува повторно актуелна. Уставниот суд ја користи својата примарна надлежност да го прочешла овој Закон. Се подигнаа низа тези, аргументи и позиции про и контра овој Закон. Се вклучија политичари, експерти, новинари. Некои од нив очигледно искрено, но за некои сосема е јасно дека постапуваат како последица на наредба од други центри. Се спори се' и сешто, без почеток и крај. Но, најопасно и најсомнително е спорењето на временската рамка, дали Законот треба да важи и во периодот од 1990 година до 2008 година. Факт е дека и во овој период се водеа тајни досијеа на видни политичари. Тоа не е непознато. Тоа е антидемократски. Но, некој кај нас, во нашата држава, по дваесетина години демократија, се одважува многу повеќе да ги штити лицата, кои во таа демократија постапувале понедемократски од лицата, кои истото го правеле во авторитарен режим. Луда храброст или слепа послушност.

....Аргументите се движат од тоа дека социјализмот и комунизмот во нашата држава не беа остри и тврди, како што беа во другите источноевропски држави, дека луѓето што биле извршители на наредбите на тајната, политичка полиција, всушност, работеле поради својата лојалност кон државата, дека можеби нема или не може да се најде адекватна и добро зачувана документација и архива, дека не е запазена транспарентноста при постапките утврдени во Законот, дека другите држави не се задоволни од овие постапки и слични аргументи, кои се логични или не.

.....Но, ако сакаме суштински и темелно да погледнеме, ќе разбереме дека нема и веројатно е тешко да има аргумент, кој може да е толку силен за да биде доволен да го запре спроведувањето на Законот за лустрација. Проблемот не е во поседувањето адекватна документација. Многу пати досега институциите, како Државниот архив, се произнесоа дека располагаат со целосна документација. Дури и да беа точни тврдењата дека можеби адекватните архиви се пренесени во Белград, државниот врв од соседна Србија, на барање на нашите официјални органи, се произнесе дека со сите расположливи средства и документи е на располагање за соработка.

....Потрудете се да размислите колку луѓе биле затворани поради своите политички ставови, потрудете се да размислите колку луѓе биле ликвидирани, колку луѓе биле интилирани, потрудете се да размислите на колку фамилии им бил одземен имотот при масовните процеси на груба национализација. Сетете се дали имаше непопуларна интелигенција, либерална струја меѓу професорскиот кадар, политичка емиграција и мноштво неорганизирани поединци, кои не се согласуваа со елементите на претходниот систем. Е, сите тие, но помножени со десет, биле предмет на следење, кодошење и службена обработка од страна на тајните полициски структури.

....Читам деновиве како некои познати професионални колумнисти и НВО-активисти (со политичка провиниенција како директорот на една фондација со симпатично име) се обидуваат да ни аргументираат дека лустрацијата не треба да се спроведува, но не ни кажуваат зошто. Единствено што велат е дека во некои од источноевропските држави таа не била спроведена како што треба. Но, треба да кажат, како што доликува, зошто нашето општество мора да ги заштити кодошите и нивните наредбодавци. Дали можеби опасноста се крие некаде околу, во своите пријателски кругови? Дали можеби ќе се разјаснат улогите на многу експерти, политичари, новинари?

....Овој Закон е опасен единствено за тие што биле кодоши, за тие што својата кариера ја граделе во соработка со недемократските центри на моќ. Тоа е факт од кој не може да се побегне, иако некој во нашето општество сака да го прикрие. За доброто на државата е да не се кријат лицата кои и сега влијаат на општествените, политичките и економските процеси, а во минатото биле поврзани со тајните политичко-полициски структури. За доброто на државата е да се направи тоа што е можно побрзо.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3...FA6552D5CE73C4
07-03-2010, 03:25 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#90

Quote:Лустрациско бачило

Жарко Трајановски

Сличностите помеѓу полската лустрација и македонската се повеќе од очебијни. И во Полска, лустрацијата се вршеше со класифицирани документи кои им беа достапни само на лустраторите, наспроти укажувањето на Европскиот суд за човекови права дека не постои основа документите да останат класифицирани и дека треба да им бидат еднакво достапни и на лустрираните лицаКолку не' чини и ќе не' чини лустрацијата доколку Уставниот суд одлучи да не го поништи контроверзниот Закон за определување дополнителен услов за вршење јавна функција? Еве неколку аргументи зошто оспорениот закон за лустрација треба да биде поништен од страна на Уставниот суд во целост, а не само некои одредби.

Неколку дена по стапувањето во сила на полскиот закон за лустрација во март 2007, комесарот за човекови права на Советот на Европа предупреди дека „лустрацијата не смее да се претвори во одмазда против поранешните соработници“. Главните критики на полскиот закон беа дека е под стандардите на владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Комесарот Хамарберг потсети на стриктните критериуми што треба да ги исполнат процедурите за лустрација, изложени уште во 1996 г., во документот Насоки за да се обезбеди дека законите за лустрација и сличните административни мерки се потчинуваат на условите на една држава што е заснована на владеење на правото.

Прво, комесарот за човекови права ги потсети Полјаците дека „лустрацијата треба да биде лимитирана на позиции за кои постојат добри причини да се верува дека субјектот би претставувал значителна опасност за човековите права или демократијата“. Имено, лустрацијата треба да ги опфаќа само најодговорните назначени државни службеници (од внатрешна безбедност, спроведувачи на законот, од безбедносни и разузнавачки служби, од судство и обвинителство), односно позициите од кои може да се загрозат човековите права или демократијата. И нашиот закон, како и полскиот, не ги опфаќа само најодговорните назначени службеници во споменатите државни служби туку опфаќа мошне широк дијапазон на позиции, вклучително и позиции кои не претставуваат значителна опасност за човековите права или демократијата.

Второ, комесарот потсети дека „дисквалификувањето за служба врз основа на лустрација не треба да биде подолго од пет години, бидејќи способноста за позитивна промена во индивидуалните стојалишта и навики не треба да се потценува“. Нашиот закон ќе се применува следните 10 години. Во 2007 г., Хамарберг го потенцира укажувањето од 1996 г. дека „мерките за лустрација би требало да завршат не подоцна од 31 декември 1999, бидејќи новиот демократски систем би требало да биде консолидиран до тоа време во сите поранешни комунистички тоталитарни земји“. Нашиот закон почнува да се применува во практика цели 10 години по препорачаниот краен рок за примена на мерките за лустрација, факт кој испраќа порака дека нашиот демократски систем се' уште не е консолидиран.

Трето, комесарот потсети дека не смее некое лице да биде лустрирано без да му биде овозможена сеопфатна и соодветна заштита. Тука не се подразбира само право на адвокат, право да се предизвикаат доказите, туку и право на пристап до сите расположливи докази, отежнувачки и олеснителни. Последниве неколку години Полска има изгубено повеќе предмети пред Европскиот суд за човекови права, затоа што на лустрираните лица им бил оневозможен еднаков пристап до документите врз основа на кои се вршела лустрацијата. А комесарот Хамарберг внимателно ја предупреди Полска дека лицата опфатени со лустрацијата треба да ги уживаат сите процедурални гаранции од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). И не само тоа. Им порача дека е многу проблематично лустрацијата да се потпира врз незаконски собрани информации, складирани во некомплетни досиеја на тајните служби.

Нашиот закон определува дека безбедносните служби се должни само на Комисијата за верификација на фактите да и' ги стават на директен увид и располагање сите релевантни податоци, списи и други документи согласно со условите утврдени со посебен закон. Законот не овозможува еднаков пристап до документите и за лицата што се лустрираат од страна на Комисијата, која има привилегиран пристап до документите. Во законот експлицитно се наведува дека Комисијата ќе користи класифицирани информации и дека тие информации нема да бидат достапни на јавна седница, дури и ако лустрираното лице писмено побара седницата да биде јавна.

Со ваквите „тајни судења“ во кои само Комисијата за верификација на фактите ќе има пристап до „фактите“ од службите за државна безбедност, ќе настане прекршување на ЕКЧП, односно на принципот на „еднаквост на оружјата“. Според мислењето на Европскиот суд за човекови права, „постапките за лустрација неизбежно зависат од испитувањето на документи кои се однесуваат на операции на поранешните комунистички безбедносни служби“. Овие документи не треба да бидат класифицирани, затоа што со тоа им се одрекува пристап на засегнатите странки и им се одзема можноста да противречат на верзијата на фактите која е застапувана од страна на безбедносната служба.

Најдобар начин да се превенираат судски пресуди против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права (со што ќе се заштедат многу пари) е да се поништи целиот закон за лустрација, затоа што не е во согласност ниту со основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот, ниту со владеењето на правото.

Адам Михник ја нарече полската лустрација „семоќно владеење на полициски зол дух од минатото и уцена“. Сличностите помеѓу полската лустрација и македонската се повеќе од очебијни. И во Полска, законот ги третираше досиејата на тајната полиција како извор на апсолутна вистина, иако претходно се покажало дека некои досиеја биле фалсификувани. И во Полска, лустрацијата се вршеше со класифицирани документи кои им беа достапни само на лустраторите, наспроти укажувањето на Европскиот суд за човекови права дека не постои основа документите да останат класифицирани и дека треба да им бидат еднакво достапни и на лустрираните лица.

Накусо, „видела жабата ке се коет коњите, та и та је кренала ногата.“ Виделе нашите конзервативци дека полските конзервативци се „омрсија“ од законот за лустрација, па решиле да се „омрсат“ и тие. А кој ќе ја плати сметката од лустрациското бачило? По обичај, сметката ќе ја платиме ние.
.
07-03-2010, 03:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#91

Коментари и Дебати

Кое независно судство?

Автор: Јордан Петровски

"Втор услов за оваа операција да се одвива мазно е онеспособување на улогата на независното судство. Повторно под реторика на спроведување европски реформи, судството е пред партиски диктат и растур-систем од невидени размери досега. Како е можно под превез на реформирање кон ЕУ судството да е позависно и помалку способно за неутрална просудба од кога било во македонската историја? Ова е наша државна трагедија со долгорочни последици“.

Оваа оцена на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски беше повод да реагирам. Од првите чекори кон самостојноста на Македонија во 1990 година и обидот за „демонтажа“ на дотогашниот апсолутистички режим, па до денес се изнаслушавме од устите на големите „демократи“ од калибарот на Фрчкоски и компанија за независно новинарство, за независни невладини организации, за независно радио и телевизија, за независно судство, за човекови права и слободи, за независно ова или она. Ама, независноста што ја спроведуваа на дело Фрчкоски и компанија беше само продолжение на онаа што ја правеле Берија, Ранковиќ, Абаз, Величковски... Тогаш по директива на Сталин, Тито, Лазо; денеска (1992-08) Фрчкоски и компанија по директива на Глигоров и Црвенковски.
Јас ја имав „среќата“ да почувствувам врз сопствената кожа што значи да бидеш и „антикомунист“ и „окорели опозиционер“ и „соработник“ на бугарската служба (така барем стои во моето досие, отворено во времето на Фрчкоски). За да го оправдаат прогонот, Фрчкоски и компанија, односно УДБа и СДБ или деловите од „ОПЕРСКИОТ АНСАМБЛ“ - кој во Македонија до денешен ден остана негибнат - го употребуваат испробаниот и барем досега сигурен метод, кој го почувствувале многу МАКЕДОНЦИ - „соработник“ на бугарската служба.Почувствував и како Фрчкоски и компанија се справуваат со тој „опозиционерски ерес“. Методите беа која од која подемократски: прислушување, следење, подметнување провокатори, снимање,озвучување на домот и на работните простории... И сето тоа без судски налог, и со години.
Кршење на Уставот колку ти душа сака, но по однесувањето на „независното судство“ Фрчкоски, како еден од творците на Уставот, по сè имал право на такво нешто. Единствено не го прочитав тој член од Уставот, па не би било лошо другарот Фрчкоски да ми го посочи..
Поминав еден трнлив, но во исто време и интересен пат во барањето на политички азил, пат од кој научив многу, што во суштина значат зборовите НЕЗАВИСНО СУДСТВО и ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ и со наученото тука, во Канада, каде што живеам како политички азилант, сакав да направам еден тест во Македонија. Резултат на мојот мал експеримент е дека судството не ни се помрднало. Поднесов кривична пријава против Фрчкоски, Томислав Чокревски, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски, Сиљан Аврамовски и другите полициски функционери, кои, со намера да ми нанесат штета од идеолошки и политички причини поради мојата политичка определба како припадник и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, во 1992 година ми отвориле досие под псевдонимот ЦРНИ и на тој начин повеќе години противуставно и незаконски собирале сознанија за мојот приватен и деловен живот, со тајно следење и набљудување, тајно фотовизуелно снимање и документирање, тајна контрола на писма и други пратки, прислушување на телефон, и притоа добиените сознанија ги користеле за планско, систематско, организирано и смислено дискредитирање на мојата личност и семејство како и уништување на мојот бизнис. Доказите се недвосмислени. „Независната“ обвинителка Драгица Михајловска во јануари ја отфрли мојата пријава поради тоа што наводно изминале десет години од правењето на последната службена белешка на ДБК, која ја поседувам. Мал проблем е што последната белешка од мојот прогон, која ја имам, датира шест месеци пред истекот на рокот.
Да не бидам погрешно разбран, не очекувам чудо. Промените на судискиот кадар што се подготвува да ги стори новата влада нема да донесат промена, односно судовите да ја загубат „независноста“ и преку ноќ да станат „зависни“. Треба да си припомниме дека сите тие - со чест кон исклучоците - се ученици и воспитаници на Фрчкоски, Чокревски... А Фрчкоски и компанија најубаво знаат дека воспитувале само послушници – луѓе верни на партискиот став.
Можеби апсолутистот Груевски најубаво ќе знае да се справи со апсолутистот Црвенковски и неговите загарчиња од типот на Фрчкоски и компанија, и да им ја одземе моќта, но да дојде до судска разврска по мојот случај нема шанса. Сепак и Груевски и Црвенковски се дел од ист ОПЕРСКИ ансамбл во кој улогите ги делат од нашиот драг СЕВЕР.
А на Македонија Господ нека ѝ на помош.


Авторот е политички азилант во Канада, благодарение на Љубомир Д. Фрчкоски и неговите наредбодавци
http://www.novamakedonija.com.mk/Des...ArticleID=8098
18-03-2010, 10:31 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#92

(07-03-2010, 03:14 AM)mara-popara Wrote:


Овој Еврејот, како да зборува за нашите учени: Паско Кузман, Александар Донски, Тошев, Бошевски ... Како да вели дека се на грешен пат. Не знајат или играат како им кажат други...од сверените земји. Да го шекнат и така шекнатиот народ. Јас, кога станувам наутро , не само што не знам кој сум, туку ниту како се викам.Smajlito
19-03-2010, 08:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#93

Quote:За Роберт Фрост и Службата

Цветин Чилиманов

The woods are lovely, dark and deep.
But I have promises to keep,
And miles to go before I sleep,
And miles to go before I sleep.
Robert Frost, Stopping by Woods on a Snowy Evening

Ги има барем 25.000. Можеби дури и 40.000. Во секој случај ги има колку еден просечен македонски град, а по број на вработените, дневниот промет и влијанието се една од поголемите индустрии во државава. Секако, зборуваме за кодошите, шпионите, агентите на Службата. Преку ден работат како професори, новинари, пејачки, доктори, академици, фризерки, писатели, цариници, адвокати, службеници, обвинители, судии, боеми, бармени, чистачки... Живеат нормални животи, додека не падне команда. Тогаш, како во филмот во кој Чарлс Бронсон брка хипнотизирани руски агенти распоредени низ САД, некој им се јавува на телефон. Притоа можеби првин им ги чита гореспомнатите стихови на Роберт Фрост, а можеби не губат време на поетски глупости, туку веднаш преоѓаат на работа. Во секој случај, нашиве хипнотизирани кодоши се будат како од сон. Разговорот завршува, а на крајот хипнотизираниот кодош се потсетува дека, што и да направил, неговата работа продолжува, дека останува на линија. Ремембер Трпе, ѕоу хаве милес то го бефоре ѕоу слееп... И, по спуштањето на слушалката, разни нешта се случуваат.
Не мора да се случи ништо драматично; можеби само некој јавно ќе се скара со некого, некој ќе се вработи, а друг ќе остане без работа, некоја книга ќе добие лоша или добра критика, ќе се објави или заборави некој текст или телевизиски прилог, некој на некого јавно ќе му се извини, некој камион ќе помине граница, а друг нема, некоја тендерска документација ќе биде подотворена да се види понудата, а друга загубена, ќе избие пожар или ќе се појават глувци баш во магацинот каде што се чуваат некои документи. Обични, секојдневни работи. Од друга страна, понекогаш по овие повици се демолираат кафеани, луѓе се препнуваат и незгодно паѓаат по два-трипати на глава, се организираат митинзи, штрајкови, се фрлаат камења и јајца, а, во екстремни случаи, богами и се пука. Може да се организира и политичка ликвидација или испраќање мафијашка порака преку медиумите. Така, може да се случи одбраната жртва некое утро (обично во вторник) да се разбуди и во креветот да најде предупредување во вид на пресечена глава на скапо платен полициски коњ, набавен без тендер.
Самото хипнотизирање се врши по двоен принцип, Службата ги привлекува слабите, а ги напаѓа силните и неподобните. Се вртеле и се вртат следниве муабети: Сакаш да не служиш војска? Да станеш асистент на факултет или ќе се враќаш на село? Сигурно не сакаш жена ти да ги види оние фотографии што ги имаме? Знаеш дека можеш да лежиш затвор за онаа работа?
Дел од начинот на кој работи Службата „Време“ објави преку неодамнешниот фељтон за кумановецот Јордан Петровски, кој бил гонет затоа што давал пари за опозицијата. Во тоа е и главниот карактер на Службата. Нејзина задача е да спречи создавање ривалска елита, која би ја загрозила „единствената можна“ елита создадена по војната. И ако го знаеме ова, а никој подобро не го знае од нејзините главни паталци, кои денес се на власт, останува прашањето зошто цела една година се маткаме со тој несреќен закон за „илустрација“, како што пишуваше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Калкулирањето со процесот на отворање на кодошките досиеја, кој веќе заборавивме колку долго е заглавен во Парламентот, ги намножи шпекулациите дека и новата власт планира да го искористи овој инструмент, наместо да го згазне и засекогаш да го уништи. Како малку да им е искуството со некогаш оригиналниот и свеж Љубчо Георгиевски, за кого гледаме во какво цинично и пизмично суштество се претвори откако се обиде да си игра со апсолутната моќ. Кога и да отвори уста, се слуша како вели „Мѕ пресциоуссссс, тхеѕ тоок ит фром ме, диртѕ Хобитссс“.
И покрај тоа што вистинскиот чекор што треба да се стори е многу јасен и едноставен, власта веќе цела година ни е во длабоко Хамлетовска дилема и се мисли што да прави со наследениот замок низ кој секоја вечер шетаат духовите на жртвите на Службата и бараат одмазда! Од една страна, ако ги отворат досиејата, илјадници кариери на илјадници македонски угледници ќе се стопат. Но, истовремено, на тие луѓе ќе им се даде тоа што досега го немале, ќе им се врати слободата. Секој од нив, од првиот нареден ден ќе знае дека не мора веќе да чека телефонот да заѕвони. Прашањето, и за нив, но и за сите нас, е јасно: да се биде или не.
20-03-2010, 01:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#94

Quote:Воајери на транзицијата



Се прашувам колку е потребно во Република Македонија за некој да се сети дека во неа безочно се крши приватноста на нејзините граѓани и се поткопуваат темелните вредности на кои почива нејзиниот демократски поредок



Пишува: Проф. д-р Звонимир ЈАНКУЛОСКИ



Уште колку документи од тајните архиви на македонската полиција треба да се обелоденат, на уште колку човечки страдања треба да бидеме сведоци, за некој во оваа држава да се сети дека зад листовите хартија, зад тајно подготвуваните досиеја стојат луѓе со имиња и презимиња, луѓе кои наредувале и ги користеле информациите за, според нивните критериуми, непријателите на државата. Тоа се истите оние чувари на идеалот за едно минато кое беше с#232;, но најмалку беше демократско, а кои свесно го опструираат процесот на лустрација. Чуварите на социјалистичката револуција, а особено на придобивките од неа, знаеја како да ги детектираат непријателите на системот, дури и во транзицијата, чепкајќи по нивното минато и моделирајќи ја нивната сегашност.

Човечки судбини сведени на листови хартија, видео и звучни записи, на кои се градеа кариери, се освојуваше и задржуваше власта. Модерни воајери за кои не постои ништо свето, како што се домот, семејството, вашиот приватен живот. Еден коментар во врска со јавно објавеното тајно полициско досие на г. Јордан Петровски во Време најдобро го отсликува разочарувањето и “вербата” во она што го градиме во транзицијата и кое треба да го носи предзнакот демократско општество: “Го читам секој ден интервјуто со овој господин и косата ми се дига. Како е возможно сето ова во една демократска држава? Како се чувствуваат луѓето кои ги споменува, а кои денес се на позиција? Зарем остануваат рамнодушни на тоа што го направиле?”
Прашања кои со години ги поставувате, со години ги отворате, а наидувате на молк. Молк од државата, молк од судот, молк од интелектуалната елита. Молк кај политичарите. Медиумски молк. И ви останува само едно обично, но застрашувачко објаснување за ова. Македонија е контролирана држава. Контролирана од невидливи центри на моќ кои се хранети со информации за своите “поданици” од истите оние што го хранеа репресивниот апарат на минатиот режим. Слугите на тоталитаризмот ги ставија своите услуги на новите господари на транзицијата. Слуги еднаш, слуги засекогаш.
Следењето, надгледувањето на граѓаните е синдром на општество кое е сериозно заболено. Општество кое инклинира кон тоталитаризам.

Во Република Македонија не е отидено предалеку. Се зајде во следењето на неистомислениците, прислушувањето на нивните разговори и какви с#232; не мерки на контрола на нивната приватна сфера. Секоја нормална демократска држава после толку обелоденети случаи на прислушување од страна на тајната полиција (последниот од воената служба за безбедност и разузнавање) и кој с#232; не, ќе ги активираше механизмите на самоодржување и ќе се обидеше да го репарира заболеното ткиво кое го метастазира организмот. Велам, секоја нормална демократска држава, освен нашата.

Пенетрацијата во нашата приватност за која има премногу сведоштва и премногу обелоденети скандали го отвора и прашањето дали вистински сакаме да живееме во слободно општество или сакаме да живееме во општество со самонаметната форма на тоталитаризам. Општество во кое граѓаните се маргинализирани, нивните животи и кариера диригирани и контролирани од тајните структури на полицијата. Општество кое почива на страв.
Изгледа вирусот на слободата ги одмина граѓаните на оваа држава, а посебно нејзината “политичка елита”.
Какви легитимни цели ќе најдете во досието на Јордан Петровски и на уште многу како него, кои би ја оправдале пенетрацијата на државата во неговата приватност и неговиот личен и семеен живот. За оние кои го правеле тоа не бил важен квалитетот на информацијата која требало да се прибави. Важна била контролата. И само контролата. На секој оној што можел да го загрози нивниот травестираниот модел на владеење.
Затоа, ми е смачено кога упорно се обидуваат да ве убедат дека државата треба да се штити по секоја цена, па макар тоа било за сметка на правата и слободите на нејзините граѓани. Сиве години се обидувам да разберам од кого н#232; штитат нашите тајни служби. Од оние кои не размислуваат како нивните наредбодавци? Од оние кои не се дел од нивното “семејство”? Затоа и продирањето во приватноста на “останатите” граѓани не се доживува како непочитување на нивната личност, нивното достоинство и желбата слободно да изберат под кои услови и до кои граници ќе ги изложат својата посебност, своите ставови и своето однесување кон останатите во заедницата. Ваквиот малигнен човечки материјал може да опстане само во контролирано општество, какво што е нашето.
Се лаже оној што мисли дека нашето општество е нападнато од некој нов вирус Монтесинос. Зашто, ние го наследивме изворниот вирус на тоталитаризмот. Зашто, имавме луѓе и служби кои знаеја како да го одржат и аплицираат во современо демократско општество кое се обидовме да го градиме во Македонија. Затоа се прашувам кој с#232; се шета во државава со вашите животи преточени во листови хартија, видео и звучни записи? Се прашувам кому с#232; му одговара во оваа држава да остане нереформиран стариот систем на државна контрола и после шеснаесет години транзиција.


http://www.forum.com.mk/DesktopDefau...ID=4942&Page=1
20-03-2010, 01:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#95

Quote:Полициска држава

Пишува: Цветин Чилиманов

Минатата недела „Време“ објави дека кумановецот Јордан Петровски поднесе кривична пријава против тројца поранешни министри за внатрешни работи, Фрчкоски, Чокревски и Сиљан Аврамовски, како и против бивши шефови на тајната полиција ДБК, како Верушевски и Слободан Богоевски. Досието навестува зошто полициската елита, од која некои се уште се на високи позиции во ДБК, толку се интересирала за бизнисмен од Куманово. Човекот давал пари за партијата ВМРО-ДПМНЕ и со тоа го помагал создавањето втора опција во Македонија, која Македонците со децении ја немале. Како што вели новата, а сепак стара парола: „еден е изборот“. Од досието се гледа како полицијата прислушувала и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот Љубчо Георгиевски и актуелниот собраниски спикер Љубиша Георгиевски. Да бевме Америка, ова досие ќе се сметаше за Вотергејт. Но, не сме Америка, а што е најтрагично, не сме ни многу изненадени што дознаваме дека вакво нешто се правело. Ако дрвото се исправа додека е младо, досието на Петровски е доказ дека УДБа/ДБК во почетокот на независната држава го треснала младото дрво на македонската демократија со токмак толку силно што до денешен ден тоа расте криво и дава кисели плодови. Досието укажува како нашата полиција сакала да ја фингира и дозира демократијата, да не ни се слоши од премногу. Јасно е дека секоја држава мора да има безбедносен систем, но тоа не смее да биде по цена на задушување на демократијата. ДБК имала полно право да отвори досие за Јордан Петровски и да види што тој човек прави со својот бизнис и со врските со странство. Можела да го испитува еден разумен период, да види дали го крши законот и дали ја загрозува безбедноста, и потоа да му поднесе пријава. Но, од досието е јасно дека ДБК него го водела, го подучувала и го манипулирала. Со години го држеле под обработка. Јасно се гледа дека ДБК не се борела толку против организираниот криминал и против надворешните закани за Македонија, колку што го менаџирала криминалот и измислувала закани. Впрочем, видовме колку убаво не одбрани во 2001 година. Од институциите дојдоа разни изјави во врска со овој случај, од кои добар дел не се за објавување во весник, поради својата глупост или вулгарност. Најинтересната изјава беше дека сега ВМРО-ДПМНЕ има свои луѓе на чело на полицијата и дека тие се одговорни за тоа што ДБК го прави. Замислете кога во царството на животните лавот-цар одненадеж би абдицирал под притисок на поданиците, а на избори би победила коалиција на зебрите и жирафите. И кога зебра би била поставена за формален водач на лавовските чопори, чија главна задача од памтивек била токму да ги гонат и јадат зебрите. На тоа личи идејата дека ВМРО-ДПМНЕ ја контролира ДБК, контролира инструмент чија главна задача е да го спречи или контролира постоењето на опозициска партија, само затоа што сега има прв човек на нејзино чело. Во демократијата се смета дека луѓето се генерално добри и дека од 10 случаи, барем во девет ќе постапат добро и чесно. Полиција ни треба за неколкуте „црвливи јаболка“. Во полициска држава, пак, се смета дека луѓето се генерално лоши и опасни, а дека добро се однесуваат само под присила и дека полицијата ни треба за да ги следиме сите, секаде и во секое време. Нормално, полициска држава што не им дозволува на луѓето да си работат и творат слободно и неконтролирано, многу бргу ќе почне да заостанува зад соседите прво на економски, а потоа и на културен, општествен план. На крајот, таа неизбежно ќе се распадне и останува само да се види дали жителите ќе извлечат некоја поука од тој распад. Првенците на полицискиот систем кај нас упорно не убедуваат дека распадот немал врска со тоа што системот бил гнил однатре, туку дека некако нашите многу побогати, а сепак завидливи соседи, од љубомора или што знам која друга причина, решиле да не растурат. Така, наместо да извлечеме поука за карактерот на тоталитарната држава и да внимаваме како во иднина да избегнеме тоталитаризам, нас не убедуваат дека вистинската поука е дека не смее да им се верува на странците. Во меѓувреме упорно чекаме да поминат одреден број години за транзицијата да заврши. Транзицијата може да трае и 2-3 години ако забрзано вршиш реформи. А може да трае и 20-30 години ако реформите постојано ги одложуваш. Ние упорно чекаме системот да ни се смени сам од себе, без лустрација, без реформи. Божем некогаш се случило во историјата некоја олигархија да се откаже од апсолутна власт без да биде барем благо поттурната од страна на народот, како Милошевиќ со оној жолт багер во 2000 година. Две земји што ги шиевме со децении сега се пред нас. Едната од нив, каде што народот ги стрелаше диктаторот и неговата сопруга како кучиња, сега е во НАТО и во ЕУ и ни испраќа експерти да не научи како да си ја спасиме државата од корупција. Друга држава, на која и требаше малку повеќе време, но на крајот народот сепак зеде кука и мотика, влезе во Собранието, го урна режимот и потоа стави динамит под мавзолејот на диктаторот, сега исто така е во НАТО и во ЕУ, а деновиве ни испрати свој генерал како шеф на НАТО-мисијата во Скопје. Ние упорно се обидуваме системот да го префарбаме, замаскираме, ублажиме... без суштински да му го смениме начинот на функционирање.
20-03-2010, 02:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#96

Моментот на "ДЕРЕГИСТРАЦИЈА" е клучот:

Quote: Што е спасот? Лустрација? Дали ВМРО-ДПМНЕ би можело да спроведе лустрација без самото себе да се разнебити?
- Службата има еден специфичен начин на работа. Ова го велам од мое искуство, според моето досие. Во Службата не постои дерегистрација. Или ќе бидете следен до крајот на животот или ќе бидете соработник. Во моментот кога сакаат да ме регистрираат, всушност тие сакаат да работам за нив. Кажете ми сега, ако сум прифатил да работам за нив, дали јас ќе сакам да има лустрација? Љубчо Георгиевски немаше шанса да ја контролира Службата. Тука е и грешката на Никола Груевски. Службата не може да ја контролира никој. Таа мора да се растури. Лустрација нема да има, а јасно е и зошто. Ако некој сакаше да направи што било, најлесно можеше Љубе Бошковски. Еве, јас сум тука со случајот со обидот за апсење натоварен со пари пред бугарската амбасада. Ме имате мене. Документите не знам дали постојат во полиција, но имате новински натписи. Бујрум, јас ќе сведочам. Никој не сака да реагира на сите мои пишувања, на толку настапи. Затоа Македонија многу тешко ќе влезе во НАТО, бидејќи основниот услов е да се спроведе лустрација, ама вистинска лустрација. Овој свет тука во Канада, во овие шест години колку што сум тука, го запознав добро, особено преку водењето на моето барање за азил. Тука не можете да ги лажете. Ние мислиме дека сме поумни од нив и дека можеме на лага, на ситна измама да им се протнеме. Нема теоретска шанса.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefau...EditionID=1231
20-03-2010, 03:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#97

Quote:Фрчкоски не е за лустрација од неговиот период

Во последната колумна, професорот по меѓународно право бара лустрацијата да важи до 1990 година. Неговата жртва, азилантот Јордан Петровски, судски се бори да докаже дека бил прогонуван од Фрчкоски токму во периодот по 1990 година


Додека кумановецот и канадски азилант Јордан Петровски речиси една деценија се обидува да ја добие својата правда пред нашите судови поради политички прогон од МВР, кога Љубомир Фрчкоски беше министер за внатрешни работи, професорот по меѓународно право на Правниот факултет во својата последна колумна во „Дневник“ бара лустрацијата да се однесува само на времето на социјализмот. Петровски бил прогонуван од УБК по распадот на СФРЈ.

Фрчкоски во својата колумна никаде не го спомнува Петровски, кој засега единствениот граѓанин што судски го прогонува поради политичка злоупотреба на тајните служби.

„Основна логика и правец на процесот на лустрација (тврда или мека, сеедно) е лоциран во два нивоа: прво тој се однесува САМО на политичкиот систем на еднопартиска диктатура (социјализам, комунизам и сл.) каде што врската на единствената партија со тајните служби била законска и оперативна во прекршување на правата на граѓаните и немало никаква можност за замена на владејачката партија и промена во тајните служби. Тоа создало можност за уцени и притисок на кој ретко кој можел да одолее во врбување на информатори. Со тоа злоупотребата на службата било принцип, а не исклучок. Некои од информаторите, дополнително од тоа направиле кариера“, заклучува Фрчкоски врз база на сопствените анализи и толкувања на меѓународното право и препораките на Советот на Европа.

Фрчкоски, уште пред претседателските избори, на кои беше кандидат на опозицијата, ги одби обвинувањата на Петровски со став дека „пријавата е дел од политичкото подземје“.

Петровски бараше да му се одземе статусот кандидат за претседател бидејќи лажел пред Државната изборна комисија кога тврдел дека никогаш не ги злоупотребил своите функции за прогон на политичките неистомисленици. На ваква изјава Фрчкоски беше законски обврзан како и сите други кандидати. Петровски, поранешен кумановски бизнисмен и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, врз база на своето досие кое го добил од МВР и на кое стои дека бил обработуван од УБК од „политички причини“ побара од Комисијата за верификација на факти (комисијата за лустрација) да реагира. Врза база на истото досие добил и азил во Канада, каде што и сега живее. Комисијата за верификација на факти тогаш сé уште немаше услови за работа и ништо не направи. Кумановецот бараше реакција и од Ерван Фуере, но не ја доби, по што започна постапка пред Европскиот омбудсман за работата на евроамбасадорот.

Во Македонија, Јордан Петровски со години се обидува да добие правда. Пред две години, поради наводна застареност на делото, обвинителството му ја отфрли кривичната пријава што тој ја поднел против Фрчкоски, неговиот претходник Томислав Чокрески, потоа против поранешните директори на УБК, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски и Силјан Аврамовски, како и против кумановските инспектори на УБК, Кузман Јовановски, Горан Станковски и сега починатиот Тодор Димковски. Петровски поднел пријава до обвинителството, како предлог за давање согласност за подигање на обвинителен акт без да се спроведува истрага. Идејата на Петровски согласно законите е функционерите да бидат сослушани од истражен судија, по што тој ќе ги гонел приватно. Тука почнува мал судски лавиринт.

МВР, според Петровски не му ги давало адресите на обвинетите, па тој ургирал кај министерката Јанкуловска, по што адресите станале познати. Истражнот судија Владо Туфекџиќ досега успеал да сослуша само еден обвинет, по што станал портпарол на судот. Предметот отиде во рацете на нов судија, истражната судијка Весна Басотова. Туфекџиќ е на пат и не дава изјави, а Басотова вчера цел ден беше презафатена.

Фрчкоски вака во својата колумна го коментира правниот систем во однос на лустрацијата.

„Во Македонија постојат плурализам и основи на правна држава. Сите делови од партиско-политичкото милје биле на власт и се менувале. Авторите на дополнението на законот го измешале незадоволството од функционирање на правната држава со нејзино целосно отсуство (како во комунизмот) и направиле грешка која може да го упропасти сиот закон. За да се спаси лустрацијата, тој дел од законот мора да се отфрли“, смета професорот.

„Нова Македонија“ вчера контактираше со двајца од листата на Петровски, поранешниот министер Томислав Чокревски и некогашниот шеф на УБК, Слободан Богоевски. И двајцата велат дека за Петровски знаат само од нашите пишувања. Покана од судот досега не добиле, а веднаш ќе се јават ако ги викне истражната судијка.

- Никогаш не сум дал наредба да се следи тој Јордан Петровски. Неговите обвинувања се смешни - вели Чокревски.

„Бугарскиот шпион“ стана канадски конзервативец


Азилантот Јордан Петровски и неговото семејство од неодамна станаа канадски државјани со право на глас, како и членови на владејачката Конзервативна партија на Канада. Тој вчера ни го испрати писмото датирано од 8 октомври годинава, што го добил лично од канадскиот премиер Стивен Харпер. Шефот на канадската влада топло му го честита стекнатото право на глас и членството во партијата.

Според УБК, во 90-тите Петровски бил агент на бугарската тајна служба. Ова било игнорирано од канадските власти кога барал азил, бидејќи во досието на УБК нема никакви докази дека имал каква било врска со БНРС (Бугарска национална разузнавачка служба).


Автор: А.Б.
Ke gi kacham i komentarite na teksto ne se mnogu:

Никола,Ср.
Фрчковски против лустрација!? Ова мора да е некоја шега! Па човекот едноставно гине за демократија, човекови права и слободи, отворено опшество...

ILJO
NEKA ODGOVORI JORDAN PETROVSKI DALI STVARNO BIL BUGARSKI SPION SEGA E NEGOV RED DA SE BRANI A AKO STVARNO BIL TOGAS ZALOSNO ZA NEGO I NEGOVOTO SEMEJSTVO

Pero Trajkov
Frle dobro znae deka sekogas postoi opcijata ovaj predmet da izleze na sud, a ne e siguren vo planovite na negovite nalogodavci, so ogled na segasnata negova uloga na politickata scena(marginalec) i (nikakvoto) negovo znacenje vo idnoto opstestvoto, pa ne e siguren sto moze da se sluci. Obidot za predsedatel bese negova ocajnicka "lebedova" pesna (grakanje).Kako sto se zgolemuvaat sansite za vlez vo EU, taka i se zgolemuvaat sansite za da izleze slucajot na videlina. Pretpostavuvam deka i g-din Petrovski kako covek koj zivee na zapad, znae kako funkcionira sudstvoto i deka visoki funkcioneri i politicari tamu se prepotuvaat pred istrazna komisija, pa si go turka slucajot. Se nadevam deka ke go docekame i Frle so purata na nekoe drugo mesto...

Александар
Сите комунистички кодошки гнаси се префарбаа во големи демократи и борци за човекови права по 1990. Комунизмот во Македонија реално гледано заврши во 1997

vlado
Pak pocnaa za ovaa SUGA(frle) da pisuvaat. A se si mislev aj go snema kretenov.

http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=21812
20-03-2010, 03:57 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#98

За жал е Јордане што остануваш сам во борбата за лустрација. Додека не се расчисти со комунистичкото минато неможе Македонија да тргне на напред. Но еве и на овој Форум, кадешто нема цензура најпопуларни се темите каде што се препукуваат убер-македонските партриоти со бугарите - распарвии кои немаат никава врска со дневниот живот на Македонецот. Можеби Македонецот си ја заслужува оваа сУДБа, зашто Господ ни ги дава алатките да дојдеме то поарен живот - до нас е дали тоа ќе го сториме или ќе му служиме на Лукавиот.
21-03-2010, 05:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#99

(21-03-2010, 05:59 PM)Solenik Wrote: За жал е Јордане што остануваш сам во борбата за лустрација. Додека не се расчисти со комунистичкото минато неможе Македонија да тргне на напред. Но еве и на овој Форум, кадешто нема цензура најпопуларни се темите каде што се препукуваат убер-македонските партриоти со бугарите - распарвии кои немаат никава врска со дневниот живот на Македонецот. Можеби Македонецот си ја заслужува оваа сУДБа, зашто Господ ни ги дава алатките да дојдеме то поарен живот - до нас е дали тоа ќе го сториме или ќе му служиме на Лукавиот.


Тие како што ги нарекуваш, убер-македонски патриоти, утре ако се смени нешто и врз "плукањењто" по Србија да се ДОКАЖУВА ПАТРИОТИЗМОТ тие ке се први и ке плукаат најдалеку.

Ако тие луѓе се вистински патриоти, за какви сакаат да се прикажат треба да преминат од зборови на дела:

1. Да појдат во Пиринска Македонија и да ги ослободата поробените Македонци.
2. Да ја соборат власта во Македонија бидејки не води грижа за поробените македонци во Албанија, Бугарија, Грција.

Јас оваа што го работам, да се спроведе ЛУСТРАЦИЈАТА, за нив не е вред и не е патриoтски-го разоткривам работењето на СРПСКИТЕ ИНСТАЛАЦИИ а со тоа пропаѓа нивната теза дека Македонија е најзагрозена од Бугарија.
Да можеше некако лустрацијата да се врзе со Бугарија....на форумиве ке немаше друга тема.
(This post was last modified: 21-03-2010, 08:23 PM by ЈорданПетровски.)
21-03-2010, 08:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ПРЕМНОГУ КОДОШИ, ПРЕМАЛКУ ЛУСТРАЦИЈА

Понатаму, со лустрацискиот закон се изземаат и корисниците на информации-политичкиот врв. Во 1992 година тогашната македонска влада усвои правила за работа и организација на Службата за државна безбедност, со што во СДБ се воведе и линијата на работа - „македонски екстремизам„ што всушност беше перфидна форма за следење на тогашното ВМРО-ДПМНЕ. Во согласност со овие правила, извештаите за следење на “македонските екстремисти”, тајната полиција ги доставуваше до тогашните највисоки државни раководители, односно до претседателот Киро Глигоров и до тогашниот претседател на Собранието, Стојан Андов. Оттука прашањето, зошто да се иземе од лустрација и тогашниот државен врв кој ги користел информациите од кодошите на тајната полиција за да се пресметува со своите политички неистомисленици?

Инаку, во тоа време се отворија илјадници досиеја за т.н. македонски екстремисти, односно вистинските вмровци кои во тие опасни времиња го понесоа товарот на самостојноста и невидените малтретирања од тајната полиција, а кои, и тогаш кога се создаваше самостојната и суверена македонска држава и денес остана на улица. Но, иронијата е голема ако се знае дека во демократска Македонија биле кодошени токму од лица што по победата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година, пребегаа од СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ и во моментот се „вмровски„ функционери. Македонската јавност, со чудење секојдневно се прашува, како е можно пребеганите од СДСМ на кои во 1990 година им се гадеше од „клетите„ вмровци и кои кодошеа за тајната полиција, сега, преку ноќ, некој ги набута во ВМРО-ДПМНЕ и притоа ги назначи за „вмровски„ функционери кои и ден денес ја кројат судбината на македонскиот народ и држава. Затоа, парадоксален е впечатокот дека од лустрацијата поисплашени се во ВМРО-ДПМНЕ отколку во СДСМ, особено ако лустрацијата се спроведеше и за периодот по 1990 година.

IIZVOR
22-03-2010, 01:36 PM
Reply