Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(02-09-2013, 08:50 AM)Cesen Makedonec Wrote:
(02-09-2013, 12:40 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-09-2013, 11:45 PM)Cesen Makedonec Wrote: Мошне интересно прашање постави Ларсон. Странците се јавуваат за секој настан без никој ништо да ги праша само за Лустрацијата молчат.



Чесен Македонецу, не би рекол дека никој не ги прашал. За се што даваат одговори странците се прашани. Проблем е што ние незнаеме кој ги порашува.

Уште една завера а? Не можат странците да дадат изјава без некој да ги праша. Тоа што се имаат огласени за се од најнегативно до најпозитивно за секој детал и настан во МК е пак по директива.

Во ЕУ извештајот за Македонија во кој се е опишано и кој има 70 страни лустрацијата е спомната со еден параграф и тоа дескриптивно без никакви коментари. Во пролетниот извештај каде се и препораките на што Македонија најмногу треба да обрне внимание лустрацијата ич не е спомната. Мора Србија или удба да ги пишува извештаите. Во следниов ЕУ извештај за некоја недела да ли лустрацијата и конечната пресметка со комунизмот ќе има главно место?



Не е во прашање завера. Тоталитарниот едноумен комунистички систем опстанал благодарејки на тоа што водел сметка за секоја потенцијална опасност. Најмногу внимание посветувал да ја превенира можната опасност. Нивната девоза е: поарно да настрадаат сто невини одошто да ни "избега" еден виновен.
Еве ти еден пример. За Љупчо службата се интересира уште во мај 1989 гидина.

[Image: Vancoeftimov_zps36f4c16d.jpg]


Можеби има службени белешки и за период пред тоа. Какава активност пројавил Љупчо во тоа време за да веке биде предмет на интересирање на службата.

Изjавава на Фрчковски е прејасен доказ, односно пример кои јасно укажува дека се работи за планирано непрашување.

Но, треба да знаат, нивната „правда“ ќе трае колку нивната власт. По нив, првата недела со Закон за амнестија на политичките затвореници ултимативно ќе се ослободат оние кои како такви ги оценува македонската и светска јавност во извештаите за нас.
.....нужно ќе следи нов закон за Лустрација против оние кои прогонувале од идеолошко-политички причини (согласно меѓународните извештаи, не повеќе и не помалку).



Невладините организации од Македонија, Хелсиншки, ФООМ и дрги во НИТУ ЕДЕН ИЗВЕШТАЈ кој е праќан до меѓународните институции неамат споменато дека во Македонија се кршени човекови права и дека е потребна лустрација. Македонската пратеничка група во Cоветот на Европа била воздржана при гласањето на резолуциите за осуда на комунизмот со обаразложение дека таков комунизам немало во Македонија-Југославија!!
Уставниот суд ја поништи лустрацијара прифаќајки вакво објаснување:

"Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на ДРЖАВА, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.
Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ. Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!"
(This post was last modified: 02-09-2013, 12:34 PM by ЈорданПетровски.)
02-09-2013, 12:33 PM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0

Јас можеби не разбрав најдобро. Прашањето беше: Зошто меѓународната заедница и котле се однесуваат различно? За котле лустрацијата е еден од најважните проблеми ако не и најважниот и нонстоп за тоа се зборува со години. За меѓународната заедница испаѓа дека не е по тоа што ретко кога лустрацијата ја споменуваат, а и кога ќе ја споменат ја споменуваат дескриптивно. Ајде и да го прифатиме тоа дека странците зборуваат само кога некој ќе ги праша и да го прифатиме уште поневеројатниот факт дека сите што ги прашуваат се агенти на КОС и УДБАШИ и дека досега не се нашол никој во светот асолен што не им поставил вистинско прашање сите овие години/децении (тие кутрите горат да ни кажат за Лустрацијата ама неможат затоа што никој не ги прашува) - зошто тогаш барем кога ги даваат своите извештаи официјални и екстремно детални (пола од настаните во тие извештаи не ми се познати) и каде што кажуваат кој се приоритетите на ЕУ кога се работи за Македонија не ја споменуваат Лустрацијата како клучен феномен како што котле ја спомнува?
02-09-2013, 02:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(02-09-2013, 02:56 PM)Cesen Makedonec Wrote: Јас можеби не разбрав најдобро. Прашањето беше: Зошто меѓународната заедница и котле се однесуваат различно? За котле лустрацијата е еден од најважните проблеми ако не и најважниот и нонстоп за тоа се зборува со години. За меѓународната заедница испаѓа дека не е по тоа што ретко кога лустрацијата ја споменуваат, а и кога ќе ја споменат ја споменуваат дескриптивно. Ајде и да го прифатиме тоа дека странците зборуваат само кога некој ќе ги праша и да го прифатиме уште поневеројатниот факт дека сите што ги прашуваат се агенти на КОС и УДБАШИ и дека досега не се нашол никој во светот асолен што не им поставил вистинско прашање сите овие години/децении (тие кутрите горат да ни кажат за Лустрацијата ама неможат затоа што никој не ги прашува) - зошто тогаш барем кога ги даваат своите извештаи официјални и екстремно детални (пола од настаните во тие извештаи не ми се познати) и каде што кажуваат кој се приоритетите на ЕУ кога се работи за Македонија не ја споменуваат Лустрацијата како клучен феномен како што котле ја спомнува?



Дека прашањето така ти било формулирано не разбрав. Но еве ке ти одговорам и на тоа.

Јас велам, а не котле, и ти Чесен си котле, дека покрај спорот со Грција и НЕОСУДАТА НА ТОТАЛИТАРНИОТ КОМУНИСТИЧКИ е пречка за влез на Македонија во ЕУ. Нека го решат спорот со Грција па ке видиме понатака што ке бара ЕУ од Македонија.

02-09-2013, 03:27 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(01-09-2013, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-09-2013, 01:15 AM)Larsson Wrote: Sto mislite zosto "strancite" (diplomati ,predstavnici itn) voopsto ne komentiraat i ne davaat nikakvi izjavi za Makedonskata lustracija,i ja tretiraat kako strogo vnatresno prasanje?

Premnogu se tivki,nemaat "informacii" ili taka im cini?

Ili pak nema koj da gi prasa mozebi?



Јас мислам дека причината е во тоа што досега никој не ги прашал.


Jas mislam deka najgolemiot del od dosieata gi imaat i strancite...zosto da se cesaat ako nisto ne gi cesa...tie si imaat odlicna sorabotka so site koi se na vlast vo MKD, a kako sto znaeme od 45 do sega ednite isti se na vlast...
02-09-2013, 09:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустраторите утре ќе чистат од „Темел“


Станува збор за документи на повеќе од 500 страници кои неодамна ги обелоденија поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски и директорот на државниот архив, Зоран Тодоровски.

[Image: %5CUpload%5C%5CVesti%5Cdosie_temel-500_2...133827.jpg]

Комисијата за верификација на фактите утре ќе го разгледува досието „Темел“, дознава Алфа од извори во Комисијата.

Станува збор за документи на повеќе од 500 страници кои неодамна ги обелоденија поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски и директорот на државниот архив, Зоран Тодоровски.

Во досието се содржани сите информации за оперативната акција која на почетокот на деведесеттите години ја водела тогашната Служба за Државна безбедност.

Таа била продолжение на акцијата „Дувло“ и опфаќала следење на раководството и на штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

До Комисијата за лустрација, отворање на предмет за досието „Темел“ испратило трето лице, кое било заинтересирано да се открие кои стои зад наредбите за спроведување на оваа акција, кој ја спроведувал и кој се лицата што биле следени.

TV ALFA



Од досиево "ТЕМЕЛ" би требело да биде лустриран и актуелниот заменик директор на ДБК, Силјан Аврамовски !?
15-09-2013, 09:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Екс помошник секретар на МВР бил соработник на тајните служби

Поранешен помошник секретар во Министерството за внатрешни работи бил соработник на тајните служби, утврди денеска Комисијата за верификација на фактите.



Портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски изјави дека според првичните сознанија лицето е се уште живо. Тоа обработувало лица кои настапувале од позиции на македонски национализам и екстремизам.

- Комисијата за верификација на фактите денеска одржа седница на која шест лица беа прогласени за наредбодатели или соработници на поранешните тајни служби. Од нив, за петмина веќе беа усвоени извештаите на некои од претходните седници, а денеска беше само усвоено решението, додека за едно лице денеска е утврдено дека бил соработник на поранешните тајни служби, појасни Димитровски.
16-09-2013, 06:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустриран Томислав Чокревски, екс-министерот за внатрешни


[Image: 7603golema.jpg]

Лустрациската комисија го прогласи за наредбодавател екс-министерот за внатрешни работи Томислав Чокревски за случајот Темел, каде биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално НОВА.

Чедо Дамјановски на седницата изјавил дека нема основ за лустрација на Чокревски и дека следењето не било од политички побуди, туку од безбедносни причини.

После Љубомир Фрчкоски, Чокревски е вториот министер за внатрешни од поранешната влада на СДСМ кој е лустриран, со мандат од 1995-1998 година.

[Image: %20%D0%B8%20%D1%84%D1%80%D1%86%D0%BA%D0%BE.jpg]

NOVA



Оваа е третиот од листата на оние против кои сум поднел Кривична пријава!!

19-09-2013, 02:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Реакција на блиски извори на Чокревски


[Image: 7638golema.jpg]

„Сите инволвирани во случајот „Темел“ - членови на ВМРО- ДПМНЕ во тоа време биле следени поради контакти со странски служби а во координација со амбасади во Македонија -
се работи за безбедносни причини во одбрана на политичката и безбедносната стабилност на замјава, при што било неопходно да се преземат соодветни потези од страна на полицијата, изјавуваат за НОВА извори блиски до Чокревски.

- Доколку навистина се отворат досиеата на МВР би се дознала целосната вистина за следењето на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната блиска соработка со странски амбасади и странски разузнавачки служби“, се додава во реакцијата.

Како што дознава НОВА од блиски извори на Томислав Чокревски, кој вчера беше лустриран, ова би бил ставот содржан во реакцијата на Чокревски, поранешниот министер за внатрешни работи во време на Владата на СДСМ од 1995-1998.



Овие докториве на правни науки и борци за човекови права забегале ептен или пак мислат дека Македонија е Северна Кореа.
Во досиеата може да пишува се и сешто. Судот со КОНЕЧНА пресуда ја докажува вината, односно веродостојноста-вистинитоста на онаа што е напишано во досиете
Со ваквата изјава, иста таква даде и Фрчковски, се отвора многу сериозно прашање ако службите имале докази за соработката на членовите на ВМРО ДПМНЕ со "странски амбасади и странски разузнавачки служби" зошто не се уапсени како овие од "ШПИОН" и дадени на суд.
Има два одговора или полицијата ненала цврсти докази или пак врвот на полицијата бил соучесник во антидржавното делување на тие луѓе.
20-09-2013, 01:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Дамјановски: Лицата во „Темел“ биле заканата за безбедноста на државата, кривично не одговарале поради договор на тогашната власт и ВМРО-ДПМНЕ

[Image: 59584.jpg]

23.09.2013 | 19:53

Следените лица во досието „Темел“ биле опасност за безбедносниот систем на државата, а тоа што го правеле било голема работа.

„Јас тврдам дека тоа следење било од безбедносни причини. Според мене целиот врв на партијата требало да биде гонет, протворен, обвинет и да одговара, но најверојатно е некој договор. Договор меѓу власта и опозицијата да не се гонат поради раскинување на националното ткиво. Апсолутно според мене го загрозиле поредок“, изјави Дамјановски во 24 Анализа.

Ова според членот на комисјата за лустарција Чедомир Дамјановски е образложението зошто раководството на ВМРО ДПМНЕ кое било следено од 1995-1998 година не одговарало кривично, иако вели, ја загрозиле безбедноста.

Видео на линкот: 24 vesti




Еве еден пислушкуван разговор:


[Image: ok27pe.jpg]

[Image: 9j3lnn.jpg]


(This post was last modified: 24-09-2013, 01:53 PM by ЈорданПетровски.)
24-09-2013, 01:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(15-09-2013, 09:53 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Лустраторите утре ќе чистат од „Темел“


Станува збор за документи на повеќе од 500 страници кои неодамна ги обелоденија поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски и директорот на државниот архив, Зоран Тодоровски.

[Image: %5CUpload%5C%5CVesti%5Cdosie_temel-500_2...133827.jpg]

Комисијата за верификација на фактите утре ќе го разгледува досието „Темел“, дознава Алфа од извори во Комисијата.

Станува збор за документи на повеќе од 500 страници кои неодамна ги обелоденија поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски и директорот на државниот архив, Зоран Тодоровски.

Во досието се содржани сите информации за оперативната акција која на почетокот на деведесеттите години ја водела тогашната Служба за Државна безбедност.

Таа била продолжение на акцијата „Дувло“ и опфаќала следење на раководството и на штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

До Комисијата за лустрација, отворање на предмет за досието „Темел“ испратило трето лице, кое било заинтересирано да се открие кои стои зад наредбите за спроведување на оваа акција, кој ја спроведувал и кој се лицата што биле следени.

TV ALFA



Од досиево "ТЕМЕЛ" би требело да биде лустриран и актуелниот заменик директор на ДБК, Силјан Аврамовски!?



Quote:Лустриран уште еден екс министер за внатрешни


[Image: avramovski.jpg]

Силјан Аврамовски поранешен министер за внатрешни работи во владата на Хари Костов е лустриран како наредбодател во случајот „Темел“.

Претходно како министри за внатрешни работи, лустрирани од Комисијата за верификација на фактите се професорот Љубомир Фрчкоски и Томислав Чокревски.

Според лустраторите сите учествувале и биле дел од акција која како целна група имала високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

A1 ON
03-10-2013, 04:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(03-10-2013, 04:13 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Лустриран уште еден екс министер за внатрешни


[Image: avramovski.jpg]

Силјан Аврамовски поранешен министер за внатрешни работи во владата на Хари Костов е лустриран како наредбодател во случајот „Темел“.

Претходно како министри за внатрешни работи, лустрирани од Комисијата за верификација на фактите се професорот Љубомир Фрчкоски и Томислав Чокревски.

Според лустраторите сите учествувале и биле дел од акција која како целна група имала високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

A1 ON

Дали случајно од А1 заборавиле да напишат дека Силјан Аврамовски денеска се наоѓа на фунцијата замeник директор на ДБК, односно заменик на Сашо Мијалков. На функцијата заменик на директот на ДБК се наоѓа од 2006 година.

Пресериозна работа е да се одмолчи работниот ангажаман на Силјан Аврамовски од 2006 до денеска. Тоа одмолчување отвора многу дилеми. Ајде некао да ги разберам медиумите блиски до власта го премолчуваат бидејки ке "пукне брука", таков човек да е скоро седум години заменик на Сашо Мијалков. Но зошто го одмолча "независните"??
Во целово оваа одмочување има уште нешто, вината на Силјан е многу поголема во аферата "БУГАРСКА АМБАСАДА". Афера која требаше да обезбеди лажни докази дека ВМРО ДПМНЕ се финсира од Бугарија одошто во "ТЕМЕЛ".

Дали лустрирањето на Силјан за аферата "ТЕМЕЛ" треба да го спаси од осознавање за неговата инволвираност а со тоа и кој се стоел зад тој проект, проект кој имаше единствена цел да се дискредитира а со тоа и да се уништи ВМРО ДПМНЕ, е прашање на кое бара сериозен одговор."

Ако се тргне од тоа дека Љупчо кој беше запознат со аферата додека таа се одвиваше, после изборната победа 98 не превзеде ништо за да бидат казнети творците, Силјан, Верушевски и др, зборува дека некој сериозно го штител или пак сам Силјан се штител, со тоа што поседувал компромитирачки материјали за Љупчо, Доста, Љубе ..

Но приказната се повторува и после 2006 година, односно во период кога ВМРО ДПМНЕ доаѓа на власт. Наводно новата и млада гарнитура, Силјана го именува на една од највлиталните функции, заменик директор на СДБ. Неможе Груевски, С. Мијалков директорот на СДБ, да незнале кој е Силјан. Ако и незнаеле, мојата Кривична пријава поднесена 2007 година, против 8 функционери (четворица досега се лустрирани) на МВР меѓу кои е и Силјан Аврамовски требаше да ги заинтересира. Згора на тоа имав и два директни разговора со Груевски на таа тема.
Најтешкиот период за членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ е период кога Силјан е на функција!!

Силјан сразмерно на злосторот кој го сторил против членовите, симпатизерите и самото име ВМРО а подоцна и ВМРО ДПМНЕ, може да се рече дека не е споменат во овие 22 години самостојност.

Груевски и Тевдовски во разговорите со мене како причина заради која Силјан е недопирлив наведуваа дека тој е човек на ЦИА. Причина што е ноторна лага. Силјан беше човек за врска со ЦИА. Такви луѓе ЦИА има низ цел свет и тие луѓе се познати, се именуваат по предлог на земјата домакин во случајов Македонија. Владата на Груевски со еден обичен допис можеше да ја извести централата на ЦИА дека нуди нов чивек.
Нели и Перковиќ е човек на ЦИА
04-10-2013, 01:01 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Quote:Лустриран активен контраразузнавач

Комисијата за верификација на факти, за првпат, лустрираше наредбодавец, кој се уште е активен и е на функција во Управата за безбедност и контраразузнавање.


Досега немало случај на таква лустрација, а од достапните информации не бил лустриран ниту активен функционер или службеник во МВР туку само поранешни. Комисијата која го лустрираше активниот функционер на УБК ги подготвува известувањата кои во рок од три дена ќе ги прати до лустрираниот, до органот каде работи, во случајот МВР каде е помошник во службите на тајната полиција, како и до владата и до Собранието.

Во МВР засега не коментираат затоа што се уште не се известени, но дека ќе постапат како налага законот за дополнителен услов за вршење на јавна функција.

Лустраторите утврдиле дека поранешниот началник на Првата управа на УБК во средина на деведесетите години од минатиот век наредувал и знаел за следење на припадници на политичка партија во рамките на оперативната акција Темел. Потоа бил и директор на тајната полициска служба, а краток период и министер за внатрешни работи.

Во моментот е помошник во УБК и многу често го објаснува годишниот извештај на службата пред пратениците во надлежните собраниски комисии за надзор на работата на тајните служби. Интересно е што истиот активен вработен во службата пред 5 години си ја исполнил обврската од стариот закон за лустрација и поднел потпишана изјава дека не соработувал со тајните служби.

Но изјавата не била никогаш проверена, а со последниот лустрациски закон тој начин на проверка веќе не постои. Одбраната на противниците на оваа масовна лустрација на поранешни полициски функционери поврзани со досието Темел е дека тогаш целта на тајните полициски мерки не била партијата туку милитантни и антидржавни членови на тогашната опозициска партија.

Миомир Серафиновиќ
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=18965


04-10-2013, 05:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(04-10-2013, 05:43 PM)Larsson Wrote:
Quote:Лустриран активен контраразузнавач

Комисијата за верификација на факти, за првпат, лустрираше наредбодавец, кој се уште е активен и е на функција во Управата за безбедност и контраразузнавање.


Досега немало случај на таква лустрација, а од достапните информации не бил лустриран ниту активен функционер или службеник во МВР туку само поранешни. Комисијата која го лустрираше активниот функционер на УБК ги подготвува известувањата кои во рок од три дена ќе ги прати до лустрираниот, до органот каде работи, во случајот МВР каде е помошник во службите на тајната полиција, како и до владата и до Собранието.

Во МВР засега не коментираат затоа што се уште не се известени, но дека ќе постапат како налага законот за дополнителен услов за вршење на јавна функција.

Лустраторите утврдиле дека поранешниот началник на Првата управа на УБК во средина на деведесетите години од минатиот век наредувал и знаел за следење на припадници на политичка партија во рамките на оперативната акција Темел. Потоа бил и директор на тајната полициска служба, а краток период и министер за внатрешни работи.

Во моментот е помошник во УБК и многу често го објаснува годишниот извештај на службата пред пратениците во надлежните собраниски комисии за надзор на работата на тајните служби. Интересно е што истиот активен вработен во службата пред 5 години си ја исполнил обврската од стариот закон за лустрација и поднел потпишана изјава дека не соработувал со тајните служби.

Но изјавата не била никогаш проверена, а со последниот лустрациски закон тој начин на проверка веќе не постои. Одбраната на противниците на оваа масовна лустрација на поранешни полициски функционери поврзани со досието Темел е дека тогаш целта на тајните полициски мерки не била партијата туку милитантни и антидржавни членови на тогашната опозициска партија.

Миомир Серафиновиќ
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=18965




Миомир Серафиновиќ се осмелол да напише скоро се!! Само недостасува клучниот збор, ОДГОВОРНОСТ и следователно на тоа клучната реченица, одговорноста на Директорот на ДБК С. Мијалков а и на Премиерот Груевски. Каков е тој директор на ДБК кога не проверил кој човек зема за заменик.
Премиерот беше лично предупреден од мене за тоа кој е Силјан Аврамовски. Но тогаш премиерот ме убедуваше дека Силјан е некакво си слитно службениче во СДБ. Кога на втората наша средба по втор пат го предупредив премиерот за тоа кој е Силјан, тогаш добив одговор дека Силјан Аврамовски е човек на ЦИА и затоа несмее да го чепка.
Од вториот одговор произлегува дека и С. Мијалков и Груевски занеле добро кој е Силјан Аврамовски и покрај се го држеа 7 години на таа функција. Можеби Силјан ке остане и понатака на таа финкција, бидејки гледам дека Фрчковски сеуште е професор.


(This post was last modified: 04-10-2013, 10:49 PM by ЈорданПетровски.)
04-10-2013, 10:49 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Odgovornost treba da bara opozicijata...Icon_wink

Ako zamenikot bil covek na CIA i go drzele 7god. i znaele za toa,togas i GLAVNIOT e covek na CIA i zatoa nego menuval Icon_wink

Logicno...Icon_razz
04-10-2013, 11:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(04-10-2013, 11:06 PM)Larsson Wrote: Odgovornost treba da bara opozicijata...Icon_wink



Како ке бара опозицијата одговорност кога Силјан бил нивни министер на полиција. Тоа е онаа што со Христо не се разбираме. Опозиција која е творец и носител на тоатлитасризмот може да продолжи/донесе само тоталитарно и недемократско владеење.



(04-10-2013, 11:06 PM)Larsson Wrote: Ako zamenikot bil covek na CIA i go drzele 7god. i znaele za toa,togas i GLAVNIOT e covek na CIA i zatoa nego menuval Icon_wink

Logicno...Icon_razz



Груевски во разговор со мене како причина заради која Силјан е недопирлив наведуваа дека тој е човек на ЦИА. Причина што е ноторна лага. Силјан беше човек за врска со ЦИА. Такви луѓе ЦИА има низ цел свет и тие луѓе се познати, се именуваат по предлог на земјата домакин во случајов Македонија. Владата на Груевски со еден обичен допис можеше да ја извести централата на ЦИА дека нуди нов чивек.
Нели и Перковиќ е човек на ЦИА
05-10-2013, 11:35 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(05-10-2013, 11:35 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(04-10-2013, 11:06 PM)Larsson Wrote: Ako zamenikot bil covek na CIA i go drzele 7god. i znaele za toa,togas i GLAVNIOT e covek na CIA i zatoa nego menuval Icon_wink

Logicno...Icon_razz



Груевски во разговор со мене како причина заради која Силјан е недопирлив наведуваа дека тој е човек на ЦИА. Причина што е ноторна лага. Силјан беше човек за врска со ЦИА. Такви луѓе ЦИА има низ цел свет и тие луѓе се познати, се именуваат по предлог на земјата домакин во случајов Македонија. Владата на Груевски со еден обичен допис можеше да ја извести централата на ЦИА дека нуди нов чивек.
Нели и Перковиќ е човек на ЦИА

Quote:Ako zamenikot bil covek na CIA i go drzele 7god. i znaele za toa,togas i GLAVNIOT e covek na CIA i zatoa nego menuval :Icon_wink:

Logicno... Icon_razz
06-10-2013, 01:18 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Денеска добив многу важен одговор!!



[Image: kalq83.jpg]



Потврда дека моето досие е сеуште активно, односно дека УДБа и понатака работи непречено во Македонија !!


[Image: 29d7bmh.jpg]
31-10-2013, 10:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрирани 24 лица учесници во монтираниот процес против Ченто


Поради негување култ кон културата за сеќавање Комисијата за верификација на фактите ќе лустрира 24 лица директно вклучени во судскиот монтиран процес против првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто.

Лустароторите ќе ги прегледуваат матичните книги за да се утврди кои од лицата кои му сместиле на Ченто 11 годишна затворска казна се живи.

Порптаролот на Комисјата за верификација на фактите, Предраг Димитовски рече дека мора да бидат санкционирани сите оние кои ги прекршиле основните човекови права. Народот морал да се сеќава на една неправда, а најави дека лустарорите ќе ги отворат и партиските архиви на Сојузот на комунисти за да провери дали и други лица биле дел од процесот против Ченто.

„Опфатени се вкупно 24 лица, почнувајќи од судии на окружните на Врховниот суд, преставници на УДБА, информатори и соработници на тогашните служби. Ако го отворите зборникот за Методија Андонов-Ченто од државниот архив од 2000-та година во кој се наоѓаат документи од целиот судски процес, ќе ги најдете сите имиња вклучени во тој процес, и нивната улога во овој монтиран судски процес“, изјави Предраг Димитровски.






Без судска постапка, лустрацијата на Чентовите судии е само уште една голема измама која службите ја прават прејѕ власта на Груевски. Измама која е со цел да го сочува тоталитарниот едноумен систем. Ке направам паралела со случајот Перковиќ во Хрватска, човекот кој издал наредба за ликвидација на Ѓирековиќ. Перковиќ наредбата ја издал по нечии налог! Хрватска со неиспорачувањето на Перковиќ на Германија каде треба да му с суди за убиството на Ѓурековиќ, се обидува да сокрие кој донел решение за ликвидација на Ѓурековиќ. Да сокрие дека наредбодавачот е политичкиот врв на Југославија!
Затоа и случајот Ченто и не само тој, туку сите досега лустрирани се без судска завршница. За ваквата забршница не е виновна комисијата за лустрација, виновникот е оној кој го предложил и донел законот а тоа е власта.
30-11-2013, 12:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



30-11-2013, 06:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Андреj Kовачев, бугарски европратеник

Македонија нема расчистено со комунистичкото минато


[Image: 1A640E1159C987459FCA1B043B4A796E.jpg]

Kомунистичкото минато, антибугарскиот карактер на идеологијата во Социјалистичка Република Македонија и носталгијата по Југославија, пропагирани од одредени структури, се пречки за добрососедските односи меѓу Бугарија и Македонија. Вака бугарскиот европратеник Андреј Kовачев ги објаснува причините за поднесениот амандман на Предлог-резолуцијата на ЕП за Македонија, која ја изготви известувачот Ричард Ховит. Тој со финскиот колега Туне Kелам со два амандмана, 105 и 107, во однос на параграфот 16 од предлог-извештајот, бараат поцврста лустрација и откривање на имињата на поранешните соработници со југословенската тајна служба. Во образложението Kовачев, меѓу другото, вели оти лустрацијата сама по себе е ризична, ако на неа не се гледа од најнезависна перспектива, оти, во спротивно, ќе биде само средство што селективно ќе се користи за „расчистување сметки и вршење притисок врз тие за кои се претпоставува дека се врзани со службите“.

- Целата општествено-политичка класа е задоена од врски со поранешните служби. Затоа е и толку важно за демократските процеси и во Република Македонија и во Република Бугарија овие врски да станат јавни и да се знае кој е кој. Многумина од нив се сопственици на медиуми, на приватизираните претпријатија и банки, пратеници, министри, членови на верските заедници, академици, историчари - потенцира Kовачев.

Според него, во Македонија, треба да се објават имињата на сите лица што им припаѓаат на комунистичките служби, но не селективно и без да се злоупотребува аргументот „заштита на националната безбедност“.

- Поранешните комунисти, било во Софија, Скопје или во Белград, често го користат ова како изговор. Во извештаите на ЕП за напредокот на овие земји кон ЕУ има препораки „Србија да обезбеди пристап до архивите на поранешните тајни служби, кои се однесуваат на некогашните југословенски републики“. За жал, во Србија оваа тема е уште потешка поради национализмот и хегемонијата на оваа република над другите поранешни ЈУ-републики, ама и поради величењето на некои од овие агенти како „херои“ - додава тој. Бугарскиот европратеник оценува дека обидите во Бугарија за правна лустрација досега не успевале. Според политичката одлука на владата на ГЕРБ, во Бугарија не можат да вршат амбасадорски, министерски и пратенички функции луѓе поврзани со бугарската државна служба.

- Тоа е политичка одлука, а не правен акт, оти ако беше поинаку, ќе се толкуваше како „ограничување на правата на овие луѓе“. За жал, бугарскиот Уставен суд не беше поштеден од влијанието на комунистичките зад кулиси. Но, во Бугарија дејствува еден независен орган т.н. Kомисија за досиејата, за разоткривање на лицата на оние кои ги окупираат позициите во политиката, економијата, образованието, културата, медиумите, верските заедници и др. по 1989 година и кои се поврзани со службите - вели Kовачев.

Искра Kоровешовска

Kако гласат амандманите поднесени од Kовачев?

Амандман 105, параграф 16, поднесен заедно со европратеникот Туне Kелам (дополнување на постојниот параграф во предлог-резолуцијата):

- Јавно објавување на имињата на агентите поврзани со поранешните југословенски тајни служби е инструмент за надминување на тоталитарните практики и за постигнување транспарентност и слобода на печатот;

Амандман 107, предлог за нов параграф, 16а:

- Властите да пристапат кон југословенските архиви на тајната служба од Србија и во процесот на лустрација да се вклучат сите интелектуалци и припадници на контраразузнавачките служби; Да се зајакне мандатот на Kомисијата за верификација на фактите, така што ќе се преземат сите потребни документи од контраразузнавачките служби, во трајна сопственост на Kомисијата;



Германија е најдобар пример за успешна лустрација

Според европратеникот, овој процес е политички и може да биде единствено успешен ако постои политичка волја.

- Примерот на Германија го сметам за најдобар. Таму беше продолжен периодот за неможност за вршење високи државни функции од луѓе соработници на ДС на Германија до 2019 година. Тоа не е ограничување на нивните права, бидејќи во овој случај јавниот интерес стои повисоко од желбата на овие луѓе да заземаат високи позиции во државата. Исто така, ниту еден судија од поранешната служба не бил примен на работа во обединета Германија и тогаш никој не ја обвини Германија за дискриминација. Во Унгарија г-дин Орбан се обиде да ги пензионира комунистичките судии малку порано и за малку не го прогласија за диктатор - нагласува Kовачев.
DNEVNIK
27-12-2013, 12:16 PM
Reply