Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Quote:ГНАСНИТЕ ХИЕНИ НА ЛУСТРАЦИЈАТА


1.
Се сеќава ли некој на Сара Пејлин? Онаа простодушна женичка, да не речам селанчица од Алјаска, која посака да биде потпретседател на САД? Како се мачеше, пустата. Нема појма од ништо, за неа Северна и Јужна Кореја се исто, за неа кралицата е премиер на Велика Британија … ама амбиција – до небо. И уште со поддршка од 10-20 пријатели и познајници, ете ти самобендисана тутурутка подготвена да се лансира себеси во височините. Облече железни опинци, и ништо. Заврши во – длабочините!
Но, колку ли е силна таа желба да се биде нешто што не си, да умираш од желба да се замешаш во некои кругови за кои, едноставно, не те бива. Немаш ни соодветно образование, уште помалку култура, а најмалку – знаење! Какви ли се тие психолошки (ај да не речам невротички) пориви секојдневно да тртљаш за нешто што апсолутно не го знаеш? И не го разбираш. Какви ли се тие движечки подземни сили што комплексите на помала вредност ги лечат со замена во комплекси на поголема вредност? И буфтаат ли буфтаат, за се’ и сешто, а главно да нанесат некаква штета. Некому, некаде, из чиста мира. И да бидат, демек, актуелни, ќе тртљаат и за вселената и Хигсовиот бозон, за сексуалниот живот на мравките во Тунгузија и слично. Треба само добро да се навиткаат – како оние детски палјача – и да почнат да тропкаат со рацете и нозете и да верглаат!

2.
А лустрацијава им се погоди. Галопот на Аџиевата инквизиција просто им даде крилја. И имињата на лустрираните. Зашто, инаку, кога ќе можеа да му се доближат на еден Славко Јаневски, на пример, а камоли да говорат со него / за него? Веројатно би ги множел со нула.
И веднаш им го читаш мотивот: е сега ќе им ебеме мајката! Исти се како Аџиев. Клонирани аџиевци во обликот на „новинари“, „аналитичари“, „уметници“ …. Им ја читаш омразата од очите и редовите, им го насетуваш гн’сниот мерак кога можат некого да опајдаваат, да го направат сенка од човек. Не дека тоа некои во оваа и ваква Македонија не го заслужиле! Ама, се’ си мислам дека намерно ги промашуваат метите. Не смеат да удрат таму кај што треба. Вистински гнасни хиени на лустрацијата. Тука се за да ја развлекуваат жртвата, да ја тормозат, да и ги влечкаат цревата по улици … Просто им го гледаш лудилото во главите кога ќе почувствуваат мирис на крв!
И барем да знаат за што говорат. Оној „аналитичарон“ научил двајца од македонската култура, и меле ли меле „за прогонети и затворани џинови“, брише генерации чесни македонски творци и ужива во сопствените повраќаници. „Новинаркана“, како троа поумна, држи тиради за нашиот вредносен систем, „ по кој медиокритети со партиски благослов имаа кариера, стануваа професори, академици, угледни интелектуалци и новинари“ (подвлеченото мое)? Па имено, токму за тоа се работи. И згора на се’ нас не’ прашува како тоа го нема Михаил Петрушевски на „голеееемион“ мост „Око“! Е па, зошто не го ставивте, де? И зошто нас не прашува? И зошто нема уште редица други за кои таа сигурно не слушнала?
Оној пак Русјаков се потпишал како уметник и мисли дека се замешал во елитата и сега ќе им суди на сите? Што ли сработи за да може да си го мери со Јаневски, Павловски и генерациите македонски уметници, и згора на тоа – да ги жали?

3.
Впрочем, да застанеш зад инквизиторските махинации и манипулации на онаа т.н. Комисија, мора да носиш многу гнев во себе. И омраза. Кон се’ и сешто, и кон секого. А највеќе – кон себе. И затоа, веројатно, го истураат и каде што треба, а највеќе каде што не треба. Вадив нож на мртвога Индијанца, што би рекле Кумановци!
Што ли им било ветено, па неисполнето, што ли очекувале, па не добиле …? И сега сите од минатото се виновни, и млади и стари, и немало филозоф освен Мухиќ, па немало не-знам-што освен Чевревски, па немало ова и немало она … па Петре М. Андреевски и Раде Павловски да ти биле кутри и несреќни (од каде пак сега ова?) … итн., итн. Македонската глупост е навистина безгранична. И омразата. А хиени – колку сакаш! Се собираат веднаш, онака во глутница – по весници, по разни „шоу-а“, по сите медиуми – крвта ги спобудалува, па џавкаат ли, џавкаат.
HYENA SMILE
А сепак, што би рекол Бобан Карапејовски, „ … може ли да се ГЛАСА за факти? Дали тие се утврдуваат, се верифицираат или се предмет на слободно читање? Белки тие не се романи и раскази, па да ги подложиме на книжевна херменевтика!?“. Е за тоа нашиве „стручњаци“ (и) за лустрација ништо не говорат! Какви подлизурковци и упикувачи, каков болен народ …! Тие, по пат на гласање, денот ќе го претворат ноќ, црното – бело. И обратно!

4.
Повторно, како што веќе еднаш напишав кога почна лудилово со МАНУ, немам намера никого да бранам од хиениве. Најмалку, на пример, еден Томе Серафимовски.
За него сум пишувал многу и кога сите други молчеа. Сум пишувал главно во негативен контекст, но само и исклучиво за неговото творештво. Наспроти многумина други, кои сега си ги чистат чевлите со него, не сум го сметал за особено важен македонски скулптор. И сум го кажувал тоа отворено. И сум имал последици заради тоа, и тој тоа добро го знае. Ми „кумувал“ на многу нешта, уште од времето на Трифуновиот „Утрински весник“! Ама, ме чуди каде му е сега, на пример, оној Цветан Грозданов? Барем глас да пушти, збор да каже? И редица други кои го чукаа по рамо, му пишуваа „монографии“, му отвораа изложби? Знаеме каде се, и кои се. И зошто се!
Меѓутоа, да го крстиш Серафимовски кодош само врз основа на оние два смешни документи што ги објавува Инквизицијата на Аџиев е – лудило. Зашто тие не се само смешни, тие се ступидни. Секој од нас, на кафеанска маса, на работа, на улица, дури и пред непознати меѓу кои сигурно имало по некој професионален кодош, изрекол посилни, поцврсти, поконкретни … зборови за некого или нешто! Кому ли, во 1975 година, му било гајле за југословенскиот и рускиот социјализам, и кој бил подобар? На некое инспекторче кое немало попаметна работа! Па дајте, ве молам. И за каков Ждановизам, фигурализам и натурализам можеме да говориме во таа илјада деветстотини седумдесет и петта година? Па вие, хиени, нормални ли сте? Јасно е дека немате појма од македонската култура и уметност, ама – до толку? Па вие сте бре аналфабети, исто како и тој што ја составувал таа белешка, тој што го говорел тоа … па надаље, до самиот верв на „службите“. А овој Аџиев и хиените околу него, како кленови – цап за јадица! А впрочем, од каде пак Аџиев би знаел што е тоа Ждановизам? Па за тоа треба малку општа култура!
Друга приказна е неговиот вујко, кој го (зло)употребува внукот и неговиот престој во Париз (во ателјето на Алисија Пеналба, тогаш една од најпознатите светски вајарки!). И приказните за емиграцијата. Всушност, приказни за мали деца, или што би сакал вујкото да чуе од внукот, или што би сакале шефовите да чујат од вујкото! Да биле паметни, како што не биле, па ни Серафимовски, да извршеле притисок да остане кај Пеналба, денес можеби ќе имавме скулптор со светско реноме!
И толку! Во “досието“ нема ништо друго, нема изјави за соработка, нема пари, нема позиции (зашто Серафимовски веќе бил на позиција!) …
ХИЕНИ ГРУПА

5.
Многу би сакал да ги видам ова хиенчињава, па и Големиот Инквизитор, како би се однесувале да ги повикале тогашните „служби“ (како што тоа го правеле со повеќето лустрирани) пред 40-50 години на обичен „информативен разговор“. Како ли тое би се однесувале? Или ќе пееле и за тоа што знаат и за она што не знаат?
Па дури и денес да им се случи тоа, ќе се усерат. Ама за да не се случи, дигаат два прста, се надгласуваат за вината на другите!
Тоа е најлесно. А хиените тоа и го чекаат. Трупови за черечење. И наслада. Онаа, најперверзна, патолошка!

http://teodosievski.blog.mk/2013/07/20/g...tracijata/
23-07-2013, 01:43 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

ВМРО-НП: Лустратори почнете од досието „Рашомон“

share

од НОВА | објавено на: 24-07-2013 12:52:12

Многу поважно да ги видиме во јавност соработниците на УДБА и ДБК од времето кога се формираше токму ВМРО ДПМНЕ, регираат денеска од ВМРО-НП по спроведувањето на процесот на лустрацијата во Р.Македонија.

Според нив за жал досега под удар на лустрацијата се наоѓаат само членови на бившата комунистичка власт.

Добра основа за почеток е досието ,,Рашомон“ од кое сите ние ќе можеме многу да научиме и затоа ВМРО-НП инсистира истото под итно да биде разгледано на првата наредна седница на комисијата за лустрација и потоа според законската регулатива да и биде дадено на увид на целата македонска јавност.

>>Кодошот е „Рашомон“ или Драган Богдановски

На овој начин лустрациската комисија за миг би ги оставила настрана бившите комунисти и препознатливи соработници на тогашниот систем и би ги разгледала досиеата на основачите на ВМРО ДПМНЕ.

Сметаме дека многу поважно за македонската демократија ќе биде да ги видиме тие кодоши кои во времето на формирање на ВМРО ДПМНЕ и независноста на Македонија само декларативно се залагаа за плурализам и демократија, а всушност одвнатре се обидуваа да го разнебитат и ВМРО ДПМНЕ и македонската држава спроведувајќи ги директивите на тогашната УДБА и ДБК во насока на минирање на идеите и визијата на лидерот Љубчо Георгиевски.

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...&vest=5906
24-07-2013, 12:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Синот на Шишков ќе го добие досието со имињата на кодошите

[Image: 6088golema.jpg]

Синoт на актерот Ристо Шишков, Васил Шишков, доби одобрување од Комисијата за лустрација да ги добие документите од досието на татко му, кој лустраторите го прогласија за жртва на тајните служби на поранешниот режим, дознава НОВА од извори инволвирани во работењето на Комисијата.

Овие документи нема јавно да бидат објавени, но Васил Шишков ќе го добие целосното досие, што подразбира дека ќе ги дознае имињата на луѓето кои го следеле и кодошеле неговиот татко, односно соработниците и наредбодавачите на тајната служба.

Стравувањата на добрите познавачи на приликите се дека со овие досиеја лесно може да се манипулира, но и да се поттикне потенцијална нетрпеливост дури и насилство, доколку бидат објавени сите податоци од досиејата.

Што се однесува до објавувањето на имињата на жртвите, Лустрациската комисија минатата недела не донесе одлука, со оглед на фактот што не може да биде постигнат кворум. Сепак, интерно е договорено претседателот Томе Аџиев заедно со генералниот секретар зависно од околностите, да имаат мандат да објавуваат и таков вид на досиеја.

NOVA


29-07-2013, 02:38 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Ako dosega bandite si ispracaja tajni I sifrirani poraki medju sebe,eve deneska vidovme dva javni gesta,se pojavi dosie od domasni arhivi I bea dadeni iminjata od dosieto na Siskov.
Navidum nepovrzano no sigurno ne e slucajno.


Dali ce ima primirje ili bitkata prodolzuva ce vidime vo slednoto prodolzenie od serijalot lustracija...
29-07-2013, 06:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустраторите го затворија случајот „Рашомон“

[Image: download%20(2).jpg]

Комисијата за лустрација го затвори случајот „Рашомон“ и пред воопшто да дискутира за него, објави телевизија 24 Вести.

Според информацијата, членовите едногласно одлучиле дека тој не подлежи на законот, бидејќи никогаш не извршувал јавна функција ниту јавно овластување.




Едно прашање до Власта, Опозицијата а посебно до Хелсиншки, Мичин и неговите црвенокмерски демократи: На кој начин луѓето кои ги кодошел Драган Богдановски ке добијат некаква сатисфакција.
(This post was last modified: 31-07-2013, 01:56 PM by ЈорданПетровски.)
31-07-2013, 01:55 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(31-07-2013, 01:55 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Лустраторите го затворија случајот „Рашомон“

[Image: download%20(2).jpg]

Комисијата за лустрација го затвори случајот „Рашомон“ и пред воопшто да дискутира за него, објави телевизија 24 Вести.

Според информацијата, членовите едногласно одлучиле дека тој не подлежи на законот, бидејќи никогаш не извршувал јавна функција ниту јавно овластување.




Едно прашање до Власта, Опозицијата а посебно до Хелсиншки, Мичин и неговите црвенокмерски демократи: На кој начин луѓето кои ги кодошел Драган Богдановски ке добијат некаква сатисфакција.

Site se ednakvi samo sto nekoi se malku povece ednakvi od drugite,parafraza od Orvel 84,uste ednas se potvrdi deka lustracijata e parodija I medjusebna borba vnatre vo rezimot.
31-07-2013, 02:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Бранко ЃОРЃЕВСКИ

Лустрациска ексклузивка од новинарите

Ако повеќето новинари во земјава во време на важењето на претходниот закон за лустрација доставија изјави што требаше да се проверуваат, што е проблем и во новите околности да се изврши нивната лустрација. Пречката произлезе од одлуката на уставните судии, кои ја укинаа таа одредба бидејќи новинарите не биле јавни личности за сега, со новиот важечки закон, новинарите да можат да се лустираат или доброволно или по барањето на сопственикот на медиумот. На газдите на медиумите тоа очигледно не им е меѓу главните грижи, а доброволноста очигледно никого не поттикнува. Затоа, лошо ли, погрешно ли ќе биде ако тој процес го поттикнат новинарските здруженија преку законските промени со кои лустрирањето ќе стане задолжително. Нема. Зошто? За еднаш на виделина да излезат тајни врски и „бракови“ меѓу тајните служби и новинарите, кои функционираа по принципите - ред ексклузивки во медиумите, ред поголеми плати и редакциски унапредувања, ред уништени кариери и човечки судбини... За тие веќе никогаш да не се повторат и нашето новинарство, барем кога овој аспект е во прашање, да почне да си ја враќа довербата од јавноста, на која ~ се сервирани ексклузивките на тајните служби. А нив, очигледно ги имало. Доволно е да се слушне она што досега го изјавуваа поранешните министри за внатрешни работи, па да се сфати дека такви конструкции имало многу, многу од новинарите, кои, бездруго, му припаѓаат на јавниот живот во земјава.

Нема дилема дека процесот на лустрацијата го следат многу контроверзии, кои резултираат со нечии сомнежи дали прочистувањето во новинарските редови ќе биде направено објективно. Никој и не очекуваше дека тоа нема да се случи и добро е што с` излегува на површина, бидејќи така се добива најдобрата слика за која секој може да суди дали се води добро. Таква прочистена слика треба да добие и македонското новинарство, во кое најголемиот дел од последиците на јавниот збор воопшто немале контакти со тајните служби. Kомисијата, од своја страна, се надеваме, ќе знае да прави разлика меѓу тоа што се постојани контакти и соработка со тајните служби и разговори што новинарите ги водат со „свои извори“ во безбедносните служби за да добијат информации. Стравот од ова мора да се оттргне бидејќи навистина има опасност средби и разговори да биле погрешно доживеани и од нив потоа да биле правени службени белешки.

Со сопственото барање да се лустираат новинарите можат само да добијат во очите на јавноста и, без оглед на с`, нема толку тешки причини да не се направи тоа. Долгот што кон јавноста го направија новинарите чии текстови биле пишувани во редовите на тајните полициски служби еднаш мора да почне да се враќа. Тоа ќе биде најдобра ексклузивка за граѓаните.

DNEVNIK




Без лустрација на новинарите, односно без обелоденување на полициско-новинарските бракови, Македонија никогаш нема да стане демократска држава.
07-08-2013, 01:05 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Лидер на дијаспора која е ( била) против власта во Македонија, а за која сите во Македонија и дијаспора знаеле, “ врвни“ новинарски пера кои го креирале јавното мнение НЕ може да бидат ослободени од лустрација поради тоа што, формално немале јавни овластувања!?? Тие ја легитимирале својата јавна улога, со тоа што обавувале битна јавна општествена улога ( функција)-биле опозиција на власта или учествувале во креирање на општествените процеси. Со ова се покажува дека ова лустрација се користи селективно , само како алатка во својство на диференцијација. Пораката е јасна. Кој е со мене ке биде заштитен, кој е против мене-ке му следи лустрација. Од друга страна, вакава лустрација ( без завршница во Суд) овозможува “пакување“ на документите.
07-08-2013, 07:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



07-08-2013, 02:57 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(07-08-2013, 02:57 PM)ЈорданПетровски Wrote:


Интересен став дава Аџиев, кој ја руши тезата на Јордан дека и со темелна лустрација (осуда на комунизмот, опфатеност и на налогодавачи, докажување пред Суд) Македонија ке се демократизира. Ставот на Аџиев дека на власт се, воглавном, млади луѓе кои немале можност да станат налогодавачи или соработници на службите од една страна, а евидентното непостоење на демкратија во РМ, укажува дека лустрација, сама по себе не може да ја демократизира Македонија. Веројатно, ке и даде поголема шанса и почист терен, но сама по себе нема да ја демократизира.Тоа е, сепак, процес каде и власт и опозицијата, како и јавноста ( медијумите, невладиниот сектор, разни граѓански здруженија) ке дадат допринос кон формирање на вистинско граѓанско и демократско општество.

09-08-2013, 10:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(09-08-2013, 10:33 AM)hristo Wrote: Интересен став дава Аџиев, кој ја руши тезата на Јордан дека и со темелна лустрација (осуда на комунизмот, опфатеност и на налогодавачи, докажување пред Суд) Македонија ке се демократизира. Ставот на Аџиев дека на власт се, воглавном, млади луѓе кои немале можност да станат налогодавачи или соработници на службите од една страна, а евидентното непостоење на демкратија во РМ, укажува дека лустрација, сама по себе не може да ја демократизира Македонија. Веројатно, ке и даде поголема шанса и почист терен, но сама по себе нема да ја демократизира.Тоа е, сепак, процес каде и власт и опозицијата, како и јавноста ( медијумите, невладиниот сектор, разни граѓански здруженија) ке дадат допринос кон формирање на вистинско граѓанско и демократско општество.




Аџиев изградил мислење врз база на тоа дека прогонот завршил 1998 година. Јас велaм дека тајната полиција работи со исто темпо и по исти линии на прогон, како и пред 1998 односно пред 1990 година.
(This post was last modified: 10-08-2013, 02:18 AM by ЈорданПетровски.)
10-08-2013, 02:17 AM
Reply
todordimitrov Offline
Junior Member
**

Posts: 2
Joined: Aug 2013
Reputation: 0

(07-08-2013, 07:08 AM)hristo Wrote: Лидер на дијаспора која е ( била) против власта во Македонија, а за која сите во Македонија и дијаспора знаеле, “ врвни“ новинарски пера кои го креирале јавното мнение НЕ може да бидат ослободени од лустрација поради тоа што, формално немале јавни овластувања!?? Тие ја легитимирале својата јавна улога, со тоа што обавувале битна јавна општествена улога ( функција)-биле опозиција на власта или учествувале во креирање на општествените процеси. Со ова се покажува дека ова лустрација се користи селективно , само како алатка во својство на диференцијација. Пораката е јасна. Кој е со мене ке биде заштитен, кој е против мене-ке му следи лустрација. Од друга страна, вакава лустрација ( без завршница во Суд) овозможува “пакување“ на документите.

Taka e !

No, ne dopiras do srzta na problemot! Prasanje e zasto selektivno Dragan ne se lustrira ? Odnosno, neodrzlivosta na obrazlozenieto, deka toj ne obavuval javni funkcii !?

Znacenjeto na edna Vosocna figura e mnogukratno pogolemo od nekoja javna funkcija!

Tamu kaj e smestena kako ikona, ke odat na poklonenie i edukacija generacii mladi !
Na kogo ke se poklonuvaat ?
Koja e porakata ?

A za zrtvite ? Duri nekoja pravda zasluzuvaat i site sorabotnici koi toa stanale zatoa sto Vosocnata figura gi servirala na sluzbite, pa ne mozele da ne ja prifatat sorabotkata!

Kakva e toa lustracija koga tie sto treba da se lustriraat stanuvaat Vosocni figuri, ili nivnite iminja gi dobivaat sali, ulici, institucii ....?

I sto posle izborite na koi bi doslo do promena na vlasta?

Inaku toa so novinarite ti drzi, duri dvajca od niv se megu 10-minata osnovaci! Eden eksponiran novinar, a drugiot ja zavrsi karierata vo Parlamentot ...

(This post was last modified: 13-08-2013, 03:17 PM by todordimitrov.)
13-08-2013, 03:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Методија Столески е струшкиот кодош кој својот близок го кодошел за да се стекне со разни благодети. Баба лаже / трапот нелаже .


17. 08. 2013


[Image: d181d182d0bed0bbd0b5d0b2d186d0b8.jpg?w=434&h=287]

Методија Столески со кодошење обезбедувал удобен живот и отмени привилегии во минатото кои можеби и денеска се чувствуваат.
“Гласот на Вистината“ ќе ви ја објасни лозата на фамилијата функционери во Струга.
Сите на државни работни места и ретко кој не бил на функција .
Методија Столески – кодошот “КУКУЛЕЦ“ по потекло од Ташмаруништа (струшко)

Ана Столеска , ќерка на (Методија – под псевдоним “КУКУЛЕЦ“ )дир. на ОУ “Јосип Брос ТИТО“ Струга.

Орце Столески , син на Методија,Вработен во центарот за дијализа во Струга (Државно) , истотака и неговата жена е вработена во Општинското комунално претпријатие.

Новица Столески , син на Методија , Ех директор на Мобимак (го напушти работното место со висока парична надокнада) Соња Столеска, жената на Новица која е позната по фалбите со нејзините врски во СК и тоа на највисоко ниво , до скоро заменик директор во гимназијата “др. Ибраим Темо“Струга ,каде ВМРО ДПМНЕ ја поставиле заради нарушената здраствена состојба а не заради способност .(како што сама напиша на ФБ)
Нивниот син Ангел Столески (внук на кодошот),е момчето кое направи упад во компјутерски систем во САД за што беше и баран од америчкото ФБИ, случај кој беше заташкан благодарение на блискиот пријател на Соња (како што таа кажува)и до ден денеска не се знае каква разврска имало. (се разбира челнови на семејствата од соработници на тајните служби не одговараат исто како обичните луѓе).
“Гласот на Вистината “ не успеа да пронајде информации за тоа дали Столески поседуваат домашни миленичина и дали истите се на некое државно работно место или некоја функција !
Струшката јавност има право да знае зошто некој цел живот ужива во благодетите а некој крај со крај неможе да спои !!!

[Image: 1.jpg?w=437&h=405]

Нај впечатливо е тоа што Методија Столески , секогаш бил слаткоречив и благонаклонет кон жртвата Славе Циркоски од Враништа. Биле многу блиски , неразделни пријатели и пред и по кодошењето, се додека Славе не добил дозвола за увид во официјалните досиеа од неговиот случај.
Славе зборува и за тоа дека постојано од таквите како Методија бил дури и поттикнуван на некои дела за покасно да биде отчукан на тајните служби .

[Image: 2.jpg?w=430&h=678]

Имало и ке ги има , кодошите си ја хранат душата со злото кое го нафрлаат на другите особи,без разлика колку им се блиски. Едно е сигурно , тие нема да останат неказнети, ако ништо друго тие ке бидат запаметени од народот .

Поучна сторија која ке ве натера да размислите дали на одредени фамилии во Струга но и во Македонија треба да им се верува на наивниот израз на лицето и насмевката која ни ја упатуваат , како и на добрината која би ни ја направиле за потоа една подадена пара да би ја платиле со цел грош, можеби и со неколку .

[Image: 3.jpg?w=433&h=721]

[Image: 4.jpg?w=432&h=286]


ГЛАСОТ НА ВИСТИНАТА
(This post was last modified: 18-08-2013, 01:00 PM by ЈорданПетровски.)
18-08-2013, 12:59 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Во филмот “ Окупација во 26 слики“, хрватскиот режесер Лордан Зофрановиќ опишува како општествениот смет на Хрватска за време на усташката Независна Хрватска сурово се пресметувал со идеолошките и политичките неистомисленици. Секогаш сум ги осудувал нечовечките постапки на тој општествен смет, но главната вина сум ја префрлувал на таа политичка елита која тоа го овозможувала. Така и во овој случај на македонската лустрација. Тој кодош е за секоја осуда, но да не била таа политичка елита т.е. политички систем, која сакајки да ја одржи власта ги врбувала такви слаби и нечовечни луѓе за да се одржува системот, тие луѓе не би имале шанса да го прават тоа што го правеле.
19-08-2013, 07:13 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Sto mislite zosto "strancite" (diplomati ,predstavnici itn) voopsto ne komentiraat i ne davaat nikakvi izjavi za Makedonskata lustracija,i ja tretiraat kako strogo vnatresno prasanje?

Premnogu se tivki,nemaat "informacii" ili taka im cini?

Ili pak nema koj da gi prasa mozebi?
(This post was last modified: 01-09-2013, 01:16 AM by Larsson.)
01-09-2013, 01:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(01-09-2013, 01:15 AM)Larsson Wrote: Sto mislite zosto "strancite" (diplomati ,predstavnici itn) voopsto ne komentiraat i ne davaat nikakvi izjavi za Makedonskata lustracija,i ja tretiraat kako strogo vnatresno prasanje?

Premnogu se tivki,nemaat "informacii" ili taka im cini?

Ili pak nema koj da gi prasa mozebi?



Јас мислам дека причината е во тоа што досега никој не ги прашал.
01-09-2013, 02:46 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(01-09-2013, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-09-2013, 01:15 AM)Larsson Wrote: Sto mislite zosto "strancite" (diplomati ,predstavnici itn) voopsto ne komentiraat i ne davaat nikakvi izjavi za Makedonskata lustracija,i ja tretiraat kako strogo vnatresno prasanje?

Premnogu se tivki,nemaat "informacii" ili taka im cini?

Ili pak nema koj da gi prasa mozebi?



Јас мислам дека причината е во тоа што досега никој не ги прашал.

Epa e vi prasanje?
01-09-2013, 11:18 PM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0

(01-09-2013, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-09-2013, 01:15 AM)Larsson Wrote: Sto mislite zosto "strancite" (diplomati ,predstavnici itn) voopsto ne komentiraat i ne davaat nikakvi izjavi za Makedonskata lustracija,i ja tretiraat kako strogo vnatresno prasanje?

Premnogu se tivki,nemaat "informacii" ili taka im cini?

Ili pak nema koj da gi prasa mozebi?



Јас мислам дека причината е во тоа што досега никој не ги прашал.

Мошне интересно прашање постави Ларсон. Странците се јавуваат за секој настан без никој ништо да ги праша само за Лустрацијата молчат.
01-09-2013, 11:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(01-09-2013, 11:45 PM)Cesen Makedonec Wrote:
(01-09-2013, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-09-2013, 01:15 AM)Larsson Wrote: Sto mislite zosto "strancite" (diplomati ,predstavnici itn) voopsto ne komentiraat i ne davaat nikakvi izjavi za Makedonskata lustracija,i ja tretiraat kako strogo vnatresno prasanje?

Premnogu se tivki,nemaat "informacii" ili taka im cini?

Ili pak nema koj da gi prasa mozebi?



Јас мислам дека причината е во тоа што досега никој не ги прашал.



Мошне интересно прашање постави Ларсон. Странците се јавуваат за секој настан без никој ништо да ги праша само за Лустрацијата молчат.



Чесен Македонецу, не би рекол дека никој не ги прашал. За се што даваат одговори странците се прашани. Проблем е што ние незнаеме кој ги порашува.

02-09-2013, 12:40 AM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0

(02-09-2013, 12:40 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-09-2013, 11:45 PM)Cesen Makedonec Wrote:
(01-09-2013, 02:46 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(01-09-2013, 01:15 AM)Larsson Wrote: Sto mislite zosto "strancite" (diplomati ,predstavnici itn) voopsto ne komentiraat i ne davaat nikakvi izjavi za Makedonskata lustracija,i ja tretiraat kako strogo vnatresno prasanje?

Premnogu se tivki,nemaat "informacii" ili taka im cini?

Ili pak nema koj da gi prasa mozebi?



Јас мислам дека причината е во тоа што досега никој не ги прашал.



Мошне интересно прашање постави Ларсон. Странците се јавуваат за секој настан без никој ништо да ги праша само за Лустрацијата молчат.



Чесен Македонецу, не би рекол дека никој не ги прашал. За се што даваат одговори странците се прашани. Проблем е што ние незнаеме кој ги порашува.
Уште една завера а? Не можат странците да дадат изјава без некој да ги праша. Тоа што се имаат огласени за се од најнегативно до најпозитивно за секој детал и настан во МК е пак по директива.

Во ЕУ извештајот за Македонија во кој се е опишано и кој има 70 страни лустрацијата е спомната со еден параграф и тоа дескриптивно без никакви коментари. Во пролетниот извештај каде се и препораките на што Македонија најмногу треба да обрне внимание лустрацијата ич не е спомната. Мора Србија или удба да ги пишува извештаите. Во следниов ЕУ извештај за некоја недела да ли лустрацијата и конечната пресметка со комунизмот ќе има главно место?
02-09-2013, 08:50 AM
Reply