Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

22-05-2013, 11:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(22-05-2013, 11:37 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Не извлековме никаква поука од 1990 до денеска. 1990 во рушење на комунизмот водачи ни станаа, лажните дисиденти: Марјановиќ, Милосавлевски, Милчин, Гане, Анте.
Марксистите: Димитров, Доста Димовска.
Врвот на УДБа: Диневски, Павле Трајанов, Слободан Богоевски. ..

Денеска имаме уште погротескна ситуација, ги имае Хитлер, идејниот творецот политичкиот прогон по 1990 година -Силјан Аврамовски и Гебелс, пропагандистот и спроведувачот на идеите на Силјан- Љубомир Фрчковски како луѓе кои се: едниот, Силјан чувар на Грујовиот комунизам и вториот Фрчковски борец да се сруши Груевски ама комунизмот и Силјан да останат.

До каде е арогантноста на марионетите на системот говори постапката на Хеслиншки комитет кој како свој представик во Уставниот суд на расправта за законот за лустрација го прати Фрчковски. За арогантноста на системот говори и присуството на Пивоваров, инспектор во ДБК во периот 1991-1998 година, период за кој постојат непобитни докази дека тајната полиција е користена за прогон на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ противници на власта.

Дека дебатава на подготвителната седница е фарса, односно власта се плаши од лустрација покажува фактот што владата не се ни обиде да ги побие поднесувачите на инцијативата кои го оспоруваат опсегот на спроведување на лустрацијата. А тоа можеше да го стори многу лесно, требаше да ги испочитува препораките на Венецијанската комисија, односно да проложи доказ дека се водени досиеа и после донесувањето на новиот Устав 1991 година. Да приложи доказ дека законите, уредбите и правилниците по кој е воден прогонот се објавувани во посебни-ТАЈНИ-службени весници. Да приложи доказ за прислушкувањето кое го правела тајната полиција без судски налог.

23-05-2013, 01:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(22-05-2013, 11:37 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Госпоѓата Астеруд од 10' и 55" се обиде да го истолкува:

Quote:Параграф 26

Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во една
прилика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.

Во толкувањето госпоѓата Aстеруд, објасни дека таков параграф неможе да се однесува на Македонија бидејки немало државни удари. Ваквата констатација е потполно невистинаита. Имено државен удар не се прави само со употреба на сила, војска, полиција. Државен удрар е непочитување на Уставот и изборните резултати. Председателот глигоров со НЕДОДЕЛУВАЊЕТО на МАНДАТОТ на ВМРО ДПМНЕ партија која освои најмногу пратеници на првите парламентасрни избори. Уставната обврска на глигоров беше да го даде МАНДАТОТ на партијата која освоила најмногу пратеници, ако таа партија не успее да состави влада, мандатот се дава на второрангираната партија и ако таа не успее се оди на третата и ако не успее ниту една партија се распишуваат нови избори.
Второто прекршување на уставот е изгласувањето на недоверба на експертската влада.
Третото прекршување на уставот е направено 1992 година, давањето на мандат на иста партија два пати.

На сево ова треба да се додаде и изјавата на Андов во која тој вели дека експертската влада е составена по сугестија на Белград.
Моите истражувања го потврдуваат ова тврдење на Андов.

Quote:-"БОГОЕСКИ: - Тогашната политичка номенклатура произлезена од Сојузот на комунистите, извршија т.н. свилен уставен преврат, не дозволувајќи да се создаде политичка влада со македонски предзнак, туку измислија чудесна формула – експертска влада, како природен “проект“. Тоа беше првичниот удар, тргање на еден камен темелни ..'

Quote:"СЕГА: Господине Андов, многу контроверзи предизвика Вашето тврдење во неделникот “Фокус”, дека при создавањето на првата македонска влада, под влијание на Белград, Киро Глигоров ги одбил кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за премиер. Во интервју за минатиот број на “Сега”, Глигоров ја отфрли Вашата теза и изјави дека одлучил да ги одбие кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие “не соодветствувале на неговата претстава за профилот и за квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени вонредно тешки задачи”. Да расчистиме најнапред една битна работа - имаше ли Глиоров уставно право да избира и да се води од своите субјективни мислења за кандидатите?

Андов: Не, немаше. Такво уставно право претседателот во Македонија нема. И по стариот Устав, по амандманите со кои беше иновиран, претседателот го немаше тоа право. Значи, Глигоров, 1991 година, во февруари и март, кога одлучуваше на кого ќе го даде мандатот, немаше право да се раководи од некоја негова престава “за профилот и квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени голем број на задачи”. Тој, едноставно, беше должен да го даде мандатот на личноста што ќе му биде предложена од партијата која на изборите добила најмногу пратеници, а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Исклучиво на пратениците во Собранието им е дадено право да одлчучат дали ќе го изберат предложениот кандидат или пак тој нема да добие потребно мнозинство гласови. Според тоа, Глигоров во 1991 година, без оглед од што се раководел, го прекрши Уставот и, едноставно, ги третираше како непостоечки резултатите од повеќепартиските избори.
...
СЕГА: Врз основа на што тврдите дека однесувањето на Глигоров во тие години беше раководено од Белград? Имате ли некакви докази за тоа?

Андов: Дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград, на македонската јавност и беше соопштено од еден наш врвен разузнавач, уште пред неколку години, во телевизиската емисија на новинарот Васко Ефтов “Во центарот”. Таа изјава Глигоров не ја демантираше. А како што знае јавноста, тој со деманти реагира многу често и на поблаги изјави.'
23-05-2013, 04:26 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Libertas & Co. "oznanuje" Frco ce bide lustriran u ponedelnik,demek gi rasturil na debatata u ustaven,I ovie od ljubomora I zloba ce mu se revansiraat ...Icon_razz
23-05-2013, 10:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Аџиев добил итен налог во понеделник Фрчкоски да го прави кодош?!

23-05-2013

Веднаш по настапот на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски пред Уставниот суд во кој во име на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија беше најубедлив соговорник за неуставноста на законот за лустрација, и го воочи извесното укинување на одредбите на законот за лустрација , за нивно важење по 1991 година, инквизиторската комисија за лустрација веднаш го стави на дневен ред за седницата во понеделник.

Оваа трагикомедија на осветољубовост на ДПМНЕ и неговите инсталации според експертите говори само за едно: политичарите и интелектуалците кои ја создадоа независната македонска држава ДПМНЕ сака административно да ги елиминира или барем да ги повреди и обележи.

LIBERTAS

Ваквиот "срцепаракуќи хвалоспев" дека Фрчковски е еден од политичарите и интелектуалците кои ја создале независната македонска држава е непримерен срамен за сопственикот и уредникот на пораталот ЛИБЕРТАС, господинот Кабрамов.
Иницијатива за "лустрирање" на Фрчковски, министерот кој ке остане забележан во историјата на Македонија како злосторник е поднесена ПО ВТОР ПАТ на 18.11.2011 година.

Инаку две работи во текстот се неточни. Првата Фрчковски неможе да биде прогласен за кодош, тој бил наредбодавач и втората, дека во понеделник Фрчковски ке се најде на дневен ред на комисијата.
24-05-2013, 11:55 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

I drugi "borci"(Zarko) se javuvaat deka lustracijata posle 91' e neustavna,I bezobrazni I tie se povikuvaat na venecijanskata komisija...Icon_razz
Izgleda mislat deka malku ludje se zapoznaeni,I so povikuvanje i delumno citiranje nivnoto tvrdenje ce dobie na tezina...tipicno za niv...
24-05-2013, 11:29 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(24-05-2013, 11:55 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Аџиев добил итен налог во понеделник Фрчкоски да го прави кодош?!

23-05-2013

Веднаш по настапот на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски пред Уставниот суд во кој во име на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Македонија беше најубедлив соговорник за неуставноста на законот за лустрација, и го воочи извесното укинување на одредбите на законот за лустрација , за нивно важење по 1991 година, инквизиторската комисија за лустрација веднаш го стави на дневен ред за седницата во понеделник.

Оваа трагикомедија на осветољубовост на ДПМНЕ и неговите инсталации според експертите говори само за едно: политичарите и интелектуалците кои ја создадоа независната македонска држава ДПМНЕ сака административно да ги елиминира или барем да ги повреди и обележи.

LIBERTAS

Ваквиот "срцепаракуќи хвалоспев" дека Фрчковски е еден од политичарите и интелектуалците кои ја создале независната македонска држава е непримерен срамен за сопственикот и уредникот на пораталот ЛИБЕРТАС, господинот Кабрамов.
Иницијатива за "лустрирање" на Фрчковски, министерот кој ке остане забележан во историјата на Македонија како злосторник е поднесена ПО ВТОР ПАТ на 18.11.2011 година.

Инаку две работи во текстот се неточни. Првата Фрчковски неможе да биде прогласен за кодош, тој бил наредбодавач и втората, дека во понеделник Фрчковски ке се најде на дневен ред на комисијата.

Ова само индицира дека и Кабрамов е од стадото овци кои се на директна врска со Удбомафијата.

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
25-05-2013, 08:01 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Овој лаже па суши. Вакви лаги некажува ни Амди Бајрам.
Фрчко вели:

-Службата се престроила и го напаѓала само екстемизмот, не различноста на идеа .. Естремизмот значи: УПОТРЕБА НА НАСИЛСТВО ВО ПРОМОЦОЈАТА НА ПОЛИТИЧКАТА ИДЕА.....
25-05-2013, 06:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

30-05-2013, 03:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

30-05-2013, 05:10 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Quote:ЛУСТРИРАН ДРУГ ПЕТАР КАРАЈАНОВ!

Комисијата за верификација на фактите ми го смени идентитетот и ме прогласи за соработник на тајните служби, вели Петар Карајанов чие решение Kомисијата за лустрација го објави на својата веб страница. Со документи в рака тој многу емотивно објаснува дека му е направена бесмислена,тешка и навредлива грешка со што е ставен изменет и оцрнет код на неговата личност и општествен придонес.

Во основниот документ врз база на кој се утврдува наводната моја соработка,се прави груба замена на идентитетот, името и презимето се идентификува со друг од бројниот род на Карајанови во Гевгелија, рече Петар Карајанов.

Потврда за тоа дека се работи за две различни лица,вели Карајанов, е различната дата на рагање, јазикот кој го студирале, родниниските врски и патувањето во Шведска каде наводно Карајанов имал брат, контактирал со нашата имиграција, пренесувал информации и комуницирал со безбедносните служби.

-Роден сум во 1936 година, а тој во 1937, јас живеам во Скопје, тој во Гевгелија, јас студирав југословенска книжевност со македонски јазик, тој англиски јазик, тој имал брат, а јас сестра, а во шведска никогаш не сум патувал, нагласува Карајанов.

Апсурдноста да биде поголема, вели Карајанов, во времето кога тој Петар бил во Шведска и кога го поднел извештајот до тајните служби, овој Петар бил во војска во Требиње БИХ. Со ова додава тој, Комисијата потврдува дека надвор од законот без да направи елементарна проверка и споредба на податоците и фактите лустрира погрешен човек

-Не можам да се ослободам од помислата дека овој груб чин на измешаност на мојот идентитет и вештачкиот спој на наметнатиот кримо-идентитет на мојата личност, со моите функции со темели во денешна Македонија, се еден од познатите обиди за дискриминација и своевидна пресметка со неистомисленици на актуелната власт, рече Карајанов.

Од тие причини Карајанов побара Комисијата за лустрација јавно да му се извини за направената штета, да признае дека лицето прогласено за соработник е друг Петар Карајанов, а не поранешниот секретар и претседател на Градскиот комитет на Сојузот на Комунистите и да го симне инкриминирачкиот документ од својата веб страна.
http://www.telma.com.mk/index.php?task=c...item=27523

SmajlitoSmajlitoSmajlito
31-05-2013, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

02-06-2013, 01:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Некој од ВЛАСТА како свесно да сака да му даде за право на Фрчковски за скоро се што искажа во интервјуто на 24 вести. МТВ во емисијата посветена на лустрацијата за соговорници на председателот на комисијата за лустрација Аџиев ги поканила Павле Трајанов еден од "ОСУМИНАТА", министер на МВР, кој додека бил министер не ја прекинал праксата на водење досиеа на политички и идеолошки противници и Филип Петровски, "следен", чие досие завршува со зборовите ИНДИЦИИТЕ ПОРАДИ КОИ Е ВОДЕНО ДОСИЕТО СЕ ДОКАЖАНИ. Што можело да го спаси Филипа од кривичен прогон, единствено да стане соработник или пак бил соработник а досието е за да му направи "педигре", за да влезе во врвот на ВМРО ДПМНЕ.
Тој ниту тужеше ниту ништо.
05-06-2013, 03:23 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(05-06-2013, 03:23 AM)ЈорданПетровски Wrote: Некој од ВЛАСТА како свесно да сака да му даде за право на Фрчковски за скоро се што искажа во интервјуто на 24 вести. МТВ во емисијата посветена на лустрацијата за соговорници на председателот на комисијата за лустрација Аџиев ги поканила Павле Трајанов еден од "ОСУМИНАТА", министер на МВР, кој додека бил министер не ја прекинал праксата на водење досиеа на политички и идеолошки противници и Филип Петровски, "следен", чие досие завршува со зборовите ИНДИЦИИТЕ ПОРАДИ КОИ Е ВОДЕНО ДОСИЕТО СЕ ДОКАЖАНИ. Што можело да го спаси Филипа од кривичен прогон, единствено да стане соработник или пак бил соработник а досието е за да му направи "педигре", за да влезе во врвот на ВМРО ДПМНЕ.
Тој ниту тужеше ниту ништо.

Lustracija bez sudska zavrsnica I dokazna postapka,ne e nisto drugo osven borba pomedju edna ista banda za celosna I kompletna kontrola na drzavnite resursi,so sekoj nov slucaj se e pogolema farsata I se e pomala nadezda deka namerite se iskreni I cesni i deka navistina sakaat da rascistat so temnite tocki od mkd. Istorija..
Vrana na vrana oci ne vadi...
06-06-2013, 12:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(06-06-2013, 12:53 AM)Larsson Wrote:

За жал во право си. Се помалку верувам дека оваа власт ке дозволи судска разврска.
06-06-2013, 12:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Андрей Ковачев обсъди перспективите за европейско членство пред Сърбия с премиера на страната Ивица Дачич
29 май 2013 | 17:49 | Агенция "Фокус"

[Image: kovacev.jpg]

Брюксел. Андрей Ковачев обсъди перспективите за европейско членство пред Сърбия с премиера на страната Ивица Дачич, съобщиха от пресцентъра на ПП ГЕРБ. Андрей Ковачев, ръководител на българската делегация в Групата на ГЕРБ/ЕНП взе участие в дискусията с премиера на Сърбия Ивица Дачич, чийто домакин беше Комисията по външни работи на Европейския парламент. В изказването си пред евродепутатите сръбският премиер постави акцент върху диалога с европейските партньори на страната, реформите и подписаното споразумение с Косово, чието изпълнение сега е на дневен ред.
Андрей Ковачев, който е заместник-председател на Комисията по външни работи на ЕП, поздрави Дачич за напредъка на страната му по пътя й към членство в ЕС и му пожела успех с реформите. "В диалог, толерантност и отказ от някои похвати от миналото може да се постигне ефективна европейска интеграция в интерес на гражданите от региона", подчерта д-р Ковачев.
Българският евродепутат попита сръбския премиер - дали Сърбия смята да отвори архивите на бившата югославска служба за сигурност УДБА и да ги предостави на бившите съюзни републики от Югославия - тези части от информационния масив, които се отнасят до съответните републики. "Бившите структури на УДБА все още оказват съществено влияние върху политическия, икономическия и медийния живот на Сърбия и дават своето негативно влияние върху целия регион", допълни г-н Ковачев.
Премиерът Дачич посочи, че ако зависеше от него, то той не би имал нищо против архивите на бивша Югославия да бъдат достъпни, ако това не застрашава националната сигурност на страната. Андрей Ковачев изтъкна, че Република Македония официално е поискала тези архиви да й бъдат върнати и че текстът за връщането на архивите на бившите съюзни републики е залегнал в резолюциите на ЕП както за Македония, така и за Сърбия.

FOKUS-NEWS
08-06-2013, 12:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Миленко Неделковски

Мирослав Спировски, попознат како “Поп Миро“ е новинарот кодош.

Quote:Новинар прогласен за кодош

[Image: images17.jpg]

Новинарот од постарата генерација во весникот „Нова Македонија“ кој бил добитник на врвни награди од областа на публицистиката и журнализмот е лустриран од Комисијата за верификација на фактите.

Лустраторите утврдила дека тој бил оперативна врска чија задача била да ги обработува колегите од „Нова Македонија“ кои манифестирале националистички позиции, објави телевизија Алфа.

Пред две години, кога бил кандидат за пратеник на предвремените избори добил сертификат дека не е доушник, но по проверка на други лица, во списите од Државниот Архив, лустраторите го откриле неговото име и решиле да ја ревидираат одлуката.
Новинар и кандидат за пратеник во 2011 година е прогласен за кодош.

Лустраторите тврдат дека добиле нови докази со кои неспорно било докажано дека човекот кој пред две години добил зелено светло, дека може да врши јавна функција, сега не го поминува лустраторскиот филтер.
Лустраторите прогласиле уште двајца наредбодаватели за кодоши, но нивните досиеја ќе се објават откако најпрвин ќе проверат лустраторите дали лустрираните се живи.

TOPPOST
10-06-2013, 10:32 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(08-06-2013, 12:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Андрей Ковачев обсъди перспективите за европейско членство пред Сърбия с премиера на страната Ивица Дачич
29 май 2013 | 17:49 | Агенция "Фокус"

[Image: kovacev.jpg]

Брюксел. Андрей Ковачев обсъди перспективите за европейско членство пред Сърбия с премиера на страната Ивица Дачич, съобщиха от пресцентъра на ПП ГЕРБ. Андрей Ковачев, ръководител на българската делегация в Групата на ГЕРБ/ЕНП взе участие в дискусията с премиера на Сърбия Ивица Дачич, чийто домакин беше Комисията по външни работи на Европейския парламент. В изказването си пред евродепутатите сръбският премиер постави акцент върху диалога с европейските партньори на страната, реформите и подписаното споразумение с Косово, чието изпълнение сега е на дневен ред.
Андрей Ковачев, който е заместник-председател на Комисията по външни работи на ЕП, поздрави Дачич за напредъка на страната му по пътя й към членство в ЕС и му пожела успех с реформите. "В диалог, толерантност и отказ от някои похвати от миналото може да се постигне ефективна европейска интеграция в интерес на гражданите от региона", подчерта д-р Ковачев.
Българският евродепутат попита сръбския премиер - дали Сърбия смята да отвори архивите на бившата югославска служба за сигурност УДБА и да ги предостави на бившите съюзни републики от Югославия - тези части от информационния масив, които се отнасят до съответните републики. "Бившите структури на УДБА все още оказват съществено влияние върху политическия, икономическия и медийния живот на Сърбия и дават своето негативно влияние върху целия регион", допълни г-н Ковачев.
Премиерът Дачич посочи, че ако зависеше от него, то той не би имал нищо против архивите на бивша Югославия да бъдат достъпни, ако това не застрашава националната сигурност на страната. Андрей Ковачев изтъкна, че Република Македония официално е поискала тези архиви да й бъдат върнати и че текстът за връщането на архивите на бившите съюзни републики е залегнал в резолюциите на ЕП както за Македония, така и за Сърбия.

FOKUS-NEWS

Quote:“Андрей Ковачев изтъкна, че Република Македония официално е поискала тези архиви да й бъдат върнати и че текстът за връщането на архивите на бившите съюзни републики е залегнал в резолюциите на ЕП както за Македония, така и за Сърбия.

Ах, лошите Блгари. Сакаат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија и Србија Smajlito

11-06-2013, 09:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(11-06-2013, 09:06 AM)hristo Wrote:
Quote:“Андрей Ковачев изтъкна, че Република Македония официално е поискала тези архиви да й бъдат върнати и че текстът за връщането на архивите на бившите съюзни републики е залегнал в резолюциите на ЕП както за Македония, така и за Сърбия.

Ах, лошите Блгари. Сакаат да се мешаат во внатрешните работи на Македонија и Србија Smajlito

Ковачев е потпредседател на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
Не настапува во свое име, туку во името на Комисијата, затоа е молк во Македонија.
Таму, во таа Комисија ја водевме најголемата битка со Црвените Кмрти на Милчин. Ставовите кои комисијата ги искажува во последните година дена се доказ дека вистината секогаш победува.
11-06-2013, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Дамајановски, со изјавата за Фрковски ја манипулира македонската јавност. Не е спорно што Фрчковски дал налог за следење. Спорен е начинот на кој е правено следењето.

1. Прислушкување на телефоните на следените без СУДСКА одлука чле 17 од Уставот

2. Следењето на осонничените, и за тоа МОРА ДА ПОСТОИ СУДСКА ОДЛУКА, член 27 од Уставот

3. Времетраењето на следењето на осомничените е 12 месеци, така стои во Правилникот за работа 10/92 донесен од самиот Фрчковски.После тој рок СДБ ако имала докази по сопствена проценка морала да поднесе КРИВИЧНА ПРИЈАВА до Јавниот Обивнител кој ке одлучел дали доказите се доволни да покрене обвинение па и тогаш ако Јавниот Обинител покреанл одвинение осомничените не се ВИНОВНИ, судот ЕДИНСТВЕН со правослина пресуда носи одлука дали се виновни или не.
Тоа што СДБ не поднела ниту една Кривична Пријава зборува дека немале докази.
Дамјанповдскли треба да го прочита ова белкуи ке му се разјаснат работите:

Quote:Зошто СДБ/ДБК не поднеле кривични пријави против лицата кои ги следеле? Одговорот на Фрчкоски беше фрапантен: дел од работата на СДБ/ДБК бил сузбивање на противуставни активности. Што значи ова? Ова значи дека според толкувањето на Фрчкоски СДБ/ДБК ја има моќта на полицаец-истражувач, јавен обвинител, судија и џелат—што е сосема спротивно на принципите за владеење на правото (чл. 8), за поделаба на државната власт (чл. 8), презумпција на невиност (чл. 13), како и на Член 14 („Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.“) Сузбивањето е вид на казна, оти при сузбивањето на дадена активност се пропречува можноста на граѓанинот тој да си ги остварува своите права, а истовремено, постои и економска загуба.

Сузбивањето на активност е „сива,“ нетранспарентна и неуставна мерка. Демократскиот уставен поредок на Р Македонија предвидува дека секој кој е осомничен за сторено кривично дело ќе може да ја изнесе својата страна (чл. 12 и чл. 13), и да докаже дали навистина сторил кривично дело или се готвел да стори кривично дело. Но вториов случај—готвење на кривично дело е уште покомплицирана работа. Тука обвинителот мора да докаже, без да остави простор за разумно сомневање, дека постои план или заговор за криминално делување. Во сето она што јас го имам видено од објавените досиеа—а особено од моето—такви докази не се обезбедени преку примените на мерките тајно следење и тајно следење на телекомуникациски средства.
(This post was last modified: 11-06-2013, 04:09 PM by ЈорданПетровски.)
11-06-2013, 04:05 PM
Reply