Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Уставен за неколку месеци го одложи одлучувањето за лустрацијата

[Image: 983789491-11.jpg]

Уставен суд на денешната седница не одлучи дали да ги оспори проблематичните делови од Законот за лустрација, а расправата за законот ќе ја помести првин во посебна подготвителна седница, на која во присуство на експерти и консултанти ќе дискутира за неколку прашања поврзани со законот, а потоа на регуларна седница кога конечно ќе се произнесе за законот.

Оваа конечна одлука се очекува да биде донесена отприлика по 4 месеци, а дотогаш Комисијата за верификација на фактите ќе работи како и до сега, со оглед на тоа што судот не одредил привремена мерка за стопирање на спроведувањето на одредбите од законот до донесувањето на конечната одлука.

На денешната седница Уставен расправал по три иницијативи во врска со законот, од кои една е на Хелсиншки комитет, а една од група граѓани, меѓу кои Стамен Филипов, Борис Стојановски и Петар Карајанов кои се дел од Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија. При тоа судот дефинирал четири точки поврзани со спорните одредби од законот, на кои ќе дискутира на подготвителната седница која треба да се оддржи во текот на наредните два месеци и на која треба дополнително да се разјаснат одредени правни прашања.

Првата од сомнителните четири точки се однесува на временскиот опфат на соработката меѓу органите за државна безбедност во комунистичкиот режим и лустрираното лице. Дилемата на судот по однос на ова прашање е дали има уставна основа да се врши лустрација за периодот после стапувањето на сила на Уставот на Република Македонија во 1991 година.

Втората група прашања кои ќе бидат предмет на разгледување се однесуваат на кругот на лица кои се опфатени со примената на законот. Прашањето кое ќе го разгледува судот е дали законот треба да се однесува и на оние лица кои не се дел од органите на државната власт и не одлучуваат за човековите права и слободи - како адвокати, верски здруженија, политички партии или лица од здруженија на граѓани.

- Ако нивната положба не е поврзана со одлучувањето за човекови права и слободи, тогаш зошто да бидат опфатени со овој закон? Прашањето тука е дали законот треба да се однесува на овие лица, кога смислата на лустрацијата е оние лица кои претходно ги кршеле човековите права и слободи сега да се одалечат од оние јавни функции кои одлучуваат за правата и слободите – изјави денеска порпаролот на Уставен, Југослав Миленковиќ.

Третата група прашања се однесуваат на процедуралните гаранции на лустрираните лица пред комисијата да одлучи за нив, односно дали на лицето кое се оценува му е овозможено да се одбрани пред комисијата така што ќе ги изнесе своите факти и докази, наспроти документите кои говорат за него.

И четвртата категорија прашања се однесуваат на уставноста на објавувањето на идентитетот на лустрираните веднаш по одлучувањето на комисијата, без да има можност граѓанинот во меѓувреме да се одбрани преку судска постапка, која што му е уставно гарантирана.

Сè до одржувањето на подготвителната седница, на која Уставен ќе ги разгледа овие прашања, а потоа и до одржувањето на регуларната седница, на која конечно ќе се произнесе, Законот за лустрација ќе продолжи да се применува бидејќи судот, со мнозинство гласови, одлучил да не се изрече привремена мерка за стопирање на законската примена.

М.В.

Веста ја пренесуваме со дозвола на PLUSINFO

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
(This post was last modified: 13-03-2013, 07:04 PM by ЈорданПетровски.)
13-03-2013, 07:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(13-03-2013, 01:34 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote: Претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски предложил привремена мерка за престанок на важењето на Законот за лустрација додека судот не донесе конечна одлука. Мнозинството од судиите го одбиле овој предлог на Наумовски.

Добивме една битка. Се надевам дека ке ја добиеме и војната.

Оваа вест од текот на седницта не ја пренесе ниту едно гласило. Ниту гласило блиско до САДМ, ниту гласило блиско до ДПМНЕ. Ја пренесе само МКД.МК порталот на Александар Дамовски.
Јас напишав дека нашата кривична пријава е подготвена само ја чекаме одлуката на Уставниот суд.
Ако 2+2 месеци им значат многу, а негледам како можат да им значат многу бидејки нема ни теоретска шанса во тие 4 месеци да дојде СДСМ на власт.
(This post was last modified: 13-03-2013, 07:14 PM by ЈорданПетровски.)
13-03-2013, 07:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:УСТАВЕН СУД

[Image: 369866_1490569115_35992236_q.jpg]
Блажо Стојаноски

Деновиве со посебно внимание ја чекав седницата на Уставниот Суд на која требаше да се одлучи за ЛУСТРАЦИЈАТА (прочистување )на кодошите , односно на лицата кои се бавеле со кодошење врз лица кои сподред нечија политика биле неподобни за општеството . Уставните судии требаше да одлучат дали и по 1991 год. треба да се ЛУСТРИРА - ПРОЧИСТУВА државата од тие страшни елементи кои направиле голем пакос врз напредокот на демократските процеси во државата преку добро изрежирани измислици , оцрнувања , напади па се до физички ликвидации на лица кои не се сложувале со политиката на тогашните политички вождови . Уставниот СУД после долготрајна расправија небеше во состојба да донесе одлука дали е потребно или не да се прочистува Македонија од таквите личности и после 1991 г.со констатација дека треба дополнителна консултација со ВРВНИ СТРУЧЊАЦИ од областа на правото . Искраен да бидам во моментот кога ги слушав вестите малку се изнервирав на ваквата нивна одлука бидејќи јас сум еден од оние кои беше гонет , следен и обработуван од тие служби после 1991 , поточно од 1996- 2000 г. но, после неколку часовно размислување нервозата од таквата одлука ја заменив со ПРЕЗИР кон судиите од Усавен Суд со многу едноставно логичко прашање ПА НЕЛИ ТИЕ МОЌНИЦИ ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО ТРЕБА ПО СИТЕ НОРМИ ДА БИДАТ НАЈ НАЈ ЕКСПЕРТИ , па затоа и државата ги поствила на таа најдоговорна функција . Со кого тие треба да се советуваат доплнително навистина не ми е јасно .
Една реченица на претседателот на Уставен Суд навистина заслужува посебна анализа имено, г- динот Бранко Наумовски -Претседател на УСТАВЕН СУД кажува дека гонење после 1991 г. намало односно за неколку поединечни случаеви врз лица -граѓани и не требало да се земаат во обзир бидејќи тоа не ја одсликувало вистинската состојба па така да и немало потреба да се спроведува ЛУСТРАЦИЈАТА ПОСЛЕ 1991 Г. Каква суровост од ,,НАЈ , НАЈ '' судијата , какво омаловажување на граѓаните на РМ , луѓе кои со својот одделен денар преку даноци и други давачки ја полнат касата на државата од која тие судии дебело се платени . Одтука ваква ДИСКРИМИНАЦОНА ИЗЈАВА е непојмлива за таа функција . Што сега со луѓето кои ја бараат правадта низ нашите судски институции после една ваква дискриминаторска изјава .
Господине Бранко Наумовски , г-дине Председател на УСТАВЕН СУД на РМ Јас сум лојален граѓанин на РМ и сакам Вие како чувар на моите УСТАВНИ ПРАВА да не ме третирате како второ или трето разреден граѓанин бидејќи пред Уставот и законите на РМ сите граѓани се рамноправни . Јас усм гонет од службите на власта неосновано и надвор од уставните гаранции дека сите сме рмноправни пред УСТАВОТ и законите , велам НЕОСНОВАНО бидејќи на крајот од моето полициско досие кога ми е издавано и решението за ДЕРЕГИСТРАЦИЈА од ПО (предходна обработка ) истите служби се повикуваат на кнстатацијата дека НАВОДИТЕ кои дотогаш биле прибирани во ДБК за мое следење и гонење се докажале како неосновани , значи Јас сум бил неоправдано гонет . Од таквото неосновано четири годишно гонење последиците само јас и моето смејство најдобро ги знаеме и сеуште ги чуствуваме . Ве повикувам Г-дине Наумовски да змете податок од МВР на Република Македонија , бидејќи тами стојат досиета на граѓаните кои после 1991 г. биле гонети и да видите дали се само неколку или ги има илјадници меѓу кои ке го најдете и моето под пвсевдонимот ,,ДЕСТРУКТИВЕЦ''. Доколку навистина најдете такви докази ( со сигурност ке најдете барем две ) пронајдетеги КОДОШИТЕ КОИ НЕОСНОВАНО МИ НАНЕЛЕ ОГРОМНА ШТЕТА НА МЕНЕ И НА МОЕТО СЕМЕЈСТВО , преку ЗАКОН ЗА ЛУСТРАЦИЈА И ПОСЛЕ 1991 Г.
15-03-2013, 02:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

18-03-2013, 10:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Сите држави на Балканот живеат во демодиктатура

Секаде на хартија има демократски институции, но сите тие се "гнили" од корупција и се контролирани од организираниот криминал, вели познатиот политички затвореник Темелко Нешков во интервју за бугарскиот дневен весник “Сега”

[Image: temelko-neshkov-652-1.jpg]

85-годишниот Темелко Нешков е еден од политичките затвореници во минатото општествено уредување на Република Македонија. Тој поминал 12 години во затвор во времето на владеењето на Тито. Во средината на 70-тите години на минатиот век пребегува во Западна Европа, каде што живее под заштита на ОН. Повеќе од 20 години живее во соседна Бугарија. Потекнува од познато богато семејство од Прилеп. Женет е за Даница Нешкова, ќерка на познат трговец од Галичник од семејството Караџови. Тие имаат две деца, кои се сопственици на информативната агенција БГНЕС од Софија.

- Г-дин Нешков, како еден човек може да го задржи својот дух разбуден на ваши години?

- Духот нема возраст. Фала Богу, во изминативе години не сум паѓал во очај и не сум се разочарувал. Активно сум учествувал во борбата против фашистичка Германија и така дојдов до Сремскиот фронт. Бев дел од ВМРО и многу пред крајот на Втората светска војна. Категорично се спротиставивме на новиот завојувач во Македонија - најжестоката форма на сталинизам - следењето на тие што имаат различно мислење , тепање на Бугари, мачење и масакар на политичките противници. Сето тоа продолжи до крајот на 70-те години, кога единствениот спас од затвор за мене беше бегство во Западна Европа. Сепак имав само 49 години, а 12 од нив ги имав поминато во Титовите затвори и логори. Добивме заштита од ООН и тоа беше спасот за моето семејство.

- Тогаш ли завршивте со активната политичка борба?

- Тогаш само престанав да погледнувам дали има некој под прозор и престанавме да зборуваме тивко дома. За мене политичката борба придоби друга форма. Освен обичните нешта од животот, кои требаше да ги средиме, на прво место беше да ги разликуваме провокаторите од автентичните политички емигранти. Да не забораваме, дека озогласената УДБА на југодиктаторот Тито дејствуваше со иста жестокост како на територијата на бивша Југославија, така и во демократскиот свет – во Европа, САД и Канада. Стотици се убиените противници на Титовиот режим во западниот свет после 1945 година. Меѓу нив има дипломати, научници, лекари, писатели, филозофи, обични демократи, исто така и млади луѓе на по 20-ина години. Да не забораваме, дека познатите воени криминалци во денешно време, како еден Жељко Ражњатович – Аркан на пример, ја започнаа својата “полициска кариера“ како платени убијци на УДБА во Европа. Нивните шефови беа не помалку жестоки, тие беа “мозокот“на УДБА, како озлогласениот Иван Бабамов, кој покасно го смени името во Иван Бабаноски. Истиот тој, кој лично ги мачеше следените стотици македонски патриоти – многу од нив не издржаа и веќе не се меѓу живите. Денес Бабамов се преставува за професор и разузнавач. Друг дел беа идеолозите на најмасовниот масакар после Втората светска војна во Европа – во Хрватска, Босна и Херцеговина – во Сребреница, Косово.

[Image: temelko-neshkov-652-2.jpg]

- Како се преминуваат вакви трагедии? Дали чуствувате гнев или разочараност?

- Ни едното, ни другото. Омразата не ми е познато чуство. Секогаш сум чуствувал гадење од вакви луѓе. За мене Бабанов не само што не е граѓанин, туку не е ни човек уште пред првата наша средба, пред првото апсење, првата закана и тепање. Проблемот е во тоа, дека Бабанов ги загадува душите на младите. Но тоа не е моја лична драма или пораз. Тоа е криминал на сите тие луѓе, кои учествуваа “во промените“ во последниве 25 години и не ја разоткрија вистината за трагедијата после 1945 година. Тоа е една од причините да бидат отфрлени од општеството. Кој би сакал пак да ја преземат власта “првите демократи“ во Македонија и во Бугарија? Ни еден, затоа што тие се заложија за лична економска промена и слобода, а заборавија на политичката и духовната...

Живееме во услови на тотална промена. Промена, која останува неразбрана за тие луѓе, за кои хоризонтот завршува околу нивната куќа – или во најдобар случај до Сливница. Останувањето на власт не зависи од нулите на банкарската сметка. Но тоа е застарен политичко-милиционерски менталитет.

Јас се обидувам да ја разберам глобалната промена, која започна во 2007-2008 година, а они ми зборуваат за некои работи, кои дури не смееле да ги изговорат на глас пред 40-50 години. Убавото е, дека овој пат не се чека со децении за промена...

- Рековте, дека се обидувате да разберете што се случува. Како се ориентирате?

- Живееме во бесконечен информативен проток. Фала Богу, дел од квалитетната информација е и бесплатна. Јас се обидувам, без да им пречам на моите деца, да ме научат како повеќе да ги користам новите технологии. Е, не успевам со сите апликации. Понекогаш користам и детски апликации, но и од тие има што да се научи. Категорично го поддржувам и преферирам електронскиот пред печатениот примерок на весниците. Видете, само за неколку минути човек може да научи во детали што се случува во соседните држави, Европа, светот – и тоа без да биде зависен од стандардните медиуми...

- Не можеме да не ве прашаме за односите Бугарија – Македонија. Што мислите за последните турбуленции во односите Софија – Скопје?

- Тоа е интересен пример. Погледнете како само за неколку недели беа разоткриени овие “политичари - патриоти“. И од двете страни на границата, особено во управата, има луѓе кои бараат омраза и спротиставување. Во таква ситуација корупцијата цути најдобро. Како е можно во 2013 година да зборуваме пак за блокади, за Бугарофили, Косовари, Босанци? Мене ми е многу болно кога слушам како луѓето го определуваат својот сосед на еден примитивен начин. Граѓанинот, и во Софија, и во Скопје пред се треба да биде слободен политички и економски. Луѓе, кои се спротиставуваат на тоа, ќе загубат многу брзо се, без разлика каква власт, пари и каков и да било друг потенцијал имаат. Слободата нема граници. Тие се луѓе кои не враќаат назад кон омразата, а нормалните луѓе сакаат да живеат слободно, како што се изразуваат младите “френдли“.

[Image: temelko-neshkov-652-3.jpg]

- Очекувате ли уште турбуленции?

- Ние сме на почетокот на длабоки промени. Живееме во услови на првата глобална промена, спроведена и со огромна IT револуција... Промени ќе има не само во Софија. Промени ќе има во Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна гора... Се разбира после еуфоријата ќе дојде опаметување и во Приштина и Тирана. Сите тие држави страдаат од едно исто – демодиктатура, како што јас ја нарекувам. Секаде само на хартија има демократски институции, но сите се “гнили“од корупција и се контролирани од организираниот криминал. Прв пат од ХVІІІ век досега има толку огромна пропаст помеѓу последниве две – три генерации и денешниве млади, кои сега имаат по 16 – 24 години. Тие нема да ја преземат власта денес, но тие ќе ја сменат и веќе го прават тоа. Јас се радувам затоа што благодарение на нив и јас ќе живеам послободно. И во тоа сум абсолутно убеден, како што бев и пред 70 години сигурен, дека диктаторскиот режим на Тито ќе пропадне.

Фотографии:
Темелко Нешков заедно со сопругата Даница на Халкидики во Грција и во Дреновскиот манастир. Тие на 14 март оваа година, во ист ден, наполнија 85 и 81 година.

KIRILICA
19-03-2013, 09:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(18-03-2013, 10:23 AM)ЈорданПетровски Wrote:

20-03-2013, 02:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Поминаа година и четири месеци од моето повторно поднесување, прв пат ја поднесов во март 2009 година, на ИНИЦИЈАТИВА до Комисијата за проверка на факти за да ја проверат изјавата од Љубомир Данаилов Фрчковски дадена 2009 година кога беше председателски кандидат. Да видам дали Комисијата ке ме удостои со некаков одговор.

[Image: Kom_Copy-01_zps2a00c61d.jpg]
26-03-2013, 12:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Komlus2_1_zps813b4d41.jpg]

[Image: Komzal13_zps161f45d9.jpg]
26-03-2013, 12:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Одржана јавна дебата „Заборавените жртви на комунизмот“

Денеска во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржа јавна дебата под насловот „Заборавените жртви на комунизмот“.

Дебатата е дел од проектот „Бугарските и македонските жртви на комунизмот – денес жртви на заборав и агонија“, финансиран од страна на Европската Унија преку програмата „Европа за граѓаните“.

Михаил Лоуч, член на Здружението „Политички затвореници “ од Прага задолжен за собирање сведоштва од политички затвореници, Ванчо Ѓоргиев, професор по историја на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и професорот по историја на Универзитетот „Гоце Делчев“, Тодор Чепреганов, направија паралела меѓу рехабилитацијата на жртвите на комунизмот во Македонија и во Чешка.

„Жртвите на комунизмот во Република Македонија беа луѓе прогонувани врз национална основа. Тоа беа, пред сè, луѓе што се бореа за самостојна и обединета македонска држава, што припаѓаа на одредени организации, какви што беа ВМРО, Вардар и други и нивната ‘грешка’ беше тоа што сметаа дека македонското прашање не е решено во југословенската федерација. Тие сметаа дека тоа прашање треба да се реши под протекторат на некоја од големите земји и, во тој контекст, тие беа бурно следени од чуварите на системот,односно од страна на УДБА. Меѓутоа, за први жртви на комунизмот во Македонија можеме да ги сметаме и оние од 1941година, каков што е примерот со Методија Шаторов- Шарло, кој независно од сè што се случи ја застапуваше идејата за самостојна Македонија“, истакна професорот Тодор Чепреганов во однос на прашањето на жртвите на комунизмот во Македонија.

Заклучоците од дебатата одеа во насока на актуализирање на прашањето за преоценување на третманот на жртвите на комунизмот во Македонија, односно оддавање должна почит кон нив, водејќи се од позитивниот пример на Чешка.

SKY

На нас од комитетот за Демократизација на Македонија многу ни е драго што почнува полека да се сваќа спецификата на онаа што треба да се стори за да се дојде до НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ. Професорот Чепреганов го воочил проблемот , на ред се политичарите да донесат закон кој ке го овозможи тоа.

Quote:ЛУСТРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ

Во скоро сите посткомунистички држави се спроведе лустрација. Таму се лустрираа носителите на Комунизмот - значи таму имаше идеолошка борба помеѓу идеолошките левици и десници. За да биде целисходна, и од полза на народно помирување и обединување, лустрацијата во Македонија мора да зафати многу подлабоко. Во Македонија не е вршен прогон само на идеолошки неистомисленици, туку најголем дел од прогонуваните (околу 90%) се по национална основа. Прогонувани се Македонци (левичари, десничари и центристи), кои беа за Обединета, Самостојна, Суверена и Демократска Македонија.
10-05-2013, 05:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Фронт во Уставен за оправданоста на лустрацијата

Експертската јавност веќе неколку часа дебатира за уставноста на законот за лустрација, кој е под лупата на Уставниот суд. Ова е третпат овој закон да се оспори, а сегашната иницијатива за негова неуставност поднесоа Хелсиншкиот комитет за човекови права, Александар Петрушевски, адвокат, граѓанска иницијатива на чело со Стамен Филипов, и група граѓани.

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, како претставник на Хелсиншкиот комитет, во своето излагање изнесе три тези - за временската рамка, за процедуралните граници и за јавното објавување на лустрираните, што, според наведеното во иницијативата, го прави овој Закон за лустрација неуставен. Фрчкоски потенцираше дека периодот е спорен, бидејќи по 1991 година во Република Македонија се изменија многу влади, како и министри за внатрешни работи, па затоа не може да се зборува дека во сите тие години опстанал комунистичкиот режим, кој е предмет на законот за лустрација.

- Идејата за лустрација не е спорна, туку на самиот процес му е потребна фер постапка пред самата Комисија за лустрација, а тоа во досегашните постапки го има само пред судот, што не е доволно. Што се однесува до јавното објавување на лустрираните, може да се објави, откако ќе добие правосилна судска пресуда. Нема потреба да се брза, освен ако лустрацијата не е за да се направи стигматизација или е инспирирана од политички мотиви – рече Фрчкоски.

Поранешната судијка од Стразбур, Маргарита Цаца - Николовска истакна дека целта на лустрацијата е маргинализирана, а истите забелешки биле констатирани и од страна на Венецијанската комисија. Таа реагираше дека новото име на законот не треба да биде основа да не се применува претходната одлука на Уставниот суд.

- Промената на името во законот, односно пристап до документите од органите за државна безбедност, не може да биде основа веќе донесените одлуки на Уставниот суд да не се извршуваат и да не се земаат предвид - истакна Цаца - Николовска.

Професорот Димитар Мирчев го поддржува Законот за лустрација и тој, според него, не е противуставен.

- Во 1991 година е донесен новиот устав, кој ги гарантира човековите права, но и претходниот устав ги гарантирал, ама не значи дека не се кршеле. Но, штом е донесен во таа форма, апсолутно сметам дека треба да важи во таа временска рамка, оти дел од службите останале, а останале и методите, мрежите како и сорботниците - рече Мирчев.

Неговото мислење го дели и Ивица Боцевски кој смета дека периодот што го опфаќа лустрацијата е в ред. Истакна дека согласно теориите за демократизација периодот на опфат на лустрацијата е добар.

- Треба да се зема точката од која почнува демократизацијата, така налага теоријата. Тоа би требало да биде 1998 година, бидејќи тогаш вистински демократски се избра влада. Според теориите демократизацијата трае две влади, па ако почнала во 1998 би завршила во 2006, ако почнала во 1994 година тогаш веројатно би завршила во 2002, рече Боцевски.

Уставниот судија Владимир Стојановски го праша професорот Пивоваров кога припадниците на службата за државна безбедност се демократизирале и дали тоа се случило преку ноќ.

- Ние тогаш покажавме многу поголема лојалност. Токму тие вработени овозможија создавање на независна Македонија. Кога ја создававме оваа држава, нашите колеги ги затворавме во одделни простории, во други соби за да не ни ги издадат плановите, списоците, а сега дел од истите тие луѓе се и големи функционери - реплицираше Пивоваров.

На ова реагираше Мирчев:
- Да не ги правиме јунаци сите, бидејќи добар дел од нив се уклопија во шверцот со нафта, цигари промена на валута - рече професорот.

Потоа претседателот на Уставниот суд, Бранко Наумовски, имаше прашање за Мирчев.
- Две одлуки Уставниот суд укина токму поради временскиот период. ЕУ предложи лустрација поради укинување на бившите комунистички режими. Дали со лустрацијата во РМ немаме демократски институции, постапки за заштита, спроведување на правото, и зошто една Комисија за лустрација да одлучува по сето тоа?

Мирчев порача дека праксата покажува што се случува.
- Ако во Македонија има демократски институции, тогаш зошто постои Уставниот суд - одговори Мирчев со прашање.

На денешната седница на Уставен суд нема никој од Собранието на РМ, за што претседателот на Уставен на седницата им се „заблагодари“ за односот кон судот.

Катерина Гетева

PLUSINFO
21-05-2013, 01:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-05-2013, 01:59 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Денешната постапка на власта со неиспраќање на свој представник да го брани законот за лустрација е јасен знак дека Груевски се плаши да спроведе лустрација по препораките на Советот на ЕУ.
За што се работи. Венецијанската Комисија од владата очекуваше доказ дека се воделе досиеа на политички и идеолошки неистомисленици на власта на СДСМ. Ако го добиеше тој доказ Венецијанската комисија ке дадеше полна подршка на лустрација после 1991 година.
Со оваа мислење на Венецијанската Комисија ја запознавме и пратеничката Силвана Бонева, не заради тоа што очекувавме дека таа ке се одважи па ке се бори за вистинска лустрација, туку да имаме доказ дека ВЛАСТА БИЛА ЗАОПЗНАЕНА со ставот на Венецијанска Комисија и да си дадеме уште една потврда дека владата не Груевски е составена и водена од УДБа.
Груевски можебо со силата на два кренати прста ке го протурка во Уставниот суд неговиот закона за "лустрација" кој во суштина е законска можност која му озвозможува на Груевски пресметка со неистомислениците или кажано со комуњарски јазик, јазик на кој "говори" Гревски ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА...
(This post was last modified: 21-05-2013, 09:17 PM by ЈорданПетровски.)
21-05-2013, 09:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Aleksandar Afrika Petrushevski

Еве Јордане , зошто јас не отидов!!!!

Список на поканетите на јавната расправа:

1 Претставник на Собранието на РМ како доносител на законот.
2. Д-р Звонимир Јанкиловски ( човек на власта)
3. Ѓорѓи Сламков Стојаково Богданци
4.Професор Димитар Мирчев ( човек на власта)
5.Професор Владо Поповски ( човек на власта)
6. Ивица Боцевски ( човек на власт)
7.Коста Богданов Претставник на Министерство за правда-владин агент пред судот во Стразбур ( човек на власта).
8. Д-р Јован Донев-амбасадор на РМ ВО В.Британија( човек на власта).
9.Маргарита Цаца Николовска ( човек на опозиција)
10.Владимир Пивоваров ( човек на опозиција)
11.Фросина Ташевска-Ременски ( човек на опозицијата)
12.Каролина Астеруд-Ристова ( човек на опозицијата и на Фрчковски)
13.Рената Дескоска ( човек на опозицијата)
14.Стојан Андов ( опозиционер парекселанс и предлагачот на закон за затворска казна кој ќе изнесе досие јавно)
15.Жарко Трајановски ( човек на опозицијата и човек на Милчин).
16.И се разбира ние како подносители да не ги редам сите петторица.
За воља на вистината Љубомир Данаилов Фрчковски не е поканет на јавнава распарава, бидејќи јас сум поканет со покана во која се наоѓа комплетниот список на поканети. Ова покажува не на кое ниво е Уставниот суд на РМ, туку дека судот е во приватна сопственост на две групи, само е борбата чиви судии да стават. Да не те поканат, а ти да си таму и да говориш за закон, ова е класична-Турска чаршија, бујрум кој сака ладна лимунада. Затоа не отидов таму ВО НИВНИОТ СУД. А и да говорев, нема медиум кој ќе го пренесе мојот став, така да.........!

Фрчковски не е поканет ама присуствуивал, присуствувал како представник на Хелсиншки комитет, која смејурија, човек во чие време на министерување со полицијата се отворени најмногу досиеа на политички противници, Хелсиншки го избрал да ги представува. Тоа е можно само во тоатлитарни системи.
Сепак во секое зло има и нешто добро. Со овој циркус денеска, Уставниот суд само потврди дека таталитарниот комунистички систем во Македонија не е ни чепнат.
(This post was last modified: 21-05-2013, 11:47 PM by ЈорданПетровски.)
21-05-2013, 11:42 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Lustracijata od parodija I komedija se prestori vo nameren I kontroliran cirkus...ne e mozno ne lustrirani "eksperti" da sprovedat demokratska I fer lustracija,bez pokazuvanje na nivnite licni dosiea nema nisto od lustracija...
Za kakva lustracija se zboruva koga eden od "ekspertite" ne se javuva na rociste I ne dava nikakva izjava za toa,a vo vrska so progon,prisluskuvanje I vodenje dosie,I nikoj nikogAs ne mu go postavuva toa prasanje,I nie zborime za demokratija...
Zalno sto koga na ludjeto ce Im kazes deka vo Makedonija nema demokratija I sloboda,ce im posocis primeri I dokazi vednas si napadnat deka si platenik spion I sto ima ti da se mesas,toa se "drzavni patriotski" raboti...a nemozat da razberat deka bez osnovna elementarna demokratija nema ni na prim. razvieno zemjodelstvo...
22-05-2013, 12:02 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

Istoto I so isti zborovi go mislime deka e cirkus,dodeka sum pisuval si me preteknal,uste ednas si pobrz Icon_razz
22-05-2013, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(22-05-2013, 12:02 AM)Larsson Wrote: Lustracijata od parodija I komedija se prestori vo nameren I kontroliran cirkus...ne e mozno ne lustrirani "eksperti" da sprovedat demokratska I fer lustracija,bez pokazuvanje na nivnite licni dosiea nema nisto od lustracija...
Za kakva lustracija se zboruva koga eden od "ekspertite" ne se javuva na rociste I ne dava nikakva izjava za toa,a vo vrska so progon,prisluskuvanje I vodenje dosie,I nikoj nikogAs ne mu go postavuva toa prasanje,I nie zborime za demokratija...
Zalno sto koga na ludjeto ce Im kazes deka vo Makedonija nema demokratija I sloboda,ce im posocis primeri I dokazi vednas si napadnat deka si platenik spion I sto ima ti da se mesas,toa se "drzavni patriotski" raboti...a nemozat da razberat deka bez osnovna elementarna demokratija nema ni na prim. razvieno zemjodelstvo...

BravoBravoBravo
22-05-2013, 12:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Viktor Trifunovski via Jordan Petrovski
7 minutes ago ·

Џабе лустрација Јордане. 1992 требаше да бидат обесени сите членови на претседателството на ЦК СКМ, нивната идеа требаше комплетно да биде исфрлена од образовниот систем, нивните спомен обележја требаше да бидат срамнети со земја, а нивните симболи забранети за истакнување и носење. Тоа го направи повоена Германија со нацизмот и целокупното негово наследство, по што прерасна во една од најпросперитетните земји во светот. Тоа требаа да го направат и пост-комунистичките земји со социјализмот. Ама изгледа ништо од сето тоа :(

Затоа ние ќе останеме средина каде не постои остра граница меѓу криминалот, политиката и крупниот капитал. Нашите луѓе и ден денес не знаат дека таквиот систем е свесно создаден уште во 50-тите години со указите на Јосип Броз со кои се отворани фирми кои ќе ја финансираат работата на тајните служби (Душан Ступар шефот на КОС 1987-1991 јавно ги кажа имињата на тие фирми: Рапид-Сараево, Генекс-Белград, Инте Европа-Копер, Емона-Љубљана, и др).

Истиот тој Јосип Броз, со лично потпишани укази, го мобилизираше и српското криминално подземје (Аркан, Гишка, Рубежиќ, и др.) за извршување на задачи во странство (претежно ликвидации). Броз е првиот политичар со криминално досие кој владеел на овие простори, и со неговите потези и официјално биле ставени под ист кров големите криминалци, директорите на одредени државни фирми и високиот политички врв.

Лустрацијата беше последната шанса да се ампутира ваквиот канцер чиј важна метастаза е она гомно од правниот факултет на кого му дадоа да го прави Уставот. Тој во независна и демократска Македонија има издавано налози за следење и прислушување, како и за класично политичко прогонство поради што некои наши државјани имаат добиено политички азил во цивилизираните земји на Запад, меѓу нив и одредени мои денешни ФБ пријатели.

По се изгледа, црвениот канцер кој метастазираше во скоро сите политички партии, допрва ќе го руинира нашево општество.
22-05-2013, 01:35 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(22-05-2013, 01:35 AM)ЈорданПетровски Wrote:

Е, тоа е животот во жална Македонија. Народот не ги обеси 1992 година, а затоа пак тие денес го бесат народот.

22-05-2013, 07:43 AM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0

(22-05-2013, 07:43 AM)hristo Wrote:

Hristo 1992 opravdano si se nadeval deka vo Makedonija ima narod.No denes 2013 po se sto si pominal da veruvas deka Sluzbite besat narod e da ti kazam nemozam da poveruvam na ona sto go pisuvas.
Vo Makedonija mozebi ima se ama nardo toa da ne se lazeme nema.
Vo Makedonija ima UDBA i nejzini zamorcinja.
Luge populacija koja prifaka da e politicka elita , oligarsi,vlast,opozicija , i onie koi svatile kako se besprakorno funkcionira se iselenici,dobrovolni ili azilanti/emigranti.
Vo Makedonija se ima ama narod i zgora Makedonski to jok batka Nema.
Da ima ne treba 1992 sekoja godina moze da e 1992, pod uslov da ima narod Makedonski koj razbral kako go raboti UDBA.
22-05-2013, 08:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,349
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Ние од Комитетот за Демократизација на Македонија сепак дадовме мал придонес ЕП да не не заборави.

Quote:ЕП бара лустрација на актуелните разузнавачи

22-05-2013

ЕП го подржа актуелнит закон за лустрација и побара негово проширување со отворање на архивите на тајните служби кои се наоѓаат во Белград.

Ги поздравуваме напорите на властите во однос на процесот за расчистување со комунистичкото минато, јавното објавување на имињата на лустрираните и продолжувањето на временската рамка во законот за лустарција дп 2006 година. Истовремено, ги охрабруваме властите да ги повратат архивите од југословенските тајни служби од Србија и да го вклучат во процесот на лустрација персоналот на разузнавачките и контраразузнавачките служби, се вели во нацрт текстот на резолуцијата.

Европскиот парлемент исто така ги охрабрува властите да го зајакнат мандатот на Комисијата за верификација на фактите со овозможување трансфер на сите потребни документи од разузнавачките и контраразузнавачките служби. Во овој член на резолуцијата Европскиoт парламент потенцира дека е потребна реформа во службите за безбедност и зајакнување на контролата врз службите од страна на парламентот.

TV NOVA

Оваа вест не ја објави МИА, владината агенција за информирање.
22-05-2013, 01:26 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6

(22-05-2013, 01:35 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Viktor Trifunovski via Jordan Petrovski
7 minutes ago ·

Џабе лустрација Јордане. 1992 требаше да бидат обесени сите членови на претседателството на ЦК СКМ, нивната идеа требаше комплетно да биде исфрлена од образовниот систем, нивните спомен обележја требаше да бидат срамнети со земја, а нивните симболи забранети за истакнување и носење. Тоа го направи повоена Германија со нацизмот и целокупното негово наследство, по што прерасна во една од најпросперитетните земји во светот. Тоа требаа да го направат и пост-комунистичките земји со социјализмот. Ама изгледа ништо од сето тоа :(

Затоа ние ќе останеме средина каде не постои остра граница меѓу криминалот, политиката и крупниот капитал. Нашите луѓе и ден денес не знаат дека таквиот систем е свесно создаден уште во 50-тите години со указите на Јосип Броз со кои се отворани фирми кои ќе ја финансираат работата на тајните служби (Душан Ступар шефот на КОС 1987-1991 јавно ги кажа имињата на тие фирми: Рапид-Сараево, Генекс-Белград, Инте Европа-Копер, Емона-Љубљана, и др).

Истиот тој Јосип Броз, со лично потпишани укази, го мобилизираше и српското криминално подземје (Аркан, Гишка, Рубежиќ, и др.) за извршување на задачи во странство (претежно ликвидации). Броз е првиот политичар со криминално досие кој владеел на овие простори, и со неговите потези и официјално биле ставени под ист кров големите криминалци, директорите на одредени државни фирми и високиот политички врв.

Лустрацијата беше последната шанса да се ампутира ваквиот канцер чиј важна метастаза е она гомно од правниот факултет на кого му дадоа да го прави Уставот. Тој во независна и демократска Македонија има издавано налози за следење и прислушување, како и за класично политичко прогонство поради што некои наши државјани имаат добиено политички азил во цивилизираните земји на Запад, меѓу нив и одредени мои денешни ФБ пријатели.

По се изгледа, црвениот канцер кој метастазираше во скоро сите политички партии, допрва ќе го руинира нашево општество.

So besenje ,rusenje I zabrani ne se postignuva nisto,samo se pokazuva deka ne si nisto porazlicen od tie sto gi besis,samo si druga banda,vprocem I "crvenite" 45' besea rusea I konfiskuvaa...
Resenie e vo sudski proces protiv tie sto napravile zlo I nepravda.
Vo Germanija I nekolku drugi zemji posle 2svetska vojna ogromen del od ludjeto koi bea del od naci struktura Im bese ovozmozeno da imaat odgovorni funkcii I da se zanimavaat so biznis,najskapo nesto za sekoja zemja e coveckiot kapital,nie sme mala zemja za da mozeme na sekoi 40god,da seceme glavi I da vikame "daj drugo dete"...

22-05-2013, 04:41 PM
Reply