Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Од службените белешки на соработникот Темелковски Никола:



[Image: Crnomarov2_1.jpg][Image: Crnomarov_1-1.jpg]
20-11-2012, 03:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрацијата не смее да се однесува на политичка чистка


Лустрацискиот процес во Македонија е еден од неколкуте во регионот кој отиде во погрешна насока, или со други зборови, тој стана алатка во рацете на власта за стигматизација на нејзините непријатели.

Од Хералд Шенкер
Скопје, 27 јануари 2012 година

Општествата контаминирани со тоталитаристичка манипулација треба да се исчистат. Оваа вистина толку е едноставна колку што е невозможна за реализација. Јас не познавам ниту еден случај на лустрација кој мина неоспорен од страна на поранешните сторители. Проблемот е во демократиите каде и поранешните манипулатори имаат право на глас, дури и по нивната лустрација, судската осуда, или каква било друга мерка изречена против нив.

Во идеална ситуација, овој процес пред сѐ има социјален карактер. Важно е ваквите информации да бидат јавни. Важно е да се обелоденат кривичните дела сторени од страна на тоталитаристичките режими, тие да станат дел од колективната меморија и да се осудат. Важно е за нив да се предава, детално да се истражуваат и потоа истите детали да се стават на располагање на јавноста.

Се разбира, неприфатливо е поранешните сторители на овие кривични дела и нивните доушници, оние без’рбетниците, да не се именуваат на јавни функции, барем за одреден временски период. Се разбира дека непријавувањето на сопствениот статус како соработник на тајните служби треба да се казни. Така е во теоријата.
Погледнете ги земјите како Романија или Бугарија каде голем дел од политичките елити се појавија токму од редовите на поранешните сторители.

Погледнете ја Германија по падот на нацистичкиот режим, и Западна и Источна Германија (да, да, и таму има вакви случаи) каде поранешните нацисти се користеа како експерти во нивните соодветни области, и покрај де-нацистификацијата, и покрај различните демократски заложби. Погледнете ја Германија денес, каде поранешните сторители на кривични дела не само што имаат сопствени политички партии и групи на интереси, туку и активно се борат против лустрациските постапки, иако не со голем успех.

Сепак, Германија е и пример за фер право и постапка. Повеќе од 20 години по падот на комунистичкиот режим, архивите сѐ уште се отворени, жртвите сѐ уште добиваат пристап до нивните досиеја, сторителите сѐ уште може да се гонат, а доушниците можат да ги изгубат своите работни места во јавниот сектор.

Јавноста овде е клучен збор. Јавната функција е единственото поле на интерес на државата во овој процес. Државата не ја засега дали една приватна компанија или организација вработува поранешен член на Штази или доушник.

Ова може да се чини дегутантно, но кој очекува приватните работи секогаш да бидат морални и етички? Со други зборови, кој има право да суди за тоа?
Романија е различен пример. Таму се чуваат досиејата на жртви водени за моите родители, како и оние водени за неколкумина од моите блиски пријатели, инаку поранешни дисиденти. Овие досиеја се нецелосни и погрешни. И тоа нема да се смени. Зошто? Бидејќи тие беа под контрола на сторителите на кривични дела за период подолг од една деценија по падот на режимот. Досиејата се изманипулирани, преправани и уништени до тој степен што соодветна реконструкција на настаните ќе биде исклучително комплексна задача.

Третиот пример е Македонија. Овде процесот започна со задоцнување од две децении и содржи пропусти во речиси секој аспект. Како и многу други работи во Македонија денес, процесот на лустрација е предмет на политичка чистка.

Наместо да поттикне јавна дебата за улогата на самопрогласените елити во поранешна Југославија и дискусија за соработката на голем дел од населението со системот кој ги обесправуваше другите делови, целата работа се сведе на јавно објавување на наводните доушници.

Ќе ги прескокнам деталите за тоа како комисијата надлежна за овој процес е сѐ освен независна и како политичките елити создадоа уште една политизирана институција којашто по потреба можат да ја злоупотребуваат во јавноста. Зборувам за политичките елити во множина бидејќи и денешната влада и опозицијата имаат свој удел во создавањето на оваа збрка. Тоа го направија намерно, со цел да се стекнат со контрола, да добијат уште едно оружје за пресметка со политичките непријатели.

Проблемот е во тоа што „другиот“ навистина е непријател, а не само опонент. На тој начин политиката се персонализира, што пак, е вообичаено во овој дел од светот, па така целото општество се држи како заложник на егото на неколкумина. Лустрацискиот процес е жртва на истите рефлекси.

Зошто инаку би се донела политичка одлука лустрацијата да се прошири и во однос на временската рамка и во однос на лицата кои треба да ги опфати?
Да им објаснам на оние кои не се запознаени со оваа проблематика: според Законот за лустрација кој е во сила, овој процес го опфаќа и периодот на 90-тите, деценија на демократија, којашто колку и да била транзициска и неперфектна, сепак е демократска.

Кревате веѓи во чудење? Второ, законот сега налага лустрација на претставниците на граѓанското општество и на новинарите. Не ви се верува? Ви се вклучува светлото за аларм?

Моќните опоненти на власта кои доаѓаат од редовите на граѓанското општество и медиумите веќе со години се стигматизираат како предавници. Лустрацискиот процес, онака како што денес се спроведува, е обид ваквиот процес на стигматизација да добие еден вид диплома, парче хартија што не може да се негира, побие или заборави.

Без оглед на околностите, штетата е веќе направена. Лустрацијата се однесува на минатото и таа не смее да се помеша со политичките чистки.

Одлуката на македонскиот уставен суд за укинување на 12 одредби од Законот за лустрација заслужува пофалба. Надежите се дека таа одлука ќе помогне процесот на лустрација да се врати онаму каде навистина припаѓа: во откривање на кривичните дела од минатото.

Исто така, надеж постои и дека тоа ќе испрати јасен сигнал до политичките елити да ја продолжат својата пресметка во арената што е вистинско место за неа: во политичката арена на денешницата, во институциите, а не во мрачните ходници на поранешните тајни служби.

Наслов на оригиналот: Lustration Should Not be About Purges
Од: Harald Schenker http://www.balkaninsight.com/en/article/...out-purges
28-11-2012, 11:40 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



28-11-2012, 05:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(05-10-2012, 12:52 AM)ЈорданПетровски Wrote: Новиот закон за лустрација во Македонија е политичка алатка


Претседателот на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, вели дека новиот закон за лустрација ги крши препораките на Советот на Европа и дека е очигледно наменет да ги замолчи и заплаши критичарите на владата.

Синиша Јаков Марушиќ
17.09. 2012 БИРН Скопје

[Image: Uranija%20Pirovska%20Mac%20Helsinki%20Co...%204x3.jpg]
Уранија Пировска, претседател на македонскиот Хелсиншки комитет


Еден од проблемите е временскиот период на кој законот се однесува, 2006 година, а не 1991, кога државата стана независна и воведе повеќепартиска демократија.



Магистерот за човекови права, Жарко Трајаноски инаку еден од најжестоките подржувачи на тезата дека со носење на уставот од 1991 година, во Македонија настапила демократија и со тоа Македонија веке не е тоталитарна комунистичка држава па затоа нема потреба од спроведување на Резолуцијата 1096 за период после 1991 година, на трибината на ФООМ одржана на 28.11.2012 година го вели следново:







"Она што може за жал да се заклучи е дека воопшто нема никаков дисконтинуитет на службоите ос 1991 па до денеска"

(This post was last modified: 01-12-2012, 02:28 AM by ЈорданПетровски.)
01-12-2012, 02:24 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(01-12-2012, 02:24 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(05-10-2012, 12:52 AM)ЈорданПетровски Wrote: Новиот закон за лустрација во Македонија е политичка алатка


Претседателот на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, вели дека новиот закон за лустрација ги крши препораките на Советот на Европа и дека е очигледно наменет да ги замолчи и заплаши критичарите на владата.

Синиша Јаков Марушиќ
17.09. 2012 БИРН Скопје

[Image: Uranija%20Pirovska%20Mac%20Helsinki%20Co...%204x3.jpg]
Уранија Пировска, претседател на македонскиот Хелсиншки комитет


Еден од проблемите е временскиот период на кој законот се однесува, 2006 година, а не 1991, кога државата стана независна и воведе повеќепартиска демократија.

Гледаш бе Јордане...



Магистерот за човекови права, Жарко Трајаноски инаку еден од најжестоките подржувачи на тезата дека со носење на уставот од 1991 година, во Македонија настапила демократија и со тоа Македонија веке не е тоталитарна комунистичка држава па затоа нема потреба од спроведување на Резолуцијата 1096 за период после 1991 година, на трибината на ФООМ одржана на 28.11.2012 година го вели следново:







"Она што може за жал да се заклучи е дека воопшто нема никаков дисконтинуитет на службоите ос 1991 па до денеска"

Глдеаш бе Јордане, како Жарко стана твој човек! Цело време ти кажувам да дадеш втора шанса на луѓето, а ти не па не. Велеше- такви биле и такви ке останат. Само камењата не се менуваат. Со луѓето е друга работа.

01-12-2012, 10:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(01-12-2012, 10:16 PM)hristo Wrote:
(01-12-2012, 02:24 AM)ЈорданПетровски Wrote: Магистерот за човекови права, Жарко Трајаноски инаку еден од најжестоките подржувачи на тезата дека со носење на уставот од 1991 година, во Македонија настапила демократија и со тоа Македонија веке не е тоталитарна комунистичка држава па затоа нема потреба од спроведување на Резолуцијата 1096 за период после 1991 година, на трибината на ФООМ одржана на 28.11.2012 година го вели следново:







"Она што може за жал да се заклучи е дека воопшто нема никаков дисконтинуитет на службоите ос 1991 па до денеска"



Глдеаш бе Јордане, како Жарко стана твој човек! Цело време ти кажувам да дадеш втора шанса на луѓето, а ти не па не. Велеше- такви биле и такви ке останат. Само камењата не се менуваат. Со луѓето е друга работа.




Не Христо, Жарко е и понатака на ставот дека со носење на Уставот од 1991 година, Македонија станала демократска држава и за тоа нема потреба за примена на Резолуцијата 1096 на Советот на Еврипа за период после 1991 година.
Оваа изјава ја издвоив за да ја покажам неговата дволичност. Кога треба да се бранат неговите црвенокмерски пајташи Милчин и Ѓунер тогаш идат вакви изјави ако кога се посочува на употребата на СДБ во партиски цели, за што постојат непобитни докази, во периодот 1991-1998 година тогаш не неможе се игнорираат и доказите и се вели имало демократски Устав.
01-12-2012, 11:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



02-12-2012, 02:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Djuner-D_11.jpg]



Дека ОПРЕАТИВНА ВРСКА еден од термините кои ги користела службата за СОРАБОТНИК, потврдува и Пивоваров. Останува само дилема дали Исмаил ја прифатил соработката доброволно или под присила.




(This post was last modified: 02-12-2012, 03:48 AM by ЈорданПетровски.)
02-12-2012, 03:45 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:ЕКСКЛУЗИВНО: Венецијанска комисија: Лустрацијата е дискриминаторска и средство за политичка одмазда


[Image: lustracija-01-604x272.jpg]
Како што веќе објави А1он, Законот за лустрација наскоро ќе биде повлечен поради негативните оценки во извештајот на Венецијанската комисија.

Во Нацрт-одговорот Венецијанската Комисија оценува дека Законот за лустрација остава широки можности за политичка злоупотреба.

За ова се информирани и Брисел и Советот на Европа како и Европскиот парламент.

А1он ексклузивно дојде до оценката на Венецијанската комисија.

Најмногу забелешки има во решенијата на законот, но и во имплементацијата на одредбите и кршењето на пресумпцијата на невиност.

Доколку Уставниот суд го усвои мислењето во целост и ги укине сите проблематични членови, тогаш паѓа целиот процес на лустрација.

Воопшто не се замараат со прашањето дали треба да се лустрираат поранешни функционери, а досега тоа беше и единствениот предмет на лустрација кај нас.

Дознаваме дека после овој извештај од ноември, за кој Владата и македонскиот парламент веќе се информирани се доведува во прашање целиот досегашен процес на лустрацијата, но и легитимитетот на Комисијата за лустрација.

Ако воопшто може да се оправда лустрација која оди наназад дури 7 децении, таа треба да биде фокусирана на најтешки прекршители на човекови права, каде што има кривична одговорност, а не на „информатори“ , смета Венецијанската комисија.

„Лустрацијата по 1991 година е бессмислена, укажува Комисијата, таа се претворила во средство за политичка борба, таа е дискриминаторска и во Македонија нема владеење на правото додека се спроведува лустрација по 1991. Дискриминаторско е и отсуството на фиксен период за секоја лустрациска мерка“.

„Неприфатлива е секоја лустрација на приватни и полуприватни организации, политички партии, религиозни заедници и невладини организации“.

Според оценката, дефиницијата на соработка е конфузна и тешко разбирлива. Најбитно, и според Уставниот суд, мора да се исполнат кумулативни услови, меѓу кои, најзначајни се: соработка врз основа на потпишана согласност. Во ниту едно досегашно решение не е докажана (само се претпоставува) повреда на човековите права , а само во мал број случаи има документи со писмена согласност на лустрираното лице.

Венецијанската комисија смета дека Комисијата за лустрација нема истражни овластувања, туку дека истрагата за лустрација ја водат тајните служби и архивот, што значи, дека Комисијата за лустрација не може самата да бира и селектира релевантни материјали. И за Венецијанската комисија се мистерија процедуралните аспекти на процесот на верификација на факти.

Од страна на Венецијанската комисија констатирана е директна повреда на правото на одбрана (еднаквост на оружјата) и правото на пресумпција на невиност.

Ова значи дека сите досегашни случаи кои ќе стигнат во Стразбург, би требало да значи дека оштетените ќе го добијат процесот против Република Македонија, а тоа значи големи пенали за Македонија која ги прекршила овие права на сите досега лустрирани лица.

Тука се поставува прашањето за отштетата на сите лица чии имиња беа објавени во јавноста и кои немаа право да ги оспоруваат „фактите“ верификувани од лустрациското тело.
Според информациите, претседателот на Комисијата, Томе Аџиев тешко дека ќе го продожи процесот до донесување на нов закон. Нашите извори велат дека Аџиев, најверојатно нема да биде во новиот состав на Комисијата.


Оргиналниот извештај на венецијанската комисија.


EUROPEAN COMMISSION FOR DEMOCRACY THROUGH LAW (VENICE COMMISSION)
11-12-2012, 02:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:СДСМ: Власта да го повлече Законот за лустрација

СДСМ цело време беше во право кога зборуваше дека Законот за лустрација е спротивен на Уставот на Република Македонија, дека се коси со неколку постоечки закони во државата и дека изобилува со бројни правни празнини и недоследности, изјави денеска Ана Павловска Данева.

[Image: anapavlovskadaneva.jpg]

Сите наши укажувања ги потврди Венецијанската комисија на Советот на Европа со своето мислење издадено на барање на Уставниот суд на Република Македонија. Мислењето е уште еден, релевантен доказ за катастрофалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за нивната отворена желба за демонстрација на сила и политичка пресметка со политичките неистомисленици.

Мислењето на Венецијанската комисија го разобличи катастрофалниот обид на ВМРО-ДПМНЕ временскиот опфат на законот на лустрација да го изедначат со моментот на доаѓање на власт на Никола Груевски и да ја претворат Комисијата за лустрација во апарат за реваншизам, уништување на сè и секој што се спротивставува на нивниот режим и заштита на нивните апологети, а реални соработници со службите во минатото.

Заради сето ова како и заради можноста сите неправедно, незаконски и неуставно обвинети соработници на службите по овој неуставен закон да ги реализираат своите права пред судот во Стразбур со што Буџетот на РМ ќе претрпи милионски загуби, како и заради заштита на достоинството на неоправдано наклеветените, СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како што итно го донесоа така и итно да го повлечат овој закон.





По обичај изостана предлогот како да се спроведе лустрација за период после 1991 година. Госпоѓата Данева го "заборава" фактот дека после 17.11.1991 година, во Македонија се отворени околу 4 000 доисеа, односно тајната полиција врз база на неуставни правилници и закони, кршела индивидуални човекови права и слободи а причината на кршењето е од идеолошки и политички побуди, односно зачувување на власта, и тоа неможе да го сокрие ниту Груевски ниту СДСМ.
Тој кој ги давал податоците на венецијанската комисија сериозно си поиграл со нејзиниот углед и реноме. Можеби ке успеете сега да го наметнете вашето мислење но реалноста, Советот на Европа не ке може уште долго да ја игнорира. Советот на Европа ке мора да ги употреби сите механизми да ја натера власта во Македонија да спроведе лустрација за период после 1991 година.
11-12-2012, 02:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустраторите ги отвораат досиејата и на наредбодавачите, Трајан Петровски и Иван Бабановски на листата на кодоши

[Image: trajan-petrevski-resenie-e1355180704929.png]

Поранешниот началник на СДБ Трајан Петровски, подоцна и амбасадор, и поранешниот началник на третиот Сектор во СДБ Иван Бабановски, подоцна универзитетски професор, се најновите имиња од регистарот на Комисијата за верификација на фактите.

Обајцата во функција на службени лица давале наредби и одобрувале следења, прислушкувања, проверка на преписки, на поштенски пратки… на голем број лица со што ги кршеле основните човекови права.

Од објавените архивски документи се гледа дека во периодот на шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, обајцата и следеле и наредувале да се следат главно писатели, уметници, режисери, поети, новинари… Обајцата во различни периоди биле задолжени да се движат по разни редакции, а во тоа време најинтересни за нив биле редакциите на Студенстки збор, Разгледи, Современост, Млад борец… Во белешките можат да се препознаат имиња на македонски врвни поети, писатели, режисери, актери… за тоа како овие оперативни работници инспектори, па началници (а подоцна и угледен професор и амбасадор) будно ги следеле по редакции, по кафеани, по дома, како детално известувале за нивниот приватен живот, за нивниот голем интерес за жени, за алкохол… Линиите на следење биле разни – анархолиберализам, антисамоуправно делување, македонски национализам, Егејска Македонија, Пиринска Македонија…

Иван Бабановски, како поранешен оперативен работник во Управата за државна безбедност, кога се отвори досието на претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски (првиот случај на лустрација) тврдеше дека за него не постои досие за соработка со тајните служби.





Случајот на Иван Бабановски, односно неговото лустрирање ја покажува целата слабост на законот. Од моето искуство со Иван Бабановски- Ице, се гледа дека неговите антимакедонски активности не престанале никогаш. Но тој дел според постоечкиот закон ке остане нечепнат. Никогаш нема да разбереме за кого Бабановски работел кога ме следел, чии интереси штител.




Quote:МЕ МАЛТРЕТИРАА И ПЕНЗИОНИ-
РАНИ РАЗУЗНАВАЧИ!


Сепак, сакам уште еднаш да повторам, дека
приказната за шпионажата им беше само изговор за да
се отвори досие и да се ангажираат толку луѓе и средства
да работат врз мене. Целта беше уништување на
финансиската поткрепа на партијата до која бев близок,
компромитација не само моја туку и на ВМРО
ДПМНЕ, инволвирање во партијата на кодоши и испраќање суптилна порака до сите чесни Македонци преку
мојата трагедија - Ако се дружите и помагате вмровци,
еве што ќе ви се случува.
Инаку, не ме оставија на мир и години
потоа. Уште еден “необјаснет” феномен
ми се случи во 1999. Дента кога со
уредникот на “Фокус” се договорив еден
мој текст да оди во печат, беше среда -
откако тој го пушти на печатење во Кочани,
а јас тргнав за Куманово - дома бев
“пречекан“ од Иван Бабановски, пензиониран
разузнавач, кој веќе ја знаеше содржината
на текстот!!!
Откако поразговаравме
за текстот, ме предупреди на опасноста
дека можам да бидам убиен кога се
враќам навечер од ресторанот, но, дека
тие (не знам кои) ќе ме штителе.
Бабановски ме посети уште
еднаш со инспектор на кумановската полиција
по прекар “Каро”. Инаку во Скопје
имав неколку други “случајни“ средби на
улица со Бабановски.


Дел од мој текст објавен 2003 година





(This post was last modified: 11-12-2012, 03:14 PM by ЈорданПетровски.)
11-12-2012, 03:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Чудено е што за лустрирањето на Иван Бабановски не е употребена ниту една службена белешка од досиеата на Дане Поповски и Ѓорѓи Доцев. Дали се работи за случајен пропуст на комисијата.



[Image: rc0m6c.jpg]

[Image: 10oh3cp.jpg]
11-12-2012, 05:39 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Би се согласил со претпоставката дека лустрацијата стана колисеум на гладијаторска битка меѓу двете завојувани страни,кои се борат за тоа кој ќе биде сит,а кој гладен.Се надевам дека Генерал Белисариус ке го добие мандатот овие две завојувани факции на Црвените(Аристократите-СДСМ) и Зелените(Народот-ВМРО)да ги смири.А императорот само гледа,и се заклучува во својата одаја и се обидува да ги смири.
Засега паѓаат пиуните,а дали ќе дојде редот на императорот....
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
12-12-2012, 02:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрација што се храни со својот народ



„Бев разузнавач, а не социјален работник“, вели поранешниот началник во СДБ Иван Бабамовски, кој осамна на интернет-страницата на Комисијата за верификација на факти

Наум Котевски

„Не сум бил калуѓер, ниту, пак, социјален работник. Сум бил разузнавач од голем калибар и не се плашам од оние кои сега сакаат да се хранат со трупови од својот народ“, изјави поранешнио началник на третиот Сектор на Службата за државна безбедност (СДБ) Иван Бабамовски, откако неговото име осамна на интернет страницата на Комисијата за лустрација, заедно со името на поранешниот началник на СДБ и амбасадор Трајан Петровски.

Бабамовски, кој кога се отвори досието на претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски (првиот случај на лустрација) тврдеше дека за него не постои досие за соработка со тајните служби, вели дека неговата тогашна функција била да ја штити државата.

„Сум бил полицаец и сум апсел терористи. Тие убиваа Македонци. Слично како што Ал Каеда убива муслимани во името на муслиманството. Иронично и контрадикторно“, додава Бабамовски, кој по масакрот кај Смиљковци беше актуелен со своите изјави за постоење на три кампа во Македонија за обука на припадници на Ал Каеда.

Од тазе објавените архивски документи, пак, излегува дека во периодот на шеесеттите и седумдесеттите години Бабамовски и Петровски наредувале да се следат писатели, уметници, режисери, поети, новинари, а потоа известувале за нивниот приватен живот, за нивниот голем интерес за жени, за алкохол…Линиите на следење биле анархолиберализам, антисамоуправно дејствување, македонски национализам.

Во еден од извештаите до службите на кои стои потпис од Бабамовски се вели: „На 8 јули 1975 година изворот ме информира дека по десетдневен престој во Турција се вратила екипата на „Вардар - филм“. „Вардар - филм ќе го финансира проектот за снимање филм со работен наслов „Најдолгиот пат“. Тема на филмот е макотрпниот живот на Македонецот под турско ропство и одење на Сургун - прогон во Деве Баир - Анадолија“, се вели во документот. Потоа се дообјаснува дека изворот се сретнал со следеното лице во клубот на писателите, каде овој му кажал дека ќе направи ремек дело во кое ќе ја прикаже пред светот целокупната македонска голгота.

„Со посебен занес работи на филмот и затоа годинава нема да оди на одмор. Склон е на алкохол, иако едно време прекинал да пие. По природа е плашлив. Во последно време многу работи. Морал да пишува и од материјални причини. Жена му не работи, а тој вршел доградба, па се задолжил. Сега му е полесно, големите долгови успеал да ги врати“, се додава меѓудругото во документот кој се базира на исказите на изворот.

Од објавеното може да се заклучи дека лицето кое е предмет на опсервација на изворот е поетот Петре М. Андреевски, кој е, всушност, и сценарист на филмот „Најдолгиот пат“. Режисер е Бранко Гапо, а во него играат Ристо Шишков, кој, според неодамна објавените документи, исто така, бил следен од службите, но и Данчо Чеврески, кој, пак, беше дел од првата тура 11 лустрирани кои во август беа објавени на интернет страницата на Комисијата за верификација.

Бабамовски сега ја обвинува Комисијата за лустрација за селективен пристап, чудејќи се зошто не се објавуваат досиејата на луѓето со кои заедно работел во службите и кои, како што додава, и се многу добро познати на македонската јавност, а некои од нив дури и седат во парламентот.



Бил разузнавач од голем калибар, да кажеше дека е Југословен и тешко комуњариште да кажам дека не лаже, ама дека бил врвен разузнавач, тоа е приказна за мали деца. Кумановецот Тајто алијас Касиус Клеј му бил шпиунот кого Бабан го праќал во шпиунски мисии во странство. Постарите кумановци го знаат интелектуалниот капацитет на Тајто.

Но да се вратам пак на главното. Бабан мене ме следеше 1999-2000 година, во тоа време беше пензиониран професор.
Да има судски процес се ке излезе на виделина па и онаа главното кои беа на списокот на Јаначковиќ.
12-12-2012, 03:21 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Според прочитаната изјава на Иван Бабановски-Ице, неговиот одговор е ваков:





"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 12-12-2012, 05:14 AM by basilius_2.)
12-12-2012, 05:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(11-12-2012, 02:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ЕКСКЛУЗИВНО: Венецијанска комисија: Лустрацијата е дискриминаторска и средство за политичка одмазда


[Image: lustracija-01-604x272.jpg]
Како што веќе објави А1он, Законот за лустрација наскоро ќе биде повлечен поради негативните оценки во извештајот на Венецијанската комисија.

Во Нацрт-одговорот Венецијанската Комисија оценува дека Законот за лустрација остава широки можности за политичка злоупотреба.

За ова се информирани и Брисел и Советот на Европа како и Европскиот парламент.

А1он ексклузивно дојде до оценката на Венецијанската комисија.

Најмногу забелешки има во решенијата на законот, но и во имплементацијата на одредбите и кршењето на пресумпцијата на невиност.

Доколку Уставниот суд го усвои мислењето во целост и ги укине сите проблематични членови, тогаш паѓа целиот процес на лустрација.

Воопшто не се замараат со прашањето дали треба да се лустрираат поранешни функционери, а досега тоа беше и единствениот предмет на лустрација кај нас.

Дознаваме дека после овој извештај од ноември, за кој Владата и македонскиот парламент веќе се информирани се доведува во прашање целиот досегашен процес на лустрацијата, но и легитимитетот на Комисијата за лустрација.

Ако воопшто може да се оправда лустрација која оди наназад дури 7 децении, таа треба да биде фокусирана на најтешки прекршители на човекови права, каде што има кривична одговорност, а не на „информатори“ , смета Венецијанската комисија.

„Лустрацијата по 1991 година е бессмислена, укажува Комисијата, таа се претворила во средство за политичка борба, таа е дискриминаторска и во Македонија нема владеење на правото додека се спроведува лустрација по 1991. Дискриминаторско е и отсуството на фиксен период за секоја лустрациска мерка“.

„Неприфатлива е секоја лустрација на приватни и полуприватни организации, политички партии, религиозни заедници и невладини организации“.

Според оценката, дефиницијата на соработка е конфузна и тешко разбирлива. Најбитно, и според Уставниот суд, мора да се исполнат кумулативни услови, меѓу кои, најзначајни се: соработка врз основа на потпишана согласност. Во ниту едно досегашно решение не е докажана (само се претпоставува) повреда на човековите права , а само во мал број случаи има документи со писмена согласност на лустрираното лице.

Венецијанската комисија смета дека Комисијата за лустрација нема истражни овластувања, туку дека истрагата за лустрација ја водат тајните служби и архивот, што значи, дека Комисијата за лустрација не може самата да бира и селектира релевантни материјали. И за Венецијанската комисија се мистерија процедуралните аспекти на процесот на верификација на факти.

Од страна на Венецијанската комисија констатирана е директна повреда на правото на одбрана (еднаквост на оружјата) и правото на пресумпција на невиност.

Ова значи дека сите досегашни случаи кои ќе стигнат во Стразбург, би требало да значи дека оштетените ќе го добијат процесот против Република Македонија, а тоа значи големи пенали за Македонија која ги прекршила овие права на сите досега лустрирани лица.

Тука се поставува прашањето за отштетата на сите лица чии имиња беа објавени во јавноста и кои немаа право да ги оспоруваат „фактите“ верификувани од лустрациското тело.
Според информациите, претседателот на Комисијата, Томе Аџиев тешко дека ќе го продожи процесот до донесување на нов закон. Нашите извори велат дека Аџиев, најверојатно нема да биде во новиот состав на Комисијата.




Quote:Диво месо


Љубомир Данаилов Фрчкоски

Дали мoжe илегално тело, своевидно диво месо, да функционира во држава во која се нарекува демократска и правна, а да се однесуваме како да го нема или барем како да е таму некаде во задниот двор иставено од пред очи, но наше, од фамилијата е? Онака како во забити села се кријат дебилни деца од пред очи на селаните кои поминуваат! Може, драги мои ако е преродено тело, од на ДПМНЕ преродбата во годиниве во Македонија!

После Уставниот суд, целокупната јавност, скоро едногласно, сега и Венециската Комисија го направи „партал“ законот за лустрација на владата на ДПМНЕ!

Иако Извештајот на Комисијата кој го барал Уставниот суд е под ембарго за објавување од година дена, почитувајки го тоа, за цитирање ќе се осврнеме на некои оценки од него – со „свои зборови“. Имено, Извештајот повторува се од она за што до сега ја критикуваме Комисијата за лустрација и Законот. Од точка до точка! Но, ми остави впечаток на почетокот на Заклучоците на Извештајот со каква ригорозност Комисијата смета дека Одлуките на Уставниот суд на Македонија мора да бидат со апсолутно важење за сите инстанци на тела и органи: Парламентот, Владата и министерствата. Поинаку е незамисливо во правна и демократска држава.
Фино, но кај нас токму тоа начело се погази со селски финти – демек носеле нов закон со истото укинато решение од стариот, и толкување дека одлуката на Уствен се однесувала само за стариот. Пази богати! Не ми јасна молчаливоста на правната фела, за ваков тектонски потег на уривање на принципот на уставноста и владеењето на правото во Македонија. Тоа однадвор едноставно не можат да го разберат, им треба дополнителни објаснувања за овој гест на владата и повторно со неверување го примаат.

Но, било како било, она што СИГУРНО знам дека ќе се случи со последиците на овој закон е следното. Сите одлуки на Комисијата за лустрација спротивни на Одлуките на Уставниот суд ќе бидат ПОНИШТЕНИ, од некоја друга власт во некое нормално време. Без СОМНЕЖ сум сигурен во тоа, бидејќи не може да се воспостави право без поништување на неправото како прв чин.

Последица од поништувачките одлуки е право на материјална и морална компензација на малтретираните граѓани. Конечно ќе се отвори неминовно прашањето на одговорност на Комисијата (нејзиниот Претседател) за кршење на Уставот и неспроведување Уставна одлука. Не може да се случи повикување на закон да биде основа за кршење на Устав! Одлуките на Уставниот суд се акти низ кои се толкуваат уставните норми и се со еднаква сила како нив. Тие притоа (како вели и Венециската Комисија) имаат АПСОЛУТНО дејство, имено важат кон сите закони, сегашни и идни и кон сите законодавни,извршни, административни и судски органи.

За останатите случаи на Комисијата, до 1991, кои Уставниот суд ги допуштил за лустрација, треба да се водат постапки до Судот во Стразбург. Имено, има 30-тина пресуди на истиот за многу послаби прекршувања на принципите на фер постапка, еднаквост на оружјата, ускратување на правото на одбрана пред Комисијата, објавување на имињата на лустрираните и сл – од прекршувањата кои ги прави нашата Комисија во досегашните случаи. Убеден сум дека скоро сè што ќе биде донесено пред Стразбур од нашиве случаи ќе падне по тие основи.
13-12-2012, 01:04 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(13-12-2012, 01:04 AM)ЈорданПетровски Wrote: „Лустрацијата по 1991 година е бессмислена, укажува Комисијата, таа се претворила во средство за политичка борба,

А, што доколку се спроведе така што нема да се претвори во средство за политичка борба?! На крај, доколку се формира специјален суд, каков што предлага Јордан, ќе имаме сосема поинаков процес, кој и не мора нужно да се нарекува лустрација, тој нема ни да личи на лустрација (барем не на лустрација каква што ни е позната), туку ќе има посебен процес кој во основа ќе има да утрвди прекршување на уставот и на граѓанските права. Ќе има судска пресуда против поединци, но всушност и против целата служба, по што би морало да дојде до демонтирање на тој систем.

(13-12-2012, 01:04 AM)ЈорданПетровски Wrote: „Неприфатлива е секоја лустрација на приватни и полуприватни организации, политички партии, религиозни заедници и невладини организации“.

Со овој став воопшто не се сложувам. Тии организации можеби се приватни или полуприватни, но тука станува збор за вмешаноста на државата во тие организации. Дали тие добиле нешто со тоа што соработувале со службата, колку било тоа штетно за општеството и слично. Значи, тука имаме мешање на државата, поточно на службата во тие организации, или да бидеме попрецизни таа ги контролирала тие организации, па мора сега да се направи обратен процес, а мора и да се дознае на кој начин се одвивале работите.



(13-12-2012, 01:04 AM)ЈорданПетровски Wrote: Венецијанската комисија смета дека Комисијата за лустрација нема истражни овластувања, туку дека истрагата за лустрација ја водат тајните служби и архивот, што значи, дека Комисијата за лустрација не може самата да бира и селектира релевантни материјали. И за Венецијанската комисија се мистерија процедуралните аспекти на процесот на верификација на факти.

Одлична забелешка, целосно се сложувам со овој став. Мора да се направи тело кое ќе биде над тајната служба, а не тело кое ќе чека информации од тајната служба.


13-12-2012, 05:36 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Според прочитаното за методите со кои господинот Бабановски се служел,казната но и препораките на Венецијанската комисија,би го кажал следново.
Со тоа што Бабановски е само прогласен само за кодош,а без никакви казни затоа што го направил закон за Лустрација не е ефикасен а по се изгледа донесувачот на самиот закон по се изгледа имал само намера прекршителите наместо да бидат казнети со вистинска казна,тие се само посрамени и од нив саме се прави пример.
Целта на секоја комисија, како и таа на Француската револуција е само да прогласува виновници.По ваквиот расплет на настаните и по прогласувањето на г-от Бабамовски за кодош, неговите жртви треба да го стават пред суд, не на оној во Стразбур каде само се дава паричен надомест, а угледот на Македонија ќе се урива,би предложил да се тие предмети водата во МАкедонија во присуство на невладини организации, и меѓународни организации.
Бидејќи ниедно тело како комисија го нема овластувањето да суди,тие само можат да утврдат дека постоеле злоупотреби,неефикасно работење,додека за судски рапслет треба да се оди на вистински суд.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 13-12-2012, 10:47 PM by basilius_2.)
13-12-2012, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрацијата треба да се лустрира


[Image: 0,,16409493_401,00.jpg]

Венецијанската комисија при Советот на Европа смета дека македонскиот закон за лустрација има многу недостатоци. Комисијата вчера (14.12) го разгледуваше законот, а мислењето ќе биде објавено наредната недела.

Комисијата на вчерашниот состанок во Венеција (14.12) се занимаваше со четири прашања од македонскиот Закон за лустрација. Во разговорот за Дојче Веле, претставник на Комисијата нагласува дека „постапката за лустрација има за цел да оддалечи една личност од државните структури за која се смета дека претставува опасност за државата и која ризикува да предизвика кршење на човековите права и за тоа да остане неказнета.“

Затоа Венецијанската комисијата заклучила де­ка „за лустрацијата, која се спроведува повеќе од 20 години по завршувањето на то­та­ли­тар­но­то владеење, се потребни неспорни и силни аргументи“. Опфаќањето на толку долг период, дури 60 години наназад, според Комисијата, може да се оправда со крајно тешки злосторства, кои подлежат на кривичниот закон.

Другото прашање е дали може со лустрацијата да биде опфатен период по крајот на тоталитарниот режим. Ако се прифати принципот дека и по крајот на тоталитарниот режим (по 17 ноември 1991 година) е можно да постојат практики на лустрација, според Комисијата, „треба да се докаже дека имало исклучителни настани кои ја оправдуваат неоперативноста на нормалните правни и демократски инструменти и непочитување на човековите права“. Комисијата изразува сомневања околу овој дел на законот, бидејќи за време на овој период опфатен со македонскиот закон, таа нема сознанија дека имало такви ситуации во Македонија. „Уште повеќе ако се знае дека Македонија е членка на Советот на Европа од 1995 година и според тоа во неа владее правото, демократијата и механизмите за заштита на човековите права.“ Според Комисијата, ова било забележано и од Уставниот суд на Република Македонија.

Терминот јавна дејност недефиниран и широк за употреба
[Image: 0,,16423640_402,00.jpg]
Поимот јавна деј­ност не е дефиниран во Законот и е премногу широк за да биде користен како основа за поч­ну­ва­ње лустрациски процедури, смета Комисијата

Венециската комисија забележува дека е нејасно објаснувањето во Законот за лустрација кој сe‘ може да биде лустриран. Така, во врска со членот на законот кој се однесува на тоа кои лица треба да бидат подложни на лус­тра­ци­ја, од три дефиниции - носител на јавна функција, вршител на јавно овластување и вршител на јавна дејност, Венецијанската комисија оценува дека првите две се јасно дефинирани, но третата - вр­ши­тел на јавна дејност е премногу општа и дава неточна претстава. Поимот јавна деј­ност не е дефиниран во Законот и е премногу широк за да биде користен како основа за поч­ну­ва­ње лустрациски процедури, смета Комисијата.

Комисијата нагласува дека лустрацијата има за цел да ги оддалечи од државните структури лицата кои би можеле да делуваат против државата. Комисијата не се согласува лустрацијата да се применува за лица од приватниот сектор, што е во согласност со препораките на Парламентарното собрание на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права, односно лустрацијата треба да биде ограничена на позиции за кои има сериозна причина да се верува дека лицето ќе претставува сериозна опасност за човековите права и за демократијата.

За Комисијата таквото проширување на опфатот на лица со Законот, ќе резултира со мешање на државата во работата на овие лица и ќе го пречекори уставно загарантираното право за слобода на здружување, со цел остварување и заштита на своите политички, економски, социјални, културни и други права и убедувања. Исто така, ќе вклучи и прекршување на уставно загарантираната одвоеност на црквата, религиозните групи и заедници од државата.

Докажувањето на соработката е сложен и тежок процес


За процедурата и гаранциите за лицата за кои се води лустрацијата, Венецијанската комисија забележува дека докажувањето на делата на соработка се многу сложени, бидејќи тие се втемелени врз архиви и сведоштва. Комисијата за лустрација добива информации од тајните служби, но не е јасно дали таа ги има потребните технички знаења за ваков вид на дела. Од друга страна, што претставува тежок проблем, е тоа што лицето кое се лустрира е отсутно во процедурата за лустрација. Докажувањето на соработката се прави во нејзино отсуство. Европскиот суд за човекови права, според членот 6 од Европската конвенција за човекови права, бара правичната ефективна судска постапка да се применува и за постапките за лустрација.

[Image: 0,,6083925_4,00.jpg]
Уставноста на Законот е во надлежност на Уставниот суд на Република Македонија, се објаснува од Венециската ко­ми­си­ја


Лустрацијата, според судот од Стразбур, е кривична постапка и во кривична постапка се потребни гаранции за правично судење, обвинетото лице за соработка нема можност да биде вклучено на никаков начин во постапката пред Комисијата за проверка на делата, иако тоа има можност да ја обжали одлуката.

Венецијанската комисија изразува забелешки и за јавното објавувањето на името на лустрираните лица, кои тоа гo дознаваат истовремено со јавноста. Комисијата е посебно загрижена за оваа ситуација и смета дека тоа објавување треба да биде само кога соработката на лицето е потврдена во правична постапка во кое е вклучено лицето кое се лустрира. Ако потоа Судот докаже дека лицето не соработувало, а неговото име било објавено, последиците за неговиот углед се неповратни.

Венецијанската комисија советник за закондавните реформи во Македонија

Ко­ми­си­ја­та појаснува дека целта на мислењето што го изработи и кое ќе го испрати ка­ко одговор до Уставниот суд, е да се направат проверки на барање на Судот, а никако да се навлезе во анализа на уставноста на Законот.

Цел­та е Судот да биде обезбеден со материјали кои се однесуваат на компатибилноста на За­ко­нот за дополнителен услов за вршење на јавна функција со Европската конвенција за човекови права и слободи, а уставноста на Законот е во надлежност на Уставниот суд на Република Македонија, се објаснува од Венециската ко­ми­си­ја.

Ев­роп­ската комисија за демократија при Советот на Европа, или Венецијанска комисија, беше кон­сул­ти­рана за речиси сите реформски закони од правосудството кои Македонија ги носеше по нејзиното членство во Советот на Европа.


15-12-2012, 03:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:СДСМ ги повлече своите членови од Комисијата за лустрација


[Image: 9433a8f8-9ffe-4ffb-8dc6-63741c0bec18]

Членовите од редовите на СДСМ во Комисијата за верификација да се повлечат, предлог за разрешување на ова работно тело, кривична против претседателот Томе Аџиев се дел од одлуките на саботната седница Централниот одбор на СДСМ.

„До Собранието на РМ да поднесе предлог за разрешување на целиот состав на Комисијата за верификација на фактите; СДСМ ги повикува членовите на комисијата избрани на предлог на опозицијата да поднесат оставки и да се повлечат од работата на Комисијата; СДСМ ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Комисијата, Томе Аџиев, за грубо кршење на Законот и незаконито водење на комисијата; За СДСМ сите одлуки на Комисијата за верификација на фактите донесени во овој период на против уставен и противзаконит начин се ништовни;", објави лидерот на партијата, Бранко Црвенковски.

Според СДСМ, ова се прави затоа што во изминатиот период власта покажала дека е подготвена да ги крши Уставот и законите и да ги злоупотребува државните институции за политички пресметки со неистомислениците, како со процесот на лустрацијата.

„Овој процес, од самиот почеток па се до денес, целосно се води надвор од уставната и законската рамка и во спротивно со мотивите и интенциите кои беа соопштени при донесување на законот", рече Црвенковски.

Според СДСМ, Комисијата се претворила во партиска инквизиција која брутално гази врз достоинството на луѓето одлучувајќи не врз основа на факти туку врз основа на партиски директиви, а од друга страна ги игнорира одлуките на Уставниот суд и бројните укажувања на домашната и меѓународната експертска јавност.
15-12-2012, 05:10 PM
Reply