Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Лустрација - Костојчиноски: Бев овластен да давам наредби


„Не можам да спорам дека сум бил наредбодавец кога сум бил на фунција потсекретар на Службата за државна безбедност“, вели Васил Костојчиноски, кого лустраторите го запишаа во регистарот на соработници на службите

Љубиша Станковиќ


Комисијата за лустрација, на својата интернет-страница, ги објави имињата и документите на двајца поранешни високи полициски функционери, кои се лустрираат како наредбодавци. Со тоа листата на лустирани стигна до бројот 29, вклучувајќи го и починатиот наредбодавец, чиј идентитет не е објавен.

Станува збор за поранешните потсекретари во Службата за државна безбедност, Васил Костојчиноски и Мирко Буневски.

Костојчиноски вели дека не чувствува потреба да реагира за решението на лустраторите. „Не ми е врачено решение, ниту, пак, чувствувам потреба да реагирам. Од она што го видов, можам само да кажам дека има грешка во објавата на имињата, односно во татковото име. Не можам да спорам дека сум бил наредбодавец кога сум бил на фунција потсекретар на Службата за државна безбедност. Ако човек е на таква функција, тој мора да биде наредбодавец и не смее да врати некого што ќе му достави информација. Конечно, и работата која се однесува на делот на безбедноста е работа како и секоја друга“, изјави за „Утрински весник“ Костојчиноски.

Раководењето во службата, вели тој, е крајно сериозна работа. „И самиот неодамна напишав дека ако лошо се постапува, може да дојде до дестабилизација на Службата, а потоа многу тешко се враќаат работите на место. Што се однесува наводите дека биле прекршени нечии права можам да кажам дека и тогаш се постапувало во согласност со законот кој бил во сила“, вели Костојчиноски.

Во досието за Костојчиноски има и документација која се однесува на лица од Институтот за македонски фолклор, но и за актер од Македонскиот народен театар. И во документите што се однесуваат на екссекретарот Мирко Буневски се споменува актер од МНТ, спикер на едно локално радио, но будно се следела и состојбата на група ученици од Средното трговско училиште во Скопје, за кои се верувало дека настапувале од позиција на „албански национализам и иредентизам“.

Ставот на Комисијата за лустрација по понеделничката седница е дека Костојчиноски им ги прекршил правата и слободите на две лица, а Буневски го сторил тоа во четири-пет случаи, додека починатиот потсекретар го стирил тоа во повеќе наврати. Овие лица, според Комисијата за лустрација, во еднопартискиот систем издавале наредби за следење личности од идолошко-политички причини. Сепак, еден од нив со активности продолжил и во периодот на плурализмот. Тој во 90-тите години на минатиот век не постапувал исклучиво од идеолошки или политички причини, туку го правел тоа и од партиски причини.


15-09-2012, 02:28 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote: ТРАЈАНОВ: НЕ ЛУСТРИРАЈТЕ ЛУЃЕ ОД СЛУЖБИТЕ, ТОА ИМ БЕШЕ РАБОТА


14.09.2012

Службите во Министерството за внатрешни работи во периодот на социјализмот, но и на почетокот на 90 – сетите години работеле согласно тогашниот Устав и затоа...
slika

Службите во Министерството за внатрешни работи во периодот на социјализмот, но и на почетокот на 90 – сетите години работеле согласно тогашниот Устав и затоа не може да се бара одговорност за прекршување на законите, смета поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов. Наредбодавачите за следење на политичките неистомисленици ,според Трајанов, треба да се бараат пред се кај повисоките функционери, бидејќи тие најчесто ги издавале наредбите додека пак службите во полицијата и Управата за безбедност само ги извршувале.

Павле Трајанов потсети дека во тоа време при изборот на судии и јавни обвинители, претседателот на Собранието ги земал предвид информациите кои ги добивал од службите и цене кои кандидати се подобни и спроведувал систем на елиминација. Сега тие предмети не се разгледуваат, а сите со пониска функција се објавуваат, нагласи Трајанов.

Службите, според Трајанов, се уште користат дел од истите принципи на работа од минатото и издаваат наредби за следење на одредни лица поврзани со одреден криминал или теророизам.

-Службите и натаму работат и натаму отвараат досиеја. Сега знаете дека е легално и прислушувањето и по некое време ќе треба и сегашните функциоенри некој да разгледа дали издавале наредби кои се во согласност со политиките, рече Трајанов.

Тој вели дека со објавување на досијата на соработниците Комисијата може да го урниса угледот на нивните семејства додека пак со објавување на документите на наредбодавачите се задава сериозен удар на работата на службите и безбедносниот систем.

- Моја проценка е дека Комисијата мора да има тесна комуникација со Управата за безбедност и да се направи филтер на тоа што ќе се објави, а што не, зошто вака со обајвување на сите документи се нанесуваат штети кои тешко ќе се санираат. нагласи Трајанов.

Тој смета дека Комисијата со објавување на досијета за следење без одредена судска заштита, може да доведе до ново кршење на човековите права.


Како може да бидат иземени од одговорностана ИЗВРШИТЕЛИТЕ, па тие ги правеле прекршувањата на Уставот, законот. Тие изнудувале признанија, принудувале на соработка. Тие биле орадие во рацете на НАРЕДБОДАВАЧИТЕ. ако тие се придржувале на законот и Уставот Наредбодавачите не ке можеле да ги спроведат во дело своите замисли. Па нели Трајанов беше еден од ОСУМИНАТА кои наводно биле предвесници на демократијата во Македонија.

Без судки процеси кои ке завршат сопресуди на НАЛОГОДАВАЧИТЕ и ИЗВРШИТЕЛИТЕ прекршувањето на човековите права од идеолошки и политички причини ке продолжи.
15-09-2012, 03:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



[Image: IMG_14092012_184221.jpg]
15-09-2012, 09:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(15-09-2012, 09:29 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: IMG_14092012_184221.jpg]



Quote:Историјатот на УДБА-Слободан Богоевски-Цобе



До редакцијата на ОхридСкај пристигна писмо од цитател кое има интересна содржина.Наводите и изнесените ставови во испратеното писмо , не се ставови на редакцијата на ОхридСкај и издавачот, и ОхридСкај и издавачот се оградуваат од содржината на испратеното писмо,и не сносат никакви последици на објавеното писмо.Редакцијата на ОхридСкај писмото го пренесуваат инегрално , без никаква корекција и лектура, т.е. го пренесуваме интегрално како што го има редакцијата добиено од читателот.



Историјатот на УДБА-Слободан Богоевски-Цобе ДЕЛ ПРВИ


Овие денови порталите се преплавени со сказна од Удбашкото подземје која гласи-Цобе се заканвал на ВМРО ДПМНЕ.
Павле Трајанов ,демек во одбрана на Безбедносните структури, а заборави да каже дека Цобе му е најблизок пријатељ во живот и од Дебармалските Кафеани и од Атинските сокаци и од Белградските школи.
Члан комисије за веривикација на Факти, од Битољ, стар соработник, посебно на Јавната Безбедност, го информирал Павле Трајанов дека Мијалков наредил лустрација на Слободан Богоевски.
Павле алармирал го во Дебармалските Кафеани, а алармот бил и прикључен и кај членот на Градскиот Централен Парламент- Владо Поповски.

Борис Земјковски и Срџан Керим, спомнати во некакви информации се тоа со што се заканувал Слободан Цобе Богоевски. Но и со други членови, родители на функционери на ВМРО ДПМНЕ.
За неупатените,Слободан Богоевски знаел дека се во игра веќе влезени стари Западни разузнавачки структури. Нервозата кај него од сега натаму ќе трае.
Некакви стари разузнавачки структури ангажирани од невладини на ЕУ околу демократизацијата на Србија ,Косово и Македонија веќе месеци биле со седиште во Приштина.
Да објасниме ,канцелариите на оваа невладина се позади Амбасадата на Англија во Приштина.

Посебно по новите рапорти во БиХ за замешаноста на Грција во воените дејства таму и Македонските служби кои логистички помагале помошта од Грција да стаса на Пале ,ситуацијата на Богоевски станува хаос.
Дел од овие разузнавачи оперативно работеле и во Македонија после осамостојувањето.
Богоевски им е добро познат, посебно што пред да заминат од Македонија заради неговата соработка со Српската и Грчката служба успеале да го отстранат од Македонските Безбедносни служби, а со тоа и цела негова група.

Кариериерата на Богоевски се базира на неговото Вевчанско потекло и неговите соселански побратими Костојчинови од тоа село.
На молба на неговиот татко, Васил Костојчиновски ,роден Вевчанец,му помогнал да ја изгради својата кариера.И овде приказната добива разузнавачко-КГБ патеки.
Имено некаде во архивите на УДБА лесно може да се најде еден Павел Шатев.
И дури и такво досие има во Македонските архиви, а изработено од про-западните структури на Македонските Безбедносни кругови. Памтете го досјето “Павел Шатев”.
“Павел Шатев” е досието на движењето и врбувањето на македонски млади разунавачки кадри од страна на еден од најпознатите Југословенски агенти на УДБА –Антон Колендиќ.
Антон Колендиќ важел за човекот на Москва во Југословенските Безбедносни кругови.
Тврдата про-српско-комунистичка линија во Македонските служби и општество е создадена баш од него.
Дури и приказната на 8 мината” авангардни револуционери” во МВР е измислена од Васил Костојчиновски.
Точно се знае дека тие преку Богоевски добивале логистика од Костојчиновски и дека “Перестројката” во Македонија е отпочната тогаш да би овие групации дошле до контрола на државниот капитал,симуваќи од власт некои стари тврди комунистчки структури и замена на по авангардни кои би се снашле во новото време на приватизацијата.
Една нивна измислица е секако падот на Кљусев но исто измислица во оваа групација е и АЛМАКО Банка и Жанко Чадо па сите со ред и на куп од тоа време.
Денес сликата на оваа групација е многу трансперента и далеку појасна.
Лесно се утврдува дека оваа групација вреди повеќе од 200.000.000 еур.
Чедо Радомировиќ па до Борис Змејковски се персони со лесно проверлива имотната состојба ,а парите кои ги поседуваат се 99% од сомнително потекло.

Слободан Цобе Богоевски ,на цела своја фамилија убаво и трансперенто го има поделено сопствениот капитал. Овој капитал по проценки на запослени во Министерство за Финански, Катастар и Управа за Приходи до Централен Регистар и поголем од 30.000.000 еур.
Шефот на Македонските служби преку Борис Змејковски доволно е упатен во работата на Горан Трајковски, кои ете случајно ќе заборави да ги провери овие податоци и никад нема да даде во јавност.
Посебно се интересни уделите во компании под 5% . И тоа нема сила во Македонија која би го проверила (законски).
Имотната состојба на Керим исто така ќе остане тајна. Иако и неговиот капитал во земјата и светот преминува 20.000.000 еур.
Останува еден ден да се види колку поделиле стануви во бившите Ју републики на млади функционери на ВМРО ДПМНЕ.
Колку платиле кои на кого и зошто.
Еден ден доколку ВМРО ДПМНЕ ги изгуби изборите ќе се види лесно за недели кои на кого му ги плаќал рачуните и кои со здружени сили ја пљачкосувал Македонија.
Дури се на власт ВМРО ДПМНЕ, овие гореспомнати можат мирно да спијаат.
Сметам дека нити имало закана нити може да биди. Сето е ова намештаљка од наивни новинари желни за спектакал.
Цобе нема никогаш да биде лустриран заради што со Аџиев ги врзува една работа, заедничка, а тоа е лицето Глумац, другар на Јаначковиќ.
А, кој е Глумац? Нека одговорат Битолчани ќе потпричекаме.Или пак нека одговор Аџиев зошто бил близок со Глумац.

(This post was last modified: 16-09-2012, 07:08 PM by ЈорданПетровски.)
16-09-2012, 07:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Историјатот на УДБА-Слободан Богоевски-Цобе


Историјатот на УДБА-СЛОБОДАН ЦОБЕ БОГОЕВСКИ –ДЕЛ ВТОРИ



Службата обилно ја користеше за свои бизнис релации и сопствено богатење.
Нити еден од неговото опкружување не профитира туку само тој го имаше дилот со бизнисмените.
Ги користеше лукаво и ги цедеше како лимуни.
Како и Фрчковски така и Јордан Мијалков ги стави во сопствената стапица.
За Министерот Мијалков пак зборуваше дека е аналфабета, неписмен, дунстер, секаде го декласираше во службата и МВР.
Нетрпеливоста беше повеќе од обична, омразата болна и опсесивна.
Лобираше во СДСМ и Глигоров па до луѓето на Кљусев, Мијалков да биде сменет.

*Документите за корупција на Мијалков за диловите со Вања Битољани за превоз на аџии во Мека ги достави до скоро сите функционери,само да го тргне Мијалков.
*Документите за Аферата Тајота ги доставија и тој и Трајанов до Киро Глигоров.
Се испазари за превоз на неколку камиони цигари за Србија со Шутурков и организираја ефтин пад на Кљусев.
Дел од тие документи подоцна се утврди дека се фалсифицирани од него и скопското про-Белградско подземје.
Со идењето на Фрчковски наиде на непоправлив конспиративец како и Мијалков.
Триесет и две годишниот Фрчковски му служеше како параван за неговите манипулации.
Фрчковски и Сашко Мијалков имаат многу заедничко, од наивноста до своеглавоста. Богоевски раскажувајќи им приказни тоа обилно го злоупотребува. Прво ги фасцинира, а после ги употребува.
*Оптужбите дека Илија Павлов изврши атентат врз Глигоров беа подметнати од него и Мирка Велиновска до наивниот Фрчковски и Бранко Црвенковски.
Денес е во особена советодавна(манипулативна) задача кај Сашко Мијалков.
Како и во времето на Фрчковски тој е задолжен да ги известува своите пријатели во Белград и Атина и да ја чува оската помеѓу Србија и Атина. Да внимава односите со Бугарија и Албанците во Македонија да бидат лоши.
Западните служби во 1995 годни откупија во Белград аналитички материјал како и досјеа извадени од македонските служби и давани континуирано на Јовица Станишиќ во Белград од 1990-1995 година.
Германската и Англискато разузнавање во Белград успееја да откупат непроценливи разузнувачки материјали на СР Југославија.
Со анализа на нивната природа утврдија дека овие материјали биле достапни само на Богоевски и извршија притисок врз Македонската влада да го отстрани разумно од неговата позиција.
Ова тој никогаш не го заборави ни на СДСМ, нити на Добри Величковски нити на Чокревски.
Со ова му провалија многу зделки па полека почна да гради други позиции анти-СДСМ.
Заедно со Змејковски и Стојменов го злоупотребија Руфи Османи и ги направи Гостиварските настани во 1997 година. Предходно имаше крупна улога во ТАТ но и во ЕуроИнвест Банка Прилеп.
Никогаш не ја заврши истрагата за Еуроинвест Банка и намерно ја минираше заради налозите кои го добиваше од КОС функционерите во Белград.
ТАТ и Еуроинвест како и Гостиварските настани беа доволни да падни СДСМ на изборите во 1998 година.
Било кои од тие настани е поврзан на чуден начин со Белград. Денес имаме еден Конзул на Србија, родител шверцер на оружје од тоа време чии син е Министер за Инвестиции во Владата.

Белград со атентатот врз Глигоров не успеа да ја реконципира Македонија, затоа го уништи СДСМ во 1998 година.

Подоцна Љубчо Георгиевски потврди дека содружникот на Слободан Богоевски, Павле Трајанов бил посредникот за ОКТА, бизнис на кого му биле ветени 10 милони марки.
Овој момент Слободан Богоевски се занимава со изготвување на листа за лустрација на сите свои непријатели.
Но не само тоа, тој ги лустрира сите соработници на УБК задолжени за контра-разузнување на Грчката и Српската служба. Намерно лустирира и понекого за да замати траги или по некој албанец колку да дотури во пресметката кај албанците.
На секој 2-3 лустрирани по негов избор доваѓа по еден кои треба да прикрие трагот.
Групација на чело со Керим и Богоевски веќе има корумпирано и компормитирано голем дел на младите функционери на ВМРО ДПМНЕ.
Посебно секаде каде добил тендер Конструктор, фирма која е и во сопственост на Срџан Лончар.
Нивните компании до денес добиле тендери од оваа влада во
износ од над 250 милони евра.
Уживаат на пример во лов на млади луѓе од типот на Влатко Ѓорчев, Бобан Нонковиќ, Тони Науноски и слични. Им го разгледуваат психолошкиот профил и ги врбуваат.
Жртвите и воопшто незнаат што прават но слепо ги веруваат и слушаат.

Денес раскажуваат приказни по Дебар Мало како дел на функционери на ДПМНЕ добиле од нив станови во Хрватска и дека го контролираат наполно ВМРО ДПМНЕ преку неколку функционери. Како разговараат со Атина за спорот за името. Како одржуваат средби со луѓето на Дачиќ.
Вејќе се пред одлука да го напуштат Груевски само да го доработат.
Како се чини ќе отидат кај Бранко со куфер полн со го..а за
Груевски и неговите и да ја спасат кожата. Ова им успева ќе им успее и сега и многу лесно.
(This post was last modified: 19-09-2012, 09:56 PM by ЈорданПетровски.)
19-09-2012, 09:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрирани Буневски, Костојчиновски и Величковски



Поранешен републички и заменик сојузен секретар за внатрешни работи и двајца потсекретари за државна безбедност се првата тројка лустрирани функционери, лоцирана во групата наредбодавци.

Формално, на веб-страната не постои посебна рубрика за наредбодавци, па наместо таму, решенијата ќе бидат како за лица кои биле прогласени за соработници.

Во регистарот ќе ги има Мирко Буневски и Васко Костојчиновски, но без официјално објаснување, нема да бидат објавени личните податоци на починатиот „безбедњак“ Добри Величковски.

Експерти по казнено право изразија отворено несогласување со лустрацијата на службените лица кои работеле во полицијата, сметајќи дека тоа е работа на казненото законодавство.

Инаку, Буневски бил највисок во хиерархијата. На функција бил во седумдесетитте години. Последен ги потпишувал решенијата со кои по низата предлози од поддредените инспектори и потсекретари биле издавани наредби за следење на политички неистомисленици.

Васко Костојчиновски бил потсекретар одговорен за државната безбедност. Во телефонски разговор за АЛФА изрази чудење за одлуката на лустраторите. Вели дека се што работел било во рамки на надлежностите што тој ги имал. Веќе десет години е во пензија и не размислува дали е целисходно да ја обжали одлуката на Комисијата за лустрација.

Последен од полициските функционире кои се лустрирани е Добри Величковски. Тој веќе шест години не е на овој свет. Неколкумина лустратори се спроттиставија на определбата на мнозинството членови на Комисијата, предмет на лустрација да бидат лица кои повеќе нема да можат да влијаат врз демократските процеси.

На денешната седница и покрај противењето на членовите предложени од опозицијата, Комисијата со мнозинство гласови го донесла правилникот за работа. Обидот на лустраторот Дамјановски, преку портпаролот Димитровски да закаже прес-конференција на која јавно ќе полемизира со последната одлука го спречил претседателот Аџиев. Забранил Димитровски да му ја организира на Дамјановски средбата со новинари.

Среќко Поповски



Ако Добри Величковски е прогласен како НАЛОГОДАВАЧ, тогаш истото важи и за СИЛЈАН АВРАМОВСКИ а со тоа и мојата кривична пријава МОРА ДА БИДЕ ПРИФАТЕНА



[Image: scan0463-1.jpg]


[Image: krivicnaprijava11.jpg]
20-09-2012, 01:07 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(19-09-2012, 09:52 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Историјатот на УДБА-Слободан Богоевски-Цобе


Историјатот на УДБА-СЛОБОДАН ЦОБЕ БОГОЕВСКИ –ДЕЛ ВТОРИ



Службата обилно ја користеше за свои бизнис релации и сопствено богатење.
Нити еден од неговото опкружување не профитира туку само тој го имаше дилот со бизнисмените.
Ги користеше лукаво и ги цедеше како лимуни.
Како и Фрчковски така и Јордан Мијалков ги стави во сопствената стапица.
За Министерот Мијалков пак зборуваше дека е аналфабета, неписмен, дунстер, секаде го декласираше во службата и МВР.
Нетрпеливоста беше повеќе од обична, омразата болна и опсесивна.
Лобираше во СДСМ и Глигоров па до луѓето на Кљусев, Мијалков да биде сменет.

*Документите за корупција на Мијалков за диловите со Вања Битољани за превоз на аџии во Мека ги достави до скоро сите функционери,само да го тргне Мијалков.
*Документите за Аферата Тајота ги доставија и тој и Трајанов до Киро Глигоров.
Се испазари за превоз на неколку камиони цигари за Србија со Шутурков и организираја ефтин пад на Кљусев.
Дел од тие документи подоцна се утврди дека се фалсифицирани од него и скопското про-Белградско подземје.
Со идењето на Фрчковски наиде на непоправлив конспиративец како и Мијалков.
Триесет и две годишниот Фрчковски му служеше како параван за неговите манипулации.
Фрчковски и Сашко Мијалков имаат многу заедничко, од наивноста до своеглавоста. Богоевски раскажувајќи им приказни тоа обилно го злоупотребува. Прво ги фасцинира, а после ги употребува.
*Оптужбите дека Илија Павлов изврши атентат врз Глигоров беа подметнати од него и Мирка Велиновска до наивниот Фрчковски и Бранко Црвенковски.
Денес е во особена советодавна(манипулативна) задача кај Сашко Мијалков.
Како и во времето на Фрчковски тој е задолжен да ги известува своите пријатели во Белград и Атина и да ја чува оската помеѓу Србија и Атина. Да внимава односите со Бугарија и Албанците во Македонија да бидат лоши.
Западните служби во 1995 годни откупија во Белград аналитички материјал како и досјеа извадени од македонските служби и давани континуирано на Јовица Станишиќ во Белград од 1990-1995 година.
Германската и Англискато разузнавање во Белград успееја да откупат непроценливи разузнувачки материјали на СР Југославија.
Со анализа на нивната природа утврдија дека овие материјали биле достапни само на Богоевски и извршија притисок врз Македонската влада да го отстрани разумно од неговата позиција.
Ова тој никогаш не го заборави ни на СДСМ, нити на Добри Величковски нити на Чокревски.
Со ова му провалија многу зделки па полека почна да гради други позиции анти-СДСМ.
Заедно со Змејковски и Стојменов го злоупотребија Руфи Османи и ги направи Гостиварските настани во 1997 година. Предходно имаше крупна улога во ТАТ но и во ЕуроИнвест Банка Прилеп.
Никогаш не ја заврши истрагата за Еуроинвест Банка и намерно ја минираше заради налозите кои го добиваше од КОС функционерите во Белград.
ТАТ и Еуроинвест како и Гостиварските настани беа доволни да падни СДСМ на изборите во 1998 година.
Било кои од тие настани е поврзан на чуден начин со Белград. Денес имаме еден Конзул на Србија, родител шверцер на оружје од тоа време чии син е Министер за Инвестиции во Владата.

Белград со атентатот врз Глигоров не успеа да ја реконципира Македонија, затоа го уништи СДСМ во 1998 година.

Подоцна Љубчо Георгиевски потврди дека содружникот на Слободан Богоевски, Павле Трајанов бил посредникот за ОКТА, бизнис на кого му биле ветени 10 милони марки.
Овој момент Слободан Богоевски се занимава со изготвување на листа за лустрација на сите свои непријатели.
Но не само тоа, тој ги лустрира сите соработници на УБК задолжени за контра-разузнување на Грчката и Српската служба. Намерно лустирира и понекого за да замати траги или по некој албанец колку да дотури во пресметката кај албанците.
На секој 2-3 лустрирани по негов избор доваѓа по еден кои треба да прикрие трагот.
Групација на чело со Керим и Богоевски веќе има корумпирано и компормитирано голем дел на младите функционери на ВМРО ДПМНЕ.
Посебно секаде каде добил тендер Конструктор, фирма која е и во сопственост на Срџан Лончар.
Нивните компании до денес добиле тендери од оваа влада во
износ од над 250 милони евра.
Уживаат на пример во лов на млади луѓе од типот на Влатко Ѓорчев, Бобан Нонковиќ, Тони Науноски и слични. Им го разгледуваат психолошкиот профил и ги врбуваат.
Жртвите и воопшто незнаат што прават но слепо ги веруваат и слушаат.

Денес раскажуваат приказни по Дебар Мало како дел на функционери на ДПМНЕ добиле од нив станови во Хрватска и дека го контролираат наполно ВМРО ДПМНЕ преку неколку функционери. Како разговараат со Атина за спорот за името. Како одржуваат средби со луѓето на Дачиќ.
Вејќе се пред одлука да го напуштат Груевски само да го доработат.
Како се чини ќе отидат кај Бранко со куфер полн со го..а за
Груевски и неговите и да ја спасат кожата. Ова им успева ќе им успее и сега и многу лесно.




"Империјата" го возвраќа ударот. И тоа преку радио кое е "противник" на Груевски



21-09-2012, 04:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Лешинарска лустрација: Ни мртвите не ги оставија да почиваат во мир!



Став
Жарко Трајаноски


[Image: lesinarska-lustracija_2.jpg]

Пред повеќе од една година, предупредив дека лустрацијата веќе се претвори во морбидна карикатура и инструмент за политичко-полициска злоупотреба. Неколку месеци потоа го објавив и текстот-пародија „Лустрација на сè живо и мртво!“ со поднасловот „Дискриминација е да се лустрираат само живите, а не и мртвите функционери!“ Но, ѓаволот веќе одамна ја има однесено шегата од Македонија. Комисијата на „живиот мртовец“ (“живиот” претседател со “мртов” мандат) презеде мерки за борба против дискриминацијата врз основа на живот, па почна да лустрира ем живо, ем мртво!


Имено, во „Регистарот на лица за кои Комисијата утврди дека го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето на јавна функција“, под реден број 29 не фигурира никакво лице! Во графата „Име, татково име, презиме, ЕМБГ“ податоците (ако воопшто ги има) се прекриени со сива лента. Во графата „Носител, кандидат или бил носител на јавна функција“ стои само „бивш носител“, без други податоци за функцијата (кои се детални за неговите лустрирани колеги под број 27 и 28). Во регистарот има само „Број и дата на Решение на Комисијата (поради што не се исполнува условот за вршење јавна функција)“ - 07-3320/1 12.09.2012. Тоа е крунскиот доказ дека лустраторите, со сиот памет, навистина донелe решение дека починато лице не исполнува услов за вршење јавна функција!



Од кога мртвите станаа закана за демократијата и човековите права?

Секој што ја прочитал резолуцијата 1096 (1996) на Советот на Европа, би требало да знае дека фокусот на лустрацијата е на постоечките закани кон фундаменталните човекови права и кон процесот на демократизација. Секој, освен нашите некрофобични лустратори. Зарем тие не знаат дека главната зацртана цел на лустрацијата беше да исклучи одредени живи лица од позиции на моќ, за да се заштити новонастанатата демократија? Или не знаат, или пак намерно ја игнорираат дефиницијата на лустрацијата што ја понудија предлагачите на законот: „отстранување на опонентите на демократијата и на оние кои ги кршеле човековите права во поранешниот режим“.

Меѓутоа, по логиката на Аџиев и компанија, излегува дека некои починати поранешни функционери се опоненти на демократијата и треба да бидат лустрирани, макар што не биле наредбодатели во поранешниот режим, туку во демократска Македонија.

Според насоките на Советот на Европа, лустрацијата може да се користи само за да се елиминира заканата од страна на субјектот на лустрација, кој би можел да ја злоупотреби својата позиција за да ги повредува човековите права или да го блокира процесот на демократизација. На кој начин починатите би можеле да ја злоупотребат својата позиција? На кој начин тие би можеле да ги повредуваат човековите права или да го блокираат процесот на демократизација? На овие прашања треба да одговорат нашите лустратори, бидејќи чаршијата веќе почна да се мајтапи со нивните “пресуди”.


[img]http://www.okno.mk/sites/default/files/images/lorens%20L'Agitateur%20du%20Languedoc.jpg[/img]

Дали лустрацијата на поранешни “наредбодатели” од државната безбедност е законска?

Насоките на Советот на Европа јасно укажуваат дека “лустрацијата треба да биде лимитирана на позиции за кои има добар разлог да се верува дека субјектот ќе претставува значителна опасност за човековите права или демократијата”. Според овие насоки, нема сомнение дека на лустрација подлежат и службениците за безбедност и разузнавање. Но, нема сомнение и дека значителна опасност за човековите права или демократијата можат да претставуваат сегашните, а не поранешните наредбодатели во службите за безбедност и разузнавање.

Во минатиот закон имаше експлицитни одредби за лустрирање на наредбодатели, но не беше лустриран ниту еден. Во сегашниов закон исчезнаа тие одредби, а само на едно место се спомнува “наредбодател” – во “осакатената” дефиниција: “За наредбодател, во смисла на овој закон, се смета службено лице кое вршејќи ја својата функција со писмен документ наредил или одобрил дејствување со кое се кршени или ограничувани основните слободи и права на граѓаните.” Дефиницијата е буквално препишана од претходниот закон, но е “осакатена” - избришан е последниот клучен дел: “од иделошко - политички причини”.

Во претходниот закон имаше експлицитна одредба дека дополнителниот услов го исполнуваат лицата кои не се евидентирани како наредбодатели. Но, во сегашниов закон мистериозно исчезна таквата одредба, па стои само дека комисијата лустрира штом ќе “утврди свесна, тајна, организирана и континуирана соработка и активност...” на “таен соработник, оперативна врска или таен информатор...”. Парадоксално, Комисијата не лустрираше наредбодатели кога имаше законска основа за тоа, а почна да лустрира дури и починати наредбодатели, без експлицитна законска основа.



Каква смисла има лустрацијата на починатите?

Лустрациската дисквалификација од службата не треба да трае подолго од пет години, согласно насоките на Советот на Европа. Логиката е дека не треба да се потценува “способноста за позитивна промена во индивидуалниот став и навиките”. Каква смисла има да се лустрираат починати луѓе, кога тие се веќе трајно дисквалификувани од можноста за вршење на било каква јавна функција?

Лустрацијата, генерално, беше предвидена за временската рамка од последната деценија на комунистичката диктатура, поради следниов разлог: ако некое лице не направило повреди на човековите права во последните десет години, малку е веројатно дека ќе ги направи сега. Постои ли воопшто некаква веројатност починато лице да направи повреда на човековите права?



Како ќе се почитуваат правата на лустрираните кои се починати?

Според насоките на Советот на Европа, ниедно лице не смее да биде лустрирано без соодветна заштита на правото на фер судење. Тоа подразбира право на адвокат, право да се предизвикаат и оспоруваат доказите, право на пристап до можните докази, право да се изнесат сопствените докази, право на јавно сослушување, како и право на жалба до независен судски трибунал. Практично, комисијата за лустрација има функција аналогна на било кој суд и мора да ја докаже индивидуалната вина во секој поединечен случај, притоа почитувајќи го правото на фер судење.

Лустрацијата на починатото лице предизвикува лавина правни парадокси. Според чл. 31 став 3 од новиот закон за лустрација, “Лицето над кого се врши проверка ќе биде известено од страна на Комисијата”. Како сега комисијата ќе го извести починато лице дека е проверено и лустрирано? Дали ќе испрати курир да му го остави решението за лустрација на гробишта? Или пак ќе се одлучат да го повикаат неговиот дух во спиритистичка сеанса, допирајќи со прстите превртена чаша на средината на лустрациската маса? Дали повиканиот дух ќе има можност да повика адвокат и да изнесува докази во негова полза? Што ќе се случи ако повиканиот дух на лустрираното лице не се согласува со решението за лустрација, па одлучи да поведе постапка пред надлежен суд заснована на начелата на приоритет и итност?



Лешинарска лустрација

Дури и луѓето со најнизок коефициент на интелигенција знаат дека лице што не е живо не го исполнува основниот услов за вршење јавна функција. Ама не и нашиве лустратори кои упорно спроведуваат идиотски закон. Според лустраторите, “лицето” под број 29 не го исполнува условот со кој се ограничува вршењето на јавна функција, не затоа што не е меѓу живите, туку затоа што…(?!?) И, никој не знае зошто.

Никој не би требало да знае зошто е лустрирано лицето бр. 29, оти решението, образложението и доказите не се воопшто објавени на веб-страницата на комисијата. Никој не би требало да го знае ни неговото име, затоа што не е јавно објавено (иако портпаролот на комисијата нè убедуваше дека „Законски не е спорно објавувањето на имињата на починатите функционери односно наредбодавци…”). Но, се случи уште едно лустрациско чудо. Медиумите го објавија не само името на лицето бр. 29 и неговата функција, туку и наводните причини зошто било лустрирано.



Комисија за апсурдизација

Лустрирањето на починатото лице бр. 29 не е единствениот апсурд. Ако се точни информациите дека починатото лице е лустрирано затоа што било директор на Службата за државна безбедност (од 1995 до 1998 година), тогаш истото е лустрирано според одредби кои веќе беа укинати како неуставни и дискриминаторски. Имено, Комисијата за лустрација продолжува да дискриминира поранешни функционери, не затоа што кршеле човекови права во време на “комунизмот”, туку во демократска и независна Македонија!

Но, еве, да претпоставиме дека лицето бр. 29 навистина кршело човекови права од 1995 до 1998 (и покрај тоа што не се објавени никакви докази). Тогаш се поставуваат следниве прашања: Зошто против лицето бр. 29 не била покрената кривична постапка по 1998 година, кога премиер беше Љубчо Георгиевски, а министер Никола Груевски? Потоа, дали по лустрацијата на починатиот раководител на СДБ ќе уследи и лустрација на починатата раководителка на Агенцијата за разузнавање, која беше аболицирана по обвинувањата за противуставно прислушкување на стотици јавни личности? Најпосле, зошто почнаа да се лустрираат само починати лица кои кршеле права во независна Македонија? Зошто прво не се лустрираат починатите судии на Ченто, како и наредбодателите на неговиот прогон? Дали Комисијата ќе ги лустрира и Лазо Колишевски и Јосип Броз Тито како наредбодавци или корисници на информации?



Бизарни фарси

Обидите на властодржците да ги судат, погубуваат или проколнуваат мртвите не се непознати во историјата. Во древниот Рим постоела практиката damnatio memoriae со која се осудувале на неспоменување поранешни императори или “предавници”. И тогаш имало обиди за бришење од историјата на видни личности, слични на актуелните обиди за бришење од историјата на ВМРО-ДПМНЕ на нејзиниот основач. Напати, диктаторите се обидували да ги уништат и сите постоечки траги на нивните порази. Таква бизарна епизода е и наредбата на Сталин за неспомнување (проследено со бришење на сите постојни фотографии и снимки) на поразот на фудбалскиот тим на СССР од страна на “предавничкиот” тим на Југославија, на олимписките игри во 1952.

Лустрацијата на починати не е помалку бизарна од јавните судења, казнувања или погубувања на починати. Едно од најбизарните судења на починати се има случено во 897-та година, кога римскиот папа Стефан VI(I) наредил да се откопа телото на неговиот претходник Формоз и јавно да се суди. Лешот бил поставен на трон, а бил назначен ѓакон да одговара наместо обвинетиот леш. По судењето лешот бил прогласен за виновен, му била соблечена светата одежда, му биле пресечени три прста од десната рака, а сите негови ординации биле поништени. Телото на “лустрираниот” поранешен папа прво било набрзина закопано во гробиштата за туѓинци, а потоа било откопано и фрлено во реката Тибер.

[Image: Jean_Paul_Laurens_Le_Pape_Formose_et_Eti..._1870.jpeg]

По ваквото спектакуларно судење (познато како Synodus Horrenda), јавното мнение на Рим се свртело против папата Стефан, кој бил затворен и погубен. Неговиот наследник ги поништил одлуките на лешинарскиот синод и забранил какво и да е идно судење на починати. Но, тука не е крајот на приказната. Еден од судиите на лешинарскиот синод подоцна станал папа, и повторно ја “воскреснал” осудителната пресуда на мртвиот папа Формоз.
Се разбира, сите сличности со нашава лустрациска фарса се сосем случајни.

Слики: Jean Paul Laurens




Жарко кога прашува зошто власта на Љупчо не поднела кривична пријава, треба да праша зошто и Хелсиншки Комитет не реагирал па да го потсети Љупчо и тогашниот Јавен Обвинител Џиков на обврската да поднесат кривична пријава.

Инаку тоа што не го сторила власта го сториле дваица иматели на досие: "ДЕСТРУКТИВЕЦ" и "ВАЛЕНСА". Имено на 21.02.2001. година, поднеле кривична пријава која била отфрлена поради застареност.

Последната службена белешка во досието на "ДЕСТРУКТИВЕЦ" е од 2000 година, значи и во времето на Љупчо, УДБа си ја работела својата работа.....
Пак прашање до Жарко каде беше Хелсиншки да реагира, поради очигледниот фалсификат. Од последната службена белешка па до поднесувањето на кривичната пријава кима само една година.
22-09-2012, 05:07 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Лустрација на наредбодавците
Posted by Марјан Попески on 24 Септември,

„Најголем лисец е оној кој што се претвара, дека паднал во поставената стапица, а најсигурно е дека ќе бидеме измамени, кога мислиме да измамиме други.“[1]

Првото се однесува на Стојан Андов, по донесувањето на новиот закон за лустрација[2], а второто на ВМРО.
Ваквиот заклучок темели на нашата колумна „Наредбодавците први за лустрација“[3]. Колумната беше одлично примена од публиката и целосно разбрана. Сепак, ВМРО одлучи прво да се пресметува со шефовите на УДБА, а не со водачите на комунистите.
Клучен аргумент за претходниот заклучок е тоа што барем еден од тројцата лустрирани наредбодавци беше на висока позиција во комунистичката партија. Наместо да биде лустриран како висок функционер на комунистичката партија, тој е лустриран како шеф на УДБА(СДБ). Во тоа се состои мамењето на ВМРО. Комунистичката партија ја создаде УДБА, а не обратно.
Среќна околност за ВМРО е што д-р Љубомир Фрчкоски е адвокат на наредбодавците. Неговата одбрана се состои во тоа што тој тврди дека наредбодавците постапувале по подзаконски акт(Правилник).
Дотука е се точно. Но, треба да се каже дека овој акт, кој што е донесен во СФРЈ, не е објавен во службен лист, односно службен весник.[4]
Според член 52 од Уставот на Република Македонија, чиј што автор е токму д-р Фрчкоски; законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“.
Ваков случај имаше пред Уставниот суд на Република Словенија во предметот U-I-94/92. Предметот ќе го претставиме преку зборовите на еден од судиите на Уставниот суд на Република Словенија кој одлучувал во предметот и кој што бил еден од авторите на Уставот на Република Словенија, м-р Матеуж Кривец.[5]
Словенечкиот Уставен суд разви посебна техника за оценка на актите, кои што по својата содржина се прописи и биле донесени за да дејствуваат како прописи. Првото прашање кое што си го постави Уставниот суд на Словенија беше; дали актот што не бил објавен, воопшто може да биде пропис? Второ прашање беше; дали судот е надлежен да ја оценува складноста со уставот? Трето прашање беше; какви ќе бидат последиците, доколку заради недостаток на процесни претпоставки, судот ја отфрли иницијативата против таквите акти? Петто прашање; дали процесна одлука може да ги поништи последиците на дотогашната противуставна употреба и да спречи понатамошна употреба на таков акт како пропис? Уставниот суд на Словенија ги пресече сите овие прашања со воведување на изрека, во која што во одлуката(не во решение!) изрече, дека актот не почнал да важи и не смее да се употребува, бидејќи не бил објавен.[6]
Со ова колумна докажавме, дека д-р Фрчкоски наликува на оној историски пример што ни го соопштува Цицерон. Преторот Сципион на некој Сицилијанец за адвокат му го нудел некој свој гостин со благородничко потекло, меѓутоа многу неинтелигентен. Сицилијанецот му одговорил: „Те молам преторе, дај му го тој адвокат на мојот противник, па мене не треба да ми доделуваш никого.“[7]
Значи, како и пред неколку години, наше мислење е дека прво треба со закон да се прогласи комунистичкиот режим за злосторнички(по примерот на Чешка), да се лустрираат комунистите на високи позиции, па дури потоа шефовите на УДБА и удбашите, а на крај кодошите.
ВМРО тргна по обратен редослед, но за волја на вистината треба да се каже дека и со ваква лустрација, Македонија е единствената од сите поранешни републики на СФРЈ, што спроведува лустрација. Словенците го лустрираа само судството(на интернет излезе список на кодошите, но државата Словенија до денес не го авторизира).

За крај, за разлика од Мирка Велиновска, сметаме дека актуелниот проблем со промена на имиња на училишта и улици(албанското малцинство) треба да се реши пред Уставниот суд. Ова, доколку врз основа на други прописи, други државни органи не можат да го спречат преименувањето.
Имено со екстензивно толкување на член 24, став 1 од Уставот, може да се поднесе петиција, по повод која што Уставниот суд ќе ги поништи одлуките за преименување.
Во компаративното право имаме пример за ова. Лани во Словенија, градоначалникот на Љубјана, Зоран Јанковиќ, успеа да протурка одлука една улица во Љубјана да добие име по Јосип Броз Тито. Од Уставниот суд на Република Словенија беше побарано да ја поништи одлуката. Уставниот суд на Република Словенија ја избриша улицата, повикувајќи се на член 45 од Уставот:

Quote:
45. член
(право на петиција)
Секој државјанин има право да вложува петиции и други иницијативи од општа важност (превел М. П.).“

Иницијативата ја подготви адвокатот Радован Церјак, а се повика на член 34 од Уставот, односно на правото на достоинство и безбедност, како и на членот 63, кој што забранува поттикнување на насилство и војна.
Уставниот суд на Словенија едногласно одлучи дека Тито го симболизира минатиот тоталитарен режим, а именувањето на улица по него претставува величење на тоталитарниот режим.

[1] La Rocheffoucauld, “Maksime«, Mladinska knjiga, Ljubljana, 2007, stran 24, превел М. П.
[2] Некои предлагаат „Лустрациски судови“ да ја спроведуваат лустрацијата. Овој предлог е во спротивност со член 98, став 4 од нашиот Устав, кој што забранува вонредни судови. Доколку се формира „Лустрациски суд“, со сигурност лустрацијата ќе биде неуставна.
[3] „Нова Македонија“ од 09. 11. 2010. година.
[4] Правилникот беше објавен во таен службен весник, што претставува кршење на човековото право на забрана на дискриминација од член 14 од ЕКЧП, бидејќи им беше достапен само на одреден дел луѓе од врвот на комунистичката партија.
[5] За разлика од Македонија, каде што ниту д-р Фрчкоски, ниту д-р Владо Поповски, односно ниеден од писателите на нашиот Устав не стана судија на првиот состав на нашиот Уставен суд, во Словенија петмина од писателите на Уставот на Словенија станаа судии на првиот состав на Уставниот суд на самостојна Словенија: проф. д-р Петер Јамбрек, проф. д-р Тоне Јеровшек, проф. д-р Лојзе Уде, д-р Перенич и м-р Матеуж Кривец.
[6] Marjan Pavčnik, Arne Mavčič, »Ustavno sodstvo«, Cankarjeva založba, Ljubljana, 2000, stran 237.
[7] Mark Tulij Ciceron, »O govorniku«, Družina, Ljubljana, 2002, stran 192, превел М. П.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 26-09-2012, 09:41 PM by montehristo.)
26-09-2012, 09:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:
Историјат на УДБА:СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ –ЦОБЕ ДЕЛ ТРЕТИ


Фамозната куќа во населба „ Волково„


[Image: bogoevski%20slobodan.jpg]

Според некои извори ретко кои од УБК не е запознаен со локацијата на оваа куќа во Волково, истата куќа беше во сопственост на Алексо Дончевски денес бизнисмен тежок околу неколку милони евра. Истиот поседува дел од многу фирми во Косово и во Македонија,своето богаство го должи на блискоста сп Њуши Крлиу, и јавно се знае дека доста време СДСМ и албанските партии беа во заложништво на Крлиу и Алексо Дончевски, единствениот шверцер на цигари поврзан со Шутурков и Коста Јанковски. Денес Алексо Дончевски е нешто потежок од 10 милони евра. Во владата на ВМРО ДПМНЕ редовно работи со лекови. Најпознат е по увозите од Кина и Индија и за ВМРО ДПМНЕ и за Косово.

Последно нешто што се слушна е дека го изработиле со Карлиу ,Ацо Симевски и во Драчево му ја одзеле големата пекара со 100 запослени и го потониле во долгови! Од некаде осумдесетите и деведесетите години куќата во Волково беше база за бизнис зделки и претурање на досиеа од МВР во ова врталиште, и тоа се на куп, се обработуваа поединци. Во Архивот на Македонија, УБК има снимки од оваа куќа каде има околу 1000 фотографии на кои се редовно Павле Трајанов, Борис Змејковски, Срџан Керим, Алексо Дончевски и сите другари и пријатели на Слободан Богоевски до Жанко Чадо(Алмако), а посебно што овие фотографии се правени пред 1991 година. Ова групација скоро секогаш во време на СДСМ, но и во време на ВМРО ДПМНЕ ја контролира комисијата за набавки при Министерството за Здравство како и Фондот за Здравство, исто беше и во времето на СДСМ од 2002 до 2006, едноставно СДСМ и ВМРО ДПМНЕ работеа со оваа групација. Колку за да потсетам член на оваа комисија беше и ќерката на Данчо Шутурков во тој период. Доста Димовска како министерка на МВР добила многу материјали и документи за групацијата на Слободан Богоевски, но направи еден битен превид,имено на Љубчо Георгиевски близок пријател преку Срѓан Керим ќе му стане Суботиќ-Цане. Место Доста Димоска да даде налог за апсење, во тоа ја спречија и Далаверски но и Георгиевски лично.Исто така инспекцијата во Берлин на Македонската амбасада во тоа време ја правеше Ванчо Каргов денешен директор на македонската царина!? Кога тогаш копијата на неговиот наод ќе биде неговиот билетот за Идризово, тоа се дела кои не застаруваат. Ако се прашувате како Ванчо Каргов го доби местото ,директор на Царина на Македонија, најдобро е да ги споите другите два делови на ова писмо,за тоа место треба да биде благодарен на Срѓан Керим,Борис Змејковски и на Горан Трајковски. Павле Трајанов и Слободан Богоевски-Цобе од 1991 година ги поделија бизнисите. Павле Трајанов работеше со храна, а Слободан Богоевски-Цобе со нафта. Белешките за извозите на Силекс и Зинго па до реекспортите на Вардојанис и неговиот главен бодигард се исто така документирани и се наоѓаат во Управата, но зошто се молчи е нејасно, Павле , Цобе, Зинго, Млекце со нивните потрчковци беа главната логистика на Милошевиќ во Македонија. Во УБК постои аудио материјал(запис) во кои Љубисав Иванов изјавува дека на оваа група им платил 5 милони марки??Материјалот датира од 1995 година, јануари месец, снимен за Стара Нова Година. Се увезуваа горива и стратегиски материјали за Српската воена Индустрија исто како Самаковски во Прилеп, Поп-Стефанија во Самоков, а со аминување на Владо Поповски. Богоевски подоцна доста раскажуваше за копиите на книгите односно порно белешките на Владо Поповски.Владо Поповски уредно водел евиденција за своите сексуални авантури ,а Слободан Богоевски и Павле Трајанов наредиле упад во неговата куќа и копирање на истите. Истото се случи и со други двајца други, еден екс секретар на СДСМ како и еден гувернер на Народна Банка на Македонија, што со слики, што со видео материјали.Денес вакви видео материјали поседуваат и за опкружувањето на Црвенковски како и за опкружувањето на Груевски. Цели екипи на полу/полициско подземен криминален свет се ангажирани да работат за нив и тие сега поседуваат стотици досиеа на кодоши но и на родители на актуелни политичари, а посебно за нивните родители, нешто што ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да го искорене овој вграден канцер метастазиран но и СДСМ нема да може да го стори тоа, Македонија уште долго ќе биде неупотреблива со оваа групација. Се сеќавате ли на приказната за швалерката К. на Киро Глигоров. Еве една од кујната на оваа групација па до тоа да Груевски имал чудни љубови?!Операциите им се секогаш слични. Кога СДСМ е на власт ,навикнати од профитот, нивните приказни се пласираат во народот преку 200 до 300 нивни соработници од Скопските кафеани. Најпознатата нивна новинарка Мирка Велиновска кога почнува да пљука по Груевски да знаете дека тоа е знак на менување на страната. Инаку Мирка Велиновска опишувајќи ја нејзината дружба со Богоевски се лустрира сама, но тоа е жално за новинарската фела и за сите оние кои од криминогени побуди држат лекции на некаква емисија на Канал5. Оваа соработка ја опиша Велиновска во неделникот „Фокус „ многу одамна,без страм ни доблест. Канцерот на оваа група е голем и еве неколку примери. Миленко Неделковски неговите судски случаеви се во фиока кај соработник на УБК со одлични релации со Слободан Богоевски. Чомовски е уште еден од соработниците на оваа група.Со притисок го одведоја во МРТВ, нема да биде лустриран се додека е послушен.Пред да замине во МРТВ во А1 им добавуваше важни информации но и пласираше нивни лаги. Оливера Трајковска, безнадежна новинарка, позната по аудио и видео касетите на Павле Трајанов,секогаш ги пренесува умерените лаги на оваа групација. Му ја увалија и на Бучковски но лично Доста Димовска го предупредила за провалата.Сеуште е во контакт со нејзе,служи за пренесување на информации до Орце Камчев но и СДСМ. Катерина Блажевска-никогаш не разбра дека само работеше за нив. Поседуваат аудио видео записи за нејзините љубовни афери.Срѓан Керим им ја подаваше на тацна. Снежана Лупевска-толку ја имаат, да ја увалија кај Мијалков. Незината канцеларија на Бихачка улица редовно ја посетуваат две личности од оваа групација.СДСМ има неколку кртови внатре. Но никогаш нема да поверувате која личност блиска на Црвенковски е во аудио/видео фајловите на оваа групација. Доколку сакате барем една личност од СДСМ да соопштиме-Никола Велковски Господинот доби доста тендери преку неговата фирма. Нека о СДСМ проверат и како. Ова е многу малата личност, маргинална.

Редакцијата на ОхридСкај се оградува во изнесените ставови изнесени во рубриката писма и не се став на редакцијата
28-09-2012, 01:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote: Македонската лустрација повторно пред суд



04.09.2012

Новиот закон за лустрација во Македонија, чија цел е искоренување на поранешните полициски соработници, може да ја доживее судбината на претходниот, бидејќи неговите клучни одредби се повторно оспорени пред Уставниот суд.
Синиша Јаков Марушиќ
БИРН
Скопје


Скопје | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права и пензионираниот адвокат, Стамен Филипов, во две одделни постапки во понеделникот поднесоа иницијатива до Уставниот суд, за оценување на уставноста на 13 одредби од новиот закон за лустрација, донесен во јуни.

„Иницијативата се однесува на временскиот период опфатен со законот и одредбите кои дозволуваат објавување на имињата на поранешни соработници без судски налог, само со одлука на Комисијата за лустрација“, изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Ова е трет пат, од 2008 година кога за првпат беше донесен законот за лустрација, тој да се најде пред Уставниот суд.

Новиот закон за лустрација го туркаше главната владејачка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, откако на почетокот на оваа година Уставниот суд укина 12 одредби од стариот закон.

Судот пресуди дека е неуставно да се обврзуваат луѓе од широк спектар на професии, вклучувајќи го свештенството, новинарите, НВО активистите и други, да дадат официјални изјави дека не соработувале со тајната полиција во текот на комунистичкиот период или периодот по него.

Тој исто така го скрати и временскиот период за кој законот се однесуваше, а кој предвидуваше лустрациски период до 2019 година. Судот пресуди дека лустрацијата може да го покрие само комунистичкиот период 1945-1991 и не периодот откако државата стекна независност и стана демократско општество.

Со новиот закон, лустрацијата ќе се применува до 2006 година, кога беше усвоен Законот за јавен пристап до информациите. Тој и натаму опфаќа лустрација на новинарите и НВО активистите.

„Не треба да молчиме за тенденциозните неусогласености со претходните одлуки на Уставниот суд, кои овозможуваат бесрамни повреди на човековите права“, рече Пировска.

Една од главните новини во новиот закон е можноста Комисијата за лустрација, државна институција задолжена за спроведување на законот, јавно да ги објави имињата и досиеја на лицата кои ги смета за соработници.

Хелсиншкиот комитет реагира и на оваа одредба, тврдејќи дека на комисијата и е дадено правото на суд, што е исто така неуставно, бидејќи не е предвидена жалбена постапка.

Македонија ги следи стапките на многу поранешни комунистички држави кои имаат донесено слични закони, како начин за решавање на неправдите од минатото кои произлегуваат од политички мотивирани судски постапки.

Првиот закон беше проследен со контроверзии, а неговите критичари ја обвинуваа владата за негова злоупотреба, со цел дискредитирање на истакнати интелектуалци познати по своите критики кон владините политики.

Во јули, група на интелектуалци, дел од граѓанската иницијатива Граѓани за Европска Македонија, ГЕМ, покренаа тужби против пратениците од владејачките партии кои гласаа за новиот закон, кој тие го оценуваат како неуставен.
04-10-2012, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote: Новиот закон за лустрација во Македонија е политичка алатка


Претседателот на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, вели дека новиот закон за лустрација ги крши препораките на Советот на Европа и дека е очигледно наменет да ги замолчи и заплаши критичарите на владата.

Синиша Јаков Марушиќ
17.09. 2012 БИРН Скопје

[Image: Uranija%20Pirovska%20Mac%20Helsinki%20Co...%204x3.jpg]
Уранија Пировска, претседател на македонскиот Хелсиншки комитет

Хелсиншкиот комитет, овој септември, соопшти дека оспорил 13 одредбите од новиот закон за лустрација, усвоен во јули, по налог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски и неговите партнери во владата.

Еден од проблемите е временскиот период на кој законот се однесува, 2006 година, а не 1991, кога државата стана независна и воведе повеќепартиска демократија.

Второ, одредбата со која се дозволува објавување на имињата на наводните поранешни полициски соработници, без право на жалба.

Ова е трет пат, од 2008 година кога за првпат законот за лустрација беше донесен, да биде оспорен пред Уставниот суд. Во првите два наврати, судот укина слични одредби.

Пировска, на повторното инсистирање на владата за донесување на законот, гледа како израз на владината желба да ги контролира работите и да ги заплаши критичарите.

БИ: Што примарно најдовте како грешка во новиот закон што ве поттикна да поднесете иницијатива до Уставниот суд?

УП: Главна цел на секој законот за лустрација е да се справи со минатото. Ова е причината зошто Советот на Европа донесе препораки кои се однесуваат на одредени стандарди, кои треба да бидат дел од тие закони. Ова особено се однесува на временскиот рок. Справување со минатото и со личностите кои во минатото имале јавна функција и ги кршеле човековите права, е главната цел на процесот на лустрација, така што тие личности можат да бидат предмет на лустрација.

Затоа Советот на Европа вели дека процесот на лустрација треба [само] да го опфаќа периодот до падот на поранешниот комунистички режим, кој во Македонија се случи во 1991 година. Апсолутна бесмислица е, и е сосема неразбирливо зошто во Македонија временскиот период за лустрација треба да биде до 2006 година, кога беше усвоен Законот за јавен пристап до информациите.

Освен соодветен временски период, секој закон, мора да опфати и соодветна постапка, односно формирање на тело кое ќе биде задолжено за лустрација. Тоа е уште една од точките на која укажавме во нашата иницијатива, бидејќи сметаме дека со сегашниот закон, на Комисијата ѝ е дадена јуриздикција на суд. Како може тело кое не е судско, да има право да донесува одлуки кои имаат ефект на судска одлука – односно да донесува одлуки кои се конечни и без жалбена постапка?

Тоа е неуставно, бидејќи уставот на сите граѓани им гарантира право на жалба на секое дејство кое се однесува на нив. А тело формирано од страна на Владата не може да преземе јуриздикција на суд. Тоа е спротивно на принципите на владеење на правото и на поделба на власта на законодавна, судската и извршна. Но, во овој случај Владата, што значи извршната власт, презема судска улога.

[Image: 4x3Mac%20Lustration%20Commission.JPG]
Македонската комисија за лустрација

БИ: Зарем власта не се повикува на истите препораки на Советот на Европа?

УП: Власта не може да манипулира [со нив] дури и да сака, бидејќи е очигледно дека самиот закон е во спротивност со препораките на Советот на Европа.

БИ: На Комисијата за лустрација сега ѝ е дозволено да ги објави имињата и податоците за лицата кои се сметаат за поранешни соработници. Како гледате на ова?

УП: Тие не можат да ги објават имињата на лицата за кои нашле дека се информатори, без судска одлука. Ова е уште една повреда на препораките на Советот на Европа, во кои се вели дека лицата на кои лустрацијата се однесува, мора да ги уживаат сите права на лица обвинети за криминал. Тие сега ги немаат тие права. И тука не мислиме само на оние кои се лустрираат, туку и на нивните семејства.

Да го земеме за пример последниот случај на лустрација на три лица за кои Комисијата прво соопшти дека двајца од нив биле починати, за подоцна самата да се коригира и да каже дека само еден е мртов. Тоа е неприфатливо.

И која е поентата на лустрирање на пензионирани лица кога целта на законот е да се спречат оние кои ги кршеле човековите права во минатиот систем, да добијат слични јавни овластувања во новиот систем? Пензионираните или починати лица не можат повторно да вршат јавна функција!

БИ: Зарем Комисијата за лустрација не инсистира на тоа дека жртвите имаат право да знаат детали за нивните гонители?

УП: Целта на законот не е луѓето да дознаат кој, на пример, ја издал наредбата која довела до повреда на нивните права, односно правата на нивните блиски. Целта е справување со полициските соработници и даватели на наредби, за да се спречат повторно да вршат јавна функција. Затоа е нејасно зошто сега законот за лустрација ги вклучува, на пример универзитетите, невладиниот сектор и приватните фирми.

БИ: Вашата иницијатива, која се однесува на законот за лустрација, за која Уставниот суд ќе расправа е трета по ред. Имало ли тенденција да им се пркоси на претходните пресуди на судот?

[Image: Macedonia%20Government%20Building%201.jpg]
Зградата на Владата на Република Македонија


УП: Апсолутно! Не е случајно што одново истите одредби се наоѓаат пред Уставниот суд, а кои тој претходно ги поништи. Ова непочитување на одлуките на судот значат непочитување на владеење на правото. Затоа ние повторно поднесовме иницијатива, бидејќи сметаме дека судот мора да биде конзистентен во своите акции. Ако судот ги укинал овие исти одредби од Законот во претходни два наврата, тој мора да остане конзистентен со неговите претходни одлуки и повторно да ги поништи овие одредби.

БИ: Парламентот неодамна назначи три нови судии на судот, според некои, блиски до владејачките партии. Дали постои политички притисок врз судот?

УП: Ние сме свесни за тоа. Може да има некои промени [во работата на судот]. Ако судот овој пат донесе поинаква одлука [од минатите], тоа ќе биде апсолутен пораз на демократијата и уставниот поредок во земјата.

БИ: Новина во новиот закон е проширување на опсегот на лустрација кој сега ги вклучува поранешните директори на државни компании, кои имале корист од нивната приватизација. Ова треба да биде дел од лустрацијата?

УП: Државата нема право, преку овој закон, да се меша во тој сегмент. Претприемачите и бизнисмените не се луѓе кои имале јавни служби. Очигледно е кој треба да биде подложен на лустрација. Оние кои работеле во полицијата, обвинителството, судството и во другите државни институции, кои во одредена форма вршеле спроведување на инструментите кои им биле доверени. Тоа се луѓе кои биле вработени во државната служба и кои биле во позиција да ги кршат човековите права, а не луѓе кои работеле во компаниите.

БИ: Тогаш, зошто законот дозволува лустрација не само на носителите на јавни функции, туку и на бизнисмени, новинари, НВО активисти, на свештенството, професори, практично на сите други?

УП: Тенденцијата е јасна. Овој закон е донесен во форма што би послужила како инструмент за справување со сите оние кои не се согласуваат со владините политики. Ако се земат предвид сите минати дејства на Комисијата за лустрација и лицата кои беа избрани да бидат лустрирани, ова е очигледно.


[Image: Macedonia%20Constitutional%20Court%20Jud...photo).jpg]
Уставен суд на Република Македонија

Со последните измени на законот, владата се обиде да ја камуфлира својата намера да лустрира широк спектар на професии. Со одредбите од минатото, стриктно беа именувани различни професии. Но, со новите, секој кој се сомнева [во некого] може да побара лустрација на одредени индивидуи. Ова им дава одврзани раце да лустрираат кого сакаат, бидејќи законот не наведува дека лустрираните лица треба да бидат поранешни вработени во јавните служби. За мене не постои дилема дека законот е во колизија со препораките на Советот на Европа.

Не е случајно што некои држави, како Словенија, решија да не го спроведат процесот на лустрација. Тие оценија дека нема таков закон кој би можел да биде доволно концизно имплементиран, а да не прекрши некои други човекови права на други лица. Државите кои усвоија закон за лустрација, како Бугарија или Унгарија, им нанесоа големи штети на човековите права.

БИ: И за вие и за Комитетот велат дека сте на страна на поранешните полициски соработници. Што мислите?

УП: Во оваа земја е лесно да бидеш етикетиран. Доволно е само да критикувате или да се сомневате во активностите на владата и нејзините органи, па да бидете етикетирани како непријател на државата ...Не сум изненадена. Бев подготвена за ова кога ја презедов функцијата. Тоа нема да ме спречи да ја извршувам својата работа, да ги заштитувам човековите права.

05-10-2012, 12:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Поглед од друга агол на Иницијативата за оценување на уставноста на некои членови од законот за лустрација поведена од "Хелсиншки Комитет"


Дека законот за лустрација и овој и оној предходниот се лоши се слагам 100%. Но уште полошо е кога под превезот на заштита на човекови права се прави обид да се прикрие злостор, кршење на индивидуални човекови права а злосторниците да останат неказнети. Тоа во демократски свет се третира како соучесништво.

За какво соучесништво се работи, дали со умисла или од недоволно познавање на проблематиката не би сакал да судам. Не едно е јасно, сочесништво има, имаме два премногу јасни показатела за соучесништвото.
Првиот е во АРГУМЕНТОТ со кој е оспорена лустрацијата.

Господинот Стамен Филипов минатиот пат заедно со Фондацијата Отворени Општество го оспори законот пред Уставниот суд. На таа одлука денеска се повикува повторно господинот Стамен Филипов но сега во придружба му е "Хелсиншкиот Комитет". Да се потсетиме на тоа кој беше
главениот аргумент во преставката :

-"Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на ДРЖАВА, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.
Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ. Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!"


Кој го прифати Уставниот Суд и донесе решение дека:

"Лустрацијата може да го покрие само комунистичкиот период 1945-1991 и не периодот откако државата стекна независност и стана демократско општество."

Почитувањето на ИНДИВИДУАЛНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ не се мери по донесениот Устав, туку почитувањето на индивидуалните човекови права и слободи се мери според примената и почитувањето на Уставот и меѓународните конвенции за почитување на ИНДИВИДУАЛНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ.
Затоа делот во кој се повикува/л Филипов, а сега и "Хелсиншки комитет", дека органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ е неспорен и дека нивната одговорност е само во случаеви кога тие ги пречекориле овластвањата предвидени со тие закони и прописи.
Меѓутоа, онаа што го игнорирал Уставниот суд со мината одлука а денеска тоа го прави "Хесиншки Комитет" е фактот дека се работи за носење на прописи и уредби од страна на ВЛАДИТЕ на РМ кои се косат со Уставот и меѓународните конвенции за заштита на индивидуалните човекови права. "Хелсиншки Комитет" како и Уставниот суд, забаоравиле и забараваат дека и во плуралистичко општество Владите се ИДЕОЛОШКИ, владата ја формира победничкаа партија на изборите, така да носењето закони кои биле за ПОТРЕБА НА ВЛАДИТЕ, значи и можна ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВЛАСТ на една партија или една идеологија.

За носење неуставни закони за работа на СДБ од страна на власта во период по 1991 година односно за периодот по носењето на новиот устав има неколку илјади непобитни докази. Тие докази се неколкуте илјади отворени досиеа на лица кои биле оценети како ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ противници на власта и нивната идеологија.
Одтука отпаѓа арументот дека со новиот Устав е прекината праксата од времето на едноумието за прогон на идеолошки и политички противници.

Како потврда на ова погоре напишано може да се посочат и настапите на ГЕМ-Граѓани за Европска Македонија, иако нивните обвинувања за кршењето на индивидуалните човекови права не се поткрепени како кршењата на човековите права за период 1991-1998 година. Но сепак нивните укажувања имаат одредена тежина, тие лустрацијата за период после 1991 година ја оспорува како и "Хелсимншки Комитет" сега, со приказната дека 1991 година, е донесен нов демократски устав. Колку што ме држи секјавањето промени на Уставот не се направени во мандатот на овааа власт. Значи Уставот како што напишав погоре не е пречка за кршење на индивидуалните човекови права.
Вториот аргумент за соучесништво е во тоа што ниеден од оспорувачите на законот за лустрација не предложи начин како да се спроведе лустрацијата. Односно начин како да се казнат вистинските злосторници.
Постои една фраза која им е омилена на лажните поборници за почитување на индивидуалните човекови права а која гласи: "оние кои ја злоупотребиле службената положба да се гонат по судски пат". Да, но прогонот по судски пат е НЕВОЗМОЖЕН.

Причина за невозможноста е во ЗАСТАРЕНОСТА. Имено доказите со кои располагаат ЖРТВИТЕ се за периот 1945-1998 година, значи застареноста настапила 2008 година.

За да "Хелсиншки Комитет" го отргне од себе сомнежот дека сака да ги заштити злосторниците треба да се придружи на барањето на Комитето за Демократизација на Македонија во барањето на примена на членот 7 од Резолуцијата 1096 на Советот на Европа а со тоа и овозможување на жртвите да можат да ги тужат потенцијалните виновници а и на обвинетите да им се даде можност да ја докажат својата невиност.
09-10-2012, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Ви препорачувам да ја чуете рецензијата на Госпоѓа Ременска:





06-11-2012, 11:00 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0

Ѓунер Исмаил лустриран

Ѓунер Исмаил денеска е лустриран. Комисијата за верификација на фактите со надгласување донесе одлука според која поранешниот министер бил соработник на безбедносните служби. Ваквото решение повотрно ги подели членовите на комисијата – еден дел смета дека претседателот Томе Аџиев продолжува со самоволието и со кршењето на законите. Исмаил вели дека во целост ја игнорира работата на комисијата и дека се работи за политички монтиран случај.

,,Комисијата денеска со 6 гласа за, 3 против и 2 воздржани одлучи дека поарнешниот министер и портпарол на влада бил соработник на безбедносните служби. Тоа е поткрепено со соодветни документи од МВР, според кои, тој како класен наставник давал изјави поврзани со негови ученици,, - вели Предраг Димитровски – портпарол на комисијата за лустрација.

,,Тие кои гласаа за покажуваат дека немаат никаква врска со законите. Тој давал изјави бидејќи бил повикан од полицијата откако неговите ученици, кои претходно биле под оперативна обработка, биле приведени. Изјави давале и други професори, така што неговото однесување не покажува соработка со безбедносните служби,, - изјави Чедомир Дамјановски – член на комисијата за лустрација.

,,Со ваквото однесување претседателот на комисијата Томе Аџиев само продолжува со самоволието и кршењето на законите и ја води комисијата во пропаст,, - вели Јанаќе Витаноски – члена на комисијата за лустрација.

16-11-2012, 06:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ЛУСТРАТОРИТЕ ПРОНАЈДОА УШТЕ ЧЕТВОРИЦА СОРАБОТНИЦИ
Поранешниот министер за култура поткажувал за албански национализам

Ѓунер Исмаил, поранешен министер за култура и портпарол на една од поранешните влади на СДСМ, е меѓу четворицата поранешни функционери за кои комисијата за лустрација вчера утврди дека биле соработници на тајните служби. Освен за Исмаил, лустраторите го потврдија соработничкото минато и на познат писател, кој во минатото бил директор на неколку институции од културата, како и на судија во Основниот суд во Kичево и директор на јавно претпријатие во Битола.
Членовите на Kомисијата за верификација на фактите на вчерашната седница утврдија дека Исмаил во минатото соработувал во полициската акција „Трговци“.

- Тој кодошел малолетни ученици од средното трговско училиште во кое бил класен раководител. Причина за тоа било што настапувале од позиција на албански национализам и иредентизам - изјави портпаролот на Kомисијата, Предраг Димитровски.
Меѓу лустраторите имало несогласувања дали според доставените докази треба да се расправа за овој предмет, кој еднаш веќе беше отворен во декември минатата година.

Исмаил ги отфрла ваквите тврдења и го оспорува легитимитетот на Kомисијата.

- Ја игнорирам Kомисијата и нејзината работата. Таа не верификува факти, туку интерпретира. Овој чин е доказ дека власта се плаши од мене. И треба да се плаши - категоричен е Исмаил, кој вели дека нема да поднесе жалба до Управниот суд.

Одлукава на Комисијава ја покажа целата слабост на законот. Еве зошто го велам ова: Исмаил бил повикан на сослушување од страна на испектор на СДБ, ако не се оптповикал ке бил приведен, значи морал да појде. Што сведочел, дали лажел за активноста на следните или ја кажал вистината Комисијатааа не е верификувана да носи оценка.
Ако ја говорел вистината тој не ги кодошел, ако лажел и сервирал приказна која сакала да ја слушне СДБ тогаш тој е кодош, ама пак тоа неможе да го утврди Комисијата. Таква одлука може да донесе само Суд.
17-11-2012, 04:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Ѓунер Исмаил да каже како неговите ученици завршиле во затвор



Наместо да зборува за минирање споменици, подобро е Исмаил да се сконцентрира на документите што ќе ги објавиме, а се однесуваат на неговата соработка со тајните служби, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите


[Image: tome-adziev-D-Andonovski-1.jpg]

ТОМЕ АЏИЕВ ГО ПОВИКУВА ЛУСТРИРАНИОТ ЕКСМИНИСТЕР

Поради кодошењето на Ѓунер Исмаил во 1980-тите години, група ученици настрадале со тоа што биле исклучени од училиштето, прекршочно казнети, а дел од нив завршиле и во затвор, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите, која во петокот го лустрира поранешниот министер во Владата на СДСМ.

- Наместо да зборува за рушење и за минирање споменици и објекти, подобро е Ѓунер Исмаил да се сконцентрира на документите што в понеделник ќе ги објавиме, а се однесуваат на неговата соработка со тајните служби.

Никој ништо не ни подметнал нам како на комисија, ниту пак некој се плаши од Ѓунер Исмаил за да не го спроведеме процесот на лустрација понатаму. Сето ова што тој го говори по медиумите е само замајување на јавноста и дефокусирање на вниманието. Ние пронајдовме документи и во тие документи јасно стои дека тој бил соработник и ги кодошел учениците на кои им бил класен раководител. На службите им кажувал дека таа група ученици пееле албански песни и името на државата Албанија го пишувале со големи букви. Токму поради ова, овие млади луѓе биле избркани од училиштето, против нив биле поведени прекршочни постапки и биле казнети, а неколкумина од нив завршиле и во затвор. Ѓунер Исмаил треба да каже дали е ова вистина или не е, а не да зборува за сосема други работи што немаат врска со лустрацијата - вели Аџиев.

Во СДСМ се дискутира радикално

Тој додава дека во текот на денешниот ден ќе бидат објавени сите документи, така што вистината комплетно ќе излезе на виделина.

- Ѓунер Исмаил сам си придава важност што ја нема. Свесен е дека е виновен, па кога веќе ќе биде лустриран сака тоа да го направи со голема помпа, која нема да му помогне - вели Аџиев.



Да сочекам да ги видам службените белешки па да коментирам.
19-11-2012, 03:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Djuner-D_1.jpg]

Во службената белешка се вели дека Ѓунер Исмаил е ОПЕРАТИВНА ВРСКА. Неверувам, односно нема логика, опретивната врска да биде користена само во еден случај.
Источните Германци имат тим од 1800 луѓе кои работи на "составување" на досиеата или поедноставно кажано, изнаоѓа во колку досиеа е користена Оперативната врска. Тие податоци потоа можат да ги користат прогонуваните во судските постапки.
Во овој случај Исмаила неможат да го гонат жртвите бидејки делото е застарено.
(This post was last modified: 20-11-2012, 03:04 AM by ЈорданПетровски.)
20-11-2012, 03:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустриран писателот Паскал Гилевски


Комисијата за верификација на фактите денеска го објави тајното досие на ликовниот уметник и писател Паскал Гилевски, кој, според Комисијата имал соработнички однос со Службата за државна безбедност на поранешна СФРЈ.
Во обемното досие на Гилевски е наведено дека тој бил евидентиран под псевдонимот „Глигор“, а за услугите кон СДБ примал и паричен надоместок.
Од тајната служба Гилевски бил следен уште во 1958 година, кога почнала неговата оперативна обработка по основ на македонски национализам и шовинизам. Тоа во одлуките на СДБ е објаснето дека тој бил родум од Егејска Македонија и имал добри врски со децата бегалци од Грција, па можел да и послужи на службата за подобра информираност.
Во неговиот делокруг на наводно тајно дејствување се споменува и акцијата Мод, организрана од СДБ, а наводно имал задача да „внимава“ на некои поистакнати македонски државјани кои работеле во некои издавачки куќи.
Гилевски бил и директор на Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, член е на Унгарската академија на науките и уметностите и член на Македонскиот ПЕН центар.
Во својот писателски опус има напишани десетина раскази, романи и поезија. Добитник е на наградите „Григор Прличев“, „11 Октомври“, „Стале Попов“ и „Кирил Пејчиновиќ“, но е одликуван и од унгарската и француската влада.



Преку досиево на Паскал Гилевски се потврдува нашата констатација дека на УДБа најважно и било да придобие нов соработник.



(12-01-2011, 05:13 PM)Администратор Wrote: ЛУСТРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ


Пак да се вратиме на кодошите. Службата има еден специфичен начин на работа. Имено, прогонот не го прави за да на Прогонетиот ("Предмет на Обработка") му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избирала средства или начини. Најчест метод беа уцени со нешто од што жртвата, "Предметот на Обработка", се плашела да излезе во јавноста - прељуба, ситен криминал, лична тајна и слично; како и местенка на некој проблем за кој Службата на "Предметот на Обработка" ќе му понуди помош за решавање - на пример, задолжување кај лихвар, стопирање на судски предмет и слично. Откако службата ќе го добиела новиот кодош, почнувала со поставување на задачи кон истиот, т.е. обработка на нов "Предмет".

(This post was last modified: 20-11-2012, 02:21 PM by ЈорданПетровски.)
20-11-2012, 02:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Да го повторам линкот до страницата на комисијата.



(03-08-2012, 05:03 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: log2mk.png]



Регистар на лица за кои Комисијата утврди дека го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето на јавна функција

20-11-2012, 03:16 PM
Reply