Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Милчин повторно прогласен за соработник на службите

[Image: milcin.gif]
Комисијата за лустрација по новиот закон денеска прогласи 11 соработници на тајните служби, меѓу кои и Владимир Милчин и Слободан Угриновски.

Се работи за истите оние кои со претходните одлуки на Комисијата беа обележани како соработници, меѓутоа тогаш одлуките станаа ништовни со решение на Уставниот суд.

Одлуката, според дел од членовите на Комисијата е директно кршење на Уставот, поради тоа што никој не треба да биде јавно обележан се додека и Управниот суд не се произнесе.

-Јавниот обвинител да реагира и да покрене постапка против еден интернет-портал затоа што објавил имиња, пред Комисијата, побара Јанаќие Витаноски.

Претходно денеска Владимир Милчин објави документи со кои се потврдува дека тој бил следен и опративно обработуван од некогашната југословенска државна безбедност, од политички и идеолошки причини.

Милчин најави тужба до Управниот суд, против лустраторите ако нивното решение потврдува дека бил соработник.
30-07-2012, 05:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Комисија за лустрација: нови 11 соработници со тајните служби

[Image: komisija-lustracija.jpg]

Комисијата за лустрација со мнозинство гласови потврди дека 11 актуелни и поранешни функционери соработувале со тајните служби. Овие единаесетмина се по вторпат пред Комисијата, откако Управниот суд ги поништи по одлуките на Уставниот суд.

Меѓу досиејата на функционерите кои повторно се лустрирани, сега според новиот закон, се и: досие „Драматург“ на поранешниот декан на Факултетот за драмски уметности и сегашен директор на невладина организација, како и досието „Корбизие“ на актуелен советник во Град Скопје. Во лустрираните има и актер, поранешен врховен судија, некогашни функционери во администрацијата.

Комисијата во рок од три дена ќе ги објави имињата на својот веб сајт, а потоа ќе ги извести органите каде лустрираните се на функција и тие би требало да бидат отпуштени. Лстрираните кои не се на функција немаат право да се кандидираат за државни или локални функции или да конкурираат за вработување во нив.

Томе Аџиев, претседателот на комисијата вели дека постапката е законска, додека неговите противници сметаат дека се крши Уставот и го повикаа државниот обвинител да поднесе обвинение против него.

(This post was last modified: 30-07-2012, 06:06 PM by ЈорданПетровски.)
30-07-2012, 06:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

03-08-2012, 05:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Николче Јован Бабовски

Сите документи почнувајки со ПРЕДЛОГОТ за АНГАЖИРАЊЕ ЗА СОРАБОТНИК Ев.бр.106 од 14.04.1998 година па се до ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА СОРАБОТКА од 15.03.2010 година Сд.бр.32.15-60/1 се за неговата "активност" во ОИ "ТЕНДА" односно асоцијација на власите "Браќа Mанаки".
Во ПРЕДЛОГОТ за АНГАЖИРАЊЕ ЗА СОРАБОТНИК стои ова:

Quote:...ветеринарен факултет во Белград. Во тој период бил мошне активен во студенската организација и еден од иницијаторите и предводниците на македонските студенти во СРЈ.
Во минатиот период Бобовски Никола активно се користел по известителна линија спрема СРЈ под псевдоним "ВЕТЕРИНАР" при што беше континуирано присутен со актуелни сознанија.

За што известувал Николче Јован Бабовски по известителната линија на СРЈ нема ни збор!! Зошто??
04-08-2012, 12:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Латас го притиска Аџиев

[Image: latas-ivona-adziev.gif]
Според информации на Охридскај во досието кое се води во комисијата за верификација на фактите против Коста Лазар Балабанов се споменува името на таткото на Ивона Талевска актуелна уредничка на ТВ Сител и весникот Вечер, Тррифун Талевски, кој своевремено работел како новинар во МТВ.

Латас според извори на Охридскај деновиве правел голем притисок врз Аџиев да се избрише досието на Талевски кој сега ужива во пензионерските денови, а во 1968 година за време на студентските протести бил соработник според досиеата во архивот на УБК на тајните служби.

Инаку, врз Балабанов комисијата за фактите води случај кој е недокажан, а Балабанов е еден од ретките кои има големо значење за сузбивање на грчката тајна служба во Македонија, кој работел во интерес на Македонија, а не како кодош кој ги загрозува интересите на државата.
(This post was last modified: 04-08-2012, 06:20 PM by ЈорданПетровски.)
04-08-2012, 06:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Што се зборуваше за новите лустрирани?

Комисијата за верификација на фактите на својата веб страница ги објави имињата на уште 12 лица за кои утврди дека биле соработници на тајните служби, поради што го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето јавна функција.

За овие 12 случаи веќе се зборуваше во јавноста и се дебатираше на социјалните мрежи. Тогаш извори запознаени со досиејата говореа дека имало интересни моменти.

Меѓу 12-те имиња кои денеска се најдоа на официјалниот сајт на Комисијата за верификација на фактите се и оние на Хисен Шаќири, Киро Дојчиновски, Михаил Андреев, Петар Целакоски и новинарот Мустафа Спахију.

На пример Хисен Шаќири, познат општествен работник, татко на познат пејач и позната водителка, во 90-тите години изворите велеа дека давал информации за албански структури, со особен осврт на информации за Арбен Џафери и Мендух Тачи.

Киро Дојчиновски пак, поранешен пратеник од опозициската партија СДСМ, бил задолжен да го покрива Институтот за историја.

Како што беше тогаш посочено, меѓу субјектите за кои известувал Дојчиновски специјално место имал академикот Блаже Ристовски, за кого Дoјчиновски ги брифирал службите. Тој исто така, според изворите, давал информации и за поетот Михаил Рендџов, за Гане Тодоровски, историчарот Михајло Георгиевски и Александар Козаревски.

Михаил Андреев од Велес, како што беше тогаш посочено, информирал на тема македонски националисти од 1990 до 1994 година.

Поранешниот директор на Дoмот на Културата во Битола, Петар Целакоски, според изворите, бил задолжен за дознавање и предавање информации од битолските културно-уметнички кругови, писатели, поети и новинари.

Мустафа Спахију е уште еден новинар покрај Шаќири на листата од нови 12 лустрирани. Изворите велат дека Спахију имал задача да покрива новинари.

Поранешниот потсекретар на МВР Стојн Чамински, како што тогаш се зборуваше во јавноста, познат е по третирање на лица осомничени од УДБА за македонски национализам

Покрај имињата на Шаќири, Дојчиновски, Андреев, Целакоски, Чамински и новинарот Мустафа Спахију во останатите 6 лустрирани лица кои денес ги објави КВФ се наоѓаат и: Ѓорги Прцуловски (поранешен претседател на општина Ресен ), Трендафил Ивановски (претседател на Уставен суд), Миленко Габер (поранешен директор на Заводот за вработување Берово), Киро Јанчев (поранешен директор), Бранко Темов (член на УО) и Реџеп Златку, кој е лустриран по службена должност.

За овие 12 лица досиејата не се поставени на веб страницата на Комисијата.

Нели законот ке ги опфати и извршителите и налогодавачите. Досега ниту збор за нив.

05-08-2012, 06:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Жртвите навалија да видат кој ги кодошел

Извори од Kомисијата велат дека меѓу четирите барања поднесени од страна на жртвите засега нема звучни имиња, но ниту демантираат ниту потврдуваат дали станува збор за граѓани што биле кодошени од новите 11-мина кои во петокот ги лустрира државата затоа што за личен интерес на тајните служби им давале информации за политичките, идеолошките или партиските определби на граѓани од нивното опкружување.

Фрчковски не е звучно име или пак мојата ИНИЦИЈАТИВА не е "стасана" до комисијата.!!??

(30-01-2012, 04:33 AM)ЈорданПетровски Wrote: Конечно во декември мината година му дојде редот за проверка на изјавата на Фрчковски. Јас на Комисијата за Проверка на Факти по втор пат ја упатив мојата Иницијатива. Може да се види дека е уредно примена и заведена.

[Image: scan0588.jpg]

[Image: scan0589.jpg]

[Image: scan0590.jpg]
05-08-2012, 11:47 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(05-08-2012, 11:47 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Чекај, Јордане, нешто не ми е јасно. Дали е тој истиот Фрчковски што секој вторник, порано во Дневник, а сега во дневниот Фокус го критикува Никола Груевски и актуелната Влада!? Ако е тој истиот Фрчковски, ова е класичен пример за толерантност на Владата и нејзиниот Премиер кон своите идеолошки и политички неистомисленици и политички протовници. Што е супер и е за поздравување. Или, нешто ке е друго!?

06-08-2012, 11:15 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(06-08-2012, 11:15 AM)hristo Wrote: Чекај, Јордане, нешто не ми е јасно. Дали е тој истиот Фрчковски што секој вторник, порано во Дневник, а сега во дневниот Фокус го критикува Никола Груевски и актуелната Влада!? Ако е тој истиот Фрчковски, ова е класичен пример за толерантност на Владата и нејзиниот Премиер кон своите идеолошки и политички неистомисленици и политички протовници. Што е супер и е за поздравување. Или, нешто ке е друго!?

Христо, тоа се само две крила на една иста групација, и двете групации ја заменија едноумната идеологија и со полни џепови ја напаѓаат рајата со новата идеологија наречена Европејство.
Порано и жртвите и кодошите беа третирани под житото за да се претстави привид на мирен живот, а сега мора секој банда да кокодака држте го крадецот за власите да не се сетат дека им се празни џеповите и душата.
Поздрав

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
07-08-2012, 02:36 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(07-08-2012, 02:36 AM)montehristo Wrote:
(06-08-2012, 11:15 AM)hristo Wrote: Чекај, Јордане, нешто не ми е јасно. Дали е тој истиот Фрчковски што секој вторник, порано во Дневник, а сега во дневниот Фокус го критикува Никола Груевски и актуелната Влада!? Ако е тој истиот Фрчковски, ова е класичен пример за толерантност на Владата и нејзиниот Премиер кон своите идеолошки и политички неистомисленици и политички протовници. Што е супер и е за поздравување. Или, нешто ке е друго!?

Христо, тоа се само две крила на една иста групација, и двете групации ја заменија едноумната идеологија и со полни џепови ја напаѓаат рајата со новата идеологија наречена Европејство.
Порано и жртвите и кодошите беа третирани под житото за да се претстави привид на мирен живот, а сега мора секој банда да кокодака држте го крадецот за власите да не се сетат дека им се празни џеповите и душата.
Поздрав

E, Монтехристо, ти така велиш. Но, да видиме што ке каже патриотот Пулс, нашиот новодојден член за оваа работа? Дали и тој ке се сложи со ова твое тврдење?

07-08-2012, 11:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(04-08-2012, 12:56 AM)ЈорданПетровски Wrote: Николче Јован Бабовски

Сите документи почнувајки со ПРЕДЛОГОТ за АНГАЖИРАЊЕ ЗА СОРАБОТНИК Ев.бр.106 од 14.04.1998 година па се до ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА СОРАБОТКА од 15.03.2010 година Сд.бр.32.15-60/1 се за неговата "активност" во ОИ "ТЕНДА" односно асоцијација на власите "Браќа Mанаки".
Во ПРЕДЛОГОТ за АНГАЖИРАЊЕ ЗА СОРАБОТНИК стои ова:

Quote:...ветеринарен факултет во Белград. Во тој период бил мошне активен во студенската организација и еден од иницијаторите и предводниците на македонските студенти во СРЈ.
Во минатиот период Бобовски Никола активно се користел по известителна линија спрема СРЈ под псевдоним "ВЕТЕРИНАР" при што беше континуирано присутен со актуелни сознанија.

За што известувал Николче Јован Бабовски по известителната линија на СРЈ нема ни збор!! Зошто??

Quote:Комисија за верификација на фактите на УБК?

[Image: paradoksi_lustracija_1_1.jpg]

Комисија за верификација на фактите на Република Македонијанеодамна објави 11 „Решенија со кои се утврдува соработката со органите за државна безбедност“. Под секое решение беа објавени и извесни документи како докази. Интересно, неколку документи кои се понудени како докази за лустрирањето на соработникот „Ветеринар“ се создадени токму во време на владеењето на Никола Груевски.

Комисијата за лустрација утврди дека лицето со псевдоним „Ветеринар“ (кандидат за пратеник) било „тазе“ соработник на тајните служби од 14.04.1998 па се до 15.03.2010!?! При утврдувањето на соработката со службите, лустраторите се повикуваат на повеќе документи, од кои пет се создадени од УБК контролирана од првиот братучед на Груевски.

Комисијата со решение го лустрираше „Ветеринар“, меѓу другото, затоа што:
„...обезбедува сознанија за вклученоста на ДКП во Грција и Романија (нејасно е што е ДКП; заб. Ж.Т.). И односите на двете новоформирани асоцијации „Око“ и „Пелагонија“. Исто така, презентирал сознанија од безбедносен карактер по линија на спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба и Разузнавачките служби на Србија.“ Решението се повикува и на 5 докази (документи) кои се создадени во перидодот од 3.10.2006 до 15.03 2010.

УБК создавала непобитни факти?

Ако им веруваме на „фактите“ создадени од службите (како што тоа слепо го прави Комисијата), тогаш „Ветеринар“ бил долгогодишен соработник на службите, со „решение за ангажирање на соработка“ од 1998.

Меѓутоа, клучната дилема по читањето на „доказите“ на кои се потпира Комисијата за лустрација е: Дали „Ветеринар“ давал информации од безбедносен интерес за државата, или пак информации со кои се прекршени основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини?

Лустраторите објавија политички досиеја и на „Големиот братучед“?

Со новиот контроверзен закон, со кои се газат претходните одлуки на Уставниот суд, Комисијата за лустрација има мандат да утврдува соработка и „од политички, идеолошки и партиски причини од 17 ноември 1991 година до денот на започнувањето на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“. Но, зошто тогаш комисијата објави докази за соработништво и по 1 септември 2006, имајќи предвид дека лустрацијата е законски ограничена до овој ден, кога започнува примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер?

Зошто тајните служби под раководство на „Големиот братучед“продолжиле да користат извори „на конспиративен начин“ и по 1 септември 2006, кои информирале за активности не само на амбасадори и конзули, туку и за здруженија на граѓани, па дури и тогашни пратенички и други политички активни лица?

Најпосле, зошто Комисијата го лустрира „Ветеринар“ и не им поклонува верба на „фактите“ од строго доверливите документи на УБК кои одат во прилог на тезата дека соработникот информирал од безбедносни, а не од политички причини? Имено, при обидот за возобновување на соработката во 2008, на „Ветеринар“ му било објаснето дека иако требало да информира за политички активно лице „интересот на УБК нема никаква политичка позадина и дека интересот е чисто безбедносен“?

Секој што соработувал со „Големиот братучед“ може да биде лустриран

Комисијата за лустрација објави строго доверливи документи од кои се гледа дека соработникот работел на „спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба“, користејќи притоа и свои блиски извори кои воопшто не се заштитени. Но, зарем со објавувањето на овие информации не се компромитира работата на контра-разузнавачките служби инивните извори кои давале информации од безбедносен карактер за работата на странските служби?

Во предлогот за престанување на соработката со „Ветеринар“ од 2010 стои дека „спрема истиот во наредниот период ќе биде спроведувана мерката засилен оперативен надзор“. Во истиот предлог стои дека кај „Ветеринар“ отсуствува расположение за продолжување на соработката со УБК поради спроведувањето на Законот за лустрација.

Практично, Комисијата за лустрација објави „факт“ на УБК со кој се докажува дека Законот за лустрација навистина ги обесхрабрува соработниците да продолжат со работата на „спротиставување на дејноста на Грчката разузнавачка служба“ и другите странски служби.

Исто така, комисијата за лустрација испрати порака дека секој што соработувал со „Големиот братучед“ може да биде ем јавно лустриран, ем предмет засилен оперативен надзор на тајните служби.

Кој ќе ја понесе одговорноста за прекршените човекови права?

Комисијата за лустрација утврди дека „Ветеринар“ соработувал со органите за државна безбедност, при што се кршени или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или идеолошки причини не само во комунистичкиот режим, и не само од 17 ноември 1991 година до денот на започнувањето на примената на Законот за слободен пристап доинформации од јавен карактер,туку и по 1 септември 2006 година кога со УБК директорува „Големиот братучед“.

Затоа, ако Комисијата за лустрација и доказите што ги прифаќа „држат вода“, тогаш логично е да се постават следниве прашања:

Кој ќе ја понесе политичката и кривичната одговорност за прекршените човекови права со продолжување на полнењето досиеја водени од политички и идеолошки причинии во периодот по 1 септември 2006 година?

Кој му дал овластување на „Големиот братучед“ да продолжи со следењето на здруженија на граѓани, пратеници и други политички активни лица, користејќи ги соработниците од својата мрежа?

Најпосле, зошто Комисијата за лустрација го обелоденува само името на информаторот, а ги заштитува имињата на вработените во УБК, кои се практично главни прекршувачи на човековите права (ако е точно дека навистина воделе досиеја од политички или идеолошки причини)?

Дали Јавниот обвинител и Народниот правобранител ќе преземат соодветни кривични мерки против одговорните во УБК кои, според Комисијата за лустрација, продолжиле да водат идеолошко-политички досиеја со користење тајни соработници и по 1 септември 2006 година?

Жарко Трајаноски (Псевдоним – „Зомбификација“)

(This post was last modified: 07-08-2012, 06:55 PM by ЈорданПетровски.)
07-08-2012, 06:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Околу 500.000 Македонци, меѓу кои и високи функционери од власта и нивни роднини биле кодоши?!

Добро упатен полициски извор, кој инсистираше да остане анонимен, поради специфичноста на материјата и податоците, а на кого му побаравме и снимено интервју кое го одби, ексклузивно за Либертас тврди дека високи функционери од власта, кои сега се вклучени во лустрацијата и нивни блиски роднини биле соработници на тајните служби за што постојат и документи. Нашиот извор информира дека еден од поддржувачите на лустрацијата, активен политичар, има сојузно досие, така бил на високи позиции во претходниот, но и во овој државен систем. Активен политичар со десна политичка определба добил државен стан од тајните служби. Досието на претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, е целосно фалсификувано во МВР, тврди висок и добро упатен полициски извор.

[Image: dosieja%20za%20tema.jpg]

Висок функционер од власта кој е вклучен во процесот на лустрација со досиејата бил соработник на тајните служби во претходниот систем, за Либертас говори добро упатениот полициски извор. Според него татко му бил бугарски чиновник за што лежел во Идризово, а излегол со потпис дека тој и неговиот син ќе соработуваат со државната служба. Сега синот е на висока позиција доделена од ВМРО - ДПМНЕ и активно учествува во работата со досиејата и лустрацијата. Блиски роднини на актуелен висок владин функционер биле на високи позиции во претходниот систем благодарение на соработката со тогашните служби. Политичар кој е активен, со десна политичка определба, добил стан од државната безбедност што се уште го поседува. Така службите воспоставиле контрола врз него и влијаеле да се откаже од соработката со хрватски функционери со кои македонскиот политичар заговарал војна во Македонија.

Висок полициски извор за Либертас тврди дека постојат документи за околу 500 илјади живи граѓани во Македонија дека соработувале со тајните служби. Документација за многу од нив постои, тврди нашиот извор.

10-08-2012, 05:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Полемика - Без суд, нема досиеја на интернет. Да се расчисти со комунистичкото минато

[Image: ADEC0F5C383D0F45995946A2E4D23602.jpg]

Дали досиејата треба да бидат достапни на интернет, зошто со лустрирањето се опфатени само пониските ешалони, а не и нарачателите и корисниците на информациите..., се дел од прашањата, на кои во денешната полемика одговараат Стојан Андов и Јован Донев

ПРАШАЊА:

1. Што мислите за интернет лустрацијата. Дали досиејата треба да бидат достапни за секој граѓанин со неколку клика на глувчето и дали, според вас, со тоа не се врши деградирање на посочените без одлука на судот?

2. Можно ли е ваков чувствителен закон, чија базична цел е да донесе општествено помирување, да се спроведе без консензус, спротивно на она што го налагаат меѓународните стандарди?

3. Дали законот за лустрација е донесен со цел да се рехабилитираат жртвите или само за пресметка со соработниците. На кој начин е тоа решено во другите земји, кои со време го поминаа овој болен процес?

4. Зошто се на тапет ниските ешалони, оние кои им дошепнувале на тајните служби, а никој не ги чепка нарачателите, обвинителството, судиите, поротите, поточно главните креатори на прогонот?

5. До каде ќе оди целиот овој процес. Можно ли е ситуацијата да експлодира и да придонесе за уште поголема поделба во општеството, во моментите кога државниот врв повикува на единство?

[Image: 0263F7B1DD96C344BD0EC226DEABD87B.jpg]
Стојан Андов

Без суд, нема досиеја на интернет

Горан Адамовски

1. Кај нас фактички, според Уставот, е неопходна двостепена постапка. Значи, било кој орган, Комисијата, на пример, кога ќе донесе решение, мора да има и второстепена постапка која е неопходна за да може тоа решение да важи или не, оти во првостепената може да се поништи. Во овој предмет, меродавен е Управниот суд и никој не може да го минимизира. Што ќе каже Управниот суд - тоа е. Комисијата директно да ги објавува досиејата - не може.

2. Дали е можно е една работа, а дали е добро - тоа е друга работа. Очигледно можат, си направија таков закон. Видете, треба текст на Законот кој е усогласен, кој фактички ќе ги застапува опциите на сите политички партии во парламентот. Така постапивме кога јас го предложив Законот. Ни тогаш немавме конзенсус, па чекавме една година за да се' добие целосна согласност од сите. Јас дури и се заканив дека ќе го повлечам Законот доколку не добиеме комплетна согласност. Едноставно, таквите чувствителни Закони бараат консензус и општ добар прием во оштеството.

3. Проблемот на рехабилитацијата на жртвите е друг и треба да оди паралелно со други процеси. Да, треба рехабилитација на сите оние што биле тепани, малтретирани и што страдале. За жал, тоа не успеавме да го реализираме, иако имавме таква намера, но тогаш немавме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што тогаш се предлагаше, сега дебело се менува. Со Законот за лустрација, не треба да се рехабилитираат жртвите. Со овој Закон требаше да се обезбеди напредок на демократскиот процес во земјава. Уште поточно, од влијателни функции да се отстранат оние кои се или биле под команда на тајните служни. И тоа беше целта на Законот, но сега се' е променето.

4. Во Законот што го предложив стои иста одговорност и на оние кодоши, како што ги нарекувате и на наредбодавателите и на оние што напредувале во службите и општетството поради тоа. Зошто не се зема предвид - не знам.

5. Зависи колку грешки крупни ќе се направат. А се прават и ќе се направат, особено што не се води сметка за сите предупредувања што се даваат. Сега, како што оди лустрацијата од работата на Комисијате, основен впечаток е дека не се води сметка за уставните права на граѓаните, не се почитува пресумпцијата на невиност, не се завршува постапката, Комисијата жигосува и создава едно основно расположение дека некоја пресметка е во тек, а не јакнење на демократијата. Не знам дали ќе дојде до разединување или единство, но ако продолжат вака работите, луѓето многу скоро ќе видат дека станува збор за потреба од пресметка со неистомисленици и ништо друго.

[Image: D53CAC1741DDA34495AA32E0D2B4910F.jpg]
Јован Донев

Да се расчисти со комунистичкото минато

Наум Котевски

1. Објавувањето на досиејата за мене е сосема прифатливо од една и единствена причина. Со претходните законски решенија, Комисијата беше ставена во неповолна ситуација. Сите тие за кои било утврдено дека се соработници на тајните служби на цел глас го негираа тоа, мавтаа со разни хартии, ја обвинуваа и Комисијата и владејачката гарнитура дека тоа се прави од позиции на реваншизам, дека тоа е политичка пресметка на власта со неистомислениците и слично, на што Комисијата не беше во состојба да одговори. Законски тоа не и беше овозможено! Сега со новите законски решенија таа неправда е исправена, јавноста може да види и самата да си донесе заклучок дали некој навистина соработувал со тајните служби или не. Исто така, во функција на заштита на личниот интегритет на секој еден кој од страна на Комисијата е прогласен за соработник и чие досије е објавено, предвидена е законска можност решението на комисијата да го обжали на суд. Доколку судски се докаже дека не бил соработник, тогаш сосема нормално Комисијата ќе си ги сноси сите последици за својата погрешно донесена одлука.

2. Меѓународни стандарди не постојат и не можат да постојат, посебно за донесување на закони по пат на консензус. Ќе беше навистина добро доколку овој закон беше донесен со консензус на сите политички партии застапени во Собранието на Македонија. За жал, а тоа се покажа и во праксата, едно беа заложбите од страна на сите релевантни политички партии за потребата од донесување на ваков закон, а друго беше пракктиката како со гласањето во Собранието така и со реакциите по неговото донесување. Очигледно е дека на одредени кругови во СДСМ или во нивното опкружување доследното расчистување со комунистичкото минато не им одговара. Едноставно, тие се исплашени како за своите позиции во општеството, така и за местото кое ќе го добијат во историјата.

3. Лустрацијата во Македонија не беше замислена, или барем мене така ми се чини, како пресметка со соработниците. Од тие причини во претходните законски решенија беше предвидено нивните имиња и да не се објавуваат. Од друга страна, сосема е точно дека во процесот на лустрација треба да има нишка за рехабилитација на жртвите, но суштината на самиот процес е сосема поголема. Не можеме да зборуваме за промена на општествено политичкиот систем во Македонија без притоа потполно да не расчистиме и со комунистичкото наследство во најширока смисла на зборот. Токму затоа на процесот на лустрација треба да се гледа од еден многу поширок аспект, а не да се сведува само на однос помеѓу жртвите и соработниците. Тоа е навистина болен процес меѓутоа Македонија треба да го изоди што е можно побрзо, ако навистина сака да стане отворено и демократско општество.

4. Не би се согласил со Вашата констатација. Во законот јасно е наведено дека и нарачателите ќе бидат подложени на овој процес. Останатите што ги споменувате во прашањето не се и не можат да бидат дел на овој процес. Тоа е сосема друго прашање. Во некои пост-социјалистички држави беше отворено низ процесот на потиснување на сите членови на поранешните комунистички партии од стекнатите позиции во општеството, но не ги даде очекуваните резултати. При што треба јасно да се стави на знаење, креатори на овој процес не беа обвинителите и судиите. Креатори беа раководителите на комунистичките партии. Во еден добар дел од пост-социјалистичките држави истите беа изведени на суд. Во други тие беа само тргнати од јавната сцена, а во трети, како што е Македонија се' уште се присутни и во политиката. Да биде апсурдот поголем, СДСМ во највисокиот партиски акт наведува дека е наследник на комунистичката партија. Горд е дека во својата историја, а богами и членство, ги има креаторите на, како што вие, велите прогонот.

5. Не би рекол дека ситуацијата ќе ескалира. Нема зашто. Доколку процесот на лустрација и понатаму продолжи да се одвива транспарентно и согласно законот во тој случај постоечкиот набој што е создаден од страна на засегнатите очекувам да се намали. Едноставно нема да постои шанса да манипулираат со јавноста, како што беше случајот досега.
(This post was last modified: 13-08-2012, 01:28 AM by ЈорданПетровски.)
13-08-2012, 01:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(30-07-2012, 05:50 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Милчин повторно прогласен за соработник на службите

[Image: milcin.gif]
Комисијата за лустрација по новиот закон денеска прогласи 11 соработници на тајните служби, меѓу кои и Владимир Милчин и Слободан Угриновски.

Се работи за истите оние кои со претходните одлуки на Комисијата беа обележани како соработници, меѓутоа тогаш одлуките станаа ништовни со решение на Уставниот суд.

Одлуката, според дел од членовите на Комисијата е директно кршење на Уставот, поради тоа што никој не треба да биде јавно обележан се додека и Управниот суд не се произнесе.

-Јавниот обвинител да реагира и да покрене постапка против еден интернет-портал затоа што објавил имиња, пред Комисијата, побара Јанаќие Витаноски.

Претходно денеска Владимир Милчин објави документи со кои се потврдува дека тој бил следен и опративно обработуван од некогашната југословенска државна безбедност, од политички и идеолошки причини.

Милчин најави тужба до Управниот суд, против лустраторите ако нивното решение потврдува дека бил соработник.

13-08-2012, 03:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ОФАМАНАМАН: За што уште вреди да се тепаме

[Image: F3C851C9E3B334468CCD6F1AAC6DE658.jpg]
БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Лустрацијата е обид да се напише историјата на вемеровското мачеништво кое пропуштило да се случи. Накнадна повест на непостоечкиот отпор. Бришење на нечистата совест.

Лустрацијата е кофа со гомна што во нашиот двор е исфрлена од горните етажи на власта.

Ние од приземјето не смееме да се занимаваме со анализа на тоа дали сераторот јадел нешто луто претходната вечер односно дали гомната се произведени од храна што не ја содржи здравословната влакнеста структура на боранијата. Ниту, пак, треба да бараме институционална дозвола за да ја исфрлиме смрдеата од сопствениот двор.

Нема дебата.

Франко Берарди Бифо би рекол: решението е во тоа да излеземе од пеколот затоа што сите обиди пеколот да се спречи се залудни.

Метафората на професорот од Болоња важи за лустрацијата како поопшта категорија од интенцијата за општествена и морална елиминација на таканаречените кодоши- таа е примерена затоа што целиот процес на преродбата се покажа како една трагична лустрација на животот и на нормалноста во Македонија.

Објавените документи за таканаречените кодоши покажуваат дека комунистичката диктатура имала отпор само во неколку тешко алкохолизирани будали. Да ја оставиме, во оваа прилика, настрана расправата за тоа дали во претходната реченица требаше да ги има или не требаше да ги има зборовите: "за жал". Клучно е тоа што во вемерето не разбираат дека тие документи и лустрациската парада во целина не ги дисквалификуваат Милчин и другарите туку го покажуваат празното политичко, идеолошко и, се разбира, оперативно портфолио на таканаречената Внатрешна македонска револуционарна организација во времето на "повоената обнова и социјалистичката изградба", на фирмата, значи, која за време на самата војна сосема исправно, од аспект на својата мисија, беше одбрала да застане на страната на фашистичката апокалипса.

Тоа е целата, јас би рекол "шишковистичка" историја на "светите букви" на која можеме да и додадеме десетина, не повеќе, лудаци кои кога ќе се начукаа на некоја селска слава држеа огнени здравици за некоја нова македонистичка реконфигурација на Европа. Исти приказни како оние што за Македонија како "мајка на светот" можете да ги гледате на Телевизија "Сонце". Дури и Голи оток, од тукашна перспектива погледнато, се разбира, не е драма на вемеровската битка за независна и обединета Македонија, туку камен во мозаикот на пошироките меѓународни констелации.

Од материјалите што ги објавува, зошто тоа јавно да не се каже, еден дворски шут, може да се види дека во комунистичка Македонија непријателите на системот и на "претесно скроената македонска државност" биле неспоредливо помал проблем (или воопшто не биле реален проблем) од тоа што кодошите немале што да работат. По социјалните мрежи дури налетав на мислења дека и таа мала работа да ја биле извршиле поревносно, денеска, можеби, немаше да ги имаме овие проблеми. Морам да признаам дека тоа становиште може да смета на моите скромни симпатии.

Масовната идентификација на народот, тоа можам лично да го посведочам, не се однесуваше само на државотворниот проект на комунистите, туку и на системот на општествените односи во кој луѓето наоѓаа сериозни компензации за сметка на делот од слободата што им ја беа одзеле еднопартизмот и диктатурата на единствената партија. Вемерето во тоа време, тоа може да се прочита во библиотеката на дворскиот шут, се јавуваше во форма на разни афилијации за самоначукувачки мотивираното начукување во бифето на МНТ и за просерителното алкохолно труење на дијаспората во Вулагонг или во Перт, десетина- дваесет ебиветри со се инсталациите на Удба меѓу нив. Тоа е клучната информација што ја нудат смешнотажните досјеа на Томе Аџиевски. Вемерето, демек, како една тажна приказна на политичкиот фолклор, инструмент за меланхолична забава на масата која на глупавиот народ ќе му се скрши од главата оној момент кога самоглавокршачкиот субјект ќе му помогне на монструмот од приказната да скокне директно во фотељата на власта. Кога демонтажата на комунизмот ќе му ја претворат во демонтажа на државата.

Сакам да кажам дека надвор од антифашистичката епопеја македонската револуционерна борба е материјал од кој може да се обнови серијата "Ало Ало", или да се испродуцираат нови скечеви на "Монти Пајтон" и на "Црна Гуја". Луѓето што имаат реален однос кон нештата знаат дека малите народи немаат своја историја (Срѓа Поповиќ) и дека од тој клучен аспект епизодите како што се оние за Скопското кале, односно за прочуената инвазија на Солун, за ослободителната борба на вемерето за време на комунистичката диктатура или за клучната улога на Љубчо Георгиевски и на Драган Богдановски во создавањето на независна Македонија, дури и за Илинденското востание, се нешто помеѓу димот од пичка и драмата на курот што се тресе.

Обидот да се произведе непостоечката историја и таа да се смести во измислената стварност, еден, значи, Бодријаровски симулакрум, не се однесува само на големите теми за нацијата, историјата, идентитетот итн, туку на се. Макар што би можеле да почнеме од безочниот обид да се вмровизира антифашистичката и народноослободителна епопеја со сведување на целата таа "Книга на постанокот" на имињата на Панко Брашнаров и на Методија Андонов Ченто. Или од судирот во 2001 година како обид да се произведе нова, вмровска народноослободителна војна, со генерали, бранители, православно крстоносни единици и слични неимоверни глупости! Или дека независноста е резултат на визиите на младиот поет од Делчево. Или дека комунизмот бил второ име за српската хегемонистичка окупација на Македонија под која на Македонецот му било потешко отколку под султанот Мурат.

Под површната спектакуларност на која и да е тема, нормалноста открива неверојатни гнилежи на системите во интензивна фаза на распаѓање, чисти спротивности на декларираните работи. Големите инвестиции и реформи во здравството ја олеснија смртта на Македонецот и денеска нашиот човек може да умре на нива или во водите на Охридското езеро потешко отколку во клиниките на Тодоров и Османи, огромните субвенции во земјоделството ги осиромашија производителите на храна пострашно отколку што тоа го направија сите градоносни облаци од времето на Филип, хиперпродукцијата на споменици им ги уништи сите спомени на луѓето, странските инвестиции го торпедираа домашниот буџет, жардињерите се претворија во објекти за сечење на погледот, музеите во локации во кои ние и нашите усрани животи сме во улогата на експонати, фонтаните станаа лаборатории за производство на хемиски соединенија што ја напаѓаат бронзата, претседателот израсна во грандиозна инсталација на големото ништо, премиерот во парада на шатката што глуми строгост, а строгоста во народ што глуми среќа.

Лудаците, повторувам уште еднаш за да нема никакви дилеми околу нивото на мојата афективност- лудаците на власта произведуваат грандиозност која драматично го минијатуризираа човекот не само низ физичките релации туку низ релациите на естетиката, на разумот и на нормалноста. Тротоарите не се градат за да можат луѓето да не одат по кал туку за да може да се внесе еден рабош во празната работна книшка на вемерето.

Проблемот е во тоа што националната несреќа никогаш нема да може да биде доволно голема и болна за да го наполни тоа буре без дно на македонската организација на револуционерната измама. Вистинското име на "вмро" е "мори".

Режимот на вемерето спаѓа во редот на тоталитарните системи кои во дваесеттиот век го промовираа решавањето на проблемите преку систем кој ги прогласува за непостоечки (Исаија Берлин). Власта во Македонија ги црпи своите морални супериорности и политички оперативности од соопштението дека круцијалните проблеми на луѓето не постојат затоа што луѓето како пансиони на проблемите не се тоа што некој мислел дека се, а и тие самите мислеле дека се, амбиент во кој самите проблеми не би сакале да егзистираат. Проблемите на Македонија како млада, мала и плитка нација се симнати од сцената така што нацијата е прогласена за голема, стара и длабока, како "мајка на светот" на која просто не и личат проблемите на еден национален пубертетлија, возраст до која комунистите, според мислењето на комитите, беа успеале да ја израснат Македонија.

Не мислам дека една ваква власт може да се победи на некаков изборен натпревар или дека евентуалната победа на еден таков натпревар ќе успее да го сопре патот на македонскиот титаник кон својата историска санта мраз. Самата власт ја нема таа перспектива. Власта никогаш нема да организира избори во кои Груевски ќе се натпреваува со Црвенковски. Ако не е сигурен дека ќе победи. Мислам на Груевски, нормално.

Решението, пак ќе го цитирам Бифо, мора да има општествена и културна димензија, темелно преиспитување, нова онтологија, мора да има едно сериозно ниво на бестрашност да се кажат работите кои во Македонија не смеат да се кажат не затоа што некој ги забранил туку затоа што се импрегнирани во нашата културна матрица.

Работите се значително посложени, но можеби може да се каже дека културната, политичка, општествена и духовна рехабилитација на Македонецот ќе почне оној момент кога нашиот човек ќе сфати дека уште отсега мора да се формира посебно тело кое ќе обезбеди дека комплетниот режим и сите аспекти на неговата реализација ќе влезат во правна процедура како најтешка можна злосторничка категорија и, второ, дека уште отсега треба да се формира Центар кој ќе ги гони и ќе ги изведе пред лицето на правдата злосторниците од вемерето и нивните помошници каде и да се во светот. Секоја политичка структура која нема категоричен став по овие прашања, треба да се елиминира или да се игнорира. Тоа се, како што може да се види, прашања за денацификацијата и девмровизацијата односно прашања за културната, национална и политичка рехабилитација на Македонецот како основна тема околу која може и треба да се инсистира на општествената кохезија, на новиот општествен и национален имагинариум, на слободата, на неизвесноста не како даденост туку како предизвик. Нешто за што вреди да се тепаме.

Колумнава на Тричковски е опомена до оние кои сеуште не ја гледаат штетата која ја прави Груевски кон ВМРО, Македонија и Македонците. Никој појасно, барем досега, не ја отсликал сликата која ке остане за ВМРО, за оние околу 50 илјади регистрирани жртви, после завршувањето на лустрацијата на Груевски.
За тоа што е целта на Груевски ние сме напишале одамна и сме му благодарни на Тричковски за овој текст. Тој ни самиот не е свестен колку ни помага.
14-08-2012, 06:45 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(14-08-2012, 06:45 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Ех, Јордане, Јордане! Тричко не ни помага нам, им помага ним. Прикаската за Македонија се ближи кон крајот. Тоа што започна Војводата, го финишира брокерот.Од вемерото, и од неговите идеали, нема да остане ни трага ни гласа. Само братјата Блгари нешто ке отвараат немо усни ( Лакановата симболика) не разбирајки каде утнале. Тони Науновски ке не скара со Албанците до неподносливоста на заедничкото живеење, а Латас ке ја објави формулата на спасот на Македонија. На ТВ Сител...во ударните вести. Со драматичен, но истовремено со свечен глас. Вемеровските функционери ке гледаат во празно,чврсто држејки ја функционерската фотелја. Следбениците и гласачите на левицата ке се потсетат КОЛКУ ИМ БИЛО УБАВО ВО јУГОСЛАВИЈА. Маргинализираните чесни вемеровци по ќошињата на своите домови , со тивок глас ке ја колнат жалната судбина на Македонија, а некои од нив ке размислуваат ,или веќе, ке ја пишуваат апликацијата за блгарско државјанство. Македонската дијаспора , пак, ке понуди по 5 долара за спас на Македонија, нормално, кој сака да даде. Комитетот за... со тебе на чело, ке пушти неколку писма-замолници до САД и меѓународната, нешто да направат.
Ова е афекцијата на Христо визави афекцијата на Тричковски. Неговата платена, мојата бесплатна.

15-08-2012, 03:09 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6

Ицо, май много си се отчаял ....
15-08-2012, 05:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(15-08-2012, 03:09 PM)hristo Wrote: Комитетот за... со тебе на чело, ке пушти неколку писма-замолници до САД и меѓународната, нешто да направат.
Ова е афекцијата на Христо визави афекцијата на Тричковски. Неговата платена, мојата бесплатна.

Македонија не се изборат за поарно денеска и утре.
За ова досега не сум проговорил, Комитетот одби финансиска помош од владата на Канада за да продолжиме со издавање на весникот. Причина што ја одбивме помошта лежи во тоа што освен ЕДЕН човек, ниту еден друг Македонец не уплати ни цент, денар, евро за да го помогне излегувањето на весникот. Тоа за нас беше јасен сигнал дека веникот нетреба да излегува, бидејки нема читачка публика, бидејки тоа што го нуди никого не го интересира, дека на граѓаните на Македонија им е добро и зошто ние да ги вознемируваме.

(15-08-2012, 03:09 PM)hristo Wrote: Ех, Јордане, Јордане! Тричко не ни помага нам, им помага ним. Прикаската за Македонија се ближи кон крајот. Тоа што започна Војводата, го финишира брокерот.Од вемерото, и од неговите идеали, нема да остане ни трага ни гласа. Само братјата Блгари нешто ке отвараат немо усни ( Лакановата симболика) не разбирајки каде утнале. Тони Науновски ке не скара со Албанците до неподносливоста на заедничкото живеење, а Латас ке ја објави формулата на спасот на Македонија. На ТВ Сител...во ударните вести. Со драматичен, но истовремено со свечен глас. Вемеровските функционери ке гледаат во празно,чврсто држејки ја функционерската фотелја. Следбениците и гласачите на левицата ке се потсетат КОЛКУ ИМ БИЛО УБАВО ВО јУГОСЛАВИЈА. Маргинализираните чесни вемеровци по ќошињата на своите домови , со тивок глас ке ја колнат жалната судбина на Македонија, а некои од нив ке размислуваат ,или веќе, ке ја пишуваат апликацијата за блгарско државјанство. Македонската дијаспора , пак, ке понуди по 5 долара за спас на Македонија, нормално, кој сака да даде.

Оваа сега што го правиме го правиме само за да оставиме писмена трага за да утре не се вадат сегашниве властодршци дека не знаеле кон што води оваа нивна политика. Затоа напишав/ме дека Тричко ни помага многу.
Неговата манипулација, благодарејки на ваквиот закон за лустрација, има преголеми шанси да стане "вистина", "вистина' со која ке се трујат идните генерации. Ваквава лустрација нема да ги открие злоделата, тортурите на ОЗНА, УДБа, КОС, СДБ, врз членовите на ВМРО. Комунистиве испонапишаа илјаљдници страници за нивниот престој во Лепоглава ама во тие илјадници страници нема збор за самици, карцели ... претепувања, психолошка тортура. Тие за Лепоглава зборуваат како за Универзитет на комунизмот. Значи еден диктатор од типот на Александар Караѓорѓевиќ бил сепак похумам против политичките противници. На сите им дал шанса да добија судење. Колку само србокомуњариштава убија Македонци без судење. Колку само србокомуњариштата уништија кариери, бракови, семејства .... Сето тоа сака да го сокрие Груевски.

15-08-2012, 06:59 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0

(15-08-2012, 06:59 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Hristo pak izbrza , a Jordan bidejki ne e vo RM nema informacii asolni kolko tukasnite sakaat i da se tepaat za Makedonija, ama veke nema koj da se tepa i za onakva po merak i krooj kako na Tricka.

Poleka Hristo , Jordane, vas ve demantira soopstenie na US Ambasador vo RM.

I taka ,zesko ,leto, struja poskape voa ona , ama sepak fori deka US se povlekla od Balkan a posebno od Makedonija ,po ona na Naunovski vo Vecer, deka Albancite se losite , a nie treba so Srbija top tan.

Koga i po ovie gorestini imalo lideri ,US gi prepoznava ili samo kazuva deka e vo tek so se i za se i deka taa ne ja biduva , no mora kako treba demokratski , so vistina ,fakti i argumenti.

E da deka od tie kombinacii na i so Srbija ne biva.Kazuva se sto tamu se slucuva.Oti se e procitano i deka znaat da deca se odili na skolo kaj ist ucitel a toj e so mana. Fakt deka zemlja proleterska(bice) Engleska znaae kaj e grobot na Generala Draze Mihajlovica ,cisto da im go zbiberi planot.
15-08-2012, 11:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(15-08-2012, 11:40 PM)fetak Wrote: Jordane, vas ve demantira soopstenie na US Ambasador vo RM.

Кое е тоа соопштение на УСА амбасадорот.? Можеш ли да ми дадеш линк за да го прочитам во целост.

16-08-2012, 01:24 AM
Reply