Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Падна првата пресуда, иако не во Македонија, против "работењето по правилата на СДБ". Пресудата е значајна за Македонија бидејки сите оние кои се обидуваат да го попречат ПРОЧИСТУВАЊЕТО/лустрацијата за периодот после 1991 година ги демантира. Тие, МИЛЧИНОВЦИ-СОСОСОИДИТЕ се повикуваа дека службите работеле според ПРАВИЛНИЦИ И УРЕДБИ. Србија почна да ги следи препораките на ЕУ. Дали и кога ке почне Македонија??

Quote:"Svi optuženi ponovili su da nisu krivi i da odbacuju navode optužnice kao "sramne i lažne", tvrdeći da su svoje zadatke izvršavali po pravilima službe."


[Image: v248754p0.jpg]
19-06-2012, 10:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:ФООМ бара од претседателот Иванов да не го потпишува указот за Законот за лустрација

ФООМ испрати барање до претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов да не го потпишува указот за прогласување на усвоениот Закон за лустрација оти јавната расправа на граѓанскиот сектор покажа дека има многу недоследности и недоречености во него.

[Image: foom_logo.jpg]
Фондацијата Отворено општество–Македонија (ФООМ) испрати барање до претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов да не го потпишува указот за прогласување на усвоениот Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (Закон за лустрација).

Од невладината организација ова барање го поткрепуваат со заклучоците од јавната расправа на граѓанскиот сектор одржана на 12 април годинава под наслов „Што носи новиот Закон за лустрација“. На расправата беа евидентирани бројни забелешки и недостатоците на Законот за лустрација.
(This post was last modified: 22-06-2012, 02:33 PM by ЈорданПетровски.)
22-06-2012, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

После писмото до Иванов нова театарска представа:




Quote:Кривична пријава против пратениците кои гласаа за новиот Закон за лустрација



Во недела, на 1 јули 2012 година, со почеток во 11.00 часот во ГЕМ клубот во Скопје (Стара скопска чаршија), Љубомир Данаилов Фрчкоски, Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Ѓероски, Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски ќе одржат прес-конференција.

На прес-конференцијата ќе биде најавено поднесувањето кривична пријава против пратениците кои на 35-тата седница на Собранието на РМ гласаа за усвојување на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност (Закон за лустрација). Со чинот на усвојувањето на Законот за лустрација на 20 јуни 2012 година, пратениците де факто гласаа за неуставни законски решенија за кои Уставниот суд веќе се произнесе дека се неуставни и истите ги укина со неколку одлуки. Пратениците свесно одбиваат да спроведат одлука на Уставниот суд, а како последица на тоа сторија кривично дело Неизвршување на одлука на Уставен суд на РМ.

Пратениците гласаа за усвојување на Законот за лустрација во кој повторно опфатот на лустрацијата се однесува и на периодот по 17 ноември 1991 година, се уредува лустрирање на лица кои се поранешни функционери, членовите на политичките партии, верските заедници, новинарите и невладините организации, одредби за кои Уставниот суд утврди дека се неуставни и истите ги укина. Повторното регулирање на овие одредби, во спротивност со одлуките на Уставниот суд, е грубо кршење на уставниот поредок и непочитување на извршните одлуки на судот, што, впрочем, претставува кривично дело. Мора да напоменеме дека слободата и имунитетот кои ги уживаат пратениците да дискутираат, изнесуваат мислење, да даваат формални предлози и да гласаат, не може да вклучи во себе свесни активности и постапки спротивни на одлуките на Уставниот суд.



Со почит,

Љубомир Данаилов Фрчкоски, Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Ѓероски, Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски



30-06-2012, 12:32 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Можам само да замислам што ќе се случи доколку во Македонија почне да се спроведува вистинска лустрација.

30-06-2012, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(30-06-2012, 02:43 PM)acko Wrote: Можам само да замислам што ќе се случи доколку во Македонија почне да се спроведува вистинска лустрација.



Сметај дека скоро сите партии ке треба да изберат нови раководства и на републичко и на општински нивоа.
30-06-2012, 05:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Осум интелектуалци поднесоа кривична против 35 пратеници за непочитување на одлука на Уставен суд


[Image: gem%20press%2001-070-2012%20%20(2)%20%20(1).jpg]

Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, Ѓунер Исмаил, Бранко Героски, Никола Гелевски, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против пратениците кои на 35-тата седница на парламентот гласаа за усвојување на Законот за лустрација. Групата интелектуалци поднесоа пријава против пратениците за сторено кривично дело Неизвршување на одлука на Уставен суд на Република Македонија, предвидено и казниво согласно член 377 став 3 од КЗ на РМ.

На денешната прес-конференција, поднесувачите на пријавата рекоа дека се одлучиле на ваков чин на јавен протест, во ситуација кога во Македонија преовладува „санаториумска“ атмосфера. Професорот Фрчкоски објасни дека станува збор за кривично дело со кое се урива поделбата на власта и се засега демократијата, а не за обично дело, за коа пратениците уживаат имунитет. Слободата и имунитетот кои ги уживаат пратениците да дискутираат, изнесуваат мислење, да даваат формални предлози и да гласаат, не може да вклучи во себе свесни активности и постапки спротивни на одлуките на Уставниот суд, тврдат поднесувачите на пријавата.

Со чинот на усвојувањето на Законот за лустрација на 20 јуни 2012 година, пратениците де факто гласаа за неуставни законски решенија и со тоа свесно одбиваат да спроведат одлука на Уставниот суд. Во прилог, Плусинфо го објавува целосниот текст на кривичната пријава:





До

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО - Скопје



КРИВИЧНА ПРИЈАВА


од

Љубомир Данаилов Фрчкоски од Скопје, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со адреса на улица…;
Владимир Милчин од Скопје, редовен професор на Факултетот за драмски уметности - Скопје, со адреса на улица…;
Ѓунер Исмаил од Скопје, со адреса на булевар…;
Бранислав Ѓероски од Скопје, новинар, со адреса на улица…;
Никола Гелевски од Скопје, со адреса на улица..;
Жарко Трајаноски од Скопје, со адреса на улица…;
Роберто Беличанец од Скопје, со адреса на улица …


против

Трајко Вељаноски, Претседател на Собранието на РМ,

Силвана Бонева, Стефче Трпковски, Веле Ѓорѓиевски, Светлана Јакимовска, Сузана Анова, Драган Настески, Косана Николиќ-Мазнева, Малиша Станковиќ, Рафет Муминовиќ, Сузана Салиу, Беким Фазлиу, Диме Маџовски, Јордан Пачков, Иван Стоиљковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Александар Спасеновски, Благородна Дулиќ, Авдија Пепиќ, Реаџаиљ Исмаили, Хајрула Мисини, Владимир Ѓорчев, Надица Танчева-Тулиева, Тони Трајановски, Нада Станчевска, Трајчо Димков, Бети Кузмановска, Васко Пашовски, Миле Пачемски, Елена Павлова, Ѓорѓи Коџабашиев, Васил Пишев, Ане Лашкоска, Павле Трајанов, Весна Пемова, Драган Цуклев, Димитар Стеванџија, Нада Ципушева, Ромео Тренов, Ванчо Апостолов, Антонијо Милошоски, Васко Мицевски, Лилјана Затуроска, Александар Николоски, Лилјана Кузмановска, Харалампие Шокаровски, Михаило Џолонга, Цена Матевска-Дуза, Арбен Љабеништа, Вјолца Мехмети-Нуредини, Зиадин Села, Дарко Димитриевски, Ќенан Хасипи, Светлана Карапетрова, Хајрие Мисими, Талат Џафеи, Бехиџудин Шехаби, Дешира Имери, Неџати Јакупи, Мерал Узеири-Феати, Газменд Алији, Фламурие Демири-Креци, Изет Зеќири, Павле Саздов, Милорад Додевски, пратеници во Собрание на Република Македонија, за сторено кривично дело НЕИЗВРШУВАЊЕ НА ОДЛУКА НА УСТАВЕН СУД НА Република Македонија предвидено и казниво согласно Член 377 став 3 од КЗ на РМ.


Затоа што:

На ден 20.06.2012 гласале за усвојување на Дополнет предлог на закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност со коj овие пратеници на Собранието на РМ де факто гласале за противуставни законски решенија за кои Уставниот суд веќе се произнел како за противсутавни и истите ги укинал со неколку негови претходни одлуки У.бр. 42/2008 и У.бр. 77/2008, како и со последната Одлука на Уставниот суд У.бр. 52/2011 и У.бр. 76/2011 од 28 март 2012, која согласно законската и уставна поставеност на Уставниот суд, е конечна и извршна. А, бидејќи согласно член 86 став 1 од Деловникот на Уставниот суд: „Одлуките на Уставниот суд ги извршува донесувачот на законот, другиот пропис или општиот акт што со одлука на Судот е поништен или укинат“.

Така што со усвоениот Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност на 35-тата седница на Собраието на РМ, предложен од група пратеници, кој ги содржи веќе укинатите законски решенија иако овојпат јазично и граматички различно напишани, донесувачот на Законот одбива да ја изврши одлуката на Уставниот суд У.бр. 52/2011 и У.бр. 76/2011 како конечна и извршна .

1. Имено во текстот на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност усвоен од пратениците, во Член 1, став 1 алинеја 2 и 3 се вели дека со овој закон се уредува и :..„-постапката за пристап, откривање и употреба на документите на државната безбедност на Република Македонија и цивилните и армиските органи на државната безбедност на СФРЈ, во периодот од донесувањето на Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓанинот на Демократска Македонија на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година до денот на отпочнување на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

- објавувањето на соработката на лица – кандидати за носители на јавна функција или јавно овластување, поранешни и сегашни носители на јавни функции или поранешни и сегашни вршители на јавна дејност или јавни овластувања – со органите на државната безбедност.



Ваквото законско решение е идентично со претходните законски одредби кои беа укината со Одлука на Уставниот суд У.бр.42/2008 и У.бр.77/2008 („Службен весник на РМ“ бр. 45/2010), со што беше укинат член 2 став 1 од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, во делот: „до денот на влегување во сила на овој закон“ поради фактот дека временскиот опфат на важењето на лустрацијата во оваа верзија од закон предвидуваше лустрацијата да се протега и на периодот по 1991 година, кога е донесен актуелниот Устав на РМ, се до некој друг датум после 1991, (во случајов до денот на примената на Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција), со образложение дека ваквото регулирање во суштина води кон негирање на вредностите и институциите изградени во Република Македонија во согласност со Уставот на РМ, што води до повреда на начелото на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок.

Сегашната верзија на најновиот усвоен Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност повторно поставува датум на важење на законот за лустрација по 1991, но сега како меѓник до кога треба да се протега лустрацијата и го утврдува денот на отпочнување на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, што всушност претставува исто законско решение кое беше укинато како противуставно (со член 8 став 1 алинеја 3 и член 9 од Уставот), а кое се однесуваше на временскиот опфат на лустарцијата после Уставот од 1991;

Истотака со Одлука на Уставниот суд У.Број 52/2011 и У. бр.76/2011 од 03/28/2012 беше укинат Член 1 и Член 2 став 1 во делот кој се однесува на лицата кои треба да бидат опфатени со лустрацијата односно дека лицата кои биле носители на јавни функции, а кои не се починати, не треба да бидат предмет на лустрација, со образложение дека пропишаната обврска за поднесување на изјави за несоработка со органите на државната безбедност, ги дискриминира и ги става во нееднаква положба со другите граѓани, и како такви униканатите одредби се директно спротивни на член 8 став 1 алинеја 3, член 9, член 11 и член 25 од Уставот на РМ.

Дополнително, Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност повторно во својот Член 1 став 1 алинеја 3 ги вбројува поранешните вршители на јавни функции како лица кон кои треба да се примени законот за лустрација иако ваквата одредба веќе беше прогласена за протиуставна.

Со Одлуката У.бр.42/2008 и У.бр.77/2008 Уставниот суд го укина член 34 од Законот, со кој, меѓу другото, се пропишуваше можност дополнителниот услов за вршење на јавна функција да се однесува и за лицата кои членуваат во здруженија на граѓани и фондации. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција, вршителите на функции и овластувања во здруженијата на граѓаните и фондациите треба да подлежат на лустрација вклучувајќи ги тука и основачите и вработени новинари, основачи и вработени во друштва од областа на печатот, уредници во трговско радиодифузно друштво и непрофитна радиодифузна установа кои имаат дозвола за вршење радиодифузна дејност. И ваквото решение беше повторно укинато со Одлука на Уставен суд У.бр. 52/2011 и У бр. 76/2011 од 03/28/2012 со образложение дека со ова се ограничува правото на приватност при вработување во приватниот сектор на лица кои се евентуални поранешни соработници со органите на државната безбедност, со што се повредува член 25 од Уставот.

Наспроти и двете вакви Одлуки на Уставниот суд новоусвоениот Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност во својот член 3 став 2 ги содржи истите категории на лица за кои уставниот суд веќе се изјасни дека се противуставно опфатени со законот и членот децидно вели : „Со овој закон опфатени се и основачи, носители на раководни функции во органите и телата и вработени новинари во трговско радиодифузно друштво и непрофитна радиодифузна установа кои имаат дозвола за вршење на радиодифузна дејност и основачи, носители на раководни функции во органите и телата и вработени новинари во друштва од областа на печатените медиуми“;

Од сето погоре наведено и објаснето очигледно е дека посочените законски решенија кои се најдоа во новоусвоениот Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност, а кои се донесуваат на временскиот опфат на лустрацијата како и опфатот на лицата кои треба да подлежат на лустрација, беа означени како противуставни и како такви беа укинати од страна на Уставниот суд. Нивното повторно усвојување од пратениците во Собранието, кое е должно да ја изврши одлуката на Уставниот суд, во Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност, претставува јасно и недвосмислено дејствие на одбивање на извршување на Одлука на Уставен суд, односно на сторување на делото Неизвршување на одлука на Уставен суд предвидено и казниво согласно Член 377 став 3 од КЗ на РМ.

Кривичното дело е дотолку посериозно поради фактот што усвоениот Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност е предлог во кој предлагачот првопотпишаниот пратеник на Собранието на РМ, Силвана Бонева, во рамките на слободното изразување и искажување на ставови во Собранието, морал и бил должен да води сметка за уставноста на предлозите кои формално ги поднесува. Ова дотолку повеќе што одлуката на Уставниот суд и била или морало да и биде позната на предлагачката Силвана Бонева. Слободата и имунитетот кои ги уживаат пратениците да дискутираат, изнесуваат мислење и да даваат формални предлози, не може да вклучи во себе и давање на формални предлози за неостварување на одлука на Уставен суд.

Пратениците кои гласале за усвојување на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност биле должни да ја спроведат Одлуката на Уставниот суд со кои се укинати и прогласени за противуставни посочените делови од Законот за изменување и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција. Ова им било познато на пратениците кои гласале за усвојување на Законоти тие наместо да предложат и гласаат за закон со кој оваа одлука на Уставниот суд се остварува, а се должни за нејзино извршување, гласале за Закон со кој одлуката на Уставниот суд се негира во посочените главни точки. Тука е битието на извршеното кривично дело.

Согласно погоре изложеното предлагаме



- Да се прифати кривичната пријава како основана и да се спроведе истрага против обвинетите

- Да по спроведената истрага и по изведување на предложените докази, против обвинетите се подигне обвинителен акт и гони за сторено дело Неизвршување на одлука на Уставен суд казниво по член 377 став 3 од КЗ на РМ

- Обвинетите по оценка на изведените докази да се огласат за виновен и да се казнат согласно законот, а трошоците на постапката да му ги покрие на оштетениот.



Докази:

- Копија од Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција (Сл. весник бр. 14/2008, 64/2009 и 24/2011);

- Одлука на Уставниот суд број У.Број 52/2011 и У.Број 76/2011 („Службен весник на РМ“ бр. 48/2012);

- Одлука на Уставниот суд У.бр.42/2008 и У.бр.77/2008 („Службен весник на РМ“ бр. 45/2010);

- Дополнет Предлог-закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државна безбедност (јуни 2012 година);

- Листа од гласањето од седницата бр.35 на Собранието на Р.Македонија одржана на 20.06.2012



Поднесувачи на пријавата

(следат потписи)
01-07-2012, 03:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(01-07-2012, 03:38 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Осум интелектуалци поднесоа кривична против 35 пратеници за непочитување на одлука на Уставен суд


[Image: gem%20press%2001-070-2012%20%20(2)%20%20(1).jpg]

Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, Ѓунер Исмаил, Бранко Героски, Никола Гелевски, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец денеска соопштија дека поднеле кривична пријава против пратениците кои на 35-тата седница на парламентот гласаа за усвојување на Законот за лустрација. Групата интелектуалци поднесоа пријава против пратениците за сторено кривично дело Неизвршување на одлука на Уставен суд на Република Македонија, предвидено и казниво согласно член 377 став 3 од КЗ на РМ.

На денешната прес-конференција, поднесувачите на пријавата рекоа дека се одлучиле на ваков чин на јавен протест, во ситуација кога во Македонија преовладува „санаториумска“ атмосфера. Професорот Фрчкоски објасни дека станува збор за кривично дело со кое се урива поделбата на власта и се засега демократијата, а не за обично дело, за коа пратениците уживаат имунитет. Слободата и имунитетот кои ги уживаат пратениците да дискутираат, изнесуваат мислење, да даваат формални предлози и да гласаат, не може да вклучи во себе свесни активности и постапки спротивни на одлуките на Уставниот суд, тврдат поднесувачите на пријавата.

Со чинот на усвојувањето на Законот за лустрација на 20 јуни 2012 година, пратениците де факто гласаа за неуставни законски решенија и со тоа свесно одбиваат да спроведат одлука на Уставниот суд. Во прилог, Плусинфо го објавува целосниот текст на кривичната пријава:





До

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО - Скопје



КРИВИЧНА ПРИЈАВА


од

Љубомир Данаилов Фрчкоски од Скопје, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, со адреса на улица…;
Владимир Милчин од Скопје, редовен професор на Факултетот за драмски уметности - Скопје, со адреса на улица…;
Ѓунер Исмаил од Скопје, со адреса на булевар…;
Бранислав Ѓероски од Скопје, новинар, со адреса на улица…;
Никола Гелевски од Скопје, со адреса на улица..;
Жарко Трајаноски од Скопје, со адреса на улица…;
Роберто Беличанец од Скопје, со адреса на улица …




Дали правно кривичната пријава е во ред незнам не сум стручен да дам суд но дел од потписниците се премногу проблематични.

Фрчковски е тој кој предложил најмногу антиуставни Закони и Уредби за работата на СДБ а владата на Црвенковски ги прифатила. Закони и Уредби со кои се кршеле со УСТАВ ЗАГАРАНТИРАНИ човекови права. Закони и Уредби со кои ТОЈ И ЦРВЕНКОВСКИ, СДБ ја претворил во партиска полиција.
Одговорност сносат и дел од потписниците Мичин и Трајаноски како активисти во организции чија декларативна заложба била заштита на човековите права и слободи.
01-07-2012, 05:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Branko Trickovski

ОФАМАНАМАН: И по Груевски- Груевски

Кривичната пријава против пратениците кои го изгласаа антиуставниот закон за лустрација артикулира два аспекта на македонскиот конфликт што софтверот на опозицијата од една или друга причина не ги препознава: прво, дека Македонија е во перманентен уставен односно антиуставен пуч од страна на Внатрешната антимакедонска контраревлуционерна инсталација и, второ, дека во општеството има сили кои се спремни да се заложат за правни консеквенци на политичкиот криминал. Макар што признавам дека има сериозна контрадикција во тоа што пријавата ќе им биде доставена за одлучување на самите пучисти. Јас се надевам дека развојот на свеста на линијата на оваа кривична пријава ќе се одвива во насока да се препознае власта како злосторничко здружување против народот и државата.
about an hour ago



Quote:Jordan Petrovski


Иако секогаш се оглушувате на фактите со кои вашите тези се соголуваат и им се покажува вашата јасната пропагндистичка цел, јас пак ке укажам на тоа и во овој ваш текст:

Зборувате за поднесувачите на Кривичната пријава против пратениците кои донесоа неуставен закон. Заборавте дека еден од потписниците на Кривичната пријава е ДОКАЖАН прекршувач на Уставот и тоа не во еден случај. Докажан од релевантен суд надвор од Македонија. И глејте чудо судот за кој велите дека е на "пучистите" никако да го осуди прекршителот на Уставот. Веке пет години со тешки фалсификати и манипулации судот на "пучистите" не го започнува процесот против "демократот" кој сега е првоптпишан на кривичната пријава против "пучистичката" власт.

пс. секое игнорирање на изборната волја на граѓаните од страна на оние кои ја имаат моќта во државата се смета за пуч. Глигоров, вашиот миленик тоа го стори двапати ама вие тоа "патритски" го одмаолчавте, го одмолчавте заради желбата за демократија.
6 minutes ago
(This post was last modified: 04-07-2012, 02:27 PM by ЈорданПетровски.)
04-07-2012, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36





07-07-2012, 11:40 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0



10-07-2012, 11:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Лустрацијата пак на Уставен суд: укинете го законот, а кодошите нека ги гони МВР

[Image: g_lustracija-2.jpg]

Со Законот за лустрација не само што се понижуваат и им се задава душевна болка на жртвите од самата лустрација, туку се дискриминираат и сите граѓани на Македонија. Укинете го законот и дајте им слобода на МВР и на државното јавно обвинителство да вршат истрага кои политичари и државни функционери кодошеле по 14 ноември 1991 година и сториле кривично дело, порачува скопјанецот Петрушевски.

Новиот Закон за лустрација едвај преживеа два дена откако беше објавен во Службен весник и веднаш се најде пред Уставен суд. Александар Петрушевски од Скопје поднел иницијатива за оспорување на новиот Закон за определување на услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување соработка со органите на државната безбедност објавен во Службен весник бр. 86 на 9 јули 2012. Во иницијативата до уставните судии Петрушевски бара да бидат оспорени повеќе членови за кои смета дека се спротивни на уставните начела – член 4, потоа 14, 28, 2 9, 30 и членот 33.

„Комисијата за верификација на факти нема право во периодот од 14 ноември 1991 година, па сè до 2006 година, да истражува и да докажува кои лица од чл.1 од истиот изгласан закон, прекршувале човекови права, биле налагодавци или соработници на ДБК како тајна полиција, затоа што тоа е работа на обвинителството и на МВР. Тие како државни органи го имаат ексклузивното право да истражуваат и да констатираат правна последица, а не комисијата“, смета Петрушевски.

А доколку МВР и обвинителството имаат основани сомненија дека некој работел спротивно на законот, треба да покренат кривични пријави против тие лица по службена должност, смета иницијаторот на поднесокот до Уставниот суд.

„На овој начин и Владата на Република Македонија, а и пратениците на Собранието го прекршуваат членот 9 , членот 106 од Уставот на РМ, чл.137 од КЗ на РМ и чл.276 од ЗКП на РМ, а граѓаните жртви во процесот на лустрацијата ги дискриминира и ги прави нерамноправни пред Уставот и законите, само поради фактот што лицата од чл. 1 од изгласаниот закон биле политичари и функционери блиски и соработници на ДБК и нема да им се покрене кривична пријава по чл. 137 од Кривичниот закон од страна МВР и на Јавното обвинителство, туку ќе ги истражува комисија што не смее да врши истрага за дејства што ги содржат елементите на кривично дело по чл. 137 од КЗ на РМ, а тоа се против законски дејства“, пишува во иницијативата.

Поради овој факт, жртвите што имале спротивни ставови и политички погледи и размислување од оние на тогашната власт, вели Петрушевски, со овој закон им се дава до знаење на сите граѓани во РМ дека не се еднакви пред законот и пред Уставот.

На овој начин, како што посочува Петрушевски, се прекршува и членот 25 од Уставот бидејќи достоинство, приватност и личен семеен живот можат да имаат соработниците на ДБК, но не и граѓаните на РМ што имале различни политички погледи од функционерите на власта и по 1991 година.

„Приватноста не им била заштитена од самата држава на жртвите што биле прогонувани и следени од соработниците, налогодавците и од ДБК“, се вели во иницијативата до Уставниот суд.

Освен што со новиот закон се попречува работата на МВР и на јавното обвинителство, ѝ се даваат и нови овластувања на комисијата за верификација на фактите со кои автоматски се ослободуваат од кривична одговорност, оние лица кои со своите постапки по 14 ноември 1991 година сториле кривично дело и работеле спротивно на членот 9 од Уставот.

„За едни државата е мајка, а за другите маќеа! Вака ли се сите граѓани на Република Македонија еднакви пред законот, како што гарантира чл. 9 од Уставот? Срамота е ова што се прави и греота спрема самите жртви на лустрацијата, кои имале спротивно политичко мислење од она на тогашната власт! Со овој изгласан закон не само што се понижуваат и им се задава душевна болка на жртвите од самата лустрација, туку се дискриминираат и сите граѓани на РМ, каде што спаѓам и јас“, вели Петрушевски.

Тој бара Уставниот суд да ги укине спорните членови, па дури и целиот закон, за да им се овозможи на МВР и на државното јавно обвинителство да врши истрага кои политичари и државни функционери, по 14 ноември 1991 година сториле кривично дело според членот 137 од Кривичниот законик на Република Македонија.
12-07-2012, 04:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(12-07-2012, 04:02 PM)ЈорданПетровски Wrote: А доколку МВР и обвинителството имаат основани сомненија дека некој работел спротивно на законот, треба да покренат кривични пријави против тие лица по службена должност, смета иницијаторот на поднесокот до Уставниот суд.



Проблем за да се оствари кривичен прогон по службена должност е во тоа што делата се застарени. Во времето кога тоа можело 1999/2008 година, Јавните Обвинители тоа не го сториле, зошто, одговор ке даде првиот судски процес кој ке се занимава со оваа проблематика. Тоа е едната причина, втората многу побитната е што власта предводена од Груевски несака да спроведе вистинска лустрација. Доказ за тоа дека главната причина е власта на Груевски е во тоа што со Резолуцијата 1096 на Советот на Европа се нуди можност да се реши птоблемот со застареноста но Груевски тоа го игнорира, лустрацијата сака да ја употреби исклучиво во пресметка со своите политички, НЕ ИДЕОЛОШКИ, противници.
12-07-2012, 04:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Иницијатива за оспорување на новиот изгласан Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност, поднесена согласно чл.110 од Уставот на РМ;

- Законот кој се оспрува е: Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност-(“ Службен весник на РМ“ бр.86 од 09.07.2012 )
-Одредбите кои ги оспорувам од овој закон се: чл.4, чл.14, чл.28, чл.29 и чл.30 и чл.33 од изгласаниот закон!
-Со овој изгласан закон од Собранието на РМ се прекршуваат и повредуваат чл. 9,чл.11, чл.25, чл.91 и чл.106 од Уставот на РМ,а се прекршува, понижува и поречува чл.137 од КЗ на РМ и чл.276 од ЗКП на РМ! Зошто се попречуваат овие членови кои ги посочив ќе може да прочитате во мојата иницијатива подолу!!!

1. Во новиот закон за лустрација против уствни се чл.4 и чл.14 од истиот изгласан закон и се спротивни на чл.9 и чл.106 од Уставот на РМ, чл.137 од КЗ на РМ, како и чл.276 од ЗКПна РМ, од проста причина што комисијата за ферификација на факти нема право во периодот од 14 Ноември 1991 година па се до 2006 година, да истражува и докажува кои лица од чл.1 од истиот изгласан закон, кршеле човекови права, биле налагодавачи или соработници на ДБК како тајна полиција, затоа што тоа е работа на Обвинителството и МВР на РМ, кои како државни органи го имаат екслузивното право да истражуваат и да констатираат правна последица, а не комисијата. А доколку МВР на РМ и Обвинителството имаат такви основани сомненија, дека лицата од чл.1 од истоимениот закон после 14 ноември 1991 година, сториле кр.дело по чл.137 од КЗ на РМ и работеле спротивно на чл.9 од Уставот на РМ, треба да покренат кривични пријави против истите лица од чл.1 од Уставот на РМ по СЛ.ДОЛЖНОСТ! На овој начин и Владата на РМ а и пратениците на Собранието на РМ го прекршуваат чл.9 чл.106 од Уставот на РМ, чл.137 од КЗ на РМ и чл.276 од ЗКП на РМ и и граѓаните жртви во процесот на лустрацијата ги дискриминира и ги прави нерамноправни пред Уставот и законите на РМ, само поради фактот што лицата од чл.1 од изгласаниот закон биле политичари и функционери блиски и соработници на ДБК и нема да им се покрене кр.пријава по чл.137 од КЗ на РМ од страна МВР на РМ и Јавното обвинителство на РМ, туку ќе ги истражува комисија која несмее да врши истрага за дејствија кои ги содржат елементите на кривично дело по чл.137 од КЗ на РМ, а истите се против законски дејствија. Поради овој факт, жртвите кои имале спротивни ставови и политички погледи и размислување од оние на тогашната власт со овој закон им се дава до знаење не сите граѓани во РМ не се еднакви пред законот и Уставот на РМ, дека и чл.25 од Уставот на РМ се крши од овој закон, бидејќи достоинство, ПРИВАТНОСТ И ЛИЧЕН И СЕМЕЕН ЖИВОТ во РМ можат да имаат соработниците на ДБК, но не и граѓаните на РМ кои имале различни политички погледи од функционерите на власта и после 1991 година, што автоматски е кршење на истиот член од Уставот, бидејќи приватноста не им била заштитена од самата држава на ЖРТВИТЕ кои биле пргонувани и пратени од соработниците, налогодавачите и ДБК!!
Да не заборавам на ставот 2 од чл.4 од истиот закон, кој укажува дека комисијата може да донесе решение и да констатира правна последица сторена од лицата на чл.1 од изгласаниот закон. Ова е страшно на овој начин МВР на РМ и Државното јавно обвинителство немаат право да се мешаат во овие досиеа и да постапат согласно своите надлежности, бидејќи законот кој се изгласа тоа не го предвидува!
Со овој злосторнички изгласан закон од страна на пратениците на Собранието на РМ и со подршката на Владата на РМ на чело Никола Груевски им се оневозможува на државните органи МВР на РМ и Обвинителството на РМ да го спроведуваат чл.137 од КЗ на РМ, а чл.106 од Уставот на РМна Јавното обвинителство тоа му го овозможува, а овој закон е спротивен на чл.106 од Уставот на РМ! И на крајот на краиштата Владата на РМ на овој начин го прекршува чл.91 од Уставот на РМ, бидејќи истата влада на РМ му дозволува на Собранието на РМ со овој изгласан закон да им ја попречува работата на државните органи кои ги посочив и недозволува да се спроведува Казнениот законик и чл.137 од КЗ на РМ и чл.276 од ЗКП на РМ, туку со овие овластувања кои се даваат на комисијата за верификација на фактите со чл.14 од изгласаниот закон, автоматски се ослободуваат од кривична одговорност, оние лица од чл.1 од истоимениот закон кои со своите постапки после 14 ноември 1991 година сториле кр.дело по чл.137 од КЗ на РМ и работеле спротивно на чл.9 од Уставот на РМ!

2.Понатака, чл.28, чл.29 и чл.33 од истиот изгласан закон се спротивни на чл.9 од Уставот на РМ, од проста причина што на лицата од чл.1 од изгласаниот закон, откако комисијата ќе истражи и донесе решение со правна последица и ќе докаже кој политичар судија или друго лице од чл.1 од истиот закон кршел човекови права од чл.9 од Уставот на РМ, што автоматски ако се докаже дека таквите дејствија се сторени на штета на наш сограѓанин, автоматски е сторено е кривично дело по чл.137 од КЗ на РМ, и замислете чл.28 ст.2 од истиот закон,укажува дека на веб страната на самата комисија ќе се објави име и презиме на соработникот на ДБК, откако ќе се донеше решение кој бил соработник на тајните служби и самите докази! Но, пазете што укажува чл.33 од истиот закон: но на веб страната на комисијата за верификација на факти нема да се објави идентитетот т.е. податоците на соработникот како лице од чл.1 од изгласаниот закон, ако си даде оставка од кандидатурата за функција или јавното овластвање кое го поседува! Ова значи, „Знаме ние како Собрание на РМ и Влада на РМ дека сте сториле кр.дело по чл.137 од КЗ на РМ и сте работеле спротивно на чл.9 од Уставот на РМ, но решивме вас лицата од чл.1 од истиот изгласан закон да ве ослободиме од одговорност кривична и нема да ве истражува МВР на РМ и самото Обвинителство, туку ако само, ако се повлечете од функцијата ќе нема да ве споменеме, а камоли за правна последица, неможе да стане ни збор„! Овој е таа Дискриминација. За едни државата е мајка, а за другите маќе! Вака ли се сите граѓани на РМ се еднакви пред законот, како што гарантира чл.9 од Уставот на РМ? Срамота е ова што се прави и греота спрема самите жртви на Лустрацијата кои имале спротивно политичко мислење од онаа на тогашната власт! Со овој изгласан закон не само што се потиштуваат, понижуваат и им се задава душевна болка на Жртвите од самата лустрација кои дејствија на Собранието на РМ и Владата на РМ во овој момент и го прават на Жртвите се спротивни и забранети дејствија по чл.11 од Уставот на РМ! Но не се дискриминираат само жртвите на Лустрацијата, туку се дискриминираат и сите граѓани на РМ, каде спаѓам и јас на кои државата преку државните органи им покренале кр.пријава за кр.дело за кое се гони по сл.должност, а за лицата политичари и државни функционери соработници на ДБК, нема истрага од МВР на РМ и обвинителство , а за истрага и кр. пријава за сторено кр.дело по чл.137 од КЗ на РМ и да не збориме!
Ве молам, вие како Уставен суд не само да ги укинете посочените против Уставни членови, туку да го укинете овој закон и да со тоа и се ослободи можноста на МВР на РМ и на Државното јавно обвинителство да си врши истрага кои политичари и државни функционери, после 14 Ноември 1991 година сториел кр.дело по чл.137 од КЗ на РМ! Укинете го овој закон и на тој начин ќе им се овозможи на МВР на РМ на самото Обвинителство да ги превземе сите мерки за пронаоѓање на сите сторители на кр.дело по чл.137 од КЗ на РМ, како и да постапат по чл.276 од ЗКП на РМ и да покренат кр.пријава по чл.137 од КЗ на РМ ПРОТИВ СООДВЕТНИТЕ ПРЕКРШИТЕЛИ НА ЗАКОНОТ за што државата РМ знае дека има најмалку 4000 досиеa и дејствија на политичари и функционери кои го прекршиле чл.9 од Уставот на РМ,а со тие дејствија сториле и кр.дело по чл.137 од КЗ на РМ на штета на определени граѓани, после 14 ноември 1991 година! Овој закон за лустрација е парекселанс криминален, дискриминаторски, против Уставен и против законски! Си го поставува ли некој прашањето: Зошто, иако МВР на РМ и самото Јавно обвинителство имаат материјални докази, дека постои и македонска архива ( Изјавата на Директорот на Архивот на РМ, линк-www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1025701038323&prilog=o&setIzdanie=22115) каде се досиеата, а не само слухови дека има функционери и политичари кои после 1991 година сториле кр.делo по чл.137 од КЗ на РМ,а никој не спроведува истрага против сторителите и нема покренување на кр.пријави? Јас ќе ви кажам зошто? Несака премиерот Никола Груевски. Да сака, ќе видите масовно апсење и притварање на телевизија и тоа со специјалците оние “Тигрите“!
Мало објаснување за крај: АКО ОВОЈ ЗЛОСТОРНИЧКИ ЗАКОН НЕ БЕШЕ ИЗГЛАСАН И АКО МВР НА РМ И САМОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СЕГА ПОСТАПИ ПО СВОИТЕ НАДЛЕЖНСТИ ЌЕ КОНСТАТИРА ВО ПОВЕЌЕТО ОД 4000 ДОСИЕА ( ДИРЕКТОРОТ НА АРХИВОТ НА РМ ЈА ДАДЕ ИЗЈАВАТА КОЛКАВА Е БРОЈКАТА НА ДОСИЕА ОД 1991 ГОДИНА ПА СЕ ДО ДЕНЕС) ЗАСТАРЕНОСТ НА КР.ДЕЛА И ДЕКА ЌЕ БИДЕ ПОТРЕБНО САМОТО ОБВИНИТЕЛСТВО И МВР ДА ПОКРЕНАТ КР.ПРИЈАВИ ЗА СТОРЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО ПО ЧЛ.353 ОД КЗ НА РМ, ПРОТИВ СИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РМ И МИНИСТРИ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, КОИ БИЛЕ НА СВОЈАТА ФУНКЦИЈА ОД 1991 ГОД. ПА СЕ ДО ДЕНЕС! НО, ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ, БИДЕЈЌИ ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ НЕ ДОЗВОЛУВА МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ПОСТАПАТ ПО СВОИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ, ЗАТОА СЕ ИЗМИСЛУВА НАДЛЕЖНОСТ НА НЕКАКВА КОМИСИЈА, КОЈА ТРЕБА ДА ГИ ОСЛОБОДИ И СТОРИТЕЛИТЕ НА КР.ДЕЛА И СОРАБОТНИЦИ НА ДБК, И НА КРАЈОТ НА КРАИШАТАТ И ОБВИНИТЕЛИТЕ И МИНИСТРИТЕ ЗА ВНАТРЕШНИ ДА НЕ ЗАРАБОТАТ КР.ПРИЈАВА ЗА СТОРЕНО КР.ДЕЛО ПО ЧЛ.353 ОД КЗ НА РМ КОИ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ЗАСТАРАТ ДОСИЕАТА И КР.ДЕЛА КОИ ГИ НАПРАВИЛЕ ЛИЦАТА ОД ЧЛ.1 ОД ИЗГЛАСАНИОТ ЗАКОН.
СИТЕ КРИМИНАЛЦИ ЗАШТИТЕНИ САМО ЖРТВИТЕ ПОТИШТЕНИ И ДИСКРИМИНИРАНИ. ЗАТОА И ЈОРДАН ПЕТРЕВСКИ-ЦРНИ ( Досието на Јордан Петровски-Црни, линк-www.forum.kotle.ca/showthread.php?tid=1734&pid=45619#pid45619) ДОБИ ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ ВО КАНАДА, БИДЕЈЌИ И ПОСЛЕ 1991 ГОДИНА ГО ПРОГОНУВАЛЕ НЕГО И ТАКВИТЕ КАКО НЕГО, КОИ ИМАЛЕ РАЗЛИЧНО МИСЛЕЊЕ И СТАВОВИ ОД ОНИЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ТОГАШНА ГАРНИТУРА НА ВЛАСТ ВО ПЛУРАЛНА МАКЕДОНИЈА. ЗАМИСЛЕТЕ ГО ДОВЕЛЕ ЧОВЕКОТ ВО ПОЗИЦИЈА ДА ТУЖИ ПО ПРИВАТЕН ПАТ, НАМЕСТО ДРЖАВАТА И ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ДА ГИ ГОНАТ СТОРИТЕЛИТЕ Т.Е. ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА РМ КОИ БИЛЕ СОРАБОТНИЦИ НА ДБК ЗА КР.ДЕЛО ПО ЧЛ.137 ОД КЗ НА РМ, ЗА КОЕ ДЕЛО СЕ ГОНИ ПО СЛ.ДОЛЖНОСТ, НО МВР И ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕСАКААТ ИЛИ НЕМОЖАТ ДА ПОСТАПАТ, ШТО МИСЛИТЕ? ПА НЕСАКА, ПРЕМИЕРОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ ГИ ШТИТИ СОРАБОТНИЦИТЕ НА ДБК!!! Првиот пат, пратениците ги згазија жртвите од 4-те Хашки случаеви со Автентичното толкување на законот за амнестија, сега жртвите на лустрацијата ги газат и не им даваат судска, морална заштита како и обештетување! Гледате некаде во овој закон одредба каде им се гарантираат овие права на жртвите?

Потпис, Александар Петрушевски
Ул.Благоја Стефковски бр.87/002
Скопје
13-07-2012, 02:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36





Quote:Новата номенклатура на Груевски

Меѓутоа, актуелната власт повеќе од карлшмитовски и реваншистички отколку од мотивот на правдата настојува да добие во политичкиот рејтинг. Затоа со задоцнување од две децении настојува да спроведе закон за лустрација кој нема никаква деонтолошка вредност. Наедно, со овој проект му се држи и лекција на новиот сојузник на СДСМ, Љупчо Георгиевски, чие владеење се настојува да се прикаже како континуитет на претходната власт на СДСМ, а не како дисконтинуитет со комунизмот. Како да се протолкува овој болшевички антиболшевизам на ДПМНЕ?

Ако за крајот на четириесеттите и педесеттите може да се зборува за жртвите на комунизмот, меѓу кои најзначаен е комунистот Ченто, но и неколку квислиншки елементи и колаборационисти на окупаторот, таа констатација не важи за седумдесеттите и осумдесеттите години. Во Македонија не може да се зборува за црвен терор. Политичките и верските слободи беа ограничени, но сепак постоеа разлики меѓу Титова Југославија и Источна Германија Хонекер, Полска на Гомулка или Бугарија на Живков.



Ружин свесно го прескокнува главното ограничување на слободата. Ограничувањето на СЛОБОДАТА ЗА НАЦИНАЛНОТО ослободување и обединување на Македонците
Ченто не бил суден и осуден како КОМУНИСТ инфонбировец, ако бил осуден по линија на ИБ ке бил на Голи Оток. Ченто бил осуден за својот изразен МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИЗАМ, како борец за Самостојна, Суверена, Демократска и ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА.

Еве дел од обвинението:
"Обвинетиот Методија Андонов Ченто:што неслагајки се со политиката на Ф.Н.Р. Југославија,како внатрешна, која, по негово мнение била протина на интерсетите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, бидејки покрај другото, неговото обединение неможе да стане во рамките на Ф.Н.Р.Ј ..."



[Image: scan0172_1.jpg]



Жртвите, а не се малку, официјално се некаде околу 50 илјади, и кои настрадале од 1943 па до денешни денови, заради нивната идеа за Самостојна, Суверена, Демократска и Обединета МАКЕДОНИЈА е онаа што и вие Ружин и Груевски сакате да го сокрие. Причина за тоа е што вие сте чеда на една мајка ....



18-07-2012, 12:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(18-07-2012, 12:38 AM)ЈорданПетровски Wrote: Новата номенклатура на Груевски

Меѓутоа, актуелната власт повеќе од карлшмитовски и реваншистички отколку од мотивот на правдата настојува да добие во политичкиот рејтинг. Затоа со задоцнување од две децении настојува да спроведе закон за лустрација кој нема никаква деонтолошка вредност.




Грувски воопшто не размислува да спроведе лустрација, тој само бара начин, бидејки физичките ликвидации и "Голи Отоци" се премногу компромитирачки средства, да ги држи во страв а со тоа и покорност, потенцијалните противници, оние кои би го загрозиле во владеењето.
Но да потенцирам се работи за идеолошки истомисленици-комунисти. Груевски, Црвенковски, Георгиевски сеуште во Македонија немааат вистински идеолошки противник. Во сиве дваест и кусур години од повекепартизмот имаме само фракционерска борба за превласт во "Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Србија за Македонија".






(This post was last modified: 21-07-2012, 12:54 PM by ЈорданПетровски.)
21-07-2012, 12:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(18-07-2012, 12:38 AM)ЈорданПетровски Wrote: Наедно, со овој проект му се држи и лекција на новиот сојузник на СДСМ, Љупчо Георгиевски, чие владеење се настојува да се прикаже како континуитет на претходната власт на СДСМ, а не како дисконтинуитет со комунизмот. Како да се протолкува овој болшевички антиболшевизам на ДПМНЕ?



Премногу докази има дека владеењето на Георгиевски е континуитет СДСМ, односно продолжение на комунистичкиот едноумен систем.
1. Луѓето од највисока доверба на Љупчо: МАРКСИСТИТЕ-Стаљинистите Доста Димовска, Димитар Димитров, Кљусев, Наумов ..

2. Коалицирањето со Демократска Алтернатива. Партијата која ја основаа најтврдокорните членови на Сојуз на Комунисти-Движење за Југославија . Партија во која беа перјаниците на едноумитето: Камбовски, Климовски, Тупурковски ...

3. Законот за приста до личните досиеа беше осмислен како врвна манипулација, манипулација со која еднаш за секогаш ке беше затворено поглавјето за барање одговорност за комунистичките злодела.
Посебно поглавје се досиеата по "ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО". Тие досиеа се "прочистени" од власта на Љупчо. Кај мене има делови од досоие кое не е прочистено, му го дале на човекот бидејки мислеле дека нема да проговори оти во меѓувреме станал соработник ама кај човекот проработила совеста и реши да проговори.
Главниот доказ дека "отворањето на досиеата" е обид да се изманипулираат и ЕУ и прогонуваните е непокренувањето на кривични пријави по службена должаност од страна на тогашниот Јавен Обвинител Ставе Џиков.
За да оваа што го пишувам добие уште една потврда за точност е ОТФРЛАЊЕТО кривичната пријава поднесена 2001 година, од Блажо Стојановски -ПО "ДЕСТРУКТИВЕЦ"
21-07-2012, 01:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Соопштение 20.07.2012


Комисијата за верификација на фактите, согласно член 14, 24 и 34 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (Службен весник на Република Македонија бр.86/2012) и заклучокот бр.07-2450/2 донесен на седницата одржана на ден 19.07.2012 година го издаде следното

С О О П Ш Т Е Н И Е

Согласно член 14 алинеја 3 и член 34 став 1 и 2 од Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, секое лице, има право на пристап до информациите собрани за него во смисла на Законот, со цел да се утврди соработката со органите на државната безбедност.

Правото на пристап до информациите се овозможува по поднесено писмено барање од самото лице, или од неговите роднини по права линија до втор степен, вклучително и по барање поднесено од нивни овластен застапник (адвокат), со уредно полномошно заверено на нотар. Прилог на барањето е потпишана писмена изјава за не објавување на податоците за кои барателот разбрал.

Се известуваат сите физички и правни лица и институциите кои поседуваат оргинални документи на органите на државната безбедност, дека согласно член 24 од Законот се должни да ги достават до Комисијата за верификација на фактите лично, преку пошта, или на друг начин.

Согласно член 14 алинеја 5 од Законот, секое лице може да покрене иницијатива пред Комисијата за верификација на фактите со цел да се утврди соработка со органите на државната безбедност.

Kомисија за верификација на фактите

Известување 17.07.2012

Почитувани,

Ве известуваме дека со влегување во сила на Законот за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност („Службен весник на Република Македонија“ бр.86/2012), сите институции кои што во нивните огласи го предвивуваа дополнителниот услов за вршење јавна функција во согласнот со одредбите од Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (“Службен весник на Република Македонија“ бр.14/08,.64/09 и 24/11) кој што во моментот е вон сила а согласно кој од кандидатите се бараше освен другите документи да достават и доказ за верифицирана изјава бр.1 од Комисијата за верификација на фактите, од денешен ден да не ги задолжуваат кандидатите да достават изјава и согласно член 27 став 2 од горенаведениот закон кој на ден 17.07.2012 година влезе во сила по завршување на огласите имаат законска обврска до Комисијата да достават на проверка листа со име, татково, презиме и ЕМБГ за кандидатите пријавени по огласот.

Со почит,

Комисија за верификација на фактите
23-07-2012, 03:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Кои се првите 10 лустрирани кодоши


[Image: zi5r7ta1.bmp]
Комисијата за лустрација за десетина дена очекува да ги заврши законските процедури за објавување на имињата и презимињата на поранешни и сегашни носители на функции, соработници на органите на државна безбедност. Паника во редовите на невладините организации, кај професорите и интелектуалците.

Почнуваат да се спроведуваат одредбите од новиот Закон за определување услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност.

Според Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија, процедурата за првите десетмина потврдени поранешни полициски соработници е веќе завршена.

[Image: Tome-adzievski-e1343047897599.jpg]
Томе Аџиев

„За десетте досиеја кои беа пред Управен суд, кои сега, според новиот Закон се вратени пак пред Комисијата, процедурата сѐ уште не е завршена. За сѐ друго, барањата до сите надлежни институции, Управата за безбедност, военото разузнавање, Агенцијата за разузнавање и до Архивот на Република Македонија, се веќе испратени, се чека на нивниот одговор, по што ние ќе треба да заседаваме и по утврдувањето на фактите да ги објавиме списоците на нашата интернет страница“, изјави Аџиев.

Процедурата досега во целост е завршена за следниве лица кои имале досиеја за соработници на органите за државна безбедност, а се поранешни носители на функции:

Киро Јанчев, Миленко Габер, Бранко Темов, Стојан Чамински, Кире Дојчиновски, Реџеп Златку, Мустафа Спахиу, Хисен Шаќири, Михаил Андреев и Ѓорѓи Прцуловски.

Во меѓувреме, неколкумина активисти на невладини организации, професори и интелектуалци и натаму се обидуваат да ја оспорат уставноста на новите законски решенија за лустрација. Досега е поднесена најмалку една иницијатива до Уставниот суд. За дел од овие активисти и професори Комисијата за лустрација објави дека имаат соработнички досиеја.

Мирјана Најчевска, поранешна претседателка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, заедно со група граѓани поднесе кривична пријава против претседателот Ѓорѓе Иванов. Во образложението на пријавата пишува дека „претседателот Иванов на 20 јуни одбил да изврши одлука на Уставниот суд и со тоа го сторил кривичното дело „неизвршување на судска одлука“, предвидено во член 377 од Кривичниот законик“. Тужителите барат Јавното обвинителство да ја испита оваа кривична пријава, да ја констатира фактичката состојба, да побара симнување на имунитетот од Уставниот суд и да поведе кривична постапка против претседателот Иванов.

Според Најчевска, указот со кој Иванов го прогласи новиот Закон за лустрација бил донесен спротивно на одлуката на Уставниот суд.

За истата работа, претходно, група интелектуалци ги тужеа сите пратеници кои го изгласаа законот. Потписници на оваа тужба се Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, Ѓунер Исмаил, Бранко Героски, Никола Гелевски, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец. И кај нив образложението е дека пратениците сториле кривично дело „неизвршување на одлука на Уставен суд на Република Македонија“.
23-07-2012, 03:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36




24-07-2012, 09:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Аџиев: За три дена ќе се знаат имиња на соработниците на тајните служби




Претседателот на Комисијата за лустрација, најави дека на веб - страната на Комисијата за најмногу три дена ќе бидат јавно обелоденети соработниците на поранешните тајни служби. Дел од членовите на Комисијата, повикувајќи се на одлуката на Уставниот суд, предлагаат Комисијата да престане со работа се додека судот не се произнесе по ова прашање.

- Со јавното објавување на имињата на кодошите комисијата го крши принципот на презумција на невиност со оглед на тоа дека тоа решение не е конечно и нема судска завршница – изјави членот на Комисијата, Чедомир Дамјановски.

Претседателот Томе Аџиев пак, тврди дека, Комисијата ќе продолжи со работа се додека Уставниот суд не донесе одлука или решение за укинување на некои одредби од новиот закон.
26-07-2012, 06:04 PM
Reply