Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36










27-04-2012, 06:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-04-2012, 06:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Госпоѓа Данева од 2:44 вели: ..."тој законик постои согласно одлуката на Уставниот суд за гонење на сите оние кои кодошат или вршат кривични дела на тој начин после 1991 година, како што вели Уставот и Уставниот суд во своите две одлуки".

Дали Госпоѓа Данева ке може да ги посочи членовите на законот кои го овозможуваат гонењето. Јавната Обвинителка Драгица Михајловска го вели следното:


[Image: 873613001.jpg] [Image: 873613002_12.jpg]



27-04-2012, 08:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-04-2012, 06:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:



Господинот Ивон од 8:45 вели: ..."кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".

Јавната Обвинителка Драгица Михајловска го вели следното:


[Image: 873613001_1.jpg]

[Image: 873613002_22.jpg]



Кој лаже. Кој не го знае законот. Ивон или Јавната Обвинителка Драгица Михајловска.
(This post was last modified: 27-04-2012, 10:09 PM by ЈорданПетровски.)
27-04-2012, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(12-04-2012, 09:44 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Quote:Коментар на трибината на ФИООМ


Лажните либерали повторно си ја покажаа својата комуњарска природа!


Пишуваат Јордан Петровски и Душан Петровски



На 12 април 2012 год., ФИООМ одржа „дебата“ за новиот предлог-закон за лустрација на која беа изнесени повеќе невистини и забуни, заради што мораме да реагираме. Прво, најголемата забуна е во нарекувањето на „дебата“ нешто што е всушност три-часовен пропаганден спот. На едностраниот собир на безмалку секој антилустрациски елемент во државата немаше спротивставување на ставови, туку само се докажуваше едната иста непоткрепена теза.

Ние воглавно ќе се задржиме на три точки кои ги сметаме за најбитни во она што беше изнесено на „дебатата“: (1) дека „спроведување на лустрација по 1991 год. нема уставна оправданост затоа што опфатот после 1991 год. значи негирање на вредностите и институциите изградени во Р Македонија во согласност со актуелнитиот Устав и доведување под сомнение на функционирањето на правниот систем, односно, владеењето на правото како темелен основ на нашиот уставен поредок“ (М-р Жарко Трајаноски); (2) дека преку лустрацијата се штети на независното судство (Д-р Гордан Калајџиев); (3) и дека треба да се грижиме само за „големите прекршувања на човековите права,“ а да не се „оптеретуваме“ со оние „милион ситни работи кои се случувале во еден систем“ (Проф. Мирјана Најчевска).



(1) Што да правиме за делувањето на СДБ врз основа на Законот за основите на Системот за државна безбедност („Службен лист на СФРЈ“ бр. 15/84) до ноември 1995 година. Според Уставен суд и ФИООМ, треба да се направиме слепи при очи, и да се преправиме дека СДБ работела сосема во согласност со Устав на Р Македонија усвоен на 17 ноември 1991 год., од 18 ноември 1991 год.; oдносно дека Р Македонија преку ноќ ги отстранила сите елементи на Социјалистичка Републка Македонија кои биле спротивни на темелните вредности на новиот уставен поредок!

Она што всушност е круксот на потребата од лустрација е токму непочитувањето на Устав на РМ од страна на МВР во години кои му следуваат на донесувањето на тој Устав. Истовремено, МВР не е едниствената државна институција која во годините кои му следуваат на Устав на РМ работела спротивно на „темелните вредности“ на овој ист договор.

Цел на лустрацијата треба да е истражување во работењето на извршната власт за период за кој постојат докази—личните досиеја—каде агенција на МВР работела сосема спротивно на Уставот. Оваа работење на СДБ/ДБК било покриено со Правилник за работа, кој бил одобрен од тогашната Влада. Клучно, Правилата за работа на СДБ („Службен весник на РМ“ – посебен Службен весник 10/92) и Правилнкот за работа на ДБК („Службен весник на РМ“ – посебен Службен весник бр. 10 од 31.10. 1995 г.) биле објавувани во таен службен весник што претставува прекршување на Член 52 од Устав на РМ, т.е. било оневозможено фукционирањето на правниот систем, односно, владеењето на правото како темелен основ на нашиот уставен поредок!

Според австрискиот филозоф Лудви вон Мизез

примарноста на законот значи дека никој судија ниту државен функционер го нема правото да се меша со работите или состојбите на било која поединечна личност освен ако тоа не е наложено или дозволено од валиден закон. Nulla poena sine lege, не смее да има казна освен ако тоа не го бара законот. Токму ова неразбирање на овој основен принцип ги квалификува Нацистите како антидемократи. Во тоталитарниот систем на Хитлерова Германија судијата треба да пристигне до својата одлука складно со das gesunde Volksempfinden, т.е., складно со превладувачките чувства на народот. Носејќи ги своите одлуки во склад со превалувачките чувсвта на народот, судијата станува суверен на својата клупа како поглавицата на примитивното племе.
Доколку никаквецот избегне казна поради дефективност во законот, тоа е незгодна работа. Но, тоа е минорно зло споредено со судиската произволност. Доколку законодавците ја воочат дефективноста во законот, тие можат да ја исправат со замена на незадоволителниот дел од законот со адекватен. (Лудвиг Вон Мизез; Бирократија, Бирократија во Демократија)



Ништо помалку важен не е ниту податокот што од самите досиеја станува очигледно дека овие Правилници за работа на СДБ/ДБК содржат прописи/одредби кои се косат со Уставот, што пак претставува прекршување на Член 51: „Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.“ Дел од прописите и одредбите во Правилниците за работа на СДБ/ДБК се однесуваат за спроведување на мерка тајна контрола на телефон и други телекомуникациски средства без обезбедување на судска одлука (спротивно на Член 17, 25, 26 и 30), следење во и вон државата без обабезбедување на судска одлука (спротивно на Член 27), „обавување“ на информативни разговори без обезбедување на судска одлука (спротивно на Член 11 и 12), биле отпочнувани процеси на политичка, идеолошка и на основ на семејно потекло (спротивно на Член 9, 16, 20 и 95) и сл., кои од Службена белешка ев. бр. 348 (03.06.1998 год. 1 – Управа УДБК – Куманово) дознаваме дека биле „во рамките на правилникот за работа на ДБК, со знаење и договор со I Управа на ДБК и за тоа редовно е оформувана и оперативна долументација.“ Значи, повторно гледаме сериозно оневозможување на функционирањето на правниот систем, кое М-р Трајаноски го прескокнува!



(2) Додека начелно се согласуваме со принципот дека спроведувањето на лустрација низ комисија која ги претпоставува обвинетите за виновни е против приниципите на меѓународното право, не можеме да се согласиме со инсинуацијата дека судството, доколку оставено без поттик, само би ја спровело лустрацијата. Впрочем, своеволното работење на судството и Јавното обвинителство се вториот важен момент во нарушувањето на владеењето на правото како темелен основ на уставниот поредок на Р Македонија.

Имено, Законот за постапување со досиеја за лица водени од СДБ стапи на сила во 2000 год. и даде илјадници докази за систематско противуставно работење на државни институции, но во дванаесетте години кои изминаа, ЈО не поднесе ниту една Кривична пријава поврзана со работењето на СДБ/ДБК за периодот по 17 ноември 1991 год.; ниту пак судовите процесуираа една граѓанска тужба поднесена за истиве прекршоци. На трибинава Трајаноски запраша „каде се жртвите?“ Барем три од жртвите на работењето на СДБ/ДБК (Ј Петровски, Б Стојаноски и А Лефтеров) за пероидот после 1991 год. се имаат обидено да започнат судски процеси против функционери на МВР (еден од нив беше говорник на „дебатава,“ но од жртвите ниту трага). Со сите случаи постои некакво сомнително работење од страна на ЈО и судството да се отфрлат предлозите за Кривична пријва или пак со кочењето на граѓанските парници.

Последното релевантно прашање кое го покрена Д-р Калајџиев се однесува на тоа како да им веруваме на документите на СДК/ДБК, кога всушност целава лустрација произлегува од недовербата кон оваа Служба. Оваа прашање е сосема на место, и затоа ние, Комитетот за демократизација на РМ, настојуваме на лустрација преку она што можеме да го земеме за веродостојно: Правилникот за работа на СДБ/ДБК, како и предлозите, одобренијата и решенијата на СДБ/ДБК низ синџирот на хиерархијата на МВР. Инаку кажано, ние се залагаме за лустрација на оние без кои „кодошите“ воопшто не би постоеле, и СДБ/ДБК не би постапувала антиуставно: Министрите за внатрешни работи, потсекретарите на СДБ/ДБК, началниците и инспекторите во Службата, оти, за разлика од „кодошите“ за кои не можеме да тврдиме со сигурност едно или друго, сите овие знаеле што прават.

Конечно, отворените досиеја изнесоа на светло уште едно систематско и осмислено повредување на Законот за присап до податоци и Законот за класифицирани податоци. Според Законот за класифицирани податоци (досиејата како документи означени како „СТРОГО ДОВЕРЛИВО“ се опфаќаат со овој закон) одредува дека не смее да се класифицираат (односно сокриваат) податоци кои укажуваат на крвично дело. Во отварањето на досиејата гледаме тенденција на сокривање на Службени белешки кои се понови, што ги оневозможува некои од жртвите да поднесат валидна Кривична пријава против сторителите на кривичните дела, од проста формалност на застареност на кривичното дело.

(3) На „дебатава“ бевме почестени со уште една небулоза од Професорката од Правен факултет и „стручњак“ за човекови права кога таа нѐ поучи дека треба да се грижиме само за „големите прекршувања на човековите права,“ а да не се „оптеретуваме“ со оние „милион ситни работи кои се случувале во еден систем.“ Ние сме лаици, и го читаме Уставот како што е напишан.

Според овој документ секое граѓанско право кое е гарантирано во него е еднакво важно како и секое друго. Односно: секое прекршување на човековите—и во случајов уште поважно, Уставните—права е еднакво големо. Образложението зошто тоа е така е вон рамките на овој текст, но само ќе забележиме дека низ вековите оние кои ги сметаме за основоположници на слободните демократски општества согледале дека секое човечко право игра еднаква улога во создавањето на слобода и просперитет за граѓаните.

Инаку кажано, невестата не може да е малку трудна или многу трудна; таа е трудна!



КАДЕ СЕ ЖРТВИТЕ?

М-р Трајаноски ја имаше дрскоста да запраша „каде се жртвите?“ Барајќи го виновникот за отсуството на жртвите на прогоните на УДБ/СДБ/ДБК Трајанов мора првин да погледне во огледалото. До него и неговиот ментор Проф. Најчевска, и Д-р Калајџиев биле направени дузини обиди за контакт; биле направени повеќекратни контакти низ социјалните мрежи; Трајаноски самиот спомна дека во 2008 год. имал средба со преживеани „Голооточани;“ КДРМ постојано испраќа свои мислења до „борците за човекови права“ во РМ—но, никој од овие жртви или нивни претставник не беше дел од „дебатата“ на ФООМ додека поранешен Министер за внатрешни работи кој потпишувал Решенија за прогон беше поканет!! Значи, жртвите се тука, но „борците за нивните права“ не ги прифаќаат.

Дека Фрчкоски потпишувал решенија за „ЗАВЕДУВАЊЕ ВО ПРЕТХОДНА ОБРАБОТКА,“ како и решенија за „ПРИМЕНА НА МЕРКАТА ТАЈНА КОНТРОЛА НА ТЕЛЕФОН и други телекомуникациски средства,“ признава и самиот:


Работата на Службата за државна безбедност е регулирана со посебен правилник. Тој е донесен врз основа на закон и на Уставот и до ден-денес не е оспорен. Врз основа на тој правилник, се предвидува и процедура за оперативна обработка на наредбодавците. Предлозите за резиденти на странски служби и нивно покривање го даваат инспекторите што работат по неколку линии (бугарска, српска, грчка, екстремизам...). Ним им го одобруваат тоа со потпис началникот, помошникот и потсекретарот. Откако ќе се обезбедат овие три потписи, предлогот го одобрува и министерот. Доколку министерот не одобри таков предлог, дури тогаш би можел да се осомничи за субјективна блокада на предлогот од стручните лица. Во тој случај, може да се постави прашањето за неговата одговорност. (Извор)


[Image: scan0183.jpg]

Две работи се интересни од исповеста на Фрчкоски: (1)

Правилникот за работа на ДБК („Службен весник на РМ“ – посебен Службен весник бр. 10 од 31.10. 1995 г.) останува неоспорен од граѓанскиот сектор поради важниот факт што овој документ е таен—толку може да се заклучи од податокот што овој Правилник е објавен во „посебен Службен весник.“ Тајното објавување на Правилникот за работа на ДБК го прекршува Член 52 („Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.“), и тоа значи дека овој деловник е ништавен, а работењето во согласност со него сосема противзаконско. (2) Начинот на кој Фрчкоски ги „фрла по воз“ неговите соучесници во систематскиот криминал издава голема вистина: дека доволно е само едно од овие лица да се стави на клупата на обвинети, за целиот систем да биде обелоденет. Ние сметаме дека токму ова е причината што нашиот предлог за судска „лустрација“ толку им пречи на ФИООМ, Героски, но и на одредени елементи во актуелната Власт.



И, како да не е доволно што Фрчковци, Чокревци итн. ги земаат во заштита, токму Најчевска и Трајаноски се првите да го нападнат оној што се произнесува со фактите на неговиот прогон од Органите на државата.

Mirjana Najchevska

„Го откачив Јордан и неговите другарчиња затоа што не разговараат за темата туку верглаат зададена песма со навреди за луѓе кои апсолутно немаат ништо со започнатиот муабет. Го откачи и затоа што потполно ги измешал лончињата и ме сместил во исто грне со луѓе кои никогаш не биле бранители на човековите права. И затоа што шири лаги дека јас некогаш (во време на владеењето на СДСМ) сум завземала било каква функција во власта.“

(Целата дискусија тука)

Дружинава која гравитира околу Милчин воопшто не сака да прифати разговор со жртвите во однос на лустрацијата. Напротив, секој обид за такво нешто ја снаоѓа жртвата со нивно наоѓање на Црната листа на Милчиновци.

Можеби жртвите „ги нема“ бидејќи: (1) НВО-вците ги оставаат на цедило; и (2) сѐ уште чувствуваат дека не е безбедно за нив да зборуваат против СДБ/ДБК—само уште една причина повеќе за лустрација!!

Дружината околу ФИООМ ги игнорира жртвите (вкучително и „Голооточаните“ и други жртви на системот на СРМ) на прогоните на УДБ/СДБ/ДБК поради тоа што токму жртвите им ја кршат целата лага дека во Македонија немало прекршување на човековите и Уставните права на граѓаните почнувајќи од АСНОМ па сѐ до 2006 год., кога според оваа гарнитура всушност започнува апсолутистичка диктатура.

Но, логиката им е неодржлива: доколку од 17 ноември 1991 год. граѓаните се покриени со Устав кој гарантира слбоди и права, и поради тоа прогонот кој се случил во деведесетите години на минатиот Век бил невозможен, и оттука спроведувањето на правни лекови со кои ќе се исправат овие злоупотреби на службената должност значат доведување во сомнение на владеењето на правото во Р Македонија, тогаш, не е возможно ниту да постои апосолутистичка диктатура од Власта на Груевски! Нашето несогласување со актулената Влада го имаме искажано безброј пати; но не можеме оваа Влада да ја обвиниме за систематски прогон на нејзините политички и идеолошки неистомисленици употребувајќи ги установите и органите на извршната власт како што можеме да ги обвиниме Владите од деведеситите години на минатиот Век од една проста причина: за она што се случило во 1990-тите постојат веродостојни докази—досиејата од СДБ/ДБК.



ДОВЕРБА КОН ПОЛИЦИЈАТА?!

За каков ансамбл на „либерали“ и „борци за човекови права“ кои „дебатираа“ на цирцус-трибината станува збор издаде Д-р Калајџиев, кога на 1ч 02мин во видеото почна да зборува за потребата од доверба кон полицијата! Мил на Тито! Во граѓанското општество токму полицијата е онаа институција во која треба да се има најмалку доверба, бидејќи граѓаните ѝ го отстапуваат правото на насилство на оваа инситуција.

Само будала своеволно ја препушта својата судбина на некој друг, без воопшто да го држи под конртола и под сомнение дека вториов нема да ја злоупотреби ситуацијата. Слепа доверба во полицијата и другите орани на држвата на кои им се доверени кревките граѓански права само им го олесува патот кон злоупотреба на нивната уникатна позиција во општеството. Конечно, резултатот на слепата доверба во институциите се прогоните на УБД/СДБ/ДБК! Токму од оваа причина во демократските општества се чести проветрувањата на овие органи, и дебело се казнуваат злоупотребите на довербата.

Во таа насока, противењето кое доаѓа од ФООМ и компанија на идејата за расвлетлување на работењето на државните органи—чин што треба да врати дел од власта во рацете на граѓаните—е сосема нелогично, доколку овие групации се навистина она што го тврдат дека се. Напротив, тие се борат за држење на граѓанинот сѐ подалеку од својот суверенитет.

***

Една работа сосема нѐ буни: зошто Предлагачите на законот ги оставаат ФИООМ-ци вака грандиозно да ја шират својата пропаганда без да им одговорат на лагите? Дали всушност Власта нема искрена намера да го спроведе процесов, па затоа дозволува вакви напади во темелите на лустрацијата?



Авторите биле жртви на прогонот на СДБ/ДБК од 1992 год. до 1998 год. и се членови на советот при Комитет за демократизација на Р Македонија





(This post was last modified: 28-04-2012, 02:24 AM by ЈорданПетровски.)
28-04-2012, 02:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-04-2012, 10:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(27-04-2012, 06:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:



Господинот Ивон од 8:45 вели: ..."кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".

Јавната Обвинителка Драгица Михајловска го вели следното:


[Image: 873613001_1.jpg]

[Image: 873613002_22.jpg]



Кој лаже. Кој не го знае законот. Ивон или Јавната Обвинителка Драгица Михајловска.



Quote:Jordan Petrovski > Либерална партија на Македонија
Friday at 17:34 ·

Да ми помогне Господинот Ивон. На видеово Господинот Ивон од 8:45 вели: ..."кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".





Дебата Ивон Величковски- Силвана Бонева-Тема лустрација
Like · · Unfollow post · Share · See friendship


Quote:Jordan Petrovski

Јавната Обвинителка Драгица Михајловска го вели следното:

http://i1193.photobucket.com/albums/aa35...3001_1.jpg
Friday at 17:34 · Like ·


Quote:Jordan Petrovski

http://i1193.photobucket.com/albums/aa35...002_22.jpg
Friday at 17:34 · Like ·


Quote:Jordan Petrovski

Кој лаже. Кој не го знае законот. Ивон или Јавната Обвинителка Драгица Михајловска.
Friday at 17:35 · Like
29-04-2012, 07:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Либерална партија на Македонија

Дали може од ЛП да ви објасниме господине Петровски. Кршење на човекови права и слободи е едно, а кривичното дело за кое вие барате да се казни е злоупотреба на службена положба како што можевме да видиме од овие слики. Заклучок: Станува збор за две различни работи. Сепак изгледа тука нема лажење, а законот е таков како што е за овие две различни работи.
15 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Да ми го посочите членот на законот на кој се повикува вашиот председател а и вие од Либералната партија. Член од закон во кои стои дека: ."кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува". Со тоа ке ми помогнете да ја исправам мојата грешка и да поднесам нова Кривична пријава.
15 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Нема проблем господине Петровски, знаевме дека наредното прашање што ќе го поставите ќе изгледа вака. Инаку колку за инфорација под кршење на човекови права и слободи се подразбира: убиство, геноцид, противправно лишување од слобода, мачење, тортура психичка или физичка и друго. Некои од овие погоре напишани поими можете да ги најдете во Уставот на РМ како и во Законите на РМ. Секако доколку неможете да најдете добар правен застапник, ќе се потрудиме ние да ви го препорачаме.
14 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Јас знам што е кршење на човекови права и слободи. Вас ве прашав за членот на законот на кој се повикува вашиот председател, кога вели дека во македонскиот закон: "кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Господине Петровски, во Уставот ги пишува кои се вашите неприкосновени права. На тие права не им застарува делото ако се прекршени, тие права ги тангираат човековите права и слободи, не барајте влакно во јајцето туку ангажирајте добар правен застапник. Ова е прашање на кое треба да се повикате на повеќе членови, само не на злоупотреба на службена должност. Немојте да барате како што викаат влакно во јајцето.
14 hours ago · Like
29-04-2012, 07:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Либерална партија на Македонија

Господине Петровски и самите признавате дека вашите знаења се оскудни и во право сте но не е за срамење затоа што сепак не сте правник и не треба да имате големи познавања. Затоа постојат правни застапници (Адвокат) и повторно ќе ви потенцирам ако не е поентата Спинување тогаш не барајте влакно во јајцето затоа што го нема.
14 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Уставот колку што јас се разбирам, иако моите знаења се оскудни, треба да биде заштитен со закони, за да биде почитуван, така е секаде во демократскиот свет. Затоа прашувам кој член од кривичниот закон мна Р. Макеонија вели дека делата со кои се кршени со УСТАВ загарантираните човекови права не застаруваат.
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Господине Петровски, каде отиде вашиот коментар што го напишавте претходно, зашто го избришавте па после го сменивте.?
14 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Го дотерав. Суштината не е сменета.
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Јас нема да го модификувам сега одговорот туку ќе ви речам да го прочитате погоренапишаното
14 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Јас поставив многу јасно и едноставно прашање. Вашиот председател треба да го знае тој член, бидејки се повикува на него или таков член во Кривичниот закон на р. Македонија не постои.

-кој член од кривичниот закон мна Р. Макеонија вели дека делата со кои се кршени со УСТАВ загарантираните човекови права не застаруваат.
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Јас дадов многу едноставен и јасен одговор но вие неќете да го прочитате. Сите ваши ПРЕКРШЕНИ права загарантирани со Устав треба да ги барате во различни членови низ различни закони, а не да тужите по основа на злоупотреба на службена положба за која има застарување на рок. Дали сега се разбириаме.?
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Не е еден член Јордан многу се
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

И кога веќе бараш некој закон за спроведување на Уставот имаш Уставен закон за спроведување на Уставот на Република Македонија. Можеш да го најдеш на интернет
14 hours ago · Like
29-04-2012, 07:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Либерална партија на Македонија

Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Ти беше гонет политички??????
14 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Толку од нас за вечерва и не барај вклакно во јајцето што го нема затоа што имам уште многу членови кои можам да ги напишам тука, но нема да го направиме тоа затоа што постојат правни застапници кои се надлежни да зборат пред судовите во твое име.
13 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

По она што го имам во досието сум прогонувам од ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ. Така пишува. Врз база на досието добив политички азил во Канада. Вие по се сте подобри познавачи на тоа што се човекови права и слободи од судот во Канада.
13 hours ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Јас небарам влаконо во јајцето, го барам само членот во кривичниот закон кој вели дека : "кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".

Вашиот председател не вели ДЕЛА па да се повикувате на "членови низ различни закони" тој вели ДЕЛО, затоа посочете го членот.
13 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Господине Петровски, одговорите се дадени погоре.
6 hours ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Сепак наместо да барате по 100 ти пат вклакно во јајцето, најдете си добар правен застапник (Адвокат).
6 hours ago · Like
29-04-2012, 07:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Jordan Petrovski

Не се работи за мојот случај. Јас со него ви дадов пример дека тврдењето на вашиот председател Ивон Величковски е непознавање на проблематиката или манипулација. Таков член, ЧЛЕН КОИ ЗА СИТЕ ДЕЛА кои се врзани СО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА вели дека НЕ ЗАСТАРУВААТ.
Посочето го тој член од закопнот или Уставот.
Прекршување на човеково право е прислушкување на телефон, прекршување на човеково право е убиство на идеолошки и политички противник. Во законот во Македонија а и во законоите во многу држави во светот, застареноста е врзана со тежината на делото односно должината на казната.
Затоа Советот на Европа во Членот 7 од Резолуцијата 1096 од 1996 година дал решение како да се надмине проблемот:

„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“
about an hour ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Јордан е стварно го претера сега. Како прво ти пријателу имаш проблем со непознавања на оваа тематика а не ние. Што сакаш да ти појаснам повеќе од тоа во врска со човековите права дека се работи за повеќе членови во кои се тангираат тие човекови права по РАЗЛИЧНИ ОСНОВИ и според тие членови ниедно од тие не застарува, и доста више бараш еден член па еден член, упорно си се фатил за еден член. Што не ти е јасно кога ти пишав погоре дека ова е политичка партија,а за твојот проблем да си најдеш адвокат.
49 minutes ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Ивон Величковски кажа дека делата не застаруваат кога се работи за кршење на човековите права и слободи.Имаш различни основи па затоа имаш и различни членови. Каде е кажано дека постои еден член кој ти упорно го бараш и бараш и бараш?....
45 minutes ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

И твојот пример е тужба за казниво дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА, а не според некој од членовите кои ги обработуваат човековите права и слободи.
43 minutes ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Примерот не ти е на место
42 minutes ago · Like
29-04-2012, 07:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Jordan Petrovski

Јас од вас небарам да ми најдете адвокат, ниту пак да ме застапувате. Јас укажувам на незнаењето или манипулацијата на вашиот председател, кој тврди дека: "кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".
Во мојот случај постои ВАЛИДНА ПОТВРДА дека МИ СЕ КРШЕНИ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА и ПОСТОИ ОДЛУКА НА ПРАВНА ИНСТИТУЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА која вели дека ПРОГОНОТ Е НЕВОЗМОЖЕН ПОРАДИ ЗАСТАРЕНОСТ.

Но еве уште еден пример, ВАЛИДНА ПОТВРДА дека на Блажо Стојановски и Атанас Лефтеров им СЕ КРШЕНИ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА и постапката на ЈО односно прогласување на ЗАСТАРЕНОСТ.

Досито "ДЕСТРУКТИВEC" на 21.02.2001. година, поднел Кривична Пријава

„До

Основното Јавно обвинителство

Скопје

Врз основа на член 49 и член 149 од Законот за кривична постапка оштетените Блажо Стојаноски и Лефтеров Атанас поднесуваат:

КРИВИЧНА ПРИЈАВА

(Предлог)

Против: Поранешниот Претседател на Р.Македонија г-дин Киро Глигоров, поранешниот Претседател на Влада на Р.Македонија Бранко Црвенковски, поранешните Министри за внатрешни работи Љубомир Фрчковски и Томислав Чокревски

Заради: Сторени кривични дела по член 151 од КЗ неовластено прислушкување и тонско снимање

Пријавените како службени лица спротивно на забраната од член 17 став 1 од Уставот на Р.Македонија нарачале (поттикнале) организирале и договориле да се изврши прислушкување на разговорите на оштетените и тоа во неколку наврати на ден 23.04.1995, 14.09.1995 и 26.02.1997 година.

Пријавените овозможиле употреба на посебни уреди за прислушкување на разговорите на оштетените спротивно на уставно загарантираните слободи права на тајноста на сите облици на општење.

Согласно член 17.став 1 од Уставот на РМ на постои никаква можност за исклучок да врз основа на судска одлука, Закон или правилник да се прислушкува или тонски снимаат разговори со употреба на сите уреди.

Според тоа јасно произлегува дека сторените дејствија во секој случај се сторени неовластени и противправно.

За горенаведените прислушкувања оштетените дознаваат врз основа на неодамна донесениот Закон за добивање на досиеата врз основа на поднесените барања.

За горенаведените прислушкувања изготвени се службени белешки, предлози и други писмени материјали.

Која Јавниот Обвинител ја отфрла заради ЗАСТАРЕНОСТ!!

ОСНОВНО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

41 КО Бр.261/2001

Скопје, 28.02.2001 година

Врз основа на чл.144 ст.1 од ЗКП донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

СЕ ОТФРЛА кривичната пријава поднесена од Атанас Лефтеров и Блажо Стојановски, против Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчковски и Томислав Чокревски, за кривично дело – НЕОВЛАСТЕНО ПРИСЛУШКУВАЊЕ И ТОНСКО СНИМАЊЕ од чл.151 ст.3 од КЗ,

- бидејќи настапила релативна застареност на кривично гонење.

О б р а з л о ж е н и е

По проучувањето на кривичната пријава, наоѓам дека настапила релативна застареност на кривично гонење. Имено, за кривично дело – Неовластено прислушкување и тонско снимање од чл.151 ст.3 од КЗ, е пропишана казна затвор во траење од три месеци до три години.

Согласно ч. 107 ст.1 т.5 од КЗ кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат три години од извршувањето на кривичното дело за кое според законот може да се изрече казна затвор над една година.

Во случајов наоѓам дека е истечен законскиот рок во кој може да се преземе кривично гонење поради што следуваше да се одлучи како во изреката од решениево.

/БД ЗАМЕНИК ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Коле Штерјев

Се додека не дадете член од законот кој вели дека СИТЕ ПРЕКРШУВАЊА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ ПОДЛЕЖ АТ НА ЗАСТАРЕНОСТ ке сметаме дека вашиот председател а со тоа и вашата партија се против Евроинтеграциите. Да ве потсетам еден од двата услова за влез во ЕУ е спроведувањето на Резолуциите за осуда на злоделата на комунистичките режими.
16 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Прекршувањето на УСТАВОТ на Република Македонија е ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА или по ваше толкување НЕ Е.
Ако не е тогаш објаснете како ке се гони ПРЕКРШУВАЊЕТО на членовите на Уставот кои ги ГАРАНТИРААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА.
A few seconds ago · Like
29-04-2012, 08:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Либерална партија на Македонија

Јордан Петровски, прво ти имаш незнање или сакаш тука да не манипулираш со конфузни ставови, прашања и изјави. Така да не си валиден да збориш за друг и да мислиш дека си експерт туку наспроти покажуваш некоја дрскост и неразбирање на проблематиката. За да затвориш уста односно да ти укажам на твоето незнаење повели во прилог: КРИВИЧЕН ЗАКОНИК Член 112
Кривичното гонење и извршувањето на казната не застарува за кривичните дела предвидени во членовите од 403 до 408 , како ни за кривични дела за кои со ратификувани меѓународни договори е предвидена незастарливост. Е сега ќе ти потенцирам да отвориш малку официјални веб страни, доста се служиш за гоогле затоа што гоогле не е толку валиден има се и сешто постирано од невалидни извори и таму да побараш какви договори има ратификувано Република Македонија и за кои кривични дела. Прекршување на членовите на уставот се гони според Закон и погоре ти напишав според кој, а ти само пишуваш пишуваш ама изгледа не читаш. Ако и ова не ти е доволно тогаш ке знаеме дека твојата цел е само спинување и изобличување на фактите.
58 minutes ago · Like



Quote:Либерална партија на Македонија

Тоа што не ја завршил добро работата твојот адвокат ако си го имал? тогаш кривицата барај ја на друго место.
55 minutes ago · Like



Quote:Либерална партија на Македонија

Да прашаше убаво, а не со цинизам и дрскост (тотално непотребен) како светот да се врти околу тебе може би ќе добиеше и бесплатен правен совет кој би ти користел. Ваков начин на комуникација во иднина нема да го дозволиме и ќе биде цензуриран доколку не е согласно убавиот збор кој железни врати отвара, а не само да ругаш луѓе со неосновани работи.
50 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Дали може да добијам линк до КРИВИЧНИТ ЗАКОН или зборувате за ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА
36 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Еве ги членовите на кои се повикувате. Од овие членови се гледа дека САМО ОДРЕДЕНИ ПРЕКРШУВАЊА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НЕ ЗАСТАРУВААТ и онаа битното во голем дел се работи за воени состојби и дела кои се починети во војна. Вашиот председател Величковски НЕ ГИ ИЗДВОИ овие дела кога рече: "кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".
Тој се обиде да створи слика дека СИТЕ ПРЕКРШУВАЊА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НЕ ЗАСТАРУВААТ.

Член 403

Тој којшто со намера наполно или делумно да уништи некоја национална, етничка, расна или верска група, ќе нареди да се вршат убиства или тешки повреди на телото или тешко нарушување на физичкото или душевното здравје на членовите на групата или присилно раселување на населението или групата да се стави во такви животни услови што доведуваат до наполно или делумно истребување на групата или да се применат мерки со кои се спречува раѓање меѓу припадниците на групата или да се врши присилно преселување на деца во друга група или тој којшто со иста намера ќе изврши некое од наведените дела, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Воено злосторство против цивилно население

Член 406

Тој којшто повредувајќи ги правилата на меѓународното право ќе нареди спрема воени заробеници да се вршат убиства, мачења, нечовечни постапувања, да се вршат биолошки, медицински или други научни експерименти, земање ткива или органи заради трансплантација, да им се нанесуваат големи страдања или повреди на телесниот интегритет или на здравјето, да се присилуваат на вршење служба во вооружениге сили на непријателот или да се лишуваат од правото на правилно и непристрасно судење или тој којшто ќе изврши некое од наведените дела, ќс се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Употреба на недозволени средства на борба

Член 408

(1) Тој којшто организира група заради вршење на кривични дела од членовите 403 до 406 , ќе сс казни со затвор најмалку десет години.

(2) Тој којшто ќе стане припадник на групата од став 1, ќе се казни со затвор најмалку една година.

(3) Припадник на групата од став 1 кој ќе ја открие групата пред да стори кривично дело во нејзиниот состав или за неа, ќе се ослободи од казна.

(4) Тој којшто повикува или поттикнува на извршување кривични дела од членовите 403 до 406, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Противправно убивање и ранување на непријател
9 minutes ago · Like
29-04-2012, 10:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Либерална партија на Македонија

Јордан ти кажав дека ПОТЕНЦИРАМ да бараш во меѓународните договори согласно еден член, а ти упорно се факаш за членови што не ти вршат работа... Абе тебе стварно не ти е јасно или живееш во странство па не разбираш Македонски јазик. Бог да чува...ајде Јордан Пријатно ти сепак сакаш да манипулираш односно само да критикуваш и само да критикуваш, како што кажав коментарите натаму ќе ти бидат избришани. Ние сме ЛИБЕРАЛНИ но ти премногу претеруваш понекогаш.
3 hours ago · Like



Quote:Либерална партија на Македонија

Наредно што следува е блокирање.
3 hours ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Гледам сте ги избришале моите мислења кои одеа по овој ваш одговор:

-Либерална партија на Македонија

Да прашаше убаво, а не со цинизам и дрскост (тотално непотребен) како светот да се врти околу тебе може би ќе добиеше и бесплатен правен совет кој би ти користел. Ваков начин на комуникација во иднина нема да го дозволиме и ќе биде цензуриран доколку не е согласно убавиот збор кој железни врати отвара, а не само да ругаш луѓе со неосновани работи.

50 минутес аго · Лике

-Јордан Петровски




Дали може да добијам линк до КРИВИЧНИТ ЗАКОН или зборувате за ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА



36 минутес аго · Лике

-Јордан Петровски

Еве ги членовите на кои се повикувате. Од овие членови се гледа дека САМО ОДРЕДЕНИ ПРЕКРШУВАЊА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НЕ ЗАСТАРУВААТ и онаа битното во голем дел се работи за воени состојби и дела кои се починети во војна. Вашиот председател Величковски НЕ ГИ ИЗДВОИ овие дела кога рече: "кршењето на човековите права и слободи исто така е дело што не застарува".

Тој се обиде да створи слика дека СИТЕ ПРЕКРШУВАЊА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НЕ ЗАСТАРУВААТ.

Член 403

Тој којшто со намера наполно или делумно да уништи некоја национална, етничка, расна или верска група, ќе нареди да се вршат убиства или тешки повреди на телото или тешко нарушување на физичкото или душевното здравје на членовите на групата или присилно раселување на населението или групата да се стави во такви животни услови што доведуваат до наполно или делумно истребување на групата или да се применат мерки со кои се спречува раѓање меѓу припадниците на групата или да се врши присилно преселување на деца во друга група или тој којшто со иста намера ќе изврши некое од наведените дела, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.\

Воено злосторство против цивилно население


Член 406

Тој којшто повредувајќи ги правилата на меѓународното право ќе нареди спрема воени заробеници да се вршат убиства, мачења, нечовечни постапувања, да се вршат биолошки, медицински или други научни експерименти, земање ткива или органи заради трансплантација, да им се нанесуваат големи страдања или повреди на телесниот интегритет или на здравјето, да се присилуваат на вршење служба во вооружениге сили на непријателот или да се лишуваат од правото на правилно и непристрасно судење или тој којшто ќе изврши некое од наведените дела, ќс се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Употреба на недозволени средства на борба




Член 408

(1) Тој којшто организира група заради вршење на кривични дела од членовите 403 до 406 , ќе сс казни со затвор најмалку десет години.

(2) Тој којшто ќе стане припадник на групата од став 1, ќе се казни со затвор најмалку една година.

(3) Припадник на групата од став 1 кој ќе ја открие групата пред да стори кривично дело во нејзиниот состав или за неа, ќе се ослободи од казна.

(4) Тој којшто повикува или поттикнува на извршување кривични дела од членовите 403 до 406, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Противправно убивање и ранување на непријател

9 минутес аго · Лике

Зошто ги избришавте, ви се повикавте на тие членови не јас?
A few seconds ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Знаев дека дискусијата ке зврши на овој начин, со закана за блокирање. На истава тема, вашиот председател, кога остана без аргументи ме блокира. Заборавате една работа интернетов неможете да го блокирате а со тоа вашите манипулации неможете да ги заштитите. Не се обидувајте да докажувате дека СИТЕ ДЕЛА ОД КОРПУСОТ НА КРШЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ НЕЗАСТАРУВААТ.
Поарно ке биде за вас како партија и за угледот на вашиот председател да го разјасни поимот НЕЗАСТАРУВАЊЕ. Прекршувањата на човековите права и слободи од страна на власта од 1991 до 1998 година, период за кои се достапни досиеата, не спаѓаат во категорија на дела кои не застаруваат.
2 seconds ago · Like
30-04-2012, 10:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Потребна е лустрација на олигарсите


Јанко Бачев

Почитувани браќа и сестри, во оваа колумна сакам да се осврнам на прашањето, зошто е потребна лустрација и на таканаречените олигарси, дотолку повеќе што во моментов во Република Македонија се води жестока дебата „за“ или „против“ нивното лустрирање.

Сигурен сум дека во изминатите 20 години на темата приватизација во Македонија преку која се збогатија овие олигарси, досега се имате изнаслушано само воопштени фрази, дека македонската приватизација била криминална, неморална, неправична... и - толку.

Затоа, прашањето што ќе го отворам тука го сметам за едно од поинтересните за вас кои живеете во Австралија и воопшто за сите Македонци кои живеат надвор од Татковината, бидејќи ќе ви изложам еден пример на приватизација за да видите одблиску и одвантре како беше извршен грабежот на општествениот капитал во Македонија.

Имено, во македонската криминална приватизација им беше дозволено на десетина одбрани личности да извршат економска диверзија врз Македонија и економско злосторство врз сопствениот народ преку бесплатно приграбувањето на најзначајните општествени фирми кои 50 години наназад ги создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

Ова, всушност, беше еден пеколен план на сојузната УДБА, која во 1989 година и самата свесна дека СФРЈ се распаѓа, во рамките на Оперативната акција „Опера„ ќе им овозможи на најистакнатите нејзини кодоши од просторот на поранешна Југславија, преку ноќ да се трансформираат од комунисти во капиталисти, и, на тој начин, преку нив да се остваруваат зацртаните политички и медиумски интереси на поранешните југословенски простори, кое нешто, за жал, во Македонија остана до денешно време!

Во услови кога ревизијата на македонската приватизација станува невозможна мисија, лустрацијата е добра можност да им се изрече барем морална осуда на овие десеттина (некои во меѓувреме починаа) најголеми транзициски бандити во Македонија, кои, своевремено, до еден биле соработници на тајната полиција уште од почетокот на нивните работни кариери во социјализмот, и токму оваа соработка ќе биде клучна за градење на нивните кариери и нивното богатење.

Всушност, од аспект на лустрацијата овие лица се едни од поинтересните за јавноста.

Во колебањето, која од најзначајните топ десет фирми да ја земам за пример, по случаен пат се одлучив за приватизационата приказна на „Скопска пиварница„. Се разбира, примерот на „Скопска Пивара„ важи и за останатите фирми, со кој, беа ограбени работниците, администрацијата, новинарите, земјоделците, невработените, студентите..., кои не добија право на акции, иако општествениот капитал што се приватизираше беше резултат на трудот на сите работни луѓе во социјализмот.

Имено, на почетокот од приватизацијата, светски познатиот гигант „Кока Кола“ пројави заинтересираност за откуп на „Скопска пиварница“ која сеуште е во општествена сопственост и притоа достави прелиминарна понуда во висина од 100 милиони тогашни германски марки. Меѓутоа, во согласност со проектираниот криминален приватизациски модел, најпрвин им се дозволува на менаџерите на „Скопска Пивара“ да ја откупат компанијата за само четири милиони марки, наспроти понудата на „Кока Кола“ од сто милиони марки. Но, и тие четири милиони марки за откуп, менаџерите на „Скопска пиварница“ не ги извадија од сопствениот џеб, туку од приходот што се остварува со работа на фирмата, или, поинаку кажано ја „купија“ бесплатно.

Значи, Македонија не се определи за платена приватизација и полнење на државниот буџет, туку за богатење на поединци преку земање на фирмите бесплатно од нивните директори. Колкава тежина за македонската држава имаат понудените 100 милиони германски марки за откуп само на „Скопска пиварница„, може да се види на примерот кога нашата Влада во тоа време беше пресреќна од добиените 15 милиони долари од милијардерот Џорџ Сорос за купување на нафта и некои други неопходни производи, за да ги преживееме тогашните силни блокади и притисоци од страна на Грција.

Нејсе. Во тоа време кога се врши проценка на вредноста на „Скопска пиварница„, која, нели, си ја проценија на багателни четири милиони марки, во нејзините магацини држи залихи на хмељ - суровина за пиво, во вредност од околу десет милиони марки, а кое нешто менаџерите го прикрија во пресметковната вредност, се со цел, компанијата да се обезвредни и откупи по багателна цена.

Значи, невиден апсурд, залихите на суровина во тој момент имаа поголема вредност од пресметаната вредност за откуп на компанијата!?

Управата за организиран криминал при Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање, во тоа време ги имаше овие информации околу „Скопска пиварница“ во рамките на оперативната акција „Трансформација“. Меѓутоа, сепак ќе изостанат посакуваните активностии на органите на прогонот. Новинарите во ваква ситуација би рекле: наградно прашање од милион долари, зошто МВР не презеде ништо спрема директорот Свето Јаневски и неговата дружина!?

Значи, Свето Јаневски со својата дружина го заокружи бесплатното присвојување на „Скопска пиварница“ и така среќно и весело работеа до 1998 година, кога за еден момент им се наруши спокојството, затоа што дојде до промена на власта, а победничкото ВМРО-ДПМНЕ во тогашната предизборна кампања најави дека ќе извршат комплетна ревизија на приватизацијата!

Уплашени од ваквите најави, Свето Јаневски и неговиот менаџерски тим непосредно пред изборите во 1998 година, кога веќе на сите им беше јасно дека ќе дојде до промена на власта, брзопотезно, но, сега од позиција на газди на „Скопска пиварница“, го продаваат управувачкиот пакет на акции од 51 отсто за сума од 34 милиони долари на Balkanbrew holding ltd – фирма од синџирот на веќе споменатата „Кока Кола“.

Значи, наместо сто милиони германски марки, колку што на почетокот на приватизациониот процес понуди компанијата „Кока Кола“ за купувањето на „Скопска пиварница“ да завршат во буџетот, се дозволи најпрвин Свето Јаневски и неговата дружина бесплатно да ја присвојат компанијата, а, потоа, од позиција на газди, да ја продадат повторно на „Кока Кола“ ама, за износ од триесет и четири милиони долари.

Меѓутоа, тоа не е се. Следи финалето на бандитизмот. Но, пред да продолжам, да ве предупредам дека доколку не сакате да ви се наруши славеничкото расположение по повод денот на трудот – 1 ви мај, запрете со читањето тука.

Имено, финалето дојде пред два месеци кога на македонската берза „Кока Кола“, откупи уште 41,2 отсто од акциите на Свето Јаневски и дружината во вредност од 79,1 милион евра.

Значи, внимавајте добро, со споменатите 34 милиони долари од 1998 година и сегашните 79,1 милион евра, Свето Јаневски и неговата дружина заработија фантастични преку сто милиони евра од продажбата на акциите во „Скопската пиварница“ а ја откупија за нула денари, поточно, не извадија ниту еден денар од сопствениот џеб.

Е тоа е почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки „зделка“ за сите времиња. За нула денари заработувавте сто милиони евра и преку ноќ се промовирате во милионери врз грбот на македонските работници кои со невиден ентузијазма ги градеа фабриките во социјализмот.

Оттука, по изложувањето на приватизацискиот пример со „Скопската пиварница“ не е претерано ако кажам дека е голем грев спрема граѓаните доколку изостане барем една морална осуда на олигарсите преку нивното лустрирање.

Всушност, на тој начин, целосна сатисфакција добива и моето залагање за тоа, како треба да се спроведе лустрацискиот процес.

Имено, граѓаните знаат дека своевремено, со мојата колумна во „Шпиц“ од 13 јуни 2006 година, бев првиот што се заложив за лустрацијата доколку победи тогашната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во која членуваше и Народното движење за Македонија. Откако дојде победата на изборите на 5 јули 2006 година и се беше јасно и безопасно, Стојан Андов, како тогашен коалициски партнер и дел од власта, ја официјализираше лустрацијата со донесување закон. Но, денес се гледа дека Андов се послужил со мала итрина, односно формално напиша лустрациски закон, но така скроен, што од лустрацијата да излезе едно големо ништо и голем трик за манипулација со граѓаните.

Значи, тогаш, владеачката ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за концептот на Стојан Андов, за кој сега гледаме дека и самите признаваат дека бил со вграден дефект, бидејќи во годините потоа извршија повеќе суштински измени на лустрацискиот закон во насока на една сеопфатна лустрација, што всушност беше основата на мојот предлог, кој го предлагав уште во 2006-та. Меѓутоа, како што вели народот – никогаш не е касно.

Затоа, ќе бидам задоволен доколку мојот лустрациски концепт од 2006-тата кој сега во голем дел е прифатен, на крај добие и успешна реализација и ќе им биде од корист на сите оние кои сакаат да ја знаат простата вистина за настаните, за работи што се случиле и кои, во согласност со човековата природа, доколку не заживее вистински болниот, но делотворен лустрациски третман, одново ќе се случуваат на истиот начин. Концептот на лустрација кој сега го прифати владеачката гарнитура, уште во 2006-тата го предложив не за моменот, туку за сите времиња во демократска Македонија.

Поточно, таквиот концепт го предложив за да го отстраниме непријатниот факт на премногу кодоши, а премалку лустрација. Па така, универзитетски професори - кодоши и понатаму да ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели - кодоши и натаму да ни сервираат фалисификувана историја. Новинари - кодоши и понатаму да го креираат јавното мислење. Претседатели на партии – кодоши и понатаму да бидат чинители на политичка сцена. Олигарсите што извршија економска диверзија врз сопствениот народ во криминалната приватизација и понатаму да останат нечепнати.

Авторот е доктор по меѓународно право

(This post was last modified: 30-04-2012, 11:10 PM by ЈорданПетровски.)
30-04-2012, 11:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Либерална партија на Македонија

Јордане никој е се повика на тие членови Јордане што само ни наметнуваш, епа ќе ти ги оставам коментарите за другите да читаат колку знаеш да спинуаш. Секако дискусијата ке заврши на ваков начин кога дебатираме со неразбран човек кој има свои задни намери само да руга се на facebook без никаква причина и да ги извртува ,,муабетите'' и фактите. Сепак ти погоре напишаниот коментар незнаеш да го прочиташ или не си го прочитал, Ако морам да ти пишувам под 2 или по 3 пати едно исто доаѓам до заклучок дека се понашаш како мало дете за сладолед или како викаат слепиот се фатил за стап. Оди прави глупости на друг ѕид.
27 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Ако јас спинувам, зошто тоа не го докажете. Можете на многу едноставен начин да го сторите тоа. Треба само да го дадете членот/членовите од законот каде што стои дека СИТЕ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА КРШЕЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НЕ ЗАСТАТРУВААТ.
Јас ви наведов во моето предходно мислење дека:

-"Прекршувањата на човековите права и слободи од страна на власта од 1991 до 1998 година, период за кои се достапни досиеата, не спаѓаат во категорија на дела кои не застаруваат"

Проблемот е во следново:
Во Македонија СДСМ и неговите идеолошки приврзоци сакаат на секој начин да го попречат откривањето на тој злостор, злостор кој бил вперен против МАКЕДОНСКАТА САМОСТОЈНОСТ И ДЕМОКРАТИЈА и кој е изврешен после 1991 година.
Во Македонија не е вршен прогон само на идеолошки неистомисленици, туку најголем дел од прогонуваните (околу 90%) се по национална основа. Прогонувани се Македонци (левичари, десничари и центристи), кои беа за Самосројна, Суверена и Демократска Македонија.
2 seconds ago · Like
01-05-2012, 12:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Либерална партија на Македонија

Ти Јордан имаш проблем сам со себе за жал. Ајде реков поздрав.
44 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Вие имате проблем, фатени сте во манипулацијата.
43 minutes ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

хахахахахахахахах таман кога погоре се разбра дека еден член носи на повеќе членови повторно ми го врќаш муабетот на исто. Ајде Јордан како што реков Поздрав. Инаку коментарите на наше задоволство ќе ги оставиме тука за да сведочат за твојот незнам како да кажам ,,случај''.
41minutes ago · Like


Quote:Либерална партија на Македонија

Другите што се тука нека видат дали е манипулација или не.
40 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Да, нека видат.
Заборавате дека Резолуцијата 1096 на Советот на Европа вели дека има дела, злосторства, против човековите права и слободи кои застаруваат. Затоа е и членот 7. Ке ви го повторам за да неживеете во збалуда:

-"Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина."
33 minutes ago · Like
01-05-2012, 05:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36








13-05-2012, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36









13-05-2012, 11:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36








13-05-2012, 11:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36









10-06-2012, 02:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,358
Joined: Mar 2010
Reputation: 36









10-06-2012, 02:25 AM
Reply