Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Пола - Пола


Дел од решенијата во иницијативата на ВМРО - ДПМНЕ за носење на нов закон за лустрација, ги подели партиите, во зависност од позицијата што ја имаат на политичката сцена во Македонија. За дел од нејаснотиите во предлогот


Quote:Goran Sofeski

Pa dobro, svesen za moznosta da bidam obvinet za pristrasnost i proteziranje ce go kazam slednovo:Prvo, tezinata so koja "teskasite" od DPMNE priogaat kon nov zakon so naglasuvanje na moznost za javna lustracija i vaznost do 2006 godina e v...
See more
25 March at 18:51 · Like · 1



Quote:Sashe Ivanovski

dobsr beshe...prijatno me iznenadi
Monday at 09:10 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Разочарувачки ви беше настапот Господине Ивон.
Во ниеден сегмент не ја побивте Бонева и нивната пародија од предлог на закон. Не ја побивте од проста причина и вие, како и Груевски, не сакате да се спроведе ВИСТИНСКА лустрација.
Monday at 09:19 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Оваа е наша порака упатена до Груевски:

-Сите импровизации кои ги прави Груевски а со цел да купи време нема да успеат. Македонија мора да помине низ процесот на ВИСТИНСКА лустрација, лустрација во која жртвите ке бидат тие, кои низ институциите на системот, ке ги гонат злосторниците. Во оваа квази лустрација на Груевски ке останат нечепнати главните: Црвенковски, Богоевски, Аврамовски, Верушевски, Бабановски, Мијалков и уште редица други.
Има само едно прашање а тоа е дали Груевски ке ја спроведете вистинската лустрација за што сеуште има шанса или пак него и неговата екипа утре ке ја лустрира се разбира заедо со гореспоменатите новоизбрана Македонска власт.

пс. тука ке се најдете и вие Господине Ивоне и другите од опозицијата бидејки никој од вас не помислува да се спроведе вистинска ЛУСТРАЦИЈА. Онаква каква што препорачува Советот на ЕУ.
Monday at 09:27 · Like · 1


Quote:Jordan Petrovski

Македонската лустрација и „Европското чудо“

Колку се искрени политичарите во однос на лустрацијата?

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛУСТРАЦИЈА, НОВА ЛАГА НА ГРУЕВСКИ !!!

Monday at 09:31 · Like ·
29-03-2012, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Goran Nikolovski

Значи Ивон твоето излагање во емисијата беше добро што го потврдува и г-дин Јордан. Според него “не си успеал да ја побиеш Бонева“. Очигледно е дека г-динот Јордан не го сфати проектот Лустрација, што очекува тој да се уништат човечки судбини. Доволно е тоа што таквите лица кои вршеле прибирање и давање информации-кодошење цел живот беа на функција а со овој закон ќе бидат отстранети од функции. И замислете такви личности да не бидат на функција, исто е како да ги фати онаа еврејската “да имаш, па да немаш“. Поздрав
Monday at 11:17 · Like



Quote:Ivon Velichkovski

Благодарам на сите мислења, вклучително и оние за кои политиката е дописна задача.
Monday at 11:59 · Like · 1


Quote:Svetlana Kirevska

А да донесеш цврста одлука во иднина да бираш друштво.
Monday at 13:29 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Господине Горан вие не сте го сватиле "проектот" ПРОЧИСТУВАЊЕ/лустрација, но за жал не го сватил ни Господинот Ивон, кој нели е за влез на Македонија во ЕУ а влез во ЕУ нема без спроведена лустрација/прочистување. Советот на ЕУ со последниот извештај јасно укажа дека досегашните законски решениа не биле добри , значи и решението на Господин Андов.
За да успее прочисгтувањето/лустрацијата мора да се појде од основното: ДА ИМ ОВОЗМОЖИ НА ЖРТВИТЕ, тие пред судските органи да поднесат тужби против луѓето кои работеле на формирање на нивните досиеа. Тоа се "ИЗВРШИТЕЛИТЕ". На првата страница на досието СЕ НАОЃААТ НИВНИТЕ ИМИЊА, значи извршителите на злосторот се познати. Низ судската постапка треба да се пронајдат "НАЛОГОДАВАЧИТЕ" и соучесниците "СОРАБОРНИЦИТЕ" кои ние полуларно ги викаме "КОДОШИ".
Само така ке бидат опфатени сите со лустрацијата.
Зошто Груевски а гледам и вие господине Ивон упорно го одбегнува оваа решение??
Подолу на линкот има три известувања за лица кои по службена доллжност учествувале во правењето на досиетата, во прогонот на луѓе. Како тие по законов на Груевски или по законот на Андов ке бидат иле ке беа казнети.

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЛУСТРАЦИЈА, НОВА ЛАГА НА ГРУЕВСКИ !!!

Monday at 13:36 · Like ·


Quote:Ivon Velichkovski

Светлана, мојот избор на друштвото е јасен, ама секогаш простор оставам и за оние кои не се согласуваат со мене. Секако, додека не започнат да тврдат дека само нивните аргументи се „вистински“.
Monday at 14:04 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Ивоне, дали ги признаваш аргументите на на ЕУ, САД, Канада ...
Monday at 14:08 · Like


Quote:Ivon Velichkovski

г. Петровски, моите ставови и аргументите што ги признавам се јасни. Значи, не го објаснувам она што сум го објаснил. Ви благодарам на интересот и аргументите што ги изнесовте и, секако, истите ќе ги имам предвид при натамошната расправа по предложениот закон во Собранието. Поздрав
Monday at 14:14 · Like
29-03-2012, 08:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Dushan Avramovski

Најлесно да се донесе закон:Сите граѓани на РМ се кодоши, и да си обезбедат документ дека не се,нормално, од надлежен Орган, секако со таксени марки, па да видиме,кој нема да приложи, богами може да ги изгуби сите граѓански права, па дури и прогон, нема шега...
Monday at 14:16 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Господине Ивоне, за да ја докажеме исправноста на ставовите треба, мора, да воспоставиме критериум. Критериумот кој важи во Македонија е очигледно невалиден за ЕУ, САД, Канада ...Затоа беше моето прашање.
Monday at 14:19 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Господине Душан, кодоши имало и ке има. Тие се небитни. Битно е да се попречи односно да се казни оној кој ствара кодоши, "НАЛОГОДАВЧИТЕ" и "ИЗВРШИТЕЛИТЕ", за да ја зачува власта-идеологијата. Дел од наш текст кој му беше упатен на Груевски во јануари 2011 година, кога се подготвуваше предходниот закон за лустрација:

“Експертите” при составувањето на Законот за лустрација како најголеми виновници за делата на УДБ-а ги посочуваа Кодошите. Во држава каде првенствена задача на полицијата и војската беше на недемократски начин да ја зачуваат Комунистичката партијата на власт, шансите да се биде кодош беа и се многу големи. Затоа, спрема Кодошите треба да се има засебен однос: Бидејќи тие биле присилени на соработка со УБД-а, Законот нив мора да ги класифицира како еден вид на жртви и за нив да не предвидува казни.

За Кодоши многумина ги сметаат и оние луѓе кои на официјален начин биле канети во канцелариите на УДБ-а, при МВР, со закана дека ако не “соработуваат” т.е. ако не се појават на сослушувањето, им следува некаква казна. За Кодоши се сметаат и луѓе – соседи или пријатели и членови на семејството на “Предметот на Обработка”, кои знајно или назнајно, правејќи уличен муабет со Службеник-Извршител придонесувале кон досието на “Предметот”. За Кодоши се сметаат и луѓето, за кои објаснивме погоре како биле ставани на свршен чин, и како единствен избор им останало да доставуваат информации до органите на прогонот. Значи, Кодошите, најчесто немале избор.

За да не се добие впечаток дека оваа стратегија има за цел комплетна амнестија на Кодошите, тука мора да ги дефинираме Соработниците и да ги раздвоиме поимите “Соработник” и “Кодош”. Соработници се оние поединци кои не биле вработени во тајните служби на МВР, но кои, како надворешни тела, извршувале задачи за УДБ-а кои биле на штета на други поедници и на националните интереси, а за возврат добивале надомест од пари, привилегии, унапредувања итн. За разлика од Соработниците, Кодошите не добивале надомест за доставувањето информации до МВР, туку, информациите кои ги давеле, биле изнудени или незнајно дадени. Секако, мора да се очекува дека има значаен број на Кодоши кои станале Соработници. Бидејќи цели на оваа стратегија се националното помирување и размонтирување на УДБ-а како орган на антимакедонска политика, ние велиме дека Кодошите (кои не станале Соработници) треба да бидат третирани како жтрви или во најмала рака – неутрално, но во никој случај тие да не се гонат.
Monday at 14:23 · Like


Quote:Dushan Avramovski

се согласувам, имало и ке има секогаш,како што има тутун и дрога, ама ако се занимаваме со тоа цел живот,ке имаме ли време за животот, па кодошите сами ли работеле, или заедно со службените кодоши (никако не мислам да бранам кодоши) подли, никакви, себични, нелуѓе...а јасно е дека сме немоќни, секогаш ке има селективен настап, значи неправедност
Monday at 14:28 · Like · 1
29-03-2012, 08:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Dushan Avramovski

се согласувам, имало и ке има секогаш,како што има тутун и дрога, ама ако се занимаваме со тоа цел живот,ке имаме ли време за животот, па кодошите сами ли работеле, или заедно со службените кодоши (никако не мислам да бранам кодоши) подли, никакви, себични, нелуѓе...а јасно е дека сме немоќни, секогаш ке има селективен настап, значи неправедност
Monday at 14:28 · Like · 1


Quote:Jordan Petrovski

Тоа е онаа што јас и Комитетот за Демократизација на Македонија сакаме да го спречиме, СЕЛЕКТИВНИОТ ПРИСТАП. Селективен пристам може да се спречи само ако на ЖРТВИТЕ, оние кои биле прогонувани, им се овозможи да поведат судски постапки пред Суд. Само така ке се дојде до врвот на пирамидата ама по се тоа е стравот кај политичката елита во Македонија.
За да го објаснам стравот на политичката елита ке парафразирам една изјава на бившиот министер на полицијата Томислав Чокревски, тој вели: "дека тој знае кој од пратениците се “трудни до заби"
Monday at 14:39 · Like


Quote:Dushan Avramovski

е ајде де, кај може ова ОВДЕ...во РМ,да се направи, кога со години немаме критична маса...
Monday at 14:48 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Критичната маса треба да ја створат граѓаните на Македонија. Неможе Бонева, Ивон, Димовски, Данева, ... да се однесуваат како тие да се од Господа дадени. Треба конежно да сватат дека тие се "слуги" на народот а со тоа и дека треба да работат во интерес на граѓаните. Околу лустацијата, осудата на злосторите на комунистичките режим, ЕУ е многу јасна и прецизна. Обврската на народните избраници е да ги спроведат тие резолуции. Или да кажат во предизборието дека тие се против зачленување на Македонија во ЕУ.
Monday at 14:58 · Like


Quote:Dushan Avramovski

богами треба и МОРА, зошто и Законот кажал дека Владата е Извршен орган на Парламентот, а никако обратно, но кој го спроведува тоа, и ај сега направи нешто во интерес на сите, ако масата само клима и прежувува, значи така им чини (на голем дел) а исто еден поголем дел има страв од репресии....
Monday at 15:00 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Без борба и без жртви, не мислам на борба со пушки и убиства, нема подобро денес и утре.
Monday at 15:04 · Like



Quote:Jordan Petrovski

Ни на тие што мислите дека им чини не е така. Незнам дали сте го виделе видеово, ако сте го виделе , треба да се потсетиме:





A zosto na Nikola Gruevski mu kazavte deka sakate da go gusnete? Abe, licemerie...

Monday at 15:07 · Like ·
(This post was last modified: 29-03-2012, 08:41 PM by ЈорданПетровски.)
29-03-2012, 08:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Dushan Avramovski

е тоа де, до кај дојдовме, ова е фактичката состојба и МИЗЕРИЈА на граѓаните во РМ, па види со кого треба да разговараш, со кои луѓе...трагично е што владее и е пракса, за жал бетер од минатиот век, дека мораш да бидеш член на СК, за да напредуваш, ама денес мораш да си член на ВМРО, макар и на било какво, за да преживееш, е па јас сум свој човек и со мои размисли,имам ли право на тоа!?
Monday at 15:11 · Unlike · 1



Quote:Dushan Avramovski

преписката ми беше пријатна,јавете се некој ден за кафе(071 226700)
Monday at 15:14 · Like


Quote:Jordan Petrovski

Ретко човек да сретне разумен соговорник, како вас и да дискутира исклучиво за проблемот. Благодарам за поканата, јас во моментов сум многу далеку. Но се надевам дека сепак кафето ке го испиеме наскоро. Лустрацијата мора да се спроведе ама не по теркот на Груевски, Андов, Црвенковски. Туку по теркот на ЕУ.
Monday at 15:22 · Like


Quote:Dushan Avramovski

па така и мора да биде, кога одиш на пазар, секој си плаќа тоа што ке си купи, поздрав...
Monday at 15:25 · Like


Quote:Илија Ристаноски

г.Величковски све што треба да се објасни ти објасни г/ѓа Бонева. Од А до Ш. Не можеше да ги побиеш , а со твоите коментари изгледа си ПРОТИВ лустрацијата?
Tuesday at 09:10 · Like


Quote:Ivon Velichkovski

Бонева нешто објасни? Еве, на пример, нека објасни зошто ги донесе претходните измени на лустрацијата што го закочија процесот. Или тоа и беше целта - и нејзина и на ВМРО-ДПМНЕ
4 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Ивоне, лустрацијата во која комисијата ке "суди" а ке суди само на оние на кои ке треба да им се проверат изјавите, не е лустрација тоа е манипулација со вистината и шанса некој да ја злоупотреби во политички цели. Да се пресмета со политичките противниции нестомисленици во своите редови.
Лустрацијата треба да ја ВОДАТ ЖРТВИТЕ, треба да им се овозможи да ги тужат ИЗВРШИТЕЛИТЕ, тие се познати. Само така ке има праведна и потполна лустрација.
4 hours ago · Like


Quote:Ivon Velichkovski

Лустрацијата не е рехабилитација, ниту судски процес, таа само спречува соработници на тајните служби кои ги повредиле човековите права и слободи во минатиот систем во име на идеологијата да вршат јавни функции во демократијата. Соочувањето и компензацијата на жртвата за штетата нанесена од извршителот е друг (судски) процес.
4 hours ago · Like
29-03-2012, 08:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Jordan Petrovski

Еве што вели членот 7

„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“
4 hours ago · Like


Quote:Ivon Velichkovski

г. Петровски, цитирате различни резолуции, ама не ме збунувате. Резолуцијата 1096, Резолуцијата за извинување на жртвите на комунизмот... не е единствен документ. Не бегајте од студијата на Маршаловиот фонд - по неа лустрацискиот процес е процес на прочистување и општествена консолидација. Илустративно: со лустрација спречувате судија да биде бивш соработник на службите. А судијата одлучува по прекршувањето на човековите права од соработниците на службите.
3 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Студијата на Маршаловиот фонд е смешно да ја изедначувате со РЕЗОЛУЦИИ на Совет на ЕУ. Господине Ивоне, во последниов извештај од ЕУ стои јасно што треба да стори Македонија.
3 hours ago · Like


Quote:Ivon Velichkovski

г. Јордане, Совет на ЕУ не постои - постои Совет на Европа и Европски совет. А Извештајот на ЕК за Македонија зборува за политичка злоупотреба на лустрацијата. Толку за релевантноста на Вашите податоци. Инаку, Студијата со која се потсмевате е основата и за Резолуциите и за законите за лустрација во Источна Европа. Поздрав
3 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Госпоѓата Најчевска е релевантен фактор, таа многу јасно посочува чие дело е резолуцијата 1096.

Mirjana Najcevska

November 20th, 2011 at 4:16 pm

2. Времето од 1996 до денес е исполнето со многу преиспитувања на овие ставови на Советот на Европа.....
3 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Не сте го прочитале убаво извештајот. Оваа е делот од извештајот кој го понудија на јавноста:

"Денес во Стразбург се донесе Резолуцијата за охрабрување на Македонија да продолжи со процесот на отворање на досијата на југословенските комунистички тајни служби и да ја овласти Комисијата, со задача, слободно да ги објавува резултатите од проверките и да располага со сите архиви потребни за работата на комисијата."

Да го посочите делот од извештајот на кои вие се повикувате.
За ваша информација Комитетот за Демократизација на Македонија е во постојан контакт со Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Така да и ние имаме удел во ваквата препорака во Извештајот.
3 hours ago · Like


Quote:Ivon Velichkovski

А претходно тврдевте дека Комисија не треба да врши лустрација...? Инаку и по сегашниот закон за лустрација одлуките на Комисијата се објавуваат слободно... А Извештајот на Европската Комисија (ЕК) е достапен и на интернет. Ви предлагам да си ги консолидирате тезите со „Комитетот“ и решете - сакате лустрација или оправдание за виктимизација.
2 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Ивоне ситни подметнувања не ви требаат. Јас и Комитетот за ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА на Македонија се залагаме да вистинско ПРОЧИСТУВАЊЕ/лустрација. Вистинско и ПРАВЕДНО ПРОЧИСТУВАЊЕ на општеството од ЗЛОСТОРНИЦИТЕ на едноумието може да се стори само...
See more
about an hour ago · Like


(This post was last modified: 29-03-2012, 08:58 PM by ЈорданПетровски.)
29-03-2012, 08:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Ivon Velichkovski

Јордане, кој разбира - разбира, а кој не сака да разбере - нема. Вие и во моментов може да ја побарате сатисфакцијата преку суд - за злосторство против човештвото и човековите права делото не застарува. А зошто тоа не го правите, туку се допишувате овде со мене - одговорете си самиот. Ве поздравувам и со ова ја завршувам полемиката со Вас по ова прашање.
56 minutes ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Господине Ивоне, незнам што сте по образование. Јас веке пет години се обидувам правдата да ја истерам преку суд во Македонија и така да почне спроведување на ВИСТИНСКА ЛУСТРАЦИЈА. Судот мојата кривична пријава ја отфрли заради наводна ЗАСТАРЕНОСТ иако до рокот за застаренст имаше уште цели СЕДУМ месеци.
Затоа би ве замолил да ми го дадете членот од законот на кој се повикувате кога велите: "за злосторство против човештвото и човековите права делото не застарува"

Со вас се допишувам бидејки сега сте лидер на парија која ја направи најголемата измам со лустрацијата. Ја насади накриво. Се понадевав дека вие како ЕВРОПСКИ орјентиран млад човек ке ги почитувате РЕЗОЛУЦИИТЕ на Советот на ЕУ, затоа ве упатувам на нив.
A few seconds ago · Like
29-03-2012, 08:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Хелсиншки комитет: Лустрацијата директно против Уставниот суд


[Image: helsinski.jpg]

Лустрацијата продолжува да се одвива директно против одлуките на Уставниот суд, но и се појасно да добива форма на инструмент за кршење на човековите права, се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права за периодот од декември 2011 до март 2012 година.

- Лустрацијата излезе од уставен колосек и од рамките предвидени и сугерирани со Резолуциите на Советот на Европа. Лустрацијата излезе од уставен колосек кога парламентарците изгласаа промени на Законот на лустрација директно спротивни на претходно укинувалката Одлука на Уставниот суд од 2010 година, која утврди дека: лустрацијата после 1991 го доведува под прашање постојниот демократски уставен поредок на Република Македонија и дека лустрацијата на невладините организации, универзитетот академијата и слично, е мешање на држвата во сферата каде нема ингеренции пропишани со Устав – се вели во извештајот.

Со ваквиот статус, според Хелсиншки, лустрацијата станува инструмент на кршење на човековите права, и влегува како проблем во скоро сите Извештаи за состојбите со човековите права во Македонија.

Хелсиншкиот комитет, упатува јасни пораки и констатации за сериозноста на проблемите кои ги создава ваквиот процес во Република Македонија.
(This post was last modified: 10-04-2012, 01:58 PM by ЈорданПетровски.)
10-04-2012, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36




12-04-2012, 12:09 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(12-04-2012, 12:09 AM)ЈорданПетровски Wrote:



Quote:Aleksandar Afrika Petrushevski

Jordane, vaka koga ke ja slusa nekoja zena sto raboti vo sivalna ili pak nekoj maz sto raboti na drebong koi ne se razbiraat vo Ustav i zakoni ke recat> videte VMRO se za lustracija ama opozicijata e taa sto nesaka! Pa g-ga Boneva e eden golem lazov koja ja zamajuva javnosta. Citajte go cl.33 od noviot zakon za lustracija kade ovoj zakon gi stiti sorabotnicite na drzavna bezebdnost na nacin sto im ovozmozuva da si dadat ostavka, a potoa ke ostanat anonimni, a za krivicna odgovornost i da ne zborime! Znaci kolku laze i ovaa Boneva i Premierot Nikola Gruevski toa ne e za veruvanje!
46 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Александар, Комитет за Демократизација на Македонија упати меѓу другите и до Госпоѓа Бонева свои забелешки на предлог законот. Во изјавата која ја слушнав на видеово Госпоѓа Бонева спомена некои од тие видувања, дали се работи за нашите забелешки или и самата комисија дошла до слични видувања воопшто не е битно. Ние како Комитет не се бориме за екслузивност битно е тие барања да бидат вградени во законот. Ние ке сочекаме да ја слушнеме конечната верзија на законот, засега тоа единствено и ни преостанува, ако решениата не ги задоволуваат нашите барања ке бидеме приморани повторно да се обратиме до телата на ЕУ. Ние нема да се откажеме од нашата цел, спроведување на вистинска лустрација, лустрација каде што ЖРТВИТЕ ке бидат во можност да ги гонат по судски пат ИЗВРШИТЕЛИТЕ, инспекторите и другите службени лица на МВР а преку нив да стасаат и до врвот на пирамидата, до НАЛОГОДАВАЧИТЕ.
about a minute ago · Like
12-04-2012, 01:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Дебатата на ФООМ за новиот предлог-закон за лустрација откри низа недоследности


„Се зачудувам на неписменоста на дел од членовите кои го пишувале предлог-законот за лустрација. Македонија денеска нема служба за безбедност, туку има Агенција за разузнавање. Во прописите кои се уште се важни, дефинирано е што е соработник, а таму нема таен соработник, но има резидент“. Ова на денешната дебата за решенијата што се понудени во новиот предлог-закон за определување услов за ограничување за вршење јавна функција го изјави мајор во АРМ, учесник на дебатата организирана од Фондацијата отворено општество Македонија.

За професорот на Правниот факултет и поранешен прв човек на МВР, Љубомир Фрчкоски новиот предлог-закон претставува вододелница.

-Кога јас би бил на позицијата на владата, јас би прифатил дебата за Законот за лустрација. Дека јасно и свесно се крши Уставот сме имале примери и досега, но сме немале вакво недвосмислено кршење на Уставот. Имаме предграѓанска ситуација. Во позицијата на предлагачи на Законот, се користат фалсификувања на податоците. Позицијата на Комисијата наместо да е понезависна, тие ја прават целосно дијаболична. Истражувачки комитет-Комисијата за лустрација со новите измени не може да истражува, туку само да конструира соработништво – рече Фрчкоски.

Предлагачот на Законот за лустрација, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов на денешната дебата истакна дека најважно е дали ние можеме да градиме правен поредок и дали знаеме како се гради хиерархијата.

-Не смееме да легализираме постапка на руинирање на правен поредок. Првата верзија се усвои со консензус, тоа беше важен аргумент, за врската на политичката и правната страна на законот. Временскиот опфат беше до 1991 година, но не можев да постигнам консензус. Опозицијата бараше временскиот опфат да биде до денот кога стапува во сила законот, владата не беше за тоа. Тие рекоа да биде до 2000 година. Опозицијата го одби тој предлог. Потоа следеше непочитување на одлуката на Уставниот суд. Рокот е поврзан со важењето на одредени закони, ако рокот го ограничиме на датумот на промена на системот, тогаш нема проблем со политичката и правната димензија на законот – изјави Андов.

Актуелниот член на Комисијата за лустрација, Чедомир Дамјановски загатна неколку проблеми и недоследности во предлог-законот за лустрација.

-Има проблем во член 4, од предлог-законот, во врска со новата категорија соработници-оперативна врска. Ние досега сме верификувале лица кои биле оперативна врска, затоа што до сега се бараше само да не се верификува соработник. Ако влезе оваа измена во Законот, треба да се повтори и процесот за оние кои веќе имаат верификувани изјави. Нема ниеден присутен од предлагачите на Законот на дебатава. Спорна е иизмената во врска со обврската на Комисијата на веб-страната да го објави решението, посебно ако решението не е конечно. Донесовме 4.700 решение дека немаат услов за вршење јавна функција, но згрешивме што во рок од три дена не ги поднесеме до владата, Собрание и ДИК, а донесени се во септември лани – рече Дамјановски.

На денешната дебата која се уште е во тек се загатнаа и прашања зошто во предлог-законот ќе се бараат роднински врски само за олигарските, а не на пример роднински врски за претседателот на државата или, пак, претседателот на Врховен суд. На дебатата се презентираат и случаи од судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чии пресуди се од значење и за примената на лустрацискиот процес во Македонија.




Quote:Зборувам за уште еден лажен либерал: Љубомир Далниов Фчркоски, под чија палка биле отворени барем две (моето и она на Б. Стојаноски) досиеаја од „политички и идеолошки причини,“ односно за потребите на тогашната Влада на РМ. Господинот Фрчкоски е на слобода и не е осуден од суд за своите кривични дела, не поради тоа што тој се докажал како невин, туку поради тоа што СДБ/ДБК, Јавното обвинителство и судството вешто го штитат и му даваат прилика тој да го избегнува соочувањето со правдата, како и правилата на македонското општество, кои тој самиот ги напишал!

12-04-2012, 08:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36




12-04-2012, 09:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(12-04-2012, 09:44 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Слушајки ги излагањата на денешнава трибината на Милчин ме наведува дека единствен начин по се во Македонија да се спроведе вистинска лутрација за периодот после 1991 година е лустрацијата да ја процесира Меѓународниот суд за гонење на лица одговорни за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право сторени на територијата на поранешна Југославија по 1991 година. Комитетот за Демократизација на Македонија ке сочека да ја види конечната верзија и на овој закон кој е во собранието па тогаш ке оцени во кој правец ке ги продолжи своите активности.

пс. знам дека оваа на прв поглед ке ви е нелогично, но ако Груевски со помош на Милчин и компанија по трет пат не преведат жедни преку вода нашето барање ке добие само полн легитимитет.
Да ве потсетам на основното;
"Во скоро сите посткомунистички држави се спроведе лустрација. Таму се лустрираа носителите на Комунизмот - значи таму имаше идеолошка борба помеѓу идеолошките левици и десници. За да биде целисходна, и од полза на народно помирување и обединување, лустрацијата во Македонија мора да зафати многу подлабоко. Во Македонија не е вршен прогон само на идеолошки неистомисленици, туку најголем дел од прогонуваните (околу 90%) се по национална основа. Прогонувани се Македонци (левичари, десничари и центристи), кои беа за Самостојна, Суверена и Демократска Македонија."
12-04-2012, 11:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36




12-04-2012, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Ке ја пренесам дискусијава бидејки ја отвори член на комисијата за лустрација


Quote:Vecko Zdraveski

ТЕМА на денот: Кој се плаши од Лустрација??
10 hours ago ·


Quote:Krste Risteski

Самата власт Вецко!Icon_razz
10 hours ago · Like


Quote:Dusica Mrgja

site!!!
10 hours ago · Like


Quote:Vecko Zdraveski

Во денешно време, лустрацијата е термин кој најчесто се појавува во врска со политиката. Тоа е отстранување на сите соработници од јавните служби.НИШТО СТРАШНО.
10 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

На линков е одговорот кој се плаши од лустрацијата и зошто:

Зошто нема и нема да има лустрација!!

9 hours ago · Like ·


Quote:Krste Risteski

Народ кој ги цени демократските вредности воопшто не се плаши од Лустрација но во Македонија само во парламентот 3/4 од народните представители упорно го кочат формирајњето на демократско општество а од друга страна упорно го туркаат вирусот наречен ТОТАЛИТАРИЗАМ
9 hours ago · Like


Quote:Bobi Vlintoski Kodosite.
9 hours ago · Like · 1


Quote:Vecko Zdraveski

Само Боби даде точен одговор господа..
9 hours ago · Like · 1
24-04-2012, 03:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Jordan Petrovski

Вецко "кодошите" се небитни. И да ги откриете сите до еден НАЛОГОДАВАЧИТЕ, преку службата која ке остане нечепната ке створат нови за миг.
ДИПЛОМЦИ ЦРВЕНОГ УНИВЕРЗИТЕТА СА СВОГА ПУТА НЕ СКРЕЌУ
9 hours ago · Like ·


Quote:Vecko Zdraveski

Верувам дека ке излезат и Налогодавците
9 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Со сета почит кон вас неколкумината во Комисијата кои навистина имавте чесни намери, барем по онаа што се обидовте да го сторите, со закон каков се предлага и да дојдете до налогодавачите ке е беспредметно. Вие не сте орган кој носи казнени мерки.
Кај налогодавачите се работи за сериозни прекршувања на Уставот и законите на Р. Македонија, па дури може да се каже дека се работи и за велепредавство а такви дела можат да се докажат и санкционираат само на суд.
9 hours ago · Like


Quote:Vlado Gjoreski

jordane pa ti bidi sudija .Ti gi znaesh najpovekje kodoshite .Mozesh da pomognish mnogu poshto sekojdnevno komunicirash so onie regrutirani od kumrovec vo cel svet za da raznebitat se shto e makedonsko.Dali e bespredmetno ima koj da reshi a ne ti i jas .
7 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Владо многу се исплашиа од нашето, на Комитетот за Демократизација на Македоноинја и моето барање, лустрацијата да се спроведе по судски пат. Само по судски пат ке се откријат сите и кодошите и извршителите и НАЛОГОДАВАЧИТЕ И ШТО Е НАЈВАЖНО КЕ СЕ КАЗНАТ.
Да те потсетам мојата кривична пријава против "РЕГРУТИРАНИТЕ ОД КУМРОВАЦ", ФРчКОВСКИ, ЧОКРЕВСКИ, ВЕРУшЕВСКИ, БОГОЕВСКИ, АВРАМОВКСИ, ЈОВАНОВСКИ е поднесена во ноември 2007 година. Дали ке ми одговориш на прашањава:

1. Кој ги штити веке ПЕТА ГОДИНА.
2. Дали ти имаш досие, како "основач" би трербело да имаш
3. Зошто не си покренал досега судска постапка против "регрутираните од Кумровац"
7 hours ago · Like · 1
24-04-2012, 03:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Vlado Gjoreski

JORDAN NE DA SE OTKRIJAT NEGO DA IM SE PLATI ZA SE SHTO STORILE ZLODELA NAD MAKEDONSKITE SINOVI .A NE DO DEN DENES DA GI UZIVAAT NAJGOLEMITE PRAVA..CENTO NE MOZESHE DA POTPISHE DA BIDE SRBOMAN ILI BUGAROMAN -I DA GI UZIVA BLAGODETITE OD BELGRAD -NO BESHE ZRTVA NA FASHISTICKIOT REZIM.PRVIOT PRETSEDATEL VO IDRIZOVO I SITE APOSTOLI NA REVOLUCIJATA .ZA PRVPAT POSLE 2300 GODINI SOZDADOVME SAMOSTOJNA DRZAVA I KODOSHITE PLUKACITE POVTORNO NA POBEDNICKIOT TRON EEE ""VREME E DA SE RASCISTI KOJ E UNISHTUVAC A KOJ SE VISTINSKITE MAKEDONCI...
7 hours ago · Like · 1


Quote:Vlado Gjoreski

JORDANE AKO BIDE SVE VO RED SE TREBA DA IZLEZI NA VIDELINA .NO JAS KE TE PRASHAM TEBE. 1.TI KOMUNICIRASH SO KODOSHITE SEKOJ DEN NA FB ZOSHTO NE POMOGNISH VO FAKTITE.2 VO DIJASPORATA GI ZNAESH SITE RAZNEBITUVACI A GLEDASH SEIR-ZOSHTO. 3.MAKEDONIJA IMA SILI -DRZAVNI PRAVNI SLUZBI KOJ KE GI RAZOTKRIJAT SITE ZLONAERNI _no gledaj da ne ve sobere tornadoto mnogumina
7 hours ago · Like · 1


Quote:Vizantija Makedonska Imperija

bravo vecko vlado SAMO NAPRED EDNASH ZASEKOGASH BELGRADSKITE SHPIONI I PREDAVNICI KOJ NANESOA NEBROENO ZLO NAD MAKEDONSKITE BISERI SINOVI-DA SE IZVADAT PRED LICETO NA PRAVDATA....NE SAKASHE CENTO DA POZIVEE I DA JA GLEDA VIDELINATA ALI DEMONITE BELGRATSKI SO MERCEDESI I PARI SRPSKI STANOVI SRPSKI ""kolnati"" SI UZIVAA I SEGA SE POVTORUVA ISTOTO SO OVIE OSNOVACITE -TIE JA DONESOA SAMOSTOJNA MAKEDONIJA A ''UDBASHITE NA VLAST''GRUJO DA RASCISTI POD HITNOOO AKO SAKA MIREN SON-POZDRAV DO PREMIEROT I SAMO NAPRED
5 hours ago · Like · 2


Quote:Makedonska Patriotska Organizacija

Vmro-makedonija oti ne go lustrirate Martin Treneski so si go smeni imeto od Mitre sin na Zlate treneski zamehan vo ubistvoto na Koco Racin,go pratija ambasador prvo tuka vo USa pa konzul vo Kanada pa sea vo nato, ti vlado pogrisize tvojot sogragjanin Ilija Kitanoski da go lustriras i negovito tatko i striko, a ne da ni drzis predavanja za predavnici , vtoro dali ti znaes koj sakase za se samoraznese vo drustvoto na narodite po naredba na na posleniot pretsedatel na VMRO.pa ako sakas ponataka da depatirame , i treto zasto nr izlezete na protest Kicevo da ostane makedosnko , poz
3 hours ago · Like
24-04-2012, 03:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Jordan Petrovski

За да ти одговорам прецизно и конкретно, би те замолил да ми ги дообјасниш твоите прашања Владо:

1. Кои се кодошите со кои комуницирам секој ден на ФБ.

2. Кои поголеми факти треба да приложам од оние кои сум ги приложил во Кривичната Пријава. Во пријавата сум ги посочил ИЗВРШИТЕЛИТЕ со име и презиме. Сум приложил докази кои јасно укажуваат дека од 1992 до 1998 година, власта на Бранко Црвенковски, тајната полиција ја употребувала во политички цели, односно за прогон на симпатизери и членови на ВМРО ДПМНЕ како наводни бугарофили, наводни соработници на бугарските служби, за наводно насилно рушење на Уставот и уставниот поредок, за МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛИЗАМ и за МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ. Сум приложил НЕПОБИТЕН доказ, дека тајната полиција направила обид да докаже дека ВМРО ДПМНЕ се финсира од Бугарија.

3. Групацијата на Ветерани Дисиденти ги знае скоро сите соработници на службата на тлото на САД, Канада, ЕУ и Австралија, ние даваме придонес во нивното откривање, неколкумина се "пензуионираа", проблем е што ВлАСТА на чело со Груевски, сака да ги користи нивните услуги. Зошто, би можел ти да ми одговориш, ти си во Македонија и со тоа си поблиску до власта па така ке ти дам попрецизен одговор.
3 hours ago · Like


Quote:Makedonska Patriotska Organizacija

Vmro-makedonija potpolno si vo pravo ,sega dpmne so finansira od reket na mihajlov i negovata banda, samo sto ima prosta masa tamo vo MKD. sto ne ja razbiraat rabotata za 5 pari.
3 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Во твоето мислење Владо, има работи за кои не ми треба твое дополнително објаснување, па на нив ке ти дам кокретен одговор.

Македонија како држава има сили да се справи со инсталациите на УДБа, проблем е што тоа некој не го дозволува. По логиката само власта е таа што ја попречува вистинската лустрација. Лустрација по судски пат. Ако Власта на Груевски имаше вистинска желба да ја растури УДБа и да гиосуди Бранко и неговата комуњарска банда а при тоа да никој не го оспори тоа, значи со НЕСОБОРЛИВИ ДОКАЗИ, требаше да ја процесира мојата кривичнапријава и кривичната пријаба на Блажо Стојановски и Атанас Лефтеров.
Владо, "торнадото" неможе мене да ме собере ако лустрацијата ја прават МАКЕДОНСКИ СУДОВИ. Нека поведе сметка Груевски и тие околу него, најголемиот џелат на симпатизерите и членовите на ВМРО ДПМНЕ и на оние кои се залагале за Дамостојна , Суверена и Демократска Македонија, Силјан Аврамовски е заменик на Сашо Мијалков.
3 hours ago · Like
24-04-2012, 03:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36









27-04-2012, 06:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



27-04-2012, 06:24 PM
Reply