Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-01-2012, 09:06 PM)ЈорданПетровски Wrote:

[/video]



Quote:Jordan Petrovski




[/video]

Господине Димовски, незнам дали ке ја прифатите дискусијата или ке ме игнорирати или пак блокирате, но јас ке го изнесам ставот на Комитетот за Демократизација на Македонија околу целта која можете/сакате да ја постигнете со таквата лустрација, лустрација која вие како партија ја заговарате и која веке двапати ја преточувате во закон. Таквата лустрација нема да донесе ПРОЧИСТУВАЊЕ бидејки нема да допре до вистинските луѓе кои треба да се лустрираат односно кривично да бидат гонети!!! Дали тоа го правите од незнаење или од желба да нема вистинско ПРОЧИСТУВАЊЕ/лустрација е прашање на кое многу бргу и граѓаните на Македонија ке добијат јасен одговор.

Првин да појдеме од основното:

Разликата помеѓу лустрацијата во земјите на Источна Европа и онаа што треба да опфати ПРОЧИСТУВАЊЕТО/лустрацијата во Македонија е во суштина.

Таму се лустрираа носителите на Комунизмот - значи таму имаше идеолошка борба помеѓу идеолошките левичари и десничари.
Во Македонија не е вршен прогон само на идеолошки неистомисленици (комунитите идеолошките неистомисленициги 1948 година ги пратија на Голи Оток, а 1968 ги наградија со титули на доктори, академици, режисери, професори) , туку најголем дел од прогонуваните (околу 90%) се по национална основа. Прогонувани се Македонци (левичари, десничари и центристи), кои беа за Обединета, Суверена, Самостојна и Демократска Македонија.
За жал, во времето на Едноумието, македонскиот народ немаше прилика да го искаже своето мислење по прашањата на независнот и државно уредување - бидејќи никогаш немаше слободни избори! На првата можност кога се укажа шансата народот да гласа на избори - тој и' даде најмногу гласови на партијата која својата платформа ја темелеше на независна македонска држава. На следниот чекор - Референдумот за независност - тој ист народ со убедливо мнозинство се изјасни за своја држава.
-Продолжувањето на прогонот по линија на македонски национализам, т.е. на оние кои идејно се за независна и суверена македонска држава, и по Референдумот и Осамостојувањето на Македонија е чин на немакедонска политика. Таа политика беше спроведена од марионетска Власт која имаше за цел да го преврати резултатот од Рефендумот '91, односно да го наметне вториот дел на прашањето како едниствена опција за нашата Татковина - "... со право да стапи во идниот сојуз на суверените држави на Југославија" - бидејќи тие беа оние кои што инсистираа на тој дел воопшто да биде вклучен во Референдумот - а воедно и беа Власт во годините кои следуваа! Наша должност, како Македонци и како демократи, е да ја спроведеме желбата на народот од Референдумот за независнот; да ја демаскираме таа политика, и да покажеме пред граѓаните на Македонија за кого тие луѓе - Властодржците од 1991. година до денеска- работеле: чии интереси штителе и за кого ја уништувале Република Македонија на духовен, економски и демографски план.


4 minutes ago · Like
28-01-2012, 09:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Ilija Dimovski

за првиот дел од вашиот коментар неможам да се согласам бидејќи верувајте не е така.. за вториот дел од коментарот би ви посчил дека имаме слични убедувања.. на само неколку дена од донесување на првиот закон јас пишував колумна за Утрински во која кажав дека така како што е поставена лустрацијата, тешко дека ќе биде ефикасна.. верувајте дека ќе сториме се што е потребно во овој момент за да се спроведе ефикасна и праведна лустрација
3 hours ago · Like · 2


Quote:Zoran Talevski

Лично за мене поведението на Уставен е симптоматично.. не може два пати да ја урива лустрацијата со сомнителни факти...
about an hour ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Дали е така или не е така во врска со ставот на Комитетот за Демократизација на Македонија во моментов, вие Господине Димовски судите од ваши, морам да потенцирам ограничени сознанија и ваши појдовни интереси и позиции, барем така ние од Комитетот мислиме сега, со овие наши сознаниа односно "видици".

За да ги прошириме "видиците", решиме дилемите, мора да ги слушнеме двете страни: Вас и вашата партија и Комитетот и неговите сознаниа.
Затоа да тргнеме од почеток:

Дали вашата партија Господине Димовски, била на власт или била во опозиција кога бил носен законот односно кога сте ја пишувале колумната во Утрински? Прашањево е многу битно, за да во старт ги лоцираме чинителите на опструкцијата на вашите укажувања а со тоа и заблудите или реалните согледувања на Комитетот?
2 minutes ago · Like
29-01-2012, 01:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Лустрациски пораз на Груевски


Ова е веќе шеста година откако ВМРО-ДПМНЕ победува на избори и го има главниот збор при составувањето влада. Ако кодошите што ги споменува Груевски можат по шест години владеење на ВМРО-ДПМНЕ да „наместат“ одлука на Уставниот суд, тогаш што уште можат да сторат додека партијата на власт се „отепува“ од работа?




Одлуката на судот е донесена под притисок од луѓе што во минатото биле кодоши, а сега се плашат да бидат обелоденети. Зборувам за луѓе што кодошеле за лични интереси, напредок во кариерата или, во некои случаи за пари, а кодошеле луѓе што имале различно политичко убедување. Таквите кодоши сега не сакаат да има лустрација докрај, и претпоставувам дека извршиле силен притисок врз претставници на Уставниот суд за да го закочат процесот“.

Така премиерот Никола Груевски ни ја објасни привремената мерка на Уставниот суд, со која практично е стопиран и онака не многу ефективниот лустрациски процес. Неговото признание е доста директно: во државата во која ВМРО-ДПМНЕ ги контролира и извршната и законодавната власт постои група на кодоши што ги ставиле в џеб уставните судии и така им одредиле како тие ќе гласаат. Што прави тогаш владејачката партија? Е, таа работела - 24 часа дневно, седум дена во неделата. За да нема дилеми, ова е веќе шеста година откако ВМРО-ДПМНЕ победува на избори и го има главниот збор при составувањето влада. Ако кодошите што ги споменува Груевски можат по шест години владеење на ВМРО-ДПМНЕ да „наместат“ одлука на Уставниот суд, тогаш што уште можат да сторат додека партијата на власт се „отепува“ од работа? Не дај боже вмровциве да беа помрзливи. Којзнае што ќе ни се случуваше тогашниз државата!

Всушност, Груевски не кажа ништо ново, не кажа нешто што граѓаните на оваа држава не го знаеја. Меѓу другото, токму затоа и му овозможуваа да победи на сите изборни циклуси по 2006-та. Тој трипати доби мандат да го растури системот наследен и развиен од СДСМ и Бранко Црвенковски (плус двете победи на локални и претседателски избори), а не по шест години владеење да им каже на граѓаните дека не може зашто му пречела некоја група кодоши. Ако не се лажеме, во неговите преродби со сите можни чекори, надградби и проширувања не стои дека премиерот на оваа држава во време на владеење на неговата партија ќе признае дека е немоќен да ја спречи контролата на системот од страна на сивата еминенција, туку напротив, стои дека токму тој систем ќе биде расчленет на неговите составни делови за да не може веќе никогаш да се обнови.

Ајде, може да се прифати дека сето тоа не можеше да се стори по изборите во 2006 година поради слабата позицијата на владејачката партија и нужноста од коалиција со Тито Петковски. Тој недостаток беше исправен во 2008-та, но тогаш сé уште беа свежи проблемите од Букурешт. Згора на тоа, Уставниот суд веќе еднаш го направи ова што го направи и сега. Така што, по изборите во 2011 година, на кои всушност истите структури со помош на странците требаше да му ја отсечат главата на Груевски, се чинеше дека лекцијата е примена. И дека вмровците научија оти да се владее со државата е нешто повеќе од манекенство.

Наместо тоа, на нешто повеќе од половина година од последно одржаните парламентарни избори во 2011 година, гласачите добија порака од премиерот дека тој седи во фотелјата ама некој друг го владее системот. Дека тој е само гледач, публика, додека поданиците на стариот систем роварат низ државата и ја „месат“ така како што ним им одговара. И вторпат во овие редови: Што прави тогаш партијата на власт?
Пребројува социјалци, гради паркинзи и лови медицински сестри со цигара на работно место. И, се разбира, ви го одмилува телевизорот, зашто секогаш кога ќе го пуштите всушност гледате реклама за некој нов гел за фризура, наместо министер или градоначалник.

И како тоа бил извршен притисок врз судиите? Со закани, со уцени, со канти сирење и печени прасиња или, пак, во ова современо време, со некој трансфер на сметки во странски банки? Или едноставно станува збор за враќање долгови? Каде биле во меѓувреме службите на оваа држава? Или имале кафе-пауза меѓу две меѓусебни подметнувања и слушања кој што озборува низ Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ не доби мандат за да ни кажува зошто некоја работа не може да ја заврши. Граѓаните на оваа држава доволно слушаа за тоа дека мора уште малку да бидат сиромашни бидејќи е виновна светската економска криза, дека мора да бидат трпеливи со администрацијата зашто министерот задолжен за неа гледа ракометни натпревари, дека во крајна линија постојано се случуваат некакви подметнувања од страна на опозицијата. Сето тоа е во ред, само што сето тоа има ограничен рок на траење. Како што власта не ја интересира како во овие години преживуваат луѓето со десетина илјади денари плата, трпеливо чекајќи да дојде денот кога работите конечно ќе тргнат, така и луѓето веќе ни ги интересираат образложенијата за тоа зошто нема резултати. Кога беа повикувани на избори, никој не им кажа дека ќе гласаат за партија што потоа ќе признава дека не може да оствари ефективна контрола врз државата. Како што никој не им кажа и дека рекламираното драгсторско работење на функционерите може и да не даде резултати. Што во крајна линија се сведува на исто како и при 24-часовно копање бунар во Сахара. Резултатот и таму е познат - вода нема да се најде. Бидејќи, што би рекол другарот Бранко Црвенковски (кој ете во шестата опозициска година на неговата партија уште оценува кога е „најцелисходно“ да формира влада во сенка) - „треба да знаеш, треба да можеш“. Тој знаеше да ги создаде тие кодошки структури и да го создаде овој Уставен суд. Груевски и неговите очигледно не знаат, не можат или не сакаат да го направат спротивното. А нивната идеја дека можат да бидат комотни сé додека овој состав на СДСМ им е опозиција, и не е баш премногу ветувачка.

Автор: Дарко Јаневски
30-01-2012, 03:13 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Владо Милчин за темата:

Во Македонија сè уште немаме ноќ на долгите ножови, но имаме денови на долгите носови. Од ден на ден, како на Пинокио, им растат носовите на оние кои ја трујат јавноста со лагите зготвени во спинерските кујни на власта. Рецептот за таквите манџи се состои од измешани премолчани и извртени факти, запржени со етикети, посолени со клевети и забиберени со заплашувања и закани. Деновиве, по одлуката на Уставниот суд за т.н. лустрација, спинерската кујна се разработи, за што се погрижи главниот готвач, шеќер-агата Груевски.



„Веднаш по одлуката на Уставниот суд привремено да ја запре лустрацијата за неколку групи функционери и вршители на јавни функции, Европскиот парламент побара од Македонија комисијата за лустрација да добие право да ги објавува досиејата на, како што ги нарекува предлагачот на резолуцијата Ричард Хјуит, агентите поврзани со поранешните југословенски тајни служби,“ објави „Нова Македонија“ во двобројот од 28-29 јануари во статијата под наслов „БРИСЕЛ БАРА ЛУСТРАЦИЈА ШТО УСТАВНИОТ СУД ЈА ОДЛОЖИ“ потпишана од Искра Опетческа. Статијата ми падна в очи три дена по објавувањето, откако ја одгледав емисијата „Од наш агол“ емитувана на Првата програма на МТВ на 29 јануари вечерта, во која во 22-та минута пратеничката Силвана Бонева „со свои зборови“ ја изговори истата лага, резултат на не многу софистицираната операција на извртување на фактите, односно спинерски марифет.



А што е вистината? Вистина е дека во Европскиот парламент се разгледува Нацрт-резолуција за Извештајот за напредокот на Република Македонија во 2011 (ваквите резолуции вообичаено се усвојуваат на крајот на февруари), поднесена од известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Ричард Хјуит. Вистина е дека на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент е поднесен амандман од страна на двајца европратеници. Амандманот се однесува на лустрацијата и гласи: „(Европскиот парламент, м.з.) признава дека значаен дел од сегашните проблеми е поврзан со југословенското комунистичко минато на БЈРМ, затоа ги охрабрува властите да го комплетираат многу задоцнетото објавување на имињата на агентите поврзани со бившојугословенските тајни служби кои учествуваат во политичкиот јавен и медиумски живот на БЈРМ како голем чекор кон раскинувањето со комунистичкото минато; да го зајакнат мандатот на комисијата за верификација на фактите, особено нејзината независност да ги соопштува своите наоди директно во јавноста, како и трансферот на сите неопходни документи засекогаш во просториите на Комисијата; го поздравува барањето на БЈРМ Србија да им ги врати на властите во Скопје архивите на бившојугословенските тајни служби кои се однесуваат на БЈРМ“.



Значи, не ми ти била резолуција, тук ми ти бил еден од 164-те амандмани поднесени на Комитетот за надворешни работи. И не ми ти бил известувачот на Европскиот парламент Ричард Хјуит (во неговата нацрт-резолуција нема ни збор за лустрацијата!), тук ми ти биле двајца европратеници од десницата, Бугаринот Андреј Ковачев од ГЕРБ, партијата на Бојко Борисов, и Унгарецот Ѓерѓ Шефлин од ФИДЕС, партијата на Виктор Орбан. Најпосле, не ми ти бил Брисел, не ми ти бил дури ни Европскиот парламент, не ми ти бил ни неговиот Комитет за надворешни работи, тук ми ти биле двајца пратеници од европската десница во која старите и младите сили на ВМРО-ДПМНЕ се зачленети под БЈРМ.



А сега, навраќајќи се на последната реченица од амандманот, сакам да потсетам дека еден од моите аргументи за неможноста во Македонија да се спроведе вистинска лустрација беше сознанието дека дел од досиејата, веројатно оние најважните, не се во Скопје туку во Белград. Моите опоненти, оние што туркаа лустрација по секоја цена, тврдеа дека сите досиеја се во Скопје, а неодамна истите побараа од Борис Тадиќ досиејата од Белград да бидат вратени во Скопје!



Двајцата европратеници бараат и комплетирање на објавувањето на имињата на агентите на тајните служби кои учествуваат во јавниот политички и медиумски живот. Нивното барање ќе беше поуверливо и попрецизно ако побараа да се објави комплетната книга (позната и како шифрарник) во која се запишани сите соработници на СДБ (не знам дали и на КОС). Само така може да се приведе кон завршница т.н. „мека лустрација“ во која Комисијата ги бара соработниците така што копа по досиејата на жртвите. Објавувањето на списокот на жртвите е исто така неопходен чекор за излегувањето од калта и на креаторите на несреќниот закон и на неговите видливи и невидливи спроведувачи.



И, најпосле, добро ќе беше суфлерите на двајцата европратеници да не им го премолчеле фактот дека мандатот на Комисијата не може да се зајакне ако со неа веќе цела година раководи претседател без мандат.



Не ја исклучувам можноста амандманот да биде прифатен од Комитетот, па и од Парламентот. Но засега, ниту „Брисел“, ниту Европската комисија, ниту Европскиот парламент не бараат од Македонија ништо во врска со лустрацијата. Во својот извештај објавен есента 2011 година, Европската комисија само констатира: „Извршниот директор на Институтот отворено општество беше од страна на Комисијата за лустрација прогласен за виновен за соработка со бившојугословенската Служба за државна безбедност. Два члена на комисијата ја бојкотираа нејзината работа во знак на протест против оваа одлука“.



Но, да видиме каква манџа зготвија Марјан Маџовски, Ивица Боцевски, Владо Поповски и Силвана Бонева, кои во неделата вечерта на МТВ 1 така збрани требаше да го прегазат Жарко Трајановски во „рамноправната“ битка четиримина против еден? За барем двајца од овие четиримина борци против „проклетото комунистичко минато“ знам дека убаво испрофитирале во „проклетото минато“. Тоа не му пречеше на Владо Поповски да бара лустрација за сите, вклучително и за оние кои не биле и нема да бидат на јавни функции. Не можев да не се потсетам на едно човече од комедијата „Мандат“ од Николај Ердман (една од Сталиновите жртви) кое самобендисано изјавува дека, кога би имало мандат, би поапсило половина Русија! За волја на вистината, Владо Поповски веднаш се обиде да направи ограда, па додаде „но согласно законот“. И, штотуку помислив дека некогашниот уставотворец, министер и директор на Агенцијата за разузнавање сепак не ги заборавил принципите на легализмот, тој се огради и од сопствената ограда и од законот, па изјави дека треба да се лустрира секој, „и ако потпишал... или не потпишал“. И на крајот „поентираше“ со изјавата дека и приватизацијата требало да биде опфатена со лустрацијата. Ивица Боцевски ни се закани дека по „несреќната одлука“ на Уставниот суд ќе сме гледале понесреќен тек на лустрацијата. Веројатно мислеше на т.н. тврда лустрација. А ревносниот Марјан Маџовски изрази страв од нова спирала (на државно насилство ли?), па се изјасни против стигматизација и се заложи за внатрешна интеграција. Откако учествуваше во подготовката на теренот за стигматизирање на бележаните за отстрел и така додаде мирудии во манџата на расцепот зготвена од шеќер-агата! Силвана Бонева мртва ладна ја повтори лагата дека „Брисел“ донел резолуција која не ја донел и дека побарал нешто што не го побарал, за да „закуца“ со изјавата дека „во Македонија имало институции“! Што сакаше да ни порача? Одговорот не требаше да го чекаме повеќе од неколку дена. Во делењето на оќоравената правда, Комисијата за лустрација на Томе Аџиев ќе ја одмени Антикорупциската комисија на Војче Зафировски.



Таа вечер, на „јавниот сервис“ МТВ 1, аргументите и прашањата на Жарко Трајановски беа игнорирани и неодговорени. Вклучително и прашањето за лустрацијата на оние кои го кодошеле и осудиле Ченто. Бонева одмавна на тоа и побара да не се разговара за „индивидуални случаи“, небаре Ченто бил портир во Президиумот на АСНОМ. Остана без одговор и прашањето зошто се лустрираат жртвите, а не налогодавците. Без реакција остана и неговото тврдење дека службите и натаму остануваат недопрени и надвор од секаква контрола и на Собранието и на јавноста. Сѐ дури е така, лустрацијата во Македонија ќе биде само политичка чистка, како што ја нарече „Њујорк тајмс„ во статијата објавена на 24 јануари.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/424/Spinerski-marifeti

05-02-2012, 02:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Одново Déjà vu

Зошто нема и нема да има лустрација!!

[Image: varferi-649a16.jpg]

Пишува Јордан Петровски

Грујовизмот е само продолжен Глигоровизам односно Колешивизам-Абазовизам. Во демократските и плуралистички општества партиската припадност подразбира придружба во асоцијации на слично-мисленици кои одат во натпревар за подобро утре на себе си vis-à-vis граѓаните изразен преку судир на идеологии. Таквиот наптревар во идеолошки визии не го нема во Македонија. Во случајот Македонија не постои идеолошки судир, туку на дело е борба за тоа кој ќе го освои трофејот наречен формална власт, а со неа и привилегиите, односно пљачката во буквална смисла на зборот, кои како награда за верност и послушност вистинската власт ги дели на нејзините ФОРМАЛНИ носители.

За да не се прекине врската со Колешивизмот-Абазовизмот се погрижи октроисаниот Председател Глигоров со македонската елита на КОС, завиткана во шарена хартија наречена „Експертска влада“. Дали оваа гарнитура, која е на залезот од своите животи ќе дозволи лустрација, сега, кога треба да биде погребана во Алејата на великаните?

Колку вешто сме биле лажани-манипулирани, благодарение на мегафотните на комунистичкиот Режим: Колемишевски, Ризаов, Велиновска, Чомовски и нивните пулени. Оваа банда и денес ја сочинува „елитата“ на македонското новинарство. Но, тие стасале до височините во нивната професија, не поради нивните објективни дела во истражувачкото и аналитичко новинарство, туку поради тоа што биле верни соработници на УДБа и КОС (и пензионираниот Назим Чеграни бил „новинар“); биле лојални пропагандисти на комунистичкиот Режим. Овие луѓе ја сочинуваа армијата на перачи на мозоци, кои секојдневно јавуваа за „катаклизмата на капитализмот“ и пропаста на Америка—за на крајот да не успеат да го видат неизбежниот крах на комунистичката економија. Дали тие ќе дозволат лустрација?

Да не ја заборавиме и „експертската Влада“ која ја предложи Глигоров, за која инсајдер од профилот на Андов просведочи „дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград.“

Но, какви експерти беа овие луѓе? Тие беа членови на Академијата на науките и уметностите на комунистичкиот Режим на СФР Југославија. Тие беа образувани и остручнувани во режимската Школа чија што срж беше дека личните слободи, пазарното општество и плуралната демократија се назадни концепти на кои воопшто и не треба да им се обрнува внимание, а не пак да се проучуваат или применуваат. Тие луѓе беа најголемите лојалисти на системот кој наводно требаше да го заменат, со систем што тие самите нѐ учеа дека е дело на Ѓаволот. Експертите на Глигоров не беа експерти по пазарна економија и плурано општество, туку експерти по прежививањето во и искачувањето кон врвот на насилничкиот Режим.

Овие експерти по Београдска догма го „носат“ Глигоров во Македонија: „Изјавата на Кљусев гласеше вака (парафраза): ‘Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас, Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата’.“ Што е постаро кокошката или јајцето? – Не е ни битно, важно е дека најстар е Создавателот: во нашиов случај 100% хегемонистичкиот БЕЛГРАД.

Во моментот кога „експертите“ ја завршија задачата—поставувањето на темелите на лажниот плурализам—заминаа на заслужен одмор. Младобудниот и од Колемишевски откриен и препорачан Бранко Црвенковски стана октроиран Премиер. За овој вундеркинд кој на дваесет и кусур години стана првиот човек на извршната власт не се ни обидоа да нѐ убедат дека е стручњак. Тој, самиот ни се претстави како „шлепер“ кој треба да ја згази идеолошката опозиција како „жаба на патот“. Сликовита метафора за прогонот на симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ што беше спорведен под негова палка во деведесетите години на минатиот Век. За овој процес јас пишувам веќе четиринаесет години. Од ден на ден, сѐ повеќе докази излегуваат на виделина за прекршувањето на човековите права, но и Уставот на РМ кој извршната власт треба да го чува, од времето на „Шлеперот“. Дали Црвенковски и неговата дружина ќе дозволат лустрација која нив треба да ги однесе в зандани?

На изборите 1994. год., беше повторен октроираниот Претседател, кој бидејќи не го оставија сам им даде имза и формално да си го присебат она што го пљачкаа од АСНОМ до денешен ден: сиот општествен имот, за кој оние експертине нѐ образуваа дека е народен, а всушност во лична корист на тесно избраната комунистичка Елита која стаса на своето место низ крвава револуција. Ќе дозволат ли лустрација Штерјо, Чифлиганец, Свето—Пивара, Ѕинго, Јасна, Камче и уште стотина ајдуци со тапија?!

Во 1998. год. мораше да се покаже „плурализмот“ на дело. Крилото на експертската влада што го доведе Глигоров по директива станаа „ВМРОвци од прв заврз“: да не биде утка вистинските југокомуњари од Сојуз на Комунисти—Покрет за Југославија се трансформираа во Демократска алтернатива, на чие чело застана „човекот што ја растури Југославија“. „Љубче“ стана победник, а тоа што екипата му беше целата составена од Јаначковиќ, Љубчета уво не го заболе. Тој го освои трофејот, а тоа значеше дека доби шанса да ја спроведе прагмата на дело: да пљачка до каде му гледа гладното око. Зарем тој ќе дозволи лустрација, која ќе докаже црно-на-бело дека жртвувал илјадници членови и симпатизери за шака долари?

Дојде 2002. год. и „повратак отписаних“: пак Црвенковски. Ако се расчепка војната од 2001. год., без која Црвенковски немаше да може да го спроведе својот „подвиг,“ ќе има кандидати и за бесилка, не само за затвор. Лустрација нема шанса!



Сега е побеник Груевски со фамилијата, крвни и идеолошки наследници на експертите кои го донесоа Глигоров. Груевски ја доби шансата да си ја задоволи самобендисаноста, а во меѓувреме оние околу него да пљачкаат. Доколку оваа гарнитура спроведе лустрација, тоа ќе биде сечење на гранката на која седат. Груевски е опкружен со истите луѓе—минус еден или двајца—кои беа во кругот на вујко му. Дикратурата ниту започнува, ниту завршува со еден човек (погледнете го Египет). За таа да биде стварност, потребни се слоеви на нејзини спроведувачи и одржувачи: новинари, образувачи, законодавци, судии, полицајци и финансиери.

Мака ли е по немањето председателски кабинети, државнички протоколи , или пак кешот бргу се троши па Бранко со екипата почна да кука и обинува за кршење на човекови права, диктатура, да продава демократија и да бара лустрација? И се знае го доби она што единствено ѝ е познато на номиналната власт: диференцијација! Но, таа не е страшна, само со прст се покажува на некое моментално страшило што треба да го оттргне вниманието на народот помеѓу спортски наптревари, Грчки банкроти, евровозиски хистерии и меѓуетнички судири.



Авторот е Претседател на Комитет за демократизација на Република Македонија

05-02-2012, 03:45 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:Лустрацијата повторно поразена

КОЛЕКТИВНИОТ НЕДОСТИГ НА ВОЛЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА „ЛЕТОТ ВО МЕСТО“

Пишува Душан Петровски
Нова година и нов пораз на Законот за лустрација од страна на Уставен суд на Р Македонија. Додека овој Закон сѐ уште беше Предлог-закон, пред повеќе од една година, или конкретно на 19. јануари, 2011. год. нашиот Комитет се произлезе со следнава прогноза:

„Манипулација од Власта [е] … новиот Предлог-закон за лустрација кој ВМРО-ДПМНЕ го обзнани минатата недела. … Овој Предлог-закон не е ништо повеќе од очајнички обид да се купи време, во кое повторно ништо нема да се сработи. Новиов Предлог-закон е воглавно копија на постоечкиот... Разликата помеѓу постоечкиот Закон и Прелог-законот се состои во оние делови кои беа отстранети од Уставниот суд. … [Д]околку овој предлог се усвои во Собранието … можеме да очекуваме да го снајде истата ‘соросоидна’ судбина како претохникот.“

Минатава недела „пророштвото“ стана стварност, кога Уставен суд се произнесе со мислење за уставноста на одредбите на Законот за дополнителен услов за извршување должост кои се однесуваат за временскиот период на Независност. Имено, Уставен, како и првиот пат кога ги прогласи овие одредби за противустани тоа го стори под образложението дека по прогласувањето на независност од СФР Југославија на 8. септември, 1991. год., и последователното донесување на Устав на Република Македонија на 17. ноември истата година нашата Татковина станала слободна и плурална демократија, каде што немало основ за систематско прекршување на човековите права од страна на државните органи како што тоа беше пракса во Едноумието. Демек, според Уставен, доволно е да кажеме дека кругот е квадрат, за тоа да биде стварност. Доколку прогласувањето на желба ја остваруваше истата без никаков дополнителен труд, тогаш сите ќе бевме побогати од Рокфелер, а полични од Рок Хадсон. За жал, во реалниот свет законите само ги декларираат нашите желби, но делата ги носат на јаве.

Затоа не е доволно излгасувањето на Устав кој гарантира либерални права и слободи, без држење на извршните органи на државата под контрола за осигурување дека тие се придржуваат до истите. На пример, доколку дамите и господата од Уставен го погледнеле, да речеме, досието „ПО ‘ЦРНИ’“ ќе можеле да увидат, црно-на-бело, дека установа под патронатот на Министерството за внатрешни работи, СДБ, односно ДБК, го следела: Законот за внатершни работи („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“ бр. 37/87) (извор: I-У, СБ ев. бр. 308, 13. април, 1993), како и Законот за основите на Системот за државна безбедност („Службен лист на СФРЈ“ бр. 15/84) (извор: I-У, СБ ев. бр. 412, 2. јуни, 1993)—односно Уставот на СФРЈ, сѐ до 31. октомври, 1995 год., кога донесува нов Правилник за работа, но кој повторно е во склад со Уставот на СРФЈ од 1984. год., а не со оној на Р Македоноја од 17. ноември, 1991. год. бидејќи работата на СДБ, односно ДБК, продолжува непроменето од претходно.

[Image: SBSFRJ.jpg]

Пред, како и после донесувањето на новите Правилата за работа на СДБ („Службен весник на Р. Македонија“ – посебен Службен весник бр. 10) (извор: I-У СБ, ев. бр. 328, 26. март, 1996), продолжуваат примените на „ОСТ мерката“ „ТАЈНА КОНТРОЛА НА ТЕЛЕФОН и други телекомуникациони средства“ (извор: УОТ-Прилеп; Ев. бр. 117/7, 27. февруари, 1997) без обезбедување на судска одлука, со што се прекршуваат Член 17 и 26 од Устав на РМ; продожува „примената на мерката следење во земјата, кога патува…“ (извор: УДБК-Прилеп; Ев. бр. 102, 24. февруари, 1997), продолжува „примена на мерката следење за време на негово патување и престој во…“—спротивно на Член 25 и 27—, продолжена употреба на мерката „обавување на инфортивен разговор,“ при што испрашуваниот не е уредно поканет на разговор во станица, нитѕ пак е во присуство на свој адвокат (извор: I-У СБ ев. бр. 1746, 22. декември, 1995); како и други слични мерки и активности; а доколку го погледнеле досието „ПО ‘ДЕСТРУКТВИЕЦ’“ ќе увиделе дека покрај заведувањето на лица во Претходна обработка од „политички и идеолошки причини“—спротивно од Член 16 и 20—по донесувањето на Уставот од 17. ноември, 1991. год., праксата продолжила и после донесувањето на новиот Правилник од октомври, 1995. год. Ќе можеле и да го согледаат менталитетот на оперативните работници на СДБ/ДБК, наблјудувајќи дека во Службени белешки од периодот по донесувањето на новиот правилник, сѐ уште можат да се најдат зборовите „…изнаоѓање на лица за придобивање и понатамошно користење према ПО…“ На тој начин ќе се здобие сликата за систематско работење во спротивност на Уставниот поредок на државата.

Слично, доклку го погледнеле „Предлог за примена на мерката тајна контрола на телефон…“ поднесен од РУСДБ - Куманово до централата во Скопје, како и последоватеното „Решение“ би можеле да го согледаат отвореното прекршување на принципот на презумпција на невиност, кој го гарантираат Член 12 и 13 од Уставот. Во предлогот (I-У, СБ ев. бр. 325, 13. април, 1993. год.) оперативецот ќе образложи дека: „Сознанијата и податоците со кои располата СДБ, укажуваат дека Петровски Јордан се занимава со разузнавачка активност…“ На што од Скопје одговараат (Ев. бр. 95, 26. мај, 1993): „Од податоците и образложението во предлогот … одобрен од Потсекретарот на СДБ, се констатира дека лицето Петровски Јордан се занимава со разузнавачка активност…“

Значи, од укажување (но, укажувањето не исто што е и докажувањето) се скока до констатација, без понатамошно нудење на докази, или пак давање на прилика на осомничениот да ги образложи „сознанијата и податоците“ од своја перспектива.

Но, тоа не е сѐ. Имено, новите Правила за работа на СДБ се објавуваат во „посебен службен весник“ што е спротивно на Член 52 од Уставот каде што се прецизира дека:

„Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

Законите и другите прописи се објавуваат во ‘Службен весник на Република Македонија’ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.“

Уставот не остава простор за „посебен службен весник“—што претставува доверлив, односно таен меморандум за внатреорганизациска употреба—бидејќи таквото делување е во спортивност на духот на транспарентноста на државните органи; како и поради фактот што во правната конвенција е невозможно да се осуди личност за прекршување на закон за кој лицето не може да знае дека постои. Ова пак го зајакнува сомнението изнесено во текстот „Судски налози“ дека Службата немала намера да го штити интегритетот на Уставниот поредок преку отстранувањето на неговите рушители ставајќи ги в затвор, туку дека имала за цел чисто да биде на господар над цивлното население.

[Image: SBSFRJ1.jpg]

Оттука нелогично е Уставен да одлучи дека барањето на одговорност од оние кои свесно и намерно ги прекршувале уставните одредби на државата е прекршување на нивните уставни слободи. Ваквата одлука носи правен прецедент, каде што не може да се бара одговорност од крадецот, бидејќи ќе му се ускрати слободата да го ужива ограбениот плен! Притоа судот прекршува еден од темелните принципи за создавањето на Уставен суд како државна установа за која правните основни положби на судот прогласуваат дека:

„[С]уштината на оваа функција [Уставен суд] е суштина на уставноста и законитоста и на владеењето на правото, а што значи: дека нема повисок устав од Уставот и дека нема повисок закон од законот; дека никој нема повеќе власт од таа што му е дадена со Уставот и законите; дека никој не е должен да трпи насилство над својата личност; дека секој има право да ги остварува општо прифатените и признати слободи и права; дека никој нема право да ги злоупотребува тие слободи и права и дека секој е должен да ги исполнува своите должности и обврски.“

Ваквиот избор на зборови ја ништи одбраната дека вработените во СДБ, односно ДБК, треба да се прогласат за невини поради тоа што тие само ги следеле наредбите од оние над нив. Тие биле свесни под кои правила работеле—а тоа ги прави активни учесници кои имале избор да ја одбијат наредбата од претпоставениот. Уште повеќе, тие имале одговорност пред останатите граѓани (чиишто платени даноци им обезбедуваат плата, се разбира доколку Службениците немаат надокнадни извори на лични доходи) да го обелоденат систематското прекршување на Уставот на Република Македонија, што ги прави уште повеќе виновни. Наместо обзнанување, тие ги предупредуваат сорабодниците за „последиците“ кои можат да уследат доколку сорабониците ја проневерат Службата низ исповед пред лицето кое е предмет на обработка (извор: I-У СБ ев. бр. 688, 28. септември, 1993). Оваа поставеност истовремено ги прави одговорни и поднесувачите и одобрувачите на правилниците за работа на СДБ/ДБК (членовите на владата на РМ кои биле во нејзин состав).

[Image: BLAZO.jpg]

Уставен суд е само еден од злочинците во случајов. Оној што се гледа. Во случајов постои поголем виновник, кој се обидува да се сокрие зад извиците „фатете го крадецот.“ Тоа се секако членовите на Собрание на Република Македонија и Влада на Република Македонија. Пратениците се виновни поради неадекватната подготовка на Законот за дополнителен услов, кој е недоволно концизен.

Владата е виновна бидејќи според Член 13 од Деловник за работа на Уставен суд „подносителот на иницијативата и донесувачот на спорениот акт се учесници во постапката пред Уставниот суд.“ Тоа значи дека доколку Владата на Никола Груевски навистина се залага да се спроведе овој процес на прочистување на македонскиот општествен простор, тогаш таа била во можност, како дел од своето излагање пред Уставен да ги поднесе доказите кои јас погоре ги наведов. Понатаму, истава Власт (како и подносителите на Законот) имала можност да забележи во самиот Закон дека издвојувањето на лустрација како посебен законски акт е непходно поради досегашното игнорирање на прекршоците наведени погоре од страна на Јавното обвинителство, како и поради тоа што поголем дел од прекршоците за кои што приватните граѓани можат да поведат судска постапка на основ на Службени белешки како непобитен и едниствен доказ, се со застарен рок, поради селективната природа на објавувањето на досиеата од страна на СДБ, односно ДБК. Доколку и после сето тоа Уставен повторно стасал до истиот заклучок, тогаш Собранието на РМ би го имало моралниот авторитет, како и должност да го распушти составот на Уставен суд поради очигледна пристрасност и конфликт на интереси.

Како и да е, нашиот Комитет продолжува со својата посветеност кон нашата цел: спроведување на целисходна лустрација во Република Македонија. Во моментов јас продолжувам со изготвувањето на „A Report on the Work and Methodology of the Macedonian Secret Police“ кој ќе биде дистрибутиран низ сите светски огранизации и медиуми. На тоа ќе следи преведување на истиот на македонски јазик со што целото делување на СДБ/ДБК ќе биде комплетно обзнането.

Порано или подоцна, комплетната лустрација ќе се случи, оти патот кој го избира владеачката елита на Македонија неизбежно води кон сѐ полош животен квалитет за македонците, што самото по себе ќе придонесе до некакво менување во општесвтените односи. Дали тоа ќе биде крваво или демократски, сепак, е избор на Власта.

Авторот е член на советот на Комитет за демократизација на Репиблика Македонијa

Кога не' обвинувате за "Теорија на заговор" се чудам дали нешто читате?
06-02-2012, 03:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: Pinokio-1.jpg]


Quote:Груевски: Нема да се откажеме од лустрацијата



Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од лустрацијата. Според премиерот Никола Груевски треба да се стави крај на едно црно минато за да може да се чекори напред.

- Лустрацијата е како човек со гордо крената глава, а да има боцки во нозете. Ние почнавме да ги вадиме тие боцки, но некои од нив се чини дека се длабоко влезени и ќе треба повеќе работа и повеќе ангажман и малку сериозен отпор, бидејќи гледате со каков отпор се соочуваме со реакции на уставни судови, реакции на многу моќници, изјави премиерот Никола Груевски по пуштање во употреба на две нови лаборатории за ФИНКИ.

Според Груевски овој процес требало да почне во 90-тите години.

- Да се стави крај на едно црно минато за да можеме да чекориме напред без такви флеки од минатото кои оставаат црни траги денес и кои на некој начин се уште се присутни во институции. Веројатно начинот на работење го спроведуваат така како што го правеле во времето кога со кодошење заради идеолошки и политички причини правеле пакост на некој друг за на себе да си донесат некоја материјална или кариеристичка предност, рече Груевски.
(This post was last modified: 26-02-2012, 01:47 AM by ЈорданПетровски.)
26-02-2012, 01:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Ке цитирам дел од еден текст од серијалот на Јанко Бачев објавен 2006 година и реакција на текстот со одговор на Бачев . Се надевам дека на многумина ке им стане јасно зошто тврдам дека Груевски повторно ЛАЖЕ


Quote:ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА ( 18)

УМЕТНОСТА НА ПРИЛЕПУВАЊЕТО

По неуспешниот пуч во организација на владината Демократска Алтернатива и тогаш опозицискиот СДСМ за рушење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, меѓу другото дојде до промени во врвот на СДБ. Сменет беше директорот на СДБ Бојан Бојановски, кадар на ДА. Уште во критичниот период на исчекување, дали ќе падне Владата на Георгиевки или не, тајниот центар на СДСМ веќе работи на тоа како да го задржи континуитетот на контролата врз СДБ. Најпосакувана варијатна за нив е во раководството да инсталираат некој од своите агенти.
Тактичкиот приод на СДСМ е да го запоседне раководењето со СДБ преку кадар кој потекнува од самата служба. Изборот падна на Горан Митевски, кој уште во предизборната 1998 година веќе е "земен" во најзначајната прва управа во СДБ, која ја раководи Силјан Аврамовски. Преостанува Митевски да му го "прилепат" на ВМРО-ДПМНЕ, што не преставува особена тешкотија. За таа цел е искористено долгогодишното пријателство на министерката Доста Димовска со Мане Јаковлевски, кој, пак, е во многу добри релации со дедото по жена на Митевски, поради нивните повеќегодишни кафеански бизнис- релации во Берлин. Посредничката улога на Јаковлевски за инсталирање на Митевски не е резултат на некакви негови релации со полицијата, туку едноставно, во тој момент и тој и Димовска силно веруваат дека во врвот на СДБ ставаат"свој" човек.
Работата ќе се заврши на најпосакуваниот начин за тајниот центар на СДСМ. Митевски ќе биде назначен за директор во СДБ, Силјан Аврамовски од задина ќе ги насочува работите, а опозиционерот Црвенковски во свои раце и натаму ќе ги држи сите конци во тајната службa



Quote:(Демант од Мане Јаковлевски во "Шпиц" од 22 јуни 2006 година)

Некогашниот таен агент Јанко Бачев во својот фељтон ме споменува како кадровски кретаор во СДБ. Тврди дека јас, "како близок пријател на Доста Димовска", сум извршил влијание Горан Митевски да биде поставен за директор на СДБ. Тоа се чисти фалсификати, инсинуации и и измислени факти што ми ги прилепува авторот. Сакам македонската јавност правилно да ја информирам.
Според Бачев, со дедото на Горан Митевски по жена му, сум имал повеќегодишни кафеански бизнис-релации во Берлин. Тоа не е точно. Со ценетиот господин се запознавме во неговата кафеана во средна Германија, во едно мало гратче на чие име не се сеќавам. Присуствував на Конгрес на Светскиот македонски конгрес, а во неговата кафеана беше организирана вечера. Таа беше прва и единствена средба со него во Германија. Со Горан Митевски, како директор на СДБ, ме запозна тогашниот министер на МВР Љубе Бошковски.
Во целост ги демантирам невистините изнесени во цитираното продолжение на фељтонот на Јанко Бачев, кој е вистински ументик за лепење црни дамки и за нанесување штета на мојот авторитет и углед. Со овој демант барам Бачев јавно, на страниците на "Шпиц", да ми се извини за напишаните навреди, без докази. Која му е целта и по кој диктат пишува невистини во оваа предизборна атмосфера, знае само тој, но тоа е негов проблем. Во спротивно ќе бидам принуден по судски пат да ја барам правдата.

Мане Јаковлевски,



Quote:
(Повод: Одговор на демант на Мане Јаковлевски во "Шпиц" од 22 јуни 2006 година)


Во вчерашниот број на "Шпиц" господин Мане Јаковлевски побара да му се извинам за наводно изнесени невистини од моја страна. Веднаш да кажам дека воопшто не ми паѓа на памет да се извинувам ниту, пак, да полемизирам со ова лице, просто затоа што тоа што го изнесов во мојот текст е вистина и затоа што Јаковлевски не е релавантен за полемика на темата за која пишувам.
Да бидам искрен, во досегашниот серијал, можеби и очекував предизвикување одредена полемика со тие со кои навистина треба да полемизирам, но, очигледно е дека "некој" сака да ми наметне одредено лице за полемика од кругот на т.н.странични играчи. Мане, те повикувам да не отвараме стари работи и да завршиш како колатерална штета, зошто ќе треба да одиме да прошетаме до т..н Олимписко село, па на прошетка кај нашинците во Германија, кои добро ги знаат твоите заслуги како црковен и световен водител во црквите и задграничните комитети во Германија.
Воопшто не ми е јасно зошто си толку возбуден, кога ништо во моите текстови не е насочено спрема тебе. Клеветнички и навредливо ме прашуваш по кој диктат пишувам. Еве ќе ти одговорам-пишувам по диктат на мојот народ, кој има право да ја знае вистината за непријатните случувања со тајната полиција, за да не му се случува повторно истото. Не е на одмет да те потсетам дека пишувам и за тоа како "твојата" партија ВМРО-ДПМНЕ долги години беше подложена на невиден полициски надзор од тајната полиција и притоа службата изгради перфектна соработничка мрежа спрема оваа партија, и во земјата и во дијаспората. И сега морам да признам дека сум навистина збунет кога ме прашуваш зошто сум пишувал за оваа круцијална тема од поновата македонска историја. Да не случајно е потребно да изразам отворен сомнеж дека можеби се плашиш од нешто? Но, да оставиме нешто и за судското рочиште...

Јанко Бачев
(Објавено во "Шпиц" од 23 јуни 2006 година)


26-02-2012, 03:29 AM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27

HMMMMMM

relacii makedonska udba savezna udba i slucaevite CEGRANI BARESIC.Gllasno razmislluvam dali e toa mozhno.
http://www.zemrashqiptare.net/comment/23637/
26-02-2012, 05:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Нашиот глас допира и до младите, полека согледуваат каде е проблемот.




06-03-2012, 11:03 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(06-03-2012, 11:03 PM)ЈорданПетровски Wrote: Нашиот глас допира и до младите, полека согледуваат каде е проблемот.





Ах, бре Јордане, од желба да видиш она што сакаш да го видиш, не си го видел она што го нема: Видеово е Грујовиситчко срање каде што повторно се виновници "вообичаените" Љубчо, БЦ, ЕУ, НАТО, Љубе, УЧК, само Грујица го нема. Тоа што ги спомнува ДБК и УДБа, забелеча ли дека ги става во контекст на убиството на Мијалков, кој за дечково е герој. Зарем Грујица "не сака да види лустрација"? Ова ти е пита гомнарка.

07-03-2012, 12:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Денес во Стразбург се донесе Резолуцијата за охрабрување на Македонија да продолжи со процесот на отворање на досијата на југословенските комунистички тајни служби и да ја овласти Комисијата, со задача, слободно да ги објавува резултатите од проверките и да располага со сите архиви потребни за работата на комисијата.
14-03-2012, 08:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Нов закон за лустрација, кодошите јавно ќе се објавуваат



[Image: Untitled-1-5000000.jpg]

Парламентарното мнозинство предлага нов Закон за лустрација каде што се опфатени сите препораки од домашни и странски експерти, меѓународни институции, како и останати личности кои се вклучени во оваа проблематика.


Координаторот на пратеничката група Силвана Бонева изјави дека со предложениот законски текст се предвидува со опсегот да бидат опфатени лица кои стекнале капитал во претпријатијата со општествена сопственост, согласно Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал.

Во однос на опсегот кој беше спорен за Уставниот суд, а се однесуваше на новинарите, радиодифузните претпријатија, верските заедници, политичките партии, лицата од невладините организации и фондации, Бонева рече дека во овој закон се предвидува дека Комисијата на нивно барање може да изврши процес на лустрација.

- Не е обврска да се лустрираат ниту невладините организации, ниту политичките партии, верските заедници, медиумите и радиодифузните друштва, вели Бонева појаснувајќи дека тоа може да го направи Комисијата за верификација на факти врз основа на барање на раководството или работодавачот. Оценка е на раководството на политичката партија, на радиодифузниот сервис, поединечно на секој оној кој што сака да се лустрира, да даде писмена изјава до неговиот одговорен раководител и тој да ги достави документите до Комисијата за лустрација.

Исто така се предвидува јавно објавување на имињата на соработниците и можноста пристап за физички лица до информациите собрани за нив, на нивно барање, на барање на нивни роднини по прва линија до втор степен вклучително и на лица овластени од нив со полномошно заверено на нотар. Комисијата, меѓу другото, ќе има надлежност и да покренува постапка по иницијатива на трети лица. Регистарот што го води, според предлог текстот, ќе биде објавен на нејзината веб - страна.

- Освен тоа што го објавува регистарот, Комисијата заедно со името ги објавува и документите кои биле употребени како доказ за утврдување на соработката на лицето со органите на државна безбедност. Досега хендикеп за кредибилитетот за Комисијата за верификација на факти беше тоа што немаше право да ги објавува документите и секој оној што сметаше дека неправедно бил прогласен за кодош или соработник, можеше да мавта со документи, со разни листови пред јавноста, изјави координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.



Со овој закон, смета Бонева, се спречува уличната лустрација и таа нема да може да се одвива како досега бидејќи секој ќе има право да достави до Комисијата документи. Кривично дело ќе биде доколку некое лице не ги достави документите до Комисијата, а ги достави до медиумите.

Временскиот опфат ќе биде до 2006 година, односно, како што појасни Бонева до носењето на Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Објаснувајќи зошто владејачката партија не се откажува од лустрацијата, Бонева посочи на резолуциите од 1996 и 2006 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Резолуцијата на ЕП од 2009 година и најновата резолуција на известувачот за Македонија на ЕП Ричард Ховит, која беше донесена пред две недели. Со оваа резолуција, вели таа, Ховит јасно кажува дека ги охрабрува властите на Република Македонија да го завршат веќе еднаш процесот за објавување веќе еднаш на имињата на агентите кои се поврзани со тајните служби на поранешна Југославија, меѓудругото, како чекор за расчистување со комунистичкото минато и Комисијата за верификација на податоците да ја зајкне нејзината независност и да ги обелоденува нејзините наоди директно на јавноста.

- Тоа е еден од основите, но основот го наоѓаме и во документот од кој што тргнавме и кога го носевме и првиот закон, а тоа е еден производ од регионален проект за лустрацијата во Западен Балкан финансиран од УСАИД, ЕУ и воден од германскиот Маршалов фонд, во кој учествувала и Фондацијата Отворено Општество Македонија. Две од тие препораки се дека треба да се изготват и донесат сеопфатни закони за лустрација таму каде што не се донесени и дека примената треба да го вклучува не само периодот до 90-тата година туку и периодот до донесување на закон за слободен пристап до јавни информации, рече Бонева. Тргнувајќи од тој факт, вели таа, лустрацијата не може да биде до 1991 година туку до моментот кога започнува да се применува Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер. За ова истакнува таа се зложиле 150 експерти.

Процесот на лустрација ќе продолжи онаму каде што е запрен и нема да постои никаков прекин. - Сите оние што треба да се лустрираат ќе го направат тоа согласно одредбите на овој закон. Сите оние за кои процесот на лустрација е завршен нема да подлежат на одредбите на овој закон, вели Бонева.

Составот на Комисијата за лустрација, според предлогот, нема да се менува. Нови членови ќе бидат именувани откако на старите ќе им истече мандатот.

Досега беа лустриран, поранешниот претседател на уставниот суд, еден лидер на политичка партија, претставник од невладиниот сектор, двајца судии и уште неколку други лица.

Бројот на соработници со тајните служби неофицијално достигнува и до неколку илјади.




Комитетот за демократизација на Македонија уште денеска ке реагира со писмо до преседавачот на советот на ЕУ и до Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент. На лагата и манипулацијата ке предупредиме пред да биде донесен законот.
22-03-2012, 06:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Груевски: Новиот закон за лустрација ќе расчисти одредени дилеми


[Image: gruevski_23033_g.jpg]

Новиот закон за лустрација ќе рачисти одредени дилеми. Доколку Парламентот го прифати, во рок од 30 дена на интернет ќе се објават досиејата на оние личности опфатени со законот. Секој граѓанин ќе може да прочита и да види дали некој бил или не бил соработник на службите, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

- Долго време особено противниците на овој закон и на овој пристап говореа дека можеби некој ги штима и ги мести работите, дали навистина некој бил кодош, дали некој го наместил... Доколку Парламентот го прифати новиот закон, во рок од 30 дена на интернет ќе се објават сите досиеја на оние личности што ги опфаќа законот. Секој граѓанин ќе може да прочита и да види дали некој бил или не бил кодош. Нема да има дилеми дали е тоа политички монтирано или не. На некој начин и се помага на Комисијата за лустрација, која досега немаше право да извади каков било доказ во јавноста за одлуката што ја донел се додека не заврши судската разврска. Лицето пак, за кое беше донесена одлука да биде лустрирано имаше право да излезе на телевизија, да мавта со некакви листови и да покажува дека е невино осуден и оти е неправедно постапено кон него, изјави Груевски.

Според него, се намалила довербата кон Комисијата бидејќи таа молчела зашто по закон мора да молчи.

- Сега се оди по еден друг редослед. Во рок од 30 дена досиејата на сите оние што се опфатени со законот ќе бидат ставени на интернет, без бришење на имиња, односно така како што се во оригинал ќе бидат копирани и ставени на интернет. Дополнително секој ќе може да оди во Архивот и да го види оригиналот ако не му верува на тоа што е на интернет. Оваа нова етапа ќе ги разбие сите дилеми. Нормално Комисијата потоа ќе ги анализира сите и ќе носи оценка кој како постапувал и ќе го врши понатамошниот процес на лустрација, вели премиерот, кој денеска ги промовираше нови наслови од проектот за предвод на 1.000 стручни книги.

Во врска со проширувањето на опсегот со лица кои стекнале капитал во претпријатијата со општествена сопственост, согласно Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал, тој рече дека тие биле, а некои и се уште се активни чинители во општествениот живот.

- Тоа се луѓе кои биле активни актери, учесници... кои со законите од деведесетите години добија можност законски, за симболични суми да им бидат поклонети најголемите фабрики со огромни капацитети на одредени луѓе кои ја искористија таа можност. За жал тоа беше време кога 200 илјади работници останаа без работа, кога околу пет милијарди капитал за неколку години отиде во приватни раце на начин кој што беше навистина чувствителен. Добро е да се види нивната улога. Неможам да кажам дали тие се или не се учесници во работи од ваков вид, но добро е да се види дали имало вакво нешто. Тие се многу активни учесници во општествениот живот во тој период, а голем дел од нив и во денешниот, рече Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека не се занимавал со „должината на списокот“. - Немам некои задни намери. Не сакам за никого да прецизирам дали или не е учесник во некакви работи од ваков вид. Најдобро да си излезат досиејата на сите кои согласно законот се опфатени, да си види народот, Комисијата да види и да оцени, да се провери добро и да се анализира. Не е добро кој било што е невин да се стави на тапет дека е виновен, но не е исто така добро некој што бил виновен да се затскрива зад некои законски слабости кои постоеја во минатото од причина што, како што кажав предмалку, Комисијата немаше право да излезе со никаков доказ и таа молчеше, вели тој. Тие луѓе треба да бидат обелоденети бидејќи дел од нив се и денеска активни и учествуваат во јавниот живот, или би можеле да учествуваат.

Сега, според Груевски, ќе имаме една комплетно чиста ситуација. - Секој граѓанин да може да се увери во работите и мислам дека е добро за прочистување на нештата и за затворање на една етапа од транзицијата, но и од еден прилично мачен режимски период кога огромен број луѓе поигрувајќи си со судбината на други луѓе заради личен, честопати материјален и кариеристички интерес кодошеа свои блиски луѓе, пријатели, во делот на нивното идеолошко и политичко размислување, изјави премиерот.

Според Груевски најверојатно ќе има опструкции во врска со предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на нов закон за лустрација.

- Веројатно ќе има опструкции. Ова е таква работа во која што некои луѓе се чувствуваат засегнати и ќе направат се што е во нивна моќ да го спречат тоа. Мене ми е жал што оваа работа не е завршена во деведесетите години, односно година две по создавањето на државата. Тогаш требало да заврши оваа работа, но очигледно во тој период немало доволно политичка волја и после 15, 16 години со доаѓањето на власт на оваа политичка гарнитура започна овој процес и веднаш се соочивме со многу опструкции на различни нивоа. Мислам дека овојпат работите ќе бидат кристално јасни затоа што ќе бидат толку многу транспарентни што нема да може некој така лесно да ги опструира, истакна премиерот.

23-03-2012, 07:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(23-03-2012, 07:28 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Груевски: Новиот закон за лустрација ќе расчисти одредени дилеми


[Image: gruevski_23033_g.jpg]

Новиот закон за лустрација ќе рачисти одредени дилеми. Доколку Парламентот го прифати, во рок од 30 дена на интернет ќе се објават досиејата на оние личности опфатени со законот. Секој граѓанин ќе може да прочита и да види дали некој бил или не бил соработник на службите, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

- Долго време особено противниците на овој закон и на овој пристап говореа дека можеби некој ги штима и ги мести работите, дали навистина некој бил кодош, дали некој го наместил... Доколку Парламентот го прифати новиот закон, во рок од 30 дена на интернет ќе се објават сите досиеја на оние личности што ги опфаќа законот. Секој граѓанин ќе може да прочита и да види дали некој бил или не бил кодош. Нема да има дилеми дали е тоа политички монтирано или не. На некој начин и се помага на Комисијата за лустрација, која досега немаше право да извади каков било доказ во јавноста за одлуката што ја донел се додека не заврши судската разврска. Лицето пак, за кое беше донесена одлука да биде лустрирано имаше право да излезе на телевизија, да мавта со некакви листови и да покажува дека е невино осуден и оти е неправедно постапено кон него, изјави Груевски.

Според него, се намалила довербата кон Комисијата бидејќи таа молчела зашто по закон мора да молчи.

- Сега се оди по еден друг редослед. Во рок од 30 дена досиејата на сите оние што се опфатени со законот ќе бидат ставени на интернет, без бришење на имиња, односно така како што се во оригинал ќе бидат копирани и ставени на интернет. Дополнително секој ќе може да оди во Архивот и да го види оригиналот ако не му верува на тоа што е на интернет. Оваа нова етапа ќе ги разбие сите дилеми. Нормално Комисијата потоа ќе ги анализира сите и ќе носи оценка кој како постапувал и ќе го врши понатамошниот процес на лустрација, вели премиерот, кој денеска ги промовираше нови наслови од проектот за предвод на 1.000 стручни книги.

Во врска со проширувањето на опсегот со лица кои стекнале капитал во претпријатијата со општествена сопственост, согласно Законот за трансформација на претпријатија со општествен капитал, тој рече дека тие биле, а некои и се уште се активни чинители во општествениот живот.

- Тоа се луѓе кои биле активни актери, учесници... кои со законите од деведесетите години добија можност законски, за симболични суми да им бидат поклонети најголемите фабрики со огромни капацитети на одредени луѓе кои ја искористија таа можност. За жал тоа беше време кога 200 илјади работници останаа без работа, кога околу пет милијарди капитал за неколку години отиде во приватни раце на начин кој што беше навистина чувствителен. Добро е да се види нивната улога. Неможам да кажам дали тие се или не се учесници во работи од ваков вид, но добро е да се види дали имало вакво нешто. Тие се многу активни учесници во општествениот живот во тој период, а голем дел од нив и во денешниот, рече Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој истакна дека не се занимавал со „должината на списокот“. - Немам некои задни намери. Не сакам за никого да прецизирам дали или не е учесник во некакви работи од ваков вид. Најдобро да си излезат досиејата на сите кои согласно законот се опфатени, да си види народот, Комисијата да види и да оцени, да се провери добро и да се анализира. Не е добро кој било што е невин да се стави на тапет дека е виновен, но не е исто така добро некој што бил виновен да се затскрива зад некои законски слабости кои постоеја во минатото од причина што, како што кажав предмалку, Комисијата немаше право да излезе со никаков доказ и таа молчеше, вели тој. Тие луѓе треба да бидат обелоденети бидејќи дел од нив се и денеска активни и учествуваат во јавниот живот, или би можеле да учествуваат.

Сега, според Груевски, ќе имаме една комплетно чиста ситуација. - Секој граѓанин да може да се увери во работите и мислам дека е добро за прочистување на нештата и за затворање на една етапа од транзицијата, но и од еден прилично мачен режимски период кога огромен број луѓе поигрувајќи си со судбината на други луѓе заради личен, честопати материјален и кариеристички интерес кодошеа свои блиски луѓе, пријатели, во делот на нивното идеолошко и политичко размислување, изјави премиерот.

Според Груевски најверојатно ќе има опструкции во врска со предлогот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на нов закон за лустрација.

- Веројатно ќе има опструкции. Ова е таква работа во која што некои луѓе се чувствуваат засегнати и ќе направат се што е во нивна моќ да го спречат тоа. Мене ми е жал што оваа работа не е завршена во деведесетите години, односно година две по создавањето на државата. Тогаш требало да заврши оваа работа, но очигледно во тој период немало доволно политичка волја и после 15, 16 години со доаѓањето на власт на оваа политичка гарнитура започна овој процес и веднаш се соочивме со многу опструкции на различни нивоа. Мислам дека овојпат работите ќе бидат кристално јасни затоа што ќе бидат толку многу транспарентни што нема да може некој така лесно да ги опструира, истакна премиерот.





Сите импровизации кои ги прави Груевски а со цел да купи време нема да успеат. Македонија мора да помине низ процесот на ВИСТИНСКА лустрација, лустрација во која жртвите ке бидат тие, кои низ институциите на системот, ке ги гонат злосторниците. Во оваа квази лустрација на Груевски ке останат нечепнати главните: Црвенковски, Богоевски, Аврамовски, Верушевски, Бабановски, Мијалков и уште редица други.
Има само едно прашање а тоа е дали Груевски ке ја спроведете вистинската лустрација за што сеуште има шанса или пак него и неговата екипа утре ке ја лустрира се разбира заедо со гореспоменатите новоизбрана Македонска власт.

23-03-2012, 07:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36




Quote:Лустрациски предлог до Собрание на Р Македонија


[Image: Lustracija.jpg]


Пишува Душан Петровски


[Image: Dusan.jpg]
Бидејќи Собрание на РМ подготвува нова верзија на штотуку повторно оборениот Закон за дополнителен услов за извршување на должност (т.н.лустрација) за периодот покриен со Устав на РМ (17.11.1991 г.), како застапник на Комитетот за демократизација на Р Македонија би сакал да понудам здраво решение до подносителите. Поединечнте причини поради кои мора да се донесе законски лек за систематското прекршување на Уставните права на одреден дел од македонското граѓанство во периодот на Независноста ги имам наведено во низа мои текстови, пред сѐ оние кои се однесуваа на досиеjата „ПО ‘ДЕСТРУКТИВЕЦ’“ и „ПО ‘ЦРНИ’“ објавени на kotle.ca. Оваа тематика е доволно опширна поради што и во догледиот рок ќе ја разработуваме. Тука само ќе потенцирам дека тој прогон бил од политички причини, со цел оние кои биле на власт да ѝ попречат на тогашната опозиција да постигне политичка победа, спротивно на „темелните вредности на уставниот поредок на РМ“ изнесени во Член 8 од Устав на РМ.



Дека навистина прогонот на членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ од страна на СДБ/ДБК низ деведесетите години на минатиот Век бил систематски говорат самите досиеjа кои беа отворени согласно Законот за постапување со досиеjа за лица водени од СДБ. Во оваа прилика ќе наведам три примери од две досиеjа:



1. „Образец бр. 9“ од досие „ПО ‘ЦРНИ’“ наведува дека „од страна на поранешната СДБ, односно ДБК за лицето Петровски Јордан Е ЕВИДЕНТИРАНО ПОСТОЕЊЕ на лично досие од политички и идеолошки причини.“ Додека во „Службена белешка (преучување)“ ев. бр. 892, СДБ - 1 Управа (09.10.1992 г.), е заведено дека Јордан Петровски „стои на ВМР-овски идеолошко-политички позиции.“



2. Во „Образец бр. 9“ од досие „ПО ‘ДЕСТРУКТИВЕЦ’“ е забележано дека „од страна на поранешната СДБ, односно ДБК за лицето Стојаноски Блажо Е ЕВИДЕНТИРАНО ПОСТОЕЊЕ на лично досие од политички и идеолошки причини.“ Додека во „Службена белешка (Предлог за заведување во ПО)“ ев. бр. 274, УДБК – Прилеп (08.05.1996 г.), е наведено дека „Стојаноски кокетира и со политичката партија ВМРО ДПМНЕ.“



3. „Службена белешка“ ев. бр. 970, СДБ – 1 Управа (12.12.1994 г.):



„ПРЕДМЕТ: Регистрирани интересни искажувања од страна на СПАСОВСКИ ТОМИСЛАВ, од Куманово.

На 09.12.1994 година остварен е контакт со оперативната врска ЏЏЏЏЏЏЏЏ Истиот е остварен во просториите на РУСДБ Куманово во врска со претходно поставените задачи према ПО ‘Црни’ и Томислав Спасовски од Куманово.

Во текот на разговорот ЏЏЏЏЏЏЏне информира за следното:

(Спасовски реколIcon_razz ‘Јас имам човек во Службата за безбедност кој ме информира за се што се планира и што се превзема према нас ВМР-овците.’

ОПЕРАТИВЕН КОМЕНТАР

Податоците што ни ги презентира оперативната врска ЏЏЏЏxxЏЏ од искажувањето на Томислав Спасовски во врска со членови и симпатизери на ВМРО – ДПМНЕ во АРМ и МВР, се интересни и заслужуваат наш интерес.“



Значи досиеjата говорат дека членовите и симпатизерите на паритјата ВМРО ДПМНЕ биле цел на прогонот на СДБ/ДБК, така што критиките дека идејата за „лустрција“ претставува политичка чистка се без основ.



Начинот на кој предлагачите на Законот за дополнителен услов го имаат поставено истиот се коси со Уставот на РМ, пред сѐ со Член 98 каде што се забрануваат таканаречени вонредни судови. Тоа значи дека советот народно познат како Комисија за лустрација е антиуставно тело. Исто така критичарите на идејата за спроведување на лустрација потенцираат дека Устав на РМ (17.11.1991 г.) им овозможува на оштетените од прогонот од СДБ/ДБК да бараат обештетување низ правосудниот систем. Додека тоа е факт, факт е исто така и дека истиот Устав на РМ гарантира одредени права кои биле систематски кршени. Значи фактот што Уставот дава решение, не е гаранција дека решението можело да се спроведе. Тука е од посебно значење да се напомене дека судската власт од самото донесување на Усатв на Рм до денешен ден уште игра пасивна улога на соработник на прекршителите на Уставот. Во оваа прилика само ќе потсетам дека:



1. Б Стојаноски и Атанас Лефтеров имаат поднесено Кривична пријава (Прелог) до Јавно обвинителство против лица кои тие сметаат дека биле одговорни за прекршувањето на нивните уставни права. Јавното обвинителство ја отфрлило пријавата поради застареност на делото.



2. Ј Петровски има поднесено Кривична пријава (Предлог) до Јавно обвинителство против лица кои тој смета дека биле одговорни за прекршувањето на неговите уставни права. Јавното обвинителство (со фалсификат) ја отфрлило пријавата поради застареност на делото.



3. Ј Петровски се обидува да оконча граѓанска парница со лицата наведени во неговиот Предлог за Кривична пријава, но Основен суд Скопје 1 го опструира процесот.



Значи решението за лустрација за периодот на Независност мора да совлада три предизвика. (1) Член 98 од Устав на РМ; (2) застареноста на делата заради кои оштетените можат да поднесат кривична пријава и (3) своеволието на Јавното обвинителство и судската власт.



Мислење на Комитетот за демократизација е дека „лустрацијата“ е процес што мора да се спроведе во рамките на судството (Министерство за правда). Ова е едниствениот начин на кој пресудите донесени низ „лустрацијата“ ќе бидат легитимни и правосилни. Пречката која ја поставуваат Член 98 од Устав на РМ и застареноста на делата се сосема лесни да се совладаат. Дел од кривичните дела за кои оштетените можат да поднесат Кривична пријава биле веќе застарени на дента кога досијеата им биле врачени. Без увид во своите досиеја, прогонуваните немале доказ за прекршувањата на нивните права; оттука не реално е да се зборува за отпочнување на постапки во периодот кој му претходел на Законот за постапување со досиеjа за лица водени од СДБ. Затоа,треба да продолжи рокот на застарување на кривичните дела остварени од страна на државните службеници кои учествувале во систематското прекршување на Уставот на РМ постапувајќи согласно со Правилата за работа на СДБ („Службен весник на РМ“ – посебен Службен весник 10/92) и Правилнкот за работа на ДБК („Службен весник на РМ“ – посебен Службен весник бр. 10 од 31.10. 1995 г.). Ова би било согласно со Резолуцијата 1096 на ЕУ, и не би се косело со Устав на РМ—бидејќи прекршоците за кои станува збор биле противуставни (т.е. биле прекршоци) во времето кога биле сторени, ова нема да претставува прекршување на Член 14 од Устав на РМ. Истовремено, застареноста на било кое дадено кривично дело е субјетивен, не објективен, временски рок.



Повторно ќе потенцирам дека судската власт влкучително со ЈО се клучната причина зошто денес мораме да зборуваме за „лустрација.“ Имено, нивната пасивност е значајна причина што кривичните дела кои што не биле застарени во моментот на врачувањето на досијеата застареле. Решението на третиот предизвик (своеволието на ЈО и судската власт) го гледам во Член 99 од Устав на РМ каде што се дозволува разрешување на судија „заради нестручно и несовесно вршење на судиската функција што во постапка утврдена со закон, го утврдува Републичкиот судски совет.“ Тоа значи дека Собранието на РМ, кое го избира Републичкиот судски совет би морало да ја држи оваа установа под строга дисциплина.



Како последно и можеби не неопходно, но потребно решение, би сугерирал да се назначи посебен суд во рамките на Основното судство (да речеме „Скопје Х“) како единствен суд во државата каде кривичните пријави и тужби од лустрациска природа би се решавале. Ова го предлагам (1) ценејќи ја специфичната природа на тематиката со која би се занимавале случаите, (2) со цел да се избегне заглавување на случаите во судскиот систем, и (3) заради подобра прегледност на работењето на назначениот суд и неговите одлуки.



На начинот кој што го предлагаме, лустрацијата ќе ја спроведуваат оштетените (жртвите на прогонот) во рамките на правосудскиот систем на Република Македонија. Оштетените би се здобиле со обештета—морална и материјална; додека обвинетите кои ќе изгубат ќе бидат соочени со постоечкиот Казнен законик од една страна, додека од друга страна, новиот Закон за „лустрација“ би можел да ги ослободи вработувачите да дискриминираат против осуденици по оваа основa, така што секој поединечен вработувач (вклучувајќи ја и Република Македонија) ќе има право (но не и обврска) да им ја одбие кандидатурата за вработување.



Авторот е член на советот при Комитет за демократизација на Република Македонија




--
Dušan Petrovski
TheBigPetrovski.blogspot.com
23-03-2012, 10:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Лустрација на патриотите за сите времиња.


ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште еден обид за успешна лустрација.

Конечно ќе се ослободи ме ли од професиналните патриоти за сите времиња?

[Image: Lustracija.jpg]

[Image: Josip-Broz-Tito-14.jpg]
23-03-2012, 11:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:ЗАКОН ЗА (ЛУС)- (КАС)-ТРАЦИЈА ?!


Лустрацијата како што првично беше разбран требаше да претставува процес со кој ќе се отстраната опонентите на демократијата и оние кои во поранешниот режим ги кршеле човековите слободи и права. Латинското значење означува "чистење од гревовите", односно приредување државна церемонија на жртвување за чистење од гревовите и покајание на целиот народ секои пет години. Методи слични на лустрацијата по Втората светска војна, по падот на фашизмот, се применувале во некои европски земји - во Франција (епуратион или очистување), Италија (дефашизација) и Германија (денацификација).

Лустрацијата често е наречена и "лов на вештерки", бидејќи "трага по грешките од минатото". Ваквиот назив доаѓа, пред сe, поради повеќе лошите, отколку добрите искуства кои земјите од Источна Европа ги имале во текот на спроведувањето на лустрацијата. Европските аналитичари (Тина Розенберг), кои го изучуваат процесот на лустрација во Источна Европа, пишуваат за опасностите кои ги носи лустрацијата: "...Поради тоа што лустрацијата ги крши човековите права и ги казнува луѓето, понекогаш и само затоа што нивните имиња се појавуваат во некои весници, кои можат, но и не мораат да бидат точни, верувам дека не е корисно низ лустрација да се гради демократијата. Лустрацијата го охрабрува настанокот на методи како што се политизација на самиот Закон, менталитет на правење црни списоци, етикетирање, чистки на политички противници, идеја дека оние кои мислат спротивно треба да се казнат". Парламентарното собрание на Советот на Европа, на членовите, со Резолуцијата 1096 од 1996 година им ја препорачува лустрацијата и воедно предупредува дека "несоодветното спроведување на овој процес може да доведе до повторно насилство".
Приврзаниците тврдат дека "лустрацијата не е нешто што се однесува на секојдневниот живот на граѓаните, туку е важна за целото општество". Според нив, таа е важна бидејќи "ја спречува манипулацијата со минатото", а во случај со балканските земји, токму таквата манипулација е честа појава во сите политички режими. Опонентите на лустрацијата, тврдат дека "луѓето мора да имаат шанса да се сменат". Лустрацијата како етичка категорија, која се однесува на "утврдување одговорност за поддршка на репресивната политика", според нив, е легитимна само "доколку одговорноста е потврдена во постапка пред суд".
Во Република Македонија, како увертира за донесувањето Закон за лустрација беше донесувањето Закон за пристап до досиејата на тајната служба, објавен на 5 јули 2000 година, а предложен од тогашниот министер за внатрeшни работи, сега покојната Доста Димовска. Законот се применуваше од јули 2000 г. до јули 2001 г., односно во периодот кога РМ се наоѓаше во најголемата безбедносна криза и беше очекуван малиот интерес за овој процес. Исто така, процесот беше исполитизиран со надеж дека во предизборната кампања за локалните избори во 2000 г. одредени кандидати за политички позиции ќе се идентификуваат како соработници на тајните служби. По стапувањето вон сила на овој Закон, дискусијата се фокусираше на прашањето дали треба да се донесе закон со кои идните државни функционери ќе дадат изјава дека не биле соработници или информатори на Службата за државна безбедност. Во декември 2006 г. по иницијатива на г. Стојан Андов, Собранието го донесе Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција. Од тогаш наваму, законот претрпе неколку измени и дополнувања и две одлуки на Уставниот суд на РМ, со кои од една страна, се одеше кон проширување на листите за лустрираните, а од друга страна се докажуваше демократскиот карактер на РМ по 1991 година ...
Кога се обидував на метафоричен начин да го доловам досегашниов тек на македонската лустрација (до донесување на најавениот нов закон), без да асоцирам на неговото вистинско значење го избав поимот кастрација. Неможев да најдам посоодветен термин за метафоричка компарација на она што/ќе ни се случува по еуфоричната најава за донесување на нов закон за лустрација, кој (наводно) треба да ја продолжи „добрата пракса“ на спроведување на лустрацијата и да ги охрабри властите во бескрупулозната борба против кодошите.
Досегашниов тек на македонската лустрација покажа две димензии кои за мене се проблематични од аспект на нивната цел и сфаќањето кое несоодветствува со првичната идеја за процес на чистење на опонентите на демократијата – првата димензија е кастрирањето на „луѓето со мадиња“ и втората димензија - „амнезија, заради амнестија“.
Денес, кога доминантниот дел од граѓаните стравува јавно да зборуваат за „чувствителните државни работи“, најчесто „луѓето со мадиња“ умеат да го артикулираат колективниот став на граѓаните и да го преточуваат во пишан збор, конкретна иницијатива, јавно искажана критика и сл. Задачата на „Чувствителните“ пак, најчесто е насочена кон следење на „јавните и приветните“ акции, реакции и комуникации на „луѓето со мадиња“, заради превенирање на ефектите од нивните критики и јавното говорење за „Чувствителните теми“. Историјата покажала многу примери во кои „Чувствителните“ на различни начини се обидувале (во најголем број случаи успеале), да го замолчи општествено моќните гласови на критиката и отпорот. Во зависност од историските периоди, приликите и средствата со кои се служеле познати се многу методи и механизми за замолчување, почнувајќи од најбруталните (убиства) до најсофистицираните.
Она што дополнително паѓа в очи и наметнува потреба од поширока етичка и јавна дискусија е барањето мудар одговор на прашањето: Дали спроведувачите на процесот на лустрација има и други, скриени цели, освен да ги отстранат опонентите на демократијата? Која е опасноста од креирањето на нови опоненти на демократијата? Која е цената на лустрацијата и на „чувствителните“?
Во обидите да докажат колку ни треба лустрацијата како европски препорачан процес и како прекршителите на човековите права треба да одговараат за нивните злодела, промоторите на овој процес кој одамна ја изгуби вистинската смисла, немаат одговор на втората димензија т.е., прашањето: Ако лустрацијата е "чистење на гревовите", "отстранување на опонентите на демократијата", тогаш која беше целта на амнестијата чии субјекти се поопасни прекршители на човековите слободи и права? Дали ја занемаривме (уваме) примарната цел на постконфликтната амнестија?
Законот за амнестија кој беше донесен во 2002 година, донесе амнестија од натамошни истражни и законски постапки, и ги поништи затворските казни за сите лица за кои беше утврдено дека подготвувале или извршиле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година. Овој закон ослободи вкупно 270 лица. На овој процес се надоврза и законското решение според кое се ослободуваат од кривична одговорност сите оние кои не се одзвале на повикот за одбрана на државата или пак, дезертирале. Жешкото лето 2011-то, кога се крчкаше владината коалиција, на гладно срце и со безобразно суспендирање на правната држава и јавната дебата, во име на „демократијата и соживотот“, Собранието го донесе автентичното толкување на Законот за амнестија со кои т.н., Хашки случаи влегоа во амнестираните дела сторени до септемвр 2001 година.
Сега отворено ја поставувам дилемата ... Ако целта на субјектите на лустрацијата "биле поврзани со стекнување определена имотна корист или погодности при вработување или напредување во кариерата", тогаш се поставува прашањето: Дали целите на субјектите на амнестијата се тешки или помалку тешки?
Ако за лустрацијата се вели дека треба да претставува "расчистување со минатото, заради градење демократија", тогаш дали таа цел ја немаше и амнестијата, која прекина еден вооружен конфликт и кое минато во македонската државна историја е поблиско, а кое подалечно? Тогаш во што е разликата? Разликата е очигледна. Од една страна, со лустрацијата им се ускратува/оневозможува правото на вршење јавна функција, а од друга страна, амнестираните се наградуваат со истите тие добра кои лустрацијата им ги забранува на лустрираните (учество во власта, вршење на јавни-државни функции, вработувања, кариери итн.).
Но, ова не е се`. Ако на ова се придодаде неодговорноста на корисниците на информациите од т.н., кодоши кои сеуште ја имаат моќта на сознанието дека некој некого кодешел и по која цена, тогаш дали лустрацијата се води во двата правци, или пак имателите на информации ги лустрираат и нарачателите на лустрацијата, и лустраторите и кодошите. Ако на ова се придодаде медиумската шпекулација и јавниот линч на претпоставените кодоши кои жестоко ја критикуваа власта, тогаш манипулацијата со овој процес е многу погруба од ова што го гледаме. Новиот закон за лустрација кој треба да биде кулминација на уцената, линчот и рекетот предвидува лустрирање и на озлогласените транзициски профитери кои според нарачателите на еден или на друг начин ќе треба да платат за „приватната сопственост над општествениот капитал“. Циркусот е на сцена, останува да ја гледаме претставата ... Вртењето со прст и најавата кон оние што знаат дека биле соработници, но и оние кои сеуште не се свесни дека ќе бидат е порака која го отвара патот кон амбисот наречен квазилустрација и систематска кастрација.

Фросина Ременски

Универзитетски професор




Констатациите за недостатоците на законот кој го нуди Груевски се точни. Проблем со колумната на Ременска е во тоа што таа не предлага како да се спроведе лустрација. Без лустација Македонија неможе да ги отпочне ЕУ интеграциите. Тоа стои и во последниот извештај.
24-03-2012, 05:47 PM
Reply
Stefan Offline
Senior Member
****

Posts: 415
Joined: Jun 2010
Reputation: 12

Ще ме извините, не следя темата, просто видях това в мкд.мк и реших да изпреваря този път Данчо...Icon_razz

http://www.mkd.mk/21250/makedonija/maked...ustracija/

***
"Направен е несреќен избор на букви од стара плоча...со старословенски букви, незабележително, пишува „Блгарско"..."
24-03-2012, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(24-03-2012, 08:27 PM)Stefan Wrote: Ще ме извините, не следя темата, просто видях това в мкд.мк и реших да изпреваря този път Данчо...Icon_razz

http://www.mkd.mk/21250/makedonija/maked...ustracija/




SurrenderSurrenderIcon_smile
25-03-2012, 05:24 PM
Reply