Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36








Еве едно од најновите признаниа на Андов за постоењето на УДБа од 1991 година па до денеска.
21-12-2011, 02:31 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Quote:Маџовски: Политизирањето на лустрацијата води кон реваншизми

[Image: E808793C6F220240890B8DB502393A1D.jpg]
Политичката инструментализација на процесот може да има епизодно значење и само да придонесе кон некоја идна спирала на нови реваншизми, вели Марјан Маџовски, еден од авторите на книгата „Лустрацијата во Република Македонија-Коментар на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција“.

Тој, во интервју за МИА, смета дека земјата треба да излезе од вителот од проблеми кои земјава ја носат надолу.

- Македонија треба да престане да тоне во вртлозите на проблемите и конфликтностите и треба да се насочи кон можните решенија. Треба да си дозволиме понуда на решенија и да разговараме отворено за нив - истакнува Маџовски.

Според Маџовски, лустрацијата треба да се гледа и како предизвик што ќе воспостави пракса во идните процеси за решавање на нови проблеми и конфликти.

- На македонската лустрација може да се гледа и како на своевиден предизвик за градење нова поширока парадигма за решавање на останатите спорови и конфликтности, било на етничка основа, со соседните држави, па најмногу и на меѓупартиска основа доколку конфликтноста станува крајно непродуктивна - вели Маџовски

Притисок врз судството

За жал, вели Маџовски, дојдена е точката кога преку јавноста се врши притисок како да се спроведуваат одредбите, а индиректно се врши притисок и на судските инстанци.

- Се прави обид да се сруши основната конструкција и цел на Законот преку дезинформирање. А основниот концепт на законот е тие што ги кршеле човековите права извесен период да не бидат на јавни функции. Нема барање на никаква вина и не е битно дали тоа го правале во едноумието или во плурализмот - додава тој.

Првпат во Македонија, како што истакнува, има закон кој односот обичен граѓанин и функционери кои ја водат државата го поставува во интерес на граѓанинот.

- Насекаде, во сите сегменти на општеството во изминативе 20 години, од граѓаните се бара да ги докажат повредите на нивните права, од права на работа па натаму и воопшто нивните слободи. И ретко кој што докажал, најмалку во судска постапка заснована на начелата на приоритет и итност како што е предвидено во Уставот. Уште помалку, во сите овие изминати бедни транзициски години, добиле заштита по основ на дискриминираност од Уставниот суд - вели Маџовски.
#

Dnevnik
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
29-12-2011, 11:21 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Quote:29.12.2011, 10:09
Маџовски: Tие што ги кршеле човековите права да не бидат на јавни функции

[Image: 8ECA7C327EC5344EB4DD632377148EAC.jpg]

Лустрацијата, според него, сама по себе нема значење, односно може да биде само добар лакмус показател за наталожената беда и заробеност на духот.

На македонската лустрација може да се гледа и како на своевиден предизвик за градење нова поширока парадигма за решавање на останатите спорови и конфликтности, било на етничка основа, со соседните држави, па најмногу и на меѓупартиска основа доколку конфликтноста станува крајно непродуктивна. Ова го истакнува Марјан Маџовски, еден од авторите на книгата „Лустрацијата во Република Македонија-Коментар на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција“.

Лустрацијата, според него, сама по себе нема значење, односно може да биде само добар лакмус показател за наталожената беда и заробеност на духот.

- Политичката инструментализација на процесот може да има епизодно значење и само да придонесе кон некоја идна спирала на нови реваншизми. Затоа, Македонија треба да престане да тоне во вртлозите на проблемите и конфликтностите и треба да се насочи кон можните решенија. Треба да си дозволиме понуда на решенија и да разговараме отворено за нив, истакнува Маџовски.

За жал, вели Маџовски, дојдена е точката кога преку јавноста се врши притисок како да се спроведуваат одредбите, а индиректно се врши притисок и на судските инстанци. - Се прави обид да се сруши основната конструкција и цел на Законот преку дезинформирање. А основниот концепт на законот е тие што ги кршеле човековите права извесен период да не бидат на јавни функции. Нема барање на никаква вина и не е битно дали тоа го правале во едноумието или во плурализмот, додава тој.

Првпат во Македонија, како што истакнува, има закон кој односот обичен граѓанин и функционери кои ја водат државата го поставува во интерес на граѓанинот.

- Насекаде, во сите сегменти на општеството во изминативе 20 години, од граѓаните се бара да ги докажат повредите на нивните права, од права на работа па натаму и воопшто нивните слободи. И ретко кој што докажал, најмалку во судска постапка заснована на начелата на приоритет и итност како што е предвидено во Уставот. Уште помалку, во сите овие изминати бедни транзициски години, добиле заштита по основ на дискриминираност од Уставниот суд, вели Маџовски.

Според него, непримените на овие одредби е конкретен показател колку свесно лицемерие и незнаење има во овој сегмент и колку доцна почна нешто да се покренува во оваа област. - Сега, со овој Закон, тој кој сака да биде функционер треба да докажува дека не ги кршел човековите права само затоа што некој поинаку размислува, дека не земал пари токму поради тоа со години, дека не напредувал во кариерата со дебели скриени полициски врски и конечно дека поради тоа не дозволил и се уште не дозволува нови лица да се појават во сите сфери на животот. И се разбира кога ќе дојде на дневен ред примената на еден ваков закон се појавуваат бројни реални и лажни контраверзи и свесно пласирани дефокусирања, па во последно време и заплашувања, додава тој.

Маџовски посочува дека од независноста до денес еден ист мал круг на исти експерти, екс функционери и професори значително го креираат јавното мислење. - Јас сите овие години не слушнав сериозни идеи, варијанти или предлог решенија во јавните дебати по навистина битните прашања. Напротив, овие дебати со години беа намерно стерилни, а потоа влегоа во фаза на непродуктивни поларизации и пресметки. Затоа и престана да ги има, ја изгубија смислата. Во последниве години има одредени освежувања на јавната сцена, но тие се по друг, стриктен политички основ, истакна тој.

Говорејќи за небулозите поврзани со примената на Законот, Маџовски посочува дека се изнесува оти законот утврдува некаква вина, дека има некаква санкција, или загрозува некое право.

- Изјавите кои треба да се поднесат при вработувањата во приватните медиуми не се поврзани со губење на право, туку со стекнување на право на сопственикот да е информиран какви новинари ќе има. Нему му е оставено да оцени дали такви новинари ќе има, тоа е негово право и прашање на убедување. Исто така, не држат тенденциозните забелешки дека се загрозуваат елементи на безбедноста со овој закон, бидејќи тој го третира единствено идеолошко-политичкиот аспект. Овој закон нема врска, ниту со претходното, ниту со сегашното ангажирање соработници во борбата против тероризмот, организраниот криминал и другите модерни облици на нарушување на безбедноста, рече Маџовски.

Најголемиот дел од работите, како што додаде, кои непотребно се спорни во Комисијата за лустрација, а се поврзани со редоследот на работа на предметите се третирањето на предметите за кои не постои целосна документација, известувањето на јавноста за работењето на Комисијата, и по поединечни предмети, како и многу други прашања можат слободно да се регулираат со Деловникот за работа на Комисијата.

Тој посочува дека членовите на Комисијата треба да си го вршат свој дел од работата во процесот без притоа секојдневно да се објаснуваат низ медумите.

- Тие се една карика во лустрацискиот процес и не треба кај некои од нив да има забуна дека се за се одговорни и дека треба да го супституираат целиот процес на лустрација. Ако така мислат, тогаш и не е проблем што не го разбрале докрај духот на законот, туку што не разбираат како ваквите сложени процеси воопшто се движат и како тие самите треба да се постават. Кој од членовите на Комисијата има поинакво мислење нека го издвои на седница на Комисијата. Значи, тука покрај Комисијата се четирите субјекти - интитуциите од кои се добиваат податоците и да не заборавиме двостепената судска интанца која дава конечен суд за тоа како се применува законот и како се верифицирани фактите. Секој од овие субјекти од различни гранки на власта имаа свои надлежности кои треба законски да ги спроведува, вели Маџовски.

Во Македонија има целосна формална консезулна парламентарна поддршка на носењето на законот, но процесот на спроведување за тоа не оди така глатко... - Македонската лустрација има опасност да влезе во оваа спирала на т.н. злокобен круг, па потоа да се обидува да излегува по споредни излези, а може и многу мудро и елегантно и да го избегне овој негативен вртеж. Лустрацијата не е цел за самата себе, таа не треба да не закопа во минатото, да тонеме во пресметките и грешките од поблиско транзициско и подалечното еднопартиско минато, смета Маџовски.

Тој потсетува дека Законот за лустрација е работен согласно двете резолуции на Советот на Европа од 1996 и 2006 година и изготвените мерки за справување со минатото и спроведување на лустрацијата во земјите од Западниот Балкан поддржани од најзначајните меѓународни организации. Од друга страна, додава Маџовски, Резолуцијата на Европскиот парламентот против тоталитарноста и свесноста од 2009 година ми е една од основите за измените кои ги прелагам.

Во насока за успешно и целосно спроведување на процесот, Маџовски вели дека веќе една година предлага Законот да се надополни со две нови поглавја поврзани со процесот на помирувањето и рехабилитацијата на жртвите, при што чистиот процес на лустрација би завршил во рамките на првобитно предвидените пет години. - Наредните пет години би биле посветени на помирувањето и рехабилитацијата, а овие промени законски би требало да се воведат уште сега. Треба да се стави една разграничувачка линија кон поблиското транзициско и подалечното социјалистичко минато. Условно речено, на тој начин продуктивно ќе се ослободиме од товарот на минатото, при што на минатото и историјата активно треба да работат историчарите. Погледите треба да бидат свртени кон сегашноста и иднината, истакнува Маџовски.

Utrinski Vesnik
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 29-12-2011, 11:30 PM by basilius_2.)
29-12-2011, 11:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:ПРОДОЛЖУВААТ КАВГИТЕ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА


Бараме Kомисијата да расправа за злоупотреба на службената должност, да се верификува изјавата на поранешниот министер за внатрешни работи и дека ја кочи мојата работа како член и известител, бидејќи не можам да го поднесам извештајот за поранешен министер за култура зашто, иако уште пред неколку месеци побарав, Аџиев за него не побарал мислење од УБK - вели Дамјановски.



Како тоа Дамјановски бара да се верификува изјавата на Фрчковски. Мојата иницијатива не е сеуште разгледувана.


[Image: scan0588.jpg]
10-01-2012, 04:12 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

лично јас сум многу изреволтиран што до сега нема успешен обид да се чепнат бившите функционери!

тука сум на една линија со Јордан и други.
0+0+0=60%
10-01-2012, 05:33 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(10-01-2012, 05:33 AM)toni_a Wrote: лично јас сум многу изреволтиран што до сега нема успешен обид да се чепнат бившите функционери!

тука сум на една линија со Јордан и други.

Види, има борба со нив, но само вербална. А во случај да е судска, тоа е за работи кои што се случиле сега, а и не носат некои големи промени (како што е ’контроверзното’ затварање на Љубе).

И кога се збори за приватизација и сл., секогаш водечките луѓе (и Гуревски) употребуваат фраза ’законски криминал’. И така битката ја сведуваат само на препукување и видео спотови, а не на реално расчистување со проблемите...

10-01-2012, 02:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:УШТЕ ЕДЕН KАПИТАЛЕЦ ВО ЛУСТРАТОРСKАТА МРЕЖА


Поранешен началник на УБK бил кодош


Поранешен началник на Управата за безбедност и контраразузнавање е фатен во лустрациската мрежа. Неговиот случај е целосно завршен. Тој во целост го прифатил заклучокот на комисијата за лустрација и не поднел ниту жалба пред надлежниот управен суд. Негов бил изборот и многу да „не бранува“, па, за разлика од неколкумина други личности, не се ни појави во јавноста да негира и да се спротивстави на одлуката на лустраторите, со евентуално свои контрааргументи.

Согласно законските прописи, неговото име не смее да биде објавено во јавноста. Иако с` уште не е јасно дали станува збор за функционер од времето на едноумието или, пак, од почетокот на плурализмот наваму, сепак, функцијата што ја извршувал го става во редот на „капиталците“.

Во досегашниот тек на процесот на лустрација целосно се завршени девет предмети, а покрај некогашниот „прв безбедњак“, уште неколкумина други го прифатиле заклучокот на лустраторите без жалбена постапка.



Новинари, партиски лидери, судии

На списокот се наоѓаат и еден поранешен министер, новинар, директор на основно училиште, поранешен претседател на општинско собрание, инаку татко на актуелен претседател на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во град во внатрешноста, потоа поранешен пратеник, кој има сменето „само“ две партиски бои, како и член на управен одбор на една институција.

Во жалбена постапка, значи пред надлежниот управен суд, има уште триесетина други предмети. Иако тие имаат предзнак на итност, сепак, постапките течат бавно. Меѓу поранешните и актуелните функционери кои се жалат на одлуката на лустраторите има, на пример, тројца претседатели на политички партии. Покрај архитектот со псевдоним „Kорбизје“, кој с` уште ја извршува советничката функција во Советот на Град Скопје, останатите двајца, според етничката припадност, се Албанец и Влав. Првиот бил прв човек на „просперитетот“, а вториот ја предводел Партијата на Власите од опозициската коалиција. Да биде иронијата поголема, вториот бил симнат од списокот на соработници на тајните служби само неколку месеци пред последните, предвремени, парламентарни избори на кои и тој бил на пратеничката кандидатска листа. Понатаму, на списокот фигурира еден поранешен судија на Врховниот суд, двајца поранешни декани на факултети, од кои едниот с` уште има јавна функција, како и еден амбасадор.

На масата на лустраторите се наоѓаат уште 20 лица за кои постојат докази и факти дека биле соработници на службите, но с` уште за нив нема донесено заклучоци.



Уште еден новинар - кодош од МРТ

На вчерашната седница на Kомисијата за верификација на фактите биле разгледувани три предмети. За еден лустраторите нашле дека дадената изјава не соодветствува на фактите. Станува збор за уште еден новинар, втор во кодошката мрежа, вработен во Македонското радио, во програмата на албански јазик. Вработените во МРТ како јавен сервис изјавите дека не биле соработници на тајните служби ги дадоа уште во април минатата година. Останатите два предмета го минале лустраторското сито. Во едниот од нив имало непобитни докази дека станува збор за соработник, но тој во странство работел во интерес на домашните служби.




Признание дека и ден денеска работи ИДЕОЛОШКАТА ТАЈНА ПОЛИЦИЈА. Поголема потврда дека "све је исто само њега нема", односно СРБОКОМУНИЗМОТ не е чепнат, здравје.
Чесен Македонецу дали пак ке зборуваш за моја параноја.!!!???



Quote:Да биде иронијата поголема, вториот бил симнат од списокот на соработници на тајните служби само неколку месеци пред последните, предвремени, парламентарни избори на кои и тој бил на пратеничката кандидатска листа.


14-01-2012, 01:25 PM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0

(21-12-2011, 02:31 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Еве едно од најновите признаниа на Андов за постоењето на УДБа од 1991 година па до денеска.

Ne sakam da go slusam covekot koj sega posle zaminuvanjeto na Kiro bez konkurencija e najmracnata figura vo makedonskata politika! Dali toa priznal deka ima dosie vo belgrad li?
ne bi me iznenadilo
Icon_exclaim
18-01-2012, 12:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Датум: 20.01.2012, 18:19

Пред лустраторите исплива и петтиот академик

Изјавите на академиците, членови на МАНУ, за тоа дали биле или не соработници на тајните служби ќе бидат разгледувани во пакет. Засега е неизвесно колкав ќе биде конечниот број на „сомнителни“ предмети. Зашто, покрај четирите, кои беше најавено дека се разгледуваат, се чека извештајот на уште еден, припадник на албанската етничка заедница. Тој својата изјава ја поднел како член на друга институција, но истовремено е и академик, иако не е од редот на редовните членови. Според информациите, тој бил поранешен професор на Приштинскиот факултет и предавал книжевност, а бил и член на Централното претседателство на Демократскиот сојуз на Kосово на Ибрахим Ругова. Неофицијално, се споменува дека неговото кодно име во службите било Црни.

За останатите четири предмети, нивните имиња сигурно се наоѓаат во документите доставени од четирите надлежни институции, но не се открива во какво својство. Зад нив, кај двајца стојат професии на историчари и кај двајца книжевници.

Предметите на академиците беа една од причините за караници и меѓусебни обвинувања за селективен пристап во процесот на лустрација меѓу самите лустратори. Тие беа завршени уште пред неколку месеци, но до ден-денес не се најдоа на дневен ред на седница на Kомисијата за верификација на фактите.

Наши извори, патем, ја дополнуваат и исправаат информацијата дека меѓу деветте досега целосно завршени предмети се наоѓа и еден на поранешен началник на УБK. Имено, станува збор за поранешен началник на ДБK, а не на УБK. Ова појаснување, иако во суштина станува збор за иста служба, сепак во доволна мера го објаснува и разграничува периодот кога била извршувана функцијата. Поранешниот началник на ДБK ја извршувал функцијата подолг период и со процесот на лустрација бил опфатен како наредбодавач. Тој не се жалел на заклучокот на лустраторите пред надлежниот Управен суд и во целост го прифатил. Но, мора да се одбележи неговата доблест, па во овој период тој е целосно повлечен од јавниот живот и е во пензија.

Од друга страна, до крајот на месецов се очекува Уставниот суд да се изјасни за оспорените законски одредби врз основа на кои се спроведува лустрацијата во земјава. Околу ова поднесени се вкупно пет иницијативи со кои се оспорува законот во целина и во одделни членови. (П.Д.-М.Т.)

21-01-2012, 12:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Еве го инртвјуто на Јадранка Костова со Пивоваров. Обид за манипулација од висок маштраб само за нивна несреќа прелесно воочлива.





[Image: scan0640.jpg]


[Image: scan0641.jpg]
24-01-2012, 06:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



[Image: scan0643.jpg]



[Image: scan0642-1.jpg]
24-01-2012, 07:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Европейският парламент насърчи Македония да отвори досиетата на УДБА


[Image: b_650_0_16777215_0___images_stories_Deko...vachev.jpg]
Поправката за отварянето на досиетата в Македония става по предложение на новоизбрания зам.-председател на Комисията по външна политика на Европейския парламент Андрей Ковачев

Македония беше насърчена от Европейския парламент да отвори досиетата на бившата югославска тайна служба от епохата на комунизма (УДБА – ср. Управа државне безбедности). Това стана днес с приемането на проект на резолюция на първо четене по доклада за напредъка на Македония. Документът беше гласуван с голямо мнозинство в Комисията по външната политика на Европейския парламент и подкрепена от големите европейски политически семейства – ЕНП, С&Д, АЛДЕ и Зелените.
Европейският парламент би желал да се засилят правомощията на македонската комисия, която отговаря за отварянето на досиетата на УДБА, като бъде овластена свободно да обявява резултатите от проверките си и да разполага с всички архиви, необходими за работата й.
По предложение на новоизбрания зам.-председател на Комисията по външна политика евродепута Андрей Ковачев (ГЕРБ) и колегата му от ЕНП Шьопфлин комисията прие в отделен член поправка, в която се посочва:
„Насърчава органите да приключат дълго отлаганото обявяване на имената на агентите, свързани с бившите югославски тайни служби, като основна стъпка в посока откъсване от комунистическото минало; насърчава засилване на мандата на Комисията за верификация на фактите, а именно нейната независимост да огласява своите разкрития пряко на обществото и дългосрочното прехвърляне на всички необходими документи в помещения на комисията.”
По предложение на Андрей Ковачев Комисията по външна политика прие текст, изразяващ загрижеността на Европейския парламент „по отношение на тенденцията към развиване на етническа и културна идентичност за сметка на идентичността и културата на съседни държави”.
Европейският парламент насърчава правителството на Македония „да продължи усилията си за засилване на мерките срещу дискриминацията, подчертава важността на предотвратяването на дискриминация, основана на етнически произход, включително срещу граждани открито заявяващи своята българска идентичност и/или етнически произход”.
24-01-2012, 07:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: scan0640_1.jpg]



Пивоваров вели дека постоеле ликвидации. Тој од 2002 година е шеф на военото разузнавање. Зошто не покрена судска постапка за тие ликвидации ???!!!!! По интервјуто се гледа дека знаел.



[Image: scan0640_2.jpg]
24-01-2012, 09:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Новинарите ќе се лустрираат, поповите и оџите куртулија

Уредниците и новинарите, без разлика дали работат во приватни, државни, печатени или електронски медиуми, ќе мора да го минат лустрациското сито. За разлика од нив, поповите и оџите куртулија.

Ова беше одлучено откако Уставниот суд денеска реши да ја преиспита уставноста и законитоста на дел од одредбите од измените и дополнувањата на Законот за исполнување дополнителен услов за извршување јавна функција, донесени минатата година.

Судот се изјасни за три поднесени иницијативи за што беа формирани два предмета, но во постапка остануваат уште две други иницијативи за кои дополнително ќе се произнесе.

До кога лустрација?

Уставните судии одлучија одново да ја преиспитаат уставноста и законитоста на изменетите и дополнетите законски одредби, што се однесуваат на времетраењето на процесот на лустрација, како и на опфатот на категориите граѓани, кои треба да бидат подложни на проверка дали биле или не соработници на поранешните тајни служби.

Притоа, уставните судии изразија сомнеж околу оправданоста дали лустрацијата треба да трае десет години од денот на формирањето на Комисијата за верификација на фактите и дали изјавите за несоработка, покрај за актуелните, треба да се однесуваат и на поранешните функционери.

Што со членовите на фондации?

Истовремено, Судот ќе се изјаснува и за потребата од лустрација на членовите на разните здруженија, фондации и други невладини организации. Дотолку повеќе што за овие три сегменти тој еднаш веќе се изјасни и ги оцени како неуставни.

Судот ја отфрли само иницијативата за преиспитување на уставноста на потребата од лустрација на уредниците и новинарите, со образложение дека тие вршат функција од јавен интерес. (П.Д.)



Пак Фрчко и УДБАШИТЕ околу Грујо ке се спасат ?????!!!! Играта е премногу проѕирна. Дали ке се повтори отфрлање на лустрацијата после 1991 година.
Веке почнува вториот месец како се доставени од моја страна документите за Фрчко. ДБК односно Сашо Мијалков за да го заштити Силјан Аврамовски на комисијата не и ги дава оргиналите од моето досие.
25-01-2012, 02:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:ВМРО-ДПМНЕ не се откажува, ќе смисли нова лустрација

Објавено: пред 2 часа


Откако денеска Уставниот суд ја сопре лустрацијата за сите освен за идни функционери со времена мерка, оти оспори дванесет членови од законот, ВМРО-ДПМНЕ попладнево реагираше дека нема да се откажат и дека ќе најдат нов начин за процесот на откривање на доушници на тајните служби да продолжи. Владеачката партија обвини и дека Уставниот суд упорно сакал да ја сопре лустрацијата. Пратеникот Илија Димовски рече дека ќе работеле за да најдат поефикасен начин да продолжи лустрацијата во Македонија. - Прво не сме изненадени од одлуката на Уставниот суд. Второ во сите централно и источно европски држави во кој што понапред владееше комунизмот, а сега се дел од демократското европско опшетство постојат две политички генерални големи структури - едната којашто се залага за лустрација, а другата се залага за немање на лустрација - рече Димовски. Според Димовски Македонија не била прв прв пример каде што Уставниот суд се обидува да ја блокира или да ја стопира лустрацијата. - Нас ова нема да не запре, знаеме, сме сигурни. Многу сериозни анализи кажуваат дека македонските граѓани го поддржуваат процесот на лустрација, тоа дополнително ќе биде стимул да работиме, да најдеме уште поквалитетен,уште поефикасен начин да продолжи лустрацијата на начин на кој што конечно Македонија ќе се ослободи од старите врски воспоставувани од време на комунистичкиот систем и ќе се отвори една нова страна во демократско општество базирано исклучиво на модерни вредности - додаде Димовски. Тоа би значело трети по ред измени на законот. На денешната седница на Уставниот суд оспорени се дванаесет членови од законот и за нив е донесена привремена мерка со која се ставаат надвор од сила. Поранешните функционери нема да бидат лустрирани, освен ако пак не се кандидираат за некоја функција. Според судот, законодавецот ги ставил во нееднаква положба и го проблематизирал и нивниот морален интегритет и достоинство, кои се уставно гарантирани. Лустрација, според времената мерка, нема да има ниту за новинарите. Судијката Маркова, која реферирала на денешната седница за спорните одредби била на став дека прочистување мора да има и во новинарските редови, но мнозинството нејзини колеги сепак биле да се поништи и таа одредба.Освен новинарите, во оваа категорија се и уредниците и основачите на медиуми. Лустрацијата е прекината до конечната одлука, која може да се очекува по два месеци, и за луѓето од невладиниот сектор, верските лица, адвокатите, медијаторите. Никој од нив, според судот не е носител на јавна функција. Законот за лустрација нема да важи ниту за прекршување на човековите слободи по 1991 година. Лицата чии права биле повредени по донесувањето на Уставот имаа можност да се заштита пред редовните судови а со лустрацијата треба да се санкционираат лица кои ги кршеле човекови права во периодот на едноумието.



ВМРО-ДПМНЕ, ќе смисли нова лустрација Da_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludPos23Pos23Pos23PosPosPosPosPosPos
(This post was last modified: 26-01-2012, 12:38 AM by ЈорданПетровски.)
26-01-2012, 12:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:“Њујорк Тајмс“: Македонската политичка “чистка“ се соочува со судски тест


25.01.2012 - 11:02:27

После повеќе од 20 години, многу земји од Источна Европа кои ги ослободија агентите, инфоматорите и други приврзаници кон комунистичкиот систем, дојде редот и на Македонија, пишува угледниот “Њујорк Тајмс“, пренесува Нетпрес.

Владата во Скопје, според “Њујорк Тајмс“, ја реализира последната фаза од спроведување на далекусежната програма преку која ги принудува луѓето да се заколнат дека не биле соработници со тајните служби и разгледување на одредбите од страна на Уставниот суд.

Според овие мерки, новинари, вработени во невладини, политички и верски организации мора да поднесат изјава до 31 јануари за тоа дали соработувале со службите за државна безбедност.

“Ние сакаме да се отвори нова страница и да се изгради демократско општество според современите вредности, а не врз основа на старите врски формирани за време на комунистичкиот режим“, рече Илија Димовски, член на владејачката ВМРО- ДПМНЕ, која е централно-десничарката партија, во телефонски разговор за “Њујорк Тајмс“.

“Додека многу слични вакви програми низ Источна Европа имаа за цел да ја олеснат транзицијата од тоталитарен кон демократски режим во раните 90-ти, македонската програма дури сега стапува на сила, зголемувајќи ја загриженоста за нејзината ефикасност и стравот дека законот се користи за замолчување на политичките неистомисленици“, пишува “Њујорк Тајмс“.

Пред одлуката на Уставниот суд и угледниот светски весник “Њујорк Тајмс“ пишува за актуелната лустрација во земјава за која во јавноста провејува скепса околу нејзината легитимност и можноста истата да се користи за политички реваншизам.
Лустрацијата издвојува поединци од стариот комунистички режим кој падна во 1991 година со распаѓањето на Југославија.

Според Комисијата за верификација на фактите, повеќе од 10.000 лица дале изјава, од нив 4.000 се обработени, а 26 лица се дефинирани како соработници со тајните служби. Петнаесетмина се жалат на одлуката од судскиот систем.

Во изјава за “Њујорк Тајмс“ претседателот на Комисијата, Томе Аџиев вели дека не е возможно политиката да има свое влијание врз работата на лустраторите.

Таквите програми низ целиот регион се познати како легална лустрација, која потекнува од латинскиот збор “ритуално прочистување“.

Ана Петрушева, директорка на Балканската истражувачка мрежа, која е непрофитна онлајн медиумска група, за “Њујорк Тајмс“, ја поддржува целта на лустрацијата, односно чистење на оние кои ја злоупотребувале моќта во стариот систем и отворање на досиејата на безбедносните служби на поранешните држави.

Но, Петрушева вели дека начинот на кој владата го води овој процес “служи само за манипулација и политички притисок“.

“Чувството кое владее во Скопје е дека ова е уште еден начин да се создаде притисок врз новинарите“, рече Петрушева за “Њујорк Тајмс“, која достави изјава дека не соработувала со тајните служби иако во 1991 година имала само 15 години.

Угледниот американски весник забележува дека сите “кодоши“ досега се политички противници на владејачката партија.

“Владимир Милчин, универзитетски професор, театарски режисер и шеф на Фондацијата Отворено општество веќе има поднесено жалба на одлуката на Комисијата за лустрација“, пишува “Њујорк Тамјс“, додавајќи дека неговата фондација е една од најголемите поддржувачи на граѓанското општество и активна во борбата против корупцијата во земјава.

“Милчин важи за човек со либерални вредности во земјата“, за “Њујорк Тајмс“ изјави Ариех Неиер, претседател на Фондацијата Отворено општество, додавајќи дека 64-годишниот Милчин, кој сега оди со двајца телохранители, е издвоен како “предавник“ на Македонија.
Автор на веста: Нетпрес


Quote:Macedonia Political ‘Cleansing’ Faces Court Test


By MATTHEW BRUNWASSER
Published: January 24, 2012


More than 20 years after much of Eastern Europe moved to cleanse public life of agents, informers and other partisans of the Communist system, Macedonia is taking its turn.

The government, based in Skopje, is reaching the final stage of carrying out its own far-reaching program, forcing people in a wide range of professions to swear that they were not collaborators, and setting up a confrontation with the country’s top court, which is reviewing the constitutionality of the measure.

Under the measure, journalists and employees of nongovernmental, political and religious organizations must submit sworn declarations by Jan. 31 about whether they ever collaborated with the state security services.

“We want to open a new page and build a democratic society according to modern values, not one built on old ties established during the Communist period,” Ilija Dimovski, a member of Parliament with the governing party, the Internal Macedonian Revolutionary Organization, which is center-right nationalist, said Monday in a telephone interview from Skopje.

While most similar programs across Eastern Europe were meant to help ease the transition from totalitarian to democratic governance in the early 1990s, Macedonia’s program is just now coming into force, raising concerns about its effectiveness and fears that the law is being used to silence political opponents.

As a result, the Constitutional Court is to rule on the program on Wednesday. The ruling could strike down the entire process, allow it to continue or annul specific provisions.

The program singles out individuals from the old Communist regime, which fell in 1991 with the end of Yugoslavia and the eventual splintering of the federation of six Yugoslav republics into seven independent countries.

According to the Commission for the Verification of the Facts, a government office charged with managing the process, more than 10,000 sworn declarations from current and former state officials have been received. Of the approximately 4,000 processed, 26 individuals were found to be collaborators. Fifteen have appealed the findings in the judicial system.

Tome Adziev, who heads the commission, said it was not possible for politics to influence the work of the commission.

“We have no pressure from the government,” he said in a telephone interview from Skopje. “We just verify the facts.”

Such programs across the region are known legally as lustration — from the Latin for “ritual purification.” Ana Petruseva, Macedonia country director for the Balkan Investigative Reporting Network, a nonprofit online media group, supports the stated goal of lustration: cleansing those who abused power in the old system and opening the files of the former state security services.

But Ms. Petruseva said the way in which the government was conducting the process “serves only the interest of manipulation and political pressure.”

“The feeling in Skopje is that this is yet another way to create pressure on journalists,” said Ms. Petruseva, who although she was only 15 years old in 1991 has already submitted her declaration.

The accusations of political influence are fueled by the fact that of the three officials known to be facing removal under the law all are political opponents of the governing party. One, Vladimir Milcin, a theater director and head of the Open Society Foundation in Macedonia, has appealed the lustration commission’s decision to expel him from his position as a university professor. The foundation is one of the largest financial supporters of civil society and anti-corruption organizations in the country.

“Vladimir Milcin has a significant reputation as a voice of liberal values in the country,” Aryeh Neier, president of Open Society Foundations, said last autumn in a telephone interview from New York. Referring to Mr. Milcin, Mr. Neier said the interview, “Discrediting someone like him would seem to have great political value to the government.”

Mr. Milcin, who is 64 and who now travels with two bodyguards, has said that he is being singled out as one who has “betrayed” Macedonia.

“It is very serious,” Mr. Milcin said. “It means when you walk in the city center, people shout ‘shame on you’ and ‘traitor.”’
A version of this article appeared in print on January 25, 2012, in The International Herald Tribune.
26-01-2012, 02:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Лустрација


„ЧЕСТИТКИ“ ДО НАСЛЕДНИЦИТЕ НА ПОЛКОВНИК АБАС!

[Image: Cvetko_Uzunovski-1-1.jpg]

Наследниците на македонската комунистичка елита, особено на едно нејзино радикално крило, направија нешто што може да служи за пример во сите поранешни социјалистички земји. Успеваат на маестрален начин да ги сокријат трагите за нивните злодела!

пишува Владимир Костовски



Во летото 1991, кога ЈНА доби наредба да ја спречи сецесијата на Словенија веднаш по успешниот референдум, еден војник на тогашната армија во среде борби даде изјава, чинам за тогашниот Јутел. На прашањето што правите вие овде, војникот одговори: „Еве, тие божем се отцепуваат, ние божем не им даваме“.

Оваа реченица, која ја симболизира страшната лага околу претходниот договор на српските и словенечките комунисти да одглумат краткотрајна војна, по што армијата се повлече целосно од Словенија, е сосема адекватна и во македонскиот случај на божемна лустрација. Доволно е да смените само еден збор во реченицата, па таа би гласела вака: „Еве ние божем сакаме да ги лустрираме, а тие божем не ни даваат!“

Изјавата во овој случај, се разбира, би дошла од актуелната власт претставувана од десната подружница на здружената банда, ВМРО ДПМНЕ, а се однесува на оние што божем не даваат, левата подружница на истата банда, СДСМ.

Со последната одлука на Уставниот суд за суспензија на десетина члена од актуелниот, изменет, практично втор закон за лустрација во Македонија, само се потврдува, дека земјата од 1945 година до сега, ја управувале само и единствено комунистите, без оглед како тие се прекрстиле и се размножиле во повеќе партии и без оглед дали денес се викаат капиталисти, либерали, демократи...

Лагата беше јасна од почетокот, сега само кулминира


[Image: gruevski27.jpg]

Лажната политичка волја за прочистување на општеството од луѓето што соработувале со тајната полиција во времето на социјализмот, но и потоа, беше јасна за оние што не се слепци уште на почетокот на процесот, кога пред 11 години се дозволи увид во досијеата. Ограничено, една година, селектирани досијеа со избришани и затемнeти имиња во нив на соработниците и со законски казни ако се изнесат во јавност! Кога по некоја година требаше да се продолжи со глумењето демократија, бидејќи тоа го бараа оние кон кои божем се стремиме, го пуштија Стојан Андов да „изменаџира“ закон кој ќе има дупки и кој нема да се спроведе. Кога и таа игра беше прочитана, Андов, божем се трга од процесот, а ВМРО ДПМНЕ носи закон кој има уште повеќе дупки и нелогичности, плус тој и таков го спроведува килаво, еднострано, реваншистички, селективно.

Конечно, кога и при такво спроведување на законот дојдоа на ред малку покрупни риби од една од подружниците, односно кога Комисијата веќе не можеше да го одложува нивното појавување во јавноста, се јавува Уставниот суд како последно оружје, како тешка артилерија и законот оди неврат. Блатото во кое е заглавен целиот процес сега е преголемо за да се извлече процесот на чистина. Овие, од десната подружница на бандата, смешно најавуваат продолжување на процесот, ако требало и со „тврда лустрација“, а ако и тоа не успеело и со „улична лустрација“. Демек, ќе ги изваделе сите досијеа на увид на јавноста. О, туго, туго, што би рекле кумановци.


Системот се одбрани!

Зошто е ова вака, е сосема јасно за оние што не сакаат да бидат слепи при очи. Ако во Македонија се спроведе искрена и чиста лустрација, граѓаните ќе ја откријат најчуваната тајна - методот на функционирање на трансформираните комунисти, кои според план, строго дефиниран и прецизен, по 1990 се преобразија во „демократи“ и „бизнисмени“ и повторно останаа на власт до денешни дни.

Ако се спроведе искрена и чиста лустрација, ќе се види дека при спроведувањето на тој план тие го искористиле нивниот најсилен камшик - тајната полиција, преку чија помош искреирале лажни нови вредности во божемното ново општество. Ќе се види дека се искористени сите полуги на нивната моќ, особено оние со кои управувала тајната полиција за да изгледа однадвор дека сѐ е сменето, а всушност сѐ е исто. Впрочем и затоа имаме невиден отпор кон лустрацијата и од самите некогашни и сегашни шефови во тајната полиција, а не само од лидершипот на здружената банда.

Искрената и чиста лустрација ќе покаже на виделина како еден центар на моќ управува со целото општество. Како од еден центар, една иста здружена банда прво создала „повеќе политички партии“, па создала „законодавен дом“, па „независно судство“, па потоа создала повеќе медиуми со повеќе „независни основачи“, па создала „повеќе права и слободи“, итн.

Таквата, искрена и чиста лустрација ќе ја открие вистината и за верските права и слободи, односно како се создадени МПЦ-ОА, ИВЗ и другите поголеми и помали верски творби. Ќе открие сигурно и како функционираат автономните универзитети, струковите здруженија на работодавачи и синдикати, огромен дел од невладините организации, па сѐ до функционирањето на месните заедници!

Ете, тоа системот што е создаван и усовршуван од 1945 г., не можеше да си го дозволи. Здружената банда со двете главни подружници ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не можеше да си дозволи граѓаните да прогледаат како се формирани и од кого се управувани. Не можеше здружената банда да си дозволи да се откријат имињата на сите оние што им помагаа во глумата пред јавноста, а пред сѐ да се откријат посвоените деца на УДБ-а во медиумската свера или пак меѓу адвокатите, не дај боже. Не можеа да си дозволат да се откријат плејадата соработнички имиња на македонските факултети, кои по идеолошка нарачка и за пари, докажаа дека не се достојни ниту за селски учители, а не пак за даскали во високи образовни институции. Тие не може да дозволат ниту лустрација во верските институции, зашто ќе се открие огромната поврзаност на верската и световната власт во секуларна држава, по што, истите тие верски лица ќе бидат нефункционални за реализација на натамошните акции и планови на здружената банда.

Суштината е во тоа дека ќе се откриеше оти прогонот и манипулациите по идеолошка основа продолжил и по 1991, со што ќе се потврди дека системот и натаму е едноумен и управуван од ист центар на моќ како и во периодот 1945-1990 година.

Честитки до наследниците на Абас



[Image: siljanavramovski-1.jpg]

Оттука, ако сите вредности и процеси во Македонија по 1990 г. биле на некој начин лажни и лажирани, зошто некој би помислил дека нема да биде лажиран и еден процес на лустрација, кој на некој начин јасно ќе го покаже тоа. Сѐ друго е работа на техника на изведување.

А тука, на наследниците на македонската комунистичка елита, особено на едно порадикално крило може да им се честита, оти тие направија нешто што може да служи за пример во сите поранешни социјалистички земји. Успеваат на маестрален начин да ги сокријат трагите за нивните злодела!

[Image: slobodanbogoevski-1.jpg]

Затоа и нека не ве чуди што во македонските медиуми деновиве имате негативни и позитивни коментари за одлуката на Уставен и за моменталната фаза од процесот на лустрацијата. Помалку вичните и помалку упатените новинари, кои сѐ уште веруваат оти не постои една единствена злосторничка банда што управува со Македонија, ами дека се најмалку две, ја фалат одлуката на Уставен и се ситат на ВМРО ДПМНЕ. Поупатените, de facto соработниците преку кои се одвива целата игра во јавната свера или молчат или пишуваат остри коментари против СДСМ и нивните протежеа во Уставниот суд. Тој процес ќе го гледаме интензивно и во наредните денови во медиумите во Македонија.

[Image: SashoMijalkov.jpg]

Илјадниците македонски граѓани - директни жртви на комунистичката и неокомунистичката елита и на нејзиниот камшик тајната полиција, кои настрадале само зашто имале поинакво мислење, својата правда ќе ја дочекаат само ако во Македонија се создаде нова, оригинална и неоктроирана политичка сила која ќе се потпира на вистнските вредности на демократијата. До тогаш можеме само да им „честитаме“ на наследниците на крилото на полковникот Цветко Узуновски - Абас, затоа што покажаа во поновата македонска историја дека сѐ уште можат да прават злодела и сѐ уште можат успешно да ги сокриваат, односно да останат неказнети!
28-01-2012, 12:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Датум: 27.01.2012, 18:03

en passant

Фрустрација, лустрација, кастрација!

Сите овие изминати 20 години од македонската недоречена независност, се обидувам да одговорам на прашањето дали Македонија е уникатен општествено-политички и државен феномен кој не зависи од процесите на демократизација, декомунизација и деболшевизација што со помалку или со повеќе успех веќе завршија во земјите кои порано беа зад железната завеса во Југоисточна Европа? Македонското собрание не ја усвои декларацијата на Советот на Европа за осуда на тоталитарниот комунистички систем, дваесет години се туфкаме дали да направиме лустрација на кодошите или да ги овековечиме како заслужни граѓани за државата, југоносталгијата н` мава по сите дамари - и социјалниот, и културниот и политичкиот. Ние сме навистина единствен случај во екскомунистичка Европа!

Веста гласи: Уставниот суд е на пат да ја делегитимира лустрацијата! Ништо неочекувано. Што ќе ни е нам, всушност, лустрација? Нова фрустрација!

Македонија идеолошко-политички или, што е уште пострашно, во својот етнонационален и државен код се однесува како да е зависна од поранешниот систем, од комунизмот и од едноумието. Уште од времето на социјалистичка Македонија, нашиот источен сосед Бугарија, а подоцна с` понагласено и Грција н` обвинуваат дека како етнонација сме коминтерновска творба, како држава не сме ништо повеќе од титоистички проект, дека немаме историски корени и поради тоа треба да прифатиме да бидеме национално и државно обезличени. Против таа историска невистина нашата екскомунистичка и посткомунистичка елита реторички се бори од петни жили, со право обвинувајќи ги Атина и Софија за негаторски и шовинистички национални политики кон Македонија и Македонците. Но на домашен терен, истата таа наша елита му пука салви на комунизмот, за минатиот режим има само суперлативи, аплаудирајќи му што овозможил целосна национална и социјална еманципација на Македонците. Дури и режимот кога и кај нас, како дел од СФРЈ, царуваше политичката полиција, главните бајрактари на посткомунистичката каста го карактеризираат како просветителски, мек, беневолентен, благ.

Со други зборови, се прави историска лакировка дека во Македонија немало тоталитаризам за време на бившиот систем, немало компартиска диктатура, немало ниту политичка алтернатива, а различното политичко мислење или не дај Боже дисидентсвото не само што не виреело туку, дури и да се појавувало во рудиментирана форма, тоа е етнички и државно-национално невтемелено, со право жигосано, ептен непријателско!? Демек, овде течел економски социјалистички мед и се пиело витално македонско комунистичко млеко. Сите борци против комунистичката идеологија, вклучително и оние за македонската национална кауза остануваат и натаму непријатели на народот и државата, како што биле обвинети во комунизмот. Попусто се лажира нивната рехабилитација, попусто им се градат споменици. Рехабилитирани се само нивните џелати и нивните кодоши! Да си против комунизмот во Македонија сиве овие децении, до денешен ден, значи да си против државата и против народот! Ексик нека е!

Ете зошто на оваа власт ~ е мачно да спроведе елементарен процес на просветление или прочистување од кодошкото компартиско минато, нешто што е услов за нашата дезидеологизирана иднина. Ако таква воопшто имаме ниет да направиме. Kако да направиме лустрација кога кодошите се вгнездиле во сите пори на општественото живеење. Не само што се вгнездиле, туку ги владеат. Диктираат или уредникуваат со медиумите, ги водат од сонце или од сенка политичките партии, го командуваат судството, царуваат со бизнисот...

Не сакам воопшто да навлегувам во мотивите или во правната аргументација на Уставниот суд да оспори неколку члена од Законот за лустрацијата. Во очи ми паѓаат само две крупни нешта.

Прво, Уставниот суд ја оспорил лустрацијата на поранешните функционери, на свештениците, на членовите на невладините организации и на новинарите! Значи, ги спасил сите освен функционерите од актуелната власт!? Додуша, за новинарите судијката-известител на отворената седница на судот рекла дека треба да се лустрираат, зашто вршат јавна функција, ама на затворената седница, со прегласување и тие куртулиле од лустрација! Kолку моќна мора да е кодошката новинарска фела штом си обезбедила мнозинство кај уставните судии во своја полза на затворена седница, и покрај нивните инакви намери? И каде се сега борците за фер лустрација, кои ~ забележуваа на Kомисијата за верификација на фактите дека одлучува со прегласување, да се побунат зошто и Уставниот суд одлучува со прегласување за вакви суптилни работи. Новинарите или вршат јавна функција, или не вршат. Објаснувањето дека имаат влијание врз јавноста, но не се јавни функционери (ниту избрани, ниту именувани), односно не примаат пари од државата, е толку формалистичко што не заслужува ниту средношколска анализа. Ако некоја фела во државата има политичка функција пар екселанс, тоа се бездруго новинарите, кои беа општествено-политички работници во минатиот систем, а долго време во посткомунизмот, додека царуваа медиумските монополи - во 20-тите години на минатиот век, па до денешен ден, се продолжена рака на политиката.

Второ, уставните судии го оспорија и периодот за кој треба да се спроведе процесот на лустрација. Демек, тој период требало да важи само до формалниот крај на комунизмот во Македонија!? Kаква фарса! Kомунизмот во Македонија с` уште не завршил! И зошто сите политички елити на власт воопшто се трудеа да го донесат законот за лустрација, кој задоцни повеќе од 15 години (2008)? За да лустрираат пензионери во длабока старост и починати кодоши? Очигледно кодошите меѓу судиите си играат мајтап, пркосејќи му на новото време, кое никако да дојде.

За да се спасат неколкумина уредници и новинари, чиј јавен збор нема толку да тежи во иднина ако бидат прогласени за кодоши, за да се раатисаат владици, ексамбасадори и ексминистри, од непогодата јавно да бидат изложени на блам поради тоа што во минатото правеле кариери, ќарувале и напредувале со кодошлак, лустрацијата треба да се ничкоса!

А од што да се спасат, кутри тие!? Аналитичарите велат дека сега имало опасност, наместо мека, во Македонија да почнела тврда лустрација. А тврдата лустрација била отворањето на досиејата за да ги види јавноста. Е па, време е за тврда лустрација. Нека се отворат досиејата. Потоа, господата кодоши нека останат на своите функции, да не би да им ги одземат, сега, кога направија кариери. Само еднаш да им ги видиме суратите!

Зоран ДИМИТРОВСКИ


Болдираниеве делови ми ствараат дилема дали авторот сака да каже дека Б.Ц е виновен или пак дека Груевски е неспособен.
(This post was last modified: 28-01-2012, 05:12 AM by ЈорданПетровски.)
28-01-2012, 05:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-01-2012, 05:11 AM)ЈорданПетровски Wrote: Попусто се лажира нивната рехабилитација, попусто им се градат споменици. Рехабилитирани се само нивните џелати и нивните кодоши! Да си против комунизмот во Македонија сиве овие децении, до денешен ден, значи да си против државата и против народот! Ексик нека е!

Ете зошто на оваа власт ~ е мачно да спроведе елементарен процес на просветление или прочистување од кодошкото компартиско минато, нешто што е услов за нашата дезидеологизирана иднина. Ако таква воопшто имаме ниет да направиме. Kако да направиме лустрација кога кодошите се вгнездиле во сите пори на општественото живеење. Не само што се вгнездиле, туку ги владеат. Диктираат или уредникуваат со медиумите, ги водат од сонце или од сенка политичките партии, го командуваат судството, царуваат со бизнисот...



Жоро си извршува политички и новинраско самоубситво, вели: "Диктираат или уредникуваат со медиумите" . Во Макеонија нема многу медиуми, на еден медиум тој е УРЕДНИК. Газда на медиумот е:

[Image: DSC_0726-e1327528411749.jpg]


Причината за "самоубиството на Жоро е АТЕНТАТОТ кој го врши" врз Груевски: кодошите се вгнездиле во сите пори на општественото живеење.Не само што се вгнездиле, туку ги владеат... ги водат од сонце или од сенка политичките партии ...




28-01-2012, 01:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,142
Joined: Mar 2010
Reputation: 36







28-01-2012, 09:06 PM
Reply