Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(27-07-2011, 01:28 PM)ЈорданПетровски Wrote: „Драматургот“ не изрежира подобра лустрација


1.потребно е редефинирање на целиот процес, како и на самото конципирање и функционирање на комисијата за лустрација.
Прашање:Зошто е потребно?
Quote:УДБА - тајна комунистичка полиција


Во пресудата од 23.05.2002.година, Врховниот суд на Република Словенија тврди дека УДБА е злосторничка организација:


''Споменатиот интерен извештај е историски документ, кој настанал во некогашната тајна полиција, позната под името УДБА.

Денес е познато дека таа служба не се занимавала само со разузнавачки задачи, туку и сама организирала разни криминални активности, плански ги изведувала, па дури и конструирала постоење на кривични дела и одговорност за нив. За таа цел фалсификувала, фабрикувала или подметнувала обвинувачки докази. Жртвите на таквите активности, по правило политички противници, или поинаку мислечки, во периодот на тогашниот режим немаа можност да ги разоткријат конструктите на УДБА и да бидат рехабилитирани''.

Дека е така сведочи еден удбаш. И тоа не кој било, туку помошникот на шефот на УДБА за Словенија, Алберт Светина, во својата книга ''Од ослободителна борба до бандитизам''
http://cd-macedonia.com/SiteOpenArticles...ticleID=15
2.a), а бесцелно е на проверка пред комисијата за лустрација да поминат и поранешни функционери што се живи, а повеќе не се на функција и долго не се во јавниот живот - дециден е Кадриу.
Прашање:Кој вели дека е бесцелно?
Quote:Партизани и комунисти



''Што на децата поубаво им сјае од татковата слава или на таткото добар глас за децата негови?'' (Софокле, ''Антигона'')


Во фамилијата имавме шест партизани. Не ми е познато дека сме имале некого на другата страна. Двајца беа на Голи оток. Едниот беше првиот партизан во своето место. Вториот се врати од Голи оток како ''непоправлив''. Третиот веднаш по војната комунистите ги прогласи за ''багра''. И другите двајца не беа комунисти. Само еден беше комунист. Само еден беше обвинител. Само неговиот син беше обвинител. Само неговиот внук, во време на сегашнава десна влада стана судија. Само комунистот и неговите потомци ги имаа сите привилегии и денес ги имаат.

Да се разбереме. Нема ништо лошо во привилегиите. Лошо е кога незаслужено се добиваат привилегии. Кога наместо да му се служи на македонскиот народ, и се служи на комунистичката партија, која до ден-денешен спроведува диктатура врз македонскиот народ. Како било да си го менуваат името; ги препознаваме, ги чувствуваме
http://cd-macedonia.com/SiteOpenArticles...ticleID=13


2.b1)За да се сфати дали во Македонија правилно се спроведува лустрацијата треба да се прави разлика кој навистина бил соработник на тајните служби, а кој можеби нивна жртва
Quote:Десната влада, од рекетирањето на комунистите во своите редови не направи ни обид за казниво гонење за злосторствата на комунистите. Едните наместо вести даваат црна хроника, а другите пукаат во центар и го заплашуваат ВМРО. Тоа го прават одвреме-навреме. Колку да го потсетат. Но судбината сакаше рекетарите да се претворат во жртви, кои токму ВМРО ги спасуваше со потврди ''дека се нормални''.
http://cd-macedonia.com/SiteOpenArticles...ticleID=13

2.b2)- Луѓето што биле регрутирани со закана дека за нив ќе биде откриено нешто од нивното минато биле принудувани да соработуваат. Сметам дека тоа се жртви на службите. Оние, пак, што соработувале, а за тоа добивале пари треба да се дефинираат како вистински соработници - вели Славески.
Прашање: Доколку жртвата без разлика дали била уценета или не почнала да соработува и да произведува нови жртви, дали и понатаму ќе се смета само за жртва?
Quote:Види цитат под 2.а)

2.c)- Веќе две години предлагам законот за лустрација да се дополни со поглавја поврзани со процесот на помирувањето и рехабилитацијата на жртвите. Со примената на овој концепт, заедно со заокружувањето на денационализацијата, ќе се затвори минатото и на него ќе работат само историчарите - вели Маџовски.
За него лустрацијата би имала смисла само ако сите што ги прекршувале човековите права добијат забрана определен период да извршуваат јавни функции.

- Може да бидат државни службеници, но не на раководни места. Тие што ги прекршувале човековите права треба да докажуваат дали е тоа вистина или не, а не граѓаните на кои им биле повредени правата
- вели Маџовски.
Прашање: Зошто може да бидат државни службеници?
Quote:Меѓутоа, ниеден пример не ја потенцира толку сличноста помеѓу мафијата и УДБА, како вистинскиот настан, според судијата Фалконе (убиен од мафијата). Кога Фалконе го прашал тукушто затворениот Френк Копола што е мафија, мафијашот му одговорил: ''Има три кандидати за местото јавен обвинител. Првиот е необично прониклив, признаен и почитуван стручњак. За другиот се договориле странките на владејачката коалиција. Третиот е идиот. Службата ја добива третиот. Тоа е мафија,господине''
http://cd-macedonia.com/SiteOpenArticles...ticleID=15

3.- Во Македонија лустрацијата е фарса. Таа заврши во 1990-тите години. Сега е веќе доцна за сé. Којзнае што сé се случи со документите. Можеби се уништени, можеби се фабрикувани, можно е и да се лажни. Можеби законот за лустрација е само алатка на властите што со компромитирање на сите што не мислат како нив си обезбедуваат покомотно владеење - вели Петровски
Iskazot на Филип Петровски е индикативен:
“мож да будне, ал не мора да значи“.
Доколку има зрнце вистина тврдењето на Олсен, тогаш Филиповата улога е да го затруе бунарот.

4. комисијата за верификација на фактите најверојатно нема да ја има потребната „кондиција“ докрај за успешно да ја заврши работата за која е создадена,
Прашање: Доколку мандатот на комисијата и е поминат, како може уште да се зборува за “Комисија“?
Ова е уште еден аргумент дека треба да се формира еден Институт за национално помнење и Специјален Суд за Лустрација.
Ова не е само поради минатото, поради тоа да се затвори едно поглавје на Македонската историја, туку и подсетник на идните генерации.
Тука уште една работа не се споменува, а тоа е дека УДБА работела криминално, дури и по свршетокот на комунизмот.
Лицата кои се одговорни за тоа треба кривично да одговараат.
Но, ниеден од споменатите во оваа статија тоа не го споменаа, ја спомнуваат УДБ-а како да не постои, како да е створена од нежив материјал, но сепак е жив и те како жив, составена е од луѓе кои се спремни на се за да ги остварат целите не нивните заповедници.






‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
28-07-2011, 03:36 AM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0

(28-07-2011, 03:30 AM)barba Wrote:
(28-07-2011, 01:13 AM)Nikola Jelovac Wrote: Да, баш “све“. На пример, можно е да немаат никакви конкретни докази, но во меѓувреме ќе ги искористат медиумите ( читај: ТВ и “дневне новине“ Латас) за максимално да го оцрнат својот противник.

znaci milcin e cist???

Милчин е чист 'until proven guilty'.

28-07-2011, 11:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-07-2011, 11:31 AM)Nikola Jelovac Wrote:
(28-07-2011, 03:30 AM)barba Wrote:
(28-07-2011, 01:13 AM)Nikola Jelovac Wrote: Да, баш “све“. На пример, можно е да немаат никакви конкретни докази, но во меѓувреме ќе ги искористат медиумите ( читај: ТВ и “дневне новине“ Латас) за максимално да го оцрнат својот противник.

znaci milcin e cist???

Милчин е чист 'until proven guilty'.



"'until proven guilty'". Потполно се слагам со оваа.
Додатен проблем ке е во тоа што актуелната власт нема да сака да ја докаже вината.
28-07-2011, 01:32 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

(28-07-2011, 11:31 AM)Nikola Jelovac Wrote: Милчин е чист 'until proven guilty'.

e ste se zaebale i dvajcata... ova ne e sudenje pa da se dokazuva vinata odnosno nevinosta.... ova e LUSTRACIJA, cim ima dokument deka si sorabotuval a.k.a tasterishel a.k.a tuzakal... ti si vinoven nema ovde dokazuvanje pa vaka pa onaka....

mnogu e ednostavno ako imas dosie i ako vo nego pisuva deka si sorabotnik togas si kodosh... kraj na prikaznata...
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
28-07-2011, 02:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(28-07-2011, 02:15 PM)barba Wrote:
(28-07-2011, 11:31 AM)Nikola Jelovac Wrote: Милчин е чист 'until proven guilty'.

e ste se zaebale i dvajcata... ova ne e sudenje pa da se dokazuva vinata odnosno nevinosta.... ova e LUSTRACIJA, cim ima dokument deka si sorabotuval a.k.a tasterishel a.k.a tuzakal... ti si vinoven nema ovde dokazuvanje pa vaka pa onaka....

mnogu e ednostavno ako imas dosie i ako vo nego pisuva deka si sorabotnik togas si kodosh... kraj na prikaznata...



Барба колку досиеа си прочитал.

"Прогонот на Кодоши е гаранција за нов лов на вештерки, и едното злодело го менува со друго. Кодошите обично немале избор дали ќе доставуваат информации до МВР или не. Ќе посочиме два примери од досиејата кои ни се познати. Во досието на Трако Трајковски П.О. "Жеглигово", еден од најпроминентните Кодоши е неговата сопруга. Како? Низ седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век Трајковски има поминато неколку години сам во Германија и САД, додека неговата сопруга живеела во Куманово. Од време на време, таа, како сопруга на човек од интерес за УДБ (СДБ) била повикувана на информативни разговори во просториите на МРВ. Таа немала избор. Секој нејзин збор завршил во досието на Трајковски."

Милчин не е КОДОШ. Тој мора да е многу повисоко во хиерархијата. Затоа мора да се расветлат и дадат докази за неговото вистинско учество во случувањата во овие 20 години.
28-07-2011, 02:40 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Има некои специфичности нашата лустрација.

1. Службата која што не е реформирана, која што е наследник на комунистичката тајна служба, врши лустрација во Македонија. Комисијата праќа имиња до таа служба, а таа праќа документи. Значи, ваква лустрација можеле да спроведат и за време на комунизмот, впрочем така и тогаш се глумеше демократија и контрола.

2. Зошто не се расчисти со тврдењата дека има изнесувано документи, дека има уништени документи и слично? Да видиме со што располагаме и кој е виновен доколку нешто не е во ред.

3. Како може да се гласа за тоа дали некој е кодош? Или си кодош или не си. Не може некој со гласање да биде уништен, а друг да биде спасен.

4. Инцидентна, повремена лустрација. Во Бугарија, на пример, пред некое време излегоа со соработници по медиумите, но не извадија еден случај, па друг, туку сите во група, пред тоа исто беше и со политичари, директори и др. Каква е ова лустрација во Македонија кога од една професија, од една група, не се вадат сите кодоши, туку само еден. И таму излегоа со имиња и податоци од која до која година одредени луѓе биле соработници. Не е во право Аџиев кога вели дека не може тоа да се утврди.

Значи, ние немаме ’општа лустрација’, лустрација која ќе оди во некои воспоставени рамки, отворено, јавно, туку темпирана лустрација, која ќе лустрира по потреба. Сите случаи што се појавија беа политички мотивирани. Треба да се удри по Уставен суд, ајде таму лустрација, треба по опозиционата коалиција, ајде таму ќе најдеме еден, треба големо име за да се замајува јавноста, еве едно големо име од противниците.

5. Зошто не ги стават тие документи да бидат достапни на јавноста? Дајте да видиме кој што кодошел. Како напредувал, како добивал парични средства. Ова е озбилен процес кој требаше да затвори одредени прашања, да донесе казна за едните, а сатисфакција за другите.

Овој процес е многу осетлив, можеш на одредени луѓе да им го уништиш животот, кариерата, да го оцрниш него и семејството, од друга страна да заштитш многу за кои треба да знае јавноста. Власта овој процес го води токму така како што сакаат противниците на лустрацијата. Толку лошо и нелогочно, за да повеќето дојдат до уверување дека нема потреба од лустрација, дека тоа е лош процес или дека во Македонија речиси да немало кодоши и не бил таков системот (за неколку години најдоа само троица, и од нив само еден ипол пазнат)! Власта не сака лустрација, таа мораше да направи некаква лустрација за да ги тргнат нападите од себе по ова прашање, а веќе кога ги принудивме за лустрација, решија да си ја искористат како оружје за политички пресметки.

28-07-2011, 04:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Зошто нема лустрација?

четврток, 30 септември 2010 20:06


Досијета на главните кодоши и на кодошените се во Белград!



[Image: aj_9_gf1_40_b.jpg]

Наш Бранче, инаку, имал многу голема доверба во Калиниќ, Калиниќ во Среќкo, Среќко во Чедо, Чедо во Змејко, Змејко во ВМРО... А во сите нив најмногу доверба имал Вања Бокан зет на генерал Недељковиќ...Во Бокан, многу верувал Баџо, а во Баџо, Јовица Станишиќ. А во Јовица, СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ. Сега можеби е појасно зошто и Љупчо и Груица мораат да го штитат Бранчета. Дуван убија ...така велат и пријателите на доктор Тодоров...


Зборуваме за кодоши и соработници, сакаме да ги откриеме и "казниме" за нивната активност. Дотука, декларативно, се е вред и е на патот кон ЕУ и почитувањето на резолуцијата за осуда на комунизмот. Ама, едно големо, ама, тоа треба да го сторат луѓе кои им давале налози и за чии кариери и идеологии, соработниците кодошеле.
За да се осигураат налогодавачите дека раката на правдата нема да стаса до нив, тие за да го спроведе законот за лустрација избраа самобендисан шутрак, кој за да ја покаже самобендисаноста се обидел како глумец, балетан, боксер и никаде не успеал. Обично таквите нарциси ги ангажира србокомунистичката тајна полиција. Дали овој нашиов шутрак е ангажиран од нив не сум 102% сигурен, ама н еми се верува дека е случајност одењето во политика на таков нарцис и времето кога е влезен во политиката.
Но, налогодавачите не би биле налогодавачи и во Караѓорѓево и во Титово и во Кирово време ако не биле претпазливи, па затоа донесоа и закон дека лустрација ќе нема по 1991 година. Наводно, 1991 година е избран демократ над демократите и донесен е демократски устав над уставите.

Алиса не знае ништо за чудата оти не била во Македонија

Абе што да ви раскажувам. Како од бајките. Како да ја читаме пред нас „Алиса во земјата на чудата“. Но, за жал, во Македонија чудата се уште почудовишни, па затоа Алиса не знае ништо, оти не била таму, во таа „чудовишна“ земја. Еве неколку што драгата Алиса не ги видела и не ги знае.

Првото чудо во земјата на чудата

Зетот на четничкиот војвода Стојан Мишев, (Г.К.), го донесоа да прави независна македонска држава. "Какав тaст, такав зет". Во бугарско Бугарин во српско Србин, ама никогаш Македонец.

Второ чудо во земјата на чудата - ФРЧОЛИНА

[Image: b172ce97c4978dd69d5b1e1a2a6bb61a.jpg&t=1]

Тој е пишувачот на уставот над уставите, демократ „по ширину и висину“.  Да се земе човек со дефект - по кумановски "удрен сас Бојкову чарапу" - да пишува устав, може да биде само по налог на политичко - полициското подземје, бидејки нема подобар и поефекасен начин да се растури државата од правење на дефектен прв устав на првпат осамостоена држава. Но, на полициско-политичкото подземје тоа му е малку, па комунистичко-мафијашкиот испрдок со дефект во главата, Љубомир Данаилов Фрчковски го назначија и за министер на полицијата.
За да видиме дека полициско - политичкото подземје навистина знае да направи избор, не требаше да се чека многу. Удрениот „сас Бојкову чарапу“ веднаш тргна „демократски“ да ја реорганизира МВР и ја прилагоди согласно неговите сништа од детството да стане главен во маалото, па и малку пошироко. Зеде за соработници „демократи“ како што се неговите херои што му удирале чврги по скопски кафиќи и дискотеки, Роли, Сеад, Циганот, Орце...и тргна демократијата по теркот на болниот во глава: ред тепа полиција, ред тепаат и пљачкаат демократските идоли на испрдокот.
Бисер од демократската лепеза на удрениот во глава е прогонот за МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ И НАЦИОНАЛИЗАМ во МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Со знаење, разбира се, на зет му на Стојан Мишев. САО Куманово и Илирида не го интересираа, тоа беа појави кои по негов критериум не заслужуваа прогон.

Кога постави снајпери на покривите пред Собранието за да обезбеди уште четири години владеење на полициско политичкото подземје дури и по цена на крв до колена, период кој му беше неопходен на подземјето да се инфилтрира докрај во ВМРО ДПМНЕ, тогаш на јавноста и покажа дека нема ништо пострашно од тоа кога на „удрен во глава“ ќе му дадеш власт.

По изборите почнаа сериозни подготовки за конечна пресметка со ВМРО. Почна удрениот во глава да избира екипа која ќе им помогне на старите кадри во КСИО. Но, настанаа "мали" проблеми внатре во полициско политичкото подземје. КУМОТ од Белград сакаше чисти сметки и веке немаше потреба од идеологија. Затоа им пушти малку мафијашки вирус на дотогаш со идеологија врзаните следбеници во Македонија. Вирусот ги зафати и полициското и политичкото крило и се разбира настана борба.
Главната битка се водеше кој да стане "придружничка" од Македонија на КУМОТ на мафијата, а се знае, придружничката за да стане придружничка No1, мора да ги елиминира сите. Изборот на местото каде што беше врачена пораката на дотогашната придружничка , дека тој и идеологијата се веќе историја, има голема симболика. Ороспиите како придружнички на мафиозите и КУМОВИТЕ почнуваат и завршуваат пред места како што е скопскиот хотел „Бристол". Другарчето по идеологија Столе Андов, по се изгледа недовлно информирано, се затрча да седне на столот на стaрата ороспија ама го избркаа како куче полно болви.
Испрдокот наместо да замине и тој во историја, го наградија да продава зјала по свет, стана министер за по надвор. На негово место донесоа човек чие мото беше и е, "све за краља и отаџбину" и затоа и не е издвоен како чудо, зашто за краља и огаџбину и не е некое чудо во Македонија. Додуша, тој и не беше тој што го водеше министерството. Кумот прати свој човек, бата Зоки Јаначковиќ. Другарчето на Латас.
Зоки дојде да го убие конечно духот на ВМРО, кој Кумот го беше пуштил малку за да се поигра и да тестира дали духот ке има следбеници. Ама се покажа дека по играчка оди плачка, оти духот имал премногу следбеници. Бата Зоки веднаш тргна на два фронта. На едниот фронт оружјето му беше „пара врти где и бургија неќе".
Шверцот на цигари го превзедоа „ортодоксни" ВМРО-вци, на кои бата Зоки прво им ги симна товарите од грб. На едниот кривична пријава од Народна Банка, на другиот кривичната пријава за шверц на дрога.

Трето чудо во земјата на чудата

Така дојдовме до третото чудо во чудесната земја Македонија. Државниот шверц на цигари во време на апсолутна власт на Бранко го водат "луѓе" на Љупче војвода. Почнаа да влегуваат пари во касата на ВМРО – то, а по некоја пара и во по некој приватен џеп, па затоа, можеби, Љупче не се посомнева како негови пулени и на аеродромот Петровец станаа газди, па им слетуваат и полетуваат аероплани ИЛ 76 кога ке им се посака.
Бата Зоки не беше ич скржав, а и уметничка душа беше, па лесно ЈА ПРОНАЈДЕ БРАНОВАТА ДОЛЖИНА со стихоклепците во Ве Ме Ре Ото.

Чудо четврто - 63 Падобранска:

Второто оружје на бата Зоки требеше да биде „смртоносно" и духот на ВМРО конечно да го убие. Бата Зоки ја изведе на терен екипата составена од вундеркиндови, екипа која ја обучуваше генерал Александар Аца Васиљевиќ, еден од творците на "ОПЕРА" Момците од Македонија од последните две генерации кои служеа во ЈНА.
Додуша тие правеа по некоја ситна акција и дотогаш, "колку" да се држат под „узбуна". Скрнавеа, де муслимански, де христијнски гробишта, одеа на панахиди, но, бата Зоки дојде со голем план и се случија „студенските протести". КСИО во меѓувреме ги „среди" општинските комитети и сега требеше да ги уфрли момците протестанти во штабот во УМС, во ИК и во ЦК.
Ништо полесно и поедноставно. Шумот и сјајот на парите толку беше силен, што пусти Љупчо ниту слушаше, ниту гледаше дека опкружувањето во партијата му стана експозитура на КОС И УДБА. Дури ни вакви предупредувачки пораки не гледаше:

Quote:Добро искористена зимска ваканција за подготовка и план и постојано насочување на Протестите

Главните настани за Македонија се случуваат за време одморот меѓу двата семестри. Период во кој можеше добро да се организираат протестите. Организацијата на протестите ја презема ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили. Ректоратот сфаќа дека протестите добиваат политички предзнак и се повлекува од протестите, но, скоро цело време додека траат истите им дава морална поддршка на протестантите. И ССУКМ се повлекува од протестите, но под притисокот од власта.
Како официјален организатор останува Студентската организација на Педагошката академија, а неофицијален организатор всушност е УМС. Сепак, вистински организатори на протестите се српски разузнавачи кои активно, преку свои луѓе, или поточно преку „комановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ, ги раководат протестите.
Имено, на Србија не и одговараше во Македонија да им се дадат толку големи права на Албанците, затоа што истите потоа требаше да ги примени и на Косово.
Несокриена е врската меѓу службите во Србија и „кумановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ (Даравелски, Томе Стојановски-Далавера, Филип Петровски). Интересено е што „Кумановското лоби“ паѓа и го губи приматот во исто време кога паѓа Милошевиќ.
Во 1997-мата, во ВМРО-ДПМНЕ, а посебно во УМС, немаше способен човек кој можеше да организира толку добро организирани протести. Самите протести беа организирани во три фази: прво беа само студенски протести, па откако се истрошија студентите беа активирани средношколците, па потоа имаше штрајк со глад.
Имајќи го сето ова во предвид, воопшто не изненадува постапката на македонските безбедносни служби кои т.н. лидер на Студентските протести, Филип Петровски, го ставаат под постојана присмотра, а токму поради сомнежот дека одржува контакти со српски разузнавачи. Само како илустрација да потсетиме, дека на протестите учествуваа студенти со многу посомнително минато од Филип Петровски, па за нив не е отворено досие.

Оливер ОЛСЕН соработник на Данскиот институт за меѓународни работи и политика

Бата Зоки беше сигурен дека онаа што не им успеало на неговите претходници тој ке го оствари со малку пари, кои и така не се српски. И се случи раскол во ВМРО ДПМНЕ, судир на "Македонисти" и "Бугарофули", т.е.пулените на бата Зоки исфингираа војна против клети Бугараши. И глеј четврто чудо во земјата на чудата, најжестоките "македонисти" преку ноќ и станаа најверни чувари и најодани бранители на БУГАРШТИНАТА и на ликот и делото на "бугарашката" Доста. Таа оком, тие скоком , чистеа и газеа се што бата Зоки и сестра Доста ќе им го посочеше.

Чудо петто во земјата на чудата

(Магарето му рекло на зајакот имаш големи уши. Така и Љупчо му пронаоѓа кодоши во партијата на Грујо)...Малку враќање наназад:

Quote:ЗОШТО ГЛАСАВМЕ ЗА ВАС!?”
(Отворено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Љубчо Георгиевски)
Ви се обраќаме уште еднаш за да ве известиме за состојбите во ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово и за вкупните состојби во градот по победата на парламентарните избори 1998 година. Ви се обраќаме свесни за ризикот дека оваа информација нема да допре до Вас. Првото јавување беше на 16 јануари 1999, кога темелно ги образложивме мотивате на петицијата потпишана од 137 членови.
Основата на незадоволството беше приватизацијата и узурпацијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од страна на координаторот Драган Даравелски, монополизацијата на градската кадровска листа и преземањето на апсолутната власт во градот од страна на Драган Далаверски и неговиот татко Томислав Стојановски, актуелен потпретседател на собранието на РМ. Нашата предупредувачка информација за негативниот тренд на водење на партијата во Куманово и сите негативни импликации и реперкусии за градот како и за рејтингот на партијата беа дочекани “на нож” од страна на Драган Далаверски.
Со одлука на нелегитимна дисциплинска комисија формирана од редуциран ОК беа исклучени носителите на искажаното предупредување. Поради нелегитимноста на новоформираната дисциплинска комисија исклучителните членови не се жалеа до Судот на Честа туку, како стои во Статутот на партијата, до Извршниот Комитет ( на 18. 01. 1999 год.) како и до Статутарната Комисија (на 25.01.1999). За жал досега и од двете партиски институции немаме добиено писмен одговор за нашиот статус.
Не Ви се јавивме порано поради разбирањето за Вашето ангажирање околу состојбите сврзани за Косово и бегалците. Сега тие состојби се на пат на нормализирање и цениме дека сега повеќе време ќе можете да обрнете на состојбите во партијата.
Кадровското екипирање во Куманово заврши. Ефектите се повеќе од разочарувачки. Најголемиот дел од именуваните функционери не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, (ако не се смета членувањето од есен 1998 година, односно, по изборите). Повеке од нив немаат соодветна школска квалификација за функциите кои ги обавуваат.  Некои од имаат судски досијеа (но, не за политички ангажман).......

Со почит, во име на потпишаните на петицијата:
Драган Јаневски, Ѓорѓи Бојаџиев, Јордан Наумов, Ангел Тасевски и Бранко Скендерски.

Моите разговори со Вас, драг Љупче Г, се надевам не сте ги заборавиле. Тогаш во 1997 и 1998 ми дадовте едно ветување, да ве потспомнам. Ветивте дека кога ќе дојдете на власт ке го расчистите случајот со ангажманот на СДБ околу мене, а посебно сценариото со Бугарската амбасада. Сценарио, кое ако го истражевте и обелоденевте ке ги откриеше сите соработници на бата Зорана кои беа околу Вас. Ама тогаш бевте зафатени со „поважни" и "подоходовни" работи, па заборавивте и на "ДУВЛО" и на "СИНА ПТИЦА". Или можеби игравте на друга карта, направивте дил од типот: јас денеска нема да ви ги чепкам инсталациите ама затоа вие утре ке ме оставите намира.
Не бевте глупи па за да не се осигурите да не ве чепкаат утре, сигурно зедовте копии од деловодната книга на соработниците.

Оваа постава што ја води партијата денес е 102% ваша. Носителите на скоро сите функции се "ваши"...Има една приказна која ја раскажуваат доброинформираните: Изборот на Груевски за претседател со Ваша несебична подршка е во знак на благодарност на Сашо Мијалков, кој ве спаси од апсење кога ја распуштивте владата 1999 година.

Чудо шесто во земјата на чудата

(како нарцисоиден шутрак замислува власт)

Од примеров подолу, имеил упатен до нас, ГРУПАЦИЈАТА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ , најубаво ќе се види Грујовата заложба за спроведување на лустрацијата:

Quote:"..Обама да го прими Ѓорѓе Иванов и тоа во функција на предстојниот самит на НАТО во ноември во Лисабон. Може ли групацијата да стори нешто околу оваа идеја ако ништо друго, барем да остварат една подолга средба во септември за време на Генералното Собрание на ООН во Њујорк."

Бидејки еднаш бевме злоупотребени, кога посетата на Канада, Грујо ја употреби исклучиво во себепромовирање, за да помогнеме да се оствари оваа средба, побаравме конкретна понуда во смисла, што е подготвен Груевски да "даде", бидејќи тој ја знаеше нашата "цена". А таа беше една и единствена - да ја "спроведе" лустрацијата од 1991 година до денес, по законската можност која му ја дава кривичната пријава на Јордан Петровски.

Но, на Груица му беше поважно да ги спаси Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчковски и останатите од полициско - политичкото подземје, отколку средбите со Обама и уште еден или двајца претседатели од групата Г7, за кои можевме да помогнеме да се договорат.


Чудо над сите чуда на светот, па и пошироко

[Image: brankopija870d.jpg]


(Бранче наркоманче , по изјавите на Тачи, Елмази и Љупчо).
Ај да му прогледаме низ прсти за што бил наркоманче и пијаница. Младост – лудост, а може господ му дал и некоја лошотија од жена. Ама уште една беља, тој ти бил и србоманче, унук ДЕЈАНА ВОЈВОДЕ. Ќе каже некој, па кога му простија на Киро, зошто не и на Бранета....Така е и затоа и Македонија е замја на чудата.

Ама дали треба да му го простиме заебот на Бранче кој му го стори на Фрчолина твoрeцoт на уставoт над уставите и „го скина у цвету мафијашке младости“. За што е збор?

На почетокот на 1993 година во Скопје од Сараево доаѓа Душко Калиниќ, "лепоцветка" со сите нишани, со BMW 740 TDI, блиндирано. Душко е другарче на Бранчета од Сараевски денови. Пред тоа, во Скопје доаѓа и Среќко Кестнер, а доаѓа и Бобан, све „мој до моега“, бидејќи мајка му на Бобан работела во ИНДУСТРИЈАИМПОРТ Титоград, (после стана Подгорица), представништво во Скопје.
Но, Бобан воопшто не седи во представништвото на мајка му. Нашол поинтересно место и поинтересни луѓе. Чедо Радомировиќ и Тихе од прочуената фирма ТЕХНОКОМ, каде што беа монтирани „машине за перење“ на ГЕНЕКСОВИ „производи“... Од тоа што останувало во машините после е направена и РАДО Банка, божем Холандска.

Каква случајност и Душко и Среќко и Бобан се специјалисти за МАРЛБОРО, а Господ да ги состави во Македонија во исто време и на исто место. Па после, Македонија не била земја на чудата и чудесата.
Наш Бранче, инаку, имал многу голема доверба во Калиниќ, Калиниќ во Среќкo, Среќко во Чедо, Чедо во Змејко, Змејко во ВМРО...Чедо имал многу доверба и во Горенчев за ДС , Горнчев во зетот на бившиот министер на милициција Трпеновски, оној што стана потоа претседател на НЕЗАВИСНА антикорупциска ...( за оние што забравиле, овие двајца и Бубе Бујото му беа главни советници на Гошев во ДС).
А во сите нив најмногу доверба имал Вања Бокан зет на генерал Недељковиќ..Во Бокан, многу верувал Баџо, а во Баџо, Јовица Станишиќ. А во Јовица, СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ.

Е ама сето тоа у тоа време не го знаел Фрчолина, и бидејќи беше и е „удрен сас Бојкову чарапу у главу“, не трпеше покурнази од него и реши на Калиниќ да му покаже кој е најфраер во: Скопје. Му го зел BMW - то. Калиниќ кај ќе оди да се пожали ако не кај првиот другар, Бранче наркоманче, плус србоманче. Бранче му рекол: "Остави го сега, нека пројде малку време, ќе му дадете саатче за спомен. А клоца у г'з на Фрчолина ќе му удрам јас и тој повеќе нема да е главен на џандармерија и мафија".

Сега можеби е појасно зошто и Љупчо и Груица мораат да го штитат Бранчета. Дуван убија ...така велат и пријателите на доктор Тодоров...

Во 1995 година, стариот КУМ решава да го пренесе кумството на помладите и така е решено МАРКО МИЛОШЕВИЌ да биде КУМ на сите. Бокан доби куршум, КИРЧЕ, бомба, Баџо малку повеќе куршуми, Треф се лизна на "опушак"..., Калиниќ, кој се осоколи многу од како му даде саатче на Фрчолина и реши ќе бива зет во Фамилија македонска. Сакаше да се удоми, дали кај Шутурко, дали кај Свето Пивара, сеедно му беше. Кога разбарале овие му спискале на Бранчета, Бранче го заборавил моментално другарство со Калиниќ, по што го снајде судбината на Фрчолина и доби клоца у газ, а ни саатче немаше кој да му даде...
И после лустрација. Абе ајде...



* * *

За крај неколку биографски податоци за мене. Оваа го правам заради „докторите“ и „магистрите“ споменати во текстов, да не се почувствуваат девалвирани, мислејќи дека не сум им ниво.
"Доктор“ сум во две области и тоа:


1. "ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СРПСКА СТОКА", Во класата на Др. РАТКО*. Докторирав на област која беше табу тема во Македонија и за која сe казнуваше и се казнува најстрого .
2. "ПОСТАПКА ЗА ДЕМОНТИРАЊЕ НА ПОЛИЦИСКО ПОЛИТИЧКОТО ПОДЗЕМЈЕ.
Вториот "докторат" е и меѓународно признат.

И сосема за крај. Овој имеил што го пренесувам во целост не е чудо над чудата, туку реална вистина за тоа кој се уште и како се грижи за нас:

Quote:From: arhivyu@eunet.rs
To: jordanpetrovski@hotmail.com
Subject: Re: dosije
Date: Tue, 1 Dec 2009 15:08:24 +0100

U vezi sa Vašim pismom od 30. novembra 2009. godine, obaveštavamo Vas da je potrebno da nam dostavite dopunu podataka koje tražite, gde ste bili zaposleni, zanimanje i dr, kako bi smo nastavili sa istraživanjem i dostavili Vam informaciju o traženom dosijeu ukoliko se nalazi u našim fondovima. Takođe Vas obaveštavamo da Arhiv Jugoslavije poseduje arhivsku građu od 1918. godine do 2006. godine i to uglavnom građu centralnih državnih organa.
V.D. DIREKTORA
Miladin Milošević

Во име на ГРУПАЦИЈАТА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ
ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ
29-07-2011, 01:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Лустрациjа за ресетирање на историjата

Кодошите ја создадоа Македонија за да владеат со неа!

Но, јавна тајна е дека и по осамостојувањето на Македонија, односно до разделувањето на СДБ на Државна безбедност и контраразузнавање (ДБК) и Агенција за разузнавање (АР), исто така на големо службата ангажирала соработници од општествено-културниот живот, поради што денеска имаме толку голем број на богати и успешни луѓе за кои е светски познато дека немале можност на поинаков начин да напредуваат во кариерите

Јавна тајна е дека во Македонија, соработниците на службите (ексјугословенски и новомакедонски) владеат со најважните општествени сектори како што се медиумите, политиката, судството, културата, невладините организација, здруженија на граѓаните..., односно с` она што значи јавен живот во државава. Причината е што досега немаше никакво расчистување со комунистичките служби што имаат силно влијание во македонското општество и се многу моќни. Се разбира, до започнувањето на спроведувањето на Законот за лустрација. Но, кај нас има досега невиден жесток отпор во спроведувањето на чистката на кодошите за сите посткомунистички земји, која наскоро, по објавувањето на досието на „Драматургот“ во кого се препозна Владе Милчин од Сорос, се очекува да биде проширено и надградено со уште десетина далеку позвучни имиња.

Се разбира, иако делува еднонасочно, сепак, не сите кодоши се од редовите на опозицијата. Ги има сигурно и во владејачката партија, но неспорен факт е дека СДСМ, како партија наследничка на Сојузот на комунистите на Македонија која прва требаше да покрене ваков закон и цврсто да се бори за негово спроведување, заедно со своите драматуршки апологети од отворените општества го прават спротивното. Ако дежурната максима на „розите“ денеска е дека: „актуелната власт спроведува редистрибуција на капиталот“, тогаш клучното прашање е дали сега, конечно, по 20 години самостојност - во Македонија се спроведува редистрибуција на службите, односно тајната служба си дистрибуира моќ со сомнителни активности?

Сепак, историски, неспорен факт е дека СФРЈ беше држава создадена на стаклени нозе, растегната меѓу Исток и Запад по завршувањето на Втората светска војна, па делувањето на службите било од највисок интерес за одржување на мултинационалната и мултирелигиска конфедерација составена од шест федеративни единици. Генерално е познато дека клучна одлика на комунистички служби било да врбуваат кодоши од сите општествени слоеви со цел заштита на владејачкиот тоталитарен режим и идеологија, но во СФРЈ, според јавните сведоштва на поранешните високо-позиционирани лица во КОС и УДБ-а - кодошите биле (зло)употребувани и со цел национална заштита на државата. А, во моменти кога по улиците на градовите на СФРј хараат агенти на ЦИА, КГБ, Штази, БНД и останатите источни и западни кучиња-трагачи, државните воено-цивилни разузнавачи и контраразузнавачи од двете силни југословенски тајни служби морале да ги блокираат и да ја заштитат државата.

Аферите на тајните ју-служби што ја растурија СФРЈ

Агентите на УДБ-а и КОС, според податоците што ни ги пренесе еден поранешен високо-позициониран Македонец во овие служби, а кој инсистираше да остане анонимен, успешно ја бранеле државата од непријателот и во странство. Па, така, познато е дека во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, југословенските служби ги ангажираат најпознатите криминалци од државата (како Аркан, Љуба Земунац, па и еден живописен лик од нашето подземје што с` уште е активен!) за да се пресметуваат со емигрантите-националисти надвор од државата. Пред с` цел е четничката емиграција, но и македонските и хрватските патриоти што собирале донации и ги воделе заговорите за отцепување на своите републики од Титовата Југославија. Од овие „ликвидатори“ на КОС и УДБ-а, всушност, во 70-тите во Минхен е ликвидиран и борецот за слободна Македонија, Благоја Шамбевски (дедо на Оливер Шамбевски, македонскиот амбасадор во Кина).

- Ангажирањето за соработници на писатели, режисери, новинари, академици, свештени лица, судии, адвокати и други, југословенските служби го правеа за заштита на државата, но се разбира и за сплеткарења во важните општествени сфери каде сите тие делуваа - ни вели нашиот анонимен соговорник.

Сепак, за небиднината на СФРЈ како држава, директно влијание имаат четирите најголеми афери од 90-тите години на минатиот век, организирани директно од силните југословенски служби. Се работи за аферите „Шпегељ“, „Опера“, „Паук“ и „Потковица“.

Аферата „Шпегељ“ е поврзана со министерот за одбрана на штотуку отцепената држава Хрватска, кој во 1991 година е снимен како договара набавка на оружје на црниот пазар од Јужна Америка преку Унгарија и Романија, за борба на хрватските сили против Југословенската народна армија. По ова, една година подоцна, единиците на Контраобавештајната служба (КОС) во сите Ју-републики, ја организираат акцијата „Опера“, според која имаат намера превземање на цивилните власти од страна на воените и апсење на лидерите на југословенските републики, пред с` на Србија, Слободан Милошевиќ и на Хрватска, Фрањо Туѓман, со цел да се спаси опстојувањето на Југославија. Во тоа време прв човек на КОС е Србинот Александар Васиљевиќ, а негов заменик е Симеон Туманов од Струмица.

Аферата „Потковица“ се случува во 1999 година, кога неколку месеци пред НАТО-нападите на Србија, српската тајна служба, односно нивниот воен аташе во Брисел, од страна на воен офицер на земја-членка на НАТО го добива планот за нападите на нашиот северен сосед од страна на Алијансата. Токму затоа, Србија подготвено ги дочека авионите што ја бомбардираа.

Последната афера која докрај ги исцрпува можностите на рестловите на старите југо-комунистички служби во Србија, а со тоа и на просторот на поранешна СФРЈ е аферата „Паук“. Всушност, според записите на искусните српски разузнавачи, се работи за извонредна контра-разузнавачка операција на српската тајна служба пред крајот на 1999 година, кога е спречено уривање на тогашниот режим на Милошевиќ од страна на тајна служба на една европска држава, преку убиство-атентат на српскиот вожд.

Ако кодошите тврдат дека се жртви, нека докажат оние што ги врбувале

Како што се забележува од досиејата на сите кодоши на тајните служби во Македонија, што произлегува од процесот на лустрација, сите општествено-полезни работници што за лукративни потреби станале соработници - најмногу биле ангажирани во 70-тите и 80-тите години. На чело на службата за државна безбедност на Македонија во 70-тите е извесен Васко Костојчиновски, додека во 80-тите, со македонската УДБ-а шефува адвокатот Стеван Павлески, период во кој први луѓе на југословенската централа се Хрвати! „Жртвите“ на лустрацијата, како што сами се претставуваат, треба да побараат одговор токму од Костојчиновски и Павлески, за тоа како се нашле нивните имиња на досиејата за полициски соработници, ако тврдат дека не потпишале „договор за соработка“.

Но, јавна тајна е дека и по осамостојувањето на Македонија, односно до разделувањето на СДБ на Државна безбедност и контраразузнавање (ДБК) и Агенција за разузнавање (АР), исто така на големо службата ангажирала соработници од општествено-културниот живот, поради што денеска имаме толку голем број на богати и успешни луѓе за кои е светски познато дека немале можност на поинаков начин да напредуваат во кариерите. А, по прогласувањето на независност на Македонија, прв човек на СДБ е Слободан Богоевски, кого го наследува сега починатиот Добри Величковски, до раслојувањето на Службата за државна безбедност во 1995 година, односно формално во 1997 година. Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година, со ДБК раководи Зоран Верушевски, за потоа директор да стане Бојан Бојановски од Демократска алтернатива. За времена вмровското владеење, директор станува и Горан Митевски, а одреден период службата ја предводи и вршителот на должноста Никола Илиевски, до падот на власта и враќањето на Верушевски на чело на ДБК во 2002 година. По популарниот Веруш, СДСМ на ова место го постави Миле Зечевиќ, кој раководеше до 2006 година, откога Сашо Мијалков ги влече конците во македонската тајна полиција.

Во Агенцијата за разузнавање, пак, по нејзиното формирање, прв директор е професорот Владо Поповски, од 1997 до 1999 година, кого го заменува Алекса Стаменковски. Овој, пак, по една година му го препушта столчето на Драги Гроздановски, за во 2003 година директор да стане сега покојната Доста Димовска. Во времето на „розите“, од 2002 до 2006 година, но со оглед на тоа што именувањата на раководни органи во АР го врши претседателот и до 2009 година (додека е Црвенковски претседател), со македонското разузнавање раководат Лазе Китановски, Кире Наумов и Виктор Димовски. По изборот на Ѓорѓе Иванов за претседател на Македонија пред две години, Агенцијата ја раководи Александар Боцинов, син на генералот Драгољуб Боцинов.

И полицајците да се лустрираат!

Некој ќе се запраша зошто се важни имињата на сите досегашни директори на двете најголеми тајни служби (постои и воена служба) во плурална Македонија? Освен за гореспоменатата причина што голем дел од кодошите чии имиња ќе излезат во јавноста наскоро, а со оглед на продолжувањето на рокот за лустрација на сите полициски соработници до 2019 година, без клучни државнички функции мора да останат и оние што врбувале кодоши. Во случајов, станува збор за лица што биле на највисоките позиции во тајните служби, но имаме и огромен број на примери каде пратеници, амбасадори, заменици-министри и државни секретари, а да не споменуваме други функции во општествено-културниот живот на Македонија - ги држат поранешни полицајци. А, ако денес е неподобен некој режисер што ги кодошел своите соработници, тогаш вина повеќе сноси и оној што го заврбувал цивилното лице, а во случајов тоа се полицајците, за да „обработува“ во својата сфера. Ако врз експлоацијата не може буквално да се примени Законот за лустрација, тогаш мора да и се постави една силна морална препрека и тие да не можат да не може да извршуваат високи општествено-политички функции!

Да ја завршиме приказната што се пренесува од колено на колено, дека кодошите ја создадоа Македонија за да владеат со неа!
01-08-2011, 03:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Што стана со аферите „Сина птица“, „Дувло“, „Прислушување“ и со убиените?


Најпознати акции, во режија на македонските официјални и паралелни тајни служби во изминативе 20 години независност, според аналитичарите се аферите „Сина птица“, „Дувло“ и „Прислушување“.

„Сина птица“ е афера од 1992 година, кога воената служба, с` уште папочно врзана со југословенската КОС, врши провокации на лица од ВМРО-ДПМНЕ за предизвикување на меѓуетнички провокации и инциденти. Од исто време е и операцијата „Дувло“, во организација на Службата за државна безбедност, кога се прислушува седиштето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Последната позната афера е „Прислушување“ од јануари 2001 година, кога тогашниот опозициски лидер Бранко Црвенковски излезе со транскрипти на собраниска говорница и обелодени дека се прислушувани претседателот, актуелни министри и опозициски политичари. Поради аболицијата на Александар Цветков и Доста Димовска од страна на тогашниот претседател Борис Трајковски, оваа афера немаше правна разврска, но остана мистерија како стенограмите од прислушувани разговори се најдоа во рацете на Црвенковски!

Во 90-тите, мистериозни (само)убиства со мирис на вмешаност на тајните служби беа оние во смртта на бизнисмените Трпе Милошевски од Вардар Комерц, Славе Чавка од Огномак, струмичкото семејство Мудинови и на новинарот на весникот „Глас“, Љупчо Анастасовски.
01-08-2011, 03:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Штази и Секуритате со најбрутални методи

Иако тајните служби на поранешна Југославија важеа за едни од најдобро подготвените и опремени во Европа, со најсилен импакт во општествата и најбрутални методи во Источниот блок се сметаат источногерманската служба Штази и романската Секуритате.

Ликвидации, киднапирања, врбување на лица од исто семејство да кодошат едни против други се само дел од методите на источногерманските шпиони. Но, по падот на Берлинскиот ѕид и спојувањето на двете Германии, токму благодарение на експресното расчистување со злокобната Штази и брз процес на лустрација, овие агенти експресно останаа без работа, добија забрана да вршат било-каква јавна функција во новоформираната држава и беа целосно дифамирани. Маркус Волф, последниот шеф на Штази, заврши на суд за сите злосторства на службата и доби висока затворска казна.

Во Романија, пак, исто така имаше радикално расчистување со кодошите во општеството, кое до падот на Чаушеску беше предводено од тајната служба Секуритате. Но, токму трансформацијата на соработниците и агентите на оваа служба во богати бизнисмени, преку приватизацијата на општествените фирми и грабање на државниот капитал. Романските медиуми шпекулираа и дека неодамнешниот пад на премиерот Адријан Настасе, благодарение на откриен скандал за него, се должи на растловите на Секуритате.

Бобан НОНКОВИЌ
01-08-2011, 03:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Андов: Нема кодош без тапија



[Image: gem1.gif]

Четврток, 11 Август 2011


Двостран договор вграден во документ и континуирана соработка, се двата основни елемента кои се показатели за евентуална соработничка врска помеѓу одреден човек и државните тајни служби, посочи авторот на првичниот Закон за лустрација, Стојан Андов, на дебатата во ГЕМ клубот на тема „Злоупотреба на лустрацијата“, која се уште е во тек. Според него, постои и трета компонента на соработнички однос - а тоа е користа.

- Првите два елементи не можат да се изместуваат, тие се децидни. Додека, за третата компонента постојат можности за манипулација - објасни долгогодишниот пензиониран пратеник.

Тој додаде дека кога ја изготвувал првичната верзија на Законот за утврдување на дополнителен услов за извршување на јавна фунцкија, во консултација со експерти, целта била да се изнегнат точките на злоупотреба - во институциите каде што се чуваат и создаваат документите, меѓу кои УБК, АР, Воената безбедност, како и во Комисијата за лустрација.

- Во институциите може да се прикириваат и додаваат факти - истакна тој, додавајќи дека политичката манимупација е најголема злоупотреба на лустрацијата, која, како што се согласуваат сите дискутанти, има смисла само ако е натпартиска и неполитичка.




Се фатија комуњариштава во сопствената замка. Докажувањето на соработничкиот статус преку потпишани изјави е невозможен бидејки на АКТИВНИТЕ И СЕУШТЕ БИТНИТЕ СОРАБОТНИЦИ ДОСИЕАТА СЕ ВО БЕЛГРАД. Затоа сега ГЕМОВЦИ , Андовци и останати загрозени инсистираат единствено ИЗЈАВАТА да биде документ кој ке го докажува соработничкиот стастус.
11-08-2011, 04:28 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Следните мораат да бидат судската мафија, без тоа нема демократија и нема расчистување со минатото.

Quote:МТВ под лупа на лустраторите


И новинарите стануваат предмет на опсервација на комисијата за лустрација, потврди Томе Аџиев, претседател на комисијата во интервју за веб-порталот Журнал

[Image: tome[1].jpg]
Томе Аџиев

- Сé уште не ги проверуваме сите новинари, засега во процедура се влезени само оние од МРТ, а за другите дополнително ќе определиме време - изјави Аџиев за Журнал.

Тој потврди и дека е во тек постапката за проверка на можната соработка на четворица академици со тајните служби.
- Засега се проверуваат податоците. Добивме информација од Архивот дека имињата на четворица академици се споменуваат низ документите во Архивот. Таа постапка почна и е во тек - вели Аџиев.

Во интервјуто за Журнал тој не наведува колку точно поранешни функционери не поднеле изјава дали биле соработници со тајните служби и вели дека списокот треба да се прочисти оти во него имало и починати лица, како и актуелни функционери што неодамна поднеле изјава до комисијата. Досега лустрациската комисија го верификува кодошкото минато на уставниот судија Трандафил Ивановски, на пратеникот во градското собрание Слободан Угриновски и на директорот на СОРОС Владимир Милчин.


Автор: А.Ср.
Но, како што реков порано единственото решение е специјален суд.
Quote:Стари предмети и нови правила за добредојде на судиите

Судиите по завршените одмори се вратија во судниците на работа според новите правила


[Image: sudii01--Popovski-F.jpg]

Откако ја завршија минатата година со зголемен број решени предмети, судиите, по враќањето од колективниот годишен одмор, се соочија со старите предмети и со нови правила на работа донесени по измените на законот за судови.

Судовите во Кавадарци, Кратово, Крива Паланка и во Крушево во преостанатите четири и пол месеци ќе треба да вложат двојно повеќе напор од другите и да се обидат на крајот на годината да ги решат заостанатите предмети, што не беше случај во 2010 година. Нема да им биде лесно ниту на Управниот ниту на Врховниот суд. И двата суда треба да го поправат извештајот за работа, кој покажа негативни резултати. Проблем повеќе за Управниот суд е тоа што работи со помалку судии, а со зголемен прилив на предмети.

Со скратувањето на т.н. судски ферии, време во кое не се закажуваат судења, на судиите ќе им се зголеми бројот на предмети, кои се обврзани да ги решат во текот на еден месец. Така, во основните судови, наместо 25 предмети од граѓанска материја месечно, судиите ќе треба да решаваат 35. За предметите од кривичната материја, пак, наместо 17, бројот на решени предмети би требало да биде 34.
Иако е рекордер по бројот на решени предмети - дури 11.552, ниту тетовскиот суд нема да може да се вади на стари заслуги, зашто пред него се наоѓаат уште најмалку толку предмети колку што решил во 2010 година.

Основните судови во помалите градови, пак, можеби не треба да стравуваат за исполнување на нормите, но сите судии заедно од овој септември ќе мора да внимаваат на секој свој потег. Со измените на законот за судови, отсега сите судења ќе бидат тонски снимани.

Како и во 2009 година, и лани основните судови Скопје 1 и Скопје 2 имале најмногу работа, но решиле онолку предмети колку сите други судови заедно. Покрај другите правила, пред нив стои предизвикот како стручно, професионално и без политички притисок да ги решат големите случаи на организиран криминал.

„Пајажина“, „Кампања“, убиството на Мартин Нешкоски, но и старите, „Изгрев“, „Метастаза“, „Тајвански кредити“ „Армиски тенковски делови“ се најзвучните меѓу десетиците големи судски предмети. Со истиот предизвик се соочува и Апелацискиот суд Скопје, кој одлучува по жалбите на сите обвинети во случаите на организиран криминал.

Тамам помисли дека се растовари од половина милион предмети, најмногу за неплатени сметки, граѓанскиот суд Скопје 2 ќе има дополнителна мака. Со укинувањето на казните во законот за домување на судовите им се отвора нова работа. Секој сопственик на стан во станбена зграда може да поднесе предлог до надлежните основни судови, кои ќе треба да одлучат каква казна ќе им определат на станарите што не ги исполниле своите обврски. Дали и во колкав број ќе се зголеми обемот на работа ќе зависи од тоа колку барања ќе поднесуваат граѓаните за заштита на правата што живеат во зградите.

Во 2010 година во сите македонски судови во процедура биле 1.644.816 предмети. Од нив, 966.146 предмети биле решени. Со 11.552 решени предмети тетовскиот суд е рекордер меѓу судовите и најефикасен суд во земјава.

Автор: Искра Опетческа Фотографија: Филип Поповски
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 16-08-2011, 08:58 PM by montehristo.)
16-08-2011, 08:52 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0

Смешно ми е да видам дека некој друг овде, освен барба, сеуште озбилно го сфаќа Аџиев и неговата Комисија.
16-08-2011, 08:58 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(16-08-2011, 08:58 PM)Nikola Jelovac Wrote: Смешно ми е да видам дека некој друг овде, освен барба, сеуште озбилно го сфаќа Аџиев и неговата Комисија.

“Лустраторите“ се на право место но само делумно.
За МРТВ го пренесувам затоа што нашле за сходно таму да бараат, не дека озбилно ги сметам, што ќе го видиш од делот од мојот пост:
Quote:Но, како што реков порано единственото решение е специјален суд.
Ова не го менува моето мислење дека оваа комисија не е лустрациска.
Без Специјален суд не бива ништо.
А еве уште нешто во врска со тоа:
Quote:Можат ли да дојдат дома парите на богатите
[Image: ACBF83D95162164988BE2469AF00EF25.jpg]

Лидерите на задолжените европски држави ги повикаа своите граѓани да ги донесат назад своите богатства


Нина Нинеска-Фиданоска
Никој не сака да шпекулира колку точно пари би влегле во Македонија доколку државата реши да одобри амнестија на капиталот. Или сите што во изминативе години по која било основа ги изнеле своите средства од земјава, сега да ги вратат назад, во легалните економски канали. Оние што ја познаваат оваа проблематика оперираат со претпоставката од најмалку десетици милиони евра кои на тој начин би се слеале на контото на македонската економија.

Малку подзаборавената тема за амнестија на капиталот во овој момент може повторно да стане актуелна, од неколку причини. Прво, странските инвестиции навистина бавно пристигнуваат во Македонија, а има опасност сегашното темпо уште повеќе да забави доколку светот го зафати нова рецесија. Исто така, многу од лидерите на европските држави, пред се' оние што се соочуваат со големи должнички проблеми, почнаа се' погласно да ги повикуваат своите богати граѓани да ги „донесат дома“ своите богатсва. Така, тие на своите земји би им помогнале да ги ублажат големите финансиски тешкотии, а за возврат, властите нема да го „скенираат“ нивниот имот и начинот на кој тој е стекнат.

Најсвеж пример за тоа е грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Владата во Атина ја повика бизнис-заедницата да ја поддржи грчката економија. Кабинетот на Папандреу смета дека Грција така ќе може да се справи со должничката криза. Грчкото Министерство за финансии соопштило дека „нема да гледа како нивната земја е оставена без пари“, па им дало „последна шанса“ на големите инвеститори да ги вратат назад во Грција своите капитали, кои ги чуваат по сметки во странски банки, а во замена ветило дека „до 30 септември нема да ја проверува нивната имотна состојба“. Ова се огромни капитали што се наоѓаат во странски банки и тие треба да се инвестираат во Грција, е мислењето на Министерството. Станува збор за капитал на бродските магнати, но и за парите на други бизнисмени што се чуваат во странство.

Кај нас идејата за амнестија на парите што биле изнесени од земјава, на пример, за време на транзицијата, но и за заштедите што ги чуваат нашите граѓани во странство се актуализираше пред неколку месеци. Неа ја промовираше директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, како свој личен став. Тој предлагаше преку оданочување на овој капитал со одредена стапка, на пример со еден, два или пет отсто или, пак, пропорционално, земјата да си ги прибере парите назад, по примерот на многу земји во минатото. Германија пред неколку години им гарантирала на своите граѓани дека нема кривично да ги гони, па оданочувајќи го одлеаниот капитал со 25 отсто, им дозволила да ги вратат парите дома, а со тоа во националната економија собрала милијарди евра. Чекори на амнестија презеле и Италија, Турција и Бугарија.

Во ВМРО-Народна партија ја поддржуваат идејата за амнестија на капиталот. Марјан Додовски, претседател на ВМРО-НП, смета дека тоа моментно би можела да биде една од најпрактичните и најреалните мерки за заздравување и зајакнување на националната економија и во неа би донела нови и свежи пари. „Доколку Грција, Италија и други европски држави преку своите највисоки функционери го промовираат и го поттикнуваат тој модел на враќање, не гледам зошто Македонија и натаму би била глува на одредени укажувања“, смета Додовски.

Кои се луѓето што ги изнеле своевремено своите пари од Македонија, колку ги има и зошто го направиле тоа? „Сигурно постојат такви луѓе штом има иницијативи за враќање на нивниот капитал во Македонија“, смета Додовски. Според него, неблагодарно би било да се шпекулира со суми, но сигурно во земјава би дошле десетици милиони евра. „И да дојде еден милион евра, или десет, или 100 милиони, тоа ќе биде добро за Македонија, наместо да се молиме или да се задолжуваме преку еврообврзници“, објаснува претседателот на ВМРО-НП.

Но, одделни експерти не се согласуваат со таа идеја. Никола Поповски, поранешен министер за финансии, смета дека за да се направи амнестија на капиталот, треба да се изменат многу закони. „Тоа не може да се направи само со повик до граѓаните што имаат пари во странство - нив да ги вратат во земјава, бидејќи има многу законски пречки. Ќе треба да се променат десетици закони, како што се оние што ја регулираат даночната сфера, од доменот против перење пари, закони од финансиската сфера како што е законот за банкарство, потоа законите за борба против корупција и слично. Ако не се променат, секое внесување пари што е под удар на тие закони ќе мора да биде проверено и ако е во спротивност со легислативата, ќе биде казнето. Оттука, секакви активности мора да бидат озаконети“, смета Поповски.

Според него, ова не е добра идеја. „Лично сметам дека тоа не е добро, затоа што со такви активности се прават тешки преседани, на кои во иднина можат да се повикуваат сите што доаѓаат во судир со законот. Од тие причини, јас не сум голем приврзаник на таква даночна амнестија, со која некои активности преку ноќ би се легализирале, а потоа повторно би важеле старите закони“, резонира Поповски.

Последната изјава на министерот за финансии, Зоран Ставрески, која следуваше бргу по лиферувањето на идејата на Трајковски, беше дека тој не е наклонет на вакво нешто, но оти треба да има дебата. „Тој проект не е според мој вкус. Идеолошки е крајно контроверзен, а и не верувам дека реално би донел финансиска корист за земјата“, изјави министерот. „Утрински“ вчера упати прашање до вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, дали останува и сега на својот став контра даночната амнестија, но не доби одговор до затворањето на весникот. (Н.Н.Ф.)
Никола, јас работам надвор од Македонија и дел од моите пари ги чувам надвор.
Мене ме изедначува Госпожата Ниневска-Фиданоска со овие криминалци кои ги “спечалиле“ “своите“ пари со криминал дома.
Затоа велам Специјален суд за Лустрација,Приватизација и Корупција.
А зошто од Народна Партија се за оваа решение?
Кому му оди тоа во прилог?
Кој имал можност во тоа време да изнесе пари без знаење на луѓето од Банките?
Која партија во тоа време ги контролираше Банките?
Како завршија дел од Банките?
Оваа комисија за мене е лакрдија.
Но, иако лакрдија, на право место се, но само делумно.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
16-08-2011, 09:44 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

И уште една работа.
Колку луѓе во Битола се имаа обесено по падот на ТАТ?
Каде е Министеро во тренерки?
Каде е тефтерот со двојното сметководство?
[Image: Frckovski%20L.jpg]
Кој беше задолжен тоа да го расчисти, а не го расчисти и по чија директива, и за чии интереси?
Тоа што некој одлежал а парите не му се најдени, дали тоа значи дека после може парите на мира да си ги троши?
Понатаму, покрај МРТВ тука е и Војната и Државната Болница, овие двете спаѓаат под поголем криминал, сети се само на стентовите, лекарствата и другите мамнипулации и криминал.
Тие покрај Лустрација спаѓаат и во Корупција.
Здфравствениот систем не ни е во колапс само поради ММФ(нивните услови), туку и поради големата корупција.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 16-08-2011, 09:55 PM by montehristo.)
16-08-2011, 09:54 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(16-08-2011, 09:54 PM)montehristo Wrote: Понатаму, покрај МРТВ тука е и Војната и Државната Болница, овие двете спаѓаат под поголем криминал, сети се само на стентовите, лекарствата и другите мамнипулации и криминал.
Тие покрај Лустрација спаѓаат и во Корупција.
Здфравствениот систем не ни е во колапс само поради ММФ(нивните услови), туку и поради големата корупција.

Не треси глупости....Воена Болница немала а нити има можност да правелеа малверзации,бидејќи таа не работи со пари....туку само фондот(сетете се дека Тренковски отиде у апс) и комората.И не постои можност Болницата да купи повеќе или помалку стентови бидејќи се прави годишен план,и колку ќе има потреба(хирургот колку ќе употреби) толку ќе се повлечат,другото не се зима а не се ни плаќа.

Плус има професионални ревизори кои и за едно "дени" ќе покажат несовпаѓање и ќе лета некој одговорен.(бидејќи болницата сакаа да ја продадат од што не е рентабилна т.е неможе самата да се издржува...а камо ли некој да украде денарче од таму)

Така да малверзации можат да се прават највеќе во некој институции кои работат со пари(т.е имаат свој буџет во кеш)....е таму е више друга приказна...ама за таму да украдеш треба ептен јака позадина и мадиња да имаш за да не паднеш на првата ревизија.


п.с Друг пат проучете како функционираат установите, и каков им е буџетот...па потоа коментирајте за малверзации.

Music3
(This post was last modified: 16-08-2011, 11:53 PM by Makedonec.)
16-08-2011, 11:52 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(16-08-2011, 11:52 PM)Makedonec Wrote:
(16-08-2011, 09:54 PM)montehristo Wrote: Понатаму, покрај МРТВ тука е и Војната и Државната Болница, овие двете спаѓаат под поголем криминал, сети се само на стентовите, лекарствата и другите мамнипулации и криминал.
Тие покрај Лустрација спаѓаат и во Корупција.
Здфравствениот систем не ни е во колапс само поради ММФ(нивните услови), туку и поради големата корупција.

Не треси глупости....Воена Болница немала а нити има можност да правелеа малверзации,бидејќи таа не работи со пари....туку само фондот(сетете се дека Тренковски отиде у апс) и комората.И не постои можност Болницата да купи повеќе или помалку стентови бидејќи се прави годишен план,и колку ќе има потреба(хирургот колку ќе употреби) толку ќе се повлечат,другото не се зима а не се ни плаќа.

Плус има професионални ревизори кои и за едно "дени" ќе покажат несовпаѓање и ќе лета некој одговорен.(бидејќи болницата сакаа да ја продадат од што не е рентабилна т.е неможе самата да се издржува...а камо ли некој да украде денарче од таму)

Така да малверзации можат да се прават највеќе во некој институции кои работат со пари(т.е имаат свој буџет во кеш)....е таму е више друга приказна...ама за таму да украдеш треба ептен јака позадина и мадиња да имаш за да не паднеш на првата ревизија.


п.с Друг пат проучете како функционираат установите, и каков им е буџетот...па потоа коментирајте за малверзации.

Music3

Може многу лесно да се види кога ќе се споредат рецептите за лекови.
Кога ќе се спореди кој лекар кој лек го предпишал и на колку пациенти.
Потоа, фондот на здравство кој лек најповеќе го држи во залиха, Значи делот кој е одговорен за набавки, да се спореди кои фирми се јавуваат на тендерите и кои им се власниците.
Не мораш да работиш директно со пари за да има корупција, можеш да работиш и во комисии кои одлучуваат за тоа кој каде да се опреира, дома или надвор, каков имплантант да се вгради, ефтин -скап.
Македонец, покрај храната, луѓето највеќе купуваат лекови, ако не си знаел.
За војната болница можеби грешам, но за државната мислам дека не сум грешка.
Посебно со нивните етички комисии.
Според законот, нека одат на суд а не пред етички комисии.
Па тогаш да видиме дали некој некого така лесно ќе го застапува и да вели, да овој колега е компетентен и стручен, тоа нека го каже на суд каде ќе мора да се заколне со казна доколку лаже.
Тоа би било исто како јас бидејќи имам возачка дозвола кога ќе направам некој сообраќаен прекршок не да ме суди суд туку некоја комисија од авто-мото сојуз, бидејќи нели тие се стручни.
Јас имав колега на факултет кој има прегазено човек но бидејќи е син на доктор кој е доста поврзан, испадна како да згазил куче а не човек.
На детето само возачката дозвола му ја одзедоа, нели, што знае детето што е кочница а што гас.
Немој да мислиш дека имам нешто против докторската фела, еве да ги пофалам нашите доктори, човек од Косово ми кажува како некој негов роднина бил во гипс 4 месеци затоа што нивниот лекар му рекол дека има скршеница, се додека овој не отишол во Скопје каде му е утврдено дека има проблем со лигаменти, човекот закрепнува но од гипсот уште има последици со мобилноста.
Но да не забегувам многу бидејќи ова што го кажувам нема врска со Лустрација туку со Корупција.
Инаку корупција не мора да биде само финансиска.
Кронизам може многу лесно да се утврди со тоа колку роднини има некаде запослено, или доколку е некој на позиција да се прати каде има тој влијание(каде тој може да запосли, но и нему да запослат роднина или пријател).
И за крај, тоа што Тренковски отишол во апс, не значи дека утре нема да се појави нов „Тренковски“.

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
17-08-2011, 12:29 AM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(17-08-2011, 12:29 AM)montehristo Wrote: Но да не забегувам многу бидејќи ова што го кажувам нема врска со Лустрација туку со Корупција.
Инаку корупција не мора да биде само финансиска.
Кронизам може многу лесно да се утврди со тоа колку роднини има некаде запослено, или доколку е некој на позиција да се прати каде има тој влијание(каде тој може да запосли, но и нему да запослат роднина или пријател).
И за крај, тоа што Тренковски отишол во апс, не значи дека утре нема да се појави нов „Тренковски“.

Ај да прекинеме со муабетов оти ќе не исклоцаат од темава Pishtoldzija

Инаку муабетот ми беше за тоа дека болниците кои одвај крпат крај со крај не можат да прават малверзации...бидејќи не работат со пари...тоа го може само фондот и комората...затоа и таму највеќе има што ги гонат или апсат....а инаку докторите се тие што земаат мито директно од пациентите, па можеби и затоа мислиш дека и болниците како интитуции се матни. Icon_surprised
17-08-2011, 02:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Датум: 31.08.2009

Лустрација со белградска дамка

Тајните досиеја на кодошите нема да се отвораат пред да се лустрираат членовите на Комисијата за верификација на фактите. Постапката за нивно „пречистување“ се' уште не е завршена поради добивањето безбедносни сертификати и обезбедување безбедносни и просторни услови за работа со доверливите материјали. Ова вчера го соопштија членовите на Комисијата за лустрација на првата средба со новинарите свикана спроти денешниот старт на доставувањето на изјавите на избраните функционери дека не биле соработници со тајните служби и не користеле доверливи информации за напредување во кариерата.

Првата група за проверка на дополнителниот услов за извршување на функциите ја сочинуваат 250 функционери. Тие до 30 септември до Комисијата треба да достават изјави заверени на нотар. Рокот за доставување изјави за другите функционери, кои ќе бидат подложни на проверка, ќе биде дополнително утврден.

Според најавите, лустрирањето на членовите на Комисијата и обезбедувањето на просторните услови за нивна работа треба да завршат до почетокот на октомври, по што ќе почне и отворањето на досиејата.Членовите на комисијата се уверени во успешното спроведување на законот. Но, недоразбирања, па дури и доза сомневања предизвика професор Ѓорѓи Малковски со својот личен став за недостапноста и непознатиот број на досиеја во Белград.

- Досега има над 36.000 досиеја, кои се наоѓаат во Архивот на Македонија, од кои 18.500 се од идеолошко-политичка причина, 20.000 се од затвореници во Идризово. Тука не се пресметани досиејата што се чуваат за оперативни работи во УБК и оние што се наоѓаат и во приватни архиви за кои немаме информации колкава е бројката. Јавноста треба да знае дека најголемиот број досиеја се во Белград и во комплетна форма, а ние не знаеме за колкав број, за кои лица станува збор и во каква состојба се. Нив најверојатно никогаш нема да ги добиеме - рече тој.Тој појасни дека се работи за копии, а не за оригинали, кои сепак се наоѓаат во Македонија.

- Сите досиеја водени во Македонија беа препраќани во Белград. Допрва ќе направиме обид да стапиме во контакт и да воспоставиме соработка. Тие досиеја се комплетни и таму ќе може да се најдат евентуално делови од досиејата што кај нас по разни основи останале некомплетни - се поправи Малковски.

(П.Д.)

ИЗВОР
(This post was last modified: 18-08-2011, 04:53 AM by ЈорданПетровски.)
18-08-2011, 04:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,602
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Македонија

Двајца амбасадори -потенцијални кодоши!?

четврток, 18 август 2011,


Имињата на двајца актуелни амбасадори, се придружија на листата од четворица академици кои се провлекуваат во документите на тајните служби, а кои ги разгледува Комисијата за лустрација, дали биле кодоши. И, дали напредокот во кариерата евентуално го оствариле преку соработката со тајните служби. Со тоа се повеќе се шири списокот на потенцијални кандидати за лустрирање. Сепак, се уште се испитува дали тие биле соработници или жртви на некогашната државна безбедност.

Предмет на интересирање на лустраторите се и 25 поранешни носители на јавни функции. За кои, исто така не е јасно, дали биле соработници, или, пак, жртви на обработка. Како што дознава Алфа, инсистирањето изјавите на поранешните функционери да имаат приоритет во проверката, во однос на сегашните, било главната причина за несогласување меѓу лустраторите.

“Работиме паралелно и поранешни и актуелни функционери... но, кога ќе ги разгледувате актуелните се работи за 9-10 илјади функционери... ќе им заврши мандатот... вас ве брифираат за прашањата.... но, добро што прашувате...“ изјави Аџиев.

Само пред три дена членот на Комисија за лустрација Чедомир Дамајновски изјави дека тој и уште неколку негови колеги се залагаат Комисијата да даде првенство на изјавите на актуелните функционери, заради, како што рече тогаш, да се спроведе основната интенција на законот.

“Ние цело време инсистираме, јас цело време инсистирам да се разгледуваат досиејата на актуелни функционери, за да спречиме евентуални соработници да влијаат на актуелните политики“ изјави Дамјановски.

Комисијата денеска лустрираше уште еден поранешен носител на јавна функција на пониско ниво, чија изјава не кореспондирала со добиените факти. А, биле проверувани и верификувани изјавите на 77 носители на јавни функции. Лустраторите ги чекаат изјавите на околу 4.000 поранешни функционери дека не соработувале со тајните служби. По што ќе упатат повик за доставување изјави и на други јавни личности. Меѓу нив на проверка ќе подлежат и новинарите.

Зоран Фиданоски
18-08-2011, 10:11 PM
Reply