Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
Solenik Online
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(03-05-2011, 02:25 PM)poprushev Wrote:
(03-05-2011, 02:07 PM)Solenik Wrote: Нели е ова некакво антидржавно делување. Како она за кое се товарите ти и Деструктивец во вашите досиеа или пак за кое македонците имаат безмалку непријателски чувства спрема Бугарија и нејзините жители?


Во Македонија ЗА АНТИДРЖАВНО делување се смета ЖЕЛБАТА за Самостојна Суверена МАКЕДОНСКА ДРЖАВА, ЖЕЛБАТА да бидеш МАКЕДОНЕЦ.


По се' изгеда си во право, зашто човеков апла си вели дека за него не важат законите на Република Македонија. Тука нема што да се толкува дали било вака или онака. Тој работи против самостојноста на Република Македонија која што беше донесена по пат на Референдум и уважување на Уставот на СРМ од АСНОМ при што Македонија е прогласена за независна држава.
03-05-2011, 02:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Бавно и килаво

Се остави простор за сомнежи дека процесот е политички реваншизам, а комисијата нема легитимитет, неспорно е дека Македонија мора да направи лустрација. Па, дури и со имиња што сега ништо не значат во политиката, ако тие се патот преку кој ќе се дојде до нарачателите и главните соработници што уште се затскриваат зад високи функции

[Image: suncica1%5B39%5D.jpg]

Вкупно 13 бугарски амбасадори, поранешни агенти на Комунистичката тајна служба, вчера се вратија дома. Следната група од 22 амбасадори-агенти ќе бидат отповикана на први јуни. Со нивното разрешување од функциите привршува постапката почната кон крајот на минатата година, кога бугарската комисија за лустрација обелодени дека околу 200 дипломати кодошеле за тајните служби во 90-тите години на минатиот век. Половина се актуелни функционери.

И кај нас вчера сам се откри уште еден соработник на тајните служби. Во скопски ресторан со име на држава што веќе не постои, меѓу портретите на Тито и книгите за неговиот „живот и дело“, Слободан Угриновски, наводниот Ле Корбизие, објави: „Не сум бил кодош! Таа ‘комисија за лустери’ што ме обвинува, не е легитимна и не ја признавам!“.

А кој би признал такво нешто?

Со Бугарија нé дели гранична линија од само 148 километри, најмалата граница со сите соседи. Но, според начинот на кој се спроведува лустрацијата, оддалечени сме со светлосни години. Тоа го покажаа две вести на иста тема објавени вчера во двете држави: додека во Бугарија им се одземаат функциите на високи државни функционери, кај нас откривањето на соработниците се сведува на маргинални фигури, како на пример лидер на мала партија застаната во времето, во опозиција, без никаква реална моќ во политиката или претседател на институција каква што е Уставниот суд, по кој власта фрлаше со дрва и камења. Разликата во тоа како се спроведува лустрацијата е огромна - државниот врв на Бугарија повлече половина од актуелните дипломати, меѓу кои и од ЕУ, ОН, Русија, Јапонија, бара оставки од министри (како што поради кодошење си замина и за нас добро познатиот Божидар Димитров од функцијата министер за дијаспора), каде што на откриените соработници им се одземаат влијателни функции, а кај нас лустрацијата се сведе на две имиња - претседател на уставен суд и градски советник.
„Сите“ двајца се откриени за период за повеќе од две години, колку што функционира комисијата за лустрација. Нема министри, пратеници, амбасадори... Објавувањето на неколку звучни имиња на актуелни политичари на крајот се сведе на шпекулации и меѓупартиски пресметки. На евтина забава за граѓаните, меѓу кои има многумина засегнати и заинтересирани да се откријат кодошите што им го упропастиле животот на нивните блиски.

Некој ќе рече „прочистувањето“ во Македонија доцна почна, долго се носеше законот, виновен е Уставниот суд. Но ако правиме споредба, не е само Бугарија пред нас. Во Словенија имињата на шпионите беа објавени на Интернет. Да не зборуваме за лустрацијата во посткомунистичките држави од Централна и Источна Европа, каде што процесот почна уште пред 20 години. Ако е за утеха, со нас се Албанија, Србија, Босна, Црна Гора - тука некаде сме по несериозниот пристап кон темата и вмешаноста на политиката во неа. Сепак, нели мерка за споредба треба да бидат подобрите од нас, а не полошите?

И покрај тоа што сме бавни со Законот за лустрација, килави со неговото спроведување, покрај тоа што се остави простор секој да се сомнева во процесот како политички реваншизам и да го оспорува легитимитетот на комисијата, неспорно е дека Македонија мора да направи лустрација. Па, дури и со имиња што сега ништо не значат на општествената сцена, ако тие се патот преку кој ќе се дојде до нарачателите и главните соработници што уште се провлекуваат на државни функции. Власта мора да биде убедлива дека има искрена волја да го прочисти општеството од кодошите, а комисијата мора да се избори и да покаже дека е кадарна независно да ја сработи работата што и е доверена. Во спротивно, еден толку важен процес ќе се сведе на двајца откриени соработници во две години и на маргинални учесници во таа, своевремено, голема шпионска мрежа што уништувала животи и растурала семејства. А тоа не беше целта на лустрацијата.


Автор: Сунчица Стојановска Зоксимовска


Кога ке избереме влада која ке има вистинска желба да ја спроведе лустрацијата тогаш ке покаже Македонија дека е на пат да стане Демократска, Самостојна и Суверена Држава. На овие избори тоа нема да се случи. !!
04-05-2011, 12:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


(05-11-2010, 03:26 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [Image: 2dvri93.jpg]


Дојдов до едни интересни податоци кои се веродостојни.

Во НОВ, во ВОЕНИ УСЛОВИ:

1. Загинале биле убиении стрелани, умреле и исчезнале вкупно 10.404 лица, по име и презиме.
2. Депортирани Евреи 9.595
3. Албанци 809 убиени како припадници на балистички групи.

Во периодот 1945-1985 година во слободна НР и СР Македонија биле уапсени , депортирани, судени, затворани , осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеа околу 50.000 лица.



Уште колку СЕ УБИЕНИ од 1985 до денеска незнам. Но бројката на затворани и прогонувани ке е околу 10.000 лица.

Досега комисијата за проверка на факти пронајде само ДВАИЦА КОДОШИ. NesumjasNesumjasNesumjas
11-05-2011, 02:06 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(11-05-2011, 02:06 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(05-11-2010, 03:26 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [Image: 2dvri93.jpg]


Дојдов до едни интересни податоци кои се веродостојни.

Во НОВ, во ВОЕНИ УСЛОВИ:

1. Загинале биле убиении стрелани, умреле и исчезнале вкупно 10.404 лица, по име и презиме.
2. Депортирани Евреи 9.595
3. Албанци 809 убиени како припадници на балистички групи.

Во периодот 1945-1985 година во слободна НР и СР Македонија биле уапсени , депортирани, судени, затворани , осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеа околу 50.000 лица.



Уште колку СЕ УБИЕНИ од 1985 до денеска незнам. Но бројката на затворани и прогонувани ке е околу 10.000 лица.

Досега комисијата за проверка на факти пронајде само ДВАИЦА КОДОШИ. NesumjasNesumjasNesumjas

Испаѓа дека квази-комунистите(вистинските чувачи на народното благо за своите идни поколенија) дека извршиле поголеми злосторства од Нацистите, Балистите, Бугарите, и Фашистите заедно(а и имале доста време за тоа, замисли само ако им се брзало до која бројка ќе стигневме).
За ова само овците не знаат и не сакаат да слушнат.

11-05-2011, 02:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Мислења

Изјави за невиност

Ѓорѓи Спасов

Законот за лустрација се претвори во озаконет модел за пресметка со политичките неистомисленици


Деновиве сите поранешни и актуелни функционери, носители на јавни функции и кандидати за пратеници, под закана од казна, беа принудени да поднесат изјави, заверени на нотар, дека не биле соработници на службите за безбедност. Бидејќи соработката со службите за безбедност од кој било вид е окарактеризирана со Законот за лустрација како „соработка со непријателот“, односно како вршење непријателска дејност, тоа беа еден вид „изјави за невиност“ кои Комисијата за лустрација избрана од Собранието ќе ги проверува.

Први, како што е најавено, деновиве ќе бидат на ред за проверка изјавите на пријавените кандидати за пратеници за наредните избори. Ако таа открие дека, според документите од комунистичката Удба, некој од нив некогаш бил соработник на службите за безбедност или подоцна, тогаш комисијата ќе му соопшти дека тој врз основа на Законот за дополнителни услови за вршење јавна функција нема да може да биде избран на таква функција.

Со оглед на досегашното искуство и работа на комисијата што пронајде дури двајца „опасни кодоши“ ова многу лесно ќе се претвори во озаконет модел од страна на власта за пресметка со политичките неистомисленици и ќе доведе до лавина барања за заштита од Судот за човекови права во Стразбур.

Голем број автори и либерални мислители укажуваат на фактот дека како своевидна нова чистка, лустрацијата од овој вид е правно, политички и морално неприфатлива (Коста Чавошки).

Тие наведуваат голем број аргументи за тоа.

Прво, Законот за лустрација е еден еден вид кривичен закон со кој се казнуваат луѓето ретроактивно, односно за дела што во моментот додека биле сторени не биле со закон утврдени како кривични дела. А таков вид инкриминирање и казнување во принцип е забрането.

Второ, како основа за лустрацијата се наведува „кршењето на човековите права“ преку „кодошење“. Но, се поставува прашањето за каков вид „кодошење“ станува збор? Дали е кодошење ако сте дале корисна информација за местото на кое се наоѓа Ратко Младиќ или некој опасен терорист за кој може да биде распишана и голема награда. Дали е кодошење ако луѓе од службата за безбедност ве прашале каков човек е вашиот сосед што поднел барање за добивање дозвола за носење оружје, а вие сте рекле дека е кавгаџија, пијаница и ја тепа жената, па ако му дадат оружје може и да ја отепа.

Трето, според Законот за лустрација и најлошите кодоши можат да си живеат мирно и спокојно само ако немаат политички амбиции или амбиции за извршување некоја јавна функција.

Четврто, Законот се однесува на соработниците на службата на безбедност, но не и на вработените во државната безбедност, во полицијата и на нивните политички наредбодавци, односно на директните нарачатели и корисници на кодошки информации.

Петто, застапниците на лустрацијата не веруваат во зрелоста на народот и во неговата способност да ги изберат вистинските, чесни и способни пратеници, туку се определуваат за тоа некој поупатен и повешт од нив (Комисија избрана од собранието) однапред да ги дисквалификува „штетните кандидати“ и така народот да го заштити од грешка.

Шесто, примената на овој закон, во земја во која им е дозволено и на затворениците да гласаат, доведува до вонсудско одземање на пасивното избирачко право (правото да се биде избиран), што е спротивно на Уставот.

И седмо, целиот Закон се заснова врз целосна доверба во документите на службите за безбедност од времето на комунизмот - кои треба да понудат клучен доказ за вина. Се поставува прашањето од каде одеднаш таа толкава доверба во службите (на непријателот) кои „врбувале соработници“ и воделе досиеја за своите соработници. Колкумина во изминатите 20 години имале можност да уништат дел од тие досиеја, колкумина имале можност да подметнат и колкумина можат селективно и по потреба да вадат од нив по нешто во зависност од политичкиот интерес на оние што се на власт?

Но, и покрај сите приговори, кај нас се инсистира на лустрацијата (што во превод од латински значи „принесување на жртва за ослободување од колективните гревови“).

Клучниот аргумент на нејзините промотори е некакво барање на Советот на Европа во сите посткомунистички земји да се спроведе лустрација. А тоа не е точно. Станува збор за Резолуцијата бр. 1096 на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 1996 година - која е донесена врз основа на барањата за преиспитување на некои од дотогашните лустрации (особено во Германија), односно врз основа на барањето од Парламентарното собрание да се изјасни дали тие лустрации се во согласност со Европската конвенција за човековите права.

Парламентарното собрание во оваа резолуција прво констатира дека „прима на знаење дека некои земји имаат донесено закони или акти за лустрација“, но ниту на едно место не констатира дека е потребно да бидат донесени таму каде што не се донесени.

Потоа, Парламентарното собрание вели дека „кога се утврдува вината може да се прави само според важечкиот кривичен закон и дека е забрането да се носат посебни кривични закони (акти) со ретроактивно дејство“.

Во параграфот бр.12 од оваа Резолуција стои „одмаздата не смее да биде мотив за лустрацијата, ниту смее да се дозволи политичка и социјална злоупотреба на лустрацијата“.

Резолуцијата ги повикува земјите што донеле закони за лустрација а не ги почитувале овие принципи, своите закони да ги усогласат со нив. Таа ги дава и следниве препораки:

Периодот на лустрација треба да биде само од 1980 до 1989 година, односно до промената на власта во Источна Европа. Во Резолуцијата изрично се наведува дека „лустрацијата не смее да се применува на кандидати за изборни функции бидејќи со тоа се крши правото избирачите да избираат кого сакаат“.

Потоа се наведува дека „никој не смее да биде лустриран, а да не му е обезбедена целосна заштита во текот на процесот, вклучително и обезбедување на платен бранител од страна на државата“.

Зошто на Македонија сето ова и' е потребно во 2011 година тоа само еден Господ знае и веројатно се прашува: Што ќе и' е на земја како Македонија да има Закон и Комисија за лустрација кога секој просечен новинар и пријател на премиерот, преку ноќ може да добие потврда од МВР дека не бил соработник на службите за безбедност односно „потврда за невиност“ или „индулгенција“, односно потврда за простување на гревовите, какви што во свое време издавала католичката црква. Или, пак, таа ќе важи само за оние што не се пријатели на премиерот?

(Авторот е аналитичар)


Тврдо комуњариште, нетреба лустрација. И јас мислам дека веке не треба лустрација туку треба БЕСИЛКА.
14-05-2011, 02:50 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:КОМИСИЈАТА ЗА ЛУСТРАЦИЈА УТВРДИ ДЕКА УШТЕ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР БИЛ СОРАБОТНИК НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ


Судија во Врховен суд, трет кодош во Македонија?!


Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, и советникот во Град Скопје и лидер на Сојуз на Титови леви сили, Слободан Угриновски, беа функционерите за кои Комисијата за лустрација претходно се изјасни дека биле соработници на тајните служби


Уште еден функционер бил кодош. Неофицијално, Комисијата за лустрација утврдила дека неговата изјава дека во минатото не бил соработник на тајните служби не е вистината. Лустраторите го утврдиле ова врз основа на документите кои ги поседуваат, иако постапката не е завршена. Доколку сознанијата на Комисијата за верификација на фактите се потврдат, врховниот судија ќе биде третиот функционер за кого ќе се потврди дека соработувал со тајните служби.
19-05-2011, 12:26 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Хахаха, имав некое претчувство, а нема да се изненадам сите и во Уставниот и во Врховниот Суд да се соработници.
Само една работа ќе биде појасна Јоцо, како што ти и самиот забележуваш сега не е време на лустрација туку на диференцијација ќе да е.
Само, го нема Томислав Стојановски да го „Диференцираат“ или тој одамна е “Учипен„ па некако не иде работата глатко, таканаречено се фатиле рака под рака.
Или , можеби му бараат достојна на името му замена.
(This post was last modified: 19-05-2011, 12:54 AM by montehristo.)
19-05-2011, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Лустрација за идните пратеници

[Image: 61C7354E-9FBA-4274-A59C-ADE4BA6F0C18_mw270_s.jpg]

Комисијата за лустрација има полни раце работа, пред изборите мора да се лустрираат кандидатите за пратеници

24.05.2011
Зорана Гаџовска

Над 1300 кандидати за пратеници се на проверка во Комисијата за лустрација, дали соработувале со тајните служби. Но, процесот се одива бавно.
Кој од избраните кандидати за пратеници по изборите ќе седнат во собраниската фотеља треба да каже Комисијата за лустрација. Над 1300 кандидати треба да добијат потврда дека не соработувале со тајните служби, а потоа, по изборите дел од нив ќе може да бидат пратеници. Но, на само 10-тина дека од изборите не е лустриран ниту еден од кандидатите што се бори за место во Парламентот. Претседателот на
комисијата Томе Аџиев вели дека својата работа како комисија ја завршиле, документите ги испратиле до надлежните органи и чекаат резултати. Според неговите сознанија само една од институциите ја завршиле проверката. Аџиев се надева дека до 5 јуни има шанса да се заврши процесот со лустрација на канидатите за пратеници.

„Се надевам така ќе биде, но и да не биде, ништо страшно, ќе се направи после тоа. Оној кандидат кој ќе добие од кај нас дека не се согласуваат податоците со неговата изјава тој ќе си даде оставка или ќе биде разрешен. Не е ништо страшно дали ќе биде денеска или утре.“

Доколку за некој кандидат се утврди дека соработувал со тајните служби, тој ќе биде исфрлен од изборниот процес.

Професор Звонимир Јанкуловски вели дека доколку процесот за лустрација на пратеничките кандидати не заврши до изборите се губи смислата на лустрацијата.

„Откако ќе завршат изборите всушност не е исклучена можноста гласачите да видат дали одредени политички партии во своите редови имаат луѓе кои соработувале или биле дел од мрежата на тајните служби.“

Од донесувањето на законот за лустрација од сега Комисијата откри три случаи односно за три лица тврди дека биле соработници на тајните служби. Двајца од нив се функционери во заминување, а едниот веќе пензиониран. Дел од медиумите повикувајќи се на анонимни извори во комисијата објавија дека претседателот на комисијата тенденциозно и самоволно ги прескокнува актуелните функционери. Аџиев негира дека приоритет имаат пензионирани функционери во процесот на лустрација наместо актуелните фунционери и кандидати за пратеници.

Тоа се луѓе кои што се против лустрацијата и постојано измислуваат некои работи. Како може јас да прескокнувам некого, не е моја Комисијата, таму има 11 членови, јас сум само еден член кој во моментот ја води Комисијата и ништо друго.“

Причина за бавното одвивање на процесот е големиот број на предмети кои треба да се разгледаат и како комисијата открива докази така и ги објавува, вели Аџиев. Околу 7.000 поранешни функционери до сега доставиле изјави до комисијата за лустрација дека не биле соработници на тајните служби. Тоа е премала бројка во споредба со неофицијалните податоци од над 200 илјади луѓе подлежат на лустрација како носители на функции во изминативе 67 години.
24-05-2011, 12:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Меѓу кандидатите за идни пратеници, 11 се можни кодоши?
26 мај 2011
Форум

Комисијата за верификација на фактите ќе ги разгледува досиејата на 11 кандидати за пратеници, кои се појавуваат во евиденцијата на државните органи и можно дел од нив да биле соработници со тајните служби



„За 11 кандидати за пратеници, нè повикуваат во органите да провериме за нивните податоци бидејќи излегуваат во нивната евиденција како лица евидентирани. Дали се работи за соработници или не, наредниот период ќе утврдиме“ изјави претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.
Тој не сакаше да открие дали кандидатите се од власта или од опозицијата, но рече дека меѓу овие 11 сомнителни, нема носители на кандидатски листи. Меѓу нив имало и Македонци и Албанци, а со оглед на тоа дека изјавите на старите пратеници се веќе проверени и меѓу нив немаше најден ниту еден соработник, најверојатно се работи за новите лица кои се појавија на кандидатските листи.
Доколку за некој од овие 11 кандидати се утврди дека биле соработници со тајните служби, Комисијата ќе ја извести Државната изборна комисија и овие лица нема да можат да учествуваат во распределбата на мандати. Досега се проверени над 1.500 изјави на кандидатите за пратеници.
Од Комисијата очекуваат проверката на овие 11 кандидати да заврши пред предвремените парламентарни избори.
Комисијата за лустрација на денешната седница исто така донесе заклучок дека поранешниот судија од Врховниот суд за кого пред извесно време постоеше сомнеж, дефинитивно бил кодош. Неговата изјава не се совпаѓала со податоците со кои располага Комисијата.



Многу малку кодоши. Од 1500 обработени само 11 се под сомнение.???

По просекот на број на кодоши кое направен врз база на посточките досиеа некаде долната граница треба да е 10% значи би требало да има околу 200 кодоши.

27-05-2011, 03:05 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

И многу млади се помеѓу кандидатите...

27-05-2011, 03:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(27-05-2011, 03:08 PM)acko Wrote: И многу млади се помеѓу кандидатите...



Ацко, па кој кодошел од 1992 година навака. Има околу 4000 досие. Каде ке ги ставиш Филип, Дашто и другите од студенско средношколските протести кои влегоа во ВМРО ДПМНЕ.

27-05-2011, 03:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Како се спроведува лустрациjата во посткомунистичките земjи

Лустраторска чистка на кодошите за подобро утре


[Image: 9F5E97ECC96FD44B9BAA70CD762072E9.jpg]
Комунистичкиот режим во голем степен беше заснован на мрежа од тајни информатори кои беа раширени низ целото општество. Единствениот начин да се справи со ова тажно наследство е да се обелодени вистината, но и да бидеме сосема свесни за сите комплицирани последици, вели за „Дневник“ Александра Кобилинска од Институтот за јавни работи во Полска

Посткомунистичките земји од поранешна СФРЈ треба да расчистат со своето минато и да ги истребат од јавните функции соработниците на стариот режим. За ова се согласуваат пратеници, политиколози и аналитичари од земјите од регионот кои ги анкетираше „Дневник“, во истражувањето за тоа како се спроведува проветрувањето на институциите од соработниците на тајните служби, во повеќе држави.

Од земјите во нашето соседство, лустраторскиот земјотрес речиси ја здрма Бугарија и однесе повеќе политички жртви, меѓу кои над 30 амбасадори, за кои нивната комисија за лустрација утврди дека биле поврзани со структурите на поранешната Државна безбедност. Големата лустраторска чистка во соседната земја се очекува до крајот на годинава. Лустраторската метла никако да почне да чисти во Хрватска и во Србија, а Словенија, која исто така нема закон за лустрација, прочистувањето го донесе преку Законот за судовите. Пионер во лустрацијата е поранешна Чехословачка, која на почетокот на 1991 година врз основа на закон ја воведе институцијата лустрација. Траењето на законот за лустрација било ограничено на пет години, но врз основа на одлука на чешкиот парламент, неговата важност е продолжена до 2000 година. Со постапката се опфатени голем број лица вработени во јавната управа, а меѓу другите, забраната за вршење јавни функции се однесувала и на вработените во државните медиуми.

Околу 300 вработени во бугарското МНР се шпиони

Од септември низ лустрацискиот филтер во Македонија се очекува да поминат медиумите. Слично како и кај нас, во националната радио-телевизија на Бугарија е забрането да бидат вработени кодоши. Ова за „Дневник“ го објасни Јулијана Методиева од Бугарски хелсиншки комитет.

- Во 1995 година имаше предлог-закон за лустрација, но тој не помина во парламентот. Единствено во Законот за радио-телевизијата од 1997-98 година имаше лустративен текст кој гласи дека во бугарската национална радио и телевизија не можат да работат луѓе кои имаат досие. Тоа значи дека во оваа медиумска куќа треба да работат луѓе со чисто минато - вели Методиева. Минатата недела во бугарскиот парламент е усвоен нацрт-закон кој им забранува на поранешните агенти од тајните служби да добијат високи позиции во МНР. Според овој закон, поранешните кодоши сепак ќе можат да продолжат да работат во МНР, но на пониски позиции.

Дискусиите за овој закон за лустрација почнаа уште во декември 2010 година кога се појавија информации дека околу половина од бугарските дипломатски претставништва се предводени од поранешни соработници на тајните служби.

Според Јулијана Методиева, овој закон е прилично модерен и соодветен на идејата и намерата на Бугарија да расчисти со тој дел од своето минато. Таа додава дека процените се оти околу 300 вработени во МНР треба да ја прекинат својата работа на високи позиции, односно дипломатските функции да ги напуштат 40 отсто од дипломатите. Откако ќе стапи во сила овој закон, ќе треба да се распише конкурс за нови луѓе. Методиева објаснува дека неодамна се појавиле и списоци со универзитетски професори кои работеле за тајните служби.

- На тој список се и некои од најдобрите имиња на бугарските универзитети, вклучувајќи го и професорот кој го преведе Шекспир. Некои од овие професори веќе им се извинија на студентите за своите активности во минатото. Што се однесува до новинарите, лани беа публикувани текстови за новинарите и сопствениците на медиуми кои соработувале со тајните служби. Очекував дека ќе има општествена дебата и дека тие луѓе ќе ги напуштат медиумите. Но, тоа не се случи. А знаеме сите дека луѓето немаат доверба кон медиуми што се водени од луѓе што работеле за тајните служби - смета Матодиева.

Хрватските кодоши се во пензија

Ведран Обучина, политиколог од Хрватска кој го проучува искуството на лустрацијата во Средна Европа, за „Дневник“ објаснува дека во неговата земја не се ни очекува да се донесе закон кој ќе ~ помогне на земјата да расчисти со тоталитарното минато.

- Првата причина е тоа што немаме добра документација, а второ е тоа што за да се спроведе лустрацијата потребна е силна политичка волја. Иницијативите за спроведување на лустрацијата во Хрватска се слаби, некоординирани и без научна подлога. Закон за лустрација не може да се донесе ако не се отвори институт кој ќе направи сериозно проучување на сите тоталитарни злосторства, како што направија Полска и Чешка - објаснува Обучина. Според него, значајно за земјите од поранешна СФРЈ е лустрацијата да не се претвори во дневнополитичко прашање и алатка за престрелки меѓу политичките партии.

- Ако Хрватска одлучеше да спроведе процес на лустрација, тоа требаше да го направи на почетокот на 90-тите години. Сега е веќе доцна, затоа што целиот процес може да се искомпликува, како што се случи во Полска. Таму се одеше на мека лустрација, затоа што жртвите имаа договор со комунистите с` додека не дојдоа браќата Качински. Кога двајцата браќа го сменија законот, отидоа во друга крајност и се лустрираа дури и некои членови на Солидарност - објаснува Обучина.

Тој вели дека во случајот на Хрватска, најголемиот проблем е тоа што повеќето од досиејата се во Белград, а дел се изгорени.

- Како и да е, во Хрватска може да се избројат на прсти луѓето кои биле соработници на тајните служби за време на комунизмот а с` уште се на јавна функција. Повеќето се или пензионирани или починати - вели Обучина, кој додава дека сепак тој самиот се залага да се расчисти со тоталитарното минато. Хрватскиот политиколог вели дека европската практика покажува дека е мал процентот на кодошите кои се исчистени од институциите преку процесот на лустрација.

- Во случајот на Чешка, од 451.000 сертификати, само 2 отсто кодоши - вели тој.

Во Полска се лустрираат само кодошите-лажговци

Процесот на лустрација во Полска почнал во 1997 година, подоцна од Чешка и Источна Германија.

- Законот беше задоцнет, но неопходен. Тој ги обврзуваше високите јавни функционери или кандидатите за јавни функции (меѓу другите, членови на парламентот, претседателски кандидати и судии) да приложат писмена изјава која потоа требаше да биде проверена од портпаролот за јавен интерес и специјален суд за лустрација. Ако некој сам се изјаснеше дека бил таен информатор, немаше никакви законски последици. Единствено таканаречените „лустрациски лажговци“ добиваа забрана за јавни функции за одреден временски период.

Законот не беше перфектен, но до одреден степен обезбеди транспарентна лустрација - вели за „Дневник“ Александра Кобилинска од Институтот за јавни работи во Полска. Нашата соговорничка објаснува дека од 2006 година Полска има нов закон за лустрација кој е проширен и доверен на Институтот за национално помнење.

Правилата се исти, „позитивна“ изјава не отстранува никого од јавна функција. Единствено лажна изјава резултира со забрана за работа на значајна јавна функција.

Полскиот модел на лустрација, иако не е идеален, се чини дека е разумно решение. - - - Самиот закон не ги исклучува луѓето само затоа што биле агенти на тајните служби. Сепак, граѓаните кои ги избираат своите претставници во телата што носат одлуки имаат право да знаат за минатото на кандидатите и да го направат вистинскиот избор - смета таа. Според Кобилинска, нема потреба од воведување специјални процедури за лустрација на новинари и претставници на невладини организации. Најдоброто решение е архивите на тајната полиција да се отворат за јавноста.

- Лустрацијата е неопходен чекор чија цел е „затворање на книгите“ и раскрстување со минатото во посткомунистичките земји. Комунистичкиот режим во голем степен беше заснован на мрежа од тајни информатори кои беа раширени низ целото општество. Единствениот начин да се справи со ова тажно наследство е да се обелодени вистината, но и да бидеме сосема свесни за сите комплицирани последици во секој случај - оценува таа.

Албанските писатели повикаа на лустрација

Лустрацијата се толкува како контроверзен процес во Албанија каде што лустрацијата пред две години запре на Уставниот суд. Меѓународните претставници оценија дека донесувањето на законот било избрзано и побараа од албанската влада да не го применува с` додека за него не се изјасни Уставниот суд. Откако Европа го оспори законот за лустрација, истиот беше соборен од страна на Уставниот суд. Оценката беше дека законот не бил во согласност со Уставот и бил во спротивност на човековите права. Против законот се изјасни албанската опозиција.

Кастриот Ислами, пратеник од редовите на социјалистите, за „Дневник“ објаснува дека Албанија ги почитува инструкциите што ги добила од Советот на Европа.

- Треба да се прави разлика меѓу закон за лустрација и закон за отворање на досиејата. Тоа се две сосема различни приказни. Во Албанија не успеавме да постигнеме консензус да се отворат досиејата од комунистичкото минато за да се види кои се кодошите - објаснува тој. Имињата на новинари и политичари кои биле соработници на службата, вели Ислами, с` уште се на ниво на шпекулација.

- Се споменуваат псевдоними по весници и интернет-страници, како што е случај во сите земји во регионот. Но дали некој бил шпион не може да се потврди бидејќи досиејата се затворени - објаснува тој. Во Албанија имаше неколку познати писатели како Исмаил Кадаре и Фатос Либоња кои повикаа да се отворат досиејата за писателите.

Тврда и мека лустрација

Лустрацијата во посткомунистичките земји не е применета на униформен начин, туку се применуваат различни решенија. Во зависност од карактерот на мерките и кругот на лица кои се опфатени, се разликува тврда и мека лустрација. Разлика се прави и според тоа дали отстранувањето од јавните функции се врши без оглед на волјата на вршителот на работата (апсолутна лустрација) или му се остава сам да реши да се повлече под притисок на јавното соопштување на податоците за неговата врска со претходниот режим, односно да не се кандидира за јавна функција (поблаг облик на лустрација).

Ивана КОСТОВСКА

Жана П. Божиновска
26-07-2011, 11:33 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(26-07-2011, 11:33 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Како се спроведува лустрациjата во посткомунистичките земjи

Лустраторска чистка на кодошите за подобро утре


[Image: 9F5E97ECC96FD44B9BAA70CD762072E9.jpg]
- Законот беше задоцнет, но неопходен. Тој ги обврзуваше високите јавни функционери или кандидатите за јавни функции (меѓу другите, членови на парламентот, претседателски кандидати и судии) да приложат писмена изјава која потоа требаше да биде проверена од портпаролот за јавен интерес и специјален суд за лустрација. Ако некој сам се изјаснеше дека бил таен информатор, немаше никакви законски последици. Единствено таканаречените „лустрациски лажговци“ добиваа забрана за јавни функции за одреден временски период.

Законот не беше перфектен, но до одреден степен обезбеди транспарентна лустрација - вели за „Дневник“ Александра Кобилинска од Институтот за јавни работи во Полска. Нашата соговорничка објаснува дека од 2006 година Полска има нов закон за лустрација кој е проширен и доверен на Институтот за национално помнење.

Правилата се исти, „позитивна“ изјава не отстранува никого од јавна функција. Единствено лажна изјава резултира со забрана за работа на значајна јавна функција.

............................................................................

- Лустрацијата е неопходен чекор чија цел е „затворање на книгите“ и раскрстување со минатото во посткомунистичките земји. Комунистичкиот режим во голем степен беше заснован на мрежа од тајни информатори кои беа раширени низ целото општество. Единствениот начин да се справи со ова тажно наследство е да се обелодени вистината, но и да бидеме сосема свесни за сите комплицирани последици во секој случај - оценува таа.

Полјаците имаат суд, ние имаме комисија.
Како што велиш Јоцо, комисија за ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА.


‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
27-07-2011, 12:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote: „Драматургот“ не изрежира подобра лустрација




Доцна е да се мисли дека Македонија ќе ја спроведе лустрацијата докрај. Никој не знае што се случува со документите и дали сé уште постојат оригиналите, коментираат познавачите на процесот на лустрација, кој, според законот, треба да заврши во 2019 година



[Image: lustracija-banskoliev1.jpg]
Експертите не гледаат со оптимизам на одвивањето на процесот на лустрација

Дали кодошениот може да биде и кодош, дали некој може да биде соработник без да потпише документ за соработка со тајните служби? Експертите не гледаат со оптимизам како се одвива процесот на лустрација, откако веќе и покрај сите опструкции, законот беше донесен, изменет, а неколкуте случаи кои излегоа во јавноста не беа решени докрај.

Вакво е мислењето на стручната јавност, особено по контроверзниот случај со Владимир Милчин, кој истовремено бил и жртва и кодош на тајните полиции на бивша Југославија.

Сепак, некои од нив сметаат дека сé уште е рано да се проценува ефикасноста на овој процес и дека треба да се остави уште малку време за законот реално да профункционира во практика.

- Законот за лустрација требаше да ги опфаќа само носителите на јавните функции, но со последните случувања како што се третира процесот не влева многу оптимизам дека сето тоа што го наумивме ќе се оствари - вели професорот и политички аналитичар Осман Кадриу.

Професорот прогнозира дека судската разврска со случајот со Милчин ќе биде многу комплицирана. За Кадриу, начинот на кој е изведен случајот на Милчин ги фрла сите, па и него, во тешка дилема дека зад лустрацијата постои одредена политичка заднина.

Според него, за успешно да се одвива лустрацијата и да успее до поставениот рок во 2019 година, потребно е редефинирање на целиот процес, како и на самото конципирање и функционирање на комисијата за лустрација.

- Соработниците на тајните служби што кодошеле поради идеолошки и политички причини за лична корист треба да се бараат само меѓу актуелните функционери или оние што аспирираат кон овие положби, а бесцелно е на проверка пред комисијата за лустрација да поминат и поранешни функционери што се живи, а повеќе не се на функција и долго не се во јавниот живот - дециден е Кадриу.

Професорот резимира дека сепак според обемот на работата на оваа проблематика, комисијата за верификација на фактите најверојатно нема да ја има потребната „кондиција“ докрај за успешно да ја заврши работата за која е создадена, а притоа да внимава да не вметне елементи на политички притисок.
За да се сфати дали во Македонија правилно се спроведува лустрацијата треба да се прави разлика кој навистина бил соработник на тајните служби, а кој можеби нивна жртва, смета Стојан Славески, професор по безбедносни системи на Европскиот универзитет.

- Луѓето што биле регрутирани со закана дека за нив ќе биде откриено нешто од нивното минато биле принудувани да соработуваат. Сметам дека тоа се жртви на службите. Оние, пак, што соработувале, а за тоа добивале пари треба да се дефинираат како вистински соработници - вели Славески.

Филип Петровски, ангажиран активист во процесот за лустрација, смета дека во Македонија никогаш нема да биде спроведена лустрацијата, меѓу другото, затоа што некои од соработниците на тајните служби се во државните институции.

- Во Македонија лустрацијата е фарса. Таа заврши во 1990-тите години. Сега е веќе доцна за сé. Којзнае што сé се случи со документите. Можеби се уништени, можеби се фабрикувани, можно е и да се лажни. Можеби законот за лустрација е само алатка на властите што со компромитирање на сите што не мислат како нив си обезбедуваат покомотно владеење - вели Петровски.

Марјан Маџовски, еден од оние што го пишуваа законот за лустрација, смета дека брзината со која Македонија треба да се соочи со минатото во голема мера зависи и од актуелните политички настани.
- Веќе две години предлагам законот за лустрација да се дополни со поглавја поврзани со процесот на помирувањето и рехабилитацијата на жртвите. Со примената на овој концепт, заедно со заокружувањето на денационализацијата, ќе се затвори минатото и на него ќе работат само историчарите - вели Маџовски.
За него лустрацијата би имала смисла само ако сите што ги прекршувале човековите права добијат забрана определен период да извршуваат јавни функции.

- Може да бидат државни службеници, но не на раководни места. Тие што ги прекршувале човековите права треба да докажуваат дали е тоа вистина или не, а не граѓаните на кои им биле повредени правата - вели Маџовски.

Во Македонија не постојат официјални податоци колку вкупно досиеја воделе тајните служби, ниту, пак, постои податок колкумина од нив имале увид во своите досиеја, дали ги уништиле или, пак, им ставиле забрана за отворање во согласност со законот за увид во досиејата што е претходник на законот за лустрација.


Автор: Александар Србиновски / Искра Опетческа Фотографија: Игор Бансколиев



Што се нема да прочита човек, Филип Петровски, да ти бил ангажиран активист во процесот за лустрација. Човек кој не поднесе тужба притив прогонителите. Човек кој е обвинет од Господинот Олсон дека во Студетските и Средношколските протест учењствувал по налог на СРПСКИТЕ СЛУЖБИ. Човек во чие досие стои дека наводите и индициите се докажана а тоа што СЛУЖБАТА не покре прогон за новинариве не е важно.
Човек кој треба да се лустрира вие прогласувате за АКТИВИСТ ВО ПРОЦЕСОТ ЗА ЛУСТРАЦИЈА. ГОСПОД ДА И Е НАПОМОШ НА МАКЕДОНИЈА кога од ангажман на такви очекуваме лустрација.


27-07-2011, 01:28 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

a vidis cudna rabota komisijata seuste ne e izlezena so imeto i prezimeto na dramaturgot....
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
27-07-2011, 03:36 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(27-07-2011, 03:36 PM)barba Wrote: a vidis cudna rabota komisijata seuste ne e izlezena so imeto i prezimeto na dramaturgot....

Изгледа дека чекаат самиот да си ја види мувата на капата.
Тоа им е методот на работа.
И претходните ги најавија прво за да се створи тензија во јавноста.
На народот да му го опипаат и дигнат пулсот.

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
27-07-2011, 05:03 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(27-07-2011, 01:28 PM)ЈорданПетровски Wrote: Што се нема да прочита човек, Филип Петровски, да ти бил ангажиран активист во процесот за лустрација. Човек кој не поднесе тужба притив прогонителите. Човек кој е обвинет од Господинот Олсон дека во Студетските и Средношколските протест учењствувал по налог на СРПСКИТЕ СЛУЖБИ. Човек во чие досие стои дека наводите и индициите се докажана а тоа што СЛУЖБАТА не покре прогон за новинариве не е важно.
Човек кој треба да се лустрира вие прогласувате за АКТИВИСТ ВО ПРОЦЕСОТ ЗА ЛУСТРАЦИЈА. ГОСПОД ДА И Е НАПОМОШ НА МАКЕДОНИЈА кога од ангажман на такви очекуваме лустрација.


Јоцо, тој не е за џабе тука, ако промислиш оној коментар за диференцијација и држи вода.
Филип е дечко који обеќава.
Момак зе све потребе и све тимове.
Прв трубадур, од оркестарот на Удбашки трубадури.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
27-07-2011, 05:08 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

(27-07-2011, 05:03 PM)montehristo Wrote: Изгледа дека чекаат самиот да си ја види мувата на капата.
Тоа им е методот на работа.
И претходните ги најавија прво за да се створи тензија во јавноста.
На народот да му го опипаат и дигнат пулсот.

sve e mozno... da se izleta kako prle pred magare...
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
27-07-2011, 10:36 PM
Reply
Nikola Jelovac Offline
Member
***

Posts: 56
Joined: Jul 2011
Reputation: 0

(27-07-2011, 10:36 PM)barba Wrote:
(27-07-2011, 05:03 PM)montehristo Wrote: Изгледа дека чекаат самиот да си ја види мувата на капата.
Тоа им е методот на работа.
И претходните ги најавија прво за да се створи тензија во јавноста.
На народот да му го опипаат и дигнат пулсот.

sve e mozno... da se izleta kako prle pred magare...
Да, баш “све“. На пример, можно е да немаат никакви конкретни докази, но во меѓувреме ќе ги искористат медиумите ( читај: ТВ и “дневне новине“ Латас) за максимално да го оцрнат својот противник.
28-07-2011, 01:13 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

(28-07-2011, 01:13 AM)Nikola Jelovac Wrote: Да, баш “све“. На пример, можно е да немаат никакви конкретни докази, но во меѓувреме ќе ги искористат медиумите ( читај: ТВ и “дневне новине“ Латас) за максимално да го оцрнат својот противник.

znaci milcin e cist???
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
28-07-2011, 03:30 AM
Reply