Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

Еве, уште една потврда:

Quote:Дефектна лустрација
понеделник, 07 март 2011, 17:27


Актуелната политичка гарнитура се заштити. Ветувањето дека со законот што го предложија Силвана Бонева и Рафис Алити, конечно ќе се разобличи соработничката структура стационирана во политиката паднаа во вода. Според реновираниот закон за лустрација, постојниот пратенички состав, министрите и државните функционери никогаш веќе нема да одговараат дури и ако постојат докази дека некој од нив бил полициски кодош кој шпионирал во периодот на транзиција.
Нивната кодошка активност по 1991 нема да биде преиспитувана и покрај тоа што тоа е обврска за сите лица што отсега па натаму ќе бидат опфатени со процесот на лустрација. Извори од Комисијата за АЛФА велат дека се работи за сериозен пропуст што ја доведува во прашање смислата на македонската лустрација и ги става граѓаните во нерамноправна положба. Претседателот на Комисијата не сака да ги коментира дефектите во новиот закон за лустрација.

„Дали законот има фалинки или не тоа не е наша работа. Ние имаме обврска да го спроведеме законот таков каков што е“, вели Томе Аџиев претседател на Комисија за лустрација.

Измените на законот официјално стапија на сила. Втората сериозна аномалија со која се соочуваат лустраторите се поранешните функционери. Ниту постои некаков регистар, ниту во законот се споменати органите од кои треба да се бараат списоци на сите лица што од 1944 година биле на некоја функција а во рок од триесет дена сите тие треба да се лустрираат.

Извори од Комисијата за АЛФА тврдат дека измените што ги предложија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се направени на таков начин што практично ја оневзоможуваат лустрацијата и го дезавуираат целиот процес, замислен како обид македонската демократија да биде исчистена од сите оние што преку кодошење и соработка со тајната полиција дошле на функција во општествената хиерархија.

Среќко Поповски

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=34617
07-03-2011, 06:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Фрчковски, бидејки поднесе изјава како председателски кандидат не подлежи на новиот закон. Грујо патриотот носи закон да ја растури УДБа, кого лаже ......



Quote:"Најголемите јавни поборници за смена на името се господата Црвенковски, Фрчковски, Милчин, Геровски... Луѓе на кои сценариото за разнебитување на Македонија и осакатување на секоја можност за стабилна независна држава изготвено од полициско-политичко подземје им е доделена улога на предавници. Предавници врз кои вие господине Груевски играјќи ја вашата улога од истото сценарио треба да изградите лик на патриот и еднинствен чувар на Македонија. На зборови тоа одлично го правите, но делата ве откриваат.
За првите двајца моето досие и документите кои јавно ги нудам даваат несоборливи докази - Црвенковски бил премиер-наредбодавач, а Фрчковски министер -извршител на прогонот на политички и идеолошки неистомисленици од ВМРО-ДПМНЕ. Со помош на овие документи можете ИНСТИТУЦИОНАЛНО да ги елиминирате од политичката сцена за сите времиња, и притоа за тоа да добиете честитки и признанија од меѓународната заедница, како човек кој го разбира проблемот на системот и го урива последниот комунистички бастион на Балканот."
07-03-2011, 07:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Стара комунистичка игра. Едни велат вака други инаку а времето онаа најбитно за Груица врви.



Quote:Лустрација - куртулија ли актуелните политичари?
08.03.2011 - 16:36 |



До кога се лустрирани актуелните македонски функционери? Координаторот на пратеничката група која ги предложи измените во законот за лустрација и првиот лустратор во Македонија со спротивни ставови.

Додека Бонева смета дека секој функционер е лустриран до моментот кога ја поднел изјавата дека не бил соработник на тајните служби, Аџиев е јасен.

Комисијата не проверувала податоци кои датираат по 91 година.

Јазот меѓу законодавецот и оној кој е задолжен да ја спроведува легислативата се продлабочува. Додека за Бонева, никој нема да биде амнестиран од кодошење во независна Македонија, Претседателот на Комисијата за Лустрација дециден.

Кој поминал поминал, назад нема.

Во вакви околности, за веќе лустрираните, никој прецизно не може да потврди дали кодошеле во периодот од 1991 година до денеска.

За оние кои сега ќе бараат потврда од лустраторите, Комисијата ќе ги проверува до денот на поднесување на изјавата.

Меѓу нив, покрај поранешните функционери од 44 до денеска, новинарите и свештениците, нема да се најдат и 1.400 веќе лустрирани актуелни политичари и над 600 судии.

Александар Спасовски
08-03-2011, 08:31 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6

Никовски: САД не се стратешки сојузник
Горазд Чомовски Коментари (0)
08.03.2011 19:00



Дали антиамериканизмот чука на врата во Македонија? Последниот напис на амбасадорот Никовски, критикувајќи го директно амбасадорот Филип Рикер е проследен до Стејт Департментот и до канцеларијата на потпретседателот Бајден.

Не само амбасадорите Рикер и Фуере, туку и добар дел од странски дипломати излегуваат од својот мандат, мешајќи се во внатрешните работи на државата.

Не е вообичаено дипломат да кажува кој со кого да коалицира, или јавно да инсистира да го смениме името, вели амбасадорот Ристо Никовски за А1.

На овој начин тој го проширува списокот на таканаречени непожелни западни дипломати. Претходно Никовски во весникот „Нова Македонија“ побара американски амбасадор Рикер да биде прогласен за персона-нон грата при тоа, критикувајќи го и однесувањето на Фуере.

„Не може да се каже дека името не е идентитетот. Идентитет без име нема. Тоа значи дека на тоа клучно прашање, преку кое се реализираат и блокади и уцени во врска со нашето интегрирање во евроатлантските асоцијации, значи дека САД се на страната дека ние треба да се прекрстиме, и дека само така може да ги отвориме нашите перспективи“, рече Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Значи САД не се наш стратешки партнер?

„За жал не може да се каже“, вели Никовски.

Тогаш кој е наш стратешки партнер?

„Тоа е друго прашање - дали имаме воопшто стратешки партнер“, додава Никовски.

За изнесените ставови на Никовски кај се огласи и кабинетот на шефот на државата:

„Претседателот Иванов, лично во неколку наврати има истакнато дека ставовите на Амбасадорот Никовски не ги одразуваат ставовите на Претседателот на Република Македонија. Амбасадорот Никовски е член на Советот за меѓународни односи, неформално тело на Претседателот на Република Македонија, каде што домашни и странски експерти изнесуваат свои сопствени ставови и мислења по разни теми.

- Ниту еден член од Советот за меѓународни односи не е овластен и не може да зборува во името на Претседателот“.

Сепак во реакцијата од кај македонскиот претседателот нема никаква осуда за колумната на Никовски.

Лидерот на ДУИ денеска се обиде да го амортизира директниот атак врз американскиот амбасадор.

„Мислам дека текстовите на публицистите се нивни лични мислења и тоа не е ниту државен, ниту владин став, а антиамериканизмот не е мислење или став ниту на граѓаните на Македонија“, рече Али Ахмети претседател на ДУИ.

Истата политика може и САД да ја направат и условно кажано, да ги проблематизираат и прекинат дипломатските односи со Република Македонија?

„Тие немаат основа за такво нешто. Напротив, ние можеме да реагираме и треба да реагираме поостро, кога странските дипломати во земјава се однесуваат надвор од својот мандат“, изјави Никовски.

МНР молчи, додека од амбасадата на САД велат дека со нетрпение очекуваат да слушнат како за овој последен напад ќе реагира македонската Влада. Колумната на амбасадорот Никовски следи само неколку денови по отвореното писмо упатено до Брисел на група новинари кој важат за блиски власта во кое силно и најдиректно се критикува и оцрнува работата на амбасадорите Фуере, Филипини и европратеникот Талер.
08-03-2011, 09:04 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6

Талер: Лектира за Мирка, Латас и Миленко
Тања Милевска Коментари (0)
08.03.2011 18:51



Зоран Талер им препорачува лектира на Мирка, Миленко, Латас и компанија во неговиот одговор на нивното невкусно писмо до Европскиот Парламент во кое тие ги вреѓаа и напаѓаа речиси сите амбасадори и европратеници кои највеќе и помогнале на Македонија во изминатите години.

Талер ги повикува петтемина на отворено соочување и дебата.

На писмото на Латас, Мирка, Миленко и компанија, европратеникот денеска одговори смирено и со факти, потсетувајќи на неколку основни принципи.

„Вашето писмо отвора многу прашања“, пишува Талер.

„Легитимно е да се запрашаме зошто една група независни новинари би имала потреба да испраќа писмо со толку политизирана и идеолошка содржина до пратениците во ЕП.

- Новинарите и уредниците имаат задача да се осигураат дека новинарските професионални стандарди се почитуваат“.

Во писмото во кое петтемина странците ги нарекуваат непријатели на Македонија потсеќа на некои други времиња, вели Талер.

„Во минатото некои режими биле многу инвентивни во постојаното измислување внатрешни и надворешни непријатели на државата. Успешните демократии се способни да разговараат за проблемите додека авторитарните режими имаат постојана потреба да ги истакнуваат своите „успеси“. Се надевам дека Македонија нема да тргне по тој пат“, им пишува Талер.



Тој потоа им одржува куса лекција за тоа што значи членство во ЕУ, како функционира оваа организација и потсетува дека процесот на зачленување во Унијата се темели на низа договори и документи кои се достапни и транспарентни.

Тој се согласува дека работата на дипломатите може да биде предмет на критика. Но не и да се нарекуваат „непријатели на Македонија“.

Известувачот за Македонија понатаму пишува и за неколку непријатни искуства што ги имал со некои медиуми во земјата кои погрешно ги пренесувале неговите изјави.

За крај, Талер на петтемина потписници на невкусното писмо им препорачува да се фатат за книга и да ја прочитаат „Злосторство во 19.30“ , „балканските медиуми во војна и во мир“ на Кемал Курспахиќ која „елоквентно образложува, колку катастрофална улога може да одигра „активистичкото новинарство“ во едно општество“.
08-03-2011, 09:05 PM
Reply
razurnuvac Offline
Senior Member
****

Posts: 376
Joined: Mar 2010
Reputation: 6

Pogore dvata teksta kazuvaat deka akterite ,izemajki go Gejson Miko ,se zaplaseni od LUSTRACIJA i vaka si pomagaat mu se odolzuvaat na najprvo na licno na NIKOLA GRUEVSKI kako premier i lider na vmro-dpmne i na site koi sakaat i baraat LUSTRACIJA vo RM .E pa nazdravje so sreka izbori.
08-03-2011, 09:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:KАМПАЊА СО НОВ БРАН КОДОШИ

Лустрацијата паквлегува во игра

Измените на Законот за лустрација, кои стапија во сила вчера, се донесени за да се искористат за политичка егзекуција во предизборната кампања. Од вчера, лустрацијата е со важност од август 1944 година до 2019 година, а зголемена е и групата лица што ќе се проверуваат дали биле соработници на службите. Поради тоа, изјави мора да поднесат и новинарите, академиците, адвокатите, лицата од високообразовните институции и од политички и верски организации. Ќе бидат лустрирани и поранешните политичари, кои имаат еден месец да дадат изјави дека не биле кодоши. - Очигледно, некој сака повторно да ја врати лустрацијата на насловните страници. Овој процес така го почнавме, а така и ќе заврши. Не случајно прво ќе се лустирираат бившите политичари, за тој процес да се употреби во кампањата. Работата е проѕирна. Повторно ќе се пласираат валканици во јавноста, кои, додека се проверат, ќе поминат изборите - вели универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, кој е и поранешен прв човек на военото разузнавање. Според него, по усвојувањето на законските измени, мора да се постави и прашањето кој сака да ја растури полицијата, односно да ја однесе државата во анархија затоа што сега веќе никој нема да сака да соработува со полицијата, однапред знаејќи дека ќе биде јавно жигосан. И пензионираниот професор Иван Бабановски, кој своевремено бил и началник на поранешната УДБ, смета дека е бесмислено лустрацијата да се однесува на периодот до 2019 година, како што сега предвидува Законот. - Ова е класична закана со фингирање нови досиеја, кои ќе се користат за дисквалификација во кампањата. Кој ќе се одбрани од нападот ако шефот каже да се монтира досие за него? Тие ќе ви сместат и ќе ве уништат, а вие после докажувајте дека е фалсификат. Ова е закон за злоупотреби. А, што ако јас ви кажам неколку сопственици на телевизии и генерални секретари на партии кои соработувале со УДБ, за што постојат докази - прашува Бабановски.



Бабановски е меѓу првите кои треба да подлежи на кривичен прогон за соработка со странски служби.


Quote:Иван Бабановски е човек кој кариерата ја изградил врз прогон на Македонци, посебно ВМРО-вци, кои биле и се за Демократска, Суверена и Самостојна Македонија, денеска наместо Бабановски да седне на обвинителната клупа тој повторно е во улога на заштитник на злосторниците. Вели досиеата се прочистени, ги нема досиета на главните, ги нема соработниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Не е точно. Еве зошто. На секое досие на првата страница се напишани имињата на луѓето кои по службена должност го работеле тоа. Иван Бабановски и тие како него се извршителите . Луѓето кои ги ангажирале кодошите и луѓе кои примале наредби од надредените. Значи Иван Бабановски и тие како него се клучот за да се открие се.
Од првата страница на досието на Дане Поповски се гледа кои се ИЗВРШИТЕЛИТЕ, тие знаат од кого добивале наредби-деловодните книги не се УНИШТЕНИ. Таму се заведени сите одлуки и решениа. Сите информации кои сме ги добиле говорат дека КНИГАТА НА СОРАБОТНИЦИТЕ-КОДОШИТЕ не е уништена.
08-03-2011, 10:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

И власта призна дека ги заштитила Фрчко и бандата:



Quote:Власта си ги заштити „кодошите“

вторник, 08 март 2011, 16:46

Пратеничката Бонева потврди дека е заштитена. Ниту таа, ниту нејзините колеги од Собранието, министрите во Кабинетот на Груевски и останатите функционери што се лустрираа по стариот закон нема да одговараат ако кодошеле од 1991 година до денеска. Нивните досеија се чисти, но само за време на комунизмот.

„Во законот не е предвидено дека тој кој што го поминал тој филтер треба повторно да биде подложен на процесот на лустрација. Така, овој процес би се одвивал во недоглед, вели Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Таа смета дека „сите оние што го имаат поминато процесот на лустрација и имаат добиено уверенија се лустрирани до моментот кога ја поднесле изјавата“.

Покажувајќи елементарно непознавање пратеничката по чиј предлог беа донесени измените на законот тврдеше дека нејзиното уверение важи и за периодот во транзицијата, заборавајќи дека Уставниот Суд ја забрани лустрацијата после 1991 година со образложение дека по независноста и донесувањето на Уставот на самостојна Македонија, граѓаните чии права се повредени имаат можност да ги заштитат во судска постапка.

Потврда за овој факт имаат и во Комисијата за лустрација. Барале од органите задолжени да им достават информација за функционерите за кои се појавил сомнеж дека соработувале со тајната полиција по осамостојувањето, но, токму тие, реферирајќи се на одлуката на Уставниот Суд одбивале да им дадат податоци, со укажување дека таквата проверка не е во надлежност на лустраторите.

Претседателот на Комисијата за лустрација вчера за АЛФА потврди дека со ревидираните законски одредби, актуелните функционери нема да бидат санкционирани доколку кодошеле по 1991 година.

„Дали законот има фалинки или не тоа не е наша работа. Ние имаме обврска да го спроведеме законот таков каков што е“, вели Томе Аџиев претседател на Комисија за лустрација“.

Во однос на втората аномалија која се однесува на прочистување на бившите, т.н. комунистички функционери, извори од Комисијата сугерираат дека Бонева и нејзините колеги од власта коишто ги предвидоа измените, треба да го ревидираат и името на законот, кој според оваа бесмислена одредба не смее да биде насловен како закон за исполнување дополнителен услов за вршење јавна функција, оти никој од нив не конкурира на некоја позиција. Постапката за лустрација на лицата кои во минатото биле на некоја општествена функција е во тек. Во рок од триесет дена непозната бројка на бивши функционери мора да побараат од лустраторите да им издадат уверение дека не биле полициски кодоши.

Среќко Поповски
09-03-2011, 08:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Илјадници ексфункционери на детектор за кодоши

Ќе се лустрираат и партиите, верските заедници, невладините, новинарите кои допрва ќе бидат повикувани преку јавен оглас

Оливера Војновска

Македонската лустрација добива фантастични димензии. Во текот на март сите живи поранешни функционери, почнувајќи од 2 август 1944 година (АСНОМ) до денес, ќе треба да поднесат изјави до Комисијата за лустрација дека не биле соработници на тајните безбедносни служби. Независно што овие личности веќе не се на јавна функција, тие ќе мора да депонираат вакви изјави заверени на нотар (лично во Комисијата или по пошта). Во спротивно, ќе платат глоба од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност. Тоа може да го сторат најдоцна до 5 април, односно во рок од 30 дена од стапувањето во сила на измените на Законот за лустрација - 5 март.

Во Лустраторската комисија немаат информации за колку луѓе станува збор, а такви податоци не беа кажани ниту кога пред десетина дена се изгласаа измените на Законот во Собранието. Лустраторите допрва ќе анализираат со колку изјави ќе се соочат.

Според политичките посматрачи, со оглед на тоа што со лустрацијата се опфатени сите некогашни носители на јавни функции на локално и на државно ниво, судии, обвинители, се проценува дека станува збор за илјадници лица што минале низ овие институции во изминатите 67 години. Меѓу оние што ќе се лустрираат ќе бидат и експретседателот Киро Глигоров, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, и експремиерите Љупчо Георгиевски и Хари Костов, поранешниот претседател на Собранието, Саво Климовски, поранешните министри, функционерите во некогашните ЦК, Извршен совет, ССРНЈ, борците...

Претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, вели дека немаат сознанија колку бивши функционери има во државата. „Веројатно станува збор за поголем број. Ќе побараме од сите институции да ни достават списоци, па ќе видиме“, ни рече Аџиев. Тој не очекува гужва во просториите на Комисијата за лустрација на 17. кат во зградата на МРТ. „Постапката за давање изјава оди брзо, а изјавите може да се испратат и по пошта“, појаснува Аџиев.

Процесот што стана предмет на потсмев и од кој досега како единствена жртва излезе само еден уставен судија, станува задолжителен и за раководствата на политичките партии, верските заедници, невладините организации, новинарите што ќе бидат повикувани преку јавен оглас во медиумите. Исто така, Комисијата за лустрација ќе води регистар за оние за кои ќе утврди дека соработувале со службите од идеолошки и кариеристички причини. Лустрацијата ќе се спроведува до 2019 година, до кога е важноста на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција.

Всушност, самиот наслов на Законот е во спротивност со определбата да се лустрираат луѓе што веќе не се на функција. Концептот на ваквата масовна, општа лустрација, која ќе ја избегнат само оние што не се меѓу живите, наиде на критики во експертската јавност. Универзитетскиот професор и експерт за човекови права, Мирјана Најчевска, проширувањето на периодот на лустрација и на опфатот на лицата неодамна го оквалификува како „малоумно решение“ и се заложи за укинување на лустрацијата. „Овој Закон треба веднаш да се укине, а не да се менува. Бидејќи неговата селективна примена води во лов на вештерки, сеење страв и закани. Со законски измени уште повеќе се засилува демонстрацијата на една застрашувачка Орвеловска власт“, коментираше Најчевска во изјава за „Утрински“. (О.В.)

#
10-03-2011, 01:45 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(10-03-2011, 01:45 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Во Лустраторската комисија немаат информации за колку луѓе станува збор, а такви податоци не беа кажани ниту кога пред десетина дена се изгласаа измените на Законот во Собранието. Лустраторите допрва ќе анализираат со колку изјави ќе се соочат.

Ho ho ho Merry Christmass! Icon_twisted Of course дека нема да се знае колкумина ќе бидат “опфатени“ со лустрацијата (вклучително и нулата како исход, математички и логички).
Quote: Меѓу оние што ќе се лустрираат ќе бидат и експретседателот Киро Глигоров, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, и експремиерите Љупчо Георгиевски и Хари Костов, поранешниот претседател на Собранието, Саво Климовски, поранешните министри, функционерите во некогашните ЦК, Извршен совет, ССРНЈ, борците...
ho ho ho Merry FUCKING Christmass! ММмммммилина кои се` ќе бидат опфатени- АКО БИДАТ ОПФАТЕНИ!

Нешто што сепак загрижува:
Quote:Постапката за давање изјава оди брзо, а изјавите може да се испратат и по пошта“, појаснува Аџиев.
Во превод, нема многу да се препотуваат во комисијата...Smajlito
А за долново, само може да се каже “дај Боже, дај Боже“:
Quote:Процесот што стана предмет на потсмев и од кој досега како единствена жртва излезе само еден уставен судија, станува задолжителен и за раководствата на политичките партии, верските заедници, невладините организации, новинарите што ќе бидат повикувани преку јавен оглас во медиумите. (О.В.)
Мирјана Најчевска, bite me. можеш за малоумен да го сметаш овој противудбашки процес само ако си и ти врзана во орото. И тоа каде госпожата објавила колумна? Во Утрински... паф паф паф...

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
10-03-2011, 08:11 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Хаха, баш да ја видиме фондацијата Отворено Општество колкумина ќе излиста во самопријавата- ако излиста било кого до законскиот рок...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
10-03-2011, 08:14 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

Христо, што мислиш твојата мила А1 колку новинарчиња зрели за лустрација храни?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
10-03-2011, 08:16 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-03-2011, 08:16 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Христо, што мислиш твојата мила А1 колку новинарчиња зрели за лустрација храни?



Јас ке одговорам малку пошироко.

Сите новинари од Нова Македонија и Вечер кои се сеуште активни и сите уредници од Македонската Радио и Телевизија.

Дали на случаен уредник ке му го дадеа да го води радио дуелот помеѓу Киро Глигоров и Љубиша Георгиевски.??
Да се потсетиме, соочувањето го водеше Чомовски.
10-03-2011, 02:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-03-2011, 08:11 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Меѓу оние што ќе се лустрираат ќе бидат и експретседателот Киро Глигоров, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, и експремиерите Љупчо Георгиевски и Хари Костов, поранешниот претседател на Собранието, Саво Климовски, поранешните министри, функционерите во некогашните ЦК, Извршен совет, ССРНЈ, борците...



Глигоров правел листи за ликвидација
Во врска со историската димензија на злоупотреба на судењето, пресудата и егзекуцијата, најдобро зборува следниов пример. Станува збор за цитат од книгата Македонија е сè што имаме на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Во својата мемоарска литература Глигоров признава дека во 1944 г. дал мислење и писмена изјава за ликвидација на Чкатров, Ѓузелов и Китинчев пред тие да бидат осудени.
10-03-2011, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Видување на Павле Трајанов за Грујовиот нов закон за лустрација:


Quote:Какви ефекти очекувате од измените во Законот за лустрација, со кој сега ќе биде опфатена без малку половина нација и период од околу 75 години?



Големи се очекувањата од лустрацијата, но нема политичка волја таа да се изведе на начин на кој се изведе пред 20 години во повеќе посткомунистички држави. Кај нас лустрацијата повеќе се подразбира како инструмент за политичка пресметка со политичките противници, отколку како процес за „прочистување“ и расчистување со минатото. Широкиот опфат на лица за лустрација само го релативизира овој процес. Се плашам дека џелатите од еднопартискиот систем ќе се претстават како жртви и така се' ќе се измеша. Жалам што не се прифати во измените на законот да бидат предмет на лустрација и носителите на највисоки функции, кои користејќи информации од тајните служби и соработниците носеле одлуки со кои ги кршеле правата на граѓаните. Не очекувам во државата ништо позначајно да се промени и постигне, доколку паралелно со лустрацијата не се одвива и процес на рехабилитација на жртвите од едноумието.
14-03-2011, 02:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Не очекувам политички притисоци


[Image: lookup]
Интервју, Томе Аџиев, претседател на Комисија за верификација на факти

23 март 2011
разговара Фросина Факова


По спротиставените изјави со владејачката партија, во однос на тоа до кој период се лустрирани актуелните политичари, претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев во интервју за „Форум“ вели дека неговата изјава дека актуелните политичари се лустрирани до 1991 година била погрешно протолкувана. Зборува за процесот на лустрација, дали Македонија со само еден официјален кодош е најнекодошката држава и кој е „за“, а кој „против“ лустрацијата


Форум: Во јавноста се создаде забуна околу тоа до кога се лустрирани актуелните функционери. Координаторката на пратеничката група на владејачката партија, Силвана Бонева вели дека секој актуелен функционер е лустриран до моментот кога ја поднел изјавата, а Вие велите дека актуелните политичари се лустрирани до 1991 година. Која е вистината?

Аџиев: Не беше така, така беше протолкувано од еден новинар. Актуелните политичари кога ги доставија изјавите немаше забрана во законот, односно немаше одлука на Уставен суд, со којашто крајниот рок на важење на законот беше укинат. Тие ги дадоа изјавите согласно првата верзија на законот, односно пред одлуката на Уставниот суд. Меѓутоа, ние целосно ги проверивме тие изјави, тие се чисти изјави, воопшто не најдовме соработник меѓу актуелните политичари. Комисијата со одлуката на Уставниот суд дојде до една ситуација после која, веројатно, се направи измената на законот, за појаснување на крајниот рок на важење на законот. Во првобитната верзија на законот, процесот на лустрација беше предвиден, од периодот на донесувањето на декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија до влегување на сила на овој закон. Ова „до влегување во сила на овој закон” беше укинато од Уставниот суд и крајна граница немаше. Дојдовме до една ситуација да не знаеме до кој рок е крајната граница. Меѓутоа, ги проверувавме изјавите целосно. Четирите институции со кои соработувавме го проверуваа цел период, доколку се утврдеше дека некој од нив бил соработник во периодот по 1991 година, тогаш веројатно ќе се отвореше дебата до кога важи законот. Меѓутоа овие изјави се целосно проверени и нема за нив дилема. Сите се чисти.

Сега со новите измени, ќе се лустрираат и поранешните функционери кои се живи, имате ли бројка, колку поранешни функционери треба да поминат низ филтерот на Комисијата?

Сега сме во постапка на доставување на соопштенија до јавните медиуми , да ги потсетиме сите поранешни политичари кои се живи дека имаат обврска да поднесат таква изјава. Исто така, ќе се обратиме до сите сегашни органи на Македонија, како правни следбеници на поранешните органи, да ни достават евентуално кои биле носители на функција во минатиот период во нивните институции. Исто така, ќе се обратиме и до други органи, како Фондот за пензиско осигурување, таму ќе се види колку од политичарите се пензионирани и земаат сега пензија. Ќе дојдеме до таа бројка.

Дали очекувате да се создаде хаос, со оглед на големиот број изјави коишто ќе пристигнат во Комисијата за лустрација?

Хаос нема да се создаде бидејќи овде службата си функционира, изјавите се примаат, евидентирани се и класифицирани. Постепено ги работиме, ќе биде маку поголем обемот, но ќе ги сработиме. Поранешните функционери треба да ги достават изјавите до 5 април, односно во рок од 30 дена од стапувањето на сила на измените на законот. Во моментот тече рокот за новинарите во Македонската радио телевизија и Советот за радиодифузија, додека, пак, за новинарите од приватните медиуми, пишни и електронски, ќе дадеме дополнително рок кога ќе бидат опфатени и истите треба да достават изјава. Сите новинари ќе треба да достават изјава, без разлика дали биле родени во тој период. Сега со измените, законот важи до 2018 година.

Како гледате на целиот процес на лустрација? Веќе има доста критики дека лустрацијата се претвори во лов на вештерки, сеење на страв и закани? Не е ли чудно што Македонија има само еден официјален кодош, што води кон тоа дека сме најнекодошката држава?

Значи, треба да се сфати една работа, законот се применува нецели две години, а во меѓувреме неколку месеци имавме застој во работата заради одлуката на Уставниот суд. Имавме и времена мерка, кога не смеевме да постапуваме. Бевме блокирани. Втора работа што треба да се земе предвид околу големиот број на верифицирани изјави е тоа што станува збор за лица кои се претежно млади. Дури сега ќе влезат во процедура, носители на јавни функции или поранешни носители на јавни функции кои се во поодминати години, кои потенцијално би можеле да бидат соработници во тој период. Објективно, тоа беа релативно млади луѓе, кои немале можност да бидат соработници. Затоа бројката на официјални кодоши е мала, односно еден.

Но, во јавноста се создава сомнеж колку овој процес се води чесно и искрено?

Не се создава сомнеж во целиот процес од страна на институциите на државата. Најмногу се сее магла од некои коишто се интимно заинтересирани да не се спроведе процесот на лустрација, бидејќи некои нивни блиски или самите се засеганти или ќе се отвори процес за нив и сега тие тивко пуштаат некакви сомневања. Некои луѓе се секогаш против, некои го бранат процесот на лустрација. Зошто токму тие луѓе го напаѓаат, зошто токму тие луѓе го бранат? Така ќе видите кои се заинтересирани, а кои не се.

Во врска со Трендафил Ивановски, кој сега е единствениот официјален кодош, стигна ли одлуката од Врховниот суд до вас? Како ќе оди постапката со оглед на тоа што Ивановски најави дека нема да даде оставка и тврди дека Собранието нема уставна можност да го разреши?

Одлуката на Врховниот суд стигна кај нас. Согласно законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција, не разрешуваме, туку Комисијата само верифицира факти, однсоно утврдува дали некое лице, носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција, бил соработник или не бил соработник, односно дали изјавата која ја има доставено, писмено, заврена на нотар до Комисијата е вистината или не е вистинита. Во конкретниот случај, Комисијата утврди дека изјавата на Трендафил Ивановски не е вистинита и не можевме да ја верифицираме. Донесовме заклучок со кој утврдивме дека изјавата на Трендафил Ивановски не е вистинита. Тој имаше право да се произнесе за тој заклучок, тој се произнесе, не го призна нашиот заклучок. После тоа донесовме решение со кое утврдивме дека тврдењето на подносителот на изјавата не е одговара на изјавата и тоа решение тој го приговараше, односно, поднесе тужба до Управниот суд. Управниот суд му ја одби тужбата, како и Врховниот суд потоа. Сега нашето решение стана конечно и го доставивме до Собранието на Република Македонија и тоа сега е во нивна надлежност. Констатиравме дека Трендафил Ивановски не го исполнува условот за вршење на јавна функција. Тоа сега ќе си го расчистува Собранието, тука нашата работа заврши.

Се предвидува ли и друга можност за разрешување на Уставен судија?

Согласно член 48 од законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, за дадена лажна, заврена писмена изјава од членот 6 од овој закон, лицето сноси последици согласно Кривичниот законик на Македонија. За ова се предвидува казна затвор од една до три години.

Очекувате ли политички присоци?

Не, не очекувам политички притсоци врз Комисијата.

А до сега сте имале?

Не.

Колку од изјавите досега биле спорни или за колку од изјавите имало прегласување?

Не. Тоа што излезе во јавноста, не се работеше за спорни изјави, се полемизираше во Комисијата за некои технички прашања. Дали да застанеме тука, да ја прекинеме постапката или да одиме понатаму, во таа смисла. Инаку, не беше во смисла на тоа дали некој бил соработник или не бил соработник, такви полемики не се воделе.

Имало ли спорни изјави досега?

Не, засега нема. Сите членови на Комисијата правилно постапуваат, ги ценат фактите многу добро и Комисијата се уигрува во гледањето на нештата, добро ги гледа работите. Во почетокот Комисијата беше нова, имаше многу работи кои требаше да се почнат одново, да се види кај ќе се оди. Засега, задоволен сум од работата на Комисијата.

Што е со досиејата на соработниците со службите од поранешниот систем? Претседателот беше во Белград, разговараше со неговиот колега околу ова прашање, но се уште ништо?

Тоа не е во надлежност на Комисијата, тоа треба да го реши Република Македонија во соработка со другите држави наследнички на поранешната СФРЈ. Како ќе го решат тоа, така и ќе постапува Комисијата. Како Комисија немаме можност да се обратиме до странска држава. Доколку Македонија склучи меѓусебен договор со другите држави, па ги разменат архивите, па тие досиеја станат наши, тогаш Комисијата ќе ги разгледа досиејата.

Колку овој закон задира во човековите права однос придонесува за повреда на човековите права и слободи?

Кој се смета за соработник кај нас согласно овој закон? Тој што од политички и идеолошки причини правел штета и прибавил за себе некоја корист. Значи, некој бил жртва согласно поранешните дејствувања на соработниците. Во тоа време имало и цврсти луѓе кои не прифатиле. И еден професор вели, не е целта на лустрацијата да се осудат овие луѓе, туку да ги остраниме, да не прават повеќе штета. Да се тргнат, системот да ги острани, да рече вие сте расиплива роба, не смеете веќе да се бавите со политика, оти правите штета. А, не дека сега ќе ги ставиме на столбот на срамот, ќе ги судиме и ќе ги осудиме. Тоа не е целата на законот. Меѓутоа, тие во одреден период правеле штета на некого. Некои семејства страдале од нивото делување. Некои од жртвите се се уште живи. И во тоа време, постоеле многу и што паднале во затвор затоа што не прифатле соработка. Што да кажеме за тие луѓе? Некој црпел привилегиии затоа што прифатил соработка, а некој не прифатил, па доживувал трауми. Споредете која е подобра личност, да ја оцениме од денешен аспект. Да не паднеме сега ние во една депресија како систем, што ќе им се случи на овие луѓе бидејќи такво било времето. Па, и за други било такво времето, па не профатиле соработка.

23-03-2011, 10:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-10-2010, 05:05 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Во последните неколку дена сме бобардирани со вакви изјави:


Quote:Тадиќ позитивно реагирал за барањето на Иванов за пристап до досиејата

21.10.2010 - 16:52 | Македонија

Позитивни реакции од кабинетот на српскиот претседател Борис Тадиќ по вчерашното барање на шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов да се почитува договорот за сукцесија и да им се овозможи на македонските институции пристап до архивите во Белград.


За да се овозможи досиејата на македонските кодоши на КОС и УДБА да стигнат до комисијата за лустрација, Тадиќ посочил на српските институции кои имаат надлежност во оваа постапка.


Но еве малку од ВИСТИНАТА:

Quote:Отворање на архивите на УДБА во Белград - комплексно

Весна Коваческа - Трпчевска


20.10.2010 19:14
Виктор Габер


Прашањето дали Македонија може да ги добие досиејата од Белград за соработниците со тајните служби е пред се политичко и не треба да се очекува дека ќе биде решено со договорот за сукцесија.

Виктор Габер, амбасадор во македонското МНР задолжен за сукцесијата, лоцира два проблематични момента околу надежите за добивање на документацијата.

Клучното според Габер е што Македонија ќе добие како документација во евентуалната таква постапка.

„Точно е дека договорот во анексот го предвидува достапност до архивите што се наоѓале во сојузна надлежност. Но дали таму се легнати сите документи - или дел од нив се се уште во службите во Србија. За нивно отстапување во архивите, се потребни некаде 30 некаде 50 години“, објаснува Виктор Габер за А1.

Прашањето е сложено бидејќи зависи од локалните српски закони кои ги штитат српските институции. Во овој случај амбасадорот посочува како можност склучување билатерален договор кој би прецизирал под какви услови службите во Белград би отстапиле документација доколку тоа од нив го побараат македонските органи. За веќе постоечкиот договор за сукцесија на кој може да се повика Македонија, вели Габер.

„Формиран е мешовит комитет од сите држави за распределба на архивите. На средбата пред шест години кога е договарана соработката - Хрватска, Словенија и Македонија ги побараа оригиналите, со што не се согласи Србија - се ќе ви дадеме но во копии - бил ставот на Србите“, вели Габер.

Нов состанок оттогаш нема. Дали ќе постои политичка воља кај Србија да им помогне на македонските органи во процесот на лустрација со оглед на тоа што српскиот претседател воопшто не спомена дека се разговарало за ова прашање во Белград веројатно деновиве ќе стане појасно.


Некој лаже а по се тоа ке биде кабинетот на Ѓорѓи Иванов


Досиеата од Белград ке ги добиме 2073 година :


Quote:Sramna zaštita kriminalaca
Vuk Z. Cvijić | 24. 03. 2011. - 00:02h | Komentara: 0

Srbija je, nažalost, ostala među poslednjim evropskim zemljama čija politička elita nije smogla hrabrosti da se suoči sa radom tajnih službi u prošlosti i sa otvaranjem dosijea.

Ovo postaje još sramnije kada se istvoremeno u istrazi koja se vodi za političku pozadinu ubistva premijera Zorana Đinđića pod sumnjama nalaze bivši šefovi civilne i vojne tajne službe Milorad Bracanović (zamenik načelnika DB) i Aco Tomić (načelnik UB). Uzimajući u obzir to da je bivši šef DB Radomir Marković pravosnažno osuđen zbog organizovanja atentata na političke protivnike, kao što su pokušaji ubistva Vuka Draškovića na Ibarskoj magistrali i u Budvi, potpuno je poražavajuće da još postoji zabrana otvaranja dosijea....


...U Srbiji nije čak učinjen ni onaj početni korak da se nezavisnoj komisiji dozvoli da utvrdi koliko tačno ima tajnih dosijea i doušnika. Misteriozni skupštinski predlog o čuvanju imena onih doušnika čije su informacije dovodile do ubistava i drugih zločina do 2071. godine samo je poslednja u nizu sramota.
24-03-2011, 01:09 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

Сега што до 2071 кој ќе дочека ?
Значи поарно излезе работата сега да бидиш кодош барем ќе можеш да живееш пристојно оти вака со плата од 150 евра не се живееDa_ne_si_lud

Да ти се плукнам во државата од 45 до 91 само еден кодош најдоја Glava_vo_zid
Pishtoldzija
26-03-2011, 10:47 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(24-03-2011, 01:09 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(21-10-2010, 05:05 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Во последните неколку дена сме бобардирани со вакви изјави:


Quote:Тадиќ позитивно реагирал за барањето на Иванов за пристап до досиејата

21.10.2010 - 16:52 | Македонија

Позитивни реакции од кабинетот на српскиот претседател Борис Тадиќ по вчерашното барање на шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов да се почитува договорот за сукцесија и да им се овозможи на македонските институции пристап до архивите во Белград.


За да се овозможи досиејата на македонските кодоши на КОС и УДБА да стигнат до комисијата за лустрација, Тадиќ посочил на српските институции кои имаат надлежност во оваа постапка.


Но еве малку од ВИСТИНАТА:

Quote:Отворање на архивите на УДБА во Белград - комплексно

Весна Коваческа - Трпчевска


20.10.2010 19:14
Виктор Габер


Прашањето дали Македонија може да ги добие досиејата од Белград за соработниците со тајните служби е пред се политичко и не треба да се очекува дека ќе биде решено со договорот за сукцесија.

Виктор Габер, амбасадор во македонското МНР задолжен за сукцесијата, лоцира два проблематични момента околу надежите за добивање на документацијата.

Клучното според Габер е што Македонија ќе добие како документација во евентуалната таква постапка.

„Точно е дека договорот во анексот го предвидува достапност до архивите што се наоѓале во сојузна надлежност. Но дали таму се легнати сите документи - или дел од нив се се уште во службите во Србија. За нивно отстапување во архивите, се потребни некаде 30 некаде 50 години“, објаснува Виктор Габер за А1.

Прашањето е сложено бидејќи зависи од локалните српски закони кои ги штитат српските институции. Во овој случај амбасадорот посочува како можност склучување билатерален договор кој би прецизирал под какви услови службите во Белград би отстапиле документација доколку тоа од нив го побараат македонските органи. За веќе постоечкиот договор за сукцесија на кој може да се повика Македонија, вели Габер.

„Формиран е мешовит комитет од сите држави за распределба на архивите. На средбата пред шест години кога е договарана соработката - Хрватска, Словенија и Македонија ги побараа оригиналите, со што не се согласи Србија - се ќе ви дадеме но во копии - бил ставот на Србите“, вели Габер.

Нов состанок оттогаш нема. Дали ќе постои политичка воља кај Србија да им помогне на македонските органи во процесот на лустрација со оглед на тоа што српскиот претседател воопшто не спомена дека се разговарало за ова прашање во Белград веројатно деновиве ќе стане појасно.


Некој лаже а по се тоа ке биде кабинетот на Ѓорѓи Иванов


Досиеата од Белград ке ги добиме 2073 година :


Quote:Sramna zaštita kriminalaca
Vuk Z. Cvijić | 24. 03. 2011. - 00:02h | Komentara: 0

Srbija je, nažalost, ostala među poslednjim evropskim zemljama čija politička elita nije smogla hrabrosti da se suoči sa radom tajnih službi u prošlosti i sa otvaranjem dosijea.

Ovo postaje još sramnije kada se istvoremeno u istrazi koja se vodi za političku pozadinu ubistva premijera Zorana Đinđića pod sumnjama nalaze bivši šefovi civilne i vojne tajne službe Milorad Bracanović (zamenik načelnika DB) i Aco Tomić (načelnik UB). Uzimajući u obzir to da je bivši šef DB Radomir Marković pravosnažno osuđen zbog organizovanja atentata na političke protivnike, kao što su pokušaji ubistva Vuka Draškovića na Ibarskoj magistrali i u Budvi, potpuno je poražavajuće da još postoji zabrana otvaranja dosijea....


...U Srbiji nije čak učinjen ni onaj početni korak da se nezavisnoj komisiji dozvoli da utvrdi koliko tačno ima tajnih dosijea i doušnika. Misteriozni skupštinski predlog o čuvanju imena onih doušnika čije su informacije dovodile do ubistava i drugih zločina do 2071. godine samo je poslednja u nizu sramota.

Срамота...Дрско и безобразно.
26-03-2011, 12:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,777
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(26-03-2011, 12:14 PM)Nikola Wrote: Срамота...Дрско и безобразно.



Тоа е стилот на Грујо, лага , ништо поразличен од стилот на Бранко.

26-03-2011, 02:30 PM
Reply