Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(22-01-2011, 02:45 AM)basilius_2 Wrote: Mirjana Najcevska

Лустрацијата нема врска со право и тоа е најголемиот проблем. Таа значи повратно делување на законите, отсуство на контрадикторна процедура за докажување на вина и казнување без пресуда. Претпоставката на невиност е дел од птравната процеду...ра. И за тоа јас зборувам. Не може да се применува лустрација на период во кој веќе е променет системот и во кој си важат закони.
Значи, и чистењето на спомнатите е политичко чистење, а не правно.
А пензионерите што се бореа се избореа за прв пат за независна Македонија која денешните политичари-пилиштари си ја крчмат како да им е од татко им.


Кога во 1946-1948 година започна Нирнибеншкиот процес на Нацистичкото политичко раководство како и на ситните бирократи,никој тогаш не кажа дека тој процес е НЕВАЛИДЕН.
Туку тогашната одбрана ја користеше линијата на Светски Заговор против Германците и Христијанството.
Тогашното раководство на Германија иако процесот се одржа 3 години по завршувањето на Втората Светска војна,беше судено и некои од нив беа осудени,некои беа обесени,некои поминаа со лесни казни.
Процесот,не појде со однапред подготвени казни,и целосно монтирани процеси туку им се даде и на најлошите Нацисти да ја докажат својата невиност.
Зошто излезе дека многу мал процент и кој дел на Германското општество всушност го подржувал режимот на Адолф Хитлер.
Процесот на Лустрација во Македонија,треба да го води судската и законодавната власт.
Законодавната власт треба да ги објасни правилата,казните како и да направи разлика во службената хиеархија на Тајната полиција и Извршниот совет на СРМ.
Додека пак Судската власт треба да се произнесе по кои правила,и закони тие ќе бидат судени.
Бидејќи за периодот до 1945 година,Уставниот суд не го укина тој дел,би било убаво да се донесе закон со кој на тие луѓе кои биле судени во тој период Македонската држава им се извинува за неправдата,и да бидат рехибилитирани,како и да се понуди компензација.Додека за периодот од 1991 година наваму полно луѓе ги имаат земено досиејата.Би било убаво да се отпочне процес по текот на уставот и законите од тоа време (1980-сегашно време).

Сакав истото да го искоментирам. Браво.
22-01-2011, 04:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:ВМРО-ДПМНЕ: Опозициските партии се обидуваат да го оспорат процесот на лустрација
24.01.2011 - 19:54 |

* Македонија

Многу од партиите од опозицијата, предводени од СДСМ, се обидуваат да го оспорат процесот на лустрација и со тоа да го оневозможат, изјави денеска на прес-конференција членот на Извршниот комитет на партијата Петар Поп Арсов.

- За ВМРО-ДПМНЕ, ќе повториме, скандалозна, непродуктивна и индикаторна е изјавата на Црвенковски дека во редовите на СДСМ нема кодоши, односно дека кодошите биле во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Поп Арсов посочувајќи дека лидерот на опозицијата од еден влегува во друг скандал.

- Од каде му е сигурноста на Црвенковски во своите изјави? Дали тој знае нешто што другите не знаат? Дали досиејата за политичарите од СДСМ се претходно исчистени и избришани? Дали во време на мрачната транзиција свесно биле пуштани, со задача, шпиони, внатре во тогашните опозициски партии, праша тој.

Владејачката партија потсетува дека Црвенковски ги именуваше сите министри за внатрешни работи за кои, како што рече Поп Арсов, стана јасно, а и јавно си признаваа, дека водат досиеја за граѓани.

- Дали Бранко Црвенковски немаше непосреден увид и не се мешал во работата на службите што ги чувале досиејата? Дали тој или неговите послушници не менувале, додавале или преиначувале важни детали во досиејата? Ова се реални и издржани прашања, смета тој.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, потсети тој, поднесе измени на законот за лустрација и за овие пратенички групи се прифатливи сите забелешки за предложениот закон, кои водат кон тоа тој да биде поефикасен. - Но, ако повторно се соочиме со предлози со кои опозицијата ќе има намера да го разводни процесот на лустрација, ние ќе повториме, дека овој пат нема да прифатиме, изјави Петар Поп Арсов.


Да читал Петре Котле ке знае дека Бранко ја зборува вистината, во ВМРО ДПМНЕ се кодошите. Во СДСМ се налогодвачите и извршителите. Додуша еден ог главните извршители Сиљан Аврамовски е заменик на Сашо Мијалков. Петре поминаа времињата на ситни лаги.

Но Петре да не си ја ишка мувата, му беше десна рака на Далаверски и на РИМЉАНИН. Замина Далаверски, се пасивизира РИМЉАНИН а тој и понатака алфа и омега во Куманово.???

понеделник, 15 фебруари 2010 17:28

Српски инсталации во ВМРО? Ма што збориш?

И годинешнава Првомајска награда за исклучителни дострели во новинарството заслужено оди во рацете на новинарите на империјата на газда Велија за откритието дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има српски инсталации. Добро утро. А каде очекувавте да ги има?

Самото тоа што ваква информација може да се пласира како сензационална вест, па уште и да се отвори дебата за неа, покажува дека се уште немаме врска како функционираат тајните служби, што е поентата на законот за лустрација и што треба да биде негов конечен резултат. Не само што не е скандал тоа што во редовите на македонската десница има инсталации на стариот белградски режим – тоа е нивното природно место. Која би била поентата Белград да инсталира луѓе во редовите на македонската левица? Која е логиката на уфрлање на луѓе во партија предводена од офицерско дете како Бранко Црвенковски? Во партија на Тито Петковски? Во партија на Стојан Андов? Тоа се вика редундантност. Инсталации се уфрлаат кај непријателот, не кај партиите кои и онака се целосна српска подружница, посветени на српските интереси. Нема понормално место за српски шпион од општински состанок на ВМРО, кафеана во која се собираат ВМРОвци, весник каде ВМРОвците добиваат малку од малку простор да кажат по нешто...
Целиот текст: http://www.kotle.ca/index.php?limitstart=165
24-01-2011, 10:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Да се потсетиме:



Quote:КОИ СЕ СОРАБОТНИЦИТЕ НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ

Оса, Ататурк, Вијуга - кодоши на неподобните

Александра М. Митевска

25.01.2007

Оса, Ататурк, Вијуга, Папаз, Шигета се псевдонимите на некои од соработниците на тајните служби што собирале информации и следеле лица што се сметале за неподобни или опасни за државата, информираат полициски извори. Досиејата на доушниците се чуваат како строго доверливи во архивите на ДБК и до нив имаат пристап само мал број вработени. Се очекува некои од материјалите наскоро да се отворат, кога ќе се донесе законот за лустрација, со кој ќе му се проверува минатото на секој кандидат за јавна функција.

Меѓу соработниците на службите имало политичари, новинари, бизнисмени, професори. Според нашите соговорници, главно има три основи според кои тајните служби ги избирале соработниците: на доброволна основа поради патриотски мотиви, врз база на компромитирачки материјал што се користел како уцена и за одреден надомест, како паричен или напредување во кариерата.

- Кога се зборува за лустрација и за соработка со службите треба да се имаат предвид три категории лица: соработници, шефови на тајните служби и на крајот корисници на информациите, односно учесници во политичкиот естаблишмент, кои користеле дел од сознанијата за напредување во кариерата - велат нашите извори.

Според нив, огромен е бројот на лицата што директно или индиректно, а некои и без Нема лустрација за информаторите на КОС свое знаење, соработувале со службите. Затоа треба да се направи разлика меѓу оние кои тоа го правеле доброволно и легално и тие кои доставувале лажни информации за да наштетат некому и да прибават некаква лична корист.

Сите потенцијални доушници прво поминувале низ т.н. претходна оперативна обработка (ПОО), за да се види дали се способни да ги извршуваат обврските, по што следува фазата на оперативна обработка (ОО). Соработниците добивале посебни инструкции како да дејствуваат, така што речиси не се паметат случаи во кои лицата кои биле следени го забележале тоа. Доушниците не ретко користат микрофони за да се снима разговорот што го водат со лицето кое е предмет на набљудување. Голем дел од соработниците се ангажирале на одреден рок, додека службата имала потреба од нив. Потоа досиејата на тие лица се пасивизираат, а оние што веќе не се потребни целосно се уништуваат.

Сепак, за информаторите чии досиеја веќе не постојат може да се најдат траги во досиејата на луѓето што биле предмет на обработка. Но и таму соработниците на службите главно се наведени со псевдоним.

Дел од материјалите за „обработуваните“ лица станаа достапни и се преместија во Архивот на Македонија, кога во 2000 се донесе Законот за отворање на досиејата на политички прогонуваните лица. Тогаш во државниот архив се префрлени повеќе од 36 илјади „папки“ на политички затвореници и на лица што биле следени. Околу 14.500 од нив се подигнати од МВР, а близу 22 илјади се донесени од затворот „Идризово“. Оние на кои се однесуваат тие досиеја имаа период од една година за да видат какви материјали за нив собрале информаторите на полицијата.
Луѓето за кои се воделе досиеја се заведени со различни псевдоними, како Доктор, Апетоза, Либеро, Врховен, Фолколориста, Академик, Паун, Кенгур.

Како пример се посочува големата сојузна акција наречена „Електрон“, која траела до почетокот на деведесеттите. Тогаш бил направен голем список на потенцијално опасни лица, кои можеле да се соочат со ликвидација, изолација (испраќање во логор) и во најмала рака набљудување, доколку искрсне некоја вонредна ситуација за безбедноста на државата.
25-01-2011, 01:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Датум: 11.10.2006

СЕЌАВАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК НА КОМУНИСТИЧКИТЕ ЌЕЛИИ


Му ја уништиле младоста, но не и сонот

За идејата за независна Македонија битолчанецот Танаско Талевски (82) проплукал крв низ озлогласените логори, но кога би морал, за истиот идеал уште еднаш би поминал низ страдањата

[Image: 21C575041C49B449B226696C3E8B2811.jpg]

Пеколот што го преживеав во времето на комунистичка Југославија не би му го посакал ни на најголемиот душман, а од сеќавањата и денес ми минуваат морници низ телото. Со овие зборови го разврзува животното патешествие 82-годишниот битолчанец Танаско Талевски, по потекло од демирхисарското село Журче.
Тој е еден од 300-те Македонци кои како политички затвореници биле сурово малтретирани во концентрационите логори на смртта во Добој, Босна и Херцеговина. Најголемиот дел од нив таму ги оставиле коските, заради единствениот „грев“ што ја сакале родната грутка и сонувале Македонија да ја видат независна и обединета.

Иако бил партизан, а по ослободувањето и воено лице, голем дел од младоста Талевски минал низ смрдливи ќелии, самици, јами, каменоломи, добиточни вагони... Затвореничкиот живот го вкусил на 23-годишна возраст, кога Воениот суд во Битола го прогласил за државен непријател и го осудил на доживотен затвор. Ваквите обвинувања му биле натоварени бидејќи јавно ја критикувал власта оти ги трошела парите од продажбата на македонското злато, тутунот, за изградба на главниот град на тогашна Југославија, Белград.

Тој бил префрлен во Централниот затвор во скопско Кале, каде што за време на шестмесечната тортура на КОС (служба за контраразузнавање) се претворил во жив костур.

- Моите не знаеја каде сум, ни дали сум жив. Кога за шест месеци дознаа и ме посетија во затворот, бев толку ослабен што не ме препозна ни мојата мајка кога и' се доближив. Имав само 42 килограми. Уште толку имав изгубено. Ако на мене не беше кожата, ќе ми испаднеа коските. Мајка ми по тоа пет години не стана од постела - се присетува Талевски.

Со месеци лежел во самица, затрупан во сопствениот измет. Просторијата била речиси без воздух, бидејќи единствениот отвор што го имала била шпионката, па не знаел дали е ден или ноќ. Го прехранувале со по едно канче вода и 200 грама леб.

Покрај физичките измачувања, бил и психички малтретиран. Се' уште ги памети пцостите на командантот Јегиќ упатени кон Македонија и иритирачките зборови дека е Бугарин, оти Македонци не постоеле.

По две години, поточно во 1949, околу 300 затвореници како најтврдокорни вмровци биле испратени на принудна работа во концентрациониот логор на смртта во Добој.

- Таму се изврши геноцид врз Македонците. Не' тепаа со црева, гуми, камшици, пендраци... Служевме како боксерски вреќи за стражарите да докажат пред командирите кој е појак. И претепани и болни моравме да ја исполниме нормата и да пренесеме по 1.000 кубици камен за 24 часа. Кој ќе потклекнеше, го ставаа во земуници со часови да седи до половина потопен во вода. Многу затвореници така измрзнаа. Мртвите тела ги ставаа меѓу живите, додека ја јадевме единствената чинија со помијата, што ни следуваше дневно. По две години ужас, стотина затвореници, чија идеологија и живот не успеаја да ги скршат ни најсуровите измачувања, на добиточни вагони беа вратени во Идризово. Слично како Евреите, македонските патриоти три дена поминаа натоварени по 40-мина во еден вагон, само со корка сува леб - раскажува тој.

Потоа Талевски бил затворен во логор во село Радуша, каде што спасувајќи му го животот на еден од милиционерите, државата по пет и пол години го ослободила. Но, по десет години, поради истите идеи, повторно одлежал уште осум месеци во затворот во Идризово.

- Кога излегов на слобода ме викнаа во внатрешни и ми рекоа: „Танас, ти си бистар човек, ако бидеш наш соработник, ќе ти дадеме убава работа“. Реков: Ако треба со рацете земја ќе копам за да најдам коренче да се прехранам, а кодош не бидувам - раскажува старецот.

Ни денес не жали за сопствените постапки. Вели дека доколку би морал да ја даде истата жртва за Македонија, уште еднаш би поминал низ страдањата. Но, му паѓа тешко зашто државата досега не сторила ништо за да им се оддолжи на овие херои. Најмногу го боли, како што вели, тоа што домашните предавници кои ловеа позиции на сметка на нивните трауми, поминале неказнето. Танаско Талевски, и покрај пеколот што го поминал, се' уште спие со картата од обединета Македонија над главата.

Жанета Здравковска

25-01-2011, 01:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Томе Шаламанов, суден за македонската кауза

ПРЕСУДАТА КАКО ДИПЛОМА

[Image: files?file= Шаламанов.jpg]

Господинот Томе Шаламанов е еден од многуте македонски борци за македонската кауза. Роден е на 30 Март во 1930 година во Струмица. Денес живее во Скопје. До пензионирањето работел во “Македонија Табак”. Во еден од документите во неговото досие, кое тој во текот на разговорот ни го презентираше, пишува дека тој бил личност која се наоѓала на другата страна на бариерата наспроти тогашниот режим. Пишува и дека бил активен член на “ванчомихајловистичката” организација. Тоа г. Шаламанов го демантира.



Ние бевме членови на една група која се бореше за самостојна обединета Македонија. Ние баравме, додека Македонија да се зацврсти и да застане на “здрави нозе”, да биде под заштита на една од големите сили во даден момент, од Америка. Во 1991, 1992, 1993 година, оваа идеја што ние сме ја носеле уште од 1947 година, господинот Глигоров ја присвојува за еден дел и бара заштита од Америка. Тоа значи дека ние уште како деца во однос на него предничиме со таа идеја. Всушност, таа идеја постоеше и пред 1947 година, затоа што ние имавме активности и пред тоа за што и бевме затворени во споменатата година. Осуден сум во 1947 година на 2 години затвор. По ослободувањето ме третираа како непријател, што не е точно. Не сме биле непријатели на македонскиот народ. Ние стихијно сме се групирале како носители на идејата за обединување на Македонија во една целина и таа да биде под заштита на некој меѓународен фактор, вклучувајки овде и некоја голема сила како што беше Амарика. Во досието пишува “и примал и извршувал поставени задачи”. Ние си ги распоредувавме задачите меѓу себе, не сме примале задачи, ние меѓусебно се договаравме. Не примавме задачи, туку сами си ги поставувавме. Нашите активности беа кон омасовување на нашата група, а во интерес на идејата која ја носевме. Идејата им ја објаснувавме на другите кои не беа вклучени во групата. Ја објаснувавме целта, некои организациони прашања, растурање на летоци. А дали нашата активност е ванчомихајловистичка можете сами да прочитате од приложеното писмо до “г-директор”, објаснува господинот Шаламанов.



“МАЛИТЕ КОДОШИ”


Господинот Шаламанов вели дека тие како деца немале можност ни од каде да прочитаат за историјата на Македонија, па и за идејата на Ванчо Михајлов, ниту пак биле на таква возраст за да имаат било какви сознанија од таа област. Единственото нешто за што се бореле била Македонија. Учествувал во растурање на летоци со содржина против постојаниот режим и бил како и сите негови соборци за рушење на СРЈ, т.е да се распадне СРЈ и да добиеме сопствена држава и сопствен развој. Но, се разбира не одбегнувајќи ја соработката со сите соседи. И тоа соработката на праведен начин, во која ќе имаме интерес и ние и тие. Но, тие сваќања како идеја денес се пооформени со оглед на годините кои поминале и сознанијата кои што ги добиле. Нивните активности по излегувањето од затворот уште повеќе продолжуваат.

За раководителите на затворот г. Шаламанов вели:

Господ да ги прости ти што си заминаа од овде, но немам зборови за опишување на тортурата. Вие сте слушнале од повеќе луѓе. Тортурата се вршеше не само во Идризово, туку и во Централниот затвор, па во Шамац – Сараево итн. Подобро е да не се сеќаваме какви беа тортурите и што поскоро да се заборават, за малку од малку да ја заборавиме омразата. По излегувањето од затворот, тортурата не само што продолжи, туку се зајакна. Полесно се живееше во затворот, отколку животот што го живееме по затворот, затоа што во затворот веќе го знаете кој ви е противник. Надвор вие не знаете кој ви се подметнува. Трпевме тортури, опасностите постојано не демнеа. Ќе излезете од дома а не знаете дали ќе се вратите. Родителите при секое ваше излегување се простуваат од вас, како да нема повеќе да ве видат, а тоа им се читаше во нивните погледи. Постојано ве следат. Затоа јас велам подобро да се заборават тие работи, ако може да се заборават. Меѓутоа, тешко е дека некој тоа ќе го заборави, затоа што сите ние сносиме психички последици и не само тоа. Ако не се уништени документите од тоа време, може да се прочита како се составувани списоците за лицата кои требаше да бидат отстранети, па и ликвидирани. Сето тоа е незамисливо. Како човек е способен за такви методи на малтретирање на друг човек, па макар бил и непријател. Јас само ќе ви речам кога историјата ќе ги собере сите податоци, ќе видите каков бил тој систем. Систем кој на ваков начин го положил испитот, никогаш да не се повтори. Но, се разбира, имало и убави работи раскажува г. Шаламанов ...

[Image: files?file=12b.gif]

Кодошите Шаламанов ги нарекува “малите кодоши”. Треба да се осудат методите за создавање на кодошкиот систем кој го измислил тогашниот режим.



Р Е Х А Б И Л И Т А Ц И Ј А Т А



Кога на господинот Шаламанов му го поставивме прашањето за Предлог – законот за рехабилитација на прогонуваните и за бришењето на пресудите, тој нам ни го постави прашањето што подразбираме под поимот рехабилитација и одговори:

Јас под поимот рехабилитација подразбирам медицинска рехабилитација, што значи некој е медицински болен и дека треба последиците од болеста да се сведат на минимум. Но, треба да зборуваме за политичката. Јас не сакам рехабилитација. Мене пресудата ми е диплома кој сум, што сум, и од пресудата не се откажувам, со тоа сакам да го напуштам овој свет. Јас сега вам да ви поставам едно прашање: дали властите на СРЈ и подоцна СФРЈ, полагаа право на континуитет во Кралството Југославија? Секако полагаа. Дали судените комунисти за време на Кралството Југославија, властите на СРЈ и СФРЈ им предлагаа на комунистите да поднесуваат барање за рехабилитација? Не, туку ваквите луѓе уживаа посебно внимание. Идејата која сум ја носел во 1947 година, за која сум осуден и денеска ја носам. Ако се третира дека тоа претставувало кривично дело, во име на континуитетот и денес би требало да претставува кривично дело и сите би требало да бидеме таму каде што сме биле тогаш.

Тој повеќе тежи кон одредени признанија и права, а се разбира и материјалната подршка за оние на кои им е загрозена егзистенцијата. На нашата констатација дека е срамота луѓето кои се бореа за македонската кауза да се најдат во бедна матрејална состојба, Шаламанов одговори дека за тоа треба да прашаме некој друг и додаде:

Ние не можевме ништо да направиме на тој план. Уште од првиот ден се ставивме на располагање на Македонија. Не сакам поништување на пресудата, туку признание што не подразбира само материјализирање. Овдека во предност е предноста кон нашата идеја, она што нас не прави тоа што сме. Тоа се моите сваќања.

(This post was last modified: 25-01-2011, 01:37 AM by ЈорданПетровски.)
25-01-2011, 01:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Дачиќ: Испорака на досиеја само на ваша волја


сабота, 29 јануари 2011

Србија се отвори за македонската лустрација. Белград и Скопје денеска со иницијатива за потпишување договор преку кој земјава ќе може конечно да им пристапи на бројните досиеа, складирани во српските депоа. Формата со која Србија ќе и помогне на Македонија да се ослободи од функционери кои кодошеле за УДБА и КОС е договор за взаемна заштита на личните податоци. Дачиќ и порача на Јанкуловска дека Србија е подготвена да излезе во пресрет, само ако Македонија има воља за тоа.

Предуслов за размена на досиеја е потпишување договор за безбедност на информации односно за заштита на личните податоци, тоа е внатрешно прашање на Македонија односно на вашата внатрешна политика - вели Дачиќ.

Иако цело време се огласува за ненадлежна, министерката Јанкуловска денеска го промени ставот и вети услови за завршување на лустрацијата.

Лустацијата побудува големи интереси и ние ќе се заложиме успешно да се заврши-вели Јанкуловска.

Вистинската лустрација не може да се направи без да се има приод до документите што се чуваат во Белград - тврдеа за Алфа поранешни соработници на УДБА.

Пандорче Димитриоска


Оваа сега што преговараат Јанкуловска и Дачиќ е опасна игра бидејки со оваа Груевски сака конечно да ги заштити српските соработници во Македонија.

На Македонската власт за да спроведе вистинска лустрација за период 1991 до денеска не и требаат досиеата од Белград. Сите на кои им се водени досиеата се живи, оние кој дале налог да се врши прогон и тие се живи, оние кои ги извршувале налозите и тие се живи и тие се набележени со име и презиме на првата страница од досиет. Се може да биде готово во рок од 15 дена. Ама Грујо се плаши ке стаса и до него.
29-01-2011, 07:41 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Дачиќ не спроведе лустрација во Србија, а сега демек ќе ја помага во Македонија!? Icon_razz Приказни за деца, нема ништо да добиеме, а како што вели Јордан, можеме и без нив да спроведеме лустрација после ’91. За да се расчистат работите имаме и живи сведоци, може да се спроведе истрага и др. Ова е само позирање, гледајте колку се трудиме да спроведеме лустрација, а пак ќе им е виновен некој друг на крај...

29-01-2011, 08:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(29-01-2011, 08:08 PM)acko Wrote: Дачиќ не спроведе лустрација во Србија, а сега демек ќе ја помага во Македонија!? Icon_razz Приказни за деца, нема ништо да добиеме, а како што вели Јордан, можеме и без нив да спроведеме лустрација после ’91. За да се расчистат работите имаме и живи сведоци, може да се спроведе истрага и др. Ова е само позирање, гледајте колку се трудиме да спроведеме лустрација, а пак ќе им е виновен некој друг на крај...



Ацко, владата на Љупчо Георгиевски требаше да ја затвори приказната со досиеата. Затоа донесе закон и ги отвари досиеата но тоа што ни го дадоа е прочистена верзија. Прочистувањето е правено ке повторам за да се заштитат СРПСКИТЕ врски. Дали можеле да незнаат дека се прави прочистување на досиеата: Љупчо, Доста, Брат Љубе ???

Тоа што не го одработи владата на Љупчо сега го договараат Јанкуловска и Дачиќ.
29-01-2011, 10:24 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(29-01-2011, 10:24 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(29-01-2011, 08:08 PM)acko Wrote: Дачиќ не спроведе лустрација во Србија, а сега демек ќе ја помага во Македонија!? Icon_razz Приказни за деца, нема ништо да добиеме, а како што вели Јордан, можеме и без нив да спроведеме лустрација после ’91. За да се расчистат работите имаме и живи сведоци, може да се спроведе истрага и др. Ова е само позирање, гледајте колку се трудиме да спроведеме лустрација, а пак ќе им е виновен некој друг на крај...



Ацко, владата на Љупчо Георгиевски требаше да ја затвори приказната со досиеата. Затоа донесе закон и ги отвари досиеата но тоа што ни го дадоа е прочистена верзија. Прочистувањето е правено ке повторам за да се заштитат СРПСКИТЕ врски. Дали можеле да незнаат дека се прави прочистување на досиеата: Љупчо, Доста, Брат Љубе ???

Тоа што не го одработи владата на Љупчо сега го договараат Јанкуловска и Дачиќ.

Црвените кмери сакаат да се спасат ама се ми се чини дека нема. Мислам дека за 5-6 години се ќе излезе на виделина, а србокомунистичките гарнитури (СДС или ДПМНЕ) ќе добијат максимум уште еден мандат- 2012 и толку од нив. Веќе на пола Македонија и е јасно дека не ги бива, аво иднита тој број ќе се зголемува.
30-01-2011, 03:52 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(30-01-2011, 03:52 AM)Nikola Wrote:
(29-01-2011, 10:24 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(29-01-2011, 08:08 PM)acko Wrote: Дачиќ не спроведе лустрација во Србија, а сега демек ќе ја помага во Македонија!? Icon_razz Приказни за деца, нема ништо да добиеме, а како што вели Јордан, можеме и без нив да спроведеме лустрација после ’91. За да се расчистат работите имаме и живи сведоци, може да се спроведе истрага и др. Ова е само позирање, гледајте колку се трудиме да спроведеме лустрација, а пак ќе им е виновен некој друг на крај...



Ацко, владата на Љупчо Георгиевски требаше да ја затвори приказната со досиеата. Затоа донесе закон и ги отвари досиеата но тоа што ни го дадоа е прочистена верзија. Прочистувањето е правено ке повторам за да се заштитат СРПСКИТЕ врски. Дали можеле да незнаат дека се прави прочистување на досиеата: Љупчо, Доста, Брат Љубе ???

Тоа што не го одработи владата на Љупчо сега го договараат Јанкуловска и Дачиќ.

Црвените кмери сакаат да се спасат ама се ми се чини дека нема. Мислам дека за 5-6 години се ќе излезе на виделина, а србокомунистичките гарнитури (СДС или ДПМНЕ) ќе добијат максимум уште еден мандат- 2012 и толку од нив. Веќе на пола Македонија и е јасно дека не ги бива, аво иднита тој број ќе се зголемува.

Никола, мислам дека си во право но малку се 6 години, мислам дека за 4 години ќе настане вистинска политичка криза, така да после некои уште три до четири години ќе има некоја стабилност.
Едно, поради економската сила на оние кои што допрва ќе се искристализираат како самостојни мислители, и етички чисти.
Само по закон на асоцијација, било кој бил поврзан со СДС и со ДПМНЕ, а за сиве овие времиња не рекол ништо дека нешто не е во ред ќе биде сомнителен, само по закон на асоцијација никој нема ни да ги погледне а камоли да ги сослуша.
Да се живи и здрави оние постарите членови на ДПМНЕ кои агитирале а биле запоставени, тие ќе можат многу да завршат.
Тоа е само почеток, ниеден професор сегашен кој е, нема да може да бекне, за да добие нешто политички. Кога знаеме какви ни се универзитетите, а тоа не е само да кажеш, ех студентите не ги бива.
Стопанствениците, оние на кои им одело во време и на едните и на другите, да се знае дека за нив доаѓа зимно време.
Што рече Јоцо во друга низа, уште има чиви сведоци, колку и да ги чистат досијеата, ти не можеш нешто да избришеш од помнењето.
Сите ние повеќе ги помниме лошите работи кои сме ги доживеале отколку добрите, тоа е закон во психологија.
Тоа не можат да го избришат.
Без разлика колку Дачиќ или оваа нашата се трудат.
Сепак, да се знае, многу луѓе се надвор, малку ќе се вратат, оние кои останале, кои се вкопале и завзеле рововски позиции за време и на едните и на другите многу тешко ќе се одтргнат од джавната цицка.
Само доколку се убедат баш тие кои се успешни да се вратат, тогаш би можеле нешто да промениме.
Јас прво би го сменил судскиот систем, преку закон да се прејде на англо-саксонски систем, бирачкиот систем да се врати на непосредни избори.
Знам дека забегав малку во тема која нема баш многу со Лустрација, но, Лустрацијата да биде успешна, мора Македонија да се ослони на луѓе кои немале ништо ни со едните ни со другите, кои се ковеле во друга средина, на кои овој систем на подземно договарање им е стран и одвратен.
Можеби грешам, повелете исправете ме или дополнете.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
30-01-2011, 04:19 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Овие два извадока од емисијата КОД,на тема Лустрација.







"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
02-02-2011, 07:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Побитно е да ги најдеме кодошите по независноста


Лустрацијата не успеа, зашто целта беше да се заштитат тие што по 1991 година работеа на остварување на вториот дел на референдумското прашање „со право да стапи во идниот сојуз на суверените држави на Југославија“. Сегашната лустрација треба да ја демаскира таа политика и да ги покаже пред граѓаните луѓето што од 1991 година до денеска работеле на уништувањето на Македонија на секој план, сметаат Дане Поповски и Јордан Петровски, Македонци во Канада, кои на своја кожа имаат почувствувано што значи да се биде гонет од тајната служба


[Image: lustracija%5B20%5D.jpg]

Клучно за македонската лустрација за народно помирување е конечно да го исклучи антимакедонскиот елемент од управувањето со државата. Значи, да се откријат наредбодавците, извршителите и соработниците. Тие за кои ќе се утврди дека работеле за интересите на туѓи држави да се изведат пред лицето на правдата и да им се суди за велепредавство. Оние, пак, за кои нема да се утврди дека тоа го правеле за интерес на туѓи држави, но сепак дека работеле против интересите на Република Македонија како независна и суверена држава или за некои лични цели, да им се забрани учество во јавниот и политичкиот живот и криминално да одговараат за кршење на човековите права на граѓаните, злоупотребувајќи ја својата службена должност.

Во сето ова, многу побитно е да се опфати со лустрација периодот по осамостојувањето од СФРЈ во 1991 година, отколку пред тоа. Тоа е поентата на Јордан Петровски и на Дане Поповски, членови на Комитетот за демократизација на РМ, основан во Онтарио, Канада, кои себеси се нарекуваат ветерани-дисиденти.
Според нив, Законот за лустрација на Андов не успеа затоа што сакаше да ги сокрие вистинските виновници, како и вистинската причина за која се гонети жртвите на УДБ-а, односно подоцнежните тајни служби.

- „Експертите“ при составувањето на Законот за лустрација како најголеми виновници за делата на УДБ-а, под кое име ги подразбираме сите тајни служби во Македонија и од сите времиња, ги посочуваа кодошите. Во држава каде што првенствена задача на полицијата и војската беше на недемократски начин да ја зачуваат Комунистичката партијата на власт, шансите да се биде кодош беа и се многу големи. Затоа, кон кодошите треба да се има посебен однос, бидејќи тие беа присилени на соработка со УДБ-а, Законот нив мора да ги класифицира како еден вид жртви и за нив да не предвидува казни - вели Петровски.

Тој смета дека судирот меѓу удбашите и нивните жртви многу повеќе е на линија на борбата да се спречат идеите за суверена, самостојна и демократска Македонија, отколку што е на идеолошка основа. Тој судир, смета Петровски, како што траеше во времето на социјалистичка Македонија, уште повеќе трае и по 1991 година и нејзиното осамостојување.

- Кај нас сржта на судирот е национална. Во речиси сите други посткомунистички држави се спроведе лустрација. Таму се лустрираа носителите на комунизмот - значи таму имаше идеолошка борба помеѓу идеолошките левици и десници. За да биде целисходна и од полза на народно помирување и обединување, лустрацијата во Македонија мора да зафати многу подлабоко. Во Македонија не е вршен прогон само на идеолошки неистомисленици, туку најголем дел од прогонуваните (околу 90 отсто) се по национална основа. Затоа прогонот продолжи и по осамостојувањето и критериумите според кои се спроведува прогонот се исти како оние од по Втората светска војна. Службите, исто како и во 1947 година, отвораа досиеја и отпочнуваа гонење на луѓе кои се залагаа пред сé за целосно исполнување на првиот дел на референдумското прашање: „Дали сте за суверена и самостојна Република Македонија?“, истакнува Петровски.

Кодоши и соработници

Неговиот соработник Дане Поповски додава дека во периодот по референдумот, според изјава на д-р Зоран Тодоровски, актуелен директор на Архивот на Македонија, отворени се неколку илјади досиеја, што значи дека службата повторно морала да се ангажира за да произведе кодоши. „Производството“ на кодоши во овој период е тајната поради која сега нема лустрација.

- Додека законот сé уште беше во подготвителна верзија, беше добар и даваше надеж дека конечно Македонија ќе го симне тој голем товар од своите плеќи - лустрацијата, односно примената на Декларацијата на ЕУ за осуда на комунизмот. Но, како одеше пишувањето на законот, отпаѓаа најважните членови - оние што беа клуч за вистинска лустрација - тврди Поповски.

Според него, целта е да се заштитат тие што по 1991 година работеа на остварувањето на вториот дел на референдумското прашање „со право да стапи во идниот сојуз на суверените држави на Југославија“, бидејќи тие беа оние што инсистираа на тој дел воопшто да биде вклучен во референдумот. Сегашната лустрација треба да ја демаскира таа политика и да ги покаже пред граѓаните луѓето што од 1991 година до денеска работеле на уништувањето на Република Македонија на духовен, економски и на демографски план.

- Но да се вратиме на кодошите. Службата има еден специфичен начин на работа. Имено, таа не го врши прогонот за прогонетиот конечно да го уапси. Не, целта на системот на работа е да се стекне со нов кодош - при што од секој „противник“ прави „свој“ човек, бидејќи, целта е, нели, едноумие! Најчест метод за стекнување со нов кодош се уцени - прељуба, ситен криминал, лична тајна или местенка на некој проблем, за кој потоа службата ќе понуди помош за решавање - на пример, задолжување кај лихвар, стопирање судски предмет и слично. Откако службата ќе го добиела новиот кодош, почнувала со поставување задачи кон истиот, т.е. обработка на нов „предмет“ - објаснува Поповски.

За кодоши многумина ги сметаат и оние луѓе што на официјален начин биле канети во канцелариите на УДБ-а, при МВР, со закана дека ако не „соработуваат“, т.е. ако не се појават на сослушувањето, им следува некаква казна. За кодоши се сметаат и луѓе - соседи или пријатели и членови на семејството на „предметот на обработка“, кои знајно или незнајно, правејќи уличен муабет со службеник-извршител придонесувале кон одредено досие. Многу често, кодошите немале избор.

- Затоа, која е идејата тие да бидат главна цел на лустрацијата? Ние бараме од кодошите да се издвојат тие што биле „соработници“, како лица што не биле вработени во тајните служби на МВР, но кои извршувале задачи за УДБ-а, односно тајните служби, кои биле на штета на други поединци и на националните интереси, а за возврат добивале надомест - пари, привилегии, унапредувања итн. За разлика од соработниците, кодошите не добивале надомест за доставувањето информации до МВР, туку информациите што ги давале биле изнудени или незнајно дадени. Секако, мора да се очекува дека има значаен број кодоши што станале соработници. Бидејќи цели на нашата стратегија е националното помирување и демонтажа на УДБ-а како орган на антимакедонска политика, ние велиме дека кодошите (што не станале соработници) треба да бидат третирани како жртви или во најмала рака - неутрално, но во никој случај тие да не се гонат - вели Поповски.

За Југославија

- И конечно, да ја објасниме идејата за лустрација за народно помирување. Во 2002 година во Република Македонија беше донесен Закон за политичките затвореници, со кој требаше да се обесштетат осудуваните за независна Македонија во времето на поранешна Југославија. Овој закон е одлична појдовна основа и со мали дополненија и измени неговата примена ќе овозможи рехабилитација, репатријација и репарација на жртвите на УДБ-а до 1991 година - а воедно нема да има нов прогон против оние што дејствувале во рамките на законите на поранешна Југославија. Тоа значи, клучно, дека илјадниците кодоши, кои имале или немале избор за да соработуваат со службите, луѓе што се и онака во залезот на своите животи - ќе можат на мир да си ги одживеат нивните последни години. Тоа би било прифатено како задоволително, а во знак на добра волја, од страна на ветераните-дисиденти - додава Петровски.

Според него, клучно за македонската лустрацијата е времето по 1991 година, а не пред тоа. Тој мисли дека станува збор за една групација на луѓе, која во периодот од 1990 година, па до денес, преку разни форми ја спроведува таа антинационална програма за уништување на Македонија и Македонците. Луѓе од власта, кои кога Словенците и Хрватите трчаа и молеа кај владите на ЕУ и на САД меѓународно да им ги признаат државите, тие од петни жили се обидуваа да ја задржат Македонија во југословенски сојуз, за потоа прекуноќ да станат „државотворци“. Тоа, според Петровски и Поповски, се луѓе што ја задржаа и сé уште ја држат Македонија надвор од евроатлантските сојузи и кои си поигруваат со името на државата и идентитетот на народот.

- Кога овие неколку дузини поединци, сосе нивната антимакедонска мрежа ќе се отстранат од јавниот и политичкиот живот и кога на виделина ќе излезат нивните свесно спроведени политики на национален раскол и општествен грабеж, тогаш македонското општество ќе може да почне да живее во единство и слога. Тогаш ќе се расветли и криминалната приватизација и Република Македонија ќе може економски да заживее, па дури и да стане предмет на почитување на државите спрема кои денес се стремиме да им се придружиме. Тогаш ќе биде решено и прашањето за т.н. спор за името. Тогаш ќе можеме навистина да очекуваме покани за членство во ЕУ и во НАТО и, конечно, еднаш засекогаш ќе престанат постојаните меѓуетнички напнатости и закани за понатамошно распарчување на државата - истакнува Петровски.

Автор: Дарко Јаневски Фотографија: Дарко Андоновски
ИЗВОР
04-02-2011, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Лустрацијата помина без опозицијата


Опозициските партии имаат право да поднесат амандмани, но поради нивниот бојкот на Собранието е можно законот да биде усвоен онака како што предложија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Сите функционери од 1945 година досега ќе бидат проверувани дали соработувале со тајните служби. Меѓу нив ќе бидат академиците од МАНУ, адвокатите, универзитетските професори, уредниците, новинарите, посредниците, верските заедници.

Ова го предвидуваат измените во Законот за лустрација во прво читање што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги усвоија вчера со 63 гласа „за“ и два гласа „против“. Опозицијата има право да поднесе амандмани, но со оглед дека сите опозициски партии, освен ЛДП, го бојкотираат Собранието, можно е законот да биде донесен без нивните забелешки.

Новина е тоа дека се зголемува периодот за кој ќе важи законот, како и бројот на лица што ќе подлежат на него. Според измените, Законот ќе важи од 1944 година до 2018 година, кога завршува мандатот на комисијата за лустрација. Досега се проверуваа само актуелните функционери за кои комисијата утврдуваше дали биле кодоши во периодот од 1945 година до 1991 година. Со измените, ќе се проверуваат и лицата што некогаш биле, а сега не се на функции. На пример, законот ќе важи и за поранешниот претседател Киро Глигоров.

Комисијата за лустрација ќе разгледува само оригинални документи. Таа ќе води регистар на кодоши, кој може да го види секој граѓанин што ќе докаже дека му е потребно да ги знае имињата на соработниците на службите.

Тоа што мнозинството ги изгласа измените во отсуство на опозицијата во иднина ќе биде искористено за да се оспори законот, за кој се бара договор меѓу сите партии.

- Тоа е важен закон, кој, иако е во прва фаза, не може да се разгледува и да биде усвоен без консензус - изјави пратеникот Стојан Андов.

Најголемата опозициска партија СДСМ веќе се изјасни дека ако владејачкото мнозинство сакаше законот да се донесе со консензус, требаше да ги праша за мислење другите партии пред да ги предложи измените, а не отпосле. Другите партии, како ЛДП и НД, го оспоруваат начинот на кој работи комисијата за лустрација и изборот на нејзините членови. ЛДП бара да се преиспитаат надлежностите на комисијата, а Нова демократија смета дека ова тело треба да биде составено од експерти, наместо од членови избрани по предлог од партиите.

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието, вчера уште еднаш ги повика СДСМ, НСДП и НД да се вратат во собраниските клупи.

- Апелирам до нив да дојдат во Собранието и со нивна помош, преку амандмани во второ читање, да го изгласаме овој важен закон - рече Вељаноски. С.С.З.
04-02-2011, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:2. Нова опструкција на лустрацијата


Пак се мати водата околу лустрацијата. Откако се внесени измените во Предлог-законот во насока на поефикасно и поопфатно демаскирање на кодошите и налогодавците, ВМРО-ДПМНЕ најде нов изговор да го одложи изгласувањето. Опозицијата не била во парламентот, па не било фер без нив да се донесе законот, па затоа ќе ги чекале да се вратат.

Не ја отфрлам можноста и навистина да се има таква намера, ами што да се прави со претпоставката дека една од причините за бојкот на парламентот е токму избегнувањето на опозицијата да учествува во изгласувањето на новата верзија на законот? Оставете ги вие декларативните заложби дека принципиелно сите ќе го поддржеле неговото донесување. СДСМ, „опшиено“ со параудбашки и удбомафијашки структури и, што е најбитно, со налогодавци и корисници на кодошки услуги, не смее да учествува во тоа гласање кое, во суштина, треба да ги разнебити тие структури. Така, сами би си удриле во стомак, бидејѓи функционираат врз основа на нивната мрежна активност.

Дали тоа удбашките инсталациите во ВМРО-ДПМНЕ најдоа начин повторно да ја опструираат комплетната лустрација? Од каде тоа во таа партија се сигурни дека опозицијата ќе се врати во парламентот? Попрво сум на мислење дека, доколку не се направи радикален меѓународен притисок врз Гробарот Б.Ц., тие се подготвени воопшто да не се вратат, бидејќи ако се вратат, ги чекаат избори, а на изборите во пусија ги чека народот...со конечна пресуда во рацете.

Стратегиската опција на „операцијата бојкот“ е да се бојкотираат и евентуални предвремени (или редовни) избори и така да се избегне чистењето на Гробарот и неговата банда жолти мрави по неминовниот пораз. Оттука, постои можност новиот закон за лустрација воопшто да не биде изгласан пред изборите, што значи ново инсталирање на кодоши во идниот парламент и идната власт. Тие мораат да бидат разобличени пред наредните избори и затоа оваа одлука за одложување на гласањето фрла голем сомнеж во искрената намера конечно да се расчисти со удбомафијата во Македонија.

Извор
15-02-2011, 12:57 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1

(15-02-2011, 12:57 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: ... фрла голем сомнеж во искрената намера конечно да се расчисти со удбомафијата во Македонија.

Извор
Висок функционер на МВР задолжен за борба против организираниот криминал загинал во сообраќајка
Дај боже да сум оф топик и грешка, ама ова личи на ликвидација...
А за “коментарот“ на Најчевска, посебно за “паралелите“ со Нирнбершкиот Процес и нацистите, за разлика од “удбомафијата“ Хитлер и НСДАП дошле на власт по легални избори, демократско гласање а не како резултат на организиран отпор против странски окупатор. Нирнбершкиот Процес може да биде невалиден само затоа што обвинителите на некои нацисти со крв до лакти пропуштиле да ги седнат на клупа за да после ги ангажираат во Студената Војна. За да кај нас се спроведе процес по тој шаблон треба обвинителите и судиите да бидат потполно некомпромитирани и без било каква врска со било кого од удбомафијашите или периодот кога тие биле на власт. Такви луѓе има поголема веројатност да најдете меѓу дијаспората отколку во Македонија. Токму како и Нирнбершкиот Процес кој го спроведуваа странци а не Германци.


---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
20-02-2011, 06:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Собранието ги донесе измените на законот за лустрација

23.02.2011 - 21:10 |



Пратениците во рамките на 140. седница денеска ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција, поднесен од пратениците Силвана Бонева, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рафис Аљити и Тахир Хани од ДУИ.
24-02-2011, 03:47 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(24-02-2011, 03:47 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Собранието ги донесе измените на законот за лустрација

23.02.2011 - 21:10 |



Пратениците во рамките на 140. седница денеска ги донесоа измените и дополнувањата на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција, поднесен од пратениците Силвана Бонева, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рафис Аљити и Тахир Хани од ДУИ.

Па добро сега со претстојниве избори, што ќе се прави околу лустрирање на кандидатите?
24-02-2011, 03:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Изгласани измените на Законот за лустрација


Пратениците во Собранието во вторникот доцна попладне ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за лустрација. Предлогот за законските измени го поднесоа коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а беа изгласани без опозициската СДСМ, чии пратеници и натаму го бојкотираат Собранието.

Според измените отсега ќе можат да се лустрираат уредници на медиуми, новинари, адвокати, медијатори, сегашните и сите идни членови на МАНУ и високообразовните институции, како и лица од верските и политичките организации. Исто така, ќе бидат опфатени и сите поранешни и актуелни функционери, односно со лустрацијата ќе се опфати периодот од 1944 година до времетраењето на Законот. До Комисијата за лустрација отсега ќе можат да се поднесуваат само оригинални документи кои ќе служат за понатамошно процесирање.

Комисијата ќе води регистар кој по лустрацијата ќе го достави до Државниот архив за да има податоци доколку некое лице во иднина биде избрано за носител на јавна функција.
Доуредени се и одредбите во однос на составот на Комисијата, начинот на избор и мандатот на председателот и заменик-претседателот, се професионализира вршењето на функцијата член на Комисијата за верификација на факти и ќе се продолжи примената на
Законот - од пет години од денот на влегувањето во сила на Законот на десет години од денот на изборот на составот на Комисијата за верификација на факти.

(Д.С)
24-02-2011, 11:38 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

и сега да видиме што ќе одлучи судот доколку некој сдс-комуњар,соросоид,квази геј или сл. покрене постапка...
што ли ќе измислат, што ли подготвиле веќе?

смрдеата штипе во очи и веќе ништо не се гледа...
01-03-2011, 07:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,348
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Лагата на Грујо излезе на виделина:


Quote:Актуелните политичари не ги фаќа лустрацијата

07.03.2011 - 14:57

Измените во законот за лустрација ќе важат само за попови, новинари и поранешни функционери. Актуелните политичари куртулија од евентуалниот кодошлук направен по 91 година.

Иако новите законски измени предлагаат јавните функции да бидат чисти и од соработниците на тајните служби во независна Македонија од 1991 натаму, над 1400 функционери, меѓу кои и оние распоредени на клучните места во политиката, веќе си имаат потврда дека не се кодоши иако никој не знае, дали и со кого соработувале во периодот по осамостојувањето.

Освен веќе лустрираните функционери, од евентуалниот кодошлук по 91 година ќе куртулат и над 600 судии чии изјави се веќе пред лустраторите.

Аџиев вели дека секој кој до минатиот петок поднел изјава дека не е кодош, ќе биде проверуван само до осамостојувањето.

Потоа, подносителите ќе се проверуваат до моментот на поднесување на изјавата.

Од петокот тече и рокот за поднесување изјави пред комисијата за сите поранешни функционери, од 44 година наваму.

Иако никој нема список кој се бил на функција од Тито до денеска, Аџиев е дециден. Ќе ја завршиме работата.

По поранешните функционери, свештениците и членовите на МАНУ, изјава дека не се кодоши ќе мораат да поднесат и сите новинари. Комисијата во периодот кој претстои ќе даде рок во кој сите новинари без исклучок ќе мораат со изјава заверена на нотар да потврдат дека не се соработници на тајните служби.

Александар Спасовски
07-03-2011, 04:07 PM
Reply