Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Lustracija, kako toa gordo zvuci;
i ovaa nasata- zabelezaa dezurnite volci.
Ne gledajte vo zavedenite ovci ludje bozji,
gledajte volcite da gi sotrete.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
19-11-2010, 01:49 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Отворање на архивите

Извадок од „КОМУНИСТИЧКА ИНТИМА“ на Јасна Котеска, Темплум, Скопје, Скопје, 2008, 436страници, ISBN 978-9989-189-41-8


Дали би гладувал, би плачел, би се тепал?
Дали би се кинел себеси, дали би пиел оцет?
Би јадел крокодили? Гледаш, јас би…
Шекспир

Во февруари 2006 во "Фокус" излезе истражувањето на Блаже Миневски за пристапноста до полициските досиеја за периодот 1944-1990. Во 2002 година во Државниот архив на Република Македонија се дадени на чување над 14.000 лични досиеја на Службите за државна безбедност. Според еден документ на МВР издаден во септември 1993, во Македонија биле затворени 1.054 лица, а 242 биле осудени на смрт или на затвор над 15 години. На 5 јули 2000 година е донесен "Законот за постапување со досиеја за лица водени од Службата за државна безбедност". Според член 21 од тој Закон, овој Закон важел само една година. То ест влегол "на сила осмиот ден од објавување во 'Службениот весник на РМ', а ќе се применува една година од денот на влегување во сила." Но овој закон е вграден во "Правилникот за користење на досиејата во Архивот" донесен на 1 јануари 2003 година. А Правилникот имаше еден нов елемент што го немаше во веќе неважечкиот Закон. Имено, лицето што сака да го види своето досие, освен фотокопија од лична карта, мора да достави и "изјава заверена кај нотар дека "под целосна материјална и кривична одговорност лицето што има увид во досието нема да пренесува лични податоци за други физички лица што се наоѓаат во неговото лично досие'". Тоа значеше дека "Правилникот за користење на досиејата во Архивот" беше уште попроблематичен дури и од веќе неважечкиот Закон затоа што во Законот не постоеше член со кој се бараше потпишување изјава пред нотар.

Со зборовите на Блаже Миневски: "Кодошот има углед, а жртвата не само што нема углед, туку не смее ниту да помисли да го посочи јавно лицето што му го уништило угледот или, можеби, животот, воопшто… Значи, доколку жртвата го објави името на џелатот, државата ќе му помогне на џелатот неговата стара жртва повторно да биде жртва, а џелатот - џелат". Затоа останува релевантно прашањето: Како беше можно, во Македонија до пред две години се’ уште да е невозможно да се погледнат документи стари и по 60 години, без тој што ги погледнал и што ги направил транспарентни за јавноста, да не одговара пред законот? Да претпоставиме дека Службите за државна безбедност имаат разузнавачки информации кои, за доброто на сите нас, е важно да останат државна тајна. Но зарем е можно сите над 14.000 досиеја да имаат таква тежина што интегралното откривање на тие досиеја да е се’ уште ваков политички проблем?

Во февруари 2006 година бев во Државниот архив на Република Македонија и побарав да го видам интегралното досие на татко ми (значи без пречкртаните делови), но одбивајќи да ја потпишам изјавата кај нотар. Од службеното лице што работи на овие досиеја ми беше речено дека таа заштита е потребна заради мојата безбедност и заради фактот дека може да настанат проблеми – на пр. со зборовите на работникот во Архивот "некој може да посака да убие некого". За мене ова е нелогично не само затоа што со таа изјава не се штити тој што бил директна или индиректна жртва на системот, туку повторно се штити тој што кодошел, и поважно- затоа што главниот аргумент за нетранспарентноста е сосема нелогичен. Жртвата може во осамата на собата во Архивот да види кој бил неговиот/нејзиниот кодош, но со тоа сознание потоа треба да си оди дома, без можност од катарза. Токму во тој случај „некој може да посака да убие некого“. Катарзата може да настане само кога јавноста морално ќе го осуди лицето кое кодошело бидејќи во тој случај, јавноста на жртвата и’ го враќа она што еднаш и’ го одзела - правдината. Конечно, во земја со оваа историја на ужасни подземни градови од кодоши и ужасно блокирана идеја за макар провокација на поредокот, сосема е невозможно дека гордоста е категорија од која овие луѓе, кодошите на еден минат систем, ќе бидат смртно ранети. Тие ќе мора нешто да проголтаат, па нека голтнат по ѓаволите! Што се’ не се наголтале другите во нивно име?

На 22 јануари 2008 македонското Собрание со 73 гласа „за“ и ниеден „против“ го изгласа „Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција“, предложен од Стојан Андов, лидер на Либералната партија на Македонија, кој се доживеа како прв чекор кон спроведувањето лустрација и кон демистифицирањето на комунистичкото минато. Лустрацијата е замислена да опфати период од 66 години од 1944 до 1990 и да се спроведува пет години, според неа секој сегашен и иден функционер треба да даде изјава дека не бил соработник на тајните служби, а процесот ги опфаќа и наредбодавците и корисниците на информациите! Проверката на веродостојноста на изјавата ја врши комисија избрана од Собранието со двотретинско мнозинство, а составена од претседател, заменик-претседател и деветмина членови. Проблемот со ова решение е дека повторно е вклучена инстанцата на медијација (овојпат тоа е комисијата што посредува помеѓу минатото и луѓето), што значи дека ниту сега архивите начелно не се слободни.

Овој закон беше критикуван и затоа што ги „израмнува“ кодошите и високите функционери, додека нивните одговорности не смее да бидат еднакви. Јавнитe обвинители во судскиот процес против татко ми се повеќемина истакнати политички фигури, Јован Трпеновски (некогашниот претседател на антикорупциската комисија), Ѓорѓи Наумов (министер во првата, експертска влада на Кљусев во независна Република Македонија), а можеби и Михајло Маневски (актуелниот министер за правда на Република Македонија- ова име ми го приопшти еден од истражувачите што се занимава со бомбашката група со која е затворен татко ми и не знам дали е точно, бидејќи го нема во документите кои мене ми се на увид). Според едни луѓе, некои од обвинителите барале по 20 години затвор за татко ми. Според други, некои од обвинителите барале ослободителна пресуда за татко ми која сепак не ја добиле. Од кого ја барале и кој не им ја дал? Дали како корисници на информациите прибавени од кодошите со „Законот за вршење јавни функции“ тие не би смееле да прифатат јавна функција? Дали вака формулираниот закон дава идеја за правдина – тој што како дел од номенклатурите на претходниот систем учествувал во репресијата, сега не може повторно да се вклучи во политичкиот систем?

Како научник, сепак, за мене е суштинско едно друго, нерешено прашање со архивите, а тоа е дека и во ваквиот „Закон за лустрација“ главниот проблем останува – некој повторно го посредува минатото, овојпат тоа е Комисијата која единствена има нерестриктивен увид во минатото. За разлика од некои од комунистичките земји каде што веќе по падот на режимите, во Архивите влегоа некои нови "деца" и направија попис и опис на се’ што најдоа во нив, кај нас од 1990 па се’ до денес (2008) полициските архиви се начелно затворени за јавен увид, односно остануваат пристапни само со сериозни рестрикции. Историчарите се кријат зад податокот дека архивите од поранешна Југославија се горени во бункерите во Босна, но сите разузнавачки документи редовно биле препраќани до најмалку три инстанци, што значи дека ако се горени главните архиви, не се горени и обласните архиви кои се’ уште чуваат материјали за проучување. Во секој случај, со нашите архиви премногу долго време останаа да управуваат луѓето од полициските номенклатури и тие, реално, имаа време сосема да ги префабрикуваат сите досиеја и од нив да направат раскази. И не е исклучено дека, на пр. 20% од сите досиеја се сосема исфабрикувани приказни. Но тие 80% … - нив заслужуваме да ги знаеме.

Горниот дел од зградата кадешто некогаш бил сместен штабот на Штази-службите, контраразузнавачката служба на Источна Германија, во Берлин, денес е претворен во историска и архивска служба (долниот дел е музеј). Досиејата на Штази се достапни за сите. Доколку дојдам од Македонија и побарам да проучам одредено досие, секое досие ќе ми биде дадено на увид. На Германија не и’ е сеедно што се случувало во нивното минато, но уште помалку би и’ било сеедно ако тоа што се случувало, се крие. Vergangenheirsbewältigung е германски термин за „помирување со своето минато“. Во 1990-тите во Германија постоеле бројни дебати што да се прави со досиејата. Денес се смета дека тие треба да се сочуваат и да се проучуваат, со надеж „историјата да не се повторува“.

Цената на траспарентноста не е мала, но парадоксално, таа боли многу помалку одошто таинственоста. Оваа книга пледира за ЦЕЛОСНО отворање на архивите на контраразузнавачките служби од комунистичка Македонија, без исклучок и без разлика на професионалните или лични интереси, без разлика дали станува збор за поединец или за цела заедница (дури и независно од документите што историчарите ги сметаат за недекласирачки документи). Радикалната транспарентност е услов за обичната, проста вистина. Независно од стравовите на скептиците дека досиејата ќе предизвикаат реваншизам, сеирџиство и сл., се покажа дека само граѓаните на поранешната Источна Германија кои целосно ги отворија своите архиви, не претрпеа никаква штета од увидот во сопственото минато. Од минатото се профитира само таму каде што никој или мала група луѓе има пристап до него.

http://jasnakoteska.blogspot.com/2008/11...ost_0.html
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
20-11-2010, 11:01 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(25-10-2010, 12:50 PM)Misla Wrote: Нова Македонија 25/10/10

ЗОРАН ТОДОРОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА МАКЕДОНИЈА


Од кој период се досиејата во Архивот?

- Најголем број се за периодот од 1947 година до 1990 година. Но има досиеја кои се водени и потоа, од 1991 до 1998 година. И покрај тоа што во 1991 се донесе новиот Устав, во кој се гарантирани слободите и правата на граѓаните, тогашната владејачка партија СДСМ продолжи да води вакви досиеја. Најмногу имаше за припадниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа следени, прислушувани и снимани и покрај уставните ограничувања. Значи, според важечките прописи, треба и тогашните први луѓе на МВР да добијат соодветни санкции, бидејќи го кршеа новиот Устав на РМ. Тука се сите министри и главните раководители на службите од 1991 до 1998 година, кои во тој период носеа одлуки за водење досиеја и за следење, прислушување и снимање лица, пред сé, од партиски и идеолошки причини.

Колкав е бројот на досиеја водени во тие седум години?

- Немаме увид во нивната содржина, но според мене, тоа се пет до десет отсто од вкупниот број.

Колкава оператива е потребна за да се створи пет до десет отсто од вкупниот број на досиеја за седум години?
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
20-11-2010, 12:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,603
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Измама и предавство


„Ниедна вистина не треба да се плаши од друга. Измамата и заблудата, напротив, мораат да се плашат од секоја вистина (Шопенхауер, ‘Светот како волја и претстава’)“

Комунистичката историја во СФРЈ нé учеше дека Тито му рекол на Сталин не, дека бил голем јунак. Од книгата на Алберт Светина „Од ослободителна борба до бандитизам“ може да се заклучи дека тоа е измама. Дека Тито е предавник, кој ги предал грчките комунисти. Книгата е објавена во 2004 година, а авторот по војната е втор човек на словенечката УДБА: „Заради помошта што му ја вети Западот, на цедило ги остави грчките комунисти, кои се бореа против Англичаните“. Спротивно на официјалната историја во СФРЈ, Светина пишува: „Со резолуцијата на Информбирото, Сталин се откажа од Тито, а не обратно“. Дека предавството било причина Сталин да се откаже од Тито пишува и Богдан Сајовиц во својата книга „УДБА“ објавена во 2006 година. Пред неколку месеци хрватскиот весник „Јутарњи лист“ објави дека е пронајден дневникот на Тито од 1950 година. Од него е утврдено дека интензивно учел англиски и преговарал со Западот за бег. Заклучокот е како на дланка, дека поради предавството на грчките комунисти, Сталин сакал да го ликвидира, а се очекувал и напад на СФРЈ, по кој Тито би побегнал на Запад.
Од ова може да се заклучи дека дејствувањето на Сталин било во корист на македонските интереси, а дејствувањето на Тито против. Со евентуален успех на грчките комунисти, Македонците во Грција во најмала рака би добиле автономна покраина. Следува уште еден заклучок, за Македонците важен и за сегашноста, а тоа е дека македонските комунисти се поделиле помеѓу Тито и Сталин. Пологичен е заклучокот дека тие што застанале зад Тито, учествувале во предавството на македонските интереси. Најлогичен е заклучокот дека истите владееја со Македонија 45 години во комунизмот и 20 години во транзицијата и бидејќи повторно се загрозени македонските интереси, повторно ќе нé предадат. Цела левица е нивна, а многу ги има и во десната влада. Сите сталинисти, партизани, борци, вмровци и други што се залагаа за интересите на Македонците скапуваа по затвори. Владимир Дедиер пишува дека околу 32.000 биле на Голи Оток и Свети Гргур, што е најголем прогон во Европа по Хитлер и Сталин. Стигнаа и третата генерација Титови наследници, кои преку разни инкубатори (академии на судии, на обвинители), а со централна поддршка на УДБА (не е грешка, преименувањето на оваа служба не значи дека нешто суштински се изменило во нејзините цели), ги зазедоа местата на своите претци.
За да биде текстов поверодостоен, ќе се послужам и со аргументи набавени од западни извори. Во 1997 година во Париз е објавена „Црна книга на комунизмот“ од група автори (Штефан Куртоаз, Николас Верт, Жан Луј Пане, Анджеј Пачковски, Карел Бартошек и Жан Луј Марголин). Според оваа книга, ЕЛАС (комунистите) се пред победа во граѓанската војна, но исходот го менуваат Британците, па Грција не станува комунистичка држава. Меѓутоа, во јануари 1946 година, СССР покажува интерес за Грција, вложувајќи интерпелација во Советот за безбедност на ОН, поради британската присутност во таа држава. На 12 февруари 1946 година, ККЕ (Комунистичката партија на Грција) носи одлука за востание со помош на југословенските комунисти. Очигледно е дека ваквата одлука е во склад со политиката на Сталин. На 30 март 1946 година, ККЕ ја презеде одговорноста за почнување на третата граѓанска војна. Првиот напад на ДА (Демократска армија, формирана 28 октомври 1946) го води генералот Маркос Вафиадис. Паралелно и истовремено, војува и ККЕ. Никос Захариадис (генерален секретар на ККЕ), по турнејата во Белград, Прага и во Москва, најавува скорашно формирање „слободна“ влада. Според авторите, грчките комунисти биле убедени дека можат да го изберат истиот пат како и Тито, четири години пред тоа.
За да биде поверодостојно и посликовито предавството на Тито кога станало очигледно дека комунистите победуваат во Грција, ќе ги цитирам авторите:
„Југословените отидоа толку далеку, што испратија во Грција дури доброволци - некаде околу десет илјади!, од редовите на својата армија. Многубројните извештаи на посебната истражна комисија на ОН за Балкан го утврдија исклучителното значење на таа помош за Демократската армија“.
Според авторите, во 1948 година Тито се одлучи за повлекување и така ги предаде македонските интереси и грчките комунисти. По ова, веројатно на секого ќе му стане јасно зошто Советот на Европа, ЕУ и САД секаде бараат лустрација, а во Македонија се рамнодушни. Десната опција, доколку сака да ја анулира оваа „предност“ на Титовите наследници, мора да побара помош од Советот на Европа, ЕУ и САД, за Македонија да расчисти со своето комунистичко минато. Тоа е единствениот начин да се докаже дека на власт е демократска десница, а истовремено да се отстранат сомневањата дека Советот на Европа, ЕУ и САД „одлично соработуваат со Титовите наследници“.
Пред неколку дена, еден од архитектите на словенечката самостојна држава, проф. д-р Димитриј Рупел, им испрати писма на сите амбасадори во Словенија (и самиот дипломат и министер за надворешни работи на Јанша) во кои ги известува дека Словенија не може сама да расчисти со комунистичкото минато. Доколку Словенија, која прва го напушти комунистичкиот котел, изврши лустрација на судството, во книга ги објави имињата на 14.000 кодоши, стана членка на ЕУ, а не може докрај да се справи со комунизмот, до толку повеќе Македонија е цврсто во канџите на комунизмот и десницата треба да побара помош.

Марјан Попески, адвокат и судски преведувач
09-12-2010, 11:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,603
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Партизани и комунисти


Последново мене ми вели дека ЕУ и Советот на Европа го препознаваат грчкиот фашизам, но и нашиот комунизам, кој нехигиенски се вгнезди во десната влада
Што на децата поубаво им сјае од татковата слава или на таткото добар глас за децата негови?“ (Софокле, „Антигона“)
Во фамилијата имавме шест партизани. Не ми е познато дека сме имале некого на другата страна. Двајца беа на Голи оток. Едниот беше првиот партизан во своето место. Вториот се врати од Голи оток како „непоправлив“. Третиот веднаш по војната комунистите ги прогласи за „багра“. И другите двајца не беа комунисти. Само еден беше комунист. Само еден беше обвинител. Само неговиот син беше обвинител. Само неговиот внук, во време на сегашнава десна влада стана судија. Само комунистот и неговите потомци ги имаа сите привилегии и денес ги имаат.
Да се разбереме. Нема ништо лошо во привилегиите. Лошо е кога незаслужено се добиваат привилегии. Кога наместо да му се служи на македонскиот народ, и се служи на комунистичката партија, која до ден-денешен спроведува диктатура врз македонскиот народ. Како било да си го менуваат името; ги препознаваме, ги чувствуваме.
Најголемото губилиште, Втората светска војна, однесе шеесет милиони животи. Но и еден Хитлер („Мојата борба“) се згрозува над комунистите, кои што според него убиле во Русија триесет милиони луѓе.
Чесите со закон ја прогласија комунистичката партија за злосторничка.
Советот на Европа со Резолуција 1.096 од 27.6.1996 година ги прогласи бившите комунистички режими за тоталитарни, што е друг збор за злосторнички. Сте се запрашале ли зошто комунистите во десната влада не дозволуваат да видите ни превод од оваа резолуција? Нека одговори самата Резолуција (членот 7):
„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“
Десната влада, од рекетирањето на комунистите во своите редови не направи ни обид за казниво гонење за злосторствата на комунистите. Едните наместо вести даваат црна хроника, а другите пукаат во центар и го заплашуваат ВМРО. Тоа го прават одвреме-навреме. Колку да го потсетат. Но судбината сакаше рекетарите да се претворат во жртви, кои токму ВМРО ги спасуваше со потврди „дека се нормални“.
Според членот 15 од Резолуцијата, Македонија има обврска да ја спроведе, за да не мораат органите на Советот на Европа да преземаат мерки, па и исклучување (досега исклучена само Грција). Во членот 11 од Резолуцијата се регулирани декомунизацијата и лустрацијата. За разлика од членот 7, овде се сместени оние комунисти што не ги окрвавеле рацете. Целта е да се издвојат комунистите, кои не практикуваат демократски начела („...бидејќи во минатото на тие начела не им покажаа потребна верност, ниту пак сега имаат никаков интерес или подготвеност за нивно почитување“) и да се доведат луѓе што ќе им бидат верни на демократските начела.
Десет години подоцна, Советот на Европа носи нова Резолуција 1.481 (2006 г.), со која ја истакнува својата решеност да се пресмета со последиците на комунистичките режими и во членот 1 ја реафирмира Резолуцијата од 1996 г. Во неа, поимите се поостри, а пораките појасни. Во членот 5 се нагласува дека за комунистичките злосторства немаше судење како за нацистичките (Нирнбершки процес) и со тоа ги изедначува нацистичките и комунистичките злосторства. Резолуцијата во членот 14 потенцира дека овој е начинот жртвите да добијат сатисфакција, да се ослободат од стравот и да дојде до национално помирување, кое ќе придонесе за јакнење на народната слога.
Во април 2009 година и ЕУ носи резолуција за европската совест и тоталитаризмот, која во целост се повикува на Резолуцијата на Советот на Европа 1.481 (2006 г.). Во точката Ј се изедначени комунистичките режими и фашистичките режими на Грција, Португалија и на Шпанија.
Последново мене ми вели дека ЕУ и Советот на Европа го препознаваат грчкиот фашизам, но и нашиот комунизам, кој нехигиенски се вгнезди во десната влада.
Внимавајте добро; партизан не е исто што и комунист. Едно партизанско дете во Словенија направи исто толку колку и Јанша во борбата со комунистите по осамостојувањето на Словенија:
„Кога на росни 19 години ме поканија во партија, одбив. Се плашев и ми се гадеше од помислата дека ќе морам да пијам во тоа друштво... Од НОБ во фамилијата имаме борци и првоборци, неколку паднати, но ниту еден единствен колаборант со окупаторот. Сите беа во ОФ, во логори, затворани, или во партизани. По војната, на сите преживеани им беше понудена соработка со УДБА во зависност од тоа на кое скалило се нашле, кое без колебање го одбиле. Тоа ги прекина нашите односи со режимот, пред уште тој добро да заседне“. (Едо Равникар, „УДБОМАФИЈА, прирачник за разбирање на транзицијата“, Љубљана, 1994, страница 249 и 375)
Авторот е адвокат и судски преведувач

Автор: Марјан Попески
09-12-2010, 11:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,603
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Пратениците изгласаа Декларација за спроведување на лустрација


[Image: 4F99109B-9572-4C5D-AEF2-73B94206BE4F_mw270_s.jpg]

11.12.2010
Пратениците во рамките на 128 седница денеска ја изгласаа со консензус Декларацијата за спроведување на процесот на лустрација и осудата на обидите за девалвација на процесот. Со Декларацијата се предвидува Собранието да се заложи за процесот на лустрацијата да се спроведе врз принципот на владеење на правото и да се осудат обидите за спроведување на таканаречена улична лустрација која го нарушува моралниот интегитет на носителите на јавни функции.Дел од пратениците од опозициските партии кои ја поддржаа Декларацијата сметаат дека со неа нема да се решат проблемите, бараат измени во законот и преиспитување на составот на Комисијата за верификација на факти. Пратениците од владечката партија ВМРО ДПМНЕ оценија дека Декларацијата претствува повторно враќање на лустрацијата во институциите.


Грујо вети нов закон за лустрација по обичај излажа. Сега усвојува декларација .
11-12-2010, 06:37 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Quote:Десетте Божји заповеди на комунистичкото право

Четврток, 04 Ноември 2010

Marjan Popeski


Комунизам


Доколку го парафразираме Шопенхауер („Светот како волја и претстава“), потеклото на смешното е во несовпаѓањето на замисленото и виденото. На пример, натписот над гробот на еден лекар: „Овде лежи тој како јунак, а оние што тој ги испоубива лежат околу него“. Поимот „лежи окружен со оние што ги испоубил“ е чесен за јунак што го брани огништето, но во случајов под овој поим се супсумира лекар што треба да го чува животот. Значи, смешно е она што е нелогично.

Иако со две резолуции на Советот на Европа и една на ЕУ на бившите комунистички земји им е прецизно објаснето како да се исчистат од комунизмот, десната влада и претседателот на државата, на најважни места имаат поставено комунисти, кои извршувале министерски, судиски, обвинителски, амбасадорски, партиски и други функции. Поради тоа, во продолжение на текстов ќе бидат сведени под заеднички именител „комунистот“.

За да споредиме како го разбира правото „комунистот“ на десната влада и претседателот, мора прво да знаеме врз основа на кои „заповеди“ работел „комунистот“.

Според проф. д-р Ловро Штурм („БЕСПРАВЈЕ, словенското правосудство по 1945“, Љубљана, 1998,), кој во десната влада на Јанез Јанша до пред две-три години беше министер за правосудство, комунистичките судови се репресивен орган, во кој првите кадри доаѓаат од УДБА и Обвинителството. Во првостепените судови 50 отсто се комунисти, а во вишите и во Врховниот, 80 отсто судии се комунисти. Преземајќи го полскиот правен теоретичар Лех Фаландиш, Штурм со коавторот, на страница 69 ги наведува „Десетте Божји заповеди на комунистичкото право и ред“:

1. „Правото им е подредено на политичките цели и интереси на владејачката група (странка); над правото преовладува политиката, која правото не ја ограничува;
2. Правото е политички инструмент на владејачката странка, кој на таа странка и овозможува, на ‘степен на закон да подигне’ сé што ќе посака и со тоа да го обврзе целото општество;
3. Општеството како целина и општествените групи надвор од владејачката странка немаат никакво фактичко влијание на содржината на правото и на процесот на неговото создавање;
4. Човековите права и граѓански слободи се заштитени само до таа мера, додека се совпаѓаат со интересите на групата на власт;
5. Политичките власти правото не ги обврзува; таа власт е единствена група која може правото да го менува и крши;
6. Спрема надвор, правото се претставува во демократски облик, кој во практиката не дејствува;
7. Правото го создава законодавно тело, во кое секогаш преовладува владејачката странка и други државни тела, кои на таа странка и се целосно подредени;
8. Независно тело кое би ја оценувало складноста на законите со Уставот или меѓународните конвенции, не постои. Што се однесува до заштита на човековите права и граѓански слободи, како Уставот, така и меѓународните договори, се третираат како декларации без непосредна употреба во општествената практика;
9. Службената пропаганда го прикажува правото како израз на настојувањето на мнозинството државјани, или општеството како целина;
10. Теоријата на правото и научното проучување на правото се обидуваат да ја оправдаат потребата од постоечкиот правен систем; нивна должност е да го посматраат и утврдуваат; правните професии се должни да соработуваат со власта, да ја штитат и да ги потпираат нејзините интереси“.

Чесите во член 2, став 2 од Законот за противправно дејствување на комунистичкиот систем, комунизмот го прогласуваат за злосторнички режим:

„Комунистичката партија на Чехословачка беше злосторничка организација, која заслужува презир, како и сите организации што беа формирани врз основа на нејзината идеологија и своето дејствување го насочиле против човековите права и демократскиот систем“.

Според Јанез Јанша („Ровови“, Љубљана, 1994, страница 125-126), суден и затворан во комунизмот, поранешен премиер на Словенија, денес лидер на опозицијата, во комунизмот имало само две линии за напредување до врвот на хиерархијата. Двете претставувале темелни камења на недемократската власт: УДБА и идејнополитичките комисии. Понатаму тврди дека Милан Кучан стигнал на врвот по втората, според Јанша, помека линија.

„Комунистот“ во десната влада, во комунистичкиот режим не напредувал по втората линија. Не ги заземал оние места во комунистичката партија, што ги заземал Милан Кучан, кој стана и нејзин шеф. Таквите останаа во дружината на Црвенковски, некои од нив се „надве“, а другите во стампедо јурнаа кон десницата, па како во секое стампедо имаше жртви и тоа најмногу десничари.

„Војниците во стражарницата му дозволуваат на тукушто доведениот затвореник да им се придружи во играњето карти, но бидејќи тој при играњето мами, избувнува караница и тие го исфрлаат надвор. Војниците се придржуваат кон општиот поим ‘лошите другари се исфрлаат надвор’, а притоа забораваат дека истовремено тој е затвореник, односно некој што треба да се држи под стража“ (Шопенхауер, „Светот како волја и претстава“).

И после, еден министер на десната влада се чуди што НАТО ни дозволува да го чуваме кампот, ама не ни дозволува да престојуваме во НАТО-шаторот?!

http://www.macedonianspark.com/mk/vesti/...4-21-38-43
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
13-12-2010, 09:23 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:ВМРО-ДПМНЕ нишани кон сите кодоши

Во практиката можно е повторно да се предложат исти одредби. Но, од правен аспект, таквата промена на законот, која враќа едно правило што Уставниот суд веќе го укинал, значи непочитување на одлуките на судиите, велат во Уставниот суд

Ниту членовите на комисијата за лустрација, ниту пратеничките групи не знаат што точно содржи новиот предлог-закон за лустрација што го изработи работната група на ВМРО-ДПМНЕ, а за кој се најавува дека ќе биде целосно поинаков од сегашното законско решение.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема прецизна информација кога предлогот ќе го достават во Собранието. Од партијата брифираат дека главните измени се во тоа што законот нема да ги опфаќа само функционерите, туку сите што соработувале со тајните служби, без разлика дали се на јавна функција или не се. Тоа ќе важи и за периодот по 1991 година. Имињата на кодошите јавно ќе се објавуваат.

Томе Аџиев, претседател на комисијата за лустрација, вели дека тие имале забелешки на актуелниот закон, кои ги доставиле до пратениците.

Се однесувале главно на технички измени во законот. Во комисијата не знаат каков закон планира да предложи ВМРО-ДПМНЕ.

- Работа на Собранието е да предлага закони. Не можеме да навлегуваме во нивната надлежност. Ние сме должни да ги спроведуваме законите. Нашите забелешки им ги испративме и се надеваме дека ги имале предвид - вели Аџиев.

Првичната најава од ВМРО-ДПМНЕ беше дека ќе подготват измени во актуелниот закон за дополнителен услов за вршење јавна функција. Тогаш ДУИ најави дека ќе ги поддржи измените доколку тие се во согласност со Уставот. Проблематично беше на кој начин да се направат измените, за Уставниот суд да не може повторно да ги укине, ако некој поднесе таква иницијатива. Сепак, најголемите измени што планира да ги предложи ВМРО-ДПМНЕ се исти или слични со укинатите - тоа се периодот на важење на лустрацијата и јавното објавување на имињата на кодошите.

Од Уставниот суд велат дека прво треба строго да се утврди дали предлогот целосно се совпаѓа со тоа што судот веќе го укинал.

- Ако има барем и една запирка сменета во текстот, тогаш тоа значи новина во предлогот, бидејќи таа запирка ја менува и суштината на законот. Во практиката можно е повторно да се предложат исти одредби. Но, од правен аспект, таквата промена на законот, која враќа едно правило што Уставниот суд веќе го укинал, значи непочитување на одлуките на Уставниот суд, а со тоа и на неговата уставна положба. Со ова се доведува во прашање и начелото на владеење на правото - велат во Уставниот суд.

Нови документи за Ахмети, се тврди дека се оригинални

Нови три документи, кои наводно потврдуваат дека лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот вујко Фазли Велиу соработувале со тајните служби, обелодени вчера партијата Албански сојуз.

Ваљон Беља, претседател на Албански сојуз, тврди дека документите се оригинални. Покрај за досието „Ибар“, тој тврди дека ги има оригиналите и за досиејата „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“. Според Беља, документите се заверени на нотар, што потврдува дека се веродостојни. Името на нотарот е пречкртано, за да не трпел притисоци.

- Политичката сцена мора да се исчисти од сомнителните политичари и тоа мора да се направи што побрзо. Документите покажуваат дека овие лица за своите услуги добивале пари од тајните служби на поранешна Југославија - вели Беља.

Според документите, на Ахмети му биле исплатени 7.500 швајцарски франци, а на Велиу 2.500 германски марки.

Партиските тела ќе одлучуваат дали ќе ги достават документите во комисијата за лустрација. Според Беља, тие се сомничави кон комисијата, која се надгласувала за доказите и за фактите.

- Ќе водиме интензивна битка да ги откриеме криминалците, кои се претставуваат како политичари. На пример, сé уште нема казна за пратеникот на ДУИ Талат Џафери, кој влезе на гласачко место со пиштол. Не е приведен синот на градоначалникот на Дебар, кој беше фатен со дрога, како ни синот на заменик-министерот за внатрешни работи за истото дело - рече Беља.


Автор: Сунчица Стојановска Зоксимовска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22164
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
22-12-2010, 01:26 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:КОЛУМНА
Марјан Попески
четврток, 23 декември 2010 12:34

НУЖНА ОДБРАНА
„Доколку неспособноста да се браниме со тело би била срамота, бесмислено би било кога за срамота не би се сметала неспособноста да се браниме со говор, чиешто користење и е посвојствено на човековата природа, отколку користењето со телото“ (Аристотел, „Реторика“)


Најнапред дисквалификација, па потоа ликвидација. Ова е начинот на дејствување на „комунистот“. Особено на „комунистот“ од стар ков.

Меѓутоа, како дел од десната влада, тој ја застапува Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Дека овој начин на дејствување е доминантен и денес кај комунистите, обвини десницата во Словенија. Така и Јанез Јанша: „Сé тече во контекст на Кучановата изјава, која ја изрече на 23 февруари 1994 година на пратеничката вечер на Борут Пахор во Нова Горица. Тоа е најнапред дисквалификација, а потоа ликвидација, доколку е потребна, дури и физичка („Младина“ од 5.3.2010 г., најпродаван словенечки неделник, близок до левицата)“.

Томаж Ертл, шефот на словенечка УДБА што го уапси Јанша и и го предаде на ЈНА, е тука некаде со годините на нашиот „комунист“. Кога пред неколку месеци беше одликуван од претседателот, десницата против претседателот поведе постапка за „импичмент“, или уставно обвинение. Претседателот, близок на левицата, објаснуваше дека одликуваниот удбаш бил најзаслужен како министер за внатрешни работи во операцијата „Север“, бидејќи го осуетил „митингот на вистината“ во Љубљана и така помогнал во борбата за осамостојувањето на Словенија.

Десницата истакна дека Врховниот суд ја прогласил УДБА за злосторничка организација затоа што одликуваниот во својство на шеф на УДБА самиот направил злосторство во 1979 година. Во словенечкиот парламент, во постапката против претседателот, Јанша го запраша: „Што е друго, ако не злосторство, тоа да поставуваш бомба во просторија, под која беше седницата на одборниците во Великовец? Зарем тоа не е злосторство (http://www.teletext.si/slovenija/ustavna...odo/224795)?“ Обвинението не стигна до Уставниот суд, бидејќи десницата беше надгласана.

Колку се разликуваме. Во Словенија претседател близок на левицата одликува удбаш што се борел за осамостојување на Словенија и доживува „импичмент“. Во Словенија, Уставниот суд, комунистичките судови ги прогласи за „борбен орган“ на комунистите. Кај нас, десна влада „комунистот“ го поставува на највисоки позиции. И никому ништо.

Резултатите на „комунистот“ се видливи од колумните што ги напишав за веронауката, екстерното, границата, новиот управен суд и системското кршење на човековото право на суд. Еве како ја застапува Македонија агентката пред Европскиот суд за човекови права.

На 15.9.2009 година „Нова Македонија“ објави статија „Во Стразбур Македонија изгуби и од словенечка фирма“. Со една реченица беше цитиран адвокатот на „Леснина“: „Поради силата на нашите докази и аргументи, добивме понуда за порамнување, која сега ја разгледуваме...“ Во моментот кога е објавена статијата, Македонија и „Леснина“ веќе имаат постигнато договор.

На 19.10.2009 година агентката бара од Европскиот суд за човекови права да ја отфрли апликацијата, бидејќи адвокатот во „Нова Македонија“ оддавал податоци за порамнувањето. Адвокатот му напиша на судот, дека токму агентката, во постапката Јанева против Македонија оддавала податоци за порамнувањето, во „Дневник“ од 18.3.2006 година. Побара, судот да го примени начелото немо аудитур турпитудинем аллеганс (никој не смее да се повикува на своето нечесно дело) и да пресуди дали делото на агентката е чесно.

Европскиот суд за човекови права ја повика Владата на Република Словенија да се вклучи во постапката, за да ги заштити интересите на „Леснина“.

Владата на Словенија одби да се вклучи. Веројатно оценила дека адвокатот добро си ја води постапката. Европскиот суд за човекови права донесе одлука 37619/04 од 2 март 2010 година, со која го одби барањето на агентката и одлучи во корист на адвокатот. До денес, изминаа повеќе од десет месеци, а агентката не ја има преведено одлуката. Што ли содржи, штом агентката не и ја дава на јавноста?

Според член 14, став 1 од Законот за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права, Македонија мора во рок од еден месец да објави превод на одлуката на Европскиот суд за човекови права. Со овој факт, агентката докажа дека во Македонија се применуваат „Десетте Божји заповеди на комунистичкото право“, петта заповед: „Политичките власти правото не ги обврзува; таа власт е единствена група, која може правото да го менува и крши (види „Нова Македонија“ од 29.10.2010 г.)“.

Откако загуби, агентката побара од судот да важи договорот и да не се донесува пресуда. Адвокатот се согласи. Европскиот суд за човекови права не се согласи. Донесе пресуда 37619/04 од 14 октомври 2010 година, со која утврди дека Македонија ги прекршила човековите права.

Авторот е адвокат и судски преведувач
23-12-2010, 05:47 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Тука е лесно да прогласиш кодош

[Image: FFC1F35829ED5E49A64794617DE01C43.jpg]


Лустрацијата се спроведува карикатрурално и претставува навреда за една држава, велат аналитичарите

Оливера Војновска


Дали Македонија е способна да спроведе правична лустрација и какви неоспорни факти се потребни за некој да биде прогласен за кодош? „Нема потреба од никакви докази. Одлична работа ќе завршат еден компјутер и некаква копија од печат. И, на рака имате досие за кого сакате и какво што сакате. Потоа со ’крунскиот доказ‘ во папка се мавта пред Комисијата за лустрација. А за да биде впечатокот посилен задолжително се носат шапка и црни очила“. Вака сликовито професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Имер Исмаили, ја опишува македонската лустрација што ја квалификува како криминална.

Дворската лустрација беше топ-тема во јавноста и ги засени сите настани во изминативе три месеци. Кулминација имаше во периодот околу Самитот на НАТО во Лисабон и кога се очекуваше извештајот на Европската комисија. Досега единствена жртва на лустрацијата е поранешниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски, за кого е во тек жалбената постапка пред Врховен суд. И додека лустраторите не ја верификуваа изјавата само на уставниот судија (а проверени се највисоките државни функционери - претседателот, спикерот, премиерот, пратениците, министрите), во албанскиот политички блок вистински земјотрес направија контроверзните документи никнати по дворовите во Тетовско. Но, дури откако „Вујко“, „Мама“, „Стрелец“ и „Ибар“ предизвикаа огромна политичка бура во државата и сериозно ги разнишаа угледот на Али Ахмети и на неговата ДУИ, лустраторите открија дека не се веродостојни документи, туку плагијати.

Познавачите на нашите политички прилики се децидни дека лустрацијата целосно ја изгуби смислата и место институционално се спроведува од улица. „Овој процес ја промаши целта и се користи исклучиво за политичка пресметка. Македонската лустрацијата се спроведува карикатурално и претставува навреда за една држава. Комисијата за лустрација го изгуби кредибилитетот. Ирелевентно е што ќе кажат лустраторите, дали некој бил кодош или не. Никој повеќе не верува во нивните одлуки и, за жал, целиот процес стана предмет на потсмев“, вели професорот Ибраими.

И универзитетскиот професор Стево Пендаровски со жалење констатира дека во Македонија нема законска лустрација, туку партиска. „Ако во Комисијата за лустрација има прегласување, тогаш е јасно дека намерата е некој да се заштити. Во случајов тоа беа луѓе од власта. Поранешниот претседател на Уставен е најдобра илустрација за политизирање на лустрацијата. Тој неколку месеци претходно беше напаѓан од премиерот за одлуките што ги носи Судот“, вели Пендаровски. Според него, легитимитетот на процесот на лустрација е комплетно уништен. „Сведоци сме на внатрешна политичка пресметка кај Албанците. Нетрпеливоста меѓу клучните лидери постои уште од конфликтот во 2001 година. Сега, во таа битка да се оцрни противникот, се користи и лустрацијата. Токму поради уличниот начин на кој се спроведува, ентузијазмот на јавноста е драстично намален и многумина изгубија надеж дека може да се направи легитимен процес“, смета тој.

Минатата недела нашата тажна лустрациска приказна имаше ново продолжение. Лидерот на Албанскиот сојуз, Ваљон Беља, покажа материјали за кои тврдеше дека имаат несоборливи докази оти Ахмети бил соработник на УДБ-а. Но, Беља не и' верува на Комисијата за лустрација и документите нема да ги достави до неа.

Неодамна, Дојче веле пренесе текст од швајцарскиот весник „Ноје цирихер цајтунг“ под наслов „Лустрациски циркус во Македонија“, во кој заклучува: „Едно е јасно: лустрацискиот процес во Македонија пропадна“. На државните институции им недостасува довербата од граѓаните, со цел да работат независно, и покрај обидите на моќниците да извршат влијание. Без институционален авторитет, лустрацијата се претвори во изговор за да се оцрни политичкиот противник. Оваа епизода, пред се', покажува дека Македонија има проблем да се соочи не со минатото, туку со сегашноста“.Извор
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 28-12-2010, 02:59 PM by montehristo.)
28-12-2010, 02:58 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:раскажува Иван Бабановски, кој долги години работеше во Службата за безбедност
Гореспомнатиот изгледа на своите внуци им ја раскажува својата историја по принципот на оној виц како партизанот го преживеал стрелањето, кога германците им понудиле или стрелање или ебење.
Чудно, Уставниот судија го дадоа курбан ова комуњарите, а овој Бабан које e на таа Полициска Академија уште си е на позиција

Quote:Д-р Стојан Ристески нагласува дека само првата група заточеници страдале од органите на власта што биле таму.
Значи ајде да се ослободиме од кодошите , ама да ги задржиме налогодавачите.Tuktuk0ni

Quote:по напуштањето на Голи Оток, продолжувал затворот за заточеникот. Морал да се пријавува во УДБ-а, да поднесува извештаи за тоа каде бил, со кого разговарал, кој зборувал против Партијата.

Quote:Професор Тома Батев, кој на Голи Оток помина 29 месеци, подвлекува дека стравотната тортура била вршена по директива на УДБ-а, а сценариото за измачување го измислиле нејзините главешини

Quote:Меѓутоа, треба да се верува во едно со стопроцентна сигурност, ОЗН-а , подоцна УДБ-а, односно СДБ, кон сите нив и кон нивните семејства била немилосрдна, уништувајќи многу млади животи

Quote:да поднесува извештаи за тоа каде бил, со кого разговарал, кој зборувал против Партијата.

Не против Државата туку против Партијата
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 31-12-2010, 06:19 PM by montehristo.)
31-12-2010, 06:14 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(31-12-2010, 06:14 PM)montehristo Wrote:
Quote:раскажува Иван Бабановски, кој долги години работеше во Службата за безбедност
Гореспомнатиот изгледа на своите внуци им ја раскажува својата историја по принципот на оној виц како партизанот го преживеал стрелањето, кога германците им понудиле или стрелање или ебење.
Чудно, Уставниот судија го дадоа курбан ова комуњарите, а овој Бабан које e на таа Полициска Академија уште си е на позиција

Quote:Д-р Стојан Ристески нагласува дека само првата група заточеници страдале од органите на власта што биле таму.
Значи ајде да се ослободиме од кодошите , ама да ги задржиме налогодавачите.Tuktuk0ni

Quote:по напуштањето на Голи Оток, продолжувал затворот за заточеникот. Морал да се пријавува во УДБ-а, да поднесува извештаи за тоа каде бил, со кого разговарал, кој зборувал против Партијата.

Quote:Професор Тома Батев, кој на Голи Оток помина 29 месеци, подвлекува дека стравотната тортура била вршена по директива на УДБ-а, а сценариото за измачување го измислиле нејзините главешини

Quote:Меѓутоа, треба да се верува во едно со стопроцентна сигурност, ОЗН-а , подоцна УДБ-а, односно СДБ, кон сите нив и кон нивните семејства била немилосрдна, уништувајќи многу млади животи

Quote:да поднесува извештаи за тоа каде бил, со кого разговарал, кој зборувал против Партијата.

Не против Државата туку против Партијата
Само што проверив на страната на Факултетот за Безбедност сепак го нема Бабановски, се извинувам за грешката.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
31-12-2010, 06:29 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(31-12-2010, 06:29 PM)montehristo Wrote: Само што проверив на страната на Факултетот за Безбедност сепак го нема Бабановски, се извинувам за грешката.

Од поодамна е пензиониран... ама само формално.
31-12-2010, 11:44 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(31-12-2010, 11:44 PM)Solenik Wrote:
(31-12-2010, 06:29 PM)montehristo Wrote: Само што проверив на страната на Факултетот за Безбедност сепак го нема Бабановски, се извинувам за грешката.

Од поодамна е пензиониран... ама само формално.

Баш гледав на Сител некоја Жена со својот син решила да го Лустрира својот маж (кој случајно нели работел за УДБ-а).
Можеби заслужил??
Среќна нова на сите па и на кодошите.
УДБ-аши и на вас ви пожелуваме нова година.
Да сте живи и здрави таман онолку додека ве Лустрираме.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
01-01-2011, 12:38 AM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

Нема таков маж што ќе направи лустарија кај нас (ова јас како бране во охрид за името)
не барем уште дестина години дури не изумрат политички некој видни личности во двете партии оти не верувам дека ќе се појави трета опција да ја отпочне работата :(
Pishtoldzija
04-01-2011, 03:10 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(04-01-2011, 03:10 AM)goran16ta Wrote: Нема таков маж што ќе направи лустарија кај нас (ова јас како бране во охрид за името)
не барем уште дестина години дури не изумрат политички некој видни личности во двете партии оти не верувам дека ќе се појави трета опција да ја отпочне работата :(

" Жене ће показати мушкарцима шта су прави мушкарци,
мушкарци никада неће бити такве жене"

Душко Радовић
"Београде, Добро јутро"
PosPos
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
07-01-2011, 07:40 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:И гувернерот Гошев стаса за лустрација

[Image: 0C26A283DC2A2F4EA4E5C952F88CEC25.jpg]

Лустраторите ги повикаа првиот човек на НБМ, академиците и македонските дипломати да дадат изјави дека не биле кодоши

Оливера Војновска


Четири месеци пред да му истече мандатот, ќе се „лустрира“ и гувернерот Петар Гошев. Комисијата за лустрација вчера преку јавен оглас ги повика првиот човек на НБМ, тројцата вицегувернери, членовите на Советот на НБМ и раководните лица вработени во централната банка да поднесат изјави дека во поранешниот систем не биле соработници со тајната полиција. Вакви изјави заверени на нотар треба да дадат и претседателот и членовите на МАНУ, македонските дипломати, како и генералните секретари и раководни државните службеници во службите во Собранието и кај претседателот на државата. Сите овие носители на јавни функции имаат на располагање еден месец од 10 јануари до 10 февруари за да ги депонираат изјавите во седиштето на лустраторската Комисија на 17 кат во зградата на МРТВ.

Досега доставиле изјави дека не соработувале со специјалните безбедносни служби околу 3.000 функционери и кандидати за носители на јавни функции. Првиот лустрациски бран го поминаа највисоките државни функционери, а единствена жртва на процесот излезе поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, за кого е во тек жалбената постапка пред Врховниот суд. Лустраторите ги верификуваа изјавите на над 300 функционери меѓу кои оние на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, спикерот Трајко Велјаноски, премиерот Никола Груевски, пратениците, министрите и им издадоа уверенија дека го исполнуваат дополнителниот услов за вршење јавна функција.

Македонската лустрација по многу колебања, конечно, стартуваше пред година и пол - на 1 септември 2009 година кога беа поднесени првите изјави. Но, за жал, наспроти надежите дека ќе се прочисти општеството доминатно мислење во јавноста е дека процесот се претвори во фарса. Лустрацијата излезе на улица и стана силно орудие за политичка дисквалификација, а лустраторите станаа предмет на потсмев. Последниве три месеци лустрацијата беше тема број еден во државата. Досиејата што шетаа по дворовите во тетовско „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“; како и досието што го објави „Дневник“ под псевдонимот „Ибар“( роден во Зајас, со факултетска диплома се стекнал во Приштина), сериозно ги разнишаа позициите на ДУИ и угледот на Али Ахмети. Откако дворската лустрација ја зовре атмосферата до точка на експлозија, лустраторите се изјаснија дека документите не се оригинали, туку плагијати.

Познавачите на нашите политички состојби излегоа со оцени дека „Македонија не е способна да направи правична лустрација и дека процесот се спроведува карикатурално“. Се посочува дека кај нас е многу лесно некој да се прогласи за кодош. Како што иронизира универзитетскиот професор Имер Исмаили, „одлична работа ќе заврши еден компјутер и некаква копија од печат, па со крунскиот доказ во папка може да се мавта од пред Комисијата за лустрација“ .

Професорот Звонимир Јанкулоски, кој е еден од изготвувачите на Законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција, во повеќе наврати јавно се посомнева дека Комисијата нема авторитет за да го спроведе Законот. Според него, „во Комисијата треба да има личности со поголем личен интегритет“. Тој е дециден дека овој концепт на мека лустрација не дава резултати. „Законот има широка политичка поддршка, но само формално. Затоа е неприменлив и не може да се откријат оние што денунцирале. Првичната идеја на Законот не беше таква, текстот во Собранието претрпе измени. Ако сакаме вистинска лустрација, потребен е сосема друг концепт - цврста лустрација и тогаш ќе се види види дали навистина има политичка волја да се спроведе процесот “, смета професорот.

Извор
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
07-01-2011, 07:48 PM
Reply
goran16ta Offline
локал патриот
***

Posts: 118
Joined: Oct 2010
Reputation: 8

http://www.sitel.com.mk/online-tv/nie
aj ako moze nekoj neka ja stavi na you tube oti ovde ke ja nema poveke Tuktuk0ni samo edna nedela ke ostani
Pishtoldzija
10-01-2011, 01:55 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(28-01-2010, 11:31 PM)Mirza Wrote:
(28-01-2010, 10:44 PM)Славјански Wrote: Приватизација без лична одговорност.
Реформирање без промена на кадар.
Лустрирање во темница.
И ?
Македонија е таму каде е.

Треба човек со кофа муда и се да урне од уставен суд до последен државен чиновник и правење држава од почеток.

Dobro be batka, lepo ti imeto 'Славјански', ali ne znam shto se bunish?
Prvo sakavte kapitalizam: eve vi kapitalizam. Dobivte privatizacija. Ne vi chini privatizacijata zashto najspobnite kako krem isplivaa na vrvot. Dzingo Se_klanjam , Vancho Chifliganec Se_klanjam , Shterjo Nakov Se_klanjam i tako dalje si bea najbolji za biznis u vremeto na SFRJ i posle se dokazhaa kao privatnjaci. E sega na vas nebidnici ne vi e po kejf shto tie se milioneri, a vie ostanvte kopuci.

Sea lustracija, pa lustracija. Demek neshto ke ste dokazhale? Shto ke dokazhte? Eve vmr-OVCITE se na vlast, ako stvarno imalo pljachki porano, lesno ke gi fatat. Tuktuk0ni

Ali edna rabota si u pravo: rabotava ne ja biva! Nego, aj da vidime dali mozhe da gi namolime Srbite da ne priberat i pak da si pravime JUGOSLAVIJA! Party3

Ццццццццццццццц сериозен си?
11-01-2011, 01:06 AM
Reply
nikoj Offline
Member
***

Posts: 218
Joined: Dec 2010
Reputation: 6

(11-01-2011, 01:06 AM)Nikola Wrote:
(28-01-2010, 11:31 PM)Mirza Wrote:
(28-01-2010, 10:44 PM)Славјански Wrote: Приватизација без лична одговорност.
Реформирање без промена на кадар.
Лустрирање во темница.
И ?
Македонија е таму каде е.

Треба човек со кофа муда и се да урне од уставен суд до последен државен чиновник и правење држава од почеток.

Dobro be batka, lepo ti imeto 'Славјански', ali ne znam shto se bunish?
Prvo sakavte kapitalizam: eve vi kapitalizam. Dobivte privatizacija. Ne vi chini privatizacijata zashto najspobnite kako krem isplivaa na vrvot. Dzingo Se_klanjam , Vancho Chifliganec Se_klanjam , Shterjo Nakov Se_klanjam i tako dalje si bea najbolji za biznis u vremeto na SFRJ i posle se dokazhaa kao privatnjaci. E sega na vas nebidnici ne vi e po kejf shto tie se milioneri, a vie ostanvte kopuci.

Sea lustracija, pa lustracija. Demek neshto ke ste dokazhale? Shto ke dokazhte? Eve vmr-OVCITE se na vlast, ako stvarno imalo pljachki porano, lesno ke gi fatat. Tuktuk0ni

Ali edna rabota si u pravo: rabotava ne ja biva! Nego, aj da vidime dali mozhe da gi namolime Srbite da ne priberat i pak da si pravime JUGOSLAVIJA! Party3

Ццццццццццццццц сериозен си?

Мирза јас искрено се надевам дека се шегуваш со твојов пост. Оти ако навистина мислиш тоа што си го напишал тогаш сметам дека не и мислиш добро на Македонија. Прво се знае зошто фирмите кои ти ги наведуваш биле успешни во СФРЈ. Некои бике блиски со Колишевиќ па добивале зделки и каде не требало, а некои своите подружници низ западна европа ги користеле за параван на оперативците на тајните полиции во федерацијата. А тоа дека сакаш пак да бидеме вазали на србите ти е пшогрешно тотално и милсам дека никој жив не би се сложил иако владата работи на тоа.
DOBIV GREEN CARD FOR USA. VEKE SE OSEKAM KO AMERIKANEC.
11-01-2011, 03:39 AM
Reply