Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(04-11-2010, 01:39 AM)Makedonec Wrote: Имало многу неправди и ќе има...како прво тајната полиција е и за тоа да го оневозможи делувањето на државниот непријател...

Значи како прво тајната полиција треба да ги уништи одвнатре Сорос и компанија кои имат за цел уништување на се што е македонско....а за тоа имаат поддршка од целиот народ!

Како второ да се ослободат од стегите кои им ги наметнуваат бившите инсталации...исто така со помош на народот!

И како трето ако се отстранат овие два фактора народот нема да има потреба од лустрација,бидејќи повеќето од кодошите ќе бидат директно или индиректно(поради домино ефектот) отстранети од јавни функции...и нема да постои страв како сега дали смеат или несмеат да лустрираат јаки ѕверки!!!

Значи многу е лесно само треба јавно да го повикаат народот за соработка....и тогаш нема да страда никој бидејќи никој нема да може да упатува закани до наредбодавателите за обелоденување на досиеата(бидејќи тие што лежеле по затвори,имаат храброст за јавно да кажат кои се кодошите само не им се дава простор)...а во случајов сите ќе сметаат дека владата се плаши да спореведе лустрација,што до некаде е и точно бидејќи никој не е луд да погине заради нечие досие!
Vladata zaedno so Gruevski voopsto ne se plasat, samo sakaat da se svetat.
04-11-2010, 03:00 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(04-11-2010, 02:56 AM)montehristo Wrote:
(03-11-2010, 04:15 PM)Solenik Wrote:
(03-11-2010, 03:27 PM)hristo Wrote: Добар текст. Но, службите сега се во потешка ситуација. Технологијата напредна. Интернет направи чуда. Осаменоста исчезнува кај поборниците на правда и вистината. Повеќе нема опсаност од осаменост. Се дружиме преку форуми, блогови и други форми на интернетско поврзување. Сега се осамени службениците. Тие како кучиња трчат и лајат по праведните по форумите. Но, тука се немоќни. Тука треба аргумениран натпревар каде тие во старт се послаби. Затоа им останува ширење лаги, плукање и простоклук. Службите не најдоа одговор на интернетот. Франц Кафка да живеел денеска , никогаш не би го напишал свото капитално дело ПРОЦЕС. Ке е дел од КОТЛЕ и ке сменувал мислење. Да се вратиме на КОТЛЕ. Бројот на учесниците, и посебно на гостите многу се зголемува. По број станавме, веројатно, водечки форум во МК и по македонската дијаспора. Еве, користам шанса да гостите ги мотивирам и охрабрам да се регистрираат и да учествуваат во дебатата. Така и ке си олеснат и ке помогнат во борба за македонската кауза. Борбата за народното дело сега е полесна. Не ти треба со пушка во рака да идеш по шумите. Во топла соба , пред ПЦ и удараш по лошите момчиња. Ги начнуваш а на следните избори и ги дотолчуваш. YeaYeaYeaJeeeJeeeJeee

За илустрација: на форумот на КОТЛЕ, во секој даден момент има од 450 до 520 присатни членови и гости. Бројачот брои секоја секунда, така да реално е да се претпостави дека тие 500 луѓе се менуваат барем 5-10 пати дневно, што на котле му дава посетеност од околу 2500-5000 луѓе секој ден.

Од извори во Власта знаеме дека КОТЛЕ е на црната листа. Тоа значи дека голем број на Македонци кои го посетуваат сајтот не смеат да се вклучат во дискусијата, ниту да ги коментираат работите кои излегуваат тука од страв дека ќе останат без гола егзистенција.


100% сум во согласност со Христо дека осаментоста веќе не е проблемот кој беше до пред десетина години - иако знаеме за најекспонираните противници на Власта дека таа сеуште се обидува да ги употреби како пример за "што ќе ти се случи ако се осмелиш да се спротивставиш" на Дикататот на комуњатрите. Денес пишуваме од удобноста на нашите домови, заштитени со нашите псевдоними и ИП адреси. Тоа е голем напредок од осаменоста која ја опишува Котеска - осаменост која ние постарите противници многу силно ја почувствувавме на нашата кожа. Денес на форуми, утре на улиците и во меаните на Македонија. Задутре, стандардите за демократија и човекови на Македонецот ќе се на ниво што веќе Црвената Аристократија нема да може да ги "менаџира" како што тоа го работеше досега. За овие работи да тргнат напред потребно е многу кратко време.
Клучот е што до пред десетина години не знаевме што ни се случува. Денес, благодарение на отварањето на досиејата во 2000; серијалот на Бачев во "Шпиц", форумите како ајвар и кајгана (пред 5-6 години) и денес со еволуцијата во КОТЛЕ цела генерација на противници се свестува дека нивните животи биле конторлирани на субтилен начин од стрната на тајната полиција. Оваа генерација на Македонци добива нов здив, нов живот, нов елан со фактот дека добиваат потврда оти не биле откачени параноици кои причините за своите животни неуспеси се обидуваат да ги оправдаат со некакви си завери - туку дека заверата навистина постои!

Quote:За илустрација: на форумот на КОТЛЕ, во секој даден момент има од 450 до 520 присатни членови и гости. Бројачот брои секоја секунда, така да реално е да се претпостави дека тие 500 луѓе се менуваат барем 5-10 пати дневно, што на котле му дава посетеност од околу 2500-5000 луѓе секој ден.

Од извори во Власта знаеме дека КОТЛЕ е на црната листа. Тоа значи дека голем број на Македонци кои го посетуваат сајтот не смеат да се вклучат во дискусијата, ниту да ги коментираат работите кои излегуваат тука од страв дека ќе останат без гола егзистенција.


100% сум во согласност со Христо дека осаментоста веќе не е проблемот кој беше до пред десетина години - иако знаеме за најекспонираните противници на Власта дека таа сеуште се обидува да ги употреби како пример за "што ќе ти се случи ако се осмелиш да се спротивставиш" на Дикататот на комуњатрите. Денес пишуваме од удобноста на нашите домови, заштитени со нашите псевдоними и ИП адреси. Тоа е голем напредок од осаменоста која ја опишува Котеска - осаменост која ние постарите противници многу силно ја почувствувавме на нашата кожа. Денес на форуми, утре на улиците и во меаните на Македонија. Задутре, стандардите за демократија и човекови на Македонецот ќе се на ниво што веќе Црвената Аристократија нема да може да ги "менаџира" како што тоа го работеше досега. За овие работи да тргнат напред потребно е многу кратко време.
Клучот е што до пред десетина години не знаевме што ни се случува. Денес, благодарение на отварањето на досиејата во 2000; серијалот на Бачев во "Шпиц", форумите како ајвар и кајгана (пред 5-6 години) и денес со еволуцијата во КОТЛЕ цела генерација на противници се свестува дека нивните животи биле конторлирани на субтилен начин од стрната на тајната полиција. Оваа генерација на Македонци добива нов здив, нов живот, нов елан со фактот дека добиваат потврда оти не биле откачени параноици кои причините за своите животни неуспеси се обидуваат да ги оправдаат со некакви си завери - туку дека заверата навистина постои!
Ima eden pasus vo Stepskiot Volk na Herman Hese koj cesto go citiram.
Hari Haler (glavniot junak) posle edna svirka na dobar saksofonist vo eden bar mu objasnuva na istion za Muzickata teorija i seto negovo izlaganje i znaenje padja vo voda so edna recenica na samiot Saksofonist koj mu veli
za muzikata ne e dovolno da gi znes site muzicari i site pravci na ovoj svet, " Da se sviri e vazno".
Kako sto postojat reporteri bez granici, kako sto postojat lekari bez granici, na sistemot narocno na onoj korumpiraniot mora da mu se zadade udar so noz vo srce, a toa e aktivizam bez granici.
Tie te sledat tebe kako sistem bidejki ne si im se dopadjal od razlicni pricini ti se organiziras so grupa aktivisti razotkrivajki gi i raskrinkuvajki gi vo javnost, tie te sledat tebe, ti niv gi fotografiras i gi postiras nivnite sliki vo javnosta za da gi vidi javnosta koi se, drug aktivist, koj e od negoviot grad, koj mozebi ucel so nego vo osnovno (sega mozebi fantaziram) veli a da toj e toj so adresa na taa i taa ulica.
Samo da vi dadam dva primera od sosedna srbija(uslovno):
Prviot e so Albancite na Kosovo, ako se prisekjate na Ruskite vojnici koi neli trebalo da pristignat na Pristinskiot Aerodrom pred Amerite, sto se sluci so niv?
Albancite postavija ziv stit, Rusite bea blokirani nekolku meseci.
Vtor primer od taa Srbija, nekomu mu precelo kradenjeto na srpskite patarini(kako i kaj nas sto se krade), postavil kamera i snimal nekolku dena da vidi kolku vozila prosle za tie denovi.
Snimkite od videata gi postavil na internet otkako gi prebroil vozilata sto prosle na edna patarina i baral da mu se dade na uvid kolku vozila imale plateno( sekoja patarina mora da pravi spisok, da izvede sostojba na kraj na denot).
No seto ova e hipotetski poradi edna pricina, kodosite, tolku ima kompromitirani, tolku ima prodadeni dusi sto da si tamu, kje te stavat vo masina za melenje meso.
Kako sto veli Koteska, nie treba da rascistime so PALANECKIOT MENTALITET
Quote:Македонската паланка и селективното читање на досиејата

Извадок од „КОМУНИСТИЧКА ИНТИМА“ на Јасна Котеска, Темплум, Скопје, Скопје, 2008, 436страници, ISBN 978-9989-189-41-8


А потоа се разбудив. Моите прашања се следниве: какво е нашето будење денес, каков поглед е се’ уште можен врз искуствата од комунизмот? А потоа и ова: зошто уште едно навраќање кон мотивот комунизам денес, кога тој еднаш беше критикуван, и тоа успешно, веќе во времето на своето постоење? Од каде некрофилската желба вторпат да се пука во мртвиот идеолошки труп кога, за еден аналитичар, тврдам, не постои поздодевна тема од комунистичката, тие книги и таа замрзната епоха се читаат само со огромен напор.

Мојата причина е лична. Јас можев да се самоутешувам дека татко ми бил жртва на боговите, но тој романтизам е неодговорен. Сите луѓе се жртви на боговите, обратно, некои луѓе се дополнително жртви и на други луѓе, на системите што оперирале преку другите луѓе. Нас не’ уверуваат дека работите не се лични, но тоа не е точно. Секоја работа има свое лично име. Името на идеологијата што стоела зад трагизмот на татко ми се вика комунизам. Дали ако пишуваш за комунизмот, тоа автоматски значи дека капитализмот ти е драг? До сите што во последниве две години ми упатуваа забелешки за темата на оваа книга: „Глупаво е да го напаѓаш комунизмот, гледај колку не чини капитализмот“, имам прашање: „Дали ако едниот систем испадне сив, другиот ќе биде помалце црн?“

Трите најголеми идеологии на 20 век: New deal капитализмот, фашизмот и комунизмот, оперирале со слични механизми. Овој оглед за комунизмот може само да им биде од полза на критичарите на капитализмот, тие два система се огледални, што има во едното се огледува преку оптичка искривеност во другото, и истото назад. Погледнете како кафетериите и рестораните со Титовите теми („Броз Кафе“, „Кај Маршалот“...), како и претприемачите што продаваат артефакти за носталгијата по социјализмот (постерите, преработките на југословенските хитови, филмовите, како и целокупниот имиџ), се претприемачки проекти, капиталистички крави за молзење кеш. Денес има смисла да се залагате за носталгија за социјализмот само ако сте капиталист. Што парадоксално прави дека ако пишувате против комунизмот, вие сте носталгичар! А има ли вистинска доза во приодот кон нашето минато? Носталгијата не го враќа назад замрзнатото социјалистичко време во историското, носталгијата го сместува споменот за социјализмот во „отсутното“ време на денешниот капиталистички свет. Капитализмот е цивилизација со укинато време, „првата светска цивилизација без свет“ како што вели Бадју, има инфраструктура, но наместо одложеното време (на социјализмот), го има укинатото време на капитализмот - тие две форми на идеолошко време се сродни.

Татко ми беше жртва на паланечката верзија на македонскиот комунизам. Дали тоа значи дека паланката треба да се разобличи со истите методи со кои и самата оперирала? Откако јавно прозборев за досието на татко ми во декември 2005, ми се јавуваа разни „доброволци“ за да го публикуваат неговото досие. Тоа набрзо ми стана одвратно. Затоа што значеше да и’ се понуди НОВА ХРАНА на бесконечната метонимиска глад на Македонецот за озборување: „Види како овој кодош бил стрвен, каков идиот бил, колку бил неписмен, комичен, итн... да ги извадиме нивните имиња, да ги полниме нашите весници со нив... да ги свртиме нивните паланечки оружја против нив самите нив...“ Проблемот со ова решение е дека истиот миг кога „под маса“ ќе му го поттуриш недекласираниот материјал на „твојот“ публицист, ти само ја храниш паланката која сакаш да ја напаѓаш, и потоа таа перпетуална низа нема крај; од неа само паланката има полза, сите луѓе остануваат темелно изгризени.

Две третини од моите сограѓани секое утро и секоја вечер ги голтаат овие публицистички натписи, секое во истиот тон, секое пострашно од другото. Весниците ги буцкаат, ги обработуваат и ги охрабруваат, заради нив луѓето стануват незадоволни и зли, а целта зад сето тоа е нова битка, нови жртви кои ќе бидат уште почудовишни од претходните. Политичкото во кое верувам е истовременото отворање на СИТЕ досиеја за СИТЕ, тогаш публицистите можат и треба да пишуваат. Во архивите во Берлин ја видов таа сеопшта транспарентност на досиејата, сите за сите, тоа е „политичкото“ наспроти „паланечкото“ во кое верувам. Ова е воедно и објаснување за начинот на кој е организирана оваа книга. За мене, единствениот достоинствен начин да зборувам за досието на татко ми е објаснувањето на машинеријата на комунизмот, неговата социјална логика, што тоа значело.

(Иако, овде има уште нешто. Во моето неможење да распознаам кој ми пришол со искрена помош околу досието а кој не, одеднаш сфатив дека сите подеднакво ги доживувам како закана што сака да ми ја одземе мојата болка. Како да нема да имам зад што да се скријам, еднаш, кога болката ќе ја поделам со другите.)
http://jasnakoteska.blogspot.com/2008/11..._3897.html
Ona sto nie treba da go storime, odgovorna vlada sto treba da go stori e:
Quote:Политичкото во кое верувам е истовременото отворање на СИТЕ досиеја за СИТЕ, тогаш публицистите можат и треба да пишуваат. Во архивите во Берлин ја видов таа сеопшта транспарентност на досиејата, сите за сите, тоа е „политичкото“ наспроти „паланечкото“ во кое верувам.
Ovie Kodosi se svedeni na baterija koja i/mu e potrebna na Matricata/Matrixot za da se odrzi/zivee.
Toa e kako vo logickata pogreska truenje na izvorot, kodosite se otrovot(bolesta/bolni se, za ova podocna) - na onoj koj go true bunarot treba da mu se odzeme otrovot.
A edinstveniot nacin e ako im se otupat jazicite na kodosite, a toa e samo ako site nie vo edno vreme doznaeme koj e kodos.
Veruvajte mi, nikoj ne saka da lezi zatvor poradi kodosot, prvo poradi zatvorot koj bi ti sledel dokolku mu nastetis, a vtoro bi bilo samo-kaznuvanjeto od soznanieto deka si se spustil pod negovoto nivo.

Quote:„Премислував; како би постапувал со мачителите, доколку утре би бил на власт. Си мислев: осветољубив не сум, бидејќи таа особина ми е туѓа, да ги мразам не можам, а иако сум атеист, се придржувам кон христијанската изрека „прости им господе, не знаат што прават“. Значи, ми преостанува само тоа, за сето зло, да ги исплукам. Би ги омаловажувал, но никогаш не би ставил рака на нив, иако ме тепаа како вол и ме мачеа повеќе од шпанската, или било која инквизиција заедно (Dimitrij Žilevski, “Otok brez milosti”, Maribor, 1995).“
http://marjan.mk/2010/goli-otok/
Da se uozbilam malku, i da se vratam na bolesta:
Toltecite vo svojot pogled na svetot okolu sebe velat deka covekot sonuva, sonuva dodeka spie, sonuva dodeka e buden.
Vistinata e edna, vistinata e svetlost, dokolku covekot zivee vo svetlinata na vistinata dotogas e toj avtenticen.
No poradi socijalniot pritisok, od brakjaa, sestrite, roditelite, prijatelite,opstestvoto, koi pravat eden nov zaednicki son, nie bivame pripitomeni.
Kodosite, grevcinja, tie se bolni, niv treba da im se pomogne, so toa sto kje se obelodenat nivnite iminja, tie kako ikari kje bidat spusteni kade pripadjaat, kade im e nivnata vistinska vrednost, dokolku spusteniot navistina vredi toj sam kje iznikne od pepelot, no toj mora da se procisti samiot sebesi.
Vo toa e poentata. Na onoj koj ne zivee vo svetloto na vistinata mora da mu se svrti grb, morame nie nasata svetlina koja izvira od nasite srca da ja usmerime kon povrednite nesta, kon nas samite, a tie samite moraat da najdat vistina, sila i dovoljno ljubov vo samite sebe, za svetlinata povtorno da izvira od nivnite srca.
Na sekoja idna vlada, toa mora da i bide prioritet.
Sekoja idna vlada kje vladee so srcata na ludjeto, ne so nivnite tela.
No sekoja idna vlada mora da si postavi i sebe i na prethodnite a i na idnite vladi nov standard( ajde da se izrazam kako evropajak : bechmark) po koj site mora kako ludje da se ponasame na prvo mesto, a se ostanatoto posle.

Posebna opasnost kje bide da se rasteretime od ovie podolu spomenatite od Marjan Popeski:
Quote:УДБА – тајна комунистичка полиција
Текстов го објавил Марјан Попески на 12 Август, 2010 во Мисла, Политика | 0 коментари
Во пресудата од 23.05.2002.година, Врховниот суд на Република Словенија тврди дека УДБА е злосторничка организација:„Споменатиот интерен извештај е историски документ, кој настанал во некогашната тајна полиција, позната под името УДБА.
Денес е познато дека таа служба не се занимавала само со разузнавачки задачи, туку и сама организирала разни криминални активности, плански ги изведувала, па дури и конструирала постоење на кривични дела и одговорност за нив. За таа цел фалсификувала, фабрикувала или подметнувала обвинувачки докази. Жртвите на таквите активности, по правило политички противници, или поинаку мислечки, во периодот на тогашниот режим немаа можност да ги разоткријат конструктите на УДБА и да бидат рехабилитирани“.

Дека е така сведочи еден удбаш. И тоа не кој било, туку помошникот на шефот на УДБА за Словенија, Алберт Светина, во својата книга „Од ослободителна борба до бандитизам“: „Во Ослободителниот фронт и во партијата се вклучив заради борба за национално ослободување, а по крајот на војната завршив во ОЗНА, во бандитизам. Баш во бандитизам, и тоа поради противзаконски дејства, кои ОЗНА илегално ги изведуваше надвор од законската власт и од судството. Се занимаваше со работи што се карактеристични за бандитизам. Зарем не е бандитизам доколку им крадете на луѓето и ги крадете претпријатијата во странство, имотот илегално го префрлувате преку граница и со него управувате илегално, надвор од државните институции. Нејзините припадници во Трст, малку по војната, меѓу другото украдоа и пари, кои беа наменети за месечна плата за работниците и ги донесоа во Љубљана. Од друга страна, ОЗНА одземаше приватна сопственост без секаква основа. Доколку на озновците, или на членовите на ЦК им се допаднеше некој стан или куќа, сé заедно едноставно ќе запоседнеа, а сопствениците ќе ги сместеа зад решетки, доколку не одеше поинаку“.
За првиот шеф на УДБА за Словенија, Иван Мачек, вели дека имал само четири одделенија основна школа. Во борбата со Зденка Кидрич за шеф на УДБА победил заради поголемата суровост. Член на УДБА се станувало со посебна проверка од раѓањето па до денот на приемот. Бидејќи бил во позиција да прима удбаши, Светина вели дека при изборот за него било најважно кандидатот да е вистински комунист и да е подготвен да го ликвидира непријателот. Не на фронт со оружје, туку во својата околина или каде било на друго место. Удбаши станувале обични луѓе, но подготвени да убијат, без разлика дали се работи за роднина. Според него, удбаш е човек без душа, кој е подготвен да изврши сé што УДБА ќе побара. Поради тоа, во своите редови прибирала убијци. Крвници биле срж на УДБА, а меѓу нив се истакнувале Море и Шилих, кои уживале дури и кога убивале партизани. Според Светина, ОЗНА (подоцна УДБА) била банда на убијци, натопена со болшевизам и сталинистичка бездушност.
Многу корисно за македонските услови е сведочењето на Светина дека удбашите што биле дисциплински казнувани, завршувале како директори во стопанството во странство. Тие шверцувале дрога, цигари и алкохол. Бази имале на неколку места по Словенија. Светина пишува сам за себе: „Според упатствата на Мачек, организирано крадев и правев други противзаконски работи“. Според него, УДБА толку се осилила, што по 1948 година упаѓала во државите на источниот лагер и киднапирала непријатели на СФРЈ. Овој заклучок произлегува од неуспешниот обид на киднапирање на Верстовшек од Унгарија. Тројцата браќа Пупош биле фатени и обесени во затвор во Унгарија. Удбашот Светина вели: „Удбашкиот систем, по углед на советскиот, беше построг и понечовечки од гестаповскиот“. Удбашите се делеле на разузнавачи и ликвидатори. Едните не смееле да знаат за другите. Авторот ја опишува судбината на ликвидаторот Франц Поковец. Нешто се замерил со партијата и на 24.5.1961 е извршен обид за убиство во Љубљана. Бива ранет и преживува. По оздравувањето целосно се повлекува од јавниот живот. УДБА цело време го следела. Отишла дотаму, што ја присилила неговата жена да работи за УДБА и цело време да известува за сопствениот маж. Поковец почнал да се сомнева во својата жена, но не можел да си помогне: „Сомневањата за нејзината присилна работа за УДБА му ги потврдила дури пред нејзината смрт, откако веќе неколку години морала во детали да ја известува УДБА за својот маж… Кога се приближувал нејзиниот последен час, собрала толку сила, го прегрнала и го молела за простување. Му се исповедала за својата долгогодишна несреќа и притоа горко плачела. Наредниот ден била мртва“.
Од цитираното може да се заклучи дека УДБА е многу поопасна од мафијата. За волја на вистината, треба да се каже дека УДБА првобитно е формирана за заштита на народот и борба против окупаторот и таа улога успешно ја остварува за време на војната. Меѓутоа и мафијата во деветтиот век, за време на арапската окупација на Сицилија, имала позитивна улога. Арапскиот збор мафија значи прибежиште, каде што се криело домашното население пред арапските освојувачи. Се работи за општ социолошки примерок, кога организацијата создадена за одбрана на легитимни интереси на најшироките маси, кога ќе дојдат кормилари злосторници без белег за да можеш да ги препознаеш, ја насочуваат кон други цели.
Меѓутоа, ниеден пример не ја потенцира толку сличноста помеѓу мафијата и УДБА, како вистинскиот настан, според судијата Фалконе (убиен од мафијата). Кога Фалконе го прашал тукушто затворениот Френк Копола што е мафија, мафијашот му одговорил: „Има три кандидати за местото јавен обвинител. Првиот е необично прониклив, признаен и почитуван стручњак. За другиот се договориле странките на владејачката коалиција. Третиот е идиот. Службата ја добива третиот. Тоа е мафија, господине“.
Објавено во Нова Македонија на 9 април 2010
Link od napisot pogore kopiran
http://marjan.mk/2010/udba-tajna-komunisticka-policija/
04-11-2010, 03:22 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

04-11-2010, 06:50 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Bi sakal da komentiram na sudenjeto na poranesniot Ustaven sudija.
Procesot na Lustracija mislam deka sekoj treba da go mine bez razlika, na toa dali sakal ili ne saka da go mine kako dobrovolen uslov za vrsenje na javna funkcija,tuku toa da bide zadolzitelen process koj site treba da go minat. Vo slucajot na Ivanovski toj kako poranesen pretsedatel na Ustaven sud treba ovoj proces da go prifati kak omoznost da go iscisti svojot obraz.
Ovoj clen e od Ustavot na R.M.
Ova e linkot:
http://www.mlrc.org.mk/ZAKONI/Ustav_na_RM.htm
Член 13
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.
Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.

Sto se odnesuva do negoviot advokat Pavlevski,bi bilo pametno da se vozdrzi od takvite komentari koi ne dolikuvaat na negovata funcija advokat.So vakvite izjavi samo i steti na funkcijata advokat,kako i za samoto mislenje na narodot za advokatskata profesija.
Ovoj clen e aktot na Advokatskata komora na R.M.
Ova e i linkot:
http://www.mba.org.mk/index.php?option=c...&Itemid=56
Член 32

(1) Адвокатите се одговорни за стручно и совесно вршење на адвокатската должност и за чување на угледот на адвокатурата.

(2) Како потешка повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата, особено се смета неизвршување или очигледно несовесно вршење на работите на правна помош и вршење на јавни овластувања, непостапување по овластувањето и непреземањето дејствија што адвокатот е должен да ги преземе во заштита на правата и интересите на странката и повредување на должноста на чување тајна.

(3) Со акт на Адвокатската комора на Република Македонија поблиску се утврдуваат повредите на вршење на адвокатската должност и угледот на адвокатурата.
04-11-2010, 02:42 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Рамковната кал ја заглави енциклопедијата


Ултратврдо националистичко крило, вака главниот редактор на Македонската енциклопедија, Митко Маџунков, го окарактеризира албанскиот член на редакцијата Рамиз Алити, кој вчера поднесе официјална оставка


[Image: enciklopedija1%5B2%5D.jpg]





Работата со Македонската енциклопедија е заглавена, но морам да бидам оптимист дека некако ќе ја извадиме од калта, иако и оптимизмот си има свои граници, вели главниот редактор Митко Маџунков по завчерашниот состанок на новата редакција во МАНУ.

Состанокот беше свикан за да се реши што ќе се прави со старата енциклопедија, чии 1.700 неподврзани примероци фаќаат прашина во магацин, и конечно да се почне со подготовка на новата. Но состанокот почна и заврши со оставката на албанскиот член на редакцијата, професорот Рамиз Абдили.

- Ќе направам сé што е во моја моќ, но ако не може да се реши што ќе се прави и со старата и со новата енциклопедија, работата ќе се врати на собранието на МАНУ, каде што единствено може да се реши - вели академикот Маџунков.

Според него, станува збор за државен проблем што дефинитивно го имаме, почнувајќи со името, а завршувајќи со меѓуетничките несогласувања, и кој се рефлектира и врз енциклопедијата.

- Требаше да го разгледаме елаборатот што го подготвив и потоа врз основа на него да се поднесат заклучоци пред претседателството на МАНУ. Такви елаборати требаше да достават сите членови на редакцијата, а да ги подготват преку летото. Но само двајца ги доставија, а другите дури завчера ги дадоа своите забелешки - вели Маџунков.
[Image: mitkomadzunkov.jpg]
Тој најавува втора средба на редакцијата идната недела кога конечно би требало да се достават заклучоци до претседателството, кое би требало да даде мандат-виза за изработка на новата енциклопедија.

- Едногласни сме само дека треба да се прави нова енциклопедија, иако некои академици под нова подразбираат преработено, дополнето издание. Ќе треба да решиме и што да се прави со примероците од старата енциклопедија. И тука не сме едногласни. Повеќето академици се за тоа да се пуштат тие примероци на претплатниците, книгата да се деблокира, но некои се за тоа изданието да остане недостапно до читателите. Речиси сум сигурен дека нема да постигнеме консензус, па прашањата ќе мора да ги решиме со мнозинство гласови. Мојот предлог останува ист - старата енциклопедија да се деблокира, да им се даде на претплатниците и да се почне со изработка на нова - вели Маџунков.

Според него, јавноста е погрешно информирана дека е избрана нова редакција и дека таа веднаш ќе прави нова енциклопедија.

- Прво треба да добиеме мандат од претседателството на МАНУ, а потоа да се најдат и пари. Тоа е процес. А опструкциите ќе се решаваат патем. Во случајот со оставката на Абдили, станува збор за човек од ултратврдо националистичко крило, тој бара невозможни работи - наместо македонска, енциклопедијата да се нарекува на Македонија и старата енциклопедија да се повлече од продажба. Поради тоа и оставката, која и официјално ја поднесе вчера, му е прифатена - категоричен е Маџунков.

Кој ќе го замени во редакцијата е отворено прашање.

- Треба да биде Албанец, ама може да дојде некој од проверените соработници на Македонската енциклопедија. Првобитно имаше предлог тоа да биде Агим Пољоска, но од албанска страна дојде предлогот за Абдили - вели главниот редактор.

Како што стојат работите во моментов, членовите на новата редакција не се согласни за главните одлуки, а без тоа, вели Маџунков, собранието на МАНУ нема да даде мандат за изработка на нова енциклопедија.




Адеми: Подалеку од фрустрациите на претходниците

Вицепремиерот Абдилаќим Адеми порача новата енциклопедија да не се темели на фрустрациите на поранешната редакција.

- МАНУ е независна институција и Владата не може да се меша во нејзината научна работа. Сакам да верувам дека новата редакција за Енциклопедијата нема да ги повтори грешките на поранешната редакција и ќе ги земе предвид историските и научни факти, како и мултиетничкиот карактер на Македонија - изјави Адеми.




Автор: Весна Дамчевска

A da socekaat ovie pa po deset godini da ja ufrljaet i lustracija "kao nesto okolo lusteri bese toa moi vnuci" gledajte si rabota da ne ve jadat v'ci

Quote:независна институција
navistina??? vcera da umrev ne kje znaev.
05-11-2010, 08:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,894
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Наредбодавците први за лустрација


„Значи, кој мисли дека во светот ѓаволите никогаш не одат без рогови, а будалите без ѕвонци, секогаш ќе биде нивен плен, или нивна играчка“ (Шопенхауер, „Парерга и паралипомена“)


Се чини дека Хитлер најмногу го проучувал и практикувал марксизмот, па Германците верувале дека тој е марксист. Така тој говори за себе: „Мудрите водачи на дојч-националистите си потшепнуваа дека ние можеби сме прикриени марксисти... А кога дознаа дека во својата средина се ословуваме со ‘партиски другари’, нашиот ‘марксизам’ беше веќе надвор од секое сомнение“ (Хитлер, „Мојата борба“, Скопје, 2005, страница 393-394).

Судењето во Нирнберг и изречените казни говорат во прилог на тоа дека најголема вина носат наредбодавците. И со комунистичките злосторства е исто. Полицискиот службеник Јамник долго време ги истражувал масовните убиства во Словенија. Во 2001 година, иако обвинител е Зденка Церар (припадник на левицата), Јамник поднесува кривична пријава против Митја Рибичич за геноцид (најчитан политички неделник во Словенија „Младина“, број 22, Љубљана, 2005). Јамник во словенечките архиви нашол докази дека во 1945 година, Рибичич како мајор на ОЗНА дал согласност да се запишат 6.000 луѓе, од коишто за 234 непобитно е утврдено дека се усмртени. Обвинителката ја прифаќа кривичната пријава и во 2005 година поднесува барање за спроведување истрага. Словенечките судови не дозволуваат ни истрага. Синот на Рибичич, проф. д-р Цирил Рибичич, во тоа време е судија на Уставниот суд на Словенија (избран во 2001 година).

Значи, Словенците не ги бараат извршителите, туку поднесуваат кривична пријава за геноцид против наводниот наредбодавец. Рибичич во СФРЈ беше претседател на сојузната влада, а уште пред завршувањето на војната, во Москва завршува специјална школа на НКВД (школата е именувана по Жержински).

Стојан Андов (а голема вина има десната влада што прифатила вакво решение), ги истопорил во членот 2 од Законот за соработниците, додека наредбодавците ги „скрил“ во членот 3, став 2:

„Исполнет дополнителен услов, во согласност со овој закон, претставува верифицирана од комисијата писмена изјава, на лице опфатено со овој закон, дека немал својство на наредбодавец или корисник на информации од таен соработник или таен информатор, за периодот утврден во членот 2, став (1) од овој закон.“

За просечен правник оваа одредба е нејасна. За да ја разјасниме мора да го примениме правното начело заклучување според спротивното толкување и компаративното право. Со примена на споменатото правно начело, комисијата треба да провери дали лицата што подлежат на лустрација биле наредбодавци или корисници. Општопознат факт е дека голем дел од поранешните комунисти кај Црвенковски и неговата дружина биле наредбодавци и корисници, а такви има и на другата страна. Еден од дружината на Црвенковски дури и на телевизија призна дека тој како секретар на комунистите морал да добива информации, а комисијата веќе утврди дека тој не треба да биде лустриран. Овој факт е тешко бреме за комисијата.

Компаративното право, на пример чешкиот закон за лустрација (послужи како прецедентен закон), во членовите 2 и 3 го наведува членството во одредени организации како причина за лустрација:

1. доколку лицето имало висока функција (секретар, член на претседателство или на централниот комитет) на комунистичката партија, или на нејзините сателитски организации;

2. доколку имал висока функција на одделението за политичко управување со Државната безбедност;

3. доколку лицето било припадник, соработник, информатор, или агент на Државната безбедност;

4. доколку бил припадник на народната милиција;

5. доколку бил студент на високата школа “Феликс Едмундович Жержински&рдљуо;, или на слични партиски или полициски школи во СССР.

Според Андраж Зидар („ЛУСТРАЦИЈА, издвојување на противниците на демократијата од јавните функции“, Љубљана, 1996, страница 119), членството во овие организации има за последица отпуштање од јавната функција или преместување на пониско работно место, како и неможност за кандидирање на јавна функција за одредено време.

Прекршувањетао на човековите права продолжи до крајот на СФРЈ. Така, во осумдесеттите години: на 22 април 1982 година, од Југославија побегна угледниот хрватски стопанственик Стјепан Ѓурековиќ... Ѓурековиќ во Германија дошол во контакт со хрватската политичка емиграција и ја објавил книгата „Комунизам - голема измама“. Ракописот наводно го донел со себе од Југославија... Според бившите удбашки извори, ликвидацијата на Ѓурековиќ наводно ја презел и организирал тогашниот полициски министер Стане Доланц лично. Тој извор потенцирал (некогашен функционер на хрватската УДБА) дека тогаш Доланц имал моќ над животот и над смртта во Југославија. Покрај тоа, ликвидацијата на некогашниот директор на ИНА-маркетинг, наводно, ја одобрила претседателката на Сојузниот извршен совет Милка Планинц, значи претседателката на сојузната влада (Богдан Сајовиц, „УДБА“, Љубљана, 2006, страница 116-123).

Авторот е адвокат и судски преведувач

Автор: Маријан Попески


Најбитното е налогодавачот/налогодавачите и тука господин Попески е во права. Тоа се обидувам да им го предочам на сите, сиве овие години. Тоа е и целта на мојата кривична пријава. Во МАКЕДОНИЈА формално налогодавач е Бранко Црвенковски тој ја потпишал уредбата 10/92 но само со негово изведување пред лицето на правдата ке дознаеме дали некој му сугерирал нему носење на таква уредба/правилник или тоа е негово дело

Зачудува фактот што оваа го знаат и Премиерот, Министерот за правда, Јавниот обвинител ама молчат. Зошто е молкот не е тешко да се предпостави.
09-11-2010, 02:34 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(09-11-2010, 02:34 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Најбитното е налогодавачот/налогодавачите и тука господин Попески е во права. Тоа се обидувам да им го предочам на сите, сиве овие години. Тоа е и целта на мојата кривична пријава. Во МАКЕДОНИЈА формално налогодавач е Бранко Црвенковски тој ја потпишал уредбата 10/92 но само со негово изведување пред лицето на правдата ке дознаеме дали некој му сугерирал нему носење на таква уредба/правилник или тоа е негово дело

Зачудува фактот што оваа го знаат и Премиерот, Министерот за правда, Јавниот обвинител ама молчат. Зошто е молкот не е тешко да се предпостави.

И меѓу најгласните за процесот околу лустрација се Бабановски, Трајанов, Диневски... Тие ни кажуваат кој бил кодош, како било, како треба. А тие се луѓето кои што ги правеа тие мрежи, кои што биле истакнати луѓе на службата. По логиката која што се турка кај нас, излегува дека Хитлер нема никаква вина, други убиваа. Исто и Сталин, други убиваа и малтретираа луѓе по логори.

09-11-2010, 03:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,894
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(09-11-2010, 03:02 PM)acko Wrote:
(09-11-2010, 02:34 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Најбитното е налогодавачот/налогодавачите и тука господин Попески е во права. Тоа се обидувам да им го предочам на сите, сиве овие години. Тоа е и целта на мојата кривична пријава. Во МАКЕДОНИЈА формално налогодавач е Бранко Црвенковски тој ја потпишал уредбата 10/92 но само со негово изведување пред лицето на правдата ке дознаеме дали некој му сугерирал нему носење на таква уредба/правилник или тоа е негово дело

Зачудува фактот што оваа го знаат и Премиерот, Министерот за правда, Јавниот обвинител ама молчат. Зошто е молкот не е тешко да се предпостави.


И меѓу најгласните за процесот околу лустрација се Бабановски, Трајанов, Диневски... Тие ни кажуваат кој бил кодош, како било, како треба. А тие се луѓето кои што ги правеа тие мрежи, кои што биле истакнати луѓе на службата. По логиката која што се турка кај нас, излегува дека Хитлер нема никаква вина, други убиваа. Исто и Сталин, други убиваа и малтретираа луѓе по логори.



Quote:ТРИБИНА НА „ПЛАТФОРМА“ - КАДЕ ОДИ МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИЈА?

Најважно е прашањето дали надлежните органи, во случајот Комисијата за лустрација, располагаат со автентични документи од тајните служби, предупреду поранешниот уставен судија, професорот Милан Недков. Тој нагласи дека Комисијата направи голем гаф, примајќи и разгледувајќи досиеја добиени од улица. Недков не верува во процесот дури и кога би се отвориле белградските архиви.

-Ајде да ги побараме доиејата од Белград. Ако ја знаете методологијата на работа на тајните служби, тогаш ви е јасно дека ниедна од нив не дава документи, без да изврши фабрикации или обработки. Значи, ќе бидеме обработени и овде Македонци со Македонци ќе се скараат, рече Недков.

Ако од Белград Скопје ги добие досиејата, тогаш и кокошките на Албанците ќе бидат прогласени за кодоши, на шега рече Ким Мехмети. Тој оцени дека цехот на уличната демократија најскапо ќе ја платат Албанците, кои преку партиите се вовлечени во разни игри, а дека Груевски профитира.



-Не велам дека Груевски барал токму ваква лустрација, но велам дека тој во политичката игра ги парализирал Албанците, па тие во власта сега не смеат ниту да прашаат колку чини една скулпутура на лав, рече Мехмети.



Ниедна западна држава не и дава широки овластувања на комисија од типот на нашите лустратори, зашто таа е делумно партиска, делумно дилетантска, рече професорот Гордан Калајџиев. Тој оцени дека лустрацијата е уште една тема со која се одвлекува вниманието на граѓаните.

-И сега се занимаваме со овој процес како и со спомениците, а не со клучните реформи кои го отвораат евро-процесот. Не го следевме примерот на Словенија која не спроведе лустрација туку се определи со поглед кон иднината да гради демократија, рече Калајџиев.



На трибината беа изнесени и мислења дека со македонската лустрација всушност се гонат жртвите на службите, а не и нивните наредбодавачи, како и мислења дека некогашните јадра на службите и денес се активни. Професорот Фрчкоски, кој ја водеше трибината, се согласи дека таа може да се заклучи со размислувањето на еден од учесниците.



-Над Македонија, и особено над Скопје веќе пет години небото е зацрнето, како врз него да е седнат удбашки задник кој „сере“ барокни скулптури и досиеја, поетски се изрази Младен Србиновки.

Имали некој со ум во државава Македонска. На Бабановски, Диневски, Трајанов им се придружи и Фрчковски како носител на процесот на лустрација Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0ni

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedoni...konot-losh
(This post was last modified: 09-11-2010, 07:19 PM by ЈорданПетровски.)
09-11-2010, 07:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,894
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Професионална одговорност на СДБ

Васил Костојчиноски

Политичките структури што доведоа до распад на СФРЈ имаат интерес и денес да го држат регионот во зона на контролирана нестабилност


Процесот на деградацијата на Службата за државна безбедност (СДБ), кој започна кон средината на осумдесеттите години на минатиот век и трае до денес, е последица на агресивна инструментализација од политичките структури. Нивниот интерес за инструментализација на СДБ за сопствени политички интереси не само што не престана по распадот на еднопартискиот систем, туку во одредени периоди добиваше размери на сериозен дестабилизирачки фактор. Причините не беа, како што често се сака да се манипулира, демонтирањето на старите безбедносни структури, туку во борбата за власт и ограничените демократски капацитети на политичките партии, но и во професионалниот капацитет на СДБ да се спротивстави на таквата инструментализација како последица на партизацијата. Колку во сето тоа лежи одговорноста на СДБ, а колку на политичката и идеолошката инструментализација на овој важен сектор, треба да се оценува во контекст на времето и условите. Станува збор за професионалната одговорност и кредибилитет на луѓето во службите, без да ја спорам нужноста од критичко преиспитување на настаните во минатото како процес на морално, етичко и вредносно преиспитување кое му е потребно на секое општество за негова демократизација.

Најголема катарза СДБ доживеа во 1966 година со процесите на внатрепартиска диференцијација, отворени со Брионскиот пленум на ЦК СКЈ. Но, особено по студентските демонстрации во 1968 и демонстрациите на Косово, кои беа повод за одложување на Конгресот на СКЈ и враќање на старата структура на власт, СДБ остана во истата идеолошка матрица која ја ограничи потребната демократизација. Контролата над работењето на СДБ која помина во рацете на државните органи, иако на почетокот многу ветуваше, не ја доби потребната парламентарна, демократска форма, туку остана монопол на партијата, по што следуваше неминовна идеологизација и политизација. Сепак, во периодот по Брионскиот пленум 1966, се стесна надлежноста на СДБ, исклучиво посветена на тајна и органинизирана дејност за која постојат основани сомневања и стана сектор од оперативна надлежност на републиките и на покраините. Врз тој принцип се изврши драстична селекција на досиејата. Најголем дел беа уништени, а оние со историски важни содржини беа дадени на Сојузниот и на републичките архиви. Уништувањето на досиејата беше под контрола на комисии.

Таков процес немаше во безбедносните структури на ЈНА (разузнавачката и УБ), што значеше дека процесот на демонтирање на претходниот безбедносен систем беше со ограничени димензии.

Проблемот на професионалната деградација на СДБ е тесно поврзан со кризата во која западна општеството во втората половина на минатиот век, но и во периодот на транзицијата, поради отсуство на изграден систем на вредности, односно време кога антивредностите станаа вредности. Поединци, припадници на Службата, поради политикантски интереси и додворување, почнаа да лиферуваат информации за лица кои биле соработници на СДБ. Еуфоријата со објавување на досиеја без изграден систем на заштита на националните интереси, предизвика драматичност, човечки трауми и деструкција на професионалниот кредибилитет. „Продажбата“ на недоволно проверени информации, стана конјуктурна стока за политички или други интереси.

Денес се манипулира со т.н. досиеја што се наоѓаат во федералните архиви или во архивите на државите настанати по распаѓањето на СФРЈ, иако треба да се знае дека по 1966 година, на СДБ со закон и' беше забрането и во практика немаше оперативни надлежности во областа на т.н. внатрешна проблематика, освен аналитичката функција на процени на безбедносната состојба. За нив беше потребно да бидат усогласени и усвоени заедно со службите на републиките и на покраините. На ниво на СДБ на ССВР постоеше само едно досие од областа на т.н. внатрешна проблематика и тоа повеќе од политички причини (А.Р.), како и досиеја за разузнавачката активност на ДКП, што беше во надлежност на Х-управа.

Кога станува збор за контраразузнавачката активност спрема странските служби и емиграцијата, надлежностите на СДБ на ССВР (Прва и Втора управа) беа со одредени ограничувања. Предметите кои се водеа беа во тесна соработка со соодветните управи во републиките и покраините. Секое отстапување од правилата создаваше конфликти со политички димензии, како што беше аферата со т.н. Депиша бр. 50 на СИД на ССНР, со која се укажуваше на врски меѓу раководството на Хрватска и хрватската емиграција (групата на Бранко Јелиќ). Но, проблемот на национализмите, а во тој контекст и на македонскиот и албанскиот, се' уште беше во рамки на воената контраразузнавачка служба, која, како посебна служба, дејствуваше на целиот простор на СФРЈ. Тоа значеше постоење на два безбедносни система - разузнавачката и УБ на ЈНА, од една страна, и СДБ со високо ниво на децентрализираност во републиките и покраините, како и СИД во рамките на ССНР. Сето тоа предизвикуваше остри конфронтации меѓу службите кои, не ретко, предизвикуваа сериозни политички дестабилизации (набавките на оружје во Словенија, улогата на УБ на ЈНА во случајот со Јованка Броз и други).

Третирањето на внатрешните безбедносни појави, не ретко беше поврзувано со странските разузнавачки служби, посебно со емиграцијата. Оттаму и досиејата кои се однесуваа на разузнавачките служби и на емиграцијата најчесто бараа соработка меѓу управите на ниво на Федерацијата, републиките и покраините, како и со СИД на ССНР. Поради тоа проблемот со странските влијанија бара посебна внимателност и професионална одговорност, особено од аспект на обезбедување на изворите на информациите како и предметот на обработката (дали се работи за организирана терористичка или разузнавачка активност и слично, што е примарен и легитимен интерес на секоја држава). Доколку се нема таков пристап и се падне под влијание на дневно-политички интереси, последиците врз безбедносните служби, ќе бидат подолгорочни.

Изнесените организациони и функционални односи врз наведените принципи важеа се' до периодот кога започна процесот на распаѓање на Федерацијата, односно до периодот на директно или индиректно ставање под контрола на службите од страна на Слободан Милошевиќ. Во овој период УБ на ЈНА преземаше активности на целиот простор, а службите во републиките и покраините се' повеќе се поврзуваа со своите раководства. Тогаш беа нарушени сите принципи врз кои се темелеа односите во СДБ на ниво на Федерацијата и во односите со СДБ на републиките и покраините. Тоа бара многу покритички професионален пристап за да не се западне во игрите на политичките структури кои доведоа до распад на СФРЈ и чиј интерес е и денес да го држат регионот во контролирана нестабилност.

(Авторот е поранешен началник
на Трета управа на СДБ на ССВР)



Имали некој со ум во државава Македонска. На Бабановски, Диневски, Трајанов им се придружи и Фрчковски како носител на процесот на лустрација еве и нов носител на лустрасцијата Авторот е поранешен началник на Трета управа на СДБ на ССВР Tuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niTuktuk0niShokShokShokDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_lud Кого ли ке додадеме уште на списокот.
(This post was last modified: 09-11-2010, 08:50 PM by ЈорданПетровски.)
09-11-2010, 08:49 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

По обид за улична лустрација ( кога веќе официјалната не функционира), ДУИ “ поврати душа“ и тргна во офанзива:

ВО СЕРИОЗНА ИСТРАГА ЗА АФЕРАТА СО КОДОШКИТЕ ДОСИЕЈА
ДУИ ги фаќа српските врски на власта

Ана Анастасовска

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сомнева дека неговиот коалициски партнер, премиерот Никола Груевски, му помогнал на Мендух Тачи од ДПА да ги пласира досиејата, според кои високи функционери од партијата, вклучително и Ахмети работеле за српски тајни служби. Целта на таквиот „заговор“, според извори од ДУИ, би била да се понижи и да се стави под контрола ДУИ и нејзиниот лидер Ахмети. Иницијаторот на ваквиот атака врз интегративците била „српска линија“ инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ во времето кога Никола Груевски дојде на чело на партијата. Интегративците се посомневале дека целото сценарио со тајните досиеја е пишувано во кабинетот на Груевски, по изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи дека тие документи, уште пред да излезат во јавноста, им биле доставени и на Груевски и на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Ова, пак, го негираат и Груевски и Црвенковски и посочуваат дека во нивни раце не паднале никакви досиеја.
Како што објави „Време“, кадрите на ДУИ, вработени во македонските разузнавачки служби, Агенцијата за разузнавање (АР) и Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), добиле партиски инструкции да внимаваат и да ги испитуваат сите детали и опции за тајните досиеја, меѓу кои и можноста да се пласирани од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, Мирвет Елмази, заменик-директорот на УБК, Ариф Асани, началник на Третата управа во УБК одговорна за организиран криминал и тероризам, Мухамед Исмаили, заменик-директорот на АР и човек од доверба на Гзим Острени, како и нему блискиот Рамазан Серпетова, помошник-директорот во АР за тероризам, добиле директива од партиската работна група што го води случајот со досиејата да ги искористат своите разузнавачки врски и да испитаат од каде се пристигнати тајните досиеја. Групата треба да дознае и дали ДПА работела самостојно или со помош на некои актуелни и поранешни разузнавачи и дали информациите во досиејата се целосни или склопувани од повеќе документи.


Државни агенти за партиски цели!?


Ангажирањето на разузнавачите од државните служби за партиски цели е кривично дело, велат упатените по информацијата дека кадрите на ДУИ, за потребите на расчистување на аферата со кодошки досиеја, ќе собираат информации од институциите за кои работат. Изнесување на службените тајни надвор од службите е сериозно прекршување на утврдените процедури кон кои треба да се придржуваат вработените поради заштита на класификуваните податоци, објаснуваат тие.
- Тоа е несериозно и непримерно, државни службеници да се ангажираат за партиски потреби. Тоа е недозволиво во една држава и претставува кривично дело. Разузнавачите треба да работат исклучително по налог на службите во кои се анагажирани, а не по налог на партијата - вели професорот Владимир Пивоваров.
Пратеникот Тахир Хани од ДУИ ниту ја негира, ниту ја потврдува информацијата дека кадри на партијата вработени во разузнавачките служби го испитуваат случајот за досиејата. Тој единствено ја отфрла информацијата дека партиската работна група, во која членува и тој, има некаква врска со тоа и дека донела таков заклучок.
- Немам врска со оваа иницијатива и најодговорно тврдам дека во работната група не станало збор да се формира некаков тим составен од разузнавачи - изјави Хани.
Дека ДУИ е подготвена да направи се за да ја открие вистината за досиејата говори и изјавата на Изет Меџити, дадена по партиското генерално собрание во петокот дека ова е последниот обид на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да си игра со вакви работи бидејќи ДУИ овој пат ќе оди до крај во расветлувањето на овој случај.

ЦЦЦ, како жестоко реагира проф. В. Пивоваров. Нешто не помнам дека така реагирал по случај на Јордан Петровски, кога државните службеници ( сосе министри) се ангажирале за партиски ( СДСМ) потреби.
10-11-2010, 10:42 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(10-11-2010, 10:42 AM)hristo Wrote: По обид за улична лустрација ( кога веќе официјалната не функционира), ДУИ “ поврати душа“ и тргна во офанзива:

ВО СЕРИОЗНА ИСТРАГА ЗА АФЕРАТА СО КОДОШКИТЕ ДОСИЕЈА
ДУИ ги фаќа српските врски на власта

Ана Анастасовска

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сомнева дека неговиот коалициски партнер, премиерот Никола Груевски, му помогнал на Мендух Тачи од ДПА да ги пласира досиејата, според кои високи функционери од партијата, вклучително и Ахмети работеле за српски тајни служби. Целта на таквиот „заговор“, според извори од ДУИ, би била да се понижи и да се стави под контрола ДУИ и нејзиниот лидер Ахмети. Иницијаторот на ваквиот атака врз интегративците била „српска линија“ инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ во времето кога Никола Груевски дојде на чело на партијата. Интегративците се посомневале дека целото сценарио со тајните досиеја е пишувано во кабинетот на Груевски, по изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи дека тие документи, уште пред да излезат во јавноста, им биле доставени и на Груевски и на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Ова, пак, го негираат и Груевски и Црвенковски и посочуваат дека во нивни раце не паднале никакви досиеја.
Како што објави „Време“, кадрите на ДУИ, вработени во македонските разузнавачки служби, Агенцијата за разузнавање (АР) и Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), добиле партиски инструкции да внимаваат и да ги испитуваат сите детали и опции за тајните досиеја, меѓу кои и можноста да се пласирани од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, Мирвет Елмази, заменик-директорот на УБК, Ариф Асани, началник на Третата управа во УБК одговорна за организиран криминал и тероризам, Мухамед Исмаили, заменик-директорот на АР и човек од доверба на Гзим Острени, како и нему блискиот Рамазан Серпетова, помошник-директорот во АР за тероризам, добиле директива од партиската работна група што го води случајот со досиејата да ги искористат своите разузнавачки врски и да испитаат од каде се пристигнати тајните досиеја. Групата треба да дознае и дали ДПА работела самостојно или со помош на некои актуелни и поранешни разузнавачи и дали информациите во досиејата се целосни или склопувани од повеќе документи.


Државни агенти за партиски цели!?


Ангажирањето на разузнавачите од државните служби за партиски цели е кривично дело, велат упатените по информацијата дека кадрите на ДУИ, за потребите на расчистување на аферата со кодошки досиеја, ќе собираат информации од институциите за кои работат. Изнесување на службените тајни надвор од службите е сериозно прекршување на утврдените процедури кон кои треба да се придржуваат вработените поради заштита на класификуваните податоци, објаснуваат тие.
- Тоа е несериозно и непримерно, државни службеници да се ангажираат за партиски потреби. Тоа е недозволиво во една држава и претставува кривично дело. Разузнавачите треба да работат исклучително по налог на службите во кои се анагажирани, а не по налог на партијата - вели професорот Владимир Пивоваров.
Пратеникот Тахир Хани од ДУИ ниту ја негира, ниту ја потврдува информацијата дека кадри на партијата вработени во разузнавачките служби го испитуваат случајот за досиејата. Тој единствено ја отфрла информацијата дека партиската работна група, во која членува и тој, има некаква врска со тоа и дека донела таков заклучок.
- Немам врска со оваа иницијатива и најодговорно тврдам дека во работната група не станало збор да се формира некаков тим составен од разузнавачи - изјави Хани.
Дека ДУИ е подготвена да направи се за да ја открие вистината за досиејата говори и изјавата на Изет Меџити, дадена по партиското генерално собрание во петокот дека ова е последниот обид на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да си игра со вакви работи бидејќи ДУИ овој пат ќе оди до крај во расветлувањето на овој случај.

ЦЦЦ, како жестоко реагира проф. В. Пивоваров. Нешто не помнам дека така реагирал по случај на Јордан Петровски, кога државните службеници ( сосе министри) се ангажирале за партиски ( СДСМ) потреби.


Dali znae koe e profesionalno CV na
Quote:професорот Владимир Пивоваров
10-11-2010, 06:42 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27

(10-11-2010, 10:42 AM)hristo Wrote: По обид за улична лустрација ( кога веќе официјалната не функционира), ДУИ “ поврати душа“ и тргна во офанзива:

ВО СЕРИОЗНА ИСТРАГА ЗА АФЕРАТА СО КОДОШКИТЕ ДОСИЕЈА
ДУИ ги фаќа српските врски на власта

Ана Анастасовска

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сомнева дека неговиот коалициски партнер, премиерот Никола Груевски, му помогнал на Мендух Тачи од ДПА да ги пласира досиејата, според кои високи функционери од партијата, вклучително и Ахмети работеле за српски тајни служби. Целта на таквиот „заговор“, според извори од ДУИ, би била да се понижи и да се стави под контрола ДУИ и нејзиниот лидер Ахмети. Иницијаторот на ваквиот атака врз интегративците била „српска линија“ инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ во времето кога Никола Груевски дојде на чело на партијата. Интегративците се посомневале дека целото сценарио со тајните досиеја е пишувано во кабинетот на Груевски, по изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи дека тие документи, уште пред да излезат во јавноста, им биле доставени и на Груевски и на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски. Ова, пак, го негираат и Груевски и Црвенковски и посочуваат дека во нивни раце не паднале никакви досиеја.
Како што објави „Време“, кадрите на ДУИ, вработени во македонските разузнавачки служби, Агенцијата за разузнавање (АР) и Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), добиле партиски инструкции да внимаваат и да ги испитуваат сите детали и опции за тајните досиеја, меѓу кои и можноста да се пласирани од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, Мирвет Елмази, заменик-директорот на УБК, Ариф Асани, началник на Третата управа во УБК одговорна за организиран криминал и тероризам, Мухамед Исмаили, заменик-директорот на АР и човек од доверба на Гзим Острени, како и нему блискиот Рамазан Серпетова, помошник-директорот во АР за тероризам, добиле директива од партиската работна група што го води случајот со досиејата да ги искористат своите разузнавачки врски и да испитаат од каде се пристигнати тајните досиеја. Групата треба да дознае и дали ДПА работела самостојно или со помош на некои актуелни и поранешни разузнавачи и дали информациите во досиејата се целосни или склопувани од повеќе документи.


Државни агенти за партиски цели!?


Ангажирањето на разузнавачите од државните служби за партиски цели е кривично дело, велат упатените по информацијата дека кадрите на ДУИ, за потребите на расчистување на аферата со кодошки досиеја, ќе собираат информации од институциите за кои работат. Изнесување на службените тајни надвор од службите е сериозно прекршување на утврдените процедури кон кои треба да се придржуваат вработените поради заштита на класификуваните податоци, објаснуваат тие.
- Тоа е несериозно и непримерно, државни службеници да се ангажираат за партиски потреби. Тоа е недозволиво во една држава и претставува кривично дело. Разузнавачите треба да работат исклучително по налог на службите во кои се анагажирани, а не по налог на партијата - вели професорот Владимир Пивоваров.
Пратеникот Тахир Хани од ДУИ ниту ја негира, ниту ја потврдува информацијата дека кадри на партијата вработени во разузнавачките служби го испитуваат случајот за досиејата. Тој единствено ја отфрла информацијата дека партиската работна група, во која членува и тој, има некаква врска со тоа и дека донела таков заклучок.
- Немам врска со оваа иницијатива и најодговорно тврдам дека во работната група не станало збор да се формира некаков тим составен од разузнавачи - изјави Хани.
Дека ДУИ е подготвена да направи се за да ја открие вистината за досиејата говори и изјавата на Изет Меџити, дадена по партиското генерално собрание во петокот дека ова е последниот обид на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да си игра со вакви работи бидејќи ДУИ овој пат ќе оди до крај во расветлувањето на овој случај.

ЦЦЦ, како жестоко реагира проф. В. Пивоваров. Нешто не помнам дека така реагирал по случај на Јордан Петровски, кога државните службеници ( сосе министри) се ангажирале за партиски ( СДСМ) потреби.

Hristo ako pogore napishanoto ima samo 10% vistina togash dui ne deka zema ofanziva nego kako zakllano zhivotno pred da pushta dusha rita so nozete jas barem take go razbiram toa.
Kako prvo kockarot taci nema da ja ispushta mozhnosta da poentira.Zatoa aferata ke ja drzhi vrella permanentno.Zatoa se cudam zashto ushte ne gi pllasirall dosieata na naser ziberi i nekoj tamu mahi nisimi ili kako se vika.Misllam tie dvete dosiea ke bidat slednite i tuka ke frli mamec za anti korupciskata komisija.Ako istite tvrdat deka za niv isto ne postojat dosiea togash toj ke im turi originall pred nos i ke gi tuzhi na sud za da gi diskfalificira.Bideiki ovie dve dosiea se makedonski ne se srpski.Ponatamu gospodinot ahmeti i vrvot na dui tvrdat deka mozhen izvor e srpskata linija vo vmro dpmne.Ako e toa vistina togash ova e najgolem fakt za izdaja na ahmeti.Kako vleze vo koalicija so partija koja e cellata srpska struktura da ne kazham srpska udba.Vakvi pocetnicki greshki pravi politicar koj e vo KO.Da se doznava dali dokumentite se od edno dosie ili od mnogu dosiea.Jas ke mu dadam odgovor.Dokumentite se negovata potvrda deka svoevolno stapuva vo istata slluzhba, nivnite informacii vo vrska so stvorenite dosiea za mnogu emigranti, potvrdi za primeni pari kako honorar.Sumite vo tie dosiea se minimallni, Samo za vujko imame dokumenti za primeni 6 cifreni broevi vo germanski marki.
Angazhiranje na partiski vojnici koi rabotat vo dbk
Tie partiski vojnici ima li soznanija za likvidacijata na radusha?
Glavniot likvidiran harun aliu dali beshe clen na dui i vo kakvi odnosi beshe so ali torbeshot?
Imashe li pisma torbeshot od harun aliu deka e nedollzhen za sllucajot so likvidacijata na milicionerot i deka vinovnici se vojvodite?
Ne veruvajki na makedonskoto partizirano pravosudstvo tropashe vo site vrati na evropskite instituci da ja dokazhe nevinosta no ne uspea.
Potrebata za rejting na grujo i kodoshllukot na torbeshot go sprecija vo toa.
Znaci ako bille sposobni i nishto ne prezelle togash ahmeti e soucesnik vo likvidacija.
Pa ako ne bille sposobni i samo sedat na tie mesta kako dekor togash nema pomoc od niv.Pa so niv kogo saka da pllashi ahmeti.Za silla sigurno nema da mozhe da upotrebi bideiki togash ke go stigne allbanski kurshum.Negovite kolegi od kosovo se vo ista kasha.Nazim bllaca peva li peva i e zashtiten svedok na eulex.Treba da izlezat na videlina likvidaciite na komandant drini, zemaj, krasnici i mnogu drugi zhrtvi.
marksist leninistite od tipot na emrush xhemaili nait hasani koi zaedno so koco danaj se cesti gosti kaj leka zogu (monarhisti i marksisti vo zaednicka masa haj ti vraga) Se isto pod llupa i vreme e koga ke dojde eulex pred nivna vrata.
Nait hasani branejki gi interesite na ova grupa marksisti leninisti se pikna samiot vo problemi.
pocna da se analizirat negovite vrski so zamenik direktorot na makedonskite carini koj e od redovite na dui.
Znaci sve na sve ahmeti nema kurshumi za ofanziva.nema ni oruzhje ni municija.
Nego pointeresno vo samiot tekst mi stana kazhuvanjeto deka istite dosiea se napraveni vo kabinetot na gruevski.Jas licno se somnevam vo toa neshto.Bideiki mie vo diaspora potesen krug gi poseduvat tie raboti od pred 4 godini.Dodeka somnevanja imame od vreme na kosovskata vojna.
Od druga strana ako llogicki razmislluvame zashto bi go napravill toa gruevski.Nemu toa ne mu odgovara.Ako ahmeti se povlece taci nema da vleze vo koalicija so gruevski bez legitimitet bidete sigurni.Toj legitimitet toj ke go bara kaj allbanskoto gllasacko tello na sllobodni izbori.Ako go dobie toj legitimitet so broj na pratenici teshko na toj od makedonski bllok koj ke formira vllada.Prvo taci ke pobara konsezuallno donesuvanje na odlluki, dvodomen parllament i shto e najvazhno za nego parite.Iako mnogu go smetat za gllup taci vojvodata toj e mnogu zaeban mangup a pozadi mu sedi arben xheferi naj naj jakiot udbash koj gi pravi site raboti a ne mozhat vo trag da mu vlezat ni negovite rabotodavci.
Toj ke insistira na konsezusiallna demokratija shto ne se kosi so interesite na usa.A zhivoten interes na usa e odrzhuvanje na makedonija vo ovie granici.
I vtoro parite toj decidno rece nema da dozvollam za likot i delloto na toshe proeski da se troshat 150 miljoni denari dodeka za cellokupnata allbanska kulltura simbolicni 5 miljoni denari.Ke vodime smetka kolku dava sekoj narod vo drzhavna kasa tolku ke zeme od tamu.Vo makedonija nema da postojat opshtini kako sekomu ke mu tekne.Imallo vo bivsha jugosllavija 80 opshtini tolku pak ke gi ima.Sega reallno da razmislluvame dodeka e vakvata situacija e vakva ako ahmeti izleze od vllada taci ne vleguva padja vllada bideiki nema da mozhat da pominat zakoni koi se regulirani so badinterovo mnozinstvo.
Novi izbori vo vakva situacija ahmeti gubi sto posto.Rufi osmani kasni so nova partija bideki ne brza se pllashi da nema vo negoviot subjekt kodoshi, znaci bara mlladi nekorumpirani.Drzhanje na vllada od strana na gruevski bez allbanci taci ke formira vllada na zapadna makedonija.Posle izbori taci ke gi postavi svoite baranja i nema da odstapi od niv.
Znaci nema nikakva llogika dosieata da se dello na kabinetot na gruevski.Edinstveno ako reshill da srushi vllada da gi izgubi izborite i da mu go spushti vrelliot kompira na branko.Branko da go smeni imeto da dojde vo kompromis so taci i za celli vekovi partijata sdsm da umre kaj makedonskite biraci.
Najinteresen vo celliot tekst e da znam koj e izvorot na ovoj tekst.Ako e blizok na vllastite znaci grujo reshill ameti da go tera vo aut so sve negovite partiski vojnici vo dbk.Znaci ne mu e ponatamu potreben i odit na novi izbori
10-11-2010, 09:58 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Љупчо: Опасно е со тројца кодоши на власт!



„Подобро е три невини жртви на лустрација отколку тројца виновни на власт“, смета експремиерот

Оливера Војновска

„Подобро е три наклеветени кодоши отколку тројца кодоши на власт!“ Вака експремиерот Љупчо Георгиевски на свој оригинален начин ја објаснува потребата од расчистување на маглата околу лустрацијата, која особено надвисна над процесот во последниве два месеца. Преку своевидна стилистичка инверзија на правната максима: „подобро 100 криминалци на улица отколку еден невин во затвор“, Георгиевски прилично јасно алудира на неопходноста од целосното откривање на вистината за „Вујко“, „Мама“ и „Ибар“ - особено на досието што води до врвот на владејачката ДУИ.

Во исто време додека поранешниот премиер како учесник на трибината на мрежата „Платформа“ се обидуваше да даде одговор на прашањето „каде оди македонската лустрација“, лустраторите ја официјализираа „пресудата“ дека нема елементи за лустрација на фабрикуваниот ’Ибар’“. Комисијата за лустрација на двочасовна затворена седница констатирала дека и ова досие, како и претходните две - „Вујко“ и „Мама“, „е фотокопија и не ги исполнува стандардните на едно досие“.

Георгиевски, кој беше шеф на македонската влада во периодот од 1998 до 2002 година, вели дека оние што имаат амбиции да влезат во политичките води, мора да бидат свесни дека како јавни функционери ќе бидат изложени на напади, критики и етикетирање. „Секој што се занимава со политика треба да е подготвен на непринципиелни удари. Подобро е три невини жртви на лустрација отколку тројца виновни на власт“, вели тој. Според него, во јавноста се извртуваат тезите околу лустрацијата и се преувеличува штетата на оние личности што можеби се невино обвинети дека биле кодоши. „Етикетата дека некој бил соработник на тајните безбедносни служби не е ништо поразлична од која било друга етикета. Нема етикета што не сум ја добил во овие 20 години колку што сум во политиката. Секој што се занимава со политика добива серија етикети. Зошто сега се прави драма“, прашува Георгиевски. Тој смета дека оној што ќе се почувствува погоден и ќе се соочи со лажни обвинувања за кодошење, има две опции: „Да поднесе кривична пријава и да ја докажува невиноста или да остави процесот принципиелно да се заврши докрај“.

Според него, сите што сакаат да бидат политичари треба да извлечат поука од лустрацијата. Притоа посочува дека „ доколку некој има дамка во биографијата ,влегувањето во политиката може да го плати премногу скапо“. На „Ибар“ му порачува да не се крие зад партиските тела, туку самиот да ја исчисти оваа дамка. „Некои конкретни ситуации бараат конкретни, лични битки. Поранешниот началник во УДБА, Божидар Спасиќ, јавно го препозна „Ибар“, така што тој сега треба да се соочи со него и на ТВ-дуел да ги расчисти работите“, резонира Георгиевски. За него се неприфатливи гледиштата дека некој можеби направил грев во младоста и прифатил соработка со тајната полиција. „Дури некој и наивно да потпишал изјава, тој токму поради таа наивност треба да се повлече од јавната функција“, смета експремиерот.

Наспроти ставовите на Георгиевски, поранешниот претседател на Уставниот суд , Милан Нетков, потенцира дека при лустрацијата мора да се почитува презумпцијата на невиност. Тој смета дека Комисијата за лустрација се однесува конфузно, а нејзината работа ја опиша како „одење бос по трње“. Случајот со довчерашниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, го оквалификува како несреќен и парадоксален. Нетков се сомнева дека досието е дополнително конструирано врз основа на белешки за кодошено лице.

Според Нетков, треба добро да се размисли дали да се бараат досиејата од Србија. „Тоа може да се покаже многу опасно. Ако ги побараме, ќе ни ги дадат строго селектирано, добро ќе не' обработат и секој со секого ќе се скара“, прогнозира Нетков. Тој откри дека во поранешниот систем бил кодошен поради своите либерални гледишта, но вели дека им простил на своите колеги - универзитетски професори што денунцирале.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E5233...8995DB42A4
(This post was last modified: 11-11-2010, 09:37 AM by montehristo.)
11-11-2010, 09:31 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:УПРАВНИОТ СУД ЌЕ ПОТВРДИ


Трендафил бил кодош


Управниот суд потврди - Трендафил Ивановски бил соработник на тајните служби. Дознаваме дека судиите не ги прифатиле аргументите на Ивановски и тие, како и Комисијата за лустрација, сметаат дека уставниот судија бил кодош.

На двете рочишта кои се одржаа во Управниот суд Трендафил Ивановски тврдеше дека се работи за политички монтиран процес, без докази, псевдоними, потписи и со фингирани уплатници. Комисијата за лустрација предводена од Томе Аџиев пак стоеше на своето решение - дека Ивановски воден под псевдонимот Ламбе, соработувал со службите уште во '60-тите како член на организацијата средношколец.

Управните судии во петнаесет дена ги измерија аргументите на двете страни.. Беше сослушан и поранешниот раководител на УДБА Иван Бабмовски кој тврдеше дека Ивановски не бил кодош и дека неговото полициско досие било трансформирано во соработничко..
Последната инстанца пред која Ивановски има право на жалба е Врховниот суд.

(С.А)
http://vecer.com.mk/?ItemID=24199FFAF73F...C559896ECA


Quote:Георгиевски, кој беше шеф на македонската влада во периодот од 1998 до 2002 година, вели дека оние што имаат амбиции да влезат во политичките води, мора да бидат свесни дека како јавни функционери ќе бидат изложени на напади, критики и етикетирање. „Секој што се занимава со политика треба да е подготвен на непринципиелни удари. Подобро е три невини жртви на лустрација отколку тројца виновни на власт“, вели тој. Според него, во јавноста се извртуваат тезите околу лустрацијата и се преувеличува штетата на оние личности што можеби се невино обвинети дека биле кодоши. „Етикетата дека некој бил соработник на тајните безбедносни служби не е ништо поразлична од која било друга етикета. Нема етикета што не сум ја добил во овие 20 години колку што сум во политиката. Секој што се занимава со политика добива серија етикети. Зошто сега се прави драма“, прашува Георгиевски. Тој смета дека оној што ќе се почувствува погоден и ќе се соочи со лажни обвинувања за кодошење, има две опции: „Да поднесе кривична пријава и да ја докажува невиноста или да остави процесот принципиелно да се заврши докрај“.

Според него, сите што сакаат да бидат политичари треба да извлечат поука од лустрацијата. Притоа посочува дека „ доколку некој има дамка во биографијата ,влегувањето во политиката може да го плати премногу скапо“
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E5233...8995DB42A4
Toa e i problemot, sto ne sakaat site povtorno da se vleckaat so onie nakazi od UDB-e.
Problemot se nalogodavcite.
12-11-2010, 03:20 AM
Reply
Misla
Unregistered

 

14-11-2010, 07:09 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(14-11-2010, 07:09 AM)Misla Wrote: "Magazin NIE"

Episode 1
http://blip.tv/play/AYKH2BkC

Episode 2
http://blip.tv/play/AYKI61sC


LUSTRACIJA=SATANIZACIJA???
ORVEL I KAFKA, RAKA POD RAKA
SAMO PUPPET MASTERS SETAAT SLOBODNO VO DEBELA SENKA
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 15-11-2010, 02:41 AM by montehristo.)
15-11-2010, 02:38 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Каде се скрија вистинските кодоши

Во Македонија немало кодоши, можеби само еден - довчерашниот претседател на Уставен суд, за кого уште не е завршена процедурата

Оливера Војновска


Македонските лустратори досега не пронајдоа ниту еден кодош меѓу припадниците на актуелната политичка елита. Можеби има само еден, но тој, сепак, е од судската власт. Довчерашниот претседател на Уставен суд, Трендафил Ивановски, за кого се' уште не е завршена правната процедура. И колку и да изгледа куриозитетно, излегува дека во Македонија во претходниот систем воопшто не се денунцирало, немало кодоши!

Тоа го покажуваат официјалните податоци кои Комисијата за лустрација и' ги соопштува на јавноста. На онаа иста јавност која речиси три месеци е бомбардирана со досиеја и кодошки сценарија. Но, откако лустрацијата ги покри сите настани во државата, добивме одговор дека се кренала толкава врева за безвредни фабрикати, плагијати, фалсификати...

Каде е, всушност, вистината за македонската лустрација, која посматрачите на настаните веќе ја оквалификуваа како „одење бос в трње“? Процесот излезе од Комисијата за верификација на фактите, заталка меѓу партиските штабови и правливите архиви на нашите разузнавачки служби, за на крајот да стане заложник во депоата на поранешните УДБА и КОС во Белград.

Аналитичарот Ким Мехмети мошне луцидно забележува кој правец може да го фати лустрацијата. „Доколку Скопје ги добие досиејата од Белград, тогаш и кокошките на Албанците ќе бидат прогласени за кодоши“, вели Мехмети.

И во меѓувреме, додека лустраторите се најдоа во улога на неми набљудувачи на настаните, вистината и лагата за кодошењето толку се испреплетоа што е тешко да се состави реалната слика. Нешто слично како во филмот „Балкански правила“ на режисерот Дарко Баиќ, кој ги опишува деликатните врски меѓу југословенската, српската и хрватската тајна полиција во текот на 60-тите години од минатиот век.

Со досиејата „Вујко“, „Мама“, „Стрелец“ и „Ибар“, кои стасаа до кормилото на ДУИ, македонската лустрацијата доживеа вистинска катарза. Тоа дека постоеле лица со такви псевдоними потврди поранешниот шеф на специјалниот тим на југословенската Служба за државна безбедност, одговорен за албанската емиграција, Божидар Спасиќ. Така што, иако Комисијата одлучи да не отвори постапка за лустрација на функционерите на ДУИ, бидејќи се работи за „фотокопии што не ги исполнуваат стандардите на едно досие“, тоа сигурно нема да ја симне калта од нивните биографии. Напротив, прогнозите се дека оваа лустрациска епизода ќе остави сериозни последици врз угледот на ДУИ.

Познавачите на состојбите во албанскиот блок се сомневаат дека сето ова е изрежирано од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се држи ДУИ под контрола. Политичкиот аналитичар Џевдет Хајредини отворено ќе каже „некој ги сакал токму овие последици“, а за можноста од канализирање на процесот во институциите сликовито се изрази: „Враќање во коритото без последици - нема“.

Според аналитичарот Мехмети, Албанците и денес се објект на манипулација на полициски структури од Белград. Затоа, тој е убеден дека цехот на уличната демократија најскапо ќе го платат токму Албанците, а оној што ќе профитира ќе биде премиерот Никола Груевски. „Не велам дека Груевски барал токму ваква лустрација. Но, тој во политичката игра толку ги парализирал Албанците што тие во власта сега не смеат ниту да прашаат колку чини една скулптура на лав“, резонира Мехмети.

Македонската лустрациска сага фактички започна во албанскиот блок, со директна војна меѓу ДПА и ДУИ. ДПА обелодени дека поседува документ за пратеник од ДУИ, каде што, според нив, „на 13 страници има неоспорни факти дека тој бил соработник на тајната полиција“. Сепак, Комисијата не ги виде тие „неоспорни факти“ и со гласање заклучи дека не треба да поведе постапка за лустрација. Тоа беше повод партијата на Мендух Тачи да поднесе кривична пријава против лустраторите, „бидејќи криеле факти за пратеникот од ДУИ, бивш политички затвореник“.

Потоа огнот се префрли во атарот на владејачката партија, која беше обвинета дека го крие кодошот од партнерите во портокаловата коалиција. Политичкиот ментор на Груевски и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, во отворено писмо до Груевски го исцрта профилот на кодошот. Пратеникот на кој алудираше Георгиевски самиот се препозна. На прес-конференција негираше дека бил соработник на тајните служби и покажа уверение од Комисијата за лустрација дека го исполнува дополнителниот услов за вршење јавна функција.

Но, и бурата околу него одеднаш стивна. Се префрли кај уставниот судија кому сега му останува да докажува пред Врховниот суд дека со политичка мотивација „од жртва и прогонувано лице, му било конструирано досие на кодош“. Доколку не го добие спорот, може да ја искористи опцијата да се жали во Судот за човекови права во Стразбур.

Инаку, досега во лустрациската Комисија изјави заверени на нотар доставиле над 2.500 функционери и кандидати за вршење јавна функција. Лустрацискиот филтер, пак, го поминале околу 320 функционери, меѓу кои претседателот, премиерот, министрите, пратениците.

Македонското општество ќе ги прочистува гревовите (како што е значењето на латинскиот збор lustratio ) до јануари 2019 година. Старите Римјани го правеле тоа на секои пет години и задолжително имало ритуал со факели, музика и танци. Ние го правиме тоа на типичен македонски начин: на улица, во дворови и од партиски прес-конференции.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=8F55F24EF...B21970C427
1.
Quote:Македонската лустрациска сага фактички започна во албанскиот блок, со директна војна меѓу ДПА и ДУИ.
Oslabi go neprijatelot preku proksi-vojna
2.
Quote:Според аналитичарот Мехмети, Албанците и денес се објект на манипулација на полициски структури од Белград.
Dali samo od Belgrad?
3.
Quote:Каде се скрија вистинските кодоши
Kade se Krijat UDB-inite/SKM/SDS Funkcioneri?
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
16-11-2010, 02:52 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote: (Ни)кој не им верува на лустраторите!

На адресата на комисијата за лустрација секојдневно стигнуваат критики, закани за тужби и тужби, од една страна, и охрабрувачки пораки докрај да се истера процесот, од друга. Консензусот во Собранието кога се избраа членовите на комисијата очигледно не е доволен за целосна доверба во работата на ова тело, чиј кредибилитет во последниов период постојано е цел на напади


Досие: Комисија за верификација на фактите




Да останат имуни на притисоците и да го спроведат законот - овој предизвик што си го поставија 11-те члена на комисијата за лустрација кога Собранието ги избра пред година и десет месеци, сега им станува тежок товар. Откако почнаа на виделина да излегуваат имиња на функционери за кои има сомневања дека биле кодоши, партии и аналитичари почнаа да фрлаат со дрвја и со камења врз комисијата. Се оспорува компетентноста на членовите да проценуваат досиеја и нивниот кредибилитет, со образложение дека не може да се очекува праведна лустрација од лица што се избрани од партиите. Некои одат дотаму што заговараат со измените на Законот за лустрација да се смени и начинот на кој се избира комисијата, што ќе овозможело поголема независност на членовите од разни центри на моќ и нивна непристрасност во работата што им е доверена.

Дали е навистина така?


ЛИЧНИОТ ИНТЕГРИТЕТ ГАРАНЦИЈА ЗА НЕЗАВИСНОСТА


Во едно плурално општество сосема е нормално дека кандидатите за јавна функција ќе бидат предложени и избирани од партиите, бидејќи тие ги претставуваат различните сегменти на општеството, смета политикологот Ивица Боцевски, еден од подготвувачите на Законот за лустрација.

- Не постои поинаков начин во една демократија да се номинираат кандидати. Дури и во Нобеловиот комитет, кој одлучува за доделување на Нобеловата награда за мир, седат претставници на партиите од Норвешка. Кандидатите и нивниот квалитет ја одразуваат сериозноста со која политичките субјекти пристапија кон процесот на лустрација - изјави Боцевски.

Тој како позитивен пример го посочува германскиот пример со телото што таму ја спроведува лустрацијата.

- Во Германија, прв претседател на оваа комисија беше Јоахим Гаук. Благодарение на неговата работа и на угледот што го стекна, и ден-денес тамошната институција е позната како Гаукова комисија, наместо како комисија за обработка на актите на „Штазите“ - вели Боцевски.

Комисијата за верификација на фактите, како што е целосниот назив, има 11 члена - претседател, негов заменик и девет члена. Претседателството е ротирачко, односно првиот човек се менува на секои шест месеци. Според Законот, членовите се вработени во комисијата и функцијата ја вршат професионално. Актуелниот состав беше избран на јавен конкурс што го распиша Собранието, но од вторпат. Првиот конкурс пропадна затоа што ниту еден од кандидатите не достави комплетна документација.

Сега, претседател на комисијата е адвокатот Томе Аџиев. Членови се новинарот и публицист Агим Мехмети (предлог на ДПА), историчарите Новица Велјановски и Ѓорѓи Малковски (предлог на ВМРО-ДПМНЕ), Вецко Здравески, политиколог од Кичево, Марија Милошеска, која дојде од Министерството за образование, Шпенди Винца од МТВ и новинарот Даут Даути (предлози на ДУИ), поранешните пратеници - дефектологот Благоја Гешовски и правникот Јанаќе Витановски (предлози на СДСМ) и Чедомир Дамјановски, предлог на ЛДП.

Очигледно консензусот со кој пратениците гласаа „за“ се покажува недоволен за целосна доверба во членовите на комисијата.

- Ваквите комисии треба да покажат поголема професионалност, а нивните членови да се докажани лица во работата што ја вршат. Јас не ги познавам сите, но сметам дека за ваква специфична функција треба да се избираат соодветни луѓе. Сметам дека овој состав не е на висината на својата задача затоа што работи кампањски и дозволи лустрацијата да излезе од контрола. Партизацијата уште повеќе го отежнува процесот. Имам впечаток дека комисијата создаде предизборен политички амбиент - изјави Назми Малиќи, експерт од областа на безбедноста.

Тој смета дека комисијата треба да биде составена од професионалци, кои ќе бидат избрани на поинаков начин, без мешање на партиите. За тоа да се постигне, според Малиќи, треба да се измени Законот за лустрација во делот на избор на членови на комисијата.

Иако од комисијата негираат притисоци, тие се очигледни. Во една од јавните изјави за лустрацијата, премиерот Груевски обвини дека СДСМ има доушник во комисијата. Според него, СДСМ предложил луѓе што не се професионални и и даваат информации на партијата, кои некогаш се и дезинформации. ДПА поднесе кривична пријава против сите членови на комисијата, а лидерот Мендух Тачи најави и тужба за нејзиниот претседател. Со кривично гонење се закани и Трендафил Ивановски, поранешниот претседател на Уставниот суд. Објавувањето на пресудата за Трендафил Ивановски од Управниот суд е првата судска пресуда поврзана со лустрацијата. Кредибилитетот на комисијата го оспорија и учесниците на трибината на „Платформа“ на која, меѓу другите, учествуваа и универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, експремиерот Љубчо Георгиевски и публицистот Ким Мехмети.


АЏИЕВ: ДОКУМЕНТИТЕ НЕ СЕ НА КИНЕСКИ ЈАЗИК


- Нападите врз комисијата доаѓаат од лица што се плашат дека ќе дојде време да бидат лустрирани, а не сакаат да ги испуштат функциите - оценува претседателот Аџиев.

Според него, не се потребни никакви посебни квалификации за да може да се прочита досие.

- Оспорувањето на нашиот кредибилитет доаѓа од таканаречени аналитичари, кои во одреден период од животот биле од „другата страна“, а не сакаат да ги напуштат функциите. Тие создаваат клима да оспорат сé што можат, за да дојдат на ред за лустрирање. Велат дека не сме биле стручни. Па, каква стручност треба за да се прочита некој документ? Тие не се напишани на кинески јазик. Секој од нас е писмен и знае да чита. Не се ниту математички равенки, па да не знаеме да ги решиме. Работата е многу едноставна - го отвораме досието, гледаме дали има изјави, признаници за примени пари или други документи со кои може да се докаже дали некој бил или не бил соработник на службите - вели Аџиев.

Според него, паушални се обвинувањата дека партиите ги влечат конците во комисијата за лустрација.

- Сите членови сме избрани на конкурсот што го распиша Собранието. А како се договарале партиите, тоа е нивна работа - смета Аџиев.

Паралелно со нападите врз комисијата траат и препукувањата меѓу ДУИ и ДПА. Вицепремиерот Абдилаќим Адеми изјави дека едвај чека судска развсрка за случајот со досиејата за функционери на ДУИ, откако ден претходно ДПА најави дека и за Ахмети ќе има тужба.




Сите со изговори зошто досиејата од Белград не стигнуваат во Скопје

Иако може, никој не ги бара досиејата на соработници на безбедносните служби што се наоѓаат во Белград по пат на сукцесија на имотот на поранешна Југославија. Надлежните месец и половина откако излегоа информациите дека архивот и безбедносните служби на Србија имаат и македонски досиеја наоѓаат свои изговори зошто не ги бараат. За Владата, сукцесијата е премногу бавна. Од Министерството за надворешни работи, во чија надлежност е комисијата за сукцесијата на имотот од СФРЈ, чекаат барање од комисијата за лустрација. Комисијата, пак, вели дека нема зошто да упатуваат барања кога државата знае дека треба сé да им стави на располагање.

- Се разгледуваат можните варијанти. Се бараат институционални можности како враќањето на документите да го изведеме во формална смисла и која институција ќе го води тоа. Направени се консултации со повеќе министерства на различно ниво. Има уште две варијанти, освен сукцесијата и меѓудржавниот договор. Сукцесијата е долг процес и не зависи само од нас, па затоа големи се шансите досиејата да не се бараат на овој начин. Затоа другите алтернативи треба да ни покажат колку брзо може да се направи тоа. Брзината е важен услов за да се одбере моделот по кој ќе се обидеме да ги добиеме досиејата - тврдеа владини извори уште пред еден месец, кога се појавија досиејата.

Извори од Владата велат дека сé уште нема одлука за тоа како ќе се враќаат досиејата од Србија.

Досиејата, водени од безбедносните служби во периодот на СФРЈ, кои сега се наоѓаат во Белград, се предмет на поделба на имотот, потврдува Виктор Габер, еден од членовите на македонскиот тим за сукцесија на заедничкиот имот на поранешната држава, но тој вели дека никој не го побарал тоа од овој владин ресор.

- Ние работиме по конкретен предмет. Не можеме за секој предмет да поднесуваме барање, оти тоа би се претворило во Ресавска школа. Од друга страна, барање до МНР за да ги бара досиејата по пат на сукцесија не можеме да поднесеме, бидејќи во Законот за лустрација МНР не е наведено како орган со кој соработува комисијата. Зарем МНР не знае дека досиејата и се потребни на државата, па самоиницијативно да го поведе во распределбата на имотот - коментира Томе Аџиев, претседател на комисијата за лустрација.

Договорот за поделба на архивата меѓу државите-наследнички, како што информираат од МНР, е постигнат уште во 2001 година, кога е прецизирано тоа да се стори во период од три месеци. Но девет години потоа нема ништо ново на овој план. Во меѓувреме, велат од македонското МНР, се одржал само еден состанок во 2004 година во Сараево. Причината за блокадата на работата на ова тело надлежно за архивите се стравувањата за отворање многу историски прашања, кои, според некои познавачи, би можеле да доведат дури и до потребата за целосно преиспитување на историјата. Она, пак, што ќе и биде достапно на Македонија, но и на Словенија, Хрватска и на Босна и Херцеговина, ќе бидат архивираните досиеја. Според меѓународниот обичај, одредена документација, меѓу која и досиејата, се отвора триесет години од нејзиното создавање. Тоа би значело дека ни се достапни досиејата до 1980 година.


К.Н.



Автор: Сунчица Стојановска Зоксимовска





забеган.
Кој да им верува?????.На овие и Три ОВЦИ да им нацрташ на хартија ќе ги изгубат.Се прфатиле за нешто што немат ни знаење ни капацитет да го решат.Посебна приказна им е ГЛАВНИОТ се поти ко лозје да копа кога не знае што да каже пред новинарите.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22134
Денешните лустратори треба да го имаат на ум следново:
Quote:Старите Римјани го правеле тоа на секои пет години и задолжително имало ритуал со факели, музика и танци
Да не им се случи и ним истото утре
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 16-11-2010, 01:30 PM by montehristo.)
16-11-2010, 01:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,894
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Нови досиеа за Ахмети

Катерина Цаневска Арсовска


17.11.2010 16:04
Кадри Даути


Нови наводни докази со фотокопирани документи за соработка на лидерот на ДУИ со југословенските тајни служби. Кадри Даути од Бродец до Комисијата за лустрација достави фотокопии од хрватското министерство за внатрешни работи.

Според документите од 1999 година на оперативната врска на хрватските служби за разузнавање и национална безбедност, Ахмети бил ангажиран од југословенската тајна полиција која искористила компромитирачки материјал од неговите сексуални педофилски склоности.

Контакт со тајната полиција бил неговиот роднина Фазли Велиу. Оперативецот на хрватските тајни служби по разговор со Ахмети, во строго доверлив материјал наведува, дека лидерот на ДУИ му кажал дека под контрола ја држи западна Македонија, дека под оружје има стотина луѓе и дека во секој момент може да дигне ново востание.

Но дека од ова може и да нема ништо бидејќи добро плаќаат, па зошто да се војува.

Према податоците на полициската управа во Загреб, Али Ахмети во 2007-ма, на македонските власти им го издал планот Бродец, дека на Шар Планина на потегот, Бродец, Вешала, Вејце и Тетово се подготвува бунт на Албанците.

По овие сознанија во акција на полицијата пронајдено е огромно количество оружје и ликвидирана е групата.

„Во ова сценарио е вмешан Али Ахмети. Бараме да се разјасни овој случај затоа што невини се во затвор. За неколку дена ќе доставиме и видео снимки како доказ за вмешаноста на Ахмети и дека тој на Лирим Јакупи Нацист му нареди да собере 100 вооружени лица“, изјави Кадри Даути.

Фотокопираните документи Комисијата за лустрација ги прими и ќе ги разгледува.

Претседателот Аџиев вели ние никого не враќаме. Но до пратениците достави предлог законски да се регулира.

Валидни да бидат само оригинални документи, а не и фотокопии.
17-11-2010, 05:16 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Тачи му ги брои парите на Аџиев

Лидерот на ДПА најавува итна лустрација на првиот лустратор

Оливера Војновска


Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера отворено се посомнева дека претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, се збогатил благодарение на лустраторска функција. Тачи вели дека „Аџиев не е свесен што ќе го снајде“ и најавува негова „итна лустрација“, со која, наводно, ќе се обелодени дека првиот лустратор тежи најмалку половина милион евра. Аџиев ги негира ваквите обвинувања и тврди дека е „чист како солза, дека мирно спие и нема дополнителни приливи на неговите сметки“. Според него, Тачи е пропаднат политичар и по секоја цена сака да се врати во политиката. Челникот на ДПА вчера при посетата на Исламската верска заедница, жестоко го нападна претседателот на Комисијата за верификација на фактите. „Ќе го лустрираме и него и ќе откриеме многу цифри во неговите банкарски влогови: 300.000, 400.000, 500.000 евра. Многу брзо ќе одиме на суд, а ќе одиме и на друго место. Претседателот, бидејќи е неспособен од секој аспект, не знае дека постои друга многу итна процедура со која тој ќе се најде во многу тешка ситуација. Тој сигурно потпирајќи се на гаранции на некој од Владата, мисли дека судскиот процес може да трае четири-пет години. Ве уверувам дека процесот ќе почне за седум-осум дена и тој ќе се чуди што ќе му се случи“, изјави Тачи, коментирајќи ја изјавата на Аџиев дека тој и неговиот адвокат не го знаеле Законот за лустрација. Лидерот на ДПА уште кажа дека членот на Комисијата Агим Мехмети (кој е предложен од ДПА, но не е нивни член) ќе се повлече од функцијата, бидејќи „е јасно Комисијата работи по директива на власта“. Тачи не го интересира тоа што лидерот на ДУИ, Али Ахмети го нарече „лудак жеден за власт“ и нагласи дека повеќе нема да коментира „докажани удбаши“!

Аџиев не е изненаден од настапот на Тачи, бидејќи, како што вели, тој е излезен од политиката и бара начин како повторно да се и' врати“.

„Тоа се целосни невистини. Моето семејство е чесно. Имотот со кој располагам е спечален со труд и е стекнат уште пред да дојдам во Комисијата за лустрација. Откако сум во Комисијата, нема дополнителни приливи и промени во капиталот. Имам трансакциска сметка и штедна книшка на која износот се менува само од каматата. Тоа може многу лесно да се провери“, вели Аџиев и додава дека не сака да се занимава со обвинувањата на Тачи.

Деновиве Комисијата за верификација на фактите побара од Собранието измени на Законот за лустрација во неколку негови одреби. Меѓу другото, се бара Законот да не важи само до 1991 година, туку до денеска. Комисијата ја наведува и потребата од дообјаснување на поимите „соработник“, „наредбодавател“ и „корисник на информации“. Во однос на поимот „соработник“, се бара да се доопрецизира дали за евентуалниот соработник е доволно да се утврди само име и презиме или и псевдонимот.

Лустраторите бараат во Законот да се прецизира дека трети лица можат да доставуваат документи во Комисијата, но само оригинали. Во образложението се вели дека со оваа измена би се избегнало злоупотребувањето на процесот на лустрација со поднесување на какви било списи, акти, конструкции...

Предлогот на лустраторите доаѓа откако во дворот на тетовскиот професор Шпенд Љуши никнаа досиејата за „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“, а потоа во „Дневник“ беше доставено досието „Ибар“, кое води до врвот на ДУИ. Интегративците вчера до сите пратенички групи доставиле предлог- декларација со која бараат уличната лустрација да биде осудена, а институциите да не дозволат да бидат прекршени основните човекови права. (О.В.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=4612B0D33...05CE78DCDB


Tuka izgleda pali izgleda samo: Lustratorot da bide ORIGINAL, a ne kopija



Quote:Валидни да бидат само оригинални документи, а не и фотокопии.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 17-11-2010, 08:32 PM by montehristo.)
17-11-2010, 08:31 PM
Reply