Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Члан 2.

Уколико је републичка или друга архива била измештена из Републике којој је припадала, или ако је Државна архива СФРЈ била измештена из своје одговарајуће локације, оне ће, на основу одредбе овог Прилога, а у складу са међународним принципом провенијенције, бити враћене односној Републици којој је припадала или њеној одговарајућој локацији што је могуће пре, од стране Државе која тренутно има контролу над њима.
Kolku tuka vazat dogovorite?
Quote:Члан 3.

Део Државне архиве СФРЈ (административна, текућа и архивска документа) потребна за нормално управљање територијом једне или више Држава прећи ће, у складу са принципом функционалнепертиненције, у надлежност тих Држава, без обзира где се те архиве тренутно налазе
3 clen od arhivot na Jugoslavija
Quote:нормално управљање територијом једне или више Држава

Dali normalno? Ili mozebi zavisno?
25-10-2010, 05:47 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

(25-10-2010, 03:49 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Тони_а да ти ја решам дилемата. Во Архивот од првиот меил знаеа за тоа од каде сум и за што се работи. Кое досие го барам.
Имам уште интересни мелови од Архивот. Ти мислиш тука така е паниката во Македонија.

хммм...

ај ке се стрпам и оставам секој сам да прецени што,кога и дали ке објави... АМА ако србија поседува досиеа за политички прогон на граѓани од независна РМ па навака, ке „биде весело„!

србија несмее да поседува ништо по 8 сеп. 1991 !!!

ќе треба цели влади сосе служби да одговараат за велепредавство и шпионажа во интерес на странска држава!
(This post was last modified: 25-10-2010, 11:12 PM by toni_a.)
25-10-2010, 11:11 PM
Reply
Душан Јордан Петровски II Offline
Member
***

Posts: 220
Joined: Apr 2010
Reputation: 3

(25-10-2010, 11:11 PM)toni_a Wrote:
(25-10-2010, 03:49 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Тони_а да ти ја решам дилемата. Во Архивот од првиот меил знаеа за тоа од каде сум и за што се работи. Кое досие го барам.
Имам уште интересни мелови од Архивот. Ти мислиш тука така е паниката во Македонија.

хммм...

ај ке се стрпам и оставам секој сам да прецени што,кога и дали ке објави... АМА ако србија поседува досиеа за политички прогон на граѓани од независна РМ па навака, ке „биде весело„!

србија несмее да поседува ништо по 8 сеп. 1991 !!!

ќе треба цели влади сосе служби да одговараат за велепредавство и шпионажа во интерес на странска држава!

Тука се крие зајакот, Тони!
25-10-2010, 11:15 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12

(25-10-2010, 11:15 PM)Душан Јордан Петровски II Wrote:
(25-10-2010, 11:11 PM)toni_a Wrote:
(25-10-2010, 03:49 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Тони_а да ти ја решам дилемата. Во Архивот од првиот меил знаеа за тоа од каде сум и за што се работи. Кое досие го барам.
Имам уште интересни мелови од Архивот. Ти мислиш тука така е паниката во Македонија.

хммм...

ај ке се стрпам и оставам секој сам да прецени што,кога и дали ке објави... АМА ако србија поседува досиеа за политички прогон на граѓани од независна РМ па навака, ке „биде весело„!

србија несмее да поседува ништо по 8 сеп. 1991 !!!

ќе треба цели влади сосе служби да одговараат за велепредавство и шпионажа во интерес на странска држава!

Тука се крие зајакот, Тони!

а ушите му се наѕираат уште од многу поодамна!

Quote:Уставниот Суд донесе одлука да го укине законот за лустрација од 1991 година до денеска

Quote:Но има досиеја кои се водени и потоа, од 1991 до 1998 година.
(This post was last modified: 25-10-2010, 11:30 PM by toni_a.)
25-10-2010, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:

Кодошите не кодошеле гратис

Најпрво со „пациентот“ се правеле контакти на пониско ниво. Тој се скенирал подолго време

Оливера Војновска

[Image: 2DA1E1E9F2D80A48BEAB23617A04E8F3.jpg]

Пари, станови, автомобили, викендички, дуќани, школување во странство... Со вакви подароци тајните безбедносни служби им искажувале благодарност за лојалноста на луѓето со кои долги години биле во сојузништво. Лицата кои во животот функционирале со кодошење, веројатно, немале спокојство и мирен сон. Но, затоа за себе и за своите семејства можеле да обезбедат квалитетен и богат живот. Се тврди дека нивната долгогодишна кооперативност со тајната полиција резултирала со екстра-добивка од неколку десетици илјади евра (гледано во денешни услови).

Напредувањето во кариерата не бил единствениот бенефит од кодошењето. Информациите со кои ја сервисирале тајната полиција не ги давале гратис, туку ги наплатувале. Во одредени случаи кодошката услуга само за една операција со „посебна специфична тежина“ одела во пакет со автомобил или стан. Поситните информатори, пак, добивале хонорари во висина на една плата.

За ова сведочат лица кои порано работеле во поранешните специјални служби. Велат дека оној што бил соработник на тајната полиција тоа го правел исклучиво од лукративни цели. И тоа врз основа на договор, писмена согласност (изјава ) и за надомест што се одредувал во зависност од природата и тежината на задачата.

Може ли да се препознаат и како изгледаат овие личности кои својата кариера ја граделе на сметка на туѓата несреќа и згора на тоа биле наградувани со огромни суми пари?. „Тоа се луѓе од нашето соседство. Сосема обични и со своето однесување не го привлекуваат вниманието на околината. Некои од нив станале соработници на службите уште во младоста, со првото вработување и сојузништвото траело со години. Вртоглаво ја ѕидаат кариерата во некое тело на општините, Извршниот совет, Собранието, потоа во судовите, банките, по разни комбинати... Буквално секаде, вклучувајќи ги и новинарските куќи. Паралелно со политичката или бизнис-кариера кодошеле за пари“, раскажуваат оние што ја познаваат добро организацијата и функционирањето на кодошничката мрежа. Тие сликовито го објаснуваат системот на кодошење и богатење. „Овие лица му се залепуваат на ’објектот‘. Се спријателуваат и со него градат семејни релации. Заедно одат на викенди, одмори, патувања... Ги знаат сите детали и интимните врски. Секогаш се до ’пријателот‘ во важните моменти. Да честитаат или да го утешат ако треба. И, токму ваквото, навидум, искрено другарување се користи како извор на многу квалитетни информации за СДБ. Со тек на време стекнуваат голема финансиска моќ. Прават тврдина која подоцна во животот им го штити грбот. Некои од овие крупни кодоши денеска се меѓу најбогатите во државата“, тврдат нашите соговорници. Појаснуваат дека терминот „кодош“ - кој стана многу популарен со лустрацијата, всушност, се однесува на најобичен ситен информатор, кој нема писмен договор со службите и инцидентно ги сервисира оперативците со иформации за мала сума пари.

Цената на вистинските соработници (оние што се битни за лустрацијата) била одредувана во зависност од тоа дали тие биле ангажирани на кратки патеки, или долгорочно, како и на која дејност биле фокусирани: во стопанството, општествено-политичките институции, образованието, научната дејност, културата, судството, верските заедници...

Познавачите велат дека во досиејата што беа отворени во 2000 година може да се препознаат имињата на некои од големите кодоши, но таму не може да се види колку пари земале. Тоа точно може да се открие од досиејата на самите соработници, кои љубоморно ги чува СДБ. Односно УБК, и таму ја има документација за целата соработничка мрежа и оперативните врски. „Но, независно која политичка гарнитура е на власт, УБК никогаш нема да ги обелодени. Може да се случи само селективно да вади предмети и за пари да уценува одредени ’угледни личности‘ дека јавно ќе им го извалка образот“, прогнозираат тие. Иронично додаваат дека соработник на СДБ не се станува „несвесно, непромислено и од невнимание“. „Напротив, тоа го правеле многу свесно и многу пресметано. А и службите знаеле кого да врбуваат и кој е подготвен да стори се' за пари и за позиција. Нема никаква случајност и не може секој да биде соработник на СДБ. Тоа е долг и сложен процес. Најпрво со ’пациентот‘ се прават контакти на пониско ниво. Тој се скенира подолго време. Му се даваат одредени задачи, се прават извештаи за неговите информации, па се дава мислење во службата и предлогот стигнува до потсекретарот. Последниот збор го кажува министерот за внатрешни работи, кој му го потпишува решението и тој се регистрира како соработник на СДБ“, објаснуваат поранешни агенти.

Во досиејата на тројцата функционери на ДУИ, под псевдонимите „Вујко“, „Мама“ и „Стрелец“, со кои се прослави најпопуларниот професор во Тетово, има писма и потврди за парични награди во износ: од 2.500 германски марки, 4.500 швајцарски франци, 25.000 швајцарски франци, 40.000 австриски шилинзи, како и белешки за апанажа: од 5.000 , 6.000 и 8.000 германски марки.

Документите потекнуваат од Белград и треба да се испитува веродостојноста на печатите, карактерот на буквите и тежината на хартијата. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, деновиве се пофали дека „МВР располага со лабораторија за крим-техника, што е една од најсовремените во регионот и може да направи вештачење за кој било предмет“. Допрва ќе се види дали модерната технологија во МВР ќе ја расчисти мистеријата околу оригиналноста на досиејата или ќе се чека мачниот процес на сукцесија. А дотогаш македонската лустрација ќе фаќа прав во темните архиви на Безбедносната информативна агенција (БИА), каде што се наоѓаат досиејата на соработниците на некогашните сојузни тајни служби КОС и СДБ.

Пример како се наградувани соработниците кои ме следеле мене:

Quote:Ако сум бил фирма од “државен интерес“за Бугарија,
како што пишува во причините за отворањето на
досието, како тогаш Бугарите ( БНСР) дозволиле да ми
остане должна бугарска фирма во 1993г. преку 300.000
ДМ. Зошто не ми ги покрила загубите бугарската држа-
ва, кога сум бил така важен ”шпион”, кој работел да ја
урне насилно, уставно избраната власт во Македонија.
Кога гледам како се наградувани кај нас - Драган Даравелски
и ден денес не ги врати парите на Нардона
Банка - заклучувам дека бил многу поважен во хиерархијата
на уривачите на Македонија.

(15-04-2010, 06:51 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Диневски, дали е можно познат и прочуен ВМРО вец да не биде осуден и уапсен по кривична пријава од Народна Банка на Македонија, пријава поднесена 1995 година за проневера на 200 000 германски марки.!! Сопругата и понатаму да му остане на работа во АНАЛИТИКА на СДБ. А тој на Змејко и на Радомировиќ партнер. А во меѓувреме и со Доста Димовска во блиски врски...а службата не му отвара ниту досие.....

[Image: 2rylnqw.jpg][Image: 10ct9ae.jpg]

Затоа ке повторам по стоти пат, ДОКАЗИ ИМА. НЕМА ЖЕЛБА ДА СЕ ОТПОЧНЕ И ЗАВРШИ СО ЛУСТРАЦИЈАТА.
26-10-2010, 12:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Наредбодавците невидливи во досиејата

Владата бара начин како да ги врати досиејата од Белград. Можно е сукцесијата да отпадне од игра, бидејќи процесот е долг и не зависи само од Македонија. Во игра се меѓудржавен договор и уште две варијанти, кои засега не се откриваат

Лустрација

Нема наредбодавци или корисници на информациите од тајните служби во документите што досега ги разгледала комисијата за лустрација, вели нејзиниот претседател Томе Аџиев. Во досиејата што поминале низ рацете на лустраторите не излегло ниту едно име на некој што издавал наредби за следење или, пак, на некој што ги користел информациите од кодошите.

Покрај соработниците на тајните служби, на Законот за лустрација подлежат и наредбодавците. Во досегашниот тек на „прочистувањето“, прстот е насочен главно кон првите, додека вторите се оставени настрана. На тоа укажа Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив, кој во интервју за „Нова Македонија“ порача дека комисијата треба да ги гони и лицата што издавале наредби за следење, прислушување и снимање во периодот од 1991 до 1998 година и покрај ограничувањата во Уставот.

Тодоровски ги посочи првите луѓе на МВР и главните раководители на службите од 1991 до 1998 година. Освен починатиот Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи (20.3.1991 - 10.1.1992), во тој период министри беа Љубомир Фрчкоски (10.1.1992-23.2.1996) и Томислав Чокревски (23.2.1996 - 30.11.1998 година). Два месеци од 1998 година на министерската функција беше и Павле Трајанов (30.11. 1998 - 27.12.1999 година).

Според законот, за наредбодавец се смета службено лице што вршејќи ја својата функција со писмен документ наредило или одобрило дејствување со кое се прекршувани или ограничувани основните слободи и права на граѓаните од идеолошко-политички причини“.

- Не ги забораваме наредбодавците. Од документите што досега ги разгледавме, не утврдивме дека некој од актуелните функционери бил наредбодавец или корисник на информации. Нагласувам дека комисијата не може да работи според гласини, туку според писмени докази. Таков доказ би бил, на пример, да најдеме документ дека некој издал наредба за следење и се потпишал под неа - вели Аџиев.

Претседателот Ѓорге Иванов на последната средба со српскиот претседател Борис Тадиќ ги побара досиејата од архивите во Белград. Но патот до тамошните архиви преку сукцесија на заедничкиот имот на државите од поранешна Југославија нема да биде ниту брз ниту лесен. Упатените објаснуваат дека сукцесијата нема да биде доволна, туку дека најверојатно ќе мора да се склучи билатерален договор за тоа под какви услови властите во Белград би им ги отстапиле досиејата на македонските институции. Дилема е дали и тоа ќе биде доволно.

Извори од Владата велат дека сé уште нема одлука за тоа како ќе се враќаат досиејата од Србија.

- Се разгледуваат можните варијанти. Се бараат институционални можности како враќањето на документите да го изведеме во формална смисла и која институција тоа ќе го води. Направени се консултации со повеќе министерства на различно ниво. Има уште две варијанти, освен сукцесијата и меѓудржавниот договор. Сукцесијата е долг процес и не зависи само од нас. Затоа другите алтернативи треба да ни покажат колку брзо тоа може да се направи. Брзината е важен услов за да се одбере моделот по кој ќе се обидеме да ги добиеме досиејата - велат владини извори.

Автор: Сунчица Стојановска Зоксимовска

26-10-2010, 02:18 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(26-10-2010, 02:18 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Наредбодавците невидливи во досиејата

Владата бара начин како да ги врати досиејата од Белград. Можно е сукцесијата да отпадне од игра, бидејќи процесот е долг и не зависи само од Македонија. Во игра се меѓудржавен договор и уште две варијанти, кои засега не се откриваат

Лустрација

Нема наредбодавци или корисници на информациите од тајните служби во документите што досега ги разгледала комисијата за лустрација, вели нејзиниот претседател Томе Аџиев. Во досиејата што поминале низ рацете на лустраторите не излегло ниту едно име на некој што издавал наредби за следење или, пак, на некој што ги користел информациите од кодошите.

Тодоровски ги посочи првите луѓе на МВР и главните раководители на службите од 1991 до 1998 година. Освен починатиот Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи (20.3.1991 - 10.1.1992), во тој период министри беа Љубомир Фрчкоски (10.1.1992-23.2.1996) и Томислав Чокревски (23.2.1996 - 30.11.1998 година). Два месеци од 1998 година на министерската функција беше и Павле Трајанов (30.11. 1998 - 27.12.1999 година).

Според законот, за наредбодавец се смета службено лице што вршејќи ја својата функција со писмен документ наредило или одобрило дејствување со кое се прекршувани или ограничувани основните слободи и права на граѓаните од идеолошко-политички причини“.

- Не ги забораваме наредбодавците. Од документите што досега ги разгледавме, не утврдивме дека некој од актуелните функционери бил наредбодавец или корисник на информации. Нагласувам дека комисијата не може да работи според гласини, туку според писмени докази. Таков доказ би бил, на пример, да најдеме документ дека некој издал наредба за следење и се потпишал под неа - вели Аџиев.

Автор: Сунчица Стојановска Зоксимовска

Е ајде-де, сега при очи ќе се парвиме слепи:
наредбодавачите се оние кои им биле претпоставени на службениците, како и самите службеници на УДБ и СДБ кои им давале налози на кодошите.
26-10-2010, 05:05 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

So vakva komisija za lustracija ke stasame do Evropa,pravejki se na Toso za poubavo na Makedonija i na politicko prognuvanite od UDBA i KOS.
Se baraat luge koi mislea deka se gazdi vo MVR period 1945-Denesno vreme.Edniot nosi naocari i ima doktorska titula,edniot spie so ribite sto bi rekol Al Kapone tretiot e ambasador.
(This post was last modified: 26-10-2010, 05:28 PM by basilius_2.)
26-10-2010, 05:26 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Znaci Makedonija e seuste del od specijalna vojna.
Koncite gi vlecat sosedite, i nasite Komunjarski Petokolonasi.
No sega ne tolku od ideoloski pricini, kolku da si gi izbrisat tragite.
Nie sme si imale Don-ovi, i Premieri Izmekjari, Ministri-lopovi, Kriminalna-tajna sluzba.
(This post was last modified: 26-10-2010, 06:46 PM by montehristo.)
26-10-2010, 06:42 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Управниот суд јавно ќе го суди Ивановски

Претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, останува на тврдењето дека никогаш не потпишал документ со кој се согласил дека ќе соработува со тајните служби како што претходно утврди комисијата за лустрација

Од Управниот суд сé уште не можат да кажат како ќе постапат судиите во моментот кога ќе треба да се отворат тајните документи и дали тогаш седницата ќе биде затворена бидејќи претходно на барање на Ивановски, Управен одлучи судењето да биде јавно.

Адвокатот Стеван Павлески очекува непристрасно судење, но упати критика до директорот на Архивот на Македонија, Зоран Тодоровски, зашто токму во пресрет на судењето Ивановски го квалификува како неодговорен со оглед на тоа што претседателот на Уставен никогаш не отишол во Архивот сам да ги види оригиналните документи од неговото досие.

- Ова го разбирам како напад врз судот, како притисок врз судот, но и како еден вид сугестија врз судиите. Останува да го презентираме сето она што го напишавме во тужбата дека некој го фалсификувал и доработувал досието и дека претседателот никогаш не бил кодош - вели Павлески.

Претседател на Судскиот совет ќе биде судијката Лидија Чаначковиќ, која заедно со членовите на советот навреме добила безбедносен сертификат за да можат да ги отворат тајните документи од досието на Ивановски.

- Судот навреме покрена постапка за издавање безбедносен сертификат. Со оглед на тоа дека за информациите за кои се бараа сертификатите не беше потребна претходна безбедносна проверка, постапката одеше брзо - вели директорката на Дирекцијата за класифицирани информации Лидија Костовска.

Сé уште не се знае ниту дали одлуката на Управниот суд ќе биде јавно обелоденета.

Автор: И.О.

Ova e samo uste eden Proces na Kafka.
Quote:Сé уште не се знае ниту дали одлуката на Управниот суд ќе биде јавно обелоденета.

Koj kogo certificira?
Dali sudijkata e izberena 1996?

Quote:Претседател на Судскиот совет ќе биде судијката Лидија Чаначковиќ, која заедно со членовите на советот навреме добила безбедносен сертификат за да можат да ги отворат тајните документи од досието на Ивановски.

- Судот навреме покрена постапка за издавање безбедносен сертификат. Со оглед на тоа дека за информациите за кои се бараа сертификатите не беше потребна претходна безбедносна проверка, постапката одеше брзо - вели директорката на Дирекцијата за класифицирани информации Лидија Костовска.

Dali e na povidok proces za perenje na necija sovest?
Ili Operistite si ja izvrsija zadacata da go zamatat bunarot?
Kolku se samo perfidni ovie situacii koga na obicen narod mu se dava privid na da se bide ili ne.
Priblizno 20 godini nezavisnost, a uste sme zavisni od UDBA-site.
Koga pred nekoj den go vidov komentarot za Vane, uvidov kolku jako bilo toa perenje na mozocite.
Da ne mozes da svatis deka nekoj ima usul javno da se pobuni protiv nepravda, a ti da mislis: dali e ovoj lud.
E pa vaka: vo zemjata na ludite, normalnite se ludi.
26-10-2010, 07:27 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

Јас уште нешто ќе додадам...бидејќи го гледав денеска Трајанов со Талат Џафери па извлеков поука(од моја гледна точка нормално) :

Епа вака...според сите случувања кои не обиколуваат секојдневно,утре и јавно на вести да објават дека Али Ахмети е Ибар,обичниот народ за 3 дена ќе го заборави тоа,и се ќе си биде по старо....

Едноставно ќе се кошкаат на тв некој период и после тоа,оп никој нема ни да се сеќава дека имало таква афера!

Зошто го велам ова!?....Бидејќи со самото тоа што Али Ахмети е легитимен водач на ОНА,и со себе во влада внесе лично признаени генерали и борци на ОНА кој посегнаа кон суверенитетот и интегритетот на државава......тоа објаснува дека ако ние скокаме од радост дека е отриено дека бил кодош,излегува дека ние сме најглупата нација!!!

Па малку ли е тоа што свесно си ќутиме ко пизди што во влада имаме човек кој се борел против Македонија и има забрани за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи е сметан за закана на општата безбедност?????????????????
(This post was last modified: 26-10-2010, 08:25 PM by Makedonec.)
26-10-2010, 08:23 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(26-10-2010, 08:23 PM)Makedonec Wrote: Јас уште нешто ќе додадам...бидејќи го гледав денеска Трајанов со Талат Џафери па извлеков поука(од моја гледна точка нормално) :

Не ќутиме ко “ пизди“? Барем не на КОТЛЕ. Колку ке допре до народот и како народот ке го прими...тоа е друга работа.
26-10-2010, 10:09 PM
Reply
Misla
Unregistered

(26-10-2010, 05:26 PM)basilius_2 Wrote: So vakva komisija za lustracija ke stasame do Evropa,pravejki se na Toso za poubavo na Makedonija i na politicko prognuvanite od UDBA i KOS.
Se baraat luge koi mislea deka se gazdi vo MVR period 1945-Denesno vreme.Edniot nosi naocari i ima doktorska titula,edniot spie so ribite sto bi rekol Al Kapone tretiot e ambasador.

Nikoj ne treba da go cudi zosto MKD e na dnoto na Evropa vo sekoj pogled, politicki, ekonomski, covekovi prava. SO vakvi kodosi, koi da ne zaboravime - BILE KODOSI PROTIV SAMOSTOJNOSTA NA MAKEDONSKATA DRZAVA nekade do pocetokot na 90-tite, a potoa RABOTELE PROTIV SAMOSTOJNA MAKEDONIJA, sakajki MKD politika da bide privrzok na nekoja druga ANTI-EVROPSKA i ANTI-NATOVSKA.
Vo Izvestajot na CIA od 18/10/1990 pod broj NIE 15-90 t.n. Transformacija na Jugoslavija pisuva: .... Za edna Godina YUG federacija ke pocne da se raspadja i ke bide nefunksionalna, a za dve godini YUG nema da postoi poveke. Glavni nositeli na raspadjanjeto ke bidat Srbija, Hrvatska i Slovenija. Srbija vo pocetokot ke gi poprecuva namerite na Slovenija i Hrvatska, potoa ke gi stiti samo svoite interesi, dodeka Makedonija i Crna Gora kade sto zivee znacitelno Albansko Malcinstvo ke bidat primorani da bidat na stranata na Srbija zaradi t.n. "zaedniski neprijatel". Srbija koristejki go "albanskoto prasanje na Kosovo ke ima golemo vlijanie vrz tie Republiki. BiH ke bide poligon na medjuetnicki sudiri, a dodeka problemot na Kosovo ke gi involvira Makedonija i Crna Gora, kade sto golem del Albanci ke se priklucat na nivnite Kosovski braka.
26-10-2010, 10:39 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(26-10-2010, 08:23 PM)Makedonec Wrote: Јас уште нешто ќе додадам...бидејќи го гледав денеска Трајанов со Талат Џафери па извлеков поука(од моја гледна точка нормално) :

Епа вака...според сите случувања кои не обиколуваат секојдневно,утре и јавно на вести да објават дека Али Ахмети е Ибар,обичниот народ за 3 дена ќе го заборави тоа,и се ќе си биде по старо....

Едноставно ќе се кошкаат на тв некој период и после тоа,оп никој нема ни да се сеќава дека имало таква афера!

Зошто го велам ова!?....Бидејќи со самото тоа што Али Ахмети е легитимен водач на ОНА,и со себе во влада внесе лично признаени генерали и борци на ОНА кој посегнаа кон суверенитетот и интегритетот на државава......тоа објаснува дека ако ние скокаме од радост дека е отриено дека бил кодош,излегува дека ние сме најглупата нација!!!

Па малку ли е тоа што свесно си ќутиме ко пизди што во влада имаме човек кој се борел против Македонија и има забрани за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи е сметан за закана на општата безбедност?????????????????

Koga kje im kazes na roditelite na onie zaginati Borci na ONA deka se ona sto go ostvarile so oruzje a mozele da go ostvarat po miren pat kje se znae koj e vodach na ONA, dali e toa Ahmeti ili e nekoj vo Bihacka.
Toa e samo pokazatel kako mozes prosta masa da manipuliras.
Ali Ahmeti ne mozel ova da go stori sam, ni so pomos na SDB-SDSM.
Ova e regionalna operacija, potpomognata od Belgrad protiv Makedonija.
Ali Ahmeti nema da ima problem so Makedonskata Vlada tuku so Albancite, zatoa sto za razlika od Nas medju Albancite uste ima ludje sto znaat sto e toa "besa".
A zosto velam Belgrad?
Pa site onie Belgradski agenti bile tuka vo Skopje.
Kako mozese da se sluci palenje na Amerikanskata ambasada?
Kako.
Samo odmetnat centar na mokj go toa moze.
Medjutoa, toj centar e povrzan so centrite vo Belgrad kako Aorta za Srce.
Tie se edni i isti.
Dojdi do kodosite i si dosol do celata srpska spionska mreza vo Makedonija.
Ne treba da ima Lustracija.
Treba da ima masovna akcija protiv taa spionskata mreza.
Treba da se sudat za Velepredavstvo.
Pred Voen Sud koj kje se vozobnovi za ovaa prilika.
Treba da se sudat za zlostorstvo protiv covecnosta: Kiro Gligorov, Branko Crvenkovski i celokupnata nivna klika za pomaganje na Rezimot na Milosevikj vo borba protiv svojot narod i agresija na Hrvatska i Bosna.
Se sekjava li nekoj na onaa raketa sto eksplodira ova leto nad Skopje?
Toa da ti bilo del od ruska raketa.
Od kade ni nam toa?
Dali e del od tie raketi sto rezimot na Kiro gi svercuvase pred ocite na UNPREDEP.
Ako e, togas toa e dokazen materijal.
Se ova mi dava za pravo da velam deka nie sme imale rezim na Kiro, i rezim na Branko, koj ocigledno e samo javna borba za vlast vnatre medju komunistite.
26-10-2010, 10:44 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

(26-10-2010, 10:39 PM)Misla Wrote:
(26-10-2010, 05:26 PM)basilius_2 Wrote: So vakva komisija za lustracija ke stasame do Evropa,pravejki se na Toso za poubavo na Makedonija i na politicko prognuvanite od UDBA i KOS.
Se baraat luge koi mislea deka se gazdi vo MVR period 1945-Denesno vreme.Edniot nosi naocari i ima doktorska titula,edniot spie so ribite sto bi rekol Al Kapone tretiot e ambasador.

Nikoj ne treba da go cudi zosto MKD e na dnoto na Evropa vo sekoj pogled, politicki, ekonomski, covekovi prava. SO vakvi kodosi, koi da ne zaboravime - BILE KODOSI PROTIV SAMOSTOJNOSTA NA MAKEDONSKATA DRZAVA nekade do pocetokot na 90-tite, a potoa RABOTELE PROTIV SAMOSTOJNA MAKEDONIJA, sakajki MKD politika da bide privrzok na nekoja druga ANTI-EVROPSKA i ANTI-NATOVSKA.
Vo Izvestajot na CIA od 18/10/1990 pod broj NIE 15-90 t.n. Transformacija na Jugoslavija pisuva: .... Za edna Godina YUG federacija ke pocne da se raspadja i ke bide nefunksionalna, a za dve godini YUG nema da postoi poveke. Glavni nositeli na raspadjanjeto ke bidat Srbija, Hrvatska i Slovenija. Srbija vo pocetokot ke gi poprecuva namerite na Slovenija i Hrvatska, potoa ke gi stiti samo svoite interesi, dodeka Makedonija i Crna Gora kade sto zivee znacitelno Albansko Malcinstvo ke bidat primorani da bidat na stranata na Srbija zaradi t.n. "zaedniski neprijatel". Srbija koristejki go "albanskoto prasanje na Kosovo ke ima golemo vlijanie vrz tie Republiki. BiH ke bide poligon na medjuetnicki sudiri, a dodeka problemot na Kosovo ke gi involvira Makedonija i Crna Gora, kade sto golem del Albanci ke se priklucat na nivnite Kosovski braka.

Sto se odnesuva do ocenkata na CIA deka glavni nositeli na raspadot ke bidat Srbija,Hrvatska i Slovenija e samo dobar pokazatel koi bea glavnite igraci vo Jugoslavija.
Problemot vo Makedonija e sledniov:
Prvo site sto bea na funkcii vo Makedonija bea i se bliski do SDB.
Vtoro so postepena kriminalizacija na Makedonija,Srbija si gi fokusira silite na Hrvatska i Slovenija i mnogu lesno moze da iznudi voena intervencija so sto ke dojde kako spasitel od "kriminalnoto bugarasko VMRO".
Treto.So procesot Antikvizacija se defokusira vnimanieto od vistinskite problemi:nevrabotenost,droga,prostitucija,kriminal.Preku Makedonija Srbija si ja polni svojata drzavna kasa so dolari.A i vo isto vreme se uriva Makedonecot psihicki kako i fizicki,so sto mu se stava nova programa i realnost,so pomos na umetnosta i obrazovanieto.
Cetvrto.Od svojot prv den Kiro Gligorov postojano propagirase deka ako VMRO-DPMNE ke dojde na vlast uste poveke ke kradat i ke ima vojna.
Eve dojde VMRO-DPMNE na vlast se sluci vojna i grabezi.Apelirajki so negovite godini sluzba vo Jugoslavija, i so negovite godini a pomognat so mediumskata mreza vo Makedonija i MANU,Sojuz na Borcite itn. Kiro Gligorov go nametna svojot avtoritet i svoeto vladenie kako bezgresen vodac.
28-10-2010, 02:06 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Ивановски и Комисијата со свои вистини пред Управниот суд

Трендафил Ивановски и Комисијата за лустрација останаа на истите позиции и вчера со свои аргументи настапија пред Советот на Управниот суд, кој почна расправа за тужбата на уставниот судија против решението на лустраторите. Ивановски и натаму тврди дека не бил соработник, туку жртва на тајните служби и дека се работи за груб фалсификат на целиот случај. Томе Аџиев, претседател на Комисијата, повтори дека фактите во изјавата на Ивановски не се совпаѓаат со наодите добиени од досието. Расправата ќе продолжи во наредниот вторник, кога експерт од безбедноста и разузнавањето, по барање на тужителот, ќе даде стручно мислење за наводите во досието. Ако побара, истото ќе и' биде дозволено и на Комисијата.

Адвокатот на Ивановски, Стеван Павлевски, упати приговор до судот за одлуката јавноста да биде исклучена кога ќе се расправа за класифицираните документи. Според него, такви се само решението на Комисијата и нејзиниот одговор по тужбата, а на ниту еден друг документ нема штембил и печат „строго доверливо“ или „државна тајна“.

- Сметаме дека нема да не' заштитите ако ја исклучите јавноста - рече Павлевски. Тој во заклучоците по тужбата наведе дека не постои писмен доказ дека Ивановски бил соработник на тајните служби и оти тој никогаш не зел никакви пари.

- Комисијата направи флагрантна грешка, голем пропуст, конструкција и превид, бидејќи нема докази и факти дали потписот на признаниците е автентичен. Нема писмена изјава, согласност или одлука на СДБ дека тужителот доброволно стапил во соработка со нив, а нејасно е дали исплатените пари се евидентирани во Службата. Комисијата не дала, ниту може да даде одговор оти не е стручна да процени дали досието е оформено поради прогон и репресија од СДБ и дали тоа може да биде трансформирано во досие на соработник - рече Павлевски.

Според него, само по експертското мислење ќе може да се утврди дали кај Ивановски имало свест, намера, континуитет и прибавена корист или е жртва на службите.

Ивановски, меѓу другото, како доказ дека бил принуден на соработка и со тоа бил жртва на Службите, посочи дека Комисијата со невидена леснотија се убедила во неговата соработничка улога. Притоа, таа прифатила само еден дел од реченицата - дека тој со радост ја прифатил соработката и се' би дал за службата, а го изоставила делот што според него е даден под присила, а тоа е дека се согласил за да не дознаеле татко му и училиштето.

Аџиев посочи дека решението го донеле врз основа на документите од досието.

- Во документите не може да се види дека тужителот бил под присила, бидејќи повеќе лица биле обработувани, а само неколкумина се согласиле да бидат соработници на Службата, меѓу нив и тужителот. Имало и такви кои одбиле да соработуваат. Комисијата со донесувањето на решението само констатира дека функционерот не го исполнува условот за извршување јавна функција. Комисијата не утврдува дали е некој соработник, туку врз основа на податоци констатира дали изјавата е веродостојна или не - изјави Аџиев. Тој негира дека членовите на Комисијата уништувале делови или го дополнувале досието.

- Не сме Комисија формирана во месна канцеларија, ова е државна Комисија што не се занимава со такви работи - рече Аџиев. (П.Т.-М.Т.)

Воопшто не навлегувам во тоа дали овој судија е/бил или не е/ не бил кодош.
Само хипотетички:Доколку овој судија е жртва на завера, тогаш се поставува претпоставка и прашање:Кого во Уставниот суд штитат службите?

Quote:Што сакаше да му порача Дулиќ на Уставен суд?

Спикерот Велјаноски тврди дека нема најави за измена на Уставот и оти пратеничката Дулиќ изнела личен став

Гордана Дувњак

Пробен балон или дополнителен притисок врз Уставен суд со јасна порака: „Внимавајте што правите, можете да бидете сменети!“ Многумина деновиве се прашуваа која беше поентата на пратеничкото прашање на Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ упатено до министерот за правда, Михајло Маневски, на последната собраниска седница.

Дулиќ му дофрли топка на Маневски, тој ја врати. Но, со начинот на кој беше интонирано прашањето, а уште повеќе дочекан одговорот, беа испратени збунувачки сигнали во јавноста, а уште повеќе до оние за кои беше направена оваа собраниска претстава. На прашањето на колешката од законодавниот дом, која се интересираше дали се размислува за промени во Деловникот на Судот, кој 18 години не претрпел промени, министерот побрза да одговори на, како што рече, сите шпекулации дека оваа Влада сака да го смени Уставен суд. Тој се огради од тоа дека спомнувањето на овој Суд или на неговите одлуки значи притисок врз неговата работа. Сепак, не ја исклучи можноста за донесување закон за Уставен суд, а целосниот одговор рече дека ќе го достави во писмена форма.

Спикерот на македонскиот парламент, Трајко Велјановски, се обиде да ја спушти топката. „Нема најави за менување на Уставот во делот на надлежностите на Уставен суд“, изјави претседателот на Собранието. Тој рече дека пратеничката Благородна Дулиќ изнела личен став.

„Иницијатива нема ниту од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ниту од Законодавно-правната комисија, чиј претседател е Дулиќ. Станува збор за сосема личен став“, изјави Велјаноски на неодамнешната средба со новинарите.

И пратеничката Дулиќ тврди дека станува збор за личен став и иницијатива. Таа почувствува потреба да појасни дека по случувањата во врска со одлуките и околу Уставен суд истражувала како е уредена оваа материја во земјите од поранешна Југославија.

„Никој не ми кажал да се впуштам во тоа. Како претседател на Законодавно-правната комисија сметав дека на сите ни е од интерес да имаме добар Уставен суд, што ќе се грижи за законитоста во Македонија“, изјави пратеничката. Таа тврди дека за оваа тема не разговарала со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како пратеник имам право да поставам пратеничко прашање и тоа го сторив за да ги поттикнам сите структури и правната мисла во Македонија, за која мислам дека целосно е замрена и во однос на науката и во однос на практиката. Ова е моја иницијатива“, вели таа. Од Владата зависи дали ќе ја прифати или ќе чека измена на Уставот и за други работи. Според нејзината анализа за организацијата и за работата на уставните судови во државите од поранешна Југославија, таму веќе се донесени уставни закони или закони за уставни судови.

Во врска со прашањето на пратеничката Дулиќ од Уставен суд упатуваат на член 130 од Уставот, каде што јасно е пропишано, по чија иницијатива може да се пристапи кон промена на највисокиот државно-правен акт во земјата. А тоа се претседателот на државата, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.

„Начинот на работа и постапката пред Уставен суд се уредуваат со акт на Судот, во случајов со Деловник. Смислата на таквата одредба е максимална самостојност и независност на Судот во однос на извршната и законодавната власт, со цел да не се попречува Судот во својата главна функција, а тоа е оценување на уставноста и законитоста на актите“, изјави портпаролот на Уставен суд, Југослав Миленковиќ.

Експертите се поделени околу тоа дали е потребна законска рамка за Уставен суд. Тоа можеше да се забележи и при неодамнешната дебата организирана на Правниот факултет во Скопје, каде што можеа да се слушнат различни мислења на оваа тема.

Професорот по уставно право на ФОН и поранешен уставен судија, д-р Стојмен Михајловски, вели дека во теоријата и во практиката постојат различни модели околу начинот на функционирање на Уставен суд. Во некои земји тоа е пропишано само со уставот, во други истовремено се носи и уставен закон, во трети со посебен закон за уставен суд, кој се донесува со двотретинско мнозинство, а има и модели, каде што тоа е оставено да се регулира со деловник.

„Прашање на политичка волја е кој модел ќе се избере, но за мене најважното прашање е она за надлежностите на Уставен суд, од што ќе произлезе и каков модел треба да се избере“, вели професорот Михајловски.

Професорот по меѓународно право во пензија и поранешен претседател на Уставен суд, д-р Тодор Џунов, смета дека сега не е вистински момент за донесување посебен закон за Уставен суд, особено кога мнозинството го има само една партија. Тој верува дека вистинските мотиви за донесување посебен закон не се за подобрување на функционирањето на овој Суд, туку за намалување на неговите надлежности, што би било крајно уназадување на уставното судство.

Професорот Џунов признава дека има празнини и недоречености во Деловникот, но одењето во друга крајност, со стеснување на кругот на подносители на иницијативи, според него, може да биде уште полошо и да се доведеме во ситуација на комоција како во Бугарија, каде што годишно има по 50 предмети во работа.

За професорката по уставно право од Правниот факултет „Јустинијан Први “, д-р Тања Каракамишева, клучно прашање е одговорноста на Уставен суд. Таа се залага за промени на начинот на избор на уставните судии, кои, според неа, би требало да ги избира посебно тело слично на Судскиот совет, составено на паритетна основа. Тоа би одлучувало и околу одговорноста на судиите, кои сега, иако се избрани од Собранието, сепак, никому не му одговораат, туку само пред сами себе.

„Се залагам и за донесување посебен закон за Уставен суд, бидејќи сметам дека со него треба да се регулираат статусните прашања, а организациските да останат во Деловникот“, вели Каракамишева. Таа е поборник и на тезата за проширување на надлежностите на Уставен суд во делот на заштитата на одредени права и слободи на граѓаните, како и за воведување на институтот - уставна тужба.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...B9031BE29D <<<<<< Партиско гласило
(This post was last modified: 28-10-2010, 09:30 AM by montehristo.)
28-10-2010, 09:29 AM
Reply
Misla
Unregistered

(28-10-2010, 02:06 AM)basilius_2 Wrote:
(26-10-2010, 10:39 PM)Misla Wrote:
(26-10-2010, 05:26 PM)basilius_2 Wrote: So vakva komisija za lustracija ke stasame do Evropa,pravejki se na Toso za poubavo na Makedonija i na politicko prognuvanite od UDBA i KOS.
Se baraat luge koi mislea deka se gazdi vo MVR period 1945-Denesno vreme.Edniot nosi naocari i ima doktorska titula,edniot spie so ribite sto bi rekol Al Kapone tretiot e ambasador.

Nikoj ne treba da go cudi zosto MKD e na dnoto na Evropa vo sekoj pogled, politicki, ekonomski, covekovi prava. SO vakvi kodosi, koi da ne zaboravime - BILE KODOSI PROTIV SAMOSTOJNOSTA NA MAKEDONSKATA DRZAVA nekade do pocetokot na 90-tite, a potoa RABOTELE PROTIV SAMOSTOJNA MAKEDONIJA, sakajki MKD politika da bide privrzok na nekoja druga ANTI-EVROPSKA i ANTI-NATOVSKA.
Vo Izvestajot na CIA od 18/10/1990 pod broj NIE 15-90 t.n. Transformacija na Jugoslavija pisuva: .... Za edna Godina YUG federacija ke pocne da se raspadja i ke bide nefunksionalna, a za dve godini YUG nema da postoi poveke. Glavni nositeli na raspadjanjeto ke bidat Srbija, Hrvatska i Slovenija. Srbija vo pocetokot ke gi poprecuva namerite na Slovenija i Hrvatska, potoa ke gi stiti samo svoite interesi, dodeka Makedonija i Crna Gora kade sto zivee znacitelno Albansko Malcinstvo ke bidat primorani da bidat na stranata na Srbija zaradi t.n. "zaedniski neprijatel". Srbija koristejki go "albanskoto prasanje na Kosovo ke ima golemo vlijanie vrz tie Republiki. BiH ke bide poligon na medjuetnicki sudiri, a dodeka problemot na Kosovo ke gi involvira Makedonija i Crna Gora, kade sto golem del Albanci ke se priklucat na nivnite Kosovski braka.

Sto se odnesuva do ocenkata na CIA deka glavni nositeli na raspadot ke bidat Srbija,Hrvatska i Slovenija e samo dobar pokazatel koi bea glavnite igraci vo Jugoslavija.
Problemot vo Makedonija e sledniov:
Prvo site sto bea na funkcii vo Makedonija bea i se bliski do SDB.
Vtoro so postepena kriminalizacija na Makedonija,Srbija si gi fokusira silite na Hrvatska i Slovenija i mnogu lesno moze da iznudi voena intervencija so sto ke dojde kako spasitel od "kriminalnoto bugarasko VMRO".
Treto.So procesot Antikvizacija se defokusira vnimanieto od vistinskite problemi:nevrabotenost,droga,prostitucija,kriminal.Preku Makedonija Srbija si ja polni svojata drzavna kasa so dolari.A i vo isto vreme se uriva Makedonecot psihicki kako i fizicki,so sto mu se stava nova programa i realnost,so pomos na umetnosta i obrazovanieto.
Cetvrto.Od svojot prv den Kiro Gligorov postojano propagirase deka ako VMRO-DPMNE ke dojde na vlast uste poveke ke kradat i ke ima vojna.
Eve dojde VMRO-DPMNE na vlast se sluci vojna i grabezi.Apelirajki so negovite godini sluzba vo Jugoslavija, i so negovite godini a pomognat so mediumskata mreza vo Makedonija i MANU,Sojuz na Borcite itn. Kiro Gligorov go nametna svojot avtoritet i svoeto vladenie kako bezgresen vodac.

Vo istiot izvestaj stoi i slednovo za Makedonija:

citat: CIA - Yu transformacija 1990

..."Pozadi pukanjeto na fasadata na starata Yu federacija, nastanuvaat novi politicki stvarnosti.

- Centralizirana Srpska drzava koja vo pocetokot e upravuvana od strana na bivsata Komunisticka Partija na celo so Slobodan Milosevic, na koja najverjatno ke i se pridruzi i Crna Gora vo novata federacija.

- Makedonskata drzava vo koja najverojatno ke dominiraat frakciite na Komunistickata partija (preslikani vo novi politicki partii) so razlicni pogledi na posakuvanata demokratizacija i pazarnite reformi, no pod golemo Srpsko vlijanie artikulirano vo smisla na kontrola nad Albanskoto malcinstvo.

Nacinalistickite sudiri vo Yu se vlosija so neodamnesnio spektakularen rast na makedonskiot nacionalizam. Toa generalno e kako odgovor na raspagjanjeto na federacijata. no pokonkretno za da se percipiraat srpskite zakani na sopstveniot integritet na Makedonija. Makedonskiot nacionalizam sega ja prezema preodnata forma vo nastojuvanje da gi bara i da se zali za pravata na svoite braka po rod koi ziveat vo Grcija i Bugarija. Srbite, Grcite i bugarite go otfrlaat poimot za postoenje na posebna makedonska nacija koj e potencijalen voved vo mogjunarodna kriza...."
Ulogata na Kiro Gligorov e tuka dvostrana. Kiro doadja od nadvor, toj ne zivee vo Makedonija, toj sto se vika seuste e na platen spisok na Belgrad. Vo Makedonija nekoi krugovi sostaveni od poranesni visoki Kumunisticki funkcioneri (razbira se i Udbasi) uporno go promoviraat niz Makedonija kako SKM-PDP kniska br 1 preku organiziranje na tribini za nov presedatel na Makedonija. Vo Makedonija Kiro Gligorov ne uziva nekoja golema politicka podrska, a i negovoto politicko minato ne e po nisto spektakularno poznato vo Makedonija. Osven adutot na golemo politicko "iskustvo" kako poranesen Presedatel na Sojuznoto Sobranie na YU, so nieden drug fakt ne se promovira negovata licnost, a dokaz za toa e deka e izbran za presedatel duri po tretoto glasanje vo Sobranieto. Okolu izborot za presedatel treba da se naglasi i toa deka nekoj od strana, od nadvor uporno celo vreme nastojuvase toj da ja vodi Makedonija, sto na kraj se ispostavi deka toa i nebilo bez odreden politicki kredit. Vo negovo vreme se slucuvaa politicki krizi i konfliktni situacii, Gostivar, Tetovo, Gorce Petrov, Paravojska itn, vo nego vreme se otvoraa dosieja za politickite neistomislenici i vo negovo vreme UDB bezsprekorno rabotese na relacija Belgrad - Skopje. Negoviot atentat se sluci vednas po negovoto doadjanje od Belgrad, kade imase razgovori so Slobodan Milosevic, a Milosevic vazese za licnost na kogo strukturite na UBA kako na nikoj drug od presedatelite na bivsite Yu republiki i sojuznite funkcioneri, mu bea celosno lojalni i toj od pozicija na presedatel na Srbija imase najgolemo vlijanie nad niv.
28-10-2010, 09:42 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(28-10-2010, 09:42 AM)Misla Wrote:

AplauzAplauzAplauz
28-10-2010, 02:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,347
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Процесот на лустрација е надвор од контрола на институциите и надвор од законските рамки

Прес конференција, СДСМ

Бранко Црвенковски, претседател

Скопје, 29.10.2010 година

Почитувани,

Повод за денешнава Прес конференција е начинот на кој се одвива процесот на лустрацијата во Република Македонија. Овој процес имаше смисла, можеше да биде целисходен и општествено корисен само ако се спроведуваше врз основа на следниве принципи:

- целосна објективност и заснованост врз проверени факти;

- без била каква политичка или друга селективност;

- строго во рамките на институциите и низ, со закон, пропишаните процедури;

- без било каква и било чија злоупотреба на процесот за дневно политички потреби.

Само на ваков начин процесот ќе имаше кредибилитет, во него ќе се веруваше и ќе се постигнеше вистинската цел- расчистување на црните петна од минатото.

Што имаме како резултат во периодот од почетокот на спроведување на законот до денес?

Се само не почитување на овие стандарди и тоа најчесто од оние кои се најповикани за доследно спроведување на законите.

Да се потсетиме:

1. Првото грубо нарушување на законот и основните принципи на процесот на лустрација се случи со взаемно упатените отворени писма помеѓу Премиерот Груевски и господинот Георгиевски.

Погледнете ја содржината на тие писма и ќе видите дека инсајдерски информации од комисијата се користат за меѓусебна политичка пресметка и тоа на јавна сцена.

2. Премиерот Груевски лично и тоа во повеќе наврати го злоупотреби случајот на лустрација на претседателот на Уставниот суд Ивановски за дискредитација на целата институција Уставен суд и го доведе под прашање легитимитетот на одлуките на судот.

3. Во рамки на самата Комисија за лустрација со надгласување се утврдуваше постоење или не на факти за двајца пратеници од парламентарното мнозинство. Факти или постојат или не постојат и тоа не може да биде предмет на меѓупартиско пазарење и надгласување. Ова претставува грубо кршење на принципот на објективност и неселективност.

4. Почетниот хаос повеќекратно се зголеми со доставување на т.н. „дворски досиеја“ кои се однесуваат на челните луѓе на ДУИ. Со ова процесот излезе целосно вон контрола на институциите и надвор од пропишаната законска процедура. Денес сме сведоци на „улична лустрација“.

Надлежните институции на ова останаа неми набљудувачи без соодветен одговор.

Иницијативата поддржана и од Претседателот Иванов и од Премиерот Груевски да се побараат досиејата од Белград отвори уште поголеми дилеми:

- дали во понатамошниот тек на лустрацијата пресуден фактор ќе биде проценката на српските тајни служби? Кои досиеја ќе ги дадат, а кои не?

- зошто премиерот Груевски се сомнева во легитимитетот во одлуките и постапките на македонскиот Уставен суд ама со оваа иницијатива искажува доверба во постапките на нелустрираните српски служби?

- дали доколку во иднина се појават досиеја за соработници на други странски служби (на пр. бугарската, грчката, албанската) ќе ги побараме досиејата и од нив?

Да сумирам:

Процесот на лустрација е надвор од контрола на институциите и надвор од законските рамки.

Постои реална опасност во наредниот период состојбите дополнително да ескалираат до размери кои можат да предизвикаат, не само нарушување на индивидуалните човекови права и слободи, туку да предизвикаат и сериозни меѓупартиски и меѓуетнички тензии со последици за политичката стабилност на земјата.

Од тие причини :

Го повикувам премиерот Груевски и Владата на Република Македонија под чии ингеренции функционираат и УБК и Државниот Архив на Македонија како и целиот состав на Комисијата за лустрација, јавно да соопштат:

- Имаат ли доволно политичка волја и институционален капацитет да го вратат процесот на лустрација под контрола, во рамките на институциите и законот, или не? Ако имаат како и кога тоа ќе го направат?

Во спротивно, ако се оглушат на овој апел и не преземат ништо, ќе бидат директно одговорни за хаосот што ќе ни се случува и за сите последици што од тоа ќе произлезат.

петок, 29 октомври 2010

Дали и Бранко ке почне да копа во бавча.
29-10-2010, 02:20 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Quote:„Вујко“ и „Мама“ се фабрикувани и плагијат

Документите од досиејата „Вујко“ и „Мама“ што беа доставени од професор Шпенд Љуши до Комисијата за лустрација се „фабрикувани-плагијат“. Ова е заклучокот од одговорот на УБК до Комисијата по направените анализи на доставената документација.

Комисијата побара мислење од четирите надлежни институции: Архивот на Македонија, Агенцијата за разузнавање, УБК и од армиската безбедносна служба, за да ја утврдат веродостојноста на документите и нивната содржина. Досега одговори до Комисијата стигнаа од Архивот и од Агенцијата за разузнавање, кои навеле дека се ненадлежни за тоа, како и од УБК.

Недостига уште мислењето на армиската безбедносна служба, по што Комисијата ќе донесе конечен заклучок за доставените досиеја. „Мама“ и „Вујко“ беа првите две досиеја што до Комисијата ги достави физичко лице, но беа од исклучително значење зашто зад нив стоеја имињата на министерот за локална самоуправа Муса Џафери и на пратеникот на ДУИ, Фазли Велиу, кои веќе го имаа минато лустрациското сито. Комисијата вчера го испратила и досието „Ибар“ на утврдување на неговата автентичност и веродостојност.

Во одговорот на УБК, на една страница стои, меѓу другото, дека заклучокот е донесен врз основа на направените анализи и споредби со други идентични документи водени за други лица.

- Некои елементи во поднесените документи се разликуваат од стандардите за водење на таквите досиеја - ни изјави вчера претседателот на Комисијата, Томе Аџиев.

Ајде бе, фалсификат биле, се разликувале од ’стандардите за водење на таквите досиеја’... Не ми се верува дека доколку навистина се работи за фалсификати, сето ова е спроведено од некои луѓе кои што немаат врска со службите и со тоа како се води досие. Не знаеле каде се става печат, каде датум и сл. Ајде бе, до толку биле наивни тие ’фалсификатори’... Затоа не ми се верува многу во ова, но требаа што побрзо да кажат дека се фалсификати. На крај ќе не убедат дека некој се шегувал само, а можеби дека немало ни фалсификувани досиеја...

29-10-2010, 03:23 PM
Reply