Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
alexdgreat
Unregistered

Јас како неук во политика имам неколку нејаснотии:

Кој ја избра комисијата за лустрација?

Кој го контролира/ревизира работењето на комисијата?

Ке има ли јавноста увид во нивната работа?

Која е казната на оние кои кодошеле, само јавно ке се објават или не, не смеат да вршат јавни функции?

Ке го вратат спечаленото од кодошењето?

А нарачателите/работодавците на кодошите ке се казнуваат ли, т.е ДБК од 1990 ке се ревизира ли нејзиното работење?
03-10-2010, 04:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:УШТЕ НЕШТО ЗА ЛУСТРАЦИЈАТА

недела, 03 октомври 2010 17:25

Скептичен сум во врска со најавата дека ќе се прави ревизија на Законот за лустрација, за тој да важи до ден-денешен, бидејќи и двете најголеми партии тоа го прифатија само под притисок на јавноста и од желба да се претстават дека се „чисти“, а не од желба искрено и еднаш-засекогаш да се расчисти ова темно петно.

Пишува
Константин Леонов

Привршува уште една епизода од галиматијасот наречен лустрација. По целонеделната врева во која едно неопитно око ни оддалеку не може да разбере што се случува во сета медиумска прашина, ми се чини дека, парадоксално, повторно е на дело тенденција да се затаи и заташка целиот проблем, тенденција која генерално игра на кусото паметење на Македонецот, а богами и на Албанецот. Не ќе да може овојпат така. Ако треба, лустрацијата ќе биде единствената тема за која ќе пишуваме до крајот на животот, додека не видиме целосно и искрено расчистување на оваа македонска траума. Тука сме да играме до крај.

Ова го пишувам затоа што имам длабок сомнеж во искреноста на намерите за целосна лустрација. Притоа, не мислам тука само на премиерот Груевски, туку пред се на оној прв круг луѓе околу него кои го „хранат“ со информации. Минатонеделната негова изјава дека не е задоволен од досегашниот тек на лустрацијата, по што уследи бурата во чаша вода, укажува на извесни „проблемчиња“ и игрички околу целава работа.

Да не би да излезе дека Трендафил судијата е избран колку да се принесе како жртва на жедната да ги види кодошите јавност. Демек, еве ви го кодошот, ајде сега „разлаз“. Јок, браќа, ниту овде некој зборува за реваншизам, ниту за сеир – сакаме систематски, како што систематски е граден и надградуван, кодошлакот да биде разграден и поразен, за Македонија да земе здив слободно. (Сосема пак друга трагикомедија е тоа што човек кој е претседател на Уставен суд, и напредувал во кариерата на крилјата на соработката со службите, сака да се претстави како жртва. Ма немој!)

Адвокати, новинари, писатели, бизнисмени...

Скептичен сум и во врска со најавата дека ќе се прави ревизија на Законот за лустрација, за тој да важи до ден-денешен. Скептичен сум затоа што и двете најголеми партии тоа го прифатија само под притисок на јавноста и од желба да се претстават дека се „чисти“, а не од желба искрено и еднаш-засекогаш да се расчисти ова темно петно.

Сите треба да се опфатат, не само носителите на јавни функции и дејности. За нив, од каде да почне човек – новинари, адвокати, уметници, професори, бизнисмени...кој од кој поугледен. Колку ли само гадости имаат направено адвокатите соработници? А новинарите? Кога тврдам дека кодошлакот и комуњарскиот опфат на службите е унапреден за време на траназицијата, имам предвид дека и методологијата е променета. Не се работи тука само за кодошење, дами и господа, туку за разновидни, понекогаш лични спреги низ институциите во кои жртвите треба да бидат уништени. Имаме и примери за илустрација. Неколку од стотиците.

Пример 1: Познатата камењарка Фрчолина, од позиција на Министер за внатрешни работи тужеше новинар за „клевета“, затоа што беше фатен во финансиски ујдурми со поранешен ЗУС, околу печатењето на тогаш новите пасоши. Новинарот беше практично експресно осуден, без да му се даде можност да се брани. Адвокат на Фрчолина беше Душко Апостоловски, инаку во книгата „Судени за Македонија“ на д-р Стојан Ристески, опишан како ноторен удбашки соработник, кој веднаш после војната им служел на властите да ги местат и осудуваат политичките неистомисленици. Нејсе, падна Фрчолина од власт, падна и пресудата против новинарот на Второстепениот суд. Уплашен, Фрчолина ја повлекол тужбата. Патем, судијката која експресно го осуди новинарот под директен диктат на тогашната власт беше госпоѓа Розалија Кочковска, сегашна претседателка на новоформираниот Управен суд, именувана од оваа (судска) власт.

[Image: 7C94E57377FFEE4FA1C44039FF1D4302.jpg]

Розалија Кочковска

Пример 2: Денес, претседател на Етичкиот совет на судските медијатори е „угледниот“ адвокат Блаже Муратовски, своевремен патриот од редовите на тогаш проектираната од службата „национална опција“ наречена МААК. Во почетокот на 90-те тој беше „провален“ како член на ад-хок комисија за полагање правосуден испит, формирана екпресно по налог на тогашниот министер за правда (денес исто адвокат) Туше Гошев, за пред таа комисијат да полага токму самиот Туше Гошев! Новинарите го фатија Туше во незаконска ситуација – министер за правда без положен правосуден испит. Смеурија. Под чудни околности, кога никој од углед во струката не сакал да му послужи на сдсмовскиот министер, се нашле „проверени“ луѓе, меѓу кои и споменатиот адвокат и патриот по задача Блаже Муратовски, денешен делител на етички препораки и кодекси, препорачан од сдсмовските структури. Интересно е дека подоцна, двајцата, Туше и Блаже, се обиделе да му местат заврзлами на поранешниот новинар кој им го откри блудничењето, но не успеале и покрај долгогодишните напори.

Пример 3: Прв добитник на нововостановената „вмровска“ награда „23 Октомври“ е академик Гане Тодоровски, меѓу другото основач на леглото на кодоши под оперативно име МААК. Во почетокот на 90-те академикот беше провален од новинарите како соработник на службата. И полицискиот псевдоним му го објавија -- „Апотеоза“. Ќерката на поетот Јован Котевски, кој накодошен одлежа затвор за македонцки рабоќе, го направи пемпере славниот академик, тогаш претседател на ДПМ, во врска со неговата улога во прогонот на нејзиниот татко во цела една книга, и тоа не само како доушник.

[Image: 2ujqkd4.png]

Наводно, денес покојникот, ја посетил и и се заканил, ама девојчето на Јонче така го испердашила, што бардот газ-глава не знаел кај да фати. Можеби најславните кодоши се наоѓаат во таканаречаната писателско-поетска фела од бездарни слуги на секој режим. Долгогодишното лево маде на академик Гане, Паскал Гилевски, крстен своевремено како „најголемиот полтрон во Југоисточна Европа“, и тоа за секој власт, оро води во таа Комисијата за наградата 23 Октомври (вмровската, де!), заедно со долгогодишното лично кодошче на Доста, директорчето на МИА Љупчо Јакимовски. Е, бре, вмровци, уште ли ќе ве работат како ајвани? Но, полека само, се ќе се дојде на место...

Видете, дами и господа, не се тревожете, јас само ислустрирам со неколку типични примери. Ова е само капка во морето горчлива вода.

Страв од волци-првоборци

Секогаш добро информираниот г-дин Јанко Бачев од симпатичното Народно движење на Македонија минатата недела не информира овде во „Котле“ дека имало „хатишериф“ од врвот на ДПМНЕ до општинските комитети да вработат по двајца од старата вмровска гарда, која ги преживеа најголемите удбашки малтретирања во почетокот на 90-те во ботката за независност.

Бачев го става тоа во контекст на можните предвремени парламентарни избори, како обид да се неутрализираат и одоброволат старите борци да го употребат својот авторитет и влијание врз гласачкото тело. Многу е можна таа логика и таа прва иде на ум, но не е само тоа, г-дин Бачев. Оваа бедна трговија која секој со автентичен дигнитет на автентичен борец за независност треба да ја одбие со гнасење (по двајца oд секој комитет, види мајката...колку великодушно!) е всушност манифестација на страв од страна на „структурите“. Политички страв.

Нив се обидуваат да ги заведат и Шутрак-војводата (Љ.Г) и Шутрак-херојот (Љ.Б.) со нивните партиичиња, ама не успеваат. Тоа е тивка, но моќна неофицијална политичка сила во Македонија, иако елиминирана од секаква позиција во државата. Таа сила засега само набљудува, но Груевски, а и „структурите“, добро знаат дека ако се реши да се организира политички, маф му е работата. Обидот што го прави со вработувањата по двајца е толку ефтин, провиден и понижувачки банкарско-трговски по природа, што само уште повеќе ги лути тие луѓе. Види, Николче, или системски ќе го решиш тоа, со сите почести што им припаѓаат (на пример, тие да бидат наградени, а не кодошите), како меѓници на македонската независност и понова историја, или ич не се обидувај да тргуваш со нивните души.

Од друга страна, апелирам до старите волци да се причуваат од синдромот на т.н. првоборство. Тоа што е ваше да си го земете, без пардон, но и да оставите можност новите генерации јуноши и „шизичиња“ да добијат шанса. Тие пак треба како оче наш да знаат дека ако не беа визионерите (кои јасно видоа каде треба да оди земјава) и храбрите (да се изборат за тоа) од 90-те, Македонија немаше да ја има критичната маса за самостојност, а нивните денешни политички кариери ќе се сведеа на еден голем покажан среден прст.

Главниот лост на кодошлакот

Уште нешто. Ние секако нема да паднеме во замката која медиумско-кодошката спрега на СДСМ се обидува да ја втурне јавност, правејќи хаос во главите на луѓето и наведувајќи ги да мислат дека ВМРО-ДПМНЕ е удбашка партија. Њет! Таму секако има големи инфилтрации, но главниот потпорен лост на кодошко-параполициското подземје е токму СДСМ – тие владееја со нивна помош, ја опустошија државата со нивна помош, и сега повторно сакаат на власт со нивна помош. Но, како што рековме, прочитани се, та дочитани, и нема да им успее повеќе.

А колку е Македонија заплетана во свинските црева на кодошлакот и активностите на службите, како илустрација најдобро послужи минатонеделната „полемика“ помеѓу Шубчо Георгиевски и Павле Трајанов. Првиот, на прашањето зошто како премиер не спровел лустрација, одговори дека сите тројца министри за внатрешни во неговиот мандат (Павле, Доста и Љубе Бошковски) му кажувале дека не постојат траги, дека досиејата се или во Белград или изгорени. Ебати премиерот што бил тој – го правеле смешен. Павле, пак, Трајанов, возврати дека како министер му поднесувале списоци за лица од премиерското опкружување, за кои МВР имало докази дека се на платен список на странски служби, особено на бугарската, а Шутракот не само што не преземал ништо, туку и ги назначувал на високи функции!

Можеби ние кои на Македонија гледаме од дистанца понекогаш претеруваме, но граѓани, гледате ли вие што се случува...?
03-10-2010, 07:28 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6

(03-10-2010, 07:28 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: УШТЕ НЕШТО ЗА ЛУСТРАЦИЈАТА

недела, 03 октомври 2010 17:25

Скептичен сум во врска со најавата дека ќе се прави ревизија на Законот за лустрација, за тој да важи до ден-денешен, бидејќи и двете најголеми партии тоа го прифатија само под притисок на јавноста и од желба да се претстават дека се „чисти“, а не од желба искрено и еднаш-засекогаш да се расчисти ова темно петно.

Пишува
Константин Леонов

Quote:Slavica Nikolovska:

Da nevidena manipulacij so edna kategorija na clenovi ostavena vo nemilost na komunist,vetrometina za da so niv gi ehperimentiraat svoite gnasni-retrogradni metodi VMRO ne e udbaska Partija samo so nea rakovodi od pozadina UDBA a vo nekoi mesta i vladee.

Quote:Групација Дисиденти:

Многу точна и прецизан констатација. Затоа соработниците на УДБА нетреба да се бараат во членството туку во врвот на партијата и во сивите еминенции кои никогаш не биле членови на ИК или ЦК а делат "совети" од 1990 до денеска. Можеби Груица мали ке ги препознае...се разбира ако му е чиста совеста.
04-10-2010, 12:09 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Komisijata za Lustracija e naznacena od politickite partii zastapeni vo Makedonskoto sobranie,iminjata na kodosite se objavuvaat vo "Sluzben Vesnik"i istite ke se lustriraat samo ako sakaat da pobaraat politicka funkcija ili vrabotuvanje vo drzavnite organi.Nema nikakva paricna steta, i nitu nikakvo obestetuvanje ne e predvideno,nitu za zrtvite nitu sprema drzavata.
Zatoa da ne se nadevame od Lustracija,bidejki vmesanite vo toj proces ke bidat postedeni blagodaranie na predlagacot na zakonot kako i na samiot premier Gruevski,koi se rabotat samo da nema lustracija vo Makedonija.
(This post was last modified: 05-10-2010, 11:27 PM by basilius_2.)
05-10-2010, 11:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Се помалку простор за манипулации на Груевски и полициско политичкото подземје, пребрзо падна маската на Комисијата за лустрација.

Quote:Кој си игра лустрација

Ако тоа што сакаш да го кажеш не е попаметно од молчењето, тогаш молчи, вели древна кинеска мудрост. Не знам дали претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, ја знае, но од тоа што на ТВ-екраните можеше да се види и слушне, тој избра да каже нешто, иако молчењето ќе му беше и попаметно и попрактично. Особено по се' што последниов месец се случува со членовите на Комисијата и со целиот процес на лустрација.

По само една година од официјалниот почеток на работата, токму првите луѓе на Комисијата го уриваат нејзиниот кредибилитет и дигнитет, а за волја на вистината, во тоа не заостануваат и нејзините членови. Зашто, информациите за меѓупартиски пазарења, за настапување од партиски позиции, за надгласувања, за градирање на некогашните соработници на тајните служби во помали или поголеми кодоши, за (не)почитување на законските одредби, за бројот на „сомнителните“ функционери и пратеници, посредно или непосредно доаѓаа токму од нив. И наместо од сето тоа да се извлечат поуки, ако ништо друго барем за стабилизирање и деполитизирање на процесот, какафонијата продолжува. Да биде иронијата поголема, лустрацијата сега ни се пласира и како игра!? Да, човечките судбини зад кои стојат конкретни имиња и презимиња, па и цели семејства, на лустраторите, види богати, „им служат“ за поигрување!? И ваквите оценки не доаѓаат од никој друг, туку директно од претседателот на Комисијата.

Претседателот Аџиев има обврска максимално да го почитува Законот, но и да ја информира јавноста со точни и прецизни податоци во функција на транспарентност на процесот. Ама кога тоа ќе се пренасочи во функција на одбрана на еден функционер, во случајов актуелен пратеник од редовите на владејачката коалиција, не е никакво изненадување што „проработува Фројд“. Па така, Аџиев свесно ќе ни соопшти дека предметот на пратеникот Борис Стојменов бил чист, дека за него немало досие, па уверението дека го исполнува дополнителниот услов за извршување на функцијата му било издадено уште пред неколку месеци. Ама истиот Аџиев уште ќе каже дека тој, Стојменов, „не бил во игра“. Навистина!? А, кој бил во игра, што и каква е играта, кој и како ја организирал, кој губи и кој добива во неа... За лустрацијата важат законски правила, а ако првиот лустратор ни ја продава како игра, должен е и да објасни според кои правила ја игра и чија марионета е тој.
Предраг Димитровски
06-10-2010, 02:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Белград ќе ги објави и нашите кодоши

Додека го подготвував законот, компетентни луѓе ми објаснуваа дека на сите наши кодоши досиејата им се овде. Некои имаат досиеја и во Белград, ако биле од интерес и на Белград. Добро е што Србија за неколку месеци ќе ги објави имињата на сите. Меѓу нив ќе излезат и нашите кодоши, вели Андов

Да се заштити комисијата за верификација на фактите од политичките притисоци што се прават врз неа. Тоа е најважното што сега треба да се направи за лустрацијата да не премине во политичка пресметка, препорачува Стојан Андов, предлагач на Законот за лустрација. Откако Уставниот суд ја ограничи лустрацијата на период до 1991 година и забрани јавно да се објават нивните имиња, Андов нема намера повторно да интервенира во текстот на законот. Тој вели дека не сака да постапува против својата совест, која му кажува дека лустрацијата треба да важи и за транзициските кодоши и дека јавноста треба да ги знае нивните имиња.

Откако соседна Србија најави дека до крајот на годинава ќе го објави идентитетот на сите соработници на службите за кои има документи во тамошните архиви, Андов очекува дека тоа ќе биде од помош и за „прочистувањето“ во нашата држава. Во тие документи можат да се најдат и имиња на соработници од Македонија.

Се подготвуваат измени во Законот за лустрација. Дали сте вклучен во нивната подготовка и дали знаете што е идејата на работната група на ВМРО-ДПМНЕ?

- Не, сега не сум вклучен и нема да се вклучам додека не ги видам јасно идеите и целите на тие измени.

Сметате ли дека треба да се менува законот - оној што го предложивте, па Уставниот суд укина неколку одредби од него?

- Уставниот суд ги укина тие одредби и даде препорака со образложение до кога да важи лустрацијата, но со одлуката на судот нема дадено решение како да се примени тоа. Од законот се бришат зборовите „до денот на донесување на законот“, со што практично останува без ограничување горната граница на периодот што треба да го опфати лустрацијата. Ограничувањето треба да го извлече Собранието од препораката на Уставниот суд. За тоа треба да има овластен предлагач. Јас не можам да предложам такво нешто, бидејќи мислам дека не би било добро решение. Многу водев сметка за уставноста на законот и затоа предложив лустрацијата да важи до денот кога Собранието ќе го донесе законот. Тоа, исто така, беше и услов за да можеме да постигнеме консензус при гласањето. Јас нема да предложам измени во правец како што сугерира Уставниот суд, да се лустрираат лицата што соработувале со службите до 1991 година. Тоа нека го направат други пратеници или Владата. Не можам да одам против мојата совест, без разлика што Уставниот суд сугерира така.

Како може да се заобиколи таа сугестија на Уставниот суд, а да не се менува Уставот?

- Не сум размислувал за тие варијанти. Сметам дека сега, додека да се направат измени по препораката на Уставниот суд, законот треба да се применува така како што важи, а тоа значи до денес, додека има комисија за лустрација. Нема аргументи дека Уставниот суд постапи правилно кога ги укина одредбите. И самите уставни судии оценуваат дека и сега има исти притисоци како до 1991 година. Затоа мислам дека тоа што го направи судот беше грешка. Но штом веќе се случи, друг нека ги поправа работите.

Поминаа две години откако Собранието го донесе законот. Како ви изгледа неговото спроведување?

- Околностите не одеа во прилог на спроведувањето на законот. Првиот јавен оглас за членови на комисијата за утврдување на фактите не успеа бидејќи немаше доволно пријавени. Потребни беа 11 члена, но само осуммина од пријавените ги исполнуваа условите. Огласот пропадна. Потоа, подготвувајќи го другиот оглас, дојдоа предвремените избори. По нив, Владата и Собранието имаа други приоритети. Комисијата беше избрана една година по рокот од кога требаше да профункционира. Наредната година се загуби во барање простории каде да биде сместена комисијата. Имаше проблеми за навремено обезбедување на парите, па недоволно консолидирана внатрешна атмосфера во комисијата. Следуваше истапот на еден од членовите, кој порано беше претседател на комисијата, кога кажа дека има осум сомнителни пратеници, без да има записник и документ за тоа тврдење. Тој настан ја оштети комисијата и предизвика негативен впечаток за нејзината работа. Следно, комисијата направи грешка, која отвори голема дилема за тоа како нејзините членови ги верификуваат фактите - ако тие добиле документи во кои постојат елементи за да не се прифати изјавата за несоработка со службите, таа не може да ги мери, да ги оценува и да гласа за фактите. Документи или има или нема. Дури и ако членовите на комисијата потврдуваат со гласање, тоа треба да биде само едногласно. Понатаму, од комисијата протече информација за сомневања во двајца пратеници од партиите на власт. Со тоа им беше нанесена голема штета на пратениците од овие партии. Секој пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ е сомнителен дека токму тој е кодошот. Направена им е штета и на меѓучовечките односи во пратеничките групи.

Со оглед на грешките што ги наброивте досега, сметате ли дека комисијата и понатаму има кредибилитет да го води процесот на лустрација?

- Не би брзал да кажам дека членовите на комисијата го губат кредибилитетот. Ако се избере друга комисија и ако нејзините членови бидат изложени на притисоци како сегашните, можат исто да поминат.

Каква е работата на комисиите во другите држави? На пример, соседна Србија најави дека до крајот на годинава ќе објави список на кодоши.

- Имињата на соработниците на службите се објавуваат секаде, освен кај нас. Само во Македонија се извлекоа некои други критериуми за човековите права. И според бугарскиот закон, имињата на кодошите јавно се објавуваат. Таму го објавија и името на претседателот Прванов. Србија сега на големо најави дека до крајот на годината ќе се донесе закон за лустрација, со кој ќе се објават имињата на кодошите.

Има или нема досиеја во Белград на лица од Македонија што соработувале со службите?

- Додека го подготвував законот, компетентни луѓе ми објаснуваа дека на сите наши кодоши досиејата им се овде. Некои имаат досиеја и во Белград, ако биле од интерес и за Белград. Во тамошните архиви има копии, или, пак, оригиналите се таму, а копиите се тука.

Значи, тие соработници на службите можат да се откријат и кај нас, без да чекаме помош од Србија?

- Можат да се откријат и кај нас. Но помош од Србија е потребна бидејќи се зборува дека некои наши досиеја изгореле. Така што добро е Србија да ги објави имињата на сите соработници за кои има документи. Меѓу нив ќе излезат и нашите кодоши.

Препознавате ли селективност во спроведувањето на лустрацијата? Во контекст на тоа дека се штитат едни, а се објавуваат соработници што се неподобни за сегашната власт?

- Процесот е во почеток. Почетнички грешки се дозволени, но тешко е сега да се даде карактеристика дека комисијата има некоја политика селективно ја води лустрацијата. Комисијата треба да ја заштитиме од притисоци, тоа е основното нешто што треба да се направи сега. Што се однесува до тоа како се избираат нејзините членови, решението е различно во различни држави. Основната идеја на мојот предлог беше дека лустрацијата е натпартиска работа и не треба никој да се меша во неа, освен тие што се избрани да го спроведат процесот. Ако лустрацијата стане работа на една или на друга партија, тоа ќе биде партиска лустрација. Тогаш веќе ќе зборуваме за политички пресметки. Работите не се стигнати дотаму, но има таква тенденција.

Што треба да се направи за „прочистувањето“ да заврши правично? Верувате ли дека, и покрај сите проблеми, на крајот Македонија ќе спроведе коректна лустрација?

- Верувам дека Македонија ќе стане нормална држава како сите демократски држави. Ако лустрацијата секаде беше можна, не знам зошто не би се направила и кај нас. Ако некој има идеи нешто да дополни во законот, нека се формира група и таа група нека предложи идеи во Собранието.

Комисијата работи под будното око на премиерот

Не беше добар настапот на премиерот во врска со Уставниот суд и сомневањата за неговиот претседател, смета Андов.

- Премиерот нема право некого да обвини и да извлекува заклучоци за последиците од постапка што уште е во тек. А тој веќе кажа дека Ивановски влијаел врз одлуките на Уставниот суд. Кога тоа ќе го каже премиер, тоа е притисок и врз Уставниот суд и врз комисијата. Комисијата работи под будното око на премиерот, бидејќи тој веќе кажа како ќе се однесува во врска со нејзините одлуки или ставови. Државните органи не треба ниту да се мешаат, ниту да коментираат. Тоа не треба да го прават ниту од позиција на обични граѓани, оти во моментот, според функциите, сепак значат некаква државна сила - вели Андов.

Според него, Груевски не треба ни да ја спомнува комисијата за лустрација.

- Лустрацијата не е работа на премиерот. Тој може како претседател на партија да каже дали ќе предложи измени во законот или да каже нешто слично, ама само толку. Не треба да се вмешува во процесот - смета Андов.

Повторно голема манипулација. Белград нема да ги даде досиеата од 1990 до 2006 за кои велат дека се кај нив. Ако ги дадат сами треба са и растурат инсталацијата во Македонија. Дали треба да го очекуваме тоа и да веруваме во тоа.
Патот е друг и е многу лесен и тест со кој утврдуваме која власт е вистински Македонска. Досега немало Македонска власт во Македонија. Грујовата е најнемакедонска.!!!!
(This post was last modified: 07-10-2010, 02:24 PM by ЈорданПетровски.)
07-10-2010, 02:24 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(07-10-2010, 02:24 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Kako sto rekov i porano, edinstvenoto resenie e vistinata
Jas bi da se zeme primer na Slovenija i da se publikuvaat site dousnici i kodosi vo kniga.
Sekoj koj misli deka so toa zivotot mu e vo opasnost ili saka takvo nesto da plasira vo javnosta samo saka da manipulira.
Edinstvenata opasnost e deka tie kje bidat izolirani od opstestvoto i bojkotirani na sekoj cekor.
Da se misli deka nekomu so takvo publikuvanje zivotot mu e vo opasnost samo ja potcenuva mudrosta na Makedonecot.
Ne tvrdam so sigurnost deka nekoj nema da se razbesni i napravi rsum, no so sigurnost tvrdam deka dosta kodosi bi zavrsile vo zatvor.
Sekoj gradjanin bi moral spored hristijanskoto ili da go tuzi kodosot ili da mu prosti.
Drzavata tuka nema nikakva ingerencija, bidejki taa go sproveduvala toj progon so pomos na kodosite, zatoa mora da zavzeme neutralen stav (delumno), a dokolku nekoj saka da go tuzi kodosot da mu ovozmozi na kodoseniot i progonetiot besplatna pravna pomos, kodosot neka se snaodja kako znae i umee, drzavata vo rokot do koj bi mozel kodoseniot i represiraniot da tuzi bi morala da mu onevozmozi na kodosot da patuva vo stranstvo ( prosto receno da izbega od pravdata).
So ovoj primer Samata drzava bi dala do znaenje deka vo idnina koj i da kodosi lazno drzavata i organite nema da zastanat pozadi kodosot pa i do nejzinite sluzbanici.
So toa sto bi zavzela delumno neutralen stav prvo bi se resila od trosenje na resursi i vreme bez potreba, a na kodoseniot da mu ostavi na sloboda da odluci dali saka da gi tuzi kodosite, sluzbenite lica, ili toa pravo moze da go iskoristat naslednicite.
Pokraj toa drzavata da garantira deka mora da napravi procena kolkava steta mu e nanesena i od imotot na kodosite otstetata da se naplakja.
(This post was last modified: 07-10-2010, 05:28 PM by montehristo.)
07-10-2010, 05:24 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Dopuna mala i ispravka:
Quote:So ovoj primer Samata drzava bi dala do znaenje deka vo idnina koj i da kodosi lazno drzavata i organite nema da zastanat pozadi kodosot pa i do nejzinite sluzbanici.
Ova vo formulacija da vleze kako zakon deka:
Bez razlika na bilo koe idno ureduvanje drzavata kako organ na nazvisoko organiziranje na narodot nema pravo da koristi vakvi metodi, deka dokolku doznae vo idnina ili doznae deka nekoj vo minatoto koristel vakvi metodi kje go goni licata vkluceni vo vakvi akto po sluzbena dolznost
Quote:So toa sto bi zavzela delumno neutralen stav prvo bi se resila od trosenje na resursi i vreme bez potreba
Dokolku kodosot ne go vrsel deloto od materijalna korist, da se liceto obznani vo knigata na kodosi, so toa sto bi mu ostavila drzavata na kodoseniot da odluci,ili na negovoto semejstvo, dali da tuzi ili ne, vo koj slucaj drzavata bi zastanala zad kodoseniot so pravna pomos.( Sekako rabotata e na sudijata da odluci kolkava steta mu ima naneseno progonot na kodoseniot)
Vo odnos na zabrana na vrsenje javna dolznost, dali e toa samo vrsenje drzavna sluzba ili i sekakvo prisastvo vo javnosta so sto bi mozel da vrsi vlijanie vrz samata javnost.
Jas bi se odlucil za vtoroto: da se zabrani bilo kakvo prisastvo vo javnosta, izolacija, a posebna komisija da prati na odredeno vreme da kazeme od 5,10,15 godini, dali nivnoto povedenie im dava za pravo da im se vratat polnopravni gradjanski prava koj sekoj gi uziva.
Da se razbereme, bilo koja drzava treba da ovozmozi ramnopravnost i vistinoljubivost i sloboda na onoj prostor na koj taa drzava postoi.
07-10-2010, 07:19 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Jas bi dal eden primer da se lustrira gospodinot predlagac Stojan Andov da vidime kolku ima cest da ja sprovede Lustracijata i so kakvi nameri e. Sto se odnesuva do gospodinot Boris Stojmenov i negovite reakcija e na covek koj ja brka muvata na svojata kapa.Imeno,ako gospodinot Stojmenov e navistina nevin ne bil skokal od prozor,kako kradec tuku bi se soocil so novinarite deka eve e navistina so cist obraz.
Koga se obiduvate da skriete nesto kriminalno,vaseto odnesuvanje ve predava, a toa go znaeme site bidejki ne sme site kako angeli i site sme skokale vo dvorot na sosedot,da ukrademe nesto sekogas imase nesto sto ne izdavase pred nasite roditeli i dedovci i babi.
(This post was last modified: 09-10-2010, 01:24 AM by basilius_2.)
09-10-2010, 01:22 AM
Reply
Misla
Unregistered

(07-10-2010, 07:19 PM)montehristo Wrote: Dopuna mala i ispravka:
Quote:So ovoj primer Samata drzava bi dala do znaenje deka vo idnina koj i da kodosi lazno drzavata i organite nema da zastanat pozadi kodosot pa i do nejzinite sluzbanici.
Ova vo formulacija da vleze kako zakon deka:
Bez razlika na bilo koe idno ureduvanje drzavata kako organ na nazvisoko organiziranje na narodot nema pravo da koristi vakvi metodi, deka dokolku doznae vo idnina ili doznae deka nekoj vo minatoto koristel vakvi metodi kje go goni licata vkluceni vo vakvi akto po sluzbena dolznost
Quote:So toa sto bi zavzela delumno neutralen stav prvo bi se resila od trosenje na resursi i vreme bez potreba
Dokolku kodosot ne go vrsel deloto od materijalna korist, da se liceto obznani vo knigata na kodosi, so toa sto bi mu ostavila drzavata na kodoseniot da odluci,ili na negovoto semejstvo, dali da tuzi ili ne, vo koj slucaj drzavata bi zastanala zad kodoseniot so pravna pomos.( Sekako rabotata e na sudijata da odluci kolkava steta mu ima naneseno progonot na kodoseniot)
Vo odnos na zabrana na vrsenje javna dolznost, dali e toa samo vrsenje drzavna sluzba ili i sekakvo prisastvo vo javnosta so sto bi mozel da vrsi vlijanie vrz samata javnost.
Jas bi se odlucil za vtoroto: da se zabrani bilo kakvo prisastvo vo javnosta, izolacija, a posebna komisija da prati na odredeno vreme da kazeme od 5,10,15 godini, dali nivnoto povedenie im dava za pravo da im se vratat polnopravni gradjanski prava koj sekoj gi uziva.
Da se razbereme, bilo koja drzava treba da ovozmozi ramnopravnost i vistinoljubivost i sloboda na onoj prostor na koj taa drzava postoi.

NA TVOJOT KOMENTAR SAMO BI DODAL AKO SE SOGLASUVAS: DOKOLKU SE PRAVI IZMENA NA ZAKONOT DA SE DODADE SLEDNOVO ZAKONSKO RESENIE: DOKOLKU NEKOJ VO KOMUNISTICKIOT REZIM BIL IZBRAN ILI POSTAVEN NA NEKOJA DRZAVNA ILI PARTISKA PLATENA FUNKCIJA KAKO: PRATENIK, ODBORNIK, MINISTER, SEKRETAR, NACALNIK(POLICIJA, VOJSAK, DRZAVNA UPRAVA), PRESEDATEL ILI FUNKCIONER NA SKM, SOCIJALISTICKIOT FRONT, MLADINATA I TN. DA NEMOZE DA IZVRSUVAAT NIKAKVA DRZAVNA FUNCIJA KAKO: PRATENICI, SOVETNICI, MINISTRI, SEKRETARI VO MINISTERSTVA, NACALNICI NA UPRAVI, VO VOJSKA I POLICIJA (ZNACI: IZBRANI, I DRZAVNI FUNKCII OD 1,2,3 ESALON). SO OVA KE SE RESI GOLEM DEL OD PROBLEMOT SO LUSTRACIJA, BIDEJKI PROBLEMOT SO KODOSITE NE E DA SE OBZNANAT NIVNITE IMINJA - KOJ GO BOLI ZA TOA, NEKA BRKAAT MUVI PO FORUMI NA INTERNET, TUKU TAKVITE LICNOSTI DA SE TRGNAT OD DRZAVNITE FUNKCII, BIDEJKI DRZAVATA MORA DA ODI NAPRED.
09-10-2010, 04:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: qqu5bb.jpg]

[Image: 3358w9z.jpg]

[Image: 2l8zrrl.jpg]

Quote:Досиејата на поранешните соработници на КОС и на УДБА кои се наоѓаат во Белград, директно влијаат врз процесот на лустрација во Македонија и ако не се дејствува институционално, најверојатно допрва ќе бидат елемент за улично и нарачано проветрување на македонското општество и на функционери. Додека пензионирани припадници на службата за безбедност самоиницијативно прават список на поранешни соработници, во медиумите се вадат документи за актуелни функционери кои пак веќе го поминале лустрацискиот филтер од Комисијата.

Според документите што ги презентираше неделникот „Фокус“, двајца блиски соработници на Али Ахмети, наводно, биле „дел од соработничката мрежа на военото разузнавање и државната безбедност уште од времето на одамна распаднатата СФРЈ. Едниот дејствувал под псевдонимот „Стрелец“, а другиот бил познат како „Мама“.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера на прес-конференција, коментирајќи го написот во „Фокус“, рече:

- За мене, иако имињата се избришани, јасно е кои се тие. Јасно му е и на господин Ахмети, јасно и' е и на целата јавност, бидејќи се работи за негови двајца блиски соработници. Едниот од нив е од Кичево и е министер. Од авион се гледа за кој од шестте министри-Албанци станува збор, зашто само еден е од Кичево. И вториот исто така од авион се гледа кој е, бидејќи пишува Дебар и територијална одбрана. На потег е Ахмети. Тој треба да и' разјасни на јавноста за тие документи и дека неговите најблиски соработници се поранешни и сегашни шпиони на српската служба. Комисијата за лустрација, исто така, треба да објасни дали ќе поведе постапка - рече Тачи.

Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, вчера ни потврди дека сите министри во Владата го минале лустрацискиот филтер и оти за нив веќе издале уверенија дека не биле соработници на тајните служби.

- Уверенијата ги имаме издадено врз основа на тоа што го имаме добиено како документ или сознание од четирите надлежни институции. Не знам за кој министер станува збор и дали за него имало или не документација. Но, повторно нагласувам дека, согласно Законот, секој што има какви било документи може да ги достави до Комисијата. Не знам неделникот какви документи објавил и дали се веродостојни или не. Што се однесува до досиејата во Белград, Комисијата нема надлежност да ги бара. Тоа треба да го сторат надлежните државни институции - вели тој.

Во ДУИ вчера одговорија дека не сакаат да ги коментираат „неаргументираните“ тврдења на Тачи дека во нивните редови има кодоши.

Очигледно досиејата во Белград ни случајно не треба да се пренебрегнат, зашто ако се покажат веродостојни документите што ги објавува неделникот, тогаш оправдано може да се постави прашањето дали и за колку веќе лустрирани функционери постојат документи и досиеја во српската метропола. Односно, дали и колку е веродостоен досегашниот процес на лустрација.

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов неодамна потврди дека во Белград се однесени досиејата на соработниците на КОС и на УДБА во Македонија. Тука сега има информации кои биле тие, имињата им се познати на пензионираните припадници на СДБ, но малку фајде од тоа ако не бидат потврдени со досиејата и со друга документација. Списокот, што наводно се подготвува, содржи над стотина лица, меѓу кои има и поранешни и актуелни функционери, новинари, судии, културни и општествени работници....

Мариела Трајковска
Предраг Димитровски
09-10-2010, 01:33 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(09-10-2010, 01:33 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:- За мене, иако имињата се избришани, јасно е кои се тие. Јасно му е и на господин Ахмети, јасно и' е и на целата јавност, бидејќи се работи за негови двајца блиски соработници. Едниот од нив е од Кичево и е министер. Од авион се гледа за кој од шестте министри-Албанци станува збор, зашто само еден е од Кичево. И вториот исто така од авион се гледа кој е, бидејќи пишува Дебар и територијална одбрана. На потег е Ахмети. Тој треба да и' разјасни на јавноста за тие документи и дека неговите најблиски соработници се поранешни и сегашни шпиони на српската служба. Комисијата за лустрација, исто така, треба да објасни дали ќе поведе постапка - рече Тачи.

Мариела Трајковска
Предраг Димитровски

Конечно, ситните дневно политички препирања на власта (тука ги вкучувам и ДПМНЕ и СДСМ и нивните сателити) даваат некаков позитивнен резултат со тоа што во нивните очаи почнуваат да се издаваат се' повеќе и повеќе. На потег е народот.
09-10-2010, 03:05 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(09-10-2010, 04:56 AM)Misla Wrote:
(07-10-2010, 07:19 PM)montehristo Wrote: Dopuna mala i ispravka:
Quote:So ovoj primer Samata drzava bi dala do znaenje deka vo idnina koj i da kodosi lazno drzavata i organite nema da zastanat pozadi kodosot pa i do nejzinite sluzbanici.
Ova vo formulacija da vleze kako zakon deka:
Bez razlika na bilo koe idno ureduvanje drzavata kako organ na nazvisoko organiziranje na narodot nema pravo da koristi vakvi metodi, deka dokolku doznae vo idnina ili doznae deka nekoj vo minatoto koristel vakvi metodi kje go goni licata vkluceni vo vakvi akto po sluzbena dolznost
Quote:So toa sto bi zavzela delumno neutralen stav prvo bi se resila od trosenje na resursi i vreme bez potreba
Dokolku kodosot ne go vrsel deloto od materijalna korist, da se liceto obznani vo knigata na kodosi, so toa sto bi mu ostavila drzavata na kodoseniot da odluci,ili na negovoto semejstvo, dali da tuzi ili ne, vo koj slucaj drzavata bi zastanala zad kodoseniot so pravna pomos.( Sekako rabotata e na sudijata da odluci kolkava steta mu ima naneseno progonot na kodoseniot)
Vo odnos na zabrana na vrsenje javna dolznost, dali e toa samo vrsenje drzavna sluzba ili i sekakvo prisastvo vo javnosta so sto bi mozel da vrsi vlijanie vrz samata javnost.
Jas bi se odlucil za vtoroto: da se zabrani bilo kakvo prisastvo vo javnosta, izolacija, a posebna komisija da prati na odredeno vreme da kazeme od 5,10,15 godini, dali nivnoto povedenie im dava za pravo da im se vratat polnopravni gradjanski prava koj sekoj gi uziva.
Da se razbereme, bilo koja drzava treba da ovozmozi ramnopravnost i vistinoljubivost i sloboda na onoj prostor na koj taa drzava postoi.

NA TVOJOT KOMENTAR SAMO BI DODAL AKO SE SOGLASUVAS: DOKOLKU SE PRAVI IZMENA NA ZAKONOT DA SE DODADE SLEDNOVO ZAKONSKO RESENIE: DOKOLKU NEKOJ VO KOMUNISTICKIOT REZIM BIL IZBRAN ILI POSTAVEN NA NEKOJA DRZAVNA ILI PARTISKA PLATENA FUNKCIJA KAKO: PRATENIK, ODBORNIK, MINISTER, SEKRETAR, NACALNIK(POLICIJA, VOJSAK, DRZAVNA UPRAVA), PRESEDATEL ILI FUNKCIONER NA SKM, SOCIJALISTICKIOT FRONT, MLADINATA I TN. DA NEMOZE DA IZVRSUVAAT NIKAKVA DRZAVNA FUNCIJA KAKO: PRATENICI, SOVETNICI, MINISTRI, SEKRETARI VO MINISTERSTVA, NACALNICI NA UPRAVI, VO VOJSKA I POLICIJA (ZNACI: IZBRANI, I DRZAVNI FUNKCII OD 1,2,3 ESALON). SO OVA KE SE RESI GOLEM DEL OD PROBLEMOT SO LUSTRACIJA, BIDEJKI PROBLEMOT SO KODOSITE NE E DA SE OBZNANAT NIVNITE IMINJA - KOJ GO BOLI ZA TOA, NEKA BRKAAT MUVI PO FORUMI NA INTERNET, TUKU TAKVITE LICNOSTI DA SE TRGNAT OD DRZAVNITE FUNKCII, BIDEJKI DRZAVATA MORA DA ODI NAPRED.
Delumno si vo pravo,
Moram da pojasnam, eve da pocnam so Katolicizmot i Komunistite vo Makedonija.
Za da opstane Katolicizmot moral da se modificira, da se izmeni, taka da koga bi otisol vo Afrika katolicizmot ima sosema razlicna forma odkolku vo Juzna Amerika kaj indiosite, pandan na niv vo sovremeno ziveenje na Makedonija se Komunistite, tie moraa da
napravat kripto-promena, navodna promena, so toa sto si go promenija imeto tie opstanaa, ne zatoa sto se sustinski tie izmenile.
Vo posledno vreme sum vo dvoumenje dali tie licno imale trunka vrednost kako ideologija , ili nivnata edinstvena ideologija bil Belgrad, navodna Jugoslavija, vsusnost nekoj drug da razmisluva od nekoj dalecen centar a tie da se tuka vo Makedonija bog i batina.
Tie tuka voopsto ne se krivi, tie go rabotele i rabotat edinsttvenoto nesto koe go znaele, da ne rabotat kako bavca, sto "sas milu sto sas silu", tie bile i ostanale bezumni siledzii.
Problemot e vo nas, vo Adam i Eva, koga tie odlucile da probaat od drvoto na znaenjeto tie samite sebe se prkolnale da ja znaat vistinata i lagata. No, bidejki tie e prethodno ziveele vo potpolnost vo vistinata i so vistinata, nemale nikakvo znaenje i umeenje za toa kako da izlezat na kraj so lagata. Problemot so nas e deka ovie bogovi i batini dobro rakuvaat so sivata i crnata magija. Toa sto nie ne sme vesti vo prepoznavanje na lagata voopsto ne ni e opravduvanje i ne ne osloboduva od ogovornost.
Ajde da pretpostavime deka site onie cii mozoci se zamateni so necisti idei ( jas bi rekol deka se zarazeni so lagite), deka se bolni
( pogotovo onie koi vrsele dela voi ime na tie lagi, nim bi im bilo najtesko da se vratat na patot na vistinata, bidejki bi morale da projdat niz bolno procistuvanje( zamisli samo kakvo ponizuvanje bilo za Gane Todorovski i kakvo e toa sega za negovata familija sekoj na ulica niv da gi kvalifikuva za kodosi poradi negovite gnasni dela)).
Sto sakam da kazam i sto mi e poenta.
Jas sakam, vo mojata Makedonija, mladite ludje koga kje ja zavrsat srednata skola, da znat da prepoznaat koga nekoj gi laze i manipulira, koi bi znaele deka nesto
e premnogu dobro da bi bilo vistinito (Tupurkovski i negovite tajvanski milioni) i koja e cenata koja Makedonija ja plati za negovite gambiti.
Da bidat slobodoumni ludje koi razmisluvaat so svoja glava, koi bi mozele sistemot da go potresat i da go potkopaat (sekako onoj sistem koj ne e postaven na zdravi osnovi).
Seto toa moze da se nauci, prouci dokolku nekoi knigi se vovedat vo sredno obrazovanie, kako sto e "No Logo"od Naomi Klein; "Influence" od Robert Cialdini, i drugi .
Dokolku Logika se uci cetiri godini, cela edna godin se posveti na lagata, ozboruvanjeto, logickite pogreski, bi im se dal na mladite ludje nekoi mislecki alatki so koi vo idnina narodot ne bi bil lesno manipuliran od koj bilo, a pogotovo ne od Djilasovata "Novata Klasa"(nasite bivsi komunjari-kriptodemokrati).
Da ti dadam eden primer: Han van Meegeren, bil smetan za eden od najdobrite i najgenijalnite krivotvoriteli na umetnicki dela.
Negovite kopii na Vermeer se karakterizirani so dolgo i detalno studiranje na slikite i delata na avtorot.
Negovite kopii bile tolku dobri sto go prelazale i Nacistickiot lider Herman Gering.
Kogas mu kazale na Hermana deka delata na Vermeer se vsusnost kopii, "Gering izgledal kako za prvpat da otkril deka postoi zlo na ovoj svet".
Da se razbereme, vo Komunisticka Makedonija tajnite sluzbi postoele poradi slobodoumni ludje koi razmisluvale i razmisluvaat so svoja glava, ludje koi ne sakale i ne sakaat da ziveat lazen zivot, koi ne se "spolja glavac, a vnatre jadac".
Kodosite vo sistemot na taa tajna policija imale samo eden pravec na dejstvuvanje, da odat samo napred, da bidat sto podobri kodosi, bidejki imaat samo eden izlaz od kandzite na tajnite sluzbi, so nozete napred, kako mrtoveci.
Za novinarstvoto vo denesna Makedonija, povekjeto stari v'lci novinari, koga kje im vidis vo nivnoto rezime, mozes od ogromna dalecina da vidis koj bil kodos a koj ne.
Tajnite sluzbi vo toa vreme, se sluzat so Novinite da te nakodosat, da ti nakalemat nesto a podocna mnogu lesno moze so tebe da se izleze na kraj koga cesta ti e rasklimana, semejstvoto rastureno..., da, mora i tie da se lustriraat, i uste mnmogu drugi koi ne bile del od Drzavniot aparat, koi sega se del od vo Banki, vo Trgovski drustva, Umetnici, spisokot e dolg.
Komu mu e bitna vistinata? Na site onie komu im e bitna pravdinata.
Da te potsetam na zborovite na Martin Luter King Pomladiot od negovoto pismo od zatvorot vo Birmingem:
"Nepravda bilo kade e zakana za pravdata nasekade."
Bidi blagosloven
(This post was last modified: 11-10-2010, 02:44 PM by montehristo.)
11-10-2010, 02:39 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(09-10-2010, 01:33 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: [Image: qqu5bb.jpg]

[Image: 3358w9z.jpg]

[Image: 2l8zrrl.jpg]

Quote:Досиејата на поранешните соработници на КОС и на УДБА кои се наоѓаат во Белград, директно влијаат врз процесот на лустрација во Македонија и ако не се дејствува институционално, најверојатно допрва ќе бидат елемент за улично и нарачано проветрување на македонското општество и на функционери. Додека пензионирани припадници на службата за безбедност самоиницијативно прават список на поранешни соработници, во медиумите се вадат документи за актуелни функционери кои пак веќе го поминале лустрацискиот филтер од Комисијата.

Според документите што ги презентираше неделникот „Фокус“, двајца блиски соработници на Али Ахмети, наводно, биле „дел од соработничката мрежа на военото разузнавање и државната безбедност уште од времето на одамна распаднатата СФРЈ. Едниот дејствувал под псевдонимот „Стрелец“, а другиот бил познат како „Мама“.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, вчера на прес-конференција, коментирајќи го написот во „Фокус“, рече:

- За мене, иако имињата се избришани, јасно е кои се тие. Јасно му е и на господин Ахмети, јасно и' е и на целата јавност, бидејќи се работи за негови двајца блиски соработници. Едниот од нив е од Кичево и е министер. Од авион се гледа за кој од шестте министри-Албанци станува збор, зашто само еден е од Кичево. И вториот исто така од авион се гледа кој е, бидејќи пишува Дебар и територијална одбрана. На потег е Ахмети. Тој треба да и' разјасни на јавноста за тие документи и дека неговите најблиски соработници се поранешни и сегашни шпиони на српската служба. Комисијата за лустрација, исто така, треба да објасни дали ќе поведе постапка - рече Тачи.

Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, вчера ни потврди дека сите министри во Владата го минале лустрацискиот филтер и оти за нив веќе издале уверенија дека не биле соработници на тајните служби.

- Уверенијата ги имаме издадено врз основа на тоа што го имаме добиено како документ или сознание од четирите надлежни институции. Не знам за кој министер станува збор и дали за него имало или не документација. Но, повторно нагласувам дека, согласно Законот, секој што има какви било документи може да ги достави до Комисијата. Не знам неделникот какви документи објавил и дали се веродостојни или не. Што се однесува до досиејата во Белград, Комисијата нема надлежност да ги бара. Тоа треба да го сторат надлежните државни институции - вели тој.

Во ДУИ вчера одговорија дека не сакаат да ги коментираат „неаргументираните“ тврдења на Тачи дека во нивните редови има кодоши.

Очигледно досиејата во Белград ни случајно не треба да се пренебрегнат, зашто ако се покажат веродостојни документите што ги објавува неделникот, тогаш оправдано може да се постави прашањето дали и за колку веќе лустрирани функционери постојат документи и досиеја во српската метропола. Односно, дали и колку е веродостоен досегашниот процес на лустрација.

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Павле Трајанов неодамна потврди дека во Белград се однесени досиејата на соработниците на КОС и на УДБА во Македонија. Тука сега има информации кои биле тие, имињата им се познати на пензионираните припадници на СДБ, но малку фајде од тоа ако не бидат потврдени со досиејата и со друга документација. Списокот, што наводно се подготвува, содржи над стотина лица, меѓу кои има и поранешни и актуелни функционери, новинари, судии, културни и општествени работници....

Мариела Трајковска
Предраг Димитровски

Posle se, mora da se vidi i koja e celta na onoj koj gi dostavuva ovie "dokazi", so ova ne velam avtomatski deka dokazite ne se vistiniti, "NO",zosto porano ne se upotrebeni ovie dokumenti, neli porano ahmeti bese vo koalicija so branko, pa togas nikomu nisto ne mu falese.
Samo toa sakav da napomenam.
11-10-2010, 02:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Судот е борбен орган на комунистите

Тешко на она поколение, чиишто судии заслужуваат да им се суди“ - (Арапска поговорка)

[Image: popeski%5B17%5D.jpg]

Во пресудата У-И-247/96 од 22.10.1998 година, Уставниот суд на Република Словенија тврди дека судот е борбен орган на комунистите:

„22. Историчарот Микола Микола, во уводот кон своето истражување за судските процеси на цељското подрачје во годините 1944-1951 утврдува: Доколку се изразам со зборовите кои во 1948 година ги запиша тогашниот претседател на цељскиот окружен суд, судот во тоа време претставувал ‘борбен орган, кој што морал да се бори против класниот непријател‘. Таквата улога на судовите дојде до израз, пред сé, во спроведувањето политички и изрежирани судски процеси, кои во Словенија ги имаше во огромен број од 1948 до 1951 година, што никако не беше случајно...“

Стручното и политичко влијание врз судскиот кадар била една од основните задачи на Министерството за правосудство, при што акцентот бил на политичкото, односно идеолошкото влијание. Според цитираната одлука на Уставниот суд на Словенија:

„Записникот од конференцијата на Министерството за правосудство со претседателите на Окружните судови од 10. декември 1947, на страница 3 го наведува воведниот збор на помошникот министер д-р Хелија Модица: Судот мора да стане борбен орган на народната власт“.

Дел од аргументите на Уставниот суд на Словенија се и ставовите на проф. д-р Бавцон, еден од најголемите авторитети во СФРЈ за казнено право. Тој во „Комунист“, 1990, страница 133-134 тврди дека судот не е ништо друго, туку идеолошка и политичка репресија. За таа цел (според него) на тајната комунистичка полиција и се доделува улога на ударен и водечки центар. Така судот добива значење на церемонијален инструмент и станува непогрешливо оружје за истребување на класните и други непријатели.

На индустријалците, трговците, занаетчиите, земјоделците, свештените лица, па дури и на работниците, „борбениот орган“ и за најмали казниви дејства им изрекува најстроги казни од неколку години затвор, одземање на имотот, па дури и смртни казни, а на припадниците на владејачката структура за најтешки казниви дејства им изрекува најблаги казни. Еден пратеник и директор на текстилна фабрика, за убиство го осудува само на една година затвор. Имало случаи кога убијците воопшто не дошле на суд, иако во истражна постапка го признале делото („Комунист“, Љубљана, страница 68 и 87).

Во Македонија, ништо не е изменето во овој поглед.

„Меѓутоа, не е доволно само да се каже вистината, туку треба да се образложи причината за лагата. Имено, тоа придонесува за поголема убедливост: доколку ни стане јасно зошто ни се чини вистинито, нешто што не е вистинито, тогаш полесно и веруваме на вистината (Аристотел, „Никомахова етика“)“.

Словенија уште во 1994 година внесе лустрациска одредба во законот за судови и сите судии што можеа да бидат лустрирани, си дадоа отказ. Во Македонија тоа не се случи до денес.

Со одлука У-И-83/94 од 15.07.1994 година, Уставниот суд на Република Словенија потврди дека лустрацијата е уставна. Уставниот суд на Република Македонија укина суштински одредби од лустрацијата.

Врховниот суд на Република Словенија со пресуда од 23.5.2002 година ја прогласи УДБА за злосторничка организација. Врховниот суд на Република Македонија до денес не го има направено тоа.

Во Словенија, господинот Душан Лајовиц, почесен конзул на Словенија за Нов Зеланд, во книга објави имиња на 14.000 кодоши. До денес никој не го има тужено. Македонија не ги знае кодошите. Десната влада дури се закани со закон дека ќе оди во затвор тој што ќе објави податоци за кодошите.

Во Словенија, д-р Јоже Пучник во 1996 година, во книгата „Од архивите на словенечката политичка полиција“ ги објави имињата на сите припадници на тајната политичка полиција до 1948 година, од кои е сплетена удбашката мрежа, така што многу лесно можат да се поврзат подоцнежните имиња и настани. Ова беше најтежок удар за УДБА што една нејзина жртва и го нанесе. Од оваа книга беше изненаден и вториот човек на УДБА по војната во Словенија, Алберт Светина, иако подоцна и самиот е жртва на УДБА. Сметаше дека силно се загрозени безбедносните структури.

Македонија не ги знае удбашите до 1948 година, од кои е сплетена подоцнежната удбашка мрежа, па и денешната.

Во Словенија во 2001 година, д-р Иван Беле се кандидира за судија на Врховен суд. Беше лустриран. Словенечкиот закон е многу построг од нашиот. За Словенците е доволно тоа што д-р Беле учествувал во судска постапка, во која биле прекршени човековите права. Тој ги искористи сите правни средства и во сите постапки загуби. Во 2008 година, загуби и во постапката пред Уставниот суд на Република Словенија. Изјави дека нема да се жали пред Европскиот суд за човекови права.

Во Македонија имаме верификувани факти дека претседателот на Уставниот суд на Република Македонија 20 години непрекинато бил соработник на тајните служби и човекот уште раководи со Уставниот суд на Република Македонија.

Дали еден комунистички министер за правда може „борбениот орган“ да го претвори во суд?

Авторот е адвокат и судски преведувач

Автор: Марјан Попески

Se_klanjamSe_klanjamSe_klanjamSe_klanjam
12-10-2010, 12:32 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,425
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(12-10-2010, 12:32 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:

Posle ova samo edna recenica od Njegos mi padja na pamet:
"Zlo ciniti , dok od zla braneci se, nikakvo zlo nije"
12-10-2010, 05:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Тројца кодоши во највисоките структури на ДУИ

14.10.2010 - 14:15 | Македонија

Актуелен министер од редовите на ДУИ познат под псевдонимот МАМА, актуелен пратеник на ДУИ под псевдонимите ВУЈКО и ДРИМ и поранешен пратеник од ДУИ и командант на ОНА регистриран како СТРЕЛЕЦ.

Ова се трите досиеа на КОС кои денеска професор од Тетовскиот Универзитет ги достави до Комисијата за лустрација.

- Ми беа фрлени во двор, јас само ја исполнувам мојата граѓанска должност и и ги доставувам на Комисијата - изјави Шпенд Љуши, професор на тетовски универзитет.

Актуелниот министер познат како МАМА според податоците во неговото досие со своја согласност бил регистриран како соработник на КОС во 1984та.

За информациите кои им ги давал на службите примал и пари - во досието се наоѓа потврда за примени 40.000 австриски шилинзи.

Поранешниот пратеник бил регистриран како соработник СТРЕЛЕЦ во 1979та година. Како штабен офицер на ЈНА давал информации за формирањето на илегални албански одреди, за наоружувањето и активностите за создавање Голема Албанија.

Во еден дел од неговото досие се наведува дека добивал закани од соработникот со псевдоним МАМА како и од семејството Харадинај.

Актуелниот пратеник од селото на Ахмети Зајас е познат под псевдонимот ВУЈКО и е регистриран како соработник во 1977. Тој има најдебело досие. Соработувал заедно со својот внук, синот на неговата сестра и заеднички на Југословенските служби им доставиле вкупно 580 значајни информации , документи и форографии.

Во неговото досие пишува дека дал особен придонес во пресекувањето на непријателското делување на браќата Јусуф и Бардош Гарвала и Кадри Зека кои беа убиени во атентат во 1982-ра.

Наведени се имињата на речиси сите повидни функционери на ДУИ меѓу кои и поранмешни министри и пратеници кои ВУЈКО и извесен ИБАР ги кодошеле пред тајните служби. Постојат десетици потврди за примени пари како надомест за добиените информации.

Досиеата потекнуваат од Сојузниот секретаријат за внатрешни работи во Белград. Српските архиви досега не беа разгледувани во Комисијата за верификација на фактите.

Аџиев вели дека ќе ги разгледаат документите кои ги добија утрово, но дека не се надлежни сами да бараат од Белград да ги достави досиеата за македонските соработници.

- Не знам што има во досиета, ќе ги разгледаме и ќе утврдиме дали постои основа за постапување. НХие не можеме да бараме од Белград, можат другите надлежни институции на кои ние не сме им надредени - изјави Томе Аџиев, претседател на Комисија за верификација на факите.

За функционерите на ДУИ до сега само се шпекулираше. Од денеска нивните досиеа се во Комисија и там,у ќе се утврдува дали и колку се веродостојни.

До сега само 1 функционер доби потврда дека соработувал со тајните служби. Предметот на уставниот судија Ивановски е пред Управниот суд.

Славица Арсова

Нешто се тркала зад ридот. Соработници на КОС главни "востаници" и борци за Албанската кауза во Македонија.!!!??????
(This post was last modified: 14-10-2010, 02:14 PM by ЈорданПетровски.)
14-10-2010, 02:12 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Полека вистината за "Голема Албанија" излегува на виделина. Бачев и Костовски на КОТЛЕ колку пати веќе досега напишаа дека "Татковинската војна" од 2001 беше за српските интереси!?
14-10-2010, 03:34 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

(14-10-2010, 02:12 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Тројца кодоши во највисоките структури на ДУИ

14.10.2010 - 14:15 | Македонија

Актуелен министер од редовите на ДУИ познат под псевдонимот МАМА, актуелен пратеник на ДУИ под псевдонимите ВУЈКО и ДРИМ и поранешен пратеник од ДУИ и командант на ОНА регистриран како СТРЕЛЕЦ.

Ова се трите досиеа на КОС кои денеска професор од Тетовскиот Универзитет ги достави до Комисијата за лустрација.

- Ми беа фрлени во двор, јас само ја исполнувам мојата граѓанска должност и и ги доставувам на Комисијата - изјави Шпенд Љуши, професор на тетовски универзитет.

Актуелниот министер познат како МАМА според податоците во неговото досие со своја согласност бил регистриран како соработник на КОС во 1984та.

За информациите кои им ги давал на службите примал и пари - во досието се наоѓа потврда за примени 40.000 австриски шилинзи.

Поранешниот пратеник бил регистриран како соработник СТРЕЛЕЦ во 1979та година. Како штабен офицер на ЈНА давал информации за формирањето на илегални албански одреди, за наоружувањето и активностите за создавање Голема Албанија.

Во еден дел од неговото досие се наведува дека добивал закани од соработникот со псевдоним МАМА како и од семејството Харадинај.

Актуелниот пратеник од селото на Ахмети Зајас е познат под псевдонимот ВУЈКО и е регистриран како соработник во 1977. Тој има најдебело досие. Соработувал заедно со својот внук, синот на неговата сестра и заеднички на Југословенските служби им доставиле вкупно 580 значајни информации , документи и форографии.

Во неговото досие пишува дека дал особен придонес во пресекувањето на непријателското делување на браќата Јусуф и Бардош Гарвала и Кадри Зека кои беа убиени во атентат во 1982-ра.

Наведени се имињата на речиси сите повидни функционери на ДУИ меѓу кои и поранмешни министри и пратеници кои ВУЈКО и извесен ИБАР ги кодошеле пред тајните служби. Постојат десетици потврди за примени пари како надомест за добиените информации.

Досиеата потекнуваат од Сојузниот секретаријат за внатрешни работи во Белград. Српските архиви досега не беа разгледувани во Комисијата за верификација на фактите.

Аџиев вели дека ќе ги разгледаат документите кои ги добија утрово, но дека не се надлежни сами да бараат од Белград да ги достави досиеата за македонските соработници.

- Не знам што има во досиета, ќе ги разгледаме и ќе утврдиме дали постои основа за постапување. НХие не можеме да бараме од Белград, можат другите надлежни институции на кои ние не сме им надредени - изјави Томе Аџиев, претседател на Комисија за верификација на факите.

За функционерите на ДУИ до сега само се шпекулираше. Од денеска нивните досиеа се во Комисија и там,у ќе се утврдува дали и колку се веродостојни.

До сега само 1 функционер доби потврда дека соработувал со тајните служби. Предметот на уставниот судија Ивановски е пред Управниот суд.

Славица Арсова

Нешто се тркала зад ридот. Соработници на КОС главни "востаници" и борци за Албанската кауза во Македонија.!!!??????

А1 Wrote:Како што ми беше кажано се работи за актуелен министер во владата и тоа од кичевскиот регион, потоа за пратеник исто од Кичево и за висок функционер на коалициски партер кој што е од Дебар.

Кога веќе кажаа толку податоци на нас ни останува само да отидеме на сајтовите на споменатите институции и да провериме за кого се работи...

1. На сајтот на Владата на РМ најдов само еден Албанец кој што е од ’кичевскиот регион’.

[Image: musaxhaferri.jpg]

Муса Џафери
Муса Џафери е роден на 7.07.1959 година во селото Зајас, Кичево

2. Има два актуелни пратеника од кичевско. Во првиот текст пишува дека е од родното село на Ахмети, но од тоа село јас друг пратеник не видов, па најверојатно се работи за Велиу, а можеби дури и за самиот Ахмети...

[Image: 57AE46F24DA8074EAFF20D7F7051C767.jpg]

ФАЗЛИ ВЕЛИУ
Член на ДУИ. Роден на 4 јануари 1945 година во с. Колари, Кичево. Албанец.

[Image: 407648C008B9F343A68F67EBCF1DEE6B.jpg]

Али Ахмети
Роден на 4 јануари 1959 година во с. Зајаз, Кичево. Албанец.

14-10-2010, 03:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,005
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(14-10-2010, 03:38 PM)acko Wrote:
(14-10-2010, 02:12 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote: Нешто се тркала зад ридот. Соработници на КОС главни "востаници" и борци за Албанската кауза во Македонија.!!!??????

А1 Wrote:Како што ми беше кажано се работи за актуелен министер во владата и тоа од кичевскиот регион, потоа за пратеник исто од Кичево и за висок функционер на коалициски партер кој што е од Дебар.

Кога веќе кажаа толку податоци на нас ни останува само да отидеме на сајтовите на споменатите институции и да провериме за кого се работи...

1. На сајтот на Владата на РМ најдов само еден Албанец кој што е од ’кичевскиот регион’.

[Image: musaxhaferri.jpg]

Муса Џафери
Муса Џафери е роден на 7.07.1959 година во селото Зајас, Кичево

2. Има два актуелни пратеника од кичевско. Во првиот текст пишува дека е од родното село на Ахмети, но од тоа село јас друг пратеник не видов, па најверојатно се работи за Велиу, а можеби дури и за самиот Ахмети...

[Image: 57AE46F24DA8074EAFF20D7F7051C767.jpg]

ФАЗЛИ ВЕЛИУ
Член на ДУИ. Роден на 4 јануари 1945 година во с. Колари, Кичево. Албанец.

[Image: 407648C008B9F343A68F67EBCF1DEE6B.jpg]

Али Ахмети
Роден на 4 јануари 1959 година во с. Зајаз, Кичево. Албанец.

Нема други Ацко. Нова Македонија во мај 2008 година, го објави ова:

Quote:Така, пред изборите, Фазли Велиу, вујкото на Али Ахмети и еден од основачите на Демократската унија за интеграција, беше отворено обвинет од албанскиот весник „Шќип“ дека соработувал со воената разузни тоа по распадот на СФРЈ. „Нова Македонија“ ги објавува документите што го посочуваат авачка служба на Војската на Југославија, Фазли Велиу, кој е носител на листата на ДУИ во петтата изборна единица, како соработник на ВЈ. Се работи за два документа од декември 1996 година. Првиот, означен како „примопредавање на оперативната позиција“, е испратен од капетанот Радован Бокун и во него се вели: „Врз основа на наредбата на Втората управа на Генералштабот на Војската на Југославија строгодоверливо 9-371 од 2 октомври 1996 година ви го предаваме на врска оперативната позиција ‘Инструктор‘. Оперативната позиција досега беше ангажирана на согледувањето на албанските сепаратисти на Косово и Метохија во операцијата Продор два. Досегашните сознанија што ни ги отстапи оваа оперативна позиција беа точни и благовремени. Со оперативната позиција да се стапи во контакт, како што ви достави Втората управа“. Под овој текст е означено дека „Инструктор“ е Фазли Велиу, село Зајац (Зајас), Кичево, Република Македонија, по националност Албанец, државјанин на Р. Македонија“. Вториот документ, исто така потпишан од капетанот Бокун, се однесува на исплаќање пари на „Инструктор“. Според овој документ, Велиу во декември 1996 година од Војската на Југославија добил 2.350 германски марки на име трошоци, 5.000 германски марки како награда за извршените задачи од полето на работата на разузнавачките органи и 1.271 германска марка за патни трошоци.
- Тоа што беше објавено во весникот „Шќип“ од Тирана е некаков фалсификат за кој се гледа дека е тенденциозен и направен за некои политички цели - изјави Велиу. Тој кажа дека го тужел албанскиот весник за клевета и додаде дека во документите било погрешено неговото родно село, па така, наместо Колари, е ставен соседниот Зајас.
- Во тоа време јас сум бил во егзил во Швајцарија и немав можност да бидам во контакт со другите од Движењето на Косово. Не знам кој е тој човек што ги зел парите - изјави Велиу.
Иако повеќето од кандидатите за пратеници не потпишаа вакви изјави, дознаваме дека сите тие ќе подлежат на проверка, со која ќе се елиминира можноста од злоупотреба на тајните досиеја или подметнување фалсификувани документи.

Од серијалот на Јанко Бачев објавен пред изборите 2006 година.

Quote:Според Бачев неколку податоци одат во прилог на тезата дека војната е конструирана. Имено, со почнувањето на војната, тајниот центар на СДСМ во СДБ ќе обезбеди преку неговите раководни инсталации во тајната полиција да се бришат одредени безбедносно-интересни лица од евиденциите на СДБ. Ова особено ќе биде зачестена појава на неколку месеци пред војната, кога речиси секојдневно се доставуваат телеграми за информирање до агентурата во СДБ, дека спомнатите лица се бришат од евиденциите на СДБ. Што значи дека т.н.бришани лица повеќе не се интересни за службата и агентите на тајната полиција во иднина не треба да преземаат какви било оперативни активности спрема нив.
Колку ова било длабоко смислен и оправдан план во тоа време, може да се види од увидот во овие списоци за бришење од евиденциите на СДБ, каде се доаѓа до фрапирачко сознание според кое т.н. Бришани лица како неинтересни за агентите за СДБ, всушност биле најекспонираните команданти на ОНА за време на војната како Фазли Велиу, Џеват Адеми и Муса Џафери.
14-10-2010, 04:23 PM
Reply