Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 20 Vote(s) - 3.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Л У С Т Р А Ц И Ј А ! ! !
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Чисти се досиејата на функционерите

Од шеесетина проверени изјави за самолустрација на високите функционери во државата, сите се чисти, тврди Комисијата за верификација на факти

Досиејата на претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, министерот за правда Михајло Маневски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, за одбрана - Зоран Коњановски, потпретседателите на Владата Васко Наумовски, Зоран Ставрески, пратениците во Собранието и функционери во министерствата се чисти според Законот за лустрација.

„Досега, покрај членовите на Комисијата, постапката е завршена и за над 60 предмети. По извршената проверка, по основ на член 2 и 3 од Законот, сите досега завршени предмети за лица носители на јавни функции го исполнуваат дополнителниот услов за вршење јавна функција“, рече денеска на прес-конференција, претседателот на комисијата за верификација на факти, Шпенд Винца.

По доставувањето на изјавите од вршителите на јавна дејност Комисијата ги проверила податоците за сите нив во Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенцијата за разузнавање, Службата за безбедност и разузнавање и Државниот архив и утврдила дека за никој од нив не постои доказ дека соработувал со службите.

Од Комисијата повикаа до сите граѓани на Македонија, доколку имаат некои сознанија за некој вршител на јавна функција дека не ги исполнува условите за тоа според Законот за лустрација, да ги достават информациите до нив. Можеби граѓаните ќе се соочат со проблем околу тоа, затоа што Комисијата доби нови простории во зградата на МРТВ, една година по формирањето, но се уште немаат фиксни телефони, компјутери и програми. Сепак, се надеваат дека за неколку дена то ќе биде обезбедено, затоа што Владата е законски обврзана да им обезбеди материјално-технички и просторни услови за работа. Од Комисијата тврдат дкеа немале никакви политички притисоци додека ја извршувале својата работа, а функционирањето до сега во 15 метри квадратни во зградата на Дом на АРМ не го сметаат за притисок.

Во следниот период, односно од 25-ти јануари до 25-ти февруари, Комисијата очекува да бидат доставени изјави од судската власт, судиите во Врховниот суд, апелационите, основните и Управниот суд, јавните обвинители и членовите на советот, народниот и јавниот правобранител, замениците и други раководни државни службеници.
15-01-2010, 08:58 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#2

Ахмети и Црвенковски допрва на проверка

На листата со имиња за кои комисијата утврдила дека не се кодоши ги нема имињата на лидерите на ДУИ и на СДСМ, Али Ахмети и Бранко Црвенковски. Нивните изјави допрва ќе се проверуваат.

Од повозрасните политичари, лустрацијата ја поминаа министерот за правда Михајло Маневски и лидерот на НСДП, Тито Петковски. Меѓу тие за кои комисијата потврди дека не соработувале со службите се министрите Зоран Коњановски, Антонио Милошоски, Зоран Ставрески, Фатмир Бесими, Абдилаќим Адеми и уште неколку заменик-министри.

На списокот се пратениците Јани Макрадули, Владо Бучковски, Тахир Хани, Имер Селмани, Силвана Бонева, Анета Стефановска, Рафис Алити и уште дваесетмина од сите парламентарни партии.

Најдебелото досие што комисијата го проверила имало околу 600 страници. Лустраторите одбија да кажат чие е досието.
izvor
16-01-2010, 03:28 PM
Reply
exlexmk
Unregistered

 
#3

не верувам во лустрацијава ... посебно за Тито, Маневски и Милошоски :тое:
16-01-2010, 03:32 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#4

Власта и опозицијата ја опструираат лустрацијата


13.01.2010 16:20



Власта и опозицијата немаат капацитет и желба за квалитетно спроведување на лустрацијата, обвини денеска партијата на Љубе Бошкоски.

Од обединети за македонија потсетија дека изминаа веќе две години од донесувањето на законот и една година од формирањето на комисијата за лустрација, но конкретни резултати нема.

„Обединети за Македонија и дава рок од 15 дена на Комисијата за лустрација, власта и парламентарната опозиција да излезе со квалитетни информации и извештај пред јавноста, во спротивно нашата партија до комисијата ќе достави список на лица за кои сметаме дека се опфатени со овој закон, а за тоа ќе ја информира јавноста“, изјави Златко Кецкоски, Обединети за Македонија.


Ovaa izjava na Keckovski dali znachi deka tie gi imaat i iminjata na kodoshite koi se naodjaat vo Arhivot vo Belgrad.??? Arhivot na Yugoslavija nesaka da gi dade dosieata, bidejki so toa ke si ja rasturi sopstvenata instalacija vo Makedonija.
Eve zosto go ova, Keckovski veli:


- Ќе побараме членовите на комисијата да се изјаснат дали цврсто стојат зад тврдењата дека тие 60 функционери што ги провериле имаат чисти досиеја. Проверките не се целосни бидејќи и архивата не е целосно во Македонија. Што ќе се случи ако утре Белград се одоброволи да ни даде некоја документација? Процесот пак ќе се повтори, па затоа не може да се тврди дека досега проверените функционери не биле кодоши - вели Златко Кесковски од „Обединети за Македонија“.

(16-01-2010, 03:32 PM)exlexmk Wrote: не верувам во лустрацијава ... посебно за Тито, Маневски и Милошоски :тое:

Mnogu dobro i tochno. Vo start komisijata se kompromitira i pokazuva deka od lustracijata ke nema nishto.
(This post was last modified: 16-01-2010, 03:53 PM by mara-popara.)
16-01-2010, 03:52 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#5

Site se cisti. Zatvoren slucaj. Nema potreba od lustracija.

Jas ne go stavam ovoj post. Forumov ne postoi. "DOVIDJENJA"!
16-01-2010, 03:58 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#6

Nisto cudno. Kaj nas zarem ne e za sekoja rabota taka. Samo se ostava na vreme..... da se podzaboravi...

A narodot dali veruva deka i sega se vo pravo ili ne ????????
18-01-2010, 12:03 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#7

Dali sluchuvanjata so objavuvanjata na navodnata sorabotnichka vrska na Latas so srpskite sluzbi e udar i obid za devalvavcija na procesot na Luistracija. Ushte eden argument koj ke mu pruzi na Ustavniot sud da go ponishti zakonot. Gerovski, koj e za ukinuvanje na zakonot za lustracija vo negoviot nedelnik "SEGA", "sluchajno" najavi vo minatiot broj deka ke ima lustracija po mediumi. So opravduvanje deka dosega se potfrlilo so lustracijata i deka "dobronamerni" mediumi mozebi ke zapochnat SAMI DA LUSTRIRAAT.




Quote: Улична лустрација

Политизацијата и злоупотребата на лустрацијата, излегувањето на овој процес од надлежностите на комисијата за лустрација, само ги потхранува оние што сé уште се многу гласни против какво било прочистување на македонското општество
[Image: damovski[20].jpg]
Пред неколку години еден уредник на полската телевизија се најде пред судот поради соработката со комунистичките тајни служби. Застапниците на тогашната владејачка десница побараа освен главните уредници и директорите на медиумите, со лустрацијата да бидат опфатени и нивните заменици и шефовите на комерцијалните медиуми. Во Полска лустрацијата беше спроведена врз основа на давани изјави за евентуалната соработка со тајните служби на комунистичките системи. Тие што не ја признаа вината, како што беше случајот со споменатиот уредник, правдата ја бараа пред суд и проаѓаа низ детален процес на лустрација.

Она од што се плашевме за можните девијации на македонската ептен задоцнета лустрација веќе почна да се случува. Насловната страница на „Време“ од претпоследниот број за тоа дека уредникот на ТВ „Сител“ и на весникот „Вечер“ Драган Павловиќ-Латас бил соработник на српските тајни служби е само почеток на она што нé очекува со многубројните девијантни варијации на овој неминовен процес. Политизацијата и злоупотребата на лустрацијата, излегувањето на овој процес од надлежностите на комисијата за лустрација, само ги потхранува оние што сé уште се многу гласни против какво било прочистување на македонското општество.Ваквите општествени прочистувања не се врзани само за комунизмот и само за земјите од Источна Европа. Тоа било неопходно и по Втората светска војна. На пример, во Франција тоа се викало чистење, во Германија денацификација, во Италија дефашизација... Се разбира дека секаде имало одреден степен политизација и манипулација на овој процес. Но ниту една од тие земји ни тогаш ни сега не се откажаа од лустрацијата и веќе одамна ја завршија. Политизација на овој процес, на пример, се случила и во Чешка и во Словачка. Тогаш, група студенти во Словачка дошле до некаков список на соработници на тајната комунистичка полиција на бившата Чехословачка и списокот го објавија во весникот „Руде право“. Списокот бил долг, но со многу грешки. На тој список се нашле дури и имињата на Вацлав Хавел и на Лех Валенса. За двајцата подоцна е потврдено дека се работи за намерно подметнување.

Можностите за такви намерни подметнувања и кај нас се исто така бескрајни. Особено ако се знае дека секој министер на полицијата имал можности за вадење на дел од досиејата, за додавање, за бришење, за осиромашување на државните архиви на сметка на приватните. И денес тие бивши или актуелни политичари во одреден момент, заради одредена политичка цел, лесно ги вадат документите и ги објавуваат.

Затоа по којзнае кој пат пишувам дека кај нас лустрацијата е задоцнета, но е неопходна и покрај ваквите можни искривувања на процесот. Затоа од првиот ден велам дека и новинарите и свештениците и академиците и професорите и судиите, се разбира, како и политичарите... сите носители на јавни функции треба да бидат предмет на овој процес. И тоа не треба да зависи од нечија политичка волја, туку треба да зависи само од обврската за спроведување на законската обврска. Како што не може собирањето на данокот да зависи од нечија политичка волја, така и спроведувањето на Законот за лустрација не може да зависи од волјата на која било политичка гарнитура. Особено не сега кога законот е веќе и донесен. И тоа пред две години. А ние две години тапкаме во место во однос на овој процес и веднаш на почетокот на конечното спроведување се пушта заканата од уличната лустрација, главниот аргумент на противниците на овој процес. Тука веќе не е битен Латас и неговото пусулче од МВР за тоа дека тој не бил соработник на српската служба. Тука е битна комисијата, која и овој случај треба детално да го испита и да излезе во јавноста со сите детали. Како и за сите други уредници, нивни помошници и заменици. И во јавните радиодифузни претпријатија, но и во сите други комерцијални медиуми. Реакцијата на основачите на тие јавни медиуми на секој извештај за тоа дека некој негов уредник бил соработник на тајните служби треба да биде само отстранување на уредникот од тоа работно место. А во приватните медиуми, тоа треба да биде оставено на процената на сопственикот на медиумот. Сите поинакви обиди за новинарско (и не само новинарско) прочистување, во кое треба да се вклучат и сите професионални здруженија, ќе се сведе само на дневно политички пресметки и замаглување на неопходноста и од ваквото кадровско освежување.

Автор: Александар Дамовски
(This post was last modified: 20-01-2010, 04:04 PM by mara-popara.)
20-01-2010, 04:03 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#8

Neshto interesno:

Quote:Nova Makedonija publishes documents about how former Interior Minister and latest SDSM presidential candidate Ljubomir Frckoski followed and bugged Canadian asylum seeker Jordan Petrovski for political incompatibility in 1999.

http://www.thefreelibrary.com/Nova+Maked...0210596182


Quote:Nova Makedonija publishes documents about how former Interior Minister and latest SDSM presidential candidate Ljubomir Frckoski followed and bugged Canadian asylum seeker Jordan Petrovski for political incompatibility in 1999

0 Comments | Macedonian Press Digest, Oct 15, 2009

> Nova Makedonija publishes documents about how former Interior Minister and latest SDSM presidential candidate Ljubomir Frckoski followed and bugged Canadian asylum seeker Jordan Petrovski for political incompatibility in 1999. The paper says this is one of the reasons why Frckoski and a few of his associates fiercely argue that the lustration process should refer only to the period until 1990.

http://findarticles.com/p/articles/mi_79..._n39368271

Quote:Kumanovo mayor Zoran Damjanovski, member of the highest SDSM bodies, has recently visited Canada as a guest of Jordan Petrovski, a Canadian businessman, who has recently filed a submission with the Court in Strasbourg against SDSM's presidential candidate Ljubomir Frckoski
0 Comments | Macedonian Press Digest, June 24, 2009

Kumanovo mayor Zoran Damjanovski, member of the highest SDSM bodies, has recently visited Canada as a guest of Jordan Petrovski, a Canadian businessman, who has recently filed a submission with the Court in Strasbourg against SDSM's presidential candidate Ljubomir Frckoski. Petrovski alleges that as former interior minister Frckoski issued an order for Petrovski to be bugged and followed.
Damjanovski, on behalf of Frckovski, apologized to Petrovski and asked him to withdraw the pleading with the lustration commission and the Court in Strasbourg
http://findarticles.com/p/articles/mi_79...n35690950/


Ushte edna pobeda na Petrovski. Patot e trnliv no za uporni i posveteni po ova nema prechka.
(This post was last modified: 21-01-2010, 01:18 AM by mara-popara.)
21-01-2010, 01:13 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#9

Vo dosieto na J. Petrovski postojat transktipti od prisludshkuvanjeto. So podatocite od prislushkuvanjeto se koristele od SDSM. Komisijata za lustracija donese reshenie deka Tito Petrovski, Stojan Andov se chisti spored komisijata. A za potsetuvanje :zakonot veli i onie koi gi koristele tie podatoci podlezat pod zakonot za lustracija.


Quote:M A K - N E W S
15/06/1994 - M.I.L.S. (Skopje)

KOMISISKATA RASPRAVA ZA SDB POVTORNO ODLOZENA

Vcerasnata veke ednas odlozena sednica na Komisijata na
Sobranieto na Makedonija za kontrola na rabotata na Sluzbata za
drzavna bezbednost, zakazana po baranje na MVR, po vtor pat se
obide da izvrsi uvid vo dokumentite na SDB i partijata VMRO-
DPMNE koja pred nekolku dena ja obvini za prisluskuvanje i
partiska involviranost. No Komisijata ne mozese da raboti.
Pricina - povtorno nemanje na kvorum. Nova sednica dopolnitelno
ke bide zakazana.
22-01-2010, 05:00 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#10

Quote:Уставниот суд забрани четири члена од Законот за лустрација



27.01.2010 12:10



Уставниот суд со времена мерка за забрана на примена на четири члена од Законот за лустрација

Уставниот суд поведе постапка за четири члена од законот за лустрација.

Спорно е периодот кој се лустрира до 2008-та година, имињата на кодошите да се објавуваат во службен весник како и лустрација на верските заедници и религиозните групи.

Се додека не се донесе конечна одлука Уставниот суд изрече времена мерка - забрана за примена на овие членови.

Ова значи дека ќе се лустрира до ноември 1991-та кога е донесен новиот Устав на Република Македонија. Уставниот суд оцени дека нема причина лустрацијата во целост да биде укината
27-01-2010, 01:44 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#11

(27-01-2010, 01:44 PM)mara-popara Wrote:
Quote:Уставниот суд забрани четири члена од Законот за лустрација



27.01.2010 12:10



Уставниот суд со времена мерка за забрана на примена на четири члена од Законот за лустрација

Ова значи дека ќе се лустрира до ноември 1991-та кога е донесен новиот Устав на Република Македонија. Уставниот суд оцени дека нема причина лустрацијата во целост да биде укината

Znachi ke lustrirame ludje na smrtna postela i spomen plochi. A volkot vo novo runo slobodno ke si sheta niz stadoto ovci. Makedonskata tragikomedija prodozhuva.
27-01-2010, 03:06 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#12

Normalno deka nema da se sprovede lustracijata. Pa tie samite li da se lustriraat? Se plasat deka nema da ostane koj da raboti. Tie site se del od taa sluzba.
A sto e naj strasno, starite generacii rabotat do smrt, a podmladokot e tolku doro obucen da tie se uste po istrenjirani od nivnite uciteli...
Pa neka ni e nazdravje, nie ce si pisuvame , ce si zborime, a tie ce si ja teraat rabotata.
28-01-2010, 04:21 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#13

Makedonija ostana vo kandjite na srbokomunizmot.

Quote:Уставните судии во одбрана на кодошите

Дали по 1991 година во Македонија немало соработници на службите, кои за своја лична корист ги кодошеле пријателите, колегите, комшиите? Дали во најматниот период на транзицијата немало кодоши, или, пак, тие што ги имало, ги стигнала правдата? Ако сé уште се на функции, зошто да не се знае кои се? До кога ќе ги криеме?
[Image: suncica1[13].jpg]
Лидерите на партиите и нивните соработници да не се вознемируваат. Членовите на невладините организации и фондации можат мирно да спијат. Поповите и оџите ич да не берат гајле. И да имало кодоши меѓу нив, државата нема да ги гони. А и тие што ќе ги гони, да не му ја мислат. Нивните имиња никаде нема да се објават. Можат тивко да си заминат од функциите и никој да не дознае дека биле соработници на безбедносните служби.

Особено можат да кулираат тие што кодошеле по 1991 година. Нив никој нема да ги чепка. Тоа што правеле, можат слободно да продолжат да го прават.

Уставниот суд вчера привремено забрани четири одредби од Законот за лустрација, токму тие за кои во јавноста имаше најголеми реакции: периодот за кој да важи лустрацијата, категориите граѓани што треба да бидат опфатени и објавувањето на имињата на кодошите. Ако уставните судии конечно ги укинат овие одредби, „прочистувањето од комунистичкото минато“ ќе се сведе на лов на вештерки во кој ќе настрадаат само наивните што навреме не си ги спастриле досиејата и лица што биле соработници до 1991 година. За добар дел од нив реално е да се очекува дека мнозинството или се во пензија или не се меѓу живите. А уставните судии уште еднаш покажаа кому му служат.

Дали Уставниот суд ќе ги заштити кодошите? Веројатноста е голема, ако се имаат предвид ставовите на уставните судии. Според нив, временскиот опфат на Законот од 1944 година до 6 февруари 2008 година ја доведува во прашање темелната вредност владеење на правото. Објаснуваат дека со Уставот од 17 ноември 1991 година се афирмирани основните слободи и права на граѓаните и за чија заштита се предвидени правни механизми. Според тоа, ако за овие 19 години имало кодоши, институциите требало да ги казнат.

Понатаму: одредбата да се објават имињата на функционерите и кандидатите за функционери што не поднеле изјава, без да се расправа за причините поради кои изјавата не е дадена и без расправа за фактите, за уставните судии е јавно жигосување на тие лица. Дури и судовите да донесат правосилна пресуда за некое лице дека тоа соработувало со службите, неговото име не треба јавно да се објави. Според уставните судии, објавувањето на имињата ги руши достоинството, моралниот и личниот кредибилитет на граѓанинот што ги гарантира Уставот. А, што е со моралниот и личниот кредибилитет на граѓаните што биле жртви на нечии амбиции, на тие што на туѓ грб изградија кариери и империи?

Македонија нема сили да спроведе правична, истрајна, сеопфатна лустрација на соработниците на тајните служби. Тоа не го прави сега, по децении заостанување зад европските држави, нема да го направи ни во блиска иднина. Наместо да продолжи според предвидената процедура, лустрацијата сега е на пауза. За волја на вистината, не целиот закон, но стопирани се сериозни членови, кои зафаќаат широк круг функционери и јавни личности.

Ако Уставниот суд по два месеца конечно ги укине одредбите што вчера ги забрани, никогаш нема да видиме список на кодоши потврден од надлежната комисија. Ќе се изнаслушаме имиња на јавни личности што наводно биле функционери. Ќе се изнагледаме документи по медиуми од „доверливи извори“. Љубе, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, или сите заедно, ќе нé убедуваат во чија партија имало повеќе шпиони. Ваква политичка димензија може да се очекува од процесот што треба да се спроведе сериозно, правично и без фрустрации и предрасуди.
А требаше, па макар и со задоцнување, Македонија да се соочи со комунистичкото минато и да се ослободи од него.


Автор: Сунчица Стојановска
28-01-2010, 02:13 PM
Reply
Славјански Offline
Junior Member
**

Posts: 37
Joined: Jan 2010
Reputation: 0
#14

Приватизација без лична одговорност.
Реформирање без промена на кадар.
Лустрирање во темница.
И ?
Македонија е таму каде е.

Треба човек со кофа муда и се да урне од уставен суд до последен државен чиновник и правење држава од почеток.
28-01-2010, 10:44 PM
Reply
Mirza Offline
Junior Member
**

Posts: 45
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#15

(28-01-2010, 10:44 PM)Славјански Wrote: Приватизација без лична одговорност.
Реформирање без промена на кадар.
Лустрирање во темница.
И ?
Македонија е таму каде е.

Треба човек со кофа муда и се да урне од уставен суд до последен државен чиновник и правење држава од почеток.

Dobro be batka, lepo ti imeto 'Славјански', ali ne znam shto se bunish?
Prvo sakavte kapitalizam: eve vi kapitalizam. Dobivte privatizacija. Ne vi chini privatizacijata zashto najspobnite kako krem isplivaa na vrvot. Dzingo Se_klanjam , Vancho Chifliganec Se_klanjam , Shterjo Nakov Se_klanjam i tako dalje si bea najbolji za biznis u vremeto na SFRJ i posle se dokazhaa kao privatnjaci. E sega na vas nebidnici ne vi e po kejf shto tie se milioneri, a vie ostanvte kopuci.

Sea lustracija, pa lustracija. Demek neshto ke ste dokazhale? Shto ke dokazhte? Eve vmr-OVCITE se na vlast, ako stvarno imalo pljachki porano, lesno ke gi fatat. Tuktuk0ni

Ali edna rabota si u pravo: rabotava ne ja biva! Nego, aj da vidime dali mozhe da gi namolime Srbite da ne priberat i pak da si pravime JUGOSLAVIJA! Party3
28-01-2010, 11:31 PM
Reply
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#16

MIRZA, izvini ama edno podirekno prasanje.

Malku kako da si zakjuben vo severot?

Dali momata ili soprugata ti se od tamu?
29-01-2010, 12:03 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#17

(28-01-2010, 11:31 PM)Mirza Wrote: Ali edna rabota si u pravo: rabotava ne ja biva! Nego, aj da vidime dali mozhe da gi namolime Srbite da ne priberat i pak da si pravime JUGOSLAVIJA! Party3

И преку лустрација ќе дознаеме за дел од тие (новинари, политичари, академици) кои што пропагираат во јавноста вакви глупости за македонско вазалство кон Србија и дека без сојуз со нив нас не не бива...

29-01-2010, 12:23 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#18

(29-01-2010, 12:23 AM)acko Wrote: И преку лустрација ќе дознаеме за дел од тие (новинари, политичари, академици) кои што пропагираат во јавноста вакви глупости за македонско вазалство кон Србија и дека без сојуз со нив нас не не бива...

Taka e Acko za da ne se doznae srpskata involviranost vo Vlasta, Opozicijata, Partiite, se ponishti zakonot za LUSTRACIJA od 1991 godina. Do 1991 godina imaat opravduvanje,SRPSKIOT HEGEMONIZAM e zatskien zad Jugoslovenstvoto i taka Srbija ne se spomenuva i nemoze da se obvinuva....
(This post was last modified: 29-01-2010, 12:38 AM by mara-popara.)
29-01-2010, 12:38 AM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#19

(28-01-2010, 10:44 PM)Славјански Wrote: Приватизација без лична одговорност.
Реформирање без промена на кадар.
Лустрирање во темница.
И ?
Македонија е таму каде е.

Треба човек со кофа муда и се да урне од уставен суд до последен државен чиновник и правење држава од почеток.

Of-topic

Добредојде на форумов. Да се дружиме, дискутираме и вака виртуелно да се обидеме да помогнеме на Македонија...
29-01-2010, 01:51 AM
Reply
Славјански Offline
Junior Member
**

Posts: 37
Joined: Jan 2010
Reputation: 0
#20

(29-01-2010, 01:51 AM)Администратор Wrote:
(28-01-2010, 10:44 PM)Славјански Wrote: Приватизација без лична одговорност.
Реформирање без промена на кадар.
Лустрирање во темница.
И ?
Македонија е таму каде е.

Треба човек со кофа муда и се да урне од уставен суд до последен државен чиновник и правење држава од почеток.

Of-topic

Добредојде на форумов. Да се дружиме, дискутираме и вака виртуелно да се обидеме да помогнеме на Македонија...

Добро ве најдов.
29-01-2010, 10:20 AM
Reply