Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 4 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"СПЕЦИЈАТЛИТЕТ НА ДЕНОТ" ОД КУЈНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ОПЕРИСТИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:„Демос“ во дилема дали да стане политичка партија

[Image: 23AC118184CF7E43A2DBE61DB62ACE11.jpg]

Се подготвува ли реактивирање на Институтот „Демос“ и можно ли е негово трансформирање во политички субјект? Оваа дилема с`почесто се наметнува во политичките кругови, откако дел од основачите на тинк-тенк организацијата во неформални разговори најавуваат дека се размислува за негово појасно позиционирање на политичката сцена. Иако основачите на „Демос“, од кои поголемиот дел се поранешни високи функционери на СДСМ, велат дека е с` уште рано да се тврди дека „Демос“ ќе се профилира како политичка партија, објаснуваат дека од септември може да очекуваме заживување на Институтот, чија задача беше да го интензивира дијалогот и преку дебати да се анализираат политичките, економските и воопшто општествените состојби во државата.

Нано Ружин, кој е еден од основачите на „Демос“, вели дека во неформални разговори е констатирано дека има потреба да се направи нов чекор и Институтот да почне да функционира на поинаков начин, но вели дека тоа с` уште е само идеја. Тој не сакаше да прецизира дали размислуваат да прераснат во политичка партија, но нагласи дека се подготвени да се ангажираат повеќе и да станат еден вид коректив и на власта и на опозицијата.

- Во овој миг „Демос“ сака да тежи на политичката сцена и да биде отворен и за власта и за опозицијата. Но, оваа идеја формално и технички не е докрај дефинирана - вели Ружин.

За разлика од него, Ѓорѓи Спасов објаснува дека има идеја за заживување на „Демос“, но само како организација која ќе иницира дебати. Вели дека не се разговарало за трансформирање на Институтот во политички субјект.

- Засега нема никакви планови. Уште се тазе работите, по одржувањето на изборите - вели Спасов.

Токму ваквите разногласија и различни ставови се причина дел од основачите да бидат песимисти околу иднината на „Демос“, особено околу идејата тоа да прерасне во политичка партија. Тинк-тенк институтот во 2009 година го формираа поранешните социјалдемократи Ѓорѓи Спасов, Нано Ружин, Никола Поповски, Сашко Насев и Ризван Сулејмани, кој е поранешен функционер на ДУИ. Неговото формирање од самиот почеток беше следено со низа контроверзи. И тогаш се појавија дилеми дали ќе стане политичка партија или не, но и тогаш Ружин и Спасов даваа сосема различни изјави. Во еден период, на формирањето на „Демос“ се гледаше како на зародиш на третиот пат, кој на граѓаните ќе им понуди излез од црно-белиот свет на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Но ништо од тоа не се случи. Токму поради нејасните позиции дали ќе прерасне во политичка партија, многу поддржувачи на идејата за дебати го напуштија „Демос“, а неговите активности изминатава година целосно запреа. (Т.П.)

СДСМ почнува сериозни подготовки. Но со овие "куршуми" не убиват веке никого.
07-07-2011, 02:07 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#2

Доколку направат партија повеќе ќе му наштетат на СДСМ...

07-07-2011, 02:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(07-07-2011, 02:38 AM)acko Wrote: Доколку направат партија повеќе ќе му наштетат на СДСМ...

Тие нема да прават партија. Како ДЕМОС кој можеби ке биде партија, ама после едно сто години, ке лајат дека нема демокрастија. Тоа е исто како Хитлер да воскресне и да обинува други за убивање на Евреи.

Мора да ги елиминираме и двете зла. Да не дозволиме насто Грујо единствена понуда да биде Бранко.
07-07-2011, 02:46 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#4

Е, останав без фудбал... Icon_razz

Па, да, на пример во последна колумна Младенов вели дека на Груевски и на таков режим може да им се спротистави само ист таков т.е. Бранко. Во услови на авторитарна власт не може да вирае демократска опозиција и дека народот покажува авторитарна свест... така нешто одеше колумната. Е, сега, често во медиуми се дава примерот со Хитлер и тоа дека и тој добивал избори и штетата од неговото владеење. Но, Хитлер беше поразен од две страни, од неговиот близнак Сталин и од демократскиот запад. Веднаш се виде што се случи таму каде што замена му бидна Сталин, а што таму каде што победија другите. Затоа е многу битно кој ќе го сруши Груевски... Не треба да се игра со картите кои се на маса, треба да направиме ново делење...

07-07-2011, 03:14 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#5

(07-07-2011, 03:14 AM)acko Wrote: Е, останав без фудбал... Icon_razz

Па, да, на пример во последна колумна Младенов вели дека на Груевски и на таков режим може да им се спротистави само ист таков т.е. Бранко. Во услови на авторитарна власт не може да вирае демократска опозиција и дека народот покажува авторитарна свест... така нешто одеше колумната. Е, сега, често во медиуми се дава примерот со Хитлер и тоа дека и тој добивал избори и штетата од неговото владеење. Но, Хитлер беше поразен од две страни, од неговиот близнак Сталин и од демократскиот запад. Веднаш се виде што се случи таму каде што замена му бидна Сталин, а што таму каде што победија другите. Затоа е многу битно кој ќе го сруши Груевски... Не треба да се игра со картите кои се на маса, треба да направиме ново делење...

Ацко, Ацко,
Престани да се повикуваш на авторитети и почни да размислуваш што велата , зошто велат и на каде ја тераат водата и зошто.
Главното оружје на нив им е зборот.
Да почнеме од новинарите, преку синдикатите до политичарите.
На времето кога штрајкуваа од САНОС, Железара по скопските улици новинарите ги немаше никаде, просто имаа други теми кои требале да ги покриваат, сега кога тоа ним им се случува треба самите да се запрашаат што ги доведе до ова дереџе.
Исто важи и за синдикатите поврзано и за новинарите, никаде ги нема П да гукнат од некакви права.
За политичарите нивното оружје како што реков е софизам, оној најлошиот.
А за тебе, ако сакаш со новиот шпил, тогаш повикај се на стариот шпил и кажи што е проблемот со него, а не да се повикуваш на делителот, како што велеа во СДС не е важно кој и колку гласаат важно е кој ги брои гласовите.
Важен е и делитело, покрај и шпилот кој ти го сервира.
Но, ако се повикуваш на делителот како авторитет на едно место, а на друго место го критикуваш, па во исто време се повикуваш на нови шпилови, не образложувајќи зошто бараш нов шпил само забуна внесуваш.
Во овој случај Груевски и не е толку битен.
Вистината е битна, и никогаш не треба да ја изгубиме од вид.
Повикувајќи на авторитет само забегуваш од вистината.
Да, и јас порано го читав Фокус секоја недела последните десет години од 1997, во почетокот не разбирајќи кој е кој и што е што, но, мудриот дури и кога ја знаеш вистината ти ги мие очите со нешто што наликува на вистината.
Јордан не вели џабе Пита Гомнарка.
Ова на што се повикуваш, јас мислам дека е ништо друго туку пита гомнарка која има за цел да го устрои јавното мнение да мисли дека само во Бранко лежи спасот од Груевски.

An inch today is tomorrow’s mile.
07-07-2011, 04:34 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#6

Монте..

Можеби не сум бил доволно јасен. Веќе ако зборуваш за авторитет тука се работи за тоа дека не се согласувам со него. Најверојатно си го протумачил погрешно мојот пост поради едни дрги мои постови каде што го бранев Младенов.

Затоа и велам дека е битно кој ќе го сруши Груевски, дали Сталин (Бранко) или некој демократ. И тоа со картите е во таа насока. Бранко е веќе поделен како опозицианер, а Груевски како власт, па сега ние треба да играме со нив, а мене поентата ми е ние поинаку да си ги поделиме картите, да не играме со Бранко како опозиционер кој ќе треба да го смени Груевски, туку спасот да го гледаме во друг. Значи, според мене не држи неговото гледиште дека авторитарна власт може да биде симната само од опозиција која е исто е скарана со демократијата, а така и ќе продолжи да владее...

07-07-2011, 04:45 AM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,481
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#7

(07-07-2011, 04:45 AM)acko Wrote: Монте..

Можеби не сум бил доволно јасен. Веќе ако зборуваш за авторитет тука се работи за тоа дека не се согласувам со него. Најверојатно си го протумачил погрешно мојот пост поради едни дрги мои постови каде што го бранев Младенов.

Затоа и велам дека е битно кој ќе го сруши Груевски, дали Сталин (Бранко) или некој демократ. И тоа со картите е во таа насока. Бранко е веќе поделен како опозицианер, а Груевски како власт, па сега ние треба да играме со нив, а мене поентата ми е ние поинаку да си ги поделиме картите, да не играме со Бранко како опозиционер кој ќе треба да го смени Груевски, туку спасот да го гледаме во друг. Значи, според мене не држи неговото гледиште дека авторитарна власт може да биде симната само од опозиција која е исто е скарана со демократијата, а така и ќе продолжи да владее...

Благодарам што ми разјасни некои работи, признавам дека погрешно те протумачив.
Се сложувам со подолното.
Но, имам проблем со тоа спасот да го гледаме во друг.
Тука е многу важна страната на Попески.
Ни треба малку мудрост, малку храброст, за сите да прогледаме низ таа скрама од лаги.
Тие времиња на Идоли поминаа.
Сега е време кога сите ние треба да запнеме бидејќи тоа ни е и взаемен интерес.
За тоа треба да се има доверба меѓу луѓето.
Е, сега, признавам не сме сите исти, но, сите ќе мораме своите внатрешни стравови да ги надминеме, доколку сакаме да постигнаме нешто повеќе од она што го имаме сега.

An inch today is tomorrow’s mile.
(This post was last modified: 07-07-2011, 08:25 AM by montehristo.)
07-07-2011, 08:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Што ни подготвува овој пат Груевски

Во случајот со Никола Груевски како мандатар ние загубивме со службен резултат при составувањето на неговите влади и во одгатнувањето на неговите политики. Пред сé, поради начинот на кој размислува и работи, а кој ние редовно го апстрахираме. Мандатарот и иден премиер е личност што во јавноста излегува со ножици откако трипати ќе измери. Кај него нема импровизации. Плус има талент да изненадува со политики, со потези и со кадри

Математички педантно

Ако неговата прва влада беше персонално составена од луѓе што требаше да ја промовираат и оживотворат преродбата на Македонија, односно ако во таа влада кадровски доминираа ентузијасти-романтичари, кои требаа да го расчистат транзицискиот брег што се испречил на делницата што се гради, втората влада беше влада на прагматици, кои требаше на свој грб да изнесат големи реформи и плус да ги микроменаџираат процесите во ресорите.

Третава влада со која тој ќе раководи, а според најавените приоритети, очигледно ќе биде составена од личности-креативци, борбени и беспрекорни егзекутивци, кои ќе бидат свесни дека мандатот во секој миг може да биде завршен поради драматичното излегување на ДУИ од коалицијата доколку не се реши спорот со името. Имено, сите сме свесни дека албанскиот фактор во Македонија е под директна политичка контрола на Вашингтон и главно служи за вршење перманентен притисок врз владејачката партија.

Од друга страна, Никола Груевски е тип на политичар за кој без двоумење може да се каже дека е стратег. Заради карактерот изграден на основа на строги етички вредности, тој дефинитивно не припаѓа на византиската политичка школа. Не мати и не ходничари. Не прави заговори, но затоа одлуките ги носи со помош на егзактни (ладнокрвно и доста растоварено од емоции) алатки. Според тоа, својот иден тим го составува, така да се рече, шаховски, математички педантно, со крајна цел да добие партија. Но интересно е дека ваков тип политичар, стратегиски размислува и за неповолни по него алтернативи. А во третиов мандат тој ќе се соочи со исклучително тежок период. Не дека му беа лесни и претходните два двогодишни мандати, но сега се игра финале, а последните метри од напорната трка се потешки од првите, кога се трча одморен и полетен. Ајде да кажеме дека побрзо и понеоптоварено се трча кога не ги знаете сите румби-тумби на патеката, ниту имате поим за капацитетот и габаритот на играчите со кои трчате кон целта. Целата се инвестиции и вработеност, поголем стандард, реорганизирано општество, формален напредок во евроатлантските интеграции, а тоа значи завршен спор со Грција околу името, воспоставување функционален систем што ќе овозможи правна држава по вертикала и хоризонтала.
Значи, во овој мандат Груевски ќе сака да ги оживотвори реформите околу кои потроши доста енергија. Тоа нема да биде можно ако државните службеници и бирократијата продолжат да ги опструираат промените. Според тоа, едно од најбитните персонални решенија во идната влада ќе биде да најде човек со тврда карактерна конституција и со беспрекорен професионален интегритет на местото на средувач на државната администрација. Во секој случај ќе биде интересно да видиме дали идниот министер ќе одговара на фотороботот што многу личи на Горан Трајковски.

Целиот текст на Мирка "ОПЕРИСТКА"

Текстови кои немаат допирна точка со реалноста се пишуваат само по нарачка. Нарачателот се знае.
(This post was last modified: 07-07-2011, 12:32 PM by ЈорданПетровски.)
07-07-2011, 12:32 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#9

Ау, ептен понижувачки текст за Мирка. Изгледа овој текст го разбрала како шанса да се извади за тоа што со Груевски бришеше патос во еден друг постар текст, а повторно стана актуелен во предизборието. Сите светски лидери да се претопат во еден човек нема да му бидат ни до колена на Груевски, мислам на Груевски кој е во текстот на Мирка. Освен тие хвалопојки само две-три работи ми оставија впечаток. Прва, проблемот со името ќе се реши сега, а тоа, разбира се, ќе го направат патриотски и најдобро, нема за џабе во Њујорк да ги пратиме нашите феноменални, тешкаши дипломати, а Керим и е фаворит за министер. Второ, се што не ни се допаѓа не е вина на Груевски, тој само стратешки ’попушта’ пред ДУИ, Вашингтон, Брисел. Трето, ако реформите (повторно) не успеат, никако не е виновен Груевски и Владата, виновни ќе се административците кои ќе ги минираат реформите. Тие исти административци кои ги запосли ДПМНЕ.

07-07-2011, 03:23 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#10

Интересен наслов на темата, за Груевски ама почнува со постановката на фаците Ружин, Спасов енд ко. Па откако Мирка го мава Грујо со камења во нејзината најнова колумна треба да се извлече заклучок дека Фамилијата се спрема да го шутне Грујо од функција?
Во случај да е така, еве уште еден македонски дисидент Razmisluva
Само мислам дека темата е за и околу Мирка (највеќе) а помалку за евентуалното заминување на Груевски.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
07-07-2011, 04:34 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#11

Какво мавања со камења виде во најновата колумна на Мирка?! Во текстот Груевски е направен како најдобар лидер во свет.

А, финтата со заминување и Мирка е во тоа што најавуваат компрмис со Грција и тоа набргу. Па затоа е тука сместена колумната... Дали Груевски ќе издржи без поголеми потреси да направи компромис, а бидејќи Груевски е добар стратег и свестен е дека каде и да е ќе му дојде крајот, така вели Мирка, тогаш ни го нудат Милошоски како наследник...

07-07-2011, 04:57 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#12

(07-07-2011, 04:57 PM)acko Wrote: Па затоа е тука сместена колумната... Дали Груевски ќе издржи без поголеми потреси да направи компромис, а бидејќи Груевски е добар стратег и свестен е дека каде и да е ќе му дојде крајот, така вели Мирка, тогаш ни го нудат Милошоски како наследник...

Абе ај глупости....па Милошовски несака да носи одговорности со функцијата МНР....а камо ли пак да преземе премиерски одговорности....

Ацко ти изгледа не се читаш што пишуваш.
07-07-2011, 05:15 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#13

Македонец, се читам, а ја читам и Мирка...

Еве погледни:

Дали Милошоски ќе биде идниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

Промоција на „наследникот“?

Штом Милошоски размислувал за повлекување од пред шест месеци, а со тоа бил запознат Груевски, можат да се претпостават две политички причини (освен посветеност на татковството, што е приватна причина) поради што ова „изненадување“ се случува токму сега. Едната е дека Милошоски лично не сака да учествува во финалето кога владата ќе треба да излезе пред граѓаните со компромисно решение за името, а второто е дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ размислува стратегиски и за иднината на својата партија, па пресметал дека полека доаѓа време за нов лидер и на ваков начин, тргнувајќи го од извршната власт, отвора простор за промоција на својот „наследник“.
_______________

Еве ти Македонец, ништо не сум измислил, само ја коментирав Мирка. Само што нема две причини, туку се работи за една. Го тргаат на страна да не го извалкаат со решението за името, а потоа го ставаат за нов лидер. Дали ќе излезе вака или ќе имаат друго решение ќе зависи од многу причини, но изгледа дека Милошоски е една опција.

Друг пат кога ќе сакаш да коментираш прочитај прво да видиш за што се работи, а не вака да правиш клизачки стартови во празно.

07-07-2011, 05:43 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#14

(07-07-2011, 05:43 PM)acko Wrote: Македонец, се читам, а ја читам и Мирка...

Се извинувам....

Ама сепак морав така да изреагирам бидејќи таа реченица никако неможев да ја сврзам логички со реалноста и случувањата.

поздрав
07-07-2011, 06:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(07-07-2011, 06:00 PM)Makedonec Wrote:

Македонец, Мирка само се обидува да го обвитка во убава обвивка оваа што сум го напишал на 30 Јуни:

Quote:Ако е вистинита веста, Антонио жешкиот костен околу компромисот со името сака да го префрли во туѓи раце.!!! Оваа одлука не е негова туку тоа е одлука на УДБа. Причина за вакво фрлање на прав во очи е : жтрвено јагне за "компромисот"-смената на името мора да има !!!
Кој ке биде жртвеното јагне ако не Груевски. Ке треба нов председател на партијата. Тогаш ке има ли подобра понуда од патриотот Антонио кој еве се откажува денедска а вистинската причината ке ја каже тогаш: НЕ САКАВ ДА БИДАМ ТОЈ КОЈ КЕ ГО СМЕНИ ИМЕТО. Оваа изјава ке биде вистините колку и споредбата на "српската војвотката" Доста Димовска со Мара Бунева.
За оние кои заборавиле или пак се млади па незнаат, Антонио во паријата дојде со екипата на студенските протести.
30 June at 15:15
07-07-2011, 07:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(07-07-2011, 04:34 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Интересен наслов на темата, за Груевски ама почнува со постановката на фаците Ружин, Спасов енд ко. Па откако Мирка го мава Грујо со камења во нејзината најнова колумна треба да се извлече заклучок дека Фамилијата се спрема да го шутне Грујо од функција?
Во случај да е така, еве уште еден македонски дисидент Razmisluva
Само мислам дека темата е за и околу Мирка (највеќе) а помалку за евентуалното заминување на Груевски.

Постановката со фаците од ДЕМОС е порака до Бранко и СДС-ето дека тој "воз веке не минува". Да ги натераме на малку инвентивност, да биде поинтерсна оваа година, година ипол пред нас. Вака со Ружин, Спасов ке нема борба ....Како свесно Бранко да сака да ја "умртви играта" и да начека некој контра од типот "КОМПРОМИС" и да даде гол.

пс. Грујо нема шанса да биде "ДИСИДЕНТ". На власт после компромисoт нема да остане ВМРО ДПМНЕ или ке дојде Бранко или МАКЕДОНСКА ВЛАСТ. И во двата случаја Грујо ке биде апсен.
07-07-2011, 07:28 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#17

Хехехе, значи основната премиса е дека компромис со името ќе има и тоа толку огавен што Грција ќе престане да не` сопиња за влез во ЕУ. На тоа понатака се трупаат сите останати “заклучоци“. Значи дај да разгледаме неколку јавно објавени детали кои барем нам како неми посматрачи ни се дојавени низ “сјајните“ партиски мегафони пардон македонски медиуми:
1. Целта на Грција е да не` натера да го компромитираме уставното име: имаме јавно признание дека Грујо понудил компромис на Грците на фамозниот НАТО самит во Букурешт. Грците тоа го одбиле. Понатаму видовме сите како нашите јаки НАТО сојузници си го избришаа дупето со нашата апликација за членство.
Со ова паѓа премисата дека Грција би прифатила компромис дури и кога ние би го понудиле.
2. Во случај на најгадниот компромис со името ќе падне владата на Груевски како “нечиста“ и на ред да се увалат у фотеља конечно ќе дојдат Бане и неговото удбашко ергеле како “чиста“ власт.
Во случај на таков најгаден од сите можни компромиси И во случај на Грција да и` се допадне нашиот предлог, нема да има чиста и нечиста власт. Сите што се нафатирале од државна фотеља ќе бидат во “нечистите“. Можеби народниот фидбек по повод таков некој срамен компромис нема да биде инстант, меѓутоа е скоро гарантиран дека ќе се случи. За тоа голем дел од нашите политичари или не се свесни или свесно игнорираат.
Повторно, насловот на темата е промашен. По којзнае кој пат коментираме “специјалитет на денот“ од кујната на македонските Оперисти.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
07-07-2011, 10:22 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#18

А каков треба да е насловот за да е погоден?

07-07-2011, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,225
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Доследно и одлучно кон - назад!

Власта треба да си честита, не на победата на изборите, туку на тоа што доби таква опозиција - за следните години. Како што се движат работите, во следниот период ќе се соочиме не со двопартиски систем, туку со еднопартиски. ДПМНЕ ќе остане на власт најмалку 10 години. Зошто? Затоа што нема алтернатива. Што се случи на минатонеделниот конгрес на СДСМ во Битола? Токму ништо. Илегален и секретен конгрес, сосем како во најдобрата практика своевремено - на конгресите на КПЈ и КПМ, чии традиции статутарно ги обновува СДСМ. Никаква анализа на поразот, никаква поука, никаква опозициска програма.

ЦЕЛАТА ПРОГНОЗА ЗА ДОЛГО ВЛАДЕЕЊЕ

Како да нема координација или пак им поделиле разни ноти...
08-07-2011, 12:48 AM
Reply