Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1


Quote:Медиумска (не)моќ

[Image: 0957F864-9C5C-4817-BA81-5524D9C3E1F6_w527_s.jpg]
Од вчерашните протести на новинарите
05.07.2011
Зорана Гаџовска

Додека новинарите протестираа, пристигнаа нови откази. Затворањето на критички настроените медиуми е на штета на демократијата, предупредува ОБСЕ.
Независниот сидникат на новинари и медиумски работници е запрепастен од решението за нови отпуштања во Медиа Принт Македонија. Образложението кое го добија тројцата новоотпуштени новинари е идентично со она на претходните две новинарки, а тоа е „кршење на работната дисциплина“. И во двата случаи, отказните решениа се врачени по протест на новинари. Претседателката на Синдикатот Тамара Чаусидис вели дека кога стотици новинари беа на протест за солидарност, МПМ одговори со нови откази.

„Навистина не ми останува ништо друго освен да констатираме двоен морал на компанијата која прва го започна дијалогот со Синдикатот за сега да го напушти и да ги уништи релациите на коректност. Отказите за нашите колеги новинари нема да не деморализираат и нема да дозволиме да се уништи синдикализмот и синдикалниот активизам уште на самиот почеток од неговото раѓање.“


Дека состојбата со медиумите е лоша покажува и жестоката реакција на Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ. Во писмената изјава таа вели дека е загрижена за отпуштањата на новинарите и непечатењето на трите весници. Мијатовиќ ја повикува земјата да се придржува до владеење на правото во решавањето на овие случаи.

Непечатењето на весниците „Време“, „Шпиц “ и „Коха е ре“ е вознемирувачки развој кој практично ги елиминира плурализмот и
ознемирувачки развој кој практично ги елиминира плурализмот и опозициските погледи во медиумите преку ноќ.

Покрај тоа и А1 телевизија која исто така се соочува со даночни проблеми може да престане да работи за неколку недели“, вели Мијатовиќ.

Таа ја повика Управата за јавни приходи да покаже максимална транспарентност во пресметувањето на даночниот долг за Плус Продукција, фирмата што ги издава трите весници на Перо Наков, и да и овозможи на фирмата со разумен план да го отплати долгот, план со кој нема да им попречи во работата на медиумите. Мијатовиќ ги потсети надлежните органи дека медиумскиот плурализам е предуслов за борба против корупција и го поттикнува процесот на демократизација на земјата. Таа смета дека затварањето на критички настроените медиуми никогаш не води кон политичка и економска стабилизација, туку кон стагнација и губење на на довербата во Владите и политичарите.



Комуникологот Климе Бабунски вели дека проблемите со медиумската сфера во земјава мора да се гледаат од аспект на внатрешните случувања.

„Проблемите со А1 всушност сега се испречуваат и на сите оние што малку се информирани им е јасно дека всушност незаконското работење било толерирано години наназад. Од друга страна, имаме случаи, постојат индикации, дека редица други медиуми работат на истиот начин, но ништо не им се случува.“

Бабунски додава дека, од друга страна, управата на МПМ постојано зборуваше јавно дека весникот „Утрински“ со години работи со загуби. Сега таа сметка не треба да ја плаќаат новинарите, затоа што тие не се одговорни за рекламите кои доаѓаат во весникот туку менаџментот на трите весници, вели тој.

Бабунски вели дека не очекува крајно изместена медиумска сцена која ќе не врати 20 години назад.

„Ќе не воведе во нешто што постоеше пред 20-тина години во време на цврстиот еднопартиски систем кога секој што мислеше поинаку беше замолучуван преку разни притисоци и сега проблемот е на кого тоа му одговора и на кого му треба ваков развој на настаните.“

Тој додава дека ова не е тапкање во место туку сериозно враќање назад и Владата со ова може само да загуби.
06-07-2011, 12:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,114
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Политика во медиумското замолчување?

[Image: A1DD34EE-4C3B-4E3F-AD2B-07FE39AF8264_w527_s.jpg]
Од протестите на новинарите
06.07.2011
Зорана Гаџовска

По ОБСЕ, и Амнести Интернејшнал бара македонските власти да престанат со обидите за замолчување на медиумите кои имаат критички поглед кон владата. Организацијата изразува сомнеж за политички мотиви во задушувањето на слободата на изразување.
Македонските власти мора да престанат со обидите за задушување на слободата на изразувањето, е наведено во жестоката рекација на Амнести Интернејшнал објавена на нивната интернет страница по затварањето на три дневни весници во земјава. Во писмената изјава на директорката на Амнести Интренејшнал за Европа и Централна
Азија, Никола Дакворт, е наведено дека затворањето,

износите кои се бараат за даноци и условите за плаќање се чини дека се политички мотивирани. Таа додава дека стравува оти Владата на премиерот Никола Груевски го користи новиот мандат како изговор за да продолжи со обидите за изолација, маргинализација и замолчување на медиумите кои имаат критички поглед кон владата. На реакцијата на Амнести Интеренејшнал и претходеше и жестока рекација на ОБСЕ.

Во ситуација кога во медиумите се отпуштаат новинари по е-маил, не им се плаќаат придонеси, се даваат плати на рака или во бонови, се делат уцени и закани кон новинарите, кога дел од нив се користат како алатки за задоволување на бизнис и политички интереси на работодавачите, заштита можат да побараат во синдикално организирање. Претседателката на синдикатот на новинари и медумски работници ,Тамара Чаусидис, вели дека постојат законски алатки со кои може да ги заштити работничките права на новинарите, а една од првите орудие е социјален дијалог со работодавачите, но тука проблемите почнуваат.

[Image: 2DEA4DAC-7D35-4989-85D3-00DFD0B40391_s_w270.jpg]
Директорката на Амнести Интренејшнал за Европа и Централна Азија, Никола Дакворт.

„Ние реално немаме социјален дијалог, немаме преговори со работодавачите, имаме медиуми кои релативно не толерираат, а тоа значи им дозволуваат на своите вработени да бидат членови на Синдикатот, а имате и медиуми каде што работодавачите тоа не го сакаат, не се добронамерни кон Синдикатот, отпуштаат синдикални претставници или се обидуваат да отпуштат синдикални лидери итн, така што тоа е сликата со која денеска се соочуваме.“
Третата адреса на која синдикатот може да се обарти во ситуација кога се кршат работничките права на новинарите е Судот. Професор Здравко Савески вели дека синдикатот е моќен колку што е големо и активно членството кое треба да притиска за да се постигнува социјален дијалог како во сите нормални демократски земји.

„Никој не смее уставното право на Синдикално организирање да го спречува. Има работодавци вкучително и во медиумската сфера, што ова уставно загарантирано право сакаат да го спречат, така што имаат право на колективен договор, но на дело тоа не се спроведува, постои значи законска можност според законот за работни односи, која во практика не се спроведува.“

Савески вели дека синдикалнато здружување и колективниот договор е со Устав загарантирано. Закони постојат, но во практика тоа не се спроведува, вели тој.



Господата од ОБСЕ дали со оваа ги потикнуваат и другите да не плаќаат данок. Дали ке реагираат на ист начин ако во САД, Германија, Англија бидат затворени весници заради неплаќање на данок.??

Нивното соопштение и притисок врз владата треба да оди во насока да имаат ист третман кон сите медиуми. Односно контроли на финансиско работење и кај медиумите блиски до власта. Но убеден сум, познавајки го стилот на работа на газда Велија од времето на УНИПРОКОМ дека вакво нешто нема во ниедна друга компанија.

Некој ги манипулира и луѓето од ОБСЕ и Амнести Интренејшнал со искривена слика за случувањата а со тоа ги девалвира самате институции и ствара недоверба кај македонските граѓани кон ЕУ и демократските институции ма западниот свет.
06-07-2011, 12:49 PM
Reply