Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 2 Vote(s) - 1.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОШТО ГРУЕВСКИ СЕ ПЛАШИ ОД ФРЧКОВСКИ ?????
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,944
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

(22-06-2011, 02:46 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Конфузија „на левици“


Љубомир Д. Фрчкоски



Опозицијата не смее да го остави скандалот со прислушување на политичкиот противник по изборите, да го води партијата на дотичниот. Тоа е политички скандал без преседан и узурпација на власта, која треба да заврши со кривичен прогон на сторителите на прекршувањето (а не на „братот“).



Дали со оваа Фрчковски си ја признава вината по мојата кривичната пријава која ја поднесов против него за истото дело.



Quote:Злосторникот ја призна вината! Ќе собере ли храброст Груевски да го уапси?



Република Македонија живее во ерата на самоволното—авторитарно—владеење на Премиерот Груевски кое е олицетворено во судски одлуки и апсења кои се исклучиво плод на една едниствена негова желба желба: освета за повреда на суетата! Досега, на сите кои го навредуваа и исмеваа Премиерот, тој им се омазди—единствениот искучок е Фрчолина. Нашите напори за демократизација на Република Македонија се насочени кон иднината на нашата Татковина и нејзиниот пород на идни генерации на Македоници. Имено, сѐ додека Република Македонија не спроведе процес на прочистување од србокомунистичките структури кои го окупираат државниот апарат, сѐ дотогаш иднината на генерациите на Македонци кои доаѓаат ќе биде предодредена да биде идентична на онаа на минатото на генерациите на Македонци кои живееле и сѐ уште живеат

Љубомир Д. Фрчкоски, Професор по уставно право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, поранешен Министер за внатершни работи, деновиве е особено активен критичар за прекршоците на Уставните права од стана на актуелната Влада—особено во однос на апсењето на лидерот на политичката партија Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Неговиот граѓански активизам е за поздравување, додека неговата последна колумна во „Време“ е ремек дело на експерт во областа на Уставното право. Имено, во акт на несебична објективност, Фрчкоски споделува само мал фрагмент од неговата експертиза, без разлика што неговото писание е признание на своја вина:

„Опозицијата не смее да го остави скандалот со прислушување на политичкиот противник по изборите, да го води партијата на дотичниот.

Тоа е политички скандал без преседан и узурпација на власта, која треба да заврши со кривичен прогон на сторителите на прекршувањето“ („Конфузија на ‘левици’“ - „Време“, број 2276, 21.06.2011; Љубомир Д. Фрчкоски)

Како човек поради чие министерување со полицијата бев приморан да станам запознат со низа на правни конвенции, ќе си земам за слобода да го надополнам Професорот. Имено, налог за прислушување на „сомнително лице“ потпишува лично Министерот за внатершни работи, што во овој случај е Гордана Јанкуловска. Ова е така поради тоа што актот на прислушување претставува прекршување на членовите 18, 25 и 26 од Уставот, поради што наредбата мора да стаса од највисoко ниво. Над госпоѓицата Јанкуловска во хиерархијата на Владата на Република Македонија се наоѓа само Премиерот—во случајов Никола Груевски. Тој е едниствениот кој го има авторитетот да ѝ даде налог на Министерка Јанкуловска да отпочне ваква постапка! Тогаш, писанието на Фрчкоски во „Конфузија на ‘левици’“ всушност цели на барање на одговорност лично од Премиерот Груевски—на кого очигледно не му е јасна пораката од Професорот!


Македонското судство е мафијашка пародија на демократска институција


Би сакал тука да внесам нов, според мене фантастично интересен момент во оваа дискусија. Ќе ја потсетам јавноста—а, и Професорот Фрчкоски—дека за време на неговото министерување беше возобновена праксата на прогон на политичките противници на Власта низ Линијата на работа „Спречување на Македонски екстремизам“ спроведена преку заведувањетo во „Претходна обработка“ на членови и симпатизери на опозиционите партии од „ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ“—процес за кој екстензивно се објавуваат податоци на порталот http://www.kotle.ca. Ќе ја потсетам јавноста—како и Професорот Фрчкоски кој на моите писанија низ изминативе дванаесет години нема одговорено ниту еднаш—дека тој како Министер на полицијата дал налог јас (како и 3.000-5.000 други) да бидам и прислушуван. За тоа злодело поднесов Кривична пријава (Предлог) против Фрчкоски, et al., која беше отфрлена од Јавната обвинителка Драгица Михајловска, поради застареност шест месеци пред да настапи застареноста—флагрантен фалсификат кој ќе се изучува кога ќе се претставува ерата на самоволното—авторитарно—владеење на Премиерот Груевски кое е олицетворено во судски одлуки и апсења кои се исклучиво плод на една едниствена негова желба желба: освета за повреда на суетата!

Јас не се откажав од намерата да бидат казнети злосторниците кои ја спречуваат демократијата во Република Македонија, злосторници кои живеат на врвот на тоталитарната држава. Како следен чин во мојот напор да стасам до правда поднесов „ПРЕДЛОГ ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ПОДИГАЊЕ НА ОБВИНИТЕЛЕН АКТ БЕЗ ДА СЕ СПРОВЕДУВА ИСТРАГА“ против Фрчкоски, et al. Повторно ќе потенцирам дека самиот обвинет Фрчкоски низ вештото мнение „Конфузија на ‘левици’“ објасува дека прекршоците за кои го обвинувам се навистина тешки кривични прекршоци!

[Image: bwy1308781736s.jpg]

[Image: bwy1308782960q.jpg]

После скоро цела година „престој во фиока“ мојот „ПРЕДЛОГ…“ доаѓа во за Премиерот Груевски сигурни раце. Груевски мораше да распише конкурс, да го натера тогаш адвокатот Туфегџиќ да остави ја адвокатурата која не му одела лошо—доколку се земе в предвид дека бил дел од екипата на адвокати што ја плаќал нарко-босот Бајруш Сејдиу: сѐ со цел да му го назначи мојот предмет. Како потврда на мојата теза дека Туфеџиќ е „снајпер“ за Груевски потврдува неговиот ангажман во процесот „Пајажина“.

Ќе ја потсетам јавноста—а особено Премиерот Груевски—на еден бисер на неговиот миленик Туфегџиќ дека „aгентите на тајната полиција му пренеле дека работеле во согласност со Законот“ кога ја „истражувал“ мојата постапка против Фрчкоски, et al.

Му пренеле! Истрагата Туфегџиќ ја сведува на муабет на маалски алапачи, а Судот на збирштина како на селска чешма!

Не верувам дека Груевски е толку лесен на умот за да не запаметил ништо од нашите разговори на Северноамериканско тло, во кои го запознав со случајот за да треба одново да го потсетувам за што се работи него, а и неговиот „сенилен“ Министер Маневски. Со Премиерот разговарав лично, а згора на тоа и со негов овластен „слушач“ кого Премиерот лично ми го додели за време на посетата на мојот град на живеење, Сент Катеринс, во 2009. год.: Љубен Тевдовски, амбасадорчето во Канада, за да му пренесе сѐ во авионот на пат од Торонто за Македонија. На Маневски, два пати му праќам представки во кои му укажав на флагрантниот фалсификат и на свесното опструирање на предметот од страна на судството. Министерот Маневски нема ниту минимум култура, а за одговорност кон функцијата која му ја даде Премиерот—а која во прв ред е „слугување на народот“ да не зборувам: одговор сѐ уште нема!

Единствено добив одговор од Судскиот совет:

[Image: v7wqra.jpg]
Одговорот од Судскиот совет отвара серија на прашања за водењето на Државата: Кои се тие предвидени законски рокови на кои се повикува Судскиот совет? Дали досегашното водење на процесот е во предвидените законски рокови? Дали Јавната Обвинителка, Драгица Михајловска ќе биде санкционирана за флагрантниот фалисикат? Според досегашното однесување на гарнитурата на Груевски одговорите на моите прашања ќе мора да ги барам гледајќи на грав! „Демократура, човече“—што би рекол Професорот! Она што господинот Груевски очигледно го има испуштено во лекциите по политички науки е дека институциите секогаш, без исклучок, се огледало на „водачот“, во нашиов случај ПРЕМИЕРОТ!


Фрчолина го има Груевски на дланка



Да се вратам пак на она што произлегува од признанието на Фрчковски. Тој е свесен дека Груевски не смее да превземе ништо против него, оти очигледно со нешто го има в рака. Да потсетам: досега на сите кои го навредуваа и исмеваа Премиерот, тој им се омазди. На пример: Вистинската причина (не дека немало криминал со тенковските делови) за која осуден се најде Владо Бучковски се навредите кон Груевски изречени во кампањата во 2006. година. Веројатно причината заради која Бучковски сега се става на негова услуга со барањето оставка од Бранко Црвенковски како лидер на СДСМ е нивно меѓусебно пазарење за да не се спроведе Судската пресуда против него. За Љубе Бошкоски знаев—и имам доказ за тоа—од многу порано дека тој ќе биде уапсен веднаш по изборите, бидејќи многу му ја повреди суетата на Груевски.


Од друга страна Фрчкоски го плукал и навредувал Премиерот многу повеќе од Бошкоски и Бучковски заедно, но него Груевски не смее да го чепне. Колку Фрчкоски е осилен и сигурен во неговата недопирливост зборува фактот дека тој јавно на Груевски му мава шлаканици како на обичен маалски копиљ, додека тој и неговите љубени министри „храбро, умно“ и секако „достоинствено“ молчат.

Мојата прогноза останува: Ќе дојде дента—можеби поскоро одошто било кој е свесен—кога Бранко Црвенковски ќе го лустрира Никола Груевски! Јас сум вечен оптимист, и сум убеден дека догребувањето на Црвенковски до власт ќе биде само краток момент во конечната разврска на македонскиот народ со србокомунистичкото бреме кое ја гуши нашата Татковина.


Фрчолина и Грујо се од исти ков: „БИЦИКЛИСТИ“*


Сепак, се надевам дека пишаното вешто мнение на Фрчкоски изнесено во „Конфузија на ‘левици’“—кое воедно претставува јавно признание на неговите злосторства—ќе ја охрабри актуелната Власт да го одмрзне мојот судски процес против него, или дека Јавното обвинителство ќе го преврати отфрлањето на Кривичната пријава (Предлог) заради фалсификувана застареност; или пак дека како гест на неговата човечка големина и интелектуална супериорност, самиот Фрчкоски ќе побара заклучок на мојата постапка против него, ет ал. Имено, во вештото мнение „Конфузија на ‘левици’“ објавено во „Време“, Фрчкоски бара кривичен прогон за сторителите на прекршоците на Уставните права на граѓаните на Република Македонија преку „прислушување на политичкиот противник по изборите“, бидејќи како што Професорот потенцира тоа претставува „узурпација на власта, која треба да заврши со кривичен прогон на сторителите на прекршувањето“. Господинот Фрчкоски сам го признава делото за кое покрај другите прекршувања на човековите права загарантирани со Уставот на Република Македонија го гонам кривично.


Комитетот продолжува со својата агенда


Мојата намера, а и намерата на Комитетот за демократизација да ја види Република Македонија да престане да биде „банана република“; Македонците да престанат да бидат „топовско месо“ за искомплексирани, неизживеани и недораснати квазилидери и шунд-политичари останува непроменета. Едниствено што се менува од наша страна е што листата на злосторотниците против Република Македонија и македонскиот народ се проширува. Од осамостојувањето до денес на таа листа се вметнаа сите раководства на Државата, а ова кое ќе се формира деновиве не изгледа дека ќе ја промени таа пракса.

Во однесувањето на гарнитурата на Груевски, не можам а да не забележам и доза на задоволство во фактот што тие си мислат дека си поигруваат со мене и Ветераните Дисиденти—од време на време кревајќи ни ја надежта дека случајот ќе добие разврска: со повремените пораки преку пријатели дека предметот само што не влегол во последна процедура. Она што не им е јасно на Груевци е дека нашата заложба за изведувањето на Фрчкоски, ет ал., пред лицето на правдата—осносно спроведувањето на Лустрација е многу поголемо од мене лично, или пак од лечењето на стари рани на Ветераните Дисиденти.

Нашите напори за демократизација на Република Македонија се насочени кон иднината на нашата Татковина и нејзиниот пород на идни генерации на Македоници. Имено, сѐ додека Република Македонија не спроведе процес на прочистување од србокомунистичките структури кои го окупираат државниот апарат, сѐ дотогаш индината на генерациите на Македонци кои доаѓаат ќе биде предодредена да биде идентична на онаа на минатото на генерациите на Македонци кои живееле и сѐ уште живеат. Затоа загарите на УДБа така жестоко плукаат по нас, но уште повеќе, така сурово се обидуваат нашите напори за лустрација и демократизација на Република Македонија да ги прикажат како чинови на лична сатисфакција. Ние, животните сатисфакиции сме го доживеале: живееме во држави по наш терк на уредување, кои се безброј пати попросперитетни и подобри места за живеење од Република Македонија, што е доказ дека нашите животни голготи не биле бадијала. Сме биле, и сѐ уште сме во право со нашите убедувања дека слободно пазарното, капиталистичко, демократско општесво, каде што владее правната држава и сите граѓани се еднакви е бескрајно поисправната опција од комунистичкиот тоталитаризам. Нашата заложба во однос на демократизација на Република Македонија се води исклучиво од хумани, христијански убедувања.


*Феноменот на „БИЦИКЛИСТ“ се изразува со тоа што кога „бициклистот“ е во полн налет тогаш тој гази сѐ живо под него, но јазикот му е во задникот на оној што е пред него


Авторот е Претседател на Комитетот за демократизација на Република Македонија
(This post was last modified: 28-06-2011, 02:39 AM by ЈорданПетровски.)
28-06-2011, 02:38 AM
Reply