Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"Воинот на коњ"-дипломатска стратегија или срам од својата историја???
Author Message
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#1

"Воинот на коњ"-дипломатска стратегија или срам од својата историја???


И друга работа....споменик на Александар Македонски има во деситици држави,каде што Александар само на поминување стапнал во тие земји.....а битно е што ние се срамиме од нашето минато.


Најстрашно од се, е да не ни се случи како она со привремената референца од 3 месеци....па на крај 20 години да си го носиме тоа име....т.е Александар Македонски за нас да стане ВОИНОТ НА КОЊ!!!!???
(This post was last modified: 14-06-2011, 05:38 PM by Makedonec.)
14-06-2011, 05:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(14-06-2011, 05:37 PM)Makedonec Wrote: "Воинот на коњ"-дипломатска стратегија или срам од својата историја???


И друга работа....споменик на Александар Македонски има во деситици држави,каде што Александар само на поминување стапнал во тие земји.....а битно е што ние се срамиме од нашето минато.


Најстрашно од се, е да не ни се случи како она со привремената референца од 3 месеци....па на крај 20 години да си го носиме тоа име....т.е Александар Македонски за нас да стане ВОИНОТ НА КОЊ!!!!???



Ниту дипломатска стратегија, ниту срам од историјата. Едноставно да ги заебеме сите. Затоа секогш на крај го јадеме стапот.



14-06-2011, 06:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3


Quote:Але­ксан­дар Македонски се кре­ва под при­вре­ме­на ре­фе­рен­ца


Денеска на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја во Скоп­је поч­на мон­та­жа­та на спо­ме­ни­кот на Але­ксан­дар Ма­ке­дон­ски. Скулп­ту­ра­та ви­со­ка 12 ме­три по­ста­ве­на на де­сет­ме­тар­ски по­ста­мент, чи­ни 5,3 ми­ли­о­ни евра. Се ве­ру­ва де­ка офи­ци­јал­но­то име на спо­ме­ни­кот, Во­ин на коњ, всуш­ност, е при­вре­ме­на ре­фе­рен­ца, со цел да се отфр­ли офи­ци­јал­но­то по­вр­зу­ва­ње на ли­кот на скулп­ту­ра­та со поз­на­ти­от ан­тич­ки вој­ско­во­дец и да се амор­ти­зи­ра­ат оче­ку­ва­ни­те не­га­тив­ни ре­ак­ции во Гр­ци­ја и во ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца.



[Image: 14062011539.jpg]

[Image: 14062011533.jpg]
14-06-2011, 07:48 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#4

(14-06-2011, 07:48 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Але­ксан­дар Македонски се кре­ва под при­вре­ме­на ре­фе­рен­ца


Некој ми ја украл идејата со референцата Razmisluva
14-06-2011, 11:35 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#5

Македонец тука си во право,а и Црни е во право бидејќи сега Грција ќе има адут на судењето.Со дигањето на тој споменик,судот автоматски може да пресуди во корист на Грците. А мислам дека Грујо сега бара начин како да се извади, за "компромисот" со Грците во Букурешт во 2008 година.
А Бранко мислам убаво се извади со поразот на изборите, бидејќи тој нема да ја осети лутината и гневот на народот. Така да оваа победа на Грујо повеќе е пирова и јалова. Инаку што се однесува до Бранко мислам дека тој повеќе има проблеми во сопствениот двор.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 15-06-2011, 01:18 AM by basilius_2.)
15-06-2011, 01:17 AM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#6

(14-06-2011, 05:37 PM)Makedonec Wrote: И друга работа....споменик на Александар Македонски има во деситици држави,каде што Александар само на поминување стапнал во тие земји.....а битно е што ние се срамиме од нашето минато.

Две работи се сигурни.

1. Ниту Ал. Македонски, ниту Античките Македонци некогаш се стапнале во Скопската котлина и Скопско.
2. Тие не биле домородно население ниту во Вардарско, ниту во Пиринско, а само кутри окупатори за период од 200 години.
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
15-06-2011, 08:48 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

Можеби сум грешка, но главата на легнатата и фрагментираната скулптура многу ме потсетува на нашиот присвоен прадедо Александар Македонски! Или сум грешка? По толку давање пари на држвниот проект т.н. АНТИКВИЗАЦИЈА, ЧУДНО Е ДА СЕ ДИСТАНЦИРМЕ ОД СЕ ТОА. КОГА СМЕ БИЛИ ПОГРЕШНО ИНФОРМИРАНИ ЗА НАШАТА ИСТОРИЈА- ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ ИЛИ СЕГА? ШТО КЕ НИ КАЖАТ, ПОСЛЕ 10-ИНА ГОДИНИ...КОИ СМЕ И ШТО СМЕ!!??
15-06-2011, 09:04 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8

Што вели алах 1 ( кумот е Наци) :

Би-Би-Си под наслов „Македонија монтира огромна статуа и покрај кавгата со Грција“, пишува дека во центарот на Скопје започна составувањето на споменикот на Александар Македонски, официјално именуван како „Воин на коњ“.

Quote:„Грција, која има своја провинција наречена Македонија, се противи на правото на Скопје да се повикува на наследството на Александар. Тензиите меѓу Македонија и Грција го блокираа влезот на екс-југословенската република во НАТО и нејзиниот прогрес кон ЕУ“, јавува Би-Би-Си.

Австралиски „Хералд Сан“ под наслов „Македонија подигнува огромна статуа на Александар“, пишува дека споменикот ќе предизвика лутина меѓу Грците, кои го сметаат античкиот херој за свој.

„Властите официјално статуата, дизајнирана од скулптурата Валентина Стевановска, ја нарекоа Воин на коњ како обид да ги спречат грчките противења, но ликот открива бројни сличности со античкиот лидер. И Македонија и Грција тврдат дека Александар Велики е нивен“, пишува „Хералд Сан“, повикувајќи се на агенцијата Франс-Прес.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139342
15-06-2011, 12:48 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

Алах 1 продолжува со провокации:

Quote:Препознавајќи го Александар Македонски во ликот на скулптурата, грчките власти велат дека неговото поставување претставува узурпација на грчката историја и ширење на национализам и конфликти.

„Оваа политика е прекршување на духот на Привремената Спогодба, провокативна е и е за осуда, ги поткопува билатералните односи и наштетува на преговорите под покровителство на ОН.

- Директно е во спротивност на добрососедски односи и ќе има неизбежни последици по евроатлантските перспективи на ПЈРМ. Уште повеќе, овој потег следува по неодамнешните гаранции на политичкото лидерство на ПЈРМ пред ОН и меѓународната заедница дека планираат да работат искрено кон надминување на спорот со името. - Грција ќе ги информира своите партнери и сојузници, како и меѓународните организации за оваа провокативна постапка, за која веќе ги предупредивме“, изјави Григорис Делавекурас, портпарол на грчкото Министерство за надворешни работи.

Делавекурас со порака до македонскиот премиер Никола Груевски - да работи искрено и сериозно кон надминување на спорот со името меѓу двете земји, а не да прави, како што вели портпаролот на грчкото МНР, провокации за да ја избегне реалноста

„Име со географска одредница за сите употреби во односите со сите држави е решението што ќе овозможи градење на добрососедски односи, ќе придонесе за регионална стабилност и ќе ги одблокира европските перспективи на ПЈРМ“, рече Делавекурас
.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139340
15-06-2011, 12:50 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#10

Предавник до предавник на националната кауза:

Quote:Вечерва гости во Студио 2 се Мерсел Биљали и Стево Пендаровски. Тие ќе разговараат на тема, Антиквизацијата и спорот со Грција. Воедно темата на разговорот е поставувањето на споменикот на „Александар Македонски“.

Господине Пендаровски, какви последици е можно да има поставувањето на споменикот на Александар, Груевски и неговите соработници сигурно се свесни дека би го проблематизирало ова спорот со Грција, тогаш зошто всушност го поставуваат?

Пендаровски: Денеска ги следам првичните реакции на почетокот на поставување на овој споменик и мислам дека одиме во погрешна насока. Не ни е битно и не би се сконцентрирал на реакциите од Атина, не можам да претпоставам какви ќе бидат.

- Јас се плашам дека со поставувањето на овој споменик, ние на долг рок, ќе ги изгубиме и оние малку пријатели на меѓународен план што ни останаа. Атина сигурно ќе има негативен став. Да немате дилеми околу тоа.

- Исто така се плашам како ќе реагираат оние кои треба да ни помогнат, во овој асиметричен спор кои сме послабата страна, во сите ресурси да извлечеме барем нерешено.

- Не можам да видам кои, било САД, било Германија, Велика Британија, никој нема да аплаудира. Ја гледавме реакцијата на холандската амбасадорка Симоне Филипини, која не можеше да задржи да се насмее, коментирајќи го споменикот кој уште не е ни поставен.

- Холандија е еден од најголемите донатори на Македонија и една од најбогатите држави во Европа.

Холандската амбасадорка вели: Aко го сакаат граѓаните, што можам јас да кажам. Навистина има и критики, но има и пофалби за споменикот.

Биљали: Мислам ако градите политика, не треба да поаѓате на тоа што се желби на луѓето. Значи не треба да се поаѓа од тоа колку ќе ги задоволите луѓето, а да не биде сето тоа на празно.

- Мислам дека ние со овој потег не пукаме во своја нога, туку во своја глава. Тоа е едно политичко самоубиство, што Македонија практично и тие мали шанси што ги има во однос со името, практично ги губи.

- Тука енормно на Грција и се зголемуваат позициите. Затоа што Грците моментално се наоѓаат во една своевидна финансиска катастрофа и тие стварно имаат послаби позиции во врска со преговарањето со името.

Повеќе од разговорот погледнете го во видеот

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=139321
15-06-2011, 12:54 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#11

Откако ја донесоа скулптурата на Александар....голем број медиуми и новинари си ги потврдија своите антимакедонски одработувања.

Исплива на површина целото анти-државно ѓубре....и деновиве ќе плови и ќе урла низ медиумите и весниците за тоа како ние се осмелуваме да ја навредиме СВЕТАТА за НИВ ЗЕМЈА-Грција.

Ах Господе чувај не од предавниците...бидејќи сами неможеме да се справиме,се котат ко глувци.
(This post was last modified: 15-06-2011, 03:42 PM by Makedonec.)
15-06-2011, 03:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12


Христо проблемот е во нашето воспитување, нашата некадарност да опстоиме на сопственото мислење. Сега исплива на површина се она што со години беше пикано под тепих.

Во Македонија постојат две групи, едната која се залагаше за самостојност и која беше составена од две подгрупи внатре: антички македонци, македонци со словенско потекло.

Втората група која од прв ден е против самостојноста на Македонија, таа е хомогена. Само средствата со кои се служи се разликуваат. Во времето на осамостојувањето сите оние кои беа за самостојна Македонија беа прогласувани за бугарофили а осамостојувањето на Македонија како преоден чекор кон спојувањето со Бугарија.

Откако полициско политичкото подземје свати дека "бугарштината" неможе да ја експлоатира повеке, бидејки и на врапците им стана јасно од каде потекнува. Заиграа на каратат на античките корени. Моево пишување ке е само шпекулација да не се во прашање истите критичари. Оние кои беа ПРОТИВ ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА.

15-06-2011, 04:37 PM
Reply
jingiby Offline
Posting Freak
*****

Posts: 994
Joined: Aug 2010
Reputation: 15
#13

Чуда се и се мая как може да се качвате на дърво без корен? Всички знаят дека пеонците са живели в Повардарието. Античките са живели на юг. Рано или късно всички лъжи набутани из измислената ви история излизат на яве и става поредният скандал. Кому е нужно това? Античките никога не са живели в Скопско, абсолютно никога!
[Image: 03079b0284b1ec94.jpg]
15-06-2011, 06:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(15-06-2011, 06:28 PM)jingiby Wrote: Чуда се и се мая как може да се качвате на дърво без корен? Всички знаят дека пеонците са живели в Повардарието. Античките са живели на юг. Рано или късно всички лъжи набутани из измислената ви история излизат на яве и става поредният скандал. Кому е нужно това? Античките никога не са живели в Скопско, абсолютно никога!


Дали етничките граници на Македонија зафакјаат во територијата која се смета за Александрова.

пс. јас не сум Македонец кој се смета за директен потомок на Александар.
15-06-2011, 07:02 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#15

(15-06-2011, 07:02 PM)ЈорданПетровски Wrote: Дали етничките граници на Македонија зафакјаат во територијата која се смета за Александрова.

пс. јас не сум Македонец кој се смета за директен потомок на Александар.

Јордане сфати дека нема место за "јас се сметам"...."и јас не се сметам"....

Нема место бидејќи од 1941-па до 92.....никој немал право да си прави научни трудови на тема-античка Македонија....а камо ли историчарите да разглабаат на оваква деликатна тема.(бидејќи ние во историјата требало да бидеме преставени како Македончиња)

Сме имале 3 окупатори....а знаете и сами дека окупаторот прво што ти забранува е националната самосвест.

Така да не се возбудувајте нивните лаги(на соседите) ќе испливаат кога тогаш во целост....само е прашање на време кога ќе им се здосади да се ќитат со туѓа историја.
15-06-2011, 08:35 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#16

Македонец... малку претеруваш. Можело да се прават научни трудови за античка Македонија (си чул ли за списанието Жива Антика?), па скоро сите добри ’античари’ уште се со образование стекнато во СФРЈ и со кариера која почнала да се прави во таа држава. Јас не знам некој научник, публицист да настрадал поради негови ставови за античка Македонија. Имаш слушнато ти за таков? Се работи за маргинализација, но и се друго биле маргализирано, па дури и МРО (посебно некаде до седумдесетите години), а во преден план е Втората светска војна, поточно револуцијата. Тоа е типично за сите комунистички држави. Судирите тогаш биле по други прашања...

Проблемот е што сега се оди во друга политизација. Јас сум да се престане со такви работи. Не може како се менува власт да имаме и различни државни историски вистини. Презентирај му се на народот и остави тој сам да си реши што ќе си прифати, нема потреба од никаков пропаганден терор. Најмал проблем на Македонија и на Македонецот е тоа кој се смета директен потомок на Александар, а кој не. За мене најзначајно за македонска држава е МРО, ова неколку пати сум го пишувал... Според мене таа организација успеа идејата за автономна Македонија (која ќе стане независна) не само да ја држи во еден мал круг на луѓе, интелектуалци, туку и да ја рашири низ целото население, а плус ја држеа во живот таа идеја низ сите премрежија низ кои поминуваше Македонија во дваесетиот век. Некој друг ќе каже дека не сум во право и дека Александар Македонски е најбитен, преку него ќе не препознае светот, преку него ќе ја раскажеме нашата приказна. Но, тука треба да се заврши, а не да се политизираат и радикализираат овие прашања, не со секоја промена на власт да имаме нови приказни со кои масовно ќе не бомбардираат. Остај му на народот сам да си процени, индивидуално, без можност да се создава некаква поделеност и наелектризираност.

Така и ме нервираат двете крајно спротивставени размислувања кои деновиве се конфронтираат за Александар. Ниту ќе се дигнеме во небеси со него, ниту ќе пропаднеме. Според мене се работи за малку егоизам, малку себепромоција - желба да се остави трага, малку инат, малку пркос, малку блесавост и многу политика (прашање е каква). Ќе преживееме и со Александар и без Александар на плоштад, нема потреба од толку конфронтација. Иако јас уште од почеток бев против тоа како генерација да се изразиме вака со Скопје 2014, но моќта е во други раце...

15-06-2011, 09:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(15-06-2011, 08:35 PM)Makedonec Wrote:
(15-06-2011, 07:02 PM)ЈорданПетровски Wrote: Дали етничките граници на Македонија зафакјаат во територијата која се смета за Александрова.

пс. јас не сум Македонец кој се смета за директен потомок на Александар.

Јордане сфати дека нема место за "јас се сметам"...."и јас не се сметам"....

Нема место бидејќи од 1941-па до 92.....никој немал право да си прави научни трудови на тема-античка Македонија....а камо ли историчарите да разглабаат на оваква деликатна тема.(бидејќи ние во историјата требало да бидеме преставени како Македончиња)

Сме имале 3 окупатори....а знаете и сами дека окупаторот прво што ти забранува е националната самосвест.

Така да не се возбудувајте нивните лаги(на соседите) ќе испливаат кога тогаш во целост....само е прашање на време кога ќе им се здосади да се ќитат со туѓа историја.



Јас само кажав како јас се чувствувам. Тоа не значи дека сум против тие што се чувствуваат со антички корени. Чувствата за корените се лична определба и нетреба да ни пречат. Кога тоа ке го надминеме, Македонија ке стане ДРЖАВА.
15-06-2011, 09:09 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#18

Се согласувам со Ацко, бидејќи кога можело да се истражи Антиката и да се популаризира Античката историја не се направило тоа, не преку вакви процеси, туку преку предавања и различни други начини.Сега не треба да се прават глупости како процесот Антиквизација, колку што знам најистражени е ВМРО и Втората Светска војна.
Најнеистражени периоди се Антиката,средновековието,Илинден,Првата и Втората Светска војна,периодот на Србската окупација 1918-1992. Учеството на Македонците во Грчката Граѓанска војна. А истотака,нашето знаење за светот околу нас е многу малку.Поради тоа неможе да не биде за дипломатија како и некој да не смета за озбилна држава.
Проблемот во Македонската историја и со Македонските историчари освен идеологијата е НЕЗАИНТЕРЕНОСТА за предметот Историја од сите страни.
Еве на пример, има доста патеписи,хроники,пишувани од други народи баш за Македонија тоа во Македонија не се збори,туку зборуваме што ќе пренесе централата од Белград.Не се истражува, не сакаме тоа да се популаризира,сакаме да добиеме некакво признание кое мислиме нам ни следува. А ние не се докажуваме во ништо.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 15-06-2011, 09:32 PM by basilius_2.)
15-06-2011, 09:31 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#19

(15-06-2011, 04:37 PM)ЈорданПетровски Wrote: Христо проблемот е во нашето воспитување, нашата некадарност да опстоиме на сопственото мислење. Сега исплива на површина се она што со години беше пикано под тепих.

Во Македонија постојат две групи, едната која се залагаше за самостојност и која беше составена од две подгрупи внатре: антички македонци, македонци со словенско потекло.

Втората група која од прв ден е против самостојноста на Македонија, таа е хомогена. Само средствата со кои се служи се разликуваат. Во времето на осамостојувањето сите оние кои беа за самостојна Македонија беа прогласувани за бугарофили а осамостојувањето на Македонија како преоден чекор кон спојувањето со Бугарија.

Откако полициско политичкото подземје свати дека "бугарштината" неможе да ја експлоатира повеке, бидејки и на врапците им стана јасно од каде потекнува. Заиграа на каратат на античките корени. Моево пишување ке е само шпекулација да не се во прашање истите критичари. Оние кои беа ПРОТИВ ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА.


Е, Јордане, после некое време , да се сложам 100 % со тебе.Знаев дека некаде ке се сретнеме.

15-06-2011, 09:46 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#20

(15-06-2011, 07:02 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(15-06-2011, 06:28 PM)jingiby Wrote: Чуда се и се мая как може да се качвате на дърво без корен? Всички знаят дека пеонците са живели в Повардарието. Античките са живели на юг. Рано или късно всички лъжи набутани из измислената ви история излизат на яве и става поредният скандал. Кому е нужно това? Античките никога не са живели в Скопско, абсолютно никога!


Дали етничките граници на Македонија зафакјаат во територијата која се смета за Александрова.

пс. јас не сум Македонец кој се смета за директен потомок на Александар.

Денеска...незначително, за да се жртвува европската перспектива.

15-06-2011, 09:50 PM
Reply