Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-06-2011, 05:15 PM)acko Wrote: Во Македонија нема дно, овие денови Сител успеа да отиде сигурно некој чекор подолу од А1. Ако тие се нормални нека дојдат надлежните да ме однесат во Бардовци! Со такви луѓе не може да сум исто...


Зошто го прави тоа Латас:

- од незнаење
- од преголема желба да му помогне на ВМРО ДПМНЕ
- од преголема желба да му помогне на Груевски

Јас ке споменам неколку други работи кои коинцидираат со протестите 1997 година.

-Амбасадор на Србија е повторно човек од српското разузнавање. Тогаш беше Јаначковиќ денеска е Ѓурин.
-Поводот на протестите и тогаш и сега е сосема оправдан. Но тогаш кога се е веке пред разрешување се менуваат барањата и се менуваат водачите. Во игра влегува Ѕинго и неговата постава. Прочитајте ги службените белешки во написов : Последното танго на „Маркс“ и Ѕингелс

Сигурно некој ке ме обвината за тоа дека сум опседнат со ззаговори. Секој со свој ум.
10-06-2011, 08:44 PM
Reply
Guest
Unregistered

 

(10-06-2011, 08:44 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(10-06-2011, 05:15 PM)acko Wrote: Во Македонија нема дно, овие денови Сител успеа да отиде сигурно некој чекор подолу од А1. Ако тие се нормални нека дојдат надлежните да ме однесат во Бардовци! Со такви луѓе не може да сум исто...


Зошто го прави тоа Латас:

- од незнаење
- од преголема желба да му помогне на ВМРО ДПМНЕ
- од преголема желба да му помогне на Груевски

Јас ке споменам неколку други работи кои коинцидираат со протестите 1997 година.

-Амбасадор на Србија е повторно човек од српското разузнавање. Тогаш беше Јаначковиќ денеска е Ѓурин.
-Поводот на протестите и тогаш и сега е сосема оправдан. Но тогаш кога се е веке пред разрешување се менуваат барањата и се менуваат водачите. Во игра влегува Ѕинго и неговата постава. Прочитајте ги службените белешки во написов : Последното танго на „Маркс“ и Ѕингелс

Сигурно некој ке ме обвината за тоа дека сум опседнат со ззаговори. Секој со свој ум.

Јордане јас сеуште не верувам дека протестите за убиениот Мартин може да резултираат со насилно рушење на власта. Едноставно не гледам дека има таква атмосфера во државата. Е сега со самото вмешување на Фрчко и ко. во нив јасно е дека мора да има некаква позадина на сето ова што се случува. Дали ќе успееме да ја одгонетнеме ќе видиме.

Што се однесува до рушењето на власта, од ден на ден сум се повеќе и повеќе уверен дека Бранко во овој момент воопшто не сакаше да ја преземе власта во државата. Оваа моја теза ја заснива на повеќе факти и тоа:

- Бранко уште во октомври минатата година бараше предвремени избори, а прифати тие да се одржат во јуни иако по сите анкети (сигурно и тој го знаел расположението на народот) СДСМ требаше да претрпи убедлив пораз (јас мислев најмалку 2:1). Еве да речеме јас како табула раза во политиката во овој случај доколку би бил на чело на СДСМ ќе темпирав изборите да бидат некаде во октомви или ноември (затоа што тогаш по завршување на одморите, децата тргнуваат на училиште, луѓето се подготвуваат за зимата, треба да се купат дрва, да се стави зимница за што се потребни пари) затоа што тогаш луѓето се некако најразочарани од власта.

- Се повеќе е јасно дека до крајот на оваа година ќе следува огромен притисок за решавање на спорот за името (денеска добиваме и сигнали од Брисел), а веќе и Груевски преку Мирка и претседателот Иванов најави дека се поизвесно е такво сценарио. Бранко како искусен вук не влегува така лесно во оган, затоа и ќе чека Груевски да ја заврши таа работа, а тој да профитира од тоа. Од друга страна еве да претпоставиме СДСМ да формираше Влада и да го променеше името, јас сум 100% убеден дека тоа ќе значеше и дефинитивен крај (заслужен) на партијата. Тоа Бранко не би го сторил. Па тој и врелиот костен околу територијалната организација го фрли во рацете на Бучковски со што доживотно го жигоса како предавник на македонските национални интереси, а истото тоа сега би му го направил и на Груевски.

- Во постојната ситуација кога буџетот на државата е потполно празен, центарот на скопје е целосно во ѕидини кои допрва треба да се довршуваат, кога станува се понеизвесно дали до крајот на годината ќе има пари за да исплаќаат пензии и плати за администрацијата, кој би бил интересот на Бранко да ја презема власта.

- Бранко во текот на целата кампања пукаше најмногу по Ѕинго. Се создаде атмосфера дека доколку дојде до промена на власта прв кој ќе падне во зандани е токму Ѕинго. Тоа мене некако ми е необјасниво затоа што знам дека Бранко и Ѕинго се многу блиски (имам информации дека додекал Бранко бише претседател Ѕинго буквално секој ден бил кај него во кабинет и се чуствувал како дома, влегувал кога сакал и без најава). Сигурен сум дека прв индикатор кој ќе го покаже паѓањето на Груевски ќе биде токму преминувањето на Ѕинго во неговото старо јато.

- И на крај јас мислам дека не е во негов стил тој да се бори и да формира влада која едвај би имала мнозинство (се случи еднаш да формира Влада и без мнозинство но тоа беше на почетокот на неговата политичка кариреа додека потезите му ги влечеше Киро). Сега Бранко ќе оди на победа со која ќе покаже дека го понижил Груевски.

И навистина сложувалката полека почнува да се сложува. По овие избори Груевски ќе биде целосно зависен од ДУИ. Ако се знае кој и како управува со ДУИ мислам дека во најпогодниот момент за Бранко (откако ќе се промени името и откако рејтингот на ДПМЕ ќе се сроза) ДУИ ќе се повлече, ќе падне владат и ќе се оди на предвремени избори. Нема да ме чуди во една таква констелација на односи Бранко со помош на Ѕинго, Стојменов, Стоиљковиќ и други негови стари пријатели, заедно со ДУИ и со ДПА да формираат Влада која ќе спроведе огромни апсења и ќе создаде терен за целосен колапс на Груевски.

Можеби грешам во моите проценки, но сепак да сум на местото на Груевски воопшто не би бил комотен во ваква ситуација во која тој во моментов се наоѓа. Дури напротив сега Груевски мора да биде многу претпазлив иако мислам дека повеќе од 2 години нема да опстои на политичката сцена. Тој сега е речиси во мат позиција. Така да воопшто не ја разбирам еуфоријата која владее меѓу обичните членови на ДПМНЕ кои се удираат во гради дека еве пак го поразиле Бранко.

П.С. Јордане поради сето претходно што го кажав мислам дека ако имате какви било амбиции политички да се активирате тоа да го направите во најкраток можен рок, затоа што нови, неискварени луѓе ќе имаат огромна шанса на следните избори. Ќе има огромно незадоволство кај граѓаните (посебно десно ориентирани) кои во една таква ситуација изборот ќе го гледаат во некоја нова опција.
10-06-2011, 10:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-06-2011, 10:44 PM)Guest Wrote: Јордане јас сеуште не верувам дека протестите за убиениот Мартин може да резултираат со насилно рушење на власта. Едноставно не гледам дека има таква атмосфера во државата. Е сега со самото вмешување на Фрчко и ко. во нив јасно е дека мора да има некаква позадина на сето ова што се случува. Дали ќе успееме да ја одгонетнеме ќе видиме.

Што се однесува до рушењето на власта, од ден на ден сум се повеќе и повеќе уверен дека Бранко во овој момент воопшто не сакаше да ја преземе власта во државата. Оваа моја теза ја заснива на повеќе факти и тоа:

- Бранко уште во октомври минатата година бараше предвремени избори, а прифати тие да се одржат во јуни иако по сите анкети (сигурно и тој го знаел расположението на народот) СДСМ требаше да претрпи убедлив пораз (јас мислев најмалку 2:1). Еве да речеме јас како табула раза во политиката во овој случај доколку би бил на чело на СДСМ ќе темпирав изборите да бидат некаде во октомви или ноември (затоа што тогаш по завршување на одморите, децата тргнуваат на училиште, луѓето се подготвуваат за зимата, треба да се купат дрва, да се стави зимница за што се потребни пари) затоа што тогаш луѓето се некако најразочарани од власта.

- Се повеќе е јасно дека до крајот на оваа година ќе следува огромен притисок за решавање на спорот за името (денеска добиваме и сигнали од Брисел), а веќе и Груевски преку Мирка и претседателот Иванов најави дека се поизвесно е такво сценарио. Бранко како искусен вук не влегува така лесно во оган, затоа и ќе чека Груевски да ја заврши таа работа, а тој да профитира од тоа. Од друга страна еве да претпоставиме СДСМ да формираше Влада и да го променеше името, јас сум 100% убеден дека тоа ќе значеше и дефинитивен крај (заслужен) на партијата. Тоа Бранко не би го сторил. Па тој и врелиот костен околу територијалната организација го фрли во рацете на Бучковски со што доживотно го жигоса како предавник на македонските национални интереси, а истото тоа сега би му го направил и на Груевски.

- Во постојната ситуација кога буџетот на државата е потполно празен, центарот на скопје е целосно во ѕидини кои допрва треба да се довршуваат, кога станува се понеизвесно дали до крајот на годината ќе има пари за да исплаќаат пензии и плати за администрацијата, кој би бил интересот на Бранко да ја презема власта.

- Бранко во текот на целата кампања пукаше најмногу по Ѕинго. Се создаде атмосфера дека доколку дојде до промена на власта прв кој ќе падне во зандани е токму Ѕинго. Тоа мене некако ми е необјасниво затоа што знам дека Бранко и Ѕинго се многу блиски (имам информации дека додекал Бранко бише претседател Ѕинго буквално секој ден бил кај него во кабинет и се чуствувал како дома, влегувал кога сакал и без најава). Сигурен сум дека прв индикатор кој ќе го покаже паѓањето на Груевски ќе биде токму преминувањето на Ѕинго во неговото старо јато.

- И на крај јас мислам дека не е во негов стил тој да се бори и да формира влада која едвај би имала мнозинство (се случи еднаш да формира Влада и без мнозинство но тоа беше на почетокот на неговата политичка кариреа додека потезите му ги влечеше Киро). Сега Бранко ќе оди на победа со која ќе покаже дека го понижил Груевски.

И навистина сложувалката полека почнува да се сложува. По овие избори Груевски ќе биде целосно зависен од ДУИ. Ако се знае кој и како управува со ДУИ мислам дека во најпогодниот момент за Бранко (откако ќе се промени името и откако рејтингот на ДПМЕ ќе се сроза) ДУИ ќе се повлече, ќе падне владат и ќе се оди на предвремени избори. Нема да ме чуди во една таква констелација на односи Бранко со помош на Ѕинго, Стојменов, Стоиљковиќ и други негови стари пријатели, заедно со ДУИ и со ДПА да формираат Влада која ќе спроведе огромни апсења и ќе создаде терен за целосен колапс на Груевски.

Можеби грешам во моите проценки, но сепак да сум на местото на Груевски воопшто не би бил комотен во ваква ситуација во која тој во моментов се наоѓа. Дури напротив сега Груевски мора да биде многу претпазлив иако мислам дека повеќе од 2 години нема да опстои на политичката сцена. Тој сега е речиси во мат позиција. Така да воопшто не ја разбирам еуфоријата која владее меѓу обичните членови на ДПМНЕ кои се удираат во гради дека еве пак го поразиле Бранко.

П.С. Јордане поради сето претходно што го кажав мислам дека ако имате какви било амбиции политички да се активирате тоа да го направите во најкраток можен рок, затоа што нови, неискварени луѓе ќе имаат огромна шанса на следните избори. Ќе има огромно незадоволство кај граѓаните (посебно десно ориентирани) кои во една таква ситуација изборот ќе го гледаат во некоја нова опција.



Посочуваш многу работи кои реално можат да се случат.

Политички амбиции никогаш не сум имал, ниту пак ке имам. Си дадов ветување кога се качував во авион за заминување од Македонија , дека моја нога никогаш повеке нема да стапне во Македонија. Обично ги одржувам ветувањата.
11-06-2011, 03:43 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Добри протести денес, мислам дека веќе ги нема тие негативности за кои се пишуваше, а гледам и другите градови почнале да протестираат... Посебно Битолчани изненадија со масовност...

[Image: Protest_002.JPG]



11-06-2011, 03:55 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

[Image: demotivacija.mk_Shto-e-vistinata-Lazhesh...934966.jpg]

11-06-2011, 04:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:МЛАДИТЕ ДИГНАА ЦРНО ЗНАМЕ ПРЕД ВЛАДАТА

[Image: crno_zname.JPG]

Најмасовни протести на младите во главниот град. Револтот против бруталното убиство на Мартин Нешкоски го искажаа со ставање на црно знаме пред зградата на владата. Преку паролите „Неспособноста на институциите чини живот“,„Ние не сме партија!“,...


Најмасовни протести на младите во главниот град. Револтот против бруталното убиство на Мартин Нешкоски го искажаа со ставање на црно знаме пред зградата на владата. Преку паролите „Неспособноста на институциите чини живот“,„Ние не сме партија!“, „Партиски полтрони одете си дома“ побараа да се стави крај на полициското насилство.

На групата и се приклучи и семејството на Мартин Нешкоски, кои запалија свеќи на плоштадот Македонија каде што тој го загуби својот живот. Редот и мирот се одржуваа со апели за ненасилство, а низ улиците на Скопје постојано бараа поддршка од случајните минувачи.

[Image: protesti_mladi10.JPG]
На младите им е „преку глава“ од мешањето на партиите

На главните крстосници не се пропушташе ниту едно возило, но наместо отпор и нервоза, дел од возачите одлучија да им се приклучат.

Младите побараа расветлување на случајот и одговорност од министерката Гордана Јанкуловска и портпаролот на МВР Иво Котевски. Протестите продолжуваат и наредните денови.
11-06-2011, 02:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-06-2011, 10:44 PM)Guest Wrote: Јордане јас сеуште не верувам дека протестите за убиениот Мартин може да резултираат со насилно рушење на власта. Едноставно не гледам дека има таква атмосфера во државата. Е сега со самото вмешување на Фрчко и ко. во нив јасно е дека мора да има некаква позадина на сето ова што се случува. Дали ќе успееме да ја одгонетнеме ќе видиме.


Атмостверата се ствара. Што мислиш какви ке бидат вестите од "добро информирани извори блиски до Груевски и Ахмети" кога ке почнат преговорите за коалиција. Што ке се пишува после договорот за коалиција....
Процесот ке потрае, септември-октомри ке бидат најсилните удари ...
Протестиве за убиството на момчето не им се погодиа, пребргу се откри нивната улога а и водачот им е во Шутка.



Quote:Нападнат полицаец на протестите во Скопје- украден неговиот пиштол
Македонија
|

11. јуни 2011
Униформиран полицаец кој вчера ги обезбедувал протестите за смртта на Мартин Нешковски бил нападнат од четири лица кои му го одземале и пиштолот, информираат од МВР

Share352

Вчера околу 20 часот четири лица нападнале полицаец од полициската станица Аеродром кој ги обезбедувал протестите за смртта на Мартин Нешковски, информираат од МВР. Нападот се случил спроти Рамстор кога колоната се движела од Владата кон Собранието. Четири лица одзади му пришле на полицаецот, едниот го удрил над коленото, го турнале во толпата, му го украле пиштолот и ја искористиле гужвата за да побегнат, велат од МВР.

Полицијата трага по сторителите.
(This post was last modified: 11-06-2011, 05:47 PM by ЈорданПетровски.)
11-06-2011, 05:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Нејаснотии околу смртта на Мартин Нешковски
11 јуни 2011
Форум

Мотивот за убиството на Мартин Нешковски од страна на припадникот на „тигрите“, Игор Спасов се' уште е мистерија, а институциите веќе започнаа да ја префрлаат топката за тоа кој направил пропусти во истрагата


[Image: lookup]

„Според првичните сознанија кои ги имаме, претходела вербална расправија. Осомничениот во полиција одлучи да се брани со молчење, не знам дали истиот се брани со молчење и пред истражниот судија, сепак судот е тој кој одлучува околу вината на осомничениот и судот е тој кој ги утврдува мотивите за делото“, рече Иво Котевски.
Котевски денеска рече дека истражниот судија бил повикан на лице место но според него, ниту истражен судија ниту заменик јавен обвинител не дошле за време на вршењето на увидот а исто така, информиран бил уште вечерта и Институтот за судска медицина, доколку процени да испратат нивни вешти лица на лице место.
„Сите институции кои беа повикани, ниту една не се одзва на поканата туку напротив, увидот и го препуштија на полицијата“, рече тој.
Самата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска потврди дека службени лица останале со мртвото тело на Мартин Нешковски, додека осомничениот исчезнал од настанот.
„Осомничениот заедно со полициските службеници Мартин го фатиле под рацете, го пренеле во непосредна близина во тревнатиот дел на паркингот пред Мепсо, каде му укажувале помош обидувајќи се да го реанимираат. Осомничениот заминал од местото и ги оставил полициските службеници да го обезбедуваат и да ја чекаат екипата на брзата помош, каде по нивно пристигнување од страна на доктор кај Мартин, констатирана е смрт“, изјави Јанкулоска во средата.
Колку е логично, еден осомничен кој голем број на сведоци го виделе дека претепал некого до смрт, да биде пуштен да си отиде од местото на злосторството, без изјава и без земање на лични податоци, го праша Макфакс, портпаролот на МВР, Иво Котевски на денешната прес конференција.
„До моментот до известувањето на Институтот за судска медицина, МВР немаше потврда околу причините за настанувањето на смртта. Кажавме и на првата прес конференција, единствено што имавме пријава во МВР, е дека случајот се води како „незнаена смрт“. Значи ниту едно лице, ниту еден медиум, не дојдоа да пријават во МВР и на полицијата да и помогнат при расветлувањето на полицијата“, одговори тој.
Полицајците според него не го пријавиле случајот, бидејќи според нивните искази, тие не го виделе чинот на тепањето.
На повторно прашање зошто на осомничениот кој го прскал Мартин со вода додека бил во бесознание, не му била земена изјава од службените лица и зошто бил пуштен да си оди, Котевски одговори:
„Значи, ќе ви повторам. Поднесена е кривична пријава против осомничено лице за коешто откако бевме известени од судска медицина дека станува збор за насилна смрт, беше утврден идентитетот и истиот беше процесуиран од судот. Останатите, според нивните искази, помогнаа, за разлика од сите други наводно заштитени сведоци, во идентификација на осомничениот, бидејќи беа поврзани приказните од дел од лицата кои подоцна беа повикани или се јавуваа со дел од лицата кои биле присутни за време на укажувањето на помош. Но дел од тие лица кои учествуваат при укажување на помош, односно обидот да се реанимира момчето, тие според нивните искази велат дека не го виделе чинот на тепањето“.
Во меѓувреме протестите против насилството и полициската бруталност продолжуваат. Во петокот имаше голем протест во Скопје, а протест имаше и во Битола. На социјалните мрежи најавени се протести и во други градови од внатрешноста. Народниот правобранител, Иџет Мемети исто така побара целосно расветлување на случајот



Основното што истрагата мора да го утврди е ЗОШТО полицаецот употребил сила. ЗОШТО го тепал момчето. Mотивот/Причината е клучот да се разрешат многу дилеми. Да не ме разберете погрешно оваа не го пишувам за да ја намалам вината на убиецот. Го пишувам за да се најдат некои други работи ....
(This post was last modified: 11-06-2011, 05:58 PM by ЈорданПетровски.)
11-06-2011, 05:53 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(11-06-2011, 05:53 PM)ЈорданПетровски Wrote: Основното што истрагата мора да го утврди е ЗОШТО полицаецот употребил сила. ЗОШТО го тепал момчето. Mотивот/Причината е клучот да се разрешат многу дилеми. Да не ме разберете погрешно оваа не го пишувам за да ја намалам вината на убиецот. Го пишувам за да се најдат некои други работи ....

ЗОШТО ми зошто кошулата остана недоткаена, кошулата беше даровна. Е, зошто де, Јордане!? Можеби тоа е клучот, но тој клуч не го враќа животот на младиот Мартин. А, како беше она за една детска проелана солза, дека не вреди ништо за да ја надомести! Има само четири можни причини.
1. Некое дејствие на младиот Мартин кој би го загрозувал животот на Никола Груевски или некој друг од водството на ВМРО-ДПМНЕ.
2. Намера на некои центри да се инсценира настан после кој ке се атакува на актуелната власт. Да беше првото, тоа упасениот полиацец ке го кажеше ,досега, 1000 пати. Да беше она второто, за кои пари некој егзистенцијално обезбеден човек ке ризикува доживоте затвор. Не верувам дека во МК има луѓе од тип на Чермоземски, кој поради идеали ке го жртвува животот.
3. Некоја приватен спор меѓу полицаецот и Мартин,
4. Е, сега, ако не се докажат овие три можности, доаѓа четвртата...на Никола Гелевски. И, потоа ... Јордане!?

12-06-2011, 09:40 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

(12-06-2011, 09:40 AM)hristo Wrote:
(11-06-2011, 05:53 PM)ЈорданПетровски Wrote: Основното што истрагата мора да го утврди е ЗОШТО полицаецот употребил сила. ЗОШТО го тепал момчето. Mотивот/Причината е клучот да се разрешат многу дилеми. Да не ме разберете погрешно оваа не го пишувам за да ја намалам вината на убиецот. Го пишувам за да се најдат некои други работи ....

ЗОШТО ми зошто кошулата остана недоткаена, кошулата беше даровна. Е, зошто де, Јордане!? Можеби тоа е клучот, но тој клуч не го враќа животот на младиот Мартин. А, како беше она за една детска проелана солза, дека не вреди ништо за да ја надомести! Има само четири можни причини.
1. Некое дејствие на младиот Мартин кој би го загрозувал животот на Никола Груевски или некој друг од водството на ВМРО-ДПМНЕ.
2. Намера на некои центри да се инсценира настан после кој ке се атакува на актуелната власт. Да беше првото, тоа упасениот полиацец ке го кажеше ,досега, 1000 пати. Да беше она второто, за кои пари некој егзистенцијално обезбеден човек ке ризикува доживоте затвор. Не верувам дека во МК има луѓе од тип на Чермоземски, кој поради идеали ке го жртвува животот.
3. Некоја приватен спор меѓу полицаецот и Мартин,
4. Е, сега, ако не се докажат овие три можности, доаѓа четвртата...на Никола Гелевски. И, потоа ... Јордане!?

Христо, имав почит кон тебе и твоите ставови, но во последно време твојата суета те преобрази во обичен контраш. Прашањето кое го поставува Јордан е од огромна важност. Според мене, тоа е она што протестерите треба да го бараат: РАЗЈАСНУВАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА околу како се случило убиството. Јас сеуште нема прочитано или слушнато две верзии кои се исти, ниту пак имам слушнато една верзија која нема сериозни дупки и логични пропусти. На друга тема напишав дека како што стојат сега работите суд во една правна држава овој Спасов нема да може да го осуди поради немање на случај кој ја потврдува неговата вина преку секое разумно двоумење.

Првиот чекор до докажувањето на вината, првин на убиецот, а потоа и на системот на полициска бруталност, мора да започне токму од разјаснување на прашањето "Која е причината заради која Спасов го нападнал Нешковски?" Само тогаш ќе можеме да зборуваме за полициска бруталност или психочка нестабилност или оправдана постапка кај полицаецот која му избегала од контрола.

12-06-2011, 04:00 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

Quote:Владимир Костовски

Created on Friday, 10 June 2011 23:01


РЕЖИМ КАКО КОНСТАНТА!


Глупаво е да се зборува дека во Македонија сега владее режим наместо влада или дека сега, со Груевски, работите драстично се смениле и од демократија сме станале тоталитаризам. Тоа можат да го кажат само злобни луѓе без два грама мозок, кои не се способни да ги согледаат нештата длабински. А, кога ќе се погледне така, ќе се дојде до тажната встина дека во Македонија, всушност, никогаш и не се видело ни „Д“ од демократијата, а камо ли демократијата во нејзиниот цел сјај.

Ништо ново и ништо (по)страшно не се случи во Македонија на 6-ти јуни. Македонија резибра, наместо да избираше. Имаше мали тактички изненадувања од типот ниеден пратеник за малите партии, кои и онака, како што сме напишале, во суштина се формираат да ја поматат сметката на големите. Тој стар трик на бандите, левата и десната, овој пат беше симулиран до даска и поради нивните интереси за што повеќе гласови, сепак малите беа на некој начин жртвувани.

Но, не се плашете. Тие нема да исчезнат. Како што можеше да се види, ниту една не е на работ да прогласи самоукинување. Напротив, оние лидерчиња со троа поголем интегритет и демократски капацитети, по теркот на западната демократија веднаш си поднесоа оставки, а на нивното место ќе ги замени некој со помалку или повеќе чувство за прагматичност, па сѐ ќе си дојде на свое место.

Оние лидерчиња на малите банди кои тоа го поседуваат од секогаш; веќе си најдоа место под сонцето. Во новиот парламент и натаму ќе ги гледаме фаците како Боро, Ѕинго, Тито, Павле... Уште Столе ни „фале“, ама од него нема да се спасите, гарант. Тој своето канта-тропа предвидување во памфлетски стил во претпоследниот „Фокус“, дека Груевски ќе изгубел на 5-ти јуни како Милошевиќ во 2000-та, многу бргу ќе најде начин да ни го протолкува „стручно“ и да ни објасни, како и Милчин на пример, дека народот сѐ уште не ја достигнал онаа фаза на свесност кога ќе гласа само за ним омилената лева банда и на тој начин ќе ја внесе Македонија во Европа, НАТО, светот и пошироко...

Она што е добро и што сепак може да се каже дека е некоја придобивка за демократските процеси, е бројот на гласачи кои се определија за бандите. Тој број е во прилично избалансиран размер, што резултираше и со приближно еднаков број пратеници за едната или за другата банда. Тоа пак, веќе напишавме во минатата колумна, е подобро за некоја перспектива за демократски процеси, отколку кога на едната страна имаме апсолутно мнозинство, а на другата исклучително мал број опозиционо мислење. Без оглед што ние знаеме дека во Македонија нема опозиција, ниту некогаш ја имало, туку дека сите тие се во „Власта“.

Режим или демократија?

Но, кога за демократијата праиме муабет, нам деновиве ни се вртат сѐ погласните „озборувања“, јавни, дека во Македонија немало демократска власт, туку дека владеел режим. Оној на Груевски. И оти тоа бил врв на пропаѓањето на Македонија. Демек, државава пропаднала и никогаш полошо не ѝ било. Мижи Асане да те лажам!

Овие „озборувања“, овие „клевети и лаги“, ги пласираат симпатизерите и активистите на левата банда, кои, улулкани во својата „изборна победа“ со 43-те пратеници, сметаат дека сега можат да ја шират старата приказна уште поуверливо.

Вистината, сепак, е многу покомплексна и посурава од нивните лижавчиња-лажалки што ги пласираат во јавноста. Вистината е, дека во Македонија немало, никогаш немало вистинска демократија, туку како и сѐ останато поврзано со „новиот систем“ што го видовме во 1990 година, е всушност една голема лага.

Ајде да тргнеме од најновите настани. Се случија две крупни„ дешавки“ во изминативе денови, што ни се одлична подлошка за мини анализава што сакаме да ја направиме. И двата настана се поврзани генерално со Власта, со начинот на владеење преку „ударната тупаница“ на бандите—полицијата—а во крајниот резултат, тие два настана го покажуваат нивото и степенот на развој на демократијата во Македонија.

Убиле недолжно дете и се прават мутави!


Првиот настан се случува ноќта кога се слави изборната победа на една од бандите на скопскиот плоштад „Македонија“. Младо момче, член и гласач на ВМРО ДПМНЕ, желно да ја честита победата ита кон лидерот. Таму нешто се закача или му е сомнителен на еден од мајмуните што се задолжени за обезбедување и овој, со употреба на „непропорционална сила“, го убива момчето на лице место.

Брутално го претепува и го треска од метална клупа, по што, поради излив на крв во мозокот, младиот Мартин Нешковски го губи животот. На очиглед на стотици граѓани кои се околу мајмунот и жртвата. Подоцна разбравме дека мајмунот всушност, да ти бил полицаец и тоа не обичен, туку специјален и припадник на една од појаките полициски единици во Македонија. Тој истовремено да ти бил и дел од поширокото обезбедување на премиерот под команда на прочуениот Урко.

Обезбедувањето на премиерот го координира МВР. Тоа што истовремено, мајмуните од тој тип се и газди на агенции за обезбедување, тоа нема врска. Формално правно, обезбедувањето е под надлежност на МВР и сите тие мајмуни задолжени за тоа, се под МВР.

Е, сега, интересно е да видиме, како, како во вистинска демократија се однесува МВР, односно власта во овој случај. Прво се обидоа да го сокријат полицаецот, мајмунот, па ниту еден од неговите колеги и од оние кутри униформирани полицајци таму, не пријавиле дека има убиено момче. Убиството не го пријавиле ниту медицинските лица од итната помош кои биле повикани да видат дали можат да сторат нешто.

И веројатно, така си мислеле дека ќе помине сѐ некако заматено и замаглено. Но, види чудо. Светов денес не е исти како во 1945-та. Младиве денес знаат за интернет и за социјални мрежи. Башка, има и повеќе канали од т.н. мејнстрим медиуми, па кај некој од нив, без оглед дали припаѓа на некоја банда, вистината ќе исплива. Така и се случи.

Преку „Фејсбук“ и „Твитер“, веста брзо беше проширена уште ноќта кога се случило убиството. Кога оној подлизурко и шминкер од портпарол Иво Котевски, кој нема повеќе од 1,5 гр. мозок, во понеделникот попладне беше прашан за некакво претепано усмртено момче на плоштадот „Македонија“, тој се обиде да го негира случајот во целост. Отпосле дознаваме од нивниот човек, првиот судски патолог Алексеј Дума, дека веќе во понеделникот, полициски старешини присуствувале на обдукцијата на момчето и ја знаеле причината за смртта: Насилна смрт предизвикана од удари по главата и телото кои довеле до крварење на мозокот.

Вторник до пладне, власта уште молчи. Уште се обидува да го сокрие или „изменаџира“ непријатниот настан. Кога новинарите прашуваат за претепување на момчето од припадник на „Алфа“ единиците, портпаролчето тврди дека тоа нема врска и ги упатува новинарите „да го пријават случајот ако имале такви сознанија“. Што е најтрагично во целиот случај, полицијата не го известува ниту семејството, кое за идентитетот на убиениот дознава од телевизиите. Невиден скандал, безобразие и бесчуствителност.

Дури во среда, соочени со протестите на младите кои дефинитивно почнаа и сѐ уште имаат огромна доза на спонатанитет, Власта: признава дека се случило убиство; дека уште во понеделникот, наводно претпладне, убиецот-мајмун сам се пријавил кај својот старешина и го признал делото и дека МВР ќе поднела кривична пријава за убиство. Откако случувањата ескалираат со масовни осуди од целата јавност, откако повеќе структури во државата се приклучија кон осудите и протестот поради полициската бруталност, министерката Јанкуловска држи прес конференција и изразува жалење за настанот, апелирајќи да се гледа како издвоен случај. Пази богати!?

Портпаролчето без два грама мозок, пак, (не е човек да му замери, толку му сече), тврди дека не лажел ништо, односно дека немале сознанија. Во истовреме, сиот свој раскошен демократски капацитет го распостилаат пред народот во сиот свој сјај, заканувајќи им се на младите што се организираат преку „Фејсбук“ и „Твитер“, со зборовите дека МВР ги следи социјалните мрежи и дека против поттикнувачите на „насилни протести“ ќе бидат покренати кривични пријави!!!

Протестите во меѓувреме продолжуваат и, иако е забележлив обидот тие на некој начин да бидат инструментализирани, сепак, ќе повториме, во својата суштина се спонтан протест на образовани млади луѓе кои се гневни да живеат во држава во која на сред плоштад, некој што е задолжен за безбедноста на луѓето, ладнокрвно да претепува до смрт невини деца!

Да заклучиме околу овој прв настан податен за нашата анализа за демократијата во Македонија: Полициска бруталност има, помалку или повеќе, во секоја држава во светот. Проблемот е како државата, односно институциите на системот се справуваат со тој проблем. Но, за разлика од другите држави во светот, каде што владеат стандарди и каде што се знае што е морална или кривична одговорност, каде што воопшто одговорноста на оние што ја спроведуваат власта е на исклучително високо ниво, во Македонија уште еднаш се покажа сета нечувствителност на оние кои владеат, кон владеените.

Во ваков случај, прво не смее ниту да се помисли да се лаже. Второ, воопшто не може да стане збор за изолиран, поединечен случај, од кој било агол да го гледате.

Суровоста на полицијата при истрагите, во полициските станици или при спроведување на обични акции за приведување, е оддамна регистрирана појава од релевантни фактори и во Македонија и во светот што ја набљудува Македонија.

Трето, вакви случаи имало и порано и тие се документирани во поблиското минато.

Четврто, под итно требаше да следи одговорност, дали е тоа смена или оставки на непосредните полициски старешини се до ранг на директорот на униформираните полицајци, во случајов тоа е оној што го викаат „Радник“. Во истовреме, требаше да се нареди истрага, односно нова проценка за психичката состојба на вработените во МВР што имаат допир со оружје и други средства за присила.

Откако сето тоа ќе го спроведеше, она девојче што многу знаело што е демократија и закон, тогаш како чин на морална одговорност можеше, иако не мора, да поднесе оставка, но секако, требаше да ја увери јавноста дека никогаш повеќе нема да дозволи полицијата да претепува до смрт некој кој дури не е ниту осомничен. Но, ние џабе зборуваме, оти тие сѐ знаат нели!?

Ех, „брату“ Љубе!


Вториот случај што го употребуваме за анализава, е апсењето на Љубе Бошкоски. „Братот“ Љубе, ние отсекогаш сме го сметале за една смешна, истовремено опасна фигура во државата, особено ако му дадете нешто важно да раководи или командува.

Тој како таков и се покажа уште по победата на ВМРО ДПМНЕ во 1998-та, кога по повикот од сестра Доста (Бог да ѝ душа прости), дотрчал во Татковината да ѝ служи!

Да именувате таков човек за помошник директор на тајна полиција (помошник на една интересна фигура која ќе ви ја претставиме некогаш во иднина - Бојан Бојановски), а потоа и за Министер, е една тешка спрдачина со народот.

На шарлатан, кој нема абер од таа работа, му давате огромна моќ и одговорност да управува со човечки судбини. Сѐ што подоцна се случуваше со него беше само последица на вистинските намери на оние што го поставиле и оние кои вистински владеат со оваа земја.

Бруталниот начин на кој се обидоа да расчисат со него преку случајот „Раштански лозја“, всушност одговора на бруталитетот што го поседува „брат“ Љубе во себе и неговата карактерна црта да биде безмилосен кога може. Расчистувањето на левата банда со него преку „Раштански“, беше само мала слатка одмазда на „меѓународната“ кон Љубе и ништо повеќе, извршена преку една госпоѓа вработена во МИ-6.

Таа одмазда не запре таму, туку од Хрватска, го однесоа Љубе во Хаг. Тоа што Љубе имаше среќа да добие одлична адвокатка, која успеа суптилно да ја разлачи командната одговорност за настаните во Љуботен и да ја отфрли од Љубе; тоа што на страната на Љубе, де факто државата, се ставија и одлични експерти како Тасева на пример, тоа не говори дека Љубе е невин како цвет и дека сите само беспотребно го клеветат.

Љубе Бошковски не е наивен човек, иако понекогаш така делува. Љубе е недоволно интелигентен да направи проценка што и како треба секогаш да направи. Така, и покрај сиот кредит што го имаше кај неупатениот народ по враќањето од Хаг, Љубе се решава, неумно, да прави партија и да ја стави на услуга на една од бандите, во случајот левата.

Нема грам сомнеж околу тоа дека Љубе работеше за БЦ. Исто така, нема ни грам сомнеж дека Љубе Бошкоски направил и некаква злоупотреба со парите. Та нема да му е прв пат и не ќе да е дека сѐ во својот живот стекнал макотрпно, „с’с овие две руке“, што би рекол Ѕинго.

Впрочем на форумот на Котле имаше добри фотографии околу тоа што било и што станало со неговиот имот во Бале за само неколку години. На брат Љубе не му се непознати и големите бизниси со цигари и тутун, особено оние во кои беше заплеткан еден хрватски ќелав генерал, кој доаѓаше во Македонија да „менаџира“ некакво спојување на македонската и хрватската тутунска индустрија.

Значи брат Љубе, кој добро ја познава и Украина и пред 1998-та и во времето кога беше Министер и полициски функционер, воопшто не е наивен човек—во однос на парите особено. Дотолку, уште посмешно е, како успеаја да му уфрлат човек кој ќе му го плете кривичното дело.

Но, она што е јасно како бел ден, е фактот дека кон Љубе Бошкоски власта на Никола Груевски—уште повеќе и пропрецизно, власта на Сашо Мијалков—се однесе целосно одмазднички. Тоа не може да се скрие, колку и да сакаат да тврдат дека тие само го спроведувале законот, а дека апсењето се случило на 6 -ти јуни само затоа што тогаш била извршена исплатата на сумата од 100 илјади евра.

Тогаш, всушност, паднала командата за апсење и затоа тогаш е повикан во ресторанот „Воденица“, за да му ги дадат парите кои потоа, онака „вешто“, полицијата ги најде фрлени пред автомобилот.

Љубе беше лесен „таргет“!

Зошто кон Љубе Бошкоски? Прво, кон другите, појаките, не можат. Впрочем оддамна сме напишале дека нема никаков абер, ниту желба, ниту воља, да се апси, на пример, Бранко Црвенковски. Зашто е тоа така, сме објасниле, но договорот не е од сега, туку уште од времето кога Љубчо Георгиевски дојде на власт.

Затоа пак, Љубе Бошковски беше одличен „таргет“. Прво, многу грубо и многу гласно изнесуваше тешки навреди за Груевски и Фамилијата. Потоа, чепна во бизнисите на Мијалков, отворено нарекувајќи ги белосветски мафијаши.

Трето, на изборите не доби ниту едно пратеничо место, така што не беше заштитен ниту со имунитет, кој потоа, евентуално во ваков распоред на парламентот, тешко дека ќе му беше брзо и лесно одземен.

И конечно, самото апсење требаше да испрати порака кон политичките опоненти, кон јавноста и новинарите, кон колумнистите што јавно се произнесуваат, а не се новинари: дека исто ќе помине секој кој ќе се дрзне гласно да го обвинува Груевски и Фамилијата!

Притоа е направена и добра проценка, дека актуелниот шеф на Љубе, БЦ и СДСМ, нема да мрднат со мало прсте во одбрана на Љубе. И така, Љубе како лимун, исцеден, употребен и злоупотребен, беше фрлен на буниште. Грубо и болно, по втор пат во неговиот живот, иако е факт, дека во огромен дел сам си ги привикува невољите.

Но, ние тука не зборуваме за Љубе, туку за односот на власта кон таквите како Љубе. Власта покажа дека има премногу низок степен на толеранција за секој што гласно зборува против нејзе и дека ако малку погрубо ја чепнете, ќе го употреби моќниот механизам на државата за да „ве спакува“ како што го спакуваа Љубе Бошкоски.

Славните македонски медиуми рушат рекорди!


Во двата случаја што ги анализиравме, уште еднаш се прославија медиумите во Македонија. Особено оние „независните“. Беше вистинска срамота да се гледа како новинарите на „Канал 5“ на стариот Стојменов и како новинарите на Ѕинго и на Бојо, „Сител ТВ“ и „Вечер“, „случајно“ се нашле на местото на апсењето на Љубе Бошкоски пред ресторанот „Воденица“.

Исто така беше огромна и невидена срамота да слушате и гледате како новинарите на истиве медиуми, па дури и нешто повеќе, како „Дневник“ на пример, се обидуваат да им помогнат „посраните“ полицајци кои убиваат млади и недолжни деца, пласирајќи ги полициските приказни за тој настан.

Во бесрамниот обид на власта да се извади од кашканиците во кои се извалка од пети до врат, младиот Нешковски го нарекоа и криминалец, односно дека момчето имало криминално досије. Новинарите од споменатите медиуми, без трошка одговорност, тоа го пласираа како ударна вест.

Уште повеќе, во живите емисии каде „се слушал гласот на народот“, од типот на „Јади Бурек“ и на „Бумбар“, се јавуваа такви дебили, кои обидувајќи се да ја бранат Власта, ги набедија мајката и таткото на Нешковски дека ниту си го воспитале детето, ниту пак се вистински родители, штом два дена не знаеле каде им е синот!?

Со ваквиот однос, македонскто новинарство уште еднаш покажа дека нема долна граница што тоа не може да ја пробие. И како такво, ќе му се случи трагичен крај, исто како што трагично еден ден ќе завршат актуелниве банди, што ни продаваат финти дека едните биле демократи а другите автократи и дикататори.

Македонија никогаш не ја искусила демократијата!

Двата настана што ги анализиравме за да покажеме дали во Македонија има демократија или режим, недвосмислено покажуваат дека тоталитарната свест кај десната банда прераснува во вистинска опасност, владеењето да го трансформира во владеење слично на дикататорски режими. Тука нема сомнеж.

Но, само неколку години да се вратиме наназад, а де не зборуваме за петнаесетина години наназад, во раните деведесети, ќе се види дека сѐ било различно, а сѐ било исто. Треба ли да ги набројуваме полициските тортури против неистомислениците што ги спроведуваше ДБК, до степен на исчезнувања, самоубиства или неразјаснети убиства. Или, треба ли да споменуваме како една друга банда, неколку години пред оваа, се справи со едно несреќно лице кое остана запаметено во јавноста како „Диме Поштарот“?

Но, за разлика од бедни проститутки како Ивона и Латас, ние оваа констатација не ја кажуваме за да ја одбраниме бедната сегашност. Нашата констатација е само во смисла да докажеме дека Македонија немала, ниту ќе има во скоро време среќа, да запознае што е вистинска демократија, што е правна држава и што се и со какво значење се човековите права во демократските системи.

Оправдувањата од типот и Америка тоа го прави (такви можеме да слушнеме од гласногооврниците на оваа банда - демек видете како го уапсиле оној од ММФ или видете како го кршат законот со актот за тотална контрола на комуникациите по 9/11), не држат. Оти во истата таа Америка, имате право не фер судење кога ќе ви ги прекршат правата.

Конечно, Америка не е единствен пример кој треба да се гледа или да се следи. Погледнете како почитувањето на човековите права на исклучително високо ниво се кренати во Канада, Велика Британија, Германија или Скандинавските земји.

Погледнете и кажете, каде е Македонија во споредба со нив?
12-06-2011, 04:03 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23

/ttttt
(This post was last modified: 12-06-2011, 04:10 PM by Solenik.)
12-06-2011, 04:09 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(12-06-2011, 04:00 PM)Solenik Wrote:
(12-06-2011, 09:40 AM)hristo Wrote:
(11-06-2011, 05:53 PM)ЈорданПетровски Wrote: Основното што истрагата мора да го утврди е ЗОШТО полицаецот употребил сила. ЗОШТО го тепал момчето. Mотивот/Причината е клучот да се разрешат многу дилеми. Да не ме разберете погрешно оваа не го пишувам за да ја намалам вината на убиецот. Го пишувам за да се најдат некои други работи ....

ЗОШТО ми зошто кошулата остана недоткаена, кошулата беше даровна. Е, зошто де, Јордане!? Можеби тоа е клучот, но тој клуч не го враќа животот на младиот Мартин. А, како беше она за една детска проелана солза, дека не вреди ништо за да ја надомести! Има само четири можни причини.
1. Некое дејствие на младиот Мартин кој би го загрозувал животот на Никола Груевски или некој друг од водството на ВМРО-ДПМНЕ.
2. Намера на некои центри да се инсценира настан после кој ке се атакува на актуелната власт. Да беше првото, тоа упасениот полиацец ке го кажеше ,досега, 1000 пати. Да беше она второто, за кои пари некој егзистенцијално обезбеден човек ке ризикува доживоте затвор. Не верувам дека во МК има луѓе од тип на Чермоземски, кој поради идеали ке го жртвува животот.
3. Некоја приватен спор меѓу полицаецот и Мартин,
4. Е, сега, ако не се докажат овие три можности, доаѓа четвртата...на Никола Гелевски. И, потоа ... Јордане!?

Христо, имав почит кон тебе и твоите ставови, но во последно време твојата суета те преобрази во обичен контраш. Прашањето кое го поставува Јордан е од огромна важност. Според мене, тоа е она што протестерите треба да го бараат: РАЗЈАСНУВАЊЕ НА ПРИКАЗНАТА околу како се случило убиството. Јас сеуште нема прочитано или слушнато две верзии кои се исти, ниту пак имам слушнато една верзија која нема сериозни дупки и логични пропусти. На друга тема напишав дека како што стојат сега работите суд во една правна држава овој Спасов нема да може да го осуди поради немање на случај кој ја потврдува неговата вина преку секое разумно двоумење.

Првиот чекор до докажувањето на вината, првин на убиецот, а потоа и на системот на полициска бруталност, мора да започне токму од разјаснување на прашањето "Која е причината заради која Спасов го нападнал Нешковски?" Само тогаш ќе можеме да зборуваме за полициска бруталност или психочка нестабилност или оправдана постапка кај полицаецот која му избегала од контрола.

Соленик, ке ти одговорм со дел од постот на Гуест, кој се однесува на ова тема:
Quote:...Е сега незнам што има спорно во она што јас претходно го наведов моите постови. Дали полицаец уби човек сурово и нечовечки? Дали МВР се обиде да го прикрие целиот случај? Дали и претходно немаше вакви случаи припадници на МВР да убиваат луѓе и да не одговараат? Дали портпаролот на МВР даде исказ дека момчето загинало од ненасилна смрт? (иакоод судкса медицина утврдија дека телто било во распаѓање од ударци) Дали луѓе од ВМРО биле во домо на момчето да ги убедуваат родителите да не зборуваат за случајот? Дали А1 или пак Сител и Канал 5 објавуваа за настанот? Е Јордане доколку на сите овие прашање одговориш со НЕ, е Јордане тогаш ќе го прифатам твоето тврдење дека нормално е да се случи полицац да убие човек на онаков начин како што е убиен Мартин. И ти Јордане велиш дека тоа се случува и дека убиецот треба да одговара...

Младите протестираат поради инертноста на институциите и , потенцијална, злоупотреба на овластувањата. А, тоа што ти го изјави ( зголемното) ке си дојде по истражната постапка, т.е. по завршување на судската постапка. Младите протестанти не седат покрај големите карти на генералштабовите, како што седат политичките партии, неформалните центри на моќ или други со такви амбиции, па да кројат политика, да предвидуваат како некој настан ке влијае на политичката сцена.
Инаку, како што и самиот знаеш младите протестанти на неколку пати јасно се дистанцираа од обидите на политичарите да се инволвираат во протести и негираа било каква политичка конотација на протестите. На умни...доволно.

12-06-2011, 08:25 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Христо,во овој случај се согласувам со Соленик, бидејќи немаме доволно јасна слика дали приведениот е убиецот или некој друг,би било убаво малдите енергијата да ја насочат кон тоа поскоро да се реши кој е убиецот.
Многу малку ќе добијат ако Гордана Јанкуловска поднесе оставка а убиството не го расветлиме.Тогаш многу лесно ќе станат пиони во политичката борба меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
За оваа најдобар пример ти е Шехтански, Филип, Мирјана и Студентските протести на кои им се прикучиа и Средношколците.
Тогаш целта беше да се создаде меѓуетничка тензија со Албанците, затоа за 4 години подоцна во Македонија дојде до воен судир.
Сега целта како и во '97 е иста, со предизвикување на немири да се заштити системот.

Ако си ја читал книгата "Мајка" од Максим Горки (таткото на Соц-реализмот) има една убава реченица која објаснува како Болшевиците во Русија функционирале и како дошле на власт.

Детето работи во фабриката, му приоѓа постар човек и го прашува како е детето му вели дека е добро.
Потоа го гледа натажено како да е крајот на светот, и му вели:

"Немој да се убиеш,ако ти е до смрт оди протестирај против Царот."

Детето оди протестира со парола "Смрт на Царот", го праќаат во Сибир да отслужува затворска казна. Мајка му оди и таа да протестира со цел да биде со својот син.


"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 14-06-2011, 03:35 AM by basilius_2.)
14-06-2011, 03:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Партиски полтрони, седете си дома!


Транспарентот со овој слоган, користен во осумдневните протести против полициската бруталност, јасно го отсликува актуелниот амбиент, во кој секој изблик на граѓанско несогласување чувствува неопходност да се дистанцира од можна партиска инструментализација

[Image: protest-banskoliev1.jpg]

Младите низ земјава, кои веќе осум дена по убиството на Мартин Нешковски, катадневно бараат објаснение за апсурдниот настан и преземање одговорност за смртта на момчето, со транспарентот „Ние не сме партија“ се дистанцираат од можните партиски присвојувања, на кои како да е осудено секое собирање.

На страницата „Протест секој ден! Стоп на полициската бруталност“, креиран на социјалната мрежа Фејсбук јасно е посочено оградувањето од политичките партии. Еден од принципите на протестот, запишан на страницата гласи: „Протестот е организиран спонтано, преку социјалните мрежи и е партиски независен. Секој обид да се партизира протестот ќе биде инстантно бојкотиран. Партиски полтрони, седете си дома!“.

Во водичот за мирни протести постиран на веб-страницата Протестира.ме стои: „Ако некој околу тебе има какви било партиски обележја, замоли го да ги тргне!“.

- Во ред е да се потенцира дека протестот е непартиски, но од друга страна сметам дека треба да се повикаат сите граѓани на земјава како индивидуи, без оглед дали се членови на партија или не, да го поддржат, зашто неговата цел е да му се стави крај на полициското насилство - вели Марјан Забрчанец, поддржувач и учесник во протестите.

Поддржувачите на протестот гласно апелираат на социјалните мрежи сите партиски книшки да бидат оставени дома и луѓето да излезат како индивидуалци за да го искажат својот став. Младите протестанти ја нагласуваат потребата за постоење критична маса.

Еден од поактивните твитерџии постирал: „Дури и некој да е од партија, ако се согласувам со него ќе протестирам рамо до рамо“.

Социолозите, пак, сметаат дека масовни и долготрајни протести мораат да имаат некаква политичка заднина. На организаторот на протестот, кој трае повеќе од неколку дена, му е потребна сигурност и голема поддршка.

- Има индиции дека политички партии се вмешани во протестите само битно е во колкава мера се вмешани. Ако воопшто не се вмешани тогаш постои силен невладин сектор, а тоа во нашата држава би можело да биде и погубно. Силен невладин сектор во слаба држава би можел да предизвика хаос. - смета социологот Илија Ацески.


Автор: Симона Атанасова



Откако младиве почнаа да ја применуваат паролава "Партиски полтрони, седете си дома", на ФБ комуњарските мегафони веке не се заинтересирани за протестите. Незнам колку известува сега А1 за настанот.
14-06-2011, 12:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Zarko Jordanoski

Eve, da im gi skratam makite na site sto se prasuvaat koj stoi zad protestite, ima li politika vo niv. Ima, protestite gi organiziram jas i moeto nekogasno MND, koe se zalaga za naroden presvrt, raspustanje na parlamentot so protesti i formiranje narodna, preodna, ekspertska toest moja Vlada na presvrt. Ete, si priznav, jas gi podbucnav gragjanite, i toa so pravo.



Quote:Jordan Petrovski

Единствен начин да се ослободи Македонија од двете банди ама и од центарот кој ги води бандите се вакви протести. Протести во кои конечно во Македонија работите ке почнат да доаѓаат на место. Политичарите да разберата дека мандатот го добиваат од народот а не од партиските полтрони кои тие ги купуваат со ронки од колачот наречен власт. Министрите и премиерот да се однесуваат вистински како "СЛУГИ" на народот.
Комитетот за Демократизација на Македонија им дава полна подршка на младиве да истрајат на патот по кој тргнале а на кој ке има многу пречки и подметнувања. Особено треба да се внимателни да не им се случи некој нов Филип и некое ново КСИО. КСИОТО не беше специјалитет на ВМРО ДПМНЕ, туку беше дело на тајната полиција затоа сега може да биде и од СДСМ и ДПМНЕ.
15-06-2011, 12:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Како почна се ова ( Протест против полициска бруталност )


[Image: 251080_10150211888384594_844034593_70536...=640&h=426]

Posted on Јуни 15, 2011

Кога нешто ќе почне сосема искрено, како совест која притиска и не те остава да спиеш, а ќе се прошири до размери кои се простираат до менување на свеста на успаните македонски граѓани, приказната личи неверојатна. Никој во ова време не верува во вистинските човечки вредности, осебено во Македонија, каде сите чекорат со наведната глава. Лесно е на таа приказна, ако вистински не го знаеш почетокот да и залепиш разни придавки, да ја осудиш, од било кои причини кои ти одговараат.

Вечерта на 5ти сите си беа на Баскер Фест. Јас имав работа, седев дома. Зошто работам навечер, бев будна кога се уклучи онлајн еден другар на Фејсбук. Беше видно потресен, рече дека има да каже нешто, раскажа за убиство кое се случило пред неговите очи; како што рече, најмногу го потресло тоа што го гледал младото тело покриено со ќеси како седи само а никој не се грижи за него. Не бил сам. Со него биле околу 10тина мои други познаници. Мојот пријател е еден од главните сведоци во случајов и можеби сте го виделе некаде по телевизии како дава изјави, иако не му се гледа идентитетот, храбро уште од првиот ден. Како што се сеќавам, не го обасјни до детали убиството, само рече дека младиот дечко бил брутално претепан, со ногата во глава, а главата во клупа, од страна на припадник на Алфите. За оние кои не им се верува како препознал, извинете ама сите знаеме како изгледаат нашите специајални единици.

Искрено, малку ми звучеше неверојатно. Иако раскажа дека видел дека детето лежи на тревникот оставено и покриено со ќеси, сепак, си мислев, ќе знаеме повеќе утре. И видете го мојот шок следното утро, кога наместо да знаеме повеќе, дознав помалку. Во Макфакс имаше објавено вест дека не момчето му се слошило. Се исто, само причината за смртта друга. Ме облеа ладна пот. Знаев што се случува. Веднаш му се јавивме на другарот, колку да се консултираме, потврди дека се работи за истото. Мраз. Што да ви кажам друго. Не знаев што да правам. А кога си твитерџија и кога не знаеш што да правиш, твиташ. Ако сте ја погледнале хронологијата на настаните, таму има еден твит од неименуван твитер корисник кој гласи:„Алфите вчера утепаа дечко на плоштад а видете што пишува по весници (линк до текстот во макфакс). тие се вашите чувари, ви ги убиваат децата. “(твит) А што друго да кажам? Не излажав. Набрзо добив многу прашања на твитер, се трудев да им ја објаснам случката на сите. Некои ми веруваа некои не. Твитот е ретвитнат 20тина пати. Се шири веста. Тоа беше во 16:34 часот. Лута и бесна дека сум немоќна, истото го напишав и на тромавиот Фејсбук. Таму никој не ме праша што се случува, но во сандачето добив порака од една од другарките кои биле таму вечерта дека во 17 часот, на фонтана во парк ќе се чека екипа од А1 за да земе изјави од очевидците, исто пријатели. Замоли да одиме таму за поддршка. Јас погрешно сватив дека се збираме таму, можеби како форма на протест, а мојата другарка мислела само да одиме да се видиме со другите очевидци кои се таму. Тоа е, доказ дека некогаш од грешка може да се случи нешто убаво. Затоа што единствено од Твитер заедницата добив заинтересираност и одговор нив ги повикав: „Веќе почнале да се собираат кај фонтана во парк. Ако сте луѓе, дојдете.“ (твит)Твитот е ретвитнат скоро колку и првиот. Излегов.

Моите пријатели со телевизиската екипа се скриле малку повнатре во паркот, за да не ги гледаат луѓето. Застанавме за кратко, да ги почекаме да завршат, но поради должината на интервјуто, решивме да се упатиме кон фонтана. Таму, затоа што задоцнив заради чекањето, веќе затекнав луѓе. Повеќето непознати. Почна да ми ѕвони телефонот, луѓе да се најавуваат дека ќе дојдат. Твитерџии доаѓаа, многу од нив запознав тој прв ден. Отпрвин имаше повеќе новинари од луѓе. Ги исплашија малку очевидците. После почна да се полни, веројатно секој викаше некој, не знам. Одев од човек на човек да разкажувам што се случило. Многукратно. После некое време, кога се собраа скоро 100тина луѓе, кој од кај и да чул, почнавме да се организираме полека. Некој донесе тетратка и почнавме да се потпишуваме. Решивме да одиме на кај Баскер Фест и да им раскажеме на луѓето таму. Некој донесе мегафон. Тргнавме.

Одевме иако не знаевме ни за кого, ни што точно се случило. Чекоревме, грст народ, видете и по сликите, не знаејќи се помеѓу себе тргнавме по улиците да привлечеме внимание. Сакавме само одговор, некој да каже што се случило. Знаевме дека некој е убиен тоа сигурно. Знаевме дека тоа пробува да се скрие. И знаевме дека не може тоа да го дозволиме. Бевме на Баскер Фест, и таму раскажав 100 пати. Се појавија транспаренти. Викавме на цел глас, баравме правда за нашиот „Даниел“ кој мислевме дека е жртва таа вечер. Какво чувство, да чекориш по тие улици, да бараш правда, само заради самата правда, не знам дали можам да ви опишам луѓе. Сами против сите, ние 150.

Седевме до доцна во ноќта, решивме да се растуриме. Кога стигнав дома, го отворив големиот интернет, видов колку негативни коментари има, како велат дека сведоците лажат, како ние сме вакви, такви…е и не ми е срам да си кажам дека си поплакав. Мислев, се пропадна, ама знаев дека не смеам да се откажам. Пишував вечерта на Твитер колку повеќе можам, и заспав, спремајќи се за истото утре.

Следниот ден, што ќе видам! Убиецот сам се пријавил, дечкото е Мартин Нешковски, не марширавме за џабе! Правда! На дело! Сепак, чувство на успех не ме преплави ко по добиена битка. Знаев дека е само ова почетокот. Сепак, ми беше мило што не дозволивме државата да го забошоти убиството, што овозможивме ова дете да почива во мир. Што неговата мајка ќе знае како умрело.

Дојдов на Мајка Тереза следниот ден, и можете ли да замислите што почувствував кога видов 2000 луѓе? Не можете…и возбуда и страв и радост и тага. Голем ден беше тоа. И тежок. Многу тежок.

Останатиот дел од приказната горе доле го знаете. Продолживме мирно и достоинствено да си ги бараме нашите права, пркосејќи на секоја провокација, не дозволувајќи му на никој да ја злоупотреби нашата борба. За битката која сеуште се води можам да пишам 2 пати поголем текст од овој, но тоа во некоја друга прилика. Сега сакав само да опишам како сетоа тоа почна, за да не се заборави, за да не се искомпромитира.

Се гледаме, секој ден во 6!

Тамара Атанасоска
18-06-2011, 02:15 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Quote:Сожалување


Кога на Сократ некој му удрил шлаканица, овој само рекол дека е штета што човек не знае кога да носи шлем на глава. Сенека(„За гневот“) го дава овој пример за да каже како гневот може да се ограничи, доколку се пренасочи на шега.
Момчето кое што ќе разгневи еден „тигар“ во зенитот на своите физички способности, кој што познава и боречки вештини е вистински несреќник, кој што се сретнал со вистински тигар,доколку „тигарот“ не знае да го контролира својот гнев.

Односот на јавноста кон осомничениот „тигар“, најмногу го одредува степенот на сожалување што го покажал осомничениот „тигар“ кон жртвата Мартин Нешкоски. Наводно „тигарот“, кога забележал дека момчето загубило свест, се обидел да го освести со вода и повикал други полицајци да му помогнат.

Примерот што го посочува Шопенхауер(„Етика“, страница 308) е со највисок степен на недостакок на сожалување:

„…по случајна расправија и борба помеѓу еден Шпанец и еден Алжирец, едниот, како посилен, на другиот му ја искорнал целата долна вилица и ја однел како трофеј, а него го оставил жив.

Тогаш ние потресени и згрозени ќе извикаме:`Како е можно да се стори вакво нешто?`…Смислата на прашањето е сосема сигурно само ова: како е возможно да се биде без сожаление во толку голема мерка?“

Во почетокот на 2008, во Хрватска, интервентната полиција сопира возило што се движи чудно. Во возилото се тројца алкохлизирани момчиња. При обидот да ги легитимираат, едно од момчињата напаѓа полицаец и го срушува на земја. Друг полицаец го удира момчето во глава. Момчето паѓа, удира со главата на асвалтот и губи свест. Полицајците викаат Брза помош, но момчето набрзо паѓа во клиничка смрт. Момчето Јосип Матиќ, со 22 години, умира. Против полицаецот е поведена кривична постапка за нанесување тешки телесни повреди со смртна последица.

Лекарите од болницата каде што умрело момчето од неговите родители ги побарале неговите органи, за да спасат четири животи. Момчето било спортист. Органите сепак не биле пресадени. Таткото се согласил, но мајката не .

Дека вака ќе се одвиваат работите во модерната заедница, Ниче(„Генеалогија на моралот“), забележал уште во деветнаесетиот век:

„Со зголемената моќ, заедницата повеќе не им придава толку важност на престапите на поединците, бидејќи тие не и изгледаат толку превратнички опасни за опстанокот на целината како порано: злосторникот повеќе не се става „надвор од законот“ и не се протерува, општиот гнев повеќе не смее кон него да се манифестира така безобѕирно како порано-дотолку повеќе, отсега заедницата внимателно ќе го брани злосторникот и ќе го зема во заштита од гневот, особено од гневот на непосредно оштетените. Компромис со гневот на оние кои што со злоделото се непосредно погодени; настојување случајот да се локализира и да се предупреди пошироко, или дури општото учество и вознемирување; обиди да се најдат еквиваленти и целата ствар да се изглади(compositio-помирување); и пред се, се поодредено манифестираната волја, секој престап на некој начин да се смета за надокнадив, значи, барем во извесна мера злосторникот и неговиот чин да се одвојат едно од друго-тоа се цртите, кои што во понатамошниот развој на казненото право се се повоочливи. “

И во ЕУ, која што Ниче ја предвиде и нацрта во своето дело, работите не се битно поинакви. Кон крајот на 2007 група млади го слават роденденот на една девојка. Групата сака да се забaвува во „Глобал“ во центарот на Љубљана, но обезбедувањето не им дозволува да влезат. Дваесетгодишното момче Гроразд Чамерник му дофрла неколку навредливи зборови на обезбедувањето. Групата доброволно се одалечува од локалот. Разгневениот обезбедувач Давид Буковец преку радио врска го повикува обезбедувачот Сеад Суљновиќ. Овој вториов е шеф на обезбедувањето, кој што работи на црно. Двајцата трчајќи ја стигнуваат групата млади. Давид Буковец прв го удира Горазд Чамерник во главата и со тоа му ја покажува целта на Сеад Суљановиќ кој што пристига на местото на настанот. Наизменично почнуваат да го претепуваат и му задаваат 11 удари. После неколку удари во глава, момчето паѓа на земја, а тие продолжуваат да го удираат со нозе. Престануваат да го тепаат. Момчето се обидува да стане и успева во тоа. Суљановиќ се враќа и повторно го удира во глава. Овој удар е смртоносен. Момчето повторно паѓа на земја и тешко ја повредува главата. После неколку дена умира.

Судот им изрекува казна затвор во траење од осум години на двајцата обвинети. Обвинителот бараше дванаесет години, а еден од најдобрите адвокати во Словенија Франци Матоз, ангажиран од таткото на момчето се прашува, „дали е можно на поодвратен и побрутален начин со некого да се пресметаш за да добиеш највисока казна од 15 години затвор“. Второстепениот суд ја потврдува изречената казна.

Таткото на починатото момче по две години од настанот вложи цивилна тужба против осудените Давид Буковец и Сеад Суљановиќ, против сопственикот на друштвото за обезбедување „Вип Варовање“ Данијел Праштало, против осигурителната компанија Марибор и против Република Словенија и побара 130.000,00 евра.

Како што страшниот пример на недостаток на сожалување го најдовме кај Шопенхауер(„Етика“), така и убавиот пример на сожалување го наоѓаме кај него во еден историски пример од петтиот век, за бискупот Паулинус:

„Откако тој за откупнина за заробените ги дал сите богатства на црквата, неговите богатства и на неговите пријатели, и кога ја видел тагата на една вдовица чиј што единствен син бил заробен, тој и понудел самиот да оди во заробеништво наместо нејзиниот син. Затоа што секој што бил на таа возраст, и сеуште не бил паднат од меч, бил одведен како заробеник во Картагена.“

Ми паѓа на памет идеја за контролирање на гневот на полицајците и обезбедувачите. За случаеви како овој што се случи кај нас. За случаеви како оние што ги опишав(Херватска и Словенија). После таков настан, полицаецот да се затвори во иста просторија со Фјодор Емилијаненко…

„Илјадниците, што пред нашите очи живеат мирен сооднос, треба да се гледаат како тигри и волци чии што силни вилици се осигурани преку уште посилни вилици(Шопенхауер, „Етика“).“

Се разбира дека „тигрите“, „алфите“, „волците“, се уште посилните вилици на државата кои што треба да не штитат од внатрешните тигри и волци, како и од надворешните. Затоа е толку силен гневот. Државата потфрлила при извршувањето на најважната функција. Но, да го почекаме исходот на судската постапка.
Izvor
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
18-06-2011, 05:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Иванов-протестите се иницијатива за подобрување на демократијата

[Image: 8205FBAB-6532-4D89-81BD-DFA845AB7E2B_mw270_s.jpg]
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов
18.06.2011

Претседателот Ѓорге Иванов, одговори на писмото со барања што до него го испратија младите кои протестираат против полициската бруталност. Претседателот во писмото наведува дека македонското општество е длабоко потресено од смртта на младиот Мартин Нешкоски. Ниту еден човек, родител, граѓанин на Македонија, не може да остане рамнодушен од овој настан. Тој одлуката на младите луѓе, поттикнати од оваа голема трагедија, да се ангажираат и да ги искажат своите ставови ја смета за искрена иницијатива и искрена желба да се придонесе за подобрување на демократијата. Активистите кои се ангажираа на протестите или беа активни преку социјалните мрежи покажаа одговорност и сериозност. Но апелирам интернетот и социјалните мрежи да не се користат за промовирање на говорот на омразата, порачува Претседателот. И тој бара овој случај да биде расветлен и одговорното лице или лица да бидат казнети.


Имало некој и во државниот врв со ум.
18-06-2011, 01:06 PM
Reply
Guest
Unregistered

 

golem um, mu trebaa skoro dve nedeli da formira "razumen" stav
18-06-2011, 03:25 PM
Reply