Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(09-06-2011, 06:09 PM)Guest Wrote: Е сега незнам што има спорно во она што јас претходно го наведов моите постови. Дали полицаец уби човек сурово и нечовечки? Дали МВР се обиде да го прикрие целиот случај? Дали и претходно немаше вакви случаи припадници на МВР да убиваат луѓе и да не одговараат? Дали портпаролот на МВР даде исказ дека момчето загинало од ненасилна смрт? (иакоод судкса медицина утврдија дека телто било во распаѓање од ударци) Дали луѓе од ВМРО биле во домо на момчето да ги убедуваат родителите да не зборуваат за случајот? Дали А1 или пак Сител и Канал 5 објавуваа за настанот? Е Јордане доколку на сите овие прашање одговориш со НЕ, е Јордане тогаш ќе го прифатам твоето тврдење дека нормално е да се случи полицац да убие човек на онаков начин како што е убиен Мартин. И ти Јордане велиш дека тоа се случува и дека убиецот треба да одговара.

-Каде сум напишал дека убиството не е нечовечко и сурово??
-Каде сум напишал дека немало обид за прикривање на убиството ??
-Луѓе на Грујо биле да ги убедуваат родителите и по се се договориле да се молчи. Родителите молчеа. Зошто проговорија ??

Јас реков имало и ке има употреба на прекумерна сила од страна на полицијата. Да молиме Бога таа употреба на прекумерна сила да не биде кобна, да не завршуваат со кобни последици.

Да се сведе употреба на прекумерна сила од страна на полицијата на минимум, казните мора да бидат ригорозни. Казнети да бидат сите по хиерархијата.

Најважното е да се каже причината зошто полицаецот употребил сила, зошто го тепал момчето. Нели ти е чудно неговото молчење пред истражниот судија.

09-06-2011, 09:13 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8

(09-06-2011, 06:55 PM)basilius_2 Wrote: Прво незнам што изјавата на Ѓунер Исмаил, има врска со овој случај.Оведка збориме за една друга работа, Ѓунер Исмаил збори тотално втора работа која не е поврзана со овој случај. Но сепак еве што можам да кажам, дека со таа изјава сака само да се дотлее огинот.

Епа затоа што во текот на емисијата цело време форсираше изјави од типот "режим","недемократија" и сл.

А воедно и гласно потенцираше дека албанците ќе биле тие кои преку глава ќе им дошло од нашето ненапредување,и дека тие биле 25% и биле премногу битен фактор.

Ај сеа кажи ми дали овие работи не се во врска со темата(за која 100 пати се спомнува дејанието на Форум).
09-06-2011, 09:36 PM
Reply
Guest
Unregistered

(09-06-2011, 09:07 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(09-06-2011, 06:09 PM)Guest Wrote: Јордане незнам од каде перцепција кај тебе дека има обиди за насилно уривање на власта во Македонија. Искрено секој ден сум во Скопје и тоа во строгиот центар каде што работам и воопшто немам приметено дека има било што што би ја потврдило твојата теза. Од друга зтрана поучен од искуствата (со тутунарите, со лозарите и сл.) јас ти гарантирам дека секој облик на помасовни протести од страна на ДПМНЕ ќе биде проследен со контрапротест, така да евентуалната егзибиција на некој да се обиде насилно да ја руши власта ќе доведе до граѓанска војна и до уште поголеми жртви, што мислам дека оние млади луѓе кои протестираат не ги сакаат. На крај мислам дека ДПМНЕ штотуку доби уште еден мандат да формира Влада на избори кои беа релативно регуларни, така да некледам причина поради која насилно би се рушела власта, а нема ни аргументи со кои на запад би се бранел таквиот потфат, а ќе се сложиме дека насилно рушење на власта без подршка од Брисел и Вашингтон е еднакво на самоубиство. Така да мислам дека ове ваши тврдења се без никаква основа, а сепак со нив го пренасочувате вниманието од вистинската тема, смртта на Мартин.

Незнам што очекуваш да видиш во првите денови. Да беше Љубе на слобода мислам дека работите ке се одвиваа побргу. Вака Црвените Кмери неможат сеуште да најдат замена, а од другастрана дел од Младите почна да се оградува од нив:

Quote:ОМ: Мирен протест против бруталноста на власта

Четврток, 09 Јуни 2011 16:13

Обединети за Македонија за в недела пред министерството за правда повикаа на мирен протест против бруталноста на власта и монтираните политички процеси. Тврдат дека процесот против Љубе Бошкоски има за цел се замолчи нивниот лидер. Обединети не го поднеле финансискиот извештај за изборната кампања бидејќи единствениот потписник е зад решетки.

„Обединети за Македонија можат да го поднесат извештајот без потпис. Доколку надлежните можат да дојдат до Бошкоски, да обезбедат потпис на извештајот, слободно нека го сторат тоа, бидејќи нам ни е забранет секаков контакт со него.

Ги повикуваме сите граѓани, во недела, во 17 часот, пред министерството за правда, на мирен протест да го искажат своето незадоволство против бруталноста на власта, монтираните политички процеси и загрозувањето на основните човекови права.

- Протест којшто ќе заврши пред Судска палата“, изјави Наталија Ивчева, ОМ.

REX ако идејата ми беше пренасочување на вниманието од вистинската тема убиството на Мартин има многу поедноставни и посигурни методи.

(09-06-2011, 06:09 PM)Guest Wrote: Присуството налуѓе од СДСМ и од ФОРУМ не сакам да го коментирам, затоа што секој што сака може да излезе на протестите, а дека се компромитираат истите апсолутно се согласувам. Е сега ајде спротивно на тоа зошто и Ѓорчев, Димовски, Бичиклиски не излезат и не дадат подршка, како интелектуалци, и со тоа им дадат поголема тежина на протестите. Ќе ве потсетам овие протести се против насилството на полицијата, а не за рушење на власта.

Да, ИДЕЈАТА на Младиве се ПРОТЕСТИ против бруталноста на полицијата. Со тоа ПРОТЕСТИВЕ спонтано ке изградеа независна и слободна маса која ке биде опасност за АПСОЛУТИЧКИ расположените лидери. Улогата на Ѓорчев, Димовски, Бичиклиски го оставам настрана тој е потпарол, требаше да биде инаква. Тие требаше по молкот на Јанкуловска да излезат на ТВ и да дадат изјава дека нема да прифатат во новата влада Јанкуловска да биде министер во спротивно ке поднесат оставки. Ние тоа ке го обработуваме во деновиве кои следат ...
Ако не ја знаевме самобендисаноста, арогантноста на Груевски и луѓето од неговото блиско опкружување немаше да тврдиме дека ке падне за најмногу две години.

Без разлика кога ќе падне Груевски, тоа ништо нема да смени во државата. Во тоа сум убеден 100%. А ако се земе во предвид излезноста на овие избори тогаш мојата сигурност е 102%.

За жал државата нема перспектива затоа што е затворена во еден маѓепсан круг(ДПМНЕ и СДСМ) од кој нема излез. Вројатно многу време сте отсутни од државата меѓутоа и не сте во тек, но за жал ситуацијата е полоша од тогаш кога вие сте заминале. Кога ќе видам дека деца од 12 години се исполитизирани, тогаш неможе да се очекува критична маса за значајни промени.
09-06-2011, 09:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(09-06-2011, 09:57 PM)Guest Wrote: Без разлика кога ќе падне Груевски, тоа ништо нема да смени во државата. Во тоа сум убеден 100%. А ако се земе во предвид излезноста на овие избори тогаш мојата сигурност е 102%.

Го чувствувам и го знам тоа. Затоа укажуваме на тој маѓепсан круг. Затоа се и несогласувањата со Христо и Ацко. За нив промена ке беше да падне Груевски. Не беа многу загрижени што ке дојде Бранко .. Кај мене, кај нас од Комитетот многу е побитно кој ке дојде после Груевски. Тој и така е веке политички готов. Но треба уште, малку или многу зависи од нас, време да се створи јадрото кое ке го урне Груевски но истовремено нема да дозволи Бранко или некој негов клон да дојде на власт.
Дел од нашите подржувачи како се ближеа изборите ја губеа вербата и дозволија да ги понесе пропагандата која им го понуди Курто наместо Мурто по трети пат.

Во војна не се оди со војска која пред да се испука првиот куршум преминува во противничките табори. Нашиот проблем е што се бориме протв дваица противници ....

(09-06-2011, 01:54 PM)ЈорданПетровски Wrote: Ако младиве го запалеа собранието, владата, ... ке имаа моја целосна подршка. Тоа ке беше порака дека новата влада и идните влади мора да менува нешто во начинот на работа и дека веке во Македонија еден слој на општеството се разбудил од сонот, се ослободил од партиските пранги и навистина веке ке влиае владите да бидат сервис на граѓаните а министрите "слуги" на народот.

За мене протестот на младиве е онаа што и недостасува на Македонија. Ние ниту сакаме ниту тоа ни е целта да се наметнеме како едниствени проповедачи на вистината, како единствени водачи. Нашата заложба е да дадеме придонес во ососзнавањето дека во овие 20 години целото политичко милје во Македонија е дело на службите. Дека сите партиски лидери, со исклучок не два троица, се дело на службите.
Зар негледаш дека зародишот на отргање од сценариото на службите, протестиве на младиве, веднаш се обидоа да го покријат со свои луѓе, Фрчко , Павлина-Лина и уште еден куп внатре уфрлени.

09-06-2011, 10:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Владимир Милчин

Обединети за македонија не се предаваат.
09-06-2011, 10:38 PM
Reply
Guest
Unregistered

(09-06-2011, 10:29 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Јордане незнам на каков начин мислиш дека може да се створи јадро за промени. Јас по овие избори сум тотално разочаран, но во овој момент нема за тоа та пишувм подетално, но само ќе напоменам дека во град кој се дави во сиромаштија кога слушнав дека излезноста е 70% (веројатно реалната излезност е 99% затоа шти тие 30% кои не се излезени се надвор од државата) просто останав фрапиран. Од утре секој кој ќе го сретнам и кој ќе ми се пожали колку му е тешко воопшто нема да го слушам, само ќе го преупатам кај Грујо и Бранко тие да им ги решат проблемите.
09-06-2011, 10:53 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(09-06-2011, 10:53 PM)Guest Wrote: Јордане незнам на каков начин мислиш дека може да се створи јадро за промени. Јас по овие избори сум тотално разочаран, но во овој момент нема за тоа та пишувм подетално, но само ќе напоменам дека во град кој се дави во сиромаштија кога слушнав дека излезноста е 70% (веројатно реалната излезност е 99% затоа шти тие 30% кои не се излезени се надвор од државата) просто останав фрапиран. Од утре секој кој ќе го сретнам и кој ќе ми се пожали колку му е тешко воопшто нема да го слушам, само ќе го преупатам кај Грујо и Бранко тие да им ги решат проблемите.

BravoSe_klanjam

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
09-06-2011, 11:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(09-06-2011, 10:53 PM)Guest Wrote: Јордане незнам на каков начин мислиш дека може да се створи јадро за промени. Јас по овие избори сум тотално разочаран, но во овој момент нема за тоа та пишувм подетално, но само ќе напоменам дека во град кој се дави во сиромаштија кога слушнав дека излезноста е 70% (веројатно реалната излезност е 99% затоа шти тие 30% кои не се излезени се надвор од државата) просто останав фрапиран. Од утре секој кој ќе го сретнам и кој ќе ми се пожали колку му е тешко воопшто нема да го слушам, само ќе го преупатам кај Грујо и Бранко тие да им ги решат проблемите.

Да. Тоа е решението. Луѓето да сватат дека тие ги избрале и тие сами си се одговорни за проблемите кои ги имаат.
09-06-2011, 11:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Lina Simon

"ooo pa sto ne kazete deka ste dijaspora, sega mi e se jasno.najmnogu gi sakam tie od dalecina sto bi ni go skroile zivotot. i patem, sega e Gruevski na vlast veke podolgo vreme, povelete, vratete se od azil vo ovaa demokratija sto cveta, komunjarite odamna ne se na vlast. a za toa sto trolate za krvoprolevanjeto, pogore si stoi se, me mrzi da ve citiram, samo sto se vrativ od protest (den 4). pozdrav do Roberto sto ne trpi na zidot."

Quote:Jordan Petrovski

Ке морам Госпоѓице Лина да ви пишувам крати пораки за да се обидам да ве спречам во манипулациите.

Ако Вашите намери беа чесни многу одамна ке требаше да излезете и да го осудите употребувањето на СДБ во партиски цели. Вашата заштита на Црвенковски и неговите алатки, Фрчковски, Чокревски, Аврамовски го створиа Груевски ... Така да која промена ни нудите денеска , апсолутистот Груевски да го замените со творецот на апсолутизмот, СДСМ ...

Quote:Roberto Belicanec

Сега го бришам цел пост ова изгуби секаква смисла

Демократијата на дело. Слобода на говор на која толу се повикуваат ..... Дали сега веке не е јасно на сите што е целта.

Ако намерите им се навистина протести, до оставка, односно неименување на Јанкуловска за министер немаат потреба да се плашат од моето пишување. Јас никаде не го бранам Груевски... Проблемот ке биде што чепкам и откривам кава демократија и слобода ке ни донеат Фрчковски и братијата.

09-06-2011, 11:46 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Во принцип за исто збориме (мислам за нас тука на форумот)... Сега на тенане ги препрочитував сите постови. Само помалку или повеќе потенцираме различни работи, а сите ги опфаќаме тие.

П.С. Читав денес за тоа Курто и Мурто нешто... Одеше вака: ’Да не ни умре магарето додека да заврши Мурто со него, тогаш Курто нема да може и да сака да му се качи’... Icon_razz))

П.П.С. Госту добро ти е тоа со излезноста... Мене тоа ми беше најразочарувачко од изборите. 65% се пењаваат за овие партии, кај ќе мотивираш повеќе од тоа луѓе да се интересираат за политика и да ги изнесеш на гласање? Жалосно...

10-06-2011, 12:57 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Семејството на Мартин бара отставка за Јанкуловска

[Image: martin-rip.jpg]

Чичкото на момчето Мартин Нешковски во изјава за телевизија А1 побара отставка од министерката Гордана Јанкуловска зашто во време на нејзиното владеење, се случи брутално убиство на младиот човек. Семејството ќе поднесе низа тужби до судовите во Македонија а најверојатно по претходна консултација ќе бидат поднесени тужби и во меѓународните судови. Семејството се заблагодари за поддршката од стотиците демонстранти и упати апел протестите да бидат мирни, но изрази и згрозување од известувањето на весникот „Вечер“ каде Мартин бил претставен како деликвент.
10-06-2011, 12:59 AM
Reply
Guest
Unregistered

(10-06-2011, 12:57 AM)acko Wrote: Во принцип за исто збориме (мислам за нас тука на форумот)... Сега на тенане ги препрочитував сите постови. Само помалку или повеќе потенцираме различни работи, а сите ги опфаќаме тие.

П.С. Читав денес за тоа Курто и Мурто нешто... Одеше вака: ’Да не ни умре магарето додека да заврши Мурто со него, тогаш Курто нема да може и да сака да му се качи’... Icon_razz))

П.П.С. Госту добро ти е тоа со излезноста... Мене тоа ми беше најразочарувачко од изборите. 65% се пењаваат за овие партии, кај ќе мотивираш повеќе од тоа луѓе да се интересираат за политика и да ги изнесеш на гласање? Жалосно...

Ацко навистина еве петти ден од неделата, кога завршија изборите постојано мислам и се обидувам да најдам логичен одговор на прашањето што ги натера луѓето да излезат во толкав голем број и да го дадат својот глас за ДПМНЕ и СДМС. Дали луѓето навистина веруваат дека нешто ќе се промени или пак полека станавме мазохисти.

П.С. Имам еден предлог до Бранко и Грујо. На следните избори предлагам да стават по едно магаре за носител на листите, да видиме колкава подршка ќе добијат. Со тоа и дефинитивно ќе добијат одговор колку успелае во намерата да им го исперат мозокот на граѓаните. Убеден сум дека ќе ја добиат истата подршка што и сега ја добија. За паметен толку.
10-06-2011, 11:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-06-2011, 11:05 AM)Guest Wrote: П.С. Имам еден предлог до Бранко и Грујо. На следните избори предлагам да стават по едно магаре за носител на листите, да видиме колкава подршка ќе добијат. Со тоа и дефинитивно ќе добијат одговор колку успелае во намерата да им го исперат мозокот на граѓаните. Убеден сум дека ќе ја добиат истата подршка што и сега ја добија. За паметен толку.

BravoBravoBravoBravoBravo

Убеден сум дека партиските слепци кои за ветувањето дека ке добијат некоја коска без работа КЕ ГЛАСААТ И ЗА МАГАРЕ.

(This post was last modified: 10-06-2011, 12:39 PM by ЈорданПетровски.)
10-06-2011, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ЛИСТА НА БАРАЊА ДО ВЛАСТА

Протестите на кои чекориме рамо до рамо, не се ни случајни, ниту можат и смеат да се сведат само на трагичната смрт на Мартин Нешковски. Оваа ужасна смрт на млад човек среде главниот град, е само ПОВОД да го дигнеме гласот за сите слични ситуации пред кои досега сме молчеле. Демократијата не се сведува на избори, туку на она што се случува во меѓувреме. Верувајќи дека зад оваа листа барања кои јавно ви ги упатуваме, стоји огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, без оглед на социјална, етничка, верска и политичка припадност, вклучувајќи ги и оние кои ви дадоа доверба на последните избори, нашата волја ја артикулираме низ следните ставови и конкретни барања:

- Целосно расчистување на сите факти околу причините, начинот на кој е убиен Мартин Нешковски, судење не само на стгорителот, туку и на сите негови соучесници кои му помогнале да го прикрие кривичното дело, за да не се „помати“ славеничката атмосфера. Бараме индивидуализација на вината, за да не страдаат и оние лица кои професионално си ја вршат должноста.

- Министерката Јанкуловска (која е ионака во заминување) веднаш да си даде оставка, не само затоа што носи политичка одговорност (иако таа тоа или не го знае или свесно го негира), туку се надеваме дека знае и што е морална одговорност;

- Разрешување на сите инволвирани во прикривањето на чинот и дезинформирањето на јавноста, без оглед на нивниот статус и професија (државни службеници, лекари, новинари);

Позициите министер за внатрешни работи и министер за правда не смеат да бидат предмет на партиски пазарења. Јавноста конечно очекува носители со интегритет, знаење и одважност да ги отворат сите болни прашања наталожени во двата ресора, а кои директно се одразуваат на состојбата на човековите права во Републиката;

- Целосна департизација во Министерството на внатрешни работи, проверка на досиејата на припадниците на полицијата, отстранување на сите кои имаат сомнителни досиеја, несоодветно образование, поплаки за нивната работа;

- Отворање на прашањето за припадници на службите кои страдаат од пост-трауматски синдром од 2001 година, давање соодветна стручна помош, и поставување на соодветни работни места;

- Преиспитување на внатрешната систематизација во МВР, особено заради дуплирањето на служби и со неконзистентност во ланецот на командување и отчетност, и особено заради своевидното „јавно-приватно партнерство“ со приватни агенции.

- Создавање независно тело (надвор од МВР) кое ќе ги испитува поплаките на граѓаните и одговорноста на полициските приопадници.

- Највисоките носители на власта се и непосредно одговорни за составот на службите кои се грижат за нивното лично обезбедување. Животот на функционерите не вреди повеќе од оној на граѓаните, а премиери и министри опкружени со сомнителни заштитари губат и углед и демократски легитимитет на народни избраници.

- Сите нови членови на Парламентот како своја прва задача треба да ја имаат ревизијата на законодавството од областа на внатрешните работи, кое во подолг период создава основа и клима за арбитрерно и неодговорно однесување на припадниците на полицијата, а особено на припадниците на специјалните единици;

- Преиспитување на буџетот на МВР

- Создавање на парламентарна комисија за надзор и контрола врз работата на безбедносните служби (државни и приватни), која конечно ќе почне да си ја врши работата редовно. Првата задача на оваа комисија треба да биде преиспитување на статусот на сите поранешни случаи на пречекорување на сложбената положба и прекумерната сила од страна на припадниците на полицијата.

Сакаме да веруваме дека живееме во демократска држава, ама кога демократијата и човековите права се газат од оние кои треба да ни ја гарантираат безбедноста и слободата, подготвени сме сега и во иднина да вршиме активна демократска контрола одоздола нагоре. Со оглед на политичкиот миг во кој се наоѓаме, и кога се очекува конституирањето на институциите, ова е вистински момент да почнете со реформите. Реформирајте се прво самите себе и оние од вашето непосредно опкружување. Ние ќе останеме будни и очекуваме брзи и недвосмислени акции, очекуваме да го слушнете нашиот глас и кога не е изразен во гласачко ливче, бидејќи вие сте сега власт на сите граѓани на Република Македонија.
10-06-2011, 01:01 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(09-06-2011, 10:29 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(09-06-2011, 09:57 PM)Guest Wrote: Без разлика кога ќе падне Груевски, тоа ништо нема да смени во државата. Во тоа сум убеден 100%. А ако се земе во предвид излезноста на овие избори тогаш мојата сигурност е 102%.

За жал државата нема перспектива затоа што е затворена во еден маѓепсан круг(ДПМНЕ и СДСМ) од кој нема излез. Вројатно многу време сте отсутни од државата меѓутоа и не сте во тек, но за жал ситуацијата е полоша од тогаш кога вие сте заминале. Кога ќе видам дека деца од 12 години се исполитизирани, тогаш неможе да се очекува критична маса за значајни промени.

Го чувствувам и го знам тоа. Затоа укажуваме на тој маѓепсан круг. Затоа се и несогласувањата со Христо и Ацко. За нив промена ке беше да падне Груевски. Не беа многу загрижени што ке дојде Бранко .. Кај мене, кај нас од Комитетот многу е побитно кој ке дојде после Груевски. Тој и така е веке политички готов. Но треба уште, малку или многу зависи од нас, време да се створи јадрото кое ке го урне Груевски но истовремено нема да дозволи Бранко или некој негов клон да дојде на власт.
Дел од нашите подржувачи како се ближеа изборите ја губеа вербата и дозволија да ги понесе пропагандата која им го понуди Курто наместо Мурто по трети пат.

Во војна не се оди со војска која пред да се испука првиот куршум преминува во противничките табори. Нашиот проблем е што се бориме протв дваица противници ....

(09-06-2011, 01:54 PM)ЈорданПетровски Wrote: Ако младиве го запалеа собранието, владата, ... ке имаа моја целосна подршка. Тоа ке беше порака дека новата влада и идните влади мора да менува нешто во начинот на работа и дека веке во Македонија еден слој на општеството се разбудил од сонот, се ослободил од партиските пранги и навистина веке ке влиае владите да бидат сервис на граѓаните а министрите "слуги" на народот.

За мене протестот на младиве е онаа што и недостасува на Македонија. Ние ниту сакаме ниту тоа ни е целта да се наметнеме како едниствени проповедачи на вистината, како единствени водачи. Нашата заложба е да дадеме придонес во ососзнавањето дека во овие 20 години целото политичко милје во Македонија е дело на службите. Дека сите партиски лидери, со исклучок не два троица, се дело на службите.
Зар негледаш дека зародишот на отргање од сценариото на службите, протестиве на младиве, веднаш се обидоа да го покријат со свои луѓе, Фрчко , Павлина-Лина и уште еден куп внатре уфрлени.

Јордане, ние така ке си дебатираме, ке ги соогледуваме ситните влакна кај нашите јајца, додека “ капетаните“ ке си дилат и владеат. Пак, јас и Ацко сме виновниSmajlito. Па, еве, ние да не сме биле на форумот, што битно ке се променило. Еве, ние двајцата сме ја отупеле оштрицата на КОТЛЕ! И, без нашите постови, дилеми, прашања...кои вие ги читате и препознавате како подршка на БранкоSmajlitoSmajlitoSmajlito што вие, Комитетот поконкретно ке сте направиле. Ние, не ве изневеривме. Вие сте се зборувале со други луѓе за формирање на групации ли, партии ли во МК. Не со нас. Тие ве изневерија, не јас и Ацко. Формалните услови во МК мора да се испочитуваат. Треба да се направи партија, или некоја постоечка која е најблиску до тие ставови. Груевски владее 5 години. Дали со секоја критика кон Груевски треба да се спомнат и гревовите на Бранко. Па, еве и ЛДП излезе со мотото “ дал магаре, дал змија“ па не помина кај народот. Немој да мислите дека со вашата агенда каде лустрацијата ви е врвот и формула за демократизација ке го мотивирате народот да, доминантно, гласа за вас, т.е. за вашиот политички избор ( партија). Еве, да замислиме една хипотетичка ситуазија. Јанко Бачев и неколкуте од Достоинство да не ве изневериле. Да биле политичка партија која ке излезела со вашата политичка агенда. И, да секаде зборувале дека лустрацијата е мајката. Што мислите, колку ке сте добиле гласови и дали ке сте го надминале цензусот за влез во Собранието?? Ова е само вовед во нешто, што како, веројатно, нова тема ке го отворам.Нели сум најумниот во Котле, сертифициран од Соленик.Icon_surprised
10-06-2011, 02:47 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

(09-06-2011, 09:36 PM)Makedonec Wrote:
(09-06-2011, 06:55 PM)basilius_2 Wrote: Прво незнам што изјавата на Ѓунер Исмаил, има врска со овој случај.Оведка збориме за една друга работа, Ѓунер Исмаил збори тотално втора работа која не е поврзана со овој случај. Но сепак еве што можам да кажам, дека со таа изјава сака само да се дотлее огинот.

Епа затоа што во текот на емисијата цело време форсираше изјави од типот "режим","недемократија" и сл.

А воедно и гласно потенцираше дека албанците ќе биле тие кои преку глава ќе им дошло од нашето ненапредување,и дека тие биле 25% и биле премногу битен фактор.

Ај сеа кажи ми дали овие работи не се во врска со темата(за која 100 пати се спомнува дејанието на Форум).

Македонец,имав можност во целост да го проследам Ѓунер Исмаил на Алфа Тв. Според мене мислам дека А1 се истроши сега се обидуваат да создадат нов "независен медиум" кој ќе има какво-такво влијание врз Македонците.И со тоа да се создаде паника,и критична маса преку протести да се бутне "ненародниот" режим.
Поентава беше преку стравот од Косово, од Албанците да се искористи и со тоа народот да се изманипулира на нивна команда да излезе на улица и да го руши "ненародниот" режим.
Со ваквата реторика се повеќе заличува на повикот на Бранко Црвенковски,пред една-две години во Прилеп за време на прославата на 11 Октомври кога јавно повика на востание на оваа според нив "ненародна власт".
Е сега, бидејќи навистина се тешка финансиска положба (СДСМ и А1 се пред финансиски банкрот,за оној моралниот уште поодамна),овие избори преставуваа можност и прилика да дојдат до тие пари. Истотака на овие избори кога СДСМ требаше да победи,кога оваа победа требаше да биде Круна на протестите на безбројте методи на улична демократија,но и повикот на Рада, дека Грујо ќе ја изгуби власта со улични методи,на протестите со кои се обидуваат да создадат критична маса со која Грујо ќе ја изгуби власта,одзивот е мал.
Но да не го заборавиме и Сашо Ордановски кој неодамна повика да се ограничи и забрани користењето на интернетот.
Мислам,проблемот на СДСМ,неможноста како во поранешните денови да мобилизира критична маса на луѓе со која ќе прават што сакаат, и на тој начин секое незадоволство да го уништат..
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
10-06-2011, 03:07 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33

(10-06-2011, 03:07 PM)basilius_2 Wrote:
(09-06-2011, 09:36 PM)Makedonec Wrote:
(09-06-2011, 06:55 PM)basilius_2 Wrote: Прво незнам што изјавата на Ѓунер Исмаил, има врска со овој случај.Оведка збориме за една друга работа, Ѓунер Исмаил збори тотално втора работа која не е поврзана со овој случај. Но сепак еве што можам да кажам, дека со таа изјава сака само да се дотлее огинот.

Епа затоа што во текот на емисијата цело време форсираше изјави од типот "режим","недемократија" и сл.

А воедно и гласно потенцираше дека албанците ќе биле тие кои преку глава ќе им дошло од нашето ненапредување,и дека тие биле 25% и биле премногу битен фактор.

Ај сеа кажи ми дали овие работи не се во врска со темата(за која 100 пати се спомнува дејанието на Форум).

Македонец,имав можност во целост да го проследам Ѓунер Исмаил на Алфа Тв. Според мене мислам дека А1 се истроши сега се обидуваат да создадат нов "независен медиум" кој ќе има какво-такво влијание врз Македонците.И со тоа да се создаде паника,и критична маса преку протести да се бутне "ненародниот" режим.
Поентава беше преку стравот од Косово, од Албанците да се искористи и со тоа народот да се изманипулира на нивна команда да излезе на улица и да го руши "ненародниот" режим.
Со ваквата реторика се повеќе заличува на повикот на Бранко Црвенковски,пред една-две години во Прилеп за време на прославата на 11 Октомври кога јавно повика на востание на оваа според нив "ненародна власт".
Е сега, бидејќи навистина се тешка финансиска положба (СДСМ и А1 се пред финансиски банкрот,за оној моралниот уште поодамна),овие избори преставуваа можност и прилика да дојдат до тие пари. Истотака на овие избори кога СДСМ требаше да победи,кога оваа победа требаше да биде Круна на протестите на безбројте методи на улична демократија,но и повикот на Рада, дека Грујо ќе ја изгуби власта со улични методи,на протестите со кои се обидуваат да создадат критична маса со која Грујо ќе ја изгуби власта,одзивот е мал.
Но да не го заборавиме и Сашо Ордановски кој неодамна повика да се ограничи и забрани користењето на интернетот.
Мислам,проблемот на СДСМ,неможноста како во поранешните денови да мобилизира критична маса на луѓе со која ќе прават што сакаат, и на тој начин секое незадоволство да го уништат..

Бацилус, изборите завршија...ако си заборавил. Не се секирај. Груевски ке владее уште, најмалку 4 години.Народната власт ке управува со МК.SmajlitoSmajlitoSmajlito
10-06-2011, 03:39 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Во Македонија нема дно, овие денови Сител успеа да отиде сигурно некој чекор подолу од А1. Ако тие се нормални нека дојдат надлежните да ме однесат во Бардовци! Со такви луѓе не може да сум исто...

10-06-2011, 05:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(10-06-2011, 01:01 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ЛИСТА НА БАРАЊА ДО ВЛАСТА

Протестите на кои чекориме рамо до рамо, не се ни случајни, ниту можат и смеат да се сведат само на трагичната смрт на Мартин Нешковски. Оваа ужасна смрт на млад човек среде главниот град, е само ПОВОД да го дигнеме гласот за сите слични ситуации пред кои досега сме молчеле. Демократијата не се сведува на избори, туку на она што се случува во меѓувреме. Верувајќи дека зад оваа листа барања кои јавно ви ги упатуваме, стоји огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, без оглед на социјална, етничка, верска и политичка припадност, вклучувајќи ги и оние кои ви дадоа доверба на последните избори, нашата волја ја артикулираме низ следните ставови и конкретни барања:

- Целосно расчистување на сите факти околу причините, начинот на кој е убиен Мартин Нешковски, судење не само на стгорителот, туку и на сите негови соучесници кои му помогнале да го прикрие кривичното дело, за да не се „помати“ славеничката атмосфера. Бараме индивидуализација на вината, за да не страдаат и оние лица кои професионално си ја вршат должноста.

- Министерката Јанкуловска (која е ионака во заминување) веднаш да си даде оставка, не само затоа што носи политичка одговорност (иако таа тоа или не го знае или свесно го негира), туку се надеваме дека знае и што е морална одговорност;

- Разрешување на сите инволвирани во прикривањето на чинот и дезинформирањето на јавноста, без оглед на нивниот статус и професија (државни службеници, лекари, новинари);

Позициите министер за внатрешни работи и министер за правда не смеат да бидат предмет на партиски пазарења. Јавноста конечно очекува носители со интегритет, знаење и одважност да ги отворат сите болни прашања наталожени во двата ресора, а кои директно се одразуваат на состојбата на човековите права во Републиката;

- Целосна департизација во Министерството на внатрешни работи, проверка на досиејата на припадниците на полицијата, отстранување на сите кои имаат сомнителни досиеја, несоодветно образование, поплаки за нивната работа;

- Отворање на прашањето за припадници на службите кои страдаат од пост-трауматски синдром од 2001 година, давање соодветна стручна помош, и поставување на соодветни работни места;

- Преиспитување на внатрешната систематизација во МВР, особено заради дуплирањето на служби и со неконзистентност во ланецот на командување и отчетност, и особено заради своевидното „јавно-приватно партнерство“ со приватни агенции.

- Создавање независно тело (надвор од МВР) кое ќе ги испитува поплаките на граѓаните и одговорноста на полициските приопадници.

- Највисоките носители на власта се и непосредно одговорни за составот на службите кои се грижат за нивното лично обезбедување. Животот на функционерите не вреди повеќе од оној на граѓаните, а премиери и министри опкружени со сомнителни заштитари губат и углед и демократски легитимитет на народни избраници.

- Сите нови членови на Парламентот како своја прва задача треба да ја имаат ревизијата на законодавството од областа на внатрешните работи, кое во подолг период создава основа и клима за арбитрерно и неодговорно однесување на припадниците на полицијата, а особено на припадниците на специјалните единици;

- Преиспитување на буџетот на МВР

- Создавање на парламентарна комисија за надзор и контрола врз работата на безбедносните служби (државни и приватни), која конечно ќе почне да си ја врши работата редовно. Првата задача на оваа комисија треба да биде преиспитување на статусот на сите поранешни случаи на пречекорување на сложбената положба и прекумерната сила од страна на припадниците на полицијата.

Сакаме да веруваме дека живееме во демократска држава, ама кога демократијата и човековите права се газат од оние кои треба да ни ја гарантираат безбедноста и слободата, подготвени сме сега и во иднина да вршиме активна демократска контрола одоздола нагоре. Со оглед на политичкиот миг во кој се наоѓаме, и кога се очекува конституирањето на институциите, ова е вистински момент да почнете со реформите. Реформирајте се прво самите себе и оние од вашето непосредно опкружување. Ние ќе останеме будни и очекуваме брзи и недвосмислени акции, очекуваме да го слушнете нашиот глас и кога не е изразен во гласачко ливче, бидејќи вие сте сега власт на сите граѓани на Република Македонија.

Потписници на Прогласот се Сократовци :

Биљана Вaнковска, Венко Андоновски, Гордана Силјановска, Никос Цаусидис, Антоанела Петковска, неколку професори од ПМФ, од Технолоски, Земјоделски ...
10-06-2011, 08:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Добар ден Јанко.

Пишувам по повод коментарот на Александар Богоев.
Тоа лице, кое и да е , денес прв пат се појави на страната http://www.facebook.com/event.php?eid=191714867542280 и е меѓу ретките кои што повикуваат по партиска линија.

Ако следиш активно што се случува по социјалните мрежи ( а вервувам дека следиш) лесно можеш да увидиш дека сите се обидуваат да ја одлепат политичката етикета која за жал ја направија медиумите и одредени политички фигурички кои се појавија на првите протести. Јас станав игнорантен спрема истите етикети, поради фактот што секогаш имало и секогаш ќе има. Јас знам зашто сум таму. Знам дека и ти би бил да си бил на моја возраст и тоа без колебање.

Тоа што најмногу ме изненади од протестиве е трибината позади куќата на Мајка Тереза. Таму веќе 3 ден по ред се случува отворен Форум. Антички, непосредно демократски. Секој го зема мегафонот и си ги искажува своите ставови. Вчера се собраа по 20 - 30 денари од секого, за да се искористат за работи потребни за протестот.
Сите секого слушаат и секој бидува слушан. Ова јас прв пат го доживувам и конечно во пракса дознавам што е суштината на демократијата (непосредната, не институциноалната,инаку сум дипломиран политолог, моментално на мастер).

Многу ми е јасно мислењето на другите за тоа дека е организиарано од политичко - партиски побуди, со самото тоа што се организарше ден после изборите, но за жал трагичнаиот настан се случи претходната вечер и настанот си зема сила по инерција со самиот молк на медиумите за настанот.

Социјалните мрежи се најзаслужни за започнувањето на ова движење. Се плашам дека ако не се случеше протестот, ќе се прикриеше целиот настан.

Истовремено, во Македонија после долги години, се создаде критична маса, создадени од млади луѓе. Менталната склопка се менува Јанко. Ние сме сосема нова генерација, растена под друг политички систем.

Се надевам дека и денес ќе се обидеме да останеме истрајни и да ги отргнеме сите партиски етикети од нас и еднаш засекогаш да се разбере дека не сите живееме во партиско општество. Има младина која вика НЕ!

П.С.
Конформисти од сите земји разделете се!

П.П.С

Меѓутоа, врежано е во мене восптувањето од моите родители со поговорките - Висока глава, сабја ја сече и Ќути си трај си. Сепак, те замолувам, бидејќи сепак монополот на физичката сила е во прашање, ако објавуваш нешто од напишаново да не ми го објавуваш идентитетот. Се уште собирам храброст и самиве протести ми помагаат во тоа, на мене и на СИТЕ НАС!

Коментар не е потребен.
10-06-2011, 08:42 PM
Reply