Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Отворено писмо од братот на Мартин Нешковски до Катица Јанева

11-12-2015
[Image: 26093golema.jpg]

Почитувана Обвинителке!


На 05.06.2015, кога навршија четири години од бруталното убиство на мојот брат на партиската прослава на ВМРО ДПМНЕ, јас и мојата мајка поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Дејан Митровски-Урко, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и Никола Груевски за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и непријавување кривично дело или сторител за нивната инволвираност при прикривањето на истрагата за убиството на Мартин Нешковски.

Пријавата ја поднесовме врз основа на разговорите кои беа објавени во 29.тата бомба на 5.ти мај и која укажува на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поради нивните активности и влијание врз истрагата и судската постапка, Судот не можеше да утврди одговорност кај Министерството за внатрешни работи и полициските службеници кои службено го ангажирале убиецот Игор Спасов да го обезбедува партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ.

Така, оваа криминална власт го спречи моето семејство целосно да го расчисти убиството на брат ми и да ја добие правдата која му следува, за брат ми да може конечно да почива во мир.

Поради тоа, барам од Вас да отворите постапка за целосно расчистување на прикривањето на убиството на мојот брат и утврдување на можна инволвираност на други лица во прикривањето на фактите во истрагата и судската постапка, освен оние кои се наведени во пријавата.

Тоа што се случуваше во периодот на убиството на Мартин беше вистински кошмар на притисоци кој се уште не завршува. Јас сум подготвен да сведочам за тоа и да понудам други сведоци кои можат да ги потврдат моите наводи.

Пријавените лица ги злоупотребија сите механизми и сета моќ кои им беа на располагање на МВРО и успеаја да креираат една лага во која никој повеќе не верува. Во прикривањето на фактите учествуваа многу поголем број на луѓе преку фингирање на истрагата, лажно сведочење, различни притисоци и обиди за поткуп, а јас сум сигурен дека правилно спроведената истрага може да ја потврди нивната инволвираност.
Со почит
Александар Нешкоски



 

[Image: PISMO-819x1024.png]
(This post was last modified: 12-12-2015, 03:52 PM by ЈорданПетровски.)
12-12-2015, 12:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:


Игор Спасов, специјалецот осуден за убиство на Мартин Нешковски, попладнево беше на распит во СЈО. Околу 15 часот под силно полициско обезбедување, тој беше изнесен од Обвинителството.

Ова е вторпат осудениот Спасов да оди на распит во СЈО.
03-03-2016, 07:03 PM
Reply