Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Јанкуловска не поднесе оставка, вели дека Заев се изживува врз неа


[Image: jankulovska_01012013_g11-640x320.jpg]

Објавено: 19:31, 05/05/2015
Обвинувањата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се апсурдни и тој се изживува со една група на луѓе вклучувајќи ме и мене, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во Владата додека надвор граѓаните протестираа и го пробија ѕидот од полицајци за да влезат во дворот на Владата извикувајќи „Убијци! Убијци!“

И покрај очекувањата министерката не поднесе оставка туку рече дека Заев денес го достигнал врвот на монструозноста.

– Заев покажа дека за да оствари политички профит е буквално спремен на монструозни конструкции, мрачни сценарија и најгруби манипулации. Повеќе од три месеци Заев најбрутално се изживува со една група на луѓе вклучувајќи ме и мене. Не престанува да не претставува на начин каков што може да замисли само еден болен ум. На такво нешто нема човек што може да остане рамнодушен – рече Јанкулоска.

Според неа, Заев и СДСМ се соочени со силата на доказите и немањето на поддршка од граѓаните, па поради тоа продолжуваат преку објавување на незаконски стекнати, креирани и монтирани материјали да го свртат вниманието на јавноста поради емоциите кои ги побудува овој случај.

Јанкуловска, напротив, вели дека Министерството направило се во негова можност за да се открие сторителот на убиството врз Нешковки.

-Прво, во првичните моменти, со оглед на тоа што не постоеше никаква формална пријава МВР немаше никаква информација дека се случило убиство. Второ, веднаш откако ја добивме информацијата, дури и по неформален пат, мобилизирани се сите сили, вложени се максималните напори и превземени се сите активности за да се открие извршителот на убиството. Трето, истрагата што ја водевме, го откри вистинскиот сторител на убиството. Четврто, во ниту еден момент ниту МВР, ниту било кој друг политичар или функционер не само што не го скрива убиството, туку сите сили, сите ние се трудевме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата – рече Јанкулоска.



05-05-2015, 07:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



(This post was last modified: 05-05-2015, 09:42 PM by ЈорданПетровски.)
05-05-2015, 09:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


05-05-2015, 10:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36







05-05-2015, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



[Image: 11162213_10153310535078979_3807416441707...e=55DFD05A]


Оваа девојка ги запре специјалците во налетот кон демонстрантите
06-05-2015, 12:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:SVEDOSTVO NA EDEN DEMONSTRANT.....


Протестот почна во 18часот. Јас стигнав таму околу 18.20. Некои луѓе стоеа пред оградата на Владата (кај Илиндеска) , а некои беа прекачени и стоеа одма до полициските кордони (К1 и К2) (за чудо полицијата стоеше од старт таму а не кај оградите). И тогаш еден индивидуален херојски момент се случи, кога еден од полицајците од кордонот (К2 од десно) се одвои од групата, го скина ланецот на оградата (од десната страна) и не` пушти внатре (одма до полицајците), а тој во знак на револт си замина од службата. Тоа беше извонредно позитивен момент кој целата група протестирачи гласно го поздравивме и ги повикавме и другите да му/ни се придружат.
Околу 19 часот, после бурно скандирање повици за отставки, слобода, правда, се фрлија две-три јајца кон ружната, криминално-изградена, барокна зграда на владата во заминување. После тоа следеше канонизирање и разубавување на владата со скршени јајца на неа. Се фрли и по некое пластично шише и по некој компир. Не се маваше во полицајците!! Имаше случајно по некој промашен удар или индивидуален гнев кон нив, па настануваат по мали буткања напред-назад, но ништо сериозно и се` завршуваше за 30-тина секунди. Ситиацијата беше толку опуштена и ненасилна (а истовремено моќна) што на поголем дел од полицајците им беа спуштени штитовите (барем кај К2 десно, кај што бев јас).
И наеднаш, околу 22 часот, коридорот на средината на владата (К1) почна да напаѓа! Полициски напад број 1!! Беа истуркани со штитовите, клоцани и шутирани оние кои седеа и стојеа мирно пред нив. Група од протестирачите почна да возвраќа со напади. Протестирачите од десно и лево не беа истуркани, фокусот беше само на средина, барем иницијално. Пет минути покасно ист таков напад - напад број 2! - кон протесирачите од левата и десната страна кои мирно стојеа и се трудеа да ги смират и едната и другата страна.
Не` избуткаа позади оградата (која веќе беше скршена). И тогаш од десна страна на улицата (од почетокот на Илинденска/крајот на мостот Гоце Делчев) пристигна уште еден поголем коридор на полицајци, засилен со водени топови. За да не им го отспатиме просторот седнавме на земја (барем повеќе од нас), ставени во агол помеѓу полицајците од пред Влада и оние од кај Гоце Делчев. Седнавме, мислејќи дека така е најевидентно дека повеќе од нас не сме за насилство и дека нема да се бориме со наши полицајци. Али џабе. Пак почнаа да клоцаат и шитураат и понекој пендрак да лета, дури и кон тие кои седаа мирно на земја.
Не` протераа на бул. Климент Охридски. Веќе дотогаш имаше и гневни одговори од некои од протестирачите - фрлени беа камења, шишиња, светлечки ракети и понекое дрво кон полицијата. После следеше повуци-потегни - они ќе не пробркаа 20-тина метри, ние ќе избегаме па ќе застанеме.
И така до средина на улицата, кај Соробна. Поголем дел од групата на протестирачи веќе беше разотиден, и изгледаше дека е готово веќе. Но, очигледно, полицијата не била пуштена таму да се брани од „гневната толпа“ - како што ќе лажат и спинуваат во следните денови - туку да ја претепа истата. По 20 минути затишје, тргнаа по нас. Напад број 3! Стандарно ние потрчнавме назад. Кога гледаме, од другата страна на улицата уште еден кордон трча кон нас! Немаше каде да се бега, освен кај тесниот пролаз “Кај Маршалот“. Но, ни таму не застанаа - не` бркаа (а некои гледам биле и мавани и апсени)и по тоа тесно и темно пролазче се` додека не се распрснавме некаде на улица Даме Груев....Извадок од очевидец. кој воедно е професор на факултет, кој своеволно излезе да протестира против полициска бруталност...
06-05-2015, 01:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Во синоќешните протести повредени 38 полицајци, приведени 30 демостранти


[Image: 727f26ee-ede0-45d1-be47-c5ccb618db75-akademik3.jpg]

Мај 6, 2015 Македонија Петре Димитров

Триесет и осум повредени полицајци, од кои шест посериозно, еден повреден цивил, 30 приведени демонстранти меѓу кои и двајца малолетници и голема материјална штета, е билансот од од синоќешните насилни протести пред Владата на Република Македонија, информира денеска на прес-конференција министерката за вантрешни работи Гордана Јанкулоска

За време на протестот уништени се седум полициски возила и друга опрема, искршени се прозорците на Радио Слободна Македонија, а било симнато и македонското знаме од јарболите пред Владата.

Мерките на полицијата, според министерката, биле легитимни. Полицијата, како што посочи Јанкулоска, ја разбила толпата во три правци, а дел од нив се обиделе да се скријат во приватни објекти.

Таа нема информација дали во нередите е повредена мајката на Мартин Нешковски, а досега во МВР тоа не е пријавено. Јанкулоска истакна и дека се уште не се прегледани и сите снимки од безбедносните камери.

МИА
06-05-2015, 01:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Нападот на полицијата во библиотеката Браќа Миладиновци





06-05-2015, 01:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Според PRESS24

ВИДЕО: Му удри шипка на полицаецот во глава - невиден вандализам на активистите на СДСМ

06-05-2015, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Vlatko Vasilj
2 mins · Edited ·

Не наседнувајте и не се понесувајте од атмосферата на протестите. Ненасилните протести се доволни да покажеме дека не се согласуваме и бараме правда. Протестите треба да добијат на издржливост а не да не испотепаат затоа што во моментот сме се осетиле силни, полни со гнев и револт.

Насилството не се решава со насилство. Ние треба да покажеме дека сме поздрели. Дигајте раце а не камења. Смирувајте тензии и покажете дека таму си за да престане насилството и бруталноста. Таму си за правда, а правдата со насилство не се добива. Направете разлика и поставете граница!

Заедно сме посилни!
06-05-2015, 02:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Ова се снимките кои ги објави МВР



06-05-2015, 02:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36






ГЈ: Да.
ИК: Ало?
ГЈ: Кажи Иво.
ИК: Е, ништо бе за оваа што праша, таа талентот. Тоа уште од синоќа некој им го имаше пуштено муабетот, ама нема врска.
ГЈ: Е па добро де, јас затоа и реков да пријави.
ИК: Да де да. Не, тоа ми е...сега знам дека е отпосле, ама јас затоа не го ни спомнав. Уште од синоќа ми се јавуваат некои новинари, го пуштиле муабетот дека Алфите убиле дете, а нема врска, тој си е починат...
ГЈ: А која беше таа?
ИК: Не ја знам, прв пат ја гледам. А тој си е починат уствари од...сега природна, сега не знам дали е смрт со дрога, ама нема траги на насилство. Телото е дадено на обдукција, го нашле на Баскер фест мртов. .....



ГЈ: Ти пишав за ова што зборевме преѓе. Треба малку Нетпрес, ако ти врви муабетот да збориш со нив. Пошто фактички они се...
МП: Да бе да, треба. Ние требаше...наше да биде.
ГЈ: Е па затоа. Они и Геро највише да буткаат темава. Не знам што е работава.
МП: Добро, добро. Одма ќе јавам.
06-05-2015, 05:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Полицијата ги спречи демонстрантите да протестираат пред Владата
06-05-2015, 05:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Протестот се сели пред Собрание



[Image: 11154977_10206858314201566_6484824351444...w=620&zc=1]


Откако полицијата ги блокираше улиците и приодите кон Владата, насобарните неколку илјади луѓе се преселеуваат пред собранието на РМ
06-05-2015, 06:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


[Image: 10420199_462426437258887_613447774224373...e=55CFD3E2]

Битолчани на Широк Сокак го искажуваат своето незадоволство од полициската бруталност. И овие ли се луѓе на СДСМ и Сорос? Знаат ли провладините гавази што тие зборуваат? Зарем не гледаат дека народот се буди!
06-05-2015, 06:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Aтмосферата во моментов пред Собранието


[Image: 22144golema.jpg]

[Image: iva(4).jpg]

[Image: iva%202.jpg]

[Image: iva%203.jpg]

[Image: iva%204.jpg]

[Image: dzeljo(2).jpg]
06-05-2015, 06:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

06-05-2015, 06:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Жени-активисти со жив штит стојат пред полицaјците и ги бранат од хулигани

[Image: 22147golema.jpg]

од НОВА | објавено на: 06-05-2015 21:22:45

Откако протестот за Мартин Нешкоски формално пред еден час е завршен, група хулигани меѓу кои и навивачи во моментов со шишиња фрлаат кон Собранието, додека активистките ги убедуваат да се повлечат и со жив штит ја бранат полицијата

Хулиганите кои во моментов се пред Собранието вербално ги напаѓаат и им се закануваат на новинарските екипи кои се обидуваат да ги снимаат и фотографираат.

Иако евидентно е присуството на навивачки групи, нивните лица се покриени, а со нив носат и торби со камења, јавува репортерката Сашка Цветковска.

Во моментов, активистите се обидуваат да ги убедат хулиганите да се повлечат.
06-05-2015, 08:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

07-05-2015, 12:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

07-05-2015, 01:02 AM
Reply