Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:26.09.2011, 16:26

Нови протести за Мартин Нешкоски во четврток

[Image: 333B518DDD194749BA3D0730357FB5E5.jpg]

Протестите против убиството на Мартин Нешковски продолжуваат овој четврток кај Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

Граѓанската иницијатива против полициската бруталност, деновиве преку социјалните мрежи, но и на своите собири договараа нови мирни протести по скопските улици. Идните активности на граѓанската иницијатива, но и рутата на протестот треба да бидат соопштени во среда, за кога е предвиденио да се одржи и прес – конференција.

Братот на починатото момче, Александар Нешкоски вчера упати апел преку медиумите дека нема да престанат активностите за барање правда за Мартин. „Позадината на целиот случај мора да излезе на виделина. Тоа е единствениот начин правдата да биде задоволена. Упатувам повик до сите граѓани, без разлика на вера и националност, да излезат во четврток во 17 часот пред спомен куќата на Мајка Тереза да упатиме апел со кој ќе побараме правда за Мартин“, се вели во писмото кое што тој го испрати до медиумите.

Тој е убеден дека расветлувањето на трагичниот настан ќе спречи повторување на вакви немили настани во иднина. „Државата има обврска да ни каже што точно се случило, а не со своето постапување да ја продолжува нашата агонија и да испраќа порака дека убиствата починети од службени лица може да поминат неказнети. И покрај сета наша болка, нашата мисија е убиството на Мартин да биде последниот ваков случај“, вели Александар. (Б.Ш.)
27-09-2011, 12:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Власта е решена до го заташка случајот.



Quote:Обрач од живи луѓе утре ќе го опколи Јавно Обвинителство

Објавено: пред 2 часа


Судијата не ги сослушал сите сведоци кои се пријавиле да кажат што виделе ноќта кога Игор Спасов брутално до смрт го тепал младиот Мартин Нешкоски во центарот на Скопје. Нема да има ниту командна одговорност за извршеното злодело, а ниеден колега на обвинетиот Игор Спасов нема да одговара за прикривање убиство. Кога го пренесувале безживотното тело на Нешкоски на тротоарот пред МЕПСО, сакале да му помогнат.

Изготвениот обвинителен акт против Игор Спасов ги разгневи протестирачите против полициската бруталност. Утре во дванаесет часот и триесет минути ќе одржат прес конференција пред Јавното Обвинителство, а еден час подоцна ќе направат обрач околу зградата во знак на гнев и апелирајќи за неселективна правда.

- Зошто обвинителството не побарало од надлежните органи и МВР да ги прегледа видео снимките од поставените камери на скопскиот плоштад, таа вечер прашуваат граѓаните.

Тие се револтирани од обвинителниот акт против Игор Спасов зашто сметаат дека не соодветствува со тежината на кривичното дело кое специјалецот го извршил. Упатуваат јавен повик до сите граѓани да им се придружат утре во 12 часот и 30 минути пред скопското Јавно Обвинителство на протест.

МС
06-10-2011, 07:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:ЕКСКЛУЗИВНО: Необјавено сведоштво на очевидецот Ениса за убиството на Мартин


Објавено: пред 2 часа



Ениса Еминовска, девојка која вечерта на 5 јуни била сведок на бруталното до смрт претепување на младиот Мартин Нешкоски, денеска на Фејсбук објавува што кажала во судот кога била повикана да сведочи. Официјалното сведоштво е дадено во Основниот Суд II во Скопје. Текстот што таа го објавува не е идентичен со сведоштвото дадено во судот, бидејќи е пишуван подоцна, тврди таа. Го објавуваме нејзиниот напис во целост.

5 Јуни! Парламентарни избори во Македонија. Работев во Мисијата на ОДИХР/ОБСЕ за набљудување на изборите во земјата. Некаде околу 23.00 часот се приклучив на Баскерфест на градскиот плоштад во Скопје, не по работна должност. Требаше да останам во центарот на градот бидејки бев на дежурство од 02.00 – 08.00 часот на 6 Јуни. Стоев со пријатели до една од музичките бини на Баскерфест. Помалку од стотина метри од местото каде Мартин беше убиен.

Кратко после полноќ, додека стоев со пријателите одеднаш забележав како двајца трчаат. Веднаш сфатив дека едниот бега а другиот го брка. Излегоа со трчање од толпата каде ВМРО-ДПМНЕ ја прославуваше изборната победа. Трчаа во правец кон мене. Ме одминаа во трчање.

Помислив дека од некоја страна ќе се појават другарите на едниот, другарите на другиот и во очекување на таков инцидент му реков на пријателот до мене: “ Да се тргнеме од овде, ќе има гужва”. Немаше време ниту да се тргнеме, ниту да насетиме што ќе се случи. Мартин падна на плочникот. Не верувам дека падна на начин кој би го чинел живот. Убиецот веќе беше зад него. Серија тупаници во главата и серија клоци по телото додека убиецот сфати дека Мартин не се брани. Моментална паника кај убиецот. Го зеде телото на Мартин и го тресна на металната клупа пред штандот на Форнети. Видов како главата на Мартин неконтролирано отиде наназад. Убиецот зеде шише вода и го посипа телото. Немаше никакви знаци на живот. Се приближи второ лице во цивилна облека. Среден раст, црна коса. Проверуваше дали има пулс или некакви знаци на живот.

„Дојдоа униформирани службени лица. Двајца од нив го зедоа телото на Мартин и го одвлечкаа низ тревникот се до камената шахта пред паркингот на МЕПСО. Го одвлечкаа телото во вертикална положба. Верувам за да не создадат паника меѓу очевидците. Додека го преместуваа телото на Мартин, го свртев погледот во обид да го лоцирам убиецот. Забележав како слободно се одалечува од местото и како униформирана полиција му дозволува слободно да си замине. Во тој момент му реков на пријателот: “Како си оди убиецот слободно?

Зошто го пуштаат да си замине? Овој не е обичен граѓанин, овој има ли дозвола да убива?!”

Забавата на Баскерфест продолжи, и покрај тоа што сите видовме убиство! Не престана музиката, не престанаа перформансите, не престана веселбата.

Телото во темници лежеше додека гледавме огномет, веројатно поврзан во изборната победа. Прославата на партијата заврши многу набрзо после убиството. Славениците си заминаа многу тивко. Речиси како да немало победа, како да немало прослава...тивко во колони си заминаа.

Додека телото лежеше потпрено на бетонската шахта, се приближив да видам што се случува. Брзата помош доцнеше. Впрочем, дојде половина час после убиството. Не сакавме да веруваме дека момчето не е живо. Брзата помош си замина. Телото на момчето остана, со една разлика – сега беше покриено со црн најлон.

Телото го чуваа 4-5 униформирани полицајци. На паркингот имаше полициско возило. Полициските службеници направија обрач околу телото, не дозволија никој/а од нас да се приближи доволно блиску, ниту да праша што се случува.

01:50 – Службениците во комби. Телото на тревник. Дојде бело, цивилно возило. Излегоа сите службеници од комбито. Се ракуваа со двајца кои излегоа од белото возило. Почнаа да сликаат! Тогаш, и само тогаш моравме да прифатиме дека момчето не преживеало.“

МС/ВЃ


Сведоштвото е премногу политички обоено.
07-10-2011, 01:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Спасов од притвор со писмо до Јанкуловска

понеделник, 24 октомври 2011



Од притвор Игор Спасов и напишал писмо на министерката Гордана Јанкуловска. Ја прашува каде се полициските белешки со кои му било наложено партиската прослава на ВМРО ДПМНЕ да ја обезбедува додека премиерот и министрите се на плоштадот. Полицаецот Спасов преку писмото го објаснува тоа што го истакнал пред истражниот судија и кое стои во обвинението - дека бил ангажиран по налог на претпоставениот и дека работното време не му било утврдено затоа што му зависело од крајот на прославата за изборната победа. Адвокатите на Спасов не сакаат да ја откријат содржината на писмото затоа што тоа е иницијатива на притвореникот и не го поврзуваат со престојниот судски процес. За нив останува клучно да докажат во судница дека тој дејствувал во период кога се уште бил ангажиран како обезбедување на премиерот, наспроти тврдењето на Јанкуловска дека налогот му бил до полноќ и наспроти неговите колеги кои во истрага изјавиле дека биле обезбедувачи до 23.30. Јанкуловска нема надлежност во оваа фаза од процесот затоа што целиот случај е во судот - во последната изјава за инцидентот на плоштадот тврдеше дека комплетната документација и белешките се предадени на судските власти.

Сепак Спасов сака да ја увери министерката дека извршувал службена задача за време на инцидентот и дека делувал по наредба на претпоставените. Останал по полноќ затоа што не можел да го напушти плоштадот пред да си заминат високите гости. Со тоа ја отвора можноста за други инволвирани во одговорноста за смртта на Мартин Нешкоски.

Љубиша Арсиќ
ИЗВОР



Тешко ке се извлече Јанкуловска од кашканицава.
24-10-2011, 08:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Тигарот“ Спасов побара да биде ставен на полиграф

среда, 02 ноември 2011


Припадникот на специјалната полициска единица „Тигри“, Игор Спасов на стартот од судскиот процес против него побара да биде ставен на полиграф и на тој начин да докаже дека ја зборува вистината.
Спасов е обвинет за убиство на Мартин Нешкоски, кое се случи вечерта по парламентарните избори. Судењето, според најавите од судот ќе трае, неколку дена по ред.
Се очекува за првпат во судница јавно да се слушне што се случувало на плоштадот во Скопје каде сега обвинетиот тврди дека не присуствувал како обичен граѓанин, туку како вработен во МВР со задача да го обезбедува премиерот.
Обвинетиот Игор Спасов, пред истражен судија изјавил дека со неговите колеги, ноќта на петти јуни, биле работно ангажирани до 23 часот, а само половина час откако се вратиле во базата добиле усна наредба од нивниот претпоставен за враќање на плоштадот.
Според Спасов, неговата обврска била да го обезбедува премиерот во еден поширок круг.
Се очекува да се појават и сведоци кои ќе ја потврдат неговата изјава.
Убиството на момчето предизвика лавина реакции и протести на младите во Скопје. Со денови се штрајкуваше пред Собранието пред МВР и низ целиот град. Младите меѓу кои и братот на убиеното момче бараа одговорност за смртта на нивниот пријател.



Со инсистирањето, Спасов да докаже дека бил работно ангажиран во времето кога го извршил убиството, по мене само си ја зголемува вината. Неговата одговорност е поголема како службено лице, дотолку повеке што мочето немало никакво оружjе кај себе.
Убеден сум дека Спасов не добил наредба да го убие момчето од претпосавените. Сета оваа циркузијада е да ја префрли одговорноста, да се зборува за вина на претпоставените.
02-11-2011, 01:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36




Quote:Сведок: Го видов убиецот на Нешковски, но тој не беше полицаецот Спасов
Објавено: пред 25 минути


Овој човек пред мене не е тој што го тепаше починатиот Мартин Нешковски, изјави предмалку во судницата на процесто против полицаецот Игор Спасов, сведокот Рарица Радевска, видно возбудена и уплашена. Според неа, таа го видела целиот случај, но човекот кој го тепал, сега починатиот Нешковски, го опиша како висок, црн дечко, кој носел пиштол. Поради нејзината возбуда судијката даде пазуа.

Инаку во судницата се присутни роднини и колеги на Спасов, кој, пак, е видно ослабен со брада, но сепак подготвен да го даде својот исказ и самоуверен дека не е виновен за убиството.




!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!?????????????????????????????????????????????????
(This post was last modified: 02-11-2011, 01:51 PM by ЈорданПетровски.)
02-11-2011, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Игор Спасов: „Не го убив Мартин Нешкоски!“

Обвинетиот бара полиграф и да биде ослободен од чување професионална тајна за да докаже дека е невин

Љубиша Станковиќ

Во преполна судница на Основниот суд Скопје 1 - Скопје, вчера почна судскиот процес во кој како обвинет за смртта на младиот Мартин Нешкоски одговара Игор Спасов, припадник на полициската единица „Тигри“.

„Малиот, го немам видено никогаш порано. Немав никаков мотив за да го убијам, и тоа пред две илјади луѓе. Јас не сум применил физичка сила врз него, а не, пак, прекумерна физичка сила. Малиот беше во бесознание. Да знаев дека така ќе заврши работата, јас на раце ќе го однесев до Градската болница. И не е точно дека доброволно сум се пријавил. Јас само доброволно дојдов во МВР за да појаснам што се случи таа ноќ. Повторно ќе кажам: Ставете ме на полиграф и ќе се уверите дека е точно се' што говорам!“, посведочи обвинетиот Игор Спасов, и појасни дека критичната вечер единствено што сакал да направи било Мартин Нешкоски, поради неговото однесување, да биде спроведен во полициска станица.

Обвинетиот не можеше да каже на што се должело однесувањето на сега покојниот Нешкоски, кого за првпат го забележал пред домот на АРМ, кога тој со уште неколкумина негови пријатели најпрво нешто гласно се расправале, а потоа се обиделе да влезат во Домот, и тоа во моментите додека во зградата бил премиерот Никола Груевски и негови блиски соработници.

Всушност, Спасов, своето сведочење и го почна со инсистирање судот да го стави на полиграф, и тоа во секое време кога тој тоа ќе го посака. Намерата му била да докаже дека на шести јуни бил дојден на скопскиот плоштад по усна наредба од негов претпоставен, и дека не се точни наводите на неговите колеги кои го тврдат спротивното.

„На петти јуни бев ангажиран со задача за обезбедување во критични реони. Тој ден бев во Куманово. Околу 23 часот се вратив во базата која, по правило, треба да ја напуштам по полноќ. Но, околу 23, 30 часот добив усна наредба, односно телефонски бев известен дека јас и тимот, од 15-тина луѓе кои цели две недели бевме ангажирани околу изборите, треба да се упатиме кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Мојот старешина замина со „форд мондео“, а јас со мојот мотоцикл „јамаха“. Кога се собра целата група, добивме задача да обезбедуваме во еден поширок круг“, изјави обвинетиот Спасов. Тој рече дека ноќта биле ангажирани за обезбедување на премиерот и на министрите, најпрво пред домот на АРМ, а потоа до плоштадот „Македонија“ и до бината на којашто требало да говорат ВИП-личностите.

„Јас бев поставен зад влезните врати, тогаш и ја забележав групата млади со знамиња во рацете или обвиткани околу нивните тела. Тие се расправаа кој колку сработил за победата на изборите, но беа спречени да влезат внатре. Малиот, Мартин, го забележав по вторпат пред продавницата на ’Сваровски’, кога повторно се обиде да го пробие кордонот. Знам дека нешто викаше, но не знам што. Подоцна, пред кафулето ’Тренд’, каде што беше поставена бината, тој се обиде да се качи на неа, но беше спречен од личното обезбедување на премиерот. Беа повикани припадници на униформираната полиција, но пред тие да пристигнат со малиот Мартин разговараа двајца мои колеги. Тогаш Мартин извика: ’Сега ќе видите што ќе биде!’ и се стрча кон бината. Тогаш јас исчекорив и му викав: ’Каде, бе?’, но тој, веројатно, се исплаши и почна да трча кон Камен мост, изјави обвинетиот.

Според неговото кажување, тој викнал по него, но Мартин продолжил да трча. Тој за миг му бил на дофат, но момчето успеало да се извлече и да продолжи да бега, се' до моментот кога се сопнало на кабли.

„Детето падна на просторот меѓу една клупа и жардиниера. Лежеше на грб, но јас мислев дека симулира. Му удрив клоца и му реков да стане и да не симулира, но тој не реагираше. Кода видов дека ми паѓа од раце и дека му е забрзан пулсот, се обидов да му помогнам и да го анимирам. Од еден штанд земав вода и го испрскав, но тој не беше при свест. Се собра многу народ околу нас. Тогаш дојдоа униформираните колеги и уште еден цивил, и со нивна помош го ставив на клупа. Подоцна, на стручен начин, го пренесовме кај паркингот и го ставивме во полулегната позиција. Јас морав да се вратам кај бината, а за смртта на малиот разбрав дури следниот ден. Всушност, бев повикан од Внатрешната контрола за да го опишам настанот, но тогаш ми кажаа дека сум осомничен за убиство инспекторите за крвни деликти“, изјави Спасов. Тој побара од судот да биде обезбеден доказ од неговата единица да побара дали некогаш во кариерата применил прекумерна физичка сила.

На крајот од своето сведочење, кое е речиси идентично со она што го кажал и во текот на истрагата, Спасов рече дека инсистира на симнување на обврската за чување службена тајна, бидејќи тоа што планира да го каже ќе ја потврди неговата невиност. Тој кажа дека токму поради заветот за чување службена тајна не ќе може да одговори на прашањето на јавниот обвинител, кој се интересираше кој ја издал усната наредба за обезбедување.

Пресврт: И сведок тврди дека Спасов не е убиецот!

„Овој човек, не е тој кој што го тепаше Мартин Нешкоски“, изјави вчера Радица Радевска, која е првиот сведок од многубројните што треба да се појават во судница за случајот со убиството на Мартин Нешкоски. Нејзиното сведочење е пресврт во случајот, бидејќи таа тврди дека сосема друг човек, а не „тигарот“, го претепал починатото момче.

Таа насилникот го опиша како млад, висок, црномурест човек, што носел пиштол. Поради емотивното сведочење и возбудата на Радевска, даде пауза судечкиот совет.

Уште пред почнувањето на вчерашното рочиште, судот кажа дека досега се најавени 28 сведоци и дека, според планираната динамика, предвидено е на секое судење да се сослушуваат по пет сведоци. Но, од тие што беа повикани вчера, се појави само Радевска, а за една беше кажано дека, и покрај тоа што се наоѓа во Индија, подготвена е да сведочи преку видеолинк.

„Тигарот“ видно ослабен и со брада

Припадникот на полициските „Тигри“, Игор Спасов, вчера се појави во судот со видно изменет изглед, ослабен и со брада.

Во судницата, освен новинари, можеа да се видат и претставници на ОБСЕ, на Хелсиншкиот комитет и на амбасадата на САД, родителите и братот на покојниот, како и претставници на младите што протестираа поради полициската бруталност. Тие пред судот имаа поставено и два транспарента на кои беше испишано: „Слеп обвинител, селективна правда“ и „Протестира. МЕ“. Во судницата беа и колегите на обвинетиот Игор Спасов. Кога судот дозволи судењето на продолжи во поголема судница, првиот ред го заземаа само сопругата на обвинетиот и неговите колеги „тигри“.
03-11-2011, 01:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:ПЛОШТАД СЛОБОДА

Дата на објава: пред 2 часа



Писмото на министерката Јанкуловска и настапот на ТВ Алфа на премиерот Никола Груевски ја разголеа сета нивна забеганост, бесчуствителност и манипулативност. Повикот на Јанкуловска да се извинеле оние што протестираат против полициската бруталност (убиството на Мартин Нешковски) и фалбата на Груевски дека полицијата го решила убиството на момчето за само 24 часа, да бидам искрен, ми предизвикаа нагон на повраќање. Ни збор од ладнокрвниот премиер, верникот Груевски, зошто не разреши или казни никој друг од МВР освен полицаецот обвинет за убиство. А причини имаше, ако за ништо друго, барем за морбидниот обид на министерката да го сокрие убиството. Во интервјуто невешто се обиде да објасни дека преку личности што ги видел од камерите на неговите телевизии му станало јасно дека протестите за Мартин не биле спонтани туку во нив прсти замешала и опозицијата. Сакаше ли да каже дека истрагата за убиството на момчето, кое се случи на неколку метри од бината на која тој говорел ноќта кога ја славеше победата, завршила - за инает на Бранко - само кај осомничениот тигар, а помагачите ќе добијат само автентична амнестија?!

Нејсе, сега е време кога се им се може и него и на другарка му Горде. Оттаму и нејзината дрскост, наместо средба со оние коие протестираа за полициската бруталност во убиството на Мартин, да им држи лекција, да им бара извинување, да ги етикетира дека се бранковисти и слични лапрдања.

Во интерес на вистината, како аманет за мојот син, кој беше еден од организаторите на протестите, што ја лутат министерката Горде, сакам да и помогнам да разбере кои се тие. Тоа се министерке, истите оние на кои им испративте тепачи оти рекоа НЕ за цркви и џамии на плоштадот. Тоа се млади луѓе, кои не трпат неправди, наши деца кои имаат свои визии, деца кои не сакаат да ги обоите ниту портокалово ниту сино. Тие сакаат слобода, а не партиско перење на мозокот, бунтовни се оти се убедени дека на неправдата требе гласно да и речат не, а впрочем и годините им се такви, да покажат отпор против црно - белиот филм полн со лаги и измами кој им го нудите. Едноставно, не сакаат да бидат кловнови ниту на Грујо ниту на Бранко, а најмалку ваши. Чинам затоа и нивното движење го крстија ПЛОШТАД СЛОБОДА.

Јас ја имав милоста да имам таков син. Среќен сум што беше еден од основачите на „Плоштад слобода“, што живееше во филмот на Че Гевара, дете без никакви предрасуди, широко за сите. Да може да добие уште еден живот, повторно би сакал да биде истиот Марко, пак да биде бунтовен, пак јавно да ви рече НЕ на неправдите и глупостите што ги правите. Вашите партиски цртачи на пајажината за бранковисти, рамковисти, соросоиди, во следниот платен оглас во медиумите не ќе мора да се мачат да напишат кој му е татко или кој му е кум на Марко Кабранов. Марко замина во друга димензија, но останаа неговите соборци за кои сум сигурен колку и да ве нервираат секогаш јавно ќе се бунтуваат против неправдата или глупоста на секоја власт, како што е вашата. Јас и мајка му на Марко секогаш ќе чекориме со ПЛОШТАД СЛОБОДА. Во спомен на Марко, на кој дома, мајка му му го пушташе Бочели, а надвор со своите другари ги слушаше песните за Че Гевара. Сега ние ги слушаме неговите песни и се згрозуваме секогаш кога со вашите јавни лупетања ги етикетирате. Едноставно секој мозок не можете да го исперете. Не се обидувавме ниту ние како родители туку сме среќни што Марко беше таков, слободоумен и бунтовен.
Ацо Кабранов

14-11-2011, 02:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:ТРАНСКРИПТ: Обвинетиот Игор Спасов си го испрашуваше колегата


Дали треба одговорни во МВР и од обезбедувањето на ВИП личностите да сносат одговорност за убиството на дваесет и двегодишниот Мартин Нешкоски беше темата на денешното судско рочиште против обвинетиот за убиството, специјалецот Игор Спасов кој очигледно сака да повлече со себе одговорни во МВР.

Спасов денеска, по завршетокот на сведочењето на неговиот колега, командирот во специјалната единица при МВР, Игор Божиновски побара соочување со колегата со зборовите: „Лаже!“. Спасов и Божиновски застанаа еден спроти друг гледајќи се право во очи, по што започна „бомбардирањето“ со прашања од обвинетиот кон сведокот, но одговорите на командирот на специјалците беа кратки и неконкретни.

Спасов: Кажи кој нè повика да отидеме доле, кај штабот?

Божиновски: Не знам

Спасов: Како е можно целата единица да заврши со работа во 00.00 часот, што ќе го потврдат многу луѓе што ќе ги повикам на сведочење, а само групата од 15-16 луѓе кои работевме заедно во кампањата да сме напуштиле работа во 23.20 часот?

Божиновски: Јас околу 23.30 часот излегов, за другите не знам кога излегле. Јас не сум командант.

Спасов: Кога стигнавме пред штабот, чекавме да излезат ВИП личностите, се распоредивме, сите сам по сам, за да го обезбедуваме поширокиот периметар. Во Дом на АРМ влеговме јас, ти, Горан Стефановски, Чапо, Вампир, Гром, Јован Темовски. Како сме можеле да влеземе ако не сме биле службено ангажирани, па нели стоевме 20 минути јас и ти заедно со Келчо и Вук, од личното обезбедување на премиерот.

Спасов го постави тоа прашање, иако во сведочењето командирот Божиновски рече дека тој вечерта на 5 јуни воопшто не влегол во Дом на АРМ и подоцна на плоштадот бил приватно.

Божиновски: Не знам кој дал наредба за распоредување, нити, пак, сум повикал некого да поставам некаде, не се сеќавам, отидов на плоштад како граѓанин.

Спасов: Дали сите ние што работевме сме „удрени“, оти нема друга логика. Во холот бевме распоредени од ЕСЗ, а со твојата изјава излегува дека ние сме биле шарлатани. Ти кога ќе ме викнеш ми даваш налог, а Горан Стефановски треба да направи службена белешка дали сме биле на работа, нели?

Божиновски: Требало да го прашаш лицето кое било одговорно. Командантот ни дава усни наредби, но вечерта никој не ми дал наредба.

Спасов: Дали на 6 јуни, јас, ти, Горан Стефановски и колегата Тони седевме во канцеларија кај Стефановски и ми рече да напишам службена белешка за синоќешниот настан, оти лице починало, за што подоцна се утврди дека е истото лице од вечерта. Јас дури на вестите на А1 во 19 дознав дека умрело момчето. Да знаеш, не ти ставам одговорност, пријател си ми.

Божиновски: И ти си ми мене пријател, но не сум бил во канцеларија 100 отсто кога се правел тој муабет.

При завршувањето на соочувањето, на кое Спасов за цело време гледаше во очи на колегата, му рече дека има информации дека службената белешка што на 6 јуни ја напишал е уништена, но тој направил фотокопија и таа заедно со сите негови работи кои биле во неговото шкафче и била предадена на неговата сопруга кога му бил даден отказ.

Претходно, Игор Божиновски сведочеше во неколку наврати дека бил приватно на плоштад, на што адвокатот на Спасов, Ване Андреев приложи фотографии на кои се гледа премиерот Никола Груевски како држи говор на бината, а во позадина се забележуваат ликовите на Спасов и Божиновски кои се свртени со грбот кон бината, од што можеше да се заклучи дека биле работно ангажирани.

На следното судско рочиште закажано за 19 овој месец, се очекува да се појават колегите на обвинетиот Игор Спасов, полицајците Јован Тимовски, Игор Јованов, Бобан Наков, Зоран Костовски и Миле Трајков кои, според Спасов, вечерта биле службено ангажирани на прославата.

ПР/СС
02-12-2011, 10:29 PM
Reply
montehristo Online
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

[quote='ЈорданПетровски' pid='47341' dateline='1322861349']


[quote]
ТРАНСКРИПТ: Обвинетиот Игор Спасов си го испрашуваше колегата


Дали треба одговорни во МВР и од обезбедувањето на ВИП личностите да сносат одговорност за убиството на дваесет и двегодишниот Мартин Нешкоски беше темата на денешното судско рочиште против обвинетиот за убиството, специјалецот Игор Спасов кој очигледно сака да повлече со себе одговорни во МВР.

Спасов денеска, по завршетокот на сведочењето на неговиот колега, командирот во специјалната единица при МВР, Игор Божиновски побара соочување со колегата со зборовите: „Лаже!“. Спасов и Божиновски застанаа еден спроти друг гледајќи се право во очи, по што започна „бомбардирањето“ со прашања од обвинетиот кон сведокот, но одговорите на командирот на специјалците беа кратки и неконкретни.

Спасов: Кажи кој нè повика да отидеме доле, кај штабот?

Божиновски: Не знам

Спасов: Како е можно целата единица да заврши со работа во 00.00 часот, што ќе го потврдат многу луѓе што ќе ги повикам на сведочење, а само групата од 15-16 луѓе кои работевме заедно во кампањата да сме напуштиле работа во 23.20 часот?

Божиновски: Јас околу 23.30 часот излегов, за другите не знам кога излегле. Јас не сум командант.

Спасов: Кога стигнавме пред штабот, чекавме да излезат ВИП личностите, се распоредивме, сите сам по сам, за да го обезбедуваме поширокиот периметар. Во Дом на АРМ влеговме јас, ти, Горан Стефановски, Чапо, Вампир, Гром, Јован Темовски. Како сме можеле да влеземе ако не сме биле службено ангажирани, па нели стоевме 20 минути јас и ти заедно со Келчо и Вук, од личното обезбедување на премиерот.

Спасов го постави тоа прашање, иако во сведочењето командирот Божиновски рече дека тој вечерта на 5 јуни воопшто не влегол во Дом на АРМ и подоцна на плоштадот бил приватно.

Божиновски: Не знам кој дал наредба за распоредување, нити, пак, сум повикал некого да поставам некаде, не се сеќавам, отидов на плоштад како граѓанин.

Спасов: Дали сите ние што работевме сме „удрени“, оти нема друга логика. Во холот бевме распоредени од ЕСЗ, а со твојата изјава излегува дека ние сме биле шарлатани. Ти кога ќе ме викнеш ми даваш налог, а Горан Стефановски треба да направи службена белешка дали сме биле на работа, нели?

Божиновски: Требало да го прашаш лицето кое било одговорно. Командантот ни дава усни наредби, но вечерта никој не ми дал наредба.

Спасов: Дали на 6 јуни, јас, ти, Горан Стефановски и колегата Тони седевме во канцеларија кај Стефановски и ми рече да напишам службена белешка за синоќешниот настан, оти лице починало, за што подоцна се утврди дека е истото лице од вечерта. Јас дури на вестите на А1 во 19 дознав дека умрело момчето. Да знаеш, не ти ставам одговорност, пријател си ми.

Божиновски: И ти си ми мене пријател, но не сум бил во канцеларија 100 отсто кога се правел тој муабет.

При завршувањето на соочувањето, на кое Спасов за цело време гледаше во очи на колегата, му рече дека има информации дека службената белешка што на 6 јуни ја напишал е уништена, но тој направил фотокопија и таа заедно со сите негови работи кои биле во неговото шкафче и била предадена на неговата сопруга кога му бил даден отказ.

Претходно, Игор Божиновски сведочеше во неколку наврати дека бил приватно на плоштад, на што адвокатот на Спасов, Ване Андреев приложи фотографии на кои се гледа премиерот Никола Груевски како држи говор на бината, а во позадина се забележуваат ликовите на Спасов и Божиновски кои се свртени со грбот кон бината, од што можеше да се заклучи дека биле работно ангажирани.

На следното судско рочиште закажано за 19 овој месец, се очекува да се појават колегите на обвинетиот Игор Спасов, полицајците Јован Тимовски, Игор Јованов, Бобан Наков, Зоран Костовски и Миле Трајков кои, според Спасов, вечерта биле службено ангажирани на прославата.

ПР/СС
[/quote]
Da ne mu dale i na ovoj Игор Божиновски da potpise menica od 200000 evra?
Ili mozebi se raboti za izbor medju otkaz i amnezija?
Mozna licna inkriminacija?
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
03-12-2011, 03:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Сведочеше чувар од МЕПСО: Нешковски ми почина на раце
19.12.2011


„Нешковски ми почина во рацете, а освен Спасов никој не се обидуваше да помогне“. Во кривичниот суд проговоре единстевниот сведок кој настанот го следел од почеток до крај.

Вработениот во МЕПСО ноќта случајно бил на плоштадот Македонија, од хумани причини се обидел да му спаси животот на момчето, му изрази сочуство на семејството и жалење што не можел да им го спаси детето.

Човекот слушнал како обезбедувањето го убедува Мартин да го остави шишето и да не се качува на бината зошто не може да разговара со премиерот, а по неколку минути кај клупите на плоштадот забележал како Игор го брка момчето.

Видел дека со тупаница го удрил по левата страна од грбот, тогаш Мартин се превртел и со главата удрил на мермените плочи, следеле уште две тупаници по стомакот, а веднаш потоа Спасов го ставил Мартин на клупати и почнал да го освестува прскајки го со вода и шамари.

Тигарот Спасов го замолил вработениот во МЕПСО да му помогне да го однесат момчето до тревникот каде можела да дојде брзата помош, а од полициските службенци барал да повикаат брза помош.

Се обидувале да го освестат чекајки ги лекарите.

Игор морал да замине зошто го повикале на работа, а момчето половина час подоцна починало, брзата помош стасала предоцна.

За одбраната на Спасов ова е клучниот сведок, кој потврдува дека ниту еднаш не го удрил по главата.

И адвокатот на Нешковски во сведочењето гледа помош во утврдувањето на вистината. Ова тврди тој е доказ дека Мартин Нешковски починал поради ударот на Сапсов, тоа било причина со главата да падне на мермерните плочи.

Во сдуот се појави и командатот на Спасов кој потврди дека припадникот на единицата за специјални задачи бил на работа до 23:30, а според решението за отказ од базата во касарната Илинден заминал десет минути по полноќ.

Сведочеше и момче кое ноќта на 5ти Јуни било на плошптадот, но на судот му кажа дека само ја видел турканицата, ликовите не ги забележал зошто имало премногу луѓе.



Иван Кузмановски
19-12-2011, 05:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Сведок: Мартин Нешкоски ми почина на раце, а полицаецот воопшто не сакаше да помогне


Објавено: пред 5 часа

„Јас го држев повреденото момче во рацете, му го проверував пулсот, го масирав за да го повратам во живот, додека полицаецот одбиваше дури и да пријде, иако го повикав да види дали момчето (мисли на сега покојниот Мартин Нешкоски н.з.) има пулс. Примете мое сочувство, сакав да му помогнам на Мартин, но толку се може, знаењето е толку. Сакав да помогнам, татко сум на пет деца“. Ова меѓу другото, денеска во Кривичниот суд го изјави сведокот Влајко Билбиловски во судскиот процес против обвинетиот специјалец Игор Спасов кој се товари за убиството на дваесет и двегодишниот Мартин Нешкоски. Сведокот кој е вработен како обезбедување во МЕПСО изјави во судот дека кобната вечер на 5 јуни годинава ја видел целата случка на плоштадот во Скопје каде загина Мартин Нешкоски.

- Откако со колегите стоевме на плоштадот, кај бината, со колегата се договоривме да се најдеме пред зградата на МЕПСО. Тогаш видов како младо момче се расправаше со повисоко лице, мислам дека беше обезбедување. Разговараа на висок тон. Наеднаш од масата народ бев оттурнат и видов дека двајца се бркаат. Младото момче кое претходно го видов како се расправаше со обезбедувачот, се обидуваше да избега, но лицето кое го бркаше, не сум сигурен поради брадата, но мислам дека е обвинетиов (покажа кон Игор Спасов), го удри со тупаница во плешката. Момчето се изврте и падна на плочникот со задниот дел од главата, а нозете му се подигнаа нагоре, по што тој двапати го удри во стомакот со тупаница – изјави Билбиловски.

Тој истакна дека потоа лицето кое го удрило момчето, го ставило Мартин на клупата и со шамарчиња, со вода и со масажа се обидувал да го освести. Билбиловски рече дека тогаш пристигнале двајца полицајци кои рекле да се пренесе телото на тревникот пред МЕПСО, па тој и Игор Спасов го однеле момчето.

- Јас го држев сега покојниот Мартин во прегратка, имаше неправилни движења на главата, немаше никави видливи повреди на главата, тврдам дека обезбедувачот не го удри во глава. Момчето беше живо сигурно уште 30 минути по случката, пробував да му го проверам пулсот и го масирав, но момчето почина десетина минути пред да дојде Брзата помош. Лицето што го удри Мартин разговараше нешто со полицајците кои постојано се јавуваа да дојде медицинската помош, по што му се јавија дека мора да замине и си отиде – изјави сведокот Билбиловски.

Тој напомена дека додека ја чекале Брза помош му рекол на еден од униформираните полицајци да дојде и да провери дали момчето има пулс, но тој не се приближил воопшто. Сведокот рече дека никој ниту му зел податоци вечерта, ниту, пак, го прашал што се случило.

Претходно, на денешното судско рочиште сведочеа и Мартин Денковски, кој вечерта бил на плоштадот, но кој со својот исказ не помогна многу во расчистувањето на смртта на Нешкоски, а сведочеше и командантот на специјалната единица при МВР, Тони Мандаровски кој му бил претпоставен на обвинетиот Игор Спасов. Мандаровски изјави дека во 23.30 часот на 5 јуни добил усна наредба единицата да прекине со обезбедувањето на изборите и да се префрли на основните работни обврски. Тој истакна дека сите специјалци кратко потоа си заминале дома, а за случката на плоштадот, тој рече дека дознал дури другата вечер, од медиумите.

Адвокатот на обвинетиот Игор Спасов му предочи на судот службен документ од отказот на Спасов во МВР во кој се гледа дека Спасов ја напуштил базата десет минути по полноќ, што е спротивно од изказот на неговиот наредбодавател.

Следното судско рочиште за случајот против Игор Спасов продолжува во среда.

ПР/ВЃ
(This post was last modified: 19-12-2011, 05:35 PM by ЈорданПетровски.)
19-12-2011, 05:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:По обидот за самоубиство, почина таткото на Мартин Нешкоски


Утрово во четири часот и петнаесет минути по полноќ, почина таткото на покојниот Мартин Нешкоски, откако вчера наутро во обид да си го одземе животот испил неколку голтки солна киселина.

Драган Нешкоски, таткото на покојниот Мартин Нешкоски, момчето кое беше убиено од страна на полицаецот Игор Спасов на прославата на изборната победа на ВМРО - ДПМНЕ, раноутрово ја загубил битката за живот на одделот за интензивно лекување, откако вчера наутро околу 10 часот испил неколку голтки солна киселина во обид да си го одземе животот.

Александар, братот на Мартин, веднаш го однел татко си во болница, а во меѓувреме се обидувал самиот да го одржи во живот давајќи му да испие млеко, пренесува. По пристигнувањето на клиниката за токсикологија му биле направени снимки и му дале инфузија, а хируршкото отворање се случило дури десетина часа покасно, кога веќе органите во телото биле изгорени.

Извори од семејството тврдат дека се сомневаат во лекарската грижа, бидејќи тајмингот на хируршкото отворање, бил задоцнет. Иако донесен во болница вчера претпладне, цел ден Драган Нешкоски бил шетан и му биле правени снимки, а дури вечерта телото било отворено, но и веднаш затворено откако се констатирало дека повеќето органи се изгорени, тврдат извори од семејството кои во овие околности инсистираат да останат анонимни.

Телото ќе биде предадено на обдукција на судска медицина.
12-05-2012, 02:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Вистината е како шило:



Еве што изјавил тогаш, лажгото и манипулантот:

05-05-2015, 05:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



05-05-2015, 05:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Граѓаните вечерва протестираат: Прикриена е вистината за убиството на Мартин Нешковски



[Image: martin_neskovski.jpg]

[Image: CEQVUUAVEAAq0Zi1-540x324.jpg]


Протестот пред Владата доби драматичен тек откако група граѓани ги прескокнаа оградите, го пробија кордонот полицајци и стигнаа пред вратите на Владата.

[Image: CEQVTF6VEAEncUw1-540x405.jpg]
05-05-2015, 05:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

05-05-2015, 05:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote: Полицијата му дозволи на народот да влезе во владата
Објавеново
18:42 05 мај 2015|

[Image: simnuvanjef9b6.jpg]

Полицаев ја тргнаа заштитната ограда од пред владата и им дозволи на граѓаните да се доближат до пред зградата на владата.

Пред владата е тензично. Народот бара оставка, а полицијата е збунета. Дел од специјалците постапуваат како и нивните колеги од скопската полиција и се повлекуваат.

Херојскиот чин на полицаецот кој ја тргна оградата кој рече дека ќе го пушти народот и си заминува дека има друга работа наиде на голем аплауз од насобраниот народ.

[Image: Protesti,%20vlada,%20M.Neshkovski.jpg]


Денеска во 18 часот неколку стотини граѓани кои се собраа денеска на протести пред владата по објавувањето на прислушувани разговори за убиството на Мартин Нешковски се пред вратата на владата.
05-05-2015, 06:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Мајката на Нешковски го направи првиот чекор кон Владата


05-05-2015, 06:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Полицаец го напушти кордонот и им се придружи на демонстрантите
Објавено: 19:12, 05/05/2015





Следната видео снимка покажува како полициски службеник го напушти кордонот пред Владата и им се придружи на демонстрантите откако беше пробиен нивниот ѕид од страна на граѓаните кои протестираат по објавенита бомба на СДСМ.

Тој ја отвори рампата и им дозволи на граѓаните слободно да влезат во дворот.

Демонстрантите му аплаудираа, го гушкаа, и извикуваа Убијци! Убијци!
05-05-2015, 06:50 PM
Reply