Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(21-06-2011, 08:36 PM)Nikola Wrote:
(21-06-2011, 08:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Коментар мислам дека не е потребен !!!

Ова е веќе лудило...



За жал прав си!!
21-06-2011, 09:12 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(21-06-2011, 08:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:




Коментар мислам дека не е потребен !!!
Mislam deka e potreben samo eden komentar(pojasnuvanje):


"The Medium is the message" - Marshal McLuhan

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 22-06-2011, 01:42 AM by montehristo.)
22-06-2011, 01:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:

МВР ќе помогне да се види дали Игор и Мартин се познавале

МВР стои на располагање за обезбедување на сите потребни податоци околу шпекулациите дека „тигарот“ Игор Спасов од поодамна имал нерасчистени сметки со 22-годишниот Мартин Нешкоски, кого пред речиси три недели го претепа до смрт на плоштадот „Македонија“ во центарот на Македонија. Братот на Нешкоски пред неколку дена за медиумите изјави дека Спасов бил еден од полицајците што му се заканувале на Мартин да сведочи во полза на „алфите“, кои пред негови очи претепале 38-годишен скопјанец. Наводно, Нешкоски бил принуден пред судот да ги претстави „алфите“ како жртви. Скопјанецот ги тужел полицајците што го претепале, по што едниот од нив бил казнет парично, а другиот ослободен поради немање доказ. Од друга страна, „алфите“ поднеле кривична пријава против скопјанецот за напад врз полицајците и управување возило под дејство на алкохол, за што бил осуден на шестмесечна затворска казна. Токму Мартин бил еден од сведоците, кој морал да ја изврти вистината, тврдеше неговиот брат. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврди дека се воделе две паралелни судски постапки, кои завршиле со пресуда.

„Доколку некоја од странките во постапката преку соодветна правна процедура побара повторување, МВР целосно стои на располагање во смисла на обезбедување на податоците, утврдување на фактичката состојба и сето она што е надлежност на МВР“, изјави Јанкулоска. (Г.А.)


Заради оваа велев дека мора да се разјасни причината зошто е тепан Мартин.

-Се работи за убиство со умисла...

Да видиме што уште ке излезе. Можеби имало и соучесници
24-06-2011, 12:02 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(24-06-2011, 12:02 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:

МВР ќе помогне да се види дали Игор и Мартин се познавале

МВР стои на располагање за обезбедување на сите потребни податоци околу шпекулациите дека „тигарот“ Игор Спасов од поодамна имал нерасчистени сметки со 22-годишниот Мартин Нешкоски, кого пред речиси три недели го претепа до смрт на плоштадот „Македонија“ во центарот на Македонија. Братот на Нешкоски пред неколку дена за медиумите изјави дека Спасов бил еден од полицајците што му се заканувале на Мартин да сведочи во полза на „алфите“, кои пред негови очи претепале 38-годишен скопјанец. Наводно, Нешкоски бил принуден пред судот да ги претстави „алфите“ како жртви. Скопјанецот ги тужел полицајците што го претепале, по што едниот од нив бил казнет парично, а другиот ослободен поради немање доказ. Од друга страна, „алфите“ поднеле кривична пријава против скопјанецот за напад врз полицајците и управување возило под дејство на алкохол, за што бил осуден на шестмесечна затворска казна. Токму Мартин бил еден од сведоците, кој морал да ја изврти вистината, тврдеше неговиот брат. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потврди дека се воделе две паралелни судски постапки, кои завршиле со пресуда.

„Доколку некоја од странките во постапката преку соодветна правна процедура побара повторување, МВР целосно стои на располагање во смисла на обезбедување на податоците, утврдување на фактичката состојба и сето она што е надлежност на МВР“, изјави Јанкулоска. (Г.А.)


Заради оваа велев дека мора да се разјасни причината зошто е тепан Мартин.

-Се работи за убиство со умисла...

Да видиме што уште ке излезе. Можеби имало и соучесници

Види го мојот пост бр. 196. На линкот братот на Нешковски дава изјава каде разјаснува некои работи кои и те како може да имале врска со убиството.
24-06-2011, 12:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36










25-06-2011, 12:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Во сабота во 10, да го гушнеме собранието!


[Image: gs.jpg]
Posted on јуни 24, 2011


Кој можеше да предпостави дека се ова ќе трае толку долго? 19 дена надеж за сите, 19 борба и упорност. 19 дена верба во подобра иднина. 19 дена со главата горе, високо.

19 дена, а јас оставив многу од себе по улиците. Не сум само јас, со мене се секој ден таму моите нови браќа и сестри. Доаѓаме од различни фамилии, веруваме во спротивни идеали, генерациски многу се разликуваме. Скоро сите се вработени, а го жртвуваат своето слободно време. Па сепак, не држи секој ден да се враќаме на нашето симболично место, спомен куќата на Мајка Тереза, не држи една заедничка мисла за подобра Македонија, каде можеме да живееме без страв дека за момент лудост, ќе завршиме како Мартин.

Првите денови, чекоревме и викавме, некогаш помасовно, некогаш помалку. Потоа си формиравме свое мало неофицијално собрание кое жубореше од идеи. Се формираа барања (помогна и големата интернет заедница), се поставија груби патокази како ќе продолжиме во иднина, се донираа по 10 денари. Јас уште не можам да се изначудам дека од нешто толку хаотично, излезе нешто волку прецизно. Никој од нас не знаеше што треба да прави. Сите првпат се соочивме со вакво нешто.

Пробаа да не угушат на разни начини. Прво сме опозиција, па украден пиштол – слабо конципирана лага со погрешно место и време, понатаму „нашата“ представничка Биљана која никогаш не дошла на протест и која читаше како прваче од текстот што некој и го напишал, контрапротести од луѓе на кои кога ги прашавме зошто сте дошле, рекоа дека им се јавиле и дека поима немаат. Којзнае што се може уште да се очекува. Власта, наместо да ја прифати одговорноста и да превземе чекори во таа насока како би им дала отчет на граѓаните пред кои одговара, ја игнорира оваа наша борба за правда, прибегнувајќи кон детски методи како споменатите погоре.

Најтешко ми паѓа овие денови, што нашите сограѓани на нашата убава држава, угушени од црно-белиот свет во кој живеат, не ни се приклучуваат во нашата иницијатива. Еве можеби, би ги разбрала постарите, имаат многу минато, но што е со младите кои растеле во исто време со нас? Дали ќе продолжат да чекорат по истиот пат како нивните родители, бирајќи ја црната или белата стаза, слепи за се околу? Зошто тие млади луѓе сакаат да станат 50годишници на кои ништо нема да им чини, односно да се претворат во просечен средовечен македонец? Неодговорно е да не превземаш ништо за да ти биде поубаво. Неодговорно е да гледаш само за себе, додека твои врсници гинат од рацете на оние кои ги плаќаме со нашите даноци. Ако една ваква причина не ве извади од дома и не ве понесе да викнете „Доста е!“, тогаш ги заслужувате сите негодности на кои ќе се жалите во текот на вашиот живот.

За првпат во животот престанав да барам начин да се отселам на некое поубаво место. За првпат во животот со гордост го веам секој ден знамето на Македонија. Горда сум на сите оние кои ја донираат својата енергија, секој ден во 6!

Затоа, дојдете со нас во сабота, да застанеме во одбрана на достоинственото живеење и да побараме правда за сите нас подеднакво. Дојдете кои и да сте, од каде и да доаѓате, било дали сте црни, бели и сиви. Дојдете за вашите деца, дојдете за самите вас.
25-06-2011, 12:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



[Image: IMG_0713.jpg]
25-06-2011, 12:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36










25-06-2011, 07:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36



Quote:Формиран „обрач на незадоволство“ пред Собранието


Катерина Гетева 25.06.2011



Во оваа општество граѓаните можат да направат промени, а не да се кријат позади политички партии. Додека народните избраници ги верификуваа своите мандати, пред парламентарниот дом, стотици граѓани на улица бараа да се расветли случајот со убиството на Мартин Нешковски.

Бараат политичка одговорност, и одговорност на соучесниците.

„До Собранието на Република Македонија, ја поднесовме граѓанската иницијатива против полициската бруталност, во која што со 100 потписи, бараме од Собранието да ги стави во функција сите точки од нашето барање и по истите да се произнесе. Од друга страна ние се обврзуваме дека во следниот период ќе изготвиме конкретни предлози за измени на одредени закони и членови. Ова е независна граѓанска иницијатива“, вели Димитрова Биљана, учесник во протестите.

Додека траеше седницата демонстрантите направија обрач околу Собранието, фатени за раце, со што симболично ја прикажаа својата нескршливост во намерите за победа на правдата и победа врз насилството.

Демонстрантите бараат новиот парламентарен состав да ги стави на дневен ред сите точки од нивните барања, алудирајќи на цивилна контрола врз работата на полицијата.

„Ниту една влада, во ниту еден состав не сакаше да се откаже од можноста самоволно да ја раководи и злоупотребува полицијата. Се додека не сфатиме дека полицијата мора да биде сервис на граѓаните, а тоа може да се постигне само со надворешна контрола, се дотогаш не може и ние не можеме темелите на демократијата да ги поставиме“, изјави Мирјана Најчевска, експерт за човекови права.

Обрачот околу Собранието, имаше симболика и на кобната вечер кога беше убиено 22-годишното момче, демонстрантите во знак на револт, бидејќи неговото тело беше оставено на земја и покриено со вреќа - лежеа на земја со црни кеси на главата.

[Image: protest-sobranie-720x564.jpg]
Ова е 19 ден од протестот на граѓаните кои го кренаа својот глас против полициската бруталност, од надлежните бараат да се расчисти како е убиен Мартин Нешковски на кобниот 5 јуни, а од институциите да ги санкционираат сите вмешани.

Не протестот денеска беа и од семејството на убиеното момче.
25-06-2011, 07:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Демонстрантите за убиството на Мартин Нешкоски со барања до новите парламентарци


Мајки со деца, млади и повозрасни граѓани денеска пред законодавниот дом, на денот на промоцијата на новиот пратенички состав, испратија порака - народните избраници да ги преземат сите мерки и да изгласаат закон што ќе ја контролира и санкционира работата на специјалните единици на МВР.


[Image: protest)martin.jpg&imgSize=600&cropH=400]
„Стоп за насилството и бруталноста што го практикуваат поединци во МВР“ , беше повторно побарано од протестот, како и одговорност за смртта на младиот Мартин Нешкоски и формирање на независно тело што ќе го истражи случајот и виновниците ќе ги соочи со правдата.

Сите анкетирани отфрлија било каква поврзаност на протестите со опозициониот Социјалдемократски сојуз. Велат никој не ги организирал, дека како и досега точно напладне самоиницијативно се собираат за да го дигнат својот глас против насилството и тортурата што поединци злоупотребувајќи ја позицијата, го практикуваат врз останатите.

Покрај транспаренти и свирчиња на протестот се слушаа звуци на полициски возила, а учесниците се фаќаа за рака формирајќи кордон како синоним на цврстина во нескршливоста на намерите за победа на правдата и победа врз насилството.

Мирјана Трпческа
Изор, Стојменов, мегафонот на Грујо
26-06-2011, 12:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36


Quote:Александар Нешкоски револтиран од изјавата на Латас

28.06.2011 18:47


[Image: aleksandar-neskoski.jpg]
Александар Нешкоски


Александар Нешкоски, братот на Мартин, кој до смрт беше претепан од полицискиот специјалец Игор Спасов, апелира да престане политизацијата на протестите против полициската бруталност што ја прават одредени медиуми и партии.

За убиството на неговиот брат, Нешкоски побарал прием кај премиерот.

Тој продолжува да ги поддржува протестите, кои од денеска ќе добијат нова димензија - преку дебати, форуми, изложби и проекции на филмови, секој ден демонстрантите ќе се собираат пред споменикот на Мајка Тереза во 18 часот, за да им остават простор на пратениците да ги разгледаат нивните барања.

„Револтиран сум од изјавата на новинарот од Сител, Латас, што најавува дека биле мали протестите и имало пиратски знамиња. Не дај боже, не би им посакал на никој да дигне такво знаме во ваква ситуација.

Дали продолжуваш да ги поддржуваш младите?

- Да, и не само младите, туку и мајките и татковците што имаат чеда и треба да ги штитат. Ова е крајно безобразно што се случува моментално со нас. Чекаат се да исполитизираат. Тие луѓе што се излезени имале барем мал контакт со Алфи и Тигри, затоа се излезени на протест. Тој што немал никаков проблем, тој си седи дома“, изјави Александар Нешкоски.
28-06-2011, 06:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

03-07-2011, 12:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36





03-07-2011, 12:48 PM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

mnogu pati kazav..... ama me najdoa kriv (okolu protestiranjevo) koj i za sto protestira??? imame cista situacija ovde.... se sluci ubistvo... ubiecot e vo pritvor, priznato e ubistvoto... sudskiot proces e vo tek!!!
cisto kako solza.

od druga strana slusnav deka nekoj sakal da se raspustat specijalnite edinici na MVR, ako e toa vistina prvo toj sto go bara toa saka da i nasteti na makedonija i makedonskiot narod, vtoro e uste postrasno a treto takvoto baranje e totalna glupost, zosto glupost? sega ke vi objasnam
sekoj covek so malku razum ke vidi deka (neznam tocni brojki samo pogoduvam) ako od tigrite, ebr i alfite se odpustat site odnosno se rasformiraat na ulica ke imas okolu 4000 dobro obuceni mladi luge koi znaat da rakuvaat so oruzje i sto e uste po loso znaat od sekojdneven materijal da napravat oruzje i kako dodatok znaat kako raboti policijata i kako shlag na tortata se nezaposleni, dali znaete sto ke se slucuva posle? primerot so rusija segasnata ruska mafija ja socinuvaat poraneshnite agenti na KGB i specijalnite edinici na ruskata armija, i op ete paradoks za da se spravime so novite kriminalci koj ke bidat 1000 pati po spremni i po pametni od momentalnite nie ke treba PAK DA FORMIRAME novi specijalni edinici i da gi obucuvame, i sto sme napravile???
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
10-07-2011, 10:58 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

Barba,
Повели прочитај го целиот текст на линкот.
Главното, зошто имаме ваква полиција можеш од подолното да сознаеш.
Контрола треба да има, но ете, млад човек загина, протестите поради неговата смрт не смеат да згаснат.
Напротив, треба со ненасилен отпор, со седенки, со чајанки или не знам што, да се даде јасна порака на политичарите едно големо НЕ!
НЕ, тоа веќе не поминува кај нас!
Македонија, колку е држава на Македонците, Власите, Албанците, Србите, Ромите, Хрватите, Бугарите, толку е и Македонија на младите.

Quote:Комунизмот е минато свршено време. Поточно, сакаме да мислиме дека е така. Падот на комунизмот во 90-тите требаше да донесе промени...но, се случи спротивното. Во Македонија уште за време на Југославија постоеше едниствената полициска академија, што тогаш се викаше Факултет за безбедност. И покрај перењето на мозоците на младите питомци со комунистичката идеологија, тие сепак учеа предмети и тактики поврзани и со истраги и со борба против тероризам и со конкретно полициско дејствување на терен. Полицајците, ако ништо друго, научија да маваат без да отепаат некого.

И тогаш, на политичкиот хоризонт се појави младиот и „генијален“ Љубомир Фрчкоски, професор на Правниот факултет во Скопје и втор по ред министер за внатрешни работи во независна Македонија. Една од првите работи што ги направи е што ја укина полициската академија. И како во старите времиња, во 60-тите години од минатиот век, во МВР пак почна да се вработува „и шуто и рогато“. Згора на тоа, Фрчкоски го укина правилникот на МВР за унапредување по заслуга и стаж и наместо тоа воведе тотален политички волунтаризам во полицијата. Тој и само тој, решаваше кој ќе добие чин. До денес, раководството на МВР, околу две третини го сочинуваат генерали што чиновите го добиле со одлука на Фрчкоски, по чисто негово видување. Неговото однесување беше толку брутално и назадно, што дури стари кадри на МВР од времето на комунизмот, предупредуваа на експлозија на организираниот криминал и корпуција поради уништувањето на системот на полицијата. Се уште се сеќаваме на изјавата на Павле Трајанов, кој во 90-тите му беше помошник на Фрчкоски. Пред и после тоа следуваат серија испади на полицијата: случајот Хард Рок и други.

Извор
Доколку сепак протестите завршат без никаков ефект, тогаш смртта на Нешковски била залудна, и не само залудна, тоа ќе и биде сигнал на власта сегашна и на било која идна, дека младите во Македонија се правени од пластелин.

(10-07-2011, 10:58 PM)barba Wrote: mnogu pati kazav..... ama me najdoa kriv (okolu protestiranjevo) koj i za sto protestira??? imame cista situacija ovde.... se sluci ubistvo... ubiecot e vo pritvor, priznato e ubistvoto... sudskiot proces e vo tek!!!
cisto kako solza.

od druga strana slusnav deka nekoj sakal da se raspustat specijalnite edinici na MVR, ako e toa vistina prvo toj sto go bara toa saka da i nasteti na makedonija i makedonskiot narod, vtoro e uste postrasno a treto takvoto baranje e totalna glupost, zosto glupost? sega ke vi objasnam
sekoj covek so malku razum ke vidi deka (neznam tocni brojki samo pogoduvam) ako od tigrite, ebr i alfite se odpustat site odnosno se rasformiraat na ulica ke imas okolu 4000 dobro obuceni mladi luge koi znaat da rakuvaat so oruzje i sto e uste po loso znaat od sekojdneven materijal da napravat oruzje i kako dodatok znaat kako raboti policijata i kako shlag na tortata se nezaposleni, dali znaete sto ke se slucuva posle? primerot so rusija segasnata ruska mafija ja socinuvaat poraneshnite agenti na KGB i specijalnite edinici na ruskata armija, i op ete paradoks za da se spravime so novite kriminalci koj ke bidat 1000 pati po spremni i po pametni od momentalnite nie ke treba PAK DA FORMIRAME novi specijalni edinici i da gi obucuvame, i sto sme napravile???

‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
11-07-2011, 12:29 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

(11-07-2011, 12:29 AM)montehristo Wrote: Доколку сепак протестите завршат без никаков ефект, тогаш смртта на Нешковски била залудна, и не само залудна, тоа ќе и биде сигнал на власта сегашна и на било која идна, дека младите во Македонија се правени од пластелин.

i bez protesti razvrskata odnosno efektot ke bide maksimalna kazna za storitelot (dozivoten zatvor) se drugo ama se drugo nad toa e rushenje na sistemot i rushenje na drzavata, toa e razlikata pomegu demokratija i anarhija, jas bidejki si ja sakam drzavata ne vlasta nego drzavata vo koja vladee demokratijata nesakam ama i nema da ostavam nekoj da sprovede odnosno da vlece na anarhija... seto toa sto go probuvaat "ne politickite opredeleni" odi samo vo prilog na grcija, na srbija, na bugarija i na shiptarite, mrzam da se povtoruvam ama ke povtoram samo sudot ima pravo da odlucuva ne jas ne ti ne nikoj drug homoseksualec od pintija (da go znam dobro taka nareceniot lider i znam civa clenska knishka cuva doma i od kogo dobiva instrukcii) no sepak toa jas go znam a toj sto ne veruva ke go doznae kako sto ke se odkrivaat rabotite vo idnina, glupost e da se bara pravda koga veke pravdata odnosno procesot na sproveduvanje na pravdata e zapocnat!
sigurno ke me nareces deka sum pro-gruevski orientiran dobro toa e tvoe pravo, no ovaa drzava ima zakoni i site sme obvrzani da gi pocituvame
p.s. edno prasanje bidejki zagovaras protesti spomnuvas mladina itn itn itn sto ako (hipoteticki) izlezat na ulica 100 000 MLADI luge koi baraat osloboduvanje na SPASOV? sto pravime togas, ako se vodime na taa logika na protesti togas oni se po brojni i nivnite baranja ke moraat da se ispocituvaat i spasov ke mora da bide pusten na sloboda, toa ne e ubavo neli? epa ne e ubavo i nema da se sluci zosto pak ke kazam ima zakoni ima pravila ima demokratija ovaa drzava (kakva takva sepak ima demokratija i vladeenje na pravoto) se ponataka od toa e samo unistuvanje mada i jas imam 33 godini i jas se smetam sebesi kako mlad covek i bas nie mladite ne treba da dozvolime totalno rushenje na sistemot zatoa sto BC izgubil na izbori pa preku milcin pusta pari pa negoviot homo seksualen pulen da udira po sistemot.... misli sto sakas ali vladite doagaat i si odat samo DRZAVATA I NARODOT OSTANUVAAT a so ova von institucionalno odnesuvanje tie sto protestiraat sakaat da ja srusat drzavata.
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
11-07-2011, 01:23 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

p.p.s i ova go zaboraviv... velis "pasiven otpor" sigurno znaes deka covekot sto go izmisli toj pasiven otpor (gandi) da e sega ziv i da vidi sto napravi ke se pokae sto voopsto zapocnal takvo nesto.... negoviot pasiven otpor dovede do podelba na indija na dve drzavi... taka da i toa ne ti e siguren recept deka rezultatot ke bide dobar, a ako si gi cital negovite ide i pred se vizii za moderna indija nikade on ne predviduva podelba od edna na dve drzavi bas naprotiv on zagovara blagosostojba kade sto trite najgolemi religii ke ziveat vo mir!!!! jas nema sigurno da te ubedam ili da ti go smenam mislenjeto a ne ni sakam da bidam iskren no bar da razmislis vo sto se vpustate ili uste podobro dali ja otvarate pandorinata kutija....
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
11-07-2011, 01:35 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(11-07-2011, 01:23 AM)barba Wrote:
(11-07-2011, 12:29 AM)montehristo Wrote: Доколку сепак протестите завршат без никаков ефект, тогаш смртта на Нешковски била залудна, и не само залудна, тоа ќе и биде сигнал на власта сегашна и на било која идна, дека младите во Македонија се правени од пластелин.

i bez protesti razvrskata odnosno efektot ke bide maksimalna kazna za storitelot (dozivoten zatvor) se drugo ama se drugo nad toa e rushenje na sistemot i rushenje na drzavata, toa e razlikata pomegu demokratija i anarhija, jas bidejki si ja sakam drzavata ne vlasta nego drzavata vo koja vladee demokratijata nesakam ama i nema da ostavam nekoj da sprovede odnosno da vlece na anarhija... seto toa sto go probuvaat "ne politickite opredeleni" odi samo vo prilog na grcija, na srbija, na bugarija i na shiptarite, mrzam da se povtoruvam ama ke povtoram samo sudot ima pravo da odlucuva ne jas ne ti ne nikoj drug homoseksualec od pintija (da go znam dobro taka nareceniot lider i znam civa clenska knishka cuva doma i od kogo dobiva instrukcii) no sepak toa jas go znam a toj sto ne veruva ke go doznae kako sto ke se odkrivaat rabotite vo idnina, glupost e da se bara pravda koga veke pravdata odnosno procesot na sproveduvanje na pravdata e zapocnat!
sigurno ke me nareces deka sum pro-gruevski orientiran dobro toa e tvoe pravo, no ovaa drzava ima zakoni i site sme obvrzani da gi pocituvame
p.s. edno prasanje bidejki zagovaras protesti spomnuvas mladina itn itn itn sto ako (hipoteticki) izlezat na ulica 100 000 MLADI luge koi baraat osloboduvanje na SPASOV? sto pravime togas, ako se vodime na taa logika na protesti togas oni se po brojni i nivnite baranja ke moraat da se ispocituvaat i spasov ke mora da bide pusten na sloboda, toa ne e ubavo neli? epa ne e ubavo i nema da se sluci zosto pak ke kazam ima zakoni ima pravila ima demokratija ovaa drzava (kakva takva sepak ima demokratija i vladeenje na pravoto) se ponataka od toa e samo unistuvanje mada i jas imam 33 godini i jas se smetam sebesi kako mlad covek i bas nie mladite ne treba da dozvolime totalno rushenje na sistemot zatoa sto BC izgubil na izbori pa preku milcin pusta pari pa negoviot homo seksualen pulen da udira po sistemot.... misli sto sakas ali vladite doagaat i si odat samo DRZAVATA I NARODOT OSTANUVAAT a so ova von institucionalno odnesuvanje tie sto protestiraat sakaat da ja srusat drzavata.

Барба, смири ја топката, немој да претпоставуваш до толку, и да си про-Грујовист тоа ништо нема да измени, секако доколку размислуваш логично и заклучуваш со своја глава.
Доколку е вистина дека Нешковски бил носен од едно место на друго, тоа може да значи дека имал помагачи, а тоа значи дека има и соучесници.
(11-07-2011, 01:35 AM)barba Wrote: p.p.s i ova go zaboraviv... velis "pasiven otpor" sigurno znaes deka covekot sto go izmisli toj pasiven otpor (gandi) da e sega ziv i da vidi sto napravi ke se pokae sto voopsto zapocnal takvo nesto.... negoviot pasiven otpor dovede do podelba na indija na dve drzavi... taka da i toa ne ti e siguren recept deka rezultatot ke bide dobar, a ako si gi cital negovite idei pred se vizii za moderna indija nikade on ne predviduva podelba od edna na dve drzavi bas naprotiv on zagovara blagosostojba kade sto trite najgolemi religii ke ziveat vo mir!!!! jas nema sigurno da te ubedam ili da ti go smenam mislenjeto a ne ni sakam da bidam iskren no bar da razmislis vo sto se vpustate ili uste podobro dali ja otvarate pandorinata kutija....

Убиецот секако дека ќе си го добие своето, но колку беше потребно за тоа да се случи.
Да не беа протестите, смртта ќе си останеше на маргините.
Зарем и во иднина тоа да ни се случува?
Секако дека не мислев на Грција кога го споменав ненасилниот отпор.
А за Ганди, ти и самиот знаеш дека поделбата се случила по неговата “насилна“ смрт.
Додека тој бил жив тој бил жив симбол на единството на Индија, без разлика на религиите кои биле присатни.

Мислев да скратам ама би требало цело да се прочита.
(13-02-2010, 03:44 PM)vancevtodor Wrote:
Quote:УБИСТВОТО НА ПЕТМИНАТА СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ

Подготвил; Танас Корка

Злоделата на македонските србокомунисти врз македонските родољуби и борци за слободна и обединета Македонија

По ред на возраст:

1. Марко Христов Пецев - Роден во град Струмица,во 1928 год. Син на прогонето македонско семејство од Кукушко. Ја завршил Струмичката гимназија. Суден и осуден за ВМРО во 1946 год. на една година строг затвор со тешка физичка работа во злогласното Идризово. Бил учител во Ново Село, Струмичко само една учебна година. Во 1950 год. се запишува на Педагошката Академија во Скопје, заврчил една година.

2. Георги Тушев Јарумов – роден во град Струмица во 1929 год., син на прогонето македонско семејство од Кукуш. Ја завршил Струмичката Гимназија и уште како ученик во 7-ми клас иако малолетен, бил суден и осуден заедно со Марко Пецев за ВМРО на две години строг затвор со тешка физичка работа во злогласното Идризово и на железничката линија Шамац-Сарајево во Босна. Тој до крај ја издржува пресудата. Во 1949 год. се запишува како студен по геологија на Белградскиот Универзитет и завршил две години.

3. Борислав д-р. Александар Белев – роден во Струмица во 1929 год. син на старо струмичко семејство на интелектуалци од протестанска вероисповед. Ја завршил Струмичката Гимназија и каако ученик во 7-ми клас, заедно со Марко Пецев и Георги Јарумов, бил суден и осуден на осум месеци условно. Во 1948 год. се запишува како студент по физика на загребскиот Универзитет и завршил трета година.

4. Георги Томов Костуранов – роден во град Струмица во 1929 год. син на старо струмичко семејство. Гимназија завршил во Загреб и во 1949 год. се запишува на Загребскиот Универзитет како студент по економија, завршил втора година.

5. Стефан Кирилов Топчев – роден во град Струмица во 1932 год. син на еснафско семејство прогонето од Кукушка околија. Завршил гимназија во Струмица, во 1950 год.запишува право на Загребскиот Универзитет и завршил прва година.

Главната причина на оваа крвава трагедија започнува во 1944 год., кога народот разбра и свати дека е излажан со името Македонија и македонската држава од србокомунистите. Тогаш младите македонски регрути од Струмичка, Радовишка, Штипска и Малешевска околија протестираа со висок и јасен глас пред титовите официри во Широк Дол, Штип и Скопје, дека тие нема да одат да се борат на Сремскиот фронт, а се готови да се борат за Солун. Само колку за пример титовистите – србомани преку нокј испофакјаа околу дваесетина момчиња и на другиот ден ги стрелаа пред построените регрути. Стравот повторно го втера македонскиот народ во србскиот јарем.

Само една година подоцна, во цела Вардарска Македонија, посебно во гимназиите пламнува тајна револуционерна дејност против новите поробители.

Почетокот на прочуените ученички судски претреси (за ВМРО) се во 1946 год. Во тие први ученички судски претреси заедно со Методи Калкашев, Љубен Топчев и Коста Хаџимишев, беа и Георги Јарумов Марко Пецев и Борислав Белев.

Тортурите и измачувањата врз овие млади македонски момчиња во титовите зандани, во очите на народот направија најнови македонски херои. Народот им веруваше и му беа мили. Тоа пак ги доведе УДБ-ашите и србоманските слуги до лудило, побесеа како диви ѕверови и почна уште повеке да ги мразат и да ги следат.

Тогаш во тие бурни времиња, со овие млади родољуби се создаде најновото поколение на славната ВМРО во Струмичката и во соседните околии. Тие беа калени како челик во титовите зандани. Тие се студенти во универзитети каде што развиваат голема револуционерна дејност. Кодошите на власта дено-нокјно им беа зад петиците. Ги следеа на секој чекор. Постојано се редеа најразличити гјаволски методи на клопки, заплашувања и други гнасни работи. Немакедонската вазалска власт се повеке и повеке го стегаше обрачот околу таа револуционерна дејност.

За да се избегне една удбашка клопка и да се спречи една нова афера на планиран судски претрес, требаше што поскоро да се пребега преку границата и да се замине кон демократскиот запад. Студентите Љубен Топчев,Методи Калкашлиев и Коста Хаџимишев тоа го сторија многу успешно во фебруари 1951 год. удбашите се најдоа изненадени, изиграни, насамарени и до смрт разјарени. Сетне во продолжение на овоа бекство, се создаде нов бран на бегалци кон запад на: студенти, грагјани и селани, возрасни и млади лугје, бегаа за да се спасат од теророт на србоманските изроди.

За пример, УДБ-а и партијатаа на изроди требаше да најдат нов ***ба. И го најдоа. Тој ***бан беа петмината млади студенти – херои од Струмица. Па така на прсти ги изброија, еден по еден.

Клопката беше скроена од ЦК на партијата на изроди во Скопје, по заповед на главорезите Колишевски и Ранковч. Извршувањето на таа злокобна трагедија стана по сметка на УДБ-а и Месниот Комитет на партијата на изроди во Струмица, кој тогаш беше составен од следниве големосрбски измекјари – главорези: Васил Туџаров, Стојаан Кјосев, Мара Минанова, Ванчо Фончев, Глигор Новаков, Панде Масин, Ванчо Пиличев, Миро Батев, Велин Палифрата и др.

Припремена беше следната завера: УДБ-а и Месниот Комитет на партијата на изроди за најпогодна јадица го изнајдоа селанецот Тиме Куков од село Костурино – Струмичко, кој беше многу близок и доверлив пријател од подолги години на семејството Топчеви од една страна, додека од друга страна како опитен и искусен овчар на кози, одлично ги познавал местата каде лесно можело да се помине границата кон Грција. УДБ-а му заповедува на Тиме Куков, а и богато го наградува, за да му се понуди на младиот Стефан Топчев и на неговите другари за да ги префрли преку границата. УДБ-а и Куков заедно со Васил Караманов (роднина на Куков) прават пеколна замисла. Младите момчиња да ги поминат на одредено место, каде предходно ке биде поставена заседа на патот до границата, за таму да биде извршена смртната пресуда, што ја изрече без никакво судење ЦК на партијата на изроди.

Вечерта сабота 13 август 1951 год. струмичката петорка се собира во градскиот парк, за да се сретнат со Тиме Куков и Васил Караманов на кого многу му се довериле. Куков и Караманов ги предводат петте млади момчиња кон сувата река Тракајна, во подножјето на планината Беласица, на пат за границата околу турското село Чепелин, каде што ги чекала предходно поставената заседа.

Целата грозна случка ја има опишано еден селанец Турчин од истото село Чепелон, кој подоцна му ја раскажал на таткото Кирил Топчев.

Пред да стигнат на закажаното место Васил Караманов ја почуствувал злокобната трагедија што требало да се случи, се сожалил за животите на младите момчиња и му предложил на Тиме Куков спасоносно решение: “Тиме, - рекол Куков – ајде да ги пуштиме децава, па ние да избегаме преку граница!...” – “Не!” – рекол Куков. Покасно го признава тоа Караманов за да си ја измие совеста, па ја открива тајната, дека Тиме Куков за оваа валкана работа од УДБ-а добил 50 000 дин. (на времето околу 3000 американски долари или убава целогодишна плата).

Се наближила полнокј, една или две минути после тој шепотен разговор, петте млади момчиња влегуваат во предходно поставената заседа! Куков и Караманов итро се тргаат настрана на една отворена полјана и гледаат шти ке се случи. Само за миг, едно до заби вооружено војно-УДБ-ашко одделение од десетина Срби, се нафрла врз ненадејно пресретнатите во злокобната стапица жртви.

И стана тоа, што случајно скриениот селанец, Турчин од истото село Чепелин го раскажува: - “Веднага им ги соблекоа алиштата. Ги врзаа голи. Почна едно до крв тепање. На Јарумов му ги отсекоа ушите. На седум места со нож го ибодија младиот Белев. На Топчев му ги кршеја прстите, а на Костуринов ‘рбетникот, на Пецев му ги извадија очите!... Тие војници-џелати направија уште многу други ѕверства во очајни викотници од ужасни болки... Издржаа толку... додека душата не му ја предадоја на Бога! Бог да ги прости!”

На мазги ги натовариле мртвите тела и ги однеле во село Костурино, па ги заковале во претходно припремени сандаци

Ама и Тиме Куков не зацели. Не поминаа ни два-три месеци умре. Умре од грозна и совесна болест. Не можеше да ги издржи погледите и думите на народот. Се побрка со паметот, се збудали, полуде!

Утредента беше недела 14 август, УДБ-а ги повикува мајките на жртвите и со потсмев ги прашаа: - “Каде ви се децата?” – мајките счудени и уплашени, велат дека не знаат. Тогаш шефот студено им рече: - “Тие се испотепани на границата! Ке ви дадеме камион и одете да ги земете во село Костурино!” – И само толку.

Новината како гром се разнесе низ градот, низ околијата и низ цела Македонија!

Нородот од Струмица и околината излзе по улиците очекувајки ги мачениците – хероите за да ги погребе!... УДБ-а и комитетот на партијата на изроди не очекуваа таква масовна, жалосна и молчелива сенародна манифестација. Тие се потрудија и сторија се, погребот да задоцни дури со 10 (десет) часа. Вечерта многу народ, многу народ почна да се собира од целата околија. УДБ-а го затвори патот за гробиштата близу до касарните. Тогаш повекето народ го фати ридот “Оратакопа” и гробиштата се наполнија со народ.

Гробовите се отворени, длабоко ископани, а сандаците со мртвите тела на мачениците се растоварени. Веке е 10 часот навечер! Ранети од очај и тага, блиските роднини по препорака на таткото д-р. Александар Белев и Киро Топчев ги отковуваат закованите сандаци. “Народната” милиција од страв од побеснетиот од жал и тага народ, се тргна понастрана.

Се прави аутопсија. За околу еден час и половина д-р Александар Белев ги разгледа труповите. И така тој, на својот син Борислав, со скршено срце од жал востанови тоа: што селанецот од село Чепелин подоцна го посведочил.

Полнокј е векје!... Грозни лелекања!... Мајките тажат над мртвите деца. Дури и гробарите се тргнаа понастрана. Кој може да предвиди што може да се случи, од таа возбудена десетилјадна толпа народ?

Македонија ги прими мртвите тела на младите маченици – херои, што се бореа за нејзината слобода. За во век и веков – Бог да ги прости!

Со лицемерие или не, само тој знае, Лазо Колишевски многу бргу пристигна во Струмица. Тој го руга месниот комитет на неговата србоманска партија за тоа што се случило, сака да си ја измие крвта од рацете.
Од друга страна гробот на младите маченици стана светилиште! Со години на ред тука народот довагја на поклонение од сите места, од близу и од далеку, тадури и од тугина.

Надгробниот од бел мермер паметник, на кој што беше издлабен зборот убиени, беше раздробен на парчиња и расфрлан по земја. Власта ги натера родителите да постават друг паметник со зборот починати.

Во Струмица постои еден средновековен параклис на Светите петнаесет маченици. Се сметаат за покровители на градот Струмица! Инаку, денес не се петнаесет, дваесет се! Петнасетте се жртви на исламот, а петмината херои – студенти од Струмица се жртви на предавничкото србокомунистичко безбожие!

Таква беше големата пресуда на ЦК на КПМ, предводена од злогласниот македоноубиец Лазар Колишевски!



‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
11-07-2011, 04:55 AM
Reply
barba Offline
שמע ישראל
****

Posts: 589
Joined: Jul 2011
Reputation: -8

montehristo velish da ja smiram topkata... jas ne sum voopsto vozbuden pa da se smiruvam ili jas ne nastapiv (bar mislam deka ne) agresivno pa da se smiruva nesto...
hmmmm.... aj vaka
kazi ama bez citiranje na ogromni tekstovi sto e vsusnost celta na protestiranjeto???
I am that which grips the heart in fright, hearkens night and silence the light!!

Peace is lie, there is only a passion,
Trough passion i gain strength,
Trough strength i gain power,
Trough power i gain victory,
Trough victory my chains are broken.

The Force shall set me free
11-07-2011, 01:50 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30

(11-07-2011, 01:50 PM)barba Wrote: montehristo velish da ja smiram topkata... jas ne sum voopsto vozbuden pa da se smiruvam ili jas ne nastapiv (bar mislam deka ne) agresivno pa da se smiruva nesto...
hmmmm.... aj vaka
kazi ama bez citiranje na ogromni tekstovi sto e vsusnost celta na protestiranjeto???


(11-07-2011, 01:23 AM)barba Wrote: p.s. edno prasanje bidejki zagovaras protesti spomnuvas mladina itn itn itn sto ako (hipoteticki) izlezat na ulica 100 000 MLADI luge koi baraat osloboduvanje na SPASOV? nie mladite ne treba da dozvolime totalno rushenje na sistemot zatoa sto BC izgubil na izbori pa preku milcin pusta pari pa negoviot homo seksualen pulen da udira po sistemot.... misli sto sakas ali vladite doagaat i si odat samo DRZAVATA I NARODOT OSTANUVAAT a so ova von institucionalno odnesuvanje tie sto protestiraat sakaat da ja srusat drzavata.


[/quote]

Прво, не заговарам ништо, тука однапред морам да признам дека не сум во тек откако го уапсија полицаецот,само се прашувам:Доколку е вистина дека Нешковски бил носен од едно место на друго, тоа може да значи дека имал помагачи, а тоа значи дека има и соучесници, што е со нив?
Во продолжеток, никој не би паднал на тој штос веќе, еднаш паднаа на штосот со млекарот-одгледувач на марихуана.
Тоа е видливо од 10 километри височина.
Тоа за народот и државата е на место, НО, постојат доста работи кои Груевски нема време ни да ги започне а се од елементарна важност, мислам дека најважна е правдата.
А таа, преку интервенциите/зафатите на Маневски и Андов е упропастена.
Како може некој сам да се лустрира?Ајде одговори ми и дај ми пример каде има позитивно разрешување од тоа нивно влијание?
Една работа е кога не си почнал нешто, но друга кога си пошол во сосема друга насока.

П.С.
Никој не те оптужи дека си Грујовист, на тоа мислев.
П.П.С.
Приватизацијата може на многу други начини да се реши(евазија, затајување, злоупотреба на законот за работа на банките(посебно оној дел на странските сметки)) но за тоа се потребни луѓе како Ване Цветанов, Груевски тука падна на прва сопка и не навестува дека има намера да се подигне, уште е во кал.
П.П.П.С.
Добредојде и само така продолжи, постот #461 за македонските медиуми како си го прикажал е за поздравување.
П.П.П.П.С.
Текстот мислам дека морав цел да го пренесам.
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
(This post was last modified: 11-07-2011, 03:30 PM by montehristo.)
11-07-2011, 03:27 PM
Reply