Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21

Подобро нека го гради ставот две недели, оттколку да излезе веднаш и да ни прераскаже што за ова мисли баба Паца од Паљурци...

18-06-2011, 03:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Демонстранти: СДСМ го политизира протестот

Сабота, 18 Јуни 2011

Згрозени сме од Социјалдемократскиот сојуз поради тоа што се обидува од граѓански протест да направи политички, изјави Билјана Тодороска, претставник на младите кои прoтестираат против убиството на Мартин Нешковски на плоштадот Македонија.

[Image: protestanti500.gif]

Таа додаде дека во изминативе денови на повеќе учесници во протестот, им се јавувале лица кои се претставувале дека се од штабот на СДСМ и им давале инструкции како да собeрат повеќе граѓани на протестот, а охрабрувале и дека од разни градови ќе донесат свои луѓе, нивни членови за да ја зголемат бројката.

Тодороска исто така нагласи и дека опозициската партија ги снабдувала лицата кои што протестираат со свирчиња и со мегафони.

Младите на чело со Билјана Тодороска најавија и следен протест во понеделник во 18:00 часот кој ќе започне од Спомен куќата на Мајка Тереза, но овојпат ќе заврши пред седиштето на СДСМ во знак на револт за обидите за политизирање на протестите против убиството на Нешковски.

Честитки до младите. BravoBravoBravoBravo
18-06-2011, 09:53 PM
Reply
Guest
Unregistered

Icon_razz)

Јордане, Јордане... Просурфај малку по нетот, поточно до страниците каде се организираат младите, да видиш какви се нивните реакции на ова. Никој ја нема видено “протестанкава“ порано на протести, а еве сега излегува и со соопштение. Исто така, изјава даде само пред МТВ, Сител и Канал 5, и уште некој ситен “пајтон“ медиум - ти кажува тоа нешто? Инаку, не и е прво појавување пред камери - Канал 5 ја снимиле во репортажа во стилот “гласање на младите“ на денот на изборите: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=76063
Значи, класичен спин и ефтин обид за дефокусирање и компромитирање на протестите.
18-06-2011, 10:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(18-06-2011, 10:41 PM)Guest Wrote: Icon_razz)

Јордане, Јордане... Просурфај малку по нетот, поточно до страниците каде се организираат младите, да видиш какви се нивните реакции на ова. Никој ја нема видено “протестанкава“ порано на протести, а еве сега излегува и со соопштение. Исто така, изјава даде само пред МТВ, Сител и Канал 5, и уште некој ситен “пајтон“ медиум - ти кажува тоа нешто? Инаку, не и е прво појавување пред камери - Канал 5 ја снимиле во репортажа во стилот “гласање на младите“ на денот на изборите: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=76063
Значи, класичен спин и ефтин обид за дефокусирање и компромитирање на протестите.

Веста ја пренесов без да проверам. И затоа така ја искоментирав.
18-06-2011, 11:53 PM
Reply
Guest
Unregistered

еве им ја ФБ групата: http://www.facebook.com/event.php?eid=226559364040377

да видиме што ќе биде во Понеделник
19-06-2011, 12:18 AM
Reply
Guest
Unregistered

туку, пази еден детал: на останатите групи за протестите скоро сите сме со оние карактеристични “стоп за полициска бруталност“ беџови на профил сликите... а, кај овие нема ниту еден таков - освен ако не ги рачунаш беџовите на ДПМНЕ Icon_razz
19-06-2011, 12:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(19-06-2011, 12:22 AM)Guest Wrote: туку, пази еден детал: на останатите групи за протестите скоро сите сме со оние карактеристични “стоп за полициска бруталност“ беџови на профил сликите... а, кај овие нема ниту еден таков - освен ако не ги рачунаш беџовите на ДПМНЕ Icon_razz

Го немаат КСИО и Филипа, па ке мора да прават паралелни протестанти.
Оваа сум го објавил на 04.06. 2010 година, Грујо продолжува да не прави будали.

Quote:"Одговорноста на премиерот Груевски, и другите што со своите функции во правосудниот систем треба да го одберат вистинскиот пат е пресудна за Македонија. А воедно, и шанса за Груевски и неговата „екипа“ да ме демантираат за нивната (не)вмешаност во политичко-полициското подземје. По четири години топло-ладно играње со талогот во судството, медиумите, полицијата и политиката, време во кое видовме и коалиции со луѓе како излезени од досието Опера. Сериозен демант во овие четири години воопшто нема. Имаше една бледа театарска престава со протести пред Уставниот суд, откако го разбија законот за лустрација - театарска претстава изготвена по нарачка од полициско-политичкото подземје, со која, вие господине Груевски покажавте дека помеѓу вас и Бранко Црвенковски, нема никаква разлика во тоа колку многу си ги потценувате сопствените граѓани! Затоа, барам малку усул господине Груевски, господине Маневски, господине Мијалков и господине Аврамовски, не си го потценувајте сопствениот електорат до овој степен. Никаде во светот ВЛАСТА не ПРОТЕСТИРА, таа ги има НА РАСПОЛАГАЊЕ законот, Уставот и ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ.
Кога власта не си ги почитува сопствените закони и не ги користи сопствените институции, се поставува прашање која и е целта? Има два логични одговори зошто вака постапува - или од незнаење или со намера. Ако е од незнаење досега требаше да ги увиди грешките и да ги исправи, да сфати дека или ќе ја биде или ќе подлегне во борбата со политичкото и полициското подземје. Но кај вас господине Груевски е се поочигледно дека оваа е довршување на операцијата која ја започна Глигоров. Но, да не бидеме како вас, ке зборуваме со факти, она од што вие чедата на "ОПЕРА" најмногу се плашите!"

19-06-2011, 12:47 AM
Reply
makedonija
Unregistered

(08-06-2011, 03:23 AM)acko Wrote: basilius_2, нема потреба од вакво релативизирање на работите. Не личи тоа на ништо, па и Иво и Гродана признаа, а ти продолжуваш да ја туркаш старата приказна. Како што разбрав од сведоците, тие виделе како дечкото бега, а полицаецот трчи по него, при бегање тој се сопнал и паднал, веќе тука полицаецот требало само да го задржи и да си тераат процедура, а тој земал да го тепа, крвнички, а овој го молел да го остави. Не се работело за некој ’пешадинец’ кој мава со пендрек во грб, туку за специјалец кој бил супериорен во секој поглед во однос на дечкото. Полицаецот по одредено време на тепање забележал дека нешто не е во ред и почнал да го освестува, викнал на помош други негови полицајци, тогаш веројатно виделе дека е мртов и го покриле со кеса. Не повикале брза помош. А, тука ти е еден од одговорите зошто не пријавиле. Па таму биле полицајци, дошле и други негови колеги, на кого да пријават, башка било и плоштад, кој можел да претпостави дека тоа некој ќе проба да го заташка. Тие згради на плоштад скоро сите имат камери, така да ништо чудно ова и да е забележано од некоја. Специфично е што овој Тигар бил дел од обезбедување на премиерот, така нешто збореа...

Утредента полицијата молчи, па се повикуваат на некое тело најдено пред МЕПСО кое што било без траги на насилство, за потоа да признаат дека на него имало насилство, а тоа што се распаѓало било токму од насилството. Полицаецот се пријавил, го признал делото, но кажал дека немал намера. А ти во твоите коментари сакаш да протнеш нешто друго, а веќе е потврдена приказната за убиството, признал и полицаецот, само ти бараш некои изговори.

И сега ќе го искоментираш ли конечно однесувањето на МВР?

bravo acko bravo za tvoite razmisluvana se nadevam povise ce pocnat da rezonirasatbkakk tebe pozdrav
19-06-2011, 01:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(18-06-2011, 09:53 PM)ЈорданПетровски Wrote: Демонстранти: СДСМ го политизира протестот

Сабота, 18 Јуни 2011

Згрозени сме од Социјалдемократскиот сојуз поради тоа што се обидува од граѓански протест да направи политички, изјави Билјана Тодороска, претставник на младите кои прoтестираат против убиството на Мартин Нешковски на плоштадот Македонија.

[Image: protestanti500.gif]

Таа додаде дека во изминативе денови на повеќе учесници во протестот, им се јавувале лица кои се претставувале дека се од штабот на СДСМ и им давале инструкции како да собeрат повеќе граѓани на протестот, а охрабрувале и дека од разни градови ќе донесат свои луѓе, нивни членови за да ја зголемат бројката.

Тодороска исто така нагласи и дека опозициската партија ги снабдувала лицата кои што протестираат со свирчиња и со мегафони.

Младите на чело со Билјана Тодороска најавија и следен протест во понеделник во 18:00 часот кој ќе започне од Спомен куќата на Мајка Тереза, но овојпат ќе заврши пред седиштето на СДСМ во знак на револт за обидите за политизирање на протестите против убиството на Нешковски.

Еве ги протестанитите на Сорос. Оваа соопштение е нивно.

И протестиве ги поделија.

Quote:Драги сограѓани,

[Image: 1301789683ffbe8-1.jpg]
Доста беше молк! Две недели се бунтуваме, не спиеме, гласни сме и продолжуваме да чекориме по улиците на нашите градови се' додека надлежните институции не сносат целосна одговорност за убиството на градскиот плоштад во Скопје ноќта помеѓу 5.06 и 6.06.
[Image: images?q=tbn:ANd9GcTzO1xojPhBC9fiZ39aGiH...E8BtGuWKfw]
Во недела, 19.06, станете порано и дојдете кај спомен куќата на Мајка Тереза каде што својата безрезервна поддршка на протестите против полициската бруталност ќе ја дадат некои од најинтересните современи македонски артисти и бендови:

ЛОКАЛЕН ПАТРИОТ
ФЛУКС
VENUS FLY TRAP
ЏАКА НАКОТ
РАСПЕАНИ СКОПЈАНИ
1,2,3 ПРОТЕСТИ! (free jam session)
Марсо
Нино Наумов

Почнуваме точно на пладне! По концертот продолжуваме со масовниот мирен протест по скопските улици!

Придружете ни се!

П.С.: Понесете си течности, транспаренти и свирчиња! Icon_razz

Распеани скопјани

(This post was last modified: 19-06-2011, 03:26 AM by ЈорданПетровски.)
19-06-2011, 03:24 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

(19-06-2011, 03:24 AM)ЈорданПетровски Wrote:

Не можам да го сфатам Џорџ Сорос,зошто тој негов идеал на отворено општество го препушти да го водат Комунисти во кожа на демократи?Со таквите постапки Џорџ Сорос,покажува дека не е заинтересиран за тој идеал,и дека и тој е за Автократија.
Кога некој ќе падне на вакви трикови,тоа се знаци на очајност.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
19-06-2011, 03:49 AM
Reply
Guest
Unregistered

(19-06-2011, 03:49 AM)basilius_2 Wrote:

Базилиус јас Сорос до некаде можам да го сфатам. Дава свои пари и може да бира на кого ќе ги даде. Нас повеќе треба да не интересира за што се користат истите и дали Сорос има некаков повратен интерес од своите „инвестиции“, каков е тој интерес, односно дали истиот не е во конфронтација со оној на државата.

Е сега она што сакам да го потенцирам е дека и ВМРО во последно време го прави истото што и Сорос. Почна да создава свои невладини организации кои ги финансира од буџетот на државата, а кои треба да бидат пандан на Милчин и компанија. Мислам дека тоа сите нас многу повеќе треба да не интересира затоа што се трошат наши пари.

И на крај да споменам дека уште минатата недела јас во еден мој пост наведов дека може да се очекуваат контра протести (или во овој случај парапротести). ВМРО во многу нешта го надмина СДСМ кога е во прашање политиканството. Но од утре па натаму сета одговорност е на Груевски. Минатата недела Јордан во повеќе наврати спомнуваше дека се спремаат немири. Јас бев на став дека тоа не е можно. Но ако навистина ВМРО падна толку ниско да организира контапротести само за да ја спаси Јанкуловска и Котевски тогаш нека им е на чест. Од она што досега го видов од ДПМНЕ во овие последни 5 години за жал се повеќе сум убеден дека тие на мирен и демократски начин нема да ја отстапат власта. Со сите овие поделби што реално ги прават меѓу граѓаните, и кога имаат образ еден ваков настан како што е убиството на младо момче да го користат за уште поголем раздор само за да спасат двајца луѓе од нивните редови (Јанкуловска и Котевски) може да претпоставиме како ќе се однесуваат по евентуален изборен пораз кога ќе треба сите да се спасуваат.

19-06-2011, 10:42 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Не ми се верува еј...И за убиство направија контра-протести. Помислив и на тоа, ама си викам ај не се до толку забегани.
19-06-2011, 12:16 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17

Опасноста на овие протести и за двата политички блока во Македонија (СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ)е тоа што тие не се организирани и водени од нивни луѓе. Туку оваа е вистински израз на Демократија,кој не е режиран и воден како Студентските протести од 1997 година,кога полно млади луѓе беа изманипулирани од Филип Петровски и на службите на целата Македонска младина и се залепи дека се Фашисти.
Со ништо не ги оправдувам ниту ВМРО-ДПМНЕ,Грујо,Јанкуловска и Котески во нивната одговорност за настаниве.Ниту СОРОС и СДСМ,го немаат тоа морално право да се обидат овој протест да го киднапираат,и да го искористат во нивната пресметка со Грујо. Бидејќи.кога беше СДСМ на власт толку имаше голема полициска бруталност,зашто говори и фактот што во нивно време 20.000 полициски досиеа се отворени.Во тоа време,Милчин,Најчевска и сите експерти за човекови права молчеа,а со нивното молчење само стануваат придружници во тоа злодело.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
19-06-2011, 02:45 PM
Reply
Guest
Unregistered

Не сум баш сигурен дека Најчевска и Хелсиншкиот Комитет молчеле - прашање е колку биле медијски испратени... За СОРОС не знам, не ги пратам до толку.
19-06-2011, 03:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(19-06-2011, 03:17 PM)Guest Wrote: Не сум баш сигурен дека Најчевска и Хелсиншкиот Комитет молчеле - прашање е колку биле медијски испратени... За СОРОС не знам, не ги пратам до толку.

Молчеа. За тоа постојат непобидни докази.
19-06-2011, 03:22 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

Братот на убиениот Мартин Нешковски изнесува податоци кои фрлаат дополнителна сенка врз мотивот на убиството:

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mI...ntId=38241
(This post was last modified: 20-06-2011, 06:00 PM by Nikola.)
20-06-2011, 05:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Осуда за неодговорното однесување на Груевски и на Јанкулоска

Јордан Петровски, претседател на Комитетот за демократизација на Република Македонија во Канада

На светот нема ништо подраго и повредно од човековиот живот, а особено оној на младиот човек, што допрва треба да го даде својот придонес кон општеството. За родителите на Мартин, кои се справуваат со најтешката болка што може да ја искуси родител, единствената утеха што можеме да им ја пратиме се нашето искрено сочувство и нашите молитви.

За болката од овој немил настан, која не може да се намали, Комитетот за демократизација на РМ бара во најитен можен рок расветлување на случајот во однос на тоа како е усмртен покојниот Мартин Нешкоски, како и казнување на секој поединец директно одговорен и вмешан во ова убиство. Го соопштуваме нашето барање да се отвори распит дали постоел некаков обид за забошотување на убиството и бараме одговорните во Министерството за внатрешни работи да го преземат својот дел од кривичната и моралната одговорност за случајот, со што би дале јасен сигнал дека тие не го одобруваат ваквото ништење на човечки животи.

Во однос на протестите што се случуваат непрекидно од 6 јуни 2011 и кои будно ги следиме: ги сметаме за чин на вежбање на демократските принципи. Наш апел до демонстрантите е да останат цврсти на своите ставови да се расчисти случајот, првенствено да се расветли точно и прецизно како се случил нападот врз Мартин Нешкоски бидејќи се' додека формналноправно не се утврди вината на убиецот, не ќе може да се бара кривична и морална одговорност од неговите претпоставени. Исто така, апелираме да не подлегнуваат на какви било провокации што би можеле го претворат мирниот протест да во насилен; ниту, пак, да подлегнат по чие било политичко влијание.

На крај, го осудуваме неодговорното однесување на привремената влада на Македонија, со особено нагласување на вршителите на должност Министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и премиерот Никола Груевски. Тие се оние кон кои се свртени очите на македонската јавност и кои мораат да се исправат пред предизвикот со кој се соочени наместо да ја одбегнуваат одговорноста на работното место за кое самите доброволно побарале да бидат назначени од македонскиот народ.

Извор, гласилото на СДСМ
20-06-2011, 11:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Коментар мислам дека не е потребен !!!
21-06-2011, 08:08 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12

(21-06-2011, 08:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Коментар мислам дека не е потребен !!!

Ова е веќе лудило...
21-06-2011, 08:36 PM
Reply
Guest
Unregistered

(21-06-2011, 08:36 PM)Nikola Wrote:
(21-06-2011, 08:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:

Коментар мислам дека не е потребен !!!

Ова е веќе лудило...

Во право сте. Нема потреба од коментар, веднаш може да се даде диагноза. Но за жал ќе мора сите да се согласиме дека државата ни отиде јабана. Јас се чудев кои будали излегоа на гласање на 5 јуни и им дадоа легитимитет на овие апашишта од ДПМНЕ и СДСМ. Но кога ќе видам вакви луѓе кои веројатно за некој ситен интерес би убиле по наредба на партијата, со жалење констатирам дека отидовме скорз. Туку дајте некоја идеја како и каде да бегаме ние што сме по средина на сите збиднување. Овде не му е лошо ни на тој што е за Грујо ни на тој што е за Бранко. Но овде е страшно тешко за оној кој не е за никого.

Си вика човек ајде ќе се сменат работите, ќе тргнеме напред, ќе се создаде критична маса за суштински промени. Со вакви луѓе како оваа што ја гледаме ништо и никогаш нема да биде подобро. Е ова е трагедијата на Македонија. Младите кои треба да бидат иднината на државата и нејзина главна движечка сила се неповратно осакатени. Господ нека ни е напомош.
21-06-2011, 08:53 PM
Reply