Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 6 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Убиство, заташкување, протести, политика
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Протест против полициска бруталност во Скопје

06.06.2011


[Image: 5DD3007B-53A3-4C01-8B2D-CF15CC831482_mw270_s.jpg]

Неколку стотини млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи, вечерва протестираат против полициската бруталност во Скопје. Повод за протестот е смртта на 23-годишно момче, за кое, очевидци тврдат дека синоќа било претепано до смрт од цивили, за кои се сомневаат дека се припадници на полициската единица „Алфа“.

Демонстрантите извикуваат „Алфи - убијци“ и „Кој го уби Даниел?“. Тие бараат распуштање на единицата „Алфа“. Протестната поворка од плоштадот Македонија се префрли пред полициската станица Беко, а во моментов протестира пред Собранието. Демонстраните велат дека нема да заминат додека не добијат одговор за смртта на момчето.

Полицијата денеска изјави дека вчера е констатирана смрт кај 23-годишно момче, но оти немало траги на насилство.
(This post was last modified: 07-06-2011, 12:12 AM by ЈорданПетровски.)
07-06-2011, 12:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(07-06-2011, 12:12 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Протест против полициска бруталност во Скопје

06.06.2011


[Image: 5DD3007B-53A3-4C01-8B2D-CF15CC831482_mw270_s.jpg]

Неколку стотини млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи, вечерва протестираат против полициската бруталност во Скопје. Повод за протестот е смртта на 23-годишно момче, за кое, очевидци тврдат дека синоќа било претепано до смрт од цивили, за кои се сомневаат дека се припадници на полициската единица „Алфа“.

Демонстрантите извикуваат „Алфи - убијци“ и „Кој го уби Даниел?“. Тие бараат распуштање на единицата „Алфа“. Протестната поворка од плоштадот Македонија се префрли пред полициската станица Беко, а во моментов протестира пред Собранието. Демонстраните велат дека нема да заминат додека не добијат одговор за смртта на момчето.

Полицијата денеска изјави дека вчера е констатирана смрт кај 23-годишно момче, но оти немало траги на насилство.



Quote:Snezana Lupevska

Jas imam edno novinarsko prasanje . Moze li da posoci nekoj kade zivee ubieniot daniel. Koi mu se roditeli? Zosto nikoj ne zaplaka za nego na protestot? Ajde koj znae da kaze pa da im izrazime socustvo na lugeto od semejstvoto? Koj e vsusnost Daniel?
07-06-2011, 12:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



Quote:СТОП за насилството - ТОЛЕРАНЦИЈАТА ПРЕД СЕ!


Време
Петок, 10 јуни · 20:00 - 23:00

Локација

Плоштад Македонија

Создадено од
Emil Levkovski

Дополнителни информации

Драги членови, во петок 10 јуни во 20.00часот, апелираме масовно да се собереме и во мирен протест да запалиме свеќи за Даниел.

Секој има право на избор како ќе го живее животот, но никој нема право да ти го одземе она кое што ти го дариле родителите .

Овој протест нема никаква политичка позадина, нема верски основи и не буди омраза. Целта негова е пред се НЕ Е за да се покаже револт кон полицијата, туку да се стопира полициското насилство кое е сведочено од сведоците по медиумите и социалните мреќи.
Овој мирен протес треба и има задача да го потикне зголемувањето на толеранцијата кон луѓето.

Смртта на Даниел беше немил настан, кој не смее така лесно да се заборави и остави. Ама ако бидеме груби и насилни, тогаш не правиме никаква разлика од оние кои го прават спортивното, од оние кои применуваат сила во спроведувањето на постапките. (и престанете со хејт спичот)! ПОКАЖЕТЕ ТОЛЕРАНЦИЈА!

http://www.facebook.com/event.php?eid=15...&view=wall

ТОЛЕРАНЦИЈАТА ПРЕД СЕ!
'Поентата на евентот е мирен протест, а не е за навреди''
07-06-2011, 12:42 AM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#4

Ги прашуваат во МВР, не знаат ништо за случајот. Од друга страна телевизииве никаков абер. Од А1 да излезеа со некои поконкретни податоци освен што живеел во Ѓорче. Несовпаѓање и незнаење што се случува. Не ми се верува. Како е ова можно?
(This post was last modified: 07-06-2011, 12:53 AM by Nikola.)
07-06-2011, 12:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



Quote:Блокирани улиците низ центарот на Скопје


[Image: protest%20na%20plostad.jpg]

Објавено: пред 4 часа |

Граѓаните од кои повеќето млади луѓе кои денеска масовно се собраа на скопскиот плоштад во знак на револт од убиството на 23 годишниот Даниел, кој крвнички, до смрт беше убиен од полициските единици „Алфи“ моментно ја блокираат улицата низ центарот на Скопје, во близина на „Рекорд“. Спроти нив има кордон од полицајци.
Тука ќе останеме цела ноќ. Тука ќе останеме додека биде потребно. Додека не се преземе одговорноста, додека не се најде виновниот за згаснувањето на животот на 23-годишниот жител на Ѓорче Петров.
Таква одлука падна на скопскиот плоштад, каде со секоја минута доаѓаат нови демонстранти на мирниот протестен собир испровоциран од бруталноста на „Алфите“, која половина час после полноќ денеска најверојатно беше причина за смртта на Даниел, за што „Плусинфо“ објави повеќе информации.
„Плусинфо“ стапи во контакт со очевидецот на свирепото претепување до смрт, кое синоќа го извел припадник на полицијата „Алфи“ врз 23 годишниот скопјанец. Додека на неколку метри од местото каде Груевски држел говор и на небото одекнувал огномет, младото момче неподвижно лежело со главата потпрена на засечен труп и во безживотна состојба.
- Чекав прво да видам дали ќе излезе на некој медиум денеска, но ништо немаше. Затоа решив да проговорам, почнува видно вознемирениот очевидец чиј идентитет редакцијата на Плусинфо реши да го чува во тајност заради неговата безбедност.
- Се случи во триесет минути по полноќ. Одеднаш видов како алфашот брка момче. Брутално го удираше со тупаници, потоа го удри од една клупа и откако виде дека не дава знаци на живот, почна да се преправа, демек бара вода. Заедно со локалното обезбедување го однесоа на паркингот пред МЕПСО, и половина час колку што чекав не дојде екипа на итната помош. Никој не го ни приметуваше беше легнат пред засечено дрво и со главата покриена со сина кеса, вели очевидецот, кој во знак на жалење за случајот присуствуваше и на протестот кој група граѓани во моментот го одржуваат во Градскиот Парк.
Идентитетот на починатото момче во интерес на истрагата, Плусинфо го чува во тајност.
07-06-2011, 01:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(07-06-2011, 01:48 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Блокирани улиците низ центарот на Скопје


[Image: protest%20na%20plostad.jpg]

Објавено: пред 4 часа |

Граѓаните од кои повеќето млади луѓе кои денеска масовно се собраа на скопскиот плоштад во знак на револт од убиството на 23 годишниот Даниел, кој крвнички, до смрт беше убиен од полициските единици „Алфи“ моментно ја блокираат улицата низ центарот на Скопје, во близина на „Рекорд“. Спроти нив има кордон од полицајци.
Тука ќе останеме цела ноќ. Тука ќе останеме додека биде потребно. Додека не се преземе одговорноста, додека не се најде виновниот за згаснувањето на животот на 23-годишниот жител на Ѓорче Петров.
Таква одлука падна на скопскиот плоштад, каде со секоја минута доаѓаат нови демонстранти на мирниот протестен собир испровоциран од бруталноста на „Алфите“, која половина час после полноќ денеска најверојатно беше причина за смртта на Даниел,



Дали оваа не е почеток на македонскиот "ПЕТИ ОКТОБАР".

Една работа не ми е логична, во случајот со смрта на Даниел. По се би требело да е член или симпатизер на ВМРО ДПМНЕ инако зошто би присуствувал на прославата.? Алфите ако се полиција на ВМРО ДПМНЕ зошто ке убиваат свој сомпатизер.?
07-06-2011, 02:09 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#7

Според мене нелогичното е во тоа што како можел некој да процени дека убиецот е "Алфа". Дали убиецот носел униформа? И каква униформа носел? Зошто веста прво ја објави А1?
Зошто од овој протест нема пренос од телевизиите.
Зошто веднаш се одградуваат дека зад нив не стои никој?Сеуште не сме го чуле извештајот од полицијата, или пак некој ги обвинува дека овие протести се политички мотивирани.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
07-06-2011, 02:41 AM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#8

Jas sum siguren deka deteto ne e ubieno od Alfite, tuka se klrijat nekoja golema rabota koja treba da socekame da vidime, a tie luge sto se izlezeni da protestiraat tie se izmanipulirani politicki od nekogo
07-06-2011, 03:06 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#9

На крај ќе испадне дека Даниел е симболика за некоја идеја која е ете убиена за време на изборите и дека вистинскиот Даниел не постои и е измислена личност.
Во ниедна црна хроника не е спомнат конфликт со полицијата и загинати, што е “малкуцка“ чудно посебно што наведеното насилство и загинување би требало да се случи за време на изборен ден пред очите на куп разно разни посматрачи од странски делегации. И никој ништо не видел?!
Во недостаток на оригинални сценарија се препишуваат туѓи изгледа, на комуњарите им следи обезвластување па гледаат како се креваат револуции низ арапските земји (клишето е првин сурова смрт на некоја млада личност од рацете на власта па потоа ионака незадоволната толпа добива дополнителни причини за изразување револт) и сакаат тоа да го видат и во Македонија.
На оние што се нашле изманипулирани и регрутирани преку Фејсбук па излегле на протести- така и ви треба. Барајте си го изгубеното време назад од огранизаторот што ве насанкал.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
07-06-2011, 03:47 AM
Reply
alexdgreat
Unregistered

 
#10

ZA KAKVA POBEDA ZBORUVAS,ZA KAKVI REFORMI NIKOLAAAA...SINOJKA ALFITE MI GO UBIJA DRUGAROT SREDE CENTAR,TI SE SLUCUVAAT UBISTVA BAS NA DENOT NA IZBORI...NEKA TI E NA CEST I PRODOLZI DA SLAVIS,A NIE UTRE KE GO ISPRATIME DRUGAR MI VO VECNOSTA I SAMO EDNO KE TI PREPORACAMRIBERI SI GI TIE KUCINJA-ALFI ZOSTO VO DRZAVAVA ZIVEAT LUGE,NIE NE SME ZIVOTNI...SVETOT OSTANUVA NA MLADITE,A OVDE KAJ NAS GI UBIVA POLICIJA...ZALNO E,A TI PRODOLZI DA SI SLAVIS((((

https://www.facebook.com/permalink.php?s...1679162801

ama go skinale.

Ne e ubavo, ama ke si kazam, ako prodolzat vaka Canada here i come.
07-06-2011, 11:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11



Quote:Демонстрации против полициската бруталност


07.06.2011
Зорана Гаџовска

Повеќе од стотина млади луѓе започнаа протести барајќи одговор за мистериозната смрт на 23 годишното момче.
Вака стотина млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи протестираа против полициската бруталност во Скопје. Поводот за протетстот е мистериозната смрт на 23 годишно момче кое во неделата вечерта почина на плоштад за време на одржувањето на „Баскер Фест“ и изборната прослава. Според очевидецот со кој разговаравме вели дека не знае од кој страна дошло до инцидентот, но претпоставува дека „тепачот“ е припадник на полициските служби.

Download
„Одеднаш гледам, помеѓу два штанда еден висок, крупен, млад дечко, мава бокс, нога во глава, му ја дигна главата и од клупа го мавна и одеднаш детево се испружи... го стави на клупата, но не даваше знаци на живот. Дојдоа му се придружија од локалното обезбедување на „Баскерфест“ и полицајци и го однесоа кај паркингот на Мепсо.“

Според кажувањето на сведокот, момчето по ќотекот не дало знаци на живот.

„Да ни објасните што се случи вчера кај градскиот плоштад. Имаме информација дека е убиен 23-годишниот Даниел, претепан до смрт.“

„Решивме да останеме тука и да не помрднеме додека не дознаеме какви консеквенци ќе поднесат сторителите на ова дело.“

„Многу не потресе, така што јас излегов, еве со моето четиригодишно дете.“

„Згрозен сум.“

Демонстрантите синоќа пред полициската станица „Беко“ бараа одговор од полицијата за смртта на момчето за кое тие сметаат дека одговорни се припадници на полициската единица „Алфа.“

Во јавноста се појавија неколку контроверзии за случајот. Дел од очевидците велат дека случајот вчера го пријавиле во полиција. Во полиција велат дека се уште работат на откривање на идентитетот на момчето и дека се уште не ја знаат причината за ненадејната смрт на 23 годишното момче. Од Основниот суд 1 од каде излегол на терен истражниот судија велат дека немаат никакви информации. Според првичните информации на телото на момчето немало траги на насилство, а телото е предадено на обдукција.

Демонстрантите бараат распуштање на едниницата „Алфи“ поради како што велат употребата на полицијата на прекумерна сила.

„Значи ова едноставно се случува за време на секој режим. Јас тогаш бев нападнат од НТШ тогашно, а еве дечково загина од раката на „Алфите.“

Демонстраните најавија дека ќе протестираат се додека не добијат одговор за смртта на момчето.



Многу нелогичности, манипулации...


Quote:Janko Ilkovski


Posle site tviter, facebook svirki, povici za protesti i navodno nasilstvo od alfite, momceto za koe tvrdea deka e ubieno , Daniel od naselbata Gjorce, e ziv i zdrav, ne mu fali vlakno na glavata i nikoj nishto ne mu napravil. Baba zumbula cija partija ostana bez pratenici histerishe i natamu. Sea shto pravime?
07-06-2011, 12:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12


Quote:Расчистено убиството на момчето на плоштад

Македонија | 7. јуни 2011 - 13:11
Расветлени се сите околности за убиството на момчето чие тело беше пронајдено на плоштадот Македонија вечерта по изборите, дознаваме од извори во истрагата.

[Image: mvr142.jpg]

Дознаваме дека полицијата го расчистила убиството на момчето чие тело беше пронајдено на градскиот плоштад. Уапсен е и осомничениот за делото. Идентитетот на момчето е утврден. Деталите за случајот се најавуваат за подоцна.
07-06-2011, 04:07 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#13

Убиениот не бил Даниел туку некој друг. Затоа Јанко вика така ама не знае деак е можно убиениот да се вика поинаку.
07-06-2011, 06:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14


Quote:Убиеното момче е Мартин Нешковски од Козле
Македонија | 7. јуни 2011



33 годишниот специјалец Игор Спасов ќе одговара за убиството на 22 годишното момче, соопшти полицијата.



Мартин Нешковски (22) од Козле е момчето кое пред два дена беше убиено на градскиот плоштад, соопшти полицијата. За убиството е приведен припадникот на единициата за специјални задачи Игор Спасов (33) кој сам се пријавил во полиција. До завршувањето на обдукцијата која покажа дека момчето било убиено, Спасов тврдел дека не знаел дека го убил. Нешковски починал од два удари. Во моментов специјалецот дава исказ во полиција. Вечерта на плоштадот бил на службена задача.

МВР го утврдиле идентитетот на жртвата преку отисоците кои се појавиле во крим-евиденцијата. Бил од дисфункционално семејство за кое не било чудно што Нешковски го немало речиси два дена, зашто тоа често му се случувало. Нешковски вечерта бил облечен во маичка на ВМРО-ДПМНЕ.

Специјалецот ќе одговара за смртта на 22-годишното момче.

07-06-2011, 07:12 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#15

Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
07-06-2011, 07:14 PM
Website Reply
Guest
Unregistered

 
#16

(07-06-2011, 03:47 AM)МрачниотКоњаник Wrote: На крај ќе испадне дека Даниел е симболика за некоја идеја која е ете убиена за време на изборите и дека вистинскиот Даниел не постои и е измислена личност.
Во ниедна црна хроника не е спомнат конфликт со полицијата и загинати, што е “малкуцка“ чудно посебно што наведеното насилство и загинување би требало да се случи за време на изборен ден пред очите на куп разно разни посматрачи од странски делегации. И никој ништо не видел?!
Во недостаток на оригинални сценарија се препишуваат туѓи изгледа, на комуњарите им следи обезвластување па гледаат како се креваат револуции низ арапските земји (клишето е првин сурова смрт на некоја млада личност од рацете на власта па потоа ионака незадоволната толпа добива дополнителни причини за изразување револт) и сакаат тоа да го видат и во Македонија.
На оние што се нашле изманипулирани и регрутирани преку Фејсбук па излегле на протести- така и ви треба. Барајте си го изгубеното време назад од огранизаторот што ве насанкал.

И сега Коњаник сигурно Бранко го мотивирал овој убиец да го убие момчето. Точно е Националист не е алфа, тигар е но тоа е уште полошо затоа што за разлика од алфите тигрите барем до денеска важеа за угледна единица во рамките на МВР. Од денеска незнам. Јордане повторно веруваш во петти октобар? За Јанко бурекџијата е јасно тој работи за пари, но Лупевска, таа величина од истражувачки новинар, да не дознае дека два дена полицијата прикрива убиство. Уште и поставува ноовинарско прашање. Но сигурно е пропуст, таа не е како Борјан, Чом, Латас, Младенов, Костовска. Не е како Ефтов кој одработува за службите.

Само да ве прашам дали ви е барем малку жал? Не ве прашувам за момчето, очигледно по оставените коментари откако се дозна дека е навистина убиено тоа воопшто не ве интересира. Дали ви е жал што го пронајдоа убиецот? Дали ви е криво што преку А1 (никако не социјалните мрежи) се организирани протести? Зарем не е ред оние јадни жртви на транзицијата, онака болни и измачени да излезат на полоштад и да ги средат дечките кои протестриаат? А да и сигурно ќе порачате мајката на детето да не лаже, оти не е можно оваа преродена држава и нејзините институции да молчат и згора на тоа да го убедуваат таткото на детето да не излегува на телевизија и да не дава изјави? Нема шанси убиецот да не помине без казна, затоа што дури и телохранителот и пајташот на Мијалков лежи во затвор затоа што прегази пешак.

ПОЧИВАЈ ВО МИР МАРТИНЕ.
07-06-2011, 07:21 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#17

^ Мене ми е жал... А, доколку ова е вистина Јанко треба од срам да не се појави на телевизија. Мислам глупо е да се избрзува кога се работи за убиство, и некои едноставно да пишуваат иронични коментари. Да се сочека па после да се коментира и напаѓа е во ред, вака избрзано е погрешно... Како најбитно да е дали е Даниел, Мартин или некој друг. Доколку ова е вистина не ми е јасно како ќе продолжи Јанко да пишува текстови за Премин.

Страшно е колку партиските навивања се пред човечност и сочуство.

А, Алфите треба да се расформираат, тоа е најголемата грешка што ја направило МВР изминативе неколку години, Џанго ги измисли, а никој не сака да се откаже од нив. Тие ја легализираа бруталноста, луѓе да се плашат кога ќе помине стар голф или ауди покрај нив за да не излезе некој и од мерак да ги измлати. Кога помина тоа потоа и другите полицајци почнаа да тепаат.

Нека почива во мир!

07-06-2011, 07:37 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#18

Quote:- Го убија, тие го убија, никој друг, државата и уште да кријам, како да кријам или дојдоа од ВМРО да го убедат маж ми не треба да кажува така, тоа го направија, да го молат да не кажува, да не дава изјави оти државата го уби. Уште ќе работам за државата, цело време одевме, детето дојде со веселба, да каже“, изјави мајката на убиениот Мартин.

07-06-2011, 07:49 PM
Reply
Guest
Unregistered

 
#19

(07-06-2011, 07:37 PM)acko Wrote: ^ Мене ми е жал... А, доколку ова е вистина Јанко треба од срам да не се појави на телевизија. Мислам глупо е да се избрзува кога се работи за убиство, и некои едноставно да пишуваат иронични коментари. Да се сочека па после да се коментира и напаѓа е во ред, вака избрзано е погрешно... Како најбитно да е дали е Даниел, Мартин или некој друг. Доколку ова е вистина не ми е јасно како ќе продолжи Јанко да пишува текстови за Премин.

Страшно е колку партиските навивања се пред човечност и сочуство.

А, Алфите треба да се расформираат, тоа е најголемата грешка што ја направило МВР изминативе неколку години, Џанго ги измисли, а никој не сака да се откаже од нив. Тие ја легализираа бруталноста, луѓе да се плашат кога ќе помине стар голф или ауди покрај нив за да не излезе некој и од мерак да ги измлати. Кога помина тоа потоа и другите полицајци почнаа да тепаат.

Нека почива во мир!

Во право си Ацко навистина толку се навлезе во партиски поделби што се исгуб човечноста, а тоа најмногу ме боли. Па зарем еден апаш од типот на Љубе е поважен од животот на едно младо момче. Без разлика чија мајца носел и без разлика чија победа прославувал тој е пред се човек. Па со животно не се постапува. За неколку убиени кучиња се крева повеќе прашина отколку за одземање на човечки живот. И да на крај мора да спомнам во целиот овој револт. А1 мора да биде затворена под итно, поради криминал се разбира. Па како смееше да објави дека ова се случило. Да не беше оваа телевизија никој немаше да знае за убиството, и се ќе беше во најдобар ред.

Жално е колку ниско паднавме во овие 20 години по осамостојувањето. Жално е како не си ги цениме сопствените луѓе. Жално е жто се се гледа низ некакви партиски очила, и се мижи пред вистината. Граѓаните на Македонија може да ги спаси само севишниот и никој друг, и молам бога за тоа, а за државата баш ми е гајле. Ја сакам и ќе ја сакам онолку колку што таа си ги сака своите граѓани, онолку колку што вредам јас за неа толку вреди и таа за мене. Ништо повеќе.
07-06-2011, 07:52 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#20

(07-06-2011, 07:52 PM)Guest Wrote: И да на крај мора да спомнам во целиот овој револт. А1 мора да биде затворена под итно, поради криминал се разбира. Па како смееше да објави дека ова се случило. Да не беше оваа телевизија никој немаше да знае за убиството, и се ќе беше во најдобар ред.

Не збори на памет АЛФА ТВ прва објави како што знам јас.

И не споредувај опозициска телевизија,со антимакедонска телевизија.
07-06-2011, 07:59 PM
Reply