Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УАПСЕН ЉУБЕ БОШКОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Портрет: Љуме Бошковски министер и војник на Партијата

[Image: 1984.jpg]

Пркосниот брат ги делка салонските "таленти" како пршута

Роден е во тетовското село Челопек и неодамна, на 24 октомври, го прослави својот 41-ви роденден. Но, не во родниот дом, туку во "Поштенски дом" на Водно, во друштво на партиските колеги. Најдраг подарок, за кој со мерак зборува, е прекрасната вратоврска што му ја подарила неговата, како што вели, почитувана сестра Доста, со која го врзува пријателство посилно од се. Пред две години во Челопек изградил чешма, како свој личен подарок за родното село, но плановите за викенди и поетски вечери пред чешмата ги прекинала тешката криза во земјава. Неодамна добил подарок и од Џорџ Робертсон: матарка со виски со изгравиран симбол на НАТО. Но, тој продолжува да сонува за чаша студена вода од чешмата во Челопек.

Со Љубе Бошковски, министер за внатрешни работи, тешко е да се разговара во неговиот кабинет. Телефоните постојано ѕвонеа за важни информации, а се привршуваа и последните подготовки за празникот Свети Димитрија, заштитникот на полицијата. Пред кабинетот чекаа неколку припадници на "лавовите". Бошковски не го крие задоволство од нивната промоција во Криволак.

- Ги видовте ли нашите "лавови"? Конечно победи вистината. Задоволен сум што овие македонски синови ги одбранија Непроштено, Ратае, Жилче, Јегуновце, Вратница и не ги ставија на големоалбанското "мени". Им импутираа дека се паравојска, за да им го ослабнат моралот и борбениот дух и да ги прикажат како криминалци. Тоа не значи дека меѓу нив немало и дел "проблематични" лица. Но, тие набргу беа суспендирани. Задоволен сум што има консензус и во меѓународната заедница дека на земјава и треба таква елитна единица. По завршувањето на кризата, планираме единиците за брза интервенција да ги престроиме во гранична полиција - објаснува Бошковски.

За дивите свињи и за пропустите на ФрЧкоски

На комодата во министерскиот кабинет доминира фотографија на премиерот Љубчо Георгиевски. На соседната полица стојат стилизирани фигури на две диви свињи и неколку скулптури од пакетот уметнички набавки кога министерувал Љубомир Фрчкоски. Ден пред разговорот, Бошковски најави кривична пријава за Фрчкоски, поради пропусти во истрагата за атентатот врз Глигоров.

- Господинот Фрчкоски, како правен експерт, или како што тој за себе мисли дека е еден од најголемите стручњаци за разни права во земјава, пред да одговори што било, не е лошо да си ги погледне пропустите што ги направил додека бил министер за внатрешни работи. Не велам дека јас немам пропусти, ниту сметам дека некој министер може да биде Исус Христос. Пропустите се можни, пропустите се направени и за секој пропуст треба да се одговара. Дали ќе биде кривична одговорноста, како што се надевам, или ќе биде поинаква, ќе покаже понатамошната постапка. Јас не го судам господинот Фрчкоски, ниту имам нешто лично против него - објаснува Бошковски.

Некои политички кругови истрагата за атентатот ја толкуваат како желба да се добие наклонетоста на Глигоров. Членови на партијата велат дека Бошковски изјавувал оти Глигоров на следите избори ќе биде втор носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ.

- Мислам дека втор носител на листата ќе биде потпретседателката Доста Димовска. Глигоров и припаѓа на друга политичка партија. Ние не сакаме Глигоров да го придобиеме на наша страна. Сакаме да профункционира правната држава и во иднина на носителите на високи државни функции да им биде гарантирано дека полицијата ќе ги штити нив и институциите што ги претставуваат тие. Во овој случај беше нападната институцијата претседател и јас само така го доживував тоа. Никако поинаку - категоричен е министерот.

Тој ги отфрла гласините дека Димовска го штити "грбот" на Фрчкоски и не верува дека кривичната пријава ќе биде повод таа да избира меѓу пријателството со Љубе и пријателството со Љубомир:

- Не можам да верувам дека некоја фигура, па макар таа да е најкреативна, најталентирана, научна или експертска, може да го наруши моето силно пријателство со Доста Димовска.

За себе вели дека не е конфликтна личност, туку напротив, дека ги негува стекнатите пријателства. Личен пријател е со Хелмут Кол, со претседателот на хрватската Демохристијанска унија, д-р Анте Ковачевиќ, и со д-р Марко Веселица. Бил близок и со сега покојниот, поранешен претседател на Хрватска, д-р Фрањо Туѓман, со покојниот Владо Готовац, претседател на Либералната партија, интелектуалец и патриот. Љубе има многу пријатели и од хрватската естрада. Со тага се сеќава на актерката Ена Беговиќ, која трагично загина во сообраќајна несреќа.

Пршута и вино во подрумот за гости

Бошковски е татко на Катарина (13), Панче (12) и на првачето Филип. Неговата сопруга Виолета по образование е текстилна креаторка, но целиот свој ангажман го врзала за туризмот. За тоа се "виновни" хрватската ривиера и хотелот "Лав", сопственост на семејството Бошковски, во приморското село Бале крај Ровињ. Бошковски му останал верен на правото и првото вработување го добил во општинскиот суд во Пула, каде што поминал една година, а уште толку и во Фондот за пензиско осигурување. Другите девет "хрватски" години ги одработил во Институтот за здравство во Ровињ, како правен застапник и заменик-директор. Тој има македонско и хрватско државјанство. Приватно, Љубе целосно му се посветил на ВМРО-ДПМНЕ, чиј член е од 1990 година. Носталгијата кон земјава ја "компензирал" со тоа што станал претседател на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Хрватска.

Се врати во Македонија во 1998 година, кога на парламентарните избори победи коалицијата "За промени". Неговото име тогаш не беше познато во пошироката јавност. Многумина прашуваа кој го повика Бошковски од Ровињ во Скопје и како доби функција во МВР.

- Ме повикаа тие со кои во минативе 11 години дневно комуницирав: лидерот на партијата Љубчо Георгиевски и потпретседателката Доста Димовска. Јас сум војник на партијата, како што знаеше да каже и мојот голем брат Пане Велев. Кога таа не повикува - ние доаѓаме, зашто идејата е бесмртна и посилна од животот. Таква е и идејата на ВМРО и ние вчера, на 6 ноември, прославивме 108 години од нејзиното формирање - вели Бошковски.

Од почетокот на полициската кариера го следат обвинувања за некомпетентност за работа во МВР. Тој не се грижи за таквиот "уметнички дојам":

- За мене како човек од народот и член на партија со христијанско-демократска ориентација, најважно ми е како народот ќе го доживее мојот ангажман. Се додека народот ми верува и додека мајките, како пред два дена во Прилеп, ми велат: "Нашите синови ги праќаме да ги водите Вие и да се грижите за нив", за мене тоа е единствениот одговор на сите шпекулации. Никогаш не сум рекол дека сум експерт за полициско работење и не сум се фалел со мојата елоквентност. Но, за овие осум месеци покажав цврстина и докажав дека не смее да се биде политички трансвестит.

Тој не обрнува внимание на епитетот "слаткар" и тој "комплимент" најчесто го користи за шега на своја сметка.

- Со оглед на тоа колку стручно сечам пршута, можат да ме нарекуваат "месар". Јас моите гости обично ги пречекувам со пршута и домашно црно вино, кои сами ги произведуваме во Хрватска - вели Бошковски.

Во неговата нова куќа на Водно најфреквентен е "подрумот". Така ја нарекува гостинската соба во македонски национален стил, со елементи од камен и дрво. До неа е винскиот подрум со богата колекција вина и неколку буриња од старо дрво, над кои висат парчиња пршута. Во "подрумот" чести гости се министри, партиски колеги на Бошковски и многу странци. Со неговата пршута се мезеле и Бишваџит Банерџи, Елизабет Рубин (нејзин брат е поранешниот портпарол на Стејт департментот Џејмс Рубин, а снаа - ѕвездата на Си-ен-ен, Кристијан Аманпур), австрискиот амбасадор Харолд Кочи, американскиот Мајк Ајник, фудбалската легенда Дарко Панчев, кошаркарот Пеце Наумовски, Калиопи и многу други пријатели.

И турската империЈа амнестирала

На ѕидот од камен, покрај многуте икони, стојат слики на Гоце Делчев, Тодор Александров и на Ванчо Михајлов. Бошковски објаснува:

- Во мене тлее идејата за помирување на македонскиот народ. Секој човек во еден историски момент може да направи грешки, но и доблести. Ако САД можат да прават филмови за бандити од типот на Ал Капоне, се прашувам зошто Македонија од своите херои прави предавници и Бугари. Тој феномен денес е најголема опасност за нехомогеноста на македонскиот народ. Симболиката со тие три слики има длабока порака - дека не треба да се делиме на ништо друго, освен на Македонци, кои се гордеат со својата земја. Знаете што ме зачудува? Тоа што сме согласни да амнестираме илјадници борци на ОНА, но никако не сме подготвени да ги погледнеме историските факти за луѓето што се бореле за Македонија и се уште ги третираме како табу-тема.

Бошковски е категоричен дека мора да се почитува изјавата на претседателот за амнестија на припадниците на ОНА:

- Ние сме за имплементација на мировниот план на претседателот Трајковски и за почитување на неговата изјава за амнестија, која ја прифати и Владата. Во практиката не гониме лица што биле вклучени во ОНА и не направиле воени злосторства. Тоа не го правиме затоа што сме убедени дека е единственото решение, туку затоа што Македонија нема друга алтернатива, особено ако сака да биде дел од ЕУ и НАТО. Утрово го гледав досието на Павел Шатев и прочитав дека бил амнестиран од турската империја. Потоа информбировската идеологија му одредила 15 години затвор. Амнестијата не е феномен од нов датум. Но, нам ни дава шанса да докажеме дека Македонија е за мир - вели министерот.

Тој има желба барем еден на ден да "скокне" до Ровињ, но не верува дека ќе има таква шанса до летото. Го потсетувам дека таму може да се дружи со Мајк Ајник, кој неодамна купи вила во неговото "соседство".

- Па, не сме баш комшии. Тој купи куќа во едно прекрасно село во близина на Цриквеница. Но, не гледам причина да не се дружиме. Се дружевме и овде кога имавме време. Приватно, Ајник и неговата сопруга ми се многу симпатични. Тој како амбасадор беше многу коректен кон Македонија.

Малкумина знаат дека во август Бошковски го отстапи својот хотел во Бале за одмор на семејствата на бранителите на Македонија што загинаа во борбите со ОНА. Но, тој не сака многу да разговара на таа тема.

- Сакавме на тие дечиња барем малку да им ги одвратиме мислите од големата траума што ја доживеаја со загубата на родителите, да ги тргнеме од таа атмосфера и од лошите вести. Не сакав да му се дава транспарентност на тоа и мило ми е што успеав. Никогаш нема да собирам политички поени на сметка на болката на македонскиот народ. Тоа ќе го направам на избори, во праведна битка со нашите политички противници - категорично тврди Бошковски.

Катерина Блажевска
06-06-2011, 09:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Љубе Бошкоски уапсен за мито од 100.000 евра!

[Image: 93364DB281199E4E867D5CD80D16519B.jpg]

Хашкиот повратник видно вознемирен и во плач при приведувањето пред полициското возило рече "Што ми требаше, ме наместија!" Бошкоски според МВР досега на три наврати примал поткуп за финансирање на политичка партија.

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски со хартиена кеса полна со пари беше уапсен пред скопскиот ресторан "Воденица". При апсењето во багажникот на автомобилот на лидерот на ОМ Љубе Бошковски марка "ланчија", полицијата запленила околу 100.000 евра, пиштол и една патна исправа. Првичните информации говорат дека причините за приведувањето е нелегално финансирање на изборната кампања на Брат Љубе и кривично дело злоупотреба на службена должност како лидер на партија. Хашкиот повратник видно вознемирен и во плач при приведувањето пред полициското возило рече "Што ми требаше, ме наместија!"

Поранешниот министер за внатрешни работи, според МВР досега на три наврати примал поткуп за финансирање на политичка партија. Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција ја потврди информацијата и деталите околу приведувањето на Бошковски. - Лидерот на ОМ во три наврати земал мито. Во првите два пати Бошковски најпрво зел десет, па дваесет илјади евра за време на изборниот циклус, рече Котевски. Тој посочи дека за полициското приведување на Бошковски претходно имало судска одлука, која дала дозвола за спроведување на акцијата.

Од неговата партија Обединети за Македонија ја потврдија информацијата за апсењето на нивниот лидер, коментирајќи дека бил наместен.
Сопругата на уапсениот Љубе Бошкоски, Виолета Бошкоска, видно вознемирена се појави пред ресторанот "Воденица" каде бараше одговори што се случило со нејзиниот сопруг. Таа пред новинарите рече дека за апсењето на Љубе разбрала од синот, кој бил сведок на настанот.
- Не може Љубе да биде уапсен, а во исто време власта да свикува прес-конференција. Тоа е нивно подготвено црно сценарио, изјави Бошкоска.

Поранешниот министер за внатрешни работи Бошкоски по приведувањето веднаш беше однесен во полициска станица во Автокоманда поради утврдување на фактите, истражување на документите, информираа од МВР. Инаку, делото нелегално финансирање на изборна кампања е казниво најмалку од 3 до 5 години затвор.

Дејан СРБИНОВСКИ
Фото:Н.Батев

[Image: DBF3BC8D1E278C448911C077273CA7E6.jpg]

[Image: 51A1AD496191974AB545FEAAC9D85DF7.jpg]

[Image: BE2925E01B24AE4F9C726489C711D2D3.jpg]

[Image: BA07E233E2AF084A88C5977AAF99CDA3.jpg]

[Image: A43A1CFC1409304EB774AA7720EA72F1.jpg]
(This post was last modified: 06-06-2011, 11:24 PM by ЈорданПетровски.)
06-06-2011, 11:20 PM
Reply
NACIONALIST Offline
Senior Member
****

Posts: 485
Joined: Dec 2009
Reputation: -11
#23

Aj airlija neke e pocnuva rabotata da se raboti tocno kako sto imav zamisleno
07-06-2011, 03:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:30 дена притвор за Бошковски

[Image: %D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B5.jpg]

30 дена притвор, е мерката која му е одредена на екс-министерот Љубе Бошковски. До доцните часови се вршеше распитот, на кој беше утврдено дека Бошковски е обвинет за нерегуларно финансирање на изборната кампања и пронајдени 100000 евра, но не и пиштол. Aдвокатот на екс-министерот, Љубомир Михајловски-Џанго изјави дека се уште е рано да се донесуваат заклучоци, времето и истрагата ќе покаже како ќе се одвива процесот, а евентуалната жалба би можела само да го забави процесот.

Додека траеше распитот на Бошковски, пред Основниот суд беа собрани симпатизерите на Обединети за Македонија и протестираа против неговото апсење. Групата подоцна се раздели без инциденти, а Бошковски беше префрлен во затворот во Шутка каде ќе ја издржува мерката притвор во времетраење од 30 дена.

Велија доби соборец....
07-06-2011, 03:16 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#25

Глеј како мотаат, на Љубе сопартијците мирно се разотишле а на еден друг медиум има дека при протестите имало насилство и дека едно лице е приведено...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
(This post was last modified: 07-06-2011, 04:00 AM by МрачниотКоњаник.)
07-06-2011, 03:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

07-06-2011, 04:25 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

[Image: 248323_135358716540287_100001984785965_2...2738_n.jpg]

PosPosPosPosPosPosPosPosPosPos
07-06-2011, 10:57 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#28

(07-06-2011, 10:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: 248323_135358716540287_100001984785965_2...2738_n.jpg]

PosPosPosPosPosPosPosPosPosPos

Јордан, знаеш што беше тоа “ презумпција на невиност“. Или си заборавил!?

07-06-2011, 11:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

(07-06-2011, 11:23 PM)hristo Wrote:
(07-06-2011, 10:57 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: 248323_135358716540287_100001984785965_2...2738_n.jpg]

PosPosPosPosPosPosPosPosPosPos

Јордан, знаеш што беше тоа “ презумпција на невиност“. Или си заборавил!?

Кај Љубе има вина за 100 години затвор. Колку ке одлучи Грујо незнам. Но сум уверен дека ке биде минимална казната.
08-06-2011, 12:07 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#30

(07-06-2011, 03:59 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Глеј како мотаат, на Љубе сопартијците мирно се разотишле а на еден друг медиум има дека при протестите имало насилство и дека едно лице е приведено...

Од членови на ОМ добивме информација дека двајца членови на партијта--блиски на Љубе, од кои едниот е припадник на Воено разузнавање--биле приведени поради обид насилно да влезат во станицата или нешто слично. Тоа се служило во понеделникот, но немаме информации дали двајцата се ослободени.
08-06-2011, 03:45 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#31

(07-06-2011, 11:23 PM)hristo Wrote: Јордан, знаеш што беше тоа “ презумпција на невиност“. Или си заборавил!?

Ех, море Христо! Сега од Љубе ли ќе правиш борец за Македонија. Колку што ме држи умот, ти беше некаде од Кумановско, па можеби си слушнал за случката во Тутунскиот комбинат...

Во случајов, колку што можам да разберам постои некакво прекшување на законот за финансирање на кампањата. Љубе ги примил парите, од тука безпредметно е да се расправа дали постион "намештраљка": каква будала зема 100.000 Евра од човек кој наводно не го познавал (според изјавата на Виолета Бошкоска) особено кога му било познато дека бил следен од МВР?!?! (повторно според ВБ)

Однесувањето на Љубе во оваа кампања која трае од неговото излегување од Хаг не лижеше на нормален човек. Мислам дека случкава ја објаснува таа аномалија.

Ацко повторно протестира за селективно спроведување на законите. Се согласувам дека законите мора да се спорведуваат еднакво, но, не се согласувам за "хуриет" и беззаконие. Повеќе влечам кон селективното спроведување на законите одошто на никакво. Да не заборавиме, и во селектвното спорведување на законите зборуваме за ПРЕКРшУВАЊЕ на законите--не за местенки.

Патем, ако ове е местенка, дали вака требало да изгледа апсењето на Јордан во 1998 во сценариото "Бугарска амбасада"?
08-06-2011, 03:58 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#32

Соленик што има лошо во единствениот мој став на ова тема? Каде виде дека се работи за залагање за безаконие?

Quote:Но, мора да додадам нешто. Прво, ова е уште еден доказ дека треба други луѓе да ја водат борбата за слободата и против криминалот (тука мислам на Бошковски и другите), извалкани лица тоа не го можат. Второ, Груевски и со ова докажа дека апси само кога ќе го напаѓаат, а нема некаква сериозна платформа и намера за борба против криминал.

Јордан неколку дена пред тоа пишува дека прогнозира на апсење на Љубе затоа што премногу плука по Груевски, а овој е суетен и ќе се освети. Секако, тука не се зборува за апсење по дело ’Плукање’, туку дека криминалот ќе биде процесуиран поради плукањето.

Не сме правна држава, ако се определиме на еден човек и го пратиме за да најдеме нешто, туку треба да постои системска поставеност која реагира на секакви криманални појави.

Напишав некаде дека Љубе не е виновен и дека треба да го пуштат, дека случајот му е наместен?

08-06-2011, 04:13 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#33

(08-06-2011, 04:13 PM)acko Wrote: Соленик што има лошо во единствениот мој став на ова тема? Каде виде дека се работи за залагање за безаконие?

Не, ти не напиша дека Љубе е невин, тоа беше упатено кон Христо.

За Љубе не можеме да правиме муабет дека е чист. Според нашите информации парите кои ги добивал од човеков не се "местенка" од СДБ, туку се Љубеви црни пари. Деновиве се надевам дека Јордан ќе обзанни повеше за тоа од каде се парите.

Не се спортивставувам на фактот дека апсењето поради повредената суета на Грујо. Напротив, и јас мислам дека тоа е причината. Според нашата "теорија на заговор", принципот по кој влегуваш во Братстовото на мафијата e: намерно ти се дозволува влез во криминал со цел да имаат со што да те уценуваат или пак да те отстранат кога ќе им попречиш. Љубе ја направи кардиналната грешка (иста како и Велија) почнаа премногу работи да издаваат за Мафијата (а заборави дека тие го имаат в'џеб)! Затоа правдата во Република Македонија се спроведува "селективно".

Ама, ова е тероја на заговор... приказни на фикција на неколку излапоавени старци кои не живеат во светот на реалноста, туку лечат фрустрации...
08-06-2011, 04:25 PM
Reply
Guest
Unregistered

#34

(08-06-2011, 04:25 PM)Solenik Wrote:

Епа Соленик ај објасни ни дали Јордан погоди дека Љубе прв ќе биде уапсен или пак знаеше дека ќе биде уапсен. И од каде Јордан ќе обзнани повеќе деновиве за тоа од каде се парите кога ние овде во Македонија ништо не можеме ни да наслушнеме. Од каде доаѓаат тие доверливи информации за кои по мое мислење треба да си во контакт со повисоки полициски кругови за да ги добиеш.

А инаку апсолутно се согласувам со Ацко и со Христо. За да постои правна држава не смее да има селективност во примена на законите (еве хипотетички власта ќе донесе закон со која за плукање на улица ќе се беси, ама тоа ќе важи за оние за кои власта смета дека треба да бидат казнети). Исто така пресумпцијата на невиноста е темелна вредност на секоја демократска држава, а вие како што читам се залагате за тоа. Е ајде сега секој што ќе биде осмоничен за сторено кривично дело уште однапред да го осудиме. Малку сте контрадикторни во вашите ставови.
08-06-2011, 05:53 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#35

(08-06-2011, 05:53 PM)Guest Wrote:

Не сме во контакт со полициски кругови, но, како медиум добиваме сознанија пред тие да допрат до јавноста (бидејќи медиумите се оние кои ги обзнануваат таквите информации први--зарем не?).

Тебе не те познавам, и на тебе можам да ти ја почитувам пресумпцијата на невиност; Љубе го знаеме многу убаво и од многу одамна. Од таа карпеста пустeлија на Бале не се заработува за леб, а не за Ланчии и Мерецедеси!

Нема тука контрадикторност, само исправни информации.

Конкретниот закон според кој се апси Љубе е во врска со финансирање на изборната кампања, парите доаѓаат во КЕШ и од СТРАНСТВО! Ниту една од овие работи не е демантирана. Љубе ги ПРИМИЛ парите. И законот не е од баш така арбитрарна природа како хипотетичкиот пример на РЕКС. Станува збор за закон според кој се контролира влијанието на СТРАНИ држaви во македонските работи. А инаку веќе обзнанивме дека страната држава за која станува збор е Бугарија.

-----
Проблемот вам ви е што сега сте му лути на Грујо, па за се' тој е виновен. Не дека нема вина кај него, туку вие сакате и од нас однесување како А1! Според нас и Грујо и Љубе и БЦ и Љубчо се еднакво виновни за случувањата во РМ, и за разлика од вас, размислуваме еден чекор подалеку: чао Грујо, ама не здраво Бранко, т.е. конечно ослободување на Македонија од српско-комунистичкото заточеништво.
(This post was last modified: 08-06-2011, 06:24 PM by Solenik.)
08-06-2011, 06:23 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#36

Добро Соленик објасни како мислите дека тоа ќе се случи и како тоа се случува со овие акции на Груевски, мислам на тоа ослободување... Затоа што јас колку што разбрав таму се работи за систем (на заточеништвото мислам), а не за слободни стрелци индивидуалци кои ќе ги ставиш во затвор и готово. Кажи ми дали тој систем се менува со акцијата на Груевски против Љубе? И пак да повторам, затоа што многу често се префрлува дискусијата како пин-понг топче, јас не мислам дека Љубе е невина жртва.

Не верувам дека работите се менуваат, ако викам ’ура’, ’браво’, нема да сум искрен, а искрено не го гледам и не ми е јасен тој чекор понапред за кој зборуваш, што не значи дека и не е така, но јас со овој мој копјутер и малку години тоа не го забележувам.

08-06-2011, 06:41 PM
Reply
Guest
Unregistered

#37

(08-06-2011, 06:23 PM)Solenik Wrote:
(08-06-2011, 05:53 PM)Guest Wrote:
(08-06-2011, 04:25 PM)Solenik Wrote:
(08-06-2011, 04:13 PM)acko Wrote: Соленик што има лошо во единствениот мој став на ова тема? Каде виде дека се работи за залагање за безаконие?

Quote:Но, мора да додадам нешто. Прво, ова е уште еден доказ дека треба други луѓе да ја водат борбата за слободата и против криминалот (тука мислам на Бошковски и другите), извалкани лица тоа не го можат. Второ, Груевски и со ова докажа дека апси само кога ќе го напаѓаат, а нема некаква сериозна платформа и намера за борба против криминал.

Јордан неколку дена пред тоа пишува дека прогнозира на апсење на Љубе затоа што премногу плука по Груевски, а овој е суетен и ќе се освети. Секако, тука не се зборува за апсење по дело ’Плукање’, туку дека криминалот ќе биде процесуиран поради плукањето.

Не сме правна држава, ако се определиме на еден човек и го пратиме за да најдеме нешто, туку треба да постои системска поставеност која реагира на секакви криманални појави.

Напишав некаде дека Љубе не е виновен и дека треба да го пуштат, дека случајот му е наместен?

Не, ти не напиша дека Љубе е невин, тоа беше упатено кон Христо.

За Љубе не можеме да правиме муабет дека е чист. Според нашите информации парите кои ги добивал од човеков не се "местенка" од СДБ, туку се Љубеви црни пари. Деновиве се надевам дека Јордан ќе обзанни повеше за тоа од каде се парите.

Не се спортивставувам на фактот дека апсењето поради повредената суета на Грујо. Напротив, и јас мислам дека тоа е причината. Според нашата "теорија на заговор", принципот по кој влегуваш во Братстовото на мафијата e: намерно ти се дозволува влез во криминал со цел да имаат со што да те уценуваат или пак да те отстранат кога ќе им попречиш. Љубе ја направи кардиналната грешка (иста како и Велија) почнаа премногу работи да издаваат за Мафијата (а заборави дека тие го имаат в'џеб)! Затоа правдата во Република Македонија се спроведува "селективно".

Ама, ова е тероја на заговор... приказни на фикција на неколку излапоавени старци кои не живеат во светот на реалноста, туку лечат фрустрации...

Епа Соленик ај објасни ни дали Јордан погоди дека Љубе прв ќе биде уапсен или пак знаеше дека ќе биде уапсен. И од каде Јордан ќе обзнани повеќе деновиве за тоа од каде се парите кога ние овде во Македонија ништо не можеме ни да наслушнеме. Од каде доаѓаат тие доверливи информации за кои по мое мислење треба да си во контакт со повисоки полициски кругови за да ги добиеш.

А инаку апсолутно се согласувам со Ацко и со Христо. За да постои правна држава не смее да има селективност во примена на законите (еве хипотетички власта ќе донесе закон со која за плукање на улица ќе се беси, ама тоа ќе важи за оние за кои власта смета дека треба да бидат казнети). Исто така пресумпцијата на невиноста е темелна вредност на секоја демократска држава, а вие како што читам се залагате за тоа. Е ајде сега секој што ќе биде осмоничен за сторено кривично дело уште однапред да го осудиме. Малку сте контрадикторни во вашите ставови.

Не сме во контакт со полициски кругови, но, како медиум добиваме сознанија пред тие да допрат до јавноста (бидејќи медиумите се оние кои ги обзнануваат таквите информации први--зарем не?).

Тебе не те познавам, и на тебе можам да ти ја почитувам пресумпцијата на невиност; Љубе го знаеме многу убаво и од многу одамна. Од таа карпеста пустeлија на Бале не се заработува за леб, а не за Ланчии и Мерецедеси!

Нема тука контрадикторност, само исправни информации.

Конкретниот закон според кој се апси Љубе е во врска со финансирање на изборната кампања, парите доаѓаат во КЕШ и од СТРАНСТВО! Ниту една од овие работи не е демантирана. Љубе ги ПРИМИЛ парите. И законот не е од баш така арбитрарна природа како хипотетичкиот пример на РЕКС. Станува збор за закон според кој се контролира влијанието на СТРАНИ држaви во македонските работи. А инаку веќе обзнанивме дека страната држава за која станува збор е Бугарија.

-----
Проблемот вам ви е што сега сте му лути на Грујо, па за се' тој е виновен. Не дека нема вина кај него, туку вие сакате и од нас однесување како А1! Според нас и Грујо и Љубе и БЦ и Љубчо се еднакво виновни за случувањата во РМ, и за разлика од вас, размислуваме еден чекор подалеку: чао Грујо, ама не здраво Бранко, т.е. конечно ослободување на Македонија од српско-комунистичкото заточеништво.

Искрено јас немам никаков проблем, ниту пак му се лутам на Грујо. Никаде во ниту еден пост не напишав дека Грујо е виновен за било што. Ниту за Љубе ниту за убиениот Мартин. Меѓутоа јас имам свои принципи до кои се придржувам. Ако се залагаме за правна држава, ако се залагаме за демократски принципи и вредности, токаш некои темелни вредности на демократијата мора да се почитуваат. А тука пред се мислам на функционирањето на правната држава. Но можеби сега вам Грујо ви направи ќеиф што го уапси Љубета па толку здушно го браните. А доколку како што вели Јордан Грујо решил да го суди Љубета, и нема многу да го осуди, јас да ве прашам во која држава (или поточно во кој облик на држави) кадија те тужи кадија те суди. Во Канада и УСА? А дека информациите ги добивате од медиуми, дај кажете и ние да ги следиме истите па да бидеме еден чекор пред времето.
08-06-2011, 07:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

(08-06-2011, 05:53 PM)Guest Wrote: Епа Соленик ај објасни ни дали Јордан погоди дека Љубе прв ќе биде уапсен или пак знаеше дека ќе биде уапсен. И од каде Јордан ќе обзнани повеќе деновиве за тоа од каде се парите кога ние овде во Македонија ништо не можеме ни да наслушнеме. Од каде доаѓаат тие доверливи информации за кои по мое мислење треба да си во контакт со повисоки полициски кругови за да ги добиеш.

Јас очекував дека Љубе ке биде уапсен. Напишав и што е причината за апсењето: ПОВРЕДЕНАТА СУЕТА НА ГРУЕВСКИ и ден денеска стојам на оваа констатција.

Инаку Љубе и уште некои од политичките водачи во Македонија се многу лесни за апсење. Имаат колку сакаш валканици. Едно прашање Љубе, избутка три изборни кампањи: Председателската, локалните избори и парламентарните избори. Колку пари чинат овие кампањи. Од кај се парите на Љубе да ги финансира кампањите и да живее на висока нога.

08-06-2011, 07:24 PM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#39

(08-06-2011, 07:01 PM)Guest Wrote: Искрено јас немам никаков проблем, ниту пак му се лутам на Грујо. Никаде во ниту еден пост не напишав дека Грујо е виновен за било што. Ниту за Љубе ниту за убиениот Мартин. Меѓутоа јас имам свои принципи до кои се придржувам. Ако се залагаме за правна држава, ако се залагаме за демократски принципи и вредности, токаш некои темелни вредности на демократијата мора да се почитуваат. А тука пред се мислам на функционирањето на правната држава. Но можеби сега вам Грујо ви направи ќеиф што го уапси Љубета па толку здушно го браните. А доколку како што вели Јордан Грујо решил да го суди Љубета, и нема многу да го осуди, јас да ве прашам во која држава (или поточно во кој облик на држави) кадија те тужи кадија те суди. Во Канада и УСА? А дека информациите ги добивате од медиуми, дај кажете и ние да ги следиме истите па да бидеме еден чекор пред времето.

(08-06-2011, 06:23 PM)Solenik Wrote: Не сме во контакт со полициски кругови, но, како медиум добиваме сознанија пред тие да допрат до јавноста (бидејќи медиумите се оние кои ги обзнануваат таквите информации први--зарем не?).

Котле е сме медуимот.

Или не сум се изразил добро или не сум рабран: апењето на Љубе воопшто не го сметаме за чин на правна држава; но тоа не значи дека кај Љубе нема вина! Во однос на целава политичкарска гарнитура, сите се криминалци од еден вид или друг: како што напишав нажинот за влегување во политичката елита е преку компромитација на личноста. Но, глупаво ми е да видам некој да го брани Љубе како жртва, или пак да оди на протести заради него (ОМ правеа подговтовки и доколку смртта на Мартин не се имаше случено, тогаш ова ќе беше главниот протест).

Правна држава не очекувајте дури оваа политичка елита е на власт (едната или другата банда).

P.S.
Проблемот на Грујо со нас му е што никогаш нема да може да ни го направи ќеифот--нашиот ќеиф е Лустрација.
08-06-2011, 08:06 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#40

ОМ имаше протести, два дена, пред судови, пред полициски станици... Вчера тие протестираа пред судот, а посебно си имаше протест за убиството...

08-06-2011, 08:10 PM
Reply