Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УАПСЕН ЉУБЕ БОШКОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Што имал Љубе 1994 година:

[Image: 6yh0r5.jpg]

[Image: xf3j10.jpg]


Две фотографии од онаашто го имаше Брат Љубе во Бале Куќата во која беше и ресторанот (од седум осум маси во дворот) на Брат Љубе е десетина километри даслеку од морето и едно два километри од истарската магистрала. Оваа го пишувам за да добиете представа колку гости можло да има во ресторанот а сево ова го пишувам како вовед во прашањето на кое Брат Љубе треба и мора да одговори: КАКО ГИ СПЕЧАЛИ ПАРИТЕ откако стана дел од владата на Љупчо. БИДЕЈКИ ДА СЕ СПЕЧАЛАТ ПАРИ ВО БАЛЕ Е ИЛУЗИЈА.

Што има денсека Љубе:

[Image: images?q=tbn:ANd9GcQfSUDs7Q0-ymT59COYjCP...r8Kcd55cq7] [Image: VillaLav.jpg]

[Image: 228333_226585957357697_179723628710597_1...4783_n.jpg]

[Image: RestaurantLav19.jpg]

[Image: RestaurantLav07.jpg]



Дали може да зборува Брат Љубе за криминал за лустрација а да не објасни како се збогати тој. Ако се правеле пари во Бале и сличните места во Истра, Хрватска немаше сега да има долг накај тичетириесет милијарди евра. Брат Љубе под итно на Хрватската власт да и го понуди неговиот патент како направи пари во онаа вукојебина во Бале, мислам дека Хрватите ке го платат со суво злата. А и прецедник ХРВАТИТЕ ке го изберат PosPosPosPosPosPos


(This post was last modified: 19-05-2011, 01:26 PM by ЈорданПетровски.)
19-05-2011, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2


Quote:Слободата и смртта на Љубе Бошкоски


Не дека денес некој бара од сегашните комити, па и од Бошкоски, да се самоубиваат. Скраја било од здравиот ум. Но овој брат Љубе мора да е друг човек за разлика од тој од пред 1998 година


Слобода или смрт“ порачува Љубе Бошкоски шетајќи низ предизборна Македонија. Така го добивме новиот самопрогласен војвода, кој тргна во последна и конечна битка за ослободување на земјата ни од ропството на „клетите Турци“ и нивните следбеници пресликани во денешната власт. Аферим војводо, алал да ти е јуначката душа што те тера да си ги подметнуваш главата и тенкото ти вратче таму каде што други не го ставаат ни малиот прст.

Но чекај малку, дали зборуваме за истиот човек, чиј лидер, Љубчо Георгиевски, потпишувањето на рамковниот договор го проследи со коментар дека тој и Црвенковски со потписите фактички ја одработуваат албанската агенда? Тоа ли е човекот кому му пакуваа убиство на Пакистанците кај Гевгелија, за потоа да му накалемат дека труповите ги донел за сликање кај Раштански Лозја? Дали се тие истите пакет-мајстори со кои Бошкоски денес игра оро и со големи голтки пие љута комитска од исто шише? Тоа ли е човекот што како ексминистер во влада на државата што тогаш, според него, веројатно била слободна, за разлика од сега, скриен во багажник од автомобил, бегаше надвор од границите на државата? Чуден некој ем комита ем војвода.

Можете ли да го замислите охриѓанецот Методија Патчев како опколен од Турците бега од прилепско Кадино сокриен во некој исплетен од прачки кош, натоварен на магаре водено од жена? Можете ли да го замислите Христо Узунов, сардисан кај Цер, како наместо херојското самоубиство, го одбира кукавичлакот? „Кажи им на другарите дека славно ќе умрам, смртта е последна кога слобода нема“, напишал Узунов во своето проштално писмо до другарите. Што напиша Бошкоски? Скријте ме во гепек и изнесете ме од оваа Македонија. Бошкоски веројатно не чул ни за славниот Леонид Јанков, кој меѓу султановите алтани распослани во царските одаи и самоубиството го одбрал второто. Срам е комита да им се предаде на Турците, се вели во песната за Јанков.

Но можеби не е проблемот во слоганот на Бошкоски. Можеби проблемот е во различните времиња.
Не дека денес некој бара од сегашните комити, па и од Бошкоски, да се самоубиваат. Скраја било од здравиот ум. Но овој брат Љубе мора да е друг човек за разлика од тој од пред 1998 година. Оти вистинскиот брат Љубе навистина не би се самоубил, не би имало ни потреба од тоа, ама сигурно би бил скриен во некое ќоше и низ главата би ги вртел филмовите од 2001-та прашувајќи се каде погрешил и како успеа со братот Тачи да ја заглави саканата Македонија во кал од која таа можеби нема да се извлече никогаш.

Би му паднало на памет и дека кога го затворија во Хаг, неговите пајташи почнаа да ги обиколуваат малкуте новинари низ Македонија подготвени да помогнат, тврдејќи дека кога Јохан Тарчуловски влегол во Љуботен, великиот војвода не знаел што се случува зашто бил на бербер! Дури и сега покојниот претседател Борис Трајковски го барал на телефон, ама не можел да го добие. Седел славниот комита на берберски стол, лицето му било покриено со влажна крпа претходно потопена во камилица набрана на чистите еколошки ливади околу Шипковица и немал поим што се случува додека Тарчуловски „палел и жарел“ низ „мирољубивото“ албанско село. Тој човек сега ни пее за слобода или смрт?

Да, слобода или смрт, вели во 2011 година војводата. Сто и осум години по првиот Илинден. И кога тој вели, така ќе биде и никако поинаку. А всушност, кутриот, не прави ништо друго освен што се обидува да му помогне на Црвенковски да го ослаби што е можно повеќе Груевски. И тоа си е негова работа. Никому ниту му пречи, ниту би требало да му пречи изборот на Бошкоски.

Не случајно е кажано дека политиката е превртлива, што би значело и дека многу политичари не се различни од таа квалификација. Сето тоа е во ред. Така е во секоја демократска држава. Ама не и кога во тоа име ќе се користи слоганот од едно славно, дај Боже неповторливо, и сепак, одамна заминато време. Оти не се само Патчев, Узунов и Јанков. Тука се и гемиџиите од кои мнозинството можеа да се спасат, Васил Чакаларов и Лазар Поп Трајков чии глави Грците (на кои, види чудо, исто така не им се допаѓа Груевски) на послужавник ги шетаа од село во село, тука се стотиците мртви комити што сега сигурно се превртуваат во нивните гробови. Оти „слобода или смрт“ сепак значи нешто друго. Нешто што Бошкоски го нема. И затоа, самиот слоган го покажува тоа, подобро е да се држи до шпоретот или запалениот манган. Во овие „сериозни времиња за сериозни луѓе“ така ќе и биде пополезен на Македонија. А потоа, кога ќе дојдат времињата на паради, ќе има место за сите.


Автор: Дарко Јаневски

19-05-2011, 01:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Бошкоски: Нема да има амнестија за криминалците

Предраг Петровиќ
18.05.2011 16:20

[Image: images?q=tbn:ANd9GcRPIB316hM_zA5KQmM942N...CK7iZxwA7Q]

Обединети за Македонија од Сопиште вети дека името ВМРО, ќе го заштити со закон за да не може и натаму секакви криминалци да се затскриваат зад светата идеологија.

Според лидерот на партијата, Љубе Бошкоски, треба да се спречи во иднина луѓе кои не и припаѓаат на партијата користејќи го ВМРО да играат со емоциите на македонецот.

„Ние од ОМ им порачуваме на оние кои поминаа пд редовите на СДСМ во врвот на ДПМНЕ, почнувајќи од Груевски, од некаква алтернатива, или слично, и од овој промоторот на политиката на канта за ѓубре, Ставревски, кои дојдоа од некој шести ешалон на СДСМ, да престанат да го злоупотрребуваат светото име ВМРО, за кое ние робувавме“, рече лидерот на партијата Љубе Бошкоски.

Во Сопиште беше претставен носителот за единица, Билјана Јовановска која се заложи за битка со сиромаштијата невработеноста и стравот. Бошкоски се заложи за реформи во земјоделието и ослободување на Макдонија од феудалците како Ѕинго. Ослободување на заробената мисла.

„Јавната администрација која е јадна администрација во државата, која егзистира со 250 евра, а мора да ги слуша наредбите на своите директори, на своите началници, за да не остане без работното место. Ние им ветува со нашата реформа во јавната администрација, дека нема ништо да им фали“, рече Бошкоски.

Бошкоски најави дека по 5 ти јуни нема да има амнестија за сите од оваа власт кои се инволвирани во криминал.
(This post was last modified: 19-05-2011, 02:29 PM by ЈорданПетровски.)
19-05-2011, 02:27 PM
Reply
Marko_Polog Offline
Member
***

Posts: 86
Joined: Jan 2010
Reputation: 6
#4

Se pazaril za sloboda, povekje e od jasno so kogo se pazaril za da bide osloboden od Hag, ulogata na Ljube e jasna ko solza samo sto uste mora da pretendirame deka pazardjiite od drugata strana se nasi prijateli.
Ke go citiram tetin mi od Tetovsko: Da mi se isushi rakava sto glasav za toj izrod.....ne palat kaj narodot ovie eftini filmchinja.
20-05-2011, 10:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(20-05-2011, 10:16 PM)Marko_Polog Wrote: Se pazaril za sloboda, povekje e od jasno so kogo se pazaril za da bide osloboden od Hag, ulogata na Ljube e jasna ko solza samo sto uste mora da pretendirame deka pazardjiite od drugata strana se nasi prijateli.
Ke go citiram tetin mi od Tetovsko: Da mi se isushi rakava sto glasav za toj izrod.....ne palat kaj narodot ovie eftini filmchinja.


Сигурно мислиш на оваа што го работи од како е дојден од Хаг на другарувањето со Бучко и Бранко и тука си прав. Љубе одработува, така ти кога душата ке ја дадеш на ѓаволот.

Имотот е стекнат пред ХАГ.



(This post was last modified: 20-05-2011, 10:29 PM by ЈорданПетровски.)
20-05-2011, 10:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6











28-05-2011, 11:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7








Каков лидер, такви следбеници.
Господ ке скине сто рала чевли да состави ...
02-06-2011, 12:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Од оваа што го твррди СИТЕЛ ни онаа што го имаше Љубе 1994 година не било од него и таткому спечалено:



Quote:Како Љубе Бошковски стана сопственик на имотот на градежната задруга Победа во Ровињ

[Image: ljubeimot_58857.jpg]

02.06.2011 - 16:41 |

Македонија

Како имот на градежната задруга Победа во Ровињ, стана сопственост на семејството Бошковски?

Зошто надлежните судски власти во поранешна Југославија, особено судот во Пула, го заборави предбетот под број К-635? Зошто тогашното МВР не спровело истрага за функционерот Панко Бошковски?

Градежната задруга Победа, Панко Бошковски Директор, Љубчо Бошковски, негов Син, работници, Митра Јовчевска- ќерка на директорот, сеф на сметководството во Победа.

Ова е кругот во кој од 1979 до 1981 Љубе Бошковски се стекнува со имотот во Бале, денес луксузна хациенда.

Иако денеска триесет години подоцна, најголем дел од документацијата на градежната задруга Победа, основана во Скопје, не постои, дел од тогашните работници, успеал да зачуваат суштински документи кои откриваат сериозен криминал на Панко Бошковски, тогашен директор.

Во документите со кои располага Сител има сведоштва, одлуки, записници, фактури, кои тврдат дека имотот во Бале и целокупната градба на куќата, бил сопственост на задругата Победа, но подоцна станува сопственост на Љубе Бошковски. како тече приказната?

Задругата Победа, на крајот од седумдесетите вршела градежни работи во Хрватска, според сведочњеата на работниците, внесени во записникот за суспендирање на дриекторот Панко Бошковски, тие тврдат дека имотот на Бале, го купила задругата за нивни потреби.

-Во Ровињ почнавме да работиме, а од парите обезбедивме нива од 3 декари и една стара куќа да ни послужи за смештај на работниците, магацински простор и претставништво, вели Коса Хаки, еден од работниците кои работеле на објектот.

-Едно утро директорот Панко ме викна во најблиската продавница, во рацете држеше неколку листови со име на фирмата и под присила ме натера да ги потпишам на местото од изведувач, а јас полуписмен не бев ниту овластен потписник на задругата, но плашејќи се да не бидам избркан се потпишав. Кога тој во име на неговиот син, тогаш студент, Љубе бошковски се потпиша на местото инвеститор, ми стана јасно, вели Коса Муарем.

Фиктивниот договор, со кој Љубе Бошковски станува инвеститор, е потпишан на 19 март 1979. Во следниот период продолжуваат градежните работи, и работниците на Победа, со ресурси на задругата ја градат куќата.

Иако работниците зачувале голем дел од фактурите, сепак тогашното сметководство, не ги книжело и не ги евидентирало. Тоа е констатирано и во одлуките подоцна за суспендирање и смена на панко Бошковски.

Се до 1981 состојбата е непроменета, според сведочењата на работниците, директорот, не им исплаќал палати.

Ситуацијата добива разрешница на 9 декември 1981. На собирот на Вработените, без присуство на директорот и сметководителката, под сведоштво на сите работници е донесена одлука, а два дена подоцна и објавена за разрешување на панко Бошковски од директор. Во образложението стои токму куќата на Бале.

На 14 истиот месец, Бошковски е и суспендиран, а против него покрената постапка.

Предметот завршил во судот во Пула, но досега никој од работниците, кои денеска се живи не знаат дали постои каква било пресуда.

Бошковски денеска на Бале има луксузна хациента, во меѓувреме веројатно доградена и модернизирана.

Марјан Николовски

ВИДЕО


02-06-2011, 05:08 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#9

Ама сиротиот Љубе денеска контра удар му нанесе со изјава на митингот од Штип(кој воедно одеше во живо на А1,а најавен како вонредно издание,и на сред серија го пуштија) :

Quote:На митингот се обзнани, дека неговиот близок пријател, бизнисменот Орце Камчев, купил јахта во вредност од 1.5 милиони Евра, која што ќе плови под знамето на Панама.

Според Бошкоски, граѓаните на Никола Груевски, за сиромаштијата, за невработеноста, за предавството на светиот јазик, на 6-ти јуни ќе му кажат збогум.

Ах бе Љубе,Љубе колку ниско си паднал...та дури и А1 со тебе си ја надополнуваат кампањата!
02-06-2011, 10:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10



Пред неколку минури во ресторанот Воденица во Скопје е уапсен Љубе Бошковски

[Image: images?q=tbn:ANd9GcSoITpuRqrTGVlWBvxBv1M...aeV33xG10i]
06-06-2011, 02:10 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#11

Се исполни мојата прогноза. Само не очекував уште првиот ден. Ајде да видиме зошто поточно е уапсен.
06-06-2011, 02:18 PM
Reply
Makedonec Offline
Senior Member
****

Posts: 406
Joined: May 2010
Reputation: 8
#12

Ах бе го стаса казната за она што му го направи на Јохан.

Ете зошто била работата "слобода или смрт".....само се надевам дека машки ќе си ја одлежи затворската казна....а не да лапне некое апче и да си ги скрати маките.
06-06-2011, 02:24 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#13

Причината е нелегалното финансирање на партијата според првите информации.
(This post was last modified: 06-06-2011, 02:27 PM by Nikola.)
06-06-2011, 02:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(06-06-2011, 02:27 PM)Nikola Wrote: Причината е нелегалното финансирање на партијата според првите информации.



Пред неколку дена пишував дека од една соседна држва се дадени пари на една партија во Македонија. Се работи за пари од Бугариа а парите се дадеи на Љубе Бошковски.
06-06-2011, 02:29 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#15

Јордан Wrote:Јас гласам за Љубе Бошковски. Многу го плукаше по Грујо а Грујо е самобендисан до коска.

Никола Wrote:Го имаш мојот глас на анкетава за Љубе апсолутно се сложувам, овие избори за него се СЛОБОДА или ИДРИЗОВО освен ако од 6-ти јуни не се смири и нормално повлече од политика како што вети дека ќе направи ако не победи на избори а како што знаеме нема да победи...

Добро сте процениле... Ќе отворам тема за спортска прогноза, бар некој денар да фатиме...

Јордан, а зошто финансии од Бугарија, се работи за некое ’државничко одработување’ или криминално?

Место ’летај Саша, плови Саша’, него го уапсија.

Но, мора да додадам нешто. Прво, ова е уште еден доказ дека треба други луѓе да ја водат борбата за слободата и против криминалот, извалкани лица тоа не го можат. Второ, Груевски и со ова докажа дека апси само кога ќе го напаѓаат, а нема некаква сериозна платформа и намера за борба против криминал.

06-06-2011, 02:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(06-06-2011, 02:49 PM)acko Wrote:
Јордан Wrote:Јас гласам за Љубе Бошковски. Многу го плукаше по Грујо а Грујо е самобендисан до коска.

Никола Wrote:Го имаш мојот глас на анкетава за Љубе апсолутно се сложувам, овие избори за него се СЛОБОДА или ИДРИЗОВО освен ако од 6-ти јуни не се смири и нормално повлече од политика како што вети дека ќе направи ако не победи на избори а како што знаеме нема да победи...

Добро сте процениле... Ќе отворам тема за спортска прогноза, бар некој денар да фатиме...

Јордан, а зошто финансии од Бугарија, се работи за некое ’државничко одработување’ или криминално?

Место ’летај Саша, плови Саша’, него го уапсија.

Но, мора да додадам нешто. Прво, ова е уште еден доказ дека треба други луѓе да ја водат борбата за слободата и против криминалот, извалкани лица тоа не го можат. Второ, Груевски и со ова докажа дека апси само кога ќе го напаѓаат, а нема некаква сериозна платформа и намера за борба против криминал.



Парите од Бугарија не се од владини извори.
06-06-2011, 06:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

(This post was last modified: 06-06-2011, 08:04 PM by ЈорданПетровски.)
06-06-2011, 08:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18




06-06-2011, 08:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19


Quote:Брат за брат, Џанго за брат Љубе

[Image: dzango.bmp]

Што да се секирам..тие нека се секираат!- ова беа единствените зборови кои Љубе Бошкоски ги изговори по претресот на колата во која беше пронајдена торбата со пари, во која се лицитира дека има околу 50 до 100 илјади евра. Со парите Бошкоски требал да ја исплати кампањатра која неговата партија Обединето за Македнија ја водеше во предизборието – стои во обвинението од МВР.
Од Воденица , Бошкоски беше однесен во полициската станица Автокоманда.

Час подоцна пред паркингот на ресторанот пристигна и сопругата на Бошкоски барајки да и се каже каде е нејзиниот сопруг и што всушност се случува.
По неколку часа поминати во полициската станица , Бошкоски го вратија на местото на настанот, каде во придружба на неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго, кој е поранешен министре завнатрешни работи да биде извршен претрес на автомобилот марка Ланчија.

Од паркингот пред Воденица, Бошкоски беше оденесен пред истражен судија во основен суд Скопје 1.

Полицијата веќе подолг период го следела Бошкоски, како зема пари од иста личност за денска поладнето да кулуминира со приведување од кога бил фатен со обележани пари во црна торба.
06-06-2011, 08:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

(06-06-2011, 08:57 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Брат за брат, Џанго за брат Љубе

[Image: dzango.bmp]

Што да се секирам..тие нека се секираат!- ова беа единствените зборови кои Љубе Бошкоски ги изговори по претресот на колата во која беше пронајдена торбата со пари, во која се лицитира дека има околу 50 до 100 илјади евра. Со парите Бошкоски требал да ја исплати кампањатра која неговата партија Обединето за Македнија ја водеше во предизборието – стои во обвинението од МВР.
Од Воденица , Бошкоски беше однесен во полициската станица Автокоманда.

Час подоцна пред паркингот на ресторанот пристигна и сопругата на Бошкоски барајки да и се каже каде е нејзиниот сопруг и што всушност се случува.
По неколку часа поминати во полициската станица , Бошкоски го вратија на местото на настанот, каде во придружба на неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго, кој е поранешен министре завнатрешни работи да биде извршен претрес на автомобилот марка Ланчија.

Од паркингот пред Воденица, Бошкоски беше оденесен пред истражен судија во основен суд Скопје 1.

Полицијата веќе подолг период го следела Бошкоски, како зема пари од иста личност за денска поладнето да кулуминира со приведување од кога бил фатен со обележани пари во црна торба.



Како ова најголемите ВМРО-вци и антикомунисти-десничари, земаат адвокати најтврдокорни комуњаришта.
06-06-2011, 09:45 PM
Reply