Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 2.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛУСТАРЦИЈА ИЛИ ПРОЧИСТУВАЊЕ, МИЛЧИН-ПЕТРОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Господине Милчин, досега понудив дискусија на дел од вашите истомисленици, Најчевска, Трајаноски, Фрчковски .. по прашање на ПРОЧИСТУВАЊЕТО-"лустрацијата" односно по прашање на спроведување на резолуциите на ЕУ за осуда на злоделата на комунистичките режими, никој од нив ниту имаше храброст ниту желаба за дискусија. Се надевам дека Вие ке имате и храбост и доблест да го прифатите предизвикот од причина што вие бевте оспорувачот на законот пред Уставен Суд. Да се представам, бидејки сигурно не ме знаете, јас сум еден од неколкуте илјади граѓани на Македонија на кои им се отворени досие по 1992 година од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ. Врз основа на тоа досие и уште некои други прилози (мои написи во македонски весници) во јануари 2001 година побарав азил во Канада кој ми беше одобрен во јануари 2005 година.

За мене во вашата представка е спорен овој дел:

"Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на ДРЖАВА, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.
Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ(м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!"

Дискусијата можеме да ја водиме тука, на ФБ, каде што ке бидеме технички ограничени, заради неможност да скенираме документи или на форумот на Комитертот за Демократизација на Македонија : http://www.forum.kotle.ca/newthread.php?fid=25 или пак на каде што ке предложите Вие.
30-05-2011, 09:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Владимир Милчин

Не, господине Петровски, кога ве прифатив за пријател на ФБ знаев кој сте. И токму затоа ве прифатив. Инаку, моето досие е отворено во 70-те години. А за лустрацијата мислам дека бев во право. Погледнете ги резултатите. Без институции со капацитет и интегритет, лустрацијата е осудена да се претвори во мрачна гротеска. Нешто слично пишувавте и вие во Фокус, ако не се лажам.



Quote:Jordan Petrovski

Благодарам на одговорот Господине Мичин и на појаснувањето дека сте знаеле кого прифаќате за пријател.

Се согласуваме во тоа дека моментално не постои инстуционална инфрасктукура за да се спроведе чеснo "ПРОЧИСТУВАЊЕТО"- "лустрација" која нема да биде ништо повеќе од медуимски циркуз. Меѓутоа, имаме една голема разлика во видувањата на значењето на Уставните слободи, и нивното спроведување--односно имаме разлика во гледањето на она kоj е носител на државноста: Владата или Граѓанинот. Имено, Вие во преставката "ПРОЧИСТУВАЊЕТО" го оспорувате меѓудругото и со следново:

"Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ(м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега!"

Не е спорно дека органите и нивните соработници работеле во согласност на сите прописи, и затоа, доколку работле надвор од прописите, тогаш ке треба да се гонат за пречекорување на службените овластувања и ке треба да сносат одговорност по постоечките закони кои предвидуваат санционирање на пречекорување на службена должност.

Меѓутоа, овдека се работи за носење на прописи и уредби од страна на ВЛАДИТЕ на РМ кои се косат со Уставот, и кои биле за ПОТРЕБА НА ВЛАДИТЕ (како што и Вие велите), значи: ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВЛАСТ на една партија или една идеологија.
(This post was last modified: 30-05-2011, 11:17 PM by ЈорданПетровски.)
30-05-2011, 11:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3


Quote:Владимир Милчин

Се покажа дека оваа лустрација беше здумана за политичка пресметка. Всушност, противниците на лустрацијата како што беше замислена беа накодошени дека се/биле кодоши само поради јавно изразеното мислење. Претпоставувам дека и тоа е една од причините што некои од нив не сакаат дебата за нешто што е fait acompli. Инаку, Фрчковски и јас не бевме истомисленици за лустрацијата. Јас и Трајановски бевме. А денес имаме ситуација во која не може да се конкурира за професор без потврда од современата инквизиција. Тоа ми личи на морално-политичката подобност од времето на едноумието.



Quote:Владимир Милчин

Мене ми беше јасно во што ќе се изроди лустрацијата уште во 2000 година, кога си го зедов досието. Беше оскубано. Беа откриени имињата на 7 професионалци од СДБ, но го немаше последниот (од 80-те години) за кого јас знаев. А за информаторите, од кои најголем број си граделе кариери полнејќи ми го досието. ми беше одговорено дека се нечитливи. Јасно беше дека со досиејата се манипулира. Кај мене го немаше периодот по 1988 година. А знаев дека мерките продолжиле. И кога бев член на Претседателството на СДСМ (1991-1995), партијата која од есента 1992 беше на власт. Можам само да претпоставам дека досиејата биле обработувани за идно дифамирање или за заштита на оние кои без никаква контрола ги прегледувале и преуредувале досиејата. Јас всушност мислам дека тоа им служело на лични и клановски, а не на партиски интереси.
31-05-2011, 01:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4



Quote:Jordan Petrovski

Кога реков дека сте истомеисленици со Фрчковски мислев на сушинското во вашите ставови: дека МВР, нејзините гранки и соработници постапувале според законот, додека исклучоците кои ги има се поединци и тие треба да се гонат за злоупотреба на службената должност во редовна судска процедура.



Quote:Jordan Petrovski

Според мене, а и спред Резолуцијата за осуда на злоделата на комунистичките режими на ЕЗ, не може да се работи за клановски интереси: бидејќи тие се покриваат со владини одлуки, владини уредби, владини правилници (Тоа е подлогата на Нирмбершките судења). Се работи за партиски, односно ИДЕОЛОШКИ интереси--Владата е ПАРТИСКА. Во Уредбата 10/92 од 1992 година, која е објавена во "Посебен Службен весник" се зборува за прогон по линија на работа на македонски национализам, македонски екстремизам и македонски врховизам, додека истовремено Уставот дозволува национализам, слобода на здружување во НАЦИОНАЛНИ ПАРТИИ и слобода на изразување на мислење; што истовремено е и причината зошто Вас повеке не Ве следат. Левицата со повекепартизмот добива вистински противник и затоа се обединува. Најпластичен пример е масовниот премин на членовите на СК-ДЈ во редовите на СДСМ. Ке се вратиме на '68-ма, поводот и последиците (судирот 1968 година е фракцинерски судир во КПЈ), првин да го разјасниме периодот 1991-1998 година (да нема недоразбирање околу временската рамка, за тој период постојат валидни документи, досиеата кои ги подигнавме 2000 година).
31-05-2011, 10:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



Quote:Jordan Petrovski

Господине Милчин, ке ја продолжиме ли дискусијава.?
07 June



Quote:Владимир Милчин

Во овој миг ми се чини поприоритетна и поитна ситуацијата со убиството на Мартин Нешковски и обидот да се прикрие тоа. Инаку, немам ништо против.
08 June




Quote:Jordan Petrovski

Господине Милчин, во денешната колумна Господинот Љубомир Д. Фрчкоски, Конфузија „на левици“ го вели следново:

"Опозицијата не смее да го остави скандалот со прислушување на политичкиот противник по изборите, да го води партијата на дотичниот.
Тоа е политички скандал без преседан и узурпација на власта, која треба да заврши со кривичен прогон на сторителите на прекршувањето"

Значи самиот Фрчковски признава дека прислушкувањето е незаконско а од тоа произлегува дека налозите кои тој ги дал за прислушкување биле незаконски и подлежат на кривичен прогон. Вие во вашата представка до Уставниот суд чинам имавте формулација дека се постапувало по закон и затоа не треба да има прочистување-"лутација" по 1991 година. Кој е во право вие или Фрчковски, професорот по меѓународно право.

20 June
23-06-2011, 12:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Владата си игра со оган

[Image: vmilcin.gif]
Sky
Македонската влада на премиерот Никола Груевски со разни мерки го разбива отпорот со националистичкиот режим кој земјата економски, политички и општествено ја води во несигурна и сиромашна иднина: меѓу нив се затворањето на нережимските медиуми на крајот на 2010 и тајните лустрациски истраги против критичарите на власта, кои се прогласуваат за соработници на тајните служби на бивша СФРЈ. Еден од нив е Владимир Милчин, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје и директор на фондацијата Отворено општество - Македонија, кој ни го открива црнилото под сончевото македонско знаме.
See translation


Quote:Jordan Petrovski

Со Господин Милчин започнавме полемика на ФБ околу лустрацијата но не ја завршивме. Ке ви дам дел од полемиката и прашањето ма кое застанавме, се надевам дека вие од Господин Милчин ке побарате конкретен одговор на прашањето/укажувањето:

Jordan Petrovski

Господине Милчин, досега понудив дискусија на дел од вашите истомисленици, Најчевска, Трајаноски, Фрчковски .. по прашање на ПРОЧИСТУВАЊЕТО-"лустрацијата" односно по прашање на спроведување на резолуциите на ЕУ за осуда на злоделата на комунистичките режими, никој од нив ниту имаше храброст ниту желаба за дискусија. Се надевам дека Вие ке имате и храбост и доблест да го прифатите предизвикот од причина што вие бевте оспорувачот на законот пред Уставен Суд. Да се представам, бидејки сигурно не ме знаете, јас сум еден од неколкуте илјади граѓани на Македонија на кои им се отворени досие по 1992 година од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ ПРИЧИНИ. Врз основа на тоа досие и уште некои други прилози (мои написи во македонски весници) во јануари 2001 година побарав азил во Канада кој ми беше одобрен во јануари 2005 година.

За мене во вашата представка е спорен овој дел:

"Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на ДРЖАВА, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.
Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ(м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!"



Quote:Владимир Милчин

Не, господине Петровски, кога ве прифатив за пријател на ФБ знаев кој сте. И токму затоа ве прифатив. Инаку, моето досие е отворено во 70-те години. А за лустрацијата мислам дека бев во право. Погледнете ги резултатите. Без институции со капацитет и интегритет, лустрацијата е осудена да се претвори во мрачна гротеска. Нешто слично пишувавте и вие во Фокус, ако не се лажам.
15 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Jordan Petrovski

Благодарам на одговорот Господине Мичин и на појаснувањето дека сте знаеле кого прифаќате за пријател.

Се согласуваме во тоа дека моментално не постои инстуционална инфрасктукура за да се спроведе чеснo "ПРОЧИСТУВАЊЕТО"- "лустрација" која нема да биде ништо повеќе од медуимски циркуз. Меѓутоа, имаме една голема разлика во видувањата на значењето на Уставните слободи, и нивното спроведување--односно имаме разлика во гледањето на она kоj е носител на државноста: Владата или Граѓанинот. Имено, Вие во преставката "ПРОЧИСТУВАЊЕТО" го оспорувате меѓудругото и со следново:

"Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ(м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега!"

Не е спорно дека органите и нивните соработници работеле во согласност на сите прописи, и затоа, доколку работле надвор од прописите, тогаш ке треба да се гонат за пречекорување на службените овластувања и ке треба да сносат одговорност по постоечките закони кои предвидуваат санционирање на пречекорување на службена должност.

Меѓутоа, овдека се работи за носење на прописи и уредби од страна на ВЛАДИТЕ на РМ кои се косат со Уставот, и кои биле за ПОТРЕБА НА ВЛАДИТЕ (како што и Вие велите), значи: ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВЛАСТ на една партија или една идеологија.
14 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Оваа е битното и ке го повторам одвоено:

"Меѓутоа, овдека се работи за носење на прописи и уредби од страна на ВЛАДИТЕ на РМ кои се косат со Уставот, и кои биле за ПОТРЕБА НА ВЛАДИТЕ (како што и Вие велите), значи: ЗЛОУПОТРЕБА НА ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ВЛАСТ на една партија или една идеологија.'

Владимир Милчин

Мене ми беше јасно во што ќе се изроди лустрацијата уште во 2000 година, кога си го зедов досието. Беше оскубано. Беа откриени имињата на 7 професионалци од СДБ, но го немаше последниот (од 80-те години) за кого јас знаев. А за информаторите, од кои најголем број си граделе кариери полнејќи ми го досието. ми беше одговорено дека се нечитливи. Јасно беше дека со досиејата се манипулира. Кај мене го немаше периодот по 1988 година. А знаев дека мерките продолжиле. И кога бев член на Претседателството на СДСМ (1991-1995), партијата која од есента 1992 беше на власт. Можам само да претпоставам дека досиејата биле обработувани за идно дифамирање или за заштита на оние кои без никаква контрола ги прегледувале и преуредувале досиејата. Јас всушност мислам дека тоа им служело на лични и клановски, а не на партиски интереси.

Jordan Petrovski

Според мене, а и спред Резолуцијата за осуда на злоделата на комунистичките режими на ЕЗ, не може да се работи за клановски интереси: бидејќи тие се покриваат со владини одлуки, владини уредби, владини правилници (Тоа е подлогата на Нирмбершките судења). Се работи за партиски, односно ИДЕОЛОШКИ интереси--Владата е ПАРТИСКА. Во Уредбата 10/92 од 1992 година, која е објавена во "Посебен Службен весник" се зборува за прогон по линија на работа на македонски национализам, македонски екстремизам и македонски врховизам, додека истовремено Уставот дозволува национализам, слобода на здружување во НАЦИОНАЛНИ ПАРТИИ и слобода на изразување на мислење; што истовремено е и причината зошто Вас повеке не Ве следат. Левицата со повекепартизмот добива вистински противник и затоа се обединува. Најпластичен пример е масовниот премин на членовите на СК-ДЈ во редовите на СДСМ. Ке се вратиме на '68-ма, поводот и последиците (судирот 1968 година е фракцинерски судир во КПЈ), првин да го разјасниме периодот 1991-1998 година (да нема недоразбирање околу временската рамка, за тој период постојат валидни документи, досиеата кои ги подигнавме 2000 година).
10 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Збор два за владата на Груевски. Благодарејки на Груевски нема лустрација. Груевски е најголем заштитник на злосторниците кои по 1991 година СДБ ја користеа да ја загушат демократијата и вистиското осамостојување на Македонија.
3 minutes ago · Like
18-03-2012, 02:44 AM
Reply